2015
www.proagens.mk
INFORMATOR
1
на О! и д о г 5 1 0 за 2 А Т ОВ А Л П Н Т Е Ј ПР НА
14.900 денари
www.p p r o a g e n s.mk s
januari
2015
2015 Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS
Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V
Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV
Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 12.01.2015 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor:
Informacija:
M-r Pavle GACOV
Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba.
Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik
Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV:
D-r Zoran MINOVSKI
D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
1
S O D R @ I N A:
www.proagens.mk
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 1) ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2014 ГОДИНА „ПДД-ГИ“ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ДОСТАВУВА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА
7
ИНФОРМАЦИЈА - ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 2) ИЗМЕНЕТИ/НОВИ ПРАВИЛНИЦИ И НОВО УПАТСТВО ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК (од 1.1.2015 година - НОВИ ОБРАСЦИ „ПДД-ГИ“, „ПДД-02“, „ПДД-ГИ/ЗП“, „ПДД-ГИ/ОЗП“, „ПДД-ГИ/ОЦО“ И „ПДД-ПЗ“)
17
ИНФОРМАЦИЈА - УПЛАТНИ СМЕТКИ 3) НОВИ УПЛАТНИ СМЕТКИ ЗА ПРИДОНЕСИТЕ НА ХОНОРАРЦИ ИЗМЕНЕТО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ЕВИДЕНТИРАЊЕ, РАСПОРЕДУВАЊЕ И ПОВРАТ НА ЈАВНИТЕ ПРИХОДИ
20
ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2014-ТА ГОДИНА 4) ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2014-та ГОДИНА
21
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИТЕ 5) НОВ МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ДО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЗА БРУТО НАДОМЕСТОКОТ УТВРДЕН ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИОТ ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР, ИСПЛАТЕНИОТ НЕТО НАДОМЕСТОК И ПРЕСМЕТАНИТЕ ПРИДОНЕСИ 25 ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА 6) 31 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2015 ГОДИНА ЕКОЛОГИЈА 7) ОБВРСКИ ПО ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И ОТПАД НА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ 8) НОВ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ - ВО ПРИМЕНА ОД 7 АПРИЛ 2015 ГОДИНА
30
31
43
ЗАДОЛЖНИЦА 9) ЗАДОЛЖИТЕЛНАTA ЗАДОЛЖНИЦА СЕПАК НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ
50
ДЕЛОВНИ ОДНОСИ 10) НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА
53
ДДВ 11) НОВ ПРАГ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ ВО 2015-та 12) ЗАДРЖАН ДДВ ВО ПОСТАПКА НА ПРИСИЛНА НАПЛАТА И ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ
61 66
ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА 13) ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2015 ГОДИНА И ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА
70
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ 14) ПРАКТИЧНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИТЕ И ДРУГИТЕ ДОГОВОРИ
72
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2014 ГОДИНА „ПДД-ГИ“ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ДОСТАВУВА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА Од минатата година рокот за доставување на Годишниот извештај на ПДД е скратен, а електронската форма на достава стана ЗАДОЛЖИТЕЛНА
М-р Павле ГАЦОВ *
31
јануари 2015 година (односно 2 февруари 2015 година, понеделник) е краен рок за доставување на СИТЕ Годишни извештаи за персоналниот данок на доход во задолжителната електронска форма, преку e-tax режимот на УЈП: • ПДД-ГИ - Годишен извештај на исплатувачот за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи во 2014 година (НОВ Образец пропишан со новото Упатство за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14, во сила од 1.1.2015 година
• ПДД-ГИ/ОЗП - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во 2014 година • ПДД-ГИ/ОЦО - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица во 2014 година Двата НОВИ Обрасци (ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ОЦО) се пропишани со новиот Правилник за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица и на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14, во сила од 1.1.2015 година. Напомена: Годишниот извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад - ПДД-ГИ/ ОЦО, се доставува за прв пат.
* Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“
• ПДД-ГИ/ЗП - Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари за 2014 година година
p_gacov@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
(НОВ Образец пропишан со новиот Правилник за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14, во сила од 1.1.2015 година
7
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Крајниот рок за доставување на Годишните извештаи на персоналниот данок на доход за 2014 година е 31 јануари 2014 година (претходно 15 февруари). Законот за даночна постапка (187/13 - член 53 став 13) ја утврдува електронската форма на достава на овие извештаи како задолжителна. Потсетуваме дека задолжителната електронска форма на доставување се однесува и на Годишниот даночен биланс - Образец ПДД-ДБ.
15 јануари 2015 година - последен рок за издавање на Збирен податок за аконтацијата на данокот и платените придонеси за 2014 година
8
Исплатувачите, правни лица и физички лица што водат деловни книги имаат обврска на секој граѓанин (вклучувајќи ги и вработените) да им издадат Збирен податок за аконтацијата на данокот и платените придонеси за 2014 година. Рокот за издавање на овој податок е 15 јануари за претходната година (претходно 15 февруари).
ДВА други слични Годишни извештаи со иста содржина кои се издаваат согласно со други прописи и во други рокови 1) Закон за работните односи - член 110 став 2; Рок 31 јануари Г одишен Извештај со речиси идентична содржина е пропишан со членот 110 став 2 од Законот за работните односи, според кој: „Работодавачот е должен да му издаде на работникот при секое исплаќање на платата како и до 31 јануари на новата календарска година писмена пресметка на платата, придонесите од плата и надоместоците на платата за платниот период, односно за изминатата година од кои, исто така, се гледаат и пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.“ www.p
2) Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување - член 22 став 1;
Рок 15 февруари „(1) Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите - работодавач за своите вработени и самовработено лице за своите вработени, согласно со прописите од областа на работните односи е должен да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси на обврзникот за плаќање на придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок, како и збирен годишен извештај по истекот на годината најдоцна до 15 февруари наредната година. (2) Обврзникот за плаќање на придонеси ја известува Управата за јавни приходи, доколку обврзникот за пресметка и уплата на придонесите постапи спротивно на ставот (1) на овој член.“ (15/13, во сила од 02.02.2013) Важно: С о член 28 од истиот Закон, пропишана е глоба во износ од 1.500 до 1.700 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок, доколку постапи спротивно на членот 22 став (1) од Законот за придонеси.
Ваква несинхронизираност на роковите за издавање на овие ТРИ Збирни Годишни пресметки за вработените (пред се) со кои секој поединец се известува за исплатените приходи (вклучувајќи ја и платата и надоместоците на плата), платените аконтации на данок на доход и придонесите од плата - во три посебни прописи: - З аконот за персоналниот данок на доход (15 јануари), - Законот за работни односи (31 јануари) и - З аконот за придонеси од задолжително социјално осигурување (15 февруари),
roagens.mk
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
веројатно може да се премости со повикување на сите три прописи во рамките на еден единствен збирен Годишен извештај за секој поединец (физичко лице) кој ќе ги содржи сите барани информации и кој ќе биде издаден најдоцна до 15 јануари (како прв рок пропишан во еден од овие три закони - најкраткиот рок го пропишува Законот за персоналниот данок на доход). Сепак се чини дека полесниот пат е да се изврши синхронизација на овие рокови и да се пропише единствена форма на Збирен извештај од страна на законодавецот со соодветна координација на законските решанија. 1 Важно: Потсетуваме дека рокот за поднесување на Годишната даночна пријава - ПДД-ГДП останува непроменет - 15 март 2015 (за 2014 година), и истата и понатаму се поднесува во хартиена форма (сепак постои можност и за електронска достава).
ГОДИШEН ИЗВЕШТАJ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2014 ГОДИНА - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА ОБРАЗЕЦОТ „ПДД-ГИ“ Составувањето на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход за 2014 година ќе се изврши на НОВИОТ образец ПДД-ГИ кој се доставува единствено во електронска форма. Законот за даночна постапка со кој е воведена ваквата задолжителна форма на достава до УЈП, не предвидува поинаква форма на доставување на овој извештај.
ви со персонален данок на доход НЕМААТ ОБВРСКА да достават до УЈП - Годишен извештајобразец ПДД-ГИ. Ваквиот став е потврден со одговор на прашање преку info@ujp.gov.mk.
1) Вовед Согласно со членот 77 од Законот за персоналниот данок на доход, исплатувачот на приходи - правно лице и физичко лице што води деловни книги, покрај обврската при секоја исплата на обврзникот да му издаде примерок од пресметката за платената аконтација на данокот на доход и платените придонеси, има обврска за приходите за кои е пресметан данок по одбивка:
а) да издаде Годишен Збирен податок за
секој обврзник - физичко лице/граѓанин (вработен или надворешно лице) за вкупно платените аконтации на данокот и придонесите (придонесите биле плаќани само за лицата што примале плата/надомест на плата), за целата календарска година - по истекот на годината.
З бирен податок му се издава на секое физичко лице/граѓанин за износот на исплатените приходи во текот на годината (лични примања, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, други приходи, ...).
Важно: Даночните обврзници (правни и физички лица) кои во текот на 2014 година немаат извршено никакви исплати на физички лица (граѓани) кои се оданочи1
Се разбира постојат уште многу опции на „пријателско“ подобрување на шумата од извештаи што ја доставуваат деловните субјекти. На пример не гледаме потреба во ПДД-ГИ извештаите да бидат вклучени и податоците за исплатените плати (МПИН образецот ова го покрива во целост, и информациите треба да се црпат од оваа база). Потоа, не гледаме потреба да се пополнува колоната „претходна година“ кога се работи за поднесување на Годишната сметка до Централниот регистар. Со ланското поднесување оваа колона е веќе вклучена во базата контролирана од страна на ЦРРМ... итн.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
9
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Пример на Збирен Податок за 2014 година (за редот 3.1. од ПДД-ГИ) За ХХХХ година, лицето Тошо Петров со ЕМБГ: 1609956458096 и живеалиште на ул. “Перо Наков” 13 Скопје, оствари приходи од ТД “Трговија” - Скопје, како што е дадено во следниот, Збирен (годишен) податок за 2014 година: бр. 178 / 2014 / 15 Дата Вид на исплата
Бруто износ ( Даночна основа)
ПДД
Придонеси
Нето износ
14.01.2014 закупн. 13.654
1.024
/
12.630
18.01.2014 автор.
16.157
808
/
15.349
28.01.2014 јубилеј. 22.878
2.288
/
20.590
31.12.2014 плата
480.000
26.309
129.600
324.091
………….. ..……. ...……..
…..….
……......
..………
30.429
129.600
372.660
Вкупно за 2014 г.
532.689
_____________, 2015 г.
отпис на примачот П __________________
Исплатувач __________
Рок за давање на Збирниот податок на секое физичко лице што остварило приходи кај Исплатувачот е 15 јануари (2015 година), за претходната година (2014 година).
10
б) Покрај Збирниот податок, Исплатувачот - правно и физичко лице што води деловни книги, има обврска да поднесе Годишен Извештај за бруто остварените приходи на обврзникот, за платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во текот на календарската година.
Годишниот извештај на новиот Образец ПДД-ГИ со податоци за исплати остварени во период од 01.01 до 31.12 претходната (2014) година, се поднесува до органот за јавни приходи во електронска форма преку режимот e-tax. Рокот за поднесување на овој Извештај е скратен на 31 јануари 2015 година, за претходната (2014) година. Во функција на лесно и ефикасно составување на Годишниот извештај на исплатувачот на приходи (образец ПДД-ГИ), при исплатата мора секогаш да се регистрира даночниот број, односно ЕМБГ на обврзникот што ги остварува приходите (на Примерокот од пресметката). Пример на Пресметка на надомест за извршена услуга (за редот 3.8. од ПДД-ГИ) Лице на кое му се исплатува надоместот: Тошо Петров
ЕМБГ: 1609956458096
Адреса: ул. „Перо Наков“ 13 Скопје
Пресметка: бр. ______
Бруто износ (Даночна основа)
ПДД
Придонеси
Нето износ
13.523
/
12.171
Потпис на примачот ___________________
1.352
Скопје, 14.04.ХХХХ г.
Исплатувач __________
www.p
roagens.mk
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
в) Покрај Збирниот податок, Исплатувачот
- правно или физичко лице што води деловни книги, во текот на годината, при секоја поединечна исплата (согласно членот 77, став 1 од ЗПДД), има обврска на обврзникот да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и платените придонеси (пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и вработување - за обврзникот што прима плата/надомест на плата).
Плати. Работодавачот - обврзник за пресметка и уплата на персонален данок и придонеси од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој обврзник и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставува до органот за јавни приходи најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образецот МПИН.
2. Составување на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход - нов електронски образец „ПДД-ГИ“ Годишниот извештај - НОВ образец ПДД-ГИ е пропишан согласно со НОВОТО Упатството за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка („Службен весник на РМ“, бр. 201/14). И овој пат Ви обрнуваме внимание на неколку мерки на претпазливост кои мора да се применуваат во рамките на процесот на составување на образецот ПДД-ГИ.
Мерки на претпазливост при составувањето на Образецот „ПДД-ГИ“
1. Од 1 јануари 2009 година, за прв пат беше воведено правилото, пресметката на платите од претходна година што се исплатуваат во тековната година, да се врши со
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
примена на стапката и личното ослободување што важеле за претходната година. Аналогно на претходното и пресметката на платите за тековната година што ќе се исплатуваат во наредната година се врши со примена на стапката и личното ослободување што важат за тековната година. За илустрација: за 2014 година, месечното лично ослободување изнесува 7.276 денари (за 2013 година: 7.269 денари), а збирната стапка на придонесите од плата изнесува 27%. Стапката пак на персоналниот данок на доход од 2008 година наваму е непроменета и изнесува 10%. Ако плата која се однесува на 2013, се исплатува во 2014 година, се применува месечното лично ослободување за 2013 година, износот од 7.269 денари. Софтверот за пресметување и исплатување на бруто платата преку електронскиот систем за интегрирана наплата (МПИН), ја овозможува примената на ваквото логично решение. Напомена:
Напоменуваме дека при составување на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход - образец ПДД-ГИ за 2014 година, во предвид се земаат само оние плати кои се исплатени во рамките на календарската година - период: 01.01-31.12.2014 година. Во праксата може да се јават случаи кога наместо 11 се исплатуваат 13 плати во рамките на календарската година. Со измена на Законот за персоналниот данок на доход - 187/13 (член 11 став 3) е утврдено дека при пресметувањето на годишниот персонален данок на доход, личното ослободување се признава во висина на искористеното право на лично ослободување при аконтативното пресметување на персоналниот данок на доход за вкупно исплатените лични примања од плата и пензија. Порано, заради применетиот софтвер на УЈП, граѓаните кои во текот на годината примиле повеќе од 12 плати не беа во
11
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
можност во Годишната даночна пријава да ги искористат сите аконтативни лични ослободувања. Ослободувањето беше лимитирано до износот на годишното лично ослободување (еднакво на 12 месечни износи). Со актуелното решение се прецизира дека при пресметување на годишниот персонален данок на доход, личното ослободување се признава во висина на искористеното лично ослободување при акон-
тативното пресметување на персоналниот данок на доход за вкупно исплатените лични примања од плата и пензија. Со тоа се избегнуваат доплатите на данок поради аконтативно искористени 13 (и повеќе) лични ослободувања во текот на една година. Се разбира помалку искористените аконтативни лични ослободувања исто така ќе се искажат во висина на искористениот помал износ.
Пример:
За известувачката година, лицето Стојан Трајков примило 13 плати и регрес за годишен одмор, за што примило Годишен Збирен податок од исплатувачот, од кој ја составило својата Годишна даночна пријава на следниот начин:
12
Бруто износ на приход
Вк. износ на одбитоци
Платени аконтации
1. Плата
390.000
105.300
19.012
2. Регрес
20.000
2.000
скористено даночно ослободување И при аконтативно оданочување
94.581
Вкупно:
199.881
410.000
Иако лицето искористило 13 аконтативни лични ослободувања (12 за 2014: 7.276 х 12 = 87.312 + едно за 2013: 7.269, вкупно: 94.581) за известувачката година, УЈП сепак нема да го задолжи со доплата бидејќи поради променетиот режим на составување на образецот ПДД-ГДП, аконтативно искористените лични ослободувања ќе бидат прифатени и во Годишната даночна пријава. На ваков начин е структуиран и новиот Годишен извештај за персоналниот данок на доход (ПДД-ГИ), според кој во колоната 5 од втората страница на образецот (Податоци за исплатите на обврзниците) се внесува збирниот износ на даночното олеснување што е искористено во текот на годината при аконтативното оданочување на наведениот вид на исплата. 2. Извештајот ПДД-ГИ треба да биде точно пополнет со наведување на сите исплати извршени само кон физички лица од 01.01. - 31.12. за 2014 година (година за www.p
21.012
која се известува), односно да ги содржи целосните информации за сите лица по сите видови на исплати. Ова значи дека: - не треба да се даваат податоци за исплати на правни лица; - не треба да се даваат збирни податоци за исплати на приходи на повеќе неидентификувани физички лица (на пример: „сезонски работници“); - не треба да се даваат податоци за исплати на приходи, кои се однесуваат на пример за 2014 година, а се исплатени во 2015 го дина; - треба да се опфатат сите исплати на приходи, кои се однесуваат за 2013 и други претходни години, а се исплатени во 2014 година. 3. Податоците за секое физичко лице треба да бидат дадени целосно и точно, и тоа: - полно и точно име и презиме, - ЕМБГ (не смее да се обележуваат симболи, да се остава празен простор, да
roagens.mk
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
се наведува број на лична карта или пасош или сл., а за ЕДБ на странски физички лица може да се контактира ДГДО, Дирекцијата за големи даночни обврзници), - точните износи (суми) на бруто, нето исплати, персонален данок и даночни ослободувања, одбитоци и нормирани трошоци, - еден даночен обврзник (ЕМБГ) треба да биде наведен само еднаш со податоци за одредениот вид на приход, односно треба да бидат дадени во една ставка збирни податоци за сите исплати кои се однесуваат на ист вид на приход, а не смее да се наведуваат пооделно сите исплати за едно лице, кои се однесуваат за еден вид на приход.
При доставувањето на Годишните извештаи до УЈП преку системот е-Даноци, истите електронски се потпишуваат. 6. Мора да се запази законскиот рок за поднесување на Извештајот ПДД-ГИ - 31-ви јануари тековната за претходната година. 7. Во Извештајот треба да бидат вклучени и податоците од сите деловни единици, филијали и подружници на даночниот обврзник - Исплатувач. Трговци - поединци За сите исплатени приходи на физички лица (за работниците и за другите надворешни лица, а не и за работодавачот-сопственикот трговец-поединец) во текот на календарската година, вршителот на дејноста (ТП) е должен до УЈП да достави и Годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзникот за пресметаниот и платениот данок и придонес по одбивка и вкупно исплатените нето-приходи (образец „ПДД-ГИ“).
- точни збирови во хоризонтала (по лице или по видови на приходи во сумарниот извештај),
5. Извештајот ПДД-ГИ треба да се поднесе исклучиво на образецот во електронска форма (преку e-tax системот наУЈП): 1. С о директно внесување на податоците преку соодветни форми за внес во системот за е-Даноци.
аквиот начин на поднесување и подготовВ ка на податоците (без подготовка и прикачување на прилози) се препорачува за даночните обврзници кои имаат мал број на вработени.
2. С о импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен XML формат кој е објавен на системот за е-Даноци, преку менито Испрати XML. На даночните обврзници кои имаат голем број на вработени или исплати им се препорачува поднесување на ПДД-ГИ со им-
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
портирање на претходно подготвени податоци.
4. Извештајот ПДД-ГИ треба да содржи математички точни податоци, и тоа:
- точни збирови во вертикала, односно да нема разлики меѓу збировите во поединечниот извештај (за сите лица) и податоците од сумарниот извештај.
Исправка на погрешни податоци
Исправка на погрешни податоци во поднесен Годишен извештај се врши со поднесување на нов Годишен извештај како целосно нова даночна пријава, со целосни податоци за сите исплати. Новиот Годишен извештај го заменува претходно доставениот извештај. Сумарни податоци за исплатите
1) Вид на исплата Се внесуваат сумарните податоци за сите исплати по видови на приходи за сите обврзници на кои биле извршени исплати во текот на минатата година (плати, пензии, различни надоместоци, примања, приходи, добивки и др., со соодветна нумерација од 3.1 до 3.14.) 2) Број на обврзници Се внесува број на лица на кои им е извршена исплата по наведениот основ.
13
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
3) Вкупен износ на бруто приходи Се внесува збирот на сите извршени исплати во бруто износ. - З а исплатите од видот 3.1, 3.1-а, 3.1-б, 3.1-в, 3.1-г и 3.3, во бруто износот се содржани елементите од колоните 4, 6 и 7 (вкупен износ на одбитоци, вкупен износ на платен персонален данок, вкупен износ на исплатени нето приходи/ примања). - З а исплатите од видот 3.2, 3.4, 3.5, 3.6, 3.7, 3.8, 3.9, 3.10, 3.11, 3.12, 3.13 и 3.14, во бруто износот се содржани елементите од колоните 6 и 7 (вкупен износ на платен персонален данок и вкупен износ на исплатени нето приходи/примања). 4) Вкупен износ на одбитоци
14
Се внесува збирот на сите платени придонеси, трошоците што не влегуваат во основата за оданочување според видот на исплата. - З а исплатите од видот 3.1 и 3.3, износот на платени придонеси за ПИО, здравство и вработување. - З а исплатите од видот 3.1-а, 3.1-б, 3.1-в и 3.1-г, износот на целосно или делумно платени придонеси од задолжително социјално осигурување. - З а исплатите од видот 3.9 и 3.10, нормираните или стварните трошоци признаени при пресметка на данокот согласно со ЗПДД. - З а исплатите од видот 3.14, трошоците утврдени во членот 55-а од ЗПДД. Појаснување: За исплатите на плати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси, за пензиите, се впишува износот на платените придонеси за ПИО, здравствено осигурување и вработување.
www.p
Се искажува износот на сите платени придонеси, јавни давачки и трошоци што не влегуваат во основата за оданочување, за исплатите на: - п лати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот - кој не е заштитно друштво, на вработените инвалидни лица; - п лати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност - кај заштитно друштво; - п лати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот - кај корисници на ТИРЗ; - п лати, надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот - кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. За исплатите на приходи од имот (закупнини) и приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, се впишуваат трошоците нормирани со ЗПДД или стварните трошоци признаени при пресметка на данокот. За исплатите на други видови приходи платени по одбивка, се впишува износот добиен со нормираното намалување од 35%. 5) Вкупен износ на даночно олеснување Се внесува збирниот износ на даночното олеснување што е искористено во текот на годината при аконтативното оданочување за наведениот вид на исплата. Напоменуваме дека за 2014 година, вкупниот износ на даночно (лично) олеснување за 12 плати (пензии) изнесува 87.312 денари. 6) Вкупен износ на платен персонален данок Се внесува збирниот износ на платените аконтации на персоналниот данок во текот на годината за наведениот вид на ис-
roagens.mk
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД
плата, освен во точките 3.1-а, 3.1-б, 3.1-в и 3.1-г во кои се внесува состојба 0 (нула). 7) Вкупен износ на исплатени нето приходи Се внесува збирниот износ на исплатените нето приходи, односно примања во текот на годината. Податоци за исплатите на обврзниците Се избира само едно од полињата во зависност од видот на исплатите што се извршени. Напомена:
За секој различен вид на исплата се пополнува посебен преглед на податоци за исплатите на обврзниците. На пример, ако е извршена исплата на плати, по основ на договор за повремено или привремено вршење на услуги и на приходи од имот, се приложуваат 3 прегледи. Ако на едно исто лице се извршени исплати од ист вид повеќе пати во текот на годината (на пр. плата), се впишува збирниот податок од сите исплати од тој вид извршени во тој период (на пр. збирот на сите 12 плати). 1. Е МБГ на обврзникот Се впишува Единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) на кој е извршена исплатата.
Пример: 1407984454012
2. И ме и презиме на обврзникот; Се впишуваат името и презимето на лицето на кое е извршена исплатата.
Пример: Ана Наум Костовска, Охрид
3 - 7. Се пополнуваат податоците за секое лице на ист начин како што е објаснето во делот „Сумарни податоци за исплатите по видови на приходи“.
Насоки за пополнување на годишен извештај (образец „ПДД-ГИ“) за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години Исплатувачите кои во 2014 година користеле ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исплатите по овој основ треба да ги искажат на реден број 3.1-г - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. При внесот на „Податоците за исплатите на обврзниците“ по овој основ, во: • к олона 3 се внесува податок за износ на бруто приходи; • к олона 4 се внесува износ на одбитоци (износ на пресметани придонеси), • к олона 5 се внесува износот на даночното олеснување; • к олона 6 се внесува износ 0 (нула) во случај на ослободување од персонален данок на доход по член 98 од Законот, односно износ на платен персонален данок во случај да не е користено право од член 98 од Законот; и • к олона 7 се внесува износот на исплатениот нето приход. Начинот на пополнување во „Сумарните податоци за исплатите по видови приходи“ од Годишниот извештај „ПДД-ГИ“ за видот на исплата 3.1-г се врши на ист начин како кај поединечните исплати по обврзник. Според објавата на www.ujp.gov.mk, Исплатувачите кои веќе имаат поднесено Годишен извештај „ПДД-ГИ“ до УЈП, а исплатите по овој основ ги внеле на друг реден број (на пример, реден број 3.1) потребно е да поднесат „Исправка на ПДД-ГИ“.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
15
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Во збирната пресметка за исплатените приходи која исплатувачите се должни да му ја издаваат на граѓанинот треба да ги содржи истите податоци, како и искажаните во Годишниот извештај. Исплатувачите кои го изгубиле правото на ослободување по член 98-б од Законот и извршиле плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, потребно е податоците за овие исплати да ги искажат на реден број 3.1 - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси. Напомена:
16
Казнени одредби
Согласно со член 145 од ЗПДД, на правното лице-исплатувач на приходи (ако не ги исполнува обврските од член 77 т.е. не поднесе навремено Годишен извештај ПДД-ГИ и не издава примероци од пресметка на платениот данок и придонеси на физичките лица-приматели на приходот), ќе му се изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. За овој прекршок, на одговорното лице кај правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност.
