2017
INFORMATOR
12
www.proagens.mk
ТРАДИЦИОНАЛЕН ДЕЛОВЕН НАСТАН,
Термини и локации за СОВЕТУВАЊА (КПУДА обуки) КОЈ НЕ СМЕЕ СЕ ПРОПУШТИ! за Годишна сметка / Финансиските извештаи за 2017 година - 26 јануари 2018 година (петок), СТРУМИЦА, х. „Вила Парк“ - 29 јануари 2018 година (понеделник), СКОПЈЕ, х. „Континентал“ - 30 јануари 2018 година (вторник), ШТИП, х. „Оаза“ - 1 – 4 февруари 2018 година (четврток-недела), САНДАНСКИ, х. „Сандански“ - 6 февруари 2018 година (вторник), БИТОЛА, х. „Милениум“ - 10 февруари 2018 година (сабота), СКОПЈЕ, Економски факултет при УКИМ - 13-14 февруари 2018 година (вторник-среда), СКОПЈЕ, х. „Континентал“ - 16-17 февруари 2018 година (петок-сабота), ОХРИД, х. „Милениум Палас“.
ДЕКЕМВРИ
2017
Почитувани колеги,
И
змина уште една деловна година. Пред да ја оставаме зад себе и да продолжиме понатаму, да ја врамиме со извадоци за нејзино обележување. Од професионален аспект да ја обележиме со неколку кратки поенти: • 2017-та не беше обична година. Во сметководствената професија веќе одамна нема такви години. Ќе ја запамтиме како изборна, неизвесна и економски тешка. • Наместо посветеност на деловното работење, фокусот на компаниите повторно беше насочен кон политичарите.
w w w. p r o a g e n s . m k
• На крајот од годината се поизвесни стануваат новите економски политики на Владата. Ова се однесува и на најавите за менување на даноците. • Политичката неизвесност во поблага форма сепак ќе се пренесе и во 2018 година. Секоја неизвесност е лоша за бизнисот. • За сметководствената професија 2017та беше турбулентна година. Од октомври 2017 година започна реализацијата на обврската за континуирано професионално усовршување. Трошоците на сметководителите растат, обврските исто така. Новото електронско администрирање со персоналниот данок на доход од 2018 година е нов предизвик за професијата. • На крајот од годината (193/17) беа усвоени измени во Законот за вршење на сметководствени работи. Меѓу останатото беше намален најмалиот број на потребни КПУ часови за 2017 година. Вистинско уредување на Законот сепак не е направено. Го очекуваме.
Про агенс во 2018 година Про агенс и во 2018 година влегува амбициозно. Ќе следат советувања, обуки (КПУ) и прирачници. Заради намалување на финансиската изложеност на сметководителите, воведовме ваучер за 16 КПУ часови што може да се користи во 2018-та година. Останува и стекнатото право на нашите клиенти - и за оваа година секој претплатник да добие како ПОДАРОК еден од објавените прирачници (до истрошување на тиражот) ако претплатата за 2018 година ја плати до крајот на 2017 година, а буџетските корисници ако тоа го направат до крајот на месец јануари 2018 година. Воведовме и други новини. Деталите за претплатата за 2018 година веќе Ви се доволно познати. Ви посакуваме Среќна 2018 година и ви ги честитаме претстојните празници ! Агенција „ПРО АГЕНС“ – Скопје Главен уредник, Павле Гацов
12
ДЕКЕМВРИ 2 0 1 7
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ 1) ДОНЕСЕНИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
5
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 2) ПОСЛЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - НОВИ НАЈВИСОКИ ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ
9
РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР 3) ПОТСЕТУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА 2017 ГОДИНА
13
АКЦИЗИ 4) ИЗМЕНА ВО ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ
18
ДДВ 5) РЕГИСТРАЦИЈА (И ДЕРЕГИСТРАЦИЈА) ЗА ДДВ ВО 2018-а
20
РАБОТНИ ОДНОСИ 6) КАЗНА ЗАТВОР И ПАРИЧНА КАЗНА ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ КОИ ЌЕ ПОБАРААТ ВРАЌАЊЕ НА ИСПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
26
ЈАВНИ НАБАВКИ 7) ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМOТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ПОСЛЕ УКИНУВАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
32
ПОПИС
8) ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ
36
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ 9) ТРЕТМАН НА ПРОМОТИВНО-РЕКЛАМНИТЕ, РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ И ДРУГИ ПОДАРУВАЊА
57
ИНФОРМАЦИИ 10) НОВИНИ ВО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА СТРАНСКИТЕ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ (ОБРАСЦИ: ВС 11 И ВС 22) ОД 1 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА
70
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 11) НОВА ОБВРСКА ЗА БУЏЕТИТЕ И БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
71
БУЏЕТСКО СМЕТКОВОДСТВО 12) АВАНСНИ ПЛАЌАЊА КАЈ БУЏЕТСКИ (И ФОНДОВСКИ) КОРИСНИЦИ
72
СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
4М-р Павле ГАЦОВ
Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ДОНЕСЕНИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Н
а истекот од 2017 година беа донесени измени и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи 1 (во продолжение: ЗВСР), со кои меѓу останатото беше утврдено и намалување на најмалиот број на КПУ часови што до крајот на 2017 година требаше да ги посетат сметководителите, односно овластените сметководители. За измените и дополнувањата на ЗВСР, објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 193/2017 година, објавени и влезени во сила со денот на објавувањето, 27.12.2017 година, пишуваме во продолжение.
1. НАМАЛУВАЊЕ НА НАЈМАЛИОТ БРОЈ НА КПУ ЧАСОВИ ЗА 2017 ГОДИНА Оперативното спроведување на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи кои се однесуваат на задолжителна посета од страна на сметководителите и овластените сметководители на обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) започна од месец октомври 2017 година. Одложениот почеток на обврската за посета на КПУ часовите, ја наметна потребата од намалување на пропишаниот најмал број на потребни КПУ часови за 2017 година.
1
kontakt@proagens.com.mk
Со членот 9 од измените и дополнувањата на ЗВСР (193.2017) како исклучок е пропишано намалување на најмалиот број на КПУ часови што треба да се посетат за 2017 година на следниот начин: - СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ се должни за 2017 година да посетат КПУ обука од најмалку 10 часа до крајот на 2017 година и - ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ се должни за 2017 година да посетат КПУ обука од најмалку 15 часа до крајот на 2017 година.
2. НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ БРОЈ НА ЧАСОВИ ЗА КПУ ОБУКИ ЗА ТРИ ГОДИНИ метководителите и овластените сметкоС водители реагираа дека пропишаниот број на часови за континуирано професионално усовршување на тригодишно ниво е преобемен и дека не е неопходен заради одржување на квалитетот на сметководствената професија. Исто така, тие укажуваа дека надоместокот за континуирана едукација претставува дополнителен финансиски товар за нивното работење. отивирано од претходните барања, со М измени на членот 19 од ЗВСР е пропишано намалување на најмалиот број на КПУ часо-
Сметководствените работи се вршат во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи, Законот за трговските друштва и Законот за сметководството за непрофитните организации (член 3.1 од ЗВСР).
ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2017
5
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПОСЛЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - НОВИ НАЈВИСОКИ ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ
В
о „Службен весник на РМ“ број 171 од 28 ноември 2017 година е објавен Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 142/08 .... и 190/16; во понатамошниот текст: Закон за придонеси), кој влезе во сила со денот на објавување (28.11.2017), меѓутоа одредени изменети одредби се применуваат од 1 декември 2017 година, а некои од 1 јануари 2018 година. Поголемиот дел на законската измена се однесува на усогласување на одредбите заради промена на дефиницијата на поимот „носител на семејно земјоделско стопанство“ во „индивидуален земјоделец“. Законодавецот ја врши промената поради тоа што од 2013 година откога се воспостави дефиниција на „носители на земјоделско стопанство“ и во преодниот период од 4 години кога неколку пати се одложуваше имплементацијата на ова законско решение не е воспоставена институционална и техничка можност да се изврши прекатегоризација на земјоделците во системот на задолжително социјално осигурување. Дополнително, доколку останеше постојното решение „носител на семејно земјоделско стопанство“, дел од земјоделците ќе беа принудени да излезат од системот на задолжително социјално осигурување. Дефиницијата „индивидуален земјоделец“ во сегашни услови овозможува едноставен прием во задолжително социјално осигурување за оваа категорија на земјоделци.
