ИНФОРМАТОР БРОЈ 2 ОД 2016 ГОДИНА

Page 1


201

6

Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V

Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV

Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 16.02.2016 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


2

ФЕВРУАРИ 2016

S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 1) ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГДП“) - ОБВРСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ

5

ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ 2) ПРИЗНАВАЊЕ НА ДАНОКОТ ПЛАТЕН ВО СТРАНСТВО ВРЗ ОСНОВА НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ

27

ТРГОВСКО ПРАВО 3) МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

40

МСФИ/МСС И МСФИ ЗА МСЕ 4) СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕДВИЖНОСТИТЕ, ПОСТРОЈКИТЕ И ОПРЕМАТА СОГЛАСНО СО МСС 16 И ОДДЕЛОТ 17 НА МСФИ ЗА МСЕ

61

СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ 5) ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ОД ОБЛАСТА НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ЕВИДЕНЦИЈА И ОДАНОЧУВАЊЕТО

79

ИНФОРМАЦИЈА 6) -

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД

89

-

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

90

-

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА

91

-

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

92




ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

4М-р Павле ГАЦОВ

Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГДП“) - ОБВРСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ

15

март 2016 година (вторник) е последен рок до кога секој граѓанин (за исклучоците пишуваме подолу во текстот) - резидент на Р. Македонија треба да поднесе до УЈП - Годишна Даночна Пријава за остварените приходи во 2015 година. Пријавата се поднесува во хартиена форма, а граѓаните кои се регистрирани корисници на е-даноци, пријавата може да ја поднесат електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk. Во Пријавата се декларираат сите оданочиви приходи остварени во земјата и во странство во текот на календарската 2015 година: - плати, награди, бонуси и други надоместоци на плата, - оданочиви (дел од) надоместоци на трошоците од работен однос, - закупнини (кирии) и други форми на приходи од имот и имотни права, - авторски хонорари и надомести по основ на права од индустриска сопственост, - повремено вршење на услуги (договор на дело) - дивиденди, како и наплатени камати по заеми кои се дадени на физички и/или правни лица, - капитални добивки остварени од продажба на учество во капитал и недвижен имот...

Не е должен да поднесува Годишна даночна пријава, граѓанин кој во текот на годината остварувал САМО приход од: - плата, - пензија, - земјоделска дејност или - самостојна дејност. Но од друга страна, обврска да поднесат годишна даночна пријава имаат и граѓаните кои во текот на календарската 2015 година оствариле само: - приходи по други основи кои подлежат на оданочување со персонален данок на доход (пр. приходи од закупнина кирија; приходи од дивиденди; приходи од камати; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивки од општи игри на среќа /лотарија-лото, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа/ поголеми од 5.000 денари); авторски хонорари, - лични примања од странство, - лични примања од амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ, примања остварени од претставници и службеници на претставништва кои уживаат дипломатски имунитет и - други приходи.

02/ 3162-979 i 3298-763

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2016

kontakt@proagens.com.mk 5


ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ

 

4Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ПРИЗНАВАЊЕ НА ДАНОКОТ ПЛАТЕН ВО СТРАНСТВО ВРЗ ОСНОВА НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ

ПРИМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ

Д

оговорите за одбегнување на двојното оданочување се важен сегмент на даночниот систем на нашата држава. Овие договори се склучени меѓу Република Македонија и определена држава-договорничка, ратификувани од Собранието на Република Македонија и официјално објавени во „Службен весник на РМ“. Согласно со членот 2 став 5 на Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06 ... и 23/16), ратификуваните меѓународни договори за оданочување имаат предимство пред националните даночни закони. Договорите за одбегнување на двојно оданочување го пропишуваат начинот на оданочување на приходите остварени од резидентите на државите-договорнички, меѓу кои е склучен договорот. Главната цел на овие договори е да се одбегне двојното оданочување, кое претставува оданочување на ист даночен предмет (приход/имот) со ист вид на данок, што припаѓа на едно лице, во ист временски период, но во две различни држави со независни даночни управи. Одредбите на договорите за одбегнување на двојното оданочување имаат предност во примената во споредба со националната регулатива, како што е: - Законот за данокот на добивка 1 - ЗДД и Правилникот за данокот на добивка 2 -

