Е-весник 776 на Црвениот крст на Република Македонија

Page 1

776 30 05 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

Т ХО Т Е Л М Е Р И О Д О Е Т И Н Е Т О В РА Б Д Р У Ж Е Њ Е СО Е О ПРЕД АВАЊ К С И Ц А В И Т О М ВО ЦРКВИНО Е Т Ш И Л И Ч У П ОД РАЧ Н О Т О Д О Н А Ц И ЈА З А Е В Е Н Ц Е Н ТА Р Н Д О В А Њ И ВЕЌ ПОСА ДЕНИ Ц

1


2


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

ДРУЖЕЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД

ХОТЕЛ МЕРИОТ

Во соработка со одделот млади при Црвен крст на град Скопје вработените од хотел Мериот го посетија дневниот центар за церебрална парализа. За одличната забава се погрижи бендот 2Be како и учениците од средното музичко училиште Илија Николовски – Луј кои ги исполнуваа сите музички желби на корисниците од центарот, а слатките изненадувања приготвени за нив дополнително придонесоа сите да имаат весел ден исполнет со многу насмевки.

Хотел Мериот е позитивен пример кој дава поддршка во активностите на Црвен крст на град Скопје , a приготвувањето храна и целосната посета на Центарот е во склоп со филантропска филозофија на ниво на групацијата Marriott, наречена Take Care Initiative. Преку оваа глобална иницијатива се поттикнува високото ниво на култура и свест на вработените кон заедницата и кон граѓаните.

3


МОТИВАЦИСКО ПРЕДАВАЊЕ Во просториите на Европски Универзитет, реализирано беше мотивациско предавање на тема Крводарителство- зошто е важно да се дарува крв, кое претходи на планираната крводарителска акција за нивните вработени закажана за 31 мај. Предавањето беше во насока на запознавање на присутните со фактите за крвта, крвните елементи, на-

чините за дарување крв како и улогата на Црвениот крст во овој процес. Присутните поставија низа прашања поврзани со темата, појаснети им беа предрасудите и нејасните прашања и покажаа интерес да даруваат крв на планираната акција во нивните простории која ќе ја реализира Општинската организација на Црвен крст Центар.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КУМАНОВО

ХУМАНИТАРНА ДОНАЦИЈА ОД ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА

4

Волонтерите од Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Кумано­ во во соработка со невла­дината органи­ за­ ција Мерхамет и Турската полумесечина, во текот на вчерашниот ден ги посетија селата од Липковскиот регион и донираа 50 прехранбени пакети за социјално ранливи семејства по повод Рамазанските пости.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕЛЕС

Младите волонтери на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес кои го реализираа проектот „Под исто сонце“ во рамки на Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хуманите вредности“ за 2019 година денеска донираа две white boards (бели табли) со маркери и сунѓери наменети за Подрачното училиште Свети Кирил и Методиј во село Црквино.

Ова практично е финале на проектот со кој претходно беа реализирани 13 работилници со ученици од Велес и Црквино чија цел беше развивање на мултиетничкиот соживот и рушење на бариерите и предрасудите помеѓу учениците од различни етникуми. Средствата за донацијата се собраа преку хуманитарна акција и хуманитарна манифестација на која со помош на Клубот на пензионери на Општинската организација од Велес се презентираа традиционални специјалитети.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ДЕБАР Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Дебар , во рамките на програмата за одржување на работилници по прва помош, на ден 27.05.2019 одржа работилници за пружање на прва помош со вработени од компанијата ,,SLICE,,. На овие работилници учествуваа околу 50 вработени во оваа компанија, кои со големо внимание ги проследија овие обуки. На крајот на работилниците од страна

ПРВА ПОМОШ ЗА РАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА

„SLICE“ 5


на пристаните беа поставени прашања на кои предавачот и демонстраторот успешно одговараа. Главна цел на работилниците беше подигање на свеста за превземање мерки и активности за

превенирање на опасностите и почитување на правилата за безбедност и како и што треба да се превземе и да се постапи во случај на настаната повреда.

ПОСАДЕНИ ЦВЕЌИЊА ВО ДНЕВЕН ЦЕНТАР

Во рамките на проектот „Социјализација на деца и млади со посебни потреби“ поддржан од „Комерцијална банка“ А.Д. Скопје, волонтери на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Дебар на ден 27.05.2019 во дворот на дневниот центар за деца со посебни потреби во Дебар извршија 6

чистење и садење на цвеќиња во и околу дворот на дневниот центар. Со оваа активност се придонесе да дворот изгледа поубав и почист за да би можеле некои активности да се одвиваат надвор од дневниот претстој на децата со посебни потреби.


ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ Е ЛИЦЕ КОЕ ПОВРЕМЕНО ИЛИ РЕДОВНО ИЗВРШУВА ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 33 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.

И Н С ТА Н Т Е Р О Л ВО

7


8


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.