ИНФОРАМТОР БРОЈ 12 ОД 2016 ГОДИНА

Page 1


Почитувани колеги, Изминува уште една деловна година. Ја оставаме зад себе и продолжуваме понатаму. Од професионален аспект да ја обележиме со три кратки поенти: • 2016-та не беше обична година. Ќе ја запамтиме како изборна и економски тешка. Наместо посветеност на деловното работење, фокусот на компаниите се насочи кон исходот од политичката криза. Компаниите што работат во економските зони не ги чувствуваа домашните политички турбуленции и извезуваа најмногу досега. Банките исто така – искажуваат добивки „боли глава“.

w w w. p r o a g e n s . m k

• Националниот спорт на деловните субјекти - „трчањето“ по честите и бројни измени на прописите продолжи и во изминатата година. • Факт е дека и во 2016 година не беа исполнети очекувања на сметководителите за активна примена на Законот за вршење на сметководствените работи. Сепак, да одбележиме дека станаа функционални органите и телата на Институтот (ИСОС). Баравме и очекуваме промени во сметководствената професија. Добивме измени и дополнувања кои го редефинираа Законот. На подобро? Времето ќе покаже. Про агенс и во 2017 ќе се потпира на сопствените сили и знаење Про агенс и во 2017 година влегува амбициозно. Ќе следат советувања, обуки (КПУ) и прирачници. Потсетуваме дека останува стекнатото право на нашите клиенти - и за оваа година секој претплатник да добие како ПОДАРОК еден од објавените прирачници (до истрошување на тиражот) ако претплатата за 2017 година ја плати до крајот на 2016 година, а буџетските корисници ако тоа го направат до крајот на месец јануари 2017 година. Овој пат изборот на подарок го зголемуваме за уште ДВА НАЈНОВИ ПРИРАЧНИЦИ – изданија од 2017 година: 1) Прирачник за данокот на добивка и 2) Прирачник за персоналниот данок на доход. Останува можноста како по-

М-р Павле ГАЦОВ дарок да се земе и еден од следните прирачници: 3) Прирачник за работните односи, 4) Прирачник за ДДВ, 5) Прирачник за даноците по одбивка на странски правни и физички лица, како и 6) Прирачник за сметководство. Продолжуваме на ист начин Со навремени и стручни информации, анализи на деловни настани и на финансиски извештаи, компетентни совети од сферата на работните односи и правото на трговските друштва, даночни и други совети • Во ваши раце е последниот број за 2016-та година на списанието Информатор испратен во сет заедно со тековното ажурирање на Инфо-Регистар-от. Нашите изданија и понатаму ќе излегуваат во печатена форма за која постои доминантен интерес на корисниците. Дигиталната форма на пооделни делови од списанијата ќе биде исто така достапна. И понатаму, Информатор-от ќе ги разработува најактуелните сметководствено-финансиски, стопански, правни и даночни теми. Инфо-Регистар-от ќе го задржи својот формат и инфо-квалитет, а Про Економијата ќе остане најобемниот прирачник за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи за сите видови деловни и непрофитни субјекти.




ПРЕТПЛАТА 2017 ГОДИНА

Заштитените содржини на интернет страната се практични и посебно корисни за сметководителите, ревизорите, финансиските аналитичари, даночните советници, вработените во човечки ресурси,... Веќе сме препознатливи по бројните excel алатки кои го помагаат секојдневното работење во сметководството и финансиите. Бројот на ваквите корисни алатки постојано го зголемуваме, зголемувајќи го и бројот на пречистени текстови на прописи кои редовно се ажурираат.

И во наредната година ќе продолжиме со секојдневното праќање по мејл на брзи и точни деловни информации. Секако, продолжуваме и со воспоставената пракса – организација на успешни, стручни и компетентни советувања и обуки за актуелни теми од различни области, сите пропратени со корисни прирачници и со посебни попусти за нашите претплатници. Долги години градиме вистинска партнерска заедница со нашите претплатници. Заедницата расте благодарение на задоволните клиенти и нашето посветено работење, кое го ветуваме на секој што не следи и ни се приклучува. Задоволните клиенти ќе бидат нашата најдобра промоција и во 2017 година. Ви благодариме за тоа!

