ИНФОРМАТОР број 11 од 2015 година

Page 1


2015

INFORMATOR

www.proagens.mk

11

NOEMVRI

2015


Izdava~:

2015

Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 09.11.2015 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


11 S O D R @ I N A: ДЕЛОВНИ ОДНОСИ 1) РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ОБВРСКИ НА РАТИ И ДРУГИ НОВИНИ ВО ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА (ПРЕДЛОГ ИЗМЕНА НА ЗФД)

5

ДДВ 2) ЕВИДЕНЦИИ НА АВАНСИРАНИ И ИЗВРШЕНИ РАБОТИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

16

КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 3) НОВА АКОНТАТИВНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ

41

ДДВ 4) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВЛОЖУВАЊА ВО ТУЃ (ЗАКУПЕН) ИМОТ

50

МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ 5) СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА СИТНИОТ ИНВЕНТАР

65

КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ 6) ОСВРТ НА НОВИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈA

75


ДЕЛОВНИ ОДНОСИ

4

 

Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ОБРСКИ НА РАТИ И ДРУГИ НОВИНИ ВО ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА (ПРЕДЛОГ ИЗМЕНА НА ЗФД)

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ Важно: Текстот е базиран врз П Р Е Д Л О Г - Законoт за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, од октомври 2015 година, објавен на веб страницата на Собранието на Република Македонија: (http:// sobranie.mk/materijali.nspx). Поради немање на правна сила на официјален законски акт која се стекнува низ соодветна собраниска процедура и објавување во „Службен весник на РМ“, Предлог-Законот за финансиска дисциплина нема практична примена и не предизвикува правни последици. Во текстот се користи како материјал од информативен карактер. **** Во функција на потсетување: Предметот на уредување на Законот за финансиска дисциплина е навременото исполнување на парични обврски, односно спречување на неисполнување на паричните обврски во утврдените рокови согласно со законот, кои произлегуваат од реализација на деловни трансакции меѓу: 1) економските оператори од приватниот сектор и 2) субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор.

kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2015

Економски оператори од приватниот сектор според Законот за финансиска дисциплина, се: - трговско друштво или трговец поединец

основан согласно со Законот за трговските друштва и

- физички и правни лица кои вршат профит-

на дејност и се регистрирани согласно со закон. Субјекти од јавен сектор се:

- органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа, - фондови, агенции, дирекции, бироа, јавни установи основани од РМ и јавни установи основани од единиците на локална самоуправа, - јавни претпријатија и трговски друштва основани од РМ, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и друштва врз кои државата или органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје имаат директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно поседуваат поголем дел од капиталот над друштвото, имаат мнозинство гласови на акционерите/содружниците и именуваат повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото и - други институции основани со закон. Правен инструмент со кој врз основа на ЗФД се спроведува финансиско дисциплинирање на наведените субјекти од профитниот

5


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

 Д-р Рефика

МУРИЌ

(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

ЕВИДЕНЦИИ НА АВАНСИРАНИ И ИЗВРШЕНИ РАБОТИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

С

16

поред членот 2 од Законот за градење 1 градењето претставува изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, вршење на подготвителни работи, изградба на нова градба, доградба и надградба на постојна градба, реконструкција и адаптација на постојната градба што опфаќа земјени работи, изведување на градежна конструкција, вршење на градежно-инсталатерски работи и градежнозавршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата. Сите горенаведени градежни работи се подложни на оданочување со ДДВ, со примена на општата даночна стапка од 18% ДДВ. Меѓутоа, кај прометите на добра и услуги како што се изведба (градење на нов објект), вклучувајќи и одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, можна е примена на системот на reverse charge односно пренесување на даночната обврска според член 32-а став 1 од Законот за ДДВ.

