Е-весник бр. 775 на Црвен крст на Република Македонија

Page 1

775 28 05 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

РК КРСТ ТЕЛЕМА Н Е В Р Ц А Н А А ПОСЕТ С К АТА Ц Р В Е Н Р МЛА ДИТЕ ВО У Т Д О ЈА И АЦ ПАКЕТИ ДОН И Н Р А Т И Н А М ХУ НА Ј Н А П ОЖ А Р А Ч У Л С П ОЛ У М Е С Е Ч И О В Е УВАЊ Ц И ЈА И С П А С А У К А В Е А З ТА Н А М Л А Д И ЈА И Ц ВЕЖБА А З И Л И ЈА В А Њ Е Н А СО Ц У Р Б О Д О П Т К ПРОЕ Н И П ОТ РЕ Б И Б Е С О П О С А И ДЕЦ 1


2


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

МЛАДИТЕ ВО ПОСЕТА НА ЦРВЕН КРСТ ТЕЛЕМАРК Во рамките на Твининг програмата помеѓу Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк, четворица претставници од одделот за млади беа во работна посета на нивната организација. На истата се презентираа активностите од клуб на млади при Црвен крст на град Скопје но и со младите од Црвен крст Телемарк се разменуваа искуства во насока на унапредување на работата.

Заедничките конструктивни дискусии водеа и кон дефинирање на активностите кои ги очекуваат на летниот камп кој ќе се организира во 2020 година во Македонија. Исто така претставниците имаа можност и да бидат дел од свечената парада која традиционално на 17 мај се организира по повод конститутивноста на Норвешка која за нив беше посебно доживување.

3


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЦЕНТАР

СОРАБОТКА СО ЖЕНСКИ ЦЕНТАР

АСТАРТА

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, продолжува да соработува со различни организации со една заедничка цел – зајакнување на заедницата и помош на сограѓаните преку проширување на нивните знаења и подигање на свеста. Имено, лиценциран демонстратор по Прва помош од Општинска организација Центар, одржа предавање на тема “Прва помош кај бебиња и мали деца” наменето за клиентите на Женски центар Астарта чија цел е подготовка на бремените жени и младите мајки за сите аспекти на бременоста, родителството и сеопфатна грижа на бебето. Во текот на презентацијата, слушателите беа информирани за начините како да укажат прва помош на своите најмили, во случај на несакани ситуации како задушување, крварење, конвулзии, изгореници и др. Темата на предавањето пробуди голем интерес кај идните родители, со што оваа соработка продолжува и на почетокот на месец јуни.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА РАДОВИШ

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ДОНАЦИЈА ОД ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш во соработка со претставници на Турската Црвена полумесечина од 21 до 23 мај 2019 година дистрибуираше 470 хуманитарни пакети со храна по повод празникот Рамазан Бајрам.

4


ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА ЗАБОЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ООУ„НИКОЛА КАРЕВ“ РАДОВИШ Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш на ден 22.05.2019год во ООУ „Никола Карев“ во Радовиш организираше предавање на тема Забоздравствена заштита на ученици од второ одделение од страна на

стоматолог д-р Слободан Божиков. Предавањето беше од интерактивен тип, за полесно да се долови суштината на правилната орална хигиена и на крајот од презентацијата секој од учениците доби четка и паста за заби.

ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР На ден 21.05.2019 година ТППЕ Радовиш во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Радовиш организираа вежба за евакуација во ООУ „Коста Рацин“ Подареш. Во вежбата беа вклучени 150 ученици и 20 вработени во училиштето. По претходно утврдено сценарио беше организирана вежба за спасување во случај на пожар. Притоа, ТППЕ ги обучи вработените и учениците како треба да постапат во случај на таква катастрофа и се запознаа со возилото кое е целосно опремено за секаков вид на интервенции. Извршена беше евакуација на повредените ученици и на истите им беше укажана прва помош од страна на обучени волонтери од Клуб на млади на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Радовиш.

5


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕЛЕС

45-ТИ ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ Во Младинскиот парк во Велес на 22-ри мај се одржа 45-тиот општински натпревар по прва помош за учениците од основните и средните училишта. Вкупно осум екипи се натпреваруваа на три пунктови на кои имаше поставено осум супозиции за пружање на прва помош во различни ситуации. За учениците, кои беа дел од екипите или вкупно 48, најважно е што се обучија за пружање прва помош во најразлични ситуации, нешто што во иднина може да значи спасен човечки живот.

На републичкиот натпревар по прва помош кој се одржува во септември од Велес ќе учествува екипата на Гимназија „Кочо Рацин“ кои освоија најмногу бодови од судиите. Во конкуренција на основни училишта прво место освои „Свети Кирил и Методиј“. Организатор на натпреварот е Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, со секцијата за прва помош каде практично членуваат сите лекари волонтери кои се во улога на судии.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА БИТОЛА Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола во соработка со СВР,територијалната против пожарна единица,итна медицинска помош и дирекција за заштита и спасување – Битола организираа симулацона вежба при земјотрес и пожар, во СОУ„Јосип Броз Тито“. Во текот на организирањето на симулационата вежба ,од страна на тимот за одговор при катастрофи беше одржано предавање за како правилно да се евакуираат учениците и професорите од самото училиште, и постапки за прва помош.

6

СИМУЛАЦОНА ВЕЖБА ПРИ

ЗЕМЈОТРЕС И П


СОРАБОТКА ЗА УСПЕХ Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација и Општина Крушево на 25 и 26 ти мај одржаа обука по прва помош и симулациона вежба.

ОДРЖАНА ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ Во текот на обуката за планинарски водичи организирана од ФСПМ на ден 24.05.2019 во Битола,демонстратор и предавачите за прва помош при Општинска организација Битола одржаа обука по прва помош на новите кандидати за планинарски водичи во Хотел Молика.

ПОЖАР 7


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУМИЦА

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО

На 22.05.2019 според годишниот интегрален план за крводарителство се одржа редовна крводарителска акција во Општина Ново Село во организација на Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица. На акцијата крв даруваа 30 граѓани. Им благодариме за покажаната хуманост и помош за да се спаси туѓ човечки живот. Акцијата беше успешна и нашата соработка со Општина Ново Село ќе продолжи и понатаму.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР

Согласно интегралниот план за спроведување на активностите,а во рамките на имплементација на Проектот „Подобрување на социјализацијата на млади и деца со посебни потреби“ кој е поддржан од страна на Комерцијална банка, на ден 21.05 и 22.05.2019 година, Волонтерите на Црвениот крст заедно со децата од Дневниот центар под мотото „Во пресрет на Пролетта“ реализираа акција за хортикултурно разубавување на дворот на Дневниот центар за деца и млади со посебни потреби во Гостивар. Со овие активности се остваруваат повеќе цели односно се подобруваат општите вештини и познавања кај децата и подобрено е чувството за одговорност и корисност кај истите.

8


ПРОЕКТ ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА МЛАДИ И ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ 9


10


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.