З аконската измена е направена и во рамки на одредбите (редовни и преодни) што ги пропишуваат стапките на придонесите од задолжително социјално осигурување, но сепак стапките на придонеси за плата важечки од 01.01.2018 година се непроменети (вкупно 27%: ПИО-18%, здравство-7,3%, дополнително здравство-0,5% и вработување-1,2%). Во продолжение ќе се задржиме на законската измена која се однесува на зголемување на постоечките месечни највисоки основици за пресметување и плаќање на социјални придонеси, почнувајќи од 1 јануари 2018 година.
ОВИ МЕСЕЧНИ НАЈВИСОКИ Н ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ Преку измена на одредбите на членот 16 на Законот за придонеси, од 01.01.2018 година извршено е зголемување на највисоките месечни основици за пресметување и уплата на придонесите: - од примањата од работен однос, - од примањата на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво (доколку не се осигурени по основ на работен однос и самовработување), - за самовработено лице (трговец-поединец /самостоен вршител на дејност).
ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2017
kontakt@proagens.com.mk 9
РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР
ИНФОРМАЦИЈА
ПОТСЕТУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА 2017 ГОДИНА
П
оради воспоставената пракса кај голем број правни субјекти, обврската за исплата на регрес за годишен одмор да ја исполнуваат на крајот од годината, со овој текст потсетуваме на актуелните решенија, ги презентираме износите за исплата на регрес и елаборираме за можноста најмалиот износ на регресот дополнително да се намали под определени услови.
Важечки правила за исплата на регрес за годишен одмор (К-15) • Приватен сектор Во членот 35 став 1 алинеја 7 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКДПС) утврдени се правилата за исплата на регрес за годишен одмор во приватниот сектор од областа на стопанството. Според овие правила, работникот има право на- Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата (просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци), под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. - С о колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. - Р егресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. - К ај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско - финансиската состојба на
ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2017
работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. - К ај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Како да се разбере одредбата дека К-15 се исплатува еднаш во текот на годината? Правилно толкување би одело во насока дека во една календарска година може да се исплати еден регрес, со што не се исклучува можност за исплата на регресот во повеќе делови во текот на годината во зависност од можностите на работодавачот, што би требало подетално да се дефинира во одлуката за исплата. Имено, инспирација за ваквата одредба договорните партнери на ОКДПС очигледно ја добиле од членот 9 на Законот за исплата на платите во РМ кој се однесува на субјектите од јавниот сектор, според кој регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата. ВАЖНО:
Во приватниот сектор во поголемиот дел од важечките колективни договори на ниво на гранка/оддел/дејност, висината на регресот за годишен одмор главно е утврдена на ниво на просечната месечна плата во РМ исплатена во последните 3 месеци (тримесечен просек на нето плата). Во некои,
13
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
ИНФОРМАЦИЈА
ИЗМЕНА ВО ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ Зголемување на акцизата на гасните масла (погонско гориво и гориво за греење)
З
аконот за акцизите 1 неодамна претрпе уште една измена која се објави во „Службен весник на РМ“, бр. 171/17 и која влезе во сила од 6 декември, а ќе се применува од 1 јануари 2018 година. Измената се состои во зголемување на акцизата на гасни масла, односно за следните нафтените деривати од точка 2 на член 28 од Законот за акцизите: - погонско гориво (акцизата се зголемила од 12,121 на = 15,121 ден/л) и - гориво за греење (акцизата се зголемила од 3,136 на = 6,136 ден/л).