 1

kontakt@proagens.com.mk

• Осврт врз системот на „reverse charge“ Овој систем се применува кај даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ, кои вршат промет на посебно специфицирани добра и услуги (во случајов од областа на градежништвото) за даночни обврзници кои исто така се регистрирани за целите на ДДВ, според член 51 од Законот за ДДВ. Системот се применува од 1 февруари 2014 година, па според тоа се однесува на извршените промети и дадените аванси по 31 јануари 2014 година. Станува збор за систем кој функционира на начин што, примателот на добрата и корисник на услугата станува даночен должник, врз основа на пренесената даночна обврска од вршителот на прометот. Примателот на доброто/услугата, за пренесената даночна обврска, остварува право на одбивка на засметаниот ДДВ, на основица утврдена во фактурите со клаузула за пренесена даночна обврска (доколку тоа право, целосно или делумно го има според условите од член 34 на Законот за ДДВ). Даночна основа за пресметување на ДДВ (даночниот долг), претставува износот кој е искажан во фактурата на испорачателот на добрата и услугите, односно износот на вкупниот надоместок кој треба да се плати од нарачателот (во кој не е содржан ДДВ). Даночна основа за пресметување на ДДВ за одбивка зависи од тоа дали целиот или само

„Службен весник на РМ“, бр. 130/09 ... и 129/15. www.p

roagens.mk


КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК

 

4 Ирена НИКОЛОВСКА

(Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

НОВА АКОНТАТИВНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 179 од 16 октомври 2015 година е објавена измена на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за капитални добивки („Службен весник на РМ“, бр. 55/01, 28/07 и 15/11), која влезе во сила наредниот ден од денот на објавувањето т.е. на 17.10.2015 година. Со измената се пропишува НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-АДП/КД“ - Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од капитална добивка, кој веќе е поставен на интернет страницата на УЈП (www.ujp.gov.mk). Новиот образец „ПДД-АДП/КД“ го прикажуваме во рамки на текстот, пополнет со податоци од претпоставени примери.

З аконски новини во однос на оданочувањето на капиталните добивки о стварени од продажба на недвижен имот Новата аконтативна даночна пријава е воведена поради измените и допонувањата на Законот за персоналниот данок на доход ЗПДД, 1 објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 116/15, во сила од 17 јули 2015 година, кои всушност се однесуваат само на ОДАНОЧУВАЊЕТО НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ ОСТВАРЕНИ ОД ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ.

1

Начинот на оданочување на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и учество во капиталот (удели) продолжи да биде законски уреден на истиот начин како и претходно. Напомена:

Според сегашните одредби на ЗПДД т.е. според членот 4 од Законот за изменување и дополнување на ЗПДД (166/12), оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НЕМА ДА СЕ ПРИМЕНУВА од 1 јануари 2013 година до 31 декември 2015 година. Според ова доколку повторно не се измени ЗПДД, од 1.1.2016 година започнуваат да се применуваат одредбите (член 50, 51, 51-а, 52 и 52-а), кои го регулираат оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, односно ќе започне нивното оданочување. Сепак, во октомври 2015 година е изготвен Предлог-закон за изменување на Законот за персоналниот данок на доход (166/12), по скратена постапка, кој е на дневен ред на закажаната и незавршена Седница бр. 71 на Собрание на РМ од 2.11.2015 година (сеуште не е изгласан), според кој е предвидено пролонгирање на рокот за 3 години, односно предложено е даночното ослободување за капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност да се задржи до 31.12.2018 година.

„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15 и 129/15 (У. суд-31/96, 40/96 и 2/99).

INFORMATOR 11 I DEKEMVRI 2015

41


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

 Др. Рефика

МУРИЌ

(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВЛОЖУВАЊА ВО ТУЃ (ЗАКУПЕН) ИМОТ

Вовед

З 50

акупот е договорен однос кој му овозможува на корисникот на закупот (закупецот) употреба на некое добро (предмет на закупот) којшто му припаѓа на давателот на закупот (закуподавачот) во замена за плаќање на договорен надоместок (закупнина). Користењето туѓи објекти под наем (закуп) е особено раширена појава во праксата, како поекономичен избор на стопанските субјекти, направен во однос на инвестирањето во сопствени објекти. Правната форма, обврските на закуподавачот, обврските на закупецот, отуѓувањето на закупениот предмет, пренесувањето на закупот, вклучувајќи го подзакупот се регулирани со членовите од 567 до 599 од Законот за облигационите односи. 1

Приходите и трошоците пак, што се остваруваат од изнајмувањето на деловни простори и други недвижности (како и на подвижни добра) посебно се третираат и се опфатени од даночните прописи. Зависно од закуподавачот (физичко или правно лице), овие приходи, односно прометот на услуга - изнајмување, се подложни на оданочување со различен данок. 1

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01, ... и 161/09.

2

„Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 129/15.

