201
7
Издавач: Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“
Главен и одговорен уредник: М-р Павле Гацов
Дизајн и графичко уредување: Агенција „ПРО АГЕНС“
Лектор: М-р Кирил АНГЕЛОВ
!
VNIMANIE Носител на материјалните права е издвачот. Забрането е препечатување, копирање и умножување на написите или на нивните делови без претходна согласноет од издавачот. Дата на објаување на овој број: 10.01.2017 година.
Адреса:
Агенција „ПРО АГЕНС“, п.фах 272 ул. „Наум Наумовски Борче“, бр. 68/4 1000 Скопје Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Агенција „ПРО АГЕНС“ - Skopje 210-0503940101-43; Deponent na NLB banka - Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Агенција „ПРО АГЕНС“, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. „ПРО АГЕНС“ e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печати: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 примероци Copyright 2017, Про Агенс
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
1
ЈАНУАРИ 2 0 1 7
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: ДДВ 1) РЕГИСТРАЦИЈА (И ДЕРЕГИСТРАЦИЈА) ЗА ДДВ ВО 2017-а 2) НОВИНИ ПОВРЗАНИ СО ДДВ ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА
5 11
ПЛАТИ 2017 3) ПАРАМЕТРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА
13
ЈАНУАРСКИ ДАНОЧНИ ИЗВЕСТУВАЊА 4) 31 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2017 ГОДИНА
16
ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОС 5) 31 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2016 ГОДИНА
18
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 6) ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2016 ГОДИНА (Е-0БРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“)
22
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 7) ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2017-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ
31
НОВИ ПРОПИСИ 8) ПОВАЖНИ АСПЕКТИ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И НОВИОТ ЗАКОН ЗА НОТАРИЈАТОТ
37
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ 9) ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
42
НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ 10) ДНЕВНИЦИ ЗА СЛУЖБЕН ПАТ, ОДВОЕН ЖИВОТ И ТЕРЕНСКИ ДОДАТОК - ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН
53
МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ 11) СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА СИТНИОТ ИНВЕНТАР
67
ДДВ
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
РЕГИСТРАЦИЈА (И ДЕРЕГИСТРАЦИЈА) ЗА ДДВ ВО 2017-а
2 0 1 7
-а година, е трета година по ред во која даночни обврзници – правни и физички лица, со направен вкупен промет од 1.000.000 (1 милион) денари задолжително влегуваат во системот на ДДВ. Поради ова, бројот на регистрирани даночни обврзници во последните две години, особено кај физичките лица, нагло се зголеми.
1. ПРАВО И ЗАКОНСКА ОБВРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА Право на регистрација според Законот за ДДВ - имаат сите субјектите „даночни обврзници“, а тоа се сите правни или физички лица кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, независно од целите и резултатите од вршењето на дејноста. Сите субјекти кои спаѓаат во оваа категорија („даночни обврзници“ 1) и кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а чиј вкупен промет во изминатата календарска година го надминал прагот за регистрација за ДДВ во износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или во текот на годината го надмине износот, се обврзани да извршат регистрација за данокот на додадена вредност. 1
Оттука даночните обврзници кои во текот на 2016 година оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари 2017 година да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност. Ова важи и за физичките лица - граѓани кои вршат некоја оданочива дејност, преку промет на добра или услуги (како на пример, изнајмување на објекти, земјиште и друг движен и недвижен имот, со исклучок на изнајмувањето за станбени цели.) Нерегистрираните даночни обврзници, кои во текот на 2017 година ќе остварат оданочив промет над 1.000.000 денари, ќе бидат обврзани за регистрација за целите на ДДВ, односно должни се да поднесат Пријава за регистрација најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот. При неподнесена пријава за регистрација во случаи на постоење таква обврска, предвидена е парична казна според член 60 од ЗакоGODI[NA PRETPLATA 2017 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
14.900 denari
Законот за ДДВ посебно ја утврдува и издвојува категоријата на субјекти кои не се даночни обврзници и кои немаат обврска да се регистрираат за ДДВ. Меѓу тие субјекти се наброени државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела кои не се даночни обврзници за оној дел од нивните дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки.
ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
5
ДДВ
ИНФОРМАЦИЈА
НОВИНИ ПОВРЗАНИ СО ДДВ ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА
С
о започнување на Новата 2017 година се објави нов Правилник со нова ДДВ Пријава (Образец ДДВ-04) и се дополни Одлуката за определување на добрата и услугите, кои подлежат на повластена стапка на ДДВ. Двете новини се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 222/16 година. Од 1 јануари 2017 година во примена е и НОВИОТ образец за пријавување за регистрација за ДДВ – „ДДВ-01“ за што пишуваме во поднасловот 1.3. НОВ образец за пријавување за регистрација во рамките на текстот „РЕГИСТРАЦИЈА (И ДЕРЕГИСТРАЦИЈА) ЗА ДДВ ВО 2017-та“, од овој Информатор. Во продолжение даваме кратка информација за Новата Даночна пријава и дополнетата Одлука за добра и услуги кои се оданочуваат со 5% ДДВ.
1. Нова Даночна пријава, во примена од 01.01.2017 година
ните обврзници се ослободуваат од поднесување на периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања. Причината е едноставана, со воведувањето на интегрираниот автоматски систем за управување е овозможена постојана електронска комуникација на објектот во кој даночниот обврзник врши фискализирана наплата со Управата за јавни приходи. На тој начин се врши секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен финансиски извештај, така што досегашните извештаи во рамките на ДДВ Пријавата се беспотребни. Значи, почнувајќи од јануари 2017 година даночните обврзници нема да пополнуваат во ДДВ пријавата прилог за готовинскиот промет. Напомена:
Во „Службен весник на РМ“, бр. 222/16 година е објавен НОВ Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност со кој се пропиша и изменет образец на Даночната пријава на данокот на додадена вредност (ДДВ-04). Новата Даночна пријава за ДДВ влегува во сила на 28.12.2016 година, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2017 година.
Останува обврската за доставување на периодичните извештаи од денарските трансациски сметки и девизни сметки преку кои даночниот обврзник регистриран за цели на данокот на додадена вредност го остварува своето работење, што носителите на платниот промет го вршат по електронски пат, до надлежниот даночен орган.
Со новиот Правилник, во делот ПРИЛОЗИ од Даночната пријава, се избришани како такви „Периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања“, соодветно на бришаната законска обврска за нивно доставување.
2. Дополнетата Одлука за добра и услуги со повластен ДДВ третман
Имено, како што известивме претходно (во Информаторот 10/2016), со една од измените во Законот за ДДВ објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 189/16 година, се предвиде измена во Даночната пријава со која даночИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
Со направеното законско проширување на листата на добра за кои се применува повластена даночна стапка (5% ДДВ), од 14 октомври 2016 година (со измена во Законот за ДДВ објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 189/16 година) повластената стапка се применува и при прометот и увозот на: - пелети, печки на пелети и котли на пелети (член 30 став 1 точка 18). 11
ПЛАТИ 2017
Информација
ПАРАМЕТРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА 1. Л ично ослободување за ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД Почнувајќи од јануари 2017 година, месечното лично ослободување за пресметување на персоналниот данок од плати и пензии изнесува 7.456 денари, односно на годишно ниво за 2017 година во износ од 89.472 денари Согласно со Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ“, бр. 217/16), личното ослободување утврдено во член 10 став 1 точка 2) од Законот за персоналниот данок за 2017 година на годишно ниво изнесува 89.472 денари (за 2016 = 88.284). Месечното лично ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија за 2017 година изнесува 7.456 денари (за 2016 = 7.357) и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2017 година.
Преглед на годишните и месечните даночни (лични) ослободувања за пресметување на персоналниот данок на доход од плати и пензии, од 2008 година до 2017 година Година 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Годишно лично ослободување 39.528 84.000 84.420 87.792 89.640 87.228 87.315 87.840 88.284 89.472
Месечно лично ослободување 3.294 7.000 7.035 7.316 7.470 7.269 7.276 1 7.320 7.357 7.456
2. С ТАПКИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ПЛАТА ЗА 2017 ГОДИНА Стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување за 2017 година не се менуваат и остануваат исти во однос на 2016 година. Придонес за ПИО Придонес за задолжително здравствено осигурување Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување Придонес за осигурување во случај на невработеност Вкупно: 1
18% 7,3% 0,5% 1,2% 27%
Номинална грешка: Годишниот износ на личното ослободување за 2014 година, како 12 месечни лични ослободувања (7.276) го дава износот од 87.312 денари, а не погрешно како што е објавено во „Сл. весник на РМ“, бр. 189/13, износот од 87.315 денари.
ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
13
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Информација
31 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2017 ГОДИНА Оданочив имот и рок за поднесување на Даночната пријава ДИ
В
о месец јануари 2017-та година се поднесува Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2017 година. Потсетуваме дека данок на имот се плаќа на недвижен имот, согласно со Законот за даноците на имот, 1 кој не е даночно ослободен: - земјиштето (земјоделско, градежно и шумско, како и пасиштата); - зградите - станбени згради или станови, - деловни згради и деловни простории, - административни згради и административни простории, - згради и станови за одмор и рекреација и - други градежни објекти, к ако и инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.
Даночните обврзници (физички и правни лица-сопственици на недвижен имот), кои: - стекнале нов имот во текот на 2016 година или - оттуѓиле постоечки имот во текот на 2016 година или - извршиле промени во вредноста на веќе претходно пријавениот имот (доградба, проширување и сл.) или - никогаш досега не го пријавиле претходно стекнатиот имот, треба да поднесат Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2017 година (образец „ДИ“), до општинска администрација (и администрацијата на градот Скопје) каде се 1
наоѓа конкретниот имот, до 31 јануари 2017 година. За имотот во рамки на општините во градот Скопје, пријавите се поднесуваат само до администрацијата на градот Скопје.
Имот ослободен од оданочување Данок на имот НЕ се плаќа на: 1) недвижен имот во државна сопственост кој го користат државните органи, недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината, органите на општините во градот Скопје и органите на градот Скопје, освен недвижниот имот кој се користи од страна на физички или правни лица; 2) недвижен имот на странски дипломатски и конзуларни претставништва и на претставништва на меѓународни организации, ако се во нивна сопственост, под услов на реципроцитет; 3) недвижен имот во сопственост на Народната банка на Република Македонија; 4) верски објекти во кои се врши богослужба, молитва и други манифестации на верата како храм, џамија, молитвен дом, синагога, гробишта и други простории на црква, верска заедница и религиозна група; 5) поединечни градби кои со акт за заштита се прогласени за културно наследство; 6) објекти за заштита на земјиштето, водите и воздухот; 7) објектите на претпријатијата за работно оспособување, професионална рехабилитација и вработување на инвалиди;
„Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16.
16
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник
и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
31 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА - ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО УЈП НА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА 2016 ГОДИНА
З
аконот за персоналниот данок на доход1 оданочувањето на приходите од земјоделска дејност го уредува во рамки на точката 3 која се однесува на Приходите од самостојна дејност. Токму издвоеноста на овие приходи од приходите од самостојна дејност резултира со посебна „технологија“ на нивно пријавување и пресметување (член 31-а). За разлика од „обичните“ самостојни вршители на дејност кои за паушално оданочување се пријавуваат ОДНАПРЕД - до крајот на 2016 година (31 декември) за 2017 година како даночен период, вршителите на земјоделска дејност, тоа го прават ОТПОСЛЕ. Пријавувањето за паушално оданочување на вршителите на земјоделска дејност трае до крајот на месец јануари 2017 година, а се однесува за годината што изминала (2016). Според нас, нема никаква посебна причина овие два барања да имаат различен режим на поднесување, односно Барањето за ПАУШАЛНО оданочување на земјоделците да се поднесува откако ќе истече годината – ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА (отпосле), а самостојните вршители на дејност Барање да поднесуваат до крајот на годината пред да се влезе во годината во која ќе се оствари паушалниот приход (однапред). Очекуваме ваквите нелогични одредби на Законот за персоналниот данок на доход да бидат усогласени многу брзо. 1
Овој текст е посветен на паушалното оданочување на вршителите на земјоделска дејност.
Даночен обврзник на приходите од земјоделска дејност Обврзници на данокот на доход за приходите од земјоделска дејност се: - граѓани запишан во Регистарот на индивидуални земјоделци; - лица кои се во работен однос или се пензионери, а се занимаваат со земјоделска дејност; - лица кои се сопственици на земјоделско земјиште, или истото го користат како роднини од прв наследен ред или остваруваат приход од земјоделско земјиште кое е земено под закуп, концесија или земјиштето го обработуваат по некој друг основ и - лица кои остваруваат приходи од одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни. Под приходи од земјоделска дејност се подразбираат приходите остварени од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, вклучувајќи ги и приходите од одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи.
