ИНФОРМАТОР БРОЈ 1 ОД 2016 ГОДИНА

Page 1


2016

INFORMATOR И ЛЖ О Д ЗА

www.proagens.mk

О!

ЛН ТЕ

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

2

НО ВО !

!

1

ПРИРАЧНИКА ЗА СЕКОЈ ПОСЕТИТЕЛ!

PRILEP, hotel “КРИСТАЛ ПАЛАС” na 26. 01. 2016 godina (vtornik) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 01. 02. 2016 godina (ponedelnik) [TIP, hotel “ОАЗА” na 02. 02. 2016 godina (vtornik) Bugarija - SANDANSKI, hotel “INTERHOTELSANDANSKI” od 04. 02 do 07. 02. 2016 godina (~etvrtok-nedela) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 09. 02. 2016 godina (vtornik)

Пријавувањето е задолжително!

ЈАНУАРИ

2016


2016

Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V

Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV

Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 31.12.2016 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


1

ЈАНУАРИ 2016

S O D R @ I N A: ДАНОК НА ИМОТ 1) 31 ЈАНУАРИ 2016 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2016 ГОДИНА

4

www.proagens.mk

ПЛАТИ 2016 2) ПАРАМЕТРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 2016 ГОДИНА

5

ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА 3) РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ОБВРСКИ НА РАТИ И ДРУГИ НОВИНИ ВО ЗАКОНOT ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

8

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 4) ГОДИШEН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2015 ГОДИНА - ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“

19

РАБОТНИ ОДНОСИ И ДАНОЦИ 5) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР ВО 2015 ГОДИНА

29

РАБОТНИ ОДНОСИ 6) НОВИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

41

ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ 7) 31 ЈАНУАРИ 2016 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2015 ГОДИНА

43

СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ 8) СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРОМОТИВНИТЕ, РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ И ДРУГИ ПОДАРУВАЊА

47

ДДВ 9) АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

54

ПОПИС - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН 10) ПОПИС И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ

57

МСФИ/МСС И МСФИ за МСЕ 11) СМЕТКОВОДСТВЕНИ МЕТОДИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДОЛГОРОЧНИТЕ ФИНАНСИСКИ ВЛОЖУВАЊА СОГЛАСНО СО МСФИ/МСС

67




Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Информација

31 ЈАНУАРИ 2016 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2016 ГОДИНА

- деловни згради и деловни простории, - административни згради и административни простории, - згради и станови за одмор и рекреација и - други градежни објекти, како и - инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.

!

О!

Н ЕЛ ИТ ЛЖ ДО

ЗА

- оттуѓиле постоечки имот во текот на 2015 година или - извршиле промени во вредноста на веќе претходно пријавениот имот (доградба, проширување и сл.) или - никогаш досега не го пријавиле претходно стекнатиот имот, треба да поднесат Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2016 година (образец „ДИ“), до општинската администрација (и администрацијата на градот Скопје) каде се наоѓа конкретниот имот, до 31 јануари 2016 година (со оглед дека 31-ви паѓа во недела, крајниот рок е поместен до 01 февруари 2016 година). За имотот во рамки на општините во градот Скопје, пријавите се поднесуваат само до администрацијата на Градот Скопје.

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

!

- зградите - станбени згради или станови,

- стекнале нов имот во текот на 2015 година или

ВО

- земјиштето (земјоделско, градежно и шумско, како и пасиштата);

Даночните обврзници (физички и правни лица-сопственици на недвижен имот), кои:

НО

В

о месец јануари се поднесува и Даночната пријава за утврдување на данокот на имот за 2016 година. Потсетуваме дека данок на имот се плаќа на недвижен имот, согласно со Законот за даноците на имот, 1 кој не е даночно ослободен, односно на:

PRILEP, hotel “КРИСТАЛ ПАЛАС” na 26. 01. 2016 godina (vtornik) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 01. 02. 2016 godina (ponedelnik) [TIP, hotel “ОАЗА” na 02. 02. 2016 godina (vtornik) Bugarija - SANDANSKI, hotel “INTERHOTELSANDANSKI” od 04. 02 do 07. 02. 2016 godina (~etvrtok-nedela) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 09. 02. 2016 godina (vtornik) 1

„Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12 и 188/13.

