ИНФОРМАТОР БРОЈ 6 ЈУНИ 2018 ГОДИНА

Page 1


6

ЈУНИ 2 0 1 8

S O D R @ I N A: ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ 1) ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

5

www.proagens.mk

ЈАВЕН СЕКТОР 2) ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИTE НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР

31

ТИРЗ 3) ТРЕТМАН НА ПРОМЕТИТЕ КОН И ОД ТИРЗ

40

ДЕЛОВНИ ОДНОСИ 4) ФИНАНСИСКА ИНСПЕКЦИЈА И УЈП ВО КОНТРОЛА НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА САМО ПО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СУД, НОТАР И ИЗВРШИТЕЛ

53

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ 5) ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

70

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НБРМ ЗА СКЛУЧЕНИ КРЕДИТНИ РАБОТИ СО НЕРЕЗИДЕНТ 6) ОД 1 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА - ПИСМЕНИОТ ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ СКЛУЧЕН СО НЕРЕЗИДЕНТОТ НЕМА ДА СЕ ДОСТАВУВА ДО НБРМ, (ОСВЕН ЗА СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР)

79




ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ

 

Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник

и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Н

овиот Закон за финансиска поддршка на инвестиции (во продолжение: Законот), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 83/18, од 8 мај 2018 година, влезе во сила од 16 мај 2018 година, е донесен во функција на подобрување на постоечката состојба на општите економски односи, конкурентноста и потребата од поттикнување на растот на македонската економија, во рамките на сет на мерки од областа на индустриската политика со кои ќе се изврши поттикнување на инвестициите и вработувањето. Законот дава рамка и можност под одредени услови, деловните субјекти да добијат финансиска поддршка со која ќе ја подобрат сопствената економска состојба и ќе создадат можност за економски раст и ќе придонесат за зголемување на вкупниот економски раст и развој. Потребата од финансиска поддршка на економските субјекти станува уште поизразена во услови на споро и слабо заздравување на македонската економија и нејзините лоши перформанси (бруто домашниот производ за првиот квартал од 2018 година има раст од едвај 0,1%). Поддршката уредена со овој Закон ги поттикнува успешните компании, но не предвидува мерки и механизми на поддршка за оние деловни субјекти кои имаат проблеми со работењето и опстанокот. Со законот се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за до1

делување на финансиска поддршка согласно со прописите со кои се уредува контролата на државната помош, за реализирање на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Македонија. Во насока на операционализирање на процедурите уредени со Законот, во „Службен весник на РМ“, бр. 106/18 од 7 јуни 2018 година објавени се два правилника, во примена од 8 јуни 2018 година: - Правилник за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација и - Правилник за формата и содржината на барањето за исплата на финансиската поддршка и потребната документација И двата правилници ги содржат барањата во форма на обрасци. Давател на државната помош е Владата на РМ, а приматели се деловни субјекти кои како трговци се регистрирани во Регистарот на трговски друштва 1 во Централен Регистар на Република Македонија. Инвестицискиот проект за кој се доделува финансиска поддршка согласно со законот не може да трае подолго од пет години

Регистар на трговски друштва не постои, Централниот регистар на РМ меѓу останатите регистри го води трговскиот регистар (во овој регистар се запишуваат и трговските друштва), регистарот на здруженијата на граѓани и фондациите, установите, регистарот на стопанските комори, водните заедници и водостопанските претпријатија и судскиот регистар, СИТЕ во рамките на посебниот Трговски регистар и регистар на други правни лица.

ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2018

5


ЈАВЕН СЕКТОР

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИTE НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ И ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЗБИРНИТЕ ИЗВЕШТАИ

З

аконот за пријавување и евиденција на обврски (ЗПЕО - „Службен весник на РМ“, бр. 64/18, во сила од 19.04.2018 година, во примена од 19.05.2018 година) 1 е целосно нов законски пропис во нашиот законодавно-правен поредок насочен кон воспоставување на централизиран електронски систем за следење на начинот на располагање со јавни средства, преку пријавување и евидентирање на сите преземени и недоспеани, како и доспеани а неплатени обврски од страна на следните јавни субјекти: - органите на државната власт, - единиците на локалната самоуправа, - установите и институции кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Македонија или единиците на локална самоуправа и - јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенции, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа.

