2014
www.proagens.mk
INFORMATOR
11
на О! и д о г 5 1 0 за 2 А Т ОВ А Л П Н Т Е Ј ПР НА
14.900 денари
www.p p r o a g e n s.mk s
NOEMVRI
2014
2014 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS
Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V
Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV
Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 26.11.2014 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:
Informacija:
M-r Pavle GACOV
Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.
Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik
Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:
D-r Zoran MINOVSKI
D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
11 S O D R @ I N A: ПРОПИСИ “2015“ 1) ПРЕГЛЕД НА НОВИНИ ВО ЗАКОНСКИТЕ И ПОДЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНАТ ПОЧНУВАЈЌИ ОД 2015 ГОДИНА
5
www.proagens.mk
ДАНОЦИ 2) ОДБИВКА И ДЕЛУМНА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДЕН ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
14
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ 3) НОВИ ПРОПИСИ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ СО ОСВРТ НА ТЕКОВНИТЕ ОБВРСКИ
21
ДАНОЦИ 4) ОЛЕСНУВАЊА КАЈ ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ
44
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 5) ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2015-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ
48
МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ 6) НОВ МСФИ 15 - ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРИХОДИ
54
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС 7) СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕТО НА СТЕКНАТИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ СОГЛАСНО СО МСС 39 И ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ
57
ПЛАТА - ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ 8) НАЈНОВ ПОДАТОК ЗА НАЈНИСКАТА ОСНОВНА ПЛАТА ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ СО ПРИМЕНА СО ИПЛАТА НА ПЛАТА ЗА ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА
73
ГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ 9) УКИНУВАЧКА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД ВО ВРСКА СО ГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ
74
S O D R @ I N A:
11 ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
10) УКИНУВАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ
77
ИГРИ НА СРЕЌА 11) УКИНУВАЧКА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД ВО ВРСКА СО ИГРИТЕ НА СРЕЌА
78
ПРОПИСИ „2015“
ПРЕГЛЕД НА НОВИНИ ВО ЗАКОНСКИТЕ И ПОДЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНАТ ПОЧНУВАЈЌИ ОД 2015 ГОДИНА Поради големиот број на прописи (вклучувајќи нивни измени и дополнувања) чија примена стартува на 1 јануари 2015 година и во месеците потоа, изготвивме Преглед на најважните од нив со назначување на предметната содржина и тајмингот на примена.
ПОЧЕТОК НА ПРИМЕНА
ПРЕДМЕТНА СОДРЖИНА
1) Закон за финансиска дисциплина („Сл. весник на РМ“, бр. 187/14) - Примена од 01.05.2014 година Утврдени максимални законски рокови за исполнување на парични обврски: 60 дена, односно 120 дена - Од 01.01.2015 година кога постои согласност на договорните страни и 30 УЈП во приватниот сектор и дена кога во фактурите и договорите не е наведен рок Финансиска инспекција за плаќање, во јавниот сектор стартуваат или е ништовен. со контрола на деловните трансакции меѓу економските Рокот започнува да тече првиот нареден ден од денот оператори од приватниот на приемот на фактурата, но само ако приемот се сектор и меѓу субјектите од случил по извршувањето на обрската од страна на јавниот сектор и економските доверителот. Ако од било која причина не може да се оператори од приватниот утврди точен датум на приемот на фактура (или ако сектор. должникот приговори дека не ја примил фактурата) или ако доверителот ја испратил фактурата пред да ја За деталите поопширно види изврши својата обврска кон должникот, тогаш почево списанието „Информатор“, токот на рокот се врзува за наредниот ден по денот бр. 1/2014 и 5/2014 на извршување на доверителовата обврска.
Законот за финансиска дисциплина се однесува на зделките меѓу: 1) економските оператори од приватниот сектор (трговски друштва, трговци поединци, физички и правни лица кои вршат профитна дејност) и
2) субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор. 2) Закон за задолжница („Сл. весник на РМ“, бр. 59/12 и 12/14) - Задолжително издавање на задолжница во Примена од 01.01.2015 година зделки од и над 300.000 денари меѓу трговските друштва. За деталите поопширно види во списанието „Информатор“, - Задолжница не се издава, доколку вкупниот бр. 9/2012, 6/2012 и 5/2014 неплатен износ по основ на издадени задолжници надминува 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година. - УЈП при редовна или вонредна контрола над друштвата, ќе утврдува дали е издадена задолжница кај трансакциите од 300.000 денари и повеќе.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
5
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
3) Закон за данокот на добивка („Сл. весник на РМ“, бр. 112/14) Примена на 01.01.2015 година Се враќа стариот режим на оданочување на добивката што се применуваше заклучно со 2008 година, • Со утврдување на добивката односно повторно се вклучува ФИНАНСИСКИОТ за 2014 година РЕЗУЛТАТ (ДОБИВКА/ЗАГУБА) во даночната основа.
За деталите поопширно види во списанието „Информатор“, бр. 9/2014 и 10/2014
6
Се воведува даночно ослободување во форма на реинвестирана добивка.
Режимот на оданочување на вкупниот приход останува непроменет. 4) Закон за данокот на додадена вредност („Сл. весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 130/14) Примена на 01.01.2015 година Преносот на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата (согласно со Законот за даночна постапка) и во постапка за присилно извршување За деталите поопширно види (согласно со Законот за извршување), доколку во списанието „Информатор“, доверителот непосредно не се стекнува со доброто, бр. 9/2014 ќе се смета за промет кој е извршен од должникот кон стекнувачот на доброто. Даночна основа претставува постигнатата крајна цена без ДДВ (ДДВ се пресметува со примена на пресметковна стапка). Даночниот долг настанува на денот кога е извршена уплата од страна на стекнувачот на доброто. Се воведува обврска за субјектот надлежен за присилна наплата/присилно извршување во име и за сметка на должникот да пресмета и плати ДДВ од прометот предмет на продажба. Пресметувањето на данокот се врши на посебен образец ДДВ-ПНПИ. Сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за ДДВ. Примена на 01.03.2015 година
За деталите поопширно види во списанието „Информатор“, бр. 9/2014
Фактура може да се издаде и во електронска форма за што е потребна претходна согласност од примателот на доброто / корисникот на услугата. Се признава право на одбивка на влезен данок врз основа на електронска фактура, со исполнување на условите од член 34 и 53-б на Законот за ДДВ. Даночниот обврзник има обврска да му обезбеди фактура на приметелот на доброто / корисникот на услугата.
www.p
roagens.mk
ПРОПИСИ „2015“
Краен рок 31.12.2015 година
Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок од пет години по изградбата се оданочува со 5% заклучно со 31.12.2015 година. Доколку не се изврши измена на Законот за ДДВ, од 01 јануари 2016 година овој промет ќе се оданочува со 18%. 5) Закон за регистрирање на готовински плаќања („Сл. весник на РМ“, бр. 31/01 ... и 115/14) Краен рок: 31.01.2015 година Втора група на даночни обврзници кои имплементираат GPRS терминал/крипот модул во фискалниот систем на опрема, кои имаат понизок промет од 10.000.000 денаЗа деталите поопширно види ри во претходната година, не вршат угостителска дејност во списанието „Информатор“, и немаат бензиска пумпа - краен рок 31.01.2015 година бр. 1/2014, 8/2014 и 9/2014 6) Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување („Сл. весник на РМ“, бр. 142/08 ... и 113/14) Обврска за плаќање на социјални придонеси (ПИО и Примена од 01.01.2015 година здравство) за надоместоци по основ на договор за дело, авторски договор и друг договор, во случај ако За деталите поопширно види надоместокот утврден во договорот ја надминува заво списанието „Информатор“, конската минимална нето плата (9.590 денари за 2015 бр. 8/2014, 9/2014 и 10/2014 година) 7) Закон за работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05 ... и 145/14) - Обврска за работодавачот да плаќа придонеси Примена од 01.01.2015 година за ПИО и здравство на надоместокот за извршена Усогласување со Законот за измеработа од посебни договори (договор за дело и/ нување и дополнување на Законот или авторски договор или друг договор), кој во за придонеси од задолжително нето износ е повисок од износот на минимална социјално осигурување плата утврдена со закон. („Сл. весник на РМ“, бр. 113/14) - Проширување на контролна надлежност на инспекцијата на трудот на договорите За деталите поопширно види на кои се плаќаат придонеси. во списанието „Информатор“, бр. 9/2014 8) Закон за здравственото осигурување („Сл. весник на РМ“, бр. 25/00, ... и 113/14) Вклучување во системот на задолжителното здравПримена на 01.01.2015 година ствено осигурување со статус на осигуреник на: Усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот - лице кое остварува приходи од извршување физичка и /или интелектуална работа, врз основа за придонеси од задолжително на договор за дело и/или авторски договор или социјално осигурување друг договор со кој е определен надоместок за („Сл. весник на РМ“, бр. 113/14) извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон и За деталите поопширно види - носител на семејно земјоделско стопанство од во списанието „Информатор“, втора и трета категорија, согласно со Законот за бр. 9/2014 земјоделство и рурален развој
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
7
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
9) Закон за пензиското и инвалидското осигурување („Сл. весник на РМ“, бр. 98/12, ... и 160/14) Примена од 01.01.2015 година Вклучување во системот на задолжителното пензиско и инвалидско осигурување: Усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот - лица кои остваруваат приходи од извршување за придонеси од задолжително физичка и /или интелектуална работа, врз основа социјално осигурување на договор за дело и/или авторски договор или („Сл. весник на РМ“, бр. 113/14) друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена со закон и - носители на семејно земјоделско стопанство - физички лица кои остваруваат нето приход од вршење на земјоделска дејност од прва, втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој;
8
Од 01.02.2015 година
Фондот за ПИО два пати годишно: до 15 февруари и до 15 јули секоја година ќе доставува до работодавачите пода-тоци за стажот на осигурување и плати за секој осигуре-ник, со обврска работодавачите овие податоци да ги доставуваат до работниците.
Од јуни 2015 година
Фондот за ПИО ќе овозможи електронски пристап на осигурениците во увидот на податоците за стаж и плата.
Од 01.10.2015 година
Барање за остварување право од ПИО се поднесува во хартиена форма или преку електронски пристап на веб страницата на Фондот.
За деталите поопширно види во списанието „Информатор“, бр. 9/2014
Во 2015 година сите видови на пензии согласно со Законот за ПИО се усогласуваат на начин што вкупниот износ за исплата на пензиите за септември 2015 година се зголемува за 5% и се дели со вкупниот број на корисници на пензија кои пензијата ја оствариле заклучно со септември 2015 г. 10) Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Сл. весник на РМ“, бр. 37/97, ... и 113/14) Примена од 01.01.2015 година Невработено лице или друго лице кое што бара работа не може да биде евидентирано во регистрите Усогласување со Законот за измена невработени лица и други лица кои бараат рабонување и дополнување на Законот та доколку има склучено договор за дело, авторски за придонеси од задолжително договор или друг договор за кој се плаќаат придонеси социјално осигурување од задолжително социјално осигурување согласно со („Сл. весник на РМ“, бр. 113/14) закон за периодот за кој е склучен договорот.
За деталите поопширно види во списанието „Информатор“, бр. 9/2014
www.p
roagens.mk
ПРОПИСИ „2015“
11) Закон за трговските друштва („Сл. весник на РМ“, бр. 28/04, ... и 138/14) Примена од 01.01.2015 година 1. Обврска за неактивните субјекти: трговци поединци и трговски друштва кои не вршеле никаква трговска дејност до ЦРМ покрај писмено За деталите поопширно види известување дека не биле активни да достават во списанието „Информатор“, и ГОДИШНА СМЕТКА со податоци на пропишани бр. 1/2014 обрасци. 2. Бришење од трговскиот регистар на друштва и трговци поединци доколку е исполнета една од следните причини: - не доставиле годишна сметка (ГС) и финансиски извештаи (ФИ) за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година; - не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена. 3. Трговеците поединци или трговските друштва кои нема да поднесат годишна сметка и финансиски извештаи во законски утврдениот рок, должни се до ЦРМ да достават ГС и ФИ со претходно извршена ревизија од овластен ревизор, најдоцна до 31 декември во тековната година. 4. Содружници и членови на органите на друштвото за кое се води постапка за бришење поради недоставување на ГС/ФИ и непријавување на mail адреса не можат да бидат основачи на друштва.
5. Содружници и членови на органите на друштвото
за кое се води постапка за бришење поради недоставување на ГС/ФИ и непријавување на mail адреса, не можат да бидат управители и членови на управни и надзорни органи.
Примена од 07.03.2015 година
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
6. Формирање на прекршочна комисија во ЦРМ за водење прекршочна постапка и изрекување на прекршочни санкции за кршење на одредбите на ЗТД во врска со навремено доставување на ГС/ФИ, консолидирани ГС и консолидирани ФИ. Посебни услови (критериуми) што треба да ги исполнат при нивното именување управителите во друштвата со ограничена одговорност и членовите на управниот и надзорниот одбор, односно одборот на директори во акционерските друштва со доминантна или во целосна државна сопственост (освен условот за познавање на странски јазик кој ќе започне да се применува од 07 март 2016) уредени со членовите 231-а, 367-а, 374-а, 378-а и 379-а.
9
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
12) Закон за вработените во јавниот сектор („Сл. весник на РМ“, бр. 27/14) и
13) Закон за административни службеници („Сл. весник на РМ“, бр. 27/14) Примена на двата Закони 1) Предмет на првиот закон е уредување на општите од 13.02.2015 година начела, класификацијата на работните места, евиденцијата, видовите на вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, За деталите поопширно види како и други општи прашања за вработените во во списанието „Информатор“, јавниот сектор. бр. 8/2013, 6/2014 и 10/2014 2) Предмет на вториот закон се статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособување, мерењето на ефектот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници. Со примената на овој закон престануваат да важат: - Законот за државните службеници - Законот за јавните службеници и
10
- одредбите од Главата IX-a членови 39-а, 39-б и 39-в од Законот за Владата на Република Македонија. 14) Закон за јавните претпријатија („Сл. весник на РМ“, бр. 38/96, ... и 138/14) Примена од 13.02.2015 година Нови услови за именување/избор/вработување на: - претседател и член на управниот одбор на ЈП - директор на ЈП За деталите поопширно види - член на надзорниот одбор и во списанието „Информатор“, бр. 9/2013 - вработени со статус на административни службеници, даватели на јавна услуга и вршители на помошно-технички работи.
ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII
1.050
denari na 79 strani
Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.
www.p
roagens.mk
ПРОПИСИ „2015“
15) Закон за ревизија („Сл. весник на РМ“, бр. 158/10, ... и 138/14) Примена од 01.01.2015 година - Законски утврдени износи на годишно осигурување од одговорност од штета предизвикана на трети лица при вршење на професионална дејност - работи на ревизија од страна на друштвото за ревизија и овластен ревизор-трговец поединец, како услов за добивање на лиценца за работа (одредбите од членовите 24 став (1) точка 4) и 25 став (2) точка 3). - Парична казна, како нова дисциплинска мерка која може да се изрече на а овластениот ревизор, друштвото за ревизија и на овластениот ревизор трговец-поединец. - Воведување на Регистар на трајно одземени лиценци. Примена од 08.01.2015 година
Нови услови за полагање на стручен испит за добивање на звањето ревизор (членови: 27-а до 27-ќ)
Примена од 12.03.15 година
Нови услови за ИЗБОР на претседател и член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, со исклучок на одредбите за условот за познавање на странски јазик кои ќе започнат да се применуваат од 12.03.2016 г.
Примена од 13.02.2015 година
Одредбите за од глава „II-a. Права и обврски на вработените во Советот“ (членови 16-1 и 16-б), ќе се применуваат од денот на примената на Законот за административните службеници. 16) Закон за архивски материјал („Сл. весник на РМ“, бр. 95/12 и 41/14) Примена од 27.02.2015 година Нови услови за ИМЕНУВАЊЕ на директорот на Државниот архив, со исклучок на одредбите за условот за познавање на странски јазик кои ќе започнат да се применуваат од 27.02.2016 година. 16-а) Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење („Сл. весник на РМ“, бр. 99/14) Одредбите од Упатството кои се однесуваат на Планот Примена од 01.01.2015 година на архивските знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови на За деталите поопширно види негово чување. во списанието „Информатор“, бр. 11/2014
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
11
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
17) „Странски“ дневници Примена од 01.01.2015 година Во примена од 01.01.2015 година нови највисоки износи на дневници кои се утврдени во Решението, според Уредба за издатоците за службени следните правила за исплата на дневница: патувања и селидби во странство што на органите на државната уп- - 50% од утврдената дневница во Решението, ако рава им се признаваат во тековни се поднесе сметка за сместување, како и во случаи трошоци („Сл. весник на РМ“, бр. кога сместувањето не паѓа на товар на органот на 50/00 ... и 90/14) управата,
12
Решение за највисоките износи на - 20% од утврдената дневница во Решението, ако дневници за службени патувања и издатоците за сместувањето и исхраната не паѓаат селидби во странство, трошоци што на товар на органот на управата, на органите на државната управа им се признаваат во тековни тро- - 5% од утврдената дневница во Решението, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување шоци („Сл. весник на РМ“, бр. 19/14) не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа. 18) Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Сл. весник на РМ“, бр. 130/14) Поднесување на програма за имплементација на мерКраен рок 11.03.2015 година ките и дејствијата за спречување на перење пари/ФТ усогласена со членот 34 на новиот закон од страна на За деталите поопширно види субјектитеобврзници до Управата за финансиско разузво списанието „Информатор“, навање - краен рок 11.03.2015 година бр. 10/2014 19) Упатство за начинот на непосредното известување за побарувања и обврски од комерцијално работење со нерезиденти Примена од 01.01.2015 година Со Упатство се пропишува начинот на непосредното известување на резидентите (определени од Народна банка врз основа на постапка за избор на примерок) Нов образец „КИПО“, во кој е до- за состојбата и промените на побарувањата и обврдадена уште една колона како ре- ските од комерцијалното работење со нерезиденти зултат на расчленување на старата кои што достасуваат во рок до една година со или без колона 4 „нето трансакции“ во: договор за кредит, без оглед на тоа дали се веќе стасаколона 4 „трансакции-зголемува- ни за плаќање или не. ње“ и колона 5 „трансакции-намалување“
www.p
roagens.mk
ПРОПИСИ „2015“
20) Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран за одбегнување на двојното оданочување („Сл. весник на РМ“, бр. 7/02, Објава на МНР - 17/14) Договор меѓу Владата на Република Примена на договорот од 01.01.2015 година од кога е Македонија и Владата на Исламска- овозможено користење на даночни погодности (понита Република Иран за одбегнување ски даночни стапки и целосно даночно ослободување) на двојното оданочување по однос во врска со оданочувањето со персонален данок, данок на данокот од доход и данокот на на добивка, задржан данок и данок на имот на оствакапитал - („Сл. весник на РМ“, бр. рените приходи/имоти на резидентите на Македонија 7/02; Објава на МНР - 17/14) и Иран
За деталите поопширно види во списанието „Информатор“, бр. 3/2014
13
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ОДБИВКА И ДЕЛУМНА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДЕН ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
В
лезните трансакции кај даночните обврзници (од увоз и набавки во земјата), од аспект на правото на одбивка на данокот на додадена вредност можат да имаат различен даночен третман.
Д-р Рефика МУРИЌ *
З атоа е неопходно да се востанови „здрава“ контрола над документацијата врзана со набавките (и увозот) и да се врши правилно третирање на износите на данокот на додадена вредност фактуриран од добавувачите (односно платен при увозот). Имено, генерално даночните обврзници регистрирани за ДДВ, имаат право на одбивка на данокот на додадена вредност од „влезните фактури“, но под посебни услови предвидени со Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 130/14). Со оглед дека Законот за ДДВ од една страна утврдува услови за признавање на претходниот данок, а од друга страна пропишува исклучоци кога даночните обврзници не можат целосно или делумно да вршат одбивка на претходниот данок, во овој текст потсетуваме на правилата за признавање на претходниот данок и евиденција на различните примери од овој аспект.
14
Претходен данок е износот за кој се намалува данокот на додадена вредност што се должи за извршениот промет за одреден пресметковен, односно даночен период. ретходниот данок согласно со членот 33 од Законот за ДДВ, П е износ формиран од следните категории: 1. Данокот на додадена вредност за прометот кој е извршен спрема даночниот обврзник од страна на други даночни обврзници; 2. Данокот на додадена вредност за авансни плаќања што даночниот обврзник ги извршува за промет кој сеуште не е извршен кон него, а за што добил авансна фактура од примателот на авансното плаќање; 3. Данокот на додадена вредност кој е платен за увозот на добра. Утврдените износи на претходен данок за даночниот период се внесуват во ДДВ- Пријавата во: * Даночен советник
- п оле 19 (ДДВ од влезен промет во земјата) или - п оле 25 (за претходен данок од увоз).
r_muric@proagens.com.mk
www.p
roagens.mk
ДАНОЦИ
1. ПРАВО НА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДНИОТ ДАНОК Правото на одбивка на претходниот данок може да се оствари доколку се исполнети наведените ТРИ услови од членот 34 од Законот за ДДВ, односно доколку: 1) даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност; 2) даночниот обврзник поседува фактура и 3) фактурата односно декларацијата се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник. Како „фактура“ се сметаат: - с метка, пресметка или друг документ со елементи на исправна ДДВ фактура според член 53 став 10 од Законот за ДДВ, - п ресметка, со која даночниот обврзник сам пресметува одреден оданочив промет извршен спрема него од страна на друг даночен обврзник (кој не доставил фактура/ пресметка), - е лектронска фактура според член 53-б од Законот за ДДВ 1, - ц аринска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот или - Р ешение за предавање на надвижност на купувачот во владение или потврда за извршена продажба согласно со Законот за даночна постапка и Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување 2 или - З аклучок за извршена продажба согласно со Законот за извршување и Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување 3.
В о примена од 1 март 2015 г. Во примена од 1 јануари 2015 г. 3 Во примена од 1 јануари 2015 г. 1 2
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Според член 34-а од Законот за ДДВ, правото на одбивка може да се оствари и ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за инвестициски вложувања во објектот на закуподавачот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник кој е закупец. З а инвестициски вложувања се сметаат вложувањата во објектот извршени од страна на закупец кои се однесуваат на: градење, реконструкција, адаптација, надградба и доградба со кои се зголемува вредноста на закупениот објект.
2. ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДЕН ДАНОК Според концептот на Законот за ДДВ, право на одбивка на претходен данок не може да се оствари за данокот кој е платен при набавка на производи или услуги, доколку се користат за потреби кои не се поврзани со вршењето на стопанската дејност на даночниот обврзник, примател на прометот. Според членот 35 од Законот за ДДВ, даночен обврзник нема право на одбивка на претходниот данок во следниве случаи: 1) Влезен промет во функција на излезен промет ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходен данок: - Н абавки или увоз на добра и користењето услуги за цели на прометот: ослободен од данок според член 23 на Законот за ДДВ или - Н абавки или увоз на добра и користењето услуги за цели на прометот во странство кој би бил ослободен од данок според член 23 од Законот за ДДВ, ако би се извршувал во земјата. 2) Набавки на возила и други промети врзани со нив - Н абавка и увоз на велосипеди, моторни возила со помалку од четири тркала (категорија Л), возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот имаат најмногу до осум седишта и чија
15
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), исклучувајќи ги возилата за комбиниран превоз; - издатоците за резервни делови, гориво и потрошен материјал за претходно наведените возила, за одржување и поправка и за други услуги поврзани со нивно користење. Меѓутоа, може да се оствари право на одбивка кај двете наведени групи на влезен промет, доколку превозните средства или другите добра се користат исклучиво за некоја од следниве намени: - промет (трговија) со наведените добра (возила, резервни делови, гориво, потрошен материјал); - изнајмување на наведените превозни средства (рент-а-кар и оперативен закуп);
16
- превоз со наведените превозни средства (такси превоз); - обука на возачи која се врши со наведените превозни средства и - кога се користат за одржување и поправка на наведените превозни средства и други добра. 3) Расходи за репрезентација Доколку се работи за данок кој на даночниот обврзник му е засметан од други, при набавка на производи и услуги кои на претпријатието или на сопственикот му служат за репрезентација (гостење, подароци, одмор, рекреација и разонода), за тој претходен данок нема право на одбивка. Напомена:
Како репрезентација не се сметаат направените издатоци за економска пропаганда, промоција и реклама (без дарување на добра и услуги) со кои се настојува да се постигне поуспешно стопанско делување на даночниот обврзник.
4) Набавки или увоз на предмети за опремување на административни простории Предметите што се набавуваат за опремување на административни простории и за лични потреби на административен персонал, како што се: фрижидери, аудио и видео апарати, теписи и уметнички предмети што служат за опремување на административни простории, не се третираат како набавки во функција на вршење на дејноста и претходниот данок од нивните набавки не може да се одбива. Од друга страна, доколку наведените предмети ги набавува угостителски субјект или субјект со некоја друга дејност за кого тие се средство за вршење на стопанската дејност, таквиот даночен обврзник може да го користи правото на одбивка на претходниот данок засметан за нив. 5) Издатоци за превоз на лица Исклучено е правото на одбивка на ДДВ пресметан на издатоците за превоз на лица од секаков вид (со железница, со такси возила, автобуси, бродови и летала). Тоа се однесува и на патните трошоци настанати за вработените лица на службено патување или заради патување до работното место. 6) Издатоци за сместување во хотели или слични објекти, како и издатоци за исхрана Со ова решение, независно за кои потреби и лица да е направен издатокот за сместување и исхрана во хотели, мотели, ресторани и сл. објекти, ДДВ искажан во фактурите и сметките на угостителот не може да биде одбиван како претходен данок. Истото се однесува и за трошоците што ќе настанат за време на службените патувања, со исклучок на изнајмувањето на конференциски сали, користење на телефони и други комуникациски врски и сл., за кои е дозволено правото на одбивка на влезниот ДДВ. 7) Погрешно пресметан данок
02/ 3162-979 i 3298-763
www.p
Доколку добавувачот по грешка неовластено искаже или искаже повисок данок од про-
roagens.mk
ДАНОЦИ
пишаниот износ, купувачот нема право истиот да го третира како претходен данок за одбивка. Се работи за случаите од член 55 став 1 и 2 од Законот за ДДВ според кои: - ако некое лице во фактурата го искаже одделно данокот на додадена вредност иако за тоа не е овластено, тогаш го должи искажаниот износ. (Износот на данокот се плаќа во рок од пет работни дена, по издавање на фактурата.) - ако даночниот обврзник во фактурата за извршениот промет искаже неточно односно поголем данок од износот кој според Законот за ДДВ го должи, лицето ќе го должи и вишокот на данокот. Значи, даночниот обврзник, нема право да одбие ДДВ искажан во фактурата од добавувачот кој не е даночен обврзник, иако тој е обврзан да го плати данокот, додека во вториот случај, има право на одбивка на претходниот данок само во висина на пропишаниот, додека разликата на повеќе пресметаниот данок не е предмет на одбивка.
3. ПОДЕЛБА НА ПРЕТХОДНИТЕ ДАНОЦИ Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра или примените услуги, како за промет со, така и за промет без право на одбивка на претходниот данок, лицето може да го одбие само оној дел од претходниот данок, кој отпаѓа на прометот со право на одбивка на претходниот данок (член 36 од Законот за ДДВ). Во тој случај, даночниот обврзник е должен да ги подели претходните даноци според начелото на економска поврзаност на дел со право и дел без право на одбивка (член 7 од Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност 4, во понатамошниот текст: „Правилник“). Ова важи и во случај на промет, со кој економски
се поврзани одредени претходни даноци, а кој бил извршен во подоцнежен даночен период.
3.1. Претходен данок со елиминирано право на одбивка Поделбата на претходните даноци зависи единствено од фактичката намена на примените или увезените добра или користените услуги. Затоа, при утврдување на претходните даноци за одбивка, се поаѓа по системот на елиминација. Најнапред се елиминираат фактурираните износи на данок од влезни фактури кои не ги исполнуваат условите за одбивка од член 33, 34 и 34-а на Законот за ДДВ, односно - к ога фактурата е издадена од даночен обврзник кој не е регистриран за ДДВ, - н абавките (добра или услуги) не се за целите на стопанската дејност на обврзникот, - с одржината на фактурата не е според законски пропишаната. Посебно се проверува дали станува збор за набавки кои не се направени во функција на вршење на дејноста, кои не се земаат предвид за одбивање на данок. Не се одбива ДДВ ниту од влезни промети кои се во функција на вршење на дејноста, но според член 35 од Законот за ДДВ е исклучено правото на одбивка на претходниот данок кај таквите набавки и издатоци (набавки од точка 2 до точка 7 на овој член; овие набавки се наброени во точката 2 на овој текст). Исто така и претходни даноци кои се директно економски поврзани со излезен промет од член 23 од Законот за ДДВ не можат да се одбиваат (на што укажува и името на самата категорија на овој промет: промет ослободен од данок без право на одбивка на претходен данок) .
Објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 65/99, ... и 106/06.
4
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
02/ 3162-979 i 3298-763
17
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Од наведеното се констатира дека претходните даноци се делат во три групи: 1. П ретходни даноци кои се засметуваат исклучиво кон промет со право на одбивка и кои, заради тоа, можат да се одбијат во полн износ. 2. П ретходни даноци кои се засметуваат исклучиво кон промет без право на одбивка и кои, заради тоа, не можат воопшто да се одбијат. 3. П ретходни даноци кои економски се поврзани како со промет кој го обезбедува, така и со промет кој го исклучува правото на одбивка. Поделбата според член 36 од Законот и член 7 од Правилникот се врши само кај овие претходни даноци. 3.2. Поделба на претходен данок
според член 36 од Законот за ДДВ
18
(На крајот на текстот се дадени примери за поделба на претходниот данок по двата основа.
• Помошни промети кои не влегуваат во клучот за поделба на прометот При утврдување на клучот за поделба на прометот, следните видови на промет не се земаат предвид, доколку се работи за помошен промет: - промет во смисла на член 23 точка 5 од Законот за ДДВ - се мисли на банкарски и финансиски промет. - промет на недвижности и други инвестициски средства кои даночниот обврзник ги користел за одвивање на дејноста.
• Можност за привремена поделба на претходните даноци
Претходните даноци кои се економски поврзани со промет со право на одбивка и со промет без право на одбивка, треба соодветно да бидат и поделени за цели на утврдување на претходен данок со право на одбивка.
• П равила за поделба на претходниот данок Кога ќе се утврди постоење на претходен данок со и без право на одбивка, неговата поделба се врши според начелото на економска поврзаност на дел со право и дел без право на одбивка.
Даночниот обврзник може при пресметката на данокот за даночниот период, привремено да ја врши поделбата според состојбата во изминатата календарска година или според предвидениот сооднос во тековната календарска година.
4. ПРИМЕРИ НА ПОДЕЛБА НА ПРЕТХОДЕН ДАНОК Пример 1: Поделба според начелото на економска поврзаност
Даночниот обврзник може делумните износи за кои постои правото на одбивка, да ги утврдува и преку проценка која ќе одговара на фактичката состојба. Притоа, применетото мерило на поделба мора да го има за своја основа начелото на економска поврзаност.
Трговското друштво „ХХ“ е закупец кај физичко лице сопственик на станбено-деловен објект, каде врз основа на Договор за наем го користи делот што е деловен простор, а кој изнесува 50% од површината на целокупниот објект.
околку не постои друго соодветно мериД ло на поделба според фактичката состојба, делумните износи кои можат да се одбијат можат да се утврдуваат единствено според односот на прометот за кој е одобрена одбивка на претходниот данок кон останатите видови на промет.
Закупецот е регистриран обврзник за ДДВ, а со согласност на закуподавачот - физичко лице, вовел систем за вентилација во објектот, како неопходен услов за свое непречено работење за време на закупот, што ќе трае 5 години. Закуподавачот е согласен закупецот да направи ваква инсталација во објектот, но
www.p
roagens.mk
ДАНОЦИ
одбива тоа да биде на негов трошок, ценејќи дека истата не му е потребна. За извршеното вложување, закупецот добил фактура на износ од 150.000 денари (и пренесена обврска за ДДВ по член 32-а, 27.000). Напомена:
Со оглед дека не е предвидено пребивање со закупнината за износот на вложувањето во туѓиот имот, трошокот за ова вложување ќе се изрази кај закупецот, кој средството го прибавува исклучиво заради деловен мотив. Трошокот ќе се признава постапно, преку пресметување на амортизација за вложувањето во туѓиот имот, во периодот на закупот од 5 години, од причина што тоа е порепрезентативна основа за вре-
менскиот модел на користите од изнајменото средство за наемателот (закупецот). Меѓутоа, признавањето на средство по основ на вложувања во туѓи недвижности и амортизирање на истите ќе се врши само на делот од вредноста на објектот што припаѓа на површината на деловниот простор и што закупецот го користи за својата дејност (што изнесува 50% од вкупниот објект). Преостаната вредност од вложувањето се однесува на станбениот дел од објектот кој го користи закуподавачот, така што закупецот нема право на одбивка на ДДВ за тој дел (50%). Покрај тоа, овие 50% вредност од набавката, кај закупецот, не треба да се евидентираат како средство, туку на трошок кој претставува непризнат расход.
Книжење: Сметка должи побарува
ОПИС
Вредност на вложување во туѓи недвижности Расходи кои не се во функција 4695 на вршење на дејност 1302 Претходен ДДВ по член 32-а 2201 Обврски спрема добавувачи во земјата 2302 Обврски за ДДВ - по фактура бр. __ за поставен систем за вентилација 0158
Износ должи побарува
19
75.000 88.500 13.500 150.000 27.000
Во овој случај евидентно е дека закупецот во согласност со член 36 од Законот за ДДВ има извршено поделба на претходниот данок, така што одбил само дел од данокот за кој согласно со член 34-а од Законот за ДДВ има право на одбивка, а кој е во директна економска поврзаност со неговата дејност со право на одбивка. Напомена:
Заради поедноставување, во примеров не е пресметана обврска за персонален данок на доход иако за половина од вредноста на вложувањето (системот на вентилација) кој не го користи закупецот е можно припишување корист (приход) за закуподавачот, без оглед на тоа што истиот се изјаснува дека нема корист и потреба од системот.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Пример 2: Поделба според односот на прометот за кој е одобрена одбивка Друштвото „МН“ со сопствен автобус врши услуга на превоз на патници за друг даночен обврзник на релација Скопје - Солун, што претставува услуга на меѓународен превоз на лица, ослободена од ДДВ без право на одбивка на претходниот данок (член 23 став 1 точка 19). Во пресметковниот период, со истиот автобус е вршен и превоз на лица во земјата, што е оданочив промет со повластена стапка на ДДВ (5%) и со право на одбивка на претходен данок. За поправка на автобусот, е платено по фактура 100.000 денари со 18.000 денари ДДВ.
Со оглед дека не може да се примени начелото на економска поврзаност, ќе се примени вториот метод на утврдување на делот со право на одбивка, а тоа е преку утврдениот однос на прометот за кој е одобрена одбивка на претходниот данок кон другиот вид на промет. Под претпоставка дека 80% од реализацијата (прометот) со тој автобус е направено со извршен превоз во земјата, а 20% со извршен меѓународен превоз, тогаш од вкупниот претходен данок (18.000 денари), 80% (14.400) ќе биде со право на одбивка, а 20% (3.600 денари) се без право на одбивка.
Книжење:
20
Сметка ОПИС должи побарува 4131 Услуги за инвестиционо одржување 1300 Претходен ДДВ 2201 Обврски спрема добавувачи во земјата - по фактура бр. __ за извршена поправка на автобус
www.p
roagens.mk
Износ должи побарува 103.600 14.400 118.000
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
НОВИ ПРОПИСИ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ СО ОСВРТ НА ТЕКОВНИТЕ ОБВРСКИ 1. ХРОНОЛОШКИ ОСВРТ НА ПРОПИСИТЕ
Н
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
овиот Закон за архивски материјал (во натамошниот текст: ЗАМ) е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 95/12 и е во сила од 03.08.2012 година. Досега ЗАМ имаше една измена и дополнување објавено во „Службен весник на РМ“, бр. 41/14. Последиците од влегувањето во сила на ЗАМ беа: - престанок на важење на Законот за архивска граѓа („Службен весник на СРМ”, бр. 36/90 и „Службен весник на РМ”, бр. 36/95 и 86/08), како и зборовите: „и архивската граѓа во изворна, комплетна и средена состојба со попис и опис, како и документарниот материјал со подолги рокови на чување, платни списоци, ЕВТ-2 картони, обрасци М-4 и пријави и одјави на вработените да ги предаде во Државниот архив на Република Македонија“ од членот 200 став 5 точка 2 од Законот за стечај („Службен весник на РМ“, бр. 34/06, 126/06, 84/07 и 47/11), - обврзување на имателите на архивски и документарен материјал: органи, правни или физички лица со чие дејствување тој настанува или се носители на правото на владение над архивскиот и документарниот материјал да го усогласат своето работење со одредбите на ЗАМ во рок од една година од денот на неговото влегување во сила и
* Правен советник
d_jacimovic@proagens.com.mk
- донесување на нови подзаконски прописи предвидени со ЗАМ во рок од една година од денот на неговото влегување во сила, со забелешка дека до тогаш ќе се применуваат постојните (старите) подзаконски акти, во чиј домен спаѓаат: Уредба за канцелариско и архивско работење („Службен весник на РМ“, бр. 58/96); Уредба за утврдување на критериумите за подолги рокови за користење на архивската граѓа („Службен весник на РМ“, бр. 31/96); Уредба за посебна заштита на архивската граѓа во воена и вонредна состојба („Службен весник на РМ”, бр. 37/98); Упатство за начинот и постапката за одбележување на документите со подолги рокови на користење („Службен весник на РМ“, бр. 59/98); Упатство за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење („Службен весник на РМ“, бр. 60/97); Упатство за единствено задолжително евидентирање на архивската граѓа („Службен весник на РМ“, бр. 16/75).
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
21
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
До денес, врз основа на ЗАМ се донесени следните подзаконски прописи: 1. Ново Упатство за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење „Службен весник на РМ“, бр. 99/13, во сила од 13.07.2013 година 2. Нова Уредба за канцелариско и архивско работење „Службен весник на РМ“, бр. 1/14, во сила од 11.01.2014 година.
22
3. Ново Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење „Службен весник на РМ“, бр. 99/14, во сила на 10.07.2014 година, освен одредбите кои се однесуваат на Планот на архивските знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови на негово чување, кои ќе отпочнат да се применуваат од 01.01.2015 година.
2. КРАТОК ОСВРТ НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ Предмет на Закон за архивски материјал Со донесување на ЗАМ, исто како и со претходниот Закон за архивска граѓа, законодавецот ги определил статусот и третманот на заштитата, чувањето, обработката и користењето на архивскиот материјал при што наведените активности ги дефинира како работи од јавен интерес. ЗАМ содржи одредби и за инспекцискиот надзор и надлежностите на Државниот архив на Република Македонија (Државниот архив). Некои од изразите употребени во ЗАМ, а врз него и во подзаконските прописи, во функција на нивното правилно разбирање го имаат следното значење: - Архивскиот материјал, е целокупниот изворен и репродуциран (пишуван, цртан, печатен, фотографиран, филмуван, аудиовизуелизиран, механографиран, електронски, дигитално, оптички или на друг начин
www.p
забележан) документарен материјал од трајна вредност кој е од значење за Републиката, науката, културата, имателите, како и за други потреби; - Документарниот материјал, како извор на архивскиот материјал, го сочинува целокупниот изворен и репродуциран (пишуван, цртан, печатен, фотографиран, филмуван, аудиовизуелизиран, механографиран, електронски, дигитално, оптички или на друг начин забележан) материјал и книги и други евиденции за тој материјал создадени во работата на имателите, додека тој е од значење за нивната тековна работа и сé додека од него не е издвоен архивскиот материјал; - Имател на архивски и документарен материјал е орган, правно или физичко лице со чие дејствување тој настанува или е носител на правото на владение над архивскиот и документарниот материјал; - Канцелариско работење претставува прием, прегледување и распоредување на документ/запис, заведување на документот/ записот, доставување на документот/записот во работа, административно-техничко обработување на документот/записот, испраќање на документот/записот, разведување и класифицирање на документот/записот и одлагање на решениот документ/запис во писарницата и - Архивско работење претставува одбирање на архивскиот од документарниот материјал, средување на архивскиот и документарниот материјал, евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал, категоризација на архивскиот материјал, попишување на документарниот материјал на кого му изминал рокот за чување, уништување на предложениот документарен материјал, сместување, чување, заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документарниот материјал во соодветен простор, стандардна опрема, техничко-технолошки средства и предавање на архивскиот материјал на трајно чување во Државниот архив.
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
Заштита на архивскиот и на документарниот материјал Архивскиот материјал и документарниот материјал се заштитуваат според одредбите од ЗАМ, независно од времето, местото и начинот на нивното создавање, сопственоста и евидентираноста. Архивскиот материјал од посебно културно и историско значење, како добро од општ интерес, посебно се заштитува и според прописите за заштита на културното наследство. Документарниот материјал од којшто не е извршено одбирање на архивскиот материјал, без оглед на тоа кој го создал и каде се наоѓа, претставува и се чува како целина и од него не смеат да се издвојуваат делови.
Пренос на архивскиот материјал во хартиена форма Архивскиот материјал кој е создаден во електронска, дигитална, оптичка или друга форма (запис), се пренесува во хартиена форма, а доколку тоа не е можно, останува во изворна форма во која е создаден.
Јавен архивски и документарен материјал Архивскиот и документарниот материјал создаден во работата на државните органи, институции, јавните установи и служби, јавните претпријатија, единици на локалната самоуправа и градот Скопје, трговските друштва основани од државата или во кои доминантен капитал има државата, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните и физичките лица на кои со закон им се доверени јавни овластувања (иматели) претставува јавен архивски и документарен материјал и е сопственост на Република Македонија. Имателот на јавен архивски и документарен материјал е должен за своето основање, статусна измена, надлежност и престанување со работа да го извести Државниот архив.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Државниот архив утврдува попис на иматели на јавен архивски и документарен материјал. Имателот на архивски и документарен материјал е должен да: го заштитува, чува и одржува архивскиот и документарниот материјал во изворна и безбедна состојба да не се оштети, исчезне или уништи, го користи архивскиот и документарниот материјал согласно со закон и други прописи или општи акти, води евиденција за архивскиот и документарниот материјал, дава податоци и информации за архивскиот и документарниот материјал на Државниот архив, му дозволи на овластено лице од Државниот архив увид во состојбата на архивскиот и документарниот материјал, истражување, проучување, снимање, користење и преземање мерки за заштита на архивскиот и документарниот материјал, обезбеди достапност на архивскиот и документарниот материјал на јавноста, согласно со закон и други прописи, го известува Државниот архив за сите правни и фактички промени на архивскиот и документарниот материјал, обезбедува услови за сместување и обезбедување на архивскиот и документарниот материјал, врши и да го определува начинот на прием, прегледување и распоредување на архивскиот и документарниот материјал, го обележува, датира и води основна евиденција за архивскиот и документарниот материјал и да врши негова административно техничка обработка, обезбедува навремено враќање на решените предмети, да го класифицира и средува архивскиот и документарниот материјал и да врши негово одлагање во писарницата,
23
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
врши тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал, врши издвојување и попис на документарниот материјал за уништување, води евиденција (опис и попис) на архивскиот материјал, го обележува и чува архивскиот примерок, обезбедува соодветен простор, стандардна опрема и техничко- технолошки средства з а чување, заштита и обезбедување на архивскиот и документарниот материјал и г о предава архивскиот материјал на Државниот архив во состојба и рокови утврдени со овој закон. Распоредувањето на документарниот материјал се врши според планот на архивски знаци.
24
Одбирање на архивски и уништување на документарен материјал - Одбирањето на архивскиот од документарниот материјал и издвојувањето на документарниот материјал се врши редовно според листа на архивски материјал, односно листа на документарен материјал со рокови на негово чување. Имателот донесува план на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал со рокови за негово чување и ги доставува до Државниот архив заради добивање на согласност за примена на планот и листите. Директорот на Државниот архив дава согласност за примена на планот на архивски знаци, листата на архивски материјал и листата на документарен материјал со рокови за негово чување, доколку се во согласност со законските и подзаконските прописи. При одбирањето на архивскиот материјал посебно се обележува архивскиот примерок. Документарниот материјал, по истекот на рокот за чување, се предава на уништување на правно лице регистрирано за откуп и промет на отпаден материјал или се уништува кај имателот согласно со утврдена постапка.
www.p
Имателот е должен да изврши попис на предложениот документарен материјал за уништување и пописот со барање го доставува до Државниот архив заради добивање на согласност за уништување. Државниот архив нема да даде согласност за уништување на предложениот документарен материјал, доколку имателот нема извршено попис и опис на архивскиот материјал за периодот за кој се предлага уништувањето на документарниот материјал. Предавање на архивски материјал - Архивскиот материјал записнички се предава на Државниот архив во изворна, комплетна, одбрана и средена состојба, со попис и опис на материјалот, сместен во архивски кутии на начин и во рокови утврдени спогодбено меѓу имателот на материјалот и Државниот архив. Рокот за предавање на јавниот архивски материјал не може да биде подолг од 20 години од неговото создавање.
