2018
www.proagens.mk
INFORMATOR
2
ТРАДИЦИОНАЛЕН НАСТАН, а ДЕЛОВЕН н и д о ! ПРОПУШТИ! г КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ 8 1 О 0 А за 2 Т ОВ А Л П Н Т Е Ј Р П НА
14.900 денари
www.p r o a g e n s.mk
ФЕВРУАРИ
2018
2
ФЕВРУАРИ 2 0 1 8
S O D R @ I N A:
www.proagens.mk
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 1) ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГДП“) - ОБВРСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ
5
УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 2) ИЗДАВАЊЕ НА СОБИ, АПАРТМАНИ И КУЌИ ОД СТРАНА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (ИЗДАВАЊЕ ПРЕКУ BOOKING / AIRBNB)
27
ЈАВНИ НАБАВКИ 3) ПОСЕБНОСТИ НА НЕКОЛКУ НАЈЧЕСТИ СЛУЧАИ НА ЈАВНИ НАБАВКИ
39
ТРГОВСКО ПРАВО 4) ФОРМИ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ СКЛУЧЕНИ ОД СТРАНА НА СМЕТКОВОДИТЕЛ / ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
44
ТРГОВИЈА 5) ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ - ДОНЕСЕН НОВ ЗАКОН ВО ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА
53
ИНФОРМАЦИЈА 6) УКИНАТА ОБВРСКАТА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АДВОКАТ ВО ИЗВРШНА ПОСТАПКА ЗА ПОБАРУВАЊА НАД 10.000 ЕВРА
60
ГРАЃАНСКО ПРАВО 7) ПРОДАЖБА СО ПРАВО НА ПРВЕНСТВЕНО КУПУВАЊЕ
63
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
4М-р Павле ГАЦОВ
Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГДП“) - ОБВРСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ
С
о воведувањето на електронската пресметка на персоналниот данок на додход (е-ППД), согласно со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 190/17), од 1 јануари 2018 година е воведена нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход (ПДД) која ќе резултира и со престанување на обврската на граѓаните да поднесуваат Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), почнувајќи од 2019 година за 2018 година. Процедурата за составување на електронската пресметка на приход и данок (во примена од 1 јануари 2018 година) е уредена со: - Правилникот за начинот на пресметка и уплата на аконтациите на персоналниот данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за приход и данок (е-ППД) („Службен весник на РМ“, бр. 197/17 од 29 декември 2017 година). ... 15 март 2018 година (четврток) е последен рок до кога секој граѓанин (за исклучоците пишуваме подолу во текстот) - резидент на Р. Македонија треба да поднесе до УЈП - Годишна Даночна Пријава за остварените приходи во 2017 година. Пријавата се поднесува во хар тиена форма, а граѓаните кои се регистрирани корисници на е-даноци, пријавата може да ја поднесат електронски преку https://etaxfl.ujp.gov.mk.
ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2018
Во Пријавата се декларираат сите оданочиви приходи остварени во земјата и во странство во текот на календарската 2017 година: - плати, награди, бонуси и други надоместоци на плата, - оданочиви (дел од) надоместоци на трошоците од работен однос, - закупнини (кирии) и други форми на приходи од имот и имотни права, - авторски хонорари и надомести по основ на права од индустриска сопственост, - повремено вршење на услуги (договор на дело) - дивиденди, како и наплатени камати по заеми кои се дадени на физички и/или правни лица, - капитални добивки остварени од продажба на учество во капитал и недвижен имот... Не е должен да поднесува Годишна даночна пријава, граѓанин кој во текот на годината остварувал САМО приход од: - плата, - пензија, - земјоделска дејност или - самостојна дејност. Напоменуваме дека добивките од посебните игри на среќа остварени во текот на 2017 година не се пријавуваат во Годишната даночна пријава.
