2014
INFORMATOR
www.proagens.mk
9
SEPTEMVRI
2014
2014 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS
Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V
Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV
Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 26.08.2014 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:
Informacija:
M-r Pavle GACOV
Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.
Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik
Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:
D-r Zoran MINOVSKI
D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
9 S O D R @ I N A: ДДВ 1) НАЈНОВА (ТРЕТА) ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ ВО 2014 ГОДИНА
7
ДАНОК НА ДОБИВКА
www.proagens.mk
2) НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА СО ПРИМЕНА ОД 2014 ГОДИНА
11
ДДВ 3) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ТУЃ (ЗАКУПЕН) ИМОТ СО ОСВРТ НА НАЈНОВИТЕ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
25
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО 4) ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО И ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРАВНАТА ЛОГИКА ПРИ ПРИМЕНАТА ВО ПРАКСА
37
РАБОТНИ ОДНОСИ 5) НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
55
ФИСКАЛИЗАЦИЈА 6) ПОВТОРНО ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА - ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈНИОТ РОК ЗА ПРИМЕНА НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ (GPRS ТЕРМИНАЛ И КРИПТО МОДУЛ)
61
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ 7) ИЗМЕНИ ВО ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ СО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА
69
ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РМ 8) ДОЛГ НА ЦЕНТРАЛНА ВЛАДА (КОНСОЛИДИРАН) ЗАКЛУЧНО СО 31 ЈУЛИ 2014 ГОДИНА
72
9
S O D R @ I N A: СТАТУСНО ПРАВО 9) ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИЗЈАВА КОН ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
73
ЗАДРЖАН ДАНОК 10) РАТИФИКУВАН ДОГОВОР ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО ИНДИЈА
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
75
ДДВ
НАЈНОВА (ТРЕТА) ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ ВО 2014 ГОДИНА Вовед
З
Д-р Рефика МУРИЌ *
аконот за данокот на додадена вредност доживеа и трета измена во оваа година објавени во („Службен весник на РМ“, бр. 12/14, 112/14 и 130/14) со која повторно се носат важни новини во работењето подлежно на оданочување со ДДВ. Првиот значаен сегмент на законските измени и дополнувања се однесува на извршеното нормативно уредување за тоа што се подразбира под промет на добра и услуги од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во туѓ објект (објект на закуподавачот), кој се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник (закупец), како и даночната основица што ќе се применува кај овие промети. Овој дел на новините е посебно коментиран во текстот „Даночен третман на вложувањата во туѓ (закупен) имот, со осврт на најновите решенија во Законот за ДДВ“, објавен во овој број на списанието „Информатор“. Во овој текст, како исто многу важни новини, ќе ги истретираме следните: - н ачинот на кој конечно се уредува преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и присилно извршување, како и - у кинувањето на reverse charge при промет на недвижности во извршна постапка или во постапка на присилна наплата; - промена на прагот за регистрација на ДДВ; - п редвидената можност за издавање на фактура во електронска форма и - н ачинот на кој е уредено издавањето и чувањето на фактурите.
1. Начин на пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и присилно извршување * Даночен советник
r_muric@proagens.com.mk
о обид за конечно уредување на преносот на движен и В недвижен имот во постапка за присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршу-
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
7
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вање согласно со Законот за извршување, се напушта примената на reverse charge, како неефикасен начин за спроведување на оданочувањето при ваквиот пренос (присилна наплата и извршување) на недвижностите. Новото решение предвидува, во прометот, како на недвижниот така и на движниот имот, пресметувањето и плаќањето на данокот, во име и за сметка на должникот да го врши субјектот надлежен за присилна наплата (на пример УЈП), односно надлежен за присилно извршување (извршителите). ва е секако подобро решение од досеО гашното, каде во двата сегменти (промет на недвижности со пренесување на даночна обврска и промет на движен имот подложен на оданочување кај должникот), се чекаше фактурата со ДДВ, за ваквиот пренос на добрата да биде испоставена од „проблематичниот“ должник.
8
о, ова е применливо само во примерите Н на промет кога: - н е се стекнува со доброто непосредно доверителот, туку тој само е примател на плаќањето (наплатата) и - к ога должникот е регистриран за данокот на додадена вредност. Појаснување во однос на првиот услов: доколку со доброто се стекнува непосредно доверителот, тогаш не се јавува парично плаќање на цената на доброто, туку доверителот се намирува со стекнување на доброто (форма на компензирање на побарувањето од една страна со доброто на должникот од друга), па органот (извршителот на пример), не може да изврши парична наплата на ДДВ од доверителот. о однос на вториот услов: доколку долВ жникот не е ДДВ обврзник, данокот не може да биде засметан од органот за присилна наплата / извршување, со оглед дека тој само посредува во прометот, кој сепак е промет од должникот (продавач) кој не е ДДВ обврзник. Со новиот член 4 став 4 од Законот за ДДВ посебно се дефинира дека при прено-
www.p
сот на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто, се смета дека прометот е извршен од должникот кон стекнувачот на доброто. • Основица за оданочување Дефинирана е и основицата за оданочување на прометот: при преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка. • Настанување на даночен долг З а разлика од „стандардните“ промети каде даночниот долг настанува во моментот кога е извршен прометот на доброто, за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто. • Пресметување на данокот Субјектот надлежен за присилна наплата односно присилно извршување, пресметувањето на данокот го врши на посебен образец (ДДВ-ПНПИ - Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување), а плаќањето на данокот на додадена вредност го врши поединечно за секој даночен обврзник, на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто, а најдоцна во рок од пет работни дена. Првенство на намирување од износот уплатен од страна на стекнувачот на доброто, за прометот извршен во постапки на присилна наплата (согласно со Законот за даночна постапка) или присилно извршување (согласно со Законот за извршување), има на-
roagens.mk
ДДВ
мирувањето на обврската за плаќањето на данокот на додадена вредност. убјектот надлежен за присилна наплата С односно присилно извршување е должен Извештајот ДДВ-ПНПИ заедно со актот кој го изготвува согласно со Законот за даночна постапка и Законот за извршување, да ги достави до надлежниот даночен орган, до должникот и до стекнувачот на доброто на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто, а најдоцна во рок од пет работни дена. аночниот орган, врз основа на овој ИзД вештај го задолжува даночниот обврзник, односно должникот, за износот на пресметаниот и платениот данок на додадена вредност, доколку должникот не го искажал прометот во даночната пријава. ри овој пренос на движен и недвижен П имот, не се издава фактура од страна на даночниот обврзник, а од страна на субјектот кој ја спроведува постапката се изготвува решение за предавање на надвижноста во владение на купувачот или потврда за извршена продажба согласно со Законот за даночна постапка или Заклучок за извршена продажба согласно со Законот за извршување, кои се основ за стекнување со сопственост над движните и недвижните добра.
2. Промена на прагот за регистрација на ДДВ Согласно со постојното законско решение, сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 2.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот, обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност. Со измената во член 51 од Законот за ДДВ, се врши намалување на прагот на регистрација од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари. Со оваа мерка значително ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
данокот на додадена вредност. Ова зголемување на бројот на регистрирани даночни обврзници ќе се случи уште на почетокот на 2015 година со оглед дека по вградувањето на измената во членот 51 став 1 од Законот, истиот ќе гласи: „Сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност. Обврската за регистрација за данокот на додадена вредност не се однесува за даночни обврзници во смисла на член 32 точка 4 и член 46 на овој закон.“ Со оглед дека оваа одредба ќе стане важечка од 1 јануари 2015-та година, тоа значи дека обврската за регистрација во периодот од 01 до 15 јануари 2015-та ќе се однесува на сите што во претходната година (2014та) надминале промет од 1.000.000 денари (како и на оние кои со вршење на дејноста само во еден дел од годината, а на основа на фактичкиот промет, пресметковно утврдат вкупен промет на ниво на година повисок од 1.000.000 денари). отсетуваме дека и досега постоеше П можност за доброволна регистрација за ДДВ без оглед на износот на прометот, а дека зголемувањето на бројот на нови ДДВ обврзници само ќе го поскапи нивното администрирање, од страна на УЈП и во исто време ги зголеми трошоците на евиденција кај овие субјекти.
3. Можност за издавање на фактура во електронска форма Според постојниот член 53 од Законот за ДДВ, за фактура се смета секој документ кој го издава даночниот обврзник или друго лице по негов налог за извршениот промет. Со измените и дополнувањата на Законот се пропиша можноста, од 1 март 2015 годи-
9
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
на, покрај во хартиена форма, фактурата да може да се издаде и во електронска форма, а врз основа на претходна согласност од страна на примателот на доброто или корисникот на услугата. З а фактура издадена во електронска форма се смета фактурата која е издадена како електронски документ. римателот на ваквата фактура дава соП гласност со своја експлицитно изразена волја во хартиена форма дека приемот на фактурите ќе го извршува во електронска форма. Фактурата во електронска форма мора да ги задоволи следните барања:
10
- д а биде обезбедена автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на ф актурата; - д а биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетата технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата; - д а биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирли-
ва слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија. Наведените барања се обезбедуваат со потпишување на фактурата со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат (уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис).
4. Уредување на начинот на чување на фактурите Преку членот 56 од Законот за ДДВ, во кој е пропишан рокот на чување на фактурите, се воведува обврската на даночниот обврзник, фактурата да ја чува во изворна форма во која таа била издадена, како и обврската на издавачот и примачот на фактурите, да обезбедат релевантни информации кои се во врска со издавањето и приемот на фактурата. Значи, даночниот обврзник, е потребно да ја обезбеди автентичноста на потеклото, интегритетот на содржината и читливоста на фактурата, од моментот на издавањето до завршување на рокот за чување на фактурата, кој според Законот за ДДВ изнесува најмалку пет години по истек на календарската година, за која се однесуваат.
PROAGENSOV ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN
800
denari na 224
Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.
www.p
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
В
НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА СО ПРИМЕНА ОД 2014 ГОДИНА
о рамките на сетот летни даночни измени 2014-та беше донесен и нов Закон за данокот на добивка (нов ЗДД), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 112/14 од 25.07.2014, во сила од 2 август 2014 година, во примена од 1 јануари 2015 години, но внимавајте: СО УТВРДУВАЊЕ НА ДОБИВКАТА ЗА ДЕЛОВНАТА 2014 ГОДИНА. М-р Павле ГАЦОВ *
Тајмингот на примена уреден во Преодните и завршни одредби покажува de facto дека новиот Закон за данокот на добивка треба да се применува почнувајќи од 1 јануари 2014 година. Во тој контекст за да бидеме појасни ќе прецизираме дека: Деловната 2014 година започнува на 1 јануари, а завршува на 31 декември 2014 година. Поради ваквите одредби на новиот ЗДД (подвлечениот дел од првиот пасус), ја нагласуваме неговата ретрактивност par exellence, со тоа потенцирајќи го сериозниот правен пропуст кој треба да се исправи. Најмалку што би можело да се направи е примената на Законот да се лоцира од денот на неговото влегување во сила, па ние кутрите да правиме два интерни даночни биланса (пред многу години и тоа го правевме), првиот за периодот од 1 јануари до 1 август 2014 година и вториот од 2 август до 31 декември 2014 година, па збирот од интерните даночни пресметки да го внесуваме во единствениот образец - Даночен биланс за цела 2014 година. Но, за сега претходната опција нема законска подлога, токму поради нагласената преодна одредба од почетокот од овој текст. Затоа и стартуваме со запознавање со новите решенија во Законот, кои во полна сила ќе бидат актуелни во февруари 2015 година, тајминг за составување на годишниот даночен биланс. Но, добрите даночни планери знаат дека тогаш е предоцна за исправање на одлуките кои имаат влијание врз висината на даночната основица за данокот на добивка. Сметаме дека вистинско време за подготвување на „теренот“ за составување на новиот образец „ДБ“ е токму есента 2014 година. Преглед на најважните новини:
* Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“
p_gacov@proagens.com.mk
1) Се враќа стариот режим што се применуваше заклучно со 2008 година, односно повторно вклучување на ФИНАНСИСКИОТ РЕЗУЛТАТ (ДОБИВКА/ЗАГУБА) во даночната основа. 2) Вклучувањето на добивката во основата за оданочување не ги исклучува непризнаените расходи, напротив, ДАНОЧНАТА ОСНОВА претставува ЗБИР на Финансискиот резул-
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
11
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
тат (пред оданочување) и Даночно непризнаените расходи (како и мал број на таксативно наброени приходи од поврзани лица, кои се остварени во премал износ во однос на пазарниот).
12
3) Се воведува (познавачите ќе речат „се враќа“) даночно ослободување (намалување на даночната основа за извршени вложувања од добивката од претходната година (РЕИНВЕСТИРАНА ДОБИВКА) за развојни цели односно вложувањата во материјални средства (недвижности, постројки и опрема) и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за проширување на дејноста на даночниот обврзник, освен вложувања во патнички автомобили, мебел, теписи, аудио визуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други вложувања кои служат за административни цели. Со ова ослободување може да се достигне единствено како лимит нето добивката од претходната година (нето добивката за 2013 година е граничник за намалување на даночнатa основа утврдена во образецот ДБ за 2014 година).
ретходното ослободување е условено П со задржување на правото на сопственост од страна на даночниот обврзник над средствата со кои се стекнал преку реинвестирање на добивката за период од пет години од денот на нивното стекнување.
4) Побарувањата по одобрени заеми од страна на здруженија и фондации (организации) кои се основани согласно со Законот за здруженија и фондации чија ОСНОВНА ДЕЈНОСТ е ПЛАСИРАЊЕ НА ЗАЕМИ согласно со нивниот статут и програма нема да ја делат судбината на останатите побарувања по основ на одобрени заеми, односно овие заеми нема да се оданочуваат без оглед дали имаат салда на 31.12 во годината. 5) Се проширува дефиницијата на поврзано лице со даночниот обврзник за лицата кои со сопствениците на даночниот обврзник или членовите на органите на упwww.p
равување на даночниот обврзник се припадници на исто семејство во смисла на одредбите од Законот за даночна постапка. Всушност ваквата дефиниција претходно во поинаква форма беше додадена преку Правилникот за данокот на добивка, без да има законска основа за тоа.
З а лице кое е поврзано со даночниот обврзник се смета и секое нерезидентно правно лице од земја која има повластен даночен систем.
6) Даночниот режим на исплата на дивиденди е следниот: дивидендите остварени заклучно со 2008 година, при исплатата нема да се оданочуваат, со данок на добивка оние остварени за периодот 2009 - 2013 година ќе бидат предмет на оданочување и на крај, „новите“ дивиденди кои потекнуваат од 2014 година наваму, при исплатата нема да се оданочуваат со данок на добивка (повторување на режимот што се применуваше до 2008 година). 7) Доколку даночниот обврзник оствари загуба искажана во Билансот на успех истата намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс може да ја пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години (претходно пет години) сметано од годината во која е искажана загубата.
амалувањето во даночниот биланс ќе Н се врши само доколку претходно се извршило покривање на загубата согласно со Законот за трговски друштва и тоа хронолошки почнувајќи од износот на најрано настанатите даночни загуби. Ова право не ќе може да се користи во случај на промена на статусот на даночниот обврзник врз основа на спојување, припојување, поделба, сопственичка трансформација и слично. За остварување на правото на пренесување (покривање) на даночната загуба потребно е одобрение од УЈП, по претходно поднесено писмено барање најдоцна до 31 март наредната година, по годината во која загубата е искажана.
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
8) За износот на платените месечни аконтации на данокот на добивка на непризнаени расходи во текот на 2014 година, на даночниот обврзник му се намалува пресметаниот данок на данокот на добивка во даночниот биланс за 2014 година. 9) Режимот и правилата на ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВКУПНИОТ ПРИХОД не се менуваат и остануваат и понатаму во примена (за приход до 3.000.000 денари, без данок; за приход меѓу 3.000.001 и 6.000.000 се
избира меѓу данокот на вкупен приход и данокот на добивка и над 6.000.000 се преоѓа кај данокот на добивка).
Споредување на старите и нови даночни решенија (вклучувајќи ги и оданочивите расходи) Во продолжение претставуваме Споредбен преглед на старите и нови даночни решенија според кои се формира основата за оданочување.