Приватен архивски и документарен материјал Приватен архивски и документарен материјал е материјал кој настанал во работата на приватните правни и физички лица (иматели), односно е во сопственост на приватни правни и физички лица. Државниот архив утврдува попис на иматели на приватен архивски и документарен материјал за кој ќе оцени дека е од интерес за Република Македонија. Имателите на приватен архивски и документарен материјал се должни да: го известат Државниот архив за поседувањето на архивскиот и документарниот материјал, го чуваат и заштитуваат архивскиот и документарниот материјал, водат основна евиденција за архивскиот и документарниот материјал, донесуваат и до Државниот архив да доставуваат план на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал,
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
вршат и да го определат начинот на приемот, прегледувањето и распоредувањето на материјалот, го обележуваат, датираат и водат основна евиденција за материјалот и да ја вршат неговата административно-техничка обработка, обезбедуваат навремено враќање на решените предмети, да го класифицираат и средуваат материјалот и да го вршат неговото одлагање во писарницата, вршат тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал, вршат издвојување и попис на документарниот материјал за уништување, водат евиденција (опис и попис ) на архивскиот материјал и го чуваат трајно архивскиот материјал. Промет со приватен архивски материјал - Имателот може приватниот архивски материјал да го подари, продаде или даде на чување на трето лице. Приватниот архивски материјал не смее да се отуѓува или на друг начин отстапува на странски физички и правни лица. Приватниот архивски материјал кој по пат на подарок, продажба или на чување дојде во владение на Државниот архив е достапен за користење под услови и на начин определени за јавниот архивски материјал, доколку со договорот поинаку не е определено. Документарни центри - Документарни центри се трговски друштва кои вршат заштита, чување и користење на приватниот архивски и документарен материјал. Документарниот центар врши прием и времено чување на приватен архивски и документарен материјал од имателите, вреднување, средување и евидентирање на материјалот, го дава материјалот на користење на друго правно или физичко лице со одобрение на имателот. Имателот е одговорен за не преземањето на должностите од страна на документарниот центар.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Документарните центри во врска со заштитата, чувањето и користењето на приватниот архивски и документарен материјал се должни да исполнат определени кадровски, технички и просторни услови. Условите ги пропишува директорот на Државниот архив, во зависност од видот и обемот на архивскиот и документарниот материјал.
Надзор Надзор над спроведувањето на одредбите од ЗАМ врши Државниот архив. Државниот архив врши инспекциски надзор над работата на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал во врска со архивското работење на имателите. Државниот архив врши инспекциски надзор над работата на имателите на приватен архивски и документарен материјал во врска со канцелариското и архивското работење. Во постапката при вршење на инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор, доколку со ЗАМ поинаку не е уредено.
Преглед на прекршочни одредби од ЗАМ Во членовите 64, 65 и 66 од ЗАМ содржани се прекршочните одредби. Член 64: Глоба од 1.000 до 2.000 евра денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното или службеното лице кај имателот на јавен архивски и документарен материјал и против правното лице и одговорното лице кај имателот на приватен архивски и документарен материјал, ако: - не го заштитува, чува и одржува архивскиот и документарниот материјал во изворна и безбедна состојба да не се оштети, исчезне или уништи (член 19 алинеја 1),
25
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- не го користи архивскиот и документарниот материјал согласно со овој или друг закон и други прописи или општи акти (член 19 алинеја 2),
- не води евиденција (опис и попис) на архивскиот материјал (член 19 алинеја 14),
- не води евиденција за архивскиот и документарниот материјал (член 19 алинеја 3),
- не обезбедува соодветен простор, стандардна опрема и техничко- технолошки средства за чување, заштита и обезбедување на архивскиот и документарниот материјал (член 19 алинеја 16),
- не дава податоци, информации за архивскиот и документарниот материјал на Државниот архив (член 19 алинеја 4), - не му дозволи на овластено лице од Државниот архив увид во состојбата на архивскиот и документарниот материјал, истражување, проучување, снимање, користење и преземање мерки за заштита на материјалот (член 19 алинеја 5), - не обезбеди достапност на архивскиот и документарниот материјал на јавноста, според одредбите од овој или друг закон и други прописи (член 19 алинеја 6),
26
- не го известува Државниот архив за сите правни и фактички промени на архивскиот и документарниот материјал (член 19 алинеја 7), - не обезбедува услови за сместување и обезбедување на архивскиот и документарниот материјал (член 19 алинеја 8), - не врши и не го определува начинот на прием, прегледување и распоредување на архивскиот и документарниот материјал (член 19 алинеја 9), - не го обележува, датира и не води основна евиденција за архивскиот и документарниот материјал и врши негова административно- техничка обработка (член 19 алинеја 10), - не обезбедува навремено враќање на решените предмети, не го класифицира и средува архивскиот и документарниот материјал и не врши негово одлагање во писарницата (член 19 алинеја 11), - не врши тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал (член 19 алинеја 12), - не врши издвојување и попис на документарниот материјал за уништување (член 19 алинеја 13),
www.p
- не го обележува и чува архивскиот примерок (член 19 алинеја 15),
- не го предава архивскиот материјал на Државниот архив во состојба и рокови утврдени со овој закон (член 19 алинеја 17), - не планира и не спроведува мерки за заштита на архивскиот и документарниот материјал во случај на воена или вонредна состојба (член 20 став 1), - не постапи по решението донесено во вршење на инспекциски надзор (член 60), - не донесе план на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал со рокови за негово чување и не ги достави до Државниот архив заради добивање на согласност (член 21 став 3), - уништи документарен материјал на кој му истекол рокот за чување без согласност од Државниот архив (член 24 став 2) и - дозволи на трето лице кое не е вработено во правното лице или органот да одбира и - средува јавен архивски и документарен материјал (член 22 став 2). Член 65 - Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице имател на приватен архивски и документарен материјал, односно од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на одговорното лице кај правното лице ако: - не го извести Државниот архив за поседувањето на архивскиот и документарниот материјал (член 32 алинеја 1), - не го чува и заштитува архивскиот и документарниот материјал (член 32 алинеја 2),
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
- не води основна евиденција за архивскиот и документарниот материјал (член 32 алинеја 3), - не донесува и до Државниот архив не доставува план на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал (член 32 алинеја 4), - не врши и не го определува начинот на приемот, прегледувањето и распоредувањето на материјалот (член 32 алинеја 5), - не го обележува, датира и не води основна евиденција за материјалот и не врши негова административно-техничка обработка (член 32 алинеја 6), - не обезбедува навремено враќање на решените предмети, не го класифицира и средува материјалот и не врши негово одлагање во писарницата (член 32 алинеја 7), - не врши тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал (член 32 алинеја 8), - не врши издвојување и попис на документарниот материјал за уништување (член 32 алинеја 9), - не води евиденција (опис и попис ) на архивскиот материјал (член 32 алинеја 10), - трајно не го чува архивскиот материјал (член 32 алинеја 11) и - не постапи по решението донесено во вршење на инспекциски надзор (член 60). Член 66 - Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во ЗАМ води надлежниот суд.
3. УРЕДБА ЗА КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ Владата на РМ ја донесе Уредбата за канцелариското и архивското работење (во натамошниот текст: Уредбата, заснована на член 7 став 1 од ЗАМ, според кој канцелариското и архивското работење го уредува Владата на РМ), со цел да се обезбеди подетална разработка и регулација на општите одредби од ЗАМ.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Уредбата го регулира канцелариското и архивското работење на сите иматели на архивскиот и документарниот материјал од приватниот и јавниот сектор: државни органи и институции, јавните установи и служби, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата или во кои доминантен капитал има државата, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, правните и физичките лица на кои со закон им се доверени јавни овластувања, приватните правни лица и физичките лица кои самостојно вршат дејност. Уредбата ги опфаќа конвенционалните видови на документи/записи забележани на хартиена основа, микрофилм и слично и неконвенционалните видови како што се електронските и дигитализирани документи/записи.
Канцелариско работење Првиот дел од Уредбата, кој се однесува на „канцелариското работење“, ги регулира следниве прашања: прием, прегледување и распоредување на документот/записот, неговото заведување, доставување во работа, административно-техничко обработување, испраќање, разведување, класифицирање и одлагање на решениот документ/запис во писарницата. Уредбата, во рамките на канцелариското работење ги уредува работите кои се вршат преку писарница: прием, прегледување, заведување и здружување на документи/записи, доставување во работа, испраќање, разведување на документот/записот и негово архивирање од писарницата во архива. Документот/записот со кој се покренува службено дејствие и документот/записот со степен на класификација го прегледува овластено службено лице. Основна книга за евиденција на документите е деловодникот, кој се води според систем на основни броеви и подброеви. Деловодникот ги содржи и следните елементи: пренос на документот или предметот, датум на приемот, податоци за испраќачот или при-
27
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
мачот, број и датум на испраќањето, архивски знак на организационата единица и разведување на документот или предметот.
што настануваат во рамките на организационите единици, односно групите на работи од основната и специфична дејност на имателот.
Деловодникот може да се води и во електронска форма - електронски деловодник.
Архивските знаци не можат да се менуваат во текот на годината, но можат да се додаваат нови.
Имателот, по правило, води еден деловодник, а по исклучок, одделни организациони единици кај имателот може да водат одделни деловодници ако тоа е определено од функционерот, односно од одговорното лице. За документите/записите и предметите со степен на класификација се води посебен деловодник - деловодник за класифицирани документи/записи според степенот на класификација на документот/записот. Покрај деловодникот, заради полесно и побрзо ракување со документите/записите, се водат и помошни книги за евиденција: попис на документи, регистар, интерна доставна книга, книга за препорачана пошта и книга за место.
28
Од посебно значење се одредбите кои се однесуваат на класифицирање на решените документи/записи и предмети, нивното одлагање (архивирање). Решените документи/записи и предмети се класифицираат и се средуваат според архивски знаци утврдени со Планот на архивски знаци. Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување, содржат Општ и Посебен дел. Општиот дел од Планот и Листите е задолжителен за сите иматели. Општиот дел од Планот и Листите содржи архивски знаци, рокови за чување или ознаката „трајно“ за документите/записите што настануваат во рамките на организационите единици, односно групите на работи: Основање, организација и развој; Управување и раководење; Канцелариско-архивски, правни и општи работи; Човечки ресурси; Финансиско и материјално работење; Одбрана и безбедност; Електронски систем и АОП. Посебниот дел на Планот и Листите содржи архивски знаци и рокови за чување или ознаката „трајно“ за документите/записите www.p
Сите решени документи/записи, предмети и книги за евиденција (заклучени и официјализирани), на крајот од годината се предаваат (одлагаат) од писарницата во архивата на имателот.
Архивско работење Вториот дел од Уредбата се однесува на „архивското работење“ на имателите. Во него се регулираат следниве прашања: одбирање на архивскиот од документарниот материјал; средување на архивскиот и документарниот материјал; евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал; категоризација на архивскиот материјал; попишување на документарниот материјал на кого му изминал рокот за чување и негово уништување; сместување, чување, заштита и обезбедување и користење на архивскиот и документарниот материјал во соодветен простор, стандардна опрема, техничко-технолошки средства; предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив; чување на јавен документарен материјал кај имателот и чување на приватен архивски и документарен материјал кај имателот или предавање во документарен центар. Во делот на архивско работење посебно е уредено пополнување и содржината на роковниот штембил. На целокупниот документарен материјал што го создава и прима имателот, по заведувањето во десниот горен агол се става роковен штембил што содржи: архивски знак според Планот на архивски знаци, рок на чување според Листите, датум на одлагање во писарницата и потпис на службеното лице кое го решавало документот/записот или предметот. Роковниот штембил го пополнува лицето кое го решило предметот. Решените документи во писарницата, односно архивата се класифицираат, средуваат и
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
сместуваат во архивски кутии/фасцикли според Листите и тоа, посебно архивскиот материјал, а посебно документарниот материјал.
теријал, се изготвуваат по изминување на годината и се доставуваат до Државниот архив најдоцна до 31 март во наредната година.
Имателот врши тековно (редовно) одбирање на архивскиот материјал и издвојување на документарниот материјал и заради ова е должен да донесува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување. Планот и Листите се изготвуваат комисиски, се доставуваат до Државниот архив заради добивање на согласност за примена на планот и листите, до 30 ноември во тековната година, а се применуваат во наредната година.
Уредбата ја регулира и постапката за издвојување и уништување на документарниот материјал. Издвојувањето на документарниот материјал се врши комисиски, редовно секоја година, врз основа на Листата на документарен материјал со рокови на негово чување. По истекот на рокот на чување, комисијата изготвува пописен лист на документарниот материјал кој се предлага за уништување. Пописниот лист опфаќа: назив на имателот, реден број, година кога е создаден документарниот материјал, архивски знак, сумарен опис по видови документарен материјал, количина изразена во метри должински, образложение зошто се предлага документарниот материјал за уништување, потписи на членовите на комисијата, потпис на функционерот/одговорното лице и печат на имателот. Според ЗАМ пописот со барање за уништување имателот го доставува до Државниот архив заради добивање на согласност за уништување. Државниот архив нема да даде согласност за уништување на предложениот документарен материјал, доколку имателот нема извршено попис и опис на архивскиот материјал за периодот за кој се предлага уништувањето на документарниот материјал. Имателот го уништува документарниот материјал со предавање на субјектот за откуп на отпадни материјали или на друг начин.
При одбирањето на архивскиот од документарниот материјал имателите посебно го одбележуваат архивскиот примерок (штембил архивски примерок). Архивски примерок претставува најдобро изготвениот или умножен примерок, како прв примерок - оригинал. Архивскиот примерок се официјализира со потпис на овластено службено лице и со службен печат и се користи само по исклучок и со реверс односно копирање, а во оригинал кога треба да послужи како доказно средство. Категоризација на архивскиот материјал кај имателите се врши со цел да се обезбеди дополнително вреднување и ефикасна заштита на материјалот. Категоризацијата се врши врз основа на критериуми и на начин утврден со подзаконски акт. Целокупниот архивски материјал што се создава и чува кај имателот се евидентира на единствен начин (попис и опис). Евидентирањето се врши по одбирањето на архивскиот од документарниот материјал од страна на комисија на имателот. Евиденцијата (попис и опис) на архивски материјал опфаќа: назив на имателот, година кога е создаден архивскиот материјал, реден број, архивски знак и деловоден број на документот или предметот, опис на содржината на архивскиот материјал, количина на архивскиот материјал изразена во листови и забелешка Евиденциите што се однесуваат на тековната година кога е создаден архивскиот ма-
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Имателите се должни одбраниот архивски материјал да го чуваат, обезбедуваат и заштитуваат од секаков вид на отуѓување, оштетување и уништување.
Електронски архивски и документарен материјал Посебен дел од Уредбата е посветен на електронскиот архивски и документарен материјал, што претставува новина во однос на старата Уредба за архивско и канцелариско работење и е во согласност со новите решенија за електронска архива од ЗАМ. Електронска архивa опфаќа чување на електронските
29
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
документи во изворен облик во кој се креирани, испратени, примени и архивирани, облик со кој изворната содржината не се менува. Електронските документи треба да се заверени со електронски потпис. Електронските документи треба да бидат архивирани во соодветен облик, со соодветна технологија и постапки, кои заедно со електронскиот потпис ќе дадат гаранција за нивната веродостојност и целокупност за време на чувањето, како и гаранција дека не можат да бидат менувани или неовластено избришани. Имателот обликува електронски систем и применува програма (софтвер) за канцелариско и архивско работење. Во софтверот се обликува и електронски деловодник како основна евиденција на документите/записите по електронски пат, во кој се опфатени истите елементи и рубрики, како и деловодникот во хартиен облик во согласност со Уредбата.
30
Имателот својот електронски деловодник го отпечатува на хартија секој работен ден, на крајот од работното време. Во овој дел од Уредбата содржани се одредбите за криптозаштита и електронски потпис, со кои се обезбедува заштита, сигурност, автентичност и веродостојност на документите/записите во сопствениот компјутерски систем и преку глобалните мрежи, со примена на техника за криптографија на електронските записи. Криптозаштита се врши според мерките и упатствата за постапување кои се определуваат од страна на имателот. Имателот, самиот определува начин на создавање и чување на документите/записите и тоа: кои целосно и изворно ги создава и чува во хартиен облик, а кои од нив ќе ги дигитализира; кои изворно и целосно ги создава и чува во електронски облик и за архивскиот материјал обезбедува хартиена копија; кои одразуваат една и иста активност, а дел од нив е создаден во хартиен, а друг дел во електронски облик, имателот и двата вида ги поврзува со упатници и индекси. Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материја со рокови на негово чување се вградуваат во софтверот за управување со елекwww.p
тронските документи, уште за време на обликувањето на електронскиот ситем на имателот, пред да настане било кој електронски запис. Изборот на носачите на електронски записи се врши врз основа на: - бараниот степен на интегритет на документите и примена на технологија што спречува секаква измена на забележаните податоци. - постапката за миграција на документите/записите да биде спроведена најмалку 2-3 години пред да истече рокот на траење на носачот. Имателот изработува повеќе примероци на истиот електронски документ/запис, ако е можно на повеќе носачи од различен вид („редунданција“), дислоцирани и депонирани на две или повеќе места за чување.
Чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал Дел од Уредбата се однесува на дефинирање на форми и стандарди со кои се обезбедува чувањето и заштитата нa конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал. Чувањето и заштитата се врши вo соодветен простор и опрема и тоа во: a) Документарен ормар, б) Документарна соба (писарница), в) Архива, г) Архивски сеф, д) Серверска соба и ѓ) Документарен центар. Просторот и опремата за чување и заштита на материјалот треба да ги исполнуваат стандардите за: конструкција и статика на објектот; алармен систем за откривање и дојава на неовластен пристап; огноотпорност и заштита од пожар; систем за микроклиматска заштита. Видови и постапки за чување и заштита на архивскиот и документарниот материjал во неконвенционален облик се: а) Чување на сопствен сервер во активна врска (интранет) во сопствената компјутерска мрежа; б) Чување на туѓ сервер со активна врска (online, преку интернет) надвор од сопствената ком-
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
пјутерска мрежа; в) Чување на посебен медиум без активна врска (offline) во сопствената компјутерска мрежа и г) Чување преку конверзија на неконвенционалниот материјал во конвенционаленоблик и обратно преку дигитализација на конвенционален материјал.
4. УПАТСТВО ЗА КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ Обврска за доставување на Планот на архивски знаци и Листите до Државниот архив до 30 ноември за наредната година Одредбите на Уредбата понатаму се доразработуваат и појаснуваат со упатствата на Архивот на РМ, каде што посебно место му припаѓа на Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (популарно: Упатство за канцелариското и архивското работење), кое дава конкретни оперативни насоки и обезбедува функционална примена на Уредбата и на ЗАМ. Ова Упатство, како составен дел ги има следниоте обрасци и евиденции: - Планот на архивските знаци (за распоредување на актите) (Прилог бр. 1),
- Листата на архивски материјал (од трајна вредност) (Прилог бр. 2), - Листата на документарен материјал со рокови на негово чување (Прилог бр. 3), - Обрасци на евиденции и штембили (Прилог бр. 4). (обрасци за приемниот и роковниот штембил; за водењето деловодник, попис на документи/записи, интерна доставна книга, книга за пошта, книга за место, штембил - архивски примерок, попис и опис на архивски мате-
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
ријал, попис на документарниот материјал за уништување). 1 Во однос на примената на новото Упатство за канцелариското и архивското работење („Службен весник на РМ“, бр. 99/14), во сила на 10.7.2014 година, значајна на е одложена примена на одредбите кои се однесуваат на Планот на архивските знаци (Прилог бр. 1), Листата на архивски материјал (Прилог бр. 2) и Листата на документарен материјал со рокови на негово чување (Прилог бр. 3), кои ќе отпочнат да се применуваат од 1.1.2015 година. Поради ова имателите на архивскиот и документарниот материјал, својата годишна обврска до 30 ноември да ги донесат и достават до Државниот архив Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување заради добивање на согласност за нивната примена ќе ја извршат со користење на старите обрасци: Планот на архивски знаци (прилог бр. 1), Листа на архивска граѓа од трајна вредност (прилог бр. 2) и Листа на документарен материјал со рокови на негово чување (прилог бр. 3) од СТАРОТО Упатство за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење („Службен весник на РМ“, бр. 60/97). Планот на архивските знаци претставува акт според кој се врши распоредување, евидентирање, класифицирање, средување и чување на документите/записите и предметите. Планот содржи општ и посебен дел. Според општиот дел се врши определување на архивски знаци за распоредување на документите/записите и предметите од 01 до 07, што претставува класификација на документите по материја или организациона единица, а според посебниот дел од 08 натаму, согласно организационата структура и надлежностите на имателот. Општиот дел на Планот содржи архивски знаци за документите/записите што се однесуваат на: 01. Основање, организација и раз-
Прилозите број 1, 2, 3, и 4 се дадени на крајот од овој текст.
1
31
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вој; 02. Управување и раководење; 03. Канцелариско-архивски, правни и општи работи; 04. Човечки ресурси; 05. Финансиско и материјално работење; 06. Одбрана и безбедност; 07. Електронски систем и автоматска обработка на податоци (АОП). Општиот дел на Планот е единствен за сите иматели, а посебниот дел го изработува секој имател, согласно неговата организациска структура, надлежности и основна дејност.
