СПЕЦИЈАЛНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ОД 1 ДО 4 ФЕВРУАРИ ВО „ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ“ 4*, БУГАРИЈА

Page 1

СПЕЦИЈАЛЗИРАНА ОБУКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

САНДАНСКИ, БУГАРИЈА

„ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ“ 4* од 1 до 4 февруари 2020 година (сабота - вторник)

ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ПРАКСА ТЕМИ НА ОБУКАТА - Начин на изработка на планот за јавни набавки (е-план) - Вредносни прагови за спроведување постапки и нивна евиденција (квартална евиденција) - Видови постапки за јавни набавки и начин на избор за соодветна постапка - Специфични предмети на набавка и начин на спроведување на постапка (електрична енергија, мобилна телефонија, авио билети, туристички агенции, набавка на храна, топол оброк за ученици) - Исклучоци од примена на Законот за јавните набавки - Задолжително користење економски најповолна понуда за специфични предмети на набавка (однос меѓу цена и квалитет за набавка на консултантски и преведувачки услуги, здравствени услуги, набавка на софтвер) - Начин на докажување на способност на понудувачот, поддршката од друг субјект и подизведувачите или група понудувачи) - Начин на поднесување на понуди - Надлежности на единицата и комисијата за јавни набавки - Следење на реализација на договорите - Видови известувања и рокови за нивно објавување на ЕСЈН - Управна контрола и претходно мислење како нови надлежности на БЈН - Принцип на е-жалба, начин на поднесување на жалба и одговор на жалба Во текот на обуката слушателите ќе се запознаат со новиот Закон за јавните набавки и негова примена во пракса.


Предвидено е посебен акцент да се стави на делот на соработка меѓу единицата за јавни набавки и финансиската служба во однос на обврските кои произлегуваат од Законот за јавните набавки поврзано со обезбедување на информации за составување на планот за јавни набавки, проценетите вредности за постапките, известувањата за реализиран договор како нова задолжителна одредба од законот, како и набавките под вредносните прагови за кои не се спроведува постапка, а се пополнуваат во квартална евиденција. Ќе се разработи целиот циклус на една постапка за јавна набавка, започнувајќи од донесувањето на планот за јавни набавки, носење одлука за јавна набавка, изработката на тендерска документација и технички спецификации, како и надлежностите на комисијата за јавната набавка при спроведување на постапка од отворање на понудите, евалуација до давање предлог за избор на најповолен понудувач и известување на понудувачите за изборот на најповолен понудувач или за поништување на постапката. Ќе се разработи и принципот на е-жалба, односно начин на поднесување на жалба и обврските на комисијата за одговор по истата. Ќе се разграничат улогите на комисијата и единицата за јавна набавка. Ќе се објаснат обврските на одговорното лице во постапката за јавна набавка. Се предвидува да се објаснат сите обврски кои произлегуваат од Законот поврзани со ЕСЈН, односно какви обврски има комисијата на системот и какви обврски има единицата за јавна набавка. Ќе се разработат сите видови постапка, а посебен акцент ќе се стави на најкористените постапки (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка) и најчестите грешки кои ги прават договорните органи при спроведување на постапката. Ќе се прикажат модели на тендерски документации и технички спецификации за специфични видови на набавки (електрична енергија, мобилна телефонија, авио билети итн). Ќе се разработи и модел на економски најповолна понуда со дефинирање на поделементи цена и квалитет за предмети на набавка каде истото е задолжително (здравствени прегледи, софтвер, консултантски и преведувачки услуги) Согласно со надлежностите на Бирото за јавни набавки, ќе се презентира на кој начин се поднесува барање за претходно мислење и начин на постапување при управна контрола. ЦЕНИ! ЦЕНА ЗА ДВОДНЕВНАТА ОБУКА: 4.000 денари. Во цената се вклучени: E-ПРЕЗЕНТАЦИЈА, работен прибор со папка и кафе и ПОТВРДА за посета на Обуката. Уплата за Обуката на сметка на Про агенс, 210-0503940101-43, кај НЛБ банка. Повикување на број: 20-1-2. Пријавувањето е ЗАДОЛЖИТЕЛНО на v_mladenova@proagens.com.mk, kontakt@proagens.com.mk, 02/ 3162 979 и 3229-479. www.proagens.mk За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Пилот травел и АТАМ Информации на тел. 02/3231-446; 02/3231-556; моб. 070 250-501; е-маил: info@pilottravel.com.mk


СПЕЦИЈАЛЗИРАНА ОБУКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

САНДАНСКИ (Бугарија), хотел „Интерхотел Сандански“ од 1 до 4 февруари 2020 година (сабота-вторник) ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО И ЦЕНИ! 1 ден (01.02.) 2 ден (02.02.) 3 ден (03.02.) 4 ден (04.02.)

СКОПЈЕ - САНДАНСКИ (сабота) Состанок на групата на паркингот пред ВИП хотелот (спроти Скопски саем) во 6:45 часот. Поаѓање од Скопје во 7 часот. Се патува преку граничниот премин Ново Село. Пристигнување во Сандански во попладневните часови. Сместување. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање. САНДАНСКИ - Интерхотел / Советување (недела) Појадок. Регистрација, почеток на Советувањето од 10:00 часот, со една пауза за кафе. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање. САНДАНСКИ - Интерхотел / Советување (понеделник) Појадок. Советување од 10 часот, со една пауза за кафе. Слободно попладне. Свечена вечера (со бесплатен пијалок). Музички настан: Музичка група од Скопје. Ноќевање. САНДАНСКИ - СКОПЈЕ (вторник) Појадок. Во 12 часот по локално време заминување за Скопје.

Цена на аранжманот: 10.900 денари (ПОЛУПАНСИОН) по лице во двокреветна соба; за 1/1 = доплата: 3.800 денари/по лице Важно објаснување во врска со цената и Пријавувањето: - Цената од 10.900 денари/лице (полупансион, доручек-вечера) се однесува за сместување во двокреветна соба. - За сместување во еднокреветна соба се доплатува 3.800 денари. - Пријавување на лица кои не се учесници на Советувањето НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. Цената на аранжманот вклучува: - превоз со модерен автобус на наведената релација - сместување во Интерхотел Сандански на база 3 полупансиони + свечена вечера - организација на аранжманот и придружник на патувањето - такса за престој - бесплатно користење на SPA центарот - минерални базени (3), сауна и фитнес - бесплатен Wi-Fi (во секоја соба). Цената на аранжманот не вклучува: - патничко осигурување (за патниците што немаат осигурување)


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.