ИНФОРМАТОР број 10 октомври 2015 година

Page 1


2015

INFORMATOR

www.proagens.mk

10

OKTOMVRI

2015


Izdava~:

2015

Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 06.10.2015 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


10 S O D R @ I N A: ДАНОЧНО ПРАВО 1) УКИНУВАЊЕ НА ЖАЛБАТА ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА

7

ДАНОЦИ НА ИМОТ 2) ПРОМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ - НОВА СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ/НАПЛАТА НА ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ЗАМЕНУВАЊЕ НА ЖАЛБАТА СО ТУЖБА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ УПРАВЕН СПОР ПРЕД НАДЛЕЖЕН СУД

10

ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 3) ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПРИДОНЕСИ ЗА ЛИЦЕ КОЕ ЗАМЕНУВА РАБОТНИК НА ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО (ЗАМЕНСКИ РАБОТНИК)

14

ПРЕСМАТКА НА ПЛАТА 4) ПРЕСМЕТКА НА ДОДАТОЦИТЕ НА ПЛАТА

17

ДАНОЦИ 5) БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ ВО СИСТЕМОТ НА ДДВ

32

ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ 6) ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

46


ДАНОЧНО ПРАВО

 

Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

УКИНУВАЊЕ НА ЖАЛБАТА ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА

БЕЗ ПРАВО НА ЖАЛБА ПРОТИВ ДАНОЧНИТЕ РЕШЕНИЈА

Ж

албата, како редовен правен лек во даночната постапка, веќе не постои. Оваа суштествена новина во даночната постапка влегува во сила од 4 септември 2015 година и е составен дел на последната измена на Законот за даночната постап1 ка извршена со Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 154/15 од 04.09.2015, во сила од 04.09.2015 година). Постапката по жалба беше уредена со членовите од 172 до 175-з од Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: ЗДП), при што во оваа постапка во голема мерка се применуваа одредбите од Законот за општата управна постапка (ЗОУП) со кои се надополнуваа решенијата од ЗДП. Наместо жалба, против даночниот управен акт којшто го донесува Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: УЈП) може, според новото решение од членот 176 од ЗДП, да се поднесе Тужба за поведување на управен спор пред надлежниот суд. Тужбата не го спречува извршувањето на даночниот управен акт (решение).

Управен спор може да се поведе и кога УЈП по барање на даночниoт обврзник не донела даночен управен акт во рокот утврден со законите од областа на даноците и другите јав-

ни приходи како и споредните даночни давачки кои ги управува УЈП. Исто така, жалбата се укинува и во постапката за присилна наплата на даночниот долг. Против решението за одредување на присилната наплата дозволено е поведување на управен спор (изменет член 127 од ЗДП). Поведувањето на управен спор не ја попречува постапката по присилната наплата. Новите решенија го отвораат и прашањето дали елимирањето на редовниот правен лек од даночната постапка и сведување на истата од двостепена на едностепена ќе го ослабне механизмот на правната заштита на даночниот должник? Даночните решенија на УЈП добиваат сила на конечни управни акти во даночната постапка бидејќи веќе нема простор за вклучување на повисоката, второстепена управна инстанца (министерот за финансии или од него овластено лице) во решавање на спорните даночни предмети. Дали УЈП, ослободена од непосредна контрола на министерот за финсансии и неговите корективни инструменти (одлуки со кои се поништува или менува првостепениот акт) сега поодговорно ќе ја извршува својата функција во утврдување на даночните факти битни за донесување на законити одлуки, со оглед дека директно ќе се соочува со пресудите на Управниот суд?

„Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 145/10, 171/10, 53/11, 39/12, 84/12, 187/13, 15/15, 97/15, 129/15 и 154/15.

1

INFORMATOR 10 I OKTOMVRI 2015

7


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

ПРОМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ - НОВА СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ/НАПЛАТА НА ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ЗАМЕНУВАЊЕ НА ЖАЛБАТА СО ТУЖБА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ УПРАВЕН СПОР ПРЕД НАДЛЕЖЕН СУД

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 154 од 4 септември 2015 година се објавени измени и дополнувања на Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13), кои главно се однесуваат на:

10

- в оведување на нова посебна (скратена) постапка за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности, врз основа на склучен договор за купопродажба на недвижности (измените влегоа во сила со денот на објавувањето, односно на 4.9.2015 година, но почнуваат да се применуваат од 1.1.2016 година), - з аменување на жалбата до министерот за финансии против решението на градоначалникот на општината (град Скопје) со можност за директно поднесување тужба за поведување управен спор пред надлежен суд (во сила со денот на објавувањето т.е. од 4.9.2015 година).