5
УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ИЗДАВАЊЕ НА СОБИ, АПАРТМАНИ И КУЌИ ОД СТРАНА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (ИЗДАВАЊЕ ПРЕКУ BOOKING / AIRBNB)
З
а време на летната сезона во туристичките дестинации во Р. Македонија, меѓутоа се почесто и во главниот град во текот на целата година, физички лица-граѓани заработуваат приходи од изнајмување на соби, апартмани и куќи на туристи (привремени гости на краток престој) т.е. вршат угостителска дејност согласно со Законот за угостителската дејност - ЗУД („Службен весник на РМ“, бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016 и 71/2016). Се почеста е и праксата на изнајмување на соби, апартмани и куќи од физички лица преку Booking и Airbnb, за што исто така важат одредбите на ЗУД, иако издавачите не се придржуваат целосно до законските обврски. Овој текст, меѓу другото, е и наменет за информирање на овие лица за правилниот начин на работење и на оданочување, со цел да ги избегнат несаканите реперкусии и прекршочни глоби според Законот за угостителската дејност и Законот за персоналниот данок на доход. Угостителската дејност претставува давање на угостителски услуги за: - сместување и - исхрана. Угостителските услуги вклучуваат: - приготвување и послужување на храна, - приготвување оброци заради консумирање на друго место,
ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2018
- послужување на алкохолни и безалкохолни пијалаци, - приготвување и послужување на топли и ладни напивки и - вршење на услуги за сместување (во угостителски објекти за сместување). о овој текст го елаборираме начинот на В работење на физичките лица-граѓани, кои изнајмуваат соби, апартмани и куќи на привремени гости (туристи), како угостителска дејност согласно со Законот за угостителската дејност - ЗУД, како и начинот на оданочувањето на нивните приходи согласно со Законот за персоналниот данок на доход.
ВРШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ - ФИЗИЧКИ ЛИЦА ршители на угостителска дејност можат В да бидат трговски друштва и трговци поединци запишани во трговскиот регистар, но согласно со членот 4 став 2 на ЗУД, угостителска дејност може да вршат и: - физички лица, кои се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје кај градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје. ачинот на водењето на регистарот е проН пишан со Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем („Службен ве-
27
ЈАВНИ НАБАВКИ
4 Александар БЛАЖЕСКИ, дипл. ек. (БЈН)
blazeski.aleksandar@gmail.com
ПОСЕБНОСТИ НА НЕКОЛКУ НАЈЧЕСТИ СЛУЧАИ НА ЈАВНИ НАБАВКИ
Д
оговор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки е договор од финансиски интерес кој ги вклучува и секторските договори, склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе договорни органи од една страна и еден или повеќе економски оператори од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоки или обезбедување на услуги. Договорот за јавна набавка може да биде договор за јавна набавка на стоки, договор за јавна набавка на услуги и договор за јавна набавка на работи. редметот на договор за јавна набавка П може да се оформи во повеќе посебни истоветни делови, при што за секој дел може да се склучи посебен договор, а кај набавката на интелектуални услуги за осмислување, дизајнирање и изработка на идејни и други креативни решенија може да се склучат договори со повеќе понудувачи. Во зависност од предметот на набавка, покрај основните правила кои се утврдени во Законот за јавните набавки, предвидени се и дополнителни правила кои договорните органи треба да ги почитуваат. Станува збор за специфични предмети на набавка за кои во тендерската документација треба да бидат предвидени и дополнителни правила. Како поспецифични предмети на набавка може да ги издвоиме: а) набавката на авионски билети, б) поштенски услуги, в) набавка на софтверско решение, како и превентивно и адаптивно одржување на софтверско решение и г) систематски прегледи на вработените.
ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2018
1. Поштенски услуги Согласно со Законот за поштенски услуги, поштенски услуги на територијата на Република Македонија може да извршуваат физички и правни лица кои поседуваат соодветна лиценца издадена од Агенцијата за пошти. На пазарот во Република Македонија, покрај националниот поштенски оператор АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“, Скопје, работат различни правни субјекти кои поседуваат лиценци од различен вид и опсег на поштенската дејност која ја вршат. Агенцијата за пошти, како регулаторно тело во поштенскиот сообраќај издава дозволи за вршење на дејноста. Акционерското друштво Македонска пошта е носител на лиценца од највисок ранг - индивидуална дозвола, со што таа е единствена поштенска компанија во државата, овластена, но и задолжена да ја обезбедува универзалната услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај. Универзалната услуга во поштенскиот сообраќај опфаќа цел сет на поштенски пратки и тоа писма, пакети, директна пошта, весници, книги и др., кои што има право и обврска да ги обезбедува постојано, односно минимум пет пати во неделата по пристапни цени и со утврден квалитет за сите корисници на целата територија на Република Македонија. Вториот вид лиценци се стандардни (општо овластување). Во Република Македонија се регистрирани над 20 правни лица кои имаат ваков вид лиценца и истите се објавени на
39
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ФОРМИ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ СКЛУЧЕНИ ОД СТРАНА НА СМЕТКОВОДИТЕЛ / ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ФОРМИ НА АНГАЖИРАЊЕ НА СМЕТКОВОДИТЕЛ/ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
С
поред членот 20 од Законот за вршење на сметководстевни работи 1 за вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење на сметководство може: а) да вработи сметководител и/или овластен сметководител или б) со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира еден од следните субјекти кои поседуваат лиценца за работа: - трговец поединец-сметководител (врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации); - трговец поединец-овластен сметководител (врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност) и - друштво за вршење на сметководствени работи (врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство).
