Wizz Air Skopje Marathon 2020 - Event Guide

Page 7

КИРЕ СИНАДИНОВСКИ Директор на Виз Ер Скопски маратон KIRE SINADINOVSKI Race director of Wizz Air Skopje Marathon

Трчањето ќе те промени

Running will change you

По откажувањето во 2015 година и преместувањето на датумот во 2019, заради изборите, се надевавме дека барем извесен период нема да се соочиме со некоја друга кризна состојба, но еве се случи, во 2020 година да имаме здравствена криза, заради пандемијата Ковид 19. Ова беше повторно нов предизвик за нас, нешто што не натера да размислуваме како да функционираме и во вакви услови и да се соочиме со реалноста и да изнајдеме решение. Требаше време сите во целиот свет да се приспособиме на новата ситуација, голем број маратони беа одложени или презакажани, имаше многу прашања како ќе функционираат маратоните во вакви услови. Никој немаше конкретни одговори. Го одредивме новиот датум, 4 октомври, и работевме на изготвување на правила и протоколи како безбедно да го организираме 16-то издание на Виз Ер Скопскиот маратон. Го ограничивме бројот на учесници, а најмасовната трка на 5км моравме да ја одложиме за 2021 година.

After the cancellation in 2015 and the postponement in 2019 due to the elections, we hoped that, at least for some time, we would not be faced with another crisis situation, but it happened that in 2020 we have a health crisis as a result of the Covid 19 pandemic. This was a new challenge for us, something that made us find ways to function in such conditions, face reality and find solutions. It took some time for everyone to adjust to the new situation worldwide, many marathons were postponed or rescheduled, there were many questions about how marathons would be held in such circumstances. No one had specific answers. We set a new date, October 4th and worked on drafting rules and protocols on how to safely organize the 16th edition of the Wizz Air Skopje Marathon. We limited the number of participants and we had to postpone the most massive 5 km race for 2021.

Оваа година нема да имаме иста атмосфера како во измнатите години, но акцентот го ставаме на заштита на сите учесници и на публиката. Спортувањето е значаен фактор за зачувување на здравствената состојба во една држава, затоа е важно да продолжиме да спортуваме зашто трчањето може само позитивно да влијае на здравјето и на поткревањето на доброто расположение и насочување на мислите на позитивни нешта. Тоа е и нашето ново мото Трчањето ќе те промени #RunningWillChangeYou Продолжуваме и понатаму да го одржуваме доброто расположение и доброто здравје

This year we will not have the same atmosphere as in the previous years, but we put emphasize on the protection of all participants and the audience. Sport is an important factor in staying healthy, so it is important to continue to do sports, since running can only have a positive effect on health and can bring about good mood and direct one’s thoughts to positive things. That's our new motto: Running will change you #RunningWillChangeYou We continue staying in cheerful mood and good health. Kire Sinadinovski Race director of Wizz Air Skopje Marathon

Кире Синадиновски Директор на Виз Ер Скопски маратон

7


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.