ИНФОРМАТОР БРОЈ 2 ФЕВРУАРИ 2017 ГОДИНА

Page 1


2

ФЕВРУАРИ 2 0 1 7

S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

ДДВ 1) ГРАЃАНИ - ДДВ ОБВРЗНИЦИ

5

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 2) ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ

НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГДП“) - ОБВРСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ

17

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ 3) ЕВИДЕНЦИЈА НА СТЕКНУВАЊАТА,

ОТУЃУВАЊАТА И РАСХОДУВАЊАТА НА ДОЛГОРОЧНИ СРЕДСТВА КАЈ БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

39

ТРУДОВО И СТАТУСНО ПРАВО 4) ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ОД СФЕРАТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

И ПРАВОТО НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

53

СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ 5) ИСКНИЖУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА

ПО ОСНОВ НА ОТУЃУВАЊЕ И РАСХОДУВАЊЕ

67




ДДВ

4 Др. Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ГРАЃАНИ - ДДВ ОБВРЗНИЦИ

ВОВЕД – ДИЛЕМИ И ТОЛКУВАЊА

С

е поактуелно е прашањето за регистрацијата на физичките лица за цели на ДДВ, во случаи на нивно стекнување со приходи по основ на ангажмани кои не потекнуваат од регистрирана дејност а дискутабилно е и дали истите претставуваат вршење на стопанска дејност. Според член 51 од Законот за данокот на додадена вредност 1 (во натамошниот текст: Законот) сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари 2 или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или во текот на годината го надмине износот, обврзани се да извршат регистрација за данокот на додадена вредност. Ако се земе во предвид дека „даночни обврзници“ според Законот (член 9) се лица кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност, следува дека даночен обврзник може да биде и физичко лице - граѓанин, ако врши стопанска дејност која има за цел остварување на приходи (како на пример дејноста на производители и трговци) ако од таа дејност, по основ на продаж-

ба на сопствени производи или трговски стоки, надминува износ од 1.000.000 денари за календарска година. Покрај прометот на добра дефиниран како стопанска дејност и основ за регистрација за ДДВ кај физичките лица, неспорен е и основот – приход од закупнини, со оглед дека во членот 9 (став 2) на Законот, како стопанска дејност е јасно посочен и закупот т.е. „отстапувањето на материјални и нематеријални добра за нивно користење“. По овој основ и се регистрирани голем број на физички лицаДДВ обврзници, во изминативе две години (од причина на нискиот праг за регистрација). Напомена:

Во прагот за регистрација влегува остварениот промет од изнајмување на сите видови движни и недвижни добра, со исклучок на изнајмувањето на станбени з гради и станови кои се користат за станбени цели, што е промет ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходен данок. Изнајмувањата пак и на овие објекти, но за деловни цели (на стопански субјекти и други правни лица кои вршат дејност во истите), влегува во прагот за регистрација. Она што побуди големи дискусии и дилеми во последниве неколку месеци е најавата за проширување на листата на даночни

1

„Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 189/16.

2

Почетно, во 2000 година прагот за регистрација беше исто така 1.000.000 денари за потоа од 14.02. 2001 година до крајот на 2010 година да изнесува 1.300.000, од 2011 до крајот на 2014 година прагот за регистрација беше достигнатиот промет од 2.000.000 денари, после што повторно се враќа на 1.000.000 денари, кој актуелно важи и денес.

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2017

5


ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД

 

4М-р Павле ГАЦОВ

Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД (ОБРАЗЕЦ „ПДД-ГДП“) - ОБВРСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ

15

март 2017 година (среда) е последен рок до кога секој граѓанин (за исклучоците пишуваме подолу во текстот) - резидент на Р. Македонија треба да поднесе до УЈП - Годишна Даночна Пријава за остварените приходи во 2016 година. Пријавата се поднесува во хартиена форма, а граѓаните кои се регистрирани корисници на е-даноци, пријавата може да ја поднесат електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk. Во Пријавата се декларираат сите оданочиви приходи остварени во земјата и во странство во текот на календарската 2016 година: - п лати, награди, бонуси и други надоместоци на плата, - о даночиви (дел од) надоместоци на трошоците од работен однос, - з акупнини (кирии) и други форми на приходи од имот и имотни права, - а вторски хонорари и надомести по основ на права од индустриска сопственост, - повремено вршење на услуги (договор на дело) - дивиденди, како и наплатени камати по заеми кои се дадени на физички и/или правни лица, - капитални добивки остварени од продажба на учество во капитал и недвижен имот...