Споредбен преглед на режимот на данокот на добивка во примена до 2013 година и новиот режим во примена од 2014 година Опис Принцип на оданочување Висина на даночната стапка Даночен обврзник (дефиниција)
Даночен режим во примена Даночен режим во примена заклучно со 2013 година од 2014 година ДАНОК НА ДОБИВКА Самооданочување Самооданочување (пресметувањето и плаќањето (пресметувањето и плаќањето на данокот на добивка го врши на данокот на добивка го врши обврзникот) обврзникот) 10%
10%
Правно лице - резидент на РМ, кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство Обврзник е и постојана деловна едини-ца (подружница и сл.) на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност во РМ Даночен период Календарска година Плаќање на До 30 дена од рокот пропишан годишниот за достава на Годишната сметка данок Плаќање на ме- 1/12 од Годишниот данок утврден сечни аконтации во даночниот биланс, зголемен за кумулативниот пораст на цените на мало Рок за плаќање 15-ти во месецот за претходниот на месечните месец аконтации
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
Правно лице - резидент на РМ, кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство Обврзник е и постојана деловна единица (подружница и сл.) на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност во РМ Календарска година До 30 дена од рокот пропишан за достава на Годишната сметка 1/12 од Годишниот данок утврден во даночниот биланс, зголемен за кумулативниот пораст на цените на мало 15-ти во месецот за претходниот месец
02/ 3162-979 i 3298-763
13
Pr fesionalna Edukacija
Плаќање на данок на добивка при исплата на дивиденда Даночна основа (дефиниција)
1) Нефункцио- нални расходи
14
2) Пресметани, а неисплатенинадоместоци од РО 3) Најниски износи на исплатени надоместоци од РО Дневници, теренски додаток или одвоен живот
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Данок на добивка се плаќа најдоцна Данок на добивка при исплатата на денот на исплатата на на дивиденда по потекло од дивидендата 2014 година и натаму НЕ СЕ ПЛАЌА (истото се однесува и на дивидендата по потекло од 2008 година и претходно) Износот на непризнаените расходи Износот на непризнаените и помалку искажаните приходи расходи и помалку искажаните приходи за даночни цели ЗГОЛЕМЕН за разликата меѓу вкупните приходи и вкупните расходи (добивката/загубата) утврдени согласно со МСФИ/ МСС/ МСФИ за МСЕ Оданочиви расходи (нефункционални расходи) расходи (нефункционални расходи) кои не се поврзани со вршење на расходи кои не се поврзани со вршење на дејност на субјектот дејност на субјектот односно не се односно не се непосреден услов непосреден услов за извршување на таа дејност и не се последица од за извршување на таа дејност и не се последица од вршењето на таа вршењето на таа дејност дејност неисплатените надоместоци (до неисплатените надоместоци (до денот на поднесување на ДБ) на денот на поднесување на ДБ) на пресметаните трошоци и други лични пресметаните трошоци и други лични примања од работен однос примања од работен однос исплатени надоместоци на трошоци исплатени надоместоци на и други лични примања од работен трошоци и други лични примања однос во износ повисок од: од работен однос во износ повисок од: најнискиот износ на исплатените дневници за службени патувања, теренски додаток или одвоен живот утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа, при што исплатите по овој основ меѓусебно се исклучуваат
www.p
најнискиот износ на исплатените дневници за службени патувања, теренски додаток или одвоен живот утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа, при што исплатите по овој основ меѓусебно се исклучуваат
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
Помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство
износот на исплатена помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа
износот на исплатена помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа Помош за претр- најнискиот износ на исплатената најнискиот износ на исплатената помош за претрпени штети од пени штети од помош за претрпени штети од елементарни елементарни непогоди утврден елементарни непогоди утврден со Општиот колективен договор со Општиот колективен договор непогоди за приватниот сектор од областа за приватниот сектор од областа на стопанството на Република на стопанството на Република Македонија Македонија најнискиот износ на исплатена Отпремнина најнискиот износ на исплатена отпремнина која се дава при која се дава при отпремнина која се дава при заминување во пензија утврден заминување во заминување во пензија утврден со со Општиот колективен договор Општиот колективен договор за пензија за приватниот сектор од областа приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македо- на стопанството на Република Македонија и прописите за нија и прописите за органите на органите на државната управа државната управа Испратнина износот на исплатениот еднократен износот на исплатениот заради трајно надоместок - испратнина заради еднократен надоместок работно трајно работно ангажирање на испратнина заради трајно работно ангажирање работниците при откажување ангажирање на работниците („технолошки на договорот за вработување од при откажување на договорот вишок“) деловни причини (технолошки, за вработување од деловни економски, организациони и слични причини (технолошки, економски, промени), утврден со закон организациони и слични промени), утврден со закон Регрес за износот на исплатениот регрес за износот на исплатениот регрес годишен одмор годишен одмор во висина од 40% од за годишен одмор во висина од просечната месечна бруто плата по 40% од просечната месечна бруто работник во Република Македонија, плата по работник во Република објавена до денот на исплатата Македонија, објавена до денот на исплатата Јубилејни износот на исплатените јубилејни износот на исплатените јубилејни награди награди за најмалку десет години награди за најмалку десет години работа кај ист работодавач во висина работа кај ист работодавач во на просечна месечна плата по висина на просечна месечна работник во Република Македонија плата по работник во Република исплатена во последните три месеци Македонија исплатена во објавена од Државниот завод за последните три месеци објавена статистика од Државниот завод за статистика
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
15
Pr fesionalna Edukacija
16
Надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот Надоместок заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување Надоместок при селидби на вработените за потребите на работодавачот Организирана исхрана и превоз во јавниот сообраќај Месечни надоместоци на членовите на органите на управување
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
износот на исплатените надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, во висина од 30% од исплатениот износ
износот на исплатените надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, во висина од 30% од исплатениот износ
износот на исплатениот надоместок заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување во висина на просечната месечна плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика
износот на исплатениот надоместок заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување во висина на просечната месечна плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика износот на исплатениот надоместок износот на исплатениот при селидби на вработените за надоместок при селидби на потребите на работодавачот во вработените за потребите на висина на стварните трошоци работодавачот во висина на направени за превоз на покуќнината стварните трошоци направени и на семејството за превоз на покуќнината и на семејството трошоците за организирана исхрана трошоците за организирана и превоз во јавниот сообраќај на исхрана и превоз во јавниот вработените, исплатени над износите сообраќај на вработените, утврдени со закон исплатени над износите утврдени со закон трошоците по основ на месечните трошоците по основ на месечните надоместоци на членовите на надоместоци на членовите на органите на управување над 50% органите на управување над 50% од просечната месечна бруто плата од просечната месечна бруто исплатена во претходната година плата исплатена во претходната во Република Македонија, при што година во Република Македонија, како надоместоци на членови на при што како надоместоци на ор-ганите на управување се сметаат членови на органите на упрамесеч-ниот надоместок, односно вување се сметаат месечниот паушал, надо-местоците за патни и надоместок, односно паушал, дневни трошоци надоместоците за патни и дневни трошоци
www.p
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
Придонеси во доброволен пензиски фонд
трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од четири просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен Надоместоците надоместоците за лицата волонтери за лицата според член 10 став (2) од Законот за волонтери и за волонтерство и за лицата ангажирани лицата ангажи- за вршење на јавни работи рани за вршење согласно со членот 85 од Законот за на јавни работи вработување и осигурување во случај на невработеност исплатени над износите утврдени со закон Скриените исплати на добивки
Репрезентација Донации
- давањата на одредени производи и услуги на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица по цена пониска од пазарната, вклучувајќи ја и пониската камата на одобрените заеми; - плаќањата за добиените производи и услуги од содружниците или акционерите или на нив поврзани лица, по цени повисоки од пазарните и овозможување на стекнување на добивки на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица и - кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице
трошоците направени за репрезентација во висина од 90% трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 5% од вкупниот приход остварен во годината
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од четири просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен надоместоците за лицата волонтери според член 10 став (2) од Законот за волонтерство и за лицата ангажирани за вршење на јавни работи согласно со членот 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност исплатени над износите утврдени со закон - давањата на одредени производи и услуги на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица по цена пониска од пазарната, вклучувајќи ја и пониската камата на одобрените заеми; - плаќањата за добиените производи и услуги од содружниците или акционерите или на нив поврзани лица, по цени повисоки од пазарните и овозможување на стекнување на добивки на содружниците или акционерите или на нив поврзани лица и - кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице трошоците направени за репрезентација во висина од 90% трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 5% од вкупниот приход остварен во годината
17
Pr fesionalna Edukacija
Спонзорства
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината
Нефункционални трошоци по основ на камата по трошковни кредити кои не се користат за камати вршење на дејноста на обврзникот, како и износот на каматите по кредити за набавка на патнички автомобили, мебел, теписи, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и украсни предмети
осигурителни премии кои ги плаќа работодавачот во корист на членовите на органите на управување, како и на вработените доколку истите не се одбиваат од плата, освен личното колективно осигурување на работниците за повреди на работа Даноците даноците по задршка (одбивка) по задршка исплатени во име на трети лица (одбивка) кои се на товар на трошоците на даночниот обврзник Парични и паричните и даночните казни, даночни казни, пеналите и казнените камати за пенали и неблаговремена уплата на јавните казнени камати давачки и на трошоците за присилна наплата Стипендии исплатите на стипендии, освен и обука и стипендиите доделени на начин и специјализација под услови утврдени со Законот за на вработените донации и спонзорства во јавните дејности кои се оданочуваат според одредбите на член 11 став 1, точка 10 од ЗДД, во кои не спаѓаат трошоците за обука и специјализација на вработените заради остварување на деј-носта на даночниот обврзник, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор, кој не е пократок од три години сметано од годината на стекнувањето со соодветните знаења Осигурителни премии
18
www.p
трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината трошоци по основ на камата по кредити кои не се користат за вршење на дејноста на обврзникот, како и износот на каматите по кредити за набавка на патнички автомобили, мебел, теписи, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и украсни предмети осигурителни премии кои ги плаќа работодавачот во корист на членовите на органите на управување, како и на вработените доколку истите не се одбиваат од плата, освен личното колективно осигурување на работниците за повреди на работа даноците по задршка (одбивка) исплатени во име на трети лица кои се на товар на трошоците на даночниот обврзник паричните и даночните казни, пеналите и казнените камати за неблаговремена уплата на јавните давачки и на трошоците за присилна наплата исплатите на стипендии, освен стипендиите доделени на начин и под услови утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности кои се оданочуваат според одредбите на член 9 став 1, точка 10 од ЗДД, во кои не спаѓаат трошоците за обука и специјализација на вработените заради остварување на дејноста на даночниот обврзник, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор, кој не е пократок од три години сметано од годината на стекнувањето со соодветните знаења
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
Кало, растур, крш и расипување
Траен отпис на ненаплатените побарувања
Исправка на вредноста на ненаплатените побарувања
1
трошоците на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи утврдени за соодветната гранка, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила. Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели ги пропишува министерот за финансии.
трошоците на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи утврдени за соодветната гранка, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила. Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели ги пропишува министерот за финансии. трајниот отпис на ненаплатените трајниот отпис на ненаплатените побарувања, освен трајниот побарувања отпис на ненаплатените побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и радиодифузна такса 1 трошоците за исправка на вредноста трошоците за исправка на на ненаплатените побарувања, освен вредноста на ненаплатените исправките на вредноста кај банките, побарувања, освен исправките штедилниците и осигурителните на вредноста кај банките, штедруштва на начин утврден со закон. дилниците и осигурителните По исклучок, трошоците за исправка друштва на начин утврден со закон, како и ненаплатените на вредноста на ненаплатените побарувања по основ на побарувања се признаваат како придонеси од задолжително расход, доколку е донесена социјално осигурување и правосилна судска одлука, а за радиодифузна такса. побарувањата од субјектите над кои е отворена постапка на стечај и По исклучок, трошоците за на ликвидација, доколку истите се исправка на вредноста на пријавени и потврдени од страна на ненаплатените побарувања се стечајниот управник. признаваат како расход, доколку е донесена правосилна судска одлука, а за побарувањата од субјектите над кои е отворена постапка на стечај и на ликвидација, доколку истите се пријавени и потврдени од страна на стечајниот управник.
Ненаплатени побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување може да имаат да се појават само во евиденцијата на Фондовите за ПИО и здравство, соодветно и Агенцијата за вработување, додека ненаплатено побарување за радиодифузна такса може да има Македонската радио-телевизија. Согласно со Законот за радиодифузната дејност, радиодифузната такса е јавна давачка од која се финансираат ЈП Македонската радио-телевизија и ЈП Македонска радиодифузија и Советот за радиодифузија. Работите во врска со водењето на регистарот на обврзници за плаќање на радиодифузна такса ги врши МРТ, додека работите во врска со пресметувањето, утврдувањето и наплатата на средствата од радиодифузната такса, во име и за сметка на МРТ, ги врши Управата за јавни приходи.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
19
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Побарувања за За оданочиви расходи се сметаат одобрени заеми и ненаплатените побарувања кои произлегуваат од трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот.
Дефиниција за пиврзаност
20
Непризнаени расходи за даночни цели се и ненаплатените побарувања кои произлегуваат од трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот. По исклучок, претходново не се одне-сува за дадените заеми од страна на здруженија и фондации (организации) кои се основани согласно со Законот за здруженија и фондации чија основна дејност е пласирање на заеми утврдени согласно со нивниот статут и програма. П о с е б н о с т и к а ј п о в р з а н и т е л и ц а: Оданочиви расходи / приходи Поврзано лице со даночниот Се применуваат одредбите од заТД обврзник е физичко или правно лице кое може да има контрола или значајно влијание на деловните одлуки на даночниот обврзник. Се применуваат одредбите од Законот за трговските друштва. За лица поврзани со даночниот обврзник се сметаат и лицата кои со сопствениците на даночниот обврзник или членовите на органите на управување на даночниот обврзник се припадници на исто семејство во смисла на одредбите од Законот за даночна постапка. За лице кое е поврзано со даночниот обврзник се смета и секое нерезидентно правно лице од земја која има повластен даночен систем.
www.p
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
Трансферни цени
Трошковни камати
разликата помеѓу трансферната и пазарната цена остварена меѓу поврзани лица. Под трансферна цена се смета цената настаната во врска со извршената трансакција на средствата или создавање обврски меѓу поврзани лица. При утврдување на разликата меѓу пазарната и трансферната цена се користат споредливи цени што би се оствариле на домашниот пазар или компаративниот странски пазар кога не би се работело за однос на поврзани лица, а кога тоа не е можно се користи цената утврдена според методот на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (разлика во цени, провизија).
разликата меѓу цената на извршената трансакција на средствата или создавање обврски меѓу поврзани лица трансферната цена и пазарната цена. При утврдување на разликата меѓу па-зарната и трансферната цена се користи метод на споредливи цени на пазарот, односно во предвид се земаат цените што би се оствариле на домашниот пазар или компаративниот странски пазар кога не би се работело за однос на поврзани лица, а кога тоа не е можно се користи метод на цена на чинење, односно предвид се земаат цените утврдени според трошоците за производство зголемени за вообичаената заработувачка (разлика во цени, провизија) износот на делот од камати по износот на делот од камати заемите кои се добиени од поврзано по заемите кои се добиени од лице кое не е банка или друга поврзано лице кое не е банка овластена кредитна институција, или друга овластена кредитна кој го надминува износот кој би институција, кој го надминува се остварил доколку се работи за износот кој би се остварил неповрзани лица. доколку се работи за неповрзани лица. Кај заемите кои се добиени од поврзано лице, кое не е банка Кај заемите кои се добиени или друга овластена кредитна од поврзаното лице кое не институција, односно не се е банка или друга овластена добиени директно или индиректно кредитна институција, односно од меѓународни финансиски не се добиени директно или институции и заемите за кои индиректно од меѓународни гарантира Република Македонија, финансиски институции и заемите при утврдувањето на расходите од за кои гарантира Република Макамати се признава пресметаната кедонија, при утврдувањето на камата најмногу до висината на карасходите од камати се признава матната стапка која би се остварила пресметаната камата најмногу меѓу неповрзани лица, во моментот до висината на каматната стапка на одобрувањето на заемот. која би се остварила меѓу неповрзани лица, во моментот на одобрувањето на заемот.
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
02/ 3162-979 i 3298-763
21
Pr fesionalna Edukacija
Приходни камати
22
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
При утврдувањето на приходите од каматите на заеми дадени на поврзани лица, се признаваат пресметаните камати, најмалку до висината на каматните стапки, кои би се оствариле меѓу неповрзани лица, во моментот на одобрувањето на заемот. Како основ за определување на висината на каматната стапка која би се остварила помеѓу неповрзаните лица е стапката остварена на финансиски пазар во земјата или на меѓународен финансиски пазар
Затезни износот на затезните камати помеѓу (казнени) камати поврзани лица. Даночната основа се зголемува за трошоците за затезните камати кои произлегуваат од односите со поврзано лице кое не е банка или друга овластена кредитна институција.
При утврдувањето на приходите од каматите на заеми дадени на поврзани лица, се признаваат пресметаните камати, најмалку до висината на каматните стапки, кои би се оствариле меѓу неповрзани лица, во моментот на одобрувањето на заемот. Како основ за определување на висината на каматната стапка која би се остварила меѓу неповрзаните лица е стапката остварена на финансиски пазар во земјата или на меѓународен финансиски пазар. непризнаен расход за даночни цели е износот на затезните камати кои произлегуваат од односите со поврзано лице кое не е банка или друга овластена кредитна институција.
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
www.p
roagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
Тенка капитализација
износот на каматите на делот од заеми примени од содружниците или акционерите - нерезиденти, кои непосредно учествуваат најмалку со 25% во вкупната основна главнина на друштвото, доколку тие заеми го надминале трикратниот износ на учеството во капиталот или во гласачкото право на содружникот или акционерот. За заеми на содружникот или акционерот се сметаат и заемите добиени од трети лица за коишто гарантира тој содружник или акционер, како и заемите од банки доколку се дадени во врска со депозит на тој содружник или акционер во таа банка. Оваа одредба не се применува на новооснованите субјекти во периодот од првите три години на работењето, вклучувајќи ја и годината на основањето. За заеми на содружникот или акционерот се сметаат и заемите добиени од трети лица за коишто гарантира тој содружник или акционер, како и заемите од банки доколку се дадени во врска со депозитот на тој содружник или акционер во таа банка. Како камати не се сметаат каматите по заемите добиени од содружници или акционери на друштвото, кои се банки или други финансиски организации.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
износот на каматите на заемите добиени од содружниците или акционерите - нерезиденти со најмалку од 25% учество во капиталот на друштвото, кои за повеќе од три пати го надминуваат износот на уделот на тој содружник или акционер. Како заеми се сметаат и заемите од трети лица кои се гарантирани од содружникот или акционерот. Износот на уделот на содружникот или акционерот во капиталот на корисникот на заемот се определува за даночниот период како просек од уплатениот капитал, нераспределената добивка и резервите, намалени за евентуалните непокриени загуби. Оваа одредба нема да се применува на новооснованите субјекти во периодот од првите три години на работењето, вклучувајќи ја и годината на основањето. За заеми на содружникот или акционерот се сметаат и заемите добиени од трети лица за коишто гарантира тој содружник или акционер, како и заемите од банки доколку се дадени во врска со депозитот на тој содружник или акционер во таа банка. Како камати не се сметаат каматите по заемите добиени од содружници или акционери на друштвото, кои се банки или други финансиски организации.
23
Pr fesionalna Edukacija
24
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Даночен кредит Даночната основа формирана од Даночната основа се намалува за непризнаените расходи за даночни износот на наплатените побарувацели, се намалува за износот на ња кои во претходни даночни оданочените расходи за кои рокот на периоди имале третман на непринивното признавање достасал. знаен расход. Намалувањето на даночната основа Намалувањето на даночната се врши соодветно за износот на основа се врши соодветно наплатените побарувања до висината за износот на наплатените на искажаниот приход, за кои во побарувања до висината на претходните даночни периоди било искажаниот приход, за кои во извршено зголемување на даночната претходните даночни периоди основа, соодветно на оданочениот било извршено зголемување на износ. даночната основа, соодветно на оданочениот износ. Даночна загуба и Ако даночната основа е помала од Загуба искажана во Билансот на Сметководствена износот на намалувањето на истата успех намалена за непризнаените загуба за истиот даночен период, тогаш расходи искажани во даночниот даночниот обврзник искажува биланс може да се пренесе на даночна загуба. товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу Даночната загуба се пренесува до три години сметано од годинана товар на даночната основа во наредните даночни периоди, но не та во која е искажана загубата. подолго од пет години, започнувајќи Намалувањето во даночниот по годината во која даночната биланс се врши само доколку загуба е искажана. Намалувањето претходно се извршило покривасе врши последователно почнувајќи ње на загубата согласно со од износот на најрано настанатите Законот за трговските друштва. даночни загуби. Намалувањето во даночниот Намалувањето на даночната биланс се врши последователно основа за износот на пренесените почнувајќи од износот на најрано даночни загуби, се извршува по настанатите даночни загуби. намалувањето на непризнаените Правото не може да се користи расходи од годината на во случај на измена на статусот на оданочувањето со износот на даночниот обврзник врз основа на намалувањата на даночната основа спојување, припојување, поделба, за тековниот даночен период. сопственичка трансформација и Сметководствената загуба нема слично. влијание на даночната основа. Правото на пренесување на загубата се остварува со одобрение од УЈП, по писмено барање поднесено најдоцна до 31 март наредната година, по годината во која загубата е искажана. Приходи од Приходите од дивиденди остварени Даночната основа се намалува дивиденди од со учество во капиталот на друг за износот на приходите од резидентни даночен обврзник не се вклучуваат дивиденди остварени со учество обврзници во даночната основа, под услов да се во капиталот на друг обврзник - оданочени кај даночниот обврзник резидент на Република Македоникој врши исплата на дивиденди. ја, под услов да се оданочени кај обврзникот кој врши исплата на дивиденда. www.p
roagens.mk
ДДВ
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ТУЃ (ЗАКУПЕН) ИМОТ СО ОСВРТ НА НАЈНОВИТЕ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ Вовед
К
ористењето туѓи објекти под наем (закуп) често пати е поекономичниот избор на стопанските субјекти, направен во однос на инвестирањето во сопствени објекти.
Д-р Рефика МУРИЌ *
Правната форма, обврските на закуподавачот, обврските на закупецот, отуѓувањето на закупениот предмет, пренесувањето на закупот, вклучувајќи го подзакупот се регулирани со членовите од 567 до 599 од Законот за облигационите односи 1.
