ИНФОРМАТОР БРОЈ 9 СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА

Page 1


9

СЕПТЕМВРИ 2 0 1 8

S O D R @ I N A: НЕПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ 1) ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБИ И ОД ДАВАЊЕ УСЛУГИ КАЈ НЕПРОФИТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

4

www.proagens.mk

ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА 2) МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА - ДАНОЧНИ И СОЦИЈАЛНИ ПОГОДНОСТИ (ЗАКОНСКИ ПРОМЕНИ ОД 6 ЈУНИ 2018 ГОДИНА)

14

ПРЕВОЗ ВО ПАТЕН СООБРАЌАЈ 3) НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА МОБИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ И УРЕДИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ (ТАХОГРАФИТЕ)

29

ЈАВЕН СЕКТОР 4) ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

35

ПРЕВОЗ ВО ПАТЕН СООБРАЌАЈ 5) НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

46

НАДОМЕСТ ЗА ИСХРАНА 6) НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ ЗА ИСХРАНА ЗА НОЌНА РАБОТА

55

ИНФОРМАЦИЈА Е-ПДД 7) РЕГИСТРАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПЛАТФОРМА НA УЈП ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (WWW.E-PDD.UJP.GOV.MK)

59




Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБИ И ОД ДАВАЊЕ УСЛУГИ КАЈ НЕПРОФИТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

ВОВЕД

Н

епрофитните организации се правни лица кои не се основаат со основна цел да остваруваат приходи, ниту пак да вршат стопанска дејност, но се случува да вршат продажба на имот (недвижности и други долгорочни средства кои им станале непотребни или нефункционални), продажба на стоки и производи, набавени или произведени за цели на стекнување приходи, како и вршење на некои услуги (во рамките на проектите од основачките цели или пак од стопанска природа за ефектуирање на приходи). Според член 48 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на РМ“, бр. 52/10, 135/11 и 55/16) организациите, средствата за финансирање ги стекнуваат од членарина, основачки влогови, доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот.

• Третман на добивките остварени од реализираните продажби на добра и услуги Согласно со член 12 од истиот закон (Законот за здруженија и фондации), организациите не можат да се основаат за стекнување на добивка. Меѓутоа организациите можат да вршат дејности со кои може да стекнат добив1

ка, ако дејноста е поврзана со целите утврдени со статутот на организацијата. Ако во работењето на организациите се оствари добивка таа мора да биде употребена за остварување на целите утврдени со статутот и не може да се распределува меѓу основачите, членовите, членовите на органите, директорите, вработените или кое било друго со нив поврзано лице. Слично е уредено и во законите според кои се основаат и други непрофитни организации, а кои сметководството, исто како и здруженијата, го водат според Законот за сметководството за непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15) стопанските интересни заедници; политичките партии; верските заедници; религиозните групи и други; Црвениот крст на Република Македонија; синдикатите, заедниците на сопственици на станови и други правни лица основани како непрофитни организации (со посебни прописи). Така на пример: според членот 33 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група 1, црквата, верската заедница и религиозната група самостојно располагаат со стекнатите приходи, така што финансирањето на црквата, верската заедница и религиозната група, како и трошењето на финансиските средства е според регулативата за непрофитните организации и организациите од јавен интерес; во прописите за политичките партии е предвидено, приходите политичките партии да ги користат ис-

„Службен весник на РМ“, бр. 113/07 и У. суд на РМ , бр. 132/10.