4

www.proagens.mk


ПЛАТИ 2016

 

Информација

ПАРАМЕТРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 2016 ГОДИНА 1. Лично ослободување за ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД

С

Почнувајќи од јануари 2016 година, месечното лично ослободување за пресметување на персоналниот данок од плати и пензии изнесува 7.357 денари, односно на годишно ниво за 2016 година во износ од 88.284 денари огласно со Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ“, бр. 222/15), личното ослободување утврдено во член 10 став 1 точка 2) од Законот за персоналниот данок за 2016 година на годишно ниво изнесува 88.284 денари (за 2015 = 87.840).

Месечното лично ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија за 2016 година изнесува 7.357 денари (за 2015 = 7.320) и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2016 година.

Преглед на годишните и месечните даночни (лични) ослободувања за пресметување на персоналниот данок од доход на плати и пензии од 2008 година до 2016 година Година 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016

Годишно лично ослободување 39.528 84.000 84.420 87.792 89.640 87.228 87.315 87.840 88.284

Месечно лично ослободување 3.294 7.000 7.035 7.316 7.470 7.269 7.276 1 7.320 7.357

2. СТАПКИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА Стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување за 2016 година не се менуваат и остануваат исти во однос на 2015 година. Придонес за ПИО 18% Придонес за задолжително здравствено осигурување 7,3% Дополнителен придонес за здравствено осигурување 0,5% за случај на повреда на работа и професионално заболување Придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% Вкупно: 27% Напоменуваме дека стапките на придонесите од плата од 2010 година наваму не се менувани. 1

Годишниот износ на личното ослободување за 2014 година, како 12 месечни лични ослободувања (7.276) го дава износот од 87.312 денари, а не погрешно како што е објавено во „Сл. весник на РМ“, бр. 189/13, износот од 87.315 денари.

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

5


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

3. Поднесување на пресметки за плата за 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важеле за тој период согласно Законот.

4. НАЈВИСОКИ И НАЈНИСКИ ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТА ПО ГОДИНИ При исплата на платите за 2011, 2010 и 2009 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати.

Преглед на најниската и највисоката основица (бруто плата) за пресметување на придонеси од плата по години Година 2009 2010 2011

Најниска основица (месечен износ) 13.754 14.915 15.174

Највисока основица (месечен износ) 110.028 119.316 121.396

За исплатата на плата за 2012, 2013 и 2014 година највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати.

Преглед на најниската и највисоката основица (бруто плата) за пресметување на придонеси од плата по години Година 2012 2013 2014

Најниска основица (месечен износ) 15.295 15.298 15.451

За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за месец ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите, додека почнувајќи со пресметките за месец МАРТ 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е: • Износот од дванаесет просечни плати

за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос;

Највисока основица (месечен износ) 183.546 183.570 185.412 • Износот од дванаесет просечни плати

за плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа;

• Износот од осум просечни плати за пре-

сметување и уплата на придонесите за самовработено лице (253.152 денари).

 6

kontakt@proagens.com.mk

www.proagens.mk


ПЛАТИ 2016

 

Преглед на најниската и највисоката основица (бруто плата) за пресметување на придонеси од плата по години Година 2015 (месеци) јануари - февруари 2015 март - декември 2015

Најниска основица (месечен износ) 15.822 15.822

Највисока основица (месечен износ) Без лимитирање на основицата 379.728

5. П одесување на МПИН-софтверот за 2016 година При составување на МПИН-от за платата за месец јануари 2016 година не заборавајте дека во делот „Параметри за пресметка на придонеси“ треба да отворите нов период и да го смените износот на личното ослободување (внесувате 7.357). Останатите параметри не ги менувајте. Потешкиот пат е да го симнете најновиот клиентски софтвер од сајтот www.ujp.gov.mk.

6. Подесување на МПИН-софтверот за АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА

ЛЖ ДО А З

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

!

О!

Н ЕЛ ИТ

ВО

!