Друштвото за вршење на сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител.
Сметководствени работи врши сметково-
дител и/или овластен сметководител кој добил уверение од Институтот и е регистриран во соодветен регистар на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Сметководителот води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и фондации. Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и/или составува и потпишува годишна сметка и/или финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство. Правилниот за критериуми за утврдување на цената на сметководствените услуги бр. 0302/292 од 11.09.2017 година (интерен акт на ИСОС) во членот 10 утврдува дека согласно со Законот за работните односи и Законот за вршење на сметководствени работи, право за потпишување и доставување на годишни сметки имаат: - Овластен сметководител вработен кај обврзникот за водење на сметководство. Ова лице може да пополни, поднесе и потпише една годишна пресметка за обврзникот каде што е вработен. 2
1 „Службен весник на РМ“, бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16, 190/16 и 193/17; У. суд102/13. 2 Правилникот на ИСОС пропуштил да го уреди правото за потпишување и доставување на годишни сметки од страна на СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ. Ова право на сметководителите им е дадено со ЗВСР.
44
www.proagens.mk
ТРГОВИЈА
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ - ДОНЕСЕН НОВ ЗАКОН ВО ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“ број 11 од 18 јануари 2018 година е објавен целосно нов Закон за трговија на зелени пазари, кој е во сила од денот на објавување (18.01.2018 г.). Претходно, трговијата на зелени пазари беше регулирана со членовите 13 и 14 на Законот за трговија („Службен весник на РМ“ бр. 16/04 ... и 53/16), кои освен ставот 1 на член 13, престанаа да важат со самото влегување во сила на новиот закон.
сивата економија, нелојалната конкуренција и нелегалната трговија на зелените пазари, од причина што голем број на субјекти, кои се присутни на зелените пазари не се регистрирани. Според законодавецот, вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е над 5 милиони евра, при повеќе од 20.000 регистрирани тезгаџии, но со проценка дека од дивите продавачи државата губи повеќе од 800.000 евра годишно.
о Законот за трговија на зелени пазари С се уредуваат условите и начинот на вршење на трговија на зелените пазари во Република Македонија, субјектите кои може да вршат трговија на зелените пазари, условите и начинот на организирање на зелените пазари, евиденцијата на трговците на зелени пазари и правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари.
З дружението на пазарџии се регистрираше во Комора на трговците на Македонија, која по основ на новиот закон врши јавни овластувања, односно ги лиценцира т.е. издава едногодишна легитимација на трговците на зелени пазари, кои ќе докажат дека поседуваат тезга под закуп по основ на договор за закуп склучен со организатор на зелен пазар. Доколку легитимацијата не се продолжи, на закупецот ќе му биде одземена тезгата и се брише од листата. Комората на трговци е во преговори со министерствата за финансии и економија за цената на добивање на легитимација.