риходите и трошоците пак, што се остваруваат од изнајмуП вањето на деловни простори и други недвижности (како и на подвижни добра) посебно се третираат и се опфатени од даночните прописи. Зависно од закуподавачот (физичко или правно лице), овие приходи, односно прометот на услуга - изнајмување, се подложни на оданочување со различен данок. Изнајмувањето на деловни простории и подвижни добра претставува промет на услуги кој е оданочив со данок на додадена вредност, по стапка од 18% согласно со Законот за данокот на додадена вредност. 2 Оваа законска одредба се однесува на даночните обврзници регистрирани за цели на ДДВ. Тоа можат да станат и граѓаните кои издаваат деловни простории и подвижни добра, ако остваруваат високи приходи по овој основ, односно приходи што би го надминале годишниот праг за регистрација за ДДВ. Кога физички лица изнајмуваат недвижности или подвижни добра во нивна сопственост, остваруваат приход од наплатените наемнини, кој се оданочува со персонален данок на доход, согласно со Законот за персоналниот данок на доход 3. Од друга страна, кај закупецот се отвораат прашања за даночниот третман на издатоците за закупот, како и на направените тековни одржувања и инвестициски вложувања. Согласно со членот 9 од новиот Закон за данокот на добивка 4 (во примена и за 2014-та година) даночно признати расходи се расходите кои се поврзани со вршење на дејноста на субјектот односно се непосреден услов за извршување на таа дејност и се последица од вршењето на таа дејност. * Даночен советник
„Службен весник на РМ“, бр. 18/01, ... и 161/09. „Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ..., 112/14 и 130/14. 3 „Службен весник на РМ“, бр. 80/93, ... и 13/14. 4 „Службен весник на РМ“, бр. 112/14. 1 2
r_muric@proagens.com.mk
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
25
Pr fesionalna Edukacija
26
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
огично е, трошоците по основ на закуп Л на деловен простор (како и на подвижни добра), со чие користење друштвото ја врши сопствената дејност, да бидат даночно признати расходи, вклучувајќи го бруто износот на закупнината (заедно со задржаниот и уплатен персонален данок за сметка на закуподавачот - доколку тој е физичко лице), како и трошоците за режија, доколку сметките гласат на име на закупецот, како и кога е договорено да паѓаат на товар на друштвото закупец.
поред членот 588 став 4 и 5 од ЗОО, ако С за време на закупот закупецот извршил некакви промени на предметот на закуп, должен е да го врати во состојбата во која бил кога му е предаден во закуп, освен ако промените биле направени со согласност на закуподавачот. Закупецот може да ги однесе додатоците што ги направил на предметот ако можат да се одвојат без негово оштетување, но закуподавецот може да ги задржи ако му ја надомести нивната вредност во време на враќањето.
сто така, закупците кои во или со закуИ пените добра вршат некоја дејност која е со право на одбивка на претходен данок, од фактури издадени од закуподавачи кои се регистрирани ДДВ обврзници, имаат право да го одбијат претходниот данок, доколку и самите се регистрирани ДДВ обврзници.
Со години, ставот на даночните контроли е дека закупецот за извршените инвестициски вложувања треба да прикаже извршена услуга кон закуподавачот, поради тоа што со ваквите вложувања значително се зголемува вредноста на објектот на закуподавачот и истите претставуваат идни економски користи за сопственикот на објектот. Имаше и толкувања дека во износот на извршените инвестициони вложувања се препознава надоместок за закупнината, односно се смета дека закуподавачот и закупопримачот вршат размена или промет сличен на размена на исполнувања (според член 4 став 1 и член 7 став 1 од Законот за ДДВ).
Меѓутоа, третманот на закупот (наемот) посебно се усложнува од аспект на данокот на додадена вредност, кај примерите на поголемите вложувања во уредувањето на деловниот простор од страна на закупецот. На оваа проблематика се посветени голем дел од измените на Законот за данокот на додадена вредност кој е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 130/14, а кои ќе бидат обработени во овој текст.
1. И НВЕСТИцИСКО ВЛОЖуВањЕ ВО ИЗНајМЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР При вложување во објект на закуподавачот, важно е да се одреди карактерот на вложувањето поради различниот даночен третман на тековното одржување од инвестициското вложување во просторот. Согласно со членот 573 од Законот за об-
лигациони односи („ЗОО“), закуподавецот е должен да го одржува предметот во исправна состојба за време на траењето на закупот и заради тоа да врши потребни поправки на него. Тој е должен на закупецот да му ги надомести трошоците што овој ги направил за одржување на предметот, а кои тој самиот би бил должен да ги направи.
www.p
Дури во некои мислења на ујП за даночниот третман на инвестициските вложувања во туѓ објект, се тврди дека извршеното вложување во закупениот туѓ објект има третман на излезен оданочив промет, за кој промет закупопримачот, доколку е регистриран за целите на ДДВ, има обврска да издаде фактура спрема закуподавачот во истиот даночен период кога закупопримачот ги добил фактурите од своите добавувачи за соодветните промети. о такви случаи се практикуваше и задолВ жување со персонален данок на доход како за приход примен по основ на договорот за закуп, но во натурална форма, односно во форма на додадена вредност на објектот кој е сопственост на закуподавачот (ако закуподавачот е физичко лице). Ваквите ставови, а особено тврдењата дека даночниот долг настанува во истиот да-
roagens.mk
ДДВ
ночен период кога е извршено вложувањето (кога се примени фактурите од добавувачите на закупецот), беа основ за многу „продуктивни“ записници од извршени даночни контроли. Но колку што се „продуктивни“ уште повеќе се погрешни и спротивни на основните принципи на кои почива системот на ДДВ. Најголемата грешка на пример, е во тоа што се инсистираше на оданочување со ДДВ на промет кој за страните во договорот за наем (закуп) воопшто не постои, односно ако закуподавачот дозволил на закупецот за свои потреби да изврши одредени промени и вложувања, не се согласил вложувањето да биде надомест за закупнината, па дури чести се примерите каде во договорите за закуп се уредува обврската на закупецот, по истекот на договорот за закуп, да го врати закупениот простор во иста состојба како и на денот на закупувањето. Кај ваквите примери, во ниеден момент нема промет извршен од страна на закупецот кон закуподавачот, ниту пак е препознатлива некоја размена на добра и услуги. Со мислење на Министерството за финансии (Мислење број 32704/1 од 24.10.2013 година) се направи исчекор кон пореално третирање на инвестициските вложувања од закупецот, со промовирање на ставот дека постои услуга (промет) но, треба правилно да се утврди моментот кога тој промет (на добро или услуга) се пренесува на корисникот (закуподавачот), односно се вели: „доколку од расположивата документација не може да биде утврдено дека е пренесено правото на располагање, во тој случај со престанок на правото на закуп, набавените средства доколку се пренесат на лицето закуподавач, истите ќе претставуваат предмет на промет во смисла на член 2 од Законот, извршен од страна на даночниот обврзник - закупопримач према лицето закуподавач, за што даночниот обврзник закупопримач има обврска да издаде фактура ...“ По согледување на фактот дека инвестициските вложувања бараат појасно законско
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
уредување од даночен аспект, во последните измени на Законот за данокот на додадена вредност се изврши нормативно подобрување на одредбите: - в о делот кој се однесува на тоа што се подразбира како промет на добра и услуги, во случаи на прометот од страна на закупeцот кон закуподавачот во случај на инвестициско вложување во туѓ објект (објект на закуподавачот), кој се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник (закупец), како и - с о вградување на посебна даночна основица при такви видови на промети. 1.1. Инвестициско вложување како
промет на добра/услуги
Промет на добра во смисла на член 3, став 1 од Законот за ДДВ претставува пренос на правото на располагање со движен или недвижен материјален имот. Меѓутоа, со дополнување на членот 3 став 2 од Законот за ДДВ со нова точка 7, за промет на добра се дефинира и прометот на добра од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот. Како промет на добра се смета и извршеното давање без надомест на добра од инвестициско вложување во објект на закуподавачот од страна на закупецот, согласно со новата точка 4 на член 3 став 3 од Законот за ДДВ. Промет на услуги во смисла на член 6 од Законот за ДДВ претставува секоја дејност која не е промет на добра во смисла на член 3 од Законот за ДДВ. Со новите измени на Законот за ДДВ, во овој член (став 2 точка 5 и став 3 точка 4) се
27
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
додава како предмет на оданочување со ДДВ и прометот на услуги со и без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, при инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршено од страна на закупецот (а кое не се однесува на редовното одржување на објектот).
1.2. Основица за оданочување на прометите по основ на инвестициско вложување
28
Во членот 19 од Законот за ДДВ во кој се уредуваат посебните видови на основици за ДДВ, се дефинира и основицата за оданочување на претходно наведените промети на добра и услуги произлезени од инвестициски вложувања на закупците. Пропишаната даночна основица за цели на ова оданочување е пазарната вредност (без данокот на додадена вредност) на инвестициското вложување, определена од овластен проценувач во моментот на настанување на даночниот долг. Моментот на настанување на даночниот долг е исто така предвиден во рамките на новите измени на Законот за ДДВ. Со новата одредба од член 31 став 7 на Законот за ДДВ се пропишува: „За време на настанување на даночен долг во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот, извршено од страна на закупецот, се смета: 1. д енот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува или 2. денот на раскинување или откажување на договор за закуп или 3. д енот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест во смисла на продадени добра од вложувањето (член 3 став 2 точка 7 од Законот за ДДВ) и пренесени права од вложувања во услуги (член 6 став 2 точка 5 од Законот за ДДВ).“ www.p
о ваквото пропишување на даночната С основица, се исправа долгогодишната неправда која се нанесуваше на закупците на деловни простории и објекти, така што обврската за односниот промет на вложувањето се пресметуваше од страна на даночните органи врз вкупната набавна вредност на вложувањето, а оданочувањето се спроведуваше со периодот кога се правени самите вложувања. екако дека проценетата вредност на С вложувањата соодветно утврдена на денот на настанување на даночниот долг е помала или незначителна, па така и даночната обврска генерирана од вредноста на отстапеното истрошено добро е реално помала.
2. ПРаВО На ОДБИВКа На ДДВ ОД ВЛОЖуВања И ИЗДаТОцИ ВО ТуЃ ОБјЕКТ Најголемиот дел закупци ги користат објектите земени под наем, како и инвестициските вложувања направени во тие објекти, за цели на стопанска дејност со право на одбивка на претходниот данок. Затоа, истите се стекнуваат со правото на одбивка на претходниот данок во моментот во кој ќе ги исполнат условите од член 33 и 34 од Законот за ДДВ, односно со прокнижувањето на добиената исправна ДДВ фактура (со сите елементи од член 53 на Законот за ДДВ). Правото на одбивка се однесува како на данокот засметан за услугата на закуп, направените вложувања или пак тековни одржувања, без оглед на тоа што издатоците се поврзани со користење на туѓ закупен објект. словите за одбивка на претходниот дау нок досега се регулирани генерално, со членовите 33 и 34 од ЗДДВ. Односно, правото на одбивка на претходниот данок може да се оствари: ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност, врз основа на фактура издадена во согласност со член 53 од ЗДДВ, или царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот и ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.
roagens.mk
ДДВ
о рамките на ова право уредено со члеВ новите 33 и 34 од Законот за ДДВ, даночните обврзници закупци на деловни објекти (или други објекти кои ги користат за деловни цели) можат да извршат одбивка на претходниот данок од издатоците за тековно и инвестициско одржување во закупените простори, без да прикажат (книжат) излезен промет. Додека со предвидениот НОВ член 34-а, посебно се уредува правото на одбивка на претходниот данок засметан при набавка / вршење на инвестициските вложувања во објектот на закуподавачот, при што се нагласува дека даночниот обврзник треба да ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за вршење на својата стопанската дејност. Меѓутоа, не треба да се заборави дека за истите вложувања треба да настане и иден промет од закупецот кон закуподавачот. Според новата одредба на член 34-а, под инвестициски вложувања се сметаат вложувањата во објектот извршени од страна на закупецот кои се однесуваат на: градење, реконструкција, адаптација, надградба и доградба со кои се зголемува вредноста на закупениот објект. На пример, инвестициско вложување би претставувало: довршување на објект во изградба, вршење на поголеми модификации на постоечкиот простор, негова адаптација (преуредување), реконструкција, доградба и надградба на простор, воведување на централно греење и климатизација (доколку ги немало претходно) поставување на ѕидни прегради, монтажни таваници; реконструкција на покриви и слично. Г енерално дефинирани, ова се зафати во деловниот простор со кои се зголемува неговиот капацитет, функционалност, продуктивна моќ, а во крајна линија се зголемува и нивната вредност. З начи, правото на одбивка на претходниот данок од овие вложувања настанува во моментот, во кој се исполнети условите според членовите 33 и 34 од Законот за ДДВ (добиена и прокнижена исправна ДДВ фактура
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
или увозна декларација со платен ДДВ за увозот), но со обврска за признавање на оданочив промет со ДДВ, на основицата пазарна вредност на остаток на вредноста на вложувањето, кога истото ќе се пренесе на закуподавачот. оодветно, кај инвестициските вложуС вања е применливо и одбивање на ДДВ засметано како пренесена даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ. Тековното одржување пак, подразбира: поситни поправки, чистење, отстранување на поситни дефекти причинети од закупецот и др. Често пати како тековно одржување на товар на закупецот се договараат и одредени инвестициски одржувања како што се: бојадисување на ѕидовите (внатрешни и на фасадата) и столаријата на деловните простории, поправки на водоводна и санитарна инсталација и електроинсталација, замена на оштетени керамички плочки, санитарни елементи, подни облоги, паркети итн. Тековното и инвестициското одржување сметководствено се третираат како трошоци на периодот (во периодот во кој настанале) или се распоредуваат на повеќе пресметковни периоди во зависност од тоа колку често се прават за времетраењето на закупот. Изборот се декларира во сметководствените политики. Заради изложениот комплексен даночен третман, во договорот за закуп е потребно да се прецизира во чија корист, односно на чиј товар се вршат инвестициските вложувања, особено кога се работи за покрупни зафати и повисоки износи.
3. ДОПОЛНИТЕЛНО влоЖување изврШено во деловен простор изнајмен од физиЧко лице Во зависност од потребите на закупецот, во изнајмените деловни простори често пати се вршат одредени промени, преправки, преуредувања и адаптирања кои претставуваат поголеми дополнителни вложувања во објектот.
29
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Кога се зборува за дополнително вложување во објектите обично се подразбираат поголеми модификации на постоечкиот простор уште во самото започнување со користење на просторот и негово прилагодување на потребите на закупецот. Такви модификации би биле на пример: завршни работи над карабина; преградувања на деловен простор или пак преуредување со рушења на ѕидови; замена на столаријата или поставување на непостоечка, промена на паркет или подни плочки со некое друго решение (обично поскапо и полуксузно), воведување на централно греење и климатизација (доколку ги немало претходно) и слични зафати на деловниот простор со кои се зголемува неговиот капацитет, функционалност, односно неговата вредност. Дополнителното вложување го подобрува средството (објектот) и ги зголемува неговите идни економски користи, поради што, не се третира како трошок на периодот.
30
Во секој случај ваквите вложувања до завршувањето на закупот или до евентуалната продажба (пренесено право на располагање) на закуподавачот, се евидентираат на сметката 0158 - Вложувања во туѓи недвижности, постројки и опрема. Како за секое друго материјално средство, на вредностите на инвестициското вложување се пресметува исправка на вредноста (амортизација). Неговиот износ, доколку се пренесе на закуподавачот, се вградува во вредноста на средството (деловниот простор). Што тоа значи за закуподавачот и закупецот, во продолжение ќе презентираме преку примери, каде овие зафати ги врши закупецот - деловен субјект. Во праксата, во договорите за закуп на деловен простор склучени на подолг период, кога закупците вршат инвестициско вложување со закуподавачот се договораат: - да го вратат просторот во првобитната состојба, со отстранување на преносливите добра (пример: вградените елементи можат да ги земат за понатамошно користење во други простории);
www.p
- да не плаќаат закупнина за одреден временски период на име на тие вложувања (компензација), - да ги продадат на закуподавачот направените вложувања или она што по истекот на закупот ќе остане од нив или - едноставно да ги третираат како сопствено вложување - во случаи кога целата употребна вредност на вложувањето се очекува да се искористи за времето на закупот, од самиот закупец.
3.1. Вложување во предмети кои по истекот на закупот ги презема закупецот Пример 1:
Деловниот субјект - закупец (регистриран ДДВ обврзник), порачал плакари и ормари кои биле вградени во закупениот објект, во вредност од 59.000 денари (50.000 ден. + 9.000 ДДВ/18%/). Плакарите се евидентирани како основно средство на закупецот (со право на одбивка на претходниот данок) и по истекот на периодот на закупот истите ќе се демонтираат и однесат од објектот, во друг деловен простор на закупецот. Во овој случај не се применливи оданочувања со ДДВ за промет по основ на пренесени инвестициски вложувања, за кои станува збор во дополнувањата на членот 3 (за промет на добра со и без надомест) и членот 6 од Законот за ДДВ (за промет на услуги со без надомест), од причина што закупецот ги користи вложувањата за вршење на сопствената дејност се до завршување на закупот, а потоа истите ги отстранува од објектот на закуподавачот, така што не се вршат никакви пренесувања на користи од вложувањето, на закуподавачот.
roagens.mk
ДДВ
Книжење: должи
Сметка побарува
0158 1300 2200 -
Износ ОПИС должи побарува Вложувања во туѓи недвижности, 50.000 постројки и опрема Претходен данок со право 9.000 на одбивка 59.000 Обврски спрема добавувачи во земјата
за опремување на деловен простор со вградена столарија __ 50.000 Деловен и погонски инвентар - ормари Акумулирана амортизација на 0194 40.000 останати материјални средства Вложувања во туѓи недвижности, 0158 постројки и опрема Акумулирана амортизација на 0192 погонски и деловен инвентар 0123
-
50.000 40.000
за прекнижен преземен инвентар (плакари и ормари) по истек на закупот
3.2. В ложувања со кои се компензира исплатата на закупнина ога е договорено дека за направените К поголеми издатоци за инвестициско вложување во закупениот објект или вложување во насока на зголемување на вредноста и корисноста од објектот, што закупецот ќе ги направи на почетокот на закупот или пак ќе ги направи во текот на закупот, но нема да се исцрпат за време на нивното користење од закупецот, логично е таквите плаќања да се наплатат од закуподавачот или да се компензираат со обврската за закупнина. Во случај на добиена согласност на закуподавачот за прифатеното вложување на негов товар, закупецот ќе треба да го пресмета и уплати персоналниот данок на доход, како за платена закупнина.
Пример 2:
Компензирање на обврска за закупнина Трговското друштво - закупец на деловен простор договорило со закуподавачот - физичко лице, да ја изгради фасадата на просторот, а за износот на извршениот зафат да не плаќа закупнина во времетраење од 10 месеци. Закупот е договорен на период од 5 години врз основа на договор за закуп. Двете страни потпишале договор за компензација, според кој секој месец ќе се врши компензација до износот на месечната закупнина се до целосното затворање на искажаното побарување за извршената услуга (со истекот на 10-тиот месец од траењето на договорот за закуп). Друштвото добило фактура за извршената услуга на износ од 125.000 и пренесена даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ, по стапка од 18%, во износ 22.500. За истиот износ, друштвото ја фактурирало оваа услуга на закуподавачот, заедно со ДДВ. Износот на бруто месечната закупнина е 15.946 (14.750 нето закупнина +1.196 персонален данок на доход).
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
www.proagens.com.mk
31
Pr fesionalna Edukacija
Напомена:
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Во ваков случај друштвото има право на одбивка на пресметаниот пренесен ДДВ (22.500 денари) по основ на изработена фасада, затоа што истото се вклучува
(прима и дава) градежна услуга кон закуподавачот кој овде се јавува како инвеститор. Меѓутоа, фактурирањето кон закуподавачот ќе биде со ДДВ затоа што истиот не е ДДВ обврзник и не се применува reverse charge.