податоците од поднесената и платена МПИН пресметка со вид на обврска (555). Начинот на пополнување на исправката 553 е ист како и за исправката со вид на обврска 103. За да можете да поднесете корекција (исправка) на МПИН пресметка со вид на обврска 553, задолжително преземете ја најновата верзија на „МПИН“ клиентскиот софтвер (од 30.12.2015 година), преку веб страницата на УЈП ( http:// www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

НО

УЈП изготви нова комбинација со вид на обврзник 110 и вид на обврска 553 за поднесување на корекција (исправка) на МПИН пресметка со вид на обврска 555. МПИН пресметката со вид на обврска 553 (исправка) се поднесува по претходно извршено плаќање на МПИН пресметка со вид на обврска 555. Исправката (553) се поднесува само за оние вработени лица за кои работодавачот има потреба да изврши корегирање (исправка) на

PRILEP, hotel “КРИСТАЛ ПАЛАС” na 26. 01. 2016 godina (vtornik) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 01. 02. 2016 godina (ponedelnik) [TIP, hotel “ОАЗА” na 02. 02. 2016 godina (vtornik) Bugarija - SANDANSKI, hotel “INTERHOTELSANDANSKI” od 04. 02 do 07. 02. 2016 godina (~etvrtok-nedela) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 09. 02. 2016 godina (vtornik)

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

7


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ОБВРСКИ НА РАТИ И ДРУГИ НОВИНИ ВО ЗАКОНOT ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

ОПФАТ НА ИЗМЕНАТА НА ЗФД Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина (ЗФД) објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 215 од 07.12.2015 година, влезен во сила осмиот ден од објавувањето, на 15.12.2015 година, се врши второ новелирање на ЗФД. 1

(201/14). Едно од позначајните прашање на кое дава одговор е уредување на посебни рокови за плаќање кога плаќањето на паричните обврски се одвива на рати. Надминувањето на другите проблематични моменти од ЗФД е направено и со целосно новелирање на постапката на контрола на деловни трансакци од страна на надлежните институции (УЈП и Финансиската инспекција во јавниот сектор), со поместување на моментот на известувањето од страна на судот, нотарот и извршителот за постапките за присилна наплата на неплатени парични обврски во рок и со воведување на институтот едукација. Воедно се врши усогласување на ЗФД во делот на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоците со прифаќање на новиот систем на одмерување на висината на глобите и со утврдување на фиксни износи на глоби за правни лица и трговци поединци.

Со новите решенија инкорпорирани во ЗФД се врши уредување на неколку суштествени работи на кои како на проблематични е укажано при самото отпочнување на примената на ЗФД во 2014 година, поради што се очекуваше посериозен пристап на законодавецот во насока на нивното нормативно разрешување. Обид во таа насока веќе беше направен со првата измена на ЗФД (Сл.В. 201/14, во сила од 31.12.2014 година, а во примена од 1 јануари 2015 година) во примена од 01.01.2015 година, но како поважен резултат на оваа измена се покажа решението со кое надзорната функција на Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи (УЈП) во приватниот сектор се помести на деловните трансакции настанати од 01.01.2015 година, а не како што првично беше уредено со контрола да се опфатат сите деловни трансакции настанати од 01.05.2014 година, како ден кога отпочна да се применува ЗФД.

Во функција на потсетување: Предметот на уредување на ЗФД е навременото исполнување на парични обврски, односно спречување на неисполнување на паричните обврски во утврдените рокови согласно со законот, кои произлегуваат од реализација на деловни трансакции меѓу:

Новата, втора по ред измена на ЗФД е поопсежна и посуштествена од претходната

1) економските оператори од приватниот сектор и

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

„Службен весник на РМ“, бр. 187/13, во сила од 7 јануари 2014 година, во примена од 1 мај 2014 година; 201/14, во сила од 31.12.2014 година, а во примена од 1 јануари 2015 година и 215/15, во сила од 15.12.2015 година.