Целта на законското регулирање на трговијата на зелени пазари во посебен закон е допрецизирање и пополнување на настанатата правна празнина во постојниот Закон за трговија. Преку воспоставување на правна рамка, целта на законодавецот е да се подобри статусот на трговците на зелените пазари, кои се всушност невработени физички лица или корисници на паричен надоместок за социјална помош, односно физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, со што ќе им се регулира работниот статус согласно со постоечкото законодавство во областа на работните односи. Воедно очекувањата се да се намали на невработеноста и да се постигне одреден напредок во сузбивање на
ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2018
За трговците на зелени пазари се однесува паушалното оданочување со персонален данок, кое посебно се уреди со последните измени на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 190/17) во примена од 1 јануари 2018 година. Во однос на социјалното осигурување, трговците на зелени пазари како обврзници за пресметка и уплата на придонеси се третираат како индивидуални земјоделци согласно со Законот за придонеси од задолжител-
53
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
ИНФОРМАЦИЈА
УКИНАТА ОБВРСКАТА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АДВОКАТ ВО ИЗВРШНА ПОСТАПКА ЗА ПОБАРУВАЊА НАД 10.000 ЕВРА
О
длука на Уставниот суд на РМ, У. бр. 135/2016 од 24 јануари 2018 година, со правно дејство од 08.02.2018 година како ден на објавување во „Службен весник на РМ”, бр. 26/18. Со Одлуката на Уставниот суд во Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр. 72/16 и 142/16) СЕ УКИНУВААТ: - член 28 став 1 во делот: „Барањето за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 eвра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице”; - ч лен 86 став 1 во делот: „Приговорот на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога како странка во извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице“ и - член 87 став 1 во делот: „Жалбата против решението донесено по приговор на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис освен во случаите кога жалбата ја поднесува извршителот кој преземал извршни дејствија, или кога како странка при извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на фи60
нансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице.“ Фрагменти од образложението на Судот: ... Имено, со оспорените делови од член 28 став 1, член 86 став 1 и член 87 став 1 од Законот за извршување, се уредува задолжително составување на барањето за извршување, приговорот и жалбата, од адвокат, со содржан адвокатски печат и потпис, кога вредноста на главното побарување е над 10.000 евра. Во продолжение на оспорените делови од законските одредби, е содржано уредување за случаите во кои за истиот праг на вредност на главното побарување, поднесоците не мора задолжително да бидат составени од адвокат, со содржан печат и потпис, а тоа е: кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице, кога како странка во извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице и кога жалбата ја поднесува извршителот кој преземал извршни дејствија, или кога како странка при извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице. Оспорените законски решенија упатуваат на задолжително инволвирање на адвокат во правната работа на граѓаните и правните лица пред извршител, кој за истите ќе ги врши работите на составување на поднесоците и секако со адвокатска награда за составувањето, кое во суштина значи забрана за граѓаните и правните лица да можат сами да ги вршат дејствијата на составување на поднесо-
www.proagens.mk
ГРАЃАНСКО ПРАВО
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРОДАЖБА СО ПРАВО НА ПРВЕНСТВЕНО КУПУВАЊЕ
1. ВОВЕД
П
равниот институт право на првенствено купување, во правниот систем на Република Македонија, како впрочем и во правните системи на другите европски земји, егзистира во две можни форми, како: договорно и законско право на првенствено купување. Овој правен институт, кој потекнува уште од римското право, значи обезбедување на привилегирана положба за определени категории на субјекти во рамки на прометот на подвижни и недвижни ствари. Привилегијата се изразува во обезбедувањето на првенството при отуѓувањето на определени предмети, било како израз на волјите на отуѓувачот и прибавувачот кој е претходен отуѓувач, било врз основа на законот по основ на определени правни факти. Целта на правото на првенство се изразува во неговата заштитна функција во поглед на интересите на „привилегираните“ субјекти, определени од нивниот непосреден, личен однос кон предметот во прометот или мотивирани од специфичните корелации меѓу субјектите кои во основа произлегуваат од различни видови на заедништво меѓу нив. GODI[EN PAKET PRETPLATA 2018 - INFORMATOR
КПУ 16 ЧАСА!
- PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
14.900 denari
ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2018
2. ДОГОВОРНО ПРАВО НА ПРВЕНСТВЕНО КУПУВАЊЕ 2.1. Правен основ на договорното право на првенствено купување Клаузула за правото на првенство Договорното право на првенствено купување регулирано е со Законот за облигационите односи (ЗОО - “Службен весник на РМ”, бр. 18/01; Уст. суд-78/01; 4/02; Уст. суд-59/02; 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13), во рамките на договорот за продажба, во оддел под наслов: “Случаи на продажба со особени погодби”, кој ги опфаќа одредбите од членовите 515 до 521. Предмет на договорот за продажба со право на првенствено купување може да биде секој подвижен предмет: накит, уметничка слика, автомобил и слично, како и секој недвижен предмет: земјиште, стан, куќа, деловен простор... . Причината поради која се договара правото на првенствено купување најчесто лежи во емотивната врзаност за предметот кој продавачот го продава во состојбата на нужда. За да се обезбеди предметот којшто се продава, повторно во иднина да се поседува, со договорната одредба за право на првенствено купување, купувачот се обврзува кон продавачот во случај на идно отуѓување на предметот, прво него да го извести за намерата да му го продаде предметот на определено лице (трето лице), како и за условите на таа продажба и да му по63