2014
www.proagens.mk
8
INFORMATOR
AVGUST
2014
2014 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS
Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V
Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV
Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 26.07.2014 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:
Informacija:
M-r Pavle GACOV
Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.
Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik
Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:
D-r Zoran MINOVSKI
D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
8 S O D R @ I N A: ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
www.proagens.mk
1) НОВЕЛИРАЊЕ НА РЕЖИМОТ НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРИДОНЕСИ НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
7
РАБОТНИ ОДНОСИ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 2) ИНФО ЗА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ КОИ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ СО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА
12
СТРАНСКИ ДОНАЦИИ 3) ЗАПОЧНА ПРИМЕНА НА ДАНОЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ ПРИ ПРОМЕТ ЗА ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ СО СТРАНСКИ ДОНАЦИИ
16
НОВИНИ ДДВ 4) ДОНЕСЕНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ СО КОЈ СЕ ПРОШИРУВА ЛИСТАТА НА ПОВЛАСТЕНИ ПРОМЕТИ НА ДОБРА
22
РЕФЕРЕНТНА И КАЗНЕНА КАМАТА 5) РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА НА НБРМ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНАТА КАМАТА ЗА ПЕРИОДОТ: 1 ЈУЛИ - 31 ДЕКЕМВРИ 2014 ГОДИНА ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА
29
ИНФОРМАЦИИ - ГОДИШНА СМЕТКА 6) НОВИ „ДЕ“ ОБРАСЦИ - ПОСЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДРЖАВНАТА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2014 ГОДИНА
32
ИНФО - ФИСКАЛИЗАЦИЈА 7) ОДЛОЖУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ (GPRS ТЕРМИНАЛ И КРИПТО МОДУЛ) - ПРЕДЛОГ - ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА 34 УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 8) ИЗДАВАЊЕ НА СОБИ, АПАРТМАНИ И КУЌИ ОД СТРАНА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ОД МАЛ ОБЕМ
35
8
S O D R @ I N A: ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 9) НОВОДОНЕСЕНИ ДЕВИЗНИ ПРОПИСИ (НОВИ ОБРАСЦИ: ВС 11, ВС 22, МИ, КИПО, ВХВ 1 и ВХВ 2)
43
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ 10) ОБИД ЗА ОДГОВОР НА ДИЛЕМИ ОКОЛУ ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА
45
УСТАВЕН СУД НА РМ 11) УКИНУВАЊЕ НА ОДРЕДБА ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ПОРАДИ НЕПРИМЕНЛИВОСТ
52
РАБОТЕН ОДНОС 12) ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
53
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ 13) РАБОТЕЊЕ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
68
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМАЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
М-р Павле ГАЦОВ
НОВЕЛИРАЊЕ НА режимот на ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРИДОНЕСИ НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
Р
еализацијата на она што беше најавено лани, ќе се оствари од почетокот на 2015 година. Се работи за вклучување на надоместоците остварени по основ на: - договор на дело и/или
те обиди приходите од извршена физичка и/ или интелектуална работа да се „спакуваат“ како нешто различно во однос на приходите по основа на „договор на дело“ и/или „авторски договор“
- авторски договори или
Проширување на обврзниците и основата за плаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување - Предлог
- друг договор, во режимот на оданочување со двата водечки социјални придонеси: - придонесот за ПИО и
Важно:
- придонесот за здравство. Напомена:
Напоменуваме дека текстот во продолжение е од информативен карактер и истиот не се темели на официјално објавен пропис. Конечните решенија можат да бидат во целост различни од оние на кои се темели нашиот коментар.
Од 2015 година, стапката на придонесот за ПИО треба да се намали на 17,6% (наместо сегашната стапка од 18%), додека стапката на придонесот за основно здравство останува непроменете (7,3%). За утеха, за овие надоместоци не е предвидено пресметувања на придонес за дополнително здравство (стапка од 0,5%) и придонес за вработување (стапка од 1,2%). Ваквите констатации произлегуваат од Предлог измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој како 28 точка се наоѓа на дневен ред на 10-тата седница на Собранието на РМ чиј почеток беше закажан за 23 јули 2014 година. Уште на почетокот да апсолвираме дека на овие надоместоци се пресметува персонален данок на доход (овој данок ќе се пресметува и во режимот на пресметување на социјалните придонеси од 2015 година) и дека новото решение нема да се однесува на другите видови договори (за закуп, на пример). Категоријата „друг договор“ е употребена за да се елиминираат евентуалниINFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Со предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши опфат на надоместоците по основ на авторски и/или договор на дело или друг договор во режимот на пресметување на социјални придонеси.
Датум на примена
Се предлага новото решение да се применува од 1 јануари 2015 година.
НОВА категорија на обврзници за плаќање на придонесите за пензиско и инвалидско и здравствено осигурување Законот дефинира нова категорија на обврзници за плаќање на социјалните придонеси по основ на остварени приходи од извршување физичка и/или интелектуална ра-
7
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
бота, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. Се работи за,
и/или договор на дело или друг договор претставува бруто надоместокот утврден во договорот, кој се состои од:
Лицата кои остваруваат приходи од извршување на физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е ПОВИСОК од месечниот износ на минимална плата утврдена со закон.
- п ридонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување,
Месечниот нето износ на минималната плата за 2015 година изнесува 9.590 денари. (член 4 став 1 од Законот за минимална плата во Република Македонија - 30/2014)
8
Ако лицата остваруваат приходи од ПОВЕЌЕ ДОГОВОРИ (кои аконтативно се исплатуваат во износ ПОНИЗОК од месечниот износ на минималната нето плата) ќе станат обврзници за плаќање на придонес за ПИО и здравство кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон. Законодавецот не прави разлика од аспект на работно-правниот статус на лицата кои остваруваат приходи по основ на договор на дело и авторски договор, во смисла дали овие лица се во работен однос и за нив работодавачот пресметува и плаќа социјални придонеси. Важно:
Од листата на обврзници се изземени корисниците на пензија согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување.
Дефинирање на бруто надоместокот како основица за пресметување на двата водечки социјални придонеси Основицата за пресметување на придонесите за ПИО и здравство на надоместокот остварен по основ на авторски договор www.p
- нето надоместокот,
- п ридонесот за задолжително здравствено осигурување и - персоналниот данок на доход. Кај авторските надомести, бруто износот на надоместокот се добива по претходно намалување за признатите трошоци утврдени во Законот за персоналниот данок на доход.
Обврзници за пресметка и уплата на придонесите и Известување до УЈП за извршените исплати 1) Правни лица - исплатувачи како обврзници за пресметка и уплата на придонесите - за надоместоци повисоки од минималната нето плата Кога нето износот што се исплатува е ПОВИСОК од месечниот износ на минималната нето плата, обврзници за пресметка и уплата на придонесите се правните лица - исплатувачи на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. Правното лице исплатувач на надоместок доставува Месечен извештај до УЈП со опфат на двата случаи: а) кога усплатува надоместок повисок од минималната плата и за тоа плаќа социјални придонеси и б) кога исплатува надоместок понизок од минималната плата и за тоа не пресметува и не плаќа социјални придонеси. а) За лицата за кои правното лице е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување равното лице-исплатувач е должно најП доцна до 15-ти во месецот за претходни-
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМАЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
от месец на Управата за јавни приходи да и доставува Месечен извештај за износот на:
се обврзници за ПРЕСМЕТКА на придонесите кога се работи за:
- б руто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор,
- л ица кои приходите ги остваруваат врз основа на склучени договори со физички лица и
- исплатениот нето надоместок,
- л ица кои остваруваат приходи од повеќе договори кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.
- п ресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување за лицата за кои правното лице е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување. б) За лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе Правното лице-исплатувач на надоместоци пониски од минималната плата, до 15-ти во месецот за претходниот месец на Управата за јавни приходи и доставува Месечен извештај за износот на: - и зносот на бруто надоместокот утврден в о договорот за дело, авторскиот договор или друг договор и исплатениот нето надоместок на лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе, за секој обврзник за плаќање поединечно. Формата и содржината на Извештајот ја пропишува Министерот за финансии. Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за пресметка на придонесите-правно лице доколку во пропишаниот рок не го достави Извештајот до Управата за јавни приходи
2) Фондовите како обврзници за пресметка на придонесите Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Во претходните два случаја самите физички лица се обврзници за уплата на придонесите сами за себе. Во случаите кога обврзници за уплата на придонесите се лицата сами за себе, истите се должни договорот за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместокот да го достават до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија кој по службена должност доставува евиденција до Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Г лоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Највисока основица за пресметување и уплата на придонесите Највисоката месечна основица ги вклучува сите примања на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос заедно со примањата по основ на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, остварени во тековниот месец. Согласно со членот 16 став 1 од Законот за придонеси, највисоката месечна основица за пресметување на придонесите е износот на шест просечни бруто плати.
9
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Пресметка на надоместот од нето до бруто износ 1) Пресметка на надоместот по основ на договор на дело и друг договор Персонален данок на доход = Нето надомест х 11,1111% Бруто надомест = (Нето надомест + ПДД) : 0,751 1
2) Пресметка на надоместот по основ на авторски договор Персонален данок на доход = Нето надомест х Пресметана стапка (соодветна на видот на авторск. дело) Бруто надомест = (Нето надомест + ПДД) : 0,751
Шема за пресметување на надоместот по основ на договор на дело и друг договор 1) Бруто надомест 2) Придонес за ПИО (ред. бр. 1 х 17,6%) 3) Придонес за здравство (ред. бр. 1 х 7,3%) 4) Вкупно придонеси (ред. бр. 2 + ред. бр. 3) 5) Бруто надомест минус Придонеси (ред. бр. 1 - ред. бр. 4) 6) Персонален данок на доход (ред. бр. 5 х 10%)
10
7) Нето надомест (ред. бр. 1 - ред. бр. 4 - ред. бр. 6)
Шема за пресметување на надоместот по основ на авторски договор 1) Бруто надомест 2) Придонес за ПИО (ред. бр. 1 х 17,6%) 3) Придонес за здравство (ред. бр. 1 х 7,3%) 4) Вкупно придонеси (ред. бр. 2 + ред. бр. 3) 5) Бруто надомест минус Придонеси (ред. бр. 1 - ред. бр. 4) 6) Признати трошоци соодветно на авторскиот договор (25%, 30%, 35%, 50% и 60%) 7) Даночна основа за персоналниот данок на доход (ред. бр. 5 - ред. бр. 6) 8) Персонален данок на доход (ред. бр. 7 х 10%) 9) Нето надомест (ред. бр. 1 - ред. бр. 4 - ред. бр. 8) Согласно со членот 41 на Законот за персоналниот данок на доход, при утврдувањето на нето приходот од авторски права и права од индустриска сопственост се признаваат следниве нормирани трошоци: 1) 60% од бруто приходот 1
- з а вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, 2) 50% од бруто приходот - з а уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во
Коефициентот 0,751 се добива со намалување на 1 за износот на коефициентите на придонесите што ќе се применуваат во 2015 година [1 - (0,176 + 0,073)] = 0,751. www.p
roagens.mk
ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - НОВ ТРЕТМАН НА АВТОРСКИТЕ И НАДОМАЕСТОЦИТЕ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО
техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично) и - з а сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста, 3) 30% од бруто приходот - з а изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, бале-
тот, операта и театарско и филмско актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија и - з а преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби, 4) 25% од бруто приходот - з а изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и - з а други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се опфатени во претходните точки. Напомена:
На обврзникот, по негово барање, наместо нормираните трошоци, му се признаваат стварните трошоци ако може документирано да ги докаже.
Преглед на пресметаните стапки за пресметување на ПДД кои се применуваат на нето надоместоците (без ПДД) Нормирани трошоци 25% 30% 50% 60%
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Пресметана стапка 8,108% 7,527% 5,263% 4,167%
11
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s” Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
ИНФО ЗА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ КОИ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ СО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА I. ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА 1) ЗАМИНУВАЊЕТО ВО ПЕНЗИЈА ПО ЖЕЛБА НА РАБОТНИКОТ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ ДО ТРИ ГОДИНИ - ВО СИЛА (ПРИМЕНА) ОСМИОТ ДЕН
В 12
ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“
о скратена собраниска постапка како 15-та точка на дневен ред на 10-тата седница на Собранието на РМ се предлагаат измени и дополнувања на Законот за работните односи (ЗРО). Измените на Законот ќе влезат во сила осмиот ден од денот на објавувањето, со исклучок на членовите 7 и 8 чија примена е одложена од 1 јануари 2015 година (овие измени се коментирани во следната, втора точка на овој наслов). Во рамки на предлогот се врши измена на членот 104 од ЗРО кој го уредува прекиниот на договорот за вработување поради возраст на работникот. Основната одредба од членот 104 став 1 дека работодавачот го прекинува договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж останува непроменета. Но, актуелниот став 2 од член 104 кој утврдува дека работодавачот, на барање на работникот може да му го продолжи договорот за вработување најмногу до 65 години возраст, се менува со нови решенија со кои се предвидува дека: - Р аботникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена), доколку со закон поинаку не е утврдено.
www.p
- П исмената изјава работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување, а за секое натамошно продолжување на договорот за вработување изјавата ја дава еднаш годишно а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година. - Работодавачот е должен по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно најмногу до 65 години возраст (жена). Се предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за работодавач ако не го продолжи договорот за вработување на барање на работникот, односно од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност доколку по истекот на рок од седум дена од денот на утврдувањето на неправилност не го продолжи договорот за вработување 2) РАБОТОДАВАЧОТ ПЛАЌА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ОД ПОСЕБНИ ДОГОВОРИ (ДОГОВОР НА ДЕЛО/АВТОРСКИ ДОГОВОР/ДРУГ ВИД НА ДОГОВОР) - ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА Со оглед на тоа што се врши измена на повеќе закони со кој во задолжително социјално осигурување се опфаќаат и лицата кои остваруваат приходи по основ на дого-
roagens.mk
РАБОТНИ ОДНОСИ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
вор на дело или авторски договор, се врши усогласување и на ЗРО со останатите закони од областа на социјалното осигурување. Во членот 252 од ЗРО, под наслов ПОСЕБНИ ДОГОВОРИ содржана е одредба со која се предвидува дека работодавачот може со определено лице да склучи посебен договор за вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет: - с амостојна изработка или поправка на определени предмети, - с амостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа и - к ултурно-уметнички работи со лице кое врши културно-уметничка дејност. Во овој посебен договор за вршење работа, всушност го препознаваме ДОГОВОРОТ НА ДЕЛО И АВТОРСКИОТ ДОГОВОР со кој се заснова должничко-доверителниот однос меѓу работодавачот и третото лице и кој по својата правна природа е различен од договорот за вработување со кој се уредува работно-правниот однос. Актуелната обвр-
ска на работодавачот по основа на посебен договор (1 јануари 2015) се состои само во плаќање на надоместокот за извршена работа и данок: персонален данок, кога вршителот на услугата е физичко лице - вршител на самостојна дејност или услуга (односно ДДВ ако вршителот е правно лице - регистриран даночен обврзник). Но, заради усогласување со предлог-измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кои, почнувајќи од 1 јануари 2015 година, се предвидува задолжително плаќање на придонесите за ПИО и здравствено осигурување на приходи од извршена физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор на дело и/или авторскиот договор и/или друг договор, членот 252 од ЗРО за посебни договори се дополнува во истата насока, или попрецизно: Се утврдува обврска за работодавачот да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување на надоместокот за извршена работа од посебни договори, кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон.
II ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА На ист начин во скратена собраниска постапка се предлага и дополнување на Законот за здравственото осигурување, со примена која треба да започне од 1 јануари 2015 година. Дополнувањето е последица на потребата за усогласување со предложените измени во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и со него граѓаните кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, се дефинираат како лица кои подлежат на задолжителното здравствено осигурување. Конкретно со предложеното дополнување се проширува членот 5 од Законот за здравственото осигурување кој ги дефинира
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
осигурениците т.е. лицата кои подлежат под задолжително здравствено осигурување со: лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.
kontakt@proagens.com.mk
02/ 3162-979 i 3298-763
13
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
III ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Со предложените измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, за кои е предложена примена од 1 јануари 2015 година, се воведува нова категорија на осигуреници кои ќе се опфатат со пензиско и инвалидско осигурување а тоа се граѓани кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор. Така членот 11 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување во кој таксативно се наброени осигурениците на задолжително пензиско и инвалидско осигурување се проширува и на:
14
лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и /или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон. Понатаму, во однос на уредување на социјалниот статус на овие лица се предлагаат и следните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување: - За утврдување на пензиската основа на осигурениците ќе се зема надоместокот кој служи како основа за плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување (предлог - дополнување на чен 28-а).
минимална плата утврдена со закон, односно л ицата, доколку надоместокот врз основа основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон. (предлог - дополнување на чен 125). Како сосема ново решение, се предлага нов член 207-а со кој се воведува обврска на Фондот за ПИО почнувајќи од 1 февруари 2015 година два пати годишно и тоа најдоцна до 15 февруари и најдоцна до 15 јули секоја година да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник. За почеток се предлага овие податоци да се доставуваат преку работодавачот кој е и обврзник за доставување на податоци кои се водат во матичната евиденција на Фондот (кој по добивањето на прегледот ќе биде должен веднаш на осигуреникот да му го достави во хартиена или електронска форма, во спротивно ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра), а од јуни 2015 година ќе се овозможи електронски пристап на осигурениците во увидот на податоците. Во целиот процес ќе се применуваат прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци.
- Овие лица не се задолжителни членови на вториот пензиски столб (предлог - дополнување на чен 118 став 2). - Својството на осигуреник се воспоставува врз основа на пријава за осигурување што ја поднесува: работодавачот за лицата за кои исплаќа надоместок врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на www.p
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
РАБОТНИ ОДНОСИ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
IV ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Реперкусии од предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои во задолжително социјално осигурување се вклучуваат и лицата кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор, го тангираат и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во делот на дефинирање на категоријата „невработени лица и други лица кои бараат работа“ (член 53), а за кои Агенцијата за вработување води евиденција (регистар).
Со предложената измена се утврдува дека: Невработено лице или друго лице кое што бара работа не може да биде евидентирано во регистрите доколку има склучено договор за дело, авторски договор или друг договор за кој се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон.
НАЈНОВО !
Повластена можност за Полугодишна претплата на Проагенсовите изданија за 2014 година! Почитувани,
С
татусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. На колегите кои не се стекнале со ваков статус им даваме повластена можност да станат наши претплатници преку Полугодишна претплата. Во пакетот „Полугодишната претплата", покрај списанијата „Информатор" за 6 месеци (до крајот на 2014 година), вклучуваме плус: - Информатор бр. 6-12 (јуни-декември 2014) - Инфо-регистар (ажуриран за цела 2014) - 24/7 повластен пристап до скриениот дел на www.proagens.mk - б рзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку ЕДНА Ваша службена е-маил адреса - непосредни консултации од помал обем преку телефон и службено електронско сандаче - попусти на советувања и обуки - попусти на прирачници и посебни изданија и - два прирачника како подарок.
Подарок плус - ДВА Прирачници !
Со извршената полугодишна претплата за 2014 година добивате и ДВЕ изданија како ПОДАРОК - Прирачник за персоналниот данок на доход (издание од 2013 година) и Прирачник за ДДВ (издание од 2013 година). Не заборавајте дека даночните инспектори се враќаат по неколку години назад при даночните контроли. Затоа и изданијата од изминатите години треба да ви бидат секогаш при рака. Цената на полугодишната претплата изнесува 8.500 денари (со вклучено ДДВ кое имате право да го одбиете)! Поштенските трошоци се на наша сметка. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 - 0503940101 - 43 кај НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: „Претплата за 2014 година" и повикување на број: 400.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
15
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ЗАПОЧНА ПРИМЕНА НА ДАНОЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ ПРИ ПРОМЕТ ЗА ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ СО СТРАНСКИ ДОНАЦИИ
ВОВЕД
В
Д-р Рефика МУРИЌ *
16
о системот на ДДВ, прометот на добра и услуги, наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на Договор за донација (склучен помеѓу Република Македонија и странски донатори), ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци, беше „УСЛОВНО ОСЛОБОДЕН“ од ДДВ. Данокот за прометите во земјата наменети за овие проекти се пресметуваше и плаќаше, а во посебна постапка пред Министерството за финансии се вршеше негов поврат. Врз основа на член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 12/14), од 1 јули 2014 година (од кога започна со примена овој член) се воведе директно ослободување од данок на додадена вредност за промет на добра и услуги, наменети за реализација на овие проекти. сто така, даночното ослободување според членот 24-а се И однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија (од сопствени средства или од други извори на финансирање) со кој се плаќаат прометите за проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) од делегирани средства на Европската унија. Начинот на спроведување на даденото непосредно даночно ослободување е посебно пропишан со двата ПОДЗАКОНСКИ АКТИ (правилници) кои се објавија во „Службен весник на РМ“, бр. 98/14 од 30.06.2014 година а се во примена од 1 јули 2014 година: 1. Правилникот за начинот на спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеѓу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци и
* Даночен советник r_muric@proagens.com.mk
2. Правилникот за формата и содржината на фактурата, формата и содржината на пријавата, начинот на пријавување на прометот, содржината на евиденцијата на фактури која ја води надлежен даночен орган како и
www.p
roagens.mk
СТРАНСКИ ДОНАЦИИ
формата и содржината на евиденцијата за примени фактури која ја води примателот на прометот за цели на спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеѓу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци. о истиот „Службен весник на РМ“, бр. В 98/14 се уреди и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност и акцизи при увоз на добра наменети за реализација на проекти финансирани од странски донации преку, равилникот за начинот на спроведуП вање на ослободување од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност и акцизи при увоз на добра стоки наменети за реализација на проект кој се финансира со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Македонија и странски донатори, во кој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи како и формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето како и потребната документација. ако ова ослободување на увозот се приИ менува во континуитет од 2004 година, со овој Правилник, кој исто така се применува од 1 јули 2014 година, истото се доуредува.