Обврски кои произлегуваат од зголемувањето на акцизата ПОПИС: Со зголемувањето на акцизата на минералните масла, трговците на големо и трговците на мало со овие минерални масла, имаат обврска на денот на почетокот на примена на истото (1 јануари 2018 година) да направат попис на затечените залихи и да изготват Записник. Потоа, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на извршениот попис, должни се да го достават Записникот во Царинската управа. УПЛАТА НА РАЗЛИКАТА: Покрај обврската за попис, со новиот член 28-а од Законот, се предвиде и обврската за уплата на разликата во акцизата содржана во попишаната залиха, од страна на акцизните обврзници -трговците на големо и трговците на мало на наведените минерални масла. 1
Пропишан посебен образец за доплата на акцизата Доплатата на разликата во акциза, содржана во затекнатата количина на 1.1.2018 година, се врши преку новопропишаната Акцизна пријава за доплата на акциза за минерални масла (образец „АКЦ-ДАММ“). Пријава „АКЦ-ДАММ“ е објавена во рамките на Правилникот за дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 180/17). Со дополнетиот Правилник, преку новиот член 41-в се пропиша и евиденцијата која трговците на големо и трговците на мало треба да ја спроведат на денот на почетокот на примена на зголемената акциза за минерални масла. Оваа евиденција содржи: 1. попис на затечени залихи на минерални масла во склад за трговиија на големо, одделно по вид и количина во резервоарите, вклучително и затечените количини во транспортните средства - цистерни и 2. попис на затечени залихи на минерални масла во бензинските станици за малопродажба одделно по вид и количина за секој резервоар поединечно, вклучително и затечените количини во транспортните средства - цистерни. Плаќањето на разликата во акцизата од страна на акцизните обврзници (трговците
„Службен весник на РМ“ , бр. 32/01, ... и 171/17.
18
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
РЕГИСТРАЦИЈА (И ДЕРЕГИСТРАЦИЈА) ЗА ДДВ ВО 2018-а
И
во наредната, 2018-а година, четврта по ред, даночни обврзници - правни и физички лица, со направен вкупен промет, оданочив во земјата, од 1.000.000 (1 милион) денари задолжително влегуваат во системот на ДДВ.
1. Рок за поднесување на Пријава за регистрација Сите субјекти кои спаѓаат во категоријата „даночни обврзници“ 1 и кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а чиј вкупен промет во изминатата календарска година го надминал прагот за регистрација за ДДВ во износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ се обврзани до 15 јануари 2018 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност. Ова важи и за физичките лица - граѓани кои вршат некоја стопанска дејност, така што остваруваат надомести од промети на добра или услуги, оданочиви во земјава. Нерегистрираните даночни обврзници, кои во текот на 2018 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат 1
обврзани за регистрација за целите на ДДВ, односно ќе треба да поднесат Пријава за регистрација најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот. При неподнесена Пријава за регистрација во случаи на постоење таква обврска, предвидена е парична казна според член 60 од Законот за ДДВ (во износ одмерен од 2.500 Евра за даночен обврзник правно лице и трговец поединец, односно во износ од 250 до 375 Евра за даночен обврзник - физичко лице). Во врска со задоцнетото поднесување на Пријава за регистрација за ДДВ (како за прв пат сторена неправилност во смисла на членот 51 став (10) од Законот за данокот на додадена вредност) и изречената глоба со порамнување од 50%, укажуваме и на одредбата од член 178-д став 3 од Законот за даночна постапка, која гласи: „ Доколку даночниот обврзник за прв пат стори неправилност во смисла на членот 51 став (10) од Законот за данокот на додадена вредност, но неправилноста ја отстрани во рок од пет дена по истекот на пропишаниот рок или овластениот даночен службеник ја констатира истата неправилност во рок од пет дена по истекот на пропишаниот рок од истиот член на овој закон, во
Законот за ДДВ посебно ја утврдува и издвојува категоријата на субјекти кои не се даночни обврзници и кои немаат обврска да се регистрираат за ДДВ. Меѓу тие субјекти се наброени државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела кои не се даночни обврзници за оној дел од нивните дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки.