ПДД, во однос на данокот што се задржува (т.н. задржан данок) при исплатите на одредени приходи на странски правни лица и - Законот за персоналниот данок на доход 3 - ЗПДД со соодветните подзаконски акти, во однос на персоналниот данок по одбивка при исплатите на одредени приходи на странски физички лица. Самиот Закон за данокот на добивка (член 20) укажува на важен исклучок во примената на законската обврска за задржување данок од приходи на странски правни лица, при што приоритет им дава на одредбите од меѓународниот договор за одбегнување на двојното оданочување што Р. Македонија го применува за определена држава. Членот 75-а на Законот за персоналниот данок на доход регулира дека исплатувачот на приходот кој го остварува физичко лице - нерезидент ги применува одредбите од важечкиот договор за одбегнување на двојното оданочување при пресметување на данок по одбивка на приходот, доколку физичкото лице го докаже статусот на даночен резидент на државата со која Република Македонија има склучено договор. Согласно со членот 23 на Законот за данокот на добивка и членот 75-б на Законот за персоналниот данок на доход, доколку примателот на приход (странско правно или фи-

1

„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15, 129/15 и 23/16.

2

„Службен весник на РМ“, бр. 174/14.

3

„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, .... и 23/16.

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2016

27


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

MЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

1. ВОВЕД

З

аконот за трговските друштва - ЗТД („Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, Уст. суд - 71/06, 87/08, Уст. суд - 17/09, Уст. суд - 23/09, 42/10 ,48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15 и 192/15), е основен законски акт во нашиот правен систем со кој е уреден менаџерскиот договор како договор за уредување на односите меѓу друштвото и лицата со статус на менаџери.

Во функција на разграничување од договорот за вработување, Законот за работните односи – ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15; и 11 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10 и 106/14), преку два члена (54 и 55) ги нагласува спецификите на овој договор по примерот на ЗТД, нарекувајќи го договор за вработување на деловодни лица, без подетален пристап во неговото уредување. Содржината на менаџерскиот договор како корпус на права и обврски, е уредена со повеќе членови на ЗТД (членови: 350, 351, 365, 366, 371, 375, ...), во кои се утврдени договорните страни овластени за склучување и потпишување на менаџерски договор, положбата на менаџерите, нивниот работноправен статус и наградувањето, овластувања и одговорности. 40

2. ПОСЕБНОСТИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР 2.1. Статус на менаџер во друштвото Статус на менаџер во трговското друштво, согласно со членот 350, 365 и 366 од ЗТД имаат: Кај акционерското друштво со одбор на директори (едностепен систем на управување): извршните членови на одборот на директорите; а) Кај акционерското друштво со управен одбор и надзорен одбор (двостепен систем на управување): членовите на управниот одбор; Напомена:

о АД чија основна главнина е помала од В 150.000 € наместо управен одбор може да биде избран управител, со сите права и обврски што ги има управниот одбор - член 374 став 2 од ЗТД. б) Кај друштвото со ограничена одговорност: управител-от/ите в) Кај персоналните трговски друштва: јавно трговско друштво, командитно друштво и командитно друштво со акции: членовите на органот на управување со соодветна (аналогна) примена на одредбите кои важат за акционерското друштво и г) Раководните лица во друштвото - лицата кои со одлука на органот на управување (одборот на директори, односно управwww.proagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕДВИЖНОСТИТЕ, ПОСТРОЈКИТЕ И ОПРЕМАТА СОГЛАСНО СО МСС 16 И ОДДЕЛОТ 17 НА МСФИ ЗА МСЕ

Н

едвижностите, постројките и опремата претставуваат нетековни (материјални) средства, кои опфаќаат земјиште, градежни објекти, постројки, опрема, транспортни средства и останати материјални средства. Овие средства се евидентираат на сметките од групата 01 - Материјални средства и се составен дел на активата во Извештајот за финансиската состојба. метководството на недвижностите, поС стројките и опремата е уредено со Меѓународниот сметководствен стандард МСС 16 - Недвижности, постројки и опрема што го применуваат големите и средни субјекти, како и со Одделот 17 - Недвижности, постројки и опрема на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСЕ) што го применуваат малите и микро субјекти, кои се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, број 159/09, 164/10 и 107/11). Во однос на Одделот 17 на МСФИ за МСЕ, МСС 16 е поопширен и нуди и алтернативен модел на вреднување (мерење) на средствата што како разлика ќе го нагласиме во продолжение. Недвижностите, постројките и опремата се сметаат за материјални средства кои: а) друштвото ги чува: - за користење во производството или за обезбедување на производи и услуги, - за изнајмување на други или - за административни цели и

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2016

б) се очекува да бидат користени во времетраење повеќе од еден период (една година).