02/ 3162-979 i 3298-763
1. Д АНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ПРОМЕТ НА ДОБРА И УСЛУГИ ВО ЗЕМЈАТА За воспоставување на контролен механизам при спроведување на даночното ослободување за промети на добра и услуги во земјата наменети за реализација на проекти кои се финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеѓу Република Македонија и странски донатор, се воведуваат наменски фактури кои содржат сериски број доделен од страна на даночниот орган. За остварување на даночното ослободување субјектот задолжен за спроведување на проектот - имплементатор на проектот до вршителот на прометот доставува копија од потврда за регистрација на проектот во Владата на Република Македонија - Секретаријат за европски прашања која ги содржи следните податоци: - н азивот на проектот на македонски и англиски јазик; - в редноста на донацијата за соодветниот проект; - д атум на започнување и датум на завршување на проектот; - и мето на имплементаторот кој е задолжен за реализирање на проектот; - и мето на лицето кое е определено како одговорно лице за реализација на проектот; - краен корисник на проектот и - д ата на договорот склучен помеѓу Владата на Република Македонија и странски донатор (со наведување на неговото име), во кој има клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во Република Македонија. Ослободувањето подетално е уредено со првиот од наведените Правилници 1, спо-
Правилник за начинот на спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеѓу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.
1
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
17
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ред кој спроведувањето на ослободувањето се остварува во неколку чекори, почнувајќи од доставување на Пријава за прометот на добра и услуги од страна на вршителот на прометот до надлежен даночен орган, по електронски пат. рз основа на податоците од пријаваВ та доставена од вршителот на прометот по електронски пат до надлежен даночен орган, надлежниот даночен орган (УЈП) генерира фактура со сериски број за промет ослободен од данок на додадена вредност по електронски пат. Вршителот на прометот, вака добиената фактура, ја печати во два примерока кои ги заверува со печат и потпис на овластеното лице и едниот примерок го доставува до субјектот задолжен за спроведување на проектот - имплементатор на проектот, најдоцна во рок од 5 работни дена од извршување на прометот.
18
о вториот Правилник 2 се пропишува С формата и содржината на ФАКТУРАТА, формата и содржината на ПРИЈАВАТА, начинот на пријавување на прометот, содржината на ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ФАКТУРИ која ја води надлежен даночен орган, како и формата и содржината на ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА ПРИМЕНИ ФАКТУРИ која ја води примателот на прометот за цели на спроведување на даночното ослободување. ријавувањето на прометот се врши на П „Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност“ (образец „ДДВ-ПЕФДО“).
ПРИЈАВАТА „ДДВ-ПЕФ-ДО“ содржи: 1. Податоци за вршителот на прометот: - д аночен број за ДДВ на вршител на промет; - с кратен назив и адреса на вистинско седиште за контакт; - телефон; - е-пошта; - деловна банка и - трансакциска сметка. 2. Податоци за проектот: - ЕДБ на проект; - назив и адреса на проект; - б рој на потврда на проект и времетраење на проект и - назив на имплементатор на проект. 3. Податоци за извршениот промет: - датум на извршен промет; - опис; - количина; - единечна цена; - в купен износ на надоместок за извршен промет (без ДДВ); - вкупно и - рок на плаќање. 4. Податоци за фактура која се сторнира: - сериски број и датум на издавање. 5. Податоци за составувачот: - назив/име и презиме; - ЕДБ/ЕМБГ; - датум на пополнување; - својство и - потпис.
Правилник за формата и содржината на фактурата, формата и содржината на пријавата, начинот на пријавување на прометот, содржината на евиденцијата на фактури која ја води надлежен даночен орган како и формата и содржината на евиденцијата за примени фактури која ја води примателот на прометот за цели на спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеѓу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.
2
www.p
roagens.mk
СТРАНСКИ ДОНАЦИИ
6. Податоци за потписникот: - име и презиме; - ЕМБГ; - датум на пополнување; - својство и - потпис. рз основа на податоците од Пријавата, В даночниот орган генерира „Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност“ (образец „ДДВФП-ДО“). Фактурата ги содржи следните елементи: - д аночен број за ДДВ на вршител на промет; - с кратен назив и адреса на вистинско седиште за контакт; - телефон; - е-пошта; - деловна банка; - трансакциска сметка; - сериски број на фактура; - датум на издавање; - место на издавање; - ЕДБ на проект; - назив и адреса на проектот; - назив на имплементатор на проект; - датум на извршен промет; - опис на извршениот промет; - количина; - единечна цена;
24-а од Законот за данокот на додадена вредност, треба да изврши сторнирање на фактурата за која е доделен сериски број, со поднесување на нова Пријава ДДВ-ПЕФ-ДО, во која треба да ги пополни само податоците за вршителот на прометот и податоците за фактурата која се сторнира. Сторнирање на издадена фактура се врши најдоцна до рокот за доставување на Годишната сметка за соодветниот даночен период за кој се однесува издадената фактура.
• Евиденција на примените фактури кај имплементаторот римателот на прометот е должен да П води ЕВИДЕНЦИЈА за примените сериски фактури по даночен обврзник. Во евиденцијата се внесуваат и примените фактури од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија, за промети за кои е користено даночното ослободување од член 24-а на Законот (кои не се фактури генерирани од УЈП и со сериски број). стата евиденција, примателот на проИ метот ја доставува до даночниот орган по електронски пат во форма на Извештај, секое календарско тримесечје, најдоцна до 25-ти во месецот по завршување на тримесечјето. Е виденцијата на примени фактури која ја води примателот на прометот се води на образец „ДДВ-EПФ“ кој содржи: 1. Податоци за примателот на прометот - имплементатор: - с кратен назив и вистинско седиште на имплементатор (примател на промет);
- в купен износ на надоместок за извршен промет (без ДДВ);
- телефон;
- вкупно;
- е-пошта;
- рок на плаќање и
- период (од...до);
- потпис и печат.
- рок за поднесување и
околку вршителот на прометот утврди Д дека пријавил неточни или нецелосни податоци и износи за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
- исправка на ДДВ-ЕПФ.
kontakt@proagens.com.mk
19
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
2. ОСЛОБОДУВАЊЕ ПРИ УВОЗОТ НА ДОБРА
2. Податоци за проектот: - ЕДБ на проект; - назив и адреса на проект и - б рој на потврда на проект и времетраење на проект. 3. Податоци за извршениот промет: - реден број; - Е ДБ/идентификационен број на вршителот на промет; - н азив и адреса на вршителот на промет; - број на фактура; - датум на издавање на фактура; - в купен износ на надоместокот за извршен промет (без ДДВ) и - вкупно. 4. Податоци за составувачот: - назив/име и презиме; - ЕДБ /ЕМБГ;
20
Даночното ослободување предвидено при увоз (како и она во земјата) за проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој се спроведува во услови на децентрализирано управување, се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање (член 27-б став 4 од Законот за ДДВ). Покрај ослободувањето од ДДВ, увозот на добра за цели на наведените проекти донирани од странски донатори и од национално кофинансирање е ослободен и од плаќање на увозни давачки и акциза.
- датум на пополнување; - својство и - потпис. 5. Податоци за потписникот: - име и презиме;
Ослободувањето поблиску е уредено со Правилникот 3 со кој се пропишува и начинот на спроведување на ослободување од плаќањето на увозни давачки, данок на додадена вредност и акцизи како и формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето и потребната документација.
- ЕМБГ; - датум на пополнување; - с војство и - потпис. Напомена:
Ослободен од ДДВ, согласно точка 42 на член 27-б од Законот за ДДВ е и увозот на добра наменети за реализација на проекти кои се финансираат со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу Република Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.
Пријавување на прометот по електронски пат и генерирање фактура за истиот не се применува во случај на промет извршен од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија.
За остварувањето на ослободувањето при увозот на добра, имплементаторот на проектот треба да поднесе Барање за ослободување до Министерство за финансии, врз основа на кое му се издава Потврда дека проектот при увоз на стока-добра наменети
Правилник за начинот на спроведување на ослободување од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност и акцизи при увоз на добра - стоки наменети за реализација на проект кој се финансира со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Македонија и странски донатори, во кој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи како и формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето како и потребната документација.
3
www.p
roagens.mk
СТРАНСКИ ДОНАЦИИ
за реализација на проект има право на ослободување од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност, како и акцизно ослободување на минерални масла и на патнички автомобили, која се доставува на Царинскиот орган заради спроведување на ослободувањето. Барањето за ослободување при увоз, кое имплементаторот го поднесува до Министерство за финансии се доставува на образец (А1-П/СД), во два примерока. Барањето содржи: - податоци за проектот; - податоци за контакт; - п одатоци за добра-стоки за кои се бара ослободување; - п отврда од краен корисник на проектот; - прилози кон барањето и - п одатоци во потврдата која ја потполнува и издава Министерство за финансии. он Барањето се приложуваат следните К документи: 1) копија од потврдата од Владата на Република Македонија - Секретаријат за европски прашања за регистрација на проектот кој се финансира со парични средства на странски донатор врз основа на договор на Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки и даноци која содржи: - н азив на проектот на македонски и англиски јазик; - д атум на започнување и датум на завршување на проектот; - в редност на донацијата за соодветниот проект вклучувајќи го и износот на националното кофинансирање во рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој се спроведува во услови на децентрализирано управување;
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
- н азив на имплементаторот - субјект задолжен за спроведување на проектот; - корисник на проектот и - д ата на договорот кој е склучен помеѓу Владата на Република Македонија и странскиот донатор (со наведување на неговото име), во кој има клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во Република Македонија и 2) фактура, про-фактура или договор за купопродажба, издадени од странски испорачател, а во кои како примател е наведен називот на проектот и имплементаторот на проектот кои се назначени на потврдата за регистрација на проектот во Владата на Република Македонија - Секретаријат за европски прашања и во која како даночен број е наведен едиствениот даночен број на проектот под кој истиот е регистриран кај надлежниот даночен орган. Доколку на подносителот на барањето му е издадена Потврда, но увозот на стока - добра за кои истата се однесувала не е извршен, а има промени во фактичката состојба која претходно била утврдена врз основа на документацијата која била доставена за цели на издавање на потврдата, при поднесување на ново барање за издавање потврда, имплементаторот на проектот треба да ја достави и претходно добиена потврда во оригинал, со соодветно писмено образложение.
21
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ДОНЕСЕНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ СО КОЈ СЕ ПРОШИРУВА ЛИСТАТА НА ПОВЛАСТЕНИ ПРОМЕТИ НА ДОБРА 1. ОД СОДРЖИНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
Н
Д-р Рефика МУРИЌ *
а 23 јули во Собранието на РМ се донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, што се очекува да влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а со кој се пропишува повластена стапка на ДДВ за три нови групи на добра. Иако на денот на печатењето на ова издание сеуште не е објавен Законот, ја презентираме неговата извесна содржина, за цели на навремено информирање на нашите претплатници. Со усвоеното проширување на листата на добра за кои се применува повластена даночна стапка (5 % ДДВ), оваа стапка ќе се применува при прометот и увозот на: - д обиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток, - б ебешки производи (креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња) и
22
- у чилишен прибор (училишна торба/ранец, тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линеар, шестар, пластелин, острилка, гума и коректор). Во објаснувањата кон Законот се наведува целта на измените - преку намалувањето на даночната стапка да се намали данокот што се должи, односно да се намалат цените на спомнатите производи чиј дел претставува данокот што се намалува. Со тоа се смета дека директно им се помага на родителите во првите години од животот на децата како и на родителите кои школуваат деца, преку намалување на трошоците за бебешки производи, односно училишен прибор. Исто така, со овие измени се очекува дополнително намалување на цените на добиточната храна, но и стимулирање на земјоделското производство на месо и млечни производи.
* Даночен советник r_muric@proagens.com.mk
Меѓутоа, поради владеење на пазарната економија, ниту со измените на Законот за ДДВ, како ни со други инструменти, Владата не може да наложи и задолжително намалување на цените. До сега, праксата покажала дека голем број од трговците, наместо за износот на даночното намалување да ја намалат продажната цена, вршат зголемување на маржата со задржување на истите цени. И едниот и другиот случај се очекува да се повторат и со стапувањето во сила на ова намалување на даночните стапки, па www.p
roagens.mk
НОВИНИ ДДВ
затоа даваме образложение за неопходните постапувања кај производителите, увозниците и трговците, кои на денот на промената на стапката, ќе имаат залихи од производите на кои им се намалува даночната стапка. При тоа, нагласуваме, САМО оние субјекти кои вршат МАЛОПРОДАЖБА на наведените производи, ќе имаат обврска да направат ПОПИС на затекнатите количини и соодветни ПРЕКНИЖУВАЊА, во зависност од тоа дали ги намалуваат цените за износот на намалениот данок или ги задржуваат истите цени, но со зголемена вкалкулирана маржа за сметка на намалувањето на вкалкулираниот ДДВ. Исто така, во продолжение ќе се обработи и проблематиката на затворањето на авансно уплатените набавки на предметните производи, по стапка од 18%, пред намалување на истата на 5%.
2. ПОСТАПУВАЊЕ СО ЗАЛИХИТЕ ПРИ ПРОМЕНА НА ДАНОЧНИТЕ СТАПКИ Измените со кои ќе се намали стапката на данокот на додадена вредност на производи од 18% на 5% кај субјектите кои работат на нето принцип (во големопродажбата), нема да предизвикаат никакви дополнителни административни обврски, бидејќи залихата се води по цени без ДДВ, па врз нето цената при конкретните продажби едноставно ќе се применуваат новите даночни стапки од 5%. На даночните обврзници кои за прометот водат евиденција на бруто принцип, односно водат евиденција по малопродажни цени (кои претставуваат збир од: набавна вредност зголемена со маржа /како основица/ и ДДВ пресметан на таа основица), а раздвојувањето на даночните основи според даночни стапки го обезбедуваат преку фискалните уреди, им се наметнува задолжителна обврска да извршат попис на залихите со пресек на денот на примената на новите стапки, и на истите да се вкалкура во цената данок според новите стапки.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Иако обврската за попис не е пропишана со Законот, таа посредно е обврзувачка заради примена на одредбата од член 52 став 3, според која даночните обврзници се должни на крајот од секој даночен период да го поделат збирот на бруто-износите на даночни основи и на даноци и како такви да ги евидентираат. Исто така и даночните обврзници кои не поседуваат технички уреди за исполнување на обврската за раздвојување на даночните основи според даночни стапки, а заради што надлежниот орган им одобрил дополнително раздвојување на даночните основи врз основа на влезот, имаат потреба да извршат попис на залихите со пресек на денот на примена на новите стапки, бидејќи во цената на добрата е вкалкулиран данокот. 2.1. Сведување на вредноста на залихите во трговијата на мало Секоја промена на даночните стапки, во прометот на мало, бара корекција на вкалкулираниот ДДВ во малопродажните цени. За производите со вкалкулиран ДДВ по општа стапка (18%) треба да се изврши намалување на вкалкулираниот данок за соодветната разлика, утврдена во однос на пресметаниот данок по стапка од 5%. Намалувањето на вкалкулираниот данок може да се спроведе со: - н амалување на малопродажните цени при иста маржа, - з големување на маржата при исти малопродажни цени или - н амалување на малопродажните цени за износ помал од даночното намалување (со одредено зголемување на маржата).
02/ 3162-979 i 3298-763
23
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Пример:
Состојбата на сметките на даночниот обврзник „НМ“, на кои се евидентирани залихи на детски пелени (пакети), вкалкулираниот данок и разликата во цени, на денот на измената на стапките е следна: Сметка Опис
Должи
Побарува
6630
259.600
20.000 39.600
Стоки во продавница по стапка од 18% ДДВ 1100 пакети х 236 денари 6690 Вкалкулирана разлика во цени 6640 Вкалкулиран данок
ВАРИЈАНТА 1 - Менување (намалување) на малопродажната цена поради намалување на стапката (од 18% на 5% ДДВ) • Во постапката на менување на малопродажната цена, најнапред се утврдува даночната основица, со примена на коефициентот 1,18 на малопродажната цена: во вкупна вредност: 259.600 : 1,18 = 220.000
24
• Вкалкулираниот данок (во залихите) по старата даночна стапка (18%) изнесува: 259.600 - 220.000 = 39.600 • На даночната основица се пресметува (утврдува) ДДВ по нова стапка од 5%: во вкупна вредност: 220.000 х 5% = 11.000 • Се утврдува новата малопродажна цена: во вкупна вредност: 220.000 + 11.000 = 231.000 Напомена: Утврдувањето на новата малопродажна цена може да се изврши и со помош на коефициент. Коефициентот за утврдување на нова продажна цена се добива според следнава формула: нова даночна стапка + 100 5 + 100 105 ------------------------------------------ или: ------------ = ------- = 0,88983 стара даночна стапка + 100 18+ 100 118 Добиениот коефициент се применува на следниот начин: стара малопродажна цена х коефициентот = нова малопродажна цена или во вкупна вредност: 259.600 х 0,88983 = 231.000 На ист начин, се утврдува новата цена за сите производи поединечно. www.p
roagens.mk
НОВИНИ ДДВ
По спроведената постапка на сведување на залихите, за износот на разликата помеѓу износот на данокот со старата и новата стапка (39.600 - 11.000 = 28.600) односно за износот на разликата помеѓу старата и новата малопродажна цена (259.600 - 231.000 = 28.600) се спроведува следново сторно: Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува 6630 Стоки во продавница 6640 Вкалкулиран данок
ИЗНОС должи побарува 28.600 28.600
- намалување на малопродажната цена, поради намалување на даночната стапка
ВАРИЈАНТА 2 - Малопродажната цена останува непроменета, а се зголемува разликата во цени Постапката на сведување на залихите кога даночниот обврзник одлучил да не ја менува малопродажната цена, се спроведува на следниот начин: • Прво се утврдува новата продажна цена без данок, така што непроменетата малопродажната цена се дели со коефициентот 1,05: во вкупна вредност: 259.600 : 1,05 = 247.238 • Потоа се утврдува разликата помеѓу вкалкулираниот данок според старата (повисока) и новата (пониска) стапка 259.600 - 220.000 (259.600 : 1,18) = 39.600 259.600 - 247.238 (259.600 : 1,05) = 12.362 разлика =
27.238
• За утврдената разлика во данокот, се зголемува разликата во цени По извршеното сведување на залихите во сметководството се спроведува книжење со сторнирање на побарувачката страна на сметката 6640, за износот на разликата на данокот, со истовремено одобрување на сметката 6691. Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува 6640 Вкалкулиран данок 6691 Разлика во цени
ИЗНОС должи побарува 27.237 27.238
- намалување на малопродажната цена, поради намалување на даночната стапка
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
25
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ВАРИЈАНТА 3 - Намалување на малопродажните цени за износ помал од даночното намалување Во ваков случај, кој исто така може да биде одлука на трговците, се врши искнижување на вкалкулираниот данок по општата стапка од 18%, а се засметува ДДВ по стапка од 5%, но сега на основица со зголемена маржа. Постапката е следна: • Прво се утврдува избраната малопродажна цена
На пример, новата цена е одлучено да биде 220 денари/парче (наместо претходната 236 денари), односно вкупно 242.000 денари за залихата од 1100 парчиња, што во однос на претходната цена претставува намалување, во износ од 17.600 денари (259.600 - 242.000).