20
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
КАЗНА ЗАТВОР И ПАРИЧНА КАЗНА ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ КОИ ЌЕ ПОБАРААТ ВРАЌАЊЕ НА ИСПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
ПРЕГЛЕД НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
З
аштитата на правата од работен однос во правниот систем на Република Македонија се остварува не само преку системот на прекршочни нормни содржани во општите прописи за работните односи и прописите за јавната администрација, туку и преку инкриминирање на дејствијата пропишани со Кривичниот законик (КЗ) 1 во Глава седумнаесет, како кривични дела против работните односи. За овие дела КЗ пропишува казна затвор и парична казна. Како сторител на делото може да се јави: работодавачот (физичко и правно лице), одговорното лице кај работодавачот, друго правно и физичко лице, кака и самиот работник. Во прашање се следните кривични дела: - Повреда на правата од работен однос (член 166), - Повреда на правото од социјално осигурување (член 167), - Злоупотреба на правата од социјално осигурување (член 168), - Повреда на правата за време на привремена невработеност (член 169), - Непреземање мерки за заштита при работа (член 170) и - Повреда на правото за учество во управувањето (член 171). 1
1. Повреда на правата од работен однос Повреда на правата од работен однос претставува кривично дело со кое се инкриминирани дејствијата на повредата, одземањето или ограничувањето на правата што му припаѓаат на работникот. Попрецизно, квалификацијата на ова дело ја детерминираат следните елементи од членот 166, ставови од 1 до 4: „Член 166 (1) Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со затвор од три месеци до една година.
„Службен весник на РМ“, бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 87/2007, 7 /08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 42/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 226/15 и 97/2017.
26
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Александар Блажески Биро за јавни набавки
blazeski.aleksandar@gmail.com
ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМOТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ПОСЛЕ УКИНУВАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
1) Состојба со системот на јавни набавки пред укунувањето на Советот за јавни набавки
В
о изминатите неколку години Законот за јавните набавки 1 претрпе неколку измени и дополнувања. Една од најзначајните измени беше формирањето на „Совет за јавни набавки“ кој ќе ја има улогата на контролен механизам на договорните органи при изготвувањето на техничките спецификации и критериумите за утврдување на способноста на економските оператори кои би учестувале во постапките за јавни набавки. Самите тие услови и критериуми што би ги барале договорните органи требаше да поминат низ филтерот на Советот и нивните ангажирани стручни лица од разни области кои ќе утврдат дали така поставените барања доведуваат до намалување на конкуренцијата. Секој договорен орган доби задолжителна законска обврска да прави анализа на пазарот со цел да утврди дали за постапките што сака да ги спроведе има доволно конкуренција на пазарот. Согласностите беа поделени во неколку дела. За набавката на стоки, при истражувањето на пазарот требаше да се обезбеди писмен доказ дека за одреден предмет на набавка нема најмалку три, четири или пет производители од домашниот пазар и исто толку од странство. Општо познато е дека на пазарот во Република Македонија речиси и да нема производители, туку главно се работи за
генерални застапници или увозници на стоките. Условот беше кумулативен, што во пракса доведе до тоа постапката за набавка на стоки задолжително да оди преку Советот за јавни набавки. Во однос на набавката на услуги и работи, договорните органи немаа обврска да бараат согласност за техничките спецификации, но доколку се планираше да се бараат дополнителни критериуми за способност освен задолжителните (лична состојба и способност за вршење професионална дејност), требаше да се обезбеди доказ дека бараните критериуми ги исполнуваат најмалку четири, пет или шест економски оператори на пазарот во Република Македонија. Во праксата се воведоа неколку дополнителни активности пред да отпочне постапката за доделување на договор за јавна набавка што за договорните органи претставуваше дополнително оптоварување во смисла на ангажирање на лицата вработени кај договорните органи, како и големи трошоци што ги носеше едно барање за согласност. Првично со формирањето на Советот не беше ограничено до колку пати може да се врати едно барање за согласност (подоцна се направи измена во која беше предвидено до три пати, односно два пати кај постапка со барање за прибирање понуди). Во неколку наврати за едно барање не се даваше согласност и до
1
„Службен весник на РМ“, бр. 136/2007, 130/2008, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17.