02/ 3162-979 i 3298-763

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2017

Не е должен да поднесува Годишна даночна пријава, граѓанин кој во текот на годината остварувал САМО приход од: - плата, - пензија, - земјоделска дејност или - самостојна дејност. Напоменуваме дека добивките од посебните игри на среќа остварени во текот на 2016 година не се пријавуваат во Годишната даночна пријава. Но од друга страна, обврска да поднесат годишна даночна пријава имаат и граѓаните кои во текот на календарската 2016 година оствариле само: - приходи по други основи кои подлежат на оданочување со персонален данок на доход (пр. приходи од закупнина кирија; приходи од дивиденди; приходи од камати; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивки од општи игри на среќа /лотарија-лото, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа/ поголеми од 5.000 денари); авторски хонорари, - лични примања од странство, - лични примања од амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ, примања остварени од претставници

17


БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

4 Др. Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ЕВИДЕНЦИЈА НА СТЕКНУВАЊАТА, ОТУЃУВАЊАТА И РАСХОДУВАЊАТА НА ДОЛГОРОЧНИ СРЕДСТВА КАЈ БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

З

а цели на правилно презентирање на билансните позиции, буџетите, единките корисници од буџетите и ЈЗУ се должни проценувањето на билансните позиции на долгорочните средства да го спроведуваат согласно со членот 19 од Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ”, бр. 61/02; 98/02; 81/05; 24/11 и 145/15 - во натамошниот текст „Закон за сметководство“), според кој се утврдува и основицата за отпис (пресметување на амортизација) на долгорочните средства. Основица за отпис претставува набавната вредност на долгорочните средства, која се состои од: куповната цена, зголемена за увозни царини, даноци, такси, издатоци за превоз и подвоз, сервисирање, ускладиштување, монтирање, проект пресметки, регистрации и други издатоци кои можат директно да се додадат на набавната вредност. Набавната вредност се корегира - зголемува за вложувањата на име доградба, реконструкција, адаптација и сл., кога се менува функцијата и намената на средствата (инвестиционо вложување). Од друга страна, одделните поправки, преправки, замена, сервисирање и слично претставуваат тековно одржување и не влегуваат во набавната вредност, односно не ја зголемуваат набавната вредност, туку претставуваат директен расход на буџетскиот корисник, односно единката корисник на буџетски средства.

ДВ не се вклучува во набавната вредД ност само доколку набавката е извршена од регистриран обврзник за ДДВ и ако ис-

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2017

тата е со право на одбивка на данокот, согласно со Законот за данокот на додадена вредност. Стекнувањето на долгорочни средства може да се одвива по пат на инвестирање (изградба, доградба и надградба) на недвижности, стекнување со купување на недвижни и движни добра, од примени донации (дотации) и спонзорства, како и со пренесено право на користење на недвижните ствари од друг државен орган (буџетски корисник). Во продолжение даваме кратка обработка на овие начини на стекнување, со примери. Долгорочни средства кај државните органи/буџетски корисници се во државна сопственост и со нив располага Владата на Република Македонија. Со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“, бр. 78/15, 106/15, 153/15 и 190/16 – во понатамошниот текст: „Закон за користење и располагање со стварите“) се уредуваат правата и должностите на државните органи во однос на набавката, користењето и располагањето со стварите во државна сопственост како и начините за нивна продажба или друг вид на оттуѓување. еѓутоа со овој закон не се опфатени М сите категории на недвижни и движни добра, кои се предвидени со Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници, на при-

39


ТРУДОВО И СТАТУСНО ПРАВО

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ОД СФЕРАТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И ПРАВОТО НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

I. РАБОТНИ ОДНОСИ • Прашање

?

Еден од вработените се упатува на специјализација со тоа што би останал вработен со работно време од 4 часа, наместо како досега - 8 часа дневно. Дали ова е изводливо и што ќе се случи со персоналниот данок и придонесите од плата? Одговор

Согласно со членот 154 од Законот за работните односи (ЗРО) 1, траењето на специјализацијата како начин на дообразување, дошколување и оспособување на работниците во интерес на работодавачот или во нивен личен интерес, како и правата и обврските на работодавачот и работникот пред и по завршувањето на специјализацијата, се уредуваат со посебен договор или со колективен договор (на пр. обврска да остане на работа кај работодавачот одреден број на години по специјализацијата и слично). Во случајов, со оглед дека работникот за време на траењето на специјализацијата на којашто е упатен би останал во работен однос кај работовачот со скратено работно време, нужно е со анекс на постојниот договор за вработување да се изменат одредбите со кои е уредено работното време на работни1