• Разликата помеѓу даночната основица според новата малопродажна цена по исклучен ДДВ со 5% и даночната основица според претходната малопродажна цена по исклучен ДДВ со 18%, ја претставува новододадената маржа: 242.000 : 1,05 = 230.476 (даночна основица според новата малопродажна цена) 259.600 : 1,18 = 220.000 (даночна основица според претходната малопродажна цена) Разлика
26
= 10.476 (новододадена маржа)
• На крајот се утврдува износот на ДДВ кој се сторнира: Овој износ се утврдува како разлика помеѓу вкалкулираниот ДДВ по старата стапка 18%, содржан во старата малопродажна цена, во вкупна вредност пд 259.600 денари и вкалкулираниот ДДВ по новата стапка 5%, содржан во новата малопродажна цена во вкупна вредност од 242.000: (259.600 : 1,18) х 18% = 220.000 х 18% = 39.600 (242.000 : 1,05) х 5% = 230.476 х 5% = 11.524 Разлика:
28.076
По извршеното сведување на залихите во сметководството се спроведува книжење со сторнирање во малопродажната цена, како и во вкалкулираниот данок (сторно на побарувачката страна на сметката 6640 за износот на разликата на данокот и негов пренос на сметката 6641), со истовремено зголемување на разликата во цена (одобрување на сметката 6691). Книжење: СМЕТКА должи побарува 6630 6640 6641 6691
ОПИС Стоки во продавница Вкалкулиран данок - 18% Вкалкулиран данок - 5% Разлика во цени
ИЗНОС должи побарува 17.600 39.600 11.524 10.476
- пренесување на дел од износот поради намалена даночна стапка во разлика во цена
www.p
roagens.mk
НОВИНИ ДДВ
3. ТРЕТМАН НА АВАНСИРАНИ ПРОМЕТИ ЗА КОИ СЕ ПРОМЕНЕТИ ДАНОЧНИТЕ СТАПКИ Секоја измена на даночните стапки на ДДВ неминовно е пропратена со проблеми поврзани со фактурирањето, сметководствената евиденција и пополнувањето на ДДВ пријавите, за авансираните (однапред платени или наплатени) промети за кои се менува даночната стапка. Имено, иако според член 31 од Законот за ДДВ, за примените аванси моментот на настанување на даночниот долг е моментот кога е добиено плаќањето, даночниот товар за секој промет на добра и услуги треба да се пресмета според важечките даночни стапки на денот на фактичкото настанување на прометот (испорака на добра или извршување на услуга). Од тука, ако во моментот на авансното плаќање за набавка на добра важела една даночна стапка, а на денот на испораката важи друга стапка, даночната обврска за извршениот промет конечно треба да се утврди според стапката што важи на денот на испораката.
Пример: Плаќање на данокот за даночниот период во кој е примен аванс
Продавачот, за даночниот период во кој е примен авансот и кога за добрата кои се предмет на идна испорака важи општата ДДВ стапка за оданочување, со ДДВ Пријавата ќе извести на следниот начин: - в о поле 1 (промет по општа даночна стапка) ја внесува основицата (3.000.0 00); - в о поле 2 (ДДВ) го внесува данокот (540. 000);
27
Постапување по конечното фактурирање Конечната фактура испоставена во период во кој важи новата – повластена стапка, ќе се евидентира на следниот начин: СМЕТКА ОПИС должи побарува 120 Купувачи во земјата 740 Приходи од извршени услуги 2301 Пресметан данок по стапка од 5% - по конечна ф-ра бр. ___
ИЗНОС должи побарува 3.150.000 3.000.000 150.000
Истовремено се искнижува и затвора авансот: СМЕТКА ИЗНОС ОПИС должи побарува должи побарува 3.000.000 2220 Примени аванси Побарување за ДДВ платен по аванс, со 1308* 390.000 поголема даночна стапка (540.000 - 150.00) 3.150.000 120 Купувачи во земјата 150.000 2301 Пресметан данок по стапка од 5% 390.000 220 Обвр. спрема добавувачи за поврат на сред. - затворен аванс, со побарување за остатокот на ДДВ од аванси
* Сметката 1308 се предлага за евидентирање на разликата во даночните износи фактурирани со авансна фактура, во однос на конечно фактурираните, со помала даночна стапка.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Искажување на данокот во ДДВ пријава: - в о поле 3 (оданочив промет по повластена даночна стапка) не се внесува основицата од конечната фактура - износ од 3.000.000 денари, бидејќи истата е пријавена со авансот, - во поле 4 (ДДВ) не се внесува пресметаната обврска со стапка од 5% - износ од 150.000 денари, но затоа - во поле 27 се внесува како негативен, износот на разликата од данокот што бил платен врз основа на примениот аванс (540.000 денари) и новопресметаниот (15.000), односно се внесува негативен износ 39.000. Во вака пополнетата ДДВ пријава, под претпоставка да немало други промети и даночни износи за внесување, конечниот исход во поле 28 е побарување за 390.000 денари, колку што изнесува побарувањето по сметката 1308. По ДДВ Пријавата ќе се спроведе следното книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува 1305 Побар. на претх. данок за даночен период 1308 ДДВ платен по аванс, со поголема ДДВ стапка - за побарување по ДДВ Пријава
ИЗНОС должи побарува 390.000 390.000
Разликата по конечната фактура се враќа на купувачот:
28
СМЕТКА должи побарува
ОПИС
Обврска кон добавувачи за поврат на средства 100 Парични средства - за извршен поврат 220
www.p
roagens.mk
ИЗНОС должи побарува 390.000 390.000
ИНФОРАМЦИЈА
ИНФОРМАЦИЈА
РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА НА НБРМ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНАТА КАМАТА ЗА ПЕРИОДОТ: 1 ЈУЛИ - 31 ДЕКЕМВРИ 2014 ГОДИНА ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА
В
рз основа на членот 266-а став 6 од Законот за облигационите односи (“Службен весник на РМ”, бр. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата (“Службен весник на РМ”, бр. 42/11 и 49/12), Народната банка на Република Македонија ОБЈАВИ дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.07.2014 година до 31.12.2014 година изнесува 3,25%.
Согласно со спомнатата Објава на Народна банка на Република Македонија, бр. 21389 од 25.06.2014 година, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот 01.07-31.12.2014 година ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА. Во продолжение објавуваме Преглед по периоди на висината на референтната стапка на НБРМ за пресметување на стапката на казнената камата.. РЕФЕРЕНТНА КАМАТНА СТАПКА НА НБРМ Период на примена 1 01.02 - 30.06.2010 01.07 - 31.12.2010 01.01 - 30.06.2011 01.07 - 31.12.2011 01.01 - 30.06.2012 01.07 - 31.12.2012 01.01 - 30.06.2013 01.07 - 31.12.2013 01.01 - 30.06.2014 01.07 - 31.12.2014
Рефер. каматна стапка на НБРМ 2 8,5% 5% 4% 4% 4% 3,75% 3,75% 3,50% 3,25% 3,25%
Број и датум на одлука на НБРМ 3 8562 од 30.12.2009 4474 од 30.06.2010 2521 од 29.12.2010 5978 од 30.06.2011 9901 од 28.12.2011 5631 од 29.06.2012 10257 од 31.12.2012 23009 од 28.06.2013 40842 од 31.12.2013 21389 од 25.06.2014
Консеквентно на висината на референтната стапка се утврдува и висината на стапката на казнената камата. Прегледот на висината на стапката за пресметување на казнаната камата за периодот од 1.2.2010 година до 31.12.2014 година е даден во продолжение. Напоменуваме дека за периодите пред 1.2.2010 година висината на стапката на затезната камата можете да „Инфо-регистар Инфо-регистар”. ја најдете во Проагенсовиот „Инфо-регистар”.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
29
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
А. ЗА ПОБАРУВАЊЕ / ДОЛГ ВО ДЕНАРИ 1. Стапка на казнена камата за побарување / долг во денари помеѓу ТРГОВЦИ, односно трговци и лица на јавното право = Референтна каматна стапка за претходно полугодие + 10 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 31.12.2014
Стапка на казнена камата 18,5% 15,0% 14,0% 14,0% 14,0% 13,75% 13,75% 13,50% 13,25%
2. Стапка на казнена камата за побарување / долг во денари помеѓу лица од кои барем едното не е трговец (односно е ГРАЃАНИН) = Референтна каматна стапка за претходно полугодие + 8 процентни поени
30
Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 31.12.2014
Стапка на казнена камата 16,5% 13,0% 12,0% 12,0% 12,0% 11,75% 11,75% 11,50% 11,25%
Б. ЗА ПОБАРУВАЊЕ / ДОЛГ ВО СТРАНСКА ВАЛУТА (ВАЛУТНА КЛАУЗУЛА) 1. Стапка на казнена камата за побарување / долг во странска валута помеѓу трговци, односно ТРГОВЦИ и лица на јавното право = едномесечна стапка на Еурибор што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие + 10 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 30.06.2014 01.07.2014 - 31.12.2014 www.p
Стапка на казнена камата 10,453% 10,485% 10,782% 11,325% 11,024% 10,373% 10,109% 10,123% 10,216% 10,099%
roagens.mk
ИНФОРАМЦИЈА
2. Стапка на казнена камата за побарување / долг во странска валута помеѓу лица од кои барем едното не е трговец (односно е ГРАЃАНИН) = едномесечна стапка на Еурибор што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие + 8 процентни поени Период на важење 01.02.2010 - 30.06.2010 01.07.2010 - 31.12.2010 01.01.2011 - 30.06.2011 01.07.2011 - 31.12.2011 01.01.2012 - 30.06.2012 01.07.2012 - 31.12.2012 01.01.2013 - 30.06.2013 01.07.2013 - 31.12.2013 01.01.2014 - 30.06.2014 01.07.2014 - 31.12.2014
Стапка на казнена камата 8,453% 8,485% 8,782% 9,325% 9,024% 8,373% 8,109% 8,123% 8,216% 8,099%
В. ФОРМУЛА за пресметка на пропорционална каматна стапка
Кк =
Гхпхн --------------------36.500 (36.600)
О б ј а с н у в а њ е: Кк казнена камата; Г - главнина пстапка на казнена камата нброј на денови на доцнување 36.500 (36.600) - каматен фактор за година со 365 дена (366 дена)
Г. НАЈВИСОКА каматна стапка во трговските договори и договорите помеѓу ТРГОВЦИ и лица на јавното право Во трговските договори и договорите помеѓу ТРГОВЦИ и лица на јавното право може да се договори и повисока стапка од стапката на законската казнена камата што важела на денот на склучување на договорот (договорна казнена камата), но најмногу до 50 проценти повисока од утврдената законска казнена камата.
Д. Лица на јавното право - ДЕФИНИЦИЈА Согласно со член 266-а, став 7 од Законот за облигационите односи, како лица на јавното право, се сметаат лицата кои се обврзани да постапуваат според постапката за јавни набавки, освен трговците.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
31
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
НОВИ „ДЕ“ ОБРАСЦИ - ПОСЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДРЖАВНАТА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2014 ГОДИНА
32
Во „Службен весник на РМ“, бр. 101 од 7 јули 2014 година е објавена измената на:
претходно важечкиот образец објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 9/12:
- Правилникот за посебните податоци потребни за системот на државната евиденција и за формата и содржината на образецот за државната евиденција („Службен весник на РМ“, бр. 2/08, 39/10, 13/11 и 9/12), која влезе во сила наредниот ден од денот на објавувањето т.е. од 8 јули 2014 година.
- додаден е податок за адреса на е-пошта во заглавието на образецот,
Со оваа измена, пропишани се нови „ДЕ“ обрасци, кои ги заменуваат старите и ќе се применуваат при доставувањето на годишната сметка за 2014 година. Обрасците се значително променети, во споредба со старите, а во продолжение ги наведуваме главните измени: 1. Образец „ДЕ“ - Посебни податоци за државната евиденција за субјектите кои не применуваат посебни сметковни планови (големи, средни, мали и микро субјекти) - во споредба со претходно важечкиот образец објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 9/12: - додаден е податок за адреса на е-пошта во заглавието на образецот, - образецот е значително проширен (додадени се нови позиции) особено во рамки на делот за нематеријалните и материјалните средства, а во останатите категории се додадени и избришани помал број на позиции, - елиминирано е местото за печат на субјектот во согласност со измените на Законот за трговските друштва, како и местото за печат на Централниот регистар на РМ. 2. Образец „ДЕ“ - Посебни податоци за државна евиденција за осигурителни и реосигурителни друштва - во споредба со www.p
- образецот е значително проширен (додадени се нови позиции) особено во рамки на делот за нематеријалните и материјалните средства, а во останатите категории се додадени и избришани помал број на позиции, - додадени се главни наслови на постоечките позиции и сменета е последователната нумерација на претходно постоечките наслови на образецот, - елиминирано е местото за печат на субјектот во согласност со измените на Законот за трговските друштва, како и местото за печат на Централниот регистар на РМ. 3. Образец „ДЕ“ - Посебни податоци за државна евиденција за непрофитните организации - во споредба со претходно важечкиот образец објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 13/11: - додаден е податок за адреса на е-пошта во заглавието на образецот, - образецот е значително проширен (додадени се нови позиции) особено во рамки на делот за нематеријалните и материјалните средства. 4. Образец „ДЕ“ - Посебни податоци за државна евиденција за корисниците на средства од Буџетот на фондовите - во споредба со претходно важечкиот образец објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 13/11: - додаден е податок за адреса на е-пошта во заглавието на образецот, - образецот е значително проширен (додадени се нови позиции) особено
roagens.mk
ИНФОРМАЦИИ ГОДИШНА СМЕТКА
во рамки на делот за нематеријалните и материјалните средства. 5. Образец „ДЕ“ - Посебни податоци за државна евиденција за банките и другите финансиски институции - во споредба со претходно важечкиот образец објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 13/11: - додаден е податок за адреса на е-пошта во заглавието на образецот, - образецот е значително проширен (додадени се нови позиции) особено во рамки на делот за нематеријалните и материјалните средства, а во останатите категории се додадени помал број на позиции,
02/ 3162-979 i 3298-763
- во образецот се извршени повеќе разместување на претходно постоечките позиции, на пример, пропишан е обратен редослед кај нематеријалните и материјалните средства во споредба со претходниот образец, но постојат и мал број грешки во разместувањето на позициите во рамки на погрешен наслов, на пример, позицијата на реден број 48. Други приходи е во рамки на поднасловот III. Останати расходи, кој всушност треба да биде во рамки на главниот наслов Г. Расходи (реден број 49- 69), - елиминирано е местото за печат на субјектот во согласност со измените на Законот за трговските друштва, како и местото за печат на Централниот регистар на РМ.
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
33
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ОДЛОЖУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ (GPRS ТЕРМИНАЛ И КРИПТО МОДУЛ) - ПРЕДЛОГ - ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА
В
ладата на РМ до Собранието на РМ поднесе ПРЕДЛОГ-ЗАКОН за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 31/01, 42/03, 47/03 (испр.), 40/04, 70/06, 126/06, 88/08, 133/09, 171/10, 185/11, 6/12, 79/13 и 188/13; У. суд - 60/07, 123/07 и 145/12), утврден на седницата одржана на 23 јуни 2014 година. Со предлог-законот се предложуваат повеќе промени на законските одредби, од кои ги издвојуваме следните:
34
1. одложување на рокот за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување (GPRS терминал и крипто модул) и тоа за дополнителни три месеци од предвидените со досегашните законски прописи. Според новите предлог-измени, роковите за имплементирање на интегрираниот автоматски систем на управување се следните: а) од 1 маj 2014 до 31 октомври 2014 година (наместо до 31 јули 2014 година), за даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, даночни обврзници кои вршат угостителска дејност и за даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензиски пумпи) и б)
од 1 маj 2014 до 31 јануари 2015 година (наместо до 31 октомври 2014 година), за сите други даночни обврзници.
Имплементирањето на интегрираниот автоматски систем на управување е веќе стапено во сила, но се предлага крајните рокови да се продолжат. Продолжувањето на роковите е предложено од причина што се овозможува подолг период на производителите на фискалните системи на опрема во којшто истите ќе можат да развијат поголем број на различни фискални системи кои треба да ги задоволат www.p
потребите на пазарот. Со зголемувањето на понудата се очекува и намалување на цената на фискалните системи на опрема. 2. продолжување на рокот за замена на крипто картата од крипто модулот на секои три години, наместо еднаш годишно како што гласи досегашното решение, со што се намалуваат трошоците за даночните обврзници-корисници на фискални системи на опрема. 3. изменување на обврската за регистрирање на резервен фискален систем на опрема од страна на даночните обврзници со тоа што се менува износот на прометот кој го остваруваат обврзниците. Така, наместо промет што надминува 5.000 евра во денарска противвредност во тримесечен период, се предложува да се пропише обврска за регистрирање на резервен фискален систем на опрема за обврзниците чиј промет во објектот надминува 1.000.000 денари во претходната година. Исто така, се предложува нова одредба според која даночниот обврзник кој во деловниот објект има воведено во употреба два или повеќе фискални системи на опрема, не е должен да регистрира резервен фискален систем на опрема за тој деловен објект. Предложени се и други промени кои се однесуваат на прецизирање и утврдување на обврските на производителите на фискалните системи на опрема, како и на доуредување на постапката за избор на контролни тела за вршење на проверка и контрола на фискалните системи на опрема. На крај, повторно да нагласиме дека горенаведеното е базирано на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, така што финалната верзија на изменетите одредби т.е. новите законски решенија ќе бидат познати по нивното официјално објавување во „Службен весник на РМ“.
roagens.mk
УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
З
ИЗДАВАЊЕ НА СОБИ, АПАРТМАНИ И КУЌИ ОД СТРАНА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ОД МАЛ ОБЕМ
а време на летната сезона во туристичките дестинации во Р. Македонија, а се почесто и во главниот град во текот на целата година, одредени физички лица-граѓани, заработуваат приходи од изнајмување на соби, апартмани и куќи на туристи (привремени гости) т.е. вршат угостителска дејност од мал обем согласно со Законот за угостителската дејност ЗУД („Службен весник на РМ“, бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13 и 187/13).
Ирена НИКОЛОВСКА *
У гостителската дејност претставува давање на угостителски услуги за: - сместување и - исхрана. Угостителските услуги вклучуваат: - приготвување и послужување на храна, - п риготвување оброци заради консумирање на друго место, - послужување на алкохолни и безалкохолни пијалаци, - приготвување и послужување на топли и ладни напивки и - вршење на услуги за сместување. Во овој текст го елаборираме начинот на работење на физичките лица-граѓани, кои изнајмуваат соби, апартмани и куќи на привремени гости (туристи), како угостителска дејност од мал обем согласно со Законот за угостителската дејност - ЗУД, како и начинот на оданочувањето на нивните приходи согласно со Законот за персоналниот данок на доход.
РШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ В ОД МАЛ ОБЕМ - ФИЗИЧКИ ЛИЦА Вршители на угостителска дејност можат да бидат трговски друштва и трговци поединци запишани во трговскиот регистар, но согласно со членот 4 став 2 на ЗУД, угостителска дејност од мал обем може да вршат и: - физички лица, кои се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје кај градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје. * Даночен советник
i_nikolovska@proagens.com.mk
Начинот на водењето на регистарот е пропишан со Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем („Службен весник на РМ“, бр. 116/06), доне-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
35
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
сен од министерот за економија. Регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем ги содржи следните податоци: - реден број; - б арање за вршење на дејност (уп.бр/ дата); - п одатоци за физичкото лице што ќе врши дејност од мал обем (име и презиме, матичен број и број на лична карта, адреса на живеење); - и здадено решение за вршење на угостителска дејност од мал обем (уп.бр./ дата); - д ејност која ќе ја врши физичкото лице; - л окација или адреса каде ќе се врши дејноста; - барање за бришење од регистарот;
36
- п отпис на лицето што извршило впишување во Регистарот. Согласно со членот 40 на ЗУД, физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем може да ги даваат следните услуги: - конфекционирани угостителски услуги во наменски подвижни објекти; - угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи; - угостителски услуги во апартмани и соби за одмор; - угостителски услуги во селски домаќинства и - угостителски услуги во пловни објекти.
остапка за упис во Регистарот на фиП зичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем Физичките лица - вршители на угостителска дејност од мал обем (изнајмување на соби, апартмани, куќи) поднесуваат Барање до Секторот за туризам и локален економски развој на соодветната општина заради упис во Регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, односно www.p
Барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем. Комисијата на општината врши увид на објектот кој ќе се издава, после што надлежната општина донесува: 1) Решение за категоризација на објектот и 2) Решение за упис на лицето во Регистарот на физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем. Физичкото лице-издавач, со копија од овие два документи издадени од општината, ја поднесува Книгата на домашни гости и книгата на странски гости, за заверка во надлежниот орган на министерството за внатрешни работи. Понатаму, при вршењето на дејноста, физичкото лице-издавач ги пријавува гостите, исто така, до надлежниот орган на министерството за внатрешни работи (најблиската полициска станица) на посебна Пријава за домашни и странски гости, во која се наведуваат податоци за легитимитетот и престојот на гостинот, врз основа на податоците од неговата лична карта, односно пасошот. Еден примерок од заверената пријава се доставува на гостинот. а надворешната страна на објектот кој се Н издава треба да биде поставена унифицирана табла за категоризација на објект (може да се обезбеди преку надлежната општина).
АВАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИ Д УСЛУГИ ВО КУЌИ, АПАРТМАНИ И СОБИ ЗА ОДМОР ОД СТРАНА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА Согласно со членот 46 на ЗУД, физичкото лице може да: 1) изнајмува куќи, апартмани и соби за одмор чиј сопственик е носител на правото на користење, и тоа најмногу до десет соби, односно 20 легла, при што во еден објект под заеднички покрив може да се издаде само едно одобрение и
02/ 3162-979 i 3298-763
roagens.mk
УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
2) дава услуги на појадок само на корисниците на собите. бјектите кои ги издава физичкото лице О мора да ги исполнуваат пропишаните минимално-технички услови и условите за категоризација. Категоризацијата на овие објекти ја врши градоначалникот на општината, а во градот Скопје градоначалникот на градот Скопје. Минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност се пропишани со Правилникот за минимално-техничките услови за вршење на угостителска дејност („Службен весник на РМ“, бр. 16/06 и 44/13). При давањето на горенаведените угостителски услуги од мал обем, на физичките лица може да им помагаат членови на нивното домаќинство, при што сите учесници мора да ги исполнуваат здравствените услови за работа во угостителството.