32
www.proagens.mk
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
Д-р Рефика МУРИЌ
ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ ВОВЕД
З
а да ја усогласат стварната состојба на средствата (имотот) и обврските со сметководствената состојба, деловните субјекти се обврзани најмалку еднаш годишно - на крајот на годината, да извршат попис на средствата и обврските. (Со свој општ акт, субјектите можат да предвидат пописот на определени средства да се врши и во пократки периоди во текот на годината или пак континуирано.) Задолжителното усогласување на состојбата на средствата и обврските, преку попис, е предвидено со сите прописи кои ја уредуваат сметководствената проблематика на одделните категории обврзници. Денот под кој се врши пописот како и времето на пописот и рокот до кога истиот мора да биде завршен, се определува со посебна интерна Одлуката за попис. За профитните субјекти, денот на пописот не е законски определен, за самостојните вршители на дејност (согласно со Законот за персоналниот данок на доход), само е предвидено тоа да биде на почетокот или крајот на годината, додека за непрофитните организации и буџетските корисници, пропишаниот датум е 31.12. Законот за сметководството на непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15), кој се однесува на стопанските интересни заедници, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заедници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, до36
колку поинаку не е регулирано со друг пропис, обврската за попис ја предвидува во членот 16 од овој закон, кој гласи: „Непрофитните организации се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември, на начин пропишан од страна на министерот за финансии.“ Прописот во кој подетално е уреден пописот за непрофитните организации е Правилникот за сметководството за непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 42/03, ... и 175/11), во кој материјата за пописот е уредена на сличен начин како и кај буџетските корисници. За пописот кај буџетите и буџетските корисници е напишано во посебен текст од претходниот број на списанието Информатор: „Спроведување на попис кај буџетските корисници“. * * * Во продолжение го елаборираме начинот за вршење на пописот на средствата и обврските и усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба кај профитните субјекти.
1. ПРОПИСИ И ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС Обврската за попис кај профитни субјекти е генерално уредена со членот 473 од Законот за трговските друштва („Службен весник на РМ“, бр. 28/04, ... и 61/16) и истата предвидува обврска за трговците и трговците-поединци, најмалку еднаш годишно во деловната година да извршат попис на средствата и обврските и да ја усогласат сметководwww.proagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И Даноци
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ТРЕТМАН НА ПРОМОТИВНО-РЕКЛАМНИТЕ, РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ И ДРУГИ ПОДАРУВАЊА
Т
рошоците за промоција, реклама, репрезентација и подарувања се редовни деловни трошоци на трговските друштва. Од даночен аспект, некои се делумно признати, некои се целосно признати, а некои, иако имаат деловна функција, сепак се целосно непризнат расход.
кога може да се појави и обврска за плаќање на персонален данок на доход?
Компаниите пак, чија основна цел е да ги продадат своите производи и услуги и врз оваа основа да генерираат профит, мора да се борат за придобивање на потрошувачите и да ги охрабрат потенцијалните купувачи и побарувачката за нивните производи и услуги. За да успеат во тоа, многу компании се одлучуваат за рекламирање со кое ќе се продре во свеста на потрошувачите и ќе ги поттикне да ги купуваат токму нивните производи и услуги. Особено периодот на новогодишните празници како и на божиќните и другите верски празници е проследен со традиционалните репрезентативни давања со кои се остварува некоја рекламна и промотивна порака, статусен настап или нега на имиџот. На тој начин се искажуваат и знаци на внимание и благодарност кон деловните партнери и вработените. Во текстов се обработуваат различните форми на трошоци за промоција и репрезентација, како и оние кои неспорно претставуваат подароци за деловни партнери или други лица. При тоа се прави обид да се разреши редовната даночна дилема: кога и во кои случаи се плаќа ДДВ, кога трошокот ја зголемува даночната основа за данокот на добивка, а
1.1. Третман на репрезентацијата од аспект на ДДВ
ИНФОРМАТОР 12 I ДЕКЕМВРИ 2017
1. ТРОШОЦИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, РЕКЛАМА И ПРОМОЦИЈА ОД АСПЕКТ НА ДДВ
епрезентацијата според Законот за даноР кот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 189/16) се смета за сопствена потрошувачка во оној дел во кој се вршат испораки кон трети лица (клиенти и деловни партнери), а кои испораки Законот не ги признава како давања поврзани со стопанската дејност. Имено, согласно со член 3 став 3 точки 1 и 2 од Законот за ДДВ, давањето на добра без надомест го третира како оданочив промет на добра со надомест, и тоа секогаш кога: - „добрата се земаат за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност“ односно, - „прометот на добра без надомест од страна на трговски друштва и други здруженија на лица се врши спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите и спрема нив блиски лица“. Така и рекламирањето спроведено со бесплатно делење на производи (чаши, пе-
57
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
Информација - девизно работење
НОВИНИ ВО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА СТРАНСКИТЕ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ (ОБРАСЦИ: ВС 11 И ВС 22) ОД 1 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 185 од 18 декември 2017 година се објавени измените и дополнувањата на следните прописи од областа на девизното работење, кои влегоа во сила со денот на објавување, но се во примена од 1 јануари 2018 година: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ОД СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16).
ЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЛОЖУВАЊА И ОД СТРАНСТВО (ОБРАЗЕЦ ВС 22) СПОРЕД ИЗБРАН ПРИМЕРОК НА НБРМ поред последните измени на Упатството, С од 1 јануари 2018 година, претпријатијата во кои се инвестира се обврзани да ја известуваат Народната банка за состојбата и промените на капиталот и меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата од странство (со Годишен извештај за вложувања од странство - ВС 22 до 15 март наредната година-2018, за 2017 година), доколку се избрани во примерокот на известувачи, а согласно со подзаконскиот акт кој ги регулира начинот и постапката на известување за трансакциите со нерезиденти. Претпријатијата во кои се инвестира ќе бидат соодветно писмено известени за вклучувањето во примерокот. Обврската за из70
вестување трае сѐ до нивното отповикување по пат на писмено известување од страна на Народната банка. о исклучок од горенаведеното, преП тпријатијата во кои се инвестира со организациска форма „акционерско друштво“ се ослободуваат од обврската да известуваат за вложувањата на нерезиденти - портфолиоинвеститори (помалку од 10% учество во издадените акции), додека за сите други видови инвеститори (директен инвеститор, индиректен инвеститор и инвеститор со хоризонтална поврзаност во синџирот) обрската за известување останува во сила.
СЛОБОДЕНИ ОД ОБВРСКАТА ЗА ИЗО ВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО (ОБРАЗЕЦ ВС 11): ВЛОЖУВАЊА ПОД 10% ВО АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА И ВО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ Според последните измени на Упатството, од 1 јануари 2018 година, инвеститорите се обврзани да ја известуваат Народната банка согласно со подзаконскиот акт кој ги регулира начинот и постапката на известување за трансакциите со нерезиденти, конкретно за состојбата и промените на капиталот и меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство, на Годишниот извештај за вложување во странство - образец ВС 11 до 15 март 2018 година, за 2017 година. о исклучок, инвеститорите немаат обврП ска да известуваат за: - вложувањата во странство во претпријатија со организациска форма „акционерско друштво“ и со учество под 10% во издадените акции, како и - за вложувањата во удели и акции во инвестициски фондови. www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
АВАНСНИ ПЛАЌАЊА КАЈ БУЏЕТСКИ (И ФОНДОВСКИ) КОРИСНИЦИ
С
метководственото евидентирање на авансите кај буџетските корисници е регулирано со Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 61/02, ... и 170/17) и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 79/03 и 175/11).
