201
6
Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V
Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV
Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 08.04.2016 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
!
Т АК
О ЛН Е У
СОВЕТУВАЊЕ
од 12 до 15 мај 2016 година (четврток - недела) во Белград, Србија во х. „88 ROOMS“, 4*
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО! СКОПЈЕ - БЕЛГРАД / Патување (четврток)
1 ден (12.05.)
Состанок на групата на паркингот пред ВИП хотелот (спроти Скопски саем) во 06:00 часот (четврток). Поаѓање од Скопје во 06:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце. Патување со попатни паузи. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
БЕЛГРАД / Советување (петок)
2 ден (13.05.)
Појадок. Советување од 10:00 часот. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
БЕЛГРАД / Советување