ОВА СКРАТЕНА ПОСЕБНА ПОСТАПКА Н ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ ОД 1.1.2016 ГОДИНА Воведувањето на нова посебна постапка за утврдување на данок на промет на недвижности, врз основа на склучен договор за купопродажба на недвижен имот, која ќе се применува од 1.1.2016 година, како алтернативно решение по избор на обврзникот што ќе го спроведува нотарот, е со цел за скратуwww.p

вање на постапката за утврдување и наплата на данокот на промет на недвижности, односно последователно на постапката на регистрирање на имот. Имено, според Извештајот „Doing Business 2015“ на Светска Банка во однос на процедурите и времетраењето на постапката за регистрирање на имот, Република Македонија е рангирана на 74 место, при што е забележано дека регистрирањето на имотот се врши во седум процедури за што се потребни 29 дена. Со последните законски измени, во сила од 4.9.2015 година, а во примена од 1.1.2016 година, е пропишано ново поглавје 1-а. Утврдување и наплата на данок на промет на недвижности врз основа на склучен договор за купопродажба на недвижен имот во посебна постапка, кое содржи 5 нови членови 38а, 38-б, 38-в, 38-г и 38-д, во рамки на кои е детално регулирана новата скратена постапка. Членот 13 на Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот регулира дека во врска со спроведувањето на посебната постапка ќе се донесат подзаконски акти во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на законот, односно до 3 декември 2015 година. Нотарот надлежен за спроведување

на алтернативната посебна постапка

поред новиот член 38-а од ЗДИ, договорС ните страни кои склучиле договор за купопродажба на недвижен имот можат да изберат посебна постапка за утврдување на данокот

roagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПРИДОНЕСИ ЗА ЛИЦЕ КОЕ ЗАМЕНУВА РАБОТНИК НА ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО (ЗАМЕНСКИ РАБОТНИК)

Дополнување на ЗВОН

П 14

родолжува новелирањето на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (воп натамошниот текст: ЗВОН) 1 во насока на потикнување на вработување и олеснување на положбата на работодавачот во однос на јавните давачки. Со најновото дополнување на ЗВОН, објавено во „Службен весник на РМ“, бр. 154 од 04.09.2015 година, во сила од 04.09.2015 година со два нови члена: 98-з и 98-ѕ, за работодавачите од приватниот сектор се предвидува: - ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за лице кое ќе го вработи како замена за работник кој користи породилно отсуство од работа, за периодот додека трае породилното отсуство.

Услови за ослободување од плаќање на придонеси Ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување за заменски работник се остварува врз основа на претходно поднесено БАРАЊЕ до Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) од страна на работодавачите.

1

Работодавачот од приватниот сектор за да ја користи мерката на ослободување, треба да ги исполнува следните услови:  не смее да има неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци, што се докажува со ПОТВРДА издадена од Управата за јавни приходи од страна на работодавачот или по пат на размена на податоци по службена должност преку АВРМ.  должен е по истекот на породилното отсуство на работникот и негово враќање на работа, да го задржи истиот на работа уште најмалку за истиот период за којшто бил ослободен од плаќање придонеси, освен во случај кога работникот со ИЗЈАВА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР ќе изјави дека не сака да се врати на работното место. Работодавачот кој нема да го задржи работникот во пропишаниот период е должен во рок од 30 дена да уплати ДВА ПАТИ ПОГОЛЕМ ИЗНОС од износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период.  работникот за кој се користи ослободување (заменски работник), треба да работи на истото работно место на кое работел работникот кој користи по-

„Службен весник на РМ“, бр. 37/97, У. суд-4/98, У. суд-14/99, 25/00, 101/00, 50/01, У. суд-7/02, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, У. суд-88/07, 102/08, пречистен текст-144/08, 161/08, У. суд-162/08, 50/10, 88/10, У. суд-71/10, 51/11, У. суд-86/11, 11/12, 80/12, 114/12, пречистен текст-153/12, 39/14, 44/14 (2), пречистен текст-112/14, 113/14, 56/15, 147/15 и 154/15. www.p

roagens.mk


ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

 

Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

ПРЕСМЕТКА НА ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА

1. СТРУКТУРА НА ПЛАТА

П

равото на заработувачка - плата на работникот и нејзината структура се пропишани со одредбите на членовите 105 и 106 на Законот за работни односи - ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05 ... и 129/15).

