10
ОКТОМВРИ 2 0 1 7
S O D R @ I N A:
www.proagens.mk
МИНИМАЛНА ПЛАТА - СЕПТЕМВРИ 2017 1) КОМЕНТАР НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА НА РМ
5
СМЕТКОВОДИТЕЛИ 2) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА КПУ ОБУКИТЕ ЗА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ/СМЕТКОВОДИТЕЛИ
22
ДАНОЦИ / ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС 3) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АВТОМОБИЛ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТНИК ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ И НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ (КОМПАНИСКИ) ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ - ОБВРЗНИК НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
26
КОМИСИОНА ПРОДАЖБА 4) КОМИСИОНА ПРОДАЖБА НА СТОКИ
40
УПРАВЕН СПОР 5) УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА УПРАВЕН СПОР
50
ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ 6) ПРИМЕНА ОД 1.1.2018 ГОДИНА НА ДОГОВОРOT ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО БЕЛГИЈА
70
МИНИМАЛНА ПЛАТА - СЕПТЕМВРИ 2017
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
КОМЕНТАР НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА на рм
Н
ајавеното зголемување на минималната плата во Р. Македонија и на новите правила во врска со нејзиното утврдување влегоа во сила на 20.09.2017 година, со денот на објавување на последните измени и дополнувања на Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 11/12, 30/14, 100/14-преч. текст, 180/14, 81/15 и 129/15), кои се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 132 од 20 септември 2017 година. Висината на минималната бруто плата во износ од 17.130 денари, која пресметана во нето износ, според важечките стапки на социјални придонеси (27%) и месечното лично ослободување (7.456 денари) за 2017 година, изнесува 12.000 денари, се применува почнувајќи со исплатата на платата за септември 2017 година. Крајниот законски рок за исплата на платата за септември 2017 година е 15 октомври 2017 година. Минималната бруто плата од 17.130 денари ќе биде во примена заклучно до исплатата на платата за јуни 2018 година (краен рок за исплата 15.07.2018 година). Законот определува нов начин на утврдување на минималната бруто плата за периодот после јуни 2018 година. Нето износот што одговара на минималната бруто плата (од јануари до јуни 2018 година) ќе може да се пресмета во точен износ по објавувањето на новото месечно лично ослободување за 2018 година, со тогаш важечките стапки на социјални придонеси (доколку се променат). инималната нето плата во износ од М 10.080 денари, односно во нето износ од
ИНФОРМАТОР 10 I ОКТОМВРИ 2017
9.590 денари за одделите: производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, се исплатуваат заклучно со исплатата на платите за август 2017 година. Последните законски измени наметнаа и обврска за работодавачите за утврдување на нормиран учинок, со чие исполнување се врзува исплатата на минималната плата на работниците, како и прекршочна глоба доколку не се испочитува истата. Во врска со условувањето на минималната плата со нормираниот учинок се јавија повеќе дилеми, особено прашањето за кого точно се однесува обврската, како и отпор и притисоци од страна на синдикатите и работниците, поради потенцијални злоупотреби во праксата. Пропишаната минимална плата важи за целата територија на Р. Македонија (освен за самовработените лица, како и претходно), и за работодавачите од сите дејности, вклучувајќи ги и одделите: производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, кои од исплатата на платите за јануари 2012 година заклучно со исплатата на платите за август 2017 година беа посебно третирани со пониско утврдени износи на минимална плата. Работодавачите од споменатите оддели се спротивставија на новововеденото изедначување на третманот со останатите оддели, поради нивната специфична положба на трудоинтензивна дејност, во услови на користење на застарена технологија. Законот се однесува и на непрофитните субјекти и на буџетскиот сектор. 5
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
КПУ обуки
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА КПУ ОБУКИТЕ ЗА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ/СМЕТКОВОДИТЕЛИ 1) ДДВ ТРЕТМАН НА КПУ ОБУКИТЕ ЗА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ/СМЕТКОВОДИТЕЛИ ОДРЖАНИ ВО СТРАНСТВО
О
држувањето на КПУ обуките за овластени сметководители и сметководители, согласно со Законот за вршење на сметководствени работи е актуелна тема во овој период од годината. Актуелноста е нагласена заради самите почетоци на ваквата законска пракса кај нас. Со оглед на тоа дека некои од акредитираните компании за одржување на овие КПУ обуки повремено тоа го прават (вршат обуки) и на локации надвор од Република Македонија, се поставува прашањето за даночниот третман на прометот на услуги во ваков случај, од аспект на ДДВ. Имано, дали услугите на КПУ обуките на овластени сметководители и сметководители од Република Македонија одржани во странство се оданочуваат со ДДВ, или пак истите се ослободени од оданочување и ако се, по кој основ е евентуалното ослободување? На ваквото прашање, УЈП ни одговори на јасен и прецизен начин, претставен во продолжение. Прашање:
Дали се плаќа ДДВ за извршени услуги на советување (КПУ согласно со Законот за вршење на сметководствени работи) одржано во странство (член 14, став 2 од ЗДДВ) за корисници, македонски ДДВ обврзници? Одговор од УЈП: Во врска со Вашето барање на мислење, Ве известуваме за следното: Согласно член 2 точка 1 од Законот за данокот на додадена вредност („Сл. весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 189/16, во натамошниот текст ЗДДВ), предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на
22
добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност. Промет на услуги согласно член 6 став 1 од ЗДДВ претставува секоја дејност која не е промет на добра во смисла на член 3 став 1. Кај прометот на услуги оданочувањето според член 2 точка 1 од ЗДДВ зависи од тоа дали услугите биле извршени во земјата или надвор од неа. Местото на услугата се утврдува според член 14 од ЗДДВ. Неопходноста за утврдување на местото на услугата според овие одредби секогаш се појавува кога услугата фактички се врши во странство или кога вршителот или корисникот на услугата е резидентен во странство. Согласно член 14 став 2 точка 3 од ЗДДВ, кога се работи за културни, уметнички, научни, образовни, спортски, забавни, или слични услуги, вклучувајќи ги услугите на организаторите на тие услуги, за место на прометот на ваквите услуги, за место на промет на услугата се смета местото каде што услугата вистински се извршува. Доколку даночниот обврзник врши научни услуги (на пр. предавања или давање мислења) или образовни услуги (на пр. организирање семинари), местото на вршењето на дејноста се смета за место на услугата. Согласно напред наведеното, за извршените услуги на советување (КПУ согласно со Законот за вршење на сметководствени работи) кои се организирани надвор од земјата НЕМА да имате обврска да пресметате данок на додадена вредност согласно член 14 став 2 точка 3 алинеја а) од ЗДДВ.
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник
и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АВТОМОБИЛ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТНИК ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ и на троШоците за користење на ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ (КОМПАНИСКИ) ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ - ОБВРЗНИК НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
П
равната основа и даночниот третман на надоместоците на трошоците за користење на сопствен/приватен автомобил (во сопственост на работник) за потребите на работодавачот, но и на оние трошоци кои се направени со експлоатација (користење) на компаниски патнички моторни возила е релативно етаблирана работа во домашната деловна пракса. Сепак, подлабоката анализа на практичните постапување, како и некои констатирани наоди во записници издадени од страна на даночниот орган (УЈП) покажуваат одреден степен на непознавање на
предметната тематика или можна злоупотреба. Поради ваквите изолирани појави, како и заради потребата од едукација на помладите колеги, во продолжението на овој текст ги елаборираме посебностите на: - надоместоците на трошоците за користење на приватен автомобил во сопственост на работник за потребите на работодавачот, и - трошоците поврзани со користењето на патнички моторни возила во сопственост на деловните субјекти (компаниски патнички моторни возила).
А. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИВАТЕН АВТОМОБИЛ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТНИК ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЗА ЦЕЛИТЕ НА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА) 1.1. Правен основ Правниот основ за пресметување и исплата на надоместоците на трошоци од работен однос по основ на користење на сопствен/ приватен автомобил за потребите на работодавачот е непроменет подолг период, како што е непроменет и начинот на нивно пресметување, и консекветно нивниот даночен третман од аспект на персоналниот данок на доход и данокот на добивка. Овој надоместок предизвика особено внимание изминатово лето (2017), после излегување во јавноста на информации дека по овој основ неколку 1
пратеници од Собранието на РМ наплатувале премногу високи суми. За деталите поврзани со овој надомест пишуваме во продолжение. Користењето на сопствен/приватен автомобил за потребите на работодавачот (за службени цели/патувања) е уредено со прописите дадени во продолжение.
