6(шесто)14.04.2011г.-примена на ИКТ

Page 1

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС Наставник:Роза Китрозоска Датум:14.04.2011г. Наставен предмет:Македонски јазик Одд.:6(шесто) Програмско подрачјe:Литература и Изразување и творење Наставна содржина:Интерпретација на ученичкиот состав(од учебникот);

опис на предмет-примена на ИКТ 1.ЦЕЛИ НА ЧАСОТ Дa умеат да согледаат описи на предмет и да ги применат знаењата при опишување на предмет;Да умеат да ја користат програмата Writer 2.НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ фронтална ,индивидуална,групна;разговор,текст-метод,пишување документ(Writer) 3.ПОДГОТОВКА НА УСЛОВИ И СРЕДСТВА ЗА РАБОТА учебник,табла,креда,тетратки,компјутер(Writer-пишување и уредување текст,вметнување слика под текст) 4.ИНСТРУМЕНТИ И ТЕХНИКИ ЗА СЛЕДЕЊЕ ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ Преку активностите ,разговори,дискусии,УПИ,рефлексија,чек листа ОРГАНИЗАЦИЈА И АКТИВНОСТИ НА ЧАСОТ Воведно ангажирање: Низ прашања упатени кон учениците се повторуваат претходни знаења за опис(дескрипција). -Описот значи претставување на надворешни и внатрешни карактеристики на

предмет,природна појава,лик,ентериер,екстериер,пејзаж со зборови. Наставникот ги најавува активностите на часот,поврзани со денешната наставна единица: Опис на предмет. Истражувачко учење: Се чита текстот од учебникот(стр.143)и се открива предметот кој се опишува. Активности: Наставникот -Им посочува да отворат на стр.143со цел читање на текстот; -поставува прашања во врска со предметот кој е опишан во текстот; -поставува прашања за употребени стилски фигури,аудитивни и визуелни елементи: -користи УПИ; -ја користи таблата.

Учениците -учениците отвораат и текстот се чита гласно; -откриваат дека се работи за парче ткаенина(дел од галичка носија.) -откриваатдека е употребена компарација епитети ; -аудитивни елементи:ќе заѕвонат; визуелни:убави шари... -пишуваат во тетратки.

Примена: Наставникот најавува дека ќе се примени ИКТ-програма Writer(пишување документ и вметнување слика). Забелешка:во прилог подготвен работен лист за учениците.


Активности: Наставникот -ги дели учениците во четири групи; -во компјутерите со USB,ги поставил работните листови и папката со слики; -објаснува како да го отворат работниот лист и да ги прочитаат задачите во него; -посочува да се започне со работа ако се е јасно; -откако е одговорена првата и втората задача од раб.лист,дополнително ја објаснува третата задача; -ја прати работата на групите и по потреба помага околу вметнувањето и уредувањето на сликата-галичка носија; -објаснува како се зачувува документот; -ги копира изработените документи во Writer на USB; -ќе ги оцени со чек- листа и ќе даде рефлексија за самата работа по групите; -ги поттикнува на дискусија и самооценување; -дава свое мислење и вреднува усно.

Учениците -се разместуваат според насоките на наставникот; -ги слушаат инструкциите на наставникот; -постапуваат според насоките и го читаат раб.лист; -самостојно работат во своите групи,бараат помош од наставникот ако има потреба. -ги решаваат првите две задачи; -внимателно слушаат како треба да се вметне слика под текстот; -ја вметнуваат сликата -галичка носија и ја уредуваат(намалуваат); -учениците го зачувуваат документот; -се подготвуваат за презентација(избираат презентер); -со помош на наставникот ,на проектор ги презентираат изработките; -Учествуваат во дискусија и се оценуваат меѓу себе.

- За дома: Да размислат и подготват опис на омилен предмет.Ќе се примени ИКТ-програма Draw.

Забелешки за реализација на часот/следни активности Учениците активно учествуваа во секој сегмент од часот.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.