оговор меѓу физичкото лице Д и туристичката агенција/туристичко биро изичкото лице може да ги издава соФ бите, апартманите, куќите и становите за одмор преку туристичка агенција и туристичко биро врз основа на договор, кој содржи: 1) име и презиме на физичкото лице и ЕМБ; 2) решение за упис во регистарот; 3) место, улица и број на објектот во кој се даваат услугите; 4) видот на услугите и бројот на гости на кои може да им се дадат услугите; 5) категорија на објектот во кој се даваат услугите; 6) износот на посредничката провизија и 7) обврска на физичкото лице да се придржува кон пропишаните услови во членовите 47 и 51 на ЗУД (за минимално-техничките услови/категоризацијата на објектите и начинот на работење со гостите). INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
оговорот меѓу физичкото лице и турисД тичката агенција/туристичко биро престанува да важи со неговото раскинување. Туристичката агенција и туристичкото биро кое е основано од правни лица, раскинувањето на овој договор го доставува до подрачната единица на Управата за јавни приходи, финансиската полиција, санитарната инспекција, државниот пазарен инспектор, во зависност од седиштето на објектот. Туристичкото биро кое е основано од градоначалникот на општината, а во градот Скопје градоначалникот на градот Скопје, раскинувањето на договорот го доставува до подрачната единица на Управата за јавни приходи, финансиската полиција, санитарната инспекција, градоначалникот на општината, а во градот Скопје до градоначалникот на градот Скопје и државниот пазарен инспектор, во зависност од седиштето на објектот.
ропишани услови во врска П начинот на работење со гостите во изнајмените објекти Согласно со членот 51 на ЗУД, физичките лица кои ги издаваат собите, апартманите, куќите и становите за одмор се должни: 1) на видно место да ги истакнат пропишаниот вид и категоријата на објектот утврдена со решение од надлежниот орган; 2) на видно место на влезот на објектот да го истакнат називот на услугите кои ги дава со пропишаните ознаки; 3) во просторијата во која се вршат услугите на видно место да ги истакнат цените на услугите за сместување, на пропишан и вообичаен начин, и да се придржуваат кон истакнатите цени; 4) да му издадат на гостинот сметка со назначен вид, количина и цена на дадените услуги (за секоја дадена услуга одделно), а при давање услуги за сместување да се наведе во сметката и износот на цената за престој (такса за привремен престој); 5) да водат книга за евиденција на гостите и
37
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
6) на видно место во објектот да го истакне телефонскиот број на Државниот пазарен инспекторат.
- државјанство;
Книга за евиденција на гостите
- датум на дозволата за престој;
- видот и бројот на патната исправа; - видот и бројот на визата; - д атум и место на влегување во Република Македонија;
ормата и содржината на книгата за евиФ денција на гостите е пропишана со Правилникот за формата и содржината на образецот на книгата за евиденција на гостите („Службен весник на РМ“, бр. 130/07), донесен од министерот за економија. Книгата за евиденција на гостите се води како посебна книга на домашни гости и книга на странски гости и тие може да се водат рачно или електронски. Двете книги се заверуваат на внатрешната насловна страница со печат и потпис на одговорното лице надлежно за туризмот во локалната самоуправа на подрачјето на кое се наоѓа угостителскиот објект, односно на градот Скопје.
38
а предната страна, на корицата на КниН гата треба да стои називот „Книга на гости” и името и презимето на лицето на кое гласи решението за давање на угостителски услуги за сместување. нигата на домашни гости ги содржи К следните податоци: - реден број; - име и презиме; - датум и место на раѓање; - адреса на живеење; - државјанство; - б рој на личната карта или вид и број на патната исправа; - датум и време на пристигнување; - датум и време на заминување и - забелешка. нигата на странски гости ги содржи слеК дните податоци: - реден број; - презиме и име; - датум и место на раѓање; - адреса на живеење; www.p
- д атум и време на пристигнување; - датум и време на заминување и - забелешка.
ГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ У ВО СЕЛСКИ ДОМАЌИНСТВА Законот за угостителската дејност - ЗУД (членови 53 - 53-ѓ) го пропишува и начинот на давање угостителски услуги т.е. издавање на соби и апартмани во селски домаќинства. на:
Во селските домаќинства се даваат услуги - издавање на соби и апартмани, чиј сопственик или носител на правото на користење е член на селското домаќинство, и тоа најмногу до десет соби, односно 20 легла, - п одготвување и послужување топли и ладни јадења, пијалаци и напивки главно од сопствено производство најмногу за 50 лица (излетници) истовремено, - д егустација на вино или ракија, како и служење на храна од домашно производство во уреден дел од станбен или деловен објект, во затворен, покриен со натстрешник или отворен простор, најмногу за 50 лица (излетници) истовремено.
Овие услуги можат да се вршат, доколку објектот може да се употребува и се исполнети пропишаните минимално-технички услови, санитарно здравствени услови, условите за заштита при работа, заштитата и унапредување на животната средина, противпожарна заштита и условите за заштита од бучава пропишани со закон.
roagens.mk
УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
З аради подобрување на квалитетот на угостителската понуда, во селските домаќинства излетниците (лицата кои престојуваат во селските домаќинства) можат да подготвуваат јадења, пијалаци и напивки за свои потреби. З а давањето на горенаведените услуги во селските домаќинства се применуваат сите пропишани правила што важат за физичките лица кои вршат угостителски услуги од мал обем во издадени куќи, апартмани и соби за одмор.
ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ( ТУРИСТИЧКА ТАКСА) Таксата за привремен престој (т.н. туристичка такса), начинот на нејзиното плаќање и намената на средствата добиени од таксата се уредени со Законот за таксата за привремен престој („Службен весник на РМ“, бр. 19/96, 26/02, 51/03, 88/08 и 17/11).
бврзници за плаќање такса О за привремен престој Таксата за привремен престој ја плаќаат: - д ржавјаните на Република Македонија, кои надвор од своето место на постојано живеење користат услуги за ноќевање во сместувачките објекти регистрирани за прием на гости за ноќевање, како и во куќи, станови и соби наменети за издавање, - с транските државјани. Државјаните на Република Македонија и странските државјани, таксата за привремен престој ја плаќаат во износ од 40 денари дневно. Младинци и студенти, државјани на Република Македонија, кои користат услуги за ноќевање во сместувачките објекти на младината (младински одморалишта и домови), како и спортисти од Република Македонија (поединци и екипи), кога се подготвуваат за натпревари плаќаат такса за привремен престој во износ од 10 денари дневно. На-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
малената такса за овие лица се признава врз основа на поднесен доказ - потврда од соодветна организација, претпријатие, образовна институција, лекарско уверение и други соодветни документи.
слободување од плаќање на такса О за привремен престој Ослободени од плаќање на такса за привремен престој се следните лица: - л ица до осумнаесет годишна возраст (државјани на Р. Македонија); - с лепи и глуви лица и лица со телесна инвалидност (државјани на Р. Македонија); - у ченици на училишни екскурзии и кога изведуваат настава во природа (државјани на Р. Македонија); - л ица кои се наоѓаат на лекување (државјани на Р. Македонија); - с опственикот на сместувачкиот објект, односно на куќа, стан и соби за издавање и неговиот брачен другар, деца, родители, браќа и сестри (државјани на Р. Македонија); - учесниците на спортски игри и натпревари што ги организира синдикатот (државјани на Р. Македонија) и - с трански државјани, кои со меѓународни договори и спогодби се ослободени од плаќање на такса. слободувањето од плаќање на такса за О овие лица се признава врз основа на поднесен доказ - потврда од соодветна организација, претпријатие, образовна институција, лекарско уверение и други соодветни документи.
Наплата на такса за привремен престој Вршителите на угостителска и туристичка дејност се должни да ја наплатуваат таксата за привремен престој истовремено со наплатувањето на извршената услуга за ноќевање.
39
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Наплатената такса за привремен престој ја уплатуваат до 15-от ден во тековниот месец за изминатиот месец и тоа: - 8 0% од наплатената такса за привремен престој на подрачјето на единицата на локалната самоуправа, се уплатува на сметка на единиците на локалната самоуправа и - 2 0% од наплатената такса за привремен престој, се уплатува на сметката на Буџетот на Република Македонија. Во градот Скопје, 80% од таксата за привремен престој наплатена на подрачјето на град Скопје, наплатувачот на таксата ја уплатува на сметка на град Скопје, а 20% на сметка на Буџетот на Република Македонија.
40
Напомена:
Општина Охрид обезбедува субвенционирање на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност од мал обем во износ од 50% од пропишаниот износ, врз основа на поднесено барање за субвенционирање на дел од ТПП со прилог документи до секторот за туризам и локален економски развој на општина Охрид. Субвенционирањето се врши на основ на рефундирање на 50% од уплатените средства на такса за привремен престој во претходниот семестар (барањето се поднесува во јули 2014 година за претходниот семестар јануари-јуни 2014 година и во јануари 2015 година за претходниoт семестар јули-декември 2014 година). Повеќе информации прочитајте на www.ohrid.gov.mk.
Уплатната сметка за таксата за привремен престој (примач: Трезорска сметка) е следната: 840-3205
Комунална такса за привремен престој
717111
АЧИН НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА-ИЗДАВАЧИ Н НА СТАНОВИ, АПАРТМАНИ И КУЌИ НА ПРИВРЕМЕНИ ГОСТИ (ТУРИСТИ) Согласно со Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 13/14), обврзник на персоналниот данок на доход е секое физичко лице-резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство. Персоналниот данок на доход се плаќа годишно на збирот на нето приходите од сите извори, освен на приходите што се изземени од оданочување со ЗПДД. Доходот на физичките лица-обврзници што подлежи на оданочување со персонален данок на доход го сочинуваат следниве видови приходи остварени во земјата и во странство: 1) лични примања; 2) приходи од самостојна дејност; 3) приходи од имот и имотни права; 4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; 5) приходи од капитал; 6) капитални добивки; 7) добивки од игри на среќа 8) други приходи.
Приходи од имот и имотни права (закупнини) Приходите на физичките лица од вршење на угостителска дејност од мал обем преку издавање на соби, апартмани и куќи на привремени гости (туристи) се третираат како приходи од имот и имотни права (закупнини) оданочиви со персонален данок на доход согласно со членовите 32-36 на ЗПДД. www.p
roagens.mk
УГОСТИТЕЛСТВО / ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
бврзник на данокот на доход за прихоО ди од имот и имотни права е физичко лице кое остварува приходи од имот и имотни права т.е. издавачот на просториите. снова за пресметување на данокот О претставува нето приходот што се добива кога едногодишниот износ на остварениот приход во годината за која се утврдува да нокот, ќе се намали за нормираните трошоци. При утврдувањето на основата на данокот на доход за приходите од имот остварени од давање под закуп на опремени станбени простории, како трошок се зема предвид и абењето на опремата (мебелот и слично), така што трошоците се признаваат во висина од 30% од бруто приходот (како одбивка), а ако обврзникот документирано докаже дека направил поголеми трошоци од нормираните, ќе се признаат стварните трошоци. Напомена:
Aко пријавените приходи од имот и имотни права, се помали од оние што може да се постигнат според месните прилики, органот за јавни приходи го утврдува можниот приход со споредување на закупнината за слични објекти кои се издаваат во закуп под приближно еднакви услови. Даночната стапка за приходите од имот и имот права изнесува 10%, но имајќи ги предвид нормираните трошоци за одбивка (30% за опремен простор), реалната даночна стапка изнесува 7,527% ако се применува на нето износот на приходот од изнајмување. Физичките лица-граѓани, кои заработуваат приходи од вршење на угостителска дејност од мал обем преку издавање на соби, апартмани и куќи на привремени гости (туристи) се должни да ги пријават овие приходи на годишно ниво со поднесување на Годишната даночна пријава (образец „ПДДГДП“) до органот за јавни приходи (УЈП) на чија територија се наоѓа живеалиштето на обврзникот, најдоцна до 15 март наредната година. Во Годишната даночна пријава се пријавуваат и приходи по други основи оданочиINFORMATOR 8 I AVGUST 2014
ви со персонален данок на доход, доколку такви се остварени од страна на физичкото лице. Лицето ги внесува приходите во полето со реден број 9 „Имот и имотни права (зaкупнини)“ на следниот начин: - в о колоната „Бруто износ на приход“ се искажува бруто износот на примањата заработени од изнајмувањето на годишно ниво, - в о колоната „Вкупен износ на одбитоци“ се искажува 30% од бруто износот на сите годишни примања од изнајмувањето како дозволена нормирана одбивка, поради тоа што се изнајмува опремен простор согласно со членот 34-а од ЗПДД, - в о колоната „Вкупен износ на платени аконтации“ се искажува вкупниот износ на евентуално платени аконтации на данок, односно се искажува состојба „0” (доколку данокот не е претходно платен). поред членот 87 од ЗПДД, годишниот С данок на доход по основ на изнајмувањето на простории и останатите пријавени приходи на лицето-издавач го утврдува органот за јавни приходи - УЈП со решение врз основа на податоците од даночната пријава, деловните книги и другите податоци кои се од значење за утврдување на даночната обврска. Имајќи ги предвид одредбите на ЗУД и ЗПДД, издавањето на куќи, апартмани и соби, најмногу до десет соби, односно 20 легла, на привремени гости (туристи), кое физичкото лице го врши преку туристичка агенција и туристичко биро врз основа на договор и регистрирано во соодветната општина, се третира како угостителска дејност од мал обем, при што приходите од изнајмувањето се оданочуваат на горенаведениот начин (преку Годишната даночна пријава). еѓутоа, доколку физичкото лице поседуМ ва и има намера да издава куќи, апартмани и соби за одмор (повеќе од десет соби, односно 20 легла) должен е да се регистрира според една од формите предвидени со За-
41
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
конот за трговски друштва, затоа што тоа не би се третирало како угостителска дејност од мал обем на физичко лице, а оданочувањето на приходите во таков случај би било соодветно на регистрираната форма (трговско друштво/трговец поединец) согласно со Законот за данок на добвика (со данок на добивка) или со ЗПДД (со персонален данок на доход).
Пример:
изичко лице - вршител на угостителска Ф дејност од мал обем преку издавање на опремен стан на привремени гости во 2014 година остварило примање во бруто износ од 446.400 денари. Износот на нормираните трошоци изнесува 133.920 денари (30% х 446.400).
Пресметка на персоналниот данок: 446.400 - 133.920 = 312.480 (даночна основа) 312.480 х 10% = 31.248 денари (персонален данок на годишно ниво) или сo примена на пресметaната нето даночна стапка (7,527%): 446.400 - 31.248 денари (ПДД) = 415.152 (нето износ на примање од изнајмување) 415.152 х 7,527% = 31.248 денари (персонален данок на годишно ниво) Лицето го пополнува редниот број 9 на Годишната даночна пријава за 2014 година (ја поднесува до 15 март 2015 година) на следниот начин: Пример (ред 9): Примање по основ на приходи од имот и имотни права (закупнини)
42
Бруто износ на приходот / Бруто примање Колона (2)
Вкупен износ на одбитоци / Нормирани трошоци (30%) Колона (3)
446.400
133.920
Платен персонален данок
Нето примање
Колона (4)
/
0
415.152
Доколку претпоставиме дека истото лице остварило бруто плата во 2014 година во износ од 432.000 денари и бруто примање од авторски права во износ од 50.000 денари (одбивка 25%), лицето ќе ја пополни Годишната даночна пријава за 2014 година на следниот начин: Образецот „ПДД-ГДП“ за 2014 година (извадок) Бруто износ на приходот (колона 2) Ред. 1 (плати) 432.000 Ред. 9 (имот-закупнини) 446.400 Ред. 10 (авторски права) 50.000 Искористено даночно ослободување (ред. 20) 7.276 х 12 ВКУПНО: Годишен данок на доход
Вкупен износ на одбитоци (колона 3) 116.640 133.920 12.500
928.400
Вкупен износ на платени аконтации (колона 4) 22.805 0 3.750
87.312
/
350.372
26.555
Вкупна даночна основа: 928.400 - 350.372 = 578.028
Годишна даночна обврска: 578.028 х 10% = 57.803 57.803 - 26.555 = 31.248
УЈП по основ на поднесената Годишната даночна пријава за 2014 година ќе донесе годишно решение за доплата на персоналниот данок во 2015 година во износ од 31.248 денари што е всушност данокот кој физичкото лице го должи по основ на изнајмувањето на стан на привремени гости. www.p
roagens.mk
ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ
ИНФОРМАЦИЈА
НОВОДОНЕСЕНИ ДЕВИЗНИ ПРОПИСИ (НОВИ ОБРАСЦИ: ВС 11, ВС 22, МИ, КИПО, ВХВ 1 и ВХВ 2)
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 108 од 17 јули 2014 година се објавени следните нови прописи од областа на девизното работење:
но поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство („Службен весник на РМ“, бр. 166/12).
ПРИМЕНА од 1.8.2014 година:
- нов образец ВС 11 - Извештај за вложувања во странство и
1) У патство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од странство,
к ое влегува во сила од 25 јули 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето), но се применува од 1 август 2014 година, кога ќе го замени досегашното Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од странство („Службен весник на РМ“, бр. 166/12).
- нов прилог - шифрарници (1. Сектор на инвеститорот, 2. Сектор на претпријатието во кое се инвестира, 3. Шифри на трансакции). 3) Упатство за начинот на непосредно известување за состојбата и промените на сметките на резидентите во странство и на евиденциските сметки за порамнување на меѓусебните побарувања и обврски со нерезиденти,
к ое влегува во сила од 25 јули 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето), но се применува од 1 август 2014 година, кога ќе го замени досегашното Упатство за начинот на непосредно известување за состојбата и промените на сметките на резидентите во странство и на евиденциските сметки за порамнување на меѓусебните побарувања и обврски со нерезиденти („Службен весник на РМ“, бр. 82/12).
Новото Упатство пропишува:
Новото Упатство пропишува: - н ов образец ВС 22 - Извештај за вложувања од странство и - н ов прилог - шифрарници (1. Сектор на претпријатието во кое се инвестира, 2. Сектор на инвеститорот, 3. Шифри на трансакции).
2) У патство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство,
кое влегува во сила од 25 јули 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето), но се применува од 1 август 2014 година, кога ќе го замени досегашното Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитал-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Новото Упатство пропишува:
- нов образец МИ - Извештај за трансакции со странство и - н ов прилог - шифрарник (Шифри на видовите извештаи).
kontakt@proagens.com.mk
02/ 3162-979 i 3298-763
43
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРИМЕНА од 1.1.2015 година: 4) Упатство за начинот на непосредното известување за побарувањата и обврските од комерцијалното работење со нерезиденти,
к ое влезе во сила со денот на објавување т.е. од 17.7.2014 година, но ќе се применува од 1 јануари 2015 година, кога ќе го замени сеуште важечкото Упатство за начинот на непосредно известување за побарувања и обврски од комерцијално работење со нерезиденти („Службен весник на РМ“, бр. 39/07).
Новото Упатство пропишува: - н ов образец КИПО - Квартален извештај за побарувањата и обврските. GODI[NA PRETPLATA 2015
- PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR
denari
- POPUSTI ...
к ое влегува во сила од 25 јули 2014 година (осмиот ден од денот на објавувањето), но ќе се применува од 1 јануари 2015 година, кога ќе го замени сеуште важечкото Упатство за спроведување на Одлуката за известување за работи со хартии од вредност („Службен весник на РМ“, бр. 79/02 и 24/03).
Новото Упатство пропишува: - нов образец ВХВ 1 - Извештај за состојбата и промените на вложувањата во сопственички хартии од вредност и удели во инвестициски фондови,
- нов прилог - шифрарници (1. Сектор на инвеститор, 2. Видови хартии од вредност, 3. Сектор на издавач, 4. Видови каматни стапки).
14.900
- KONSULTACII
- нов образец ВХВ 2 - Извештај за состојбата и промените на вложувањата во должнички хартии од вредност и
- INFORMATOR
44
5) Упатство за начинот и постапката на известување за состојбата и промените на вложувањата на резидентите во хартии од вредност на странските финансиски пазари
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
www.p
roagens.mk
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
ОБИД ЗА ОДГОВОР НА ДИЛЕМИ ОКОЛУ ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА • Прашање:
?
Во врска со Законот за финансиска дисциплина, ако рокот на доспевање на фактурата е помал од 60 дена на пример: 7, 15 или 30 дена и должникот истата не ја плати во тој рок дали ќе се смета за закаснување по новиот закон или закаснувањето се смета ако не ја плати во рок од 60 дена без разлика што во фактурата е наведен пократок рок на доспевање? Одговор: Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
Ова прашање е на истата линија со прашењето за прекршочната одговорност на должникот кое е третирано во членот 17 од Законот за финансиска дисциплина (во натамошниот текст: ЗФД) и би можело да се разгледува и во смисла на тоа дали должникот според ЗФД ќе биде санкциониран ако го пречекори договорениот рок (рок кој произлегува од договорот, фактурата или друго соодветно барање за плаќање) или само доколку ги пречекори крајните рокови утврдени со членовите 5, 6, 7 и 18 од ЗФД (60, 120, односно 30 дена)? Дилемата која произлегува од вашето прашање е една од бројните дилеми во врска со примената на ЗФД. Нашето мислење е дека, доколку кај законодавецот постоше намера да го санкционира прекршувањето на договорениот рок ќе употребеше и посоодветна формулација во однос на прекршочната одредба од членот 17 од ЗФД, која на јасен и недвосмислен начин би укажувала дека глобата се изрекува доколку должникот нема да ја намири паричната обврска: „ВО РОК ДОГОВОРЕН ВО СОГЛАСНОСТ СО ОВОЈ ЗАКОН“, а не актуелната формулација: „ВО РОКОВИТЕ УТВРДЕНИ СО ОВОЈ ЗАКОН“. Според тоа, за закаснување во плаќањето според ЗФД нема да се смета пробивањето на договорните рокови (рокови од ф-рата), туку пробивањето на роковите утврдени со ЗФД. • Прашање:
?