3

„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, ... и 129/15.

4

„Службен весник на РМ“, бр. 129/15. www.p

Изнајмувањето на деловни простории и други недвижности (освен станбени објекти и станови за станбени цели) како и движни добра претставува промет на услуги кој е оданочив со данок на додадена вредност, по стапка од 18%, согласно со Законот за данокот на додадена вредност. 2 Оваа законска одредба се однесува на даночните обврзници регистрирани за цели на ДДВ. Тоа можат да станат и физичките лица-граѓани кои немаат регистрирана дејност но издаваат деловни простории и подвижни добра, ако по овој основ остваруваат приходи, што би го надминале годишниот праг за регистрација за ДДВ. Кога физички лица изнајмуваат недвижности или подвижни добра во нивна сопственост, остваруваат приход од наплатените наемнини, кој се оданочува со персонален данок на доход, согласно со Законот за персоналниот данок на доход. 3 Од друга страна, кај закупецот се отвораат прашања за даночниот третман на издатоците за закупот, како и на направените тековни одржувања и инвестициски вложувања. Согласно со членот 9 од Законот за данокот на добивка 4 даночно признати расходи се расходите кои се поврзани со вршење на дејноста на субјектот односно се непосреден услов за извршување на таа дејност и се последица од вршењето на таа дејност.

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

4Ирена НИКОЛОВСКА

(Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА СИТНИОТ ИНВЕНТАР

ДЕФИНИРАЊЕ НА СИТНИОТ ИНВЕНТАР азграничување на ситниот инвентар од останатите долгорочни Р материјални средства кои се амортизираат

С

метководствениот третман на ситниот инвентар, односно на разните помали помагала за работа, кои секојдневно ги користиме во деловната пракса (алати, апарати, ситни мерни инструменти, мобилни телефони, работна и заштитна облека, противпожарни и санитетски средства итн.), не е прецизно утврден во ниеден пропис, ниту со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ/МСС/МСФИ за МСЕ), коишто се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11), како единствен сметководствен пропис што задолжително го применуваат субјектите од приватниот сектор.

Разграничувањето на ситниот инвентар од останатите долгорочни материјални (нетековни/долгорочни) средства беше уредено со Уредбата за начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на нематеријалните и материјалните средства и за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки („Службен весник на РМ“, бр. 64/02, 98/02 и 10/08), која од 16 април 2011 година престана да важи за обврзниците на данок на добивка, кои своето сметководствено работење го водат согласно со Законот за трговски друштва, поради бришење на поврзаните одредби од тогаш важечкиот Закон

INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2015

за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 13/14). Иако споменатата уредба го регулираше начинот на пресметка на амортизација на нематеријалните и материјалните средства, за даночни цели (поради утврдување на трошоците на амортизација кои се даночни признаени расходи), таа се применуваше и за разграничување на ставките на материјални средства и ситен инвентар, за кои не се пресметува амортизација. Да напоменеме дека оваа уредба продолжи и понатаму да се применува во однос на пресметката на амортизација од страна на вршителите на самостојна дејност - обврзници на персонален данок на доход, затоа што е донесена врз основа на сеуште важечкиот член 30-е, став 4 од Закон за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 129/15). поред тековно неважечката Уредба за С амортизација, под нематеријални и материјални средства се сметаа правата односно предметите, чиј: - п оединечен трошок на набавка е поголем од 300 ЕВРА и - к орисниот век на употреба е подолг од една година. Како материјални средства, според Уредбата за амортизација, се сметаа градежните објекти, постројките и опремата, алатот, по-

65


КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ

4

 

Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

ОСВРТ НА НОВИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈA

1. П ериод на важење на Колективниот договор

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 175/15 од 09.10.2015 година е објавен нов Колективен договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија (во натамошниот текст: Колективниот договор). Колективниот договор е склучен за време од 2 години, со примена од денот на неговото објавување во „Службен весник на РМ“ (09.10.2015 година). Ако во рок 30 дена пред истекот на важењето на Колективниот договор не се склучи спогодба за продолжување, овој колективен договор продолжува да важи за период од 2 години. Новиот Колективен договор е усогласен со Законот за работните односи („Службен весник на РМ” бр. 74/15) и Општиот колек-

тивен договор за приватен сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ” бр. 119/15). Колективниот договор е склучен меѓу Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ - Агро Синдикат и Здружението за земјоделие и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија на 23.09.2015 година. Во продолжение е даден осврт на одредбите од новиот колективен договор со кои се уредени: платата, надоместоците на плата, трошоците од работен однос, годишниот одмор, платено и неплатено отсуство, со опфат на преодните одредби од значај за примената на овој договор.

