ИНФОРМАТОР БРОЈ 1 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА

Page 1


2018

INFORMATOR

1

www.proagens.mk

ТРАДИЦИОНАЛЕН ДЕЛОВЕН НАСТАН,

Термини и локации за СОВЕТУВАЊА (КПУДА обуки) КОЈ НЕ СМЕЕ СЕ ПРОПУШТИ! за Годишна сметка / Финансиските извештаи за 2017 година - 26 јануари 2018 година (петок), СТРУМИЦА, х. „Вила Парк“ - 29 јануари 2018 година (понеделник), СКОПЈЕ, х. „Континентал“ - 30 јануари 2018 година (вторник), ШТИП, х. „Оаза“ - 1 – 4 февруари 2018 година (четврток-недела), САНДАНСКИ, х. „Сандански“ - 6 февруари 2018 година (вторник), БИТОЛА, х. „Милениум“ - 10 февруари 2018 година (сабота), СКОПЈЕ, Економски факултет при УКИМ - 13-14 февруари 2018 година (вторник-среда), СКОПЈЕ, х. „Континентал“ - 16-17 февруари 2018 година (петок-сабота), ОХРИД, х. „Милениум Палас“.

ЈАНУАРИ

2018


1

ЈАНУАРИ 2 0 1 8

S O D R @ I N A: ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

www.proagens.mk

1) КОМЕНТАР НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (190/17) ВО ПРИМЕНА ОД 2018 ГОДИНА

4

РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ 2) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ

28

ПЛАТИ 2018 3) ПАРАМЕТРИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

39

ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО 4) ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

43

ЈАВНИ НАБАВКИ 5) ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ОД 2018 ГОДИНА

61

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 6) ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2017 ГОДИНА (Е-0БРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“)

64

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 7) ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2018-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ

73

ДАНОК НА ИМОТ 8) 31 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2018 ГОДИНА

79




Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник

и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

Коментар на Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (190/17) во примена од 2018 година

Стапката на персоналниот данок на доход останува непроменета и во 2018-та година

Н

ајновиот Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (во продолжение: Закон за ИД на ЗПДД-2018), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 190/17 и во примена од 1 јануари 2018 година НЕ е во функција на реализирање на „Програмата за работа на Владата 2017-2020“, делот со наслов „Праведен даночен систем“ кој се однесува на прогресивното оданочување на доходот што го остваруваат граѓаните, како еден од моделите на праведно оданочување, според кој (цитат): „Целта на Владата во следниот четиригодишен период е обезбедување на поголема праведност во даночниот систем, со намера да се врши корекција во неправедната распределба на доходот и општественото богатство. Промените во даночни1

от систем ќе бидат воведувани паралелно со обезбедувањето на транспарентност во трошењето на парите на граѓаните преку државниот буџет, а ќе бидат преземени следните поважни мерки: - в оведување на поправеден персонален данок на доход со две стапки (10% и 18%) што ќе содржи и враќање на платениот персонален данок на доход за граѓаните кои имаат многу ниски месечни лични доходи. За мнозинството граѓани ќе остане стапката од 10%, а дополнителната стапка од 18% ќе се воведе само за дополнителниот приход на лицата со највисок доход. - у кинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати 1.“

Во последната измена и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ бр. 171/17) не е реализирана најавата за тргање на горната граница на основицата за пресметување на социјалните придонеси (мерка од Програмата за работа на Владата 2017-2020) и наместо тоа од 1 јануари 2018 година: - највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е зголемена од 12 на 16 просечни плати, - највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице е зголемена од 8 на 12 просечни плати. При пресметка на највисоката месечна основица за тековната година (2018 година) се зема предвид просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата по работник во Република Македонија ќе биде објавени на 23 јануари 2018 година (вторник). На износот повисок од највисоката месечна основица не се пресметуваат и уплатуваат социјални придонеси.