Во врска со новиот ЗФД, ме интересира дали валутата за плаќање, дадена во самата фактура, како краен рок за исполнување на паричните обврски треба да биде иста со Договорот за купопродажба на стока.
* Правен советник
d_jacimovic@proagens.com.mk
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Конкретно, работиме со продажба на трговски (прехранбени) стоки на големо, па се случува често валутата на плаќање во фактурата за ист купувач да се менува при самата продажба во текот на годината, а со Договорот за купопродажба (кој се прави еднаш годишно), стои еден рок за плаќање? Или, во Договорот за купопродажба да се назначи дека „Валутата ќе биде наведена во секоја фактура и ќе се смета како последен ден за подмирување на обврската“.
45
Pr fesionalna Edukacija
Одговор:
46
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Пример на изречна писмена согласност:
Бидејќи годишниот договор за купопродажба меѓу исти договорни страни се реализира низ повеќе испораки на стоки или во согласност со речникот на ЗФД, низ повеќе „деловни трансакци“ проследени со посебни фактури кои имаат различни рокови за плаќање, сметаме дека договорот не треба да го дефинира рокот за плаќање бидејќи истиот не се совпаѓа со роковите утврдени во фактурите. Всушност, помеѓу договорот и фактурата, не смее да има разлика по однос на рокот, како што не смее да има разлика ниту по однос на останатите битни елементи на должничко доверителскиот однос (цената на стоката, видот и количина на стоката, ...), со оглед на фактот дека фактурата не е ништо друго и ништо повеќе од финансиско-сметководствена слика на договорот која само треба да ја преслика содржината на истиот, а не и да ја менува. Затоа, доколку не можете да обезбедите совпаѓање меѓу договорот и фактурите во делот на рокот за плаќање, предлагаме да внесете измени во договорот (со анекс или договор за изменување на договорот...) на начин што одредбата која содржи дефиниран рок ќе ја замените со една упатна општа одредна која во критичниот дел би гласела: „... стоката да се плати во рок утврден во фактурата, сметано од приемот на фактурата...“. Исклучок од ова постои само во случај ако рокот за плаќање е над 60 до максимум 120 дена, бидејќи според ЗФД (член 5 став 3) за таков подолг рок мора да постои изречна писмена согласност на договорните страни, што наметнува обврска одредбата за рокот да се вметне во самиот договор за да се задоволи законското барање за постоење на видлива „изречна писмена согласнот“ како непосредна правна основа за подолг рокот, или пак страните надвор од договорот за одделни исклучителни случаи на подолги рокови да склучат посебна согласнот (спогодба, двострана изјава).
02/ 3162-979 i 3298-763
www.p
„Договорните страни (продавачот и купувачот) изјавуваат дека се согласни плаќањето на вкупната купопродажна цена да се изврши во рок од 75 дена од денот на приемот на фактурата.“ Согласно со ова, ако немате рокови над 60 дена, во договорот може да стои општа клаузула дека ќе се плати во рок утврден со фактура, како што веќе нагласивме. • Прашање:
?
Имам прашање во врска со ЗФД и неговото влијание врз комисионото работење. Имено, во трговското опкружување, откако стапи законот во сила, се рашири мислење дека комисионото работење (регулирано во Законот за облигационите односи) е во колизија со ЗФД и дека комисионото работење не е веќе законска форма на трговско работење, со што даночната управа ќе ги казнува даночните обврзници кои работат комисион. Молам за ваше мислење. Одговор:
Со ЗФД се уредува рокот на плаќање на паричната обврска во сите облигациони односи (договори) кои за предмет имаат испорака на стока, давање на услуга или вршење на работа за соодветен паричен надоместок (членови 2 и 4 точка 1 од ЗФД), освен во оние облигации за кои со посебен закон се уредени посебни рокови за плаќање. Според тоа, и кај договорот за комисионо работење, кој претставува специфичен договор за давање на услуги со надомест (провизија) според член 827 од ЗОО, ќе важат роковите за плаќање од ЗФД, бидејки ЗОО не утврдува посебни рокови за плаќање на комисиона провизија па договорните страни ќе треба да го прилагодат своето работење согласно со ЗФД. Во членот 838 став 1 од ЗОО е утврдено дека: „Коминтентот е должен да му исплати на комисонерот надомест кога ќе биде извр-
roagens.mk
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
шена работата што ја извршил комисионерот, ... . Во ставот 2 од истиот член стои дека: „Во случај на постапно извршување, комисионерот може да бара сразмерен дел од надоместот по секое делумно исполнување“.
вање според ЗФД само ако се пробиени максималните законски рокови, не и договорените рокови (освен кога се поклопуваат со законските), и ние, како што веќе кажавме во одговорот на првото прашање, го поддржуваме ваквиот став.
Согласно со цитираните одредби од ЗОО, роковите од ЗФД применети во комисионото работење ќе се сметаат од наредниот дена од денот кога коминтентот ќе ја прими фактурата од комисионерот на име провизија за извршена услуга доколку доверитетелот (комисионерот) претходно ја извршил својата услуга.
• Прашање:
• Прашање:
?
Моето прашање е следново: Кога доверителот ставил рок на плаќање или валута 7 дена, дали ние како купувач имаме право и нема да бидеме казнети ако плаќаме во рок од 30 дена? До сега вообичаено плаќавме во рок од 30-дена иако немавме договор со нашите добавувачи. Одговор:
ЗФД пропишува мошне високи глоби (од 5.000 до 10.000 евра за правните лица, од 1.500 до 3.000 евра за трговци поединци и од 750 до 1.500 за одговорните лица) за должниците кои не плаќаат во законските рокови, поради што во интерес на сите субјекти кои стапуваат во деловни односи е да определат и наведат во фактурите или договорите што пореални рокови за плаќање, во рамки на максималните рокови (60 / 120 ден) предвидени со ЗФД. Според тоа, доколку држите редовен тренд да плаќате во рок од 30 дена или повеќе, согласно со ова ќе ги договорите и роковите со деловните партнери и ќе се придржувате до истите. Друго е прашањето дали Управата за јавни приходи (УЈП) ќе го толерира „неплаќачот“ ако го пречекори договорениот рок а притоа не го прекрши законскиот рок од 60 или 120 дена, бидејќи прекршочните одредби не се целосно јасни и предизвикуваат различни толкувања. Според некои мислења ќе има казну-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Имам две конкретни прашања во врска со Законот за финансиска дисциплина: 1. Д али може за продолжување на рокот за плаќање до 120 дена, да се потпише генерален договор со клиентот во кој ќе се назначи дека рокот за плаќање на фактурите е 120 дена или пак е потребно за секоја фактура посебно да се потпишува договор/согласност? 2. К ога се вели деловна трансакција, дали се мисли на продадена-купена стока/извршена услуга од 01.05.2014 па наваму или на фактура издадена со датум од 01.05.2014 па наваму, независно за кој период се однесувала извршената услуга/продадена-купена стока (на пр. фактура со датум 01.05.2014, а се однесува на услуга извршена во април 2014 година)? Одговор:
Одговорите ги даваме според редоследот на прашањата: 1. З ФД не пропишува обврска за секоја деловна трансакција (фактура) која што ќе произлезе од еден договорен однос меѓу истите договорни страни, да се склучува посебен договор само затоа што договорните страни предвидуваат рокот за плаќање да биде над 60 дена. Со оглед на тоа, доволно ќе биде со вашиот клиент да склучите еден, генерален договор во кој ќе ставите клаузула за согласност рокот за плаќање за секоја поединечна деловна трансакција (фактура) што ќе произлезат од договорот да биде 120 дена (или било кој друг рок над 60 до 120 дена) сметано од наредниот ден од приемот на фактура, односно од испо-
47
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
рака на стока ако истата се случила по приемот на фактура. Во секоја фактура ќе биде назначен рокот од 120 дена (или било кој друг рок над 60 до 120 дена). 2. З ФД се применува на сите фактури издаени по 01.05.2014 година, без оглед што стоката е купена/продадена во април или бил кој друг датум пред 01.05.2014 година. • Прашање:
?
Се работи за туристички агенции кои продаваат аранжмани и авиобилети. Од кога тече рокот за плаќање за ваквите деловни трансакции?
48
1. З а аранжманите се прави договор за алотман и пријава за патување. Во праксата закупотот на аранжманот се прави на пример во февруари а се однесува за месец август со што се добива попуст од 20%. Што ќе се смета за почеток на рок согласно со ЗФД? 2. Ш то ќе се смета за почеток на рок според ЗФД при продажба на авиобилети, доколку некој прави рано букирање на авиобилет кој ќе се реализира за 5 месеци и за кој во пракса не се прави договор, туку има само резрвација за истиот? Дали треба да се прави плус договор, односно како да се постапи? Одговор:
Почетокот на рокот за плаќање според ЗФД (член 5 став 2) се врзува за наредниот ден: од денот на приемот на фактура или друго соодветно барање за исплата, односно од денот на извршена услуга, ако фактурата или друго соодветно барање за исплата е примено пред извршување на услугата. Второ, можеби и најважно во врска со вашето прашање, е фактот дека ЗФД не се применува на деловни трансакции, кога една од договорните страни е физичко лице (граѓанин).
www.p
• Прашање:
?
Не можам јасно да утврдам дали Законот за финансиска дисциплина се однесува и на синдикатите и на деловните трансакции помеѓу работодавачот и синдикатот? Одговор:
ЗФД не се однесува на непрофитни организации, во кои спаѓаат и синдикатите организирани согласно со Законот за работните односи. ЗФД ги опфаќа деловните трансакции меѓу: 1) е кономските оператори од приватниот сектор и 2) с убјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор. Економски оператори од приватниот сектор, според член 4 став 1 точка 3 од ЗФД, се: - т рговско друштво или трговец поединец основан согласно со Законот за трговските друштва и - физички и правни лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон. Од оваа дефиниција произлегува дека во групата на економски оператори од приватниот сектор за кои важи ЗФД се вклучени и физички лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон, а кои ги препознаваме како самостојните вршители на дејност. • Прашање:
?
Во врска со Законот за финансиска дисциплина се соочивме со следното прашање. Имено досега практикувавме некој вид на „синдикална продажаба“. Склучуваме договори со синдикалните организации на пооделни институции (основни училишта, пошта, општини, здравствени институции и сл.) или директно со тие институции, во кои договори е предвидено нивните вработени да пазарат во нашите продажни салони и стоката да ја плаќаат
roagens.mk
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
на 6 или 12 рати (со заддршка од плата). Им фактурираме еднаш месечно. Фактурата не гласи на физичко лице туку гласи на име на синдикалната организација или на име на институцијата, а со фактурата се приложува список на лица вработени во таа институција кои пазареле во договорениот рок. Прашањето е дали со ваквата ф-ра која гласи на институцијата (основно училиште, гимназија, општина) кршиме некој член од Законот за финансиска дисциплина, и дали правиме некаков прекршок со самото потпишување на договорот (во кој има клаузула со која се предвидува можност за плаќање на 6 или 12 месечни рати)?
Одговор:
Со оглед дека ЗФД не се однесува на деловни трансакции со непрофитни организации како што се синдикати, во однос на нив немате обврска да го менувате начинот на работењето. Во однос на фактурирањето кон институциите од јавниот сектор и субјектите од приватниот сектор (трговско друштво, трговец поединец, правно и физичко лице кое врши профитна дејност) ќе мора да го примените ЗФД во поглед на роковите на плаќање. Роковите кај продажбата на рати, со ЗФД не се посебно уредени, така што и плаќање на паричните обврски на рати подлежи под истите рокови: 60, односно максимум 120 дена кога постои изречна писмена согласнот на договорните страни, сметано од наредниот ден од приемот на фактура, односно сметано од наредниот ден од применот на стока доколку фактурата е примена пред стоката. • Прашање:
?
Ако се доцни со плаќање дали според Законот за финансиска дисциплина друштвото кое издало ф-ра мора да пресмета камата и истата да се книжи?
02/ 3162-979 i 3298-763
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Одговор:
Според член 9 од ЗФД, доверителот има право да пресметува и наплаќа казнена камата во висина утврдена со закон (н.з. Законот за облигационите односи) на паричните обврски кои не се исполнети во роковите утврдени со ЗФД. Услов за дозволено побарување на казнената камата предвиден со ЗФД е доверителот претходно да ги исполнил сите свои договорни обврски. При делумно намирени обврски во утврдените рокови, казнената камата се пресметува и плаќа само на износот на ненамирените парични обврски. Според тоа, друштвото – доврител има право, но не и обврска да пресметува и книжи казнена камата. • Прашање:
?
Ако се доцни со плаќање дали доверителот мора да покрене постапка пред суд, нотар или извршител, и доколку мора, прашањето е што ако не се покрене постапка, а УЈП дојде во контрола? Одговор:
За доверителите на парични побарувања ЗФД не пропишува обврски по однос на покренување на постапки пред суд, нотар или извршител заради присилна наплата на ненаплатени побарувања. Право на наплата на побарувањето на доверителот застарува во роковите утврдени со ЗОО, и во рамките на тие рокови тој може да покренува постапка за присилна наплата пред надлежните органи. Исто така доверителот нема обврска за иницирање на конрола пред надлежните инстутуции (УЈП, Финансиска инспекција во јавниот сектор) кога должникот ќе го прекрши рокот за плаќање, како вонредна конрола по пријава. Согласно со ова, не постои прекршочна одговорност на доверителот за неиницирање на постапката на надзор врз примената на ЗФД. Иако нема обврски според ЗФД, во интерес на доверителот е правилно да го утврди рокот за плаќање во фактурата, договорот или друго соодветно барање за плаќање за-
49
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ради избегнување на проблемот со ништовност на договорениот рок, во кој случај би ва-
жел законскиот рок од 30 дена (член 7 од ЗФД).
• Прашање:
?
Ако со Договорот е уредено плаќање во рок од 120 дена, а е платено 110-ти ден или договорот е на 120 дена, а платено е 125-ти ден кои се последиците за доверителот и за должникот; и дали има отстапки за плаќање над 120 дена? Одговор:
Краен рок за плаќање е 120 дена, доколку изречно писмено е договорен меѓу доверителот и должникот. Ако е платено пред рокот, нема последици. Санкционирано е неплаќање во законскиот рок и нема отстапки во смисла на амнестирање од одговорност во случај на пролонгирање на рокот за плаќање над 120 дена.
50
• Прашање:
?
Дали е дозволена продажба на физички лица на фактура на 6 или 10 рати од аспект на ЗФД? Одговор:
ЗФД не се однесува на трансакции со граѓани. • Прашање:
Употребата на овие инструменти на пресметковен начин на плаќање која доведува до пробивање на утврдените рокови за плаќање се смета за прекршок по член 17 ставови 6 и 7 од ЗФД и се казнува со истите глоби како и директното кршење на роковите. • Прашање:
Казниво е користење на облигационите односи (цесија, асигнација, компензација, преземањето или пристапувањето кон долг или други слични облигациони договори) на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со ЗФД (член 16 став 2 од ЗФД).
www.p
?
Дали ќе има прекршочна постапка и изрекување глоби до 2015 год. (ЗА 2014 ГОД). Одговор:
Одредбите од ЗФД со кои се уредува постапката за спроведување на инспекциски надзор (член 13 од ЗФД) и роковите во кои надлежните институции: Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи се должни да постапат за да утврдат дали се прекршени одредбите од Законот, ќе се применуваат од 01.01.2015 година. Но, во 2015 година ќе се контролира и периодот од 01.05.-31.12.2014 година во однос на правилната примена на ЗФД. • Прашање:
?
Дали е казниво ако се наплаќа со компензација, цесија, асигнација, бидејќи слушнавме дека овие начини на плаќање целосно се забрануваат со ЗФД? Одговор:
Всушност се работи за казнување на злоупотреба на цесијата, компензацијата …. во смисла со нив да се влијае на продолжување на законскиот рок за плаќање кој веќе е утврден во договорот или фактурата.
?
Како да постапиме во случај кога немаме договорен рок за плаќање, односно кога фактурата сме ја примиле по истекот на валутата за плаќање (20 јули 2014) утврдена во неа? Одговор:
Со ЗФД (член 7) е пропишан посебен рок за плаќање од 30 дена во случај кога: - д оговорните страни не го утврдиле рокот за плаќање, и - д оговорите содржат ништовна одредба во однос на рокот за плаќање.
roagens.mk
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Притоа ЗФД во членот 10 утврдува дека како ништовна договорна одредба ќе се смета одредбата која во однос на доверителот е значително неправедна и нефер со оглед на начинот на кој го одредува датумот или периодот за плаќање, казнената камата или надоместокот на трошоците за задоцнето плаќање.
рува за три години сметано од истекот на рокот за наплата на главното парично побарување, од што произлегува дека во поглед на сметањето и траењето се поклопуваат роковите на застареност на побарувањата од договорите во прометот на стоки и услуги (член 363 од ЗОО) и на надоместокот за доцнење од ЗФД.
За значително неправедна и нефер се смета договорна одредба со која се утврдува:
Но, како што и самите констатиравте, и тука со право се отвора дилема во смисла дали доверителот има право на надоместок за доцнење по секоја деловна трансакција (фактура) или на еден надоместок за сите доцнења на ниво на еден договор. Ако се тргне од фактот дека последиците од ЗФД се врзуваат за секоја одделна деловна трансакција, а не за компелетен договорен однос, ќе произлезе дека и ова право на доверителот се однесува на поединечна трансакција, односно на поединечно доцнење. Понатаму, од ЗФД произлегува дека правото на надоместок од 3.000 денари е директно поврзано со прекршочната одговорност на должникот по ЗФД, што зачи дека доверителот има право на овој надоместок тогаш кога должникот ќе ги пречекори законските рокови од 60/120/30 дена, всушност кога УЈП ќе се стекне со можност да поднесе прекршочна пријава против должникот. Постои уште една дилема околку овој надоместок и тоа околу начинот на наплата на истиот. Бидејќи начинот на наплата не е уреден, единстевен можен начин ќе биде надоместокот да се побарува како споредно побарување во предлог за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа пред нотар, однос во тужба пред надлежен суд, а понатаму и во извршната постапка, исто како и казнената камата.
1) рокот за плаќање подолг од законски утврдениот рок; 2) рок кој го определува датумот на прием на фактурата и 3) исклучување, ограничување и условување на правото на казнена камата и на правото на надоместок за доцнење. Со оглед на наведените законски одредби, фактурата, односно договорот или друго соодветно барање за плаќање во кое нема утврден рок за плаќање, како и фактурата во која наместо рокот за плаќање е утврден датумот на плаќање, што според ЗФД е ништовно, треба да бидат платени во рок од 30 дена сметано од наредниот ден по денот на приемот на истата.
• Прашање:
?
Во дилема сум дали надоместок за доцнење од 3.000 денари според ЗФД се наплатува при доцнење по секоја одделна фактура меѓу истите договорни страни или доверителот има право само на еден надоместок по основ на еден договорен однос, без оглед на поединечните задоцнувања? Одговор:
Надоместок за доцнење со исполнување на парична обврска е утврден во фиксен износ од 3.000 денари како право на доверителот по член 8 од ЗФД и се исплатува еднократно. Смислата на истиот е во олеснувањето на положбата на доверителите од аспект на трошоците околу наплатата на побарувањето. Наплатата на овој надоместок заста-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Инаку, исто како и казнената камата и овој надоместок претставува право на доверителот, па истиот не мора да го побарува доколку не сака.