Почитувани, сега е вистинско време за претплатата за 2017 година. За тоа е потребно да го уплатите редовниот износ од 14.900 денари на нашата сметка, и да доставите пополнета претплатница по пошта, мејл или преку www.proagens.mk. Ве молиме проверете дали сте го потврдиле статусот на претплатник за 2017-та. Следната година, нашите изданија ќе ги примаат оние субјекти што го потврдиле ваквиот статус. Ви посакуваме Среќна 2017 година и ви ги честитаме претстојните празници ! Агенција „ПРО АГЕНС“ – Скопје Главен уредник, Павле Гацов

02/ 3162-979 i 3298-763

w w w. p r o a g e n s . m k

Пред крајот на 2016 година ја заменивме нашата стара интернет страна со нова web страна www.proagens.mk која ќе биде помодерна, кориснички насочена и видлива преку сите мобилни уреди и социјални мрежи. Секако, најголемиот дел од содржините кои изобилуваат со општи и стручни информации ќе бидат достапни само за нашите привилегирани корисници (претплатници).


12

ДЕКЕМВРИ 2 0 1 6

S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

РАБОТНИ ОДНОСИ 1) ПРАВИЛА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР И НОВОГОДИШНИОТ НАДОМЕСТОК ВО 2016 ГОДИНА

6

ПОПИС 2) ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

14

ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ 3) СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

31

ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО 4) ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

47

ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ 5) 31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА

65

ДЕЛОВНИ ФИНАНСИИ 6) РАБОТЕЊЕ ПО ПАТ НА ФРАНШИЗА (FRANCHISING) - ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

68

НА

1.850 денари

НА

ЈНО

ВО !

1.650 денари

НА

ЈНО

ВО !

ЈНО

ВО

!

1.950 денари




Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ПРАВИЛА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР И НОВОГОДИШНИОТ НАДОМЕСТОК ВО 2016 ГОДИНА

Е

вентуалната исплата на новогодишниот надоместок по правило временски се лоцира непосредно пред, односно после Нова година. Ваквиот тајминг го применуваат и голем дел од деловните субјекти што имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, иако одморот главно се користи во летните месеци и надоместокот би требало всушност да биде исплатен пред тој тајминг. Сепак, поради нивната актуелност во овој период од годината, во последниот број на списанието Информатор за 2016 година, ги третираме токму овие два надоместоци од работен однос.

I. РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР Во текстот ќе се осврнеме на актуелните интегрални одредби за регресот за годишен одмор од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството 1 (во натамошниот текст: ОКДПС), систематизирани во членот 35 став 1 алинеја 7, а потоа ќе се осврнеме на еволутивниот пристап на договорните партнери (Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите на Македонија) по однос на ова право на работникот, кој се случува во распон од една ипол година.

kontakt@proagens.com.mk

Цитат на членот 35 став 1 алинеја 7 од ОКДПС: „Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско - финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор (119/15, во сила од 14.07.2015 г.).

„Службен весник на РМ“, бр. 88/09, 60/10, 81/12, 189/13, 119/15 и 150/16; У. суд - 94/10 и 50/12; пречистен текст - 150/12.

1

6

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

ВОВЕД

З

адолжителното усогласување на стварната состојба на средствата (имотот) и обврските со сметководствената состојба на средствата и обврските, е предвидено со сите прописи кои ја уредуваат сметководствената проблематика на одделните категории обврзници – профитни и непрофитни субјекти. За таа цел, најмалку еднаш годишно – обично на крајот на годината, се врши фактички попис на сите средства и обврските. Денот под кој се врши пописот како и времето на пописот и рокот до кога истиот мора да биде завршен, се определува со посебна интерна Одлука за попис. За профитните субјекти, денот на пописот не е законски определен, за самостојните вршители на дејност (согласно со Законот за персоналниот данок на доход), само е предвидено тоа да биде на почетокот или крајот на годината, додека за непрофитните организации и буџетските корисници, пропишаниот датум е 31.12. Законот за сметководството на непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15), кој се однесува на стопанските интересни заедници, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заедници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и

14

здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации (доколку поинаку не е регулирано со друг пропис), обврската за попис ја предвидува во членот 16 од овој закон, кој гласи: „Непрофитните организации се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември, на начин пропишан од страна на министерот за финансии.“ Прописот во кој подетално е уреден пописот за непрофитните организации е Правилникот за сметководството за непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 42/03, ... и 175/11), во кој материјата за пописот е уредена на сличен начин како и кај буџетските корисници. За пописот кај буџетите и буџетските корисници пишуваме во посебниот текст: „Спроведување на попис кај буџетските корисници“. * * * Во продолжение го елаборираме начинот за вршење на пописот на средствата и обврските и усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба кај профитните субјекти.

