ИНФОРМАТОР БРОЈ 12 ОД 2015 ГОДИНА

Page 1


2015

INFORMATOR И ЛЖ О Д ЗА

www.proagens.mk

О!

ЛН ТЕ

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

2

НО ВО !

!

12

ПРИРАЧНИКА ЗА СЕКОЈ ПОСЕТИТЕЛ!

PRILEP, hotel “КРИСТАЛ ПАЛАС” na 26. 01. 2016 godina, (vtornik) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 01. 02. 2016 godina, (ponedelnik) [TIP, hotel “ОАЗА” na 02. 02. 2016 godina, (vtornik) Bugarija - Sandanski, hotel “INTERHOTELSANDANSKI” od 04. 02 do 07. 02. 2016 godina, (~etvrtok-nedela) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 09. 02. 2016 godina, (vtornik)

DEKEMVRI

2015


Izdava~:

2015

Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 09.12.2015 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


12

ДЕКЕМВРИ

www.proagens.mk

S O D R @ I N A:

ПОПИС 1) ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2015 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

8

ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО 2) ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

30

ПОПИС - БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 3) СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

48

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 4) ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2016-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ

64

ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ 5) 31 ДЕКЕМВРИ 2015 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ ЗА 2016 ГОДИНА

70




Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2015 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

ВОВЕД

З

а да ја усогласат стварната состојба на средствата (имотот) и обврските со сметководствената состојба, деловните субјекти се обврзани најмалку еднаш годишно - на крајот на годината, да извршат попис на средствата и обврските. (Со свој општ акт, субјектите можат да предвидат пописот на определени средства да се врши и во пократки периоди во текот на годината.) Задолжителното усогласување на состојбата на средствата и обврските, преку попис, е предвидено со сите прописи кои ја уредуваат сметководствената проблематика на одделните категории обврзници. Денот под кој се врши пописот како и времето на пописот и рокот до кога истиот мора да биде завршен, се определува со посебна интерна Одлуката за попис. За профитните субјекти, денот на пописот не е законски определен, за самостојните вршители на дејност (согласно со Законот за персоналниот данок на доход), само е предвидено тоа да биде на почетокот или крајот на годината, додека за непрофитните организации и буџетските корисници, пропишаниот датум е 31.12. Законот за сметководството на непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15), кој се однесува на стопанските интересни заедници, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заед-

ници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, доколку поинаку не е регулирано со друг пропис, обврската за попис ја предвидува во членот 16 од овој закон, кој гласи: „Непрофитните организации се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември, на начин пропишан од страна на министерот за финансии.“ Прописот во кој подетално е уреден пописот за непрофитните организации е Правилникот за сметководството за непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 42/03, ... и 175/11), во кој материјата за пописот е уредена на сличен начин како и кај буџетските корисници. GODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

8

14.900 denari

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

(Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

1. ВОВЕД

П

равните субјекти реализирајќи го своето деловно работење во правниот промет стапуваат во најразлични меѓусебни односи кои за предмет имаат настанување на соодветни права и обврски. Исполнувањето на обврските од воспоставените односи обично е врзано со одредени рокови, кои, доколку не се почитуваат, може да предизвикаат режим на присилна наплата. Присилната наплата е можна само доколку побарувањето не е застарено.

За правилно постапување на пописната комисија во рамките на обврската да даде оценка за секое побарување и обврска и во таа насока да обрне посебно внимание на побарувањата / обврските кои се сомнителни, спорни, ненаплативи и застарени, од интерес е познавањето на институтот застареност, на неговите правни карактеристики, особено траењето на роковите на застареност на одделните побарувања и обврски, како основ за нивен правилен третман од аспект на отпишувањето. Правниот институт застареност е уреден со Законот за облигационите односи 1 - ЗОО (член 349 - член 382). Одредби за посебни рокови на застареност на одделни обврски, покрај во ЗОО, се содржани во други бројни законски прописи. 1

Во текстот се опфатени следните аспекти на застареноста: - функција на рокот на застареност, - м омент на настапување на застареноста и последици од истата, - посебни рокови на застареност, - д ејство на исполнување на застарена обврска, - прекинување на застарувањето, - застој на застарувањето и - п ресметување на казнена камата поради задоцнување на должникот со исполнување на обврска. Освен роковите на застареност на побарувањата и обврските што произлегуваат од облигационите односи (договори во трговскиот промет), во текстот се опфатени и роковите на застареност на определени имотни и сопственички односи уредени со статусно-правни норми, на обврските кои имаат карактер на јавни давачки, на обврсите од работните односи ... (согласно: Законот за трговските друштва, Законот за даночна постапка, Законот за административните такси, Законот за комуналните такси, Царинскиот закон, Законот за работните односи, Законот за финансиска дисциплина и другите закони).

kontakt@proagens.com.mk

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01; Уст. суд-78/01; 4/02; Уст. суд-59/02; 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13.