Во Упството за пополнување на образецот „ПДД-ГИ“, составен дел на самиот образец стои дека исплатувачите кои вршат исплата на приходи од добивка од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај (ПДД-ГИ). Ова не произлегува од Законот за персонален данок на доход (член 77 од ЗПДД).
www.p
GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
roagens.mk
14.900 denari
ИНФОРМАЦИЈА - ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
ИЗМЕНЕТИ/НОВИ ПРАВИЛНИЦИ И НОВО УПАТСТВО ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК (од 1.1.2015 година - НОВИ ОБРАСЦИ „ПДД-ГИ“, „ПДД-02“, „ПДД-ГИ/ЗП“, „ПДД-ГИ/ОЗП“, „ПДД-ГИ/ОЦО“ И „ПДД-ПЗ“)
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 201 од 31 декември 2014 година се објавени следните измени на постоечките правилници, со кои се пропишаа нови обрасци, во сила од 1.1.2015 година: - П равилник за формата и содржината на барањето за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност („Службен весник на РМ“, бр. 153/09 и 201/14), нов образец „ПДД-ПЗ“,
- П равилник за формата и содржината на образецот на барањето за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 162/11 и 201/14), нов образец „ПДД-02“, - П равилник за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари („Службен весник на РМ“, бр. 4/12 и 201/14), нов образец „ПДД-ГИ/ЗП“, како и следните нови прописи и нови обрасци, во сила од 1.1.2015 година: - П равилник за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица и на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица (нови обрасци „ПДД-ГИ/ОЗП“ и „ПДД-ГИ/ОЦО“), к ој го замени претходниот Правилник за формата и содржината на годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица („Службен весник на РМ“, бр. 161/09), - У патство за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка (нов образец „ПДД-ГИ“),
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
к ое го замени претходното Упатство за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок од доход („Службен весник на РМ“, бр. 3/07, 28/07, 3/08, 9/09, 16/09 и 15/10).
АРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУБ ВАЊЕ НА ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ - НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-ПЗ“ поред членот 31-а на Законот за персоС налниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 13/14), обврзникот на приходи од земјоделска дејност (и лицата кои земјоделската дејност ја вршат како дополнително занимање), чиј вкупен приход во годината за која се утврдува данокот не го надминува износот од 1.300.000 денари се оданочува според паушално утврден приход. Правото на паушалното оданочување се остварува врз основа на поднесено барање до органот за јавни приходи на чија територија се наоѓа живеалиштето на обврзникот, по истекот на секоја година, најдоцна до 31 јануари наредната година (2015) која следи по годината за која се утврдува данокот (2014). овиот образец „ПДД-ПЗ“ на Барањето за Н паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност е пропишан во рамки на изменетиот правилник (СВ-201/14), во сила од 1.1.2015 година и објавен на веб страната на УЈП (www.ujp.gov.mk).
АРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ОСЛОБОБ ДУВАЊЕ ОД ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА ЗА ВРШИТЕЛИТЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ - НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-02“ Согласно со членот 30-к на ЗПДД, вршителите на самостојна дејност т.е. трговци по-
17
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
единци, физички лица што се занимаваат со земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои се должни согласно со членот 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, да воведат и да користат одобрен систем за регистрирање на готовинските плаќања, имаат право на намалување на пресметаниот персонален данок за набавени до десет фискални апарати, во висина на нивната вредност. Даночното ослободување може да го користат од првиот нареден месец од тековната година од воведувањето во употреба на одобрениот систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања до крајот на годината, сразмерно на износот на вложените средства. Доколку даночното ослободување не е искористено до крајот на тековната година, може да се пренесе во наредниот период.
18
Даночното ослободување обврзникот го остварува со одобрение од органот за јавни приходи (УЈП), по поднесено писмено барање во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето. Барањето се поднесува во даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk во пресметковниот период во кој одобрениот фискален систем е набавен и воведен во употреба. Новиот образец на барањето „ПДД-02“ е пропишан во рамки на изменетиот правилник (СВ-201/14), во сила од 1.1.2015 година и објавен на веб страната на УЈП (www.ujp.gov. mk).
Г ОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПРОДАЖНИ МЕСТА НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ - НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГИ/ЗП“ Согласно со членот 31 на ЗПДД, трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало е должен на органот за јавни приходи (УЈП) да му доставува годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, најдоцна до 31 јануари наред на та го ди на (2015) која следува по годината за која се поднесува извештајот (2014), задолжително по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk. www.p
овиот образец на барањето „ПДД-ГИ/ЗП“ е Н пропишан во рамки на изменетиот правилник (СВ-201/14), во сила од 1.1.2015 година и објавен на веб страната на УЈП (www.ujp.gov. mk). ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПЛАТЕНИ ПРИХОДИ ПРИ ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА (НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГИ/ОЗП“) И ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПЛАТЕНИ ПРИХОДИ ПРИ ОТКУП НА КОРИСЕН ЦВРСТ ОТПАД ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА (НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГИ/ОЦО“) Согласно со член 77 на ЗПДД, исплатувачот кој врши откуп на земјоделски производи, односно откуп на корисен цврст отпад, од физички лица кои не се трговци поединци, е должен на органот за јавни приходи (УЈП), најдоцна до 31 јануари на ред на та го ди на (2015) да му доставува годишен извештај за исплатените приходи: - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (нов образец „ПДД-ГИ/ ОЗП“), односно - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица (нов образец „ПДД-ГИ/ ОЦО“). Обрасците се поднесуваат задолжително по електронски пат преку http://etax.ujp.gov. mk. Двата обрасци се објавени во новиот правилник (СВ-201/14), во сила се од 1.1.2015 година и се објавени на веб страната на УЈП (www.ujp.gov.mk).
ОВО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ Н НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИИТЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ПО ОДБИВКА (НОВ ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“) Новото Упатство за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка, во споредба со претходното упатство, генерално ги содр-
roagens.mk
ИНФОРМАЦИЈА - ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
жи истите одредби, со прилагодување на измените на ЗПДД од 2014 година (кај игрите на среќа), а исто така содржи нов образец „ПДДГИ“. Годишниот извештај се поднесува најдоцна до 31 Јануари 2015 година (за 2014 година), задолжително по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk. Н ачинот на електронско пополнување на извештајот е опишан во „Упатство за корисник“ и може да се врши: • п реку соодветна форма за внес на податоци за „ПДД-ГИ” во е-Даноци; или • с о импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци. Во новиот образец „ПДД-ГИ“ не е предвиден посебен ред за лицата до 29 години, за кои работодавачите во 2014 година користеле ослободување од придонеси согласно со член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, така што во продолжение ги прикажуваме насоките на УЈП објавени на нејзината интернет страница (www.ujp.gov.mk) во врска со пополнувањето на извештајот со податоци за овие лица. Посебно Упатство (Насоки) за пополнување на Годишниот извештај (образец „ПДД-ГИ“) за лицата до 29 години, кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување Според насоките за пополнување на Годишниот извештај (образец „ПДД-ГИ“) за исплатувачите, кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години, објавено на веб страната на УЈП (www.ujp.gov.mk), исплатувачите кои во 2014 година користеле ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исплатите по овој основ треба да ги искажат на реден број 3.1-г - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој има ос-
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
лободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. При внесот на „Податоците за исплатите на обврзниците“ по овој основ, во: • колона 3 се внесува податок за износ на
бруто приходи;
• колона 4 се внесува износ на одбитоци (из-
нос на пресметани придонеси),
• колона 5 се внесува износот на даночно-
то олеснување;
• колона 6 се внесува износ 0 (нула) во слу-
чај на ослободување од персонален данок на доход по член 98 од Законот, односно износ на платен персонален данок во случај да не е користено право од член 98 од Законот; и
• колона 7 се внесува износот на исплате-
ниот нето приход.
Начинот на пополнување во „Сумарните податоци за исплатите по видови приходи“ од Годишниот извештај „ПДД-ГИ“ за видот на исплата 3.1-г се врши на ист начин како кај поединечните исплати по обврзник. Исплатувачите кои веќе имаат поднесено Годишен извештај „ПДД-ГИ“ до УЈП, а исплатите по овој основ ги внеле на друг реден број (на пример, реден број 3.1) потребно е да поднесат „Исправка на ПДД-ГИ“. Во збирната пресметка за исплатените приходи која исплатувачите се должни да му ја издаваат на граѓанинот треба да ги содржи истите податоци, како и искажаните во Годишниот извештај. Исплатувачите кои го изгубиле правото на ослободување по член 98-б од Законот и извршиле плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, потребно е податоците за овие исплати да ги искажат на реден број 3.1 - Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси.
kontakt@proagens.com.mk
19
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
НОВИ УПЛАТНИ СМЕТКИ ЗА ПРИДОНЕСИТЕ НА ХОНОРАРЦИ ИЗМЕНЕТО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ЕВИДЕНТИРАЊЕ, РАСПОРЕДУВАЊЕ И ПОВРАТ НА ЈАВНИТЕ ПРИХОДИ Во „Службен весник на РМ“, бр. 186/14 од 17 декември 2014 година е објавена последната измена и дополнување на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“, бр. 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14), која влезе во сила на 18 декември 2014 година (наредниот ден од денот на објавувањето). Уплатните сметки за јавните приходи не се изменети, меѓутоа за целите на спроведување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 142/08 ..... и 188/14), пропишани се следните нови уплатни сметки за плаќање на социјалните придонеси по основ на хонорарите остварени по договор за дело/авторски договор/друг договор: Придонес за задолжително здравствено осигурување за лица коишто остваруваат приходи од договори
20
Уплатна сметка 843-00570
Опис Придонес за задолжително здравствено осигурување од лица кои што остваруваат приходи од извршување физичка и/ или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа
Приходна шифра 712227
Придонес за пензиско и инвалидско осигурување осигурување за лица коишто остваруваат приходи од договори Уплатна сметка 843-00586
Опис Придонес за пензиско и инвалидско осигурување од лица кои што остваруваат приходи од извршување физичка и/ или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII
1.050
denari na 79 strani
Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.
www.p
roagens.mk
Приходна шифра 712125
ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2014-та ГОДИНА
ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2014-та ГОДИНА
С
огласно со член 39 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, бр. 44/99,... и 130/14) периодот за кој регистрираните ДДВ обврзници го пресметуваат и плаќаат данокот на додадена вредност е даночен период во кој се утврдуваат конечни даночни износи на ДДВ (даночен долг и претходен данок).
Д-р Рефика МУРИЌ *
Наспроти ваквиот концепт на Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници сепак имаат можност, со заклучување на ДДВ евиденцијата за годината (во случајов 2014-та) да извршат конечно и точно утврдување на данокот, преку одредени дозволени корекции, кои ќе се внесат во ДДВ Пријавата од последниот даночен период. Значи, во пријавата за последниот даночен период од календарската година, која се доставува со краен рок до 25 јануари наредната година, треба да се вклучат и одредени корективни износи за неточно прикажани даноци и износи во текот на годината, произлезени од конечни пресметувања во одредени сегменти од влезен и излезен промет. Согласно со член 40, став 3 од Законот за ДДВ, даночниот обврзник е должен да изврши конечна пресметка на данокот кој се должи за една календарска година во последната даночна пријава од календарската година, во следните случаи: - кога се врши апроксимативна поделба на претходните даноци во текот на годината (со право и без право на одбивка) или - кога дополнително се разграничува прометот со различни даночни стапки. Покрај ова, согласно со член 41-а од Законот за ДДВ, во последната даночна пријава од календарската година се прикажуваат и ситни износи на исправка, за даночни износи кои не се искажани или неточно се искажани во претходните ДДВ пријави од годината, доколку се работи за повеќе или помалку пријавен данок во дадениот даночен период, кој е помал од 1% од пријавениот данок. Даночните износи кои произлегуваат од разликите утврдени со пописот на крајот на календарската година исто така ќе се искажуваат во даночната пријава за последниот даночен период.
* Даночен советник r_muric@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2014
21
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
1. ПРЕСМЕТКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНИ ДАНОЦИ (согласно со член 36 од Законот за ДДВ)
22
Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра или примените услуги, како за промет со, така и за промет без право на одбивка на претходниот данок, може да го одбие само оној дел од претходниот данок, кој отпаѓа на прометот со право на одбивка на претходниот данок. Предуслов за поделба на претходните даноци е даночниот обврзник да ги користи добрата или услугите, кои ги набавил или увезол за цели на неговата стопанска дејност, како за промет за кој постои право на одбивка на претходниот данок, така и за промет за кој е исклучено правото на одбивка на претходниот данок, според член 35 точка 1 од Законот за ДДВ. Кога ќе се утврди постоење на претходен данок со и без право на одбивка, неговата поделба се врши според начелото на економска поврзаност на дел со право и дел без право на одбивка. Даночниот обврзник може делумните износи за кои постои правото на одбивка, да ги утврдува и преку проценка која ќе одговара на фактичката состојба. Притоа, применетото мерило на поделба мора да го има за своја основа начелото на економска поврзаност. Доколку не постои друго соодветно мерило на поделба според фактичката состојба, делумните износи кои можат да се одбијат можат да се утврдуваат единствено според „клуч” од односот на прометот за кој е одобрена одбивка на претходниот данок кон останатите видови на промет. При примена на клучот за поделба на прометот, следните видови на промет не се земаат предвид, доколку се работи за помошен промет: 1. ф инансиски промет од член 23 точка 5 од Законот за ДДВ и 2. п ромет на недвижности и други инвестициони средства користени за цели на стопанска дејност. Даночниот обврзник може при пресметката на данокот за месечните (или тримесечните) www.p
даночни периоди привремено да ја врши поделбата според состојбата од изминатата календарска година или според предвидениот сооднос во тековната календарска година. Со оглед дека ова претставува апроксимативно утврдување на претходниот данок потребно е усогласување на вака добиената вредност со вредноста што на крајот на годината ќе се утврди според фактичката состојба или според соодветно утврден клуч за распределба по начелото на економска поврзаност. Ова усогласување ќе се прикаже во последната ДДВ пријава за календарската година, така што во полињата 18 до 25 од ДДВ-Пријавата ќе се до-дадат или одземат износи, согласно со точно утврдените износи со право на одбивка, во однос на претходно пријавените износи.
2. УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН ДОЛГ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ДОБРА СО РАЗЛИЧНИ ДАНОЧНИ СТАПКИ Даночниот обврзник е должен раздвојувањето на даночните основи според даночни стапки (член 52 став 2 точка 1 од Законот за ДДВ) да го обезбеди преку опрема за обработка на податоци, фискални каси или други технички уреди. Доколку ова не може да се очекува од даночниот обврзник во дадени околности (во малопродажбата), даночниот орган може на барање да одобри лицето да врши дополнително раздвојување на даночните основи врз основа на влезот на стоки или според други соодветни карактеристики. Примената на поедноставената постапка може да се ограничи на одделни подружници, филијали или други организациони делови. Ваков ќе биде примерот за оние даночни обврзници кои вршеле промет на мало, со производи од различни ДДВ стапки, без фискални уреди за регистрирање на прометот (иако ваквите случаи се многу ретки), затоа што немаат евиденција за продажбата на производи по видови од општа или повластена даночна стапка, како и за износот на ДДВ содржан во продадените производи. Кај ваквото извршување на прометот на мало, обврската за данокот се утврдува поа-
roagens.mk
ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2014-та ГОДИНА
ѓајќи од бруто реализираниот промет. Со примена на утврдени коефициенти од учество на производи со општа и повластена стапка при задолжувањето, се утврдува (поточно: се претпоставува) и учеството на прометот на производи со општа и повластена стапка во вкупниот промет. Меѓутоа, точната обврска за ДДВ од реализацијата се утврдува врз основа на пописот и утврдувањето на залихата во продавниците под 31.12., со тоа што одделно ќе бидат прикажани залихите на производи со општа даночна стапка од оние со повластена даночна стапка.
Напомена:
Овој начин на утврдување на „аконтативни” даночни долгови според Законот за ДДВ и Правилникот за ДДВ е дозволив само за оние субјекти кои, врз основа на Барање, за тоа ќе добијат Решение од Управата за јавни приходи.
3. ИСКАЖУВАЊЕ НА „СИТНИТЕ” ИСПРАВКИ Пропишано е олеснување за ситните исправки на повеќе или помалку пријавен данок, во износ до 1% од пријавениот данок. Овие корективни вредности се вклучуваат во последната даночна пријава од календарската година. Од причини на поедноставување, наместо да се пријави исправка на ДДВ-пријавата за одреден даночен период, даночниот обврзник е должен да изврши исправка на неточна или нецелосна даночна пријава во последната даночна пријава од календарската година на која се однесува грешката, доколку се работи за повеќе или помалку пријавен данок во дадениот даночен период кој е помал од 1% од пријавениот данок (според член 41-а став 2 од Законот за ДДВ). Пример:
Даночниот обврзник “ХХ” за даночниот период јануари 2014 година пријавил данок од 400.000 денари. Меѓутоа, врз основа на извршени грешки во евиденцијата, бес-
INFORMATOR 1 I JANUARI 2014
правно извршил одбивка на претходни даноци во висина од 2.500 денари. Грешките биле воочени во јули 2014 година. Бидејќи вишокот на претходниот данок кај обврзникот изнесува помалку од 1% од пријавениот данок, тој (со право) може да чека со исправката до поднесувањето на последната ДДВ-пријава за 2014 година, кога во полињата 9 и 10 ќе искаже износи намалени за износот на погрешно искажаниот данок и неговата основица. Исто ќе се постапеше и во случај да е погрешно прикажана даночна обврска, само што корекциите ќе се внесат во соодветните полиња за оданочивиот промет (1 и 2, или 3 и 4)
4. ИСПРАВКА НА ДДВ-ПРИЈАВА Доколку се утврди дека неточно или нецелосно биле пријавувани промети, даноци или претходни даноци од претходни периоди, кои не се предмет на корекција во последната ДДВ-пријава од календарската година, даночниот обврзник е должен да изврши исправка на ДДВ-пријавата за соодветниот даночен период, преку поднесување на нова исправена ДДВ-пријава. Крајниот рок за доставување на исправките на претходно поднесени ДДВ пријави е до рокот за доставување на годишната сметка. Според ова, секоја од поднесените ДДВ пријави во 2014 година како и ДДВ пријавата за последниот даночен период (доставена до 25 јануари во 2015 година), може да претрпи исправки кои ќе бидат доставени до 28 февруари 2015 година (односно 15-ти март, доколку даночниот обврзник го има овој рок за доставување на годишната сметка). При поднесувањето на исправката не е дозволено наведување единствено на разликата во износите, односно, разликата се утврдува и се внесува целосниот точен износ, а полињата кои не се корегираат се препишуваат во ист износ. Обврската за вршење на исправки на неточно и нецелосно пријавени промети, даноци или претходни даноци, е уредена со член 41-а, со која е пропишана должноста, но и правото за вршење
23
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
исправки на даночните пријави за соодветен даночен период. Овде не станува збор за исправки од член 22 поради промена на даночната основа.
Напомена:
24
Исправките од член 22 од Законот за ДДВ се вршат поради промена на даночната основица за некој конкретен промет, во некој нареден период по извршениот промет и поднесената ДДВ пријава во која истиот е пријавен. Ваквата исправка обично се спроведува во случај на враќање на добра, поништување на купопродажни договори или заради промена на цената за некој веќе извршен промет. Исправките се искажуваат во даночниот период во кој е извршена промената, со корекција во даночната и сметководствената евиденција и нејзино внесување во поле 14 од ДДВ Пријавата (како даночен износ кој се должи или со предзнак минус, како даночен износ кој се побарува).
5. ФАКТУРИ ИЗДАДЕНИ ПО ИСТЕК НА ДАНОЧНИОТ ПЕРИОД Во утврдување на даночниот долг, покрај сите фактури (сметки) од извршен промет, кои се со дата од даночниот период, влегуваат и оние кои се однесуваат на испорака на добра и услуги под овој датум, иако за нив фактурите можат да бидат издадени со дата по истекот на даночниот период (согласно дадениот законски рок од 5 работни дена за испоставување на ДДВ фактура). Пример:
Даночниот обврзник „ХХ” за извршена испорака на свои трговски стоки по испратница бр. 120 од 28.12.2014 година, испоставува фактура со дата: 02.01.2015 година.
Фактурите од влезниот промет, кои се однесуваат на трошоци и набавки во даночниот период (до 31.12.2014), а кои се со дата на издавање од добавувачот после истекот на даночниот период, треба да се земат во предвид за одбивка во наредниот период (јануари 2015 година), во кој истите ќе бидат примени и евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.
6. ПОТСЕТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА ДДВ ПРИЈАВА ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Во случај на престанок со вршење на дејност, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец, во кој престанал со дејноста. Во случај на промена на даночниот период, врз основа на поднесено и одобрено барање од УЈП, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец во кој е поднесено барањето, за периодот од почетокот на календарската година до крајот на месецот во кој е поднесено барањето. Даночните должници кои неовластено (нерегистрирани) истакнале ДДВ во фактурите, должни се да поднесат ДДВ-пријава за оној даночен период за кој настанал даночниот долг. Ваква обврска имаат и даночните должници кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а кои се јавуваат како приматели на добра или корисници на услуги за промет кој е извршен од даночните обврзници кои немаат ниту седиште ниту подружница во РМ.
Во овој случај, моментот на настанување на даночниот долг, согласно член 31 од Законот за ДДВ, е 28.12.2014 година, што значи дека овој промет заедно со пресметаниот ДДВ за него треба да влезе во Даночната пријава за месец декември (односно тримесечниот период октомври-декември) 2014 година (односно годишниот период јануари-декември). www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИТЕ
НОВ МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ДО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЗА БРУТО НАДОМЕСТОКОТ УТВРДЕН ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИОТ ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР, ИСПЛАТЕНИОТ НЕТО НАДОМЕСТОК И ПРЕСМЕТАНИТЕ ПРИДОНЕСИ
В
рз основа на членот 13 став 3 на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 142/08 ..... и 188/14; во натамошниот текст: Закон за придонеси), министерот за финансии го донесе: - П равилникот за формата и содржината на Mесечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаните придонеси, кој е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 201 од 31 декември 2014 година и влезе во сила наредниот ден од денот на објавувањето т.е. од 1 јануари 2015 година. Во правилникот е пропишан новиот образец „МИ-Д/ИН“ - Месечен извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок, пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравстено осигурување, кој се поднесува во електронска форма до Управата за јавни приходи преку https://etax-fl.ujp.gov.mk. Образецот е поставен на интернет страницата на УЈП (www. ujp.gov.mk).
БВРЗНИЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА МЕО СЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ ДО УЈП огласно со Законот за придонеси, надоС местокот определен во договорот кој во нето износ, на месечно ниво, е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон (9.590 денари за 2015 година), остварен од извршување на физичка и/или интелектуална работа врз основа на: - договор за дело и/или - авторски договор или
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
- друг договор, од 2015 година се вклучува во режимот на плаќање на двата водечки социјални придонеси (25,3%): - придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување (18%) и - придонесот за задолжително здравствено осигурување (7,3%). Напомена:
Повеќе детали на оваа тема прочитајте во „ИНФОРМАТОР“ број 10/2014, во текстот „Од 2015 година - Обврска за социјални придонеси по основ на договорите за дело, авторските и другите договори - примери и дилеми при практичната примена“. Согласно со членот 13 на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, правното лице-исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа за физички лица е должен на Управата за јавни приходи, за секоe лице поединечно, најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, да и доставува Mесечен извештај за износот на: - бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок, пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување за лицата за кои согласно со Законот за придонеси тој е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, - б руто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или
25
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
друг договор и исплатениот нето надоместок на лицата кои согласно со Законот за придонеси се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе. П рвиот месечен извештај „МИ-Д/ИН“ правните лица-исплатувачи треба да го поднесат најдоцна до 15 февруари 2015 година, за јануари 2015 година, меѓутоа со оглед дека тој ден паѓа во недела, извештајот може да го поднесат најдоцна до 16 февруари 2015 година (понеделник).
о овој дел се избира само едно од поВ лињата зависно од видот на договорот (договор за дело/авторски договор/друг договор), а за секој различен вид на договор се пополнува посебен преглед на податоци.
Пример:
Доколку постојат авторски договор и договор за дело, се пополнуваат два посебни прегледи.
АЧИН НА ПОПОЛНУВАЊЕ НА Н МЕСЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ „МИ-Д/ИН“
Колона 1. ЕМБГ на обврзникот - се впишува Единствен матичен број на граѓанинот за кого се поднесува извештајот.
о образецот „МИ-Д/ИН“, правното лицеВ исплатувач задолжително внесува податоци за:
Колона 2. Име и презиме на обврзникот - се внесува името и презимето на лицето за кого се поднесува извештајот.
- eдинствен даночен број,
26
следните месеци нема нови договори, тогаш оваа табела не се пополнува.
- с кратен назив и адреса на вистинско седиште за контакт, - телефон и е-пошта, - даночен период за кој се поднесува и - рок на поднесување на извештајот. ачинот на електронското пополнување Н на извештајот е опишан во „Упатство за корисник“ и може да се врши: - п реку соодветна форма за внес на податоци за „МИ-Д/ИН“ во е-Даноци или
Колона 3. Износ на бруто надоместок утврден во договорот - се внесува целиот износ на бруто надоместокот утврден во договорот, кој претставува збир на нето надоместокот, придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за задолжително здравствено осигурување и персоналниот данок на доход. Бруто износот на надоместокот во авторскиот договор се добива по претходно намалување за признатите трошоци утврдени во Законот за персоналниот данок на доход.
