11
НОЕМВРИ 2 0 1 6
S O D R @ I N A: СМЕТКОВОДИТЕЛИ / ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ 1) НАЈНОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ
www.proagens.mk
ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
6
ДДВ 2) УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
10
ДАНОК НА ДОБИВКА 3) НАЈНОВИ ДОПОЛНУВАЊА
НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
17
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ 4) ИЗВРШИТЕЛИТЕ И СТЕЧАЈНИТЕ УПРАВНИЦИ КАКО ОБВРЗНИЦИ
ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ И НОВА НАДЛЕЖНОСТ НА УЈП - ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ
22
БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ 5) ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ
СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)
25
СТАТУСНО ПРАВО 6) ПРЕНЕСУВАЊЕ И ЗАЛОЖУВАЊЕ НА УДЕЛ
КАЈ ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
35
ЈАВНИ НАБАВКИ 7) СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНИ УСЛУГИ
(СО ОСВРТ НА КОНСАЛТИНГ И СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ)
НА
1.850 денари
НА
ЈНО
ВО !
1.650 денари
НА
ЈНО
ВО !
ЈНО
46
ВО
!
1.950 денари
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4М-р Павле ГАЦОВ
Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
НАЈНОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 190/16 од 17 октомври 2016 година е објавена измена и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи 1 – шеста по ред (плус една укинувачка одлука на Уставниот суд на РМ). Законот влезе во сила со денот на објавувањето – 17.10.2016 година. Со оглед на големината на опфатот и важноста на најновите измени и дополнување на Законот со кој се уредува сметководствената професија кај нас, во продолжение ќе ги претставиме и коментираме најновите законски решенија.
Нов модел за влез во сметководствената професија – почетно стекнување со статус на сметководител / овластен сметководител Статус на сметководител / овластен сметководител во иднина ќе може да добие лице кое ги исполнило пропишаните услови (член 15 и 16) од Законот за вршење на сметководствени работи (во натамошниот текст: Законот) и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител издадено од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители (во понатамошниот текст: ИСОС). Според најновите измени, иницијалниот влез во професијата во иднина ќе се темели на исполнувањето на три услови: соодветно 1
економско образование, професионален стаж и платен надоместок. Почетниот влез во професијата повеќе не е условен со полагање на тнр. стручен испит. А) За почетно стекнување на статусот СМЕТКОВОДИТЕЛ потребно е исполнување на следните услови: 1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или 2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или 3) доказ (уверение) за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и
„Службен весник на РМ“, бр. 95/12 (во сила од 3-ти август 2012 г.), 188/13 (во сила од 8-ми јануари 2014 г.), 27/14 (во сила од 13-ти февруари 2014 г.), 154/15 (во сила од 04-ти септември 2015 г.), 192/15, 23/16 и 190/16; У. суд-102/13. 6
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
З
аконот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, што влезе во сила на 14 октомври 2016 (денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“, бр. 189/16), донесе две новини во врска со пресметувањето и една во врска со пријавувањето на овој данок. Имено, се дефинира даночен третман на услугата „обезбедување пристап до мрежа на електрична енергија“; се намали даночната стапка (од 18% на 5%) за промет на пелети, печки на пелети и котли на пелети и се предвиде измена во пополнувањето на ДДВ пријавата.
1. НОВО ДЕФИНИРАНА УСЛУГА „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСТАП ДО МРЕЖА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА“ Услугите во системот на ДДВ се оданочуваат според критериумот „место на промет“ кој може да биде во местото (седиштето) на давателот на услугата, во местото каде се извршува самата услуга или во местото (седиштето) на фактичкиот корисник. Во рамките на оваа трета група досега беа класифицирани 10 видови на услуги, а со дополнување на членот 14 став 3 од Законот за ДДВ (направено со најновите измени и дополнувања на Законот) во оваа група влезе и услугата „обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови“.