30

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

O

бврската за попис кај корисниците и единките корисници на средства од буџетите, кај буџетите на фондовите како и другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите е предвидена со членот 21 од Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници (“Службен весник на РМ”, бр. 61/02 и 145/15 - во натамошниот текст: “Законот”).

*** Според членот 21 “буџетите и буџетските корисници се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на своите побарувања и обврски со состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември освен сметководството на Буџетот на Република Македонија и сметководството на буџетите на единиците на локалната самоуправа, на начин пропишан од страна на министерот за финансии.” Пропишаниот начин на вршење на пописот е составен дел на Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници (“Службен весник на РМ” бр. 28/03, 62/06, 08/09, 175/11 и 101/13), во натамошниот текст: “Правилникот”. Според членот 29 од Правилникот, со пописот треба да се утврди состојбата на паричните средства, хартиите од вредност, материјалните и нематеријалните средства (кои се во

48

употреба, вон употреба и во подготовка), материјалите, резервните делови, ситниот инвентар, побарувањата, обврските, средствата на други субјекти кои се наоѓаат кај буџетите и буџетските корисници и сопствените средства на буџетите и буџетските корисници кои се наоѓаат кај други субјекти на 31 декември. о потреба, попис може да се изврши и П во пократок рок, обично при статусни промени, примопредавање на должност и во други случаи. Од друга страна, буџетските корисници кои вршат книжарска или библиотекарска дејност, за нивните специфични средства (книги, документи, филмови, фотоси, архивска граѓа и слично) можат да вршат попис во рок кој не е подолг од 5 години.

1. ФОРМИРАЊЕ НА ПОПИС НА КОМИСИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИСОТ огласно со членот 30 од Правилникот, во С функција на спроведување на пописот, секој буџетски корисник, благовремено треба да формира пописни комисии. Буџетите и буџетските корисници формираат потребен број постојани или повремени комисии за попис, ги определуваат работите што треба да ги изврши комисијата за попис и лицата кои материјално се задолжени за средствата што се попишуваат и нивните непосредни раководители, го определуваат датумот кога започнува пописот, времето за вршење на попис и рокот за доставување на извештајот за извршениот попис со приwww.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4

Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2016-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ

Н

аменско, рационално, ефикасно и економично користење на средствата на буџетот, од страна на буџетските корисници и единките корисници, се обезбедува со посебен Закон за извршување на Буџетот на РМ. Во „Службен весник на РМ“, бр. 209 од 26 ноември 2015 година е објавен Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година (во понатамошниот текст: Законот), со кој, како и секоја година, се наложува преземање на обврски и правење расходи, без надминување на одобрениот лимит со Буџетот. 1

ИЗВРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ БУЏЕТ Буџетските корисници од централната власт можат да ги користат средствата само доколку во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот до Трезорот при Министерството за финансии достават годишен финансиски план по квартали за користење на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки. Б уџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до секоја единка корисник, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Буџетот, да достават извадок од годишниот финансиски план по сметки, програми, потпрограми и ставки, во кој се

1

содржани одобрените средства за одделните единки корисници. Врз основа на извадокот, единките корисници изготвуваат свој финансиски план по квартали, сметки, програми, потпрограми и ставки, кои имаат обврска да го достават до надлежното министерство, а надлежното министерство консолидираниот финансиски план да го достави до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот. Во текот на годината, буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се работи за расходи кои не можеле да бидат навремено планирани и за истото е потребно да се достави образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали. В рз основа на годишниот финансиски план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот при Министерството за финансии најдоцна пет дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување.

Буџетските корисници од централната власт - министерствата кои во својот состав имаат единки корисници се должни да го контролираат наменското и законитото користење на средствата со кои располагаат единките корисници.

64

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

М-р Павле ГАЦОВ Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

31 ДЕКЕМВРИ 2015 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ ЗА 2016 ГОДИНА Даночен обврзник - вршител на самостојна дејност

С

огласно со одредбите на членот 31 од Законот за персоналниот данок на доход, самостојните вршители на дејност кои ги исполнуваат законските услови имаат право на паушално оданочување. 1 Паушалното оданочување претставува опција за условно финансиски послабите физички лица и истото е пандан на оданочувањето според вистински остварениот нето-приход што се прави преку составување на Годишен даночен биланс - образец ПДД-ДБ. За вршителите на земјоделска дејност правото на паушално оданочување е уредено со членот 31-а од Законот за персоналниот данок. Во овој текст го третираме паушалното оданочување на самостојните вршители на дејност. За земјоделците паушалисти пишуваме во посебен текст во овој број на списанието „Информатор“.