Книжење: Сметка должи побарува 4121 1302 2200 2302
ОПИС услуги од подизведувачи Претходен ДДВ по член 32-а Обврски спрема добавувачи во земјата Обврски за ДДВ по член 32-а
Износ должи побарува 125.000 22.500 125.000 22.500
- по фактура бр. __ 41401 22042 2351
32
Наем на деловни простории од физички лица Обврски по основ на закупнини Обврски за персонален данок по основ на приходи од имот и имотни права 14.750 х 8,108% = 1.196 денари
- пресметана месечна закупнина Побарување од купувачите 1202 за извршени услуги во земјата Приходи од продажба на услуги 74010 по општа даночна стапка Даночен долг од фактуриран промет 2300 по општа даночна стапка - по фактура (кон закуподавачот) бр. __ за нова фасада 22042 Обврски по основ на закупнини Побарување од купувачите 1202 за извршени услуги во земјата - компензирање на месечната закупнина Обврски за персонален данок по основ 2351 на приходи од имот 1000 Tрансакциска сметка
15.946
14.750
1.196
147.500
125.000
22.500
14.750 14.750
1.196 1.196
- уплатен персонален данок
Договорните страни, во случаи кога вложувањата во просторот се прават по желба на закуподавачот и се од негова корист, може да договорат, истите да бидат плаќани од закупецот, а закуподавачот подоцна да му ја надомести вредноста на извршените вложувања на закупецот, без да се врши пребивање со закупнината. www.p
Доколку пак, издатоците и вложувањата се иницирани од самиот закупец и се во функција исклучиво (или во најголем дел) на деловниот потфат на закупецот, природно е тие да бидат на негов товар. Тогаш страните во договорот предвидуваат дека закуподавачот не е обврзан за нивно надоместување, но му допушта на закупецот да ги направи бараните преправки и измени во закупениот објект.
roagens.mk
ДДВ
3.3. Н адоместување на направените издатоци и вложувања во просторот од страна на закуподавачот Праксата дава најразлични примери, но најреален начин на уредување на вложувањето во туѓ објект од страна на закупецот кој тоа го прави за сопствени потреби е, кога закуподавачот и закупецот заедно го сносат трошокот од вложувањето во објектот, со оглед дека и закуподавачот најчесто има корист од вложувањата на закупецот. Таков е примерот кога вложувањата се од поголем обем, поголем износ и не можат да се потрошат (целосно амортизираат) со користењето за време на траење на закупот. Во ваков случај, закупецот ќе му издаде фактура на закуподавачот за проценетиот износ на вложувањето на крајот на закупот. На истиот износ, во фактурата се засметува и ДДВ (сега согласно со член 19 став 7 од Законот за ДДВ, на основица проценетата вредноста на денот на престанување на договорот за закуп. Пример 3:
Надоместување на остаток од вложувањата на крајот на закупот Трговското друштво - закупец (обврзник на ДДВ), со согласност на закуподавачот физичко лице, вовело систем за вентилација во изнајмениот ненаместен деловен простор, како неопходен услов за свое
непречено работење за време на закупот, што ќе трае 5 години. Закуподавачот е согласен закупецот да направи ваква инсталација во објектот, но одбива тоа да биде на негов трошок, ценејќи дека него не му е потребна. Сепак, договорено е на крајот од периодот на закупот (после 5 години), закуподавачот да ја надомести проценетата вредност на остатокот од извршеното вложување. За извршеното вложување, закупецот добил фактура на износ од 150.000 денари (и пренесена обврска за ДДВ по член 32-а, 27.000). Закупнината се плаќа независно од тоа секој месец, во нето износ од 14.000 денари, а персоналниот данок пресметан со изведената стапка од 8,108% изнесува 1.135 денари. На крајот од закупот, системот на греење е проценет од овластен проценител на 25.000 денари.
Напомена:
Со оглед дека не е предвидено пребивање со закупнината за износот на вложувањето во туѓиот имот, трошокот за ова вложување ќе се изрази кај закупецот, кој средството го прибавува исклучиво заради деловен мотив. Трошокот ќе се признава постапно, преку пресметување на амортизација за вложувањето во туѓиот имот, во периодот на закупот од 5 години, од причина што тоа е порепрезентативна основа за временскиот модел на користите од изнајменото средство за наемателот (закупецот).
Книжење: Сметка должи побарува 41401 22042 2351
ОПИС Наем на деловни простории од физички лица Обврски спрема граѓани - закупнина
Износ должи побарува
Обврски за персонален данок по основ на приходи од имот
- пресметана месечна закупнина
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
kontakt@proagens.com.mk
15.135 14.000 1.135
33
Pr fesionalna Edukacija
0158 1302 2201 2302
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Вредност на вложување во туѓи недвижности Претходен ДДВ по член 32-а Обврски спрема добавувачи во земјата Обврски за ДДВ
150.000 27.000 150.000 27.000
- по фактура бр. __ за поставена вентилација 4321 0192
амортизација на останати материјални средства акумулирана амортизација на останати материјални средства
30.000 30.000
- годишна амортизација на вложување во туѓ имот (150.000 : 5 години на закуп = 30.000) 1206 7499 2300
29.500
Побарувања од купувачи - граѓани Останати приходи од продажба Обврски за пресметан даночен долг по општа даночна стапка
25.000 4.500
- за продадено вложување на закуподавачот на крајот на закупот
34
Во овој случај евидентно е дека закупецот во согласност со член 34 од Законот за ДДВ има извршено одбивка на претходниот данок, што не е спорно за набавки (вложувања) кои се направени за цели на извршување на неговата стопанска дејност. Напомена:
Дури и кога се очекува во рамките на периодот на закупот закупецот потполно да ги искористи и изамортизира инсталираните средства согласно со потребите на неговиот деловен потфат, пожелно е, за цели на докажување на правото на одбивка на данокот, ваквиот случај посебно да се уреди во договорите за закуп. Еден пример за начините на кои тоа може да се уреди е следен: “Член ___ (став 1) Закупецот е согласен, во случај на реконструкција, адаптација, надградба и доградба на закупениот објект што ќе го направи во свој интерес и за потребите на своето работење (деловен потфат), сам да ги сноси трошоците, без пребивање/ надоместување со закупнината. Ре-
www.p
новирања и преадаптирањата ќе се направат со согласност на закуподавачот. (став 2) За вложувањата на закупецот од претходниот став, ќе се цени дека истите ќе бидат искористени (амортизирани) за време на повеќегодишниот период на закупот и дека по завршувањето на закупот, закуподавачот нема да има дополнителни користи по основ на овој договор за закуп, освен предвидената закупнина. Алтернатива за ставот 2: (став 2) За вложувањата на закупецот од претходниот став, ќе се цени дека истите ќе бидат во најголем дел искористени (амортизирани) за време на повеќегодишниот период на закупот, а со завршувањето на закупот, закупецот ќе има право, врз основа на извршена проценка на вредноста на остатокот од овие вложувања, да биде надоместен од закуподавачот.”
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
ДДВ
5. ВЛОЖУВАЊЕ ВО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ИЗНАЈМЕН ОД ПРАВНО ЛИЦЕ За примерите каде закуподавач е правно лице, ќе дадеме краток осврт, преку примерот со вложувања во закупен простор кои се надоместуваат од закуподавачот, по пат на компензирање (што е еден од почестите примери) и со пример на отстапени добра и услуги од инвестициски вложувања на крајот на закупот. Пример 4:
Компензирање на обврска за закупнина Т рговското друштво „Х“, обврзник за ДДВ, склучило договор за закуп на деловна зграда со закуподавачот - трговско друштво „Y“, обврзник за ДДВ, на период од 2 години. Со закуподавачот е договорено, на почетокот од закупот, закупецот да изврши вложување за доградба на зградата, така што просторот пред истата ќе го преуреди во паркинг простор. За ова вложување закупецот се јавува како организатор на градењето (изведувач) за што добил фактури од вршителот на овие градежни работи во вкупен износ од 540.000 денари (140.000 за земјени работи + 400.000 за тампонирање и поставување на бекатон). ДДВ по стапка од 18% е пренесена
даночна обврска на друштвото „Х“. Договорено е закупецот да му ги фактурира изведените работи на закуподавачот, а со тоа да ја компензира обврската за тримесечна закупнина. Како основица за оданочување на овој промет ќе се земе проценета вредност на изведеното уредување на дворот, која ќе претпоставиме дека изнесува колку што е вложено за изведенети работи од страна на закупецот. Закупецот ќе ја фактурира вредноста на извршените работи плус ДДВ (18%), затоа што закуподавачот не е регистриран ДДВ обврзник и не е можна примена на reverse charge. Фактурата на закуподавачот кој не е ДДВ обврзник, е без ДДВ. Напомена:
По основ на ова вложување во туѓ објект, закупецот има право на одбивка и на претходниот данок (самопресметаниот пренесен ДДВ по член 32-а), затоа што овој влезен промет е во функција на излезниот кој настанува со фактурирањето кон закуподавачот, на денот на настанување на обврската за тримесечната закупнина.
Книжење кај закупецот: Сметка должи побарува 4121 1302 2201 2302
ОПИС Услуги на изработка од други субјекти (подизведувачи) Претходен данок по член 32-а
Износ должи побарува 540.000 97.200
Обврски спрема добавувачи во земјата Обврски за ДДВ по член 32-а
- по фактура бр. __ од градежен подизведувач 2201 Обврски спрема добавувачи во земјата 1000 Трансакциска сметка - платена фактура бр. __ Побарувања од купувачи за извршени 1202 услуги 7699 Приходи по други основи 2300 Обврски за ДДВ
540.000 97.200 540.000 540.000 637.200
- испоставена фактура бр. _ кон закуподавачот за извршени градежни работи,
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
540.000 97.200
35
Pr fesionalna Edukacija
4140 2204
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Наем на деловни простории од правни лица Обврски по основ на закупнини
- по фактура за тримесечна закупнина 2204 Обврски по основ на закупнини 1202 Обврски спрема добавувачи во земјата - компензирање на закупнината со направените вложувања во објект на закуподавачот
Пример 5:
Отстапени инвестициски вложувања без надомест
36
Трговско друштво кое во објект (продажен салон) закупен од правно лице направило поголеми вложувања во инсталации, преградни ѕидови и спуштени плафони. По истек на договорот за закуп (по 5 години користење на закупениот простор), му ги отстапува без надомест направените вложувања (односно, она што претставува нивна преостаната вредност) поради немање економски
637.200 637.200 637.200 637.200
интерес истите да ги отстрани и евентуално искористи за свои потреби. Извршена е проценка на остатокот на вредноста на вложувањето и утврдена е нивна пазарна вредност во износ од 10.000 денари. Закупецот е должен со денот на завршување на договорот да пресмета ДДВ на основица 10.000 по стапка од 18% и истиот да го евидентира како ДДВ од промет на добра и услуги без надомест.
Книжење кај закупецот: Сметка должи побарува 4471 2300
ОПИС Даноци кои не зависат од резултатот – ДДВ за отстапени добра без надомест Обврски за ДДВ од промет по општа даночна стапка
Износ должи побарува 1.800 1.800
- пресметан ДДВ на отстапени инвестициски вложувања без надомест
Напомена:
Иако се очекува да има и други коментари за даночниот третман на трошокот по основ на вака пресметаниот данок, сметаме дека е сосема исправно истиот да се смета за даночно признат расход, со оглед дека произлегува од тековното работење на деловниот субјект (закупец).
www.p
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ на ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО И ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ НА ПРАВНАТА ЛОГИКА ПРИ ПРИМЕНАТА ВО ПРАКСА
П
М-р Павле ГАЦОВ *
оследната, единаесетта измена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување 1 (во продолжение: Закон за придонеси), објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 113/14 уреди сосема нов модел на пресметување на двата главни социјални придонеси на авторските и надоместоците по основ на договор на дело, вклучувајќи ги во овој режим и оние надоместоци за кои договорните страни ќе се обидат евентуално под некаков друг назив (на пр. договор за ангажирање ..., договор за исплата ... и сл.) да го избегнат плаќањето на социјалните придонеси. Со ова всушност се реализира речиси идентично вакво решение кое беше најавено уште кон крајот на 2013 година. Новиот режим за пресметување на овие надоместоци ќе биде во примена од 1 јануари 2015 година. Да прецизираме, со последните измени на Законот за придонеси, надоместокот кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, остварен од извршување на физичка и/или интелектуална работа врз основа на: - договор за дело и/или - авторски договори или - друг договор, с е вклучуваат во режимот на оданочување со двата водечки социјални придонеси: - придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - придонесот за задолжително здравствено осигурување. Наш став: о функција на отстранување на правните неусогласености В последната измена на Законот за придонеси требаше да биде проследена со соодветно усогласување на делот од Законот за персоналниот данок на доход 2 (во продолжение: ЗПДД) кој се однесува на надоместоците по основ на дого1
* Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“
p_gacov@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ”, бр. 142/08 (Законот се применува од 1
јануари 2009 година), 64/09, 156/09, 166/10, 53/11, 185/11, 44/12, 15/13, 91/13, 170/13, 97/14 и 113/14 (последната измена се применува од 1 јануари 2015 година); У. суд - 62/09 и 150/12.
2
„Службен весник на РМ”, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97,
8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13 и 13/14 (У. суд-31/96, 40/96 и 2/99).
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
37
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вор на дело и авторски договор. Имено, даночниот третман на овие надоместоци уреден со ЗПДД (член 15, став 1 точка 4 и член 14-а, став 1 точка 11) не е менуван долги години, тоа не е направено ниту консеквентно на последните измени на Законот за придонеси. Според непроменетите и важечки одредби од ЗПДД (во продолжение за тоа ќе пишуваме поопширно), основа за пресметување на аконтациите на данокот на доход е остварениот бруто износ на примањето (договор на дело), односно бруто износот на примањето намален за нормираните или документирано докажаните трошоци кога се работи за авторските договори.
38
Со актуелните одредби на ЗПДД за утврдување на основиците за пресметување на данокот на доход не е предвидено намалување на бруто примањето за износот на пресметаните придонеси. Претходно споменатата неусогласеност на овие два прописи го проблематизира новиот модел на пресметување на фискалните давачки на споменатите надоместоци.
Режимот на јавни давачки на бруто платата Vs јавните давачки на надоместоците по основ на договор на дело и авторски и/или друг договор од 2015 година Од 2015 година, согласно со членот 6, став 1 точка 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 185/11 и 170/13), стапката на придонесот за задолжително ПИО се намалува на 17,6% (наместо сегашната стапка од 18%), додека стапката на придонесот за задолжително здравствено осигурување останува непроменета (7,3%). За утеха, за овие надоместоци не е пропишано пресметувањe и плаќање на придонес за дополни-
www.p
телно здравство (стапка од 0,5%) и придонес за осигурување во случај на невработеност (стапка од 1,2%). Заради превенирање на преголемите очекувања, да потсетиме дека намалување на стапките на дел од придонесите требаше да случи и во изминатите неколку години - но за жал реализацијата изостануваше. Согласно со зададениот наслов и претходното објаснување, споредувајќи ги јавните давачки на бруто платата во однос на јавните давачки што се пресметуваат на овие надоместоци произлегува дека во вториот случај се заштедува 1,7% на име социјални придонеси, но и соодветен дел на персонален данок на доход кога се работи за авторските надоместоци, заради користење на правото за намалување на основицата за данокот на доход за износот на нормираните или стварно докажаните трошоци (член 41 од Законот за персонален данок на доход). Лошата вест е дека во овој случај не се користи личното ослободување како коректив на основицата за ПДД. Сепак заради непрецизните законски решенија и нејаснотии ваквите наши констатации може да бидат релативизирани. За што се работи, ќе дознаете во продолжениете на овој текст. Да апсолвираме дека новото решение за пресметување на двата водечки социјални придонеси нема да се однесува на другите видови договори (договор за закуп, на пример). Категоријата „друг договор“ Законот за придонеси ја употребува за да се елиминираат евентуалните обиди приходите од извршена физичка и/или интелектуална работа да се спакуваат како нешто различно во однос на приходите по основа на „договор на дело“ и/или „авторски договор“.
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
Прилог 1 Компаративен приказ на јавните давачки на бруто платата Vs јавните давачки на надоместоците по основ на договор на дело, авторски и/или друг договор од 2015 г. (За надоместоци чиј нето износ е поголем од нето износот на минималната плата која за 2015 година изнесува 9.590 денари и за кои приднесите ги плаќа правното лице - исплатувач) Опис
Бруто плата
Надомест по основ на договор на дело
Авторски надомест
1) Бруто основица Бруто плата Бруто надомест Бруто надомест за придонеси 2) Придонеси 26,6% 24,9% 24,9% (збирна стапка) 2.1) ПИО 17,6% 17,6% 17,6% 2.2) Основно здравство 7,3% 7,3% 7,3% 2.3) Дополнително 0,5% / / здравство 2.4) Вработување 1,2% / / 3) Намалување на основицата за персонален данок на доход Не е пропишано 3.1) Придонеси Пропишано Не е пропишано намалување намалување намалување (Намалувањето (Намалувањето е логично и треба е логично и треба да се уреди со измена да се уреди со измена на ЗПДД) на ЗПДД) 3.2) Лично Пропишано Не е пропишано Не е пропишано ослободување намалување намалување намалување 3.3) Нормирани Не е пропишано Не е пропишано Пропишано трошоци намалување намалување намалување 4) Пресметување на персоналниот данок на доход Бруто плата Бруто надомест Бруто надомест 4.1) Основица за перминус сонален данок (Намалувањето (Намалувањето Придонеси на доход за придонесите за придонесите минус е логично и треба е логично и треба Лично да се уреди со измена да се уреди со измена ослободување на ЗПДД) на ЗПДД) минус Нормирани трошоци 4.2) Стапка на персона- лен данок на доход 10% 10% 10% (се пресметува од основицата 4.1) Бруто плата Бруто надомест Бруто надомест 5) Нето плата / надомест минус минус минус за исплата Придонеси Придонеси Придонеси минус минус минус Персонален данок Персонален данок Персонален данок на доход на доход на доход
02/ 3162-979 i 3298-763
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
kontakt@proagens.com.mk
39
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Како што е презентирано во Прилогот бр. 1, ви обрнуваме внимание дека Законот за персоналниот данок на доход со кој се утврдува начинот на пресметување на данокот на доход на надоместоците по основ на авторски и договор на дело, не пропишал можност за намалување на основиците за данок на доход за износот на: - ПРИДОНЕСИТЕ и - ЛИЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ.
40
Со тоа пресметките на јавните давачки на НАДОМЕСТОЦИТЕ по основ на договор на дело, авторски и/или друг договор во кои се користи методологијата за пресметување на платите (со намалување на основицата за персонален данок за износот на придонесите како и за износот на личното ослободување) НЕ СЕ ТЕМЕЛИ НА ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ. Затоа е потребно новелирање на Законот за персоналниот данок на доход во функција на примена на принципот на законитост (н.з „правна држава“) според кој прописите треба да се читаат и применуваат така како што е напишано во нив, а никако според целта и намерата со кои се пристапило при нивната измена. Заради сето претходно очекуваме правна разрешница веќе оваа есен во врска со претходно нагласената неусогласеност на дел од одредбите на Законот за персонален данок на доход. Во продолжение детално ќе ги претставиме новите решенија во врска со надоместоците преку примери, применувајќи логичен пристап.
Проширување на обврзниците и основата за плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување Со измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се изврши опфат на надоместоците по основ на авторски и/или договор на дело и/или друг договор во режимот на пресметување на социјални придонеси.
www.p
Датум на примена Новото решение се применува од 1 јануари 2015 година. Исплатите на овие два вида надоместоци до крајот на 2014 година ќе се врши според старите правила, со пресметување на персонален данок на доход (кај договорот на дело на износот на бруто примањето, а кај авторските надоместоци на бруто примањето намалено на нормираните или документирано докажаните трошоци).
Од 2015 година - НОВА категорија на обврзници за плаќање на придонесите за задолжително пензиско и инвалидско и здравствено осигурување Законот за придонеси дефинира нова категорија на обврзници за плаќање на социјалните придонеси по основ на остварени приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. Во зависност од висината на поединечниот нето износ на надоместокот што се исплаќа, од 2015 година новите обврзници за плаќање на социјалните придонеси (задолжителните ПИО и здравство) ќе бидат поделени начелно во две категории на обврзници: а) Лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е ПОВИСОК од месечниот износ на минимална плата утврдена со закон.
Важно:
есечниот нето износ на минималната М плата за 2015 година изнесува 9.590 денари (член 4 став 1 од Законот за минимална плата во Република Македонија 30/2014).
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
о овој случај, обврзник за пресметка и В уплата на придонесите за ПИО и здравство е правното лице - исплатувач.