 1

kontakt@proagens.com.mk

По донесувањето на ЗПЕО а пред неговата примена (19.05.2018 година) донесени се и планираните подзаконски акти со кои се пропишани технички предуслови и насоки за реализацијата на концептот на ЗПЕО и тоа: - У Р Е Д Б А за минималните технички стандарди и услови во поглед на опремата (хардверот), како и функционалноста на електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските („Службен весник на РМ“, бр. 87 од 14.05.2018, во сила од 15.05.2018 година) донесена од страна на Владата на РМ, на предлог на министерот за финансии и - П Р А В И Л Н И К за начинот на пријавување на обврските и за формата и содржината на збирните извештаи („Службен весник на РМ“, бр. 90 од 17.5.2018 година, во сила од 18.05.2018 година) донесен од министерот за финансии. GODI[EN PAKET PRETPLATA 2018 - INFORMATOR

КПУ 16 ЧАСА!

- PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

14.900 denari

„Нов Закон за пријавување и евиденција на обврски кај субјектите од јавниот сектор“, „Информатор“ на „Про Агенс“, бр. 5, мај 2018 година, стр. 9.

ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2018

31


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ТРЕТМАН НА ПРОМЕТИТЕ КОН И ОД ТИРЗ

1. ВОВЕД

Т

ИРЗ (технолошки индустриска развојна зона) е дел од царинското подрачје, или објекти во царинското подрачје, одвоени од другиот дел на царинското подрачје, основани согласно со Законот за ТИРЗ.

Со Законот за технолошки индустриски развојни зони 1 меѓу другото се уредени погодностите за инвестирање во технолошките индустриски развојни зони, условите, начинот и постапката за основањето, развојот и работењето на технолошките индустриските развојни зони, дејностите кои се вршат во овие развојни зони и посебните услови за нивно вршење, како и начинот за стекнувањето со објекти и постапката за издавање на одобрение за градење, постапка за давање под закуп на градежното земјиште во зоните на даватели на услуги од јавен интерес и правни решенија во насока на уредување на недефинираниот статус на некои објекти во зоната. Она што како новина се воведе и уреди со измените на Законот од „Службен весник на РМ“, бр. 83/18, која стапи на сила од 8 мај 2018 година е постапката за давање под закуп на земјиште во технолошко индустриска развојна зона на закупец на земјиште кој ќе изгради објект за потребите на корисник. Со воведувањето на новата категорија „закупец на земјиште кој ќе изгради објект за

1

потребите на корисник“ како инвеститори во зоната се сметаат: - сопствениците на земјиштето, - закупците на земјиште и - закупците на објект во технолошките индустриски развојни зони кои ги градат градбите во технолошките индустриски развојни зони (освен инфраструктурните објекти во рамките на зоната кои ги градат субјектите - даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура). „Закупец на земјиште“ во зоната е домашно или странско физичко или правно лице, кое: - склучува Договор за закуп на земјиште во зоната на кое ќе изгради објект заради вршење на дејност согласно со Законот за ТИРЗ и - склучува Договор за закуп на земјиште во зоната на кое ќе изгради објект за потребите на корисник кој ќе врши дејност согласно со Законот за ТИРЗ. „ Закупец на објект“ во технолошко индустриска развојна зона е домашно или странско физичко или правно лице кое склучува Договор за закуп на објект во технолошко индустриска развојна зона заради вршење на дејност согласно со Законот за ТИРЗ.

Законот за технолошки индустриски развојни зони, во натамошниот текст: „Закон за ТИРЗ“ е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 14/07, ... и 83/18.