а) Закон за работните односи Согласно со членот 113, став 1 точка 3 од Законот за работните односи (ЗРО) 1 работ-
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и
26
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
КОМИСИОНА ПРОДАЖБА НА СТОКИ
T
рговските субјекти често преземаат туѓи производи (стоки) и услуги за да ги продаваат во свое име, а за сметка на сопственикот на производите (стоките) и услугите. Тогаш станува збор за комисиона продажба. Комисиониот промет може да се врши преку продажен, купувен и услужен комисион. Кај продажниот комисион настанува еден промет на добра со предавањето на доброто на задолженото лице (комисионерот) од страна на принципалот (коминтентот), како и втор промет со предавањето на доброто од комисионерот на одреден купувач. Кај набавниот комисион настанува еден промет на добра со предавањето на доброто од продавачот на комисионерот, како и втор промет со предавањето на доброто од страна на комисионерот спрема коминтентот. Кај услужниот комисион прометот на услугите што го врши комисионерот во свое име а за туѓа сметка според Упатството за ДДВ од Министерството за финансии (поглавје 9 став 9) се третира како сопствен промет на посредник во свое име и за своја сметка. Во праксата најчесто се користи продажниот комисион како начин на комисионо работење па затоа во продолжение ќе се задржиме на овој вид на комисионен промет. Продажбата преку комисион се базира на договор за комисион 1, дефиниран во чл. 827 од Законот за облигационите одно1
си („Службен весник на РМ“, бр. 18/2001, … и 161/09) со кој комисионерот се обврзува за надомест (провизија), да изврши од свое име и за сметка на коминтентот, една или повеќе работи што му ги доверува коминтентот. токите во комисионот се во сопственост на С коминтентот и се искажуваат на билансната позиција на залихи на коминтентот, се додека со продажбата не преминат во сопственост на купувачот. Кај комисионерот, стоките кои тој ги превзема заради продажба за туѓа сметка се искажуваат во вонбилансната евиденција до продажбата и пресметката со коминтентот.
1. УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ КАЈ КОМИСИОНАТА ПРОДАЖБА Сопственоста на добрата во системот на ДДВ нема битно влијание во определувањето на даночниот обврзник и плаќањето на данокот. Коминтентот кој испораката ја врши за свое име и за своја сметка пресметува и плаќа ДДВ на целиот надомест исто како и комисионерот кој настапува во свое име а за туѓа сметка. Предмет на оданочување во комисионата продажба е испораката на добра, независно од тоа што во вредноста на испораката на комисионерот е вклучен и неговиот надомест за услугата.
Комисионото работење и правата и обврските на комисионерот и коминтентот се регулирани со членовите од 827 до 846 од Законот за облигационите односи.
40
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА УПРАВЕН СПОР СПЕЦИФИКИ НА ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА Комплексност на постапката
Д
аночната постапка е посебен вид на управна постапка во која се одлучува за даночните обврски на физички и правни лица, попрецизно се утврдуваат и наплатуваат даноци и другите јавни приходи и споредни даночни давачки: парични казни, даночни казни, камати и трошоци на присилна наплата на данок, кои ги управува Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи е надлежна и за наплата на паричните казни, односно глобите и трошоците изречени во парничните, прекршочните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија. Даночната постапка е комплексна бидејќи опфаќа повеќе сегменти кои можат да се групираат во: а) постапка на утврдување на данок; б) постапка на контрола на данок; в) постапка на наплата на данок; г) права и обврски на даночниот обврзник и д) други прашања од даночната постапка.
На даночната постапка покрај Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: ЗДП), 1 се применува и Законот за општата управна постапка - ЗОУП во однос на 1
прашањата за кои не постои решение во ЗДП (супсидиерна примена на ЗОУП). Во елаборирањето на насловната тема опфатени се аспектите на даночната постапка според ЗДП, во која се одлучува за даночните обврски на даночните обврзници: физички и правни лица, со посебен осврт на правната заштита на даночниот обврзник и поведување на управен спор против конечно даночно решение.