Известувачки обврски на исплатувачот - правно лице: Правното лице - исплатувач за лицата за кои согласно со Законот за придонеси е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување има обврска до УЈП да доставува Месечен извештај (најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец) за износот на: - бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување. б) Ако едно лице остварува приходи од повеќе договори (за кои аконтативно се исплатуваат надоместоци во износ ПОНИЗОК од месечниот износ на минималната нето плата) ќе стане обврзник за плаќање на придонес за задолжително ПИО и здравство кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон. Во овој случај, обврзник за пресметка на придонесот за ПИО е Фондот за ПИО, а за придонесот за здравство обрзник за пресметка е ФЗО.
Плаќањето на пресметаните придонеси (врз основа на издадено решение/декларација од соодветниот фонд) ќе го вршат лицата сами за себе. Ваквиот режим ќе се применува и за оние приходи што се остварени врз основа на склучени договори со други физички лица.
02/ 3162-979 i 3298-763
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
Известувачки обврски на исплатувачот - правно лице: Во овој случај, правното лице - исплатувач има обврска до УЈП да доставува Месечен извештај (најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за: - износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор и - исплатениот нето надоместок. Формата и содржината на Месечниот извештај во двата претходни случаи (а и б) ја пропишува Министерот за финансии. Согласно со Законот за персоналниот данок на доход овие исплати (во случаите а и б) се вклучуваат и во Годишниот извештај (ПДД-ГИ) што исплатувачот-правен субјект има обврска да го достави во електронска форма до УЈП до 31 јануари наредната за претходната година. Наш став: Во случај кога лицето ги плаќа придонесите само за себе логично е договорениот износ да претставува бруто надомест за кој исплатувачот-правно лице почетно има обврска да пресмета и плати данок на доход (така е пропишано со ЗПДД). Нето надоместот што ќе го прими лицето ќе биде предмет на намалување за износот на дополнително пресметаните придонеси од страна на фондовите. Разликата во моделот на пресметување не може да даде ист резултат од пресметката на јавните давачки за ист износ на надомест што го остварува исто лице, во услови кога плаќањето на придонесите го врши сам за себе и кога се работи за случај кога придонесите ги плаќа исплатувачот - правно лице. а) Заради унифицирање на пресметката едно од решенијата за отстранување на овие разлики е со измена на
41
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Законот за персоналниот данок на доход да се уреди исплата на бруто надомест без аконтативно плаќање на данокот на доход, кога се работи за режимот на плаќање - сам за себе. На тој начин физичкото лице ќе може од примениот бруто надомест на еднаков начин да биде задолжено со придонеси и ПДД. б) Постои можност за унифицирано решавање на исплатата на повисоките надомести од минималната плата и оние надоместоци под минималната плата, со соодветно користење на опциите на МПИН режимот (со соодветни прилагодувања и шифри). в) И трета опција е правните лица - исплатувачи при аконтативните пресметки на надоместоците, прво од бруто износот на надоместокот да пресметаат ПДД, а потоа придонеси, впрочем на ист начин како што тоа би го правеле и лицата сами за себе.
42
Пример:
За 2015 година лицето Петар Јанков, за напишани текстови во две списанија на две издавачки куќи заработил нето надомест во износ од 6.200 денари од компанијата „А“ и уште 8.450 денари од компанијата „Б“. Вкупниот приход на ова лице од овие два договори изнесува 14.650 денари. Правните лица - исплатувачи, пресметале и задржале ПДД на надоместоците. Овој збирен износ (14.650) е поголем од месечниот износ на минималната плата за 2015 година, поради што лицето ПЈ ќе стане обврзник за плаќање на придонес за ПИО и здравство. Петар Јанков врз основа на пријавените договори до Фондот за ПИО ќе добие соодветно/и решение/ја, односно декларација од двата фонда во кои ќе биде утврден износот на придонеси што треба да се плати.
На кои лица се однесува новиот режим на надоместоците: вработените кај исплатувачот- работодавач, било кои вработени и/или невработени лица, или пак на сите заедно ? Законодавецот не прави разлика од аспект на работно-правниот статус на лицата кои остваруваат приходи по основ на договор на дело и авторски договор, во смисла дали овие лица се во работен однос и за нив работодавачот пресметува и плаќа социјални придонеси, лица вработени кај друг работодавач или се работи за лица кои не се вработени. Тоа значи дека придонеси ќе плаќаат сите лица кои оствариле надоместок/ци во повисок износ од месечниот износ на минималната плата за 2015 година, без оглед дали се вработени некаде, вработени кај работодавачот - исплатувач или воопшто не се вработени. Напомена:
Лицата што нема да го достигнат месечниот износ на минималната плата (9.590 денари за 2015 година) како законски утврден долен лимит / како услов за влез во новиот фискален режим на овие надоместоци, нема да станат обврзници на социјалните придонеси, а приходите остварени по основ на договор на дело и/или авторски и/или друг договор и понатаму ќе бидат предмет на оданочување само со персонален данок на доход. Пријавување на осигурувањето во Фондот за ПИО за лицата што примаат надоместоци по основ на договор на дело, авторски и / или друг договор Од 1 јануари 2015 година согласно со членот 125 став 4 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување 3, кога се работи за споменатите надоместоци својството на осигуреник се воспоставува врз основа на пријава за осигурување што ја поднесува: а) работодавачот за лицата за кои исплаќа надоместок за извршената ра-
„Службен весник на РМ”, бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14 и 113/14.
3
www.p
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
бота врз основа на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата и со тоа е вклучен во режимот за пресметување на социјални придонеси, односно б) лицата што остваруваат вакви надоместоци врз основа на најмалку два или повеќе договори за дело и/или авторски договор или друг договор во оној момент кога збирот на примените нето износи од сите договори ќе го надмине износот на минимална плата. Т ретман на невработените лица кои остваруваат авторски, односно надоместоци по основ на договор на дело и/или друг договор Последните измени на Законот за придонеси, со кои во задолжително социјално осигурување се вклучуваат и лицата кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор, се линкувани и со измените на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност 4 во делот на дефинирање на категоријата „невработени лица и други лица кои бараат работа“ (член 53), а за кои Агенцијата за вработување води евиденција (регистар). Со новото решение (член 53, став 6) во Законот за вработување: - Невработено лице или друго лице кое што бара работа НЕ МОЖЕ да биде евидентирано во регистрите на Агенцијата за вработување доколку има склучено договор за дело, авторски договор или друг договор за кој се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување, НО САМО ЗА ПЕРИОДОТ ЗА КОЈ Е СКЛУЧЕН ДОГОВОРОТ.
Т ретман на пензионерите кои остваруваат авторски, односно надоместоци по основ на договор на дело и/или друг договор Важно: Од листата на обврзници за плаќање на социјални придонеси на остварените надоместоци по основ на договор на дело, авторски или друг договор се изземени корисниците на пензија согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување. Произлегува дека пензионерите имаат право да остваруваат надоместоци по основ на договор за дело и авторски договор без проблеми. Но, ... Сепак да потсетиме дека согласно со членот 148 од Законот за ПИО на корисник на пензија додека е во работен однос или додека врши самостојна дејност во Република Македонија или странство му се запира исплатата на пензијата. На корисникот на старосна пензија може да му се определи нов износ на пензија, ако навршил најмалку една година стаж на осигурување по остварувањето право на старосна пензија, доколку е поповолно за корисникот. Дефинирање на бруто надоместокот како основица за пресметување на двата водечки социјални придонеси Основицата за пресметување на придонесите за задолжително ПИО и здравство на надоместокот остварен по основ на авторски договор и/или договор на дело или друг договор претставува бруто надоместокот утврден во договорот, кој се состои од: - нето надоместокот, - придонесот за задолжително пензиско и и нвалидско осигурување, - придонесот за задолжително здравствено осигурување и - персоналниот данок на доход.
„Службен весник на РМ“, бр. 37/97, У. суд-4/98, У. суд-14/99, 25/00, 101/00, 50/01, У. суд-7/02, 25/03,
4
37/04, 4/05, 50/06, 29/07, У. суд-88/07, 102/08, пречистен текст-144/08, 161/08, У. суд-162/08, 50/10, 88/10, У. суд-171/10, 51/11, У. суд-86/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14 (две измени) и 113/14.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
43
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Според дефиницијата од член 4 точка 18 на Законот за придонеси кај авторските надомести, бруто износот на надоместокот се добива по претходно намалување за признатите трошоци утврдени во Законот за персоналниот данок на доход.
Содржина на Месечниот извештај за лицата за кои правното лице е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување
Според нас, претходното појаснување е непотребно, зашто во делот на Законот за придонеси со кој се уредуваат основиците, договорениот бруто надоместок е дефиниран како основица за пресметување на придонесите. Заклучуваме дека намалувањето на основицата за износот на нормираните трошоци може да се користи само кај пресметувањето на персоналниот данок на доход на авторските надоместоци. Така впрочем пишува во изворниот пропис - ЗПДД.
Правното лице-исплатувач е должно најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец на Управата за јавни приходи да и доставува Месечен извештај за износот на:
Обврзници за пресметка и уплата на придонесите и обврски за известување на УЈП за извршените исплати
44
1) Правни лица - исплатувачи како обврзници за пресметка и уплата на придонесите - за надоместоци повисоки од минималната нето плата Кога нето износот што се исплатува е ПОВИСОК од месечниот износ на минималната нето плата, обврзници за пресметка и уплата на придонесите се правните лица - исплатувачи на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. Правното лице исплатувач на надоместок доставува Месечен извештај до УЈП со опфат на двата случаи: а) кога усплатува надоместок повисок од минималната плата и за тоа плаќа социјални придонеси и б) кога исплатува надоместок понизок од минималната плата и за тоа не пресметува и не плаќа социјални придонеси. Веќе спомнавме дека формата и содржината на Извештајот ја пропишува Министерот за финансии.
www.p
- бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување за лицата за кои правното лице е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување.
Содржина на Месечниот извештај за лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе Правното лице-исплатувач на надоместоци пониски од минималната плата, до 15-ти во месецот за претходниот месец на Управата за јавни приходи и доставува Месечен извештај за износот на: - износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор и исплатениот нето надоместок на лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе, за секој обврзник за плаќање поединечно.
Глоби Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за пресметка на придонесите-правно лице доколку во пропишаниот рок
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
не го достави Извештајот до Управата за јавни приходи
2) Ф ондовите како обврзници за пресметување на придонесите Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија се обврзници за ПРЕСМЕТУВАЊЕ на придонесите кога се работи за: - лица кои приходите ги остваруваат врз основа на склучени договори со физички лица и - лица кои остваруваат приходи од повеќе договори кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон. Во претходните два случаја самите физички лица се обврзници за уплата на придонесите сами за себе. Во случаите кога обврзници за уплата на придонесите се лицата сами за себе, истите се должни договорот за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместокот да го достават до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија кој по службена должност доставува евиденција до Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Глоби Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Највисока основица за пресметување и уплата на придонесите Највисоката месечна основица за пресметување на придонесите ги вклучува сите примања на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос заедно со примањата по основ на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, остварени во тековниот месец. Согласно со членот 16 став 1 од Законот за придонеси, највисоката месечна основица за пресметување на придонесите е износот на шест просечни бруто плати. Напомена:
Согласно со зададените правила за пресметување на придонесите на надоместоците по основ на авторски и договор на дело произлегува дека најниска НЕТО основица за пресметување на придонесите е износот на минималната плата (9.590 денари за 2015 година).
Пресметка на надоместот од нето до бруто износ кај исплатувачот-правно лице 1) Пресметка на надоместот по основ на договор на дело и друг договор ерсонален данок на доход = Нето надомест х 11,1111% П Бруто надомест = (Нето надомест + ПДД) : 0,751 5 2) Пресметка на надоместот по основ на авторски договор Персонален данок на доход = Нето надомест х Пресметана стапка (соодветна на видот на авт. дело) Бруто надомест = (Нето надомест + ПДД) : 0,751
Коефициентот 0,751 се добива со намалување на 1 за износот на коефициентите на придонесите
5
што ќе се применуваат во 2015 година [1 - (0,176 + 0,073)] = 0,751.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
45
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Шема за пресметување на надоместот по основ на договор на дело и друг договор 1) Бруто надомест 2) Придонес за ПИО (ред. бр. 1 х 17,6%) 3) Придонес за здравство (ред. бр. 1 х 7,3%) 4) Вкупно придонеси (ред. бр. 2 + ред. бр. 3) 5) Основица за ПДД (1 минус 4) 6 6) Персонален данок на доход (ред. бр. 5 х 10%) 7) Нето надомест (ред. бр. 1 - ред. бр. 4 - ред. бр. 6) Шема за пресметување на надоместот по основ на авторски договор 1) Бруто надомест 2) Придонес за ПИО (ред. бр. 1 х 17,6%) 3) Придонес за здравство (ред. бр. 1 х 7,3%) 4) Вкупно придонеси (ред. бр. 2 + ред. бр. 3) 5) Признати трошоци соодветно на авторскиот договор (25%, 30%, 35%, 50% и 60%) 6) Даночна основа за персоналниот данок на доход (ред. бр. 1 минус ред. бр. 4 минус ред. бр. 5) 7 7) Персонален данок на доход (ред. бр. 6 х 10%)
46
8) Нето надомест (ред. бр. 1 - ред. бр. 4 - ред. бр. 7) Согласно со членот 41 на Законот за персоналниот данок на доход, при утврдувањето на нето приходот од авторски права и права од индустриска сопственост се признаваат следниве нормирани трошоци: 1) 60% од бруто приходот - за вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, 2) 50% од бруто приходот - за уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзи-
рани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично) и - за сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста,
Законот за ПДД не утврдил можност за намалување на бруто надоместокот по основ на договор на
6
дело за износот на пресметаните придонеси во функција на утврдување на даночната основица. Сметајќи дека е логично ваквото постапување, во нашата шема основицата за ПДД ја утврдивме со намалување на бруто надоместокот за износот на пресметаните придонеси.
Законот за ПДД не утврдил можност за намалување на бруто надоместокот по основ на авторски
7
договор за износот на пресметаните придонеси во функција на утврдување на даночната основица. Сметајќи дека е логично ваквото постапување, во нашата шема основицата за ПДД ја утврдивме со намалување на бруто надоместокот за износот на пресметаните придонеси, како и за износот на нормираните, односно документирано докажани трошоци. www.p
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
3) 30% од бруто приходот - за изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарско и филмско актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија и - за преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби,
4) 25% од бруто приходот - за изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и - за други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се опфатени во претходните точки. Напомена: На обврзникот, по негово барање, наместо нормираните трошоци, му се признаваат стварните трошоци ако може документирано да ги докаже.
Преглед на пресметаните стапки за пресметување на ПДД кои се применуваат на нето надоместоците (без ПДД) Нормирани трошоци 25% 30% 50% 60%
Пресметана стапка 8,108% 7,527% 5,263% 4,167%
Напомена: Во поодмината фаза се подготовките за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход (односно носење на нов Закон). Со нацрт верзијата на Законот за ПДД покрај останатото се предлага и рестрикција и на висината на нормираните трошоци кај авторските надоместоци кои влијаат на намалување на основата за оданочување. Значи претстои заострување на даночниот режим за авторските надоместоци и по основ на пересоналниот данок на доход.
а) Примери за пресметување на надоместок по основ на договор на дело Пример 1: Надомест по основ на договор на дело во износ поголем од минималната плата Во месец јануари 2015 година друштвото „Поправка“ склучило договор на дело со лицето Филип Марков. Предмет на договорот е расчистување на деловни простории. Договорениот нето надомест изнесува 36.000 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е поголем од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувач има обврска, покрај персоналниот данок на доход, да ги пресмета и да ги плати и двата најголеми социјални придонеси. Исплатувачот „Поправка“ има обврска до УЈП да достави Месечен извештај за јануари 2015 (најдоцна до 15-ти февруари 2015) за износот на: - бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
47
Pr fesionalna Edukacija
Пресметка 1: Ред. бр. 1. 1.1. 1.2. 1.3. 2. 2.1. 2.2. 2.3. 2.4. 2.5. 2.6. 3. 3.1. 3.2. 3.3. 3.4. 3.5.
48
3.6. 3.7.
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
О п и с
Стапка / коефициент
Дел I: Пресметка на персоналниот данок на доход Нето надомест (договорен износ) Персонален данок на доход (36.000 х 11,1111%) Бруто I (Нето надомест + Персонален данок на доход) (36.000 + 4.000) Дел II: Пресметка на придонесите Бруто I (Нето надомест + Персонален данок на доход) Делител [(1 - (0,176 + 0,073]; 1 - 0,249 = 0,751 Бруто II: Основица за придонеси (40.000 : 0,751) Придонес за ПИО (53.262 х 17,6%) Придонес за здравство (53.262 х 7,3%) Вкупно придонеси (9.374 + 3.888) Дел III: Рекапитулар и Проверка на пресметката Бруто надомест врз основа на договор на дело Придонес за ПИО (53.262 х 17,6%) Придонес за здравство (53.262 х 7,3%) Вкупни придонеси (9.374 + 3.888) Основица за персонален данок на доход (Бруто надомест минус Вкупни придонеси) (53.262 - 13.262) Персонален данок на доход (40.000 х 10%) Нето надомест (40.000 - 4.000)
Износ
11,1111%
36.000 4.000 40.000
40.000 0,751 17,6% 7,3%
17,6% 7,3%
10%
53.262 9.374 3.888 13.262 53.262 9.374 3.888 13.262 40.000 4.000 36.000
Книжење: 44907 2521 23501 2342 2344
Услуги по договор за дело Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување
53.262 36.000 4.000 9.374 3.888
- попресметка на надоместот за договор на дело 2521 23501 2342 2344 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување Трансакциска сметка во денари
36.000 4.000 9.374 3.888 53.262
- Извод бр. 16 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест, платен персонален данок и придонеси
Важно: Согласно со актуелните прописи, извршената исплата од претходниот пример треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП на лицето Филип Марков). Годишната пријава ФМ ја доставува до УЈП до 15 март 2016 година. Исплатувачот, фирмата „Поправка“, покрај новиот Месечен извештај (јануарскиот извештај се доставува до УЈП до 15 февруари 2015 година), има обврска исплатата да ја вклучи и во Годишниот извештај (ПДД-ГИ), кој во електронска форма се доставува до УЈП најдоцна до 31 јануари 2016 година. Со оглед на несообразената содржина на Годишна-
www.p
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
та даночна пријава и Годишниот извештај со извршените измени во прописите, очекуваме истите во наредниот период да бидат соодветно променети (прилагодени). Пример 2: Надомест по основ на договор на дело во износ помал од минималната плата Во месец мај 2015 година друштвото „Добра фирма“ склучило договор на дело со лицето Мирко Петров. Предмет на договорот се услуги на селење на залихи на трговска стока во нов деловниот простор (магацин). Договорениот нето надомест изнесува 6.200 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е помал од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувачот пресметува само персоналниот данок на доход. Обврска за пресметување на социјални придонеси на договорениот надомест - НЕМА. Во овој случај, правното лице - исплатувач има обврска до Управата за јавни приходи да достави Месечен извештај за мај 2015 година (најдоцна до 15-ти јуни 2015 година) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за: - износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело и - исплатениот нето надоместок.
Пресметка 2: Ред. бр. 1. 1.1. 1.2. 1.3.