40

www.proagens.mk


ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ФИНАНСИСКА ИНСПЕКЦИЈА И УЈП ВО КОНТРОЛА НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА САМО ПО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СУД, НОТАР И ИЗВРШИТЕЛ 1. ХРОНОЛОГИЈА НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗФД

З

аконот за финансиска дисциплина (во продолжение: ЗФД) 1, како целосно нов законски пропис во нашиот правен систем е воведен кон самиот крај на 2013 година со негово објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 187 од 30 декемри 2013 годин. Истиот влезе во сила на 7.1.2014 година, со одложена примена од 1.5.2014 година. Главен мотив за донесување на ЗФД беше елиминирање на проблемите од задоцнето извршување на паричните обврски во деловните трансакции меѓу субјектите од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од приватниот и од јавниот сектор, што резултира со нарушување на ликвидноста на субјектите, неможност за намирување на обврските кон доверителите и вработените, кредитно задолжување, нарушување на конкурентноста, отворање на стечајни постапки и во рамките на синдромот на верижни случувања - влошување на севкупната економска состојба. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ“, бр. 201/14 влезен во сила од 31.12.2014 година а во примена од 1.1.2015 година), се изврши првото новелирање на ЗФД насочено кон уредување на неколку законски недоречености. Како поважен резултат на оваа измена се покажа решението со кое отпочнувањето на надзорот од страна на Финансиската инспекција во јав-

ниот сектор и на Управата за јавни приходи (УЈП) во приватниот сектор временски се помести на деловните трансакции настанати од 1.1.2015 година, наместо првичното решение кое предвидуваше со контрола да се опфатат трансакциите настанати од 1.5.2014 година, како ден од кога отпочна примената на ЗФД. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ“, бр. 215/15, влезен во сила на 15.12.2015 година), се изврши второто новелирање на ЗФД, пропратено со сет на решенија кои обезбедија поопсежно нормативно разрешување, прецизирање и доуредување на повеќе суштествени работи на кои како на проблематични беше укажано при самото отпочнување на примената на ЗФД во 2014 година. Едно од позначајните прашање кое беше уредено во контекст на втората измена на ЗФД од декември 2015 година се однесува на дефинирање на посебните рокови за плаќање кога плаќањето на паричните обврски се одвива на рати. Надминувањето на другите проблематични моменти од ЗФД е направено и со целосно новелирање на постапката на контрола на деловни трансакци од страна на надлежните институции (УЈП и Финансиската инспекција во јавниот сектор) преку поместување на моментот на известувањето од страна на судот, нотарот и извршителот за постапките за присилна наплата на неплатени парични обврски во рок и со воведување на инсти-

„Службен весник на РМ“, бр. 187/13, 201/14 и 215/15.

1

ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2018

53


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Др. Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ПРАШАЊЕ:

?

Добивме времена ситуација за инвестиционен објект, со пренесена даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ. Во времената ситуација се истакнати: - вредноста на работи кои се ситуирани во оваа времена ситуација (100.000 ден) - времена задршка: 5 % (5.000 ден) - вкупно за наплата по оваа ситуација (95.000 ден) - данок по член 32-а (95.000 х 18%=17.100 ден). Дали треба на основни средства во подготовка (016) да се книжи 100.000 денари или само тоа што е за плаќање по оваа ситуација? И дали да се книжат овие 5% задршка (на кое конто?) или да чекаме кога ќе дојде конечната фактура, без задршка? ОДГОВОР:

Договорените задршки не претставуваат основ за намалување на даночната основица, која мора да е во висина на ситуираните работи (а ако подоцна се испостави дека не се исполнети целосно и квалитетно овие работи, се прави исправка по член 22 од Законот за ДДВ). Така, во случајов, изведувачот треба пренесениот данок да го пресмета на основица 100.000 денари. Кај вас како примател на градежната работа, на сметката 016 – Средства во подготовка се евидентира целиот износ на ситуираните работи (100.000). 70