1.1. Основна плата Основната плата, како фиксен загарантиран дел, се определува земајќи ги предвид барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место), за кое работникот го склучил договорот за вработување.

аботникот има право на заработувачка Р - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. Плаќањето на работата по договорот за вработување мора да биде секогаш во парична форма. При исплатата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го обврзува работодавачот.

Основната плата, според работното место, се утврдува така што износот на најниската плата (пресметковна вредност за единица коефициент) се множи со коефициентот на сложеност на работното место на кое работникот работи согласно со договорот за вработување.

Согласно со член 107 на ЗРО, платата на работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор.

ајниската плата (пресметковна вредност Н за единица коефициент) за најниска група на сложеност ја утврдуваат и објавуваат потписниците на ниво на гранка односно оддел, најмалку еднаш годишно, односно по секое усогласување. При утврдување на најниската плата (пресметковна вредност за единица коефициент) за најниска група на сложеност се поаѓа особено од: трошоците на живот; економските можности; општото ниво на платите на гранка односно оддел; нивото на продуктивноста, економичноста и рентабилноста; социјалните давања и други економски и социјални фактори.

Платата, ако со друг закон не е поинаку определено, е составена од следните елементи: - о сновна плата (фиксен загарантиран дел), - д ел од платата за работна успешност (награда, како стимулативен, варијабилен дел) и - д одатоци (пропишани за посебни услови при работа).

kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 10 I OKTOMVRI 2015

Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.

ресметковната вредност за единица коП ефициент за најниска група на сложеност се усогласува со кумулативното движење на тро-

17


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Д-р Рефика МУРИЌ (Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ ВО СИСТЕМОТ НА ДДВ

1. ОБВРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ

О 32

брска за регистрација за целите на ДДВ согласно со членот 51 од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ”, бр. 44/99, ... и 129/15) имаат сите „даночни обврзници” (физички и правни лица кои вршат стопанска дејност во вид на продажба на добра или давање услуги), чиј вкупен промет: - надминал износ од 1.000.000 денари во изминатата календарска година или - чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или - во текот на годината го надмине износот од 1.000.000 денари. Претходниот праг за регистрација изнесуваше 2.000.000 денари, но со последните измени на Законот за ДДВ, од 1 јануари 2015 година во примена е новиот праг од 1.000.000 денари, така што сите субјекти со остварен оданочив вкупен промет во 2014 година над овој износ, а кои беа надвор од системот на ДДВ, беа принудени да побараат ДДВ регистрација за 2015 година.

Оваа обврска ја немаа само оние категории субјекти кои според Законот за ДДВ не се сметаат за „даночни обврзници“. Меѓу тие субјекти се наброени државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела кои не се даночни обврзници за оној дел од нивните

www.p

дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки. Меѓутоа, според член 10 став 2 од Законот за ДДВ и буџетските корисници, доколку во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет, кој според овој закон се оданочува и го надминат прагот за регистрација од тој промет, задолжително треба да побараат регистрација за ДДВ.

• Што претставува „вкупен промет”? Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од Законот за ДДВ, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Според тоа, во вкупниот промет за мерење на прагот за регистрација не влегуваат прометите од член 23 од Законот за ДДВ, од кои наведуваме само некои кои може да се јават кај буџетските корисници:  Прометот од установите што вршат дејност од областа на културата со непрофитна цел за културните услуги и добра непосредно поврзани со тие услуги во согласност со прописите од областа на културата и прометот од ботанички градини, животински паркови, паркови, архиви и документациони центри;

roagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Д-р Рефика МУРИЌ

(Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКО ЗАСТАПУВАЊЕ 1. Вовед

46

Деловните субјекти, домашни и странски, можат да продаваат на пазарот преку сопствени продажни организации или преку посредник. Основни форми преку кои се врши тргувањето преку посредници се трговско застапување и договори за дистрибуција. Кај застапувањето, застапникот дејствува во име и за сметка на друг (властодавец, налогодавач), додeка кај дистрибуцијата дистрибутерот купува стоки од друг за да ги препродаде во свое име, за сопствен ризик и за своја сметка. Договорот за трговско застапување спаѓа во група на договори за вршење на трговски услуги. Во правото, поим застапување може да се разгледува во поширока и потесна смисла. Во најширока смисла застапување значи секоја форма на застапување на интересите на застапуваното лице. Во трговското право се разликува застапувањето што го вршат органите, односно вработените во трговското друштво од застапувањето што го врши застапникот како своја пофесионална дејност врз основа на посебен договор за застапување, познато како трговско застапување. Под трговско застапување, во поширока смисла, се подведуваат и договорите за комисион и за посредување (индиректно застапување), додека под застапување во потесна смисла се подразбира застапување со кое застапникот во име и за сметка на застапуваното лице ги презема правата и обврските (директно застапување). Законот за облигационите односи ги уредува трговско-

www.p

то застапување, комисионот и посредувањето како одделни договори, кои, иако во голема мера вршат слична функција, се разликуваат за што мора да се води сметка. Додека трговскиот застапник настапува во име и за сметка на својот налогодавач (туѓо име и туѓа сметка), комисионерот настапува во свое име и за сметка на налогодавачот. По правило, комисиониот застапник се обврзува себе си, а не својот налогодавач во односите со третите лица, додека трговскиот застапник го обврзува својот налогодавач во односите со третите лица. Во праксата, застапувањето не се состои само од склучување на договори во туѓо име и за туѓа сметка, туку и во вршење на низа други фактички и правни активности со кои се постигнува сеопфатна заштита на интересите на застапуваното лице. Често пати со еден договор се уредуваат застапнички, комисиони, посреднички, кооператитни и слични односи, а трговците често не ги разликуваат деловните односи кои подлежат под различни правни институти.

2. Законска рамка на трговското застапување Во продолжение ќе се запознаеме со правните специфики на директното застапување преку анализа на договорот за трговско застапување, еден од мошне застапените договори во домашната и меѓународната деловна пракса. Истиот е уреден со членовите од 846 до 868-г од Законот за облигациони-

roagens.mk


 

ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ

те односи (во натамошниот текст: ЗОО) 1. Дел од одредбите со кои се уредува овој правен институт е содржан и во Законот за трговија 2 според кој застапувачки (агенциски) услуги се вид на услуги во трговијата, покрај берзански услуги, комисиони услуги, услуги на складирање на стоки, шпедитерски услуги, услуги на контрола на квалитетот и квантитетот на стоки, услуги на економска пропаганда, приредување на саеми и стопански изложби, услуги на пазарот на големо и мало, истражување на пазарот, издавање на боксови, тезги и слично во организирани деловни простории за вршење на трговија на мало. Според овој закон, трговско застапување како и останати услуги во прометот на стоки можат да вршат само физички и правни лица кои се регистрирани за вршење на таа дејност во соодветен регистар согласно со закон (трговец). За оваа дирекна законска обврска особено мора да се води сметка во контекст на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. 3 Тука се посебни материјални прописи со кои уредуваат спецификите на застапувањето во одредена трговска дејност од аспек на обезбедување на услови за вршење на истото (на пр. лиценци за застапување, дозволи и сл.) На меѓународен план, трговско застапување е регулирано со UNIDROIT Конвенција за трговското застапување во меѓународната продажба на добра од 1983 и Директивата 86/653/ЕЕЗ за координација на законите на земјите членки во врска со самостојните трговски застапници. Трговските и сметководствени евиденции на застапничкото и посредничко работење се уредени со Законот за трговија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, што е посебно обработено во точките 13 и 14 од овој текст.

Поим на договор за трговско застапување Договорни страни кај трговското застапување се налогодавачот и застапникот. Според дефиницијата од ЗОО, со договорот за трговско застапување застапникот се обврзува дека за време на траењето на договорот ќе преговара со трети лица за склучување договори во име и за сметка на налогодавачот и, ако е така договорено, ќе склучува договори со трети лица во име и за сметка на налогодавачот, а налогодавачот се обврзува да му плати одреден надоместок (провизија) на застапникот, за секој договор кој го склучил или е склучен со неговото дејствување. Во меѓународниот промет, договор за трговско застапување претставува правен основ со које едно лице - трговски агент се обврзува дека во име и за сметка на друго лице - налогодавач од друга земја или домашен налогодавач во друга земја, ќе склучи еден или повеќе трговски правни работи.