10
При утврдување на местото на промет треба јасно да се примени принципот на дестинација, односно како место на промет на услугата да се смета местото во кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена или, доколку такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште. Со ваквото дефинирање и законско лоцирање на услугата обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија, извршувањето на истата спрема лица кои се со седиште надвор од територијата на “земјата” ќе биде - без пресметување на ДДВ согласно со член 14 став 3 точка 11 од ЗДДВ. Овој промет ќе се прикажува во поле 07 од ДДВ Пријавата. Од друга страна, ако македонски даночен обврзник со седиште „во земјата“ прими ваков промет од странски субјект (кој во услови на исти даночни правила во VAT системот ќе биде без пресметан данок од добавувачот) за него настанува обврската по член 32 точка 4 од Законот за ДДВ, самиот да пресмета ДДВ 18%. вој промет ќе се прикажува во поле 09, О како износ на промет извршен од страна на даночни обврзници кои немаат с едиште во земјата, за кој данокот го пресметува примателот на прометот согласно член 32 точка 4 од Законот. ДДВ се внесува во поле 10 од ДДВ пријавата.
www.proagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
4М-р Павле ГАЦОВ
Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
НАЈНОВИ ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 190/16 од 17 октомври 2016 година е објавено дополнување на Законот за данокот на добивка 1 – трето по ред (плус едно автентично толкување на Собранието на РМ). Дополнувањето на Законот влезе во сила со денот на објавувањето – 17.10.2016 година, но ќе има одложена примена од 1 јануари 2017 година. Во продолжение ги претставуваме новите законски решенија.
1. Дефинирање на даночниот статус на трошоците за сместување и превоз на надворешни лица Со додавање на нова точка 3-а во членот 9 став 1 од Законот за данокот на добивка (во натамошниот текст: Законот) како даночно непризнаени расходи се сметаат: 3-а) трошоците за сместување (ноќевање или ноќевање со појадок) и превоз на лица кои не се вработени кај домашниот исплатувач, а кои се ангажирани во врска со извршувањето на работа кај исплатувачот во функција на неговата дејност, доколку истите не се документирани. Главен услов за евидентирањето на ваквите трошоци во сметководството на правното лице е истите да бидат документирани, односно за трошоците за сместување на лицето кое не е во работен однос кај правното лице-
обврзник на данокот на добивка да е поднесена фактура, сметка од хотел, односно друг објект за сместување, вклучувајќи го и појадокот. Истиот третман го имаат и евентуално направените трошоци за превоз на вакво лице, за кои е потребен соодветен сметководствен документ. Нагласокот дека овие „надворешни лица“ треба да бидат ангажирани за работа кај правното лице-обврзник на данокот на добивка во функција на неговата дејност објаснува дека признавањето за даночни цели не доаѓа предвид за трошоците што имаат приватна, односно лична природа за овие лица, едновремено станувајќи нефункционални за правното лице. Ваквиот услов не е нов и истиот има општ опфат уреден преку првата точка од членот 9 став 1 од Законот, со која за непризнаени расходи за даночни цели се сметаат: „расходите кои не се поврзани со вршење на дејност на субјектот, односно не се непосреден услов за извршување на таа дејност и не се последица од вршењето на таа дејност“. Да констатираме дека со ова дополнување се уредува оданочивост на направените трошоци за сместување и превоз на лицата кои не се во работен однос кај правното лице обврзник на данокот на добивка и кое се јавува во улога на исплатувач, без оглед на тоа што овие лица се ангажирани во функција на дејноста на правното лице, ако не е испочи-
„Службен весник на РМ“, бр. 95/12 (во сила од 3-ти август 2012 г.), 188/13 (во сила од 8-ми јануари
1
2014 г.), 27/14 (во сила од 13-ти февруари 2014 г.), 154/15 (во сила од 04-ти септември 2015 г.), 192/15, 23/16 и 190/16; У. суд-102/13.
ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2016
17
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
ИНФОРМАЦИЈА
ИЗВРШИТЕЛИТЕ И СТЕЧАЈНИТЕ УПРАВНИЦИ КАКО ОБВРЗНИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ И НОВА НАДЛЕЖНОСТ НА УЈП - ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ
П
оследните измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 142/08.... и 217/15, во понатамошниот текст: Законот за придонеси), се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 190 од 17 октомври 2016 година, а се однесуваат на пропишување на нова обврска/надлежност за: - извршителите, кои стануваат обврзници за пресметка и уплата на придонесите, по основ на судска пресуда од работен спор, почнувајќи од 1 јануари 2017 година (одложена примена на законските промени, кои влегуваат во сила на 17 октомври 2016 година), - стечајните управници, кои стануваат обврзници за пресметка и уплата на придонесите, за месеците пред отварање на стечајната постапка, почнувајќи од 17 октомври 2016 година (денот на објавувањето на законските промени) и - Управата за јавни приходи, која може да врши утврдување на придонесите по службена должност во специфични случаи, почнувајќи од 17 октомври 2016 година (денот на објавувањето на законските промени).
звршителите како обврзници И за пресметка и уплата на придонеси од 1.1.2017 г. Со дополнувањето на членот 13 на Законот за придонеси, со нова точка 13, извршителите, за обврзникот за плаќање (вработениот), за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда, стануваат обврз-
22
ници за пресметка и уплата на придонесите, почнувајќи од 1.1.2017 година, според членот 5 на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси („Службен весник на РМ“, бр. 190/16). о овие случаи, основицата за пресметка В на придонесите, ќе биде основицата за придонеси утврдена во судската пресуда, согласно со новата точка 15 во членот 14 на Законот за придонеси. Извршителите, според новиот став 3 на членот 18 на Законот за придонеси, се должни месечната пресметка (МПИН) до Управата за јавни приходи да ја достават во рок од пет дена по денот на спроведеното извршување од парични средства од обврзникот за пресметка и уплата на придонесите (работодавачот), по електронски пат, на начин утврден со Правилникот за начинот на пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 149/08, 145/09 и 58/11). Пред да се изврши уплатата на придонесите кај носителот на платниот промет, месечната пресметка ја контролира и потврдува Управата за јавни приходи. Според законодавецот, законските промени произлегуваат од практични проблеми и имаат за цел побрза и поефикасна постапка за наплата на социјалните придонеси и зголемување на сигурноста на граѓаните за остварување на правата од задолжително социјално осигурување. Имено, според образложението на законодавецот, извршителот согласно со Законот за извршување извршува судски пресуди од работни спорови и наплатува парични средства за придонеси од должникот - работодавач, кои не може да ги уплати на уплатните
www.proagens.mk
БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)
ПРАВО НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ ШТО СЕ СМЕТА СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)
П
равото на пресметување на стаж на осигурување што се смета со зголемено траење (т.н. бенефициран стаж) е регулирано со Законот за пензиското и инвалидското осигурување - ЗПИО („Службен весник на РМ“, бр. 98/12.... и 132/16).
тажот на осигурување што се смета со згоС лемено траење (бенефициран стаж) е право на: - осигурениците кои работат на особено тешки и по здравјето штетни работни места, - осигурениците кои работат на работни места на кои по наполнувањето на определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност. тепенот на зголемувањето на стажот на С осигурување зависи од тежината на штетноста на работата, односно од природата на работата, така што работните места се распоредуваат во пет групи, со тоа што секои 12 месеци ефективна работа, се смета како: 14 месеци, 15 месеци, 16 месеци, 17 месеци и 18 месеци стаж на осигурување.
ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2016
о придонесот за стажот на осигурување С што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) се обезбедуваат средства за покривање на зголемените обврски на пензиското и инвалидското осигурување, кои настануваат поради сметањето на стажот на осигурувањето со зголемено траење и намалувањето на старосната граница за стекнување со право на старосна пензија.
