ИНФОРМАТОР БРОЈ 3 ОД 2016 ГОДИНА

Page 1


201

6

Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V

Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV

Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 04.03.2016 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


3

МАРТ 2016

S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

СТАТУСНО ПРАВО 1) СВИКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО СО ОСВРТ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ

5

ДАНОК НА ДОБИВКА 2) ПРОЦЕДУРА И ПРЕСМЕТКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВOTO ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА ЗА 2016 ГОДИНА, ПОРАДИ ИСКАЖАНА ДАНОЧНА ЗАГУБА ЗА 2015 ГОДИНА

30

ДДВ 3) ГРАЃАНИ - ДДВ ОБВРЗНИЦИ

34

ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ - ВЛОЖУВАЊА ОД/ВО СТРАНСТВО 4) ИЗВЕШТАИ ДО НАРОДНА БАНКА ЗА ВЛОЖУВАЊА ВО И ОД СТРАНСТВО (ОБРАСЦИ: ВС 11 И ВС 22 / КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ КВС 22) ЗА 2015 ГОДИНА

41

ДДВ 5) ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ СО ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДДВ

60

СЛОБОДНИ ЗОНИ 6) ТРЕТМАН НА ПРОМЕТИТЕ КОН И ОД ТИРЗ

68

ИНФОРМАЦИЈА - УПЛАТНИ СМЕТКИ 7) НОВИ УПЛАТНИ СМЕТКИ - ИЗМЕНЕТО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ЕВИДЕНТИРАЊЕ, РАСПОРЕДУВАЊЕ И ПОВРАТ НА ЈАВНИТЕ ПРИХОДИ

78

ДДВ 8) ИЗМЕНА ВО ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДДВ

80




СТАТУСНО ПРАВО

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

СВИКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО СО ОСВРТ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ

1. ВОВЕД

З

аконот за трговските друштва (во продолжение на текстот: ЗТД) 1 со членовите од 382 до 415 го уредува собранието на акционерското друштво. Во овој дел од ЗТД, кој е предмет на наш интерес во овој текст, се содржани општите одредби за собранието, со кои се уредуваат прашањата за поимот и надлежноста на собранието и одделно за годишното собрание, одредбите за свикување и одржување на собранието, со кои се опфатени прашањата за: начинот на свикување на собранието и дневниот ред, пријавување и евиденција на акционерите за присуство на собранието, застапување на акционер на собранието, кворум и мнозинство за одлучување, водење на собранието и продолжување на прекинатата седница, остварување право на глас, влегување во сила на одлуките на собранието, посебно собрание и одвоено гласање, права на приоритетни акции без право на глас, укинување на првенствено право, право на известување на акционерите и записник од собранието. Со две измени на ЗТД од 2010 година (42/10 и 48/10), во законот се внесени повеќе одредби со кои се доуредуват прашања во доменот на свикување и одржување на собранието на акционерските друштва (пона1

таму: АД), во рамки на кои посебен акцент е ставен на утврдување на специфични права и обврски за друштвата чии акции котираат на берза и друштвата кои се со посебни обврски за известување до Комисијата за хартии од вредност (КХВ), согласно со Законот за хартии од вредност („Службен весник на РМ“, бр. 95/05, 25/07, 07/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15 и 23/16; У. суд: 86/07, 123/07, 140/07, 146/07 и 45/09) и Правилникот за формата и содржината на годишните, полугодишните, тримесечните и тековните извештаи, резимето од годишните извештаи, материјали за акционерски собранија на акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата за хартии од вредност („Службен весник на РМ“, бр. 112/08 и 31/11, 31/12, 76/13 и 171/13; Пречистен текста на Правилникот - 153/15). Акционерски друштва со посебни обврски за известување, кои се водат во Регистарот на КХВ, се друштвата кои, според член 2 став 1 точка 2 од Законот за хартии од вредност: - извршиле јавна понуда на хартии од вредност, или - имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противвредност и повеќе од 50 акционери (бројот на акционери е намален од 100 на 50 со Зако-

„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. Толкув., 6/16 и 30/16; Укинати членови на ЗТД со Одлуки на Уставниот суд на РМ се: 11 став 3 и 14 став 3 точка 4 - 71/06; 14 став 3 точка 3 и член 18 став 2 точка 3 - 17/09; 29 став 2 точка 3 - 23/09; 29 став 2, точка 5 - 8/11 и 234 став 2, точка 5 - 21/11.