www.proagens.mk


ПОПИС КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

4 Д-р Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

O

бврската за попис кај корисниците и единките корисници на средства од буџетите, кај буџетите на фондовите како и другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџети е предвидена со членот 21 од Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 61/02, ... и 145/15 - во натамошниот текст: „Законот“). Според членот 21 од Законот, „буџетите и буџетските корисници се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на своите побарувања и обврски со состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември освен сметководството на Буџетот на Република Македонија и сметководството на буџетите на единиците на локалната самоуправа, на начин пропишан од страна на министерот за финансии“. Пропишаниот начин на вршење на пописот е составен дел на Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 28/03, ... и 101/13), во натамошниот текст: „Правилникот“. Според членот 29 од Правилникот, со пописот треба да се утврди состојбата на паричните средства, хартиите од вредност, материјалните и нематеријалните средства (кои се во употреба, вон употреба и во подготовка), материјалите, резервните делови, ситниот ин-

ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2016

вентар, побарувањата, обврските, средствата на други субјекти кои се наоѓаат кај буџетите и буџетските корисници и сопствените средства на буџетите и буџетските корисници кои се наоѓаат кај други субјекти на 31 декември. По потреба, попис може да се изврши и во пократок рок, обично при статусни промени, примопредавање на должност и во други случаи. Од друга страна, буџетските корисници кои вршат книжарска или библиотекарска дејност, за нивните специфични средства (книги, документи, филмови, фотоси, архивска граѓа и слично) можат да вршат попис во рок кој не е подолг од 5 години.

1. ФОРМИРАЊЕ НА ПОПИСНА КОМИСИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИСОТ Согласно со членот 30 од Правилникот, во функција на спроведување на пописот, секој буџетски корисник, благовремено треба да формира пописни комисии. уџетите и буџетските корисници формиБ раат потребен број постојани или повремени комисии за попис, ги определуваат работите што треба да ги изврши комисијата за попис и лицата кои материјално се задолжени за средствата што се попишуваат и нивните непосредни раководители, го определуваат датумот кога започнува пописот, времето за вршење на попис и рокот за доставување на извештајот за извршениот попис со приложените пописни листи, со тоа што рокот за доставувањето на овој извештај и пописните

31


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

1. ВОВЕД

П

равните субјекти реализирајќи го своето деловно работење во правниот промет стапуваат во најразлични меѓусебни односи кои за предмет имаат настанување на соодветни права и обврски. Исполнувањето на обврските од воспоставените односи обично е врзано со одредени рокови, кои, доколку не се почитуваат, може да предизвикаат режим на присилна наплата. Присилната наплата е можна само доколку побарувањето не е застарено. За правилно постапување на пописната комисија во рамките на обврската да даде оценка за секое побарување и обврска и во таа насока да обрне посебно внимание на побарувањата / обврските кои се сомнителни, спорни, ненаплативи и застарени, од интерес е познавањето на институтот застареност, на неговите правни карактеристики, особено траењето на роковите на застареност на одделните побарувања и обврски, како основ за нивен правилен третман од аспект на отпишувањето.

Правниот институт застареност е уреден со Законот за облигационите односи 1 - ЗОО (член 349 - член 382). Одредби за посебни рокови на застареност на одделни обврски, покрај во ЗОО, се содржани во други бројни законски прописи.

Во текстот се опфатени следните аспекти на застареноста: - функција на рокот на застареност, - м омент на настапување на застареноста и последици од истата, - посебни рокови на застареност, - д ејство на исполнување на застарена обврска, - прекинување на застарувањето, - застој на застарувањето и - п ресметување на казнена камата поради задоцнување на должникот со исполнување на обврска. Освен роковите на застареност на побарувањата и обврските што произлегуваат од облигационите односи (договори во трговскиот промет), во текстот се опфатени и роковите на застареност на определени имотни и сопственички односи уредени со статусно-правни норми, на обврските кои имаат карактер на јавни давачки, на обврсите од работните односи ... (согласно: Законот за трговските друштва, Законот за даночна постапка, Законот за административните такси, Законот за комуналните такси, Царинскиот закон, Законот за работните односи, Законот за финансиска дисциплина и другите закони).

kontakt@proagens.com.mk

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01; Уст. суд-78/01; 4/02; Уст. суд-59/02; 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13.