- с о импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .hml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци.
Колона 4. Реден број на договорот - се внесува редниот број на договорот со физичкото лице во месецот за кој се поднесува месечниот извештај.
а крајот на извештајот се внесуваат поН датоци за составувачот и потписникот на извештајот.
Се внесува „1“ доколку се работи за прв договор со наведеното физичко лице, односно „2“ или „3“... соодветно доколку се работи за втор или трет итн. договор (независно од видот на договорот).
1. Податоци за бруто надоместокот утврден во договорите Во табелата за бруто надоместокот утврден во договорите се внесуваат податоци од договорите за дело, авторските договори и другите договори со физички лица. Податоците во оваа табела се пополнуваат само за месецот кога е склучен договорот. Доколку во www.p
Колона 5. Времетраење на договорот (оддо) - се внесува времетраењето на договорот.
kontakt@proagens.com.mk
02/ 3162-979 i 3298-763
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИТЕ
Пример:
За договор со важност од 1.1.2015 до 31.8.2015 година, во колоната „од“ се внесува 01.01.2015, а во колоната „до“ се внесува 31.08.2015. Колона 6. Нормиран трошок по вид на авторско дело (%) - се внесува процентот на нормирани трошоци по вид на авторско дело согласно со Законот за персоналниот данок на доход.
2. Податоци за пресметаните придонеси и за исплатениот нето надоместок 2.1. Сумарни податоци по видови на договор Колона 1. Вид на договор - наведени се видовите на договор за кои се поднесува извештајот (договор за дело, авторски договор и друг договор). Колона 2. Број на обврзници - се внесува број на лицата за кои се поднесува извештајот за соодветниот вид на договор. Колона 3. Вкупен износ на пресметан ППИО - се внесува збирот на задолжителен придонес за ПИО од сите договори од соодветниот вид. Колона 4. Вкупен износ на пресметан ПЗО - се внесува збирот на задолжителен придонес за здравство од сите договори од соодветниот вид. Колона 5. Вкупен износ на исплатен нето надоместок - се внесува збирот од сите нето надоместоци исплатени во месецот за кој се изготвува извештајот за соодветниот вид на договор.
2.2. Податоци по лице Се избира само едно од полињата во зависност од видот на договорот (договор за дело/авторски договор/друг договор). За секој различен вид на договор се пополнува посебен преглед на податоци по лице.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Пример:
Доколку постојат авторски договор и договор за дело, се пополнуваат два посебни прегледи. Колона 1. ЕМБГ на обврзникот - се впишува Единствен матичен број на граѓанинот за кого се поднесува извештајот. Колона 2. Име и презиме на обврзникот - се внесува името и презимето на лицето за кого се поднесува извештајот. Колона 3. Износ на пресметан ППИО - се внесува износот на придонесот за ПИО пресметан за месецот. Напомена:
Доколку се работи за лице кое само за себе е обврзник за уплата на придонесите, при пополнувањето на оваа табела не треба да се пополни податокот во оваа колона. Колона 4. Износ на пресметан ПЗО - се внесува износот на придонесот за здравство пресметан за месецот. Напомена:
Доколку се работи за лице кое само за себе е обврзник за уплата на придонесите, при пополнувањето на оваа табела не треба да се пополни податокот во оваа колона. Колона 5. Износ на испалтен нето надоместок - се внесува износот на нето надоместок исплатен во месецот за кој се изготвува извештајот. Дококу во месецот нема исплатено надоместок, оваа колона не се пополнува. Колона 6. Статус - се внесува „1“ доколку се работи за лице за кое, како исплатувач на надоместок, правното лице е обврзник за плаќање на придонесите, односно „2“ доколку се работи за лице кое само за себе е обврзник за уплата на придонесите. На крајот од текстот го прикажуваме образецот МИ-Д/ИН.
27
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
28
www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИТЕ
29
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Информација
31 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2015 ГОДИНА
В
о месец јануари се поднесува и Даночната пријава за утврдување на данокот на имот за 2015 година. Потсетуваме дека данок на имот се плаќа на недвижен имот, согласно со Законот за даноците на имот, 1 кој не е даночно ослободен, односно на: - земјиштето (земјоделско, градежно и шумско, како и пасиштата); - зградите - станбени згради или станови, - деловни згради и деловни простории, - административни згради и административни простории,
30
- згради и станови за одмор и рекреација и - други градежни објекти, како и - инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.
О!
Н ТЕЛ И ЛЖ ДО ЗА
Даночните обврзници (физички и правни лица-сопственици на недвижен имот), кои: - стекнале нов имот во текот на 2014 година или - оттуѓиле постоечки имот во текот на 2014 година или - извршиле промени во вредноста на веќе претходно пријавениот имот (доградба, проширување и сл.) или - никогаш досега не го пријавиле претходно стекнатиот имот, треба да поднесат Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2015 година (образец „ДИ“), до општинската администрација (и администрацијата на градот Скопје) каде се наоѓа конкретниот имот, до 31 јануари 2015 година (со оглед дека 31-ви паѓа во сабота, крајниот рок е поместен до 02 февруари 2015 година). За имотот во рамки на општините во градот Скопје, пријавите се поднесуваат само до администрацијата на Градот Скопје.
СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА
Skopje, 26. 01. 2015 godina, hotel “KONTINENTAL”, (ponedelnik) [tip, 27. 01. 2015 godina, hotel “OAZA” (vtornik) Bugarija, Sandanski, hotel “INTERHOTELSANDANSKI”**** od 29. 01 do 01. 02. 2015 godina (~etvrtok-nedela) Skopje, 03. 02. 2015 godina, hotel “KONTINENTAL”, (vtornik) Bitola, 04. 02. 2015 godina, hotel “MILENIUM”, (sreda)
1
02/ 3162-979 i 3298-763
Prijavuvaweto e zadol`itelno!
„Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12 и 188/13.
www.p
roagens.mk
ЕКОЛОГИЈА
ОБВРСКИ ПО ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА И ОТПАД НА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА
С
о Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема 1 (во натамошниот текст: „Законот“) меѓу другото се уредуваат обврските на правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјава електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, во однос на барањата за заштита на животната.
Д-р Рефика МУРИЌ *
З аконот започна со примена на 1 јануари 2013 година, меѓутоа, најважните одредби кои се однесуваат на обврската на сите производители и увозници на електрична и електронска опрема, кои треба да се организираат како колективни постапувачи или самостојно да плаќаат одреден надоместок со цел да се покријат трошоците за собирање на отпадната електрична и електронска опрема, започнуваат со примена од 1 јануари 2015 година. Оваа обврска се однесува на сите правни лица кои согласно со овој Закон се наоѓаат во категоријата „Производители“. „Производител“ според Законот, е правно или физичко лице кое без оглед на употребениот начин на продажба, вклучувајќи ја и продажбата по пат на далечинска комуникација во согласност со прописите со кои се уредува заштита на потрошувачите: - произведува и продава опрема под своја трговска марка, - п репродава, под своја трговска марка, опрема произведена од страна на друг производител, со тоа што препродавачот не се смета за производител ако марката на изворниот производителот е наведена на опремата, како што е предвидено во алинејата 1 на оваа точка или - п оради вршење на својата дејност увезува опрема заради пуштање на пазар во Република Македонија или извезува опрема надвор од неа. Инаку, одредбите на овој закон се применуваат на следниве категории на електрична и електронска опрема од член 4 на Законот (листата на производи дадена на крајот од текстот): 1) големи домашни апарати; 2) мали домашни апарати; 3) опрема за информатичка технологија и телекомуникација; 4) опрема за широка потрошувачка и забавна електроника; 5) опрема за осветлување;
* Даночен советник
6) електрични и електронски апарати (освен големи неподвижни индустриски орудија);
r_muric@proagens.com.mk 1
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 6/12 и 163/13.
31
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
7) електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт; 8) медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција); 9) инструменти за следење и контрола и 10) автомати. „Електрична и електронска опрема“ е опрема чијашто правилна работа зависи од електричната струја или електромагнетските полиња, како и опрема што е наменета за производство, пренос и мерење на тие струи или полиња класифицирани во една од горните категории и наменета е за употреба под напон кој не е поголем од 1.000 волти за наизменична струја и 1.500 волти за еднонасочна струја (во натамошниот текст: опрема).
32
Законот дава и бројни други дефиниции за категории без чие разбирање не е можно проследување на Законот. Во продолжение се спомнати поважните. „ Отпадна електрична и електронска опрема“ е отпад од електрична и електронска опрема во согласност со одредбите на Законот за управување со отпадот вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање (во натамошниот текст: отпадна опрема). „Пуштање на опрема на пазарот“ е: - д авање на произведената опрема прв пат на користење на крајниот корисник или на трговецот заради натамошна продажба, - у воз на опрема во Република Македонија заради вршење на трговска дејност за увоз на опрема со намена давање на увезената опрема на трговецот заради натамошна продажба или давање на увезената опрема на користење на крајниот корисник или - у воз на опрема за вршење на дејности што не претставуваат трговска дејност за увоз на опрема. „Трговец“ е правно или физичко лице кое обезбедува снабдување на опрема за краен
www.p
корисник, како комерцијална дејност. За трговец ќе се смета и производителот, доколку произведената или увезената опрема ја обезбедува непосредно на крајниот корисник. „Поседувач“ е правно или физичко лице кое користело, користи или има намера да користи опрема, односно лице кое со вршењето на својата дејност постојано или привремено создава отпадна опрема, а како поседувач, во смисла на овој закон, не се сметаат граѓаните или домаќинствата. „Краен корисник“ е потрошувач кој поради крајна употреба или користење на друг производ, користи опрема и на тој начин, по нивното истрошување, создава отпадна опрема. Како краен корисник ќе се смета поседувачот или трговецот кој заради свои потреби увезол опрема без посредник. „ Мал производител“ е правно или физичко лице кое пушта на пазар во Република Македонија опрема во количини не поголеми од 1.000 кг електрична опрема или 50 кг електронска опрема. „Колективен постапувач“ е правно лице основано од производителите со цел за исполнување на нивните обврски согласно со Законот (членот 21), кое има добиено дозвола за постапување со отпадна опрема. „Самостоен постапувач“ е правно или физичко лице кое има добиено дозвола за самостојно постапување со отпадна опрема согласно со Законот. „ Овластен собирач на отпад“ е комунално претпријатие или друго правно или физичко лице кое е овластено за собирање и транспорт на комунален отпад на подрачјето на општината, општините во градот Скопје или градот Скопје. „ Економски оператор“ е правно или физичко лице кое при вршење на својата дејност при управување со опрема може да биде „производител“, „трговец“ и „поседувач“.
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
ЕКОЛОГИЈА
1. ОПШТИ ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ 1.1. Означување на опремата Со цел да се минимизира депонирањето на отпадната опрема како несортиран комунален отпад и да се овозможи нејзино одделно собирање, производителот е должен на опремата која ја пушта на пазар, на видно место да обезбеди јасно видлива, читлива и прикажана на неизбришлив начин ознака за обврската за одделно собирање на отпадната опрема. околку ознаката не може да биде втиснаД та на самата опрема, заради големината или нејзината специфична употреба, тогаш таа се става на пакувањето, во упатството за употреба или во гарантниот лист на таа опрема. ормата и содржината на ознаката е проФ пишана во Правилник за формата и содржината на ознаката за обврската за одделно собирање на отпадната опрема („Службен весник на РМ“, бр. 77/12).
1.2. И нформации за крајните корисници и трговците огласно со обврската од член 11 на ЗакоС нот, производителот е должен, на своја сметка, да ги информира крајните корисници на опремата од домаќинствата за: - забраната за оставање на отпадната опрема како несортиран комунален отпад и за обврската за одделно собирање на отпадната опрема, - воспоставените системи за преземање и собирање на отпадната опрема кои им се на располагање, - начинот на нивното придонесување за повторна употреба, рециклирање и друг начин на преработка, - можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина како резултат на присуството на опасни супстанции во опремата и - значењето на ознаката за обврската за одделно собирање на отпадната опрема. INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
роизводителот исто така е должен на соП одветен начин да ги информира и запознае трговците за начинот на преземање на отпадната опрема од крајните корисници и сите дистрибутери во ланецот на испорака на опремата, а пред се трговецот кој последен ја испорачува опремата на крајниот корисник. За таа цел, производителот и трговецот се должни да обезбедат на продажните места на видно место да биде истакнато известување за крајниот корисник, за начинот и за местата за преземање на отпадната опрема.
1.3. Регистрација на производителите роизводителите кои за прв пат пуштаат на П пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија опрема, се должни да се регистрираат за тоа во органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина. Постојните производители, регистрацијата согласно со членот 13 од Законот беа должни да ја направат најдоцна до 31 декември 2013 година.
2. ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД НА ОПРЕМА З абрането е, отпадна опрема да се предава или остава како несортиран комунален отпад и оваа забрана важи за сите, како економски оператори така и физички лица граѓани.
2.1. Обврски за крајните корисници „Краен корисник“ е секој поседувач или трговец кој заради свои потреби увезол опрема без посредник. Крајниот корисник е должен отпадната опрема од домаќинствата да ја собира, чува и да ја предаде на трговецот или на овластениот собирач, како издвоено собрана фракција на комунален отпад во собирен центар или во место за преземање чија работа ја обезбедува производителот. Крајниот корисник е должен отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќин-
33
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ствата да ја предаде на производителот или на правно или физичко лице кое има дозвола за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпадот. Крајниот корисник е должен отпадната опрема пред да ја предаде, да ја собере или чува одвоено, така за да не се меша со друг вид отпад, да не се ситни или на друг начин уништува, или загадува со опасни или други супстанции, така што нејзината повторна употреба или
2.2 О бврски на трговецот за преземање на отпадна опрема од домаќинствата огласно со членот 16 од Законот, трговеС цот е должен, при продажба на опремата за домаќинства, од крајниот корисник бесплатно да презема отпадна опрема, доколку тој сака да ја предаде.
34
Т рговецот го врши преземањето на отпадната опрема од домаќинства која е еднаква на продадената опрема, а бројот на парчињата на отпадна опрема е еднаков на бројот на парчиња на продадената опрема (систем еден на еден). Доколку трговецот не ја презема отпадната опрема непосредно од крајниот корисник во време на испораката на опремата, е должен да обезбеди крајните корисници при купување на опремата да имаат можност за бесплатно предавање на отпадната опрема на продажното место на опремата или на друго место за преземање. Трговецот може во договор со производителот да обезбеди преземање на отпадната опрема во места за преземање чија работа ја обезбедува производителот кој му ја добавува опремата. Производителот отпадната опрема бесплатно ја презема од трговецот, а трговецот од производителот не смее да бара надоместок за преземање на отпадната опрема. З а местата за преземање на отпадната опрема, како и за собраната отпадна опрема во
www.p
рамките на својот деловен простор, трговецот не треба да поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпадот.
2.3. Обврски за преземање на отпадна опрема која не е опрема од домаќинства Производителот е должен на барање на крајниот корисник бесплатно да ја преземе отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата и за неа да обезбеди натамошно постапување, доколку опремата ја има испорачано на крајниот корисник (член 18 од Законот). З аостанатата отпадна опрема што се заменува со нова еднаква опрема, или со нова опрема којашто врши иста функција, може да се презема и на начин кој ќе го договорат производителот и крајниот корисник во моментот на набавка на таа опрема, односно при нејзино преземање ќе договорат друг начин на постапување со отпадната опрема, доколку не е спротивен со одредбите од овој закон. За другата заостаната отпадна опрема за која не е обезбедено ниедно од претходните постапувања, крајниот корисник е должен да обезбеди одделно собирање и привремено складирање, како и да ја предаде на правно или физичко лице кое има соодветна дозвола за постапување со отпад согласно со прописите за управување со отпадот.
2.4. П реземање отпадна опрема од овластен собирач Производителот самостојно или преку колективниот постапувач е должен да обезбеди редовно преземање на отпадната опрема од домаќинствата од овластениот собирач, што тој ја собрал како посебно собрана фракција на комунален отпад. Овластениот собирач е должен да ја предаде собраната отпадна опрема од домаќинствата на самостојниот или колективниот постапувач без барање за плаќање на нејзи-
roagens.mk
ЕКОЛОГИЈА
ната вредност или вредноста на поединечните составни делови или материјали и супстанции во отпадната опрема. За остварување на обврските на овој член колективниот постапувач и/или самостојниот постапувач и овластениот собирач склучуваат договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на договорните страни, начинот за редовно и непречено преземање на отпадната опрема, начинот на финансирање и покривање на трошоците од работењето, како и други прашања од заеднички интерес.
2.5. Обврски за производителот роизводителот на опрема е должен, на П свој трошок, самостојно или преку колективниот постапувач, да обезбеди преземање, одделно собирање, привремено складирање, транспорт, третман, преработка, повторна употреба и/или рециклирање и отстранување на остатоците од преработката на отпадната опрема (член 21 од Законот). бврските на овој член производителот е О должен да ги оствари со: - б есплатно собирање на отпадната опрема од домаќинствата којашто трговците ја преземаат од крајните корисници, - б есплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата која во рамките на одвоено собрани фракции на комунален отпад ја собира овластениот собирач, - п редавање на собрана отпадна опрема во собирните места, во инсталациите за третман, преработка и отстранување на остатоците од преработка, - и сполнување на цели за собирање (член 26 од Законот), како и цели за преработка (член 35 од Законот) и - и нформирање на крајните корисници од членот 11 (претходно изложен). аведените обврски не се однесуваат на Н малите производители од членот 24 од овој закон.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
ал производител се смета производител М кој годишно пуштил на пазар или увезол во Република Македонија помалку или еднакво на 1.000 кг електрична опрема или помалку или еднакво на 50 кг електронска опрема и истиот не е должен да обезбеди постапување со отпадна опрема доколку количината на опремата што ја пуштил на пазар или ја увезол како краен корисник, не ги надминува овие количини. Овој (мал) производител сепак е должен да се регистрира во согласност со членот 13 од Законот, како и да води евиденција во согласност со членот 38 став 7 од Законот. Во постапката за регистрација, малиот производител е должен да побара добивање на решение со кое ќе биде утврден како мал производител, притоа наведувајќи ја количината на опрема која за прв пат има намера да ја пушти на пазарот во Република Македонија.
2.6. С амостојно постапување со отпадна опрема роизводителите, обврските од членот 21 П можат да ги остваруваат самостојно доколку за тоа имаат обезбедено дозвола за постапување со отпадна опрема и се регистрирани во регистарот кај стручниот орган.
2.7. С истем за постапување со отпадна опрема П ри воспоставувањето на системот за постапување со отпадната опрема, како и при подготвувањето на програмата од членот 31 од овој закон, колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни да им обезбедат на крајните корисници (член 32): 1) бесплатно предавање на отпадната опремата од домаќинствата кај трговците каде што купуваат нова опрема на местото на создавање, местото на продажба или друго место за преземање на отпадната опрема; 2) бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата што трговците ја преземаат на местото на создавање,
35
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
на продажните места или други места на преземање на отпадната опрема; 3) преземање на отпадната опрема од домаќинствата од овластени собирачи и од собирните центри како одвоено собрани фракции на комунален отпад; 4) предавање на собраната отпадна опрема од точките 2 и 3, во собирни места и инсталации за третман и преработка и 5) информирање на јавноста за начинот на преземање и предавање на отпадната опрема. При определување на близината и достапноста на локациите на места за преземање на отпадната опрема се обезбедува истите да бидат на продажното место, во близина на продажното место или најмногу 5 км воздушна линија оддалечени од продажното место.
36
3. ОБВРСКИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАИ о Законот, преку членот 38 се предвидеС ни составувања и доставувања на посебни извештаи од економските оператори. Производителот е должен да води евиденција за количините по категорија и вид на опрема која ја пушта на пазар во Република Македонија во текот на една календарска година во пишана и електронска форма на посебен образец (даден во Прилог 1 на крајот од текстот) и до 31 март во тековната година за претходната година да го известува: 1) стручниот орган (Министерството за животна средина) кога не обезбедува постапување со отпадна опрема за што го плаќа надоместокот од членот 41 на Законот; 2) колективниот постапувач кога постапувањето со отпадна опрема го доверил на истиот; 3) стручниот орган кога е регистриран како самостоен постапувач или 4) стручниот орган кога е мал производител. Пресметувањето на количината на опрема што е пуштена на пазар во Република Макеwww.p
донија се врши преку еднократно собирање на тежината на опрема, не сметајќи ја опремата што е извезена од Република Македонија. Формата и содржината на образецот на кој се доставува Извештајот е пропишан со Правилникот за формата и содржината на образецот за евиденција за количините по категорија и вид на опрема која производителот ја пушта на пазар во Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 127/13). Производителот е должен да започне да ја води оваа евиденција од 1 јануари 2014 година, а првото известување за категориите и количините на опрема којашто ја пуштил на пазар и што ја увезол во Република Македонија во текот на една календарска година е должен да го достави најдоцна до 31 март 2015 година. Инаку, првото известување производителите го доставуваат, доколку немаат склучено договор со колективен постапувач. Колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни, најдоцна до 31 март во тековната година, до стручниот орган да доставуваат посебен годишен извештај за постапувањето со отпадната опрема за претходната година, на образец кој особено содржи податоци за: 1) количината по категории и вид на опремата што е пуштена на пазарот во Република Македонија; 2) количината по категорија и вид на отпадната опрема која е собрана; 3) количината по категории на отпадна опрема која е предадена за третман; 4) количината на отпадна опрема по категории која е преработена, повторно употребена и/или рециклирана или на друг начин преработена; 5) количината на одделно собраната отпадна опрема по категории која е извезена и 6) количината и процентите на остварување на целите од членовите 26 и 35 на Законот.
roagens.mk
ЕКОЛОГИЈА
4. ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОК КАКО ЕКОНОМСКИ ИНСТРУМЕНТ роизводителот кој пушта на пазар во Република Македонија опрема, како и производиП телот кој како краен корисник увезува опрема, се сметаат за „обврзници“ должни да плаќаат надоместок за управување со отпадна опрема, доколку не ги исполнуваат условите за ослободување од плаќање на истите според членот 42 од овој закон. Надоместокот е утврден во членот 41 од Законот и изнесува за: 1) голем домашен апарат 2) мал домашен апарат 3) опрема за информатичка технологии и телекомуникација 3.1) монитор 4) опрема на широка потрошувачка и забавна електроника 4.1) телевизиски апарати 5) опрема за осветлување 5.1) флуоресцентни, компактни и други сијалици 6) електричен и електронски алат 7) електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт 8) медицински апарати 9) инструменти за следење и котрола 10) автомати Надоместокот се пресметува врз основа на нето-тежина на опремата, по единица парче на опрема изразена во килограми за што се води евиденција и се составува месечна пресметка на посебен образец. Листата на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема, а за кои се плаќа надоместокот е објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 133/12. Обврската за пресметување на надоместокот за производителот настанува во моментот кога за прв пат ја пушта опремата на пазар во Република Македонија. Обврската за пресметување на надоместокот за производителот кој како краен корисник увезува во Република Македонија опрема со чие користење создава отпадна опрема настанува во моментот кога го започнал користењето на истата. „Обврзниците“ се должни да го платат надоместокот од горната табела на соодветна уплатна сметка на 15 ден во тековниот месец за сите пресметани надоместоци од претходниот месец.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
50 ден/кг 80 ден/кг 60 ден/кг 70 ден/кг 60 ден/кг 90 ден/кг 80 ден/кг 120 ден/кг 100 ден/кг 100 ден/кг 100 ден/кг 100 ден/кг 50 ден/кг
Надоместокот не се плаќа доколку опремата се извезува. Во овој случај, „обврзниците“ се должни да обезбедат извозна царинска декларација како доказ дека количината на опрема, за која не е пресметан надоместокот, е извезена од Република Македонија. о случај пак, на извоз на опрема за која е В наплатен надоместокот, „обврзниците“ имаат право на враќање на уплатениот надоместок за извезената количина на опремата. Враќањето на уплатениот надоместок се врши врз основа на доставено барање за враќање на уплатениот надоместок во рок од 30 дена по настанување на причините за враќање, на посебен образец. Враќањето на уплатениот надоместок се врши со решение издадено од стручниот орган, по претходна проверка на доставената документација и утврдување на исполнетоста на условите за враќање на уплатениот надоместок согласно со овој закон. „Обврзниците“ се должни навремено и правилно да го пресметуваат и уплатуваат надоместокот, како и да водат, одржуваат и чуваат уредна и точна евиденција за пресме-
37
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
таниот и уплатен надоместок, врз основа на која се составува и на секои три месеци доставува до стручниот орган пресметка за уплатениот надоместок на посебен образец.
4) производителот кој е определен како мал производител согласно со членот 24 од Законот.
римената на надоместоците започнува П од 1 јануари 2015 година, со исклучок на надоместот од точка 8 (медицински апарати) кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година.
5. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ
4.1. О слободување од плаќање на надоместокот д плаќање на надоместокот согласно члеО нот 42 се ослободени: 1) „обврзниците“ кои склучиле договор за преземање на обврски за постапување со отпадна опрема, со колективен постапувач кој има обезбедено дозвола согласно со Законот;
38
2) самостојните постапувачи регистрирани во евиденцијата на производители како субјекти кои самостојно обезбедуваат постапување со отпадна опрема и кои имаат обезбедено дозвола согласно со Законот; 3) производителот и производителот кој како краен корисник увезува опрема која не е опрема од домаќинствата, за за цели на преработка на таа опрема, а за што имаат соодветна дозвола во согласност со прописите за управување со отпадот и/или прописите за животна средина и
www.p
Со Законот се предвидени големи глоби како прекршочни санкции кои за производителот кој е правно лице, во зависност од неисполнетата обврска изнесуваат 1.000 евра, 3.000 евра или 6.000 евра, додека предвидените глоби за малиот производител кој е правно лице се во износ од 1.500 евра и 3.500 евра. Прекршочни санкции за трговците се во глоба од 2.000 евра за правното лице, 900 евра за одговорното лице во правното лице и 700 евра за трговецот кој е физичко лице. Глобите за правните лица - крајни корисници на електронска и електрична опрема изнесуваат 1.000 евра, додека за правните лица кои не се економски оператори глобата изнесува 2.000 евра Глоба во износ од 60 евра е предвидена и за физичко лице (граѓанин) кое не е економски оператор, доколку предава или остава отпадна опрема од домаќинствата (стар шпорет, бојлер, фрижидер, телевизор ...) на несоодветни места како несортиран комунален отпад. рекршочните санкции за самостојниот П постапувач се од 4.000, 8.000 па дури и до 15.000 евра, а за колективниот постапувач од 6.000, 9.000, 20.000 до 35.000 евра.
roagens.mk
ЕКОЛОГИЈА
Од Правилник за формата и содржината на образецот за евиденција за количините по категорија и вид на опрема која производителот ја пушта на пазар во Р. Македонија „Службен весник на РМ“, бр.127 од 14.09.2013 год. Прилог 1 Евиденција за количините по категорија и вид на опрема која производителот ја пушта на пазар во Република Македонија 1. Календарска година ______________________ 2. Датум на изработка на извештајот _____________________ (ден, месец, година) 3. Назив / Име ______________________ 4. Седиште и адреса ______________________ 5. Дејност и шифра ______________________ 6. Број на деловниот субјект ______________________ 7. Даночен број ______________________ Вид на Тарифна Назив и број на категорија на производ * ознака ЕЕО пуштена на пазар *
Единечна тежина по парче kg
Произведени
бр.
kg
+ Увезени
бр.
- Извезени
kg
бр.
kg
Вкупно пуштени на пазар бр.
kg
39
Извештајот го пополнил (име и презиме) _______________________ Одговорно лице (име и презиме)
Потпис _______
_______________________ МП Потпис _______
Листата на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема („Службен весник на РМ“ бр. 133/12) Прилог 2 Видовите на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема се следниве:
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
40
www.p
roagens.mk
ЕКОЛОГИЈА
41
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
!
НАЈНОВО
42
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
www.p
roagens.mk
НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ
НОВ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ - ВО ПРИМЕНА ОД 7 АПРИЛ 2015 ГОДИНА ПРЕДМЕТ НА ЗЗСВНД
С
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
о Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност (во натамошниот текст: ЗЗСВНД), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 199 од 30.12.2014 година, во сила од 07.01.2015 година, а во примена која отпочнува во рок три месеци од денот на влегувањето во сила - 07.04.2015 година, за прв пат се дефинираат активностите на правни и физички лица кои во смисла на овој закон го носат епитетот на нерегистрирана дејност чие вршење претставува прекршок и основ за санкционирање. ЗЗСВНД ги определува и исклучоците т.е. дејностите чие вршење е дозволено без претходна регистрација во соодветен регистар. ЗЗСВНД воведува и категорија соучесник во вршењето на нерегистрирана дејност и ја детерминира неговата прекршочна одговорност. Предметот на регулирање ги опфаќа и надлежните органи за постапување при спречување и заштита од појавата на нерегистрирана дејност, инспекцискиот надзор над спроведувањето на ЗЗСВНД, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби. Одредбите од ЗЗСВНД, нема да се применуваат на вршење на нерегистрирани дејности кои се санкционирани со закони кои ја регулираат областа на даноците (член 2 од ЗЗСВНД).
СУБЈЕКТИ НА КОИ СЕ ОДНЕСУВА ЗЗСВНД Домашни и странски резиденти Опфатот на субјектите на кои се однесува ЗЗСВНД е даден во членовите 3 и 4, при што во членот 4 се дадени и дефиниците на поимите употребени во ЗЗСВНД. ЗЗСВНД се однесува на: - П РАВНО ЛИЦЕ: задруга, установа и друго лице со правен субјективитет кое врши дејност; - Ф ИЗИЧКО ЛИЦЕ кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност, лице кое врши услуги или слободни занимања и друго физичко лице кое врши дејност. * Правен советник
d_jacimovic@proagens.com.mk
Од вака најшироко поставената дефиниција на субјектите на кои се однесува ЗЗСВНД, произлегува дека ЗЗСВНД се однесува на сите лица кои имаат правен субјективитет т.е. способност да бидат носители на права и на обврски во правниот промет а која се стекнува со запишување во соодветен регистра. При тоа од аспект на ЗЗСВНД е небитно дали дејноста што ја врши правното
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
43
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
лице е профитна или непрофитна или има карактер на јавна услуга односно, небитно е потеклото на основачкиот капитал на субјектот (државен или приватен капитал) т.е. дали е во прашање јавно правни лица или приватно правни лица, небитна е големината на правното лице и неговата организациона поставеност, небитни се сите други критериуми што би можеле да се земат како основа за истакнување на нивните специфики.
44
Сеопфатноста на ЗЗСВНД се однесува и на физичките лица кои немаат правен субјективитет, изразено во делот од дефиницијата на изразот „физичко лице“ кој гласи, цитат: „и друго физичко лице кое врши дејност“. Произлегува дека, одредбите на ЗЗСВНД се однесуваат не само на регистрираните вришители на самостојни економски дејности или даватели на професионални и други интелектуални услуги (вршители на земјоделска дејност, занаетчиска дејност, вршители на услуги или слободни занимања, адвокати, нотари, консултанти, ревизори, инжинери, архитекти, новинари, вршители на спортска, културна и друга интелектуална дејност и слично) вклучително и трговци-поединци како една од формите на организирање на самовработени лица туку пред се, во духот на интенцијата на ЗЗСВНД, се однесуваат на физичките лица кои вршат дејност без регистрација, во насока на нивното санкционирање и елимирање од пазарот. Ова е потврдено со членот 6 (став 1 алинеја 3) од ЗЗСВНД кој прецизира дека за нерегистрирана дејност на фичко лице се смета вршење на дејност која не е регистрирана кај надлежен орган. Одредбите од ЗЗСВНД се однесуваат и на правни и на физички лица кои имаат седиште или престојувалиште надвор од територијата на Република Македонија, а својата дејност ја вршат на територијата на Република Македонија преку подружница. Во членот 5 се определува дека се забранува вршење на нерегистрирана дејност на физички и правни лица утврдени ЗЗСВНД.
02/ 3162-979 i 3298-763
www.p
ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА Д ЕЈНОСТ Членот 6 од ЗЗСВНД е клучен член бидејќи ги дефинира активностите на физичките и правните лица кои се сметаат за нерегистрирана дејност и претствуваат основа за прекршочна одговорност на вршителот. Во истиот член се определуваат и исклучоците т.е. активности кои не се сметаат за вршење на нерегистрирана дејност. Од аспект на правното лице, вршење на нерегистрирана дејност во смисла на ЗЗСВНД, постои кога врши дејност: • к оја не е запишана во посебните регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар; • б ез да поседува законски пропишан акт/и за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност издаден/и од надлежен орган согласно закон; • с противно на забраната на вршење дејност изречена од надлежен орган. Од аспект на физичкото лице, вршење на нерегистрирана дејност во смисла на ЗЗСВНД, постои кога врши дејност: • к оја не е регистрирана кај надлежен орган; • б ез да поседува законски пропишан акт/и со кој ги исполнува условите за вршење на регистрирана дејност издаден/и од надлежен орган согласно закон и • с противно на забраната на вршење дејност изречена од надлежен орган. Во појаснувањето на поимот на нерегистрирана дејност, како дејност која не е запишана во посебните регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар може да се земе секоја дејност на правни и фички лица чие вршење со посебен закон е условено со претходно регистрирање во соодветен професионален јавен регистар врз основа на исполнување на соодветни критериуми, како на пример:
roagens.mk
НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ
- в ршењето на ревизорска дејност (Закон за ревизија) бара претходно регистрирање на физичкото лице во Регистарот на овластени ревизори, на трговецот-поединец во Регистарот на овластени ревизори-трговципоединци и на правното лице во Регистарот на друштвата за ревизија;
ските друштва и Закон за вршење на занаетчиската дејност..... .
- в ршењето на вештачење (Закон за вештачење) од страна на вештаците кои се евидентираат во Регистарот кој го води Министерството за правда;
Вршење на нерегистрирана дејност поради непоседување на законски пропишан акт со кој се потрвдува дека правното или физичкото лице ги исполнува условите за вршење на регистрирана дејност всушност значи вршење на дејност без поседување на законски пропишана лиценца или дозвола за одреден вид на работа што ја издава надлежен орган или институција.
- в ршењето на процена од овластени проценувачи (Закон за процена) кои се евидентираат во Регистарот за овластени проценувачи на надлежното министерството и Збирниот регистар на Комората на проценувачи;
Вршење на нерегистрирана дејност согласно со член 6 од ЗЗСВНД постои и кога правно или физичко лице врши дејност и покрај постоење на забрана за вршење на дејност како мерка изречена од страна на надлежен орган.
- в ршење на сметководствена дејност (Закон за вршење на сметководствени работи) од страна на сметководители регистрирани во Регистарот на сметководители и овластени сметководители при Институтот (ИСОС), од страна на трговци-поединци сметководители регистрирани во Регистарот на трговци поединци-сметководители, трговци-поединеци - овластени сметководители регистрирани во Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и друштва за вршење сметководствени работи регистрирани во Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи при Институтот; - Н ародна банка води Регистар на даватели на услуги брз трансфер на пари; - а двокатите поединци се запишуваат во Именикот на адвокатите, а адвокатските друштва се запишуваат во Именикот на адвокатските друштва, коишто се водат во Адвокатската комора на Република Македонија; - з анаетчиска дејност (Закон за вршење на занаетчиската дејност) може да врши физичко лице кое е запишано во Регистарот на занаетчии (занаетчија) кој го води комората. Занаетчиска дејност можат да вршат трговец поединец и трговско друштво (вршител на занаетчиска дејност) под услови и на начин утврдени со Законот за тргов-
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
ИСКЛУЧОЦИ ОД НЕРЕГИСТРИРАНА Д ЕЈНОСТ Членот 6 од ЗЗСВНД во ставовите од 2 до 8 ги определува исклучоците од активности на физичките и правните лица кои се сметаат за вршење на нерегистрирана дејност. Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност: • в ршењето на други активности кои што се потребни за извршување на дејноста која е запишана во трговскиот или друг со закон предвиден регистар или вообичаено се извршуваат заедно со регистрираната дејност; • п овременото вршење на активност за која со закон е исклучена обврската за регистрација на дејноста кај надлежен орган; • р абота за сопствени потреби (според дефиницијата од членот 4 на ЗЗСВНД: работа за сопствени потреби е активност која непосредно ја извршуваат одговорните лица или вработените во правното лице или физичкото лице кое врши регистрирана дејност заради одржување, поправка или подобрување на работните простории кои се во сопственост или под закуп ги користи правното или физичкото лице,
45
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
како и отстранување и спречување на дефекти на подвижни предмети кои се во сопственост или кои под закуп ги користи правното или физичкото лице. Како работа за сопствени потреби на физичко лице ќе се смета и градба наменета за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 во сопственост на физичкото лице); • с емејна помош (според дефиницијата од членот 4 на ЗЗСВНД: семејна помош е активност која непосредно ја врши физичкото лице во корист и за интерес на лицето со кое е во роднинска врска или однос на старателство, како и на лицето со кое живее во заедничко домаќинство, без оглед на тоа дали се во роднинска врска или старателство);
46
• с оседска помош (според дефиницијата од членот 4 на ЗЗСВНД: соседска помош е вршење на работа меѓу соседите кога меѓу нив постои близина на живеење до 300 метри во урбаната средина, односно во рамките на исто населено место во руралната средина, без склучен договор за работа, односно работата се врши без паричен надоместок или друга материјална корист, истата не се врши редовно, не се врши од страна на правни или физички лица регистрирани за таа дејност и работата не се врши како одговор на објавен оглас); • продажба на лични користени предмети; • р абота која се врши без финансиски надоместок или друга материјална корист и ако работата не се извршува редовно; • о бјавувањето, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците; • д ејноста која ја вршат физички лица преку продажни места на организирани зелени пазари, кои се запишани во регистарот на Управата за јавни приходи и се оданочуваат паушално за дејноста што ја вршат. • и звршувањето на нужна работа за спречување на несреќи или отстранување на последици од природни и други несреќи;
www.p
• у слуга извршена за потребите во домаќинството и • в ршење на работи кои се надвор од дејност на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа, а за кои работодавачот склучува договор со определено лице.
СОУЧЕСНИК ВО ВРШЕЊЕТО НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ Според член 7 од ЗЗСВНД за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност се смета правното или физичкото лице кое: - овозможува вршење на нерегистрирана дејност, - нарачува вршење на нерегистрирана дејност или - посредува во вршење на нерегистрирана дејност. Во случај на нарачување или посредување во вршењето на нерегистрирана дејност физичкото или правното лице ќе се смета за соучесник ако знаело или можело да знае дека станува збор за вршење на нерегистрирана дејност.
ОГЛАСУВАЊЕ Заради воспоставување на што е можно поширока контола во насоката на спречување на вршење на нерегистрираната дејност, во членот 8 од ЗЗСВНД е уреден начинот на огласување на активностите кои се нудат на пазарот, од аспект на обврските на нарачателот на огласот, задолжителните податоци на огласот и обврските на субјектот кој го врши огласувањето. При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: - т ековна состојба од Централен регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно
roagens.mk
НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ
- д оказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација. Субјектот кој го врши огласувањето има обврска: - д а ги чува податоците за идентификација во рок од една година од објавување на огласот и - н а барање на органите на надзор да им дозволи да извршат увид во податоците за идентификација на нарачателот на огласот. Ако огласувачот не постапи на овој начин се смета за соучесник. Одредбите од член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување.
ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Со членот 9 од ЗЗСВНД е уредено кои органи на државната управа и локалната самоуправа имаат надлежност за вршење на инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од ЗЗСВНД и каква постапка преземат за утврдените неправилности. Инспекциски надзор ќе вршат органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа и тоа: Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, овластен градежен инспектор и овластен урбанистички инспектор при Единиците на локалната самоуправа, Државен комунален инспекторат, Државен инспекторат за транспорт, Државен инспекторат за техничка инспекција, Државен инспекторат за земјоделство, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Државен просветен инспекторат, Државен управен инспекторат, Државен испекторат за локална самоуправа, Државен инспекторат за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, овластените инспектори за живот-
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
на средина на општините во Градот Скопје и овластените инспектори за животна средина на Градот Скопје, секој во однос на одредбите од ЗЗСВНД за прашањата за кои тие се надлежни согласно со закон. Ако при инспекцискиот надзор се утврди повреда која е предвидена како прекршок согласно со ЗЗСВНД (прекршоците се уредени со членовите 13, 14, 15 и 16) овластениот подносител ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд. Органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа водат евиденција за прекршоците утврдени со ЗЗСВНД и за констатираните состојби и исходот од постапката доставуваат податоци до Инспекцискиот совет.
УПРАВНИ МЕРКИ Со членот 10 од ЗЗСВНД се утврдени управните мерки кои органите кои вршат инспекциски надзор ќе ги преземаат спрема правните и физичките лица за кои ќе констатираат дека вршат нерегистрирана дејност. Попрецизно, кога при спроведување на инспекцискиот надзор надлежниот инспектор на лице место констатира дека правното или физичкото лице врши нерегистрирана дејност, составува записник за утврдената фактичка состојба и донесува решение за забрана на вршење на нерегистрираната дејност до денот на регистрацијата кај надлежниот државен орган, во кое се утврдува рокот за регистрација кој не може да биде подолг од 30 дена. Решението за забрана на вршење на нерегистрираната дејност се извршува без одлагање по извршениот инспекциски надзор со запечатување на работните простории или простории од деловен карактер, инсталациите, уредите и другата опрема за работа или опрема која е наменета за работа или за друг погоден начин. Кога околностите на случајот тоа го бараат, запечатувањето на работните простории или просториите од деловен карактер по исклучок може да се спроведе најдоцна во рок од три дена од денот кога е
47
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
извршен инспекцискиот надзор, односно од денот кога е издадено решението. Доколку правното или физичкото лице неовластено го отстрани запечатувањето на работните простории или простории од деловен карактер, инсталациите, уредите и другата опрема за работа или опрема која е наменета за работа или за друг погоден начин, соодветно ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик кои се однесуваат на симнување на службен печат или знак. Против решението може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. Жалбата не го одложува извршувањето на решението. Жалбата се изјавува до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
48
Напомена: Согласно со член 18 од преодните и завршните одредби од ЗЗСВНД жалбата ќе се изјавува до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка од денот на отпочнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Македонија“, бр. 130/14). До тогаш, жалбата против решение за забрана на вршење на нерегистрираната дејност се изјавува до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен. Инспекциските служби во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа се должни да соработуваат и разменуваат податоци со Министерството за финансии - Управата за јавни приходи заради утврдување и пресметување на даночните обврски на субјектите кои вршат нерегистрирана дејност. И обратно, Министерството за финансии - Управата за јавни приходи во вршење на работите од својата надлежност во даночна постапка кај нерегистрирани даночни обврзници е должна за истото да достави известу-
www.p
вање до органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор.
ПОРАМНУВАЊЕ Во членот 11 од ЗЗСВНД е предвидена постапката за порамнување како задолжителна претходна постапка согласно со Законот за прекршоци. Имено, за прекршоците утврдени со ЗЗСВНД (во членовите 13, 14, 15 и 16) надлежниот инспектор е должен на сторителот на прекршокот (вршителот на нерегистрирана дејност, соучесникот – лице кое овозможува, нарачува или посредува во вршење на сметководствена дејност, нарачателот на оглас иили огласувачот) пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка да му предложи постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците. Инаку, постапката за порамнување претставува инструмент на прекршочното право со кое се овозможува избегнување на поводување на прекршочната постапка од страна надлежен надзорен орган при констатирањето на прекршокот, доколку сторителот го признае истиот и се согласи да ја плати глобата врз основа на издаден платен налог. Сторителот е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на налогот на сметката на органот назначен во налогот. Доколку ја плати во рок, плаќа само половина од изречената глоба.
ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ЗЗСВНД во членот 12 предвидува посебна мерка од привремен карактер за сторителот на прекршокот која се состои од одземањето на предмети, опрема и средства со кои сторил прекршок или истите ги стекнал со сторувањето на прекршокот кој е уреден со ЗЗСВНД . Ако при инспекцискиот надзор се утврди повреда на членовите 6, 7 и 8 од ЗЗСВНД која значи: вршење на нерегистрирана дејност; овозможување, нарачување или посредување во вршење на нерегистрирана деејност - соучесништво; нарачување на оглас или
roagens.mk
НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ
огласување спротивно на ЗЗСВНД, на сторителот на прекршокот - правно или физичко лице привремено ќе му се одземат предметите, опремата и средствата со кој е направен прекршокот или настанале како резултат на сторување на прекршокот. За одземените предмети, опрема и средства инспекцискиот орган на сопственикот му издава потврда за привремено одземените предмети, опрема и средства и е должен да му ги предаде на надлежниот суд за понатамошно постапување.
ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Во членовите 13, 14, 15, 16 и 17 од ЗЗСВНД содржани се прекршочните одредби, со кои се пропишани глоби за сторените повреди на одредбите од ЗЗСВНД и надлежен орган за водење на прекршочна постапка. - Г лоба во износ од 10.000 до 20.000 евра за РАБОТОДАВАЧ-ПРАВНО ЛИЦЕ, од 2.000 до 3.000 евра за ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ и од 2.000 евра за РАБОТОДАВАЧ - ФИЗИЧКО ЛИЦЕ за прекршок ако: • в рши дејност која не е запишана во другите посебни регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар; • н ема со закон пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност и • в рши дејност спротивно на забраната на вршење дејност. - Г лоба во износ од 3.000 до 10.000 евра ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ за прекршок ако: • в рши дејност која не е регистрирана кај надлежен орган; • в рши дејност за која нема со закон пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност и • в рши дејност спротивно на забраната на вршење дејност.
02/ 3162-979 i 3298-763
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
- Г лоба во износ од 2.000 до 3.000 евра за РАБОТОДАВАЧ-ПРАВНО ЛИЦЕ, од 1.000 до 2.000 евра за ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ, од 1.000 до 2.000 евра за РАБОТОДАВАЧ - ФИЗИЧКО ЛИЦЕ и од 1.000 до 2.000 евра за ФИЗИЧКО ЛИЦЕ за прекршок ако: • н а друг како соучесник овозможува извршување на нерегистрирана дејност . - Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра за РАБОТОДАВАЧ-ПРАВНО ЛИЦЕ, од 2.000 до 3.000 евра за ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ, од 2.000 до 3.000 евра за РАБОТОДАВАЧ - ФИЗИЧКО ЛИЦЕ и од 2.000 до 3.000 евра за ФИЗИЧКО ЛИЦЕ за прекршок ако: • е соучесник во вршење на нерегистрирана дејности (нарачува или посредува во вршење на нерегистрирана дејност); • п ри нарачувањето на огласот правното лице како нарачателот не наведе податоци за идентификација: тековна состојба од Централен регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица; • о бјавил оглас без да нарачателот на огласот достави податоци за тековната состојба од Централниот регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица; • с убјектот кој го врши огласувањето не ги чува податоците за идентификација во рок од една година од објавување на огласот и • с убјектот кој го врши огласувањето на барање на органите на надзор не дозволи на органите на надзор да извршат увид во податоците за идентификација на нарачателот на огласот. За прекршоците утврдени од ЗЗСВНД, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежниот суд.
49
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ЗАДОЛЖИТЕЛНАTA ЗАДОЛЖНИЦА СЕПАК НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖНИЦА
Д
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
50
* Правен советник d_jacimovic@proagens.com.mk
еловната јавност, особено најзасегнатите меѓу нив: правните лица со статус на трговици според формата и дејноста согласно со Законот за трговските друштва на кои се однесува Законот за задолжница, конечно можат да здивнат бидејќи задолжителната задолжница нема да се случи! Така одлучи законодавецот и ја озваничи својата одлука на 31.12.2014 година, преку Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница објавен во „Службен весник на РМ”, бр. 201 од 31.12.2014, кој влезе во сила со денот на објавувањето: 31.12.2014 година. За сите кои се задоволни со оваа информација, читањето претпоставувам завршува со оваа точка. ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧЕШЕ?... За по некој кој сака да знае повеќе, на пример што ќе се случеше доколку измената на Законот на задолжница, по најскратена можна постапка не го здогледаше денот на 31.12.2014 година, неколку кратки ретроспективни информации. Беше подготвен Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница, по скратена постапка од 16 декември 2014 година (којшто за среќа нема да стане закон, бидејќи е повлечен кој ни од далеку, а сепак само две недели пред критичната измена од 31.12.2014 година, не наговестуваше ретерирање на законодавецот, а уште помалку целосно повлекување на задолжителната задолжница. Со Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница од 16 декември 2014 година се предвиде примената на задолжителната задолжницата (која инаку требаше да се издава во должничко доверителските односи со кои се создаваат обврски во износ од 300.000 денари и повеќе) да се одложи за 1 април 2015 година, наместо на првично предвидениот старт од 1 јануари 2015 година (по основ на Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 12/14), до кој датум ќе останеше во режимот на доброволен инструменти за обезбедување на побарувања. Освен одлагањето на примената, Предлогот на Закон за изменување .... од 16 декември 2014 година, содржеше и предлог решенија кои водеа кон ограничување на задолжителноста на задолжницата, па дури и целосно анулирање на обврската за издавање на истата при постоење на одредени предложени правни моменти: 1) плаќање на паричната обврска да е извршено во рок од пет работни дена од денот на настанување на обврската за плаќање или 2) да постои авансно плаќање на паричната обврска. И ова значеше нешто и претставуваше поместување од мртвата точка на апсурдноста која произлезе од непропишаниот рок за издавање на задолжителната задолжница, па
www.p
roagens.mk
ЗАДОЛЖНИЦА
се наметнуваше заклучок дека истата мора да се издаде дури и кога плаќањето се случило авансно пред издавање на фактура, или непосредно со или по издавањето на фактура. Дури и во ваквите случаи кога парите се веќе легнати на сметката на доверителот, должникот ќе требаше да се „казнува“ со издавање на задолжница за обезбедување на нешто што веќе го платил, што функцијата на задолжницата како инструмент за обезбедување ја правеше целосно беспредметна. Исто така, уште еднo интересно решение од сега повлечениот Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница од 16 декември 2014 година, беше воведување на т.н. кумулативна задолжница, која можеше да се издава за период до една година, за повеќе или за сите побарувања кои доверителот ги има од еден должник во периодот за кој е издадена. Од предлог решението јасно произлегуваше дека со кумулативната задолжница не се менува износот на поединечното побарување кое создава обврска за издавање на задолжницата, туку се даваше можност повеќе или сите побарувања кои доверителот ги има од еден должник до една година а кои поединечно изнесуваат 300.000 денари или повеќе да може да се обезбедат со издавање на една кумулативна задолжница. И ова прелог решение можеше да се оцени како позитивно, бидејќи значеше трошковно олеснување за должниците ако се земе предвид дека трошоците за издавање на задолжница вклучуваат нотарска награда според Нотарска тарифа („Службен весник на РМ“, бр. 108/12, во сила на 31.08.2012) од 3.000 денари и надоместок за успис на нова задолжница во Регистарот на задолжници согласно со Тарифата на Централниот регистар на РМ (бр. 0201-03/31 од 27.10.2014 година) од 505 денари, што значително го оптоварува буџетот на должникот со пофреквентни должничко-доверителски релации. Меѓутоа, овие предлог решенија не го дадоа и одговорoт на прашањето зошто во должничко доверителските односи на задолжницата би и се дал примат пред другите
INFORMATOR 1 I JANUARI 2014
средства за обезбедување на побарување, ако за некои може со сигурност да се каже дека се поефикасни од истата (н. пр., банкарска гаранција, договорен залог, меница, нотарската исправа со клаузула за извршност – извршна нотарска исправа,...).? Или, зошто веќе обезбеденото побарување со некое друго средство мора да се „реосигура“ со задолжителната задолжница? Френетично инсистирање на задолжницата „во секој случај“ кога побарувањето е од 300.000 денари и повеќе (доколку не се надминати 30% од вкупниот лански приход на должникот) без согледување на објективниот корпус на еден должничко доверителски однос во сите негови аспекти, не можеше да се прифати како ултра позитивено законско решение кое сигурно ќе ја подобри наплативоста на обврските и економската моќ на стопанството. Не треба да се заборави дека истите резултати треба да ги даде и Законот за финансиска дисциплина, кој законски утврдените максимални рокови за плаќање на паричните обврски ги афирмира како своевиден модел за обезбедување на сигурна наплата. Зошто тогаш беше неопходно инсистирањето на задолжителната задолжница? Но, да не го рашириме образложението премногу според позната; „што би било кога би било“... ќе констатираме само дека беше и остана „обид за воведување на задолжителна задолжница“. А реалноста е следна...