51
FESIONALNA EDUKACIJA
PR
A G E N C I J A “P R O A G E N S”
УКИНУВАЊЕ НА ОДРЕДБА ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ПОРАДИ НЕПРИМЕНЛИВОСТ Одлуката на Уставниот суд на РМ, У. бр. 62/2013 од 28 мај 2014 година, произведува правно дејство од 17 јули 2014 година како ден на објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 106/14
Сегменти од Одлуката на Уставниот суд
У
ставниот суд на Република Македонија ГО УКИНА членот 213-в став 3 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/23 и 170/13), кој гласи: > „(3) По завршувањето на постапката за утврдување на репрезентативноста, пристапниците од ставот (2) на овој член се враќаат на синдикатите.“ *****
52
Судот утврди дека во членот 213-в било предвидено дека: (1) Барање за утврдување на репрезентативност до Комисијата доставува синдикат, односно здружение на работодавачи на повисоко ниво. (2) Со барањето се поднесуваат и докази за исполнување на условите за репрезентативност, и тоа: 1) решение од уписот во регистарот на синдикати, односно решение од уписот во регистарот на здруженија на работодавачите; 2) список на членовите на синдикатот кои плаќаат членарина заверен од страна на овластен претставник на синдикатот и работодавачот, и пристапници на членовите, односно доказ за членство на работодавачите во здружението на работодавачите; 3) список на склучени колективни договори или колективни договори на кои им пристапил синдикатот, односно здружението на работодавачи; 4) список на синдикати - членки на синдикатот по гранки, односно оддели, односно список на работодавачи членки по гранки, односно оддели и
WWW
5) список на локалните синдикати - членки, односно работодавачи по општини со седиште и адреса. (3) По завршувањето на постапката за утврдување на репрезентативноста, пристапниците од ставот (2) на овој член се враќаат на синдикатите. (4) Работодавачот е должен, на барање на синдикатот да издаде потврда со списокот на членовите на синдикатот кои се вработени кај него и плаќаат членарина. Тргнувајќи од анализата на наведениот член произлегува дека при утврдување на репрезентативност на сидикатот освен списокот на членовите на синдикат кон барањето за утврдување на репрезентативност било потребно до Комисијата да се достават и пристапници на членовите, при што согласно ставот 3 од истиот член по завршување на постапката пристапниците од ставот 2 на член 213-в се враќале на синдикатот. Судот, исто така утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 11/2012 ) било предвидено дека во членот 213-в став 2 точка 2 зборовите „и пристапниците на членовите“ се бришат. Од анализата на наведениот член произлегува дека со измените на Законот за работните односи од 2012 година, обврската за доставување на пристапници на членовите на синдикатот за утврдување на репрезентативност престанала или поточно речено делот од член 213-в став 2 точка 2 „и пристапниците на членовите“ не е во правниот поредок. Со оглед на тоа, Судот оцени дека ставот 3 на член 213-в, а кој е оспорен со иницијативата, бил во функција на ставот 2 се до измените на Законот. Со направените измени, оспорениот став 3 на член 213-в ја изгубил својата функција односно станал неприменлив, од кои причини се повредува начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.
.PROAGENS.MK
РАБОТЕН ОДНОС
ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС 1. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА Право на работникот на плата
С
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
поред член 32 став 2 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка. Ова уставна одредба е вградена и комплексно уредена со Законот за работните односи – ЗРО 1, во членовите од 105 до 115 (глава VIII), во чии рамки се опфатени сите видови на плаќања од работен однос: a) платата и нејзините составни елементи (основна плата, дел за работната успешност и додатоци на основната плата); б) надоместок на плата што на работникот му се исплатува во случаи на отсутност од работа и в) надоместување на трошоците поврзани со работата. Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување (член 105 став 1 од ЗРО). При исплатата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го обврзува работодавачот - член 105 став 2 од ЗРО. Платата е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоците, ако со друг закон не е поинаку определено - член 105 став 3 од ЗРО.
2. ПЛАТА 2.1. Парична форма на плата ЗРО плаќањето на работата го дефинира како еден од суштинските сегменти на договорот за вработување склучен меѓу работникот и работодавачот. При тоа, ЗРО поаѓа од пошироката дефиниција на плаќањето на работата, составено од: платата, надоместоците и евентуалните други видови на плаќања.
* Правен советник
d_jacimovic@proagens.com.mk
1
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13; како и 10 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10 и 132/10.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
53
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
пштиот колективен договор за приО ватниот сектор од областа на стопанството (во натамошниот текст: ОКДПС) во членовите од 15 до 26 го утврдува правото на работникот на плата и ги дефинира елементите на плата согласно со ЗРО. Истото го прави и Општиот колективен договор за јавниот сектор (во натамошниот текст: ОКДЈС) со членовите од 11 до 16. Во членовите 105 и 106 од ЗРО е утврдено дека платата може да се исплатува само во парична форма.
54
Освен што исплатата мора да се врши во парична форма, во договорот за вработување и висината на основната плата мора да биде изразена во паричен износ, согласно со член 28 став 1, точка 9, која е дел од измената на ЗРО (25/13), во сила од 19.02.2013 година. На овој начин се расчистија дилемите околу формата на изразување на износот на основната плата во договорот за вработување која претставува загарантиран, фиксен дел од плата на работникот. Истовремено јасна дефиниција за формата на изразување на платата, доведе и до дефинитивно напуштање на дескриптивниот пристап во определувањето на истата во договорите за вработување кој реално служеше само за замаглување на јасниот износ, бидејќи најчесто ја правеше зависна од различни интерни критериуми од акти на работодавачот (бодови и сл.), со помош на кои платата лесно добиваше променлив израз, по желба на работодавачот.
2.2. Составни елементи на плата Елементи на платата според членот 106 од ЗРО се: 1) основна плата, утврдена врз основа на сложеноста на работата на работното место, 2) дел од плата за работната успешност кој се одредува во зависност од домаќинското работење, квалитетот и обемот на работата и
3) додатоци (надоместоци) утврдени во зависност од посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за: а) работа во смени, б) р абота во поделено работно време, в) ноќна работа, г) р абота на дежурство, согласно закон, д) продолжена работа, ѓ) р абота во ден на неделен одмор, е) р абота во празници определени со закон и ж) додаток за работен стаж. Со измената на ЗРО (124/10, од 28 септември 2010 година), во членот 105 со ставот 4 се предвиде МОЖНОСТ работодавачот на работникот да му исплати 13-та плата, доколку има услови за тоа.
2.3. Основна плата - фиксен, постојан дел Задолжителен (постојан) елемент на платата е основната плата. Таа претставува елементарен „гол“ надомест за ангажирање на работната сила, кој е зависен единствено од сложеноста на работата на конкретното работно место.
Параметри за определување на основната плата Параметрите за определување на основната плата * за полно работно време и нормален учинок од работата се износот на најниската (минималната) плата или според терминологијата на ОКДПС „пресметковната вредност за единица коефициент“ помножена со коефициентот на сложеност за одделна група на работи на која припаѓа работното место на кое работникот работи, согласно со договорот за вработување (член 16 од ОКДПС).
* Основна плата = Пресметк. вредност за единица коефициент (Минимална плата) Х Коефициент на сложеност www.p
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
За прв пат, со донесување на Законот за минимална плата во Република Македонија 2 (во натамошниот текст: Законот за минимална плата) е утврден износот на минималната плата на национално ниво како загарантирана трудово-социјална категорија под која не може да се врши исплатата на работникот во работниот однос, без разлика дали истиот се остварува кај работодавачите од профитниот или од јавниот сектор во Македонија. Минимална плата, според членот 2 од Законот за минимална плата во РМ, е најнискиот месечен износ на ОСНОВНА ПЛАТА која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок. Со оглед дека минималната плата се дефинира како најнискиот месечен износ на основна плата, а според член 16 од ОКДПС параметри за определување на основната плата за полно работно време и нормален учинок од работата се износот на најниската плата помножен со коефициентот на сложеност, произлегува дека Законот за минимална плата ги актуализира коефициентите на сложеност на работите/работните места утврдени со ОКДПС (член 19), односно од гранските и другите колективни договори во кои истите се утврдени. За 2014 година, согласно со измената на Законот за минимална плата минималната нето плата изнесува 8.800 денари (во 2015 година = 9.590 денари и во 2016 година = 10.080 денари) а во одделите - производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, висината на минималната плата за 2014 година изнесува 7.500 денари.
Минимален загарантиран износ на платата на работникот Вака утврдената основна плата, како производ на минималната плата и коефициентот на сложеност, претставува минимален загарантиран износ на платата на работникот, под 2
кој тој не може да биде исплатен. Основната плата во повисок износ од загарантираниот, во профитниот сектор нема пропишан лимит туку е целосно предмет на договарање меѓу работникот и работодавачот. Основната плата е фиксен дел на платата и претставува основа на која се надградуваат двата останати делови на платата, а то се: а) додаток за работна успешност и б) додаток кој произлегува од распоредот на работното време (надоместоци за: прекувремена работа, ноќна работа, работа за празник, ден на неделен одмор и сл.), при што ЗРО тука го вклучува и додатокот за работен стаж (член 106 од ЗРО)
2.4. Дел од платата за работната успешност – варијабилен дел Делот од плата кој зависи од работната успешност на работникот е варијабилен бидејќи е зависен од обемот на работа, квалитетот на нејзиното извршување и воопшто од односот на вработениот кон работните задачи, кон почитувањето на барањата и упатствата на работодавачот. Овој дел од платата го изразува професионалниот и карактерниот профил на вработениот, бидејќи е непосредно зависен од неговата способност, совесност, продуктивност, грижливост, моралните вредности и сл. на работа и во врска со работа, кои во целина се рефлектираат како работна успешност. Произлегува дека овој дел од плата нема фиксна и задолжителна димензија и дека во суштина зависи од совесноста и способноста на работодавачот да ја процени и ефектуира работната успешност на работникот во вид на парична награда која претставуава дел од платата над фиксниот, познатиот дел (над основната плата). Според член 106, став 2 од ЗРО и член 21 и член 22 од ОКДПС овој дел од плата т.е. работната успешност се утврдува според следните критериуми и мерила: - домаќински однос, - обем,
„Службен весник на РМ“, бр. 11/12 (во сила од 01.02.2012 година, со примена од 01.01.2012 година, почнувајќи од исплата на плата за јануари 2012 година) и 30/14.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
55
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- квалитет,
Според член 16 од ОКДЈС делот од плата за работна успешност се утврдува во зависност од:
- креативност и инвентивност, - остварена продуктивност, - економичност, - заштеди во процесот на работење, - е фикасност и користење на средствата за работа и работното време и - д руги критериуми и мерила утврдени со колективен договор на ниво на гранка, оддел, односно на ниво на работодавач. Работната успешност се мери, односно проценува за поединци или групи на работници според однапред утврдени критериуми и мерила со кои работникот се запознава пред да почне да работи.
56
Резултатите од работењето на работникот ги оценува работникот кој го води и организира процесот на работа. Доколку работникот не ги достигнува работните резултати од причини што не зависат од работникот (немање на струја и други енергенси, дефект на машините и немање на суровини или други објективни причини утврдени со колективен договор на ниво на работодавач), има право на основната плата. Во случај кога 50% од работниците не ги исполнуваат утврдените норми и нормативи, синдикатот може да покрене иницијатива за нивно преиспитување.
- в онредно и натпросечно оптоварување на работникот; - зголемен обем на работа и - п редвремено и квалитетно извршување на работите. Конкретните мерила за процена на наведените критериуми се утврдуваат на ниво на дејност. Висината на средствата за делот од платата за работна успешност се исплатува во рамките на обезбедените средства.
Пример на вреднување на работна успешност во колективни договори Во членот 50 од КД за комуналните дејности („Службен весник на РМ“, бр. 107/06), исто и во КД за угостителството на РМ („Службен весник на РМ“, бр. 2/08), согласно со покажаните резултати основната плата на работникот може да се зголеми до 30%. Работната успешност на работникот се утврдува секој месец според следните критериуми кои пооделно во зголемувањето на основната плата на работникот, учествуваат со следните проценти:
Ред. Критерим бр. 1. Домаќинско работење 1.а. Навремено изврш. на работите 1.б. Остварена продуктиност на трудот 1.в. Заштеди во процесот на работење 1.г. Ефикасност во користењето на раб. време 2. Обем на извршени работи 3. Квалитет на извршени работи Работната успешност и процентот на зголемувањето на основната плата на работникот, на предлог на непосредниот раководител на работникот, ја утврдува директорот, а на раководните работници тој лично.
www.p
Процент до + 20% (вкупно) до + 5% до + 5% до + 5% до + 5% до + 5% до + 5%
Процентуалното учество на критериумите во зголемувањето на основната плата се искажува во пресметковната листа за исплатената плата на работникот.
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
2.5. Додатоци (надоместоци) на плата Додатоци кои произлегуваат од распоредот на работното време Третиот дел од плата според член 106, став 3 од ЗРО претставуваат додатоците (надоместоците) на плата кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за: а) работа во смени, б) работа во поделено работно време (двократно дневно раб. време), в) н оќна работа, г) р абота на дежурство, согласно со закон, д) п родолжена работа (прекувремена работа), ѓ) р абота во ден на неделен одмор, е) работа во празници определени со закон и ж) додаток за работен стаж. Додатокот за работен стаж (минат труд), кој всушност е условен со должината на работниот стаж на вработениот, а не со распоредот на работното време на работодавачот, укажува дека неговото место не е меѓу додатоците од член 106 став 3 од ЗРО, туку претставува посебен додаток, кој платата задолжитено ја зголемува месечно, а не од случај до случај, како што е случај со останатите додатоци од овај член.
Основица за пресметување на додатоците на плата – основна плата Основица за пресметување на сите додатоци на плата кои произлегуваат од членот 106 став 3 од ЗРО е основната плата на работникот во согласност со одредбите од член 24 од ОКДПС и член 17 од ОКДЈС, во кои се утврдени и процентите за пресметување на истите. Според тоа, работодавачот при пресметка на додатоците на плата секогаш ќе се ра-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
ководи од фиксниот износ на платата на работникот утврден со договорот за вработување (основната плата на работникот) и нема да ги зема предвид исплатените додатоци по основ на работна успешност, односно по основ на распоредот на работното време (прекувремена работа, работа ноќе, работа во три смени...).
Висина на додатоците на плата во приватниот сектор Во приватниот сектор од областа на стопанството основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: - прекувремена работа .................. 35% - работа ноќе ................................... 35% - работа во три смени ..................... 5% - работа во ден на неделен одмор. 50% Според член 127 од ЗРО, како ноќна работа се смета работењето во ноќно време, а тоа е период помеѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени. Во денови на празници и неработни денови утврдени со закон (Закон за празниците на Република Македонија - „Служен весник на РМ“, бр. 21/98 и 18/07), работникот има право на: а) надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи, плус б) п лата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Додатоците меѓусебно не се исклучуваат - член 24 став 3 од ОКДПС. Додаток за работен стаж - Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж - член 25 од ОКДПС. При пресметувањето на додатокот за работен стаж кој во својата генеза е додаток за труд реализиран (истрошен) во изминатиот период, познат и како „минат труд“, како ра-
57
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ботен стаж треба да се смета секоја година што работникот ја поминал во работа по основ на работен однос врз основа на која бил задолжително осигурен. Под време поминато во работен однос се смета сето време поминато во работен однос со полно работно време и времето поминато во работен однос со неполно работно време, во траење што одговара на вкупниот број часови на таквата работа остварена за одделни години, пресметани за полно работно време.
58
Висина на додатоците на плата во јавниот сектор Со изменување на член 17 од ОКДЈС (објавувено во „Службен весник на РМ“, бр. 85/09) со примена од 9 јули 2009 година, намален е процентот на додатоците на плата за вработените во јавниот сектор, кои пред тоа не се разликуваа од додатоците во стопанството (освен додатокот за работа во ден на неделен одмор кој изнесуваше 35%).
Покрај наведените, член 23 од ОКДПС предвидува и додатоци на плата за работа во услови потешки од нормалните. Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место, а особено:
Основната плата на работник, сметано од 9 јули 2009 година, се зголемува по час за:
- работни задачи во чие извршување работникот е изложен на неповолните влијанија на околината (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, бучава, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло);
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на:
- при работни задачи во кои согласно со прописите работникот употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски, маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други заштитни средства и
Додатоците меѓусебно не се исклучуваат - член 17 став 3 од ОКДЈС.
- работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија). Со колективен договор на ниво на гранка, оддел односно на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа.
02/ 3162-979 i 3298-763 www.p
- прекувремена работа ………………… 29% - работа ноќе………………………........... 29% - работа во три смени ...................... 4% - работа во ден на неделен одмор 29%
- надомест на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и - плата за поминатите часови на работа зголемена за 42%.
Правото на зголемена плата по основа на работа во три смени (4%) работникот го остварува само за деновите кога работи во втора и трета смена. Додаток за работен стаж - Различно од приватниот сектор, во јавниот сектор е лимитирано зголемувањето на основната плата по основ на работен стаж: основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20% - член 18 од ОКДЈС.
3. НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА 3.1. Услови за исплата на надоместок на плата на товар на работодавачот Во членот 112 од ЗРО е уредено правото на работникот на надоместок на плата.
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
Основната одредба која се однесува на надоместокот на плата е содржана во ставот 1 на овој член. Според неа, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со законот, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Од одредбата произлегува дека работникот ги исполнува условите за користење на правото на надоместок на платата, доколку е: 1) отсутен од работа и 2) а. о тсуството да произлегува од причини (случаи) кои имаат своја основа во законот (или колективен договор во согласност со закон), поради што се сметаат за законски одржани, оправдани причини или б. о тсуството да е последица на причини предизвикани од страна на работодавачот. Специфичен случај на отсуство од работа, утврден во членот 112 став 7 од ЗРО, во кој на работникот му следува надоместок на плата, е случај кога не може да ја врши работата поради виша сила. Специфичноста на случајот е во тоа што отсуството од работа е предизвикано со прекин на работниот процес поради оправдана, присилна причина, а тоа е „виша сила“, која не е предизвикана ниту од работодавачот ниту од работникот. Таквата, неутрална причина, се одразува и врз износот на надоместокот, како што е подолу прикажано (точка 3.5.).
3.2. Времетраење на исплатата на надоместокот Општиот принцип за времетраењето на исплатата на надоместокот на плата, доколку отсуството од работа произлегува од законски, односно со колективен договор утврдени причини, е изразен во членот 112 став 1 од ЗРО. Според него, надоместокот на плата на работникот му следува за цело време на отсуство од работа.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
3.3. Случаи во кои се исплатува надоместок на плата од средствата на работодавачот а) Приватен сектор Оправданите случаи на отсуство од работа на работникот, кои повлекуваат обврска на работодавачот да му исплати на работникот надоместок на плата, се содржани во повеќе одредби на ЗРО. Тоа се одредбите од следните членови: 83; 92; 112, 137 став 1; 146; 148; 149; 150 став 2; 155; 171 и 241 од ЗРО. На овие членови се надоврзуваат членовите 28, 30, 31, 32, 33, 34 и 42 од ОКДПС. Следејќи го редоследот на членовите според нивната систематизација во ЗРО и меѓусебна поврзаност и условеност, произлегува дека работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата од средствата на работодавачот, во следните случаи: - о тстранување од работа (суспендирање) на работникот до донесување на одлуката за отказ на договорот за вработување член 83 од ЗРО (види во точката 11.10. за причините на отстранувањето). - з а време на отказен рок - платено отсуство од работа од 4 часа неделно - член 92 од ЗРО и член 28 ст. 1 алинеја 9 од ОКДПС; - г одишен одмор, во траење од најмалку 20, односно 26 работни дена - член 112 став 2, член 137 став 1 од ЗРО и член 28 ст. 1 алинеја 2 од ОКДПС; - п рекин на работа поради виша сила - член 112 став 7 од ЗРО; - п рекин на работен процес од деловни причини до три месеци во тековната година - член 112 став 10 од ЗРО и член 28 ст. 1 алинеја 4 од ОКДПС; - п латен (вонреден) одмор до седум работни дена во тековната година поради лични и семејни околности - член 112 став 2, член 146 од ЗРО и членот 42 став 1 од ОКДПС: - за склучување на брак..................... 3 дена - за склучување брак на дете............. 2 дена - за раѓање или посвојуање дете...... 2 дена
59
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- за смрт на сопружник или дете...... 5 дена - за смрт на родител, брат, сестра..... 2 дена - за смрт на родител на сопружник.. 2 дена - за смрт на дедо или баба ............... 1 ден - з а полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до. 3 дена - за елементарни непогоди до......... 3 дена - празниците на РМ и неработни денови во согласност со закон - член 112 став 2, член 148 став 1 од ЗРО и член 28 ст. 1 алинеја 5 од ОКДПС; - времена неспособност за работа (боледување) на товар на работодавачот до 30 дена, односно над 30 дена во случаи на повреди настанати заради необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавач - член 112 став 3, 4 и 5 и член 149 од ЗРО и член 28 ст. 1 алинеја 1 од ОКДПС;
60
- д оброволно давање крв (право на отсуство од работа во траење од два последователни работни дена) - член 150 став 2 од ЗРО; - дообразование, стручно оспособување и преквалификација, односно доквалификација согласно со потребите на работодавачот - член 112 став 2, член 28 ст. 1 алинеја 7 од ОКДПС; - п олагање на испити во рамките на образување, дошколување или оспособување од интерес за работодавачот, или од сопствен интерес на работникот. Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен договор за образование правото на платено отсуство не е конкретно определено, работникот има право на платено отсуство од работа за деновите, кога првпат полага испити, на товар на работодавачот - член 155 од ЗРО; - право на мајка доилка на платена пауза во траење од еден ипол час дневно, до наполнета една година возраст на дете член 171 од ЗРО;
www.p
- с индикално образование во договор со работодавачот - член 28 ст. 1 алинеја 8 од ОКДПС; - ш трајк за време од 5 работни дена, организиран заради повредени права на работниците уредени со закон, колективен договор и со договорот за вработување - член 34 од ОКДПС во врска со член 241 од ЗРО; - в о други случаи утврдени со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач - член 28 ст. 1 алинеја 10 од ОКДПС.
