ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 6-февруари 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто
Ред. Структура на бр. тематската целина 6.1 Јазик а)Придавки-поделба на придавките; б)Граматички категории кај придавките; в)Степенување на придавките; г)Контролна задача (придавки). 6.2
6.3
6.4
Проза 1.Елементи на прозен текст а)Тема; б)Идеја; в)Вежби за тема и идеја.
Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина
вкупно
3
3
6
2
3
5
/
2
2
1
2
3
Лектира: ,,Улавите години“ -Бранко Ќопиќ
Изразување и творење Трансформација на директен исказ во индиректен и обратно
16 часа
Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Елементи на прозен текст Тема преку текстот,,Детство“-Л.Н.Толстој; 2.Прераскажување на текстот,,Детство“-Л.Н.Толстој(со нагласување на темата); 3.Придавки-поделба на придавките;
Прва седмица од февруари
4.Вежби за придавки и видови придавки; 5.Елементи на прозен текст Идеја преку текстот ,,Нева Невичица“-И.Б.Мажураниќ; 6.Граматички категории кај придавките(род,број, определеност; 7.Прераскажување на текстот,,Плата според работата“Македонска народна приказна(со нагласување на идејата); 8.Писмено прераскажување текст по избор со нагласување на темата и идејата;
Втора седмица од февруари
9.Степенување на придавките;
Трета седмица од февруари
10.,,Крале Марко ја загубил силата“-легенда;поим за директен и индиректен исказ на лик; 11.Трансформација на индиректен исказ во директен и обратно(вежби); 12.Анализа на домашни задачи(од учебникот стр.138);
13. Лектира,,Улавите години“-Б.Ќопиќ; 14. Лектира ,,Улавите години- Б.Ќопиќ; 15. Контролна задача за придавки; 16. Анализа на контролната задача
Четврта седмица од февруари
Развојно процесно планирање Јазик,Морфологија,6.1 Цели
- да ги препознава придавките според нивниот вид; -да ги определуваат граматичките категории кај придавките(род,број и определеност); -да ги согледа заедничките особености со именската група зборови(грам.категории);
Наставна содржина
Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да ги степенуваат правилно придавките; -да примени стекнати знаења во вежби и контролна задача 1.Придавки-поделба на придавките; 2.Вежби за придавки и видови придавки; 3.Граматички категории кај придавките(род,број,определеност); 4.Степенување на придавките; 5.Контролна задача за придавки. 6.Анализа на контролната задача. -Разговор со учениците за учени содржини(морфологија-поим,поделба); -Наставникот изготвува вежби за повторување на учени содржини од претходните тематски целини(именска група); -цртање шеми за повторување и за согледување на новата наставна единица; -наставникот покажува шема со придавки -поделба на придавки(може и со помош на ИТ-Power Point презентација); -учениците разгледуваат и учествуваат во донесување заклучоци за придавките и нивната поделба; -заклучоци од објаснувањата-заклучок според шемата(презентацијата); -вежби низ разговор,објаснување,заклучоци; -примена на знаењата(индивидуално)-презентирање на вежбите. -се подготвуваат табели со вежби(по можност со ИТ) за граматички категории кај придавките(род,број,определеност) ,наставни ливчиња за примена на стекнато знаење; -наставникот дава објаснување и за степенување на придавките; -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com или на веб-страната www.rozemak.ucoz.com -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-контролна задача; -наставникот подготвува вежби за придавки во контролната задача со цел оценување на учениците; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат на правилна употреба на придавките при пишувањето и усното изразување. Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ,се` што ќе произлезе од самата тековна работа. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача),аналитички лист,лист за следење,лист за проверка.
Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Проза,6.2 Цели
Наставна содржина
Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да знае што е тема и идеја; -да определува тема и идеја во текст; -да дискутира за поимите тема и идеја како елементи на прозен текст; -да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови; -да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,збирки со народни творби,интернет и сл.) . Елементи на прозен текст 1.Тема преку текстот,,Детство“-Л.Н.Толстој; 2.Прераскажување фабула на текстот,,Детство“-Л.Н.Толстој; 3.Идеја преку текстот ,,Нева Невичица“-И.Б.Мажураниќ; 4.Прераскажување на текстот,,Плата според работата“-Македонска народна приказна(со нагласување на идејата); 5.Писмено прераскажување на текст по избор(определување на тема и идеја). -Наставникот поставува прашања со цел потсетување и утврдување на претходно стекнати знаења за фабула и содржина; -Наставникот поттикнува активности за определување тема и идеја како елементи на прозен текст; -Се читаат и разработуваат текстовите:,,Детство“, ,,Нева Невичица“,Плата според работата“,текст по договор; -Наставникот подготвува прашања, шеми,дава домашни задачи како помош при изведување на заклучоците; -Наставникот помага при определување на темата во текстовите,а учениците самостојно ги прераскажуваат текстовите ; -Наставникот посочува средства и начини за подготовка на часот(ги дели во групи,им помага во пронаоѓање извори за работа); -Посебно се нагласува литературното изразување,убавите и стилски реченици,правописот и правоговорот; -Учениците самостојно разработуваат текст(нагласуваат тема и идеја),избран по договор; -Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува. Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините и сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод,работа со наставно ливче Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверка,холистичка листа и сл.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
_____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Лектира,6.3 Цели
Наставна содржина Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира лик,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Лектира:,,Улавите години“-Бранко Ќопиќ; 2.Лектира:,,Улавите години“-Бранко Ќопиќ -Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,го прераскажуваат (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; - Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина; -учениците читаат свои обработки; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните,јасноста,граматичката точност; -Самостојно се анализираат ликовите,сопствена замисла-се издвојуваат нивните особини се опишува надворешниот изглед ,се следат нивните постапки; - се изработува ѕиден весник на кој се изнесуваат настани од делото,ликови,илустрации; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат,,фломастери и сл. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .
Изразување и творење,6.4
Цели
Наставна содржина Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да умее усно да се изразува со стилски збогатени реченици; -да разликува директен и индиректен исказ; -да умее да трансформира индиректен исказ во директен и обратно; -да примени знаења од литература и јазик во творење ; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за одредени прашања ,да разграничува позитивно од негативно.; 1.,,Крале Марко ја загубил силата“-легенда;поим за директен и индиректен исказ на лик; 2.Трансформација на индиректен исказ во директен и обратно; 3.Анализа на домашни задачи(стр. 138 од учебникот). -Слободен разговор за говорот на ликовите -директен и индиректен ,нивно разграничување; -Наставникот посочува на текстови од учебникот со цел полесно разбирање на содржините; -учениците ги читаат текстовите и учествуваат активно во разграничувањето и објаснувањето на директен и индиректен исказ на лик; -наставникот дава задачи и упатства за работа по нивоа,учениците сами избираат што ќе работат; -Задачите се состојат од вежби за трансформација на директен во индиректен исказ на лик и обратно; -Учениците презентираат што сработиле,а по задачата се дискутира и се оценува сработеното; -По дадени упатства се дава домашна задача:,,Раскажувам за мојот најдобар другар“ ; -Ги дели во групи:на едните им дава задолжение да пишуваат со индиректен исказ,а на другите со директен исказ-индивидуално; -на часот се читаат, анализираат домашните задачи,се дискутира по нив,се вреднуваат; -најдобрите творби ќе бидат објавени на ѕидниот весник ,на веб страницата:www.rozemak.ucoz.com; Училница,учебник,табла,креда,тетратки Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ ___
Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,2,5,7,8: Елементи на прозен текст(тема,идеја) - Час 3,4,6,9,15,16: Придавки-поделба,категории - Час 10,11,12,13,14:Изразување и творење и лектира,,Улавите години“
Очекувани резултати по шестата тематска целина - Знае учени содржини од морфологија-именска група(придавката како дел од именската група);
-знае придавки и поделба на придавки; - разликува и препознава род,број,определеност кај придавките; -умее правилно да степенува придавки; -знае елементи на прозен текст(фабула,тема ,идеја,лик) -открива тема и идеја; -прераскажува фабула со нагласување на темата и идејата; -разликува директен од индиректен исказ на лик ; -трансформира индиректен во директен исказ и обратно; - дава пример за директен и за индиректен исказ; -прераскажува,дискутира лектирно дело; -критикува,дискутира лектирно дело; -работи во двојки и тимски и изработува ѕиден весник и презентација ; -применува стекнато знаење во контролна задача.