Категоријата физички лица-вршители на самостојна дејност ги опфаќа следните обврзници на персоналниот данок на доход кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност: - трговец-поединец, - физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност,

- физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и - лица кои вршат услуги или слободни занимања. Трговец-поединец е физичко лице кое во вид на занимање, врши трговска дејност определена во Законот за трговски друштва, кој одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот. Својството на трговец-поединец се стекнува со упис во Трговскиот регистар, кој се води во Централниот регистар на Република Македонија. Не се сметаат за трговци според ЗТД, туку како вршители (физички лица) кои остваруваат приходи од самостојна дејност: - физички лица кои вршат земјоделска и шумарска дејност (индивидуални земјоделци); - занаетчии 2 и физички лица кои вршат услуги, освен ако нивната дејност може да се определи како претпријатие; - физички лица кои вршат угостителски услуги - издавање соби во своите живеалишта и - физички лица кои се занимаваат со слободни занимања (адвокати, нотари, лекари и други). Сите физички лица кои остваруваат приходи од самостојна дејност, се должни својата

1

Додека не се изврши облог со данок во паушален износ самостојниот вршител на дејност (член 100 од ЗПДД поврзано со член 31 од истиот закон) е должен да плаќа аконтација според решението за облог со данок од претходната година.

2

Согласно со Законот за вршење на занаетчиска дејност („Сл. весник“, бр. 62/04, 55/07, 115/10, 36/11, 53/11, 164/13 и 129/15), под занаетчиска дејност се подразбира: 1) занаетчиско производство, 2) вршење на занаетчиски услуги, 3) уметничко занаетчиство и 4) домашно ракотворење.

70

www.proagens.mk


О!

ЕЛН У Т АК

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА 14.900 денари

П

рофесионалните совети се главна потпора за носителите на деловни одлуки. Како врвни професионалци, повеќе од 20 години успешно се грижиме за намалување на ризиците при одлучувањето на нашите клиенти. Продолжуваме истото да го правиме и во 2016 г.

Обезбедуваме „компаниска заштита“ за области кои редовно се поврзуваат со нас: даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Не сме виртуелна фирма, ниту пак нечии апологети. Своите ставови ги изведуваме компетентно и професионално врз основа на пишуваните легислативи. Затоа сме и почитувани. Ви ја нудиме нашата поддршка и во 2016 година! Долгата традиција на континуирана успешна соработка како и нашата целосна посветеност на интересите на нашите претплатници е најдобра гаранција за довербата во квалитетот на нашите списанија, услуги, советувања и посебните изданија. Статусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. Годишната претплата за 2016 година го вклучува познатиот СЕТ на ИЗДАНИЈА: - „Информатор“ - месечно списание во печатена и е-форма (12 броја), Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, ...). Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. - „Про економија“ - наменско списание во печатена форма (еден број), Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги во предвид различните основи на финансиско известување („големите“ МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. - „е - Прописи“- пречистени текстови на прописи во е-форма и Издание кое содржи пречистени текстови на важни прописи поврзани со деловното работење. Бројот на пречистени законски и подзаконски текстови кои се испраќаат во електронска форма е значително зголемен поради зголемената динамика на менување на прописите. Агенција Про агенс - Скопје, тел: 02/ 3162-979 и 3229-479, kontakt@proagens.com.mk


ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА - „Инфо регистар“- деловни информации во е-форма. Работните информации во е-форма подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...). Инфо регистарот редовно се ажурира. ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ! Консалтинг услуги и е-комуникација Покрај Сетот на изданија, во цената на Годишната претплата за 2016 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens. mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса. Посебни поволности Со плаќањето на претплатата до крајот на 2015 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2016 година се стекнувате со право на ПОДАРОК - еден од Проагенсовите прирачници (најново издание). Привилегијата на претплатниците да добиваат значајни попусти за учество на нашите советувања и обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... Цена Цената на претплатата за 2016 година НЕ СЕ МЕНУВА - останува 14.900 денари. Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Напоменуваме дека покрај извршената уплата, потребно е да доставите и пополнета Претплатница до нас. Претплатницата ја користиме за аналитички и информативни цели, како и за точна комуникација преку пријавената електронска адреса. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 - 0503940101 - 43 кај НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: „Претплата за 2016 година“ и повикување на број: 453.

www.proagens.mk

ПРЕТПЛАТНИЦА - ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2016 Назив:________________________________________________________________________ (За друштво, установа, вршител на дејност - точен назив, за граѓанин - име и презиме) ЕДБ(МК): ___________________ Сметка: _____________________ Банка: _________________ Т-фон/Т-факс: _____________ улица и број (п.фах): __________________________________ е-маил: _________________________ skype.name: ________________ www._______________ Место: __________________ Број на порач. примероци: ______ Претплатнички број: ______ Име и презиме: _________________ Раб. место, служба: ____________ л. карта бр.: ________ ____________, ________, 201__ година Место и дата

МП

Потпис

________________



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.