4

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ

1. ЗАВРШНИ РАБОТИ КАЈ ПОПИСОТ (Извештај за попис)

П

о завршувањето на пописот, пописните комисии се должни да состават Извештај за извршениот попис и преку аналитички пристап да ги утврдат причините за искажаните разлики по пописот утврдени над состојбата на средствата и обврските, сугерирајќи начини за постапување по нив. Особено лицата кои ги попишуваат средствата, треба да бидат добро запознаени со нивната вредност, квалитетни и квантитетни одлики, за да можат да дадат реален предлог за расход или вредносно усогласување на имотот (средствата), кога тие значително отстапуваат од сметководствената вредност. Податоците од сметководството, како и соодветните евиденции за количините и вредностите се внесуваат во пописните листи дури после извршениот физички попис, поради што раководителот на сметководството, како и лицата кои ги водат посебните аналитички евиденции не смеат да ги даваат сметководствените податоци за количините и вредностите на пописните комисии, додека не се уверат дека физичкиот попис е завршен. После внесување на сметководствените податоци за средствата и обврските се утврдуваат разлики помеѓу стварната и сметководствената состојба - по количина и по вредност.

 28

kontakt@proagens.com.mk

1.1. СОДРЖИНА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕН ПОПИС Извештајот за извршениот попис, покрај формалните податоци за пописните комисии, податоци за времето и местото на пописот, содржи суштински елементи, односно во него треба да се наведат и: - Преглед на материјалните (физичките) и вредносните разлики меѓу фактичката и сметководствената состојба и причините за разликите; - Преглед на сметководствената вредност на средствата и обврските чија фактичка вредност на денот на пописот не е утврдена, со соодветни образложенија; - Забелешки и објаснувања во врска со утврдените разлики дадени од лицата кои ракуваат со средствата, односно кои се задолжени со материјалните (физичките) и паричните вредности; - Предлози за ликвидација на утврдените разлики (пребивање на кусоците и вишоците настанати по основ на замена на исти и слични видови, односно средства и вредност, начинот на надоместување на кусоците и приходување на вишоците, отпис на застарените побарувања, приходување на застарените обврски) и - останати забелешки и предлози на комисијата за попис во врска со пописот.

www.proagens.mk


ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

1. ВОВЕД

П

равните субјекти реализирајќи го своето деловно работење во правниот промет стапуваат во најразлични меѓусебни односи кои за предмет имаат настанување на соодветни права и обврски. Исполнувањето на обврските од воспоставените односи обично е врзано со одредени рокови, кои, доколку не се почитуваат, може да предизвикаат режим на присилна наплата. Присилната наплата е можна само доколку побарувањето не е застарено. За правилно постапување на пописната комисија во рамките на обврската да даде оценка за секое побарување и обврска и во таа насока да обрне посебно внимание на побарувањата / обврските кои се сомнителни, спорни, ненаплативи и застарени, од интерес е познавањето на институтот застареност, на неговите правни карактеристики, особено траењето на роковите на застареност на одделните побарувања и обврски, како основ за нивен правилен третман од аспект на отпишувањето.

Правниот институт застареност е уреден со Законот за облигационите односи 1 - ЗОО (член 349 - член 382). Одредби за посебни рокови на застареност на одделни обврски, покрај во ЗОО, се содржани во други бројни законски прописи.

1

Во текстот се опфатени следните аспекти на застареноста: - функција на рокот на застареност, - м омент на настапување на застареноста и последици од истата, - посебни рокови на застареност, - д ејство на исполнување на застарена обврска, - прекинување на застарувањето, - застој на застарувањето и - п ресметување на казнена камата поради задоцнување на должникот со исполнување на обврска. Освен роковите на застареност на побарувањата и обврските што произлегуваат од облигационите односи (договори во трговскиот промет), во текстот се опфатени и роковите на застареност на определени имотни и сопственички односи уредени со статусно-правни норми, на обврските кои имаат карактер на јавни давачки, на обврсите од работните односи ... (согласно: Законот за трговските друштва, Законот за даночна постапка, Законот за административните такси, Законот за комуналните такси, Царинскиот закон, Законот за работните односи, Законот за финансиска дисциплина и другите закони).

kontakt@proagens.com.mk

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01; Уст. суд-78/01; 4/02; Уст. суд-59/02; 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13.

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2018

43


ЈАВНИ НАБАВКИ

 

4 Александрар БЛАЖЕСКИ, дипл. ек. (БЈН)

blazeski.aleksandar@gmail.com

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ОД 2018 ГОДИНА

С

огласно со членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“, бр. 78/15) договорниот орган е должен да спроведува отворена постапка, ограничена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди со користење електронски средства преку ЕСЈН, и тоа: - во најмалку 30% од објавените огласи од 1 јануари 2016 година, - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година.