транки во даночна постапка С даночен обврзник и даночен орган Странките во даночната постапка се даночниот обврзник и даночниот орган - Управата за јавни приходи (во продолжение: УЈП). Даночната постапка го опфаќа даночно-правниот однос во кој постојат права и обврски на УЈП од една страна и на даночниот обврзник од друга страна, при што акцентот е на исполнувањето на даночните обврски од страна на даночниот обврзник и правото на УЈП да бара исполнување на овие обврски. Даночен обврзник според ЗДП е физичко или правно лице коешто: 1) должи данок; 2) гарантира за данок; 3) треба да плати или наплати данок за сметка на трето лице;
„Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 145/10, 171/10, 53/11, 39/12, 4/12, 187/13, 15/15, 97/15, 129/15, 154/155 и 23/16. Одлуки на У. суд објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 90/07, 145/07, 21/08, 23/09, 76/09 и 166/11.
50
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
ПРИМЕНА ОД 1.1.2018 ГОДИНА НА ДОГОВОРOT ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО БЕЛГИЈА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 151 од 25 октомври 2017 година е објавена Објавата на Министерството за надворешни работи, според која Спогодбата меѓу Македонската Влада и Белгиската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија, склучена во Брисел на 6 јули 2010 година, ратификувана од Собранието на РМ и објавена во “Службен весник на РМ”, бр. 157/10, стапила во сила на 17 јули 2017 година, така што согласно со членот 28 на Спогодбата, истата се применува од 1 јануари 2018 година.
Одредбите на Спогодбата се важни од аспект на задржаниот данок и персоналниот данок, кои се одбиваат од одредени приходи што ги остваруваат странски правни и физички лица, поточно на примената на даночните олеснувања и ослободувања што ги овозможува Спогодбата (преку спроведување на пропишаните процедури, пред исплатата на приходот), кои имаат предност пред националната легислатива.
Преглед на даночните стапки за приходите од авторски права, камати, дивиденди и други приходи Спогодба склучена меѓу Р. Македонија и БЕЛГИЈА од 01.01.2018 година
Држава
Предмет на договор
БЕЛГИЈА 1) Персонал. данок
Приходи од авторски права (член 12) 10% од вкупен износ
Приходи од камата (член 11)
Приходи од дивиденда (член 10)
Други приходи (член 20)
10% од вкупен износ
а) 5% од бруто износот, ако стварниот корисник е друштво, кое држи непосредно мин 10% од капиталот на друштвотоисплатувач
0%
или 0%
2) Данок на добивка 3) Данок на имот
Доколку се работи за: а) камата платена по однос на даден заем или продолжен кредит од претпријатие на друго претпријатие; б) камата платена на другата држава договорничка, на една од нејзините политички подединици или локални власти или јавни ентитети на таа држава.
70
б) 15% од бруто износ во сите др. случаи в) 0%, ако стварниот корисник е друштво, кое во моментот на исплата на дивидендите, во непрекинат период од мин 12 месеци, директно или индиректно држи мин 25% од капиталот на друштвотоисплатувач
www.proagens.mk
ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ
Спогодбата меѓу СФР Југославија и Кралството Белгија за одбегнување на двојното оданочување на доход и капитал, потпишана на 21 ноември 1980 година, ќе престане да важи во односите помеѓу Македонија и Белгија по однос на даноците со почетокот на примена на македонско-белгиската Спогодба, односно ќе биде во примена до 31.12.2017 година. Преглед на даночните стапки за приходите од авторски права, камати, дивиденди и други приходи Договор склучен меѓу СФР ЈУГОСЛАВИЈА и БЕЛГИЈА до 31.12.2017 година
Држава
Бр. на „Сл. л. на СФРЈ“
БЕЛГИЈА
11/81
Приходи од авторски права (член 12)
Приходи од камата (член 11)
10%
15%
од бруто износ
од бруто износ
Приходи од дивиденда (член 10) а) 10% од бруто износот,
Други приходи (член 21) 0%
ако примателот е друштво, кое непосредно поседува мин 25% од капиталот на друштвотоисплатувач б) 15% од бруто износ во сите др. случаи
ИНФОРМАТОР 10 I ОКТОМВРИ 2017
71