НОВО!
2018
Годишна ПАКЕТ претплата
на Проагенсовите изданија за 2018 година!
З
аради намалување на финансиската изложеност на клиентите (КПУ обуки), но и заради подобрување на квалитетот на услугите, тимот на Про Агенс формираше ПАКЕТ ПОНУДА за ПРЕТПЛАТА за 2018 година со единствена содржина:
ПАКЕТ ПОНУДА за ПРЕТПЛАТА за 2018 година НОВО: ВАУЧЕР за 8 КПУ часови бесплатна посета на КПУ во траење од 8 часа
Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма Е-написи за одделни интересни важни теми
12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално печатено издание со посебни делови за буџетски корисници и непрофитни субјекти
Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание
НОВО: 12 броеви ИНФО-КПУ, електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменето за професионално усовршување
КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот
ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (ПОДАРОК по избор, печатено издание)
ДРУГИ БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL составување на годишната сметка/ ФИ, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ, ...
НОВО: EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ
НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk и е-вести за брзи и важни известувања
Цена на ПАКЕТОТ ПРЕТПЛАТА за 2018 година со вклучен Ваучер за КПУ, и Прирачникот-подарок изнесува 14.900 денари (со ДДВ и бесплатна достава)!
!
ПАКЕТОТ ПРЕТПЛАТА за 2018 година, ќе ја има полната содржина само ако истата се плати заклучно со крајот на 2017 година! За буџетските корисници рокот за плаќање е 31 јануари 2018 година!
www.proagens.mk
СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ - ПРЕТПЛАТА за 2018 година
ЗА СИТЕ СУБЈЕКТИ - ВАУЧЕР за 8 КПУ часови (бесплатна посета на КПУ во траење од 8 часа) - ДВА сета на СТРУЧНИ изданија со различна содржина 12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално издание во печатена форма 12 броеви ИНФО-КПУ, НОВО електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменети за професионално усовршување - Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма - Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание - ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (подарок по избор, печатено издание) - КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот - НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk - БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL (составување на годишната сметка и финансиските извештаи, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ) - е-написи за одделни интересни и важни теми, преку нашата интернет страна - е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - Посебен дел на Информаторот: БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - ПРИРАЧНИК за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание - ПРВ ПАТ - EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ КПУ!
!
Ваучер за 8 КПУ часови Ваучерот дава можност за присуство на КПУ обука за овластени сметководители / сметководители за едно лице во траење од 8 КПУ часови. Може да се искористи до крајот на 2017 или во 2018 година. Инфо-КПУ - месечно електронско издание, достапно на нашата интернет страна (НОВО) Изданието е посветено на сметководствената професија, овластените сметководители и сметководителите. Покрај информациите и тематските текстови во врска со професијата и програмата на ИСОС, содржи и теми од одржани КПУ обуки, потоа презентации од обуките, примери од пракса, решенија на зададени дилеми од КПУ обуките, потенцијални прашања и одговори за симулиран испит за проверка на знаењето и сл.
ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ!
Информатор – месечно печатено издание Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право, ... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (посебни текстови за буџетски корисници),... Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. Инфо регистар (печатено + електронско издание) Папка која ги собира работните информации подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...) која освен основната влошка содржи и редовни месечни ажурирања (достапни на нашата веб страна). Про економија Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ И Е-КОМУНИКАЦИЈА Покрај Сетот на НОВИ и СТАРИ изданија, во цената на Годишната претплата за 2018 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса и - можност за директни средби. ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ Со плаќањето на претплатата до крајот на 2017 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2018 година, се стекнувате со право на: Ваучерот за 8 КПУ часови и Прирачникотподарок. Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања, како и на други обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... ЦЕНА
!