1. Ц ел и делокруг на МСС 16 / одделот 17 на мсфи за мсе елта на МСС 16 / Одделот 17 на МСФИ Ц за МСЕ е да го пропишат сметководствениот третман на недвижностите, постројките и опремата, особено признавањето на овие средства, определувањето на нивните сметководствени вредности (мерење), расходите за амортизација кои треба да бидат признаени во врска со нив, како и признавањето на загубите поради обезвреднување. МСС 16 не се применува на: а) недвижностите, постројките и опремата класифицирани како чувани за продажба во согласност со МСФИ 5 - Нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинато работење, б) биолошките средства поврзани со земјоделската дејност, за кој важи МСС 41 Земјоделство (освен за недвижностите, постројките и опремата кои се користат за развој или одржување на ваквите средства),

( МСС 41 - Земјоделство ги дефинира биолошките средства како жив добиток или растение, а како примери се дадени: овци, дрва во шумска плантажа, садници, добиток за млеко, свињи, грмушки, винови лозја, овошни дрва, од кои произлегуваат 61


СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ

4 Д-р Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ОД ОБЛАСТА НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ЕВИДЕНЦИЈА И ОДАНОЧУВАЊЕТО

1. Област: Сметководствено евидентирање

Прашање:

?

Како е исправно да се води трошокот направен во 2015 година за обработка (орање) на ниви во земјоделска фирма, а кои не се наша сопственост (земени во долгорочна концесија со субвенции), ако е планирано на истите да се насади винова лоза од која приходот може да се оствари дури после 5 години? Одговор:

Одговор:

Без оглед на начинот на стекнување на основното средство, истото се признава во категоријата недвижности, постројки и опрема, така што утврдената вредност на подарокот се зема како основица за пресметување на амортизација според стапки на отпис предвидени за такво средство во сметководствените политки на друштвото.

Во ваков случај издатоците за орањето (како и други трошоци за ѓубрење, прскање, кроење и сите слични трошоци кои се однесуваат на подигање на насади на нивите) направени во 2015 година ќе ги евидентирате на сметката 0158 – Вложувања во туѓ имот и ќе почнете да ги амортизирате од годината од која ќе се започне со употреба на лозарникот, односно од кога тој ќе почне да дава приноси (комерцијални плодови).

Одговор:

Прашање: ? Примено е основно средство на подарок и истото е прокнижено на класа 0 и класа 7, па прашањето ни е дали за ова основно средство треба да се пресметува амортизација бидејќи е подарок?

Прашање:

?

Ве молам да ми одговорите како да евидентирам плаќање од девизна сметка кон добавувач во Србија за набавка на стоки и материјали, ако до 31.12.15 стоката не ни е испорачана. Стоката заедно со фактура за истата ќе стигнат во февруари 2016 година на износ од 983.930. Како да го спроведам книжењето на авансот со 31.12, а како со добивањето на фактурата?

Книжењето за платениот аванс во 2015 година би било: СМЕТКА должи побарува

ОПИС

Побарување за дадени аванси за набавка на стока во странство 100 Парични средства - по извод за исплата на аванс 123

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2016

ИЗНОС должи побарува 983.930 983.930

79


ИЗМЕНИ НА ДАНОЧНИ ПРОПИСИ - УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗОУП

 

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД ИНФОРМАЦИЈА

1

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 23 од 10 февруари 2016 година се објавени последните измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход ЗПДД („Службен весник на РМ“ бр. 80/93 ... и 199/15), кои влегоа во сила осмиот ден од денот на објавувањето т.е. на 18 февруари 2016 година, но се со одложен рок на примена врзан со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка („Службен весник на Р. Македонија“, бр. 124/15), односно од 31 јули 2016 година. о законските промени е регулирана обС врска за Управата за јавни приходи да ја издаде Потврдата за даночен резидент (на барање на даночниот обврзник-резидент заради примена на даночното ослободување или олеснување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување), во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за нејзино издавање. Истиот рок (30 дена од денот на поднесување на барањето) е пропишан и за обврската на Управата за јавни приходи да издаде одобрение или да донесе решение за одбивање на издавање на одобрение по поднесените барања за даночно ослободување или пониска стапка (за цели на примена на договорите за одбегнување на двојното оданочување). овеќе одредби на членовите 30-к и 31 на П ЗПДД се избришани поради усогласување на одредбите на законот со одредбите на новиот Закон за општата управна постапка. о членот 30-к на ЗПДД се регулира миВ нистерот за финансии да ја пропише формата и содржината на барањето за намалување на пресметаниот данок за набавени до десет фискални апарати поднесено од вршител на самостојна дејност, при што се пропиша и ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2016

рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, во кој Управата за јавни приходи треба да даде одобрување за бараното даночно ослободување. Исто така, со измена на членот 31 на ЗПДД, министерот за финансии ќе ја пропише формата и содржината на барањето на обврзникот данокот на доход за приходите од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето приход. Со законските промени се пропиша нов член 145-в со кој се утврди глоба (од 25 до 50 евра) за овластеното службеното лице во Управата за јавни приходи, ако не издаде одобрение, односно не донесе решение во законски пропишаниот рок. За овие прекршоци, надлежен суд води прекршочна постапка и изрекува прекршочна санкција. Во преодните и завршни одредби на законот е определено дека започнатите постапки до денот на започнување на примената на законот (до 31.7.2016 година) ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати, додека гореспомнатите подзаконски акти ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот (до 19 март 2016 година).

GODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

14.900 denari

kontakt@proagens.com.mk

89


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

2

ДАНОК НА ДОБИВКА

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 23 од 10 февруари 2016 година се објавени последните измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“ бр. 112/14 и ... 129/15), кои влегоа во сила осмиот ден од денот на објавувањето т.е. на 18 февруари 2016 година, но се со одложен рок на примена врзан со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка („Службен весник на Р. Македонија“, бр. 124/15), односно од 31 јули 2016 година.

30 дена од влегувањето во сила на законските промени т.е. до 19 март 2016 година.

Со законските промени е регулирана обврска за Управата за јавни приходи да издаде одобрение на барањето (кое не мора да е во писмена форма) за пренос на загубата на товар на идните добивки, во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето. Исто така, пропишан е рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето, за обврската на Управата за јавни приходи да издаде одобрение или да донесе решение за одбивање на издавање на одобрение по поднесените барања за даночно ослободување или пониска стапка (за цели на примена на договорите за одбегнување на двојното оданочување).

Со законските промени се пропиша нов член 46-б со кој се утврди глоба (од 25 до 50 евра) за овластеното службено лице во Управата за јавни приходи, ако не издаде одобрение, односно не донесе решение во законски пропишаниот рок. За овие прекршоци, надлежен суд води прекршочна постапка и изрекува прекршочна санкција.

онатаму, уредена е обврска на УЈП да доП несе решение за враќање на повеќе платениот данок на добивка на обврзникот, на негово барање во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање. Повеќе одредби на членовите 30 и 41 на ЗДД се избришани поради усогласување на одредбите на законот со одредбите на новиот Закон за општата управна постапка.

Во преодните и завршни одредби на законот е определено дека започнатите постапки до денот на започнување на примената на законот (до 31.7.2016 година) ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. НА

онатаму, со изменетите законски одредП би, му се дава право на избор на даночниот орган во странство за начинот на поднесување на барањето до УЈП (кое не мора да е во писмена форма) за добивање на известување за задржаниот данок на странското правно лице. Барањето на одобрение од УЈП за остварување на правото на намалување на пресметаниот данок за набавени до десет фискални системи на обврзникот, со законските промени, не мора да биде во писмена форма, а ќе биде пропишано со подзаконски акт од министерот за финансии, кој ќе се донесе во рок од

90

ЈНО

ВО

!

1.750 денари www.proagens.mk


ИЗМЕНИ НА ДАНОЧНИ ПРОПИСИ - УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗОУП

3

ФИСКАЛИЗАЦИЈА

 

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 23 од 10 февруари 2016 година се објавени последните измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“ бр. 31/01 ... и 154/15; У. суд - 156/14), кои влегоа во сила осмиот ден од денот на објавувањето т.е. на 18 февруари 2016 година, но се со одложен рок на примена врзан со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка („Службен весник на Р. Македонија“, бр. 124/15), односно од 31 јули 2016 година. Законските промени, главно, се однесуваат на овластените производители/продавачи на одобрен фискален систем на опрема, како и на независните акредитирани правни лица кои вршат контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема, при што е извршено усогласување на одредбите на Законот за регистрирање на готовинските плаќања со одредбите на новиот Закон за општата управна постапка, во насока на пропишување на надлежност за донесување на управните акти на Министерството за финансии, наместо досегашното законско решение според кое надлежноста беше на министерот за финансии, рок за донесување на актите, пропишување на докази кои ќе се прибавуваат по службена должност и др.