ДОБРОВОЛНА ЗАДОЛЖНИЦА - ВО СИЛА И ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА Со Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница објавен во „Службен весник на РМ”, бр. 201/14 година во сила од 31.12.2014 година, во Законот за задолжница целосно се избришани одредбите со кои беше промовирана задолжителната задолжница со примена од 1 јануари 2015 година, а кои беа во истиот внесени со измената објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 12/14. Тоа се одредбите од:
51
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Член 3, ставови 6 и 7, (6) Издавањето на задолжница е задолжително за должничко доверителски односи со кои се создаваат обврски во износ од 300.000 денари и повеќе, доколку се исполнети условите од ставовите (4) и (5) на овој член. (7) Задолжница не се издава, доколку вкупниот неплатен износ по основ на издадени задолжници надминува 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година, евидентирани во Регистарот на годишни сметки кој се води во Централниот регистар. Член 16:
1. задолжницата, 2. број на трансакциска сметка на довери-
телот на која треба да се пренесат средства од сметка на должникот и
3. изјава заверена на нотар со која дове-
Управата за јавни приходи доколку утврди повреда на членот 3 став (6) од овој закон, поста-пувајќи во редовна или вонредна контрола над правните лица кои ги контролира, ќе поведе прекршочна постапка. Член 20-а
52
Единствен остаток од целосно избришаната измена на Законот за задолжница (СВ, 12/14), е одредбата од членот 8 став 2 која исто така стартува со примената од 1 јануари 2015 година а со која се редефинирани прилозите кои треба да се достават кон барањето за наплата на задолжницата до носителот на платен промет на должникот. Потребните прилози кое доверителот ги доставува се:
(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице кое нема да издаде задолжница согласно со членот 3 став (6) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице на правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. Член 21-а (1) За прекршокот пропишан со членот 20-а од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. (2) П ред поведување на прекршочната постапка Управата за јавни приходи поведува постапка на порамнување, согласно со Законот за прекршоците. По ова бришење, Законот за задолжница суштински го добива изворниот лик, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 59/12 година, влезен во сила на 19 мај 2012 година, а во примена од 1 септември 2012 година, со кој се пропишува модел на доброволна задолжница, како инструмент за обезбедување на побарување. www.p
рителот под полна морална, материјална и кривична одговорност го потврдува неплатениот износ на побарувањето по задолжницата и потврдува дека нема поднесено и нема да поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар за наплата на побарување кое произлегува од основот за издавање на задолжницата.
Како новина се јавува проширувањето на содржината на изјавата заверена на нотар, со која доверителот под полна морална, материјална и кривична одговорност го потврдува, покрај неплатениот износ на побарувањето по задолжницата и фактот дека нема поднесено и нема да поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар за наплата на побарување кое произлегува од основот за издавање на задолжницата.
GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
14.900 denari
02/ 3162-979 i 3298-763
roagens.mk
ДЕЛОВНИ ОДНОСИ
НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА ОПФАТ НА ИЗМЕНАТА
С
о Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина (ЗФД) објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 201 од 31.12.2014 година, влезен во сила со денот на објавувањето: 31.12.2014 година, а во примена од 01.01.2015 година, се врши прво новелирање на ЗФД насочено кон уредување на неколку законски недоречености. Новите решенија вклучени во ЗФД 1 се однесуваат на:
Данијела ЈАЌИМОВИЌ *
- дефинирање на рокот за доставување на писменото известување за пречекорување на роковите за исполнување на паричните обврски од страна на нотарите, извршителите и судовите до Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи (надлежна за економските оператори од приватниот сектор), - давање можност за електронско поднесување на писменото известување за пречекорување на роковите за исполнување на паричните обврски од страна на нотарите, извршителите и судовите до Финансиската инспекција во јавниот сектор и до Управата за јавни приходи, - продолжување на рокот од 15 на 30 дена во кој Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи е должна да постапи и да изврши контрола на деловната трансакција по прием на известување за пречекорување на роковите, - прецизирање дека надзорот од страна на Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи ќе се врши над деловните трансакции кои ќе настанат по 1 јануари 2015 година и - прецизирање на времето кога настанува прекршок за неисполнување на парични обврски.
НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА
* Правен советник
- Со измената на членот 11 став 2 од ЗФД, се прецизира дека доколку економскиот оператор од приватниот сектор поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар, според кои се пречекорени законските рокови за плаќање на обврските од страна на 1
d_jacimovic@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
„Службен весник на РМ“, бр. 187/13, во сила од 7 јануари 2014 година, во примена од 1 мај 2014 година; и 201/2014, во сила од 31.12.2014 година, а во примена од 1 јануари 2015 година.
53
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
субјектот од јавниот сектор, судот, извршителот или нотарот се должни во рок од 10 дена од приемот на тужбата, предлогот за извршување односно предлогот за платен налог, во писмена, односно електронска форма кога е тоа можно да го известат Министерството за финансии - Финансиска инспекција во јавниот сектор, со цел да утврди дали се прекршени одредбите од овој закон од страна на субјектот од јавен сектор.
54
- Со измената на членот 12 од ЗФД, се прецизира дека во договорите меѓу економски оператори од приватниот сектор, во случај кога должникот нема да ја исполни паричната обврска во роковите предвидени со ЗФД и доверителот ќе поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар, според кои се пречекорени законските рокови за плаќање на обврските од страна на должникот, судот, извршителот или нотарот се должни во рок од 10 дена од приемот на тужбата, предлогот за извршување односно предлогот за платен налог, во писмена, односно електронска форма кога е тоа можно, да ја известат Управата за јавни приходи со цел да утврди дали се прекршени одредбите од овој закон од страна на економскиот оператор од приватниот сектор. - Со измената на членот 13 став 1 од ЗФД, се утврдува дека по применото известување, Финансиската инспекција во јавниот сектор или Управата за јавни приходи е должна да постапи и да изврши контрола на деловната трансакција во насока на утврдување на тоа дали се почитувани одредбите од ЗФД во рок од 30 дена (наместо 15 дена) од приемот на известувањето во писарницата на Министерството за финансии во случаите кога е надлежна Финансиската инспекција во јавниот сектор, односно во писарницата на Управата за јавни приходи во случаите кога е надлежна Управата за јавни приходи. - Со измената на членот 13 став 2 од ЗФД, се прецизира дека за поднесената прекр-
www.p
шочна пријава, односно за констатацијата дека нема повреди на ЗФД, Финансиската инспекција во јавниот сектор, односно Управата за јавни приходи е должна во писмена, односно електронска форма кога е тоа можно да ја извести странката која ја поднела тужбата до судот, односно барањето за извршување до извршител, односно подносителот на барањето за платен налог во рок од три дена од денот кога е поднесена прекршочната пријава, односно е констатирано дека нема повреди на одредбите од ЗФД. - Со измената на членот 17 во ставовите: 1, 2, 3 и 4 од ЗФД се прецизира дека глоба ќе му се изрече за сторен прекршок на должникот, односно на одговорното лице доколку не ја исполни паричната обврска во предвидениот рок, а согласно со роковите за плаќање утврдени согласно со членови 5, 6 и 7 од ЗФД. Пред измената, формулацијата на прекршочните одредби од наведните ставови утврдуваше дека прекршокот настанува доколку должникот, односно на одговорното лице нема да ја намири паричната обврска во роковите утврдени со ЗФД. Ова формулација создаваше забуна од аспект дали должниците ќе се казнуваат ако го пречекорат предвидениот (договорениот) рок, иако не го прекршиле рокот утврден од членовите 5, 6 и 7 од ЗФД (60, 120, односно 30 дена) или казната исклучиво ќе се сведе на прекршување на законкиот рок. Новото решение од членот 17 ставовите: 1, 2, 3 и 4 дека глоба ќе се изрече за сторен прекршок на должникот, односно на одговорното лице: „доколку не ја исполни паричната обврска во предвидениот рок“ а во рамки на роковите утврдени со ЗФД, се чини дека одговорот го насочува токму кон ставот да се казнува непочитување на договореното. - Во членот 19 став 2 од ЗФД се прецизира дека инспекциски надзор од страна на Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи уреден со одредбите од член 13 од ЗФД кој ќе стартува од 01.01.2015 година по добивање на известување од суд, нотар или извршител
roagens.mk
ДЕЛОВНИ ОДНОСИ
ќе се однесува на деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор НАСТАНАТИ ПО 31 ДЕКЕМВРИ 2014 ГОДИНА. * * * * * Надвор од наведените законски новини, Управата за јавни приходи, на крајот на септември 2014 година донесе и објави: „УПАТСТВО за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“ (во натамошниот текст: Упатство), како документ од јавен карактер заведен под бр. 21-7087/1 од 30.09.2014 година, кое придонесе за расчистување на некои спорни сегменти и недоречености на ЗФД, но и пропиша документи (обрасци) со кој се операционализира ЗФД.
Извадок од:
УПАТСТВО за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор 1. ПРЕДМЕТ Со оваа Упатство се прецизираат надлежностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, односно начинот и формата на поведување на постапката на надзор, обврската за известување, санкции за прекршителите и постапката во случај на непостапување. 2. ЦЕЛ Основна цел на оваа Упатство е информирање за активностите кои се преземаат од Управата за јавни приходи при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор согласно Законот за финансиска дисциплина. 3. ВРСКА СО ДРУГИ ДОКУМЕНТИ Ова упатство е поврзано со сите други документи во Управата за јавни приходи, согласно системот за управување.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
• Закон за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ“, бр. 187/2013) • Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06...187/13) • Закон за општата управна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 38/05...51/11) • Закон за трговските друштва („Службен весник на РМ“, бр. 28/04...41/14) • Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03 (образец на УЈП објавен на веб страницата www.ujp.gov.mk) • Известување за утврдени состојби од извршен надзор за финансиска дисциплина УЈПДИ-З.2-04 (образец на УЈП) 4. ДЕФИНИЦИИ Сите дефиниции се дадени во стандардот ИСО 9001:2008 и се усвоени во меѓународната размена. • Деловна трансакција - трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, која се однесува на испорака на стоки, давање на услуги и вршење на работи за одреден паричен надоместок. • Деловна трансакција помеѓу економските оператори од приватниот сектор - ќе се смета секоја поединечна испорака на договорена стока, услуга или работа. Со оглед на тоа што деловната трансакција се однесува на испорака на стоки, давање на услуги и вршење на работи за одреден паричен надоместок, тоа значи дека рокот за исполнување на паричните обврски ќе започне да тече поединечно за секоја испорака на стока, услуга или работа. • Субјекти од јавен сектор - органи на државната управа и единици на локалната самоуправа; фондови, агенции, дирекции, бироа и јавни установи основани од Р. Македонија; јавни претпријатија и трговски друштва основани од Р. Македонија, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и друштва врз кои државата или органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје имаат директно или индиректно влијание
55
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
преку сопственоста над нив, односно поседуваат поголем дел од капиталот над друштвото, имаат мнозинство гласови на акционерите / содружниците и именуваат повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото; јавни установи основани од единиците на локалната самоуправа; и други институции основани со закон. • Економски оператори од приватен сектор - трговско друштво или трговец поединец основан согласно со Законот за трговските друштва; и физички и правни лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон. 5. ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА
56
• Економските оператори имаат обврска Законот да го спроведуваат од 1 мај 2014 година за деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, настанати од 1 Мај 2014 година, односно од денот на започнувањето на примената на овој Закон, a за деловните трансакции меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, одредбите од овој закон ќе се применуваат од 1 јануари 2016 година. • Надлежност за спроведување на надзор над спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина имаат две институции, и тоа: - Министерство за финансии - преку финансиската инспекција во јавниот сектор, за деловните трансакции помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, во случај кога субјектите од јавниот сектор се јавуваат како должници; - Управата за јавни приходи - преку инспекциски надзор во приватниот сектор почнувајќи од 1 јануари 2015 година, за деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор.
kontakt@proagens.com.mk
6. РЕГУЛАТИВИ ЗА РЕШАВАЊЕ / НАМАЛУВАЊЕНА НЕНАВРЕМЕНОТО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ рз база на следење на состојбите во бизнис заВ едница констатирана е појава на нeпочитување на роковите за намирување на обврските утврдени во договорите помеѓу економските субјекти. Економските оператори се соочуваат со проблеми во наплатата на меѓусебните побарувања што доведува до нарушување на нивната ликвидност и влошување на севкупната економска активност. За подобро функционирање на економските текови, Р. Македонија презема мерки за уредување на навременото исполнување на парични обврски кои произлегуваат од реализација на деловни трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, а во согласност со Директивата 2011/7/ЕУ 2 за борба против задоцнетото плаќање во комерцијалните трансакции (combating late payment in commercial transactions) од 16 февруари 2011 година. Република Македонија во тој правец пропиша одредени законски решенија (во текот на 2012 и 2014 година) преку носењето на Закон за задолжница и Закон за финансиска дисциплина, а со цел подобрување на финансиската дисциплина на субјектите во деловните односи. Целта на донесувањето на Законот за финансиска дисциплина е уредување на навременото исполнување на парични обврски кои произлегуваат од реализација на деловни договори помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, со цел спречување на неисполнувањето на паричните обврски во предвидените рокови. Со примена на Законот за финансиска дисциплина ќе се подобри функционирањето на пазарот, ликвидноста и оптималното работење на фирмите, што во крајна линија ќе ја зголеми и конкурентноста на македонските компании.
Целта на Directi ve 2011/7/ЕU for combati ng late payment in commercial transacti ons е воведување на регулатива за решавање или намалување на утврдените состојби во однос на ненавременото исполнување на обврските, која земјите членки на ЕУ имаат обврска да ја имплементираат во своите регулативи најдоцна до 16 март 2013 година.
2
www.p
roagens.mk
ДЕЛОВНИ ОДНОСИ
6.1. Опфат на Законот за финансиска дисциплина • Законот за финансиска дисциплина се применува на деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, во случај кога субјектите од јавниот сектор се јавуваат како должници. При деловните трансакции едната страна се обврзува да обезбеди стоки, услуги или вршење на работи, а другата страна се обврзува да ги исполни паричните обврски кои произлегуваат од трансакцијата. • Законот за финансиска дисциплина нема да се применува на економските оператори од приватниот сектор над кои е отворена постапка за стечај, во согласност со закон со кој се уредува стечајната постапка и кога со посебен закон се утврдени рокови за исполнување на парични обврски на начин различен од утврдениот со овој Закон. • За сите прашања кои не се уредени со овој Закон се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи. Исто така, се пропишува дека цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата и други слични облигациони договори не смеат да се користат на начин спротивен на утврдените рокови во овој Закон. • УЈП нема ингеренции да врши наплата на неплатените обврски, ниту да присилува на исполнување на обврските на друг начин, освен со примена на одредбите на Законот за финансиска дисциплина. Законот предвидува констатирање на прекршок од УЈП и поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд. 7. РОКОВИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР • За фактурите во кој не е наведен рок за плаќање, како меродавен рок се применува законскиот минимален рок од 30 дена. • За фактури во кој е наведен рок пократок од 30 дена, како меродавен рок се применува наведениот рок (на пример 11, 13...25 дена).
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
• За фактурите во кој е наведен рок од 30 до 60 дена, како меродавен рок се применува наведениот рок (во период до 60 дена, на пример 31, 32...60 дена). • За фактурите во кој е наведен рок 60 до 120 дена, се применува договорениот рок (во период од 60 до 120 дена, на пример 90 дена), доколку за истото постои изрична писмена согласност * од двете страни. * Изрична писмена согласност нема посебно пропишана и определена форма. Искажување на подолг рок за исполнување на паричните обврски може да биде наведено и во самата фактура изготвена по претходно извршена нарачка или да биде посебен документ во кој двете страни искажале согласност за рокот за исполнување на паричните обврски. 7.1. Елементи на фактура зготвената фактура мора да ги содржи сите елеИ менти за да биде веродостојна: • да има точно означена валута на доспевање; и • да биде поткрепена со договор кој ќе соодветствува на фактурата во смисла на исти наведени рокови за плаќање склучени меѓу договорените страни. НАПОМЕНА:
Пропратната документација за прием и испорака на договорена стока, услуга или работа неопходно е да соодветствува со содржината и елементите на фактурата. Економските оператори од приватниот сектор заради утврдување на моментот на прием на фактурата или потврдување на испораката на стоката, услугата или работата, потребно е фактурите да бидат придружени со испратници на кои ќе стои датум потпис / или печат од лицето кое примило. 7.2. Утврдување на ден за исполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор Во случај на непрецизирање на денот / датумот на прием на фактура или испорака на стока услуга или работа како битен елемент од кога започнува да тече рокот за исполнување на паричните
57
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
обврски, односно прецизирање на „првиот нареден ден“ од рокот од 30 / 60 / 120 дена како законски предвиден рок за исполнување на паричните обврски, Законот за финансиска дисциплина предвидува неколку можности, односно ситуации според кои почнува да тече рокот за исполнување на обврската, односно „првиот нареден ден од денот“, и тоа: • кога должникот ја примил фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот кој ја исполнил својата договорна обврска; • кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно ја извршил испорака на добра и услуги, а притоа не може да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање; • кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно ја извршил испорака на добра и услуги, а должникот ја примил фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни својата договорна обврска; или
58
• на истекот на рокот за квантитативен и квалитативен прием на добрата и оверка на извршените услуги, а должникот ја прими фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на потврдувањето на приемот, рокот за преглед и прием на добрата и услугите не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на истите, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите добрата и услугите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок. За да се надминат евентуалните проблеми околу прецизирање на роковите од сите горенаведени точки, Управата за јавни приходи при постапувањето ќе се води пред се на обврската за водење на сметководствени евиденции и деловни книги регулирана во член 45, 46 и 47 од Законот за даночна постапка (обврската на економскиот оператор за водење на деловни книги и евиденции, општи начела за водење на сметководствени евиденции и книжења и други евидентирања), како и Законот за трговските друштва (обврската на економскиот оператор за редовно и уредно водење на сметководствени книги).
8. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО УЈП ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДЗОР Управата за јавни приходи може да врши редовен или вонреден надзор и контрола за деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор по претходно пристигнато известување од суд, извршител или нотар или по сопствен избор 3. Доколку должникот од приватен сектор нема да ја исполни паричната обврска во законските рокови предвидени со член 5, 6 и 7 од Законот, а доверителот поднесе: • тужба до надлежен суд; • предлог за извршување до извршител; или • предлог за платен налог до нотар; во вакви случаи судот, извршителот или нотарот се должни да достават Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03 со соодветните прилози до Даночниот инспекторат на надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП (во дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор), со цел да утврди дали се прекршени одредбите на овој Закон од страна на економскиот оператор од приватниот сектор. Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03 е образец на УЈП и ќе може да се преземе од веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/ mk/obrasci/pregled). НАПОМЕНА:
Известувањето УЈП-ДИ-З.2-03 треба да се доставува на контакт адресата на надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП (види://www.ujp.gov.mk/mk/ kontakt), започнувајќи од 1 јануари 2015 година. 8.1.
Специфични случаи
8.1.1. Една од договорните страни е странско правно лице Законот за финансиска дисциплина не прави разлика помеѓу домашни и странски правни лица.
Управата за јавни приходи може да врши инспекциски надзор и по сопствен избор, односно редовни инспекциски контроли за спроведување на Законот за финансиска дисциплина.
3
www.p
roagens.mk
ДЕЛОВНИ ОДНОСИ
Доколку странско правно лице во својство на доверител поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар, УЈП по приемот на Известувањето за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03 од надлежниот подносител, е должна да постапи согласно надлежностите утврдени со овој Закон. 8.1.2. Оспорени побарување Доколку во текот на постапката која ја води УЈП по поднесено Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03 од надлежен подносител, се утврди дека помеѓу договорните страни постои некаков спор или се води постапка пред друг орган или надлежен суд (на пример, околу признавање на долгот, нецелосно исполнување на обврските од договорот и сл.), УЈП во такви ситуации ја запира постапката за надзор согласно член 147 од Законот за општата управна постапка, се до правосилно завршување на спорот / постапката пред друг орган или надлежен суд, по чие решавање УЈП ќе ја продолжи постапката за надзор. НАПОМЕНА:
Должникот во текот на постапка на надзор од УЈП има обврска да ги извести овластените лица од УЈП и да приложи доказ за поведена постапка за оспорување на долг пред друг орган или надлежен суд. 8.1.3. Н иштовни одредби за рокот на плаќање на паричните обврски Кога во деловната трансакција помеѓу субјектите од приватен сектор не е утврден рокот за плаќање или кога договорите содржат ништовна одредба во однос на рокот за плаќање, должникот треба да ги исполни своите парични обврски во рок од 30 дена од денот кога должникот ја примил фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот, кога доверителот ја исполнил својата обврска испорака на договорената стока, услуга или работа, или на истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите, односно прием на извршените работи.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Како ништовна договорна одредба ќе се смета одредбата која во однос на доверителот е значително неправедна и на нефер начин го одредува датумот или периодот за плаќање и ја ограничува примената на другите заштитни мерки кои ги пропишува Законот. 8.1.4. Р окови за исполнување на паричните обврски во корелација со временско важење на законот (деловни трансакции пред и по примена на законот) Сите договори кои што се склучени пред стапувањето на сила на овој Закон, а во кои е децидно наведена количина, цена и рокови за плаќање, треба да важат условите одредени во договорот и по влегување во сила на овој Закон, односно роковите предвидени со член 5, 6 и 7 од Законот за финансиска дисциплина нема де се применуваат. Доколку договорните страни склучат нов договор или анекс кон постоечкиот договор во период по стапување на Законот за финансиска дисциплина, во ваков случај рокот за плаќање на паричните обврски ќе биде утврден согласно член 5, 6 и 7 од Законот. Во однос на договорите кои се склучени пред и по влегување на сила на Законот, а со истите воопшто не е утврден рок за плаќање или/и рокот е неодреден (на пример, плаќање по остварена реализација) ќе се применуваат роковите утврдени со Законот, од причина што согласно член 15 утврдено е следното: ,,Одредбите од деловните трансакции за кои е склучен договор меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, кои не се во согласност со одредбите од овој закон, се сметаат за ништовни и немаат правно дејство“. Кај договори со сукцесивна испорака на добра кои се склучени по стапување на сила на овој Закон, секоја испорака на стока или извршена услуга која произлегува од договорите ќе се смета за поединечна деловна трансакција. Во ваков случај секоја испорака на добра или услуги ќе се смета за засебна деловна трансакција со рокот за плаќање утврден во членот 5 и 6 (на пример, доколку е извршена испорака
59
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
на добра или услуги во месец Март 2015 тоа значи дека за таа деловна трансакција рокот за плаќање ќе изнесува максимум 120 дена). 9. НАЧИН И РОКОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДЗОР ОД УЈП За вршење на надзорот и сите дејствија кои се потребни да се преземаат по вршењето на надзорот од УЈП, утврдени се прецизни рокови и предвидени се санкции за неспроведување на истите.• Управата за јавни приходи е должна да изврши контрола на деловната трансакција во рок од 15 дена од приемот на Известувањето за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03 во УЈП. • В о рок од 15 дена од денот на извршениот надзор, УЈП има обврска да поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка УЈППР-З.1-02 до надлежниот суд, доколку со извршениот надзор се утврди дека должникот не ја намирил паричната обврска во роковите утврдени со овој Закон;
60
• В о рок од 18 дена од денот на извршениот надзор, УЈП има обврска да достави Известување за утврдени состојби од извршен надзор за финансиска дисциплина УЈП-ДИ-З.2-04 до странката (доверителот) која ја поднела тужбата до судот, односно барањето за извршување до извршител, односно подносителот на барањето за платен налог до нотарот, доколку е констатирано дека нема повреди на одредбите од овој Закон. НАПОМЕНА:
Освен да достави Известување УЈП-ДИ-З.2-04 до странката, УЈП нема законска обврска да достави известување по констатираните наоди од надзорот до судот/ извршителот/ нотарот кои го доставиле Известувањето за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски УЈП-ДИ-З.2-03. 9.1.