кот. До АВРМ се доставува образецот М 3-а кој служи за промена на податоците кои се однесуваат на работното време - часови/неделно, за време на задолжително социјално осигурување. Воедно, со анексот може да се изменат и останатите одредби од договорот со кои се уредуваат: платата, надоместоците на трошоците од работен однос и сл., доколку работодавачот и работникот постигнат согласност. Персоналниот данок и придонесите, како и за секој друг вработен, зависат од висината на платата што би ја примал за скратено работно време, со тоа што месечното лично ослободување (за 2017 година) што ќе се примени би изнесувало 3.728 денари (7.456 : 8 х 4) за 4 часовно работно време и притоа би морало да се води сметка за законската минимална основица за пресметување на придонеси која за 2017 година изнесува 16.439 денари за полно работно време (според член 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, основицата за придонеси не може да биде пониска од 50% од просечната бруто плата по работник во РМ објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика), и истата поради скратеното работно време треба да биде соодветно намалена (16.439 : 8 х 4 = 8.220 денари).

„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10,

124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16; како и 12 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06 (исправка-66/06), 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16.

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2017

53


СМЕТКОВОДСТВО И Даноци

4 Др. Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ИСКНИЖУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА ПО ОСНОВ НА ОТУЃУВАЊЕ И РАСХОДУВАЊЕ

ВОВЕД

Д

олгорочните материјални средства во кои се вбројуваат недвижности (земјишта, шуми, градежни објекти...), постројки и опрема (машини, уреди, деловен инвентар, биолошки средства, мебел, транспортни средства и друг движен имот) се делат во две групи од аспект на нивната постојаност и можат да бидат: потрошни (машини и постројки, опрема, градежни објекти, деловен инвентар и др.) и непотрошни средства (земјишта, шуми, уметнички дела и др.). По употребата на своите долгорочни материјални средства и по истекот на нивниот економски век, трговските друштва ги ставаат отпишаните средства надвор од употреба, настојувајќи и, доколку е можно поволно да ги продадат. Продажбата е честа и за време на нивниот економски век, кога не се целосно отпишани (амортизирани), пред се, заради одржување на повисоко технолошко ниво на својата актива. Затоа, обично со завршување на деловната година, се врши проверка на употребната вредност на основните средства (најчесто на погонските уреди и компјутерите и друга канцелариска опрема) и утврдување на можноста од нивна продажба со одреден економски бенефит. Доколку не се очекува прилив од продажбата на средствата ставени надвор од употреба, тогаш се пристапува кон расходување на средствата и нивно соодветно уништување. Во тој случај, средствата се искнижуваат од евиденција, како неподобни, односно како

ИНФОРМАТОР 2 I ФЕВРУАРИ 2017

средства кои престануваат да ги задоволуваат критериумите за признавање на средството. Често пати, средствата кои стопанскиот субјект нема намера понатаму да ги користи, било да се отпишани или не, одлучува да ги подари во добротворни или репрезентативни цели. Во овој текст ќе бидат обработени постапките на отпис, расходување, продажба, подарување и уништување на материјални средства кај трговските друштва, од нивен сметководствен и даночен аспект.

Признавање и отпис на материјалните средства според МСФИ Со Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11) односно со МСС 16 (применуван од средни и големи субјекти) и МСФИ за МСЕ оддел 17 (применуван од мали и микро субјекти) пропишан е третманот на недвижностите, постројките и опремата во делот на признавањето на овие средства, определувањето на нивните сметководствени вредности и отписот на вредноста (амортизација) кои треба да бидат признаени во врска со нив, но не се уредува и нивното расходување, уништување или оттуѓување по престанок на користењето. Според МСС 16, средството треба веродостојно да се измери при почетното признавање, а по него, треба да се избере еден третман (од два понудени) за негово признавање во извештаите. 67



Почитувани колеги, Изминува уште една деловна година. Ја оставаме зад себе и продолжуваме понатаму. Од професионален аспект да ја обележиме со три кратки поенти: • 2016-та не беше обична година. Ќе ја запамтиме како изборна и економски тешка. Наместо посветеност на деловното работење, фокусот на компаниите се насочи кон исходот од политичката криза. Компаниите што работат во економските зони не ги чувствуваа домашните политички турбуленции и извезуваа најмногу досега. Банките исто така – искажуваат добивки „боли глава“.