Опис Пресметка на персоналниот данок на доход Нето надомест (договорен износ) Персонален данок на доход (6.200 х 11,1111%) Бруто (Нето надомест + Персонален данок на доход) (6.200 + 689)
Стапка / коефициент
11,1111%
Износ
49 6.200 689 6.889
Книжење: 44907 2521 23501
Услуги подоговор за дело Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело
6.889
6.200 689
- попресметка на надоместот за договор на дело 2521 23501 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело Трансакциска сметка во денари
6.200 689 6.889
- Извод бр. 16 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест и платен персонален данок Важно: И оваа исплата треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) на лицето Мирко Петров. Исплатувачот, друштвата „Добра фирма“ има обврска исплатата да ја вклучи во Годишниот извештај (ПДД-ГИ). П ример 3: Повеќе надомести во годината по основ на договор на дело во поединечни износи помали од минималната плата Лицето Ведран Стојков во текот на 2015 година ги остварило следните надоместоци по основ на договор на дело.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Датум
Исплатувач (правно лице/физичколице) 1 2 17.02.2015 „Прво друштво“ 20.04.2015 „Лезет трговија“ 22.09.2015 „Голем профит“ 17.11.2015 Петар Митров Вкупно остварени надоместоци за 2015 г.:
Нето надомест 3 4.500 5.400 7.200 3.000 20.100
Персонален данок на доход 4 (3 х 11,1111%) 500 600 800 / 1.900
Бруто надомест 5 (3 + 4) 5.000 6.000 8.000 3.000 22.000
Во овој случај, обврзник за пресметка на придонесот за ПИО е Фондот за ПИО, а за придонесот за здравство обрзник за пресметка е ФЗО. Обврзник за плаќање на пресметаниот придонес (врз основа на издадено решение од соодветниот фонд) е лицето што го прима надоместоците само за себе. Претпоставена пресметка на придонесите (пресметката ја составуваат Фондовите, секој одделно) Ред. бр. 1. 2. 3. 4.
50
Опис
Стапка / процент
Основица за придонеси Придонес за ПИО (22.000 х 17,6%) Придонес за здравство (22.000 х 7,3%) Вкупно придонеси (3.872 + 1.606)
Со оглед дека приходот од физичкото лице Петар Митров аконтативно не е оданочен со персонален данок на доход, нашиот главен лик Ведран Стојков ќе мора истиот да го вклучи во Годишната даночна пријава со износ НУЛА во колоната „Вкупен износ на платени аконтации“. Со тоа ќе се јави потреба од доплата на данок на доход по решение издадено од УЈП во износ од 300 денари (3.000 х 10%). По плаќањето на персоналниот данок во износ од 300 денари за овој надомест, вкупниот износ на нето надоместоците на лицето по основ на сите горенаведени договори (20.100 - 300 денари ПДД) ќе изнесува 19.800 денари. Уште еднаш за основица за пресметување и плаќање на придонесите Согласно со членот 14 став 1 точка 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, основица за пресметување и плаќање на придонесите е бруто надоместот утврден во договорот за дело, со кој е определен надоместокот за извршената работа за лицето кое остварува приходи www.p
17,6% 7,3%
Износ 22.000 3.872 1.606 5.478
од извршување на физичка и/или интелектуална работа. Членот 4 точка 17 од Законот за придонеси го дефинира буто надоместокот по основ на договор на дело како збир на: - Нето надоместокот, - Придонесот за задолжително пензсико и инвалидско осигурување, - Придонесот за задолжително здравствено осигурување и - Персоналниот данок на доход. Основица за пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход Согласно со членот 15, став 1 точка 4 и член 14-а, став 1 точка 11 од Законот за персонален данок на доход, основа за пресметување на персоналниот данок е износот на примањето, надоместокот, односно секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица. Платениот данок на доход за личните примања (вклучувајќи ги и исплатените надоместоци по основ на договор на дело) е аконтативен.
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
Заклучок:
Од претходните дефиниции на основиците за пресметување на придонесите, односно персоналниот данок на доход, произлегува дека во двата случаи основицата за пресметување е иста и дека само кај: платите, надоместоците на плата од работен однос, деловната успешност и пензиите; основицата за персонален данок на доход се добива со намалување на бруто примањето за износот на придонесите и личното ослободување. Ваква можност не е предвидена кај надоместоците по основ на договор на дело.
Режимот на дополнителна пресметка на придонесите кои ќе паднат на товар на лицето што ги остварило приходите покажува дека истото нема можност за намалување на основицата за данок на доход и заради тоа ќе плати повисок износи на данок во однос на лицето за кое исплатувачот пресметал и платил социјални придонеси. Имено, ако вкупниот бруто надомест од кој се пресметуваат придонесите за 2015 година изнесува 22.000 денари, тогаш пресметката на социјалните придонеси, данокот на доход и остатокот, односно нето примањето ќе биде следна:
Ред. бр. 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
П родолжение на примерот
Опис Основица за пресметување и плаќање на придонеси и ПДД Придонес за ПИО (22.000 х 17,6%) Придонес за здравство (22.000 х 7,3%) Вкупно придонеси (3.872 + 1.606) Основица за ПДД (22.000 - 5.478) Пресонален данок на доход (16.522 х 10%) Вкупно јавни давачки (придонеси и данок на доход) (5.478 + 1.652) Нето заработувачка (по намалување за платениот данок на доход и придонеси) [22.000 - (5.478 + 1.652)]
Стапка / процент 17,6% 7,3%
10%
Износ 22.000 3.872 1.606 5.478 16.522 1.652 7.130 14.870
Заради илустрација во продолжение презентираме споредба со истиот бруто надоместок, но во услови кога исплатувачот - правно лице ги пресметува и плаќа придонесите на остварениот бруто надоместок.
Пресметка: Ред. бр. 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Опис Бруто надомест врз основа на договор на дело Придонес за ПИО (22.000 х 17,6%) Придонес за здравство (22.000 х 7,3%) Вкупни придонеси (3.872 + 1.606) Основица за персонален данок на доход (Бруто надомест минус Вкупни придонеси) (22.000 - 5.478) Персонален данок на доход (16.522 х 10%) Нето надомест [22.000 - (5.478 + 1.652)]
Стапка / коефициент 17,6% 7,3%
10%
Износ 22.000 3.872 1.606 5.478 16.522 1.652 14.870
Според горенаведеното, кога по основ на решение од фондовите, лицето од остварениот вкупен нето надомест од сите договори во годината (19.800 денари = 20.100 - 300 денари ПДД) ќе го плати и засметаниот придонес за ПИО и здравство (5.478 денари), реалниот износ на вкупен нето надомест по договорите на лицето ќе изнесува 14.322 денари (19.800 - 5.478), така што би бил понизок од нето надоместот во износ од 14.870 денари во случај
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
51
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
кога правно лице-исплатувач би го плаќал вкупниот износ на лицето и придонесите. Од направената споредба е очигледно дека во вториот случај кога плаќањето на придонесите паѓа на товар на исплатувачот - правно лице, нето остатокот е поголем во корист на физичкото лице. Сметаме дека не постои даночна правда ако за исти даночни ситуации даночниот товар е различен, во зависност од тоа кој ги плаќа давачките (обврзникот сам за себе или правното лице во негово име и за негова сметка). б) Примери за пресметување на надоместок по основ на авторски договор Пример 4: Н адомест по основ на авторски договор во износ поголем од минималната плата
52
На 04 февруари 2015 година друштвото „Паметна глава“ склучило авторски договор (пишувано стручно дело) со лицето Ми-
тре Петковски. Договорениот нето надомест изнесува 12.000 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е поголем од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувач има обврска, покрај персоналниот данок на доход, да ги пресмета и да ги плати и двата најголеми социјални придонеси. Исплатувачот „Паметна глава“ има обврска до УЈП да достави Месечен извештај за февруари 2015 (најдоцна до 15-ти март 2015) за износот на: - бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување.
Пресметка 4: Ред. бр. 1. 1.1. 1.2. 1.3. 2. 2.1. 2.2. 2.3. 2.4. 2.5. 2.6. 3. 3.1. 3.2. 3.3. 3.4. 3.5. 3.6.
О п и с
Стапка / коефициент
Дел I: Пресметка на персоналниот данок на доход Нето надомест (договорен износ) Персонален данок на доход (12.000 х 5,263%) Бруто I (Нето надомест + Персонален данок на доход) (36.000 + 4.000) Дел II: Пресметка на придонесите Бруто I (Нето надомест + Персонален данок на доход) Делител [(1 - (0,176 + 0,073]; 1 - 0,249 = 0,751 Бруто II: Основица за придонеси (12.632 : 0,751) Придонес за ПИО (16.820 х 17,6%) Придонес за здравство (16.820 х 7,3%) Вкупно придонеси (2.960 + 1.228) Дел III: Рекапитулар и Проверка на пресметката Бруто надомест врз основа на договор на дело Придонес за ПИО (16.820 х 17,6%) Придонес за здравство (16.820 х 7,3%) Вкупни придонеси (2.960 + 1.228) Бруто надомест намален за придонеси (16.820 - 4.188) Признати (нормирани) трошоци (12.632 х 50%)
www.p
roagens.mk
5,263%
Износ
12.000 632 12.632
12.632 0,751 17,6% 7,3%
17,6% 7,3%
50%
16.820 2.960 1.228 4.188 16.820 2.960 1.228 4.188 12.632 6.316
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
3.7.
3.8. 3.9.
Основица за персонален данок на доход (Бруто надомест минус Вкупни придонес минус Признати трошоци) [16.820 - (4.188 + 6.316)] Персонален данок на доход (6.316 х 10%) Нето надомест [16.820 - (4.188 + 632]
6.316
10%
632 12.000
Книжење: 44906 2521 2352 2342 2344
Авторски надоместоци Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување
16.820
12.000 632 2.960 1.228
- попресметка на надоместот за авторски договор 2521 2352 2342 2344 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување Трансакциска сметка во денари
12.000 632 2.960 1.228 16.820
- Извод бр. 32 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест, платен персонален данок и придонеси
Важно: Согласно со актуелните прописи, извршената исплата од претходниот пример треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП на лицето Митре Петковски). Годишната пријава МП ја доставува до УЈП до 15 март 2016 година. Исплатувачот, фирмата „Паметна глава“, покрај новиот Месечен извештај (февруарскиот извештај се доставува до УЈП до 15 март 2015 година), има обврска исплатата да ја вклучи и во Годишниот извештај (ПДД-ГИ), кој во електронска форма се доставува до УЈП најдоцна до 31 јануари 2016 година. Со оглед на несообразената содржина на Годишната даночна пријава и Годишниот извештај со извршените измени во прописите, очекуваме истите во наредниот период да бидат соодветно променети (прилагодени). Пример 5: Надомест по основ на авторски договор во износ помал од минималната плата Во месец јуни 2015 година друштвото „Сакам наука“ склучило авторски договор за предавања со лицето Бранко Витанов. Договорениот нето надомест изнесува 6.200 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е помал од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувачот пресметува само персоналниот данок на доход. Обврска за пресметување на социјални придонеси на договорениот надомест - НЕМА. Во овој случај, правното лице - исплатувач има обврска до Управата за јавни приходи да достави Месечен извештај за мај 2015
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
година (најдоцна до 15-ти јуни 2015 година) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за: - износот на бруто надоместокот утврден во авторскиот договор и - исплатениот нето надоместок.
53
Pr fesionalna Edukacija
Пресметка 5: Ред. бр. 1. 1.1. 1.2. 1.3.
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
О п и с
Стапка / коефициент
Пресметка на персоналниот данок на доход Нето надомест (договорен износ) Персонален данок на доход (6.200 х 7,527%) Бруто (Нето надомест + Персонален данок на доход) (6.200 + 467
Износ
6.200 467 6.667
7,527%
Книжење: 44906 2521 2352
Авторски надоместоци Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор
6.667 6.200 467
- попресметка на надоместот за договор на дело 2521 2352 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор Трансакциска сметка во денари
6.200 467 6.667
- Извод бр. 36 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест и платен персонален данок
54
Важно: И оваа исплата треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) на лицето Бранко Витанов. Исплатувачот, друштвата „Добра фирма“ има обврска исплатата да ја вклучи во Годишниот извештај (ПДД-ГИ).
www.p
roagens.mk
РАБОТНИ ОДНОСИ
НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ
С
о Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 113/14 од 29.07.2014, кој влегува во сила на 06.08.2014 година се изврши петнаесетата по ред измена на Законот за работните односи (во натамошниот текст: ЗРО) 1
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
Новелирањето на ЗРО опфаќа неколку битни сегменти на работните односи и тоа во делот на одредбите за: - о гласување на слободни работни места, - д ефинирање на моментот на пријавување на работникот во работен однос, - у словите за престанок на работниот однос поради возраст на работникот и - п осебните договори (договори за дело, авторски договори и друг вид на договори) што работодавачот ги склучува со лица заради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот. Дел од измените на ЗРО кои се однесуваат на посебните договори и нивното вклучување во системот на правни форми (основи) кои создаваат обврска за плаќање на придонеси (покрај договорите за вработување и менаџерските договори), покрај персоналниот данок, треба да стартуваат со примената од 1 јануари 2015 година како дел од позначајните измени во задолжителното социјално осигурување со кои се опфатени повеќе закони: Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за здравственото осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗРО СО ПРИМЕНА ОД 6 АВГУСТ 2014 ГОДИНА
1. Се воведува дефиниција на изразот: „Објавување на јавен оглас“ со која се опфаќаат сите јавни огласи за потреба од работник, без оглед дали се објавни во печатени или електронски медиуми, со или без наплата Се врши дополнување на членот 5 од ЗРО, на начин што во ставот 1, покрај другите дефиниции на изрази употребени * Правен советник
d_jacimovic@proagens.com.mk
1
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13 и 113/14; како и 11 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10 и 132/10 и 106/14.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
55
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
во ЗРО, сe додава и дефиниција на изразот „Објавување на јавен оглас“ како нова точка 11, според која под овој израз се подразбира секое јавно објавување на потребата на работодавачот од работник, за пополнување на слободно работно место, без оглед на тоа дали огласот се објавува во дневен печат или во други средства за јавно информирање печатени или електронски со наплата или во службата за посредување при вработување на веб страната на Агенцијата без наплата. Од дефиницијата произлегува дека под објавување на јавен оглас се смета секое огласување на потребата од работник, без оглед дали огласот се објавува во дневен печат или другите медиуми за јавно информирање, во печатена или електронска форма, со наплата или без наплата во службата за посредување при вработување (Агенцијата за вработување на Република Македонија - АВРМ).
56
2. Се прецизира моментот на поднесување на пријава за работникот во задолжително социјално осигурување: „еден ден“ пред работникот да стапи на работа Во членот 13 од ЗРО (под наслов: „Договор за вработување“), се уредуваат формални прашања околку засновање на работниот однос, при што во ставот 3 се дефинирани потребните документи што задолжително се приложуваат од страна на работодавачот кон пријава на работникот во задолжително социјално осигурување, пред работникот да стапи на работа. Како новина, во ставот 3 се прецизира дека работодавачот е должен да поднесе пријава за работникот во задолжително социјално осигурување еден ден пред работникот да стапи на работа, а за итни и неодложни работи, истиот ден пред работникот да стапи на работа. Според образложението на предлагачот на измените на ЗРО (Владата на РМ), ова потенцирање на моментот на пријавување на работникот енед ден пред работникот да стапи на работа, а за итни и неодложни раwww.p
боти, истиот ден пред работникот да стапи на работа, има за цел да го оневозможи работодавачот да го пријави работникот затечен на работа-непријавен, истиот ден кога е затечен на работа-непријавен. Но од друга страна, со новото законско решение се земаат во предвид и потребите на работодавачите кога имаат итни и неодложни работи, да можат да пријават работник истиот ден кога работникот треба да стапи на работа, но во овој случај работникот мора да биде пријавен пред истиот да стапи на работа (пред почетокот на работното време, работната смена и сл.)
3. Се утврдува обрска за работодавачoт јавниот оглас за вработување, пред објавување во медиумите, да мора да го евидентира во системот на АВРМ Со цел да се обезбеди целосна контрола на масовноста на јавното огласување на потребата од вработување које се реализира преку објавувања во сите печатени и електронски медиуми, се врши повеќекратно новелирање на членот 22 од ЗРО кој ги уредува можните начини на обезбедување на потребата од работници од страна на работодавачите. Во тие рамки, огласување на јавен оглас во дневниот печеат како најчесто користен начин од членот 22 ставот 1 точка 1, се дополнува во согласност со новоутврдената дефиниција на изразот: „Објавување на јавен оглас“ (види во точката 1. од овој текст) така што обезбедување на работниците преку огласување на јавен оглас сега, покрај во дневниот печат, го опфаќа и огласувањето во сите други средства за јавно информирање печатени или електронски, на товар на работодавачот. Понатаму, членот 22 се дополнува со новиот став 2 со кој се востановува нова обврска за работодавачите кои потребата од работници ја обезбедуваат преку објавување на јавен оглас, а која се состои во претходно внесување на јавниот оглас во електронскиот систем на АВРМ, пред објавувањето на
roagens.mk
РАБОТНИ ОДНОСИ
истиот во печатено или електронско средство за јавно информирање. Според тоа, првиот чекор кој треба да го направи работодавачот кој има намера да објави јавен оглас за вработување во некој од медиумите е огласот да го евидентира во системот АВРМ, а потоа да го објави. Бидејќи потребата од работник во АВРМ се пријавува (огласува) со поднесување на ППР образецот, произлегува дека работодавачите ќе треба претходно да го пополнат овој образец и да го доставаат по електронски пат или непосредно во АВРМ.
4. Се прецизираат задолжителните елементи на јавниот оглас за вработување Со интервеција во членот 23 кој ги уредува прашањата околку објавувањето на слободни работни места, меѓу кои и задолжителните елементи на јавниот огласот, се врши техничко уредување на начин што елементите на огласот дадени во повеќе ставови се систематизираат во еден став (изменетиот став 1 на член 23) дефинирајќи ги на јасен и прецизен начин, врз принцип на набројување. Кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, должен е во јавниот оглас да наведе: - назив на работното место; - у словите што се бараат за вршење на работата; - п очетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време; - распоредот на работното време; - п аричниот износ на основната нето плата за работното место за кое се бара работник; - р окот за пријавување, кој не смее да биде пократок од пет работни дена; - рокот во кој ќе се изврши избор и - т очни податоци за работодавачот (назив, седиште, телефон, лице за контакт и адреса за оставување на апликациите). INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
Во прекшочните одредби, во рамки на членот 265 од ЗРО, се внесува уште еден прекршок (нова точка 4-а) кој се состои од објавување на јавен оглас и слободно работно место спротивно на членови 22, 23 и 24 од ЗРО (членовите: 22, 23 и 24 се однесуваат на начинот на обезбедување на потребата од работници; објавувањето на слободни работни места и половата еднаквост при објавувањето на слободни работни места) за кои се предвидува глоба во износ од: - 2 .000 до 3.000 евра а работодавач правно лице, - 5 00 до 1.000 евра за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот - 2 .000 евра за работодавач – физичко лице. Законодавецот, со новата прекршочна одредба од членот 265 точка 4-а) ја заменил старата одредба од членот 265-а точка 2) која го санкционираше објавувањето на работно место спротивно на членовите 23 и 24 од ЗРО, со пониски глоби: од 500 до 1.000 евра.
5. Се утврдува можност на барање на работникот да му се продолжи договорот за вработување до 67 години-маж, односно до 65 години-жена Се врши значајна измена на членот 104 од ЗРО кој го уредува прекинот на договорот за вработување поради возраст на работникот. Основната одредба од членот 104 став 1 дека работодавачот го прекинува договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж останува непроменета. Но, ставот 2 од член 104 кој утврдува дека работодавачот, на барање на работникот може да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, се менува со нови решенија со кои се предвидува дека:
57
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- Р аботникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена), доколку со закон поинаку не е утврдено - новиот став 2. - П исмената изјава работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување, а за секое натамошно продолжување на договорот за вработување изјавата ја дава еднаш годишно а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година - новиот став 3.