ИНФОРМАТОР 3 I МАРТ 2016

5


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 М-р Павле ГАЦОВ

Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ПРОЦЕДУРА И ПРЕСМЕТКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВOTO ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА ЗА 2016 ГОДИНА, ПОРАДИ ИСКАЖАНА ДАНОЧНА ЗАГУБА ЗА 2015 ГОДИНА

З

а потребите на овој текст ДАНОЧНАТА ЗАГУБА ја дефинираме како разлика меѓу:

а) ЗАГУБАТА од Билансот на успех (искажана на АОП 251 од БУ, односно пренесена на АОП 01 од Даночниот биланс) и

б) Даночно непризнаените расходи (износ искажан на АОП 02 од Даночниот биланс). Ако Загубата пред оданочување е поголема од Даночно непризнаените расходи се работи за Даночна загуба које е НЕГАТИВНА ставка на АОП 28 од Даночниот биланс составен за минатата година. Вака искажаната Даночна загуба може да се пренесе на товар на добивката (читај: Даночната основа) во идните пресметковни периоди најмногу до ТРИ години сметано од годината во која е искажана загубата. Ако Даночната загуба е искажана за 2015 година, третата година истекува заклучно со 2018 година. Терминот „пренесува“ значи дека со Даночната загуба може да се намалува Даночната основа во наредните три фискални периоди преку составување на Даночните биланси. Прва година за која ќе се пренесе даночната загуба е 2016-та. * * * Користењето на правото за пренесување на ДАНОЧНАТА ЗАГУБА на товар на Даночната основа во идните пресметковни периоди е поврзано со исполнување на одредени услови:

30

1) Да постои Даночна загуба (Загубата од Билансот на успех да биде поголема од Износот на даночно н епризнаените расходи), односно да е искажан негативен износ на АОП 28 од Даночниот биланс. 2) Намалувањето во Даночниот биланс што следи се врши само доколку претходно е извршено покривање на З агубата по оданочување согласно со Законот за трговските друштва. 3) Намалувањето во Даночниот биланс се врши последователно почнувајќи од износот на најрано н астанатите даночни загуби. 4) Правото за пренесување на даночната загуба на товар на добивката (даночната основа) во идните пресметковни периоди (до три години) се остварува со одобрение од Управата за јавни приходи, по поднесено писмено барање најдоцна до 31 март наредната година, по годината во која загубата е искажана. Барањето се поднесува на образец „ДД-01“. Важно:

Согласно со последната измена на Законот за данокот на добивка (Сл. весник на РМ, бр. 23/16, во примена од 31.7.2016 година), УЈП е должна да издаде одобрение по барањето ДД-01, во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето (30 мај е последен рок за одговор од страна на УЈП). аралелно со воведувањето на временска П рамка за одговор на поднесеното барање

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ГРАЃАНИ - ДДВ ОБВРЗНИЦИ

ВОВЕД

С

поред член 51 од Законот за данокот на додадена вредност 1 (во натамошниот текст: Законот) сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари 2 или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или во текот на годината го надмине износот обврзани се да извршат регистрација за данокот на додадена вредност. Ако се земе во предвид дека „даночни обврзници“ според Законот (член 9) се лица кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност, следува дека даночен обврзник може да биде и физичко лице - граѓанин, ако врши некоја стопанска дејност која има за цел остварување на приходи (како што е дејност на производители и трговци како и на лица кои даваат услуги на закуп). Оттука, сите физички лица – граѓани, чиј вкупен оданочив промет по основ на закуп или продажба на сопствени производи или трговски стоки, надминал износ од 1.000.000 денари за календарска година (што е важечки праг за регистрација од 2014 година наваму), или истиот го надминале во текот на годината, се должни да се регистрираат за целите на ДДВ. (Поради нискиот праг за 2014 година, многу физички лица без регистрирана дејност

граѓани, ја започнаа 2015 година како регистрирани ДДВ обврзници, а голем број граѓани тоа станаа поради надминатиот праг во текот на 2015 година.) Напомена:

Во прагот за регистрација влегува остварениот промет од изнајмување на сите видови движни и недвижни добра, со исклучок на изнајмувањето на станбени з гради и станови кои се користат за станбени цели. Изнајмувањата пак, на овие објекти, за деловни цели (на стопански субјекти и други правни лица кои вршат дејност во истите), влегува во прагот за регистрација.

1. ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ ОД ГРАЃАНИ - ДДВ ОБВРЗНИЦИ 1.1. Утврдување на даночен долг Утврдувањето на даночниот долг, неговото искажување, пресметување и плаќање се врши на ист начин како и кај правните лицарегистрирани ДДВ обврзници. Даночниот долг за еден даночен период се утврдува од вкупно извршениот оданочив промет на добра и услуги, како и од примен промет за кој според член 32 и 32-а од Законот за ДДВ, даночен должник е примателот. Како промет на добра кој подлежи на оданочување се смета секој пренос на правото на располагање со движен или недвижен материјален имот. Како промет на добра се смета и прометот на добра произведени или составени од ма-

„Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 23/16. До 31.12.2014 година, прагот за регистрација беше достигнатиот промет од 2.000.000 денари.

1 2

34

www.proagens.mk


ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ - ВЛОЖУВАЊА ОД/ВО СТРАНСТВО

 

4Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ИЗВЕШТАИ ДО НАРОДНА БАНКА ЗА ВЛОЖУВАЊА ВО И ОД СТРАНСТВО (ОБРАСЦИ: ВС 11 И ВС 22 / КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ КВС 22) ЗА 2015 ГОДИНА

1. ВОВЕД

С

огласно со членот 48 став 1 точка 3 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15 и 6/16), членот 40 став 3 од Законот за девизното работење („Службен весник на РМ“, бр. 34/01, 49/01, 103/01, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15, 153/15 и 23/16) и Одлуката за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти („Службен весник на РМ“, бр. 87/14), во примена се следните прописи: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД странство („Службен весник на РМ“ бр. 108/14) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ВО странство („Службен весник на РМ“ бр. 108/14). Упатствата го пропишуваат начинот и постапката на известување на резидентите до НБРМ за: - состојбата и промените на капиталот и меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од и во странство, а пропишуваат и - обрасци ВС 11 - Извештај за вложувања ВО странство, ВС 22 - Извештај за вложувања ОД странство, КВС 22 - Кварта-

ИНФОРМАТОР 3 I МАРТ 2016

лен извештај за вложувања ОД странство и - прилози - шифрарници (Сектор на претпријатието во кое се инвестира, Сектор на инвеститорот, Шифри на трансакции). Упатствата дефинираат поширок опфат на структурата на поврзаност на капитално поврзаните субјекти, така што покрај: - поврзаноста со директниот инвеститор, се опфаќа и - поврзаноста со останатите инвеститори кои се наоѓаат во вертикална и хоризонтална поврзаност. Всушност, упатствата ги идентификуваат сите инвеститори и претпријатија во кои се инвестира во синџирот на поврзаност на следниот начин: - вертикална поврзаност - директни и индиректни инвеститори, - хоризонтална поврзаност - сестрински компании (ист основач - матичен инвеститор), - повратно капитално вложување учество во капиталот на директниот инвеститор под 10% од страна на претпријатието во кое се инвестира во кое директниот инвеститор претходно вложил капитал. Со цел за полесно разбирање на обврските на известување на НБРМ во продолжение на текстот ги прикажуваме дефинициите на поврзаните субјекти и графичките прикази на меѓукомпаниските релации/долгови, кои се составен дел на двете упатства. 41


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ СО ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДДВ

1. ВОВЕД

Д

анокот на додадена вредност се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа: 1. Според општата даночна стапка од 18% и 2. Според повластената даночна стапка од 5%. Општата даночна стапка од 18% се применува врз целокупниот промет и увоз, освен врз прометот и увозот кој се оданочува со повластената даночна стапка и прометот ослободен од ДДВ според членовите 23 и 24 од Законот. Повластената даночна стапка од 5%, според актуелниот текст на Законот (заклучно со “Службен весник на РМ”, бр. 23/16) се применува врз прометот и увозот на: 1) Производи за човечка исхрана; 2) Вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште; 3) Публикации и тоа: книги, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како 1

и публикации со порнографска содржина; 4) Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија; 5) Ѓубрива; 6) Средства за заштита на растенијата; 7) Фолии од пластична маса за употреба во земјоделството; 8) Земјоделска механизација; 9) Лекови; 10) Машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери); 11) Термални сончеви системи и компоненти; 12) Медицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица; 13) Сурово масло за производство на храна за човечка исхрана и 14) Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок од пет години по изградбата 1; 15) Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток; 16) Бебешки производи, и тоа: креветче, количка, транспортер, релаксатор, се-

Повластеното оданочување на добрата од точката 14, се применува до 31 декември 2018 година.

60

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Др. Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ТРЕТМАН НА ПРОМЕТИТЕ КОН И ОД ТИРЗ

1. ВОВЕД

С

о Законот за технолошки индустриски развојни зони 1 меѓу другото се уредени погодностите за инвестирање во технолошките индустриски развојни зони, условите, начинот и постапката за основањето, развојот и работењето на технолошките индустриските развојни зони, дејностите кои се вршат во овие развојни зони и посебните услови за нивно вршење.