w w w. p r o a g e n s . m k

• Националниот спорт на деловните субјекти - „трчањето“ по честите и бројни измени на прописите продолжи и во изминатата година. • Факт е дека и во 2016 година не беа исполнети очекувања на сметководителите за активна примена на Законот за вршење на сметководствените работи. Сепак, да одбележиме дека станаа функционални органите и телата на Институтот (ИСОС). Баравме и очекуваме промени во сметководствената професија. Добивме измени и дополнувања кои го редефинираа Законот. На подобро? Времето ќе покаже. Про агенс и во 2017 ќе се потпира на сопствените сили и знаење Про агенс и во 2017 година влегува амбициозно. Ќе следат советувања, обуки (КПУ) и прирачници. Потсетуваме дека останува стекнатото право на нашите клиенти - и за оваа година секој претплатник да добие како ПОДАРОК еден од објавените прирачници (до истрошување на тиражот) ако претплатата за 2017 година ја плати до крајот на 2016 година, а буџетските корисници ако тоа го направат до крајот на месец јануари 2017 година. Овој пат изборот на подарок го зголемуваме за уште ДВА НАЈНОВИ ПРИРАЧНИЦИ – изданија од 2017 година: 1) Прирачник за данокот на добивка и 2) Прирачник за персоналниот данок на доход. Останува можноста како по-

М-р Павле ГАЦОВ дарок да се земе и еден од следните прирачници: 3) Прирачник за работните односи, 4) Прирачник за ДДВ, 5) Прирачник за даноците по одбивка на странски правни и физички лица, како и 6) Прирачник за сметководство. Продолжуваме на ист начин Со навремени и стручни информации, анализи на деловни настани и на финансиски извештаи, компетентни совети од сферата на работните односи и правото на трговските друштва, даночни и други совети • Во ваши раце е последниот број за 2016-та година на списанието Информатор испратен во сет заедно со тековното ажурирање на Инфо-Регистар-от. Нашите изданија и понатаму ќе излегуваат во печатена форма за која постои доминантен интерес на корисниците. Дигиталната форма на пооделни делови од списанијата ќе биде исто така достапна. И понатаму, Информатор-от ќе ги разработува најактуелните сметководствено-финансиски, стопански, правни и даночни теми. Инфо-Регистар-от ќе го задржи својот формат и инфо-квалитет, а Про Економијата ќе остане најобемниот прирачник за изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи за сите видови деловни и непрофитни субјекти.




ПРЕТПЛАТА 2017 ГОДИНА

Заштитените содржини на интернет страната се практични и посебно корисни за сметководителите, ревизорите, финансиските аналитичари, даночните советници, вработените во човечки ресурси,... Веќе сме препознатливи по бројните excel алатки кои го помагаат секојдневното работење во сметководството и финансиите. Бројот на ваквите корисни алатки постојано го зголемуваме, зголемувајќи го и бројот на пречистени текстови на прописи кои редовно се ажурираат.

И во наредната година ќе продолжиме со секојдневното праќање по мејл на брзи и точни деловни информации. Секако, продолжуваме и со воспоставената пракса – организација на успешни, стручни и компетентни советувања и обуки за актуелни теми од различни области, сите пропратени со корисни прирачници и со посебни попусти за нашите претплатници. Долги години градиме вистинска партнерска заедница со нашите претплатници. Заедницата расте благодарение на задоволните клиенти и нашето посветено работење, кое го ветуваме на секој што не следи и ни се приклучува. Задоволните клиенти ќе бидат нашата најдобра промоција и во 2017 година. Ви благодариме за тоа!

Почитувани, сега е вистинско време за претплатата за 2017 година. За тоа е потребно да го уплатите редовниот износ од 14.900 денари на нашата сметка, и да доставите пополнета претплатница по пошта, мејл или преку www.proagens.mk. Ве молиме проверете дали сте го потврдиле статусот на претплатник за 2017-та. Следната година, нашите изданија ќе ги примаат оние субјекти што го потврдиле ваквиот статус. Ви посакуваме Среќна 2017 година и ви ги честитаме претстојните празници ! Агенција „ПРО АГЕНС“ – Скопје Главен уредник, Павле Гацов

02/ 3162-979 i 3298-763

w w w. p r o a g e n s . m k

Пред крајот на 2016 година ја заменивме нашата стара интернет страна со нова web страна www.proagens.mk која ќе биде помодерна, кориснички насочена и видлива преку сите мобилни уреди и социјални мрежи. Секако, најголемиот дел од содржините кои изобилуваат со општи и стручни информации ќе бидат достапни само за нашите привилегирани корисници (претплатници).


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.