58
- Р аботодавачот е должен по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно најмногу до 65 години возраст (жена) - новиот став 4. Со новиот член 264-а за прекршување на новите решенија од членот 104 се пропишува глоба во износ од: - 2 .000 до 3.000 евра во денарска противвредност за работодавач ако не го продолжи договорот за вработување при постоење на писмена изјава на работникот со која бара продолжување, односно - о д 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност доколку по истекот на рок од седум дена од денот на утврдувањето на неправилност не го продолжи договорот за вработување. Новите решениja, во контекст на актуелната одреба од ставот 1 на член 104 која останува непроменета а според која работодавачот го прекинува договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, укажуваат дека работникот, не само маж туку и жена, доколку има намера да го продолжи работниот век, треба за прв пат да поднесе писмна изјава за продолжување на договорот за вработување пред наполнување на
www.p
64 години, бидејќи пред овој клучен момент работодавачот нема право самоволно да го прекине договорот за вработување по основ на возраст на работникот, без оглед на неговиот пол. Ќе потсетиме дека со измената на ЗРО од 4 септември 2008 година (106/08), законодавецот утврдил еднакви услови (64 години возраст и најмалку 15 години стаж) и за мажи и за жени како основ за престанок на работниот однос поради возраст. Но, со ова не се задира во правото на жена осигуреник да оствари право на старосна пензија кога ќе наполни 62 години возраст и најмалку 15 години стаж според член 18 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Од новите решенија во членот 104 од ЗРО произлегува дека работникот може со писмена изјава да побара продолжување на договорот за вработување и по навршување на 64 години возраст и тоа најмногу до 67 години возраст маж, односно до 65 години возраст жена. За работодавачот, врз основа на примена изјава од работникот автоматски се создава обврска за продолжување на договорот до возраста за која работникот бара продолжување (маж: 65, 66 или 67, односно жена: 65), без можност за одбивање на барањето за продолжување (како што можеше пред измената, за поднесените барања за продолжување на договорот до 65 години). Понатаму, од новите решенија произлегува дека со изјавата договорот за вработување може да се продолжи само за една година, со оглед на ставот на законодавецот дека изјавата се дава: „еднаш годишно а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година“. И конечно, правото на работникот да се изјасни за продолжување на договорот е временки ограничено: „најдоцна до 31 август во тековната година“. Произлегува дека веќе на 1 септември, доколку нема таква изјава од работникот кој го исполнува условот во поглед на возраст, работодавачот ќе се стекне со друга обврска а тоа е обврската од ставот 1 на член 104 од ЗРО, која му наложува да го прекине договорот за вработување на работникот поради возраст.
roagens.mk
РАБОТНИ ОДНОСИ
Напомена:
Со оглед дека новото решени стартува со примена на 6 август 2014 година писмените изјави за продолжување на работниот однос во 2015 година, треба да се поднесат до работодавачот најкасно до 31 август 2014 година.
6. Се предвидува начинот и водењето на електронската евиденција на работното време да биде пропишано со акт од министерот за труд Се дополнува членот 116 од ЗРО кој го уредува полното работно време, пропишувајќи ја обрската за работодавачите за водење на евиденција на полното работно време, како и посебна обврска за работодавачите кој имаат над 25 вработени да водат електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа. Со дополнувањето кое е опфатено со новиот став 9) се предвидува обврска за министерот надлежен за работите од областа на трудот да го пропише начинот и водењето на електронската евиденција на полното работно време и на прекувремената работа. Целта на ова дополнување, според предлагачот на измената на ЗРО, е да се предвиди посебен сертифициран програм во кој нема да може да се менува или брише евиденцијата во поглед на полното работно време и на прекувремената работа.
НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗРО СО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА 1. Се утврдува обврска за работодавачот да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување на надоместокот од посебни договори - договор на дело/авторски договор/друг договор Измената на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, објавена во истиот бр. на „Службен весник“ INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
(113/14 од 29.07.2014), но со примена од 01.01.2015 година со која се воведува обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, конкретно за ПИО и за здравство, на надоместоците по основ на договор на дело, авторски договор или друг договор, предизвика промена во повеќе позитивни закони врз чии принципи е изграден системот на задолжителното пензиско-инвалдско и здравствено осигурување, како и осигурување во случај на невработеност (Законот за здравственото осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 113/14 ). Оваа измена не го заобиколи ниту ЗРО кој во членот 252 насловен како „Посебни договори“ повлекува јасна граница меѓу договорот за вработување и другите договори што ги склучува работодавачот. Во тие рамки уредува дека работодавачот може со определено лице да склучи посебен договор за вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет: - самостојна изработка или поправка на определени предмети, - самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа и - културно-уметнички работи со лице кое врши културно-уметничка дејност. Во овој посебен договор за вршење работа, всушност го препознаваме договорот на дело, авторскиот договор или друг договор со кој се заснова должничко-доверителниот однос меѓу работодавачот и третото лице и кој по својата правна природа е различен од договорот за вработување со кој се уредува работно-правниот однос. Актуелната обврска на работодавачот по основа на посебен договор (заклучно со 31 декември 20014) се состои само во плаќање на надоместокот за извршена работа и данок: персонален данок, кога вршителот на услугата е физичко лице - вршител на самостојна дејност или услуга (односно ДДВ ако вршителот е правно лице - регистриран даночен обврзник).
59
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Заради усогласување со измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, членот 252 од ЗРО за посебни договори се дополнува со новиот став 3 во истата насока, или попрецизно: > Се утврдува обврска за работодавачот да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување на надоместокот за извршена работа од посебни договори, кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон. * * *
60
Кратко запознавање со измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување: Во системот на задолжително социјално осигурување од 1 јануари 2015 година се вклучуваат лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е ПОВИСОК од месечниот износ на минимална плата утврдена со закон. Месечниот нето износ на минималната плата за 2015 година изнесува 9.590 денари (член 4 став 1 од Законот за минимална плата во Република Македонија - 30/2014). Притоа, кога нето износот што се исплатува е повисок од месечниот износ на минималната нето плата, обврзници за пресметка и уплата на придонесите се правните лица - исплатувачи на надоместок. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија се обврзници за ПРЕСМЕТКА на придонесите кога се работи за: - лица кои приходите ги остваруваат врз основа на склучени договори со физички лица и - лица кои остваруваат приходи од ПОВЕЌЕ ДОГОВОРИ КОГА ЗБИРНИОТ НЕТО ИЗНОС на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон. Во претходните два случаја самите физички лица се обврзници за уплата на придонесите сами за себе. www.p
Поопсежно за новите решенија во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување има на стр. 69 од овој Информатор. 2. Се проширува контролна надлежност на инспекцијата на трудот и над договорите со надоместок за извршената работа во износ повисок од износот на минималната нето плата Со дополнување на членот 256 од ЗРО, предметот на надзорната надлежност на инспекцијата на трудот се проширува и над договорите со кои е определен надоместок за извршената работа во износ повисок од износот на минимална плата утврдена со закон, а кои во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се дефинирани како договор за дело, авторски договор или друг договор. Контролата ќе се однесува на обврската за плаќање на придонесите за ПИО и здравство, на надоместоците повисоки од износост на минимална плата. Напомена: д 2015 година, стапката на придонесот О за ПИО треба да се намали на 17,6% (наместо сегашната стапка од 18%), додека стапката на придонесот за основно здравство останува непроменете (7,3%). За овие надоместоци не е предвидено пресметувања на придонес за дополнително здравство (стапка од 0,5%) и придонес за вработување (стапка од 1,2%). Неплаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на надоместоците од посебни договори се санкционира како нов прекршок во членот 265 точка 20), за кој е предвидена глоба од: - 2 .000 до 3.000 евра а работодавач - правно лице, - 5 00 до 1.000 евра за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот - 2 .000 евра за работодавач – физичко лице.
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
ФИСКАЛИЗАЦИЈА
ПОВТОРНО ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА - ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈНИОТ РОК ЗА ПРИМЕНА НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ (GPRS ТЕРМИНАЛ И КРИПТО МОДУЛ)
З
аконот за регистрирање на готовинските плаќања е повторно изменет и дополнет со „Службен весник на РМ“, бр. 115 од 1.8.2014 година, при што промените влегоа во сила на 9 август 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето).
Ирена НИКОЛОВСКА *
Извршени се повеќе промени на законските одредби, од кои ги издвојуваме следните: 1. одложување на крајниот рок за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување (GPRS терминал и крипто модул) и тоа за дополнителни три месеци од предвидените со досегашните законски прописи, 2. продолжување на рокот за замена на крипто медиумот од крипто модулот, 3. изменување на обврската за регистрирање на резервен фискален систем на опрема од страна на даночните обврзници, 4. промени кои се однесуваат на прецизирање и утврдување на обврските на производителите на фискалните системи на опрема, 5. доуредување на постапката за избор на контролни тела за вршење на проверка и контрола на фискалните системи на опрема, 6. останати законски промени (читач на платежни картички, комуникација со серверот на УЈП и одлука на Владата на РМ за ослободување од користење на GPRS терминал и крипто модул).
1. ОДЛОЖЕНИ КРАЈНИТЕ РОКОВИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ (GPRS ТЕРМИНАЛ И КРИПТО МОДУЛ)
* Даночен советник
i_nikolovska@proagens.com.mk
Откако со Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 188/13), кој стапи во сила од 8 јануари 2014 година, еднаш веќе се пролонгираа роковите за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување (GPRS терминал и крипто модул), со последните законски промени, кои се во сила од 9 август 2014 година, повторно за три дополнителни месеци се поместија крајните рокови за имплементација на системот, како што следи: а) од 1 маj 2014 до 31 октомври 2014 година (наместо до 31 јули 2014 година), за:
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
61
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, - даночни обврзници кои вршат угостителска дејност и - даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и б) од 1 маj 2014 до 31 јануари 2015 година (наместо до 31 октомври 2014 година), за сите други даночни обврзници. Г оренаведеното пролонгирање се заснова на изменетите одредби на членот 23 на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 79/13 и 188/13).
62
ницијално, интегрираниот автоматски И систем на управување требаше да се имплементира во преодниот рок од 1 јануари до 31 март 2014 година (за првата група на обврзници) и од 1 јануари до 30 јуни 2014 година (за втората група на обврзници) според законската промена (79/13), која требаше да се применува од 1 јануари 2014 година, меѓутоа потоа со следната законска промена (188/13), која влезе во сила од 8 јануари 2014 година, овие преодни рокови за имплементација на системот се пролонгираа од 1 мај до 31 јули 2014 година (за првата група на обврзници) и од 1 мај до 31 октомври 2014 година (за втората група на обврзници). Законодавацот по втор пат ги одложи крајните рокови за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување, кое е веќе стапено во сила од 1 мај 2014 година, од причина што се овозможува подолг период за производителите на фискалните системи на опрема во којшто истите ќе можат да развијат поголем број на различни фискални системи, кои треба да ги задоволат потребите на пазарот. Со зголемувањето на понудата се очекува и намалување на цената на фискалните системи на опрема.
www.p
о последната законска промена се изС бриша членот 24 на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 79/13 и 188/13), според која фискалната меморија во постоечките фискалните апарати не се менува со воведувањето на надворешниот GPRS терминал и крипто модул, а податоците од фискалната меморија запишани пред воведување на интегрираниот автоматски систем за управување, задолжително електронски се пренесуваат во серверот на Управата за јавни приходи преку интегрираниот автоматски систем за управување. Оваа промена се должи на тоа што ваквото решение при воведување на новите фискални системи на опрема е неприменливо во пракса.
2. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАМЕНА НА КРИПТО МЕДИУМОТ КОЈ Е СОСТАВЕН ДЕЛ НА КРИПТО МОДУЛОТ Со измена на членот 3-а став 5 на законот,
се продолжи рокот за замена на крипто медиумот кој е составен дел на крипто модулот на секои три години, наместо еднаш годишно како што гласеше досегашното решение, со што се намалуваат трошоците за даночните обврзници-корисници на фискални системи на опрема. И понатаму продолжува да важи обврската за чување на заменетиот крипто медиум најмалку пет години во објектот, а со допрецизирање на прекршочните одредби (изменета одредба на член 21 став 1 точка 4), во однос на непочитувањето на оваа обврска предвидена е глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност за даночен обврзник-правно лице и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. Исто така, изменета е одредбата на членот 3-а став 6 на законот, според која крипто медиумот од резервниот фискален систем на опрема се заменува по потреба при негово нефункционирање, наместо како што
roagens.mk
ФИСКАЛИЗАЦИЈА
беше досега пропишано - на секои пет години да се заменува крипто модулот од резервниот фискален систем на опрема.
3. ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА РЕЗЕРВЕН ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА Според изменетата одредба на членот 13 став 1 на законот, променет е износот на прометот кој го остваруваат обврзниците како услов за регистрирање на резервен фискален систем на опрема од страна на даночните обврзници, кој се користи во случај на оштетување и ремонт на главниот фискален систем на опрема. Така, наместо просечен промет во објектот што надминува 5.000 евра во денарска противвредност во тримесечен период, се пропиша обврска за регистрирање на резервен фискален систем на опрема за обврзниците чиј просечен промет во деловниот објект надминува 1.000.000 денари во претходната година. Продолжува да важи исклучокот од обврската за даночните обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и автотакси превозниците.
Исто така, се пропиша нов став 2 на членот 13 на законот, според кој даночниот обврзник кој во деловниот објект има воведено во употреба два или повеќе фискални системи на опрема, не е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема за тој деловен објект.
4. ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ФИСКАЛНИТЕ СИСТЕМИ НА ОПРЕМА Со законските промени (измени на членовите 14, 15, 16 и 17, новододадените членови 16-а и 16-б и избришан членот 18) е извршено прецизирање и утврдување на обврските на производителите на фискалните системи на опрема кон даночните обврзници-корисници на опремата, на условите за обезбедување на банкарската гаранција од страна на производителите на фискалните системи на опрема, а исто така, е доуредено
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
и издавањето на дозвола од министерот за финансии за одобрување на производство и продажба на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување. Со додавање на нов член 21-г се проширени прекршочните одредби со глоби за производителите на фискален систем на опрема. Обврски на производителите
на фискалните системи на опрема кон даночните обврзници -корисници Со промената на членот 14 на законот е избришана обврската на даночниот обврзник да склучи договор со овластениот производител на фискален систем на опрема од кого е набавена опремата за нејзино функционално и техничко одржување. Наместо тоа, пропишана е обврска за производителот на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување пред продажбата да го запознае корисникот на фискален систем на опрема со функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема и да обезбеди упатство и обука за употреба на фискален систем на опрема. Исто така, производителот е должен, без надоместок, на корисникот на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, да му обезбеди навремено сервисирање во гарантниот рок.
Според изменетиот член 16 на законот, производителот на соодветен модел на фискална апаратура, односно на интегриран автоматски систем на управување, e должен да обезбеди најмалку една проверка годишно на продадената фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување како превентивна проверка без надоместок (претходно: најмалку едно одржување во годината како превентивно одржување), a поправката и замената на фискалната апаратура во текот на 72 часа од барањето за интервенција од корисникот на апаратурата да ја изврши на самото место или, како што е додадено во одредба-
63
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
та, во сервисниот центар. Во членот 16 е избришана одредбата според која производителот на соодветен модел на фискална апаратура, односно на интегриран автоматски систем на управување, е должен да обезбеди еден техничар на не повеќе од 500 фискални системи на опрема во сервисната област. Од друга страна, во членот 14 на законот, пропишана е обврска за даночниот обврзник- корисник на фискален систем на опрема да го сервисира фискалниот систем на опрема кај овластен сервисен центар на производителот на фискална апаратура, односно на интегриран автоматски систем на управување од кого истиот е набавен.
озвола за одобрување Д на производство и продажба на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување
64
Членот 15 на законот, во кој беше пропишано дека за соодветен модел на фискална апаратура, односно за интегриран автоматски систем на управување, со надоместок се издава дозвола за негово одобрување, на начин и постапка пропишана од министерот за финансии, е изменет и проширен.
Според проширените одредби на членот 15, правните лица коишто се заинтересирани за вршење на производство и продажба на фискален систем на опрема треба да поднесат барање до Управата за јавни приходи за добивање на дозвола за одобрување на производство и продажба на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување. Министерот за финансии на предлог на Управата за јавни приходи издава дозвола за одобрување на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, со важност од шест години. Два месеци пред истекот на рокот на важност на дозволата, производителот на фиwww.p
скална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, може да побара од Министерството за финансии продолжување на рокот на важноста на дозволата за четири години. Производителот на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, е должен редовно да обезбедува резервни делови, техничка помош, сервисирање и превентивна проверка на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, десет години од денот на истекот на рокот на важност на дозволата на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување. Министерот за финансии го пропишува начинот за одобрување и продолжување на дозволата на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, а според членот 21 на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 115/2014), подзаконскиот пропис ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот, значи до 8 септември 2014 година. поред членот 22 на Законот за измеС нување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 115/2014), производителите на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, кои се стекнале со дозволи за одобрување на производство и користење на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување треба да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на законот, значи до 8 октомври 2014 година. Доколку имателите на дозвола не го усогласат своето работење до истекот на овој рок, дозволата ќе им се одземе.
roagens.mk
ФИСКАЛИЗАЦИЈА
о измената на членот 17 на законот, доС колку производителот на одобрениот модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, не се придржува кон пропишаните услови за работа и банкарската гаранција што се утврдени во членовите 16 и 16-а на законот, министерот за финансии ќе ја одземе издадената дозвола за одобрување на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, на начин што ќе го утврди со подзаконски акт во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот, значи до 8 септември 2014 година.
Банкарска гаранција Со измената на делот од одредбата на членот 16 алинеја прва на законот се избриша вредноста на банкарска гаранција „во висина од 500.000 американски долари“, која е пропишана како обврска за производителот на соодветен модел на фискална апаратура, односно на интегриран автоматски систем на управување.
еѓутоа, пропишани се нови детални М членови 16-а и 16-б во законот во врска со условите на банкарската гаранција на производителот. роизводителот на фискален систем на П опрема е должен да ја обезбеди банкарската гаранција за целиот период на важност на одобрувањата за производството и користењето на соодветни модели на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, како и за период од десет години по денот на истекот на рокот на важност на важечкото одобрување на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување. зносот на банкарската гаранција се меИ нува во зависност од бројот на продадени фискални апаратури, односно интегрирани автоматски системи на управување со кои производителот учествува на пазарот. Пред издавањето на првата дозвола за одобрување на производството и продажбаINFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
та на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, производителот е должен да обезбеди банкарска гаранција со важност од две години од денот на добивањето на одобрувањето на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура во висина од 300.000 евра. По истекот на рокот на важност на оваа банкарска гаранција, производителот на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување е должен на секои две години да обезбеди нова банкарска гаранција со важност од две години. Вредноста на следните банкарски гаранции, кои се обезбедуваат по истекот на првите две години од денот на добивањето на одобрувањето на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура и секоја наредна банкарска гаранција по истекот на претходната, се утврдува во зависност од бројот на фискални апаратури, односно интегрирани автоматски системи на управување со кои производителот на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување учествува на пазарот и тоа: - 100.000 евра за продадени до 10.000 фискални системи на опрема; - 200.000 евра за продадени од 10.001 до 20.000 фискални системи на опрема; - 300.000 евра за продадени од 20.001 до 30.000 фискални системи на опрема; - 400.000 евра за продадени од 30.001 до 40.000 фискални системи на опрема; - 500.000 евра за продадени од 40.001 до 50.000 фискални системи на опрема и - 600.000 евра за продадени над 50.000 фискални системи на опрема. Производителот на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување е должен да ја приложи следната банкарска гаранција до Министерство-
65
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
то за финансии најмалку 30 дена пред истекот на важноста на претходно приложената гаранција. Доколку поради делумно активирање на банкарската гаранција, нејзиниот износ се намали под горенаведениот износ утврден во согласност со членот 16-а, производителот е должен да го дополни износот на банкарската гаранција до полниот пропишан износ во рок од 30 дена од денот на делумното активирање на банкарската гаранција. Доколку производителот на одобрениот модел на фискална апаратура не се придржува кон горенаведените услови утврдени во членовите 16 и 16-а на законот, Министерството за финансии ќе ја активира банкарската гаранција целосно или делумно со цел надоместување на материјалната штета.
