Е Весник 777 на Црвени крст на Република Македонија

Page 1

777 31 05 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

ВЕТ Б А Ј РА М С К И Ц ПРВА ПОМОШ О П Р А В Е Р П Т НА ОПШТИНСКИ О ЗАЕДНИЦ А АТА Ц Р В Е Н А К С Р СО РА Б О Т К А В У Т Д О ЈА АЦИ ПАКЕТИ ДОН И Н Р А Т И Н А М ХУ НА П ОЛ У М Е С Е Ч И

1


Визија: Ние се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.

Цели:

Нашата приказна:

zz навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик zz олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања zz зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население zz ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина zz создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење zz поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица zz креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. zz промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа прогама со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните. „Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

#НаправиПовеќе https://www.facebook.com/kopce

2

instagram: kopce.skopje


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

БАЈРАМСКИ ЦВЕТ Бајрамскиот цвет и оваа година исполни 52 желби за децата со посебни потреби кои го посетуваат здружението за индивидуална терапија „Dua Ylberin“. Благодарност до PRINCE SUPERMARKET како и до сите хумани граѓани кои дадоа поддршка и допринесоа заедно да им го разубавиме празникот Рамазан Бајрам. 3


СОРАБОТКА ВО ЗАЕДНИЦА Во знак на добра соработка со Општа Болница Куманово, а во услови на прогласена кризна состојба на северната граница како и медицинската грижа за ирегуларните мигранти, членови на Мобилен тим Липково при Црвен крст на град Скопје во заедничка акција со помошниот персонал при Општа Болница Куманово, спроведоа заедничка акција за чистење и средување на дворот од болницата. Целта на акцијата е подигање на јавната свест за чиста околина. Волонтерите и помошниот персонал ги уредија зелените површини и беше собрана поголема количина смет.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КИЧЕВО

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ДОНАЦИЈА ОД

ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА По повод празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кичево на ден 27-28.05.2019 год. изврши дистрибуција на хуманитарна помош на пакети со храна, донација од страна на Турската Црвена полумесечина. Хуманитарната помош беше дистрибуирана на 50 семејства од социјален ризик од муслиманска вероисповед 5


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЦЕНТАР

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ На 29.05.2019 година во организација на Црвен крст на Р. Македонија - Општинска организација Центар се одржа овогодинешниот Општински натпревар по Прва помош, во кој земаа учество вкупно 14 екипи во две категории – подмладок и младина, составени од ученици од основните и средните училишта на територија на општина Центар. Трето место во категорија младина освои втората екипа од СУГС “Јосип Броз – Тито”, второ место освои првата екипа од истото училиште, а пехарот кој означува прво место го освои екипата од волонтерите при Клуб на млади на Црвен крст на Р. Македонија – Општинска организација Центар. 6

Во категоријата подмладок, екипите кои ќе се натпреваруваат на Градскиот натпревар по Прва помош се првата екипа од ООУ “Кочо Рацин” – трето место, второ место освоија учениците од ООУ “Гоце Делчев” – втора екипа а прво победничко место завземаа учениците од ООУ “Кочо Рацин” – втора екипа. На победниците им посакуваме успех на градскиот и државниот натпревар по Прва помош, а пред се им посакуваме да го пронајдат алтруистот и волонтерот во себе и се надеваме дека знаењата кои ги стекнаа за време на натпреварот, ќе ги задржат и унапредат во вештини кои во иднина можат да значат спасување на нечиј живот.


ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ Е ЛИЦЕ КОЕ ПОВРЕМЕНО ИЛИ РЕДОВНО ИЗВРШУВА ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 33 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.

И Н С ТА Н Т Е Р О Л ВО

7


8


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.