4

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА - ДАНОЧНИ И СОЦИЈАЛНИ ПОГОДНОСТИ (ЗАКОНСКИ ПРОМЕНИ ОД 6 ЈУНИ 2018 ГОДИНА) РЕГУЛАТИВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

В

работувањето на лицата со инвалидност е регулирано со Законот за вработување на инвалидни лица („Службен весник на РМ” бр. 44/00, 16/04, 62/05, 113/05, 29/07, 88/08, 161/08, 99/09, 136/11, 129/15, 147/15, 27/16 и 99/18; во понатамошниот текст: законот), кој ги уредува посебните услови за вработување и работење на лицата со инвалидност (вработени или самовработени) и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица - заштитно друштво. Законот беше изменет и дополнет во „Службен весник на РМ” бр. 99 од 29 мај 2018 година, при што законските промени влегоа во сила осмиот ден од денот на објавувањето т.е. од 6 јуни 2018 година. Законските промени се спроведени заради усогласување со препораките доставени во Конечниот извештај бр. 15-124/10 од 04.09.2017 година на Овластениот државен ревизор по извршената ревизија на „Усогласеноста на активностите и мерките преземени од корисниците на средства од Посебниот фонд на Агенцијата за вработување на Република Македонија“. Овие законски усогласувања се со цел за подобрување на условите за вработување на инвалидни лица и за наменско користење на доделените средства од Посебниот фонд на АВРМ, како и за доуредување на постапката за вршење увид во наменското користење на овие средства.

14

Промените на Законот се однесуваат на следното: - терминот „трговец-поединец“ е заменет во „самовработено лице“, за кое е дадена дефиниција дека е физичко лице кое самостојно врши економска дејност или професионална и друга интелектуална услуга од која остварува приход, согласно со закон; - задолжително утврдување на инвалидност од страна на комисија за оцена на работната способност на Фондот за ПИОМ при првото вработување на инвалидно лице со навршени над 26 години возраст, кое има документ за видот и степенот на попреченост согласно со законските прописи од социјалната заштита издаден пред повеќе од 10 години; - воведување на можност за доделување неповратни средства од Посебниот фонд на АВРМ за работен асистент на инвалидно лице кое е вклучено во работно оспособување, на негово барање или на барање на работодавецот. Министерот за труд и социјална политика поблиску ги пропишува условите и начинот на обезбедување на работниот асистент и финансискиот надомест за работниот асистент (овој правилник е донесен во „Службен весник на РМ“ бр. 159/18, во сила од 30.08.2018 година); - претходно вршење на увид од Центарот за вработување и Управниот одбор на Агенцијата за исполнетоста на условите за доделување на средства од Посебниот фонд www.proagens.mk


превоз во патен сообраќај

4 Др. Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА МОБИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ И УРЕДИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ (ТАХОГРАФИТЕ)

О

д 7 август 2018 година во сила влезе новиот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај (објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 140 од 30.07.2018 година). (Поблиските прописи предвидени со овој закон требаше да се донесат во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на законот.) Со овој закон се уредува: работното време, одмор од работно време, времето на управување со моторно возило, задолжителни одмори и пауза, период на достапност, друга работа на мобилните работници кои вршат превоз на патници или стока во патниот сообраќај; начинот, условите и постапката за добивање на овластување за работилница и уредите за записи во патниот сообраќај-тахографи, односно граничник на брзина, одобрен тип и начин на користење на тахографите; начинот, условите и постапките за избор и овластување на издавач на тахографска картица; задолжителни евиденции и надзор над спроведување на овој закон. Иако со денот на влегувањето во сила на овој закон престана да важи стариот Закон за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“, бр. 161/09, ... и 37/16), новиот Закон не носи некои значајни новини во однос на стариот кој престана да важи.

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2018

Сепак со новиот Закон се овозможува работите кои се однесуваат на работното време на екипажот на возилата во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај да бидат воспоставени на исто ниво како и во земјите членки на ЕУ, со што домашните превозници се доведуваат во изедначена позиција при вршењето на меѓународниот патен сообраќај. Законот се применува на возачи кои управуваат со возила чија максимална маса е поголема од 3,5 тони и/или заедно со приклучното возило надминува повеќе од 3,5 тони и автобусите конструирани или трајно приспособени за превоз на повеќе од девет патници вклучувајќи го и возачот. При тоа, се однесува и на погоре спомнатите возила, кои согласно со овој Закон треба да имаат вграден еден тахограф. Меѓутоа, овој закон не се применува на возила во патниот сообраќај: а) со кои се врши јавен линиски превоз на патници на линии со вкупна оддалеченост до 50 километри; б) кои не можат да постигнат брзина поголема од 40 km/h, в) во сопственост или под закуп на Армијата на Република Македонија, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и службата за противпожарна заштита, ако превозот е во врска со активности што ги вршат овие служби и се извршуваат под нивна контрола;