32
(Според старото Упатство со општиот дел на планот се врши распоредување на актите од 01 до 06, што претставува класификација на актите по материја, а со посебниот (стручен) дел на планот од 07 натаму, по организациони единици. Општиот дел на планот содржи одделни видови архивска граѓа, односно документарен материјал во врска со: организацијата и развојот - 01, управувањето и раководењето - 02, општите и правните работи - 03, работните односи - 04, финансиско-материјалното работење - 05 и одбраната и заштитата - 06.) Планот на архивски знаци се изработува комисиски, со учество на службени лица
www.p
од организационите единици кои ги создаваат или на кои се однесуваат документите/ записите. При изработката на Планот, комисијата ги проучува актите за организација и систематизација, прави детален попис и класификација на надлежностите, активностите и видовите на документи/записи што настануваат во работата на секоја организациона единица. Ако одредени организациони единици не функционираат, односно одредени видови документи/записи не настануваат во работата на имателот, а се опфатени во општиот дел на Планот, тие се изоставуваат. Одделни видови на документи/записи што настануваат во работата на имателот, а не се опфатени во општиот дел, се опфаќаат во посебниот дел на Планот на кој му припаѓаат според организационата поставеност и според својата содржина. Документите/записите опфатени во општиот дел на Планот на архивските знаци не се повторуваат во посебниот дел.
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
ПРИЛОГ БР. 1 ПЛАН НА АРХИВСКИТЕ ЗНАЦИ ЗА_____________ ГОДИНА НА _____________________________________ I - ОПШТ ДЕЛ 01 - ОСНОВАЊЕ, ОРГАНИЗАЦИЈА И РАЗВОЈ 0101 - Документи/записи за осиовање, регистрација и статусни промени (одлука за основање, договор за основање, пријава за упис и сл.), општи акти кои произлегуваат од надлежноста и дејноста на имателот (колективни договори, статути, правилници, упатства и сл.), акти за организација, интеграција, трансформација, ликвидација, акционерска книга и сл; 0102 - Програми и планови за работа и развој (перспективни, годишни, периодични), Извештај за работењето на имателот (годишни и периодични); 0103 - Анализи, елаборати, студии, информации и сл. за работата и дејноста на имателот; 02 - УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ 0201 - Акти, материјали и записници од работата на органот на управување (Собрание, Собир на содружници, Совет или други органи) и материјали што произлегуваат од донесените одлуки; 0202 - Акти, материјали и записници од работата на извршниот орган (Управен одбор, Извршен одбор, Одбор на директори или друг орган) и материјали што произлегуваат од донесените одлуки; 0203 - Материјали и записници од работата на надзорните органи (Надзорен одбор, ревизор и сл.); 0204 - Акти и материјали од работата на раководниот орган (функционер, управител и сл.); 0205 - Материјали од работата на стручните и советодавните органи (Колегиум, Стручен колегиум и сл.); 0206 - Материјали и записници од работата напостојани и повремени комисии; 0207- Изборни материјали на органите на управување;
03 - КАНЦЕЛАРИСКО - АРХИВСКИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ
0301 - Книги за основна евиденција на документите во канцелариското работење (деловодници, уписници, и сл.) и помошни книги за евиденција (книги за печати и штембили, книги за реверси, регистри, попис на документи/записи, доставни книги и сл.); 0302 - Преписка (расписи, писма од информативен карактер, покани за седници и состаноци, предлози, издавање на уверенија и потврди, одлуки, известувања и писма добиени од други правни или физички лица, барања на услуги и сл.), записници за извршено примо-предавање на работите и должностите; 0303 - Евиденции и документи во врска со канцелариското и архивското работење: План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
33
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
рокови на негово чување; Попис и опис на архивскиот материјал; Попис на документарниот материјал предложен за уништување, барање на согласност за уништување и решение за негово уништување; материјали во врска со чувањето, заштитата и користењето на архивскиот материјал кај имателот; записници за примопредавање на архивскиот материјал; 0304- Записници, решенија и преписка за извршениот инспекциски и стручен надзор; 0305- Статистички извештаи и прегледи (годишни и периодични); 0306- Правни работи (евидентни книги, тужби, жалби, приговори, полномошна, полиси, налози, опомени, решенија, рекламации, барања, преписка и сл.); 0307 - Договори: за деловно-техничка соработка, за техничко-технолошки иновации и унапредувања, за услуги и сл; 0308- Акти и материјали за имотно-правни работи (договори решенија, спогодби, техничка документација, согласности, дозволи, имотни листови и сл.); 04 - ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 0401 - Материјали во врска со распишување и спроведување на конкурс-оглас (одлуки за распишување, записници на комисијата, известувања, приговори и сл.);
34
0402- Матични книги и досиеја на вработените (пријави и одјави на вработени, договор / решение за засновање работен однос, одлуки за засновање и престанок на работен однос, решенија за распоредување на работа, за минат труд, годишен одмор, отсуства, боледување и сл.); 0403 - Книги за евиденција, планови, програми и материјали за стручно образование и оспособување на работниците, специјализација, стипендирање и сл; 0404 - Материјали и акти во врска со одговориоста на работниците (барања за покренување постапка, решенија за формирање на комисија, покани, записници од сослушувања, изјави, извештаи за проценки, решенија за изрекување мерки и приговори); 0405 - Преписка во врска со остварување права од работен однос; 05 - ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ 0501- Годишна сметка, Годишен финансиски извештај, финансиски планови; 0502 - Прописи и упатства за финансиско и материјалното работење; 0503- Евиденции и документи за финансиското работење за буџетски корисници - Деловни книги на буџетите и буџетските корисници: (дневник, главна книга (книга на приходи и расходи и книга на средствата, обврските и изворите на средствата) и помошни книги (аналитичка евиденција: книга на влезни сметки, книга на излезни сметки, книга за набавки, книга (попис) за инвентарот, книга (попис) на капиталниот имот, книга за јавниот долг, книга за благајна, книга на побарувањата и обврските и книга на изводи на сметката); Сметководствени документи врз основа на кои се внесени податоците во деловните книги; Исправи што се однесуваат на платниот промет; Продажни и контролни блокови, помошни пресметки и слични исправи; 0504- Евиденции и документи за финансиското работење за даночни обврзници: Трговски книги, сметководствени документи, записи и пописи, белешки за применети сметководствени политики и други документи во врска со организацијата; Деловни писма www.p
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
и кореспонденции, Сметки за книжење, Други документи доколку имаат значење за оданочување; Евиденции за готовински промет (денарска и девизна благајна); 0505- Евиденции и документи за финансиското работење на непрофитни организации: Дневник; Главна книга; Помошни книги (аналитичка евиденција); Сметководствени документи врз основа на кои се внесени податоците во деловните книги; Исправи што се однесуваат на платниот промет; продажни и контролни блокови, помошни пресметки и слични исправи; 0506- Биланси, конечни пресметки на плата на работниците и учество во добивката, исплатни листи на плати и учество во добивката; картони за плати и пријави на податоци за утврдување на нето плати и стаж на осигурувањето; договори за долгорочни заеми и кредити; 0507- Досиеја за јавни набавки; 0508- Преписка за финансиско и материјалното работење; 06 - ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ 0601 - Акти и материјали од работата на органите на управување и раководење во врска со одбраната и безбедноста (упатства, одлуки, решенија, наредби, извештаи, анализи, сертификати, информации и сл.); 0602 - Евидентни книги за одбраната и безбедноста (посебен деловодник за документи со степен на класификација); 0603 - Плански документи за спроведување на подготовки за одбраната и безбедноста; 0604 - Записници од инспекцискиот надзор во врска со одбраната и безбедноста; 0605 - Материјали во врска со мерките за посебна заштита на архивскиот и документарниот материјал; 0606 - Преписка во врска со одбраната и безбедноста; 07 - ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ И АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ (АОП) 0701- Документација и преписка за изградба и функционирање на електронски систем (спецификација, идеен и главен проект, атести, сертификати, лиценци, одржување, надградба, обуки, упатства, препораки, извештаи и сл.); 0702- Документација и преписка за чување и заштита на електронски документи (бекап заштитни копи и миграција и сл); II - ПОСЕБЕН ДЕЛ 08 -_________________________________________________________________________ ________________________________________________________________________ Потпис на функционерот кој раководи со органот, односно одговорното лице во правното лице __________________________________ М.П.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
35
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРИЛОГ БР. 2 ЛИСТА НА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ ЗА_____________ ГОДИНА НА _____________________________________ I - ОПШТ ДЕЛ 01 - ОСНОВАЊЕ, ОРГАНИЗАЦИЈА И РАЗВОЈ 0101 - Документи/записи за основање, регистрација и статусни промени (одлука за основање, договор за основање, пријава за упис и сл.), општи акти кои произлегуваат од надлежноста и дејноста на имателот (колективни договори, статути, правилници, упатства и сл.), акти за организација, интеграција, трансформација, ликвидација, акционерска книга и сл; 0102 - Програми и планови за работа и развој (перспективни, годишни), Извештај за работењето на имателот (годишни); 0103 - Анализи, елаборати, студии, информации и сл. за работата и дејноста на имателот; 02 - УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ
36
0201 - Акти, материјали и записници од работата на органот на управување (Собрание, Собир на содружници, Совет или други органи) и материјали што произлегуваат од донесените одлуки; 0202 - Акти, материјали и записници од работата на извршниот орган (Управен одбор, Извршен одбор, Одбор на директори или друг орган) и материјали што произлегуваат од донесените одлуки; 0203 - Материјали и записници од работата на надзорните органи (Надзорен одбор, ревизор и сл.); 0204 - Акти и материјали од работата на раководниот орган (функционер, управител и сл.); 03 - КАНЦЕЛАРИСКО - АРХИВСКИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ 0302- Преписка и сопствени расписи со кои се покренува и решава одреден правен однос од значење за функционирањето и работата на имателот; 0303- Евиденции и документи во врска со канцелариското и архивското работење: План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови на негово чување; Попис и опис на архивскиот материјал; Попис на документарниот материјал предложен за уништување, барање на согласност за уништување и решение за негово уништување; материјали во врска со чувањето, заштитата и користењето на архивскиот материјал кај имателот; записници за примопредавање на архивскиот материјал; 0305- Годишни статистички извештаи и прегледи; 0307 - Договори за деловно-техничка соработка и за техничко-технолошки иновации и унапредувања; 0308 - Договори за купување на недвижности, пресуди и решенија за стекнување сопственост, спогодби, техничка документација, урбанистички согласности, одобренија за градење, решенија за локациски услови и други материјали од имотно-правен карактер; www.p
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
04 - ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 0402 - Матични книги на вработените и досиеја на раководниот кадар; 05 - ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ 0501- Годишна сметка (со прилози), Годишен финансиски извештај, финансиски план; 0506- Биланси, конечни пресметки на плата на работниците и учество во добивката, исплатни листи на плати доколку нема конечни пресметки и учество во добивката; договори за долгорочни заеми и кредити; 0507- Досиеја за јавни набавки за недвижности и капитални ствари; 06 - ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ 0601- Акти и материјали од работата на органите на управување и раководење во врска со одбраната и безбедноста (упатства, одлуки, решенија, наредби, извештаи, анализи, сертификати, информации и сл.); 0603- Плански документи за спроведување подготовки за одбраната и безбедноста; 0605- Материјали во врска со мерките за посебна заштита на архивскиот и документарниот материјал; 07 - ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ И АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ (АОП) 0702- Документација за чување и заштита на електронски документи (бекап заштитни копи, миграција и сл); II - ПОСЕБЕН ДЕЛ 08 -_________________________________________________________________________ ________________________________________________________________________ Потпис на функционерот кој раководи со органот, односно одговорното лице во правното лице __________________________________ М.П.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
37
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРИЛОГ БР. 3 ЛИСТА НА ДОКУМЕНТАРЕН МАТЕРИЈАЛ СО РОКОВИ НА НЕГОВО ЧУВАЊЕ ЗА ______________ ГОДИНА НА____________________ I - ОПШТ ДЕЛ 01 - ОРГАНИЗАЦИЈА И РАЗВОЈ 0101 - Работни верзии, нацрти и предлози на општи акти (колективни договори, статути, правилници, упатства и сл.) 1 год; 0102 - Работни материјали и нацрти на годишни, перспективни и периодични програми и планови за работа и развој, - периодични програми и планови за работа и развој, - периодични извештаи за работење на имателот 1 год; 0103- Работни материјали и нацрти кои послужиле за изработка на анализи, елаборати, студии, информации и сл. 1 год; 02 - УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ
38
0201- Нацрти и предлози на акти и материјали од работата на органот на управување (Собрание, Собир на содружници, Совет или други органи) и на материјали што произлегуваат од донесените одлуки 1 год; 0202- Нацрти на акти и материјали од работата на извршниот орган (Управен одбор, Извршен одбор, Одбор на директори или друг орган) и на материјали што произлегуваат од донесените одлуки 1 год; 0203- нацрти на материјали од работата на надзорните органи (Надзорен одбор, ревизор и сл.) 1 год; 0204- нацрти на акти и материјали од работата на раководниот орган (функционер, управител и сл.) 1 год; 0205- Материјали од работата на стручните и советодавните органи (Колегиум, Стручен колегиум и сл.) 3 год; 0206- Материјали и записници од работата на постојани и повремени комисии 3 год; 0207- Изборни материјали на органите на управување 4 год; 03 - КАНЦЕЛАРИСКО - АРХИВСКИ, ПРАВНИ И ОПШТИ РАБОТИ 0301- Книги за основна евиденција на документите во канцелариското работење: - деловодници 20 год. - уписници, попис на документи за архивски материјал зависно од видот и чувањето на документите, регистри, книги за штембили и печати, книги зареверси и сл. 10 год. - помошни книги за евиденција (регистри, попис на документи за документарен материјал зависно од видот и чувањето на документите, доставни книги и сл.) 3 год; 0302- Преписка (расписи, писма од информативен карактер, покани за седници и состаноци, предлози, издавање науверенија и потврди, одлуки, известувања и писма добиwww.p
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
ени од други правни или физички лица, барања на услуги и сл.), записници за извршено примо-предавање на работите и должностите 1 год; 0304- Записници, решенија и преписка за извршениот инспекциски и стручен надзор 5 год; 0305- Статистички извештаи и прегледи ( периодични) 2 год; 0306- Правни работи (евидентни книги, тужби, жалби, приговори, налози, решенија) 10 год; - преписка, полномошна, барања, полиси, рекламации, опомени и сл.) 2 год; 0307- Договори: (зауслуги и сл) 10 год; 04 - ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 0401- Материјали во врска со распишување и спроведување на конкурс-оглас (одлуки за распишување, записници на комисијата, известувања, приговории сл.) 1 год; 0402- Досиеја на вработените: - пријави и одјави на вработени, договор/решение за вработување, одлуки за засновање и престанок на работен однос, решенија за распоредување на работа 4 5 год; - за минат труд, годишен одмор, отсуства, боледување и сл. 2 год; 0403- Книги за евиденција, планови, програми и материјали за стручно образование и оспособување на работниците, специјализација, стипендирање и сл 10 год; 0404- Материјали и акти во врска со одговорноста на работниците (барања за покренување постапка, решенија за формирање на комисија, покани, записници од сослушувања, изјави, извештаи за проценки, решенија за изрекување мерки и приговори) 3 год; 0405- Преписка во врска со остварување права од работен однос 1 год; 05- ФИНАНСИСКО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ 0502- Прописи и упатства за финансиско и материјалното работење 5 год; 0503- Евиденции и документи за финансиското работење за буџетски корисници - Деловни книги на буџетите и буџетските корисници: (дневник, главна книга (книга на приходи и расходи и книга на средствата, обврските и изворите на средствата)) 10 год. - помошни книги (аналитичка евиденција: книга на влезни сметки, книга на излезни сметки, книга за набавки, книга (попис) за инвентарот, книга (попис) на капиталниот имот, книга за јавниот долг, книга за благајна, книга на побарувањата и обврските и книга на изводи на сметката) 5 год. - Сметководствени документи врз основа на кои се внесени податоците во деловните книги 5 год. - Исправи што се однесуваат на платниот промет 3 год. - Продажни и контролни блокови, помошни пресметки и слични исправи 2год; 0504- Евиденции и документи за финансиското работење за даночни обврзници: Трговски книги, сметководствени документи, записи и пописи, белешки за применети сметководствени политики и други документи во врска со организацијата; Деловни писма и кореспонденции, Сметки за книжење 10 год.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
39
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
- Други документи доколку имаат значење за оданочување; Евиденции за готовински промет (денарска и девизна благајна) 5 год; 0505- Евиденции и документи за финансиското работење на непрофитни организации: Дневник; Главна книга 10 год. - Помошни книги (аналитичка евиденција); Сметководствени документи врз основа на кои се внесени податоците во деловните книги 5 год. - Исправи што се однесуваат на платниот промет 3 год. - Продажни и контролни блокови, помошни пресметки и слични исправи 2 год; 0506- Исплатни листи за плати, картони за плати и пријави на податоци за утврдување на нето плати и стаж на осигурувањето 45 год; 0507- Досиеја за јавни набавки за движни ствари и услуги 5 год; 0508- Преписка за финансиско и материјалното работење 3 год; 06- ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ
40
0601- Работни материјали на акти и материјали од работата на органите на управување и раководење во врска со одбраната и безбедноста (упатства, одлуки, решенија, наредби, извештаи, анализи, сертификати, информации и сл.) 1 год; 0603- Работни материјали на Плански документи за спроведување на подготовки за одбраната и безбедноста 1 год; 0604- Записници од инспекцискиот надзор во врска со одбраната и безбедноста 5 год; 0606- Преписка во врска со одбраната и безбедноста 3 год; 07- ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ И АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ (АОП) 0701- Документација за изградба и функционирање на електронски систем (спецификација, идеен и главен проект, атести, сертификати, лиценци, одржување, надградба, обуки, упатства, препораки, извештаи и сл.) 20 год; - преписка за изградба и функционирање на електронски систем 2 год; 0702- Преписка за чување и заштита на електронски документи 2 год; II - ПОСЕБЕН ДЕЛ 08 -_________________________________________________________________________ ________________________________________________________________________ Потпис на функционерот кој раководи со органот, односно одговорното лице во правното лице __________________________________ М.П.
www.p
roagens.mk
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
ПРИЛОГ БР. 4 ОБРАСЦИ ИА ЕВИДЕИЦИИ И ШТЕМБИЛИ Образец бр.1 П РИЕМЕН ШТЕМБИЛ (формат 60 х 20 мм) ( Назив и седиште иа имателот на архивски и документарен материјал Примено: Организациона единица Број Прилог Вредност
Образец бр. 2 Р ОКОВЕН ШТЕМБИЛ (формат 40 х 20 мм) Архивски знак: Рок на чување:
20
година
Потпис, Образец бр. 3
Д ЕЛОВОДНИК (формат 240 х 340 мм) Основен број
1
Предмет Подброеви
2
3
пренос
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Дата на приемот
4
Испраќач
ОрганиРазвод зациона назив и број и единица датум ознаседиште на датум ка правното лице/ органот одноено презиме и име на физичко лице 5 6 7 8 9
41
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Образец бр. 4 П ОПИС НА ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ (формат 240 х 340 мм) Основен број Подброј
Предмет: ______________________ _______________________________
Организациона единица
Датум на приемот назив и седиште на правното лице/органот односно презиме и име на физичко лице
Испраќач број и датум
Развод
датум
Забелешка
ознака
Образец бр. 5
42
И НТЕРНА ДОСТАВНА КНИГА (формат 210 х 290 мм) Ред. Датум на бр. запишу- вање
Број на доку- ментот/ записот
Потврда на приемот
Службено лице
датум
потпис
Вратено во писарницата датум
Забелешка
потпис
Образец бр. 6 К НИГА ЗА ПОШТА (формат 210 х 290 мм) Датум на испраќање
Број на актот
Примател Име и презиме, Место односно назив
www.p
Поштарина
roagens.mk
Број на пратката
КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
Образец бр. 7 К НИГА ЗА МЕСТО (формат 210 х 290 мм) Ред. бр.
Датум на запишувањето
Број на документот/ записот
Примател
Потврда на приемот
име и презиме односно назив
адреса/ седиште
датум
потпис
Образец бр. 8 Ш ТЕМБИЛ - АРХИВСКИ ПРИМЕРОК (формат 60 х 15 мм) АРХИВСКИ ПРИМЕРОК Образец бр. 9
П ОПИС И ОПИС НА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ (формат 210 х 297 мм)
Назив на имателот на архивски материјал _______________________________________ Година од која потекнува ______________________________________________________ Ред. Архивски знак и дело- Опис на докуменбр. воден број на докутот/ записот ментот/ записот
Број на листови
Физичка состојба
Забелешка
Образец бр. 10 П ОПИС НА ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ЗА УНИШТУВАЊЕ (формат 210 х 297 мм) Назив на имателот на документарен материјал Ред. бр.
Година од која потекнува
Архивски знак
Сумарен опис по видови документарен материјал
Количина во метри должина (м)
О Б РА З Л ОЖ Е Н И Е : ________________________________________________________________________________ ________________________________________________________________________________ Потпис на функционерот кој раководи со органот, односно одговорното лице во правното лице __________________________________ М.П.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Комисија 1. _______________________ 2. _______________________ 3. _______________________
43
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ОЛЕСНУВАЊА КАЈ ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ
С
о Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06, ... и 187/13) со кој меѓу другото се уредуваат постапката на утврдување на данок, постапката на наплата на данок и правата и обврските на даночниот обврзник во однос на даночната постапка, предвидени се и олеснителни решенија за исполнување на достасаните даночни обврски од страна на даночниот обврзник.
Д-р Рефика МУРИЌ *
Достасаноста на данокот се утврдува според роковите утврдени со посебните даночни закони. На пример, според Законот за данокот на додадена вредност данокот се плаќа во рок од 25 дена по истекот на месечниот (или тримесечниот) даночен период, според Законот за данокот на добивка обврската по Даночен биланс - обврзникот е должен да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка, ... Со започнување на постапка по правен лек и судска постапка, не се продолжува рокот на достасаност. Но, со членот 111-а, од Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: Законот), уредено е можното продолжување на доспеаноста на плаќањето на данокот, а со членовите 111-б, 111-г и 111-д се предвидени причините поради кои се врши одлагање на плаќањето на даночниот долг.
44
Исто така, Законот предвидува и можност за плаќање на даночен долг од страна на трето лице, или пак со пребивање на даночни побарувања и даночни долгови на ист даночен обврзник. Во продолжение поопширно ги појаснуваме наброените можности.
1. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОСТАСАНОСТА Според член 111-а на Законот, на барање на даночниот обврзник, УЈП ја продолжува доспеаноста (достасаноста) на плаќањето на данокот по законски утврдениот рок, кога постојат: - сериозни сомневања во правилноста на даночното решение или - кога достасаноста на обврската за плаќање по основ на самооданочување, за даночниот обврзник би претставувала нарушување на неговото постоење, поради објективни околности кои настанале непосредно пред доставувањето на Барањето за продолжување на достасаноста. * Даночен советник r_muric@proagens.com.mk
Продолжувањето на достасаноста, Управата за јавни приходи ја условува со гаранција за обезбедување на плаќањето. Но, по исклучок, продолжувањето на достасаноста може да биде и без гаранција, за даночните обврзници кои во претходwww.p
roagens.mk
ДАНОЦИ
ниот даночен период немаат даночни долгови. Во тој случај, продолжувањето на достасаноста може да биде најмногу до 90 дена. З а времетраењето на продолжената достасаност на плаќањето на данокот не се пресметува камата.
2. ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ДОСТАСАН ДАНОЧЕН ДОЛГ Друга можност за олеснување на плаќањето на даночните обврски Законот дава преку членот 111-б, според кој, УЈП на барање на даночниот обврзник, во целост или делумно го одлага плаќањето на даночен долг на денот на доспеаноста. 1 Ваква можност се дава, доколку се утврди дека извршувањето на даночните обврски: - би го нарушило процесот на деловното работење на даночниот обврзник, - претставува значително оптоварување за даночниот обврзник и/или - со плаќањето се нанесува битна штета на даночниот обврзник. Барањето за одлагање на плаќањето на даночниот долг мора да биде образложено. Но и покрај тоа, за времетраење на одобреното одлагање на плаќање на даночен долг се плаќа камата. Пресметувањето на каматата се врши согласно со членот 123 од Законот, во висина од 0,03% за секој ден задоцнување. (Каматната стапка од 0,03% дневно се применува од 24.07.2008 година.) 1
Плаќањето на даночниот долг може да се одложи за определен рок во еднократен износ или на рати, но не повеќе од 36 месечни рати (член 111-г). Директорот на Управата за јавни приходи ќе го одложи плаќањето на даночниот долг имајќи ги во предвид редовноста на даночниот обврзник при исполнувањето на даночните обврски, како и видот и обемот на штетата на даночниот обврзник која би настанала од извршувањето на даночниот управен акт, односно од нарушувањето на процесот на неговото деловно работење (111-д). Против решението со кое е одбиено барањето за одлагање на плаќањето на даночниот долг, даночниот обврзник има право да поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. 2.1. Потребна гаранција
за одлагање на даночен долг
Одлагањето се условува со гаранција за обезбедување на плаќањето. Видовите на гаранции утврдени во членот 111-в од Законот, се: 1) хипотека од прв ред на недвижност на даночен обврзник; 2) залог на подвижни предмети на даночниот обврзник; 3) неотповиклива банкарска гаранција и 4) гаранција од друго лице.
Според членот 113 од Законот (кој од 01.01.2009 година е избришан), Барање за одлагање на плаќање на даночен долг можеше да се поднесе до денот на пристигнатоста на даночниот долг. Според Правилникот за начинот и постапката на одлагање на плаќање на даночен долг („Службен весник на РМ“, бр. 46/06), кој беше донесен врз основа на овој член кој веќе не е во правна сила, Барање за одлагање на плаќање на даночен долг можеше да се поднесе до денот на пристигнатоста на даночниот долг, односно: - пред достасаноста на даночниот долг; - по истекот на рокот на достасаност, а пред издавање на опомена за плаќање на даночниот долг; - по издавање и доставување опомена на должникот; - по истекот на рокот за плаќање на даночниот долг од опомена, а пред почеток на постапката на присилна наплата на даночниот долг; - по отпочнувањето на постапката на присилна наплата на даночниот долг со донесување и доставување на решение за присилна наплата; - во текот на постапката за присилна наплата на даночниот долг.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
45
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Вредноста на гаранцијата за обезбедување на плаќањето не може да биде помала од 100% од висината на даночниот долг чија наплата се обезбедува, освен за вредноста на неотповиклива банкарска гаранција, која не може да биде помала од 75% од висината на даночниот долг чија наплата се обезбедува. Банкарската гаранција треба да е издадена од банка која при последната супервизија на Народната банка на Република Македонија била позитивно оценета со оценка од 1 до 3.
2.2. Укинување на одобрение за одлагање на даночен долг
46
Доколку даночниот обврзник не изврши уплата на даночниот долг во рокот одобрен за одложено плаќање, односно не уплати две последователни рати во случај на одобрено плаќање на рати на даночниот долг, Управата за јавни приходи долгот го наплатува од дадената гаранција за обезбедување на плаќањето од членот 111-в и/или во постапка на присилна наплата (111-ѓ).
3. ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЧЕН ДОЛГ СО ДАНОЧНО ПОБАРУВАЊЕ Мошне ефикасно применуван начин за навремено намирување на даночниот долг е тнр. плаќање на даночен долг со даночно побарување на друг даночен обврзник, односно по пат на цесија. Оваа опција за плаќање се применува согласно со членот 432 од Законот за облигациони односи („Службен весник на РМ“, бр. 18/01, ... и 161/09) како „отстапување наместо исполнување или заради наплатување“ а по основ на членот 24 став 2 од Законот за даночна постапка, според кој, плаќањето може да биде плаќање во готово или на друг начин на сметка и плаќање од страна на трети лица. Во овој случај, „третото лице“ станува даночен должник согласно со член 4 точка 9 потточка 3 од Законот за даночна постапка, односно во овој случај даночен обврзник станува оној кој треба да плати данок за сметка на трето лице.
www.p
Постапката за плаќање на данокот на овој начин всушност се сведува на тоа да се потпише Договор за цесија со кој обврската на должникот кон УЈП (за утврдени износи од даночни пријави за ДДВ и данок на одбивка, а за персонален данок - по Записник од даночна контрола, за што доставува копии во прилог) ја презема трето лице кое има даночно побарување од УЈП (по даночни пријави, за што доставува копии во прилог). Договорот се потпишува во даночната канцеларија каде се води даночниот обврзник кој е имател на даночното побарување, а кој со потпишување на цесијата станува даночен должник. Тоа на пример, ако станува збор за голем даночен обврзник, ќе биде во неговата Дирекција за големи даночни обврзници или ако се работи за даночен обврзник од друг град или општина, во соодветното даночно одделение во градот односно општината, каде се води тој даночен обврзник. Пример:
Даночен обврзник „АБ“ во ДДВ-пријава за даночен период во кој имал извршено поголеми инвестиции утврдил претходен данок во износ од 230.000 денари, за што истакнал барање за поврат на истиот, со впишување на „Х“ пред минусната сума од поле 28 на ДДВ-Пријавата. Во наредниот период, има обврска за плаќање кон својот добавувач „МН“ во износ од 200.000 денари, кој пак не е во можност да ги плати своите даночни обврски, па се договараат „АБ“, врз основа на цесија со УЈП да ја преземе даночната обврска на „МН“. Со потпишување на цесијата, „АБ“ го затвора долгот кон „МН“, а станува даночен должник пред УЈП, за 200.000 денари. Но, овој долг се затвора со неговото претходно искажано побарување, се разбира откако од УЈП ќе се констатира правото на поврат на тој данок. Од УЈП е извршен поврат на преостанатите 30.000 денари даночно побарување кај „АБ“.
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
ДАНОЦИ
Книжење кај „АБ“: СМЕТКА ОПИС должи побарува 220 Обврски кон добавувач „МН“ 2399 Други неспомнати даноци - по цесија, преземена даночна обврска 2399 Други неспомнати даноци Побарување на претходен данок 1304 за даночен период - по цесија, затворање на долг со даночно побарување 100 Парични средства Побарување на претходен данок 1304 за даночен период - поврат на остатокот на побаруван ДДВ од УЈП
ИЗНОС должи побарува 200.000 200.000 200.000 200.000 30.000 30.000
Книжење кај „МН“: СМЕТКА должи побарува
ОПИС Обврска за разликата меѓу даночниот долг и претходниот данок по даночен период
2304 1200
Побарување од купувачот „АБ“ - по цесија, затворање на даночен долг со побарување
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
ИЗНОС должи побарува 200.000 200.000
47
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2015-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ
Н
Ирена НИКОЛОВСКА *
аменско, рационално, ефикасно и економично користење на средствата на буџетот, од страна на буџетските корисници и единките корисници, се обезбедува со посебен Закон за извршување на Буџетот на РМ. Во „Службен весник на РМ“, бр. 155 од 24 октомври 2014 година е објавен Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година, во понатамошниот текст: Законот, со кој, како и секоја година, се наложува преземање на обврски и правење расходи, без надминување на одобрениот лимит со Буџетот. 1
ИЗВРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ БУЏЕТ Буџетските корисници од централната власт можат да ги користат средствата само доколку во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот до Трезорот при Министерството за финансии достават годишен финансиски план по квартали за користење на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки.
48
Буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до секоја единка корисник, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Буџетот, да достават извадок од годишниот финансиски план по сметки, програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници. Врз основа на извадокот, единките корисници изготвуваат свој финансиски план по квартали, сметки, програми, потпрограми и ставки, кои имаат обврска да го достават до надлежното министерство, а надлежното министерство консолидираниот финансиски план да го достави до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот. Во текот на годината буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се работи за расходи кои не можеле да бидат навремено планирани и за истото е потребно да се достави образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали.
* Даночен советник i_nikolovska@proagens.com.mk
Б уџетските корисници од централната власт - министерствата кои во својот состав имаат единки корисници се должни да го контролираат наменското и законитото користење на средствата со кои располагаат единките корисници.
1
www.p
roagens.mk
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ
рз основа на годишниот финансиски В план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот при Министерството за финансии најдоцна пет дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување. уџетските корисници од централната Б власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до Трезорот при Министерството за финансии да достават и збирен квартален план по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки за своите единки корисници. Во текот на дадениот квартал буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на кварталниот финансиски план по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, во рамките на износите одобрени за дадениот квартал.
Исплата на платите Исплатата на платите на буџетските корисници се одобрува и контролира од страна на Министерството за финансии. Согласно со член 7 од Законот за извршување на буџетот, буџетските корисници од централната власт и единките корисници се задолжени, два дена пред исплатата на платата, до Министерството за финансии да достават Барање за одобрување на средства за плати, кон кое треба да приложат: - образец МБП, - к опија од рекапитулацијата за пресметани плати, - о бразец Ф-1 за бројот на вработените по име и презиме, плата, како и - д руги податоци во пишана и електронска верзија (на ЦД, дискета, е-маил и друго) за односниот месец за кој се однесува исплатата. Во случај на нови вработувања, буџетските корисници од централната власт и единки-
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
те корисници се должни да достават известување за обезбедени финансиски средства и да приложат Образец М-1.
Исплата на надоместоците Надоместок на трошоци за одвоен живот Надоместокот на трошоци за одвоен живот од семејството во 2015 година е утврден во висина од 30% од просечната месечна нето плата во Република Македонија исплатена во претходните 3 месеци и истиот им следува на избраните и именуваните функционери кај буџетските корисници од централната власт и единките корисници од денот на нивното именување заклучно со денот на нивното разрешување. Надоместок на трошоците за одвоен живот не им припаѓа на лицата чие место на живеење е оддалечено помалку од 100 километри од работното место. Како одвоен живот од семејството се смета кога наведените лица кои имаат семејство за издржување ќе засноваат работен однос во орган на управата надвор од нивното живеалиште, а во местото каде што е седиштето на органот во кој имаат засновано работен однос, не живеат со своето семејство. Напомена:
На функционерите кај буџетските корисници од централната власт и единките корисници кои користат надоместок за одвоен живот од семејството не им следува надоместок за трошоците за превоз заради посета на потесното семејство. За деновите кога вработениот е на службен пат, боледување, годишен одмор и отсуство од работа по било која друга основа, надоместокот за одвоен живот, според член 11 од Законот, не му се исплатува. Надоместок за закупнина на стан Надоместокот за закупнина на стан им следува на лица кои имаат право на користење на службен стан согласно со закон, доколку
49
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
истиот не може да им се обезбеди. Висината на надоместокот за закупнина на стан ја одредува Владата на РМ и во тој случај не следува надоместок за одвоен живот. Напомена:
На лицата на кои им следува право на користење на службен стан, со членот 12 од Законот е предвидено и правото на надоместок за селидбени трошоци во висина на вистинските трошоци за превоз на покуќнината, под услов да не примаат надоместок за одвоен живот. Надоместите за одвоен живот и за закупнина ги добиваат и лицата на служба во Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи, на кои согласно со закон им следуваат овие права. Парична помош за боледување
50
Членот 13 го регулира правото за еднократна парична помош на вработен кој е на непрекинато боледување подолго од 6 месеци. Висината на паричната помош е една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде е вработен. Отпремнина за пензија Согласно со член 14 на Законот, во случај на заминување на работникот во пензија му се исплатува двократен износ за отпремнина пресметан врз основа на просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата. Парична помош за починат работник и член на семејство Покрај претходната можност за доделување помош на вработените, дадено е и право на парична помош на семејството на починат работник, регулирано со членот 15. Висината на помошта по овој основ е утврдена фиксно, во износ од 30.000 денари. Во случај на смрт на член на потесното семејство (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување), до-
www.p
колку живеел во заедница, на вработениот му следува парична помош во висина од 15.000 денари по семејство. Живеење во заедница подразбира вработениот и членот на потесното семејство да се со место на живеење на иста адреса што се докажува со соодветен документ за идентификација (лична карта или пасош). Горенаведената парична помош се исплатува по претходно доставено барање со комплетирана документација во годината на настапување на смртта, односно во годината која следи по годината на настапување на смртта. За работниците ангажирани со договори за отстапување на работник за привремени вработувања, средствата за исплата на солидарна помош на вработените ги обезбедува работодавачот, а исплатата ја врши Агенцијата за привремени вработувања. Напомена:
Буџетските корисници согласно со член 16 од Законот, ги исплаќаат надоместоците за: одвоен живот, закупнина на стан, селидбени трошоци, боледување подолго од шест месеци, отпремнина за пензија, смрт на работник или на член на неговото потесно семејство, од одобрените средства со Буџетот.
Можност за нови вработувања Буџетските корисници и единките корисници на средства од Буџетот на РМ, јавните претпријатија, агенциите и јавно-правните субјекти основани од централната власт, како и трговските друштва основани од РМ, освен независните регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, можат да вработуваат работници на определено време, на неопределено време и да склучуваат договори за отстапување на работник за привремени вработувања, за вршење на привремени работи само под услов ако за тоа се обезбедени финансиски средства во Буџетот на РМ, односно во финансиските планови за тековната фискална година.
roagens.mk
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ
Министерството за финансии, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за вработување на нови работници, писмено ги известува наведените субјекти (институции) за обезбедените финансиски средства за бараните вработувања.
ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТИТЕ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ, ДОНАЦИИ И ЗАЕМИ Буџетските корисници од централната власт можат да ги користат приходите остварени од самофинансирачките активности, од донации и заеми, за намените и во висина на износите утврдени со Буџетот врз основа на годишен финансиски план по квартали, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, кој е потребно да се достави до Трезорот при Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот. Буџетските корисници од централната власт, кои во својот состав имаат единки корисници, се должни во рок од 5 дена од донесувањето на Буџетот, до секоја единка корисник, да достават извадок од годишниот финансиски план по квартали, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници. Врз основа на овој извадок, секоја единка корисник изработува сопствен годишен финансиски план, по квартали, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, кој има обврска да го достави до надлежното министерство и до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесување на Буџетот.
GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
Напомена:
Во текот на годината, буџетските корисници од централната власт можат да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се работи за расходи кои не можеле да бидат навремено планирани и за истото е потребно да достават образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали. Врз основа на годишниот финансиски план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот, најдоцна 5 дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување. Буџетските корисници, кои во својот состав имаат единки корисници, се должни да достават до Трезорот и збирен квартален план по месеци, по сметки, програми, потпрограми и ставки, за своите единки корисници. Напомена:
Во текот на дадениот квартал, буџетските корисници од централната власт можат да достават барање за измена на кварталниот финансиски план по месеци, по сметки, по програми, потпрограми и ставки, во рамките на износите одобрени за дадениот квартал.
Прераспределба на средства Прераспределбата на утврдените средства на посебните сметки, меѓу расходните ставки, програми и потпрограми во рамките на Буџетот на буџетскиот корисник, се врши со претходна согласност на министерот за финансии.
14.900 denari
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
kontakt@proagens.com.mk
51
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Преглед нана надоместоци третманзаза2015 2015 година Преглед надоместоциииданочен даночен третман година Надоместок
Пропишан износ
Износ до кој не се плаќа персонален данок на доход
Износ кој не е оданочив расход
Дневници за службени патувања во земјата
„Домашни“ дневници не се пропишани со ЗИБ за 2015 г. и не се исплаќаат
/
/
Дневници за службени патувања во странство
Oд 1.1.2015 година:
Во висина утврдена со прописите за органите на држ. управа:
Во висина утврдена со прописите за органите на држ. управа: Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци и соодветното Решение за највисоките износи на дневниците (ново Решение од 2015 год.)
- 50% од утврдената дневница во Решението, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата, - 20% од утврдената дневница во Решението, ако издатоците за сместувањето и исхраната не паѓаат на товар на органот на управата,
52
- 5% од утврдената дневница во Решението, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена.
Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци и соодветното Решение за највисоките износи на дневниците (ново Решение од 2015 год.)
Надоместок на трошоците за одвоен живот на избраните и именуваните функционери кај буџетските корисници од централната власт и единките корисници од денот на нивното именување заклучно со денот на нивното разрешување.
30% од просечната месечна нето плата во Република Македонија исплатена во претходните 3 месеци
Персонален данок на доход не се плаќа до пропишаниот износ
Не претставува оданочив расход до пропишаниот износ
Отпремнина за пензија
Двократен износ за отпремнина пресметан врз основа на просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата
Персонален данок на доход не се плаќа до висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во
Не претставува оданочив расход до пропишаниот износ со прописите за органите на држ. управа
www.p
roagens.mk
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ
Република Македонија во последните три месеци (износ пропишан за приватниот сектор)
Парична помош за починат работник
Висината на помошта по овој основ е утврдена фиксно, во износ од 30.000 денари.
Персонален данок на доход не се плаќа до пропишаниот износ
Не претставува оданочив расход до пропишаниот износ со прописите за органите на држ. управа
Парична помош во случај на смрт на член на потесното семејство
Висината на помошта по овој основ е утврдена фиксно, во износ од 15.000 денари.
Персонален данок на доход не се плаќа до пропишаниот износ
Не претставува оданочив расход до пропишаниот износ со прописите за органите на држ. управа
Помош за претрпени штети од елементарни непогоди
Не е пропишан износ
/
/
Јубилејна награда
Не е пропишан износ
/
/
Теренски додаток
Не е пропишан износ
/
/
Новогодишен надоместок
Не е пропишан износ
/
/
Регрес за годишен одмор
Не е пропишан износ во ЗИБ, но според Законот за исплата на плати може да се исплати најмногу до 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ
Персонален данок на доход се плаќа на исплатениот износ
Признат расход е исплатениот регрес во висина од 40% од просечната месечна бруто плата во РМ
Еднократна парична помош на вработен кој е на непрекинато боледување подолго од 6 месеци
Една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде е вработен
Персонален данок на доход се плаќа на исплатениот износ
Не претставува оданочив расход до висината која е пропишана за приватниот сектор (тримесечен просек на месечна нето плата во РМ)
Селидбени трошоци
На лицата на кои им следува право на користење на службен стан, со ЗИБ е предвидено и правото на надоместок за селидбени трошоци во висина на вистинските трошоци за превоз на покуќнината, под услов да не примаат надоместок за одвоен живот
Персонален данок на доход се плаќа на исплатениот износ
Не претставува оданочив расход до висина на стварните трошоци направени за превоз на покуќнина и на семејство
Сопствено возило за службени цели
Согласно со Општиот колективен договор за јавниот сектор, во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар со патен налог
Не се оданочува со персонален данок најмногу до 3.500 денари месечно по работник
Не претставува оданочив расход до висина од 30% од исплатениот износ
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
53
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ИНФОРМАЦИЈА
НОВ МСФИ 15 - ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРИХОДИ
Н
а почетокот на јуни 2014 година IASB го објави долго подготвуваниот стандард за финансиско известување за признавање на приходите од договори со купувачи. Во продолжение презентираме, скратена содржина на овој стандард.
Вовед
54
Приходите се признаваат кога претпријатието ќе ја исполни договорната обврска кон купувачот во износ на алоцираниот имот или извршената услуга заради исполнување на договорната обврска, освен кога е јасно дека примањето не може тој износ разумно да го обезбеди. Се смета дека претпријатието разумно го обезбедило примањето на одредена пресметана сума распределена на исполнувањето на договорните обврски ако се задоволени следните два критериума: 1 а) претпријатието има искуство со слично извршување на обврски (или има увид во искуствата на други претпријатија со такви остварувања) и б) според искуството на претпријатието (или други докази), надоместливиот износ што претпријатието го побарува во замена за извршување на таа обврска е предвидлив. Претпријатието во постапка за признавање на приходите според наведеното начело ќе примени пет чекори: 2 1. Д а се направи договор или договори според кои постои обврска кон купувачот, 2. Д а се утврди обврската која според договорот мора да ја исполни продавачот,
3. Да се утврди цената на трансакцијата, 4. Д а се распореди трансакциската цена според извршувањето на договорните обврски и 5. Д а се признае приходот кога (или како) претпријатието ќе ги исполни договорните обврски.
1. ЧЕКОР - УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО КУПУВАЧИТЕ Договорот претставува спогодба меѓу две или повеќе страни со кој се усогласуваат остварливите права и обврски. Претпријатијата ќе ги применат одредбите од МСФИ 15 на секој договор со купувачите кој има комерцијална содржина и кој ги задоволува остантите наведени критериуми. Со првиот критериум се бара претпријатието да процени дали ќе може да ја наплати договорената сума во замена за ветената стока или услуга која е предмет на испорака според договорот. Во посебни случаи од претпријатијата се бара да ги комбинираат договорите и да ги прикажат како единствен договор. Со стандардот се уредува и прикажување на промените на одредби од договорот. Договорот за извршување на обврските вклучува и ветување дадено во облик кој е вообичаен во деловната пракса на претпријатието, објавена во деловната политика на претпријатието или во посебна изјава со која тоа ветување резултирало со оправдани очекувања на купувачот дека претпријатието ќе му ја испорача стоката или услугата. 3
I FRS and FASB Staff Paper, ED Revenue from Contacts with Customers, para. 6, January 2013. IASB, ED Revenue Recognition, para. 4, November 2011. 3 Op. cit. 4, ED, para. 24. 1 2
www.p
roagens.mk
МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
За трансакциите кои не ги исполнуваат условите од првиот чекор на моделот за признавање на приходите, односно остваруваат приход за кој не е утврден договор со купувачот, приходот нема да се признае додека не се заврши целата работа, што значи дека приходот ќе се признае само ако: 4 - ц елата договорена работа е завршена и нема предвиден поврат на надомест или - д оговорот е откажан, а нема обврски за поврат на надоместот што е примен.