1

ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2016

47


ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ

 

М-р Павле ГАЦОВ Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ ЗА 2017 ГОДИНА Даночен обврзник - вршител на самостојна дејност

С

огласно со одредбите на членот 31 од Законот за персоналниот данок на доход, самостојните вршители на дејност кои ги исполнуваат законските услови имаат право на паушално оданочување.1 Паушалното оданочување претставува опција за условно финансиски послабите физички лица и истото е пандан на оданочувањето според вистински остварениот нето-приход што се прави преку составување на Годишен даночен биланс - образец ПДД-ДБ. За вршителите на земјоделска дејност правото на паушално оданочување е уредено со членот 31-а од Законот за персоналниот данок. Во овој текст го третираме паушалното оданочување на самостојните вршители на дејност. За земјоделците паушалисти пишуваме во посебен текст во овој број на списанието „Информатор“.

Категоријата физички лица-вршители на самостојна дејност ги опфаќа следните обврзници на персоналниот данок на доход кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност: - трговец-поединец, - физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, 1

2

- физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и - лица кои вршат услуги или слободни занимања. Трговец-поединец е физичко лице кое во вид на занимање, врши трговска дејност определена во Законот за трговски друштва, кој одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот. Својството на трговец-поединец се стекнува со упис во Трговскиот регистар, кој се води во Централниот регистар на Република Македонија. Не се сметаат за трговци според ЗТД, туку како вршители (физички лица) кои остваруваат приходи од самостојна дејност: - физички лица кои вршат земјоделска и шумарска дејност (индивидуални земјоделци); - занаетчии 2 и физички лица кои вршат услуги, освен ако нивната дејност може да се определи како претпријатие; - физички лица кои вршат угостителски услуги - издавање соби во своите живеалишта и - физички лица кои се занимаваат со слободни занимања (адвокати, нотари, лекари и други).

Додека не се изврши облог со данок во паушален износ самостојниот вршител на дејност (член 100 од ЗПДД поврзано со член 31 од истиот закон) е должен да плаќа аконтација според решението за облог со данок од претходната година. Со оглед дека од 2014 година УЈП не издава решение, обврзникот плаќа 1/12 од данокот утврден во Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ) за претходната год. Согласно со Законот за занаетчиство („Сл. весник“, бр. 215/15), под занаетчиска дејност се подразбира: 1) занаетчиско производство, 2) занаетчиски услуги, 3) домашно и уметничко занаетчиство.

ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2016

65


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

РАБОТЕЊЕ ПО ПАТ НА ФРАНШИЗА (FRANCHISING) - ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

ВОВЕД

Р

аботењето по пат на франшиза (Franchising) е современа деловна форма која интензивно се применува, развива и усовршува во економиите низ целиот свет. Поради атрактивноста на овој бизнис концепт се очекува негов висок подем и во нашата земја, од причина што овозможува релативно најсигурно оплодување на капиталот при најмал можен ризик. З борот Franchise потекнува од стариот француски јазик со значење - право, привилегија или слобода. Франшизингот во многу различни форми постоел уште во феудалното општество, кога локалниот владател давал право за организирање панаѓури, продажба на пазари или ловење дивеч, а потоа во натамошните периоди, франшизингот означувал право за вршење на различни комерцијални активности, како градење патишта, производство на пиво, вршење различни инфрастуктурни дејности, се до поново време, кога се развил во форма на давање право за дистрибуција и продажба на определени производи (машини за шиење, нафтени деривати и автомобили). Со франшизингот како современа организациската форма, франшизинг компанијата (franchiser) - продавач/давател на франшиза, дава ексклузивно локално право (franchise) на купувачот/примател на франшиза (franchisee), за вршење работа на пропишан начин (продажба на производи, услуги или технологии, дистрибуција, користење

68

на трговско име, знак и други заштитени права, технички и деловни искуства - know-how), врз основа на посебен франшизинг договор, во определена територијална област, во тек на определен временски период, за што оваа компанија наплатува различни видови надоместоци. раншизингот е специфична деловна форФ ма која е заснована на франшизинг систем, составен од франшизинг компанија (franchiser) - продавач/давател на франшиза и деловни единици (franchisee) - купувачи/приматели на франшиза (физички лица - претприемачи или правни лица), кои може да оперираат во рамките на националната економија, но во денешно време, се почесто се распространети во различни земји во светот, во кој случај станува збор за меѓународен франшизинг.

kontakt@proagens.com.mk www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.