Електронската форма на јавни набавки – задолжителна од 2018 година Од 1 јануари 2018 година отворената постапка, ограничената постапка и постапката со барање за прибирање на понуди ќе се спроведуваат задолжително преку Електронскиот систем за јавни набавки. ЕСЈН претставува единствен компјутеризиран систем достапен на интернет адресата https://e-nabavki. gov.mk, преку кој се овозможува пополнување и објавување на огласите за доделување на договори за јавни набавки, огласи за барање за прибирање на понуди, известувања за склучени договори, евиденции за барање за прибирање на понуди, поништување на постапките, спроведување на постапките за доделување договори за јавни набавки со користење на електронски средства (користење на електронска опрема за обработка и

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2018

чување на податоци) како и спроведување на електронски аукции. При спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка преку ЕСЈН сите дејствија во постапката (објавување на оглас и тендерска документација, поднесување на понуди, јавно отворање и евалуација, донесување одлуки, известувања за донесни одлуки, комуникација со економски оператори) се спроведуваат во електронска форма. Истовремено, преку ЕСЈН може да се спроведе електронска аукција како последна фаза во отворена постапка, ограничена постапка, постапка со конкурентен дијалог, постапка со барање за прибирање на понуди и во постапка со преговарање со претходно објавување на оглас, како и во случај при повторно прибирање понуди од економски оператори кои се страни во рамковна спогодба. Единствено, постапките за доделување на договори за јавни набавки кои се спроведуваат согласно со член 17 став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки, односно „неприоритетни услуги“, нема да се спроведуваат по електронски пат, односно за нив ќе се објавува само оглас во „други огласи“, а постапката ќе се води во хартиена форма.

Развој на електронскиот систем за јавни набавки Електронскиот систем за јавни набавки во изминатите години постојано се надградуваше во согласност со измените на законот. Во насока на зголемување на транспарентнос-

61


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4М-р Павле ГАЦОВ

Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2017 ГОДИНА (Е-0БРАЗЕЦ „ПДД-ГИ“)

Вовед

В

о посебен текст од овој број на списанието „Информатор“ пишуваме за измените и дополнувањето на Законот за персоналниот данок на доход (190/17), како и за новите е-администрирања со данокот на доход кои се во примена од 1 јануари 2018 година. Со новото дигитално администрирање со овој данок ќе престане обврската за поднесување на СИТЕ Годишни извештаи за персоналниот данок на доход, со исклучок на Годишниот извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари - нов образец ПДД-ГИ/ЗП. Во продолжение на овој текст пишуваме за обврската за доставување до УЈП на Годишните извештаи за персоналниот данок за 2017 година. Правните субјекти - исплатувачи што водат деловни книги веќе за 2018 година нема да доставуваат годишни извештаи до УЈП. ... 31 јануари 2018 година (среда) е краен рок за доставување на СИТЕ Годишни извештаи за персоналниот данок на доход во задолжителната електронска форма, преку e-tax режимот на УЈП: • П ДД-ГИ - Годишен извештај на исплатувачот за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи во 2017 година • П ДД-ГИ/ОЗП - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во 2017 година 64

• П ДД-ГИ/ОЦО - Годишен извештај за исплатените приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица во 2017 година • П ДД-ГИ/ЗП - Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари за 2017 година.

Нови обврски за трговците кои организираат зелени пазари во 2018 година До 15 јануари 2018 година трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало заради пресметување на персоналниот данок на доход за 2018 година е должен на УЈП да му достави Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари. Ваков Годишен извештај трговецот кој организира зелен пазар ќе доставува до УЈП најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот. На пример, до 31.12.2018 година треба да се достави Извештај за состојбата на корисниците на тезги според кој Управата за јавни приходи ќе изврши оданочување на корисниците на тезги за 2019 година. За секоја промена на корисниците на продажните места на зелените пазари, трговецот кој организира зелен пазар е должен на УЈП да му доставува месечен Извештај најдоцна до десетти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената. Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува до УЈП преку системот е-Персонален данок (e-pdd.ujp.gov.mk). Истиот образец се користи како за Годишниот извештај,

www.proagens.mk


буџетски корисници

 

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РМ ЗА 2018-ТА ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ

Н

аменско, рационално, ефикасно и економично користење на средствата на буџетот, од страна на буџетските корисници и единките корисници, се обезбедува со посебен Закон за извршување на Буџетот на РМ. Во „Службен весник на РМ“, бр. 196 од 28 декември 2017 година е објавен Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, во понатамошниот текст: Законот, со кој, како и секоја година, се наложува преземање на обврски и правење расходи, без надминување на одобрениот лимит со Буџетот.

ИЗВРШУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ БУЏЕТ уџетските корисници од централната Б власт можат да ги користат средствата само доколку во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот до Трезорот при Министерството за финансии достават годишен финансиски план по квартали за користење на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки. Буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до секоја единка корисник, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Буџетот, да достават извадок од годишниот финансиски план по сметки, програми, потпрограми и ставки, во кој се содржани одобрените средства за одделните единки корисници. 1

Врз основа на извадокот, единките корисници изготвуваат свој финансиски план по квартали, сметки, програми, потпрограми и ставки, кои имаат обврска да го достават до надлежното министерство, а надлежното министерство консолидираниот финансиски план да го достави до Министерството за финансии во рок од 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот. Во текот на годината, буџетските корисници од централната власт може да достават барање за измена на годишниот финансиски план по квартали, за користењето на средствата по сметки, програми, потпрограми и ставки, само доколку се работи за расходи кои не можеле да бидат навремено планирани и за истото е потребно да се достави образложение и ревидиран годишен финансиски план по квартали. В рз основа на годишниот финансиски план, во текот на годината, буџетските корисници од централната власт изготвуваат предлог на финансиски план за даден квартал, по месеци, сметки, програми, потпрограми и ставки, кој го доставуваат до Трезорот при Министерството за финансии најдоцна пет дена пред почетокот на кварталот за кој се однесува планот, заради негово одобрување. Буџетските корисници од централната власт кои во својот состав имаат единки корисници се должни до Трезорот при Минис-

Буџетските корисници од централната власт - министерствата кои во својот состав имаат единки корисници се должни да го контролираат наменското и законитото користење на средствата со кои располагаат единките корисници.

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2018

73


ДАНОК НА ИМОТ

 

Информација

31 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА - КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2018 ГОДИНА Оданочив имот и рок за поднесување на Даночната пријава ДИ

В

о месец јануари 2018-та година се поднесува Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2018 година. Потсетуваме дека данок на имот се плаќа на недвижен имот, согласно со Законот за даноците на имот, 1 кој не е даночно ослободен:

- земјиштето (земјоделско, градежно и шумско, како и пасиштата); - зградите - станбени згради или станови, - деловни згради и деловни простории, - административни згради и административни простории, - згради и станови за одмор и рекреација и - други градежни објекти, како и инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив. Даночните обврзници (физички и правни лица-сопственици на недвижен имот), кои: - стекнале нов имот во текот на 2017 година или - оттуѓиле постоечки имот во текот на 2017 година или - извршиле промени во вредноста на веќе претходно пријавениот имот (доградба, проширување и сл.) или - никогаш досега не го пријавиле претходно стекнатиот имот,

треба да поднесат Даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2018 година (образец „ДИ“), до општинска администрација (и администрацијата на градот Скопје) каде се наоѓа конкретниот имот, до 31 јануари 2018 година. За имотот во рамки на општините во градот Скопје, пријавите се поднесуваат само до администрацијата на градот Скопје.

Имот ослободен од оданочување Данок на имот НЕ се плаќа на: 1) недвижен имот во државна сопственост кој го користат државните органи, недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината, органите на општините во градот Скопје и органите на градот Скопје, освен недвижниот имот кој се користи од страна на физички или правни лица; 2) недвижен имот на странски дипломатски и конзуларни претставништва и на претставништва на меѓународни организации, ако се во нивна сопственост, под услов на реципроцитет; 3) недвижен имот во сопственост на Народната банка на Република Македонија; 4) верски објекти во кои се врши богослужба, молитва и други манифестации на верата како храм, џамија, молитвен дом, синагога, гробишта и други простории на црква, верска заедница и религиозна група; 1

„Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16.

ИНФОРМАТОР 1 I ЈАНУАРИ 2018

79



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.