Цената на ПАКЕТОТ претплата за 2018 година изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 050 394 01 01 43 кај НЛБ банка, со цел на дознака: „Претплата за 2018 година“ и повикување на број: 499. Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“ - Скопје ул. „Наум Наумовски - Борче“, бр. 68/4; п.фах: 272 тел: 02/ 3162-979 и 3298-763 kontakt@proagens.com.mk, www.proagens.mk
11
НОЕМВРИ 2 0 1 7
S O D R @ I N A:
www.proagens.mk
ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ 1) СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
7
ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА 2) ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА
23
ЗАНАЕТЧИСТВО/ДАНОЦИ 3) ВРШЕЊЕ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ И НАЧИН НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ОСТВАРЕНИТЕ ПРИХОДИ
27
ДАНОЦИ 4) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРОМЕТОТ ПОВРЗАН СО СТАНОВИ И СТАНБЕНИ ЗГРАДИ
48
СТАТУСНО ПРАВО 5) ПРЕНЕСУВАЊЕ И ЗАЛОЖУВАЊЕ НА УДЕЛ КАЈ ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
60
БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ 6) ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)
71
ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
O
бврската за попис кај корисниците и единките корисници на средства од буџетите, кај буџетите на фондовите како и другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџети е предвидена со членот 21 од Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 61/02, ... и 145/15 - во натамошниот текст: „Законот“). Според членот 21 од Законот, „буџетите и буџетските корисници се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на своите побарувања и обврски со состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември освен сметководството на Буџетот на Република Македонија и сметководството на буџетите на единиците на локалната самоуправа, на начин пропишан од страна на министерот за финансии“. Пропишаниот начин на вршење на пописот е составен дел на Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 28/03, ... и 101/13), во натамошниот текст: „Правилникот“. Според членот 29 од Правилникот, со пописот треба да се утврди состојбата на паричните средства, хартиите од вредност, материјалните и нематеријалните средства (кои се во употреба, вон употреба и во подготовка), материјалите, резервните делови, ситниот ин-
ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2017
вентар, побарувањата, обврските, средствата на други субјекти кои се наоѓаат кај буџетите и буџетските корисници и сопствените средства на буџетите и буџетските корисници кои се наоѓаат кај други субјекти на 31 декември. По потреба, попис може да се изврши и во пократок рок, обично при статусни промени, примопредавање на должност и во други случаи. Од друга страна, буџетските корисници кои вршат книжарска или библиотекарска дејност, за нивните специфични средства (книги, документи, филмови, фотоси, архивска граѓа и слично) можат да вршат попис во рок кој не е подолг од 5 години.
1. ФОРМИРАЊЕ НА ПОПИСНА КОМИСИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИСОТ Согласно со членот 30 од Правилникот, во функција на спроведување на пописот, секој буџетски корисник, благовремено треба да формира пописни комисии. уџетите и буџетските корисници формиБ раат потребен број постојани или повремени комисии за попис, ги определуваат работите што треба да ги изврши комисијата за попис и лицата кои материјално се задолжени за средствата што се попишуваат и нивните непосредни раководители, го определуваат датумот кога започнува пописот, времето за вршење на попис и рокот за доставување на извештајот за извршениот попис со приложените пописни листи, со тоа што рокот за доставувањето на овој извештај и пописните
7
ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА
Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник
и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА
И
ако со предложените измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход, кои во моментот на пишувањето на овој текст се во собраниска процедура е предвидено воведување на режим на плаќање данок по одбивка за приходите што граѓаните ги остваруваат од продажба на сопствени земјоделски производи на правни и физички лица што вршат дејност, односно на граѓани, надвор од зелените пазари, до износот од 1.000.000 денари годишно, сепак актуелното решение за паушално оданочување на приходите од вршење на земјоделска дејност останува во примена за 2017 година. Во текстот во продолжение потсетуваме на обврските поврзани со оданочувањето на приходите остварени од вршење на земјоделска дејност. 1 Законот за персоналниот данок на доход оданочувањето на приходите од земјоделска дејност го уредува во рамки на точката 3 која се однесува на Приходите од самостојна дејност. Токму издвоеноста на овие приходи од приходите од самостојна дејност резултира со посебна „технологија“ на нивно пријавување и пресметување (член 31-а). За разлика од „обичните“ самостојни вршители на дејност кои за паушално оданочување се пријавуваат ОДНАПРЕД - до крајот на тековната година (31 декември) за наредната година како даночен период, вршителите на земјоделска дејност, тоа го прават ОТПОСЛЕ. 1
Пријавувањето за паушално оданочување на вршителите на земјоделска дејност трае до крајот на месец јануари тековната година, а се однесува за годината што изминала. Овој текст е посветен на паушалното оданочување на вршителите на земјоделска дејност.
Даночен обврзник на приходите од земјоделска дејност Обврзници на данокот на доход за приходите од земјоделска дејност се: - граѓани запишан во Регистарот на индивидуални земјоделци (овој Регистар го води Управата за јавни приходи); - лица кои се во работен однос или се пензионери, а се занимаваат со земјоделска дејност; - лица кои се сопственици на земјоделско земјиште, или истото го користат како роднини од прв наследен ред или остваруваат приход од земјоделско земјиште кое е земено под закуп, концесија или земјиштето го обработуваат по некој друг основ и - лица кои остваруваат приходи од одгледување на добиток и други стопанскокорисни животни.