Постапка во случај на неспроведување на надзор и неизвестување на странката
Со Законот за финансиска дисциплина се утврдуваат рокови и начин за поднесување на барање од странката која не добила информација од инспекциските органи, до писарницата на Директорот на УЈП, за добивање на одговор, понатаму рок за известување за непостапување до Државниот управен инспекторат и рокови за постапување на www.p
инспекторатот и поднесување на пријава до надлежниот јавен обвинител и се одредуваат казни за непостапување на сите одговорни лица во ланецот на спроведување на законските одредби на законот. 10. КАЗНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР • Г лоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правното лице доколку нема да ја намири паричната обврска во роковите утврдени со овој закон, а 750 до 1.500 евра на одговорното лице во правното лице економски оператор од приватниот сектор. Иста висина на глоба има и за сторен прекршок на правното лице економски оператор од приватниот сектор и за одговорното лице доколку облигационите договори цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата и други слични облигациони договори ги користи на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со овој Закон. • Г лоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на трговецот поединец, доколку нема да ја намири паричната обврска во роковите утврдени со овој Закон. 12. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ • О вој документ е од информативен карактер и нема правна сила на толкување на закон и не може да претставува основа за негово користење или употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права. • Н адлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија. 12.1.Информирање Објава: Веб страница на УЈП www.ujp.gov.mk Карактер на документот: Јавен карактер Целна група: Економски оператори од приватен сектор, Судови, Извршители и Нотари.
roagens.mk
ДДВ
НОВ ПРАГ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ ВО 2015-та
С
огласно со измените на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 130/14) од 1 јануари 2015 година се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ на 1.000.000 (1 милион) денари.
1. ПРАВО И ЗАКОНСКА ОБВРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА
Д-р Рефика МУРИЌ *
Право на регистрација според Законот за ДДВ - имаат само субјектите „даночни обврзници“, а тоа се сите правни или физички лица кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, независно од целите и резултатите од вршењето на дејноста. Сите субјекти кои спаѓаат во оваа категорија („даночни обврзници“ 1) и кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а чиј вкупен промет во изминатата календарска година го надминал прагот за регистрација за ДДВ во износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или во текот на годината го надмине износот, се обврзани да извршат регистрација за данокот на додадена вредност. Оттука даночните обврзници кои во текот на 2014 година оствариле промет над 1 милион денари 2, должни се до 15 јануари 2015 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност. (Важно: Ова се однесува и на физичките лица - граѓани кои вршат некоја оданочива дејност, како на пример, изнајмување на објекти, земјиште и друг имот, за деловни цели.) Даночните обврзници (новорегистрирани субјекти), кои во текот на 2015 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за целите на ДДВ, односно должни се да поднесат Пријава за регистрација најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот. Законот за ДДВ посебно ја утврдува и издвојува категоријата на
1
субјекти кои не се даночни обврзници и кои немаат обврска да се регистрираат за ДДВ. Меѓу тие субјекти се наброени државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела кои не се даночни обврзници за оној дел од нивните дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки.
* Даночен советник
r_muric@proagens.com.mk
До 31.12.2014 година, прагот за регистрација беше достигнатиот
2
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
промет од 2.000.000 денари.
61
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
За неподнесување на пријава за регистрација во случаи на постоење таква обврска, предвидена е парична казна според член 60 од Законот за ДДВ (2.000 до 2.500 евра за правно лице, односно 500 до 1.000 евра за физичко лице). Но, преку изостанувањето на регистрацијата не може да се избегне примената на одредбите од Законот за ДДВ во врска со настанувањето, пресметувањето, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност. Од друга страна, според Поглавје 110 став 5 од Упатството за примена на Законот за ДДВ - „ДДВУ“ (на Министерството за финансии) со ова, на даночниот обврзник не му се ограничува правото на одбивка на претходните даноци. Сепак, во пракса регистрирањето и користењето на правото за одбивка на влезниот данок е строго формално. Напомена:
62
По регистрирањето, даночните обврзници остануваат во системот на ДДВ најмалку пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет.
1.1. Што претставува „вкупен промет“? Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од Законот за ДДВ (промет во земјата), вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок.
додадена вредност), како и сите промети ослободени од данок според ЗДДВ со право на одбивка на претходниот данок (член 51 став 2 реченица 1 од ЗДДВ). Прометот на добра и услуги кој не подлежи на оданочување (на пр. градежни работи извршени во странство) и прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок (член 23 од ЗДДВ) не се зема предвид при утврдување на севкупниот промет.
1.2. Рок за пријавување за регистрација Регистрацијата за цели на ДДВ поради достигнат праг за регистрација на вкупен промет во изминатата година, се врши најдоцна до 15 јануари во годината, со поднесување на Пријава за регистрација за ДДВ на Образец „ДДВ-01“ до регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето на обврзникот. Во истиот период, 1-15 јануари, можат да се регистрираат и субјектите кои сакаат да го направат тоа на доброволна основа, иако не го достигнуваат наведениот праг на регистрација. Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет од 1.000.000 денари, даночниот обврзник ја поднесува даночната пријава најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.
1.3. Одлука за доброволна регистрација за ДДВ
Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година.
Во функција на донесувањето на одлука за доброволна регистрација, нагласуваме дека само регистрираните обврзници за ДДВ имаат:
Општите услови за настанување на обврската за регистрација, поблиску се уредени со Поглавје 110 од Упатството за примена на Законот за ДДВ („ДДВУ“) на Министерството за финансии, кое меѓу другото предвидува и дека кон севкупниот промет се вбројува целокупниот промет на добра и услуги оданочив според ЗДДВ (вклучувајќи го данокот на
- овластување да го искажуваат данокот во фактурите и другите документи и
www.p
- обврска да пресметуваат данок на додадена вредност за сопствениот промет на добра и услуги,
- право на одбивка на претходниот данок засметан од добавувачите (со ис-
roagens.mk
ДДВ
клучок кај субјектите кои вршат дејност која е без право на одбивка по член 23 од Законот за ДДВ). Оние даночни обврзници кои започнуваат со вршење на дејност во текот на годината, а предвидуваат дека со својот промет ќе го достигнат прагот на регистрација, поднесуваат пријава за регистрација во рок од петнаесет дена од почетокот на вршењето на дејноста.
2. ОДЈАВУВАЊЕ ОД РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ По извршената пријава, даночниот обврзник се води во регистарот на ДДВ обврзници до прекинувањето или престанокот со вршењето на стопанската дејност. Согласно одредбите од член 51 од Законот за ДДВ, сите регистрирани даночни обврзници (вклучувајќи ги и доброволно регистрираните), се обврзани да бидат во системот на ДДВ најмалку пет календарски години независно од висината на вкупниот промет кој го остваруваат во текот на календарската година. За даночните обврзници кај кои е истечен петгодишниот период на регистрација за ДДВ и кои сакаат да поднесат Пријава за отповикување на регистрацијата за данокот на додадена вредност дерегистрирањето е дозволено, доколку севкупниот промет за последната календарска година не го надминал прагот за регистрација (член 51 став 7 од Законот за ДДВ). Одјавувањето се врши најдоцна до 15 јануари од годината, за која даночниот обврзник не сака повеќе да биде регистриран за цели на ДДВ, со поднесување на ДДВ-01Б - „Пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност“, до регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето на обврзникот. Ваквото право на дерегистрација за 2015 година ќе го имаат сите даночните обврзници кои во 2014 година оствариле „вкупен промет“ што не надминува 1.000.000 денари.
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
2.1. Службено дерегистрирање на даночни обврзници Прекинувањето на регистрацијата може да се случи во покус рок од пет календарски години, врз основа на решение од надлежниот даночен орган. Надлежниот даночен орган може да изврши прекинување на регистрацијата на малите даночни обврзници, со цел редуцирање на административните трошоци, кога: - во претходната календарска година даночниот обврзник поднесува даночни пријави без искажување на данок за извршен промет и без искажување претходен данок за одбивање или - во две претходни календарски години даночниот обврзник поднесува даночни пријави без искажување на данок за извршен промет, со исклучок на случаите кога во истите периоди во даночните пријави искажува само промет ослободен од данок со право на одбивка или претходен данок кој произлегува од промет на инвестициони добра извршен кон даночниот обврзник или увезени од него. Дерегистрирање настапува и во случаите од членот 9-а, односно кога ќе се изврши даночно поврзување на даночниот обврзник по основ на сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со други даночни обврзници. Службено дерегистрирање на даночните обврзници е предвидено и доколку: - н е поднесуваат даночни пријави за најмалку два даночни периоди кај месечните и тримесечните и за еден даночен период кај годишните даночни обврзници; - н е можат да се најдат на пријавените адреси и на адресата за вршење на деловни активности и - к ај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување.
63
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
3. ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ Согласно со членот 51 од Законот за ДДВ, надлежниот даночен орган може да одбие да го регистрира даночниот обврзник кој започнува да врши дејност и даночниот обврзник кој доброволно се пријавил за регистрација, доколку: - не може да се најде на пријавената ад-
реса и на адресата за вршење на деловни активности,
- не може да ја докаже реалната намера
да врши дејност или
- кај даночниот обврзник претходно е
идентификувано даночно затајување.
4. ОДБИВКА НА ДАНОК ОД ЗАЛИХИТЕ НА СТОКИ КАЈ НОВОРЕГИСТРИРАНИ ДДВ ОБВРЗНИЦИ
64
Субјектите кои за прв пат стануваат ДДВ обврзници, при продажба на стоките кои им се затекнале на залиха пред регистрацијата ќе мораат да пресметуваат ДДВ, како и сите други регистрирани обврзници за ДДВ, без оглед на тоа што не го одбиле данокот при нивната набавка. Конкретно законско уредување за третманот на залихите на стоки затекнати кај даночни обврзници кои за прв пат влегуваат во системот на ДДВ не постои, но, новорегистрираните даночни обврзници, преку посебниот образец (со иста форма и содржина на поранешниот Образец ДДВ-05/1), кој е вграден во самата ДДВ Пријава, го пријавуваат претходниот данок од залихите, со што се овозможува негово признавање за одбивка од искажаните даночни обврски. За таа цел, новорегистрираниот даночен обврзник е должен да изврши попис на залихите на стоките наменети за натамошна продажба, за кои сака да изврши одбивка на претходниот данок во системот на ДДВ, со состојба на последниот ден од месецот пред неговата регистрација за целите на ДДВ и тоа одделно, според даночни стапки (општа и повластена даночна стапка). www.p
Следствено, податоците (за испорачателот, износите по фактури, износот на ДДВ во залихите и датумот на извршеното плаќање на фактурите) треба да се внесат во делот на образецот наречен „ДДВ содржан во залихи на добра наменети за натамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ“.
• Предуслови за одбивка на данокот од залихите За да се оствари правото на одбивка на претходниот данок содржан во залихите на добра наменети за натамошна продажба, мора да бидат исполнети кумулативно следните услови: - д аночниот обврзник да е регистриран за целите на ДДВ согласно со Законот за ДДВ; - д аночниот обврзник мора да ја извршил набавката на добрата или увозот на добрата пред датумот на регистрација за целите на ДДВ; - з а набавените добра даночниот обврзник мора да поседува фактури издадени во согласност со член 53 став 10 од Законот за ДДВ и истите да се ПЛАТЕНИ најдоцна до истекот на рокот за поднесување на првата ДДВ пријава (во зависност од даночниот период: месечен, тромесечен); - з а увезените добра даночниот обврзник мора да поседува царински документ од кој произлегува дека е ПЛАТЕН данокот на додадена вредност при увозот, најдоцна до истекот на рокот за поднесување на првата даночна пријава на данокот на додадена вредност.
• Искажување на данокот за одбивка во првата ДДВ Пријава Вкупниот пријавен данок на додадена вредност за одбивка се истакнува еднократно во првата даночна пријава на данокот на додадена вредност, во полето 27 од ДДВ пријавата со предзнак „-”.
roagens.mk
ДДВ
5. ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА Е-ДАНОЦИ ЗА ДДВ ОБВРЗНИЦИТЕ аночните обврзници кои ќе се регистриД раат за цели на ДДВ, ќе треба навремено да преземат чекори за електронско поднесување на следните пријави (за некои од нив ќе немаат обврска да ги поднесуваат) кои задолжително се поднесуваат до УЈП преку системот е-Даноци на (https://etax-fl.ujp.gov.mk), и тоа: - Д аночна пријава на данокот на додадена вредност (ДДВ-04) - Д аночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (ДБ) - Д аночен биланс на вкупен приход (ДБВП) - Г одишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи (ПДД-ГИ) - Г одишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (ПДД-ГИ/ОЗП) - Г одишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари (ПДД/ГИ-ЗП) - Г одишен даночен биланс за персоналeн данок на доход (ПДД-ДБ) - Биланс на приходи и расходи (Б).
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Постапката на регистрација на е-Даноци се врши преку истата веб страница (https://etaxfl.ujp.gov.mk), а за успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е да се поседува: - Д игитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС) - за лицето кое од фирмата е овластено за електронско пополнување/ потпишување на даночни пријави и други поднесоци по електронски пат. Доколку се поседува токен за користење на електронски услуги на други институции и банки во Македонија, истиот може да се користи и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа. - е -Пошта - пријавена во Централен регистар на РМ, како единствена и неповторлива, а неопходна за воспоставување на двонасочна електронска комуникација помеѓу УЈП и даночниот обврзник. - И нтернет - минимална интернет конекција со брзина 64 kbps и некој од следните пребарувачи Internet Explorer 8, Mozilla Firefox или Google Chrome.
65
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ЗАДРЖАН ДДВ ВО ПОСТАПКА НА ПРИСИЛНА НАПЛАТА И ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ
ВОВЕД
С
о третата измена од оваа година (објавенa во „Службен весник на РМ“, бр. 130/14), Законот за данокот на додадена вредност воведе нов начин на оданочување на прометите во постапка на присилна наплата и присилно извршување. Д-р Рефика МУРИЌ *
За таа цел, кај овие промети прво се укина системот на „reverse charge” при прометот на недвижностите во постапка на присилна наплата и присилно извршување, применуван од февруари 2014 година. Системот на пренесување на даночната обврска по член 32-а од Законот за ДДВ („reverse charge“), во прометите на недвижности во извршна постапка или во постапка на присилна наплата по пат на јавно наддавање, функционираше на начин што, примателот на недвижноста (регистриран даночен обврзник) станува даночен должник, врз основа на пренесената даночна обврска од страна на вршителот на прометот (регистриран даночен обврзник).
66
Со механизмот на префрлање на даночната обврска, примателот на прометот како даночен должник го пресметуваше данокот на додадена вредност и во исто време, доколку дејноста за која е наменет стекнатиот објект ги исполнуваше општите услови за одбивка на претходен данок, го остваруваше правото на одбивка на претходниот данок. Но овој систем не се покажа како корисен за Буџетот, затоа што продуцираше ДДВ за Буџетот само од ретките преноси по член 32-а (кога преземачите кои се ДДВ обврзници немаа право на одбивка на данокот) или пак, повторно од страна на „проблематичните“ должници, во продажби (извршувања и присилни наплати) кон нерегистрирани ДДВ обврзници. Одредбата со која се укинува натамошната примена на reverse charge за овие промети е во сила од 11.09.2014 година. Новото решение со „задржан ДДВ“ предвидува пресметување и плаќање на данокот, кое во име и за сметка на должникот ќе го врши субјектот надлежен за присилна наплата (на пример УЈП), односно надлежен за присилно извршување (извршителите). Новото решение започна со примена од 1 јануари 2015 година. * Даночен советник r_muric@proagens.com.mk
Во меѓувреме, се применуваше стариот начин на постапување, кој според генералните одредби на Законот за ДДВ предвидува: - Ако се врши јавно наддавање или слободна продажба на одредена ствар во рамките на постапка на присилна www.p
roagens.mk
ДДВ
наплата од страна на извршител или на друг државен орган на присилна наплата, тогаш, не постои промет на добра од страна на должникот спрема извршител или орган на присилна наплата и истовремено не постои промет на добра од страна на дадениот орган спрема стекнувачот на доброто, туку во тие случаи се работи за промет на добра од страна на должникот непосредно спрема стекнувачот на доброто. Во овој случај, кога должникот е ДДВ обврзник, постигнатата цена го содржи данокот на додадена вредност. - Ако пак недвижноста се пренесува по основ на хипотека непосредно на доверителот, прометот настанува помеѓу должникот и доверителот, кој во случајов е и стекнувач. И во овој случај, ако должникот е ДДВ обврзник, постигнатата цена го содржи данокот на додадена вредност. Должникот има обврска да испостави фактура во вредност на отстапеното добро (вредност одредена со Договорот за хипотека), заедно со ДДВ. Истото е предвидено да се применува до 31.12.2014 година и за прометот (присилна наплата/извршување или превземање) на движниот имот.
2. ПРЕНОСОТ НА ДВИЖЕН И НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ПОСТАПКА ЗА ПРИСИЛНА Н АПЛАТА И ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ ОД 1 ЈАНУАРИ 2015-ТА Од 1 јануари 2015-та е во примена новото решение на оданочување со ДДВ при преносот на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата или присилно извршување. Новото решение пред се го констатира текот на трансакцијата, односно со новиот член 4 став 4 од Законот за ДДВ посебно се дефинира дека при преносот на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто, се смета дека прометот е извршен од должникот кон стекнувачот на доброто.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
• Основица за оданочување При преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка. • Настанување на даночен долг За разлика од „стандардните“ промети каде даночниот долг настанува во моментот кога е извршен прометот на доброто, за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто. • Пресметка на данокот Субјектот надлежен за присилна наплата односно присилно извршување, пресметувањето на данокот го врши на посебен образец (ДДВ-ПНПИ - Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување), а плаќањето на данокот на додадена вредност го врши поединечно за секој даночен обврзник, на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто, а најдоцна во рок од пет работни дена. П рвенство на намирување од износот уплатен од страна на стекнувачот на доброто, за прометот извршен во постапки на присилна наплата (согласно со Законот за даночна постапка) или присилно извршување (согласно со Законот за извршување), има намирувањето на обврската за плаќањето на данокот на додадена вредност. Субјектот надлежен за присилна наплата односно присилно извршување е должен Извештајот „ДДВ-ПНПИ“ заедно со актот кој го изготвува согласно со Законот за даночна постапка и Законот за извршување, да ги достави до надлежниот даночен орган, до должникот и до стекнувачот на доброто на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто, а најдоцна во рок од пет работни дена.
67
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Даночниот орган, врз основа на овој Извештај го задолжува даночниот обврзник, односно должникот, за износот на пресметаниот и платениот данок на додадена вредност, доколку должникот не го искажал прометот во даночната пријава.
З а наведената продажба по пат на лицитација во извршна постапка, извршителот ќе изготви Извештај „ДДВ-ПНПИ“ во кој ќе биде пресметан ДДВ 1.800.000 денари (со примена на пресметковна стапка за ДДВ). По одбивање на задржаниот ДДВ, извршителот задржува на име награда, такси и други трошоци 1.000.000 денари и врши префрлање на средства во износ од 8.500.000 на доверителот „АБ“ кој не е стекнувач на погонот, за намирување на неговото побарување. Остатокот од средствата 500.000 остануваат кај должникот. Должникот „ХХ“ треба да евидентира продажба на погонот заедно со ДДВ, а така пресметаниот и платен ДДВ да го пријави во ДДВ пријавата од периодот на извршувањето.
При овој пренос на движен и недвижен имот, не се издава фактура од страна на даночниот обврзник, а од страна на субјектот кој ја спроведува постапката се изготвува решение за предавање на недвижноста во владение на купувачот или потврда за извршена продажба согласно со Законот за даночна постапка или Заклучок за извршена продажба согласно со Законот за извршување, кои се основ за стекнување со сопственост над движните и недвижните добра. Пример:
Од должникот „ХХ“ кој располага со деловен погон се врши порамнување на долгот по пат на извршна постапка. Долгот е во износ од 8.500.000 денари, додека постигната крајна цена на претпоставеното јавното наддавање на 22 јануари 2015 година ќе изнесува 11.800.000 денари.
68
Продадениот погон кај Должник „ХХ“ во моментот на отуѓувањето е со сметководствена вредност 8.000.000 денари (набавната вредност била 15.000.000 денари). Средството е продадено со капитална добивка од 2.000.000 денари (10.000.000 - 8.000.000). Истовремено е затворена обврската кон Доверител „АБ“ во износ од 8.500.000 денари.
Евиденција по Извештајот на извршителот - Должник „ХХ“
Книжење СМЕТКА ОПИС должи побарува 1200 Побарување од Купувач „НН“ 0190 Акумулирана аморизација
ИЗНОС должи побарува 500.000 7.000.000
4698 2200
1.000.000 8.500.000
7600 0111
Tro{oci za izvr{uvawe Обврска кон Доверител „АБ“ Добивки од продажба на материјални средства Градежни објекти - погони
- по извршен акт
www.p
roagens.mk
2.000.000 15.000.000
ДДВ
3. ОБЈАВЕН ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ „ДДВ-ПНПИ“ Во „Службен весник“ бр. 198/14 се објави и се применува (од 1 јануари 2015 година) Правилникот со формата и содржината на Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, кој ќе се доставува електронски на образецот „ДДВ-ПНПИ“. Извештајот е составен од следните елементи: - П одатоци за субјектот надлежен во постапката за присилна наплата, односно присилно извршување; - П одатоци за видот на постапката (постапката за присилна наплата или постапка за присилно извршување); - П одаток за актот кој е основ за стекнување со сопственост над движните или недвижните добра (Решението за предавање на недвижноста на купувачот во владение или Потврдата за извршена продажба согласно Законот за даночна постапка или Закључокот за извршената продажба согласно Законот за присилно извршување; - П одатоци за субјектитте должник и стекнувач, - П одатоци за прометот (опис, количина и цена),
- П одатоци за уплатата (датум на целосна уплата на средствата од стекнувачот и датум на уплата на данокот - ДДВ, од страна на субјектот надлежен во постапката за присилна наплата, односно присилно извршување).
СЕУШТЕ НЕРАЗРЕШЕНИ ДИЛЕМИ...
Новото решение за оданочување со ДДВ при преносот на движен и недвижен имот во постапка на присилно извршување наметна дилема: како да се постапува кога со извршувањето стекнувач е самиот доверител? Имено, според одредбата на членот 4-а на Законот за ДДВ, при преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилно извршување, доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто, се смета дека прометот е извршен од должникот кон стекнувачот на доброто. Дали ова значи дека ваквиот начин е применлив само доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто? Дилемата настанува поради тоа што, доколку со доброто се стекнува непосредно доверителот, тогаш нема фактичка наплата од извршителот, па извршителот неможе да изврши ниту наплата на ДДВ од стекнувачот. Односно, дали во овие случаи, каде изостанува уплата од доверителот, извршителот треба да го наплати припаѓачкото ДДВ од овој доверител-стекнувач?
ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII
1.050
denari na 79 strani
Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
69
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Информација
ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2015 ГОДИНА И ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА 1. ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД И ИНФО ЗА ПЛАТИТЕ ВО 2015 ГОДИНА
С
Почнувајќи од јануари 2015 година, месечното лично ослободување за пресметување на персоналниот данок од плати и пензии изнесува 7.320 денари, односно на годишно ниво за 2015 година во износ од 87.840 денари огласно со Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ“, бр. 195/14), личното ослободување утврдено во член 10 став 1 точка 2) од Законот за персоналниот данок за 2015 година на годишно ниво изнесува 87.840 денари (за 2014 = 87.315).
Месечното лично ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија за 2015 година изнесува 7.320 денари (за 2013 = 7.276) и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2015 година.
70
Преглед на месечните и годишните даночни (лични) ослободувања за пресметување на персоналниот данок од доход на плати и пензии од 2008 година до 2015 година Лично ослободување за 2008 година: 39.528 денари (3.294 денари / месечно). Лично ослободување за 2009 година: 84.000 денари (7.000 денари / месечно). Лично ослободување за 2010 година: 84.420 денари (7.035 денари / месечно). Лично ослободување за 2011 година: 87.792 денари (7.316 денари / месечно). Лично ослободување за 2012 година: 89.640 денари (7.470 денари / месечно). Лично ослободување за 2013 година: 87.228 денари (7.269 денари / месечно). Лично ослободување за 2014 година: 87.315 денари (7.276 денари / месечно). 1 Лично ослободување за 2015 година: 87.840 денари (7.320 денари / месечно). Стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување за 2015 година не се менуваат и остануваат исти во однос на 2014 година. Придонес за ПИО Придонес за задолжително здравствено осигурување Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување Придонес за осигурување во случај на невработеност Вкупно: 1
18% 7,3% 0,5% 1,2% 27%
Годишниот износ на личното ослободување за 2014 година, како 12 месечни лични ослободувања (7.276) го дава износот од 87.312 денари, а не погрешно како што е објавено во „Сл. весник на РМ“, бр. 189/13, износот од 87.315 денари.
www.p
roagens.mk
ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА
Поднесување на пресметки за плата за 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важеле за тој период согласно Законот. Напоменуваме дека стапките на придонесите од плата од 2010 година наваму не се менувани.
Подесување на МПИН-софтверот за 2015 година При составување на МПИН-от за платата за месец јануари 2015 година не заборавајте дека во делот „Параметри за пресметка на придонеси“ треба да отворите нов период и да го смените износот на личното ослободување (внесувате 7.320). Останатите параметри не ги менувајте. Потешкиот пат е да го симнете најновиот клиентски софтвер од сајтот www.ujp.gov.mk.
kontakt@proagens.com.mk
71 !
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРАКТИЧНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИТЕ И ДРУГИТЕ ДОГОВОРИ
И Ирена НИКОЛОВСКА *
змената на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување 1 (во продолжение: Закон за придонеси), објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 113/14 уреди сосема нов модел на пресметување на двата главни социјални придонеси (ПИО и здравство) на авторските надоместоци и надоместоците по основ на договор на дело, вклучувајќи ги во овој режим и оние надоместоци по основ на т.н. „друг договор“, за кој договорните страни ќе се обидат евентуално под некаков друг назив (на пр. договор за ангажирање ..., договор за исплата ... и сл.) да го избегнат плаќањето на социјалните придонеси. Со ова всушност се реализира речиси идентично вакво решение, кое беше најавено уште кон крајот на 2013 година. Новиот режим за пресметување на овие надоместоци е во примена од 1 јануари 2015 година.