2. ЧЕКОР - УТВРДУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ДОГОВОРНИТЕ ОБВРСКИ За исполнување на обврските дадено е ветување во договорот дека на купувачот ќе му се достави стока или услуги кои можат одделно да се идентификуваат како договорени испораки. При утврдувањето дали се доставени договорените стоки или услуги, претпријатието ќе разгледа дали купувачот има посебна корист од испорачаната стока или услуга, или има корист поврзана со ресурсите со кои веќе располага. Исто така ќе се разгледа дали ветената испорака на стока или услуга може да се оддели од останатите обврски од договорот. На пример, купувачот може да има посебна корист од испорачаните цигли и услуги за градење. Меѓутоа, тие испораки нема да се одделуваат ако претпријатието му испорачува на купувачот цигли и услуги за градење како дел од договореното ветување за градење на зид од цигли. Во таков случај градењето на зидот од цигли ќе се смета за единствена испорака. Нема де се одделуваат испораката на цигли и изградбата на зидот како испорака на стока, а останатото како испорака на услуга, бидејќи тоа се ставки кои се користени како инпут во производството на аутпутот кој е договорен со купувачот.
Op. cit. 5, ED, para. 24.
4
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
3. УТВРДУВАЊЕ ЦЕНА НА ПРОДАЖНАТА ТРАНСАКЦИЈА Трансакциската цена е сума која претпријатието смета дека има право да ја наплати во замена за испорака на договорената стока или услуга на купувачот. Вообичаено цената на трансакцијата е фиксна сума за која се очекува наплата од купувачот. Понекогаш трансакциската цена треба да се процени земајќи ги во предвид елементите кои се променливи или цената на испораката е договорена во форма различна од пари. Сите суми на кои треба да им се процени вредноста или вредноста им е променлива, ќе се признаат во вредноста на трансакцијата на приходот од продажба само ако е сигурно дека нема да има значајни измени на сумата на признат приход и ако неизвесноста поврзана со приходот кој може да биде променлив, можат дополнително да се исправат. Корекции на трансакциските цени може да се направат и како резултат на финансирањето (ако финансирањето е значаен дел од договорот) и за различни договорени услови за наплата од купувачот.
4. РАСПОРЕД – АЛОКАЦИЈА НА ВРЕДНОСТА НА ПРОДАЖНИТЕ ТРАНСАКЦИИ Претпријатието вообичаено ја признава цената на трансакцијата како остварен приход со секое извршување на договорените обврски за испорака на стока или услуги врз основа на соодветни самостојни продажни цени одделно за секоја стока или услуга. Ако не е можно да се утврди самостојна поединечна продажна цена, неа ќе ја процени претпријатието. Продажната цена може да содржи и одреден попуст или варијабилен дел на цената кој зависи од околностите кои се посебно договорени. Посебните одредби се однесуваат на условите под кои претпријатието ќе го распореди попустот или варијабилниот дел на приход кој е посебно договорен, а не на извршување на сите обврски од договорот.
55
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
5. ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРИХОДИ ПОСЛЕ ЗАВРШУВАЊЕ НА СИТЕ ОБВРСКИ ОД ДОГОВОРОТ СО КУПУВАЧОТ Претпријатието ќе признае приход кога (или како) ќе ги исполни обврските за испорака на договорената стока или услуги на купувачот (ова ќе се случи кога купувачот ќе стекне контрола над испорачаната стока или услуга) или со тек на време (посебно за договорена испорака на услуга на купувачот). За извршување на обврските за давање услуги кои ќе се испорачуваат со тек на време, претпријатието треба да одбере прифатливо мерење на испорачаната количина на услуги како напредување или подобрување на состојбата со што би се утврдило колку приходи ќе се признаат како исполнување на договорните обврски.
Вредност на договорот
56
Иако МСФИ 15 одредува посебни барања за признавање на приходи од поединечните договори, во некои случаи е можно претпријатието да ги примени барањата на целата содржина од договорот, наместо да го признава приходот поединечно по секој договор со купувачот.
Признавање на трошоците за извршување на договорот МСФИ 15 ги одредува и барањата за признавање на трошоците кои се однесуваат на договорот со купувачите. Претпријатието би требало да го признае трошокот за имот кој ги зголемил трошоците при исполнување на договорот, ако се очекува тие трошоци да бидат надоместени. За трошоците за извршување на договорот кои не се предмет на признавање со овој стандард, претпријатието ќе ги признае трошоците за имот како трошоци ако се исполнети следните критериуми: - т рошоците еднакво се однесуваат на извршување на договорот (или се антиципирани за идно извршување на договорот)
www.p
- т рошоците ќе придонесат за зголемување на ресурсите на претпријатието кои во иднина ќе се искористат за исполнување на обврските кон купувачите и - с е очекува направените трошоци да се надоместат.
Обелоденувања За да може да се разберат видовите, сумите, времето и неизвесноста на остварување на приходите и паричниот тек од договорот со купувачите, МСФИ 15 ги бара следниве обелоденувања: - п риходи кои се направени според договорите со купувачите, со расчленување на приходите на прифатливи категории - о творени салда, вклучувајќи ги почетните и завршните салда на побарување, договорената вредност и договорените обврски - и сполнување на обврските и износ на трансакциските цени кои се распоредени на остатокот од исполнувањето на обврските - з начајни процени и промена на процените направени со примена на барањата од договорот и - в редност на потрошениот имот признаена како трошок при исполнување на договорот со купувачите. • И звор: www.FASB, IFRS 15 Revenue from Contacts with Customers, May 2014.
GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
roagens.mk
14.900 denari
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕТО НА СТЕКНАТИ хартии од вредност СОГЛАСНО СО МСС 39 И ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ
Д
Ирена НИКОЛОВСКА *
руштвата вложуваат во разни хартии од вредност (акции / обврзници) со цел да остварат добивка (приход) преку добиените дивиденди и камати или да остварат капитални добивки со продажбата на хартиите од вредност или поради други цели од инвестициона природа - влог во основната главнина на друго друштво, со што стекнуваат значајно или мнозинско учество (зависно од процентот на акции што го поседуваат) во конкретното акционерско друштво. Работењето со хартии од вредност е пропишано со следните закони: - Закон за хартии од вредност, 1 - Закон за трговските друштва, 2 - Закон за девизното работење, 3 - Закон за банките 4 и - нивните соодветни пропратни прописи. метководствениот третман (признавањето и мерењето/ С вреднувањето) на вложувањето во хартии од вредност (кога не се работи за вложување во подружници или придружени субјекти т.е. за мнозинско учество (над 50%) и значајно учество (20%-50%) во друго друштво или за заедничко вложување - регулирани со МСС 27, МСС 28 и МСС 31, односно со одделите 9, 14, 15 на МСФИ за МСЕ) е уреден со: - М еѓународниот сметководствен стандард (МСС) 39 - Финансиски инструменти: признавање и мерење (применлив за големи и средни субјекти), односно - о дделот 11 - Основни финансиски инструменти на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти - МСФИ за МСЕ (применлив за мали и микро субјекти). Одделот 11 се применува на основните финансиски инструменти, додека одделот 12 - Други финансиски инструменти на МСФИ за МСЕ го регули „Службен весник на РМ“, бр. 95/05, 25/07, 07/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13 и 43/14; У. суд - 86/07, 123/07, 140/07, 146/07 и 45/09. 2 „Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14; У. суд - 71/06, 17/09, 23/09, 8/11 и 21/11. 3 „Службен весник на РМ“, бр. 34/01, 49/01, 103/01, 54/02, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11 и 188/13; У. суд 32/03. 4 „Службен весник на РМ“, бр. 67/07, 90/09, 67/10 и 26/13; У. суд 88/08, 118/08, 42/09 и 13/14. 1
* Даночен советник
i_nikolovska@proagens.com.mk
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
57
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ра третманот на останатите, посложени финансиски инструменти и трансакции (сметководство на хеџинг) и не се применува доколку субјектот прави трансакции само со основни финансиски инструменти. СС 39 и одделот 11 на МСФИ за МСЕ се М објавени во Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11). Во продолжение текстот го базираме само на спомнатите стандарди содржани во Правилникот за водење сметководство, но само од аспект на вложувачот (имателот), а не и од аспект на издавачот на хартии од вредност.
1. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТРУМЕНТИ СОГЛАСНО СО МСС 39 И ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ
58
1.1. КлаСИФИКаЦИЈа На ФИНаНСИС-
КИТЕ ИНСТРУМЕНТИ СОГлаСНО СО МСС 39
ложувањата во должнички и сопствеВ нички хартии од вредност претставуваат финансиски инструменти. Сопственичките хартии од вредност (акции) се учество во сопственоста на едно друштво што се јавува во својство на издавач на тие хартии од вредност, кои носат право на определена дивиденда на имателот на хартиите од вредност. Должничките хартии од вредност (обврзници) се финансиски инструменти кои претставуваат договорен аранжман помеѓу издавачот и купувачот на хартии од вредност, кој се состои од ветување дека 1) издавачот ќе плаќа камата во договорен рок (годишно, квартално, полугодишно или месечно) и 2) издавачот ќе го исплати номиналниот износ на инструментот на датумот на доспевање на истиот. З а целите на мерење на финансиските инструменти т.е. финансиските средства после почетното признавање, според МСС 39 се врши нивно класифицирање во следните категории:
www.p
а) финансиски инструменти според објективна вредност преку добивка или загуба; б) финансиски инструменти кои се расположиви за продажба; в) финансиски инструменти кои се чуваат до доспевање. Напомена:
о МСС 39 е предвидена уште една катеВ горија за класифицирање на финансиските инструменти “заеми и побарувања”. Во оваа категорија спаѓаат недеривативни финансиски средства со фиксни и утврдливи плаќања, кои не котираат на активен пазар, вклучувајќи позајмени средства, побарувања од купувачи, вложувања во должнички инструменти и депозити кои се чуваат во банки. Класификацијата на вложувањата во хартии од вредност се врши при стекнувањето/ купувањето на инструментите, од што зависи и нивниот сметководствениот третман.
1.1.1.Финансиски средства според објективна вредност преку добивката или загубата Финансиските средства според објективна вредност преку добивката или загубата се финансиски средства кои исполнуваат некој од следните услови: а) финансиско средство се класифицира како чувано за тргување, доколку: - е стекнато или настанато главно со цел за повторно продавање или повторно купување во краток рок, - п ри почетното признавање тоа е дел од портфолиото на идентификувани финансиски инструменти, кои се заедно управувани и за кои постои доказ за остварлива краткорочна профитабилност, - е дериватив (освен дериватив кој претставува договор за финансиска гаранција или назначен и ефективен хеџинг инструмент).
roagens.mk
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
б) при почетното признавање тоа е назначено од страна на субјектот како средство според објективна вредност преку добивката или загубата, со цел за избегнување на неконзистентност поради користење различни основи при признавањето/мерењето на средствата.
1.1.2. Финансиски средства расположиви за продажба ложувањата во хартии од вредност се В класифицираат како расположиви за продажба доколку не припаѓаат соодветно на една од останатите три категории на 1) финансиски средства според објективна вредност преку добивка или загуба, 2) вложувања кои се чуваат до доспевање и 3) заеми и побарувања. Друштвото ги класифицира стекнатите хартии од вредност како “расположиви за продажба”, исто така, и кога во моментот на нивното стекнување не е извесно за каква цел ќе служат, односно дали ќе се продадат за краток рок, или ќе се чуваат за продажба подолго од една година или ќе се чуваат до доспевање (ако се, на пример, обврзници).
1.1.3. Финансиски средства кои се чуваат до доспевањето Вложувањата во хартии од вредност што се класифицираат како инструменти кои се чуваат до доспевање се недеривативни финансиски средства: - с о фиксни или определиви плаќања и со фиксен датум на доспевање, - з а коишто друштвото има дефинитивна намера и можност да ги чува до доспевање. Фиксни или определиви плаќања и фиксен рок на доспевање значи договорен аранжман, кој ги дефинира износите и датумите на плаќањата спрема имателот, како што се плаќањата за камата и главницата на долгот (по обврзници).
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Друштвото нема дефинитивна намера да чува до доспевање вложување во хартии од вредност со фиксен рок на доспевање, доколку: - д руштвото има намера да го чува вложувањето за неограничен временски период; - д руштвото е подготвено да го продаде инструментот (освен ако се појави непредвидена и неповторлива ситуација) како одговор на промените на пазарните каматни стапки или ризици, промените на ликвидност, промените на расположивоста и приносот на алтернативните вложувања, промените на финансиските извори и услови или промените на девизниот ризик; - и здавачот има право да го подмири финансискиот инструмент според износ кој е значајно под неговата амортизирана набавна вредност. Напомена:
Друштвото треба да ја оценува својата намера и можност да ги чува до доспевање своите вложувања (кои се класифицирани како такви) не само кога се првично стекнати и признаени, туку и на секој последователен период на известување. олжничката хартија од вредност со ваД ријабилна каматна стапка може да ги задоволи критериумите за вложување кое се чува до доспевање. Меѓутоа, сопственичките хартии од вредност не можат да бидат вложувања кои се чуваат до доспевање, било поради тоа што имаат неограничен век (како што се обичните акции) или поради тоа што износите кои може да ги прими имателот можат да варираат на начин што не може однапред да се определи (како што се опции на акции, варанти и права).
kontakt@proagens.com.mk
02/ 3162-979 i 3298-763
59
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
1.2. КлаСИФИКаЦИЈа На ФИНаНСИС-
КИТЕ ИНСТРУМЕНТИ СОГлаСНО СО ОДДЕлОТ 11 На МСФИ За МСЕ
поред одделот 11 на МСФИ за МСЕ, С друштвото ги евидентира следните финансиски инструменти како основни финансиски инструменти: - пари, - д олжнички инструменти (како што се сметки, меници или заеми за наплата или плаќање), - о бврска за добивање на заем што не може да биде нето подмирена со пари и за која се очекува да ги исполнува условите пропишани во точката 11.9 кога е реализирана, - в ложувања во неконвертибилни приоритетни акции и неотповикливи обични и приоритетни акции.
60
Според различните основи на последователно мерење, основните финансиски инструменти т.е. вложувањата во хартии од вредност може да се класифицираат како финансиски средства кои се мерат според: - о бјективна вредност преку добивката или загубата, - н абавната вредност намалена за обезвреднувањето, - а мортизирана набавна вредност со користење на методот на ефективна каматна стапка.
2. ПОЧЕТНО ПРИЗНАВАЊЕ И МЕРЕЊЕ НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 2.1. П ОЧЕТНО ПРИЗНаВањЕ И МЕРЕњЕ На ВлОЖУВањаТа ВО ХаРТИИ ОД ВРЕДНОСТ СПОРЕД МСС 39 2.1.1. Датум на почетно признавање Почетното признавање (евидентирање) на вложувањата во хартии од вредност како ставка на извештајот за финансиска сос-
www.p
тојба настанува исклучиво на датумот кога друштвото (вложувач) станува странка во договорните одредби на инструментот. При вообичаен (редовен) начин на набавка или продажба на финансиско средство се определува дали истото ќе биде признаено или отпишано со примена на сметководство за датумот на тргувањето (датум на трансакција) или сметководство за датумот на порамнувањето (кога датумот на порамнување следи по неколку дена, на пример Т+3 т.е. во рок од три дена од датумот на трансакцијата). Користената метода треба да се применува конзистентно за сите набавки и продажби на финансиски инструменти што припаѓаат на иста категорија. Напомена:
Утврдувањето на трансакциите со хартиите од вредност (утврдување на купувачот/продавачот, количината на истргуваните хартии од вредност и цената) го врши берзата. Порамнувањето на трансакциите со хартии од вредност го реализира Централниот депозитар за хартии од вредност и се извршува според принципот “испорака наспроти плаќање”, при што се врши истовремен пренос (промена на правото на сопственост) на хартиите од вредност од сметката на продавачот на сметката на купувачот и уплата на паричниот износ за купените хартии од вредност од страна на купувачот. Согласно со Законот за хартии од вредност, порамнувањето на трговските трансакции со хартии од вредност може да се врши веднаш, но не подоцна од три работни дена од денот на склучувањето на трансакцијата (Т+3). Датумот на тргување е датумот на кој друштвото се обврзува да набави или продаде некое средство. Сметководството според датум на тргување се однесува на: а) признавање на средство кое треба да биде примено и на обврска која треба да се плати на датумот на тргување и б) отпис на средство кое е продадено, признавање на добивка или загуба од
roagens.mk
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
отуѓување и признавање на побарувања од купувачот за плаќање на датумот на тргување. Датумот на порамнување е датумот на кој е испорачано средството на или од друштвото. Сметководството според датум на порамнување се однесува на: а) признавање на средството на денот на кој тоа е примено од страна на друштвото и б) отпис на средството и признавање на добивка или загуба од отуѓување на денот на кој тоа се испорачува од друштвото. Кога се применува сметководството според датум на порамнување друштвото ги евидентира промените во објективната вредност на средството кои треба да бидат примени во текот на период помеѓу датумот на тргување и датумот на порамнување на истиот начин како што го евидентира стекнатото средство. Промената на вредноста: - не се признава за средства кои се евидентираат според набавна вредност или амортизирана набавна вредност, - се признава во добивката или загубата за годината за средства кои се класифицирани како финансиски средства според објективна вредност преку добивката или загубата за годината, - се признава во останата сеопфатна добивка за средства класифицирани како расположливи за продажба.
2.1.2. Вредност на почетно признавање (мерење) Почетното мерење на хартиите од вредност, освен на хартиите од вредност класифицирани за тргување (според објективна вредност преку добивка или загуба), се врши според објективната вредност, всушност според трошокот на набавка, зголемен за трансакциските трошоци, кои директно се припишуваат на стекнувањето или емисијата на хартиите од вредност.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
артиите од вредност класифицирани за Х тргување (според објективна вредност преку добивка или загуба) почетно се мерат според објективната вредност, односно според трошокот на набавка без додавање на трансакциските трошоци. бјективната вредност на хартиите од О вредност при почетното признавање е вообичаено цената на трансакцијата, односно објективната вредност на надоместот кој е платен или примен. Најдобриот доказ за објективната вредност се котираните цени на активен пазар. За финансиски инструмент се смета дека котира на активен пазар, доколку котираните цени може лесно да се утврдат на берзата, кај дилерите, брокерите, индустриската групација, регулаторната агенција и тие цени ги одразуваат реалните и редовни трансакции кои настануваат на пазарот и кои се извршуваат под комерцијални услови. Објективната вредност се дефинира како цена која е договорена од спремен купувач и спремен продавач во трансакција која се извршува под комерцијални услови. Доколку пазарот за финансиски инструменти не е активен, друштвото ја утврдува објективната вредност со користење на техники за вреднување, чија цел е да се утврди која би била трансакциската цена на датумот на мерење за размена под комерцијални услови мотивирана од нормални разгледувања на деловниот потфат. Техниките за вреднување вклучуваат употреба на скорешни трансакции помеѓу познати, спремни страни, извршени под комерцијални услови, доколку постојат, со повикување на тековната објективна вредност на друг инструмент кој суштински е ист, анализа на дисконтирани парични текови и модели за определување на цените на опции. Периодично, друштвото ја проверува техниката за вреднување и ја тестира за валидност со користење на цени од сите тековни трансакции на пазарот за истиот инструмент кои можат да се следат или се заснова на сите расположливи пазарни податоци кои можат да се следат.
61
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Трансакциските трошоци вклучуваат надоместоци и провизии кои се платени на агентите (посредници), советници, брокери и дилери; давачки на регулативни агенции и пазари (берзи) на хартии од вредност и даноци за пренос и други давачки. Во трансакциските трошоци не се вклучуваат премијата и дисконтот на долгот, финансиските трошоци или интерни административни трошоци или трошоци за чување. Во наши услови, под трансакциски трошоци при почетно мерење на вложувањето во хартии од вредност (од аспект на вложувачот) се подразбираат провизиите за овластените учесници на пазарот на хартии од вредност (брокерски куќи/банки), Централниот депозитар за хартии од вредност и Берзата, кои се засметани од брокерската куќа/банката по основ извршената трансакција.
62
2.2. П ОЧЕТНО ПРИЗНаВањЕ И МЕРЕњЕ На ВлОЖУВањаТа ВО ХаРТИИ ОД ВРЕДНОСТ СПОРЕД ОДДЕлОТ 11 На МСФИ За МСЕ При почетно признавање, друштвото ги мери хартиите од вредност, освен оние кои се класифицирани според објективна вредност преку добивката или загубата (за тргување), според цената на трансакцијата, вклучувајќи ги трансакциските трошоци. Хартиите од вредност кои се класифицирани според објективна вредност преку добивката или загубата (за тргување), почетно се признаваат само според цената на трансакција, без додавање на трансакциските трошоци. Во случај на финансиска трансакција, во врска со продажба на добра или услуги, на пример, ако плаќањето е одложено надвор од нормалните деловни услови или е финансирано со каматна стапка што не е пазарна стапка, друштвото го мери финансиското средство со сегашната вредност на идните плаќања дисконтирани со пазарна каматна стапка за слични должнички инструменти.
www.p
3. ПОСЛЕДОВАТЕЛНО МЕРЕЊЕ НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 3.1. П ОСлЕДОВаТЕлНО МЕРЕњЕ На ВлОЖУВањаТа ВО ХаРТИИ ОД ВРЕДНОСТ СПОРЕД МСС 39 Последователното мерење/вреднување (после почетното мерење) на вложувањата во хартии од вредност се разликува според видот на класификација на хартиите од вредност.