1.1. Евидентирање и движење во технолошко индустриска развојна зона поред член 41 од Законот за ТИРЗ, за двиС жење и постапување со стока која се увезува, односно внесува во зоната или извезува, односно изнесува од зоната, соодветно се применуваат одредбите од Царинскиот закон 2, по одредувањето на царински дозволеното постапување или употреба за стоката што се внесува или изнесува во и од царинското подрачје на Република Македонија.

З а движење и постапување со стока која се увезува, односно внесува во зоната или извезува, односно изнесува од зоната, соодветно се применуваат одредбите од Царинскиот закон, по одредувањето на царински дозволеното постапување или употреба за стоката што се внесува или изнесува во и од царинското подрачје на Република Македонија. Ако привремено се изнесе стока од зоната на територијата на Република Македонија, заради облагородување или за испитување, тестирање, рекламирање и друга привремена употреба, истото се врши на начин и услови согласно со царинските прописи. За овозможување на вршење на царински надзор, основачот, односно корисникот на зоната е должен на царинскиот орган да му достави запис од евиденцијата за стока за секое поединечно внесување или изнесување на странска стока во или од зоната како и за стоката за која не биле платени увозните давачки согласно членот 42 од овој закон. Во случај на промет на добра кои се превезуваат или испраќаат од останатиот дел од царинско

1

Законот за технолошки индустриски развојни зони, во натамошниот текст: „Закон за ТИРЗ“ е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15, 192/15, 217/15 и 30/16.

2

Според член 176 од Царинскиот закон, слободните зони се делови од царинското подрачје, или објекти во царинското подрачје, одвоени од другиот дел од царинското подрачје во кои: странската стока се смета дека не се наоѓа на царинското подрачје, под услов да не е пуштена во слободен промет или да не е ставена во друга царинска постапка или да не е употребена или потрошена во слободната зона под услови поинакви од оние предвидени со царинските прописи (со кои е предвидено ослободување при внес) но и домашната стока, која со ставање во слободна зона или слободен склад, ги исполнува условите за примена на мерки поврзани со извоз на стока, доколку тоа е во согласност со посебни прописи.

68

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

НОВИ УПЛАТНИ СМЕТКИ - ИЗМЕНЕТО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ЕВИДЕНТИРАЊЕ, РАСПОРЕДУВАЊЕ И ПОВРАТ НА ЈАВНИТЕ ПРИХОДИ

о „Службен весник на РМ“, бр. 27/16 од В 15 февруари 2016 година е објавена последната измена и дополнување на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“, бр. 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14), која влезе во сила на 16 февруари 2016 година (наредниот ден од денот на објавувањето). Со оваа последна измена на Упатството, всушност е заменет Прилогот 1 - Шифрарник на уплатни сметки за јавни приходи со нов Прилог 1. Новиот Шифрарник ги содржи претСметка 840-02164

ходните уплатни сметки, но и повеќе нови уплатни сметки, кои ги наведуваме во продолжение на текстот.

ова уплатна сметка во рамки Н на делот за данокот на додадена вредност о рамки на делот I. Приходи на РепублиВ ката и на единиците на локалната самоуправа, во точката 3. Данок на додадена вредност и акцизи, пропишана е следната нова уплатна сметка:

Назив Задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување

Приходно конто 714120

Нови уплатни сметки за глоби за сторени прекршоци Во рамки на делот I. Приходи на Републиката и на единиците на локалната самоуправа, во точката 7. Глоби по посебни прописи, пропишани се следните нови уплатни сметки: Сметка 840-05491 840-05509 840-05514 840-05535 840-05764

78

Назив Други глоби за сторени прекршоци од области во надлежност на Министерството за внатрешни работи Глоби за сторени прекршоци во надлежност на Финансиската инспекција во јавниот сектор Глоби за сторени прекршоци од области во надлежност на Министерството за финансии Глоби за сторени прекршоци од области во надлежност на Народна банка на Република Македонија Глоби за сторени прекршоци од области во надлежност на Агенцијата за електронски комуникации

Приходно конто 722152 722153 722154 722155 722156

www.proagens.mk


 

ИНФОРМАЦИЈА - УПЛАТНИ СМЕТКИ

Нови уплатни сметки за приходите што ги остваруваат органите на управата, правосудните органи и други приходи Во рамки на делот I. Приходи на Републиката и на единиците на локалната самоуправа, во точката 8. Приходи што ги остваруваат органите на управата, правосудните органи и други приходи, пропишани се следните нови уплатни сметки: Сметка