29


ЈАВЕН СЕКТОР

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

1. АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

А

дминистративен службеник според дефиницијата од членот 3 од Законот за административни службеници 1 (ЗАС) , е лице кое засновало работен однос заради вршење на административни работи во некоја од следниве институции: а) органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон (државен службеник) и б) институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје (јавен службеник). Во зависност од институцијата во која е вработен, ЗАС ги дели административните службеници на: - државни службеници, односно друг вид на службеници утврдени со посебен закон во институците под А) и - јавен службеник во институциите под Б).

Не секој вработен во наведените институции има статус на административен службеник туку само вработените кои вршат административни работи, а то се: стручно-административни, нормативно-правни, извршни, статистички, административно-надзорни, плански, информатички, кадровски, материјални, финансиски, сметководствени, информативни и други работи од административна природа. Останатите категории на вработени во јавниот сектор, согласно со Законот за вработените во јавниот сектор 2 (член 14) се: даватели на јавни услуги - лица кои засновале работен однос во институциите заради вршење на работи поврзани со дејностите од јавен интерес согласно со закон, кои не се од административна природа и помошнотехнички лица - лица кои засновале работен однос во институциите на јавниот сектор заради одржување, обезбедување, вршење на превоз, како и други помошни и технички работи со кои се обезбедува непречено функционирање на институциите. Посебна група претставуваат службени лица со посебни овластувања од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето. Во смисла на Законот за вработените во јавниот сектор не се сметаат за вработени во јавниот сектор: функционерите, односно лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле ман-

1

„Службен весник на РМ“, бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18.

2

„Службен весник на РМ“, бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18.

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2018

35


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Др. Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

С

о Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“, бр. 68/04, ... и 163/18 - во натамошниот текст: „Законот“), се уредуваат условите што треба да ги исполнуваат правните и физичките лица за да можат да вршат превоз во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, како и документацијата потребна за непречено извршување на превозот. Законот посебно ги дефинира и уредува различните видови превоз на стока и патници, кој во зависност од корисникот на истиот може да биде јавен или превоз за сопствени потреби. Јавен превоз на патници и стока е превоз кој под еднакви услови им е достапен на сите корисници и за кој релацијата, цената на превозот и други услови на превозот се определуваат со договор меѓу превозникот и нарачател на превозот. Превоз за сопствени потреби е превоз кој физичко или правно лице го врши за задоволување на потребите при вршење на својата дејност, односно задачи од својот делокруг. Домашен превозник (правно или физичко лице) може да врши превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај по однапред стекнати определени услови и врз основа на добиена лиценца. Во „Службен весник на РМ“, бр. 140/18 се објавија обемни измени и дополнувања на Законот во функција на целосно усогласување на националното законодавство од областа на патниот сообраќај со она на ЕУ кое

46

го регулира пристапот на пазарот односно со одредбите од Регулативата 2009/1071 и Директивата 2003/59/ на ЕУ со кои се регулираат одредбите за пристап на пазарот и одредбите за професионалната компетентност на возачите во меѓународниот патен сообраќај. Измените и дополнувањата на Законот стапија во сила од 7 август 2018 година. Во рамките на овие измени, како прво беше направено дополнување во членот 3 од Законот со 5 нови изрази и категории, кои се ценело за потребно да се дефинираат и појаснат: „25. Авто такси превоз на патници е превоз што се врши во рамките на една територија на општината или градот Скопје како и превоз кон друга општина или градот Скопје; 49. Орган за оцена на компетентност на правното лице од членот 69 став 4 од овој закон (Техничката служба за издавање на ЕКМТ тест сертификати за товарните моторни и приклучни возила), е Институт за акредитација; 52. Авто такси возило е возило во смисла на Законот за возила кое ги исполнува минимално-техничките услови за вршење на авто такси превоз; 53. Моторно возило е секое возило на моторен погон кое вообичаено се користи за превоз на лица и стока на патишта или за влечење на возила на патиштата и кое има најмалку четири тркала и максимална проектирана брзина над 25 km/h; www.proagens.mk