Според овие измени на Законот за придонеси, надоместокот определен во договорот кој во нето износ, на месечно ниво, е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон (9.590 денари за 2015 година), остварен од извршување на физичка и/или интелектуална работа врз основа на:
72
- договор за дело и/или - авторски договор или - друг договор, се вклучи во режимот на плаќање на двата водечки социјални придонеси (25,3%): - п ридонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување (18%) и - п ридонесот за задолжително здравствено осигурување (7,3%). Во врска со обврската за плаќање на персонален данок (10%) за надоместоците по основ на наведените договори нема промени т.е. данокот и понатаму се плаќа на истиот начин како и досега. Напомена:
Според Мислење на УЈП од 25.11.2014 година, доколку договорите на дело, авторските договори или другите договори, кои се склучени во минатите години, се со времетраење на извршување до 31.12.2014 година, а исплатата на при-
* Даночен советник 1
i_nikolovska@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ”, бр. 142/08, 64/09, 156/09, 166/10, 53/11, 185/11, 44/12, 15/13, 91/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14 и 188/14; У. суд - 62/09 и 150/12. www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
ходите за извршената работа/услуга е во 2015 година, овие приходи нема да подлежат на плаќање на придонеси. Договорите од минати години кои продолжуваат со важност и во 2015 година, односно исплатените приходи за извршената работа/услуга во 2015 година на овие договори подлежат на плаќање на придонеси од 1 јануари 2015 година. Да напоменеме дека ова решение не е пропишано во Законот за придонеси.
ОБВРЗНИЦИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПО СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ Од 2015 година - НОВА категорија на обврзници за пресметка и плаќање на придонесите за задолжително пензиско и инвалидско и здравствено осигурување Законот за придонеси дефинира нова категорија на обврзници за плаќање на социјалните придонеси по основ на остварени приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа. Во зависност од висината на поединечниот нето износ на надоместокот што се исплаќа, од 2015 година новите обврзници за плаќање на социјалните придонеси (задолжителните ПИО и здравство) се поделени начелно во две категории на обврзници: а) Лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е ПОВИСОК од месечниот износ на минимална плата утврдена со закон.
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Важно:
есечниот нето износ на минималната М плата за 2015 година изнесува 9.590 денари (член 4 став 1 од Законот за минимална плата во Република Македонија - 30/2014). Со последните измени на Законот за минимална плата во РМ (180/14), одредбите за висината на минималната плата-9.590 денари се применуваат со исплата на јануарската плата во соодветната тековна година (2015). Во овој случај, обврзник за пресметка и уплата на придонесите за ПИО и здравство е ПРАВНОТО ЛИЦЕ - ИСПЛАТУВАЧ. Според известувањето на ФПИОМ, во овој случај правното лице-исплатувач има обврска да го/ги достави договорот/ите до Фондот за ПИОМ. Известувачки обврски на исплатувачот - правно лице: Правното лице - исплатувач за лицата за кои согласно со Законот за придонеси е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување има обврска до УЈП да доставува Месечен извештај - образец МИ-Д/ИН (најдоцна до 15ти во месецот за претходниот месец) за износот на: - бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - п ресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - п ресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување. Формата и содржината на Месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок, пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравстено осигурување (образец МИ-Д/ИН) ја пропиша министерот за финан-
73
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
сии со Правилникот за формата и содржината на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаните придонеси, кој е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 201 од 31 декември 2014 година и влезе во сила наредниот ден од денот на објавувањето т.е. од 1 јануари 2015 година. Образецот МИ-Д/ИН е објавен на интернет страницата на УЈП (www. ujp.gov.mk). Погледнете детали на страна 25 во истиов број на „ИНФОРМАТОР“ за начинот на пополнување на образецот МИ-Д/ИН. Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за пресметка на придонеситеправно лице доколку во пропишаниот рок не го достави Извештајот до Управата за јавни приходи. б) Ако едно лице остварува:
74
- п риходи од договори, со утврден надоместок над законската минимална плата (над 9.590 денари), склучени со ФИЗИЧКО ЛИЦЕ и со СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА, претставува обврзник за плаќање на придонес за задолжително ПИО и здравство, - п риходи од ПОВЕЌЕ ДОГОВОРИ (по кои поединечно се исплатуваат надоместоци во износ ПОНИЗОК од месечниот износ на минималната нето плата) ќе стане обврзник за плаќање на придонес за задолжително ПИО и здравство кога збирниот нето износ на приходите по тие договори ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон-9.590 денари (на месечно ниво). о двата случаи, обврзник за пресметка В на придонесот за ПИО е Фондот за ПИО, а за придонесот за здравство обрзник за пресметка е ФЗО. Плаќањето на пресметаните придонеси (врз основа на решение од Фондот за ПИОМ и изготвени МПИН пресметки од соодветниот фонд) го вршат лицата сами за себе.
www.p
Во случаите кога обврзници за уплата на придонесите се лицата сами за себе, истите се должни договорот за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместокот да го достават до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија кој по службена должност доставува евиденција до Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Рокот за доставување на договорите не е пропишан, но сугестија од ФПИОМ е истите да се поднесуваат на крај од месецот, со цел да се определи постоењето на обврската за плаќање придонеси во зависност од вкупниот месечен износ на надоместоците по основ на евентуално склучени повеќе договори во истиот месец. звестувачки обврски на исплатувачот И - правно лице: И во овој случај, правното лице - исплатувач има обврска до УЈП да го доставува Месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок, пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравстено осигурување (образец МИ-Д/ИН) (најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за: - и зносот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор и - исплатениот нето надоместок.
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на обврзникот за пресметка на придонеситеправно лице доколку во пропишаниот рок не го достави Извештајот до Управата за јавни приходи. Напомена:
Согласно со Законот за персоналниот данок на доход овие исплати (во случаите а и б) се вклучуваат и во Годишниот извештај (ПДД-ГИ) што исплатувачот-правен субјект има обврска да го достави во електронска форма до УЈП до 31 јануари наредната за претходната година.
а кои лица се однесува новиот реН жим на надоместоците: вработените кај исплатувачот-работодавач, било кои вработени и/или невработени лица, или пак на сите заедно? Законодавецот не прави разлика од аспект на работно-правниот статус на лицата кои остваруваат приходи по основ на договор на дело и авторски договор, во смисла дали овие лица се во работен однос и за нив работодавачот пресметува и плаќа социјални придонеси, лица вработени кај друг работодавач или се работи за лица кои не се вработени. Тоа значи дека придонеси ќе плаќаат сите лица кои оствариле надоместок/ци во повисок износ од месечниот износ на минималната плата за 2015 година, без оглед дали се вработени некаде, вработени кај работодавачот - исплатувач или воопшто не се вработени. Лицата што на месечно ниво нема да го достигнат месечниот износ на минималната нето плата (9.590 денари за 2015 година) како законски утврден долен лимит / како услов за влез во новиот фискален режим на овие надоместоци, нема да станат обврзници на социјалните придонеси, а приходите остварени по основ на договор на дело и/или авторски и/или друг договор и понатаму ќе бидат 2
предмет на оданочување само со персонален данок на доход на истиот начин како досега. Напомена:
На прашањето на ПРО АГЕНС доставено до УЈП: „Доколку правно лице плаќа закупнина на стан во кој живее вработено лице (покрај исплатата на плата) или надворешен соработник, кој не е вработен кај правното лице-исплатувач (покрај исплатата на надоместокот по основ на договорот склучен со надворешниот соработник), дали платената закупнина ќе се смета како надомест по друг договор, по основ на кој постои обврска за плаќање на социјални придонеси било за правното лице-исплатувач или физичкото лице-корисник“, УЈП го даде следниот одговор во Мислењето на УЈП од 25.11.2014 година: „Согласно одредбите од Законот за персоналниот данок на доход (“Службен весник на РМ бр. 80/93...13/14), закупнината е дефинирана како приход од имот и како таква не е опфатена согласно законските одредби од Законот за придонеси.“
Т ретман на невработените лица кои остваруваат авторски, односно надоместоци по основ на договор на дело и/или друг договор Измените на Законот за придонеси, со кои во задолжително социјално осигурување се вклучуваат и лицата кои остваруваат приходи по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор, се линкувани и со измените на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност 2 во делот на дефинирање на категоријата „невработени лица и други лица кои бараат работа“ (член 53), а за кои Агенцијата за вработување води евиденција (регистар).
kontakt@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ“, бр. 37/97, У. суд-4/98, У. суд-14/99, 25/00, 101/00, 50/01, У. суд-7/02, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, У. суд-88/07, 102/08, пречистен текст-144/08, 161/08, У. суд-162/08, 50/10, 88/10, У. суд-171/10, 51/11, У. суд-86/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14 (две измени) и 113/14.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
75
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Со новото решение (член 53, став 6) во Законот за вработување: - Н евработено лице или друго лице кое што бара работа НЕ МОЖЕ да биде евидентирано во регистрите на Агенцијата за вработување доколку има склучено договор за дело, авторски договор или друг договор за кој се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување, НО САМО ЗА ПЕРИОДОТ ЗА КОЈ Е СКЛУЧЕН ДОГОВОРОТ.
Т ретман на пензионерите кои остваруваат авторски, односно надоместоци по основ на договор на дело и/или друг договор
76
Од листата на обврзници за плаќање на социјални придонеси на остварените надоместоци по основ на договор на дело, авторски или друг договор се изземени корисниците на пензија согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување. Да потсетиме дека согласно со членот 148 од Законот за ПИО на корисник на пензија додека е во работен однос или додека врши самостојна дејност во Република Македонија или странство му се запира исплатата на пензијата. На корисникот на старосна пензија може да му се определи нов износ на пензија, ако навршил најмалку една година стаж на осигурување по остварувањето право на старосна пензија, доколку е поповолно за корисникот. Всушност, корисниците на пензија, согласно со Законот за ПИО, практично и не смеат да вршат дејност преку договори за дело и авторски договори, а доколку го сторат тоа, мора да се запре исплатата на нивната пензија, така што автоматски нема да се сметаат за корисници за пензија т.е. и за нив ќе важи обврската за плаќање социјални придонеси по договорите согласно со измените на Законот за придонеси.
02/ 3162-979 i 3298-763
www.p
Управители, членови на управен одбор и извршен член на одбор на директори во трговско друштво Пред една година, почнувајќи од 1.1.2014 година, со промената на Законот за придонеси, објавена во „Службен весник на РМ”, бр. 91/13, се додадоа нови одредби (член 7 став 1 точка 1-а и член 10 став 1 точка 1-а), според кои се пропиша обврска за плаќање на два придонеси (ПИО и здравство) за: - извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по ниеден друг основ. Управата за јавни приходи, во февруари 2014 година, го објави Упатството (насоките) за поднесување на МПИН пресметка за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, со пропишани нови шифри за вид на обврзник и вид на обврска (170/720 и 170/721). УЈП образложи дека од јануари 2014 година, извршните членови на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво имаат обврска да поднесуваат МПИН пресметка до УЈП (ги плаќаат придонесите сами за себе), доколку не се осигурени по друг основ, односно не се во работен однос, не се корисници на пензија и надоместок на плата според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, не се осигурани за здравствено осигурување преку член на семејството и не се осигурени по други основи предвидени со Законот за здравствено осигурување и/или Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со напомена дека обврската за поднесување на МПИН не се однесува за странски физички лица, кои се резиденти на земји со кои РМ има склучено меѓународни договори за социјално осигурување и кои се социјално осигурани во матичните земји, а влегуваат во горенаведените категории.
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
о оглед на фактот што обврската за осиС гурување на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, кои не се осигурани по друг основ, е пропишана со сосема други одредби на истиот Закон за придонеси, надоместоците на овие лица се надвор од опфатот на законските одредби, кои се однесуваат на обврската за осигурување на надоместоците по договор за дело/авторски договори/други договори.
Т ретман на надоместоците на членовите на надзорен одбор и неизвршните членови на одбор на директори во трговско друштво Членовите на надзорен одбор т.е. неизвршните членови на одбор на директори во трговско друштво, не се опфатени со одредбите на членот 7 став 1 точка 1-а и член 10 став 1 точка 1-а на Законот за придонеси, кои го уредуваат осигурувањето на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, доколку не е осигурен по ниеден друг основ, а не се јасно прецизирани ниту во одредбите, со кои се уредува осигурувањето на надоместоците по договор за дело/авторски договори/други договори, така што се јави дилема дали надоместоците на овие лица треба да се осигураат како надоместоци остварени по „друг договор“. Напомена:
Според Мислење на Владата на РМ, од седницата одржана на 29.12.2014 година, како одговор на Барањето за автентично толкување на членовите 7 став 1 точка 13 и став 4, член 10 став 1 точка 16 и став 2 и член 14 став 1 точка 15 на Законот за придонеси поднесено од пратеник, ставено на дневен ред на седницата на Собрание на РМ број 31, закажана (и незавршена) на 14.1.2014 година, обврската за плаќање придонеси за ПИО и здравство за надоместоци во износ повисок од минимална-
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
та плата се однесува и на други договори (без оглед на формата) со кои се извршува физичка или интелектуална работа. Тоа значи дека и надоместоци, односно примања остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично за кои се исплаќа одреден надоместок, подлежат на плаќање на социјални придонеси. Да нагласиме дека горенаведеното се коси со одредбите на член 7 став 1 точка 1-а и член 10 став 1 точка 1-а на Законот за придонеси („Сл. весник на РМ“, бр. 142/08 ... и 188/14), кои се во примена уште од 1.1.2014 година, според кои обврската за осигурување на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, постои само доколку не е осигурен по ниеден друг основ, како што образложивме претходно во текстот, така што ако е ваква интенцијата на законодавецот, овие законски одредби треба да се усогласат со Мислењето на Владата на РМ. Од наведеното Мислење на Владата на РМ е видно дека се отстапува од ослободувањето од обврската за осигурување на надоместоците што ги остваруваат избраните и именуваните лица и други носители на јавни функции, кое беше неофицијално објавено од Министерството за труд и социјална политика и Фондот за ПИОМ (www.piom.com.mk). Во истата неофицијална објава беа предвидени и други ослободувања од обврската за плаќање придонеси, по основ на примањата на професионални спортисти (премии, трансфери) и врвни спортисти, надоместок по основ на стипендии, договори за јавна рабо-
77
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
та кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа, договор за закуп (н.з. сосема беспредметно, со оглед на тоа што договорите за закуп не се договори за интелектуална и/или физичка работа), волонтерство согласно со закон, надоместок за судии, поротници, вешти лица и стечајни управници, меѓутоа официјално изземање од обврската за придонеси по договорите, пропишано со Законот за придонеси, е предвидено само за корисниците за пензија, така што најавените ослободувања не важат.
Странски физички лица кои остваруваат приходи по договори склучени со македонски резиденти
78
Според известувањето на Фондот за ПИОМ, привремено објавено на неговата интернет станица, и Мислењето на УЈП, дадено како одговор на прашањето на ПРО АГЕНС, од 25.11.2014 година, согласно со одредбите во Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 113/14), кои се применуваат од 1 јануари 2015 година, странско физичко лице кое остварува приходи од договор за дело/авторски договор/друг договор склучен со македонски резидент-исплатувач, а кое: - и ма работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец, а воедно е државјанин на држава со која Република Македонија нема склучено Договор за социјално осигурување, претставува обврзник за плаќање на придонесите, - и ма работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец, а воедно е државјанин на држава со која Република Македонија има склучено Договор за социјално осигурување нема да подлежи
Договор Македонско-Австриска Конвенција за социјално осигурување
Датум и место на склучување на договорот 28.02.1997, Скопје
www.p
на обврската за плаќање на придонесите, бидејќи согласно одредбите од Договорот за него се применуваат правните прописи на странската држава, доколку е одобрен исклучок од правилото за плаќање на придонес, - е странски државјанин и нема работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец во РМ, не подлежи на обврската за плаќање на придонеси. Според спомнатото известување на Фондот за ПИОМ, доколку договорот е склучен со физичко лице, или склучени се повеќе договори со правни лица чиј поединечен износ е под минималната плата, а збирниот износ ја надминува минималната плата, во тој случај обврзник за пресметка на придонесот за ПИО е ФПИОМ, а обврзник за пресметка на придонесот за здравство е ФЗОМ. Обврзник за уплата на придонесите е лицето-странски резидент само за себе. Доколку договорот е склучен со правно лице, а износот на договорот го надминува износот на минималната плата, во тој случај обврзник за пресметка и уплата е правното лице – исплатувач. Потребни документи заради прием во задолжително социјално осигурување во Фондот за ПИОМ: - Барање за прием на осигурување, - Договор (оригинал на увид плус копија), - Копија на трансакциска сметка, - Д окумент за лична идентификација на лицето (оригинал на увид и копија). Во продолжение ја прикажуваме табелата на Договорите за социјално осигурување склучени меѓу Република Македонија и други земји. Датум на ратификација
11.06.1997
roagens.mk
Објавен во Стапен во сила „Службен на весник на РМ“, бр. 28/97
01.04.1998
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
Договор меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија и Договор за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија Конвенција за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Кралството Данска Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за социјално осигурување (се однесува само за Србија) Договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија за социјално осигурување Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Чешката Република за социјално осигурување Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Романија за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Република Полска за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург за социјално осигурување
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
09.05.1997, Скопје
09.07.1997
34/97
01.11.1997
06.07.1998, Скопје
05.02.1999
7/99
01.07.2000
13.07.1998, Љубљана
25.02.1999
13/99 и 151/14
01.04.2001
09.12.1999, Берн
23.05.2000
44/00
01.01.2001
20.03.2000, Копенхаген
09.05.2000
37/00
/
29.12.2000, Белград
23.01.2002
13/02
01.04.2002
06.02.2003, Софија
17.04.2003
31/03
01.08.2003
08.08.2003, Скопје
20.10.2003
70/03
01.01.2005
17.02.2005, Сараево
13.09.2005
82/05
01.04.2006
07.10.2005, Скопје
10.02.2005
20/06
01.01.2007
17.10.2005, Хаг
10.02.2005
20/06
01.04.2007
27.02.2006, Букурешт
28.04.2006
59/06
01.03.2008
06.04.2006, Варшава
26.02.2007
27/07
01.07.2007
28.11.2006, Луксембург
02.04.2007
47/07
01.04.2009
79
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Договор за социјално осигурување меѓу Македонската Влада и Белгиската Влада Договор меѓу Република Македонија и Канада за социјално осигурување Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора за социјално осигурување Договор меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за потврдување на периодите на осигурување за остварување на право на пензија
80
13.02.2007, Брисел
01.06.2007
74/07
01.06.2009
26.08.2009, Отава
04.02.2010
19/10
01.11.2011
26.10.2009, Канбера
04.02.2010
19/10
01.04.2011
22.10.2010, Скопје
08.03.2011
25/11
01.08.2011
25.07.2014, Скопје
27.10.2014
159/14
/
07.02.2013, Приштина
26.06.2013
92/13
17.11.2013
Македонски резиденти-физички лица кои остваруваат приходи по договори склучени со странски резиденти Според известувањето на Фондот за ПИОМ, привремено објавено на неговата интернет станица, и Мислењето на УЈП, дадено како одговор на прашањето на ПРО АГЕНС, од 25.11.2014 година, физичко лице-македонски резидент кое остварува надоместок по основ на договор за дело, договор за авторско дело или друг договор склучен со странски исплатувач на надоместокот, а кој надоместок го надминува износот на минималната плата утврдена со закон на месечно ниво, подлежи на обврската за плаќање на придонеси. Обврзник за пресметка на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ), а обврзник за пресметка на придонесот за здравствено осигурување е Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Обврзник за плаќање на придонесите е физичкото лице само за себе. Согласно со членот 14 став 6 од Законот за придонеси, во случаите кога обврзници за уплата на придонесите се лицата сами за себе, истите се должни договорот за дело и/ www.p
или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместокот да го достават до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија кој по службена должност доставува евиденција до Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Според спомнатото известување на Фондот за ПИОМ, објавено на неговата интернет станица, македонскиот резидент ги поднесува следните документи во Фондот за ПИОМфилијала/деловница според местото на живеење, заради прием во задолжително социјално осигурување: - Барање за прием на осигурување, - Договор (оригинал на увид и копија), - Копија на трансакциска сметка, - Д окумент за лична идентификација на лицето (оригинал на увид и копија).
02/ 3162-979 i 3298-763
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВО ФОНДОТ ЗА ПИО ЗА ЛИЦАТА ШТО ПРИМААТ НАДОМЕСТОЦИ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО, АВТОРСКИ И/ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР Од 1 јануари 2015 година согласно со членот 125 став 4 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување 3, кога се работи за споменатите надоместоци својството на осигуреник се воспоставува врз основа на пријава за осигурување што ја поднесува: - работодавачот за лицата за кои исплаќа надоместок за извршената работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата и со тоа е вклучен во режимот за пресметување на социјални придонеси. Според надлежните лица на Фондот за ПИОМ, приемот во задолжително социјално осигурување и плаќање на социјалните придонеси на лица кои склучиле договор на дело и/или авторски договор или друг договор за извршување физичка и/или интелектуална работа, со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата, ќе се врши на следниот начин: 1. Прием во осигурување, за случаи кога правното лице е обврзник за плаќање на придонесите Правното лице поднесува Барање за прием на осигурување на лицето во архивата на ФПИОМ, кон кое се приложуваат: - с ите склучени договори (оригинал на увид и копија), - д окумент за лична идентификација за физичкото лице (оригинал на увид и копија), - к опија на трансакциска сметка за физичкото лице, - д окумент за овластување за извршителот од правното лице. 3
2. Прием во осигурување, за случаи кога физичкото лице е обврзник за плаќање на придонесите самото за себе Физичкото лице поднесува Барање за прием на осигурување на лицето во архивата на ФПИОМ, кон кое се приложуваат: - с ите склучени договори (оригинал на увид и копија), - д окумент за лична идентификација за физичкото лице (оригинал на увид и копија), - к опија на трансакциска сметка за физичкото лице. На крајот од текстот го прикажуваме Барањето за утврдување својство на осигуреник и прием во задолжително пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување, кое е објавено на интернет страницата на ФПИОМ (www.piom.com.mk). Плаќање придонеси преку МПИН пре-
сметка
Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за здравствено осигурување по основ на договорите се врши со поднесување на МПИН пресметки до Управата за јавни приходи и обезбедување на Декларација за прием и налог за плаќање ПП53. МПИН пресметката, по основ на договорите, треба да се поднесе до 10-ти во месецот за претходниот месец (прво поднесување на МПИН за месец јануари 2015 година до 10.2.2015 година), а плаќањето на придонесите по основ на договорите треба да се изврши до 15-ти во месецот за претходниот месец (прво плаќање на придонесите за месец јануари 2015 година до 15.2.2015 година). Според надлежните лица од УЈП, социјалните придонеси по основ на надоместоците за (пријавените) договори мора да се платат до 15-ти наредниот месец за претходниот месец без разлика на тоа дали е платен нето надоместокот по договорот во конкретниот месец.
„Службен весник на РМ”, бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
81
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Управата за јавни приходи дополнително треба да објави шифри за вид на обврзник и вид на обврска, кои правните лица – исплатувачи на приходот ќе ги користат при поднесувањето на МПИН пресметките. До моментот на печатењето на овој текст, истите не се објавени. За физичките лица кои се обврзници за уплата на придонесите сами за себе, МПИН пресметките ќе ги поднесуваат ФПИОМ и ФЗОМ за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за здравствено осигурување соодветно, при што физичките лица по преземање на МПИН пресметките од фондовите, ќе треба да извршат уплата на придонесите, на месечно ниво. Персоналниот данок на доход се плаќа на ист начин како и досега, односно во моментот на плаќање на нето надоместокот на физичкото лице.
82
Според надлежните лица во УЈП, за авторските договори, износот кој ќе се внесува во МПИН пресметката ќе биде бруто надоместокот намален за нормираните трошоци, кој всушност претставува основица за пресметка на придонесите и персоналниот данок на месечно ниво.
Уплатни сметки за социјалните придонеси по основ на договорите Со последната измена на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“, бр. 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14), пропишани се нови уплатни сметки за плаќање на социјалните придонеси по основ на хонорарите остварени по договор за дело/авторски договор/друг договор:
Придонес за задолжително здравствено осигурување за лица коишто остваруваат приходи од договори Уплатна сметка 843-00570
Опис Придонес за задолжително здравствено осигурување од лица кои што остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа
Приходна шифра 712227
Придонес за пензиско и инвалидско осигурување осигурување за лица коишто остваруваат приходи од договори Уплатна сметка 843-00586
Опис Придонес за пензиско и инвалидско осигурување од лица кои што остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII
1.050
denari na 79 strani
Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.
www.p
roagens.mk
Приходна шифра 712125
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
ДЕФИНИРАЊЕ НА БРУТО НАДОМЕСТОКОТ КАКО ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ДВАТА ВОДЕЧКИ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ сновица за пресметување и плаќање О на персоналниот данок на доход а) Договори за дело Согласно со членот 15, став 1 точка 4 и член 14-а, став 1 точка 11 од Законот за персонален данок на доход -ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93... и 13/14), основа за пресметување на персоналниот данок е износот на (бруто) примањето, надоместокот, односно секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица. Платениот данок на доход за личните примања (вклучувајќи ги и исплатените надоместоци по основ на договор на дело) е аконтативен.