„Службен весник на РМ“, бр. 80/93; испр. 3/94; 70/94; У. суд на РМ, У. бр. 27/96 во 31/96; У. суд на РМ, У. бр. 43/96 во 40/96; 71/96; 28/97; У. бр. 222/97 во 2/99; 8/01; 50/01; испр. 52/01; 2/02; 44/02, 96/04; 120/05; 52/06; 74/06 (преч. текст); 139/06; испр. 06/07; 160/07; 159/08; 20/09; 139/09; 171/10; 135/11; 166/12; 187/13; 13/14; 116/15, 129/15 (две измени), 199/15 и 23/16.
ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2017
23
занаетчиство/ДАНОЦИ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ВРШЕЊЕ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ И НАЧИН НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ОСТВАРЕНИТЕ ПРИХОДИ
ВОВЕД
З
анаетчиската дејност, која подразбира занаетчиско производство, вршење на занаетчиски услуги и дејност на домашно и уметничко занаетчиство, е регулирана со Законот за занаетчиство („Службен весник“, бр. 215/15), кој во декември 2015 година го замени претходниот Закон за вршење на занаетчиска дејност (“Службен весник“, бр. 62/04, 55/07, 115/10, 36/11, 53/11, 164/13 и 129/15). Постоечките прописи, донесени врз основа на претходниот закон, се применуваат до донесувањето на нови подзаконски прописи. Неодамна, во август 2017 година, во „Службен весник на РМ“, бр. 104/17, се објавени неколку нови подзаконски прописи, кои го уредуваат занаетчиското работење согласно со новиот закон. Тоа се следните прописи: - П равилник за минимално техничките услови кои треба да ги исполнуваат просториите во кои се врши занаетчиска дејност (од 08.08.2017 година го замени претходниот пропис: Правилник за исполнување на минимално технички услови за вршење на занаетчиска дејност, објавен во „Службен весник“, бр. 87/04); - П равилникот за определување на занаетчиските дејности за чие вршење не е потребно соодветно стручно образование и соодветно стручно оспособување (со овој пропис, од 08.08.2017 година престана да важи Листата број 4 - Занаетчиски дејности за кои не е потребно соодветно ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2017
образование од постоечкиот пропис: Правилник за определување на дејностите кои може да ги вршат занаетчиите, објавен во „Службен весник“, бр. 87/04, 14/08 и 44/09); - Правилник за определување на занаетчиски дејности кои треба задолжително да се вршат во простории
( од 08.08.2017 година го замени претходниот пропис: Правилник за определување на занаетчиски дејности кои задолжително се вршат во простории, објавен во „Службен весник“, бр. 87/04 и 44/09);
- Правилник за формата и содржината на барањето за упис во Занаетчискиот регистар
( од 08.08.2017 година го замени претходниот пропис: Правилник за формата и содржината на барањето за донесување на решение за упис во Регистарот на занаетчии и формата и содржината на барањето за донесување на решение заради неизвршен упис во Регистарот на занаетчии односно недонесување на решение за одбивање на барањето за упис во Регистарот на занаетчии, објавен во “Службен весник“, бр. 138/11);
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на Занаетчискиот регистар (од 08.08.2017 година го замени претходниот пропис: Правилник за формата и содржината на Регистарот на занаетчии, објавен во “Службен весник“, бр. 87/04); 27
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРОМЕТОТ ПОВРЗАН СО СТАНОВИ И СТАНБЕНИ ЗГРАДИ
С
тановите и станбените згради се добра чиј промет е посебно уреден со Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 189/16). Самиот факт што прометите поврзани со становите се уредени и со специфичниот член 23 за даночни ослободувања, но и со членот 30 за даночни повластувања, го усложнува нивниот даночен третман. Имено, согласно членот 23 точка 1 од Законот за данокот на додадена вредност (во натамошниот текст: „Законот“) ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходен данок е прометот на станбени згради и станови, во оној дел, во кој истите се користат за станбени цели, со исклучок на првиот промет, кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата. Од цитираната одредба на член 23 точка 1 од Законот, произлегува дека не важи даночното ослободување и се применува оданочување, ако се исполнети кумулативно условите: - да се работи за прв промет,
02/ 3162-979 i 3298-763
- предмет на промет да се станбени згради и станови, предвидени за користење за станбени цели и - прометот да се изврши во период до пет години по изградбата. Оданочувањето, во наведениот случај, според актуелниот член 30 став 1 точка 14 од Законот, се врши со повластената стапка на ДДВ (5%). Инаку, и даночната стапка за оданочување на становите и станбените згради (за првиот промет) се менуваше повеќе пати во системот на ДДВ: најнапред, од започнувањето со примена на Законот за ДДВ (01.04.2000 година) важеше општата стапка на ДДВ - 19% (паралелно со условено даночно ослободување за отпочнати градби пред воведување на системот за ДДВ), потоа се воведе даночно повластената стапка (5%), па следеше период на повторно оданочување со општата стапка на ДДВ – (18%) и сега, според измените на Законот за ДДВ од 11.11.2009 година, повторно се применува повластената стапка од 5%. Меѓутоа и последното решение е времено, со оглед дека применувањето на повластената стапка (5%) е предвидено заклучно до 31.12.2018 година.