б) Јавен сектор ОКДЈС во членот 19 ги утврдува на сличен начин случаите во кои на работникот му следува надоместок на плата поради отсутност. Според него, работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за: - в реме на привремена неспособност за работа поради болест; - годишен одмор; - платен вонреден одмор; - в реме на прекин на работниот процес од причини од страна на работодавачот; - за слободни денови; - дообразование, стручно оспособување и преквалификација, односно доквалификација, согласно со потребата на работодавачот; - п олагање испити за дообразование и стручно оспособување на работникот, заради сопствен интерес; - синдикално образование и - време на отказен рок.
3.4. Основица за пресметување на надоместок на плата а) Приватен сектор Основицата од која што се пресметува и исплатува надоместок на плата на работникот во стопанството за
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
време на оправдано отсуство од работа претставува неговата просечна плата во последните 12 месеци. Во платата како основица за надоместок влегуваат сите елементи на плата: основната плата, делот за работната успешност и додатоците по основ на распоредот на работното време, што на работникот му се исплатени во последните 12 месеци. Оваа основица произлегува од член 112 став 8 од ЗРО и член 28 став 2 од ОКДПС, според кои на работникот му припаѓа надоместок на плата во висина од неговата просечната плата од последните 12 месеци, ако со ЗРО или друг закон поинаку не е определено.
б) Јавен сектор Според ОКД за јавниот сектор (член 19 ставови: 2 и 3), основица за надоместок на плата претставува просечната исплатена плата на работникот во последните три месеци (доколку со закон поинаку не е определено), со тоа што во неа не се вклучува додатокот на плата за прекувремена работа.
3.5. Основица за надоместок на плата кога работникот во последните месеци не примал плата Според член 112 став 8 од ЗРО, доколку работникот во периодот од последните 12 месеци не примал плата, му припаѓа надоместок во висина на најниската (минимална) плата. Истата одредба е содржана и во ОКД за приватниот сектор (член 28 став 3) и во ОКД за јавниот сектор (член 19 став 4), со таа разлика што во јавниот сектор основицата за надоместок се врзува за тримесечниот период пред настанување на случајот на отсуство од работа. Имено, ако дословно ја примениме одредбата од членот 112 став 8 од ЗРО, произлегува дека за оние периоди во последните 12 месеци (односно 3 месеци во јавниот сектор) кога INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
работникот не примал плата, што би значело дека примал надоместок на плата (на пр. за време на: годишен одмор, боледување и други случаи на оправдано отсуство) или не примал ниту надоместок на плата (на пр. случаи на неплатено отсуство), основицата од членот 112 став 8 ќе треба да се пресметува од минималната плата под која, согласно со Законот за мининална плата на РМ се подразбира најнискиот месечен износ на основна плата (без оглед на реалниот износ на надоместокот на плата што работникот го примил во односниот период, на пример, за време на годишниот одмор). Практиката покажува дека субјектите најчесто, при утврдување на основицата за надоместок на плата, не ја земаат предвид најниската плата како пресметковна категорија за период кога работникот во последните 12 (односно 3 во јавниот сектор) месеци не работел, ако со тоа би влијаеле на намалување на основицата, односно на надоместокот. ИСКЛУЧОЦИ во поглед на основицата за надомест Исклучоците од горе утврдената основица за исплата на надоместокот на плата од средствата на работодавачот постојат во следните случаи на оправдано отсутво од работа: а) Прекин на работа поради виша сила - член 112 став 7 од ЗРО Ако работникот не може да работи поради виша сила, а тоа значи дека причината за прекин на работниот процес не е ниту на страна на работодавачот ниту на страна на работникот, тогаш работникот со работодавачот го споделува ризикот на работењето и има право само на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел. Во случајов, како основица за надоместок се зема тековен износ на платата. б) Штрајк - член 34 од ОКД за приватниот сектор Според членот 34 од ОКД за приватниот сектор, за време на штрајк кој е организиран поради повредени права на работниците уредени со закон, колективен договор и со договорот за вработување: три
61
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
неисплатени плати; неплатени придонеси и надоместоци; непотпишување на колективен договор и необезбедени услови за работа, работодавачот на работникот му исплатува надоместок на плата во висина од 60% основната плата (т.е. фиксна плата без додатоци, како основица) на работникот за време од 5 работни дена. Работникот ќе се стекне со право на надомест на плата само во случај ако легитимноста на штрајкот е во согласност со актот на соодветниот синдикат, односно ако добие легитимност од соодветниот синдикат. ОКД за јавниот сектор не го уредува износот на надоместокот за време на штрајк. Инаку, правото на работникот на надоместок на плата во висина од 60% од основната плата на работникот за време од 5 работни дена, не е предвидено со ЗРО. Имено ЗРО во членовите 240 и 241 предвидува дека на работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува само придонеси од плата на најниската основица за плаќање на придонесите. Според член 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (142/08,... и 170/13) најниската месечна основица за пресметување и плаќање на придонеси е 50% од просечната плата по работник во РМ објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика (за 2014 година изнесува: 15.451 денар).
62
Плаќање на надоместок на плата за времето на штрајк се пренесува на организаторот на штрајкот, меѓутоа, не во форма на обврска, туку како диспозитивна одлука на организаторот на штрајкот да може од своите средства на работниците да им обезбеди надоместок на нето плата. в) Отстранување работникот од работа до донесување на одлука за отказ - член 83 од ЗРО
За време додека трае отстранувањето, работникот има право на надомест во висина од 50% неговата плата која ја примил во претходниот месец.
3.6. Износ на надоместок на плата во одделни случаи Надоместок на плата, во одредени случаи на отсуство од работа предвидени со ЗРО и колективни договори, се утврдува во соодветни проценти од основицата за пресметување на надоместок. Така, работодавечот е должен на работникот да му исплати за време на: прекин на работа од деловни причини (привремен принуден одмор) - 70% од основицата, за период до три месеци во тековната година; отсуство од работа заради болест
или повреда (боледување): нови проценти на надоместок на плата за време на боледување од 1 јануари 2014 3 година по основ на измена на ОКДПС:
-
до 15 дена работникот има право на надомест на плата во висина од 70% основицата утврдена со закон;
-
над 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето за сите денови од 90% од основицата утврдена со закон и
-
во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот. Стариот режим на исплата на надоместокот за боледување на товар на работодавачот вклучуваше зголемување на процентите според следната скала: 70% од основицата за боледување до 7 дена; 80% од основицата за боледување до 15 дена, почнувајќи од првиот ден на боледувањето и 90% од основицата за боледување до 30 дена, почнувајќи од првиот ден на боледувањето
На 1 јануари 2014 година влезе во сила: „Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството“ („Службен весник на РМ“, бр. 189 од 31.12.2013 г.), во која се утврдени новите проценти на надоместокот за боледување.
3
www.p
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
Освен тоа новото решение од членот 31 од ОКДПС предвидува и надоместок на плата во висина од 90% од основицата во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот. Единствен случај, за сега, утврден со законот (член 112 став 4 од ЗРО) како исклучок кога работодавачот исплаќа надоместок на плата и над 30 дена, е случај на боледување предизвикано со повреда на работа како последица на необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот, врз основа на записник од органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот. Во записникот од извршениот увид кај работодавачот инспекторот на трудот е должен да наведе дали конкретната повреда е поради непреземање мерки за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот. Примерок од записникот инспекторот на трудот доставува и до Фондот за здравствено осигурување на Македонија. - во висина од 100% од основицата за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа, професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство (член 17 став 2 од Законот за здравственото осигурување). Ако работодавачот кај кого е вработен доброволен дарител на крв не му исплати надоместок, според членот 18 став 4 од Законот за здравственото осигурување, дарителот на крв може да бара тоа право да го оствари на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување. Во останатите случаи на отсуство од работа (види во точката 3.3.), освен во случај на штрајк, виша сила и отстранување од работа надоместокот се исплатува во висина на основицата (просечната плата на работникот
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
од последните 12 месеци), согласно со бројот на денови, односно часови на отсуството.
3.7. Основица за пресметување на надоместок на плата за време на ППО Основицата за пресметување на надоместокот на плата за работниците упатени на ППО (привремен принуден одмор), е износот на истатата (единствена) основица од којашто се пресметува надоместок на плата и во други случаи кога работникот отсуствува од работа: a) Во приватниот сектор: просечната плата на работникот во последните 12 месеци, ако со закон поинаку не е определено, односно ако не работел во тие месеци, тогаш најниската плата (член 112 став 8 од ЗРО и член 28 став 3 од ОКДПС), б) Во јавниот сектор: просечната исплатена плата на работникот во последните три месеци, доколку со закон поинаку не е определено, со тоа што во неа не се вклучува додатокот на плата за прекувремена работа, односно доколку во тој период не примал плата, му припаѓа надоместок во висина на најниската плата утврдена на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач - член 19 од ОКДЈС.
3.8. Основица за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на ППО Основица за плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување (пензиското и инвалидското, здравството и вработување) за работникот кој е упатен на ППО за времетраење на ППО претставува надоместокот на плата по основ на ППО. При тоа, тука ќе се земе предвид и член 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување според кој основицата за пресметување и плаќање придонеси не може да биде пониска од 50% од просечната (бруто) плата по работник во РМ објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
63
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
4. НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА 4.1. Трошоци од работен однос Трошоците поврзани со работата за кои на работникот му следува право на надоместок се утврдени во член 113 ставови 1 и 2 од ЗРО. Според овој член на работниците им се признава право на надоместок на трошоци поврзани со работата, за: - службено патување, - теренски додаток, - користење на приватен автомобил за службени патувања, - одвоен живот од семејството, - смрт на работникот или член на неговото семејство, - отпремнина при одење во пензија и - јубилејни награди.
64
Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со колективен договор - член 113 став 3 од ЗРО. Членот 113 од ЗРО беше предмет на позначајната измена која се случи во 2008 година („Службен весник на РМ“, бр. 161/08), со која почнувајќи од 24 декември 2008 година, работниците останаа без законско право на надоместок на трошоците за исхрана и превоз до и од работа, во паричен износ, кога истите не се организирани од работодавачот. Едновремено, со внесување на став 4 во член 113 од ЗРО, се утврди можност (а не обврска) работодавачот, на свој трошок на работниците да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа. Исто така, преку внесување на став 5 во член 113, за прв пат на ниво на закон се утврдија висината и основицата за пресметување на надо-местокот на трошоците за организирана исхрана и превоз до и од работа. Трошоците за исхрана може да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот соwww.p
обраќај. Истите се признаен даночен расход до пропишаната висина согласно со членот 14 став 1 точка 2 од Законот за данок на добивка. Во Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување („Сл. весник на РМ”, бр. 173/11, исправка-4/12 и 72/14) - во сила до 16.12.2011 година, дадени се следните дефиниции на организирана исхрана и организиран превоз (за даночни цели): Дефиниција: Организирана исхрана подразбира постоење на организациона единица во рамките на деловниот процес на работодавачот, во која на организиран начин работодавачот самостојно или со посредство на други компании врз основа на склучен договор за приготвување и дистрибуција на топол оброк (!?) им обезбедува исхрана на вработените. Организираната исхрана може да се јави кога местоположбата на извршувањето на работите и работните задачи кај работодавачот (фабрика, истурена градежна и др. оператива, рудник и сл.) или природата на работењето не им овозможува на вработените лица да се обезбедат со храна на друг начин. Дефиниција: Организиран превоз подразбира посебен линиски превоз само на определена група патници со исклучување на други патници. Со посебниот линиски превоз на патници се врши превоз на работници од дома до местото на работа и обратно, врз основа на договор склучен во писмена форма меѓу правно лице кое го нарачува превозот и превозникот во согласност со Законот за превоз во патниот сообраќај.
4.2. Трошоци во приватниот сектор според ОКДПС Надоврзувајќи се на член 113 од ЗРО, ОКДПС во членот 35 ја утврдува висината на трошоците поврзани со работа во однос на кои работникот има право на надоместок како и основицата за пресметување на надоместоците. Овој член беше предмет на измена со Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
приватниот сектор од областа на стопанството, во примена од 01.01.2014 година.
Основица за пресметување на надоместокот на трошоците Основицата за пресметување на трошоците поврзани со работа преставува просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во претходните 3 месеци.
Преглед на трошоците и висина на надоместување Работникот има право на надомест на следните трошоци: - дневници за службени патувања во земјата во висина од најмалку 8% од основицата; - дневници за службени патувања во странство согласно со колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавачно не помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци;
- регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со Општиот колективен договор. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. - в о случај на смрт на работник на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици; - во случај на смрт на сопруг, сопруга, деца и родители кои живеат во иста семејна заедница, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици;
- теренски додаток во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.), во висина утврдена со колективен договор на ниво на гранка, оддел односно на ниво на работодавач;
- з а јубилејна награда во висина на основицата - за најмалку 10 години работа кај ист работодавач;
- надомест за одвоен живот од семејството, во висина утврдена со колективен договор на ниво на гранка, оддел, односно на ниво на работодавач, но не помалку од 60% од основицата. Надоместокот за одвоен живот се исплатува кога работникот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштето на фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште.
На работникот му се исплатуваат и други надоместоци согласно колективен договор на ниво на гранка, оддел, односно на ниво на работодавач (член 35 став 4 од ОКДПС).
- н адомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар; - н адомест на трошоците при селидба за потребите на работодавачот, во висина на стварните трошоци;
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
- п ри заминување во пензија најмалку двократен износ од основицата.
Напомена:
ОКДПС нема одредба за меѓусебен однос/меѓусебно исклучување на надоместоците, како што е случај во јавниот сектор (член 21 ставови 3 и 4 од ОКДЈС).
4.3. Нови решенија кај регресот за годишен одмор и новогодишен надоместок Значајни се новите решенија во врска со регресот за годишен одмор (популарно: К-15), во примена на од 01.01.2014 година. За прв
65
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
пат, во ОКДПС се дефинира не само правото туку и минималниот износ на регресот за годишен одмор кој е задолжителен за сите субјекти од приватниот сектор кои не се вклучени во системот на колективното договарање на ниво на гранка/дејност, односно на ниво на работодавач кој систем предвидува посебни, поголеми износи за регрес. Новите правила за исплата на регресот за годишен одмор, утврдени преку измената на членот 35 став 1 алинеја 7 од во ОКДПС се следните: - минимален задолжителен износ на регресот е 40% од основицата: тримесечна нето плата исплатена во РМ (заклучно со април 2014 година изнесува 8.507 денари), - се исплатува под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач,
66
- се исплатува еднаш во текот на годината и - износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со ОКДПС. Даночен третман на регресот за годишен одмор останува ист како пред 01.01.2014 година: при исплатата се пресметува, задржува и плаќа персонален данок на доход од 10%, односно 11,1111% ако се пресметува од износот што се исплатува (нето примање). Регресот за годишен одмор е признаен даночен расход во Даночниот биланс во висина на 40% од просечната месечна бруто плата во РМ (заклучно со април 2014 година изнесува 12.599 денари). Со посебен, нов член 35-в од ОКДПС се уредува новогодишниот надоместок, со што се издвојува од групата на надоместоци на трошоци од членот 35, каде со години наназад, заедно со регресот за годишен одмор во рамките на алинеја 8 ја делеше судбината на www.p
воспоставеното право без конкретизиран износ, оставајќи износот да се утврдува со колективните договори на ниво на гранка, односно оддел. Новото решение од членот 35-в од ОКДПС во делот под наслов: „Останати видови на надоместоци“, на новогодишниот надоместок му ја одзема силата на право утврдено со колективен договар од највисок ранг (ОКДПС) кој е задожителен за сите субјекти од приватниот сектор и го сведува на можно право кое постои само доколку се договори со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач. Цитат: „Со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се утврди правото и висината на новогодишниот надоместок“. Даночниот третман на новогодишниот надоместок е ист како и на регресот за годишен одмор. И новогодишниот надомест се оданочува со персонален данок - ПДД (нето износ х 11,111%), но различно од регресот, новогодишниот надоместок се оданочува и преку Даночниот биланс – образец ДБ (по стапка од 10%).
4.4. Трошоци во јавниот сектор според ОКДЈС ОКДЈС има поинаков пристап во уредувањето на прашањето за надоместување на трошоците поврзани со работа. Тој, нема утврдена основица, ниту прецизирани износи на надоместоци туку со член 21 и со член 49 предвидува дека висината на надоместоците ќе ја утврдуваат потписниците на договорот и дека истата ќе се утврди до крајот на 2008 година, а ќе се применува од почетокот на 2009 година, што остана само во рамки на нереализирана одредба. Членот 21 од ОКДЈС ги предвидува следните надоместоци: - за исхрана, доколку исхраната не е организирана (се уште не е бришан); - на трошоци за превоз до и од работа во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци (се уште не е бришан);
roagens.mk
РАБОТЕН ОДНОС
- д невници за службени патувања во земјата; - дневници за службени патувања во странство согласно со Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци; - теренски додаток во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.); - за одвоен живот од семејството; - на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар со патен налог; - на трошоците при селидба за потребите на работодавачот; - во случај на смрт на работникот; - во случај на смрт на член на потесно семејството на работникот; - за непрекинато боледување подолго од 6 месеци; - отпремнина при одење во пензија и - јубилејни награди. За дневници за службени патувања во странство и трошоци за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот, се утврдува усогласување со анекс на колективен договор на годишно ниво. Меѓутоа, до денес анекс на колективен договор на годишно ниво не е склучен. Поради ваквата ситуација, надоместоците за вработените во јавниот сектор се исплатуваат согласно со законскиот пропис за извршување на Буџет на РМ за тековна година и другите закони на пр. Законот за исплата на платите во РМ, Законот за државните службеници, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката Македонија и другите закони, во кои надоместоците на трошоците се утврдени во фиксен износ или процент од соодветна основица. За трошоците за службени патувања и селидби во странство, исплатата се врши согласно со Уредбата за издатоците
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци („Службен весник на РМ“, бр. 50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 5/13 и 1/14).
4.5. Релативно право на регрес за годишен одмор за работниците од јавниот сектор За работниците од јавниот сектор (буџетските корисници и единките корисници во нивен состав) како и за вработените во сите правни лица, во кои кои приватниот капитал учествува помалку од 51%, регресот за годишен одмор, во поглед на неговата висина и можност за исплата е пропишан во Законот за исплата на платите во РМ - ЗИП. Според членот 9 на ЗИП, работодавачот може да врши исплата на регрес за годишен одмор најмногу до 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата (износ за април 2014 година: 12.900 денари). Во истиот член е предвидено дека регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата. Очигледно е дека ЗИП создава можност, но не и обврска за работодавачите од јавниот сектор за исплата на регрес за годишен одмор. Новогодишен надоместок не е пропишан со ОКДЈС ниту е предвиден во законските прописи од оваа сфера. 5. З АСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС Актуелниот ЗРО зазема дециден став околу прашањето за застарување на паричните побарувања од работен однос. Според членот 115 од ЗРО, паричните побарувања од работен однос (право на тужба за неисплатена: плата, надоместоци на плата и надоместоци на трошоци) застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската. Овој рок важи како за побарувањата на работникот, така и за побарувањата на работодавачот кон работникот.
67
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
РАБОТЕЊЕ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
У
потребата на платежните картички (дебитни или кредитни), во светот популарно наречени пластични пари, последнава деценија покажа интензивен пораст во домашниот платен промет. Предностите што ги нудат овие сурогати на готовите пари се повеќе ја наметнуваат нивната примена во домашната трговија.
Ирена НИКОЛОВСКА *
Платежните картички ги издава врз основа на договор за франшиза овластениот домашен издавач (како застапник на некоја меѓународна компанија). Во улога на издавачи на платежни картички најчесто се јавуваат банки и кредитни агенции. Издавач на платежна картичка може да биде и домашен субјект (кредитна агенција или друга институција/ друштво) без да застапува некоја странска кредитна агенција, односно банка. Друштвата се почесто применуваат деловни платежни картички, со оглед на големите поволности што ги нудат истите. Овие картички, како замена на готовина, се погодни за користење за разни плаќања што настануваат на службен пат, за репрезентација, материјални трошоци и сл. Од друга страна, во случај на потреба за готовина, поволна е можноста со картичките да се подигаат и готови пари од банкоматите (АТМ уреди) во земјата и во странство.
68
Електронски пари о Законот за платен промет („Службен весник на РМ“, В бр. 113/07, 22/08, 159/08, 133/09, 145/10, 35/11, 11/12, 59/12, 166/12 и 170/13) е пропишана можноста за плаќање со електронски пари. Електронски (дигитални) пари се парична вредност претставена како побарување од издавачот, која е сместена на електронски уред, издадена врз основа на прием на пари во износ кој не е помал од вредноста на издадените електронски пари и е прифатена како средство за плаќање од страна на лица кои не се издавачи на тие пари. Издавач на електронски пари може да биде само: 1) банка со седиште во Република Македонија која од гувернерот на Народната банка добила претходна согласност за издавање на електронски пари; * Даночен советник
2) филијала на банка од земја членка на Европската унија, во согласност со Законот за банките;
i_nikolovska@proagens.com.mk
www.p
roagens.mk
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
ска компанија, субјект за трговија на мало, компанија за мобилна телефонија итн.), при што картичките нудат посебни поволности за потрошувачите/клиентите на овие компании;
3) филијала на странска банка која, согласно со Законот за банките, од гувернерот на Народната банка добила дозвола за отворање и работа и 4) друштво за издавање електронски пари, кое од гувернерот на Народната банка добило дозвола за основање и работа во согласност со Законот за платен промет.