б) Авторски договори Согласно со членот 40 на Законот за персоналниот данок на доход, основа за пресметување на данокот на доход за приходите од авторски права и права од индустриска сопственост е нето приходот што се добива кога од остварениот (бруто) приход ќе се одбијат трошоците што биле потребни за негово остварување, кои се утврдени во членот 41 на следниот начин: 1) 6 0% од бруто приходот - з а вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, 2) 50% од бруто приходот - з а уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично) и
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
- з а сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста, 3) 30% од бруто приходот - з а изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарско и филмско актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија и - з а преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби, 4) 25% од бруто приходот - з а изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и - з а други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се опфатени во претходните точки. Напомена:
На обврзникот, по негово барање, наместо нормираните трошоци, му се признаваат стварните трошоци ако може документирано да ги докаже. Преглед на пресметаните стапки за пресметување на ПДД кои се применуваат на нето надоместоците (без ПДД) Нормирани трошоци 25% 30% 50% 60%
Пресметана стапка 8,108% 7,527% 5,263% 4,167%
kontakt@proagens.com.mk
83
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Основица за пресметување и плаќање на двата социјални придонеси по основ на договорите за дело, авторските и други договори Основицата за пресметување на придонесите за задолжително ПИО и здравство на надоместокот остварен по основ на авторски договор и/или договор на дело или друг договор претставува бруто надоместокот утврден во договорот, кој се состои од: - нето надоместокот, - п ридонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, - п ридонесот за задолжително здравствено осигурување и - персоналниот данок на доход.
84
Согласно со дефиницијата од член 4 точка 18 на Законот за придонеси кај авторските надомести, бруто износот на надоместокот се добива по претходно намалување за признатите трошоци утврдени во Законот за персоналниот данок на доход.
Според надлежните лица на Управата за јавни приходи, интенцијата на законодавецот во врска со основиците за пресметка на социјални придонеси и персонален данок е да бидат идентични, онака како што е предвидено со актуелниот Закон за придонеси и Законот за персоналниот данок на доход (во неизменета форма), односно: а) кај договор за дело: - о сновица за пресметка на придонеси: бруто надомест, - о сновица за пресметка на персонален данок: бруто надомест. б) кај авторски договор: - о сновица за пресметка на придонеси: бруто надомест - нормирани трошоци од ЗПДД, - о сновица за пресметка на персонален данок: бруто надомест - нормирани трошоци од ЗПДД.
Шема за пресметување на давачките по основ на договор на дело и друг договор 1. основица за придонеси = бруто приход 2. основица за ПДД = бруто приход Пресметка од бруто во нето износ Бруто надоместок по договор за дело (основица за придонеси и ПДД) Пресметани придoнеси – 25,3% (30.000 x 25,3%) Прeсметан ПДД -10% (30.000 x 10%) Нето за исплата (бруто приход – придонеси – данок) 30.000 – 7.590 – 3.000
30.000 7.590 3.000 19.410
Пресметка од нето во бруто износ Нето надоместок по договор за дело Коефициент за пресметка од нето во бруто износ 10% ПДД + 25,3% придонеси = 35,3% или 0,353 [1 - 0,353] = 0,647 Бруто надоместок по договор за дело (основица за придонеси и ПДД) 19.410 : 0,647 Пресметани придoнеси – 25,3% (30.000 x 25,3%) Прeсметан ПДД -10% (30.000 x 10%)
www.p
roagens.mk
19.410 0,647 30.000 7.590 3.000
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
Шема за пресметување на давачките по основ на авторски договор 1. основица за придонеси = бруто приход – нормирани трошоци, 2. основица за ПДД = бруто приход – нормирани трошоци Пресметка од бруто во нето износ Бруто надоместок по авторски договор Намалување за номирани трошоци – 30% (30.000 x 30%) Основица за придонеси (30.000 – 9.000) Пресметани придoнеси – 25,3% (21.000 x 25,3%) Основица за персонален данок (бруто приход – 30% нормирани трошоци) 30.000 - (30.000 x 30%) Прeсметан ПДД -10% (21.000 x 10%) Нето за исплата (бруто приход – придонеси – данок)
30.000 9.000 21.000 5.313 21.000 2.100 22.587
30.000 – 5.313 – 2.100 Пресметка од нето во бруто износ Нето надоместок по авторски договор Пресметана стапка за пресметка на придонесите и ПДД (10% + 25,3% = 35,3%) со вкалкулирани нормирани трошоци - 30% [100 х (70% х 35,3) ] / [100 - (70% х 35,3) ] = 2471 / 75,29 = 32,82% Пресметани придoнеси и ПДД (22.587 х 32,82%) Бруто надомест (22.587 + 7.413)
22.587 32,82% 7.413 30.000
Најниска и највисока основица за пресметување и уплата на придонесите Согласно со член 15 на Законот за придонеси, најниската месечна основица за пресметување и плаќање на придонесите по основ на договорите за дело/авторските договори/ други договори изнесува 50% од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика. Новиот податок, кој ќе биде важечки за 2015 година, ќе се објави на 28.1.2015 година (за претходната /2014/ година: најниската основица изнесуваше 15.451 денари). Според ова, ако за пример го земеме договорот за дело, со оглед дека бруто износот на 9.590 денари изнесува 14.822 денари (9.590 : 0,647), доколку одреден исплатувач има обврска да плати придонеси за бруто надомест од 14.823 денари (износ над горенаведениот лимит), потребно е да изврши доплата на придонеси до најниската основица (50% од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари 2015 година). INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Согласно со членот 16 став 1 од Законот за придонеси, највисоката месечна основица за пресметување на придонесите по основ на договорите за дело/авторските договори/други договори е износот на шест просечни бруто плати, за што се зема предвид просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика. Новиот податок, кој ќе биде важечки за 2015 година, ќе се објави на 28.1.2015 година (за претходната /2014/ година: највисоката основица изнесуваше 185.412 денари). На износот повисок од највисоката месечна основица не се пресметуваат и уплатуваат придонеси, туку само персонален данок на доход. Согласно со член 16 став 3 на Законот за придонеси, највисоката месечна основица за пресметување на придонесите ги вклучува сите примања на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос (плати) и при-
85
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
мањата по основ на договор за дело и/ или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, остварени во тековниот месец. Според оваа законска одредба, доколку одредено лице во месецот остварува вкупни примања, по основ на плати и договори, кои во збирен износ го надминуваат износот од шест просечни бруто плати, за тоа лице не треба да се платат придонеси за вишокот на износот кој го надминува овој лимит т.е. ако лицето во месецот по основ на плата остварува 200.000 денари и по основ на договори 50.000 денари (во збир 250.000 денари), придонеси треба да се платат само до највисоката основица од шест просечни бруто плати, а за разликата само персонален данок на доход. Напомена:
86
Според Мислење на Владата на РМ, од седницата одржана на 29.12.2014 година, како одговор на Барањето за автентично толкување на членот 16 на Законот за придонеси поднесено од пратеник, ставено на дневен ред на седницата на Собрание на РМ број 31, закажана (и незавршена) на 14.1.2014 година, највисоката основица од шест просечни плати се однесува одделно за приходите кои лицата ги остваруваат по основ на плата и одделно за приходите од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надомест за извршената работа, така што во никој случај не може да се толкува дека износот од шест просечни плати ќе ги вклучи кумулативно сите видови на приходи кои ги остварува обврзникот по двата основи. Да нагласиме дека доколку е ваква интенцијата на законодавецот, неопходно е членот 16 став 3 на Законот за придонеси („Сл. весник на РМ“, бр. 142/08 ... и 188/14) целосно да се измени и усогласи со горенаведеното Мислење на Владата на РМ.
02/ 3162-979 i 3298-763 www.p
Кумулирање на надоместоците по договорите на месечно ниво На прашање на Агенција ПРО АГЕНС до УЈП, дали правилото за кумулирање на износот на нето приходите важи на месечно ниво или годишно ниво за лицата кои остваруваат приходи од повеќе договори, како и за физичките лица кои примаат надомест само по еден договор, УЈП даде Мислење на 25.11.2014 година дека кумулирањето на нето износот на приходите важи на месечно ниво. а) Тоа, на пример, значи дека ако одредено лице има 4 договори: 1.000 денари, 3.000 денари, 4.000 денари и 2.000 денари, односно во вкупен месечен нето износ 10.000 денари е јасно дека во самиот месец ја надминува минималната граница-9.590 денари за 2015 година и станува обврзник за уплата на придонеси сам за себе. Меѓутоа, ако тоа лице остварува по 1.000 денари поединечно по договор за вкупно 4 договори, на месечно ниво остварува нето приход од вкупно 4.000 денари, поради што нема обврска за плаќање придонеси. б) Исто така, на пример, ако лицето има само еден договор со утврден нето месечен износ на приход од 1.000 денари, лицето нема обврска за плаќање на придонеси, бидејќи на месечно ниво износот е под минималната нето плата-9.590 денари за 2015 година, односно истиот не се кумулира на годишно ниво.
ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР НА ДЕЛО Пример 1:
Надомест по основ на договор на дело во износ повисок од минималната плата
Во месец јануари 2015 година друштвото „Поправка“ склучило договор на дело со лицето Филип Марков. Предмет на договорот е расчистување на деловни простории. Договорениот нето надомест изнесува 36.000 дена-
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
ри. Со оглед дека договорениот нето износ е повисок од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувач има обврска, покрај персоналниот данок на доход, да ги пресмета и да ги плати и двата најголеми социјални придонеси. Исплатувачот „Поправка“ има обврска до УЈП да достави Месечен извештај „МИ-Д/ИН“ за јануари 2015 (најдоцна до 15-ти февруари 2015) за износот на:
- бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - п ресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - п ресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување.
Пресметка: Со оглед дека е договорен нето надомест од 36.000 денари, се пресметува на следниот начин: 36.000 / 0,647 = 55.641 денари (бруто надомест) 55.641 х 25,3% = 14.077 денари (придонеси: 10.015-18% ПИО и 4.062-7,3% здравство) 55.641 х 10% = 5.564 денари (ПДД) 55.641 - 14.077 - 5.564 = 36.000 денари (нето надомест) Книжење: 44907 2521 23501 2342 2344
Услуги по договор за дело Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување
55.641
36.000 5.564 10.015 4.062
- попресметка на надоместот за договор на дело 2521 23501 2342 2344 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување Трансакциска сметка во денари
36.000 5.564 10.015 4.062 55.641
- Извод бр. 16 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест, платен персонален данок и придонеси
Важно: Согласно со актуелните прописи, извршената исплата од претходниот пример треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП на лицето Филип Марков). Годишната пријава ФМ ја доставува до УЈП до 15 март 2016 година. Исплатувачот, фирмата „Поправка“, покрај новиот Месечен извештај „МИ-Д/ИН“ (јануарскиот извештај се доставува до УЈП до 15 февруари 2015 година), има обврска исплатата да ја вклучи и во Годишниот извештај (ПДД-ГИ), кој во електронска форма се доставува до УЈП најдоцна до 31 јануари 2016 година.
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
87
Pr fesionalna Edukacija
Пример 2:
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Надомест по основ на договор на дело во износ понизок од минималната плата
Во месец мај 2015 година друштвото „Добра фирма“ склучило договор на дело со лицето Мирко Петров. Предмет на договорот се услуги на селење на залихи на трговска стока во нов деловниот простор (магацин). Договорениот нето надомест изнесува 6.200 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е понизок од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувачот го пресметува
само персоналниот данок на доход. Обврска за пресметување на социјални придонеси на договорениот надомест - НЕМА. Во овој случај, правното лице - исплатувач има обврска до Управата за јавни приходи да достави Месечен извештај „МИ-Д/ИН“ за мај 2015 година (најдоцна до 15-ти јуни 2015 година) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за: - и зносот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело и - исплатениот нето надоместок.
Пресметка:
88
Ред. бр. 1. 1.1. 1.2. 1.3.
Опис
Стапка /коефициент
Пресметка на персоналниот данок на доход Нето надомест (договорен износ) Персонален данок на доход (6.200 х 11,1111%) Бруто (Нето надомест + Персонален данок на доход) (6.200 + 689)
11,1111%
Износ
6.200 689 6.889
Книжење: 44907 2521 23501
Услуги по договор за дело Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело
6.889
6.200 689
- попресметка на надоместот за договор на дело 2521 23501 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по договор за дело Трансакциска сметка во денари
6.200 689 6.889
- Извод бр. 16 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест и платен персонален данок
Важно: И оваа исплата треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) на лицето Мирко Петров. Исплатувачот, друштвата „Добра фирма“ има обврска исплатата да ја вклучи во Годишниот извештај (ПДД-ГИ).
ПРИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ПО ОСНОВ НА АВТОРСКИ ДОГОВОР Пример 1:
Надомест по основ на авторски договор во износ повисок од минималната плата На 4 февруари 2015 година друштвото „Паметна глава“ склучило авторски договор (пишувано стручно дело) со лицето Митре Петковски. Договорениот нето надомест изнесува 12.000 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е повисок од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувач има обврска, покрај перwww.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
соналниот данок на доход, да ги пресмета и да ги плати и двата најголеми социјални придонеси. Исплатувачот „Паметна глава“ има обврска до УЈП да достави Месечен извештај „МИД/ИН“ за февруари 2015 (најдоцна до 15-ти март 2015) за износот на: - б руто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, - исплатениот нето надоместок, - пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и - пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување. Пресметка: 100 х (50% х 35,3) ] / [100 - (50% х 35,3) ] = 21,433% (пресметана стапка, со нормирани трошоци од 50% и сите давачки 35,3%) 12.000 х 21,433% = 2.572 денари (придонес за ПИО, придонес за здравство и ПДД) 12.000 + 2.572 = 14.572 денари (бруто надомест) 14.572 - (14.572 х 50% нормирани трошоци) = 7.286 денари (основица за придонеси и ПДД) 7.286 х 25,3% = 1.843 денари (придонеси: 1.311-18% ПИО и 532-7,3% здравство) 7.286 х 10% = 729 денари (ПДД) 14.572 - 1.843 - 729 = 12.000 денари (нето надомест)
89
Книжење: 44906 2521 2352 2342 2344
Авторски надоместоци Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување
14.572
12.000 729 1.311 532
- попресметка на надоместот за авторски договор 2521 2352 2342 2344 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор Обврски за придонес за пензиско осигурување Обврски за придонес за здравствено осигурување Трансакциска сметка во денари
12.000 729 1.311 532 14.572
- Извод бр. 32 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест, платен персонален данок и придонеси
Важно: Согласно со актуелните прописи, извршената исплата од претходниот пример треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП на лицето Митре Петковски). Годишната пријава МП ја доставува до УЈП до 15 март 2016 година. Исплатувачот, фирмата „Паметна глава“, покрај новиот Месечен извештај „МИ-Д/ИН“ (февруарскиот извештај се доставува до УЈП до 15 март 2015 година), има обврска исплатата да ја вклучи и во Годишниот извештај (ПДД-ГИ), кој во електронска форма се доставува до УЈП најдоцна до 31 јануари 2016 година.
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
02/ 3162-979 i 3298-763
Pr fesionalna Edukacija
Пример 2:
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Надомест по основ на авторски договор во износ понизок од минималната плата Во месец јуни 2015 година друштвото „Сакам наука“ склучило авторски договор за предавања со лицето Бранко Витанов. Договорениот нето надомест изнесува 6.200 денари. Со оглед дека договорениот нето износ е понизок од месечниот износ на минималната плата за 2015 година (9.590 денари), правното лице - исплатувачот пресметува само персоналниот данок на доход. Обврска за пре-
сметување на социјални придонеси на договорениот надомест - НЕМА. Во овој случај, правното лице - исплатувач има обврска до Управата за јавни приходи да достави Месечен извештај „МИ-Д/ ИН“ за јуни 2015 година (најдоцна до 15-ти јули 2015 година) за лицата кои поединечно сами за себе се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, за: - и зносот на бруто надоместокот утврден во авторскиот договор и - исплатениот нето надоместок.
Пресметка:
90
Ред. бр. 1. 1.1. 1.2. 1.3.
Опис
Стапка /коефициент
Пресметка на персоналниот данок на доход Нето надомест (договорен износ) Персонален данок на доход (6.200 х 7,527%) Бруто (Нето надомест + Персонален данок на доход) (6.200 + 467)
Износ
6.200 467 6.667
7,527%
Книжење: 44906 2521 2352
Авторски надоместоци Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор
6.667
6.200 467
- попресметка на надоместот за договор на дело 2521 2352 1000
Обврски кон граѓани Обврски за персонален данок по авторски договор Трансакциска сметка во денари
6.200 467 6.667
- Извод бр. 36 од ХХ.ХХ.2015 г. Исплатен надомест и платен персонален данок
Важно: И оваа исплата треба да биде вклучена во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) на лицето Бранко Витанов. Исплатувачот, друштвата „Добра фирма“ има обврска исплатата да ја вклучи во Годишниот извештај (ПДД-ГИ).
РИМЕРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ПО ДОГОВОРИ П НА ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ Според ФПИОМ е потребно во договорите да се утврди времетраењето на договорот и бруто надоместокот, којшто се сведува на месечно ниво преку примена на пресметан износ по работен час. Доколку не се утврди времетраењето на договорот, бруто надоместокот се смета за месечен бруто надомест.
www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
Во продолжение прикажуваме пресметки изработени од Фондот за ПИОМ. Пример 1 - Пресметка на придонеси по основ на еден договор Договорот за дело е склучен од 1.1.2015 година до 30.4.2015 година, со бруто надоместок по договор во износ од 90.000 денари. Вредноста по час = бруто надоместок / вкупно часови 90.000 / 688 = 130,81 Пресметан месечен бруто надомест = вредност на час x месечни работни часови Период на договор
Бруто износ по договор
Вредност на час
01.01.2015
30.04.2015
месец/ година
календ. денови
ефектив. работни денови
работни часови
90000 месечно бруто
месечно нето
ПИО -18%
130,81 ЗО -7,3%
ПДД- 10%
01.2015
31
22
176
23024
14896
4144
1681
2302
02.2015
28
20
160
20930
13542
3767
1528
2093
03.2016
31
22
176
23023
14896
4144
1681
2302
04.2016
30
22
176
23023
14896
4144
1681
2302
Вкупно
120
86
688
90000
58230
16199
6571
8999
Пример 2 - пресметка на придонеси по основ на повеќе договори за ист период Еден договор за дело е склучен од 1.1.2015 година до 30.4.2015 година, со бруто надоместок по договор во износ од 90.000 денари. Друг договор за дело е склучен за период од 15.1.2015 година до 16.3.2015 година, со бруто надоместок од 50.000 денари. период на договор 01.01.2015
бруто по договор
30.04.2015
вредност на час
90000
130,81
бруто по договор
вредност на час
50000 работни месечно часови бруто
31 28 31 30 120
16.03.2015 ефективни работни денови 22 20 22 22 86
176 160 176 176 688
23024 20930 23023 23023 90000
14896 13542 14896 14896 58230
4144 3767 4144 4144 16199
1681 1528 1681 1681 6571
2302 2093 2302 2302 8999
месец/
календар-
ефективни
работни
месечно
месечно
ПИО -18%
ЗО -7,3%
ПДД- 10%
година
ски денови
работни
часови
бруто
нето
01.2015 02.2015 03.2016 Вкупно
17 28 16 61
денови 12 20 12 44
96 160 96 352
13637 22726 13637 50000
8822 14703 8822 32347
2455 4091 2455 9001
996 1659 996 3651
1364 2273 1364 5001
период на договор месец/ година 01.2015 02.2015 03.2016 04.2016 Вкупно
15.01.2015 календарски денови
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
месечно нето
142,04 ПИО -18% ЗО -7,3%
ПДД- 10%
91
Pr fesionalna Edukacija
месец/ година
календарски денови
01.2015 02.2015 03.2016 04.2016 Вкупно
31 28 31 30 120
ефективни работни денови 22 20 22 22 86
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
работни часови
месечно бруто
месечно нето
ПИО -18%
ЗО -7,3%
ПДД- 10%
176 160 176 176 688
36661 43656 36660 23023 140000
23718 28245 23718 14896 90577
6599 7858 6599 4144 25200
2677 3187 2677 1681 10222
3666 4366 3666 2302 14000
Пример 3 - пресметка на придонеси по основ на авторски договор Склучен е авторски договор за превод (нормиран трошок 30%) за период од 1.1.2015 година до 30.4.2015 година, со бруто надомест од 128.571 денари. Основица за придонеси и ПДД = бруто надомест - нормиран трошок (%) 90.000 = 128.571 - (128.571 x 30%) Период на договор
92
месец/ година
01.2015 02.2015 03.2016 04.2016 Вкупно
01.01.2015
30.04.2015
календ. денови
ефективни работни денови
31 28 31 30 120
Бруто по договор со намалени нормирани трошоци 90000 работни часови
22 20 22 22 86
176 160 176 176 688
месечно бруто
23024 20930 23023 23023 90000
Вредност на час 130,81 месечно нето
14896 13542 14896 14896 58230
ПИО -18%
4144 3767 4144 4144 16199
ЗО -7,3%
1681 1528 1681 1681 6571
ПДД- 10%
2302 2093 2302 2302 8999
ПРИМЕРИ НА ДОГОВОРИ Според надлежните лица на Министерството за труд и социјална политика и според известувањето на ФПИОМ, задолжителни елементи на склучениот договор за дело/авторски договор/друг договор (иако задолжителноста не е пропишана со пропис) се следните: - предмет на договорот, - договорни страни, - датум на склучување на договорот, - времетраење на договорот, - бруто износ на надоместокот. Во продолжение даваме примери на договори усогласени со наведените барања.
ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII
www.p
roagens.mk
1.050
denari
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
Пример на договор за дело ДОГОВОР за чистење на службените простории склучен во Скопје, на _______ 2015 година, помеѓу,
1. Т ошо Петров од Скопје, со живеалиште на ул. „Перо Наков“, бр. 13 и ЕМБГ 1207958465008 (во натамошниот текст: Извршител) и 2. „ Трговија БУ“ ДОО - Скопје, ул. „Илинденска“ бр. 18, застапувано од управителот Вангел Христов (во натамошниот текст: Нарачател) Член 1 Предмет на овој Договор е уредување на правата, обврските и одговорностите на двете договорни страни во врска со ангажирање на Извршителот од страна на Нарачателот заради вонредно чистење на службените простории на Нарачателот што се наоѓаат на ул. „Илинденска“ бр. 18, во Скопје. Член 2 Извршителот се обврзува, на ______ 2015 година (сабота и недела) да ги исчисти службените простории на Нарачателот според насоките и инструкциите дадени од страна на Нарачателот и со употреба на хигиенски и помошни средства во сопственост на Нарачателот. За хигиенските и помошните средства во сопственост на Нарачателот, Извршителот ќе се грижи како добар домаќин. Член 3 Извршителот е согласен, после завршувањето на договорената работа од членот 2 на овој договор, Нарачателот да изврши проверка на квалитетот на извршената работата и за евентуалните забелешки да го извести Извршителот, кој пак истите мора да ги отстрани веднаш, односно најдоцна до крајот на денот во кој Нарачателот врши проверка на извршената работа. Корегираните забелешки на извршената услуга од членот 2 став 1 на овој Договор ќе бидат предмет на заедничка контрола на двете договорни страни. Член 4 За услугите од членот 2 на овој Договор, Нарачателот ќе му исплати на Извршителот бруто износ од 34.800 денари, во кој се вклучени социјалните придонеси (ПИО и здравство) и персоналниот данок на доход по основ на лично примање за привремено/повремено вршење на услуги (договор на дело). Социјалните придонеси и персоналниот данок на доход по одбивка ги пресметува и уплатува Нарачателот - исплатител. За извршената услуга Нарачателот во улога на исплатител, на Извршителот ќе му достави пресметка која ги содржи износот на бруто надоместот, како и пресметаниот, задржан и платен персонален данок на доход и пресметаните и платени социјални придонеси. Нарачателот има обврска до 15 јануари наредната година, на Извршителот да му достави и Збирен податок за исплатените приходи, платениот данок на доход и платените придонеси за тековната година. Член 5 За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. Во случај на спор по овој договор, доколку не може да се реши спогодбено меѓу договорните страни, истиот се решава пред надлежниот суд во Скопје. Член 6 Договорот е составен во два еднакви примероци, од кои по еден за секоја договорна страна. Нарачател _________
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Извршител __________
93
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Пример на договор за авторско дело ДОГОВОР ЗА АВТОРСКО ДЕЛО склучен во Скопје, на ден _____________ 2015 година, меѓу: 1. _______________________________________________ (понатаму: Корисникот) од една страна 2. ________________од Скопје, со ЕМБГ ____________ (понатаму: Авторот) од друга страна. Член 1
Со овој договор во писмена форма се регулираат авторско-правните односи меѓу странките, во доменот на интелектуалното творење. Член 2 Корисникот, има потреба од изработување на интелектуална творба од областа на ____________ ______________________________ сл., заради нејзино објавување во своето стручно списание. Член 3 Авторот по барање и за потребите на корисникот изработува и му предава пишано дело (текст) од областите наведени во член 2 од овој договор, во рок усно утврден со корисникот. Член 4
94
орисникот се обврзува на авторот да му исплати авторски надомест во бруто износ од 80.000 деК нари, во кој се вклучени социјалните придонеси (ПИО и здравство) и персоналниот данок, за работата од член 3 од овој договор. Социјалните придонеси и персоналниот данок на доход по одбивка ги пресметува и уплатува Корисникот. Член 5 Исплатата на авторски надомест, корисникот ќе ја врши преку трансакциска - сметка на Авторот 210-5015919341.73 при Тутунска банка - Ск., во рок од 5 дена од предавањето на творбата. Член 6 Останатите права и обврски од авторско-правниот однос, странките ќе ги остваруваат согласно Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на РМ”, бр. 115/10 ... и 147/13). Член 7 Договорот се склучува со времетраење од еден месец. Измената на договорот се врши со анекс на основниот договор. Член 7 Во случај на спор по овој договор надлежен е стварно и месно надлежен суд во Скопје. Член 8 Овој договор е составен во 2 еднакви примероци од кои по еден за секоја од договорните странки. Автор Корисник __________________ ___________________
www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ
95
INFORMATOR 1 I JANUARI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
96
www.p
roagens.mk