1

8

www.proagens.mk


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

Павле ГАЦОВ 4М-р Даночен советник

и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ГОДИШEН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2015 ГОДИНА - ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“

Од 2013 година рокот за доставување на Годишниот извештај на ПДД е скратен (31 јануари), а електронската форма на достава стана ЗАДОЛЖИТЕЛНА

31

јануари 2016 година (односно 1 февруари 2016 година, понеделник) е краен рок за доставување на СИТЕ Годишни извештаи за персоналниот данок на доход во задолжителната електронска форма, преку e-tax режимот на УЈП: • ПДД-ГИ - Годишен извештај на исплатувачот за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи во 2015 година Образецот е пропишан со Упатството за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14, во сила од 1.1.2015 година). • ПДД-ГИ/ОЗП - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во 2015 година

• ПДД-ГИ/ОЦО - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица во 2015 година Обрасците ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ОЦО се пропишани со Правилникот за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица и на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на кориИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

сен цврст отпад од физички лица („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14, во сила од 1.1.2015 година). • ПДД-ГИ/ЗП - Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари за 2015 година Образецот е пропишан со Правилникот за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14, во сила од 1.1.2015 година).  Крајниот рок за доставување на Годишните извештаи на персоналниот данок на доход за 2015 година е 31 јануари 2016 година.  Законот за даночна постапка (187/13 член 53 став 13) ја утврдува електронската форма на достава на овие извештаи како задолжителна. Потсетуваме дека задолжителната електронска форма на доставување се однесува и на Годишниот даночен биланс - Образец ПДД-ДБ.

kontakt@proagens.com.mk

02/ 3162-979 i 3298-763

19


работНИ односИ И ДАНОЦИ

4

 

Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР ВО 2015 ГОДИНА

I. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР ВО 2015 ГОДИНА Даночниот третман на надоместоците на трошоци од работен однос е регулиран со: - членот 6 на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15 и 199/15; У. суд-31/96, 40/96 и 2/99), кој ги уредува даночно ослободените надоместоци, - ч ленот 9 став 1 точка 2 на Законот за данокот на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15 и 129/15), кој ги уредува лимитите на надоместоците кои претставуваат даночно признат расход.

I.1. Надоместоци на трошоци за дневници за службено патување, теренски додаток или одвоен живот Согласно со член 6 точка 6 на ЗПДД, ослободени од персонален данок се надоместоците на трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување, исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица во висина на најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на РМ (ОКДПС): - дневници за службени патувања во земјата: во висина од најмалку 8% од ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци; - дневници за службени патувања во странство: согласно со колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач, но не помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци; - теренски додаток: во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.), во висина утврдена со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач; - одвоен живот: во висина утврдена со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач, но не помалку од 60% од просечната месечна нето плата исплатена во РМ во претходните три месеци (надоместокот за одвоен живот се исплатува кога работникот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштето на фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште). Признати даночни расходи, согласно со член 9 став 1 точка 2 алинеја 1 на ЗДД, претставуваат надоместоците во висина на: - најнискиот износ на исплатените дневници за службени патувања, теренски 29


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

Информација

НОВИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ Повреда на правата од работен однос

П

овредата на правата од работен однос претставува кривично дело согласно со член 166 од Кривичниот законик 1 во кој е предвидено дека повредата, одземањето или ограничувањето на правото што му припаѓа на работникот е кривично дело и за истото е предвидено соодветна казна. Попрецизно, членот 166 гласи: Член 166 (1) Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 226 од 25 декември 2015 година, членот 166 се дополнува со два нови става (2 и 3), кои се во сила од 2 јануари 2016 година, со кои се пропишуваат нови кривични дела против работните односи, со следната квалификација: (2) Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од пла1

та или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со затвор од три месеци до една година. (3) Со казната од ставот (2) ќе се казни работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот. Ставот (2) од членот 166, по ова дополнува станува став (4).

Преглед на останати кривични дела против работните односи Повреда на правото од социјално осигурување Член 167 (1) Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и други видови социјално осигурување и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Злоупотреба на правата од социјално осигурување Член 168 Тој што со симулирање или предизвикување болест или неспособност за работа ќе

„Службен весник на РМ“, бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 87/2007, 7 /08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 42/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14 и 226/15.

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

41


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Член 169 Тој што со злоупотреба на службената должност не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за правата на граѓаните за време на привремена невработеност и со тоа на друг потешко ќе му го повреди или одземе правото што му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. GODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

!

О!