ѓ) „ потрошувачки“ картички на трговски субјект:
Електронските пари се издаваат врз основа на договор за издавање електронски пари склучен меѓу издавачот на електронски пари и физичко лице - сопственик на електронски пари. Врз основа на договорот, а по уплата на одредениот износ на парични средства, на сопственикот му се издаваат електронски пари со кои може да врши плаќања во износ до покритието на издадените електронски пари. За издадените електронски пари, сопственикот му плаќа на издавачот провизија. При плаќање со електронски пари не се наплатува провизија или други трошоци. Напомена:
о основ на отворена трансакциска П сметка, банките најчесто издаваат дебитни платежни картички.
2) според корисниците: а) лични картички (кредитни или дебитни)
1) според издавачите (емитентите): а) картички на домашни издавачи, б) картички на странски издавачи, в) банкарски картички (Visa, Master card итн.), г) н ебанкарски картички Express, Diners Club итн.);
(American
д) к обрендирани (co-branded) картички:
т оа се картички, кои се издаваат врз основа на договор за соработка на два субјекти: банка (или кредитна институција) и деловен субјект (авион-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
к ои се издаваат на барање на физичко лице и гласат на негово име;
б) деловни картички (Company Card / Business Card)
В ИДОВИ НА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ Вообичаена поделба на платежните картички е следната:
г олемите трговски субјекти (маркети/стоковни куќи) издаваат сопствени „потрошувачки“ кредитни картички. Овие картички може да се употребуваат како средство за плаќање само во продавниците на емитентот и нудат разни поволности (попусти) за редовните потрошувачи покрај можноста за одложено плаќање, врз основа на добиена пресметка од емитентот, обично еднаш во месецот;
к ои се издаваат на барање на правни лица и гласат на име на деловниот субјект, односно на име на овластено лице во субјектот кое има право картичката да ја користи за службени потреби;
3) с поред начинот на наплата на трансакцијата: а) дебитни картички
т рансакцијата се наплаќа во моментот на купувањето на доброто или услугата, со регистрирање на картичката во терминалот на продавачот, при што се врши автоматско намалување на средствата од трансакциската сметка на имателот на картичката. Кај овие картички е задолжително постоење на покритие на сметката за да се плати извршениот промет;
02/ 3162-979 i 3298-763
69
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
б) к редитни картички
с амото име говори дека се работи за краткорочно кредитирање. Постојат разни видови на кредитни картички. Кај некои картички е потребно да се има средства (покритие) на сметката, кои се намалуваат соодветно при пресметката на извршените промети што финансиската институција ја врши секојдневно или неколку пати во месецот. Кај други картички нема потреба за отворање сметка и покритие на истата, а прометот се наплатува врз основа на доставени пресметки/извештаи до имателите на картичката во определени периоди. Често, кај кредитните картички направените трошоци автоматски се распоредуваат на определен број рати (зависно од условите во договорот со издавачот), со или без договорена камата;
в) револвинг (кредитни) картички
70
ваа картичка овозможува направео ните трошоци да не се платат еднократно, туку само одреден минимален процент од истите, во зададен рок, а останатиот дел да се плати или еднократно или постепено според истиот процент или во висина утврдена според сопствен избор, при што се пресметува и плаќа договорена камата со оглед на овозможеното одложено плаќање;
4) според нивото на технолошка развиеност на картичките: а) обични картички
овие картички се на најниско ниво на технолошка развиеност и се речиси напуштени од употреба. Податоците за имателот на картичката се наведени со рељефни, испакнати, букви/цифри на картичката, при што се „читаат“ преку „импринтер“ т.е. апарат кој мануелно поминува над картичката и нејзините податоци се отсликуваат механич-
ки на слипот (сметката), а во некои ретки случаи кога не се применува импринтер, податоците рачно се запишуваат на слипот;
б) м агнетни картички
т оа се картички со магнетна трака на која се внесени податоците за имателот на картичката;
в) смарт / чип картички
вие картички, засега, се сметаат за о најбезбедни од аспект на можни злоупотреби, со оглед на тоа што сите податоци за имателот на картичката се содржани во електронски чип.
Како што се развива информатичката технологија, така се создаваат и понапредни видови на платежни картички, со се подобра заштита од потенцијална проневера и разни злоупотреби. Во денешно време плаќањето со картичките често се врши преку интернет, а и преку мобилен телефон.
АЧИН НА РАБОТЕЊЕ Н СО ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ Издавачот на платежната картичка (емитент) склучува договори со трговски субјекти, кои имаат обврска во своите продажни објекти да ги примаат платежните картички на емитентот како платежно средство, за што врз основа на договор ќе му платат одредена провизија. окрај провизијата што ја остварува од П трговците (продавачите), емитентот остварува приходи во вид на членарина и од физичките лица или правните лица - корисници (иматели) на платежни картички. Напомена:
Согласно со членот 23 точка 5 од Законот за ДДВ 1, банкарскиот и финансискиот промет, во кој е вклучен прометот и посредувањето во врска со работењето со тековни сметки (всушност:
„Службен весник на РМ“, бр. 44/99, 59/99-испр., 86/99, 11/00-испр., 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 45/06испр., 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12 и 12/14; У. суд - 93/00 и 17/04.
1
www.p
roagens.mk
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
трансакциски сметки по основ на кои се издаваат дебитни картички) и кредитни картички, е ослободен од оданочување со ДДВ без право на одбивка на претходниот данок. Упатството за ДДВ од Министерството за финансии определува дека ова даночно ослободување не го користат само банки и финансиски институции, туку може да го користат и други даночни обврзници кои вршат промет по било кој основ наведен во членот 23 точка 5 од Законот за ДДВ. Ова значи дека емитентот на платежната картичка не пресметува ДДВ на провизијата која ја наплатува од деловните субјекти за извршениот промет наплатен со картичка, како и на членарината на имателите на картичката.
упопродажба со примена К на платежна картичка Во прометот наплатен со платежните картички се јавуваат три учесници: 1. И здавач на платежната картичка (емитент); 2. К орисник (имател) на платежната картичка и 3. П родавач (трговец) кој продава стоки и услуги преку платежни картички. Сопственик на платежната картичка е нејзиниот издавач (банка), кој на корисникот му ја дава на употреба. Таа е непренослива и картичката може да ја употребува само лицето чие име е втиснато на предната страна на картичката (на магнетната трака / чипот на картичката). Издавачот на платежната картичка на корисникот му доставува по правило еднаш месечно (или во пократки договорени рокови) пресметка (извештај за прометот) за стоките или услугите купени со картичката, која тој мора да ја плати во договорениот рок, а доколку доцни со плаќањето му пресметува и казнена камата. Овие извештаи може да се отвораат и во електронска форма на интернет страниците на издавачите на платежни картички. INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
здавачот на картичката, без оглед на тоа И дали примил пари од корисникот, во договорениот рок мора да ги подмири пресметките добиени од продавачот, односно долгот по основ на прометот извршен од продавачот што претходно, во моментот на плаќањето, е евидентиран по електронски пат, намалувајќи го при тоа износот за договорената провизија. Продавачот, врз основа на договорот со емитентот, има обврска на своите продажни места да го употребува ПОС терминалот за соодветната картичка (апарат низ кој се провлекува картичката, при што електронски се пренесуваат податоците за прометот и имателот на картичката до емитентот). Од ПОС терминалот излегува сметка т.е. слип во два примерока, кои имателот на картичката треба да ги потпише (освен кога при внесување на ПИН кодот на имателот не е потребен неговиот потпис). Постои можност да се користат ПОС терминали на нематични издавачи на платежни картички. окрај слипот, корисникот на картичката П добива и фискална сметка (при користење на деловна картичка, треба да се бара дополнително и фактура или сметкопотврда, како документ за книжење во сметководството), која е вистинскиот доказ за извршениот промет, додека слипот е само доказ за користење на картичката како средство за плаќање. Продавачот го чува едниот примерок од слипот и го приложува кон дневниот финансиски извештај. Напомена:
Плаќањето со платежна картичка, иако е фактички безготовинско плаќање, се смета за готовинско плаќање, кое задолжително се регистрира во фискалниот систем и за кое се издава фискална сметка. Оваа обврска не е пропишана директно во Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 31/01 ... и 188/13), освен во членот 5 кој ја пропишува содржината на фискалната сметка, во рамки на која задолжително треба да има податок за оп-
71
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
исот на плаќањата - во готово или со платежна картичка. Меѓутоа, оваа обврска за издавање фискална сметка при плаќање со платежна картичка е наведена во „Водичот во фискализација“ издаден од Управата за јавни приходи во 2007 година, како и во „Водичот за издавање документ касова-сметка, касова сметка за сторна трансакција и за функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем на управување“ издаден од Министерството за финансии во 2002 година. Слипот се состои од два примерока и тоа: 1) прв примерок (оригинал) кој му се врачува на корисникот и 2) втор примерок (копија) што останува кај продавачот.
72
Во случаи кога е потребно испраќање на слиповите (ретка пракса) кај емитентот заради наплата, слипот се издава во 3 примероци, при што третиот примерок (копија) се доставува заедно со останатите слипови на издавачот на картичката. За продавачот, платежната картичка е само еден од начините на наплата за продадената стока или услуга што тој го прифатил во своето работење. Уште со потпишувањето на договорот, продавачот се обврзува дека на сите свои продажни места на корисниците на соодветната платежна картичка ќе им ги продава добрата и услугите по исти цени како плаќањето да е извршено во готово. Со договорот тој прифаќа и при секоја продажба да му ја отстапи договорената провизија на емитентот (вообичаено 1-2% и помалку). Затоа продавачот на време треба да води сметка, оваа провизија да ја вкалкулира во својата маржа, која мора да биде доволна за покривање на трошоците на прометот и очекуваната добивка. Продавачот при продажбата на стоки и услуги на платежна картичка посебно треба да внимава:
- д али потписот на корисникот на сметката (слипот) е ист со оној на грбот на картичката; - д а не е истечен датумот до кој може да се користи картичката; - картичката да не е оштетена; - б ројот на картичката да не се наоѓа на списокот на поништените и изгубени картички доставен од емитентот. Со цел за обезбедување на поголема сигурност од злоупотреба на платежните картички, продавачот треба да побара од корисникот на картичката документ за лична идентификација (лична карта), а исто така, зависно од ПОС терминалот и видот на картичката, најчесто е потребно корисникот на картичката на терминалот да го отчука сопствениот ПИН код. ри продажбата на стока или услуга на П имател на картичка, продавачот бара авторизација (одобрување) од емитентот (т.е. бара информација дали имателот на картичката има доволно покритие, односно дозволен кредит на сметката по која е издадена картичката), која се врши по електронски пат, со провлекување (ставање) на картичката низ (во) ПОС терминалот, од кој излегува сметка-слип, а податоците од слипот автоматски се пренесуваат од продажното место до емитентот (односно подоцна се праќаат слиповите до емитентот, во случај кога нема електронски пренос на податоци). Во поретки веќе напуштени случаи, кога импринтерот мануелно поминува над картичката, продавачот се јавува кај емитентот за да бара авторизација и го запишува бројот на авторизацијата на самата сметка. Фискалните сметки, заедно со слиповите и дневниот финансиски извештај, се доставуваат во сметководството на субјектот за евиденција.
- д али картичката на грбот е потпишана од корисникот; www.p
roagens.mk
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Начин на наплата на слиповите При продажбата со платежна картичка, во улога на купувач, односно должник, фактички се јавува издавачот, односно емитентот, а не корисникот на кој му се испорачува стоката, односно за кој се врши услугата. Корисникот на картичката ќе го плати долгот, во определениот рок, по основ на извештај за прометот доставен од емитентот. ајчесто, со оглед на електронскиот преН нос на податоци за прометот од ПОС терминалот на продавачот до емитентот, продавачот не ги испраќа на емитентот (т.е. банката) слиповите (ниту било каква пресметка), туку во договорениот рок банката ги дозначува средствата на трансакциската сметка на продавачот, намалени за договорената провизија. Меѓутоа, ретко, во случај на користење на одредени картички (кога не постои електронски пренос на податоци за прометот), потребно е продавачот да испостави збирна пресметка (Charge Summary) на емитентот за прометот наплатен со картичките, кон која се приложени и сите слипови од картичките, при што продавачот во пресметката го внесува бруто износот што го побарува, како и провизијата, чиј износ емитентот ќе го задржи при префлањето на нето износот на средствата што го побарува продавачот. Копиите од збирните пресметки, емитентот треба да ги раздели по корисници. Доставата на збирните пресметки се утврдува со договор. Кога постои таков начин на работење, иако веќе тоа е ретко, вообичаено е овие сметки да се доставуваат еднаш месечно, односно петнаесетдневно, но големите стоковни куќи може тоа да го прават и дневно. Согласно со договорот, емитентот не ги дозначува побаруваните средства на продавачот, доколку не му се достави збирна пресметка, а исто така има право во случај на задоцнета достава на збирните пресметки истите да не ги признае. Со дигитализацијата целиот овој процес е автоматизиран.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
ДЕЛОВНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА
Деловните платежни картички, познати под името компаниски картички, односно Company Card, Business Card или Corporate Card, гласат на име на правното лице. Основната деловна картичка емитентот не ја издава, а наместо неа, издава дополнителна деловна картичка на која стои името и презимето на лицето овластено да ја користи ваквата картичка во деловни цели. Користењето на деловната картичка, постапката на продажба со оваа картичка, како и сметководствената евиденција на извршениот промет, се исти како и кај личната платежна картичка. Деловната картичка најчесто се применува при службени патувања, плаќање угостителски и хотелски услуги од страна на вработените лица, при што значително е олеснато плаќањето и анализата на трошоците од страна на деловниот субјект (преку добивање детални извештаи за секое користење на картичката), а исто така е елиминирано физичкото носење готови пари. Исто така, оваа картичка се користи и за набавка на разни добра и услуги од страна на субјектот за деловни потреби. Употребата на деловни картички носи повеќе предности за корисникот на деловната картичка поради следното: - с е поедноставува плаќањето на сметките на добавувачите со едноставно презентирање на картичката. Емитентот еднаш месечно, односно на 15 дена (или во друг рок, според договорот) ќе испостави извештај за сите плаќања извршени со деловна картичка, со што се одбегнува поединечното пополнување на налози и сл. Сите поединечни налози се заменуваат само со еден вирман насочен кон емитентот на деловната картичка; - м ожност за краткорочно кредитирање, со оглед на тоа што времето на фактичкото купување му претходи на времето на плаќањето на емитентот;
73
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- п родавачот не се интересира за бонитетот на корисникот на деловната картичка, бидејќи во улога на вистински купувач и гарант се јавува издавачот на картичката (обично банка); - с е избегнува подигањето на готови пари и со тоа се намалува ризикот од носење на готови пари и се поедноставува благајничкото работење. Кај продавачот, предностите од користење на деловни картички се следните: - п родажбата се врши многу побрзо, бидејќи нема потреба од дополнително собирање на податоци за бонитетот на купувачот; - и нструменти за обезбедување на наплатата не се потребни, бидејќи наплатата ја гарантира издавачот на картичка и таа е автоматизирана;
74
- а налитичката евиденција на сметката 120 значително се намалува (станува непотребна), бидејќи поголемиот број на купувачите, корисници на деловните картички се заменува со еден или неколку емитенти со кои постои должничко - доверителен однос и за кои наплатата се прима на трансакциската сметка (без некои сложени процедури).
ПРИМЕРИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА Пример 1: Продажба од продавница наплатена со платежна картичка Дневниот промет на продавницата „ПРОМЕТ-М“ евидентиран во фискалната каса изнесува 14.000 денари. Од тоа 6.000 денари е промет наплатен во готово и 8.000 денари промет наплатен со платежни картички (Diners и Visa). За целокупниот промет, продавачот издава фискални сметки. Со картичките на емитентот (Diners Club), реализиран е бруто износ од 4.000 денари, провизија (2,5%-претпоставка) во износ 100 денари и нето износ од 3.900 денари. По истекот на рокот предвиден во договорот (15 дена), емитентот го дозначува нето износот од 3.900 денари на трансакциската сметка на продавачот, задржувајќи го делот за провизија од 2,5% (100 денари). Банката, за Visa картичките, во договорениот рок (еден ден) го дозначува нето износот од 3.960 денари на побаруваните средства (бруто износ 4.000 денари), намален за 40 денари (1% провизија-претпоставка).
Книжење кај продавачот: СМЕТКА ОПИС должи побарува 1022 Благајна на продавница 120900 Побарувања од купувачите за продажба со платежна картичка во земјата (Diners Club) 120901 Побарувања од купувачите за продажба со платежна картичка во земјата (Visa) 741 Приходи од продажба на добра во земјата 2300 Обврски за ДДВ по општа даночна стапка - дневен пазар на продавница
Напомена:
ИЗНОС должи побарува 6.000 4.000 4.000 11.864 2.136
Согласно со Упатството за ДДВ, кога примателот на исполнувањето плаќа со картичка, износите (провизиите) засметани спрема даночниот обврзник-исполнувач од страна на кредитната институција не ја намалуваат даночната основа за прометот на добра или за услугата. Даночната основа за ДДВ претставува продажната цена, без
www.p
roagens.mk
ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
данокот на додадена вредност. Во сметководствената евиденција, ДДВ кој е даночен долг по извршениот промет не мора посебно да се искнижува од бруто приходот (741 / 2300), со оглед на тоа што истиот е одделно прикажан во фискалните сметки. СМЕТКА должи побарува
ОПИС
должи
Побарувања од Diners Club за продажба со платежна картичка во земјата Побарувања од банка за продажба со платежна 158101 картичка (Visa) во земјата Побарувања од купувачите за продажба 120900 со платежна картичка во земјата (Diners Club) Побарувања од купувачите за продажба 120901 со платежна картичка во земјата (Visa) - побарувања од Diners Club и од банка 44950 Провизија по платежна картичка (Diners) 4463 Провизија по платежна картичка (Visa) Побарувања од Diners Club за продажба 158100 со платежна картичка во земјата Побарувања од банка за продажба со платежна 158101 картичка (Visa) во земјата - за договорената провизија на емитентот 1000 Парични средства на трансакциска сметка Побарувања од Diners Club за продажба 158100 со платежна картичка во земјата Побарувања од банка за продажба со платежна 158101 картичка (Visa) во земјата - по извод за примени средства од емитентите 158100
ИЗНОС побарува
4.000 4.000 4.000 4.000 100 40 100 40 7.860 3.900 3.960
Пример 2: Набавка на средство платена со деловна картичка руштвото набавило компјутер за служД бени цели со деловна платежна картичка. Корисникот на картичката добива слип од продавачот, како и фискална сметка. Корисникот на картичката задолжително треба да побара и фактура или друг документ, кој ги содржи сите потребни елементи пропишани во член 53 од Законот за ДДВ, за цели на остварување на правото на одбивка на претходниот ДДВ по основ на набавениот компјутер, што ќе го користи за службени потреби. После определен рок (на пример 15 дена) го добива извештајот за прометот од емитентот на картичката, а износот го плаќа во договорениот рок. Извештајот од емитентот гласи на вкупниот износ, кој содржи и ДДВ, но данокот не е прикажан издвоено.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2014
Корисникот на картичката треба да ја спои фактурата добиена од продавачот на компјутерот, со извештајот добиен од емитентот на картичката, бидејќи се работи за една иста набавка, како и да ги приложи кон нив фискалната сметка и слипот. Во сметководството на корисникот на платежната картичка ќе се евидентира прво фактурата од продавачот, врз основа на која ќе се оствари и правото на одбивка на претходниот ДДВ. Евиденцијата се врши на следниот начин:
75
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува 01211 Компјутери Претходен ДДВ со право на одбивка 1301 по повластена даночна стапка 220 Обврски спрема добавувачи во земјата - за набавена опрема по фактура бр. 220 Обврски спрема добавувачи во земјата Обврски спрема емитенти по основ 2590 на платежни картички - по извештај на емитент Обврски спрема емитенти по основ 2590 на платежни картички 100 Парични средства на трансакциска сметка - извршено плаќање
ИЗНОС должи побарува 71.429 3.571 75.000 75.000 75.000
75.000 75.000
Пример 3: Услуги платени со деловна картичка
76
руштвото платило трошоци за саем и реклама со деловна платежна картичка. Како и во Д претходниот пример, кон добиената фактура од вршителот на услугите, се приложуваат извештајот од емитентот, слипот и фискалната сметка. Врз основа на фактурата, по која друштвото има право на одбивка на претходно засметаниот ДДВ, ќе се спроведе следново книжење: Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува 4172 Трошоци за саеми во земјата Трошоци за реклама, промоција 4170 и пропаганда во земјата Претходен ДДВ со право на одбивка 1300 по општа даночна стапка Обврски спрема добавувачи во земјата 2201 за извршени услуги - по фактури бр. Обврски спрема добавувачи во земјата 2201 за извршени услуги Обврски спрема емитенти по основ 2590 на платежни картички - по извештај на емитент Обврски спрема емитенти по основ 2590 на платежни картички 100 Парични средства на трансакциска сметка - извршено плаќање
www.p
roagens.mk
ИЗНОС должи побарува 12.712 16.949 5.339 35.000
35.000 35.000
35.000 35.000