аботни места кои се особено тешки Р и штетни по здравјето на осигурениците Како работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, затоа што работата на нив е особено тешка и штетна по здравјето, може да се утврдат работните места на кои се исполнети следниве услови: 1) во врска со извршувањето на работите на работните места да постојат позначителни штетни влијанија врз здравствената состојба и врз работната способност на работниците и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени со прописите, како и другите мерки што можат да влијаат врз отстранувањето и намалувањето на штетните влијанија; 2) работите на работните места под тешки и по здравјето штетни услови да се
25
СТАТУСНО ПРАВО
4Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРЕНЕСУВАЊЕ И ЗАЛОЖУВАЊЕ НА УДЕЛ КАЈ ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
1. ВОВЕД
И
ако според основните параметри, друштвото со ограничена одговорност спаѓа во категорија на капитални друштва (има утврден основачки капитал и соодветна одговорност на друштвото за обврските во правниот промет), во својата поставеност синтетизира и определени особености на персонални друштва: силно влијание на членството (содружниците) врз управувањето и водењето на деловната политика на друштвото, како и во однос на промените на членството. Промените на членството во друштвото со ограничена одговорност го актуелизираат прашањето за можното располагање со уделот. Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД),1 става голем акцент врз диспозитивниот карактер на уредување на ова прашање.
2. ПОИМ НА УДЕЛ Според законската дефиниција на поимот удел од членот 3 став 1 точка 49 од ЗТД, “удел во друштвото” е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност. 1
Посебно, за уделот на содружник во друштвото со ограничена одговорност (понатаму: ДОО) со член 193 од ЗТД е пропишано дека уделот на содружник во друштвото се определува според големината на влогот што го презел содружникот, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е определено. При тоа содружникот може да има само еден удел во друштвото а ако преземе и друг удел, неговиот удел се зголемува за преземениот удел. Имајќи го предвид претходното, уделот во ДОО како севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на внесување влог (права, ствари, пари, и / или заем, односно дополнителна доплата, коишто согласно со одредбите од ЗТД се трансформираат во влог) во основната главнина на друштвото, всушност го изразува учеството (членството) на содружникот во друштвото.
3. РЕЖИМ НА РАСПОЛАГАЊЕ СО УДЕЛ 3.1. Форми на располагање Во членот 197 ставови 2 и 6 и член 199 од ЗТД се пропишани формите на раполагање со уделот. Уделот на содружникот во ДОО може да се: a) пренесе: • со договорот за пренос на удел,
„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. Толкувaње: 6/16, 30/16 и 61/16; Укинати членови на ЗТД со Одлуки на Уставниот суд на РМ: 71/06, 17/09, 23/09, 8/11 и 21/11.
ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2016
35
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Др. Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНИ УСЛУГИ (СО ОСВРТ НА КОНСАЛТИНГ И СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ)
С
истемот на јавни набавки во Република Македонија е уреден со Законот за јавните набавки, во натамошниот текст: „Закон“ („Службен весник на РМ“, бр. 136/07, ... и 120/16), како и со бројни подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.
1. ПОСТАВЕНОСТ НА СИСТЕМОТ ПРЕКУ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Со актуелниот Закон за јавните набавки се уредуваат начинот и постапките за доделување на договорите за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, надлежностите на Советот за јавни набавки, основањето и надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, како и за концесии и јавно приватно партнерство. Поважните подзаконски и други акти кои ја уредуваат оваа материја се: Уредба за услугите кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги („Службен весник на РМ”, бр. 157/07) Уредба за видовите на активности на градење кои се предмет на договорите за јавни набавки на работи („Службен весник на РМ”, бр. 158/07) Одлука за утврдување на индикативен список на договорни органи („Службен весник на РМ”, бр. 159/07 и 74/09) Правилник за содржината на тендерската документација („Службен весник на РМ”, бр. 19/08 и 162/14) 46
Правилник за формата и содржината на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 154/07) Правилник за постапката на отворањето на понудите и образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на РМ“, бр. 154/07) Правилник за формата и содржината на огласот, известувањето за поништување на постапката и образецот на евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди („Службен весник на РМ”, бр. 161/09) Правилник за начинот на проценување на вредноста на договорите за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 154/07) Правилник за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 18/14) Правилник за формата и содржината на огласите и известувањата за доделувањето на дого-ворите за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 161/09) Правилник за формата и содржината на образецот на Извештајот од спроведената постапка („Службен весник на РМ”, бр. 36/08; 155/10 и 162/14) Правилник за програмата, начинот на спроведување на испитот, висината на надоместокот, како и формата и содржината на потврдата („Службен весник на РМ”, бр. 18/11) Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 84/12) www.proagens.mk