Н ЕЛ ИТ

ЛЖ ДО А З

14.900 denari

Член 170 (1) Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи во определен рок да постапи според прописите за мерките за заштита при работата. (3)Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Повреда на правото за учество во управувањето Член 171 (1) Тој што со повреда на прописи или општи акти ќе му одземе или ограничи на друг право да учествува во управувањето со правното лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА

ВО !

Повреда на правата за време на привремена невработеност

Непреземање мерки за заштита при работа

НО

оствари право на здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и други видови социјално осигурување, што според закон, друг пропис или колективен договор не му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

PRILEP, hotel “КРИСТАЛ ПАЛАС” na 26. 01. 2016 godina (vtornik) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 01. 02. 2016 godina (ponedelnik) [TIP, hotel “ОАЗА” na 02. 02. 2016 godina (vtornik) Bugarija - SANDANSKI, hotel “INTERHOTELSANDANSKI” od 04. 02 do 07. 02. 2016 godina (~etvrtok-nedela) SKOPJE, hotel “КОНТИНЕНТАЛ” na 09. 02. 2016 godina (vtornik)

42

www.proagens.mk


ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ

 

4М-р Павле ГАЦОВ

Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

31 ЈАНУАРИ 2016 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2015 ГОДИНА

З

- лица кои се во работен однос или се пензионери, а се занимаваат со земјоделска дејност;

За разлика од „обичните“ самостојни вршители на дејност кои за паушално оданочување се пријавуваат ОДНАПРЕД - до крајот на 2015 година (31 декември) за 2016 година како даночен период, вршителите на земјоделска дејност, тоа го прават ОТПОСЛЕ.

- лица кои остваруваат приходи од одгледување на добиток и други стопанскокорисни животни.

аконот за персоналниот данок на доход 1 оданочувањето на приходите од земјоделска дејност (член 31-а) го уредува во рамки на точката 3 која се однесува на Приходите од самостојна дејност. Токму издвоеноста на овие приходи од приходите од самостојна дејност резултира со посебна „технологија“ на нивно пријавување и пресметување.

Пријавувањето за паушално оданочување на вршителите на земјоделска дејност трае до крајот на месец јануари 2016 година, а се однесува за годината што изминала (2015). Овој текст е посветен на паушалното оданочување на вршителите на земјоделска дејност.

Даночен обврзник на приходите од земјоделска дејност Обврзници на данокот на доход за приходите од земјоделска дејност се: - граѓани запишан во Регистарот на индивидуални земјоделци;

- лица кои се сопственици на земјоделско земјиште, или истото го користат како роднини од прв наследен ред или остваруваат приход од земјоделско земјиште кое е земено под закуп, концесија или земјиштето го обработуваат по некој друг основ и

Под приходи од земјоделска дејност се подразбираат приходите остварени од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, вклучувајќи ги и приходите од одгледување на добиток и други стопанско корисни животни и пласман на нивните производи.

Вршител на земјоделска дејност - обврзник на паушален данок на доход 2 Главен услов за стекнување на право на паушално оданочување: Земјоделецот кој од вршење на земјоделска дејност (без оглед дали се работи за основно или дополнително занимање), и кој остварил вкупен приход по-

„Службен весник на РМ“, бр. 80/93; испр. 3/94; 70/94; У. суд на РМ, У. бр. 27/96 во 31/96; У. суд на РМ, У. бр. 43/96 во 40/96; 71/96; 28/97; У. бр. 222/97 во 2/99; 8/01; 50/01; испр. 52/01; 2/02; 44/02, 96/04; 120/05; 52/06; 74/06 (преч. текст); 139/06; испр. 06/07; 160/07; 159/08; 20/09; 139/09; 171/10; 135/11; 166/12; 187/13; 13/14; 116/15 и 129/15 (две измени). 2 Паушалното оданочување на приходите остварени од вршење на земјоделска дејност е воведено од 1 јануари 2009 година. 1

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНАУРИ 2016

43


СМЕТКОВОДСТВО И Даноци

4 Д-р Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРОМОТИВНИТЕ, РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ И ДРУГИ ПОДАРУВАЊА

П

ериодот на новогодишните празници како и на божиќните и другите верски празници редовно е проследен со традиционалните репрезентативни давања со кои се остварува некоја рекламна и промотивна порака, статусен настап или нега на имиџот. На тој начин се искажуваат и знаци на внимание и благодарност кон деловните партнери и вработените.