ПРОМЕТ НА СТАНОВИ И СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ (со исклучок на прв промет, до 5 години по изградбата) Период на важење Даночна стапка Објавено во: Ослободено Од 01.04.2000 ... од ДДВ по чл. 23 „Службен весник на РМ“, бр. 44/99 ст. 1 т. 1 од ЗДДВ 48
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРЕНЕСУВАЊЕ И ЗАЛОЖУВАЊЕ НА УДЕЛ КАЈ ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
1. ВОВЕД
И
ако според основните параметри, друштвото со ограничена одговорност спаѓа во категорија на капитални друштва (има утврден основачки капитал и соодветна одговорност на друштвото за обврските во правниот промет), во својата поставеност синтетизира и определени особености на персонални друштва: силно влијание на членството (содружниците) врз управувањето и водењето на деловната политика на друштвото, како и во однос на промените на членството. Промените на членството во друштвото со ограничена одговорсност го актуелизираат прашањето за можното располагање со уделот. Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД), 1 става голем акцент врз диспозитивниот карактер на уредување на ова прашање.
удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност“. Посебно, за уделот на содружник во друштвото со ограничена одговорност (понатаму: ДОО) со член 193 од ЗТД е пропишано дека уделот на содружник во друштвото се определува според големината на влогот што го презел содружникот, освен ако со договорот за друштвото поинаку не е определено. При тоа содружникот може да има само еден удел во друштвото а ако преземе и друг удел, неговиот удел се зголемува за преземениот удел. Имајќи го предвид претходното, уделот во ДОО како севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на внесување влог (права, ствари, пари и / или заем, односно дополнителна доплата, коишто согласно со одредбите од ЗТД се трансформираат во влог) во основната главнина на друштвото, всушност го изразува учеството (членството) на содружникот во друштвото.
2. ПОИМ НА УДЕЛ Според законската дефиниција на поимот удел од членот 3 став 1 точка 49 од ЗТД „удел во друштвото“ е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден 1
GODI[EN PAKET PRETPLATA 2018 КПУ 8 ЧАСА!
- INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
14.900 denari
„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. толкувaње: 6/16, 30/16 и 61/16; Укинати членови на ЗТД со Одлуки на Уставниот суд на РМ: 71/06, 17/09, 23/09, 8/11 и 21/11.
60
www.proagens.mk
БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ) ПРАВО НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ ШТО СЕ СМЕТА СО ЗГОЛЕМЕНО ТРАЕЊЕ (БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ)
П
равото на пресметување на стаж на осигурување што се смета со зголемено траење (т.н. бенефициран стаж) е регулирано со Законот за пензиското и инвалидското осигурување - ЗПИО („Службен весник на РМ“, бр. 98/12.... и 132/16).
тажот на осигурување што се смета со згоС лемено траење (бенефициран стаж) е право на: - осигурениците кои работат на особено тешки и по здравјето штетни работни места, - осигурениците кои работат на работни места на кои по наполнувањето на определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност. тепенот на зголемувањето на стажот на С осигурување зависи од тежината на штетноста на работата, односно од природата на работата, така што работните места се распоредуваат во пет групи, со тоа што секои 12 месеци ефективна работа, се смета како: - 14 месеци, - 15 месеци, - 16 месеци, - 17 месеци и - 18 месеци стаж на осигурување.
ИНФОРМАТОР 11 I НОЕМВРИ 2017
о придонесот за стажот на осигурување С што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) се обезбедуваат средства за покривање на зголемените обврски на пензиското и инвалидското осигурување, кои настануваат поради сметањето на стажот на осигурувањето со зголемено траење и намалувањето на старосната граница за стекнување со право на старосна пензија.
аботни места кои се особено Р тешки и штетни по здравјето на осигурениците Како работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, затоа што работата на нив е особено тешка и штетна по здравјето, може да се утврдат работните места на кои се исполнети следниве услови: 1) во врска со извршувањето на работите на работните места да постојат позначителни штетни влијанија врз здравствената состојба и врз работната способност на работниците и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени со прописите, како и другите мерки што можат да влијаат врз отстранувањето и намалувањето на штетните влијанија; 2) работите на работните места под тешки и по здравјето штетни услови да се
71