1. АВАНСНА УПЛАТА ЗА НАБАВКА НА ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА Согласно со Сметковниот план авансите за нематеријални издатоци и авансите за материјални средства се вклучени во постојаните средства и покрај тоа што претставуваат само исплатени парични средства од сметката на буџетскиот корисник, пред испорачување на претходно договорената набавка. На авансите не се пресметува амортизација и ревалоризација. о одредбите од член 19 од Законот за С сметководството за буџетите и буџетските корисници и член 18 од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 28/03 и 101/13) пропишани се сметководствените политики и начела за проценување на долгорочните и краткорочните средства, според кои авансираните средства се искажуваат по набавната вредност. сплатата на авансите за набавка на поИ стојани средства треба да се изврши согласно со член 49 од Законот за јавни набавки 72
(„Службен весник на РМ“, бр. 136/07, ... и 165/17), според кој договорениот орган не може да предвиди авансно плаќање поголемо од 20% од вредноста на договорот. Договорниот орган пред исплатата на авансот задолжително обезбедува банкарска гаранција од носителот на набавката во висина на договорениот аванс. Исплатата на авансите треба да следува откако претходно се спроведени постапките пропишани со Законот за јавни набавки и е извршен избор на економскиот оператор согласно правилно извршената евалуација. Евидентирањето на исплатените аванси за набавка на постојани средства или материјали се врши на тој начин што се користат сметките 005 (аванси за нематеријални средства) или 026 (аванси за материјални средства) и сметката 290 заради воспоставување на билансна рамнотежа. Авансот се книжи без одобрување во Деловниот фонд, затоа што тој сеуште не претставува материјално или нематеријално добро во сопственост на буџетските корисници. Само во случај на набавени постојани средства и прием на истите во просториите (на имотот) на буџетскиот корисник, треба да се евидентира зголемување на изворите на деловните, односно капиталните средства. Пример:
Министерството „НН“ исплатило аванс на добавувачот „Макекспорт“- Скопје за набавка на мебел во износ од 140.000 денари. Мебелот е испорачан во договорениwww.proagens.mk
СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ - ПРЕТПЛАТА за 2018 година
ЗА СИТЕ СУБЈЕКТИ - ВАУЧЕР за 16 КПУ часови (бесплатна посета на КПУ во траење од 16 часа) - ДВА сета на СТРУЧНИ изданија со различна содржина 12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално издание во печатена форма 12 броеви ИНФО-КПУ, НОВО електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменети за професионално усовршување - Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма - Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание - ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (подарок по избор, печатено издание) - КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот - НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk - БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL (составување на годишната сметка и финансиските извештаи, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ) - е-написи за одделни интересни и важни теми, преку нашата интернет страна - е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - Посебен дел на Информаторот: БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - ПРИРАЧНИК за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание - ПРВ ПАТ - EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ КПУ!
!
Ваучер за 16 КПУ часови Ваучерот дава можност за присуство на КПУ обука за овластени сметководители / сметководители за едно лице во траење од 16 КПУ часови. Може да се искористи до крајот на 2017 или во 2018 година. Инфо-КПУ - месечно електронско издание, достапно на нашата интернет страна (НОВО) Изданието е посветено на сметководствената професија, овластените сметководители и сметководителите. Покрај информациите и тематските текстови во врска со професијата и програмата на ИСОС, содржи и теми од одржани КПУ обуки, потоа презентации од обуките, примери од пракса, решенија на зададени дилеми од КПУ обуките, потенцијални прашања и одговори за симулиран испит за проверка на знаењето и сл.
ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ!
Информатор – месечно печатено издание Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право, ... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (посебни текстови за буџетски корисници),... Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. Инфо регистар (печатено + електронско издание) Папка која ги собира работните информации подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...) која освен основната влошка содржи и редовни месечни ажурирања (достапни на нашата веб страна). Про економија Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ И Е-КОМУНИКАЦИЈА Покрај Сетот на НОВИ и СТАРИ изданија, во цената на Годишната претплата за 2018 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса и - можност за директни средби. ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ Со плаќањето на претплатата до крајот на 2017 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2018 година, се стекнувате со право на: Ваучерот за 16 КПУ часови и Прирачникотподарок. Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања, како и на други обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... ЦЕНА
!
Цената на ПАКЕТОТ претплата за 2018 година изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 050 394 01 01 43 кај НЛБ банка, со цел на дознака: „Претплата за 2018 година“ и повикување на број: 499. Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“ - Скопје ул. „Наум Наумовски - Борче“, бр. 68/4; п.фах: 272 тел: 02/ 3162-979 и 3298-763 kontakt@proagens.com.mk, www.proagens.mk