„Службен весник на РМ“, бр. 80/93; испр. 3/94; 70/94; У. суд на РМ, У. бр. 27/96 во 31/96; У. суд на РМ, У. бр. 43/96 во 40/96; 71/96; 28/97; У. бр. 222/97 во 2/99; 8/01; 50/01; испр. 52/01; 2/02; 44/02, 96/04; 120/05; 52/06; 74/06 (преч. текст); 139/06; испр. 06/07; 160/07; 159/08; 20/09; 139/09; 171/10; 135/11; 166/12; 187/13; 13/14; 116/15, 129/15 (две измени), 199/15 и 23/16.
18
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Павле ГАЦОВ М-р Даночен советник
и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2016 ГОДИНА (Е-0БРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“)
Вовед
31
јануари 2016 година е краен рок за доставување на СИТЕ Годишни извештаи за персоналниот данок на доход во задолжителната електронска форма, преку e-tax режимот на УЈП: • П ДД-ГИ - Годишен извештај на исплатувачот за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи во 2016 година • П ДД-ГИ/ОЗП - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во 2016 година 1
• П ДД-ГИ/ОЦО - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица во 2016 година • П ДД-ГИ/ЗП - Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари за 2016 година. 1
25 јануари 2017 година - последен рок за издавање на Збирен податок за аконтацијата на данокот и платените придонеси за 2016 година Исплатувачите, правни лица и физички лица што водат деловни книги имаат обврска на секој граѓанин (вклучувајќи ги и вработените) да им издадат Збирен податок за аконтацијата на данокот и платените придонеси за
Образецот ПДД-ГИ е пропишан со Упатството за начинот на пресметување и плаќање на аконтациите на персоналниот данок на доход по одбивка („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14). Обрасците ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ОЦО се пропишани со Правилникот за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица и на образецот на Годишниот извештај за исплатени приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14). Образецот ПДД-ГИ/ЗП е пропишан со Правилникот за формата и содржината на образецот на Годишниот извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари („Сл. весник на РМ“, бр. 201/14). Важно: Во програмата на една политичка партија, учесник на последните парламентарни избори е предвидено следното: Поедноставување на административните процедури за пријавување на приходи на граѓаните од страна на исплатувачите - Преку воведување на е-Калкулатор за пресметка на ПДД за сите исплати на приходи на граѓаните ќе се укине обврската за поднесување на Годишен извештај на исплатувачот на приходи за остварените бруто-приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето-приходи, Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на користен цврст отпад од физички лица и Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица до Управата за јавни приходи. Целта е намалување на времето и трошоците поврзани со административните постапки за пријавување на приходи на физичките лица од страна на исплатувачите, поефикасно следење на приходите на граѓаните од страна на Управата за јавни приходи и воспоставување на Регистар на исплатени приходи на граѓаните во реално време (Рок за реализација: декември 2017 година).
22
www.proagens.mk
буџетски корисници
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2017-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ
Н
аменско, рационално, ефикасно и економично користење на средствата на буџетот, од страна на буџетските корисници и единките корисници, се обезбедува со посебен Закон за извршување на Буџетот на РМ. Во „Службен весник на РМ“, бр. 191 од 17 октомври 2016 година е објавен Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, во понатамошниот текст: Законот, со кој, како и секоја година, се наложува преземање на обврски и правење расходи, без надминување на одобрениот лимит со Буџетот. 1
ИЗВРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ БУЏЕТ Буџетските корисници од централната власт можат да ги користат средствата само доколку во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот до Трезорот при Министерството за финансии достават годишен финансиски план по квартали за користење на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки. Буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до секоја единка корисник, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Буџетот, да достават извадок од годишниот финансиски план по сметки, програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници.
Врз основа на извадокот, единките корисници изготвуваат свој финансиски план по квартали, сметки, програми, потпрограми и ставки, кои имаат обврска да го достават до надлежното министерство, а надлежното министерство консолидираниот финансиски план да го достави до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот. Во текот на годината, буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се работи за расходи кои не можеле да бидат навремено планирани и за истото е потребно да се достави образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали. В рз основа на годишниот финансиски план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот при Министерството за финансии најдоцна пет дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување. Буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до Трезорот при Минис-
Буџетските корисници од централната власт - министерствата кои во својот состав имаат единки корисници се должни да го контролираат наменското и законитото користење на средствата со кои располагаат единките корисници.