Г лоби
66
Со новододадениот член 21-г на законот се прошируваат прекршочните одредби со глоби за производителите на фискален систем на опрема. Така, пропишана е глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок за производителот на фискален систем на опрема и глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за одговорното лице, ако производителот: 1. не обезбеди банкарска гаранција во пропишаните рокови; 2. не обезбеди редовно резервни делови, техничка помош и сервисирање; 3. не обезбеди три сервисни центри во Република Македонија, како и сервисен центар во регионална дирекција, на чие подрачје се продадени над 1.000 фискални системи на опрема; 4. не изврши поправка или замена на фискалната апаратура во текот на 72 часа од барањето за интервенција од корисникот на апаратурата на самото место или во сервисниот центар.
02/ 3162-979 i 3298-763 www.p
5. ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОНТРОЛНИ ТЕЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРОВЕРКА И КОНТРОЛА НА ФИСКАЛНИТЕ СИСТЕМИ НА ОПРЕМА Со последната законска промена, постапката за избор на контролни тела за вршење на проверка и контрола на фискалните системи на опрема е доуредена и прецизирана, преку измена на членот 19-а и пропишување на два нови члена 19-б и 19-в. Претходно, во стариот член 19-а на законот, беше уредено дека контролата и проверката на функционалните и технички карактеристики на фискалниот систем на опрема ги вршат независни акредитирани правни лица овластени од министерот за финансии, кои ги исполнуваат условите кои се однесуваат на опремата, кадарот, локациските и просторните услови, како што е пропишано од министерот за финансии, додека изборот на правното лице се врши по претходно објавен јавен повик во најмалку два дневни весници што излегуваат на територијата на Република Македонија и во „Службен весник на Република Македонија“. Според членот 23 на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 115/2014), правните лица кои се стекнале со овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на законот, значи до 8 октомври 2014 година. Доколку имателите на овластување не го усогласат своето работење до истекот на овој рок, овластувањето ќе се одземе.
слови за избор на независни У контролни тела Според изменетиот член 19-а на законот, контролата и проверката на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема ги вршат независни
roagens.mk
ФИСКАЛИЗАЦИЈА
акредитирани правни лица овластени од министерот за финансии за период од пет години, кои ги исполнуваат долунаведените пропишани услови.
- д а располага со опрема за испитување на степен на заштита, испитување на удари и потискување, испитување на температурните и атмосферските влијанија, испитување на запаливост, испитување на напојувањето и протокот на струја, испитувањето на влијание од електромагнетни полиња и друго;
властувањето од министерот за финансии О може да се издаде на правно лице, кое ги исполнува следниве услови: - д а е регистрирано за вршење на дејноста во Централниот регистар на Република Македонија; - д а не е во постапка на стечај или ликвидација;
- д а има план и начин на вршење на проверката и контролата на системот на фискалната апаратура како и обемот на истата и
- д а нема неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- д а не врши советодавна активност за субјектите над кои врши контрола.
- в о моментот на поднесување на барањето за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност; споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност, додека траат последиците од прекршочната санкција и споредната казна; - д а е акредитирано за контрола на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, согласно барањата за акредитација на контролни тела; - д а располага со соодветни простории за работа; - д а има вработено најмалку три лица со високо образование од областа на електроника и информатика, кои имаат најмалку пет години работно искуство во областа;
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
Постапка за избор на контролни тела
Според новиот член 19-б на законот, за издавање на овластување на независни акредитирани правни лица за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема, заинтересираните субјекти доставуваат барање за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема до Министерството за финансии со докази за исполнетост на пропишаните услови, како и увид во својата организациска структура и ценовник по кој ќе ги наплатуваат услугите. Барањето го разгледува Комисија формирана од министерот за финансии за проверка на поднесена документација од правни лица кои поднеле барање за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема. Комисијата е составена од пет членови од кои претседател на комисијата и еден член кои ги номинира Министерството за финансии, двајца членови кои ги номинира Управата за јавни приходи и еден член кој го номинира Министерството за информатичко општество и администрација и нивни заменици кои ги номинираат соодветните институции.
67
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
а предлог на Комисијата, министерот Н за финансии издава решение за издавање на овластување за контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема на правното лице за кое ќе се утврди дека ги исполнува пропишаните услови. Министерот за финансии ќе ја пропише формата и содржината на барањето и потребната документација за исполнување на пропишаните услови во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот, значи до 8 септември 2014 година, според членот 21 на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 115/2014).
О бврски на овластеното контролно тело Според новиот член 19-в на законот, правното лице овластено за контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема е должно да ги исполнува пропишаните услови во текот на целиот период на важност на овластувањето.
68
Овластеното контролно правно лице е должно да не наплаќа цени повисоки од цените за услугите доставени во прилог на барањето за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема. Доколку од страна на Управата за јавни приходи биде утврдено спротивно постапување, за констатираната неправилност се известува Министерството за финансии, кое донесува решение за одземање на овластувањето за контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема од правното лице. Против ова решение, правното лице може да поведе управен спор.
www.p
6. ОСТАНАТИ ЗАКОНСКИ ПРОМЕНИ
Читач на платежни картички
Со последната законска промена, избришана е одредбата на член 3 став 2 алинеја 4 на законот, според која фискалната апаратура се состои и од читач на платежни картички. Ова е извршено поради тоа што во праксата читачот го обезбедуваат банките.
Комуникација со серверот на УЈП Со пропишување на нов член 3-б во законот е регулирано дека даночниот обврзник е должен преку мрежата на мобилните оператори да обезбеди постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи.
Членот 21 став 1 во рамки на прекршочните одредби на законот е проширен со нова алинеја 7, според која е пропишана глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност за даночниот обврзник-правно лице, ако не обезбеди постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи преку мрежата на мобилните оператори.
длука на Владата на РМ О за ослободување од обврската за имплементирање на интегриран автоматски систем за управување Со измената на членот 9-а на законот, се овозможува Владата на РМ, тргнувајќи од техничките и функционалните карактеристики на фискалните системи на опрема и специфичностите на одредени дејности, активности или трансакции, на предлог на министерот за финансии, да донесе одлука за ослободување од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување (GPRS терминал и крипто модул), и/или на фискална апаратура, што досега беше уредено како целосно ослободување од комплетниот фискален систем на опрема.
roagens.mk
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ
ИЗМЕНИ ВО ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ СО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА I. УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 113/14, во сила од 06.08.2014 година објавени се:
- З аконот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, - З аконот за изменување и дополнување на Законот за работните односи
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
- З аконот за дополнување на Законот за здравственото осигурување, - З аконот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и - З аконот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Новите решенија што ги поврзуваат сите овие закони, иницијално се внесени во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со неизбежни рефлексии врз останатите, бидејќи се однесуваат на вклучување во систем на задолжително пензиско - инвалидско и здравствено осигурување на лица кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, доколку тој надоместок во еднократен или во збирен износ по повеќе договори е повисок од износот на минималната нето плата. Новите решенија за плаќање на придонеси за ПИО и здравство на надоместоците остварени по основ на договор за дело, авторски договори или други договор, во сите наведени закони, започнуваат со примена од 1 јануари 2015 година. 1 Во продолжение е даден осврт на измените на Законот за здравственото осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. 1
* Правен советник
d_jacimovic@proagens.com.mk
Подетално за стапките на придонесите за ПИО и здравство и начинот на нивното пресметување, како и за обврзниците за пресметка и уплата на придонесите по основ на овие договори види на стр. 37 од овој Информатор. Измените во Законот за работните односи, се дадени во посебен текст на стр. 55 од овој Информатор, при што е даден и посебен осврт на новите обврски на работодавачот за плаќање на придонеси на надоместоците по основ на посебни договори (договор за дело, авторски договор или друг договор).
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
69
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
II. ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ Дополнувањето на Законот за здравственото осигурување, со примена која треба да започне од 1 јануари 2015 година, како што веќе е напоменато е мотивирано од потребата за усогласување со измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Конкретно, со ова дополнување се проширува членот 5 од Законот за здравственото осигурување кој ги дефинира осигурениците т.е. лицата кои подлежат под задолжително здравствено осигурување, а од 1 јануари 2015 осигуреник ќе биде и:
70
> Лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.
III. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ Нови решенија со примена од 1 јануари 2015 година Со измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, чија примена започнува од 1 јануари 2015 година, се воведува нова категорија на осигуреници кои ќе се опфатат со задолжително пензиско и инвалидско осигурување а тоа се граѓани кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор. Така, членот 11 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување во кој таксативно се наброени осигурениците на задолжително пензиско и инвалидско осигурување се проширува и на: www.p
> Лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и /или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон. Понатаму, во однос на уредување на пензиско-инвалидскиот статус на оваа нова категорија на осигуреници, следуваат следните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување: - З а утврдување на пензиската основа на новите осигуреници ќе се зема надоместокот кој служи како основа за плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување (дополнување на член 28-а). - О вие лица не се задолжителни членови на вториот пензиски столб (дополнување на член 118 став 2). - С војството на осигуреник се воспоставува врз основа на пријава за осигурување што ја поднесува: > р аботодавачот за лицата за кои исплаќа надоместок врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон, односно > л ицата, доколку надоместокот врз основа основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон. (дополнување на член 125). Уште едно ново решение кое ќе започне да се применува од 1 јануари 2015 година се однесува на воведување на ревизија во однос на сите решенија со кои е утврдено право од пензиското и инвалидското осигурување (нов член 132-а).
roagens.mk
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ
Ревизијата ќе ја врши Одделение за ревизија на решенија со кои се утврдуваат права од пензиското и инвалидското осигурување во Стручната служба на Фондот. Истата се врши во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решението. Фондот поблиску го уредува начинот на вршењето на ревизијата. За извршената ревизија Фондот доставува месечен извештај до Министерството за труд и социјална политика.
Ново решение со примена од 1 февруари 2015 година Целосно ново решение претставува и член 207-а со кој се воведува обврска на Фондот за ПИО почнувајќи од 1 февруари 2015 година два пати годишно и тоа најдоцна до 15 февруари и најдоцна до 15 јули секоја година да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник. За почеток овие податоци ќе се доставуваат преку работодавачот кој е и обврзник за доставување на податоци кои се водат во матичната евиденција на Фондот (кој по добивањето на прегледот ќе биде должен веднаш на осигуреникот да му го достави во хартиена или електронска форма, во спротивно ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра), а од јуни 2015 година ќе се овозможи електронски пристап на осигурениците во увидот на податоците. Во целиот процес ќе се применуваат прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци.
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
IV. ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ
Реперкусии од измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои во задолжително социјално осигурување се вклучуваат и лицата кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор, се рефлектираат и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во делот на дефинирање на категоријата: „невработени лица и други лица кои бараат работа“ (член 53), а за кои Агенцијата за вработување води евиденција (регистар). Со измената се утврдува дека: > Н евработено лице или друго лице кое што бара работа не може да биде евидентирано во регистрите доколку има склучено договор за дело, авторски договор или друг договор за кој се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон за периодот за кој е склучен договорот.
kontakt@proagens.com.mk
71
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ИНФОРМАЦИЈА
В
ДОЛГ НА ЦЕНТРАЛНА ВЛАДА (КОНСОЛИДИРАН) ЗАКЛУЧНО СО 31 ЈУЛИ 2014 ГОДИНА
о изминатиот период задолжувањето на Владата на РМ, беше постојана тема на дискусија во јавноста. За едни задолжувањето имаше засилено темпо и зголемен обем, за другите, се работеше за редовна финансиска активност и спроведување на политиките на Владата. Во продолжение го презентираме Прегледот (скратена форма) објавен на интернет страницата на Министерството за финансии: www.finance.gov.mk. Овој Преглед дава изворни информации од кој може да се анлизира трендот на задолжувањето од 2001 година, до крајот на јули 2014 година. Оставаме секој сам да направи анализа, користејќи ги презентираните податоци. Долг на Централната Влада (консолидиран) заклучно со 30.07.2014 година
(во милиони EUR)
Основ
72
Надворешен долг на Централна влада Централна влада Јавни фондови Внатрешен долг на Централна влада Структурни обврзници Обврзници за санација на Стопанска банка Обврзници за селективни кредити Обврзници за приватизација на Стопанска банка Обврзници за старо девизно штедење Обврзници за денационализација (I-XI емисија) Континуирани државни хартии од вредност Дел на Трезорски акции за монетарни цели Вкупен долг на Централна влада Бруто домашен производ Просечен извоз Надворешен долг на Централна влада како % од вкупен долг на Централна влада Внатрешен долг на Централна влада како % од вкупен долг на Централна влада Вкупен долг на Централна влада како % од бруто домашен производ Вкупен долг на Централна влада како % од извоз
2001
2002
2003
2004
2005
2006
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014 31.07.
1.191,9 1.089,0 1.005,5
993,2 1.245,4 1.025,2
877,2
921,2 1.105,3 1.173,8 1.582,1 1.612,5 1.591,9
2.080,5
1.144,1 1.050,4
962,3 1.208,0
886,7 1.074,4 1.146,5 1.558,4 1.592,5 1.591,9
2.080,5
981,0
841,8
47,8
38,6
972,6 33,0
30,9
37,4
43,3
35,4
34,6
30,9
27,3
23,6
681,5
626,9
593,6
589,8
603,5
648,2
552,8
465,5
491,7
536,8
681,5
626,9
593,6
557,9
533,5
479,7
396,3
343,5
282,5
48,1
42,7
37,2
31,9
26,6
21,3
0,0
0,0
17,0
17,0
17,0
16,9
17,0
17,0
17,0
111,6
103,0
94,4
85,8
77,2
68,7
504,9
462,4
408,9
357,7
306,5
0,0
1,9
36,2
65,6
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
20,0
0,0
0,0
506,7
932,0 1.165,1
1.223,3
226,1
152,1
126,8
103,2
77,1
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
16,9
16,9
16,9
16,9
16,9
16,9
16,8
60,1
51,5
42,9
34,3
27,9
19,3
10,7
4,3
254,9
203,9
152,9
101,9
51,0
0,0
0,0
0,0
0,0
106,2
117,8
115,4
122,2
120,7
124,0
107,3
90,6
75,6
56,0
31,9
70,0
168,6
156,5
122,0
209,2
310,6
354,6
805,2 1.061,9
1.146,2
0,0
0,0
75,9
75,5
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
0,0
1.873,4 1.715,9 1.599,1 1.583,0 1.848,8 1.673,4 1.430,0 1.386,7 1.596,9 1.710,6 2.088,8 2.544,5 2.757,0
3.303,8
3.839,0 4.001,0 4.217,0 4.442,0 4.814,0 5.231,0 5.965,0 6.720,0 6.703,0 7.057,0 7.504,0 7.521,0 7.681,0
8.088,0
1.290,0 1.180,5 1.203,2 1.345,0 1.642,9 1.914,0 2.472,2 2.692,6 1.933,0 2.492,8 3.179,0 3.093,0 3.206,0
3.506,0
63,6%
63,5%
62,9%
62,7%
67,4%
61,3%
61,3%
66,4%
69,2%
68,6%
75,7%
63,4%
57,7%
63,0%
36,4%
36,5%
37,1%
37,3%
32,6%
38,7%
38,7%
33,6%
30,8%
31,4%
24,3%
36,6%
42,3%
37,0%
48,8% 42,9% 37,9% 35,6% 38,4% 32,0% 24,0% 20,6% 23,8% 24,2% 27,8% 33,8% 35,9% 40,8%
145,2% 145,4% 132,9% 117,7% 112,5%
www.p
87,4%
57,8%
51,5%
roagens.mk
82,6%
68,6%
65,7%
82,3%
86,0%
94,2%
СТАТУСНО ПРАВО
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИЗЈАВА КОН ГОДИШНАТА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
С
о Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 115 од 1 август 2014 година и влезен во сила на 9 август 2014 година, извршени се две важни измени на овој закон.
Изјава за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
Во Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица (во натамошниот текст: Закон)1 се внесува нов член 23-б, под насов: „Изјава за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи“, со кој се утврдува обврска за субјектите во прилог на секоја годишна сметка и финансиските извештаи да поднесуваат и Изјава за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи дадена под морална, материјална и кривична одговорност. Притоа, зависно од начинот на поднесувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, се утврдува дека, кога: - г одишната сметка и финансиските извештаи се поднесуваат во хартиена форма, се доставува изјава потпишана од застапникот по закон, односно - г одишната сметка и финансиските извештаи се поднесуваат во електронска форма, изјавата која е нивен составен дел се потпишува со електронски потпис.
Бесплатен упис на адреса на електронско сандаче во ЦРМ до крајот на годината
* Правен советник
Се дава можност за пријавите за упис поднесени од 9 август 2014 година (како ден на влегување во сила на измената на Законот за едношалтерскиот систем) па до 31 декември 2014 година, уписот на адресата на електронското сандаче за прием на писмена да се врши без надоместок, освен за пријавата за упис на промена на адреса на електронско сандаче (член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица).
d_jacimovic@proagens.com.mk
1
“Службен весник на РМ”, бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11 и 70/13 и 115/14 (У. суд 17/09 и У. суд 28/10.)
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
73
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ВАЖНО: Потсетуваме дека од 1 јануари 2015 годин ѓе се бришат од трговскиот регистар трговци поединци и трговски друштва ако не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно со членот 21 став 4 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица. Бришењето е предвидено со 552-б од Законот за трговските друшта (со измената на ЗТД објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 38/14). Постапка за бришење ја поведува ЦРМ по службена должност. Инаку, членот 21 став 4 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица, ја уредува обврската за пријавување за упис на адресата на електронското сандаче за прием на писмена, а од 9 август 2014 година и пријавување на секоја промена на адресата на електронското сандаче.
74
www.p
roagens.mk
ЗАДРЖАН ДАНОК
ИНФОРМАЦИЈА
РАТИФИКУВАН ДОГОВОР ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО ИНДИЈА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 131 од 4 септември 2014 година е објавен нов Закон за ратификација на:
- Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Индија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход.
Одредбите на новиот договор се важни од аспект на задржаниот данок на одредени приходи што ги остваруваат странски правни лица, поточно на примената на даночните олеснувања и ослободувања што ги овозможува договорот (преку спроведување на пропишаната процедура со Правилникот за данокот на добивка пред исплатата на приходот), кои имаат предност пред националната легислатива. Според член 30 од договорот, државите договорнички ќе се известат една со друга пре-
ку дипломатски пат, на писмено, за исполнувањето на внатрешните законски процедури потребни за влегување во сила на овој договор. Договорот ќе влезе во сила на денот на приемот на последното од овие известувања. Договорот ќе се применува на или после 1-ви јануари во календарската година што следува по годината во која договорот влегува во сила (на пример, ако процедурата за ратификација и во двете држави договорнички е завршена, при што секоја од државите, по дипломатски пат, ја известила другата држава договорничка за ратификацијата, со тоа што последното /второто/ известување е со датум до крај на 2014 година, договорот ќе почне да се применува од 2015 година.) Министерството за надворешни работи ќе го објави датумот на почетокот на примена на горенаведениот договор во “Службен весник на РМ”.
Преглед на даночните стапки за приходите од авторски права, камати, дивиденди и други приходи Договор склучен меѓу Р. Македонија и ИНДИЈА Држава
Предмет на договор
ИНДИЈА 1) Персонал. данок 2) Данок на добивка
Приходи од авторски права (член 12)
Приходи од камата (член 11)
10% од бруто износ на приходи од авторски права ИЛИ надоместоци за технички услуги (надоместок за менаџерски или технички или консултантски услуги, услуги на технички и др. персонал - различни од приходите од самостојни лични услуги- чл. 14 и личните примања од работен однос-чл. 15)
10% од вкупен износ или 0% ако стварен корисник е: 1) Владата, политичка подединица или локална власт; 2) Банката за резерви на Индија, Експорт-Импорт банката на Индија и Националната банка за домување; 3) било која друга институција за која дополнително може да се договорат надлежните органи на државите преку размена на писма
INFORMATOR 9 I SEPTEMVRI 2014
Приходи Други приходи од (член 21) дивиденда (член 10) 10% 0% од бруто Исклучок: износ Се оданочуваат приходите остварени во РМ од лотарија, вкрстени сложувалки, трки и трки со коњи, игри со карти и др. обложувачки игри
75