2. ДЕЈНОСТИ ОПФАТЕНИ СО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР Со овој Колективен договор се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и одговорности меѓу работниците и работодавачите во следниве дејности: - преработка и конзервирање на овошје и зеленчук; - преработка и конзервирање на месо и риба; - преработка и конзервирање на млеко; - производство на шеќер; - производство на кондиторски производи;

INFORMATOR 11 I NOEMVRI 2015

- п роизводство на растителни масла; - производство на други прехранбени производи (без добиточна храна); - производство на алкохол од растително потекло и алкохолни пијалоци; - производство на безалкохолни пијалоци; - производство на добиточна храна; - полјоделство; - овоштарство; - лозарство;

75


О!

ЕЛН У Т АК

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА 14.900 денари

П

рофесионалните совети се главна потпора за носителите на деловни одлуки. Како врвни професионалци, повеќе од 20 години успешно се грижиме за намалување на ризиците при одлучувањето на нашите клиенти. Продолжуваме истото да го правиме и во 2016 г.

Обезбедуваме „компаниска заштита“ за области кои редовно се поврзуваат со нас: даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Не сме виртуелна фирма, ниту пак нечии апологети. Своите ставови ги изведуваме компетентно и професионално врз основа на пишуваните легислативи. Затоа сме и почитувани. Ви ја нудиме нашата поддршка и во 2016 година! Долгата традиција на континуирана успешна соработка како и нашата целосна посветеност на интересите на нашите претплатници е најдобра гаранција за довербата во квалитетот на нашите списанија, услуги, советувања и посебните изданија. Статусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. Годишната претплата за 2016 година го вклучува познатиот СЕТ на ИЗДАНИЈА: - „Информатор“ - месечно списание во печатена и е-форма (12 броја), Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, ...). Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. - „Про економија“ - наменско списание во печатена форма (еден број), Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги во предвид различните основи на финансиско известување („големите“ МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. - „е - Прописи“- пречистени текстови на прописи во е-форма и Издание кое содржи пречистени текстови на важни прописи поврзани со деловното работење. Бројот на пречистени законски и подзаконски текстови кои се испраќаат во електронска форма е значително зголемен поради зголемената динамика на менување на прописите. Агенција Про агенс - Скопје, тел: 02/ 3162-979 и 3229-479, kontakt@proagens.com.mk


ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА - „Инфо регистар“- деловни информации во е-форма. Работните информации во е-форма подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...). Инфо регистарот редовно се ажурира. ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ! Консалтинг услуги и е-комуникација Покрај Сетот на изданија, во цената на Годишната претплата за 2016 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens. mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса. Посебни поволности Со плаќањето на претплатата до крајот на 2015 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2016 година се стекнувате со право на ПОДАРОК - еден од Проагенсовите прирачници (најново издание). Привилегијата на претплатниците да добиваат значајни попусти за учество на нашите советувања и обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... Цена Цената на претплатата за 2016 година НЕ СЕ МЕНУВА - останува 14.900 денари. Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Напоменуваме дека покрај извршената уплата, потребно е да доставите и пополнета Претплатница до нас. Претплатницата ја користиме за аналитички и информативни цели, како и за точна комуникација преку пријавената електронска адреса. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 - 0503940101 - 43 кај НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: „Претплата за 2016 година“ и повикување на број: 453.

www.proagens.mk

ПРЕТПЛАТНИЦА - ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2016 Назив:________________________________________________________________________ (За друштво, установа, вршител на дејност - точен назив, за граѓанин - име и презиме) ЕДБ(МК): ___________________ Сметка: _____________________ Банка: _________________ Т-фон/Т-факс: _____________ улица и број (п.фах): __________________________________ е-маил: _________________________ skype.name: ________________ www._______________ Место: __________________ Број на порач. примероци: ______ Претплатнички број: ______ Име и презиме: _________________ Раб. место, служба: ____________ л. карта бр.: ________ ____________, ________, 201__ година Место и дата

МП

Потпис

________________



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.