1
ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
31
НОВИ ПРОПИСИ
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
(Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk
ПОВАЖНИ АСПЕКТИ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И НОВИОТ ЗАКОН ЗА НОТАРИЈАТОТ
ПРИМЕНА ОД 01.01.2017 ГОДИНА
Н
овиот Закон за извршување (во натамошниот текст: ЗИ) и новиот Закон за нотаријатот (во натамошниот текст: ЗН) се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 72/16, со тоа што првично и двата закони требаше да започнат да се применуваат од 20.8.2016 година, четири месеци од нивното влегување во сила - 20.4.2016 година. Со измената на ЗИ и на ЗН објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 72/16, во сила од 1.8.2016 година, примената на иститите се одложи за 1.1.2017 година. ЗИ и ЗН воведуваат повеќе нови решенија во однос на поранешните Закон за извршување („Службен весник на РМ“, бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10, 171/10, 148/11 и 187/13) и Закон за нотаријатот („Службен весник на РМ“, бр. 55/07, 86/08, 139/09 и 135/11). На некои од нив, од интерес за потенцијалните странки (доверител и должник) и другите учесници во постапките пред извршител и пред нотар е даден осврт во овој текст.
GODI[NA PRETPLATA 2017 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII
14.900
- POPUSTI ...
ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
denari
I. ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ 1. ВОВЕДУВАЊЕ НА ВОНСУДСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ ОД КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 1.1. Поделба на фактурите (веродостојни исправи) за комунални услуги според износот ЗИ воведува можност за вонсудска наплата на долгови како постапка со која се опфатени исклучиво долгови кои произлегуваат од веродостојни исправи за комунални услуги до одреден износ. Овој нов сегмент во извршната постапка, целосно е ослободен од инструментите на присилна наплата на извршителот бидејќи наплатата на долгови се спроведува само доколку постои согласност на должникот (доброволно извршување). Според член 11 точка 13 од ЗИ: „Веродостојна исправа во смисла на ЗИ се смета фактура, пресметка на камата, јавна исправа, извод од заверени деловни книги, осигурителна полиса, товарен лист, времена градежна ситуација и друга исправа која според закон има карактер на јавна исправа“. Според дефиницијата од ЗИ: „Вонсудската наплата на долгови“ претставува обид за наплата на парично побарување по фактури за комунални сметки (електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, кабелски оператори, трошоци за редовно одржување на заедничките делови на зградата што е во етажна сопственост), што го спроведува извр-
37
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4Душан
Димитров
овластен ревизор dusan.dimitrov@bdo.mк
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
1. ВОВЕД
С
огласно со членот 476 од Законот за трговски друштва, друштвата се должни, покрај годишната сметка, да составуваат и финансиски извештаи. Финансиските извештаи вклучуваат биланс на состојба и биланс на успех, извештај за промените во главнината, извештај за паричните текови, применетите сметководствени политики и други објаснувачки белешки подготвени во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување.
Рокот за изготвување на годишната сметка и на финансиските извештаи не може да биде подолг од два месеца по истекот на деловната година, односно до 28 февруари наредната година. Годишната сметка и финансиските извештаи се доставуваат до Централниот регистар. Под ревизија се подведуваат финансиските извештаи на големи и средни друштва организирани како акционерски друштва, друштва чии хартии од вредност котираат на берза и големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност. Друштвото е должно да има ревизорско мислење на финансиските извештаи најдоцна еден месец пред одржувањето на собирот на содружниците, односно собранието.