Во македонското законодавство се уште се мали можностите за неоданочено промотивно и репрезентативно давање на деловни партнери, а за неоданочени исплати и подарување на вработените воопшто не се предвидени даночни олеснувања и ослободувања. Оттука, разликувањето на трошоците за репрезентација од подароците и промотивните активности и понатаму е предмет на редовна даночна дилема: кога и во кои случаи се плаќа ДДВ, кога трошокот ја зголемува даночната основа за данокот на добивка, а кога може да се појави и обврска за плаќање на персонален данок на доход, итн.?

ловни партнери), а кои испораки Законот не ги признава како давања поврзани со стопанската дејност. Имено, согласно со член 3 став 3 точки 1 и 2 од Законот за ДДВ, давањето на добра без надомест го третира како оданочив промет на добра со надомест, и тоа секогаш кога:  „добрата се земаат за лични потре би на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност“ односно,  „прометот на добра без надомест од страна на трговски друштва и други здруженија на лица се врши спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите и спрема нив блиски лица“.

1.1. Третман на репрезентацијата од аспект на ДДВ

Така и рекламирањето спроведено со бесплатно делење на производи (чаши, пепелници, покривки за маси, пенкала, тевтери, часовници, запалки, привезоци, итн.), кои носат на себе име, лого, заштитен знак и сл. на даночниот обврзник, се оданочува со ДДВ, односно за набавките на тие добра не се одбива претходниот данок (ДДВ). (Само за одредени мали износи на вредност на репрезентативните подароци, има исклучок од овој исклучок, за што ќе стане збор во понатамошниот текст.)

епрезентацијата според Законот за даноР кот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 225/15) се смета за сопствена потрошувачка во оној дел во кој се вршат испораки кон трети лица (клиенти и де-

Според член 35 точка 3 од Законот за ДДВ правото на одбивка на претходни даноци се

1. ТРОШОЦИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, РЕКЛАМА И ПРОМОЦИЈА ОД АСПЕКТ НА ДДВ

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

Ист случај е и со дадените услуги без надомест, според член 6 став 3 точките 1 и 2 од Законот за ДДВ.

47


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

З

аконот за данокот на додадена вредност, кој во последните години стана многу често менуван пропис, 2015 година ја завршува со: - новина влезена во сила од 24 декември 2015, објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 225/15, со која се уредува даночно ослободување за услугите на телекомуникациските оператори кои овозможуваат донациски уплати преку специјален телефонски број, - новина која е во примена од 01.01.2016 година, објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 112/14, а се однесува на задолжителните елементи на „ДДВ фактура“.

туку број со специјална намена за прибирање на средства наменети за хуманитарни цели. Со отварањето на ваквите специјални броеви, операторите не се ниту даватели, ниту приматели на донацијата. Улогата на операторот е префрлање на примените средства од донаторот, лицето кое повикува на специјалниот број кон примателот на донацијата, односно лицето кое побарало отварање на специјалниот број.

Во продолжение, даваме пошироко објаснување.

За оваа цел, во рамките на членот 24 на Законот за данокот на додадена вредност, се додаде како нова точка 10, ослободувањето за „Услуги од страна на телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање на финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации кои се користат за хуманитарни цели.“

1. ДАНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОРИ Со последната измена во Законот за ДДВ (од „Службен весник на РМ“, бр. 225/15), се воведе даночно ослободување за телекомуникациските оператори во делот на услугите со кои овозможуваат уплата на донации преку специјален телефонски број. Имено, операторите ќе бидат ослободени од данок на додадена вредност, со тоа што повиците кон тие броеви нема да се сметаат за телекомуникациски услуги. Кога се отвара специјален телефонски број за донации од операторите, тогаш не станува збор за услуга за говорен сообраќај т.е. телефонски разговор (телекомуникациска услуга), 54

Со тоа донаторите имаат единствен трошок во износ кој го одвоиле за донации независно дали уплатата е направена во банка или преку оператор, односно за тие средства нема да плаќаат дополнително данок од 18%.

2. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА „ДДВ ФАКТУРА“ Од 2 август 2014 година влезе во сила, но од 01.01.2016 година ќе започне да се применува измената на Законот во делот на задолжителните елементи на фактура од член 53 став 10 точка 10 на Законот за ДДВ (објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 112/14), со која последниот елемент наместо потпис и печат на издавачот на фактурата, ќе биде само име, презиме и потпис на овластеното www.proagens.mk


ПОПИС - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

4 Д-р Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПОПИС И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ

1. ЗАВРШНИ РАБОТИ КАЈ ПОПИСОТ (Извештај за попис)

П

о завршувањето на пописот, пописните комисии се должни да состават Извештај за извршениот попис и преку аналитички пристап да ги утврдат причините за искажаните разлики по пописот, сугерирајќи начини за постапување по нив. Затоа лицата вклучени во пописот мора да бидат запознаени со вредноста на средствата кои ги попишуваат за да можат да дадат реален предлог за расход или вредносно усогласување на имотот (средствата) кои значително отстапуваат од сметководствената вредност.

сии, податоци за времето и местото на пописот, содржи суштински елементи, односно во него треба да се наведат и:

Податоците од сметководството, како и соодветните евиденции за количините и вредностите се внесуваат во пописните листи дури после извршениот физички попис, поради што раководителот на сметководството, како и лицата кои ги водат посебните аналитички евиденции не смеат да ги даваат сметководствените податоци за количините и вредностите на пописните комисии, додека не се уверат дека физичкиот попис е завршен.

- Забелешки и објаснувања во врска со утврдените разлики дадени од лицата кои ракуваат со средствата, односно кои се задолжени со материјалните (физичките) и паричните вредности;

После внесување на сметководствените состојби на стоките се утврдуваат разлики помеѓу стварната и сметководствената состојба - по количина и по вредност. 1.1. СОДРЖИНА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕН ПОПИС Извештајот за извршениот попис, покрај формалните податоци за пописните коми-

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

- Преглед на материјалните (физичките) и вредносните разлики меѓу фактичката и сметководствената состојба и причините за разликите; - Преглед на сметководствената вредност на средствата и обврските чија фактичка вредност на денот на пописот не е утврдена, со соодветни образложенија;

- Предлози за ликвидација на утврдените разлики (пребивање на кусоците и вишоците настанати по основ на замена на исти и слични видови, односно средства и вредност, начинот на надоместување на кусоците и приходување на вишоците, отпис на застарените побарувања, приходување на застарените обврски) и - останати забелешки и предлози на комисијата за попис во врска со пописот. Врзано за бараните содржини на Извештајот за попис, сугерираме уште на самите пописни листи да се направат соодветни забелешки, за сите утврдени несогласувања на

57


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

4

 

Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

СМЕТКОВОДСТВЕНИ МЕТОДИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДОЛГОРОЧНИТЕ ФИНАНСИСКИ ВЛОЖУВАЊА СОГЛАСНО СО МСФИ/МСС

ВОВЕД

Д

Напомена:

олгорочните финансиски вложувања (долгорочните финансиски средства) ги опфаќаат долгорочните пласмани чиј рок на достасаност е подолг од една година. Овие вложувања се вршат заради остварување на сопственичка контрола, зголемување на вредноста на вложувањето или зголемување на редовниот приход. Долгорочните финансиски вложувања ги опфаќаат вложувањата во долгорочни хартии од вредност, вложувањата во акции или удели во поврзани субјекти (подружници или придружни друштва), дадените заеми/кредити на друштвата ќерки и афилијации (поврзани субјекти), дадените долгорочни заеми/кредити, депозити и кауции и слично.

Иако членот 469 на ЗТД уредува дека Меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти се ажурираат на годишна основа за да бидат усогласени со тековните стандарди, така како што се дополнети, изменети или усвоени од страна на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, сепак тие како составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11) се сеуште со неизменета содржина од самото објавување, па како такви мора и да ги применуваме за цели на финансиското известување во рамки на Р. Македонија.

метководственото евидентирање на долС горочните финансиски средства (вложувања) е уредено со Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11), како единствен сметководствен пропис донесен врз основа на Законот за трговските друштва („Службен весник на РМ“, бр. 28/04 ... и 192/15), кој ги содржи Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ/МСС) што ги применуваат големите и средни субјекти, како и Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ) што го применуваат малите и микро субјекти.