Назив

840-07545 840-07550 840-07657 840-06479 840-07662 840-07678 840-07566 840-07592 840-07615 840-07699

Приходи остварени од продажба на менични бланкети Надоместок за стручна оцена (ревизија) над изработена геолошка документација Приходи од кривична постапка во надлежност на Јавно обвинителство на Република Македонија Приходи од закуп на ствари во државна сопственост Надоместок за издавање на Решение за потврдување на објект кај кој не е утврден правен статус во рамките на зоните Приходи од продажба на земјоделско земјиште во сопственост на Република Македонија Надоместок за извршени лабораториски анализи во надлежност на Државната фитосанитарна лабораторија Надомест за водење на постапка по жалба при Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка Надоместок за извршени испитувања на вредноста за производство и употреба на сорти на земјоделски растенија со сортни опити Надомест за организирање, координирање и спроведување постапки на селекција за вработени во јавниот сектор кои немаат статус на административни службеници

ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII

1.050

Приходно конто 725977 718153 725978 733152 733153 733154 724175 724177 724179 724181

denari na 79 strani

Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.

kontakt@proagens.com.mk

ИНФОРМАТОР 3 I МАРТ 2016

02/ 3162-979 i 3298-763

79


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Информација за ДДВ

ИЗМЕНА ВО ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДДВ

О

д 01.01.2016 година започна да се применува измената во делот на задолжителните елементи на фактура од член 53 став 10 точка 10 на Законот за ДДВ (објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 112/14), со која како последен елемент наместо потпис и печат на издавачот на фактурата, се бара само име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата. Напомена:

Печатот во фактурата од 01.01.2016 година, не е задолжителен елемент, но не пречи ако го има. Издавачот на фактура, сам одлучува дали потписник на фактурите ќе биде законскиот застапник според Тековната состојба од Централен регистар или лице кое тој го овластил за потпишување на фактурите. Доколку законскиот застапник овластува друго лице, тоа го прави со интерен документ - Овластување, без обврска овој документ да се заверува на нотар. (Едноставно, овласувањето е во рамките на правата и ингеренциите на законскиот застапник да делегира надлежности.) За даночниот обврзник - испоставувач на фактура (како регистриран така и оној кој не е регистриран за ДДВ) е важно истата да ги има сите елементи затоа што во спротивно е изложен на прекршочна глоба според член 60 став 1 точка 5 од Законот за ДДВ, во случај на испоставување на уредна фактура според член 53 од Законот. Во интерес на примателите на фактурите е, истите да се издадени во согласност со членот 53 од Законот, заради правото на одбивка на ДДВ условено со исправна ДДВ фактура. Но, овластувањата не треба да се доставуваат до примателите на фактурите, ако во самата фактура е наведено „овластен потписник на фактура“. Доколку не е наведено така, примателите на фактурата имаат право да побараат потврда за исправноста или известување за тоа кој е/се овластен потписник/ци

кај него, по име и презиме (иако и тоа не е законска обврска). Заради олеснување, доколку даночниот обврзник издава фактури исти по вид кон голем број на приматели на истите, може да се побара (согласно член 18 став 4 од Правилникот за спроведување на Законот за ДДВ) од даночниот орган (УЈП) да му одобри, наместо да пишува име и презиме и потпис, да се служи со факсимил на името, презимето и потписот. Постоењето на факсимил на името, презимето и потписот значи дека истите се пријавени и одобрени од УЈП, па во тој случај би било доволно истите да се ставени под категоријата „овластен потписник“ без додатно да се објаснува дека тое е овластен потписник на фактури. За давање на одобренија за служење со факсимил на името, презимето и потписот, УЈП имаше законска основа која се остваруваше низ спомнатиот Правилник за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност 1, но во досегашниот член 18 став 4 од Правилникот стануваше збор за одобрувања за служење со факсимил на „печат и потпис“ согласно претходно важечката обврска за печат во фактурите. Со изменување на Правилникот објавено во „Службен весник на РМ“, бр. 42/16 од 3 март 2016 година, одредбата на член 18 став 4 е изменета и прилагодена на актуелниот законски текст и гласи: „(4) Доколку даночниот обврзник издава фактури исти по вид кон голем број на приматели на истите, даночниот орган може на негово барање да му одобри, наместо потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата да употреби факсимил на потписот на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата. Во факсимилот освен потписот може да биде содржано и името и презимето на овластеното лице за потпишување на фактурите кај издавачот на фактурата.“

„Службен весник на РМ“, бр. 65/99, 17/00, 28/00, 66/00, 29/03, 29/05, 106/06, 142/15 и 42/16.

1

80

www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.