ДДВ во износ од 18.000 денари, прокнижено на сметката 230 како даночен долг го пребивате со истовремено книжење на овој износ и на сметката 130 - Претходен данок. Даночен долг за ДДВ не се вклучува во вредноста на објектот кога Вашата инвестиција (објектот) е наменет за дејност со право на одбивка на претходен данок. Задршката може посебно да се евидентира во рамките на аналитиките на сметка 220 (како недоспеана обврска) па кога ќе биде извесно побарувањето на изведувачот, односно вашата обврска, задршката да се прекнижи на аналитика на доспеани обврски по инвестиционата изградба. ПРАШАЊЕ:

?

Дали се пресметува приход (од интерна продажба) кога од сопствени залихи на производи (хигиенски средства), се требува за одржување на погоните и административната зграда? Дали при тоа се засметува ДДВ? ОДГОВОР:

Употребата на добра од сопствените залихи за тековни потреби (како суровини или помошни материјали во производството на други залихи, за тековно одржување на објектите и опремата на деловниот субјект, за рекламни или репрезентативни цели, како ситен инвентар или како во вашиот случај за одржување на хигиената), не се прикажува во приходи од сопствена употреба на добра и услуги, туку како потрошок на искористените средства (залихи). www.proagens.mk


ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НБРМ ЗА СКЛУЧЕНИ КРЕДИТНИ РАБОТИ СО НЕРЕЗИДЕНТ

 

ИНФОРМАЦИЈА

ОД 1 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА - ПИСМЕНИОТ ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ СКЛУЧЕН СО НЕРЕЗИДЕНТОТ НЕМА ДА СЕ ДОСТАВУВА ДО НБРМ, (ОСВЕН ЗА СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР)

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 105/18 од 6 јуни 2018 година е објавена Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите за евидентирање и поднесување извештаи за склучените кредитни работи, со примена од 1 јули 2018 година. Според актуелното решение, кое ќе се применува до крајот на месец јуни 2018 година, при поединечното известување, известувачот поднесува барање до Народната банка за поединечно евидентирање на кредитна работа со нерезидентот, при што задолжително ги доставува следниве документи: - писмен договор за кредит склучен со нерезидентот; - пополнети обрасци согласно со упатствата донесени врз основа на Одлуката; и - други документи на барање на Народната банка Новина - Престанува обврската за достава на писмен договор за кредитна работа со нерезидент Со измената која ќе се применува од 1 јули 2018 година, при поединечното известување, известувачот поднесува барање до Народната банка за поединечно евидентирање кредитна работа со нерезидентот, при што задолжително доставува САМО: - пополнети обрасци согласно со упатствата донесени врз основа на Одлука; и - други документи на барање на Народната банка.

kontakt@proagens.com.mk

ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2018

Писмен договор за кредит склучен со нерезидентот од јули 2018 година нема да се доставува, освен ако тоа не го побара Народната банка. Доставата на писмен договор за кредит склучен со нерезидент останува обврска за субјектоте од јавниот сектор Субјектите од јавниот сектор, при поединечното известување, до Народната банка и понатаму го доставуваат и писмениот договор за кредит склучен со нерезидент. Субјектите од јавниот сектор ги опфаќаат: - државата – којашто се состои од: владините единици на сите нивоа ‒ централна и локална власт; сите социјални фондови на сите нивоа на владата; и сите непазарни непрофитни институции коишто се контролирани или финансирани од владините институции; - јавните нефинансиски друштва – контролирани од владините институции, при што под контрола се подразбира можноста да се одредува политиката на управување со претпријатието преку назначување директори; преку сопственост од над 50% од гласачкото тело; или преку специјален акт, декрет или регулатива со кој се овозможува владата да ја одредува деловната политика или да назначува раководни лица; - јавните финансиски друштва – депозитни и недепозитни финансиски посредници, основани и контролирани од државата.

02/ 3162-979 i 3298-763

79



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.