42
02/ 3162-979 i 3298-763
2. ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ
ИЗВЕШТАИ (МСС 1)
2.1. Цел и делокруг МСС 1 - Презентирање на финансиски извештаи (ревидиран) ја пропишува основата за презентирање на финансиските извештаи за општа намена за да се обезбеди споредливост како со финансиските извештаи на ентитетот од претходни периоди така и со финансиските извештаи на други ентитети. Тој утврдува севкупни барања за презентирање на финансиските извештаи, упатства за нивната структура и минимални барања за нивната содржина. Ентитетот треба да го применува овој Стандард во подготвување и презентирање на финансиските извештаи за општа намена во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Финансиските извештаи претставуваат структурно претставување на финансиската состојба и финансиската успешност на еден ентитет. Целта на финансиските извештаи е да са обелоденат информации за финансиската состојба, финансиската успешност и паричните текови на ентитетот кои се корисни за широк круг на корисници во донесувањето на економски одлуки. Финансиските извештаи исто така ги покажуваат резултатите од управувањето на раководството со ресурсите кои му се доверени. За да ја исполнат оваа цел, финансиските извештаи обезбедуваат информации за:
www.proagens.mk
НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ДНЕВНИЦИ ЗА СЛУЖБЕН ПАТ, ОДВОЕН ЖИВОТ И ТЕРЕНСКИ ДОДАТОК - ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН
В
о текот на работењето, деловните субјекти често пати имаат потреба да испраќаат свои вработени на службен пат во земјата или во странство, со цел да извршат разни работни ангажмани, при што настануваат трошоци по повеќе основи. Трошоците поврзани со престојот и исхраната, но и останатите трошоци на самото службено патување, работодавачот има обврска да му ги надомести на работникот. Доколку, работникот работи во место кое е надвор од неговото постојано живеалиште, односно е надвор од седиштето на работодавачот, има право на надомест за одвоен живот од семејството. Исто така, во праксата се случува работодавачите да испратат свои работници да извршат работни задачи на терен, во кој случај е пропишано правото на работниците на теренски додаток. вие три различни надоместоци на трошоО ци, како право на работниците и соодветно на тоа обврска за работодавачите, меѓусебно се исклучуваат, односно не се исплатуваат истовремено, туку се исплатува оној надомест кој е соодветен на настанатиот случај. Во продолжение ќе се задржиме на даночниот и сметководствениот третман на дневниците за службен пат, надоместот за одвоен живот од семејството и теренскиот додаток.
ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
I. ПРАВО И ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДНЕВНИЦИ ЗА СЛУЖБЕН ПАТ, ОДВОЕН ЖИВОТ ОД СЕМЕЈСТВОТО И ТЕРЕНСКИ ДОДАТОК Правото на работниците на дневници за службен пат, надомест за одвоен живот од семејството и теренски додаток, а аналогно на тоа, обврската на работодавачите за исплата на истите, е пропишана во членот 113 на Законот за работни односи - ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05 ... и 27/16; У, суд 134/16). Според овие законски одредби, работникот, покрај редовната плата, има право на надомест на трошоци поврзани со работата за: 1) службено патување; 2) теренски додаток; 3) користење на приватен автомобил за службени патувања; 4) одвоен живот од семејството и 5) смрт на работникот или член на неговото семејство, 6) отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди. Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.
53
МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА СИТНИОТ ИНВЕНТАР
ДЕФИНИРАЊЕ НА СИТНИОТ ИНВЕНТАР Разграничување на ситниот инвентар од останатите долгорочни материјални средства кои се амортизираат Сметководствениот третман на ситниот инвентар, односно на разните помали помагала за работа, кои секојдневно ги користиме во деловната пракса (алати, апарати, ситни мерни инструменти, мобилни телефони, работна и заштитна облека, противпожарни и санитетски средства итн.), не е прецизно утврден во ниеден пропис, ниту со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ/ МСС), коишто се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11), како единствен сметководствен пропис што задолжително го применуваат субјектите од приватниот сектор. Разграничувањето на ситниот инвентар од останатите долгорочни материјални (нетековни) средства беше уредено со Уредбата за начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на нематеријалните и материјалните средства и за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки („Службен весник на РМ“, бр. 64/02, 98/02 и 10/08), која од 16 април 2011 година престана да важи за обврзниците на данок на добивка, кои своето сметководствено работење го водат согласно со Законот за
ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2017
трговски друштва, поради бришење на поврзаните одредби од тогаш важечкиот Закон за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 13/14). Иако споменатата уредба го регулираше начинот на пресметка на амортизација на нематеријалните и материјалните средства, за даночни цели (поради утврдување на трошоците на амортизација кои се даночни признати расходи), таа се применуваше и за разграничување на ставките на материјални средства и ситен инвентар, за кој не се пресметува амортизација. Да напоменеме дека оваа уредба продолжи и понатаму да се применува во однос на пресметката на амортизација од страна на вршителите на самостојна дејност - обврзници на персонален данок на доход, затоа што е донесена врз основа на член 30-е, став 4 од сеуште важечкиот Закон за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 23/16). Според веќе неважечката Уредба за амортизација, под нематеријални и материјални средства се сметаа правата односно предметите, чиј: - поединечен трошок на набавка е поголем од 300 ЕВРА и - корисниот век на употреба е подолг од една година. ако материјални средства, според УредК бата за амортизација, се сметаа градежните објекти, постројките и опремата, алатот, погонскиот и канцеларискиот инвентар, компјутерската опрема, вклучувајќи ги и софтверите, мебелот, транспортните средства и уреди, 67