НАДОМЕСТ ЗА ИСХРАНА

 

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ ЗА ИСХРАНА ЗА НОЌНА РАБОТА

З

аконот за работните односи - ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05 ...., и 27/16) е изменет и дополнет во „Службен весник на РМ“, бр. 120 од 29.06.2018 година, при што последните законски промени влегоа во сила на 07.07.2018 година. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр. 120/18) меѓу другото се доуредија и правата на посебна заштита на работниците кои работат ноќно време (меѓу 22 часот и 6 часот наредниот ден), барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот, кој што одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска. Повеќе детали за последните измени на ЗРО прочитајте во Информатор бр. 7-8/2018, стр. 27. о дополнување на членот 128, во ставот С 3 точка 2 и во ставот 5 на ЗРО, се прецизира обврската на работодавачот на „ноќните“ работници на негов трошок да им обезбеди: • соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе (член 128 став 3 точка 2) и • услови за превоз до и од работа, ако нема јавен превоз, во спротивно работодавачот не смее да го распореди работникот на ноќна работа (члено 128 став 5).

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2018

станатите права на работниците кои раО ботат ноќно време од членот 128 се: • подолг одмор; • стручно раководство на работниот, односно производниот процес и • лекарски прегледи, пред нивно ангажирање во ноќна работа, така и во редовни временски периоди утврдени со закон. огласно со член 113 став 5 на ЗРО и од С претходно е уредена можноста работодавачот на свој трошок на работниците да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа. Трошоците за исхрана можат да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај. Ова организирање од страна на работодавачот е регулирано на доброволна основа. Меѓутоа, со последната законска измена за прв пат е уредена обврската на работодавачот да ја обезбеди храната, односно надоместокот на трошок за исхрана во утврдениот износ, како и превозот до/од работа, на работниците кои работат ноќе, а го исполнуваат горенаведениот минимален услов на распределба на работното време.

55


ИНФОРМАЦИЈА Е-ПДД

 

Регистрација на ГРАЃАНИТЕ на електронската платформа нa УЈП за персоналниот данок на доход (www.e-pdd.ujp.gov.mk)

С

огласно со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 80/93, ... и 190/2017), Управата за јавни приходи има обврска од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година. Составувањето на пополнетата Годишна даночна пријава од страна на УЈП е можна после целогодишното полнење на базата на податоци на УЈП преку интернет платформата е-pdd.ujp.gov.mk. Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните на увид, односно контрола (заради потврдување, односно корегирање, ако пријавата не е точна, односно не е целосна, ...) најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk.

Заради операционализација на оваа законска обврска, УЈП да доставува пополнетата Годишна даночна пријава на увид на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, како и за да можат граѓаните да го исполнат својата дел од законската обврска - да ја потврдат точноста или да ги коригираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 31 мај 2019 година, потребно е навреме да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk POLUGODI[NA PRETPLATA 2018

Обврска за регистрација во системот еПерсонален данок има секое физичко лицеграѓанин кое во текот на 2018 година остварило приходи по било која основа (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, приходи од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок. Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

Регистрирање на e-pdd.ujp.gov.mk • Единствен услов за регистрација на системот е да граѓанинот да има валидна е-адреса, која ќе биде корисничко име (user name) за најава на системот e-pdd.ujp.gov. mk и ќе служи за комуникација со Управата за јавни приходи. • На најавната страна на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk има дел за регистрација на нов корисник на системот. Со влегување во овој дел од системот, ќе се отвори мени во кое треба задолжително да ги внесете своите идентификациони податоци.

- INFORMATOR - E-DODATOK - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

8.500 denari

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2018

kontakt@proagens.com.mk 59



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.