реку усогласувањето со Законот за општаП та управна постапка, Управата за јавни приходи воспоставува Регистар на одобрени и регистрирани фискални системи на опрема, а министерот за финансии треба да ги пропише формата, содржината и начинот на водење на Регистарот и тоа во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законските промени т.е. до 19 март 2016 година. Со законските промени се пропиша глоба (од 25 до 50 евра) за службеното лице во Министерството за финансии, односно во Управата за јавни приходи и друг надлежен јавен орган, за непостапување во законски пропишаниот рок. Во преодните и завршни одредби на законот е определено дека започнатите постапки до денот на започнување на примената на законот (до 31.7.2016 година) ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати.

Исто така, пропишан е и законски основ за донесување на образецот за заверка на парагон блок и итна сметководствена книга, при што министерот за финансии треба да го пропише образецот на пријавата за заверка на парагон блок и итна сметководствена книга и тоа во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законските промени т.е. до 19 март 2016 година.

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2016

91


Пр   фесионална

Едукација

ДДВ

НОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

С

о измените на Законот за ДДВ објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 23/16 направени се неколку усогласувања на овој закон со Законот за општата управна постапка, како и некои ситни прецизирања околу постоечките законски решенија). Измените (подолу наведени) влегуваат во сила од 18 февруари, но сите освен првата точка, ќе започнат со примена од 1 август 2016 година, со отпочнувањето на примената на Законот за општа управна постапка. 1) Прецизирање за даночно ослободување при увоз на добра за странски донаторски проекти За проекти финансирани од странски донации, во членот 27-б од Законот за ДДВ е пропишано ослободување за увозот на добрата, наменети за реализација на тие проекти, како за оние кои се финансираат со средствата добиени од странски донатори така и за оние кои се финасираат со средствата од национално кофинансирање (од Буџетот на РМ). Со дополнување на членот 27-б прецизирано е дека увозникот на добрата, поднесува барање за остварување на даночно ослободување до Министерството за финансии, во двата случаи и при увоз на добра обезбеден со средства на странски донатори така и при увоз на добра обезбеден од национално кофинансирање. Истовремено, се обезбедува и добрата чиј увоз е финансиран од национално кофинансирање (како и оние чиј увоз е финансиран од странски донатори) да не смеат во рок од три години од денот на увозот да се оттуѓуваат, без да се плати ДДВ. 2) Конкретизирање на евиденцијата за промети на инвестициско злато Содржината на евиденција од член 38-д од Законот, која мора да ја водат даночните обврзници за прометите на инвестициско злато за да овозможи утврдување на идентитетот на примателите на овие промети се конкретизира со следните податоци: реден број на уписот; број и датум на фактурата; повикувачки број на нарачката; даночен број на примателот на прометот; име (назив) и адреса на примателот на прометот; опис на инвестициско92

Агенција Про Агенс

4

то злато кое е предмет на промет; име и адреса на посредникот доколку прометот е извршен со посредување и износ на надоместокот за прометот. 3) Унапредување на постапката за поврат на ДДВ на непрофитните организации Според членот 47 од Законот, на непрофитните организации им се одобрува, по барање, враќање на данокот за промет на добра и за увозот реализиран спрема нив под одредени услови меѓу кои и данокот долгуван за увозот да мора да е платен. Сега е уредено, доказот за исполнување на условот „платен данок за увозот“ да го прибавува овластеното службено лице од УЈП кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да го побара доказот од надлежниот јавен орган, а овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно да го достави бараниот доказ во рок од три дена од денот на приемот на барањето. 4) Редуцирање на одредбите за надлежност на органите по пријавите за регистрација или за отповикување на регистрација за ДДВ адлежниот даночен орган по пријавата за Н регистрација за данок на додадена вредност или пријавата за отповикување на регистрацијата за данок на додадена вредност, донесува решение во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на пријавата. 5) Предвидени се глоби за овластени службени лица, од 25 до 50 евра за овластеното службено лице: - во УЈП, ако не го побара доказот (платен данок за увозот направен од непрофитна организација) по службена должност во рок од 3 дена); - од органот од кој е побаран доказот, ако не го достави бараниот доказ во рокот (три дена); - во УЈП ако не донесе решение (по пријавите за регистрација или за отповикување на регистрација за ДДВ) во рок од 15 дена. www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.