3.1.1.Последователно вреднување на хартиите од вредност за тргување (според објективна вредност преку добивка или загуба) Хартиите од вредност што се класифицирани според објективна вредност преку добивка или загуба (се чуваат за тргување) последователно се мерат според објективната вредност, без било какво намалување за трансакциските трошоци што може да настанат при нивното продавање/оттуѓување. 3.1.2.Последователно
мерење на хартиите од вредност расположиви за продажба
Хартиите од вредност што се расположиви за продажба последователно се мерат според објективната вредност, без било какво намалување за трансакциските трошоци што може да настанат при нивното продавање/оттуѓување. Напомена:
Сите сопственички финансиски инструменти кои немаат котирана пазарна цена на активен пазар и чија објективна вредност не може веродостојно да се утврди треба последователно да се мерат според набавната вредност. За пример да го илустрираме сметководството за трансакциските трошоци при почетното и последователното мерење на финансиското средство расположливо за про-
roagens.mk
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
дажба. Средството е купено за 100 единици плус набавна провизија од 2 единици. Почетно, средството е признаено по 102 единици. Крајот на периодот на известување е еден ден подоцна, кога котираната пазарна цена на средството останува на 100 единици. Доколку средството беше продадено, ќе беше платена провизија од 3 единици. На тој датум средството се мери по 100 единици (без оглед на можната провизија при продажба) и загуба од 2 единици се признава во останатата сеопфатна добивка. Доколку финансиското средство расположливо за продажба има фиксни или утврдливи плаќања, трансакциските трошоци се амортизираат во добивката или загубата за годината со примена на методата на ефективна камата. Доколку финансиското средство расположливо за продажба нема фиксни или утврдливи плаќања, трансакциските трошоци се признаваат во добивката или загубата за годината кога средството е отпишано или станува обезвреднето.
3.1.3. Последователно мерење на хартиите од вредност кои се чуваат до доспевање артиите од вредност што се чуваат до Х доспевање последователно се мерат според амортизирана набавна вредност, користејќи ја методата на ефективна каматна стапка. Амортизирана набавна вредност на финансиски инструмент е износот според кој инструментот бил измерен при почетното признавање, намален за отплатите на главницата, плус/минус кумулативната амортизација (со користење на методата на ефективна каматна стапка) на сите разлики помеѓу тој почетен износ и износот при доспевањето и минус сите намалувања (директно или преку користење на сметка за исправка на вредноста) поради обезвреднување или ненаплативост. Метода на ефективна каматна стапка е метода на пресметување амортизација т.е. на амортизираната набавна вредност на финансиското средство и на распределба на
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
приходот од камата во текот на релевантниот период, користејќи ја ефективната каматна стапка на финансискиот инструмент. Тоа е стапката која точно го дисконтира очекуваниот тек на идни парични плаќања/примања во текот на очекуваниот животен век на инструментот, или каде што е применливо, пократок период до нето сметководствената вредност на финансиското средство. Во оваа пресметка треба да се вклучат сите надоместоци и ставки кои се платени/примени помеѓу странките во договорот, трансакциските трошоци и сите други премии или дисконти.
3.2. П оследователно мерење на влоЖувањата во хартии од вредност С ПОРЕД ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ а крајот на секој период на известување, Н друштвото ги мери финансиските инструменти без какво било одземање за трансакциските трошоци што друштвото може да ги направи за продажба или друго отуѓување, како што следи: а) вложувањата во неконвертибилни приоритетни акции и неотповикливи обични или приоритетни акции: - д околку акциите јавно се тргувани или нивната објективна вредност може веродостојно да се измери на друг начин, вложувањето се мери по објективната вредност со признавање на промените на објективната вредност во добивката или загубата, - с ите други такви вложувања се мерат според набавната вредност намалена за обезвреднувањето. б) д олжничките инструменти се мерат по амортизирана набавна вредност користејќи го методот на ефективна каматна стапка. За горенаведените финансиски инструменти мора да се процени обезвреднувањето или ненаплатливоста, според барањата на одделот 11 на МСФИ за МСЕ.
63
Pr fesionalna Edukacija
Напомена:
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
та како ревалоризациона резерва), освен за загуба поради обезвреднување и добивки и загуби кои произлегуваат од курсни разлики, се додека финансиското средство не се отпише. Во тој момент кумулативната добивка или загуба која е претходно признаена во останатата сеопфатна добивка треба да се рекласификува од главнината во добивката или загубата за годината како рекласификација според барањата на МСС 1 - Презентирање на финансиски извештаи. Меѓутоа, пресметаната камата со примена на методата на ефективна камата се признава преку добивката или загубата за годината. Дивиденди за сопственички инструмент расположлив за продажба се признаваат преку добивката или загубата за годината кога е утврдено правото на друштвото да прими уплата.
Одделот 11 на МСФИ за МСЕ, кој го применуваат малите и микро субјекти, не предвидува признавање на добивки или загуби поради промена на објективната вредност на хартиите од вредност во рамки на останатата сеопфатна добивка т.е. во рамки на главнината, за разлика од МСС 39, кој го применуваат големите и средни субјекти.
4. ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ ВО ОБЈЕКТИВНАТА ВРЕДНОСТ (ДОБИВКИ/ЗАГУБИ) НА ХАРТИИТЕ ОД ВРЕДНОСТ СПОРЕД МСС 39
64
При последователното мерење на вложувањата во хартии од вредност можат да бидат утврдени разлики помеѓу вредноста по која се претходно признаени хартиите од вредност и објективната вредност утврдена на датумот на проценката. Промените во објективната вредност на хартиите од вредност можат да бидат во насока на зголемување или намалување, од каде произлегува дека треба да се признаат добивки или загуби од последователното мерење на нивната вредност. Зависно од класификацијата на хартии од вредност според МСС 39, се разликува и евидентирањето на добивките/загубите во вредноста: а) Хартии од вредност класифицирани според објективна вредност преку добивка или загуба (се чуваат за тргување)
секоја добивка или загуба во вредноста на хартиите од вредност треба да се вклучи во добивката или загубата за годината (во Биланс на успех / Извештајот за сеопфатна добивка);
б) Хартии од вредност кои се расположиви за продажба
обивка или загуба од финансиско д средство расположиво за продажба треба да се признае во останатата сеопфатна добивка (н.з. во главнинаwww.p
в) Хартии од вредност што се чуваат до доспевање
х артиите од вредност што се чуваат до доспевање се мерат според нивната амортизирана набавна вредност, така што при последователното мерење ќе се признаат промени во вредноста т.е. добивка/загуба во Биланс на успех / Извештајот за сеопфатна добивка во годината кога тие хартии од вредност ќе бидат отпишани (депризнаени) или обезвреднети, како и преку процесот на амортизација.
Доколку друштвото последователно ја мери објективната вредност на хартиите од вредност, а го користи сметководството (признавањето) на датумот на порамнувањето, тогаш промените во објективната вредност утврдени меѓу датумот на трансакцијата и датумот на порамнувањето (пример, тој може да биде 3 дена подоцна од датумот на трансакцијата Т+3), треба да се признаат во добивката/загубата за периодот или во главнината (зависно од класификацијата). Од друга страна, ако се врши признавање на хартиите од вредност на датумот на порамнувањето, но се работи за хартии од
roagens.mk
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
вредност што се евидентираат според амортизирана набавна вредност или набавна вредност, тогаш промените во објективната вредност на хартиите од вредност меѓу датумот на трансакција и датумот на порамнување не се признаваат.
4.1. Даночен третман на вредносните усогласувања на хартиите од вредност и на капиталните добивки/загуби при нивна продажба Според Законот за данок на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 112/14), кој ќе се применува од 1.1.2015 година, но со утврдување на добивката за деловната 2014 година: - реализираните добивки/загуби при продажба на хартиите од вредност (капитални добивки/загуби), како и
5. О БЕЗВРЕДНУВАЊЕ на вредноста на хартиите од вредност 5.1. О БЕЗВРЕДНУВАЊЕ на хартиите од вредност СОГЛАСНО СО МСС 39 руштвото мора да процени на секој даД тум на Извештајот за финансиска состојба дали постои било каков објективен доказ за обезвреднување (намалување) на вредноста на хартиите од вредност (повисока сметководствена вредност од проценетата надоместлива вредност), како резултат на еден или повеќе настани после нивното првично признавање.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
поред класификацијата на хартиите од С вредност, признавањето на загубата поради обезвреднување се врши на следниот начин: а) Хартии од вредност расположиви за продажба Доколку постои објективен доказ дека хартиите од вредност што се расположиви за продажба се обезвреднети, а за кои претходно промените во вредноста биле признаени во останатата сеопфатна добивка (во главнината), тогаш кумулативната загуба треба да се рекласификува од главнината и да се признае во добивката/загубата за годината како рекласификација дури и покрај тоа што хартиите од вредност не се депризнаени (не се отпишани). зносот на акумулираната загуба кој треИ ба да се рекласификува од главнината во добивката/загубата за годината е разликата меѓу набавната вредност на стекнувањето (нето од сите отплати на главницата и амортизацијата) и тековната објективна вредност намалена за сите загуби поради обезвреднување на тие хартии од вредност што претходно биле признаени преку добивката/загубата за годината.
- н ереализираните добивки/загуби кои произлегуваат од вреднувањето на истите на одреден датум, претставуваат даночно признат приход/расход, во рамки на општата категорија на деловни расходи и соодветно деловни приходи, кои се поврзани со вршење на дејност на субјектот, односно се непосреден услов за извршување на таа дејност и се последица од вршењето на таа дејност.
околку во последователен период, Д објективната вредност на должнички инструмент класифициран како расположив за продажба се зголемува и зголемувањето може објективно да се поврзе со некој настан кој се случил откако загубата поради обезвреднување била признаена во добивката или загубата за годината, загубата поради обезвреднување треба да се анулира (т.е. да се прикаже приход), при што износот на анулирањето ќе биде признаен во добивката или загубата за годината. б) Хартии од вредност кои се водат според амортизирана набавна вредност
околку постои објективен доказ дека Д е настаната загуба поради обезвреднување во однос на вложувања кои се чуваат до доспевање кои се евидентираат според амортизирана набавна вредност,
65
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
износот на загубата се мери како разлика помеѓу сметководствената вредност на средството и сегашната вредност на проценетите идни парични текови (исклучувајќи идни кредитни загуби кои не се настанати) дисконтирани со оригиналната ефективна каматна стапка на финансиското средство (т.е. ефективната каматна стапка пресметана при почетното признавање). Сметководствената вредност на средството треба да биде намалена или директно или со користење на сметка за исправка на вредноста. Износот на загубата треба да биде признаен во добивката или загубата за годината.
66
Доколку во последователен период, износот на загубата поради обезвреднување се намали и намалувањето може објективно да се поврзе со настан кој се случил по признавањето на загубата поради обезвреднување (како што е подобрување на кредитниот рејтинг на должникот), претходно признаената загуба поради обезвреднување треба да биде анулирана или директно или со исправка на сметката за исправка на вредноста. анулирањето не треба да резултира во сметководствена вредност на финансиското средство која би надминала износ кој би се добил со примена на амортизирана набавна вредност доколку не би била признаена загуба поради обезвреднување на датумот на кој се анулира обезвреднувањето. Износот на анулирањето треба да се признае во добивката или загубата за годината. в) Хартии од вредност кои се водат според набавна вредност Доколку постои објективен доказ дека е настаната загуба поради обезвреднување на некотиран сопственички инструмент кој не се евидентира според објективна вредност затоа што неговата објективна вредност не може да се измери веродостојно, износот на загубата поради обезвреднување се мери како разлика помеѓу сметководствената вредност на финансиското средство и сегашната вредност на проценетите идни парични www.p
текови дисконтирани со тековната стапка на поврат за слично финансиско средство. Таквите загуби поради обезвреднување не треба да се анулираат.
5.2. О БЕЗВРЕДНУВањЕ На ВРЕДНОСТа На ХаРТИИТЕ ОД ВРЕДНОСТ С ОГлаСНО СО ОДДЕлОТ 11 На МСФИ За МСЕ На крајот на секој период на известување, друштвото оценува дали постои објективен доказ за обезвреднување на кое било финансиско средство измерено според набавната вредност или амортизираната набавна вредност. Доколку постои објективен доказ за обезвреднување, друштвото веднаш ја признава загубата поради обезвреднување во добивката или загубата. руштвото поединечно ги оценува следД ниве финансиски средства за обезвреднување: а) сите сопственички хартии од вредност независно од важноста и б) останатите финансиски средства што се поединечно значајни. Останатите финансиски средства, друштвото ги оценува за обезвреднување или поединечно или збирно врз основа на слични карактеристики за кредитен ризик. Друштвото ја мери загубата поради обезвреднување за следниве инструменти измерени според набавната вредност или амортизираната набавна вредност, како што следува: а) за инструмент измерен според амортизираната набавна вредност, загубата поради обезвреднување е разликата помеѓу сметководствената вредност на средството и сегашната вредност на проценетите парични текови дисконтирани со почетната ефективна каматна стапка на средството. Доколку таквиот финансиски инструмент има променлива каматна стапка, дисконтната стапка за мерење на загубата поради обезвреднување е
roagens.mk
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
тековната ефективна каматна стапка одредена според договорот, б) з а инструмент мерен според набавната вредност, загубата поради обезвреднување е разликата помеѓу сметководствената вредност на средството и најдобрата проценка (којашто ќе биде приближна проценка) на износот (кој може да биде нула) што друштвото би го добило за средството доколку тоа би се продало на датумот на известување. Доколку во наредниот период, износот на загубата поради обезвреднување се намали и намалувањето може објективно да се по-
врзе со настан што се случил по признавање на обезвреднувањето (како што е подобрување на кредитната способност на должникот), друштвото ја анулира претходно признаената загуба поради обезвреднување или директно или со корекција на сметка за исправка на вредноста. Анулирањето нема да резултира во сметководствена вредност на финансиското средство (нето од неговата исправка) што би ја надминал сметководствената вредност која би постоела доколку обезвреднувањето не било претходно признаено. Друштвото веднаш го признава износот на анулирањето во добивката или загубата.
6. ПРИМЕРИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРИЗНАВАЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА АКЦИИ 6.1. П РИМЕР - АКЦИИ СПОРЕД ОБЈЕКТИВНА ВРЕДНОСТ ПРЕКУ ДОБИВКА /ЗАГУБА (цели на тргување) - СПОРЕД МСС 39 / ОДДЕЛ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ 6.1.1. Пример на почетно признавање на акции за тргување Друштвото “А”, во ноември 2013 година, купило 1.000 обични акции, по вредност од 6.000 денари/акција, односно по вкупна вредност од 6.000.000 денари. Трансакциските трошоци изнесуваат 6.000 денари (претпоставка). Овие хартии од вредност се класифицирани за цели на тргување, односно намерата е да се продадат во што пократок рок, по постигнување на поволна цена на пазарот. Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува Акции за тргување 1651 Брокерска провизија (трансакциски трошоци) 4499 Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 - купени обични акции
ИЗНОС должи побарува 6.000.000 6.000 6.006.000
6.1.2. Пример на последователно мерење на акции за тргување Алтернатива 1 - признавање добивка: На 31.12.2013 година, пазарната вредност на акциите изнесува 6.500.000 денари (6.500 денари/акција), односно се признава добивка во износ од 500.000 денари (6.500.000 - 6.000.000).
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
02/ 3162-979 i 3298-763
67
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Книжење: СМЕТКа ОПИС должи побарува акции за тргување 1651 7770 Нереализирана добивка од зголемување на вредност на акции - признаена добивка од последователно мерење
ИЗНОС должи побарува 500.000 500.000
лтернатива 2 - признавање загуба: А На 31.12.2013 година, пазарната вредност на акциите изнесува 5.800.000 денари (5.800 денари/акција), односно се признава загуба во износ од 200.000 денари (6.000.000 - 5.800.000). Книжење: СМЕТКа ОПИС должи побарува 4770 Нереализирани загуби од намалување на вредност на акции 1651 акции за тргување - признавање загуба од последователно мерење
должи
ИЗНОС побарува
200.000 200.000
6.1.3. Пример на продажба на акциите за тргување
68
лтернатива 1: А Во јануари 2014 година, друштвото ги продало акциите за тргување, по вредност од 7.500.000 денари. Трансакциските трошоци за продажбата изнесуваат 7.500 денари (претпоставка), односно друштвото прима на својата сметка износ од 7.492.500 денари (7.500.000 - 7.500). Претходно е признаена добивка од последователно мерење во износ од 500.000 денари (алтернатива 1 од примерот 6.1.2). Книжење: СМЕТКа ОПИС должи побарува Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 1651 акции за тргување 7793 Капитална добивка од акции за тргување - продадени акции
ИЗНОС должи побарува 7.492.500 6.500.000 992.500
лтернатива 2: А Во јануари 2014 година, друштвото ги продало акциите за тргување, по вредност од 7.500.000 денари. Трансакциските трошоци за продажбата изнесуваат 7.500 денари (претпоставка), односно друштвото прима на својата сметка износ од 7.492.500 денари. Претходно е признаена загуба од последователно мерење во износ од 200.000 денари (алтернатива 2 од примерот 6.1.2). Книжење: СМЕТКа ОПИС должи побарува Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 1651 акции за тргување Капитална добивка од продажба 7793 на акции за тргување - продадени акции www.p
roagens.mk
ИЗНОС должи побарува 7.492.500 5.800.000 1.692.500
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
лтернатива 3: А Да претпоставиме дека друштвото “А”, во јануари 2014 година, е принудено да ги продаде своите акции за тргување, иако пазарната цена изнесува 4.500.000 денари и е многу пониска од претходно очекуваната цена, поради што друштвото остварува загуба од нивната продажба. Трансакциските трошоци за продажбата изнесуваат 4.500 денари (претпоставка), односно друштвото прима на својата сметка износ од 4.495.500 денари (4.500.000 - 4.500). Претходно е признаена добивка од последователно мерење во износ од 500.000 денари (алтернатива 1 од примерот 6.1.2). Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 4621 Капитална загуба од продажба на акции за тргување 1651 Акции за тргување - продадени акции
ИЗНОС должи побарува 4.495.500 2.004.500 6.500.000
лтернатива 4: А Да претпоставиме дека друштвото “А”, во јануари 2014 година, е принудено да ги продаде своите акции за тргување, иако пазарната цена изнесува 6.000.000 денари т.е. е еднаква од првично признаената вредност на акциите. Трансакциските трошоци за продажбата изнесуваат 6.000 денари (претпоставка), односно друштвото прима на својата сметка износ од 5.994.000 денари (6.000.000 - 6.000). Претходно е признаена загуба од последователно мерење во износ од 200.000 денари (алтернатива 2 од примерот 6.1.2). Книжење: СМЕТКА ОПИС должи побарува Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 1651 Акции за тргување 7793 Капитална добивка од продажба на акции за тргување - продадени акции
ИЗНОС должи побарува 5.994.000 5.800.000 194.000
Како што се гледа од примерот, друштвото сепак остварило капитална добивка од 194.000 денари при продажбата, поради претходно признаената загуба од последователно мерење на истите акции.
6.2. П РИМЕР - АКЦИИ располоЖиви за продаЖба СОГЛАСНО СО МСС 39 Напомена: Одделот 11 на МСФИ за МСЕ, кој го применуваат малите и микро субјекти, не познава класификација на финансиски средства (хартии од вредност) кои се расположиви за продажба, ниту пак предвидува признавање на добивки или загуби поради промена на објективната вредност на хартиите од вредност во рамки на останатата сеопфатна добивка т.е. во рамки на главнината, така што во примерот ги прикажуваме барањата само на МСС 39, кој го применуваат големите и средни субјекти. Друштвото “А”, во ноември 2013 година, купило 1.000 обични акции, по 1.500 денари/акција, односно во вкупна вредност од 1.500.000 денари. Трансакциските трошоци изнесуваат
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
69
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
1.500 денари (претпоставка). Овие хартии од вредност се класифицирани како расположиви за продажба, поради тоа што друштвото нема намера да ги продава во краток рок, односно ќе ги чува две или повеќе години, зависно од потребите на своето работење и ликвидноста, како и од движењето на цените на пазарот т.е. Македонската берза. На 31.12.2013 година, цените на акциите пораснале на 1.800 денари/акција. Друштвото, во текот на годината, ги вреднува акциите квартално. Стапката на данокот на добивка изнесува 10%. На крајот на март 2014 година, цената на акциите пораснала на 2.000 денари/акција, а во јуни 2014 година, цената на акциите паднала на 1.900 денари/акција. Книжење (почетно признавање и вреднување на 31.12.2013 г.):
70
СМЕТКа ОПИС должи побарува акции расположиви за продажба 0350 Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 - купени акции по 1.500 ден./акција акции расположиви за продажба 0350 932 Ревалоризациона резерва врз основа на финансиски средства расположиви за продажба - проценети акции (1.800 ден./акција) на 31.12.2013 г. 932 Ревалоризациона резерва врз основа на финансиски средства расположиви за продажба Одложени даночни обврски 289 - одложена даночна обврска (298.500 x 10%)
ИЗНОС должи побарува 1.501.500 1.501.500 298.500 298.500
29.850 29.850
Книжење на 31.03.2014 г. (квартално вреднување): СМЕТКа ОПИС должи побарува акции расположиви за продажба 0350 932 Ревалоризациона резерва врз основа на финансиски средства расположиви за продажба - проценети акции (2.000 ден./акција) на 31.03.2014 г. 932 Ревалоризациона резерва врз основа на финансиски средства расположиви за продажба Одложени даночни обврски 289 - одложена даночна обврска (200.000 x 10%)
ИЗНОС должи побарува 200.000 200.000
20.000 20.000
Книжење на 30.06.2014 г. (квартално вреднување): СМЕТКа ОПИС должи побарува 932 Ревалоризациона резерва врз основа на финансиски средства расположиви за продажба 0350 акции расположиви за продажба - проценети акции (1.900 ден./акција) на 30.06.2014 г. 050 Одложено даночно средство 932 Ревалоризациона резерва врз основа на финансиски средства расположиви за продажба - одложено даночно средство (100.000 x 10%)
www.p
roagens.mk
ИЗНОС должи побарува 100.000 100.000 10.000 10.000
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ / МСФИ-МСС
Напомена:
Признавањето на одложена даночна обврска и одложено даночно средство произлегува од привремените оданочиви/одбитни разлики меѓу сметководствената добивка и даночната основица (за данок на добивка). Имено (ако се апстрахираме од сите други промени што можат да влијаат на основицата на данок на добивка) кога расте вредноста на акцијата, а истата не се прикажува како приход во сметководството, туку во главнината преку ревалоризационата резерва (во останатата сеопфатна добивка), автоматски настанува одложена даночна обврска затоа што во тој момент не е зголемена основицата (за неискажаниот приход) на која се пресметува данокот на добивка 5 (се плаќа помалку данок), меѓутоа кога ќе се продадат акциите кумулативните добивки треба да се пренесат од ревалоризационата резерва т.е. од главнината во Билансот на успехот/Извештај за сеопфатна добивка, што значи ќе влијаат на тогашната даночна основица, условно кажано, во правец на нејзино зголемување и зголемено плаќање данок во тоа идно време. Обратно, одложено даночно средство се признава поради намалувањето на вредноста на акциите, искажана преку главнината, а не преку евиден0350 - Акции расположиви за продажба 1.501.500 100.000 298.500 200.000 Со 1.900.000 1.900.000
тирање расход, при што во тој период се плаќа (повторно, условно кажано) повеќе данок (поради повисоката даночна основица, заради невклучениот расход), а во иднина кога ќе се продадат акциите, кумулативната загуба признаена во главнината ќе се пренесе во Билансот на успехот/Извештај за сеопфатна добивка и ќе влијае на намалување на тогашната идна даночна основица, кога и ќе се плати помалку данок. ретпоставка - продажба П на акции расположиви за продажба: Акциите се продадени после две години, по вредност од 2.500 денари/акција, односно во вкупна вредност од 2.497.500 денари (2.500.000 - 2.500), по одбивање на трансакциските трошоци за продажба во износ од 2.500 денари. Износот на кумулативните добивки/загуби претходно признаени во главнината, при продажбата на хартии од вредност, треба да се пренесат во Билансот на успехот/Извештај за сеопфатна добивка, односно да се вклучат во добивката/ загубата за периодот. Да претпоставиме апстрактен случај, заради цели на примерот, дека никакви измени во вредноста на акциите не настанале од 30.06.2014 година до 30.06.2016 година, како и дека е иста даночната стапка (10%) и во 2016 год. 932 - Ревалоризациона резерва 29.850 298.500 20.000 200.000 100.000 10.000 49.850 (анулирање) 159.850 558.350 398.500 398.500 Со (кумул. добивка)
(анулирање) 10.000
Според Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 112/14), кој ќе се применува од 1.1.2015 година, но со утврдување на добивката за деловната 2014 година, се враќаме на стариот начин на оданочување на добивката (наместо даночно непризнатите расходи), односно повторно како основа за пресметување на данокот од добивка се смета добивката која се утврдува во даночниот биланс, како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството и сметководствените стандарди, која се зголемува за непризнаените расходи за даночни цели.