Поконкретно, сметководственото евидентирање на долгорочните финансиски средства е уредено со следните стандарди:

kontakt@proagens.com.mk

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2016

1) Големи и средни субјекти (МСФИ/МСС): - МСС 24 - Обелоденувања за поврзани страни, - МСС 27 - Консолидирани и посебни финансиски извештаи, - МСС 28 - Вложувања во придружени ентитети, - МСС 31 - Учества во заеднички вложувања, - МСС 32 - Финансиски инструменти: презентирање - МСС 39 - Финансиски инструменти: признавање и мерење. 67


О!

ЕЛН У Т АК

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА 14.900 денари

П

рофесионалните совети се главна потпора за носителите на деловни одлуки. Како врвни професионалци, повеќе од 20 години успешно се грижиме за намалување на ризиците при одлучувањето на нашите клиенти. Продолжуваме истото да го правиме и во 2016 г.

Обезбедуваме „компаниска заштита“ за области кои редовно се поврзуваат со нас: даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Не сме виртуелна фирма, ниту пак нечии апологети. Своите ставови ги изведуваме компетентно и професионално врз основа на пишуваните легислативи. Затоа сме и почитувани. Ви ја нудиме нашата поддршка и во 2016 година! Долгата традиција на континуирана успешна соработка како и нашата целосна посветеност на интересите на нашите претплатници е најдобра гаранција за довербата во квалитетот на нашите списанија, услуги, советувања и посебните изданија. Статусот на Проагенсов претплатник се стекнува преку режимот на годишна претплата. Предностите на овој режим им е познат на сите наши корисници. Годишната претплата за 2016 година го вклучува познатиот СЕТ на ИЗДАНИЈА: - „Информатор“ - месечно списание во печатена и е-форма (12 броја), Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право,... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, ...). Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. - „Про економија“ - наменско списание во печатена форма (еден број), Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги во предвид различните основи на финансиско известување („големите“ МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. - „е - Прописи“- пречистени текстови на прописи во е-форма и Издание кое содржи пречистени текстови на важни прописи поврзани со деловното работење. Бројот на пречистени законски и подзаконски текстови кои се испраќаат во електронска форма е значително зголемен поради зголемената динамика на менување на прописите. Агенција Про агенс - Скопје, тел: 02/ 3162-979 и 3229-479, kontakt@proagens.com.mk


ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА ЗА 2016 ГОДИНА - „Инфо регистар“- деловни информации во е-форма. Работните информации во е-форма подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...). Инфо регистарот редовно се ажурира. ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ! Консалтинг услуги и е-комуникација Покрај Сетот на изданија, во цената на Годишната претплата за 2016 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens. mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса. Посебни поволности Со плаќањето на претплатата до крајот на 2015 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2016 година се стекнувате со право на ПОДАРОК - еден од Проагенсовите прирачници (најново издание). Привилегијата на претплатниците да добиваат значајни попусти за учество на нашите советувања и обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... Цена Цената на претплатата за 2016 година НЕ СЕ МЕНУВА - останува 14.900 денари. Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Напоменуваме дека покрај извршената уплата, потребно е да доставите и пополнета Претплатница до нас. Претплатницата ја користиме за аналитички и информативни цели, како и за точна комуникација преку пријавената електронска адреса. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 - 0503940101 - 43 кај НЛБ Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака: „Претплата за 2016 година“ и повикување на број: 453.

www.proagens.mk

ПРЕТПЛАТНИЦА - ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2016 Назив:________________________________________________________________________ (За друштво, установа, вршител на дејност - точен назив, за граѓанин - име и презиме) ЕДБ(МК): ___________________ Сметка: _____________________ Банка: _________________ Т-фон/Т-факс: _____________ улица и број (п.фах): __________________________________ е-маил: _________________________ skype.name: ________________ www._______________ Место: __________________ Број на порач. примероци: ______ Претплатнички број: ______ Име и презиме: _________________ Раб. место, служба: ____________ л. карта бр.: ________ ____________, ________, 201__ година Место и дата

МП

Потпис

________________



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.