3. Правни карактеристики на договорот за трговско застапување Договорот за трговско застапување, според своите правни карактеристики е: формален, двострано обврзувачки, товарен и каузален. 1) Формален е, затоа што мора да биде склучен во писмена форма согласно со ЗОО. Договорите за трговско застапување кои не се склучени во писмена форма немаат правно дејство. 2) Двострано обврзувачки е, затоа што создава обврски и права за двете договорни страни. Трговско застапување создава три вида на правни релации: правен однос помеѓу налогодавачот

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01; У. суд - 78/01; 4/02; У. суд - 59/02; 5/03; 84/08; 81/09; 161/09 и 123/13. 2 „Службен весник на РМ“, бр. 16/04; 128/06; 63/07; 88/08; 159/08; 20/09; 99/09; 105/09; 115/10; 158/10; 36/11; 53/11; 148/13; 164/13; 97/15 и 129/15. Одлука на Уставниот суд на РМ - 48/09. 3 „Службен весник на РМ“, бр. 199/14. 1

INFORMATOR 10 I OKTOMVRI 2015

47


О!

ЕЛН У Т АК

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА 14.900 денари

П

рофесионалните совети се главна потпора за носителите на деловни одлуки. Како врвни професионалци, повеќе од 20 години успешно се грижиме за намалување на ризиците при одлучувањето на нашите клиенти. Продолжуваме истото да го правиме и во 2016 г.

Обезбедуваме „компаниска заштита“ за области кои редовно се поврзуваат со нас: даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Не сме виртуелна фирма, ниту пак нечии апологети. Своите ставови ги изведуваме компетентно и професионално врз основа на пишуваните легислативи. Затоа сме и почитувани. Ви ја нудиме нашата поддршка и во 2016 година! Долгата традиција на континуирана успешна соработка како и нашата целосна посветеност на интересите на нашите претплатници е најдобра гаранција за довербата во квалитетот на нашите списанија, услуги, советувања и посебните изданија. Статусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. Годишната претплата за 2016 година го вклучува познатиот СЕТ на ИЗДАНИЈА: - „Информатор“ - месечно списание во печатена и е-форма (12 броја), Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, ...). Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. - „Про економија“ - наменско списание во печатена форма (еден број), Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги во предвид различните основи на финансиско известување („големите“ МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. - „е - Прописи“- пречистени текстови на прописи во е-форма и Издание кое содржи пречистени текстови на важни прописи поврзани со деловното работење. Бројот на пречистени законски и подзаконски текстови кои се испраќаат во електронска форма е значително зголемен поради зголемената динамика на менување на прописите. Агенција Про агенс - Скопје, тел: 02/ 3162-979 и 3229-479, kontakt@proagens.com.mk


ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА - „Инфо регистар“- деловни информации во е-форма. Работните информации во е-форма подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...). Инфо регистарот редовно се ажурира. ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ! Консалтинг услуги и е-комуникација Покрај Сетот на изданија, во цената на Годишната претплата за 2016 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens. mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса. Посебни поволности Со плаќањето на претплатата до крајот на 2015 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2016 година се стекнувате со право на ПОДАРОК - еден од Проагенсовите прирачници (најново издание). Привилегијата на претплатниците да добиваат значајни попусти за учество на нашите советувања и обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... Цена Цената на претплатата за 2016 година НЕ СЕ МЕНУВА - останува 14.900 денари. Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Напоменуваме дека покрај извршената уплата, потребно е да доставите и пополнета Претплатница до нас. Претплатницата ја користиме за аналитички и информативни цели, како и за точна комуникација преку пријавената електронска адреса. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 - 0503940101 - 43 кај НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: „Претплата за 2016 година“ и повикување на број: 453.

www.proagens.mk

ПРЕТПЛАТНИЦА - ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2016 Назив:________________________________________________________________________ (За друштво, установа, вршител на дејност - точен назив, за граѓанин - име и презиме) ЕДБ(МК): ___________________ Сметка: _____________________ Банка: _________________ Т-фон/Т-факс: _____________ улица и број (п.фах): __________________________________ е-маил: _________________________ skype.name: ________________ www._______________ Место: __________________ Број на порач. примероци: ______ Претплатнички број: ______ Име и презиме: _________________ Раб. место, служба: ____________ л. карта бр.: ________ ____________, ________, 201__ година Место и дата

МП

Потпис

________________



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.