5
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
71
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
289 - Одложени даночни обврски 29.850 20.000 49.850 49.850 Со
050 - Одложено даночно средство 10.000
Со 10.000 10.000
Книжење на 30.06.2016 г.:
72
СМЕТКа ОПИС ИЗНОС должи побарува должи побарува Парични средства на трансакциска сметка во банка 1000 2.497.500 акции расположиви за продажба 0350 1.900.000 7794 Капитална добивка од продажба 597.500 на акции расположиви за продажба - продадени акции по 2.500 ден./акција 932 Ревалоризациона резерва врз основа на 10.000 финансиски средства расположиви за продажба 050 Одложено даночно средство 10.000 - анулирање на одложено даночно средство 289 Одложени даночни обврски 49.850 932 Ревалоризациона резерва врз основа на 49.850 финансиски средства расположиви за продажба - анулирање на одложена даночна обврска 932 Ревалоризациона резерва врз основа на 398.500 финансиски средства расположиви за продажба 7770 Нереализирана добивка од зголемување 398.500 на вредност на акции - пренос на кумулативна добивка во Биланс на успех/Извештај за сеопфатна добивка
Напомена: Доколку се помножи тековно признаениот приход (евидентиран на сметката 7770), кој е пренесен од главнината во Билансот на успехот/Извештај за сеопфатна добивка за 2016 година, во износ од 398.500 денари со претпоставената (иста) стапка на данокот на добивка од 10%, се добива износот од 39.850 денари, кој е утврдена тековна даночна обврска што припаѓа на тој износ на приход во 2016 година (исто така и разлика помеѓу одложените /изнетирани/ даноци евидентирани на сметката 289 и сметката 050 т.е. 49.850 - 10.000 = 39.850).
www.p
roagens.mk
ПЛАТА - ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ
Информација
НАЈНОВ ПОДАТОК ЗА НАЈНИСКАТА ОСНОВНА ПЛАТА ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ СО ПРИМЕНА СО ИПЛАТА НА ПЛАТА ЗА ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 158 од 30.10.2014 година е објавена најнова Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, со која е утврдено дека: почнувајќи со исплата на платата за месец октомври 2014 година, основната плата на работникот во здравствената дејност не може да биде пониска од 15.779 денари. Спогодбата влегува во сила на 31.10.2014 година, а се применува со исплата на плата за месец октомври 2014 година. Најновото зголемување на основната плата во здравствената дејност во апсолутен износ од 607 денари всушност претставува реализација на најавеното зголемување на платите во јавниот сектор за 4%. Претходната најниска основна плата во здравството изнесуваше 15.172 денари и се исплатуваше почнувајќи од платата за месец април 2010 година, заклучно со платата за септември 2014 година, по основ на Спогодбата објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 60/10.
ДВИЖЕЊЕ НА НАЈНИСКАТА ОСНОВНА ПЛАТА ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ Најниската плата во здравствената дејност која за прв пат беше утврдена во 2006 година континуирано се менува (усогласува) со Спогодбите за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност (објавени во „Сл. весник на РМ“, бр. 69/06, 130/07, 123/08, 17/09, 60/10 и 158/14), склучени врз основа на Колективниот договор за здравствената дејност на РМ („Сл. весник на РМ“, бр. 60/06, 156/07, 17/09, 88/09, 60/10 и 33/11). Најниската плата во здравствената дејност (поточно: загарантираната најниска основна плата) го има следното движење по периоди: - од 02.06.2006 до 25.10.2007 година изнесуваше (нето) 5.060 денари; - од 26.10.2007 до 01.10.2008 година изнесуваше (нето) 5.566 денари; - од 02.10.2008 до 31.12.2008 година изнесуваше (нето) 6.123 денари; - од 01.01.2009 до 31.03.2010 година изнесуваше (во бруто износ) 16.187 денари; - од 01.04.2010 до 31.09.2014 година изнесуваше (нето) 15.172 денари и - од 01.10.2014 година до примена на нова Спогодба изнесува (нето) 15.779 денари.
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
73
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
УСТАВЕН СУД
УКИНУВАЧКА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД ВО ВРСКА СО ГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 156 од 24 октомври 2014 година е објавена Одлука на Уставниот суд, со која се укинува: - членот 4-а и член 21-в од Законот за регистрирање на готовински плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 31/01, 42/03, 40/04, 70/06, 126/06, 88/08, 133/09, 171/10, 185/11, 6/12, 79/13 и 188/13; н.з. во одлуката не е наведено последното иновирање на законот, кое е објавено во Сл. весник на РМ, бр. 115/14).
74
Одлуката произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, односно од 24 октомври 2014 година.
КИНУВАЊЕ НА ОДРЕДБИ У ВО ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА Купувачот без обврска да плати доколку не добие фискална сметка Оспорениот член 4-а од Законот за регистрирање на готовински плаќања предвидува дека ако даночниот обврзник на купувачот на доброто, односно корисникот на услугата во моментот на предавањето на доброто, односно на извршувањето на услугата не му издаде фискална сметка, купувачот на доброто, односно корисникот на услугата, нема обврска да ја плати цената на доброто, односно цената на услугата. Овој член беше додаден со претпоследната промена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 188/13, кој влезе во сила на 8 јануари 2014 година.
www.p
Напомена:
Оспорената одредба претходно беше пропишана во член 4 став 3 на законот и укината со Одлука на Уставен суд („Службен весник на РМ“, бр. 60/07), во сила од 16 мај 2007 година, со образложение дека ваквата одредба е неуставна и поттикнува своевидно беззаконие и охрабрување на граѓаните да стекнуваат добра/услуги без да платат и тоа токму од оние продажни/услужни места кадешто не се издаваат фискални сметки, а со сето тоа доаѓа до правно нереализирани пазарни односи и несигурност на воспоставените односи на пазарот. Со оглед на фактот што државата преку воведувањето на системот на фискализација и регистрирање на готовинските плаќања има за цел сузбивање на т.н. сива економија, преку евиденција на остварен готовински промет и соодветно оданочување, според Судот, одбраното средство со давање можност на граѓаните да не платат за купеното добро, односно реализирана услуга во случај кога нема да добијат фискална сметка не е соодветно по однос на целта што се сака да се постигне. Имено, на пазарот како учесници во секоја купопродажба или услуга се јавуваат купувачите, односно примателите на услугата и продавачите, односно давателите на услугата, при што секој од учесниците има точно определени права и обврски. Од така настанатиот однос, државата остварува приход од наплатените даноци. Според мислењето на Судот, кое кореспондира со ставот на Уставниот суд во претходно донесената одлука по однос на ова правно прашање, дадената можност од оспорената одредба не е во согласност со воспоставените правила што владеат на пазарот на добра
roagens.mk
ГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ
и услуги кои неминовно бараат цената на купеното добро, односно направената услуга да биде платена во моментот на предавање на доброто, односно извршувањето на услугата, како што впрочем предвидел и член 4 став 2 од Законот, со што се заокружува воспоставениот однос помеѓу купувач и продавач или примателот и давателот на услугата. Оттаму, наметнатото решение со оспорената одредба не кореспондира со целината на член 4 од Законот и особено со ставот 2 од истиот член од Законот, кој предвидува фискална сметка да му се издаде на купувачот на доброто, односно на корисникот на услугата во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата. Во спротивно, како што предвидува оспорената одредба од Законот, со неплаќањето на договорената или претходно утврдена цена доаѓа до правно нереализирани пазарни односи, доаѓа до несигурност на воспоставените односи на пазарот, заради дисбалансот помеѓу применото и даденото, со што се доведува во прашање владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. сто така, ваквото законско решение апИ солутно не е во согласност со владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок да се стекнува сопственост над конкретно добро без да притоа се плати купопродажна цена за истото или да се добие услуга без да се плати за неа. На овој начин, постои можност да се поттикне своевидно беззаконие и да се охрабрат граѓаните да стекнуваат добра или остваруваат услуги без да платат и тоа токму од оние продажни или услужни места каде што не се издаваат фискални сметки. GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
14.900 denari
INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Г лоба за купувачот ако не побара/чува фискална сметка Оспорениот член 21-в од Законот за регистрирање на готовински плаќања предвидува глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност да му се изрече на физичко лице – купувач на добро, односно корисник на услуга доколку не побара фискална сметка или фискалната сметка не ја чува до 15 метри од напуштањето на местото на прометот на доброто, односно на услугата (член 6 став 1). Овој член беше додаден со претпоследната промена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 188/13, кој влезе во сила на 8 јануари 2014 година. Напомена:
Претходно, во избришаниот член 23 на Законот, беше пропишана глоба од 100 евра за купувачот/корисникот кој не земал фискална сметка. Членот 23 беше укинат со Одлука на Уставен суд („Службен весник на РМ“, бр. 123/07), во сила од 9.10.2007 година, а потоа и избришан со измена на законот објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 6/12. Образложението на Уставниот суд беше дека чувањето на фискалната сметка од страна на купувачот може да се прифати како рационално, законско решение, заради овозможување контрола, како доказ за легално направена трансакција или за потребите на рекламација на производот, меѓутоа казнувањето на граѓаните-потрошувачи заради непоседување фискална сметка не претставува оправдана рационална мерка, односно тоа дејствие нема карактер на противправно/неморално однесување на граѓаните за да се санкционира, дополнително што преку поседувањето на фискална сметка неможе во никој случај да се сузбие сивата економија, како крајна цел на законодавецот при воведувањето на фискализација. Според Судот, поседувањето на фискална сметка по направена купопродажба или пак завршена услуга има своја функција во настанатиот правен промет. Поседувањето и чу-
75
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вањето на фискалната сметка, како законска обврска од членот 6 од Законот, до 15 метри од напуштањето на местото на прометот на доброто, односно на услугата, заради контрола може да се прифати како рационално, корисно законско решение кое оди во правец на заштита на правата на граѓаните купувачи, односно корисници на направена услуга. Ова од причина што презентирање на фискалната сметка во случај на контрола може да послужи како доказ, потврда за легално направена трансакција. Во дадени ситуации, фискалната сметка може да послужи и за рекламација на скриени или нескриени мани на производот, според правилата на облигационите односи воопшто или според трговските правила, како и за остварување на права по основ на дадена гаранција.
76
ттаму, непоседувањето на фискална О сметка, во сферата на граѓанските односи, може да се рефлектира само преку трпење на граѓански последици и тоа заради сопствен ризик на купувачот/примателот на услугата. Меѓутоа, тоа не може да се каже и за предвидените прекршочни последици, според оспорениот член 21-в од Законот. Имено, според член 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2006), прекршокот е противправно дело кое со закон е определено како прекршок, чии облежја се определени со закон и за кое е предвидена прекршочна санкција. Оттаму, неопходно е да се утврди во што се состои противправното однесување
на граѓанинот купувач/примател на услуга што неминовно бара да биде санкционирано со цел да се постигне почитување на воспоставениот правен поредок. Според тоа, ако државата преку воведувањето на системот на фискализација и регистрирање на готовинските плаќања има за цел сузбивање на т.н сива економија, преку евиденција на остварен готовински промет и соодветно оданочување не може да се прифати дека предвидениот прекршок со кој се казнуваат граѓаните потрошувачи за непоседување на сметка преставува правно оправдана рационална мерка. Притоа, за Судот не е спорно дека државата има уставно овластување да ја утврдува својата политика во пазарните законитости, даночната политика и прекршочната свера и за нивното спроведување да утврдува соодветни мерки. Во таа насока државата има право да цени спрема кој учесник во правните односи треба да се преземаат мерки и какви треба да бидат тие мерки за да се постигнат очекуваните резултатити во сферата на фискализацијата и наплатата на даноците, како легитимни цели од јавен или општ интерес. Меѓутоа, тоа во никој случај не можат да бидат мерки што немаат свое оправдување во системот на владеење на правото и имаат за последица санкциoнирање на граѓаните за дејствие што нема карактер на противправно, неморално однесување на граѓаните учесници во воспоставените пазарни односи.
ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII
1.050
denari na 79 strani
Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.
www.p
roagens.mk
ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
УСТАВЕН СУД НА РМ
УКИНУВАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ Одлуката на Уставниот суд на РМ, У. бр. 63/2013 од 8 октомври 2014 година, произведува правно дејство од 24 октомври 2014 година како ден на објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 156/14.
Сегменти од Одлуката на Уставниот суд
У
ставниот суд на Република Македонија ГИ УКИНА членот 25 став 1 во делот: „и со друг пропис“ и членот 68 алинеја 6 од Законот за јавните службеници („Службен весник на РМ“, бр. 52/10, 36/11, 6/12, 24/12, 15/13, 82/13 и 106/13).
меѓународната размена и други прашања во врска со користењето на класифицирани информации се уредуваат со закон.
***** 1) Судот утврди дека, според оспорениот член 25 став 1 од Законот, јавниот службеник е должен да ја чува класифицираната информација на начин и под услови утврдени со закон и со друг пропис.
Со оглед на тоа што во оспорениот дел од член 25 став 1 од Законот се определува дека начинот и условите за чување на класифицираната информација од страна на јавен службеник да може да се уредат и со друг пропис кој може да биде и подзаконски акт, а не само со закон, Судот оцени дека овој оспорен дел не е во согласност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 4 и членот 51 од Уставот.
Во член 1 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 86/08 и 6/10) се определува дека „правото на слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно со овој и друг закон.“
2) Според оспорениот член 68 алинеја 6 од Законот, на јавниот службеник му престанува вработувањето и во случаите ако органот на државната управа надлежен за инспекцијата на трудот утврди дека јавниот службеник е вработен спротивно на одредбите на овој и друг закон.
Со член 1 од Законот за класифицирани информации („Службен весник на РМ“, бр. 9/04, 113/07, 145/10 и 80/12) е определено дека со овој закон се уредува класификацијата на информациите, условите, критериумите, мерките и активностите што се преземаат за нивна заштита, правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани информации, меѓународната размена, како и други прашања во врска со користењето на класифицирани информации.
Тргнувајќи од анализата на оспорениот член 68 став 6 од Законот произлегува дека законодавецот пропуштил да определи законски рокови во кои инспекцијата на трудот би можела да утврди незаконитости во спороведената постапка за вработување на секој поединец. Овој недостаток, според Судот, не е во согласност со принципите за правна сигурност и владеење на правото, а неограничената рамка за преиспитување на секое поединечно вработување на јавните службеници би можела да доведе до нееднаков и неправеден третман како спрема работодавците, така и спрема вработените.
Врз основа на вака направената анализа произлегува дека само со закон се уредуваат условите, начинот и постапката за пристап и за остварување на правото на информација од јавен карактер, како и тоа дека правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани информации, INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2014
Врз основа на наведното Судот оцени дека оспорениот член 68 алинеја 6 од Законот не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 32 став 1 и 2 и член 51 од Уставот.
77
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
УСТАВЕН СУД
УКИНУВАЧКА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД ВО ВРСКА СО ИГРИТЕ НА СРЕЌА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 156 од 24 октомври 2014 година е објавена Одлука на Уставниот суд, со која се укинува: член 151 став 5 во делот: „и донесува решение со кое се забранува приредување на игри на среќа во таа деловна просторија во рок од десет години, а вршење на друга дејност во рок од една година“ од Законот за игрите на среќа и забавните игри („Службен весник на РМ“, бр. 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12 и 27/14; н.з. во одлуката не е наведено последното иновирање на законот, кое е објавено во 139/14).
78
Одлуката произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“, односно од 24 октомври 2014 година.
УКИНУВАЊЕ НА ОДРЕДБИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ Според оспорениот член 151 став 5 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, ако во постапката на надзор од страна на овластеното службено лице на Управата за јавни приходи се утврди дека во деловна просторија се приредуваат игри на среќа без издадена лиценца или дозвола или за која приредувачот на игри на среќа има добиено лиценца, односно дозвола, но не ги плаќа јавните давачки утврдени со закон, овластеното службено лице врши запечатување на деловната просторија во која се приредуваат игрите на среќа и донесува решение со кое се забранува приредување на игри на среќа во таа деловна просторија во рок од десет години, а вршење на друга дејност во рок од една година.
kontakt@proagens.com.mk www.p
Со Одлуката на Уставниот суд се укинува делот на оваа одредба: „и донесува решение со кое се забранува приредување на игри на среќа во таа деловна просторија во рок од десет години, а вршење на друга дејност во рок од една година“. Доколку инспекцискиот надзор утврди дека игрите на среќа се приредуваат без издадена лиценца, логично следи запечатување на деловната просторија во која се приредуваат игрите, како интервентна мерка што ја предвидува Законот. Меѓутоа, забраната за приредување на игри на среќа во деловната просторија во период од десет години (забраната не се однесува само на затекнатиот приредувач на игрите, туку е општа) или вршење на било која друга дејност во просторијата во период од една година, според Судот, претставува несоодветна мерка која неспорно го ограничува сопственикот на деловната просторија во остварување на правата од сопственоста, а која не мора да биде во директна врска со приредувачот на игрите (кој може но не мора да биде сопственик на деловната просторија), поради што и не ја оправдува целта за нејзиното востановување. Ова од причина што сопственоста како институт во себе содржи право на располагање, држење и користење на стварта, а во конкретниов случај со забраната за користење на деловната просторија, му се попречува на сопственикот, и во ситуација кога не е вршител на дејноста приредување на игри на среќа, правото да ја користи просторијата за истата дејност со друг приредувач на игри на среќа или за било која друга дејност, со што неспорно му се ограничува сопственоста. Ваквата мерка единствено води кон повреда на слободата на пазарот и претприемништвото, кои се гарантирани со член 55 од Уставот и кои можат да се ограничат со закон единствено за-
roagens.mk
ИГРИ НА СРЕЌА
ради одбрана на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето, што во дадената ситуација не е случај. Поаѓајќи од одредбата од член 33 од Уставот произлегува дека секој има уставна обврска да ги намирува јавните давачки и дека во рамките на начинот на плаќање на јавните давачки постојат законски механизми за нивно исполнување, а имајќи предвид дека со член 3 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри законодавецот пропишал дека постапката на вршење на надзор и контрола над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон се врши согласно со Законот за инспекциски надзор и Законот за даночна постапка, според Судот, мерката забрана за вршење на дејност во деловна просторија во која се приредуваат игри на среќа за која приредувачот на игри на среќа има добиено лиценца, односно дозвола, но не ги плаќа јавните давачки утврдени со закон, излегува надвор од соодветните законски механизми за исполнување на обврската за плаќање на јавни давачки и претставува несоодветна мерка која нема оправдување и која доведува до состојба исполнувањето на обврската на лицето од одреден статус (обврзник за плаќање јавни давачки) да влијае на остварувањето на право од друг статус (сопственост), на истото или дури на трето лице, што е уставно недопуштено. Тоа води кон повреда на начелото на владеењето на правото, кон ограничување на сопственоста и правата кои произлегуваат од неа и кон повреда на слободата на пазарот и претприемништвото, кои се уставно гарантирани. Дополнително, според Судот, оспорената одредба не го задоволува критериумот на јасна и прецизна норма како нужен елемент за обезбедување на владеењето правото. Ова затоа што без прецизирање што се подраз-
INFORMATOR 11 I НОЕМВРИ 2014
бира под: „не ги плаќа јавните давачки“, односно без конкретно определување кои се тие јавни давачки предвидени со закон чие неплаќање повлекува исклучително строга санкција – забрана за користење на деловната просторија во период од десет години, остава простор за арбитрерност во примената на одредбата, што не е дозволено. Создадената норма треба да биде лесно разбирлива и за оној што ја креирал, но исто така и за оние што ја применуваат и оние на кои се однесува, што во дадената ситуација не е случај. Со оглед дека вршењето дејност организирање игри на среќа, односно плаќањето на јавни давачки утврдени со закон, чие непочитување е основа за изрекување на мерката забрана на користење на деловната просторија, не се утврдени со закон како јавен интерес кој согласно член 30 став 3 од Уставот би го оправдал ограничувањето на сопственоста, произлегува дека наведената забрана за користење на деловната просторија, несомнено претставува ограничување на сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, без за тоа да постои јавен интерес утврден со закон, што уставно-правно не е дозволено. Ова поради тоа што наведената уставна норма не дава уставен основ законодавецот без постоење на јавен интерес, да регулира по сила на закон ограничување на сопственоста која како институт во себе содржи право на располагање, држење и користење на стварта по диспозиција на сопственикот, како што е во конкретниот случај. Тргнувајќи од наведеното, Судот оцени дека член 151 став 5 во делот: “и донесува решение со кое се забранува приредување на игри на среќа во таа деловна просторија во рок од десет години, а вршење на друга дејност во рок од една година“ од Законот за игрите на среќа и забавните игри не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 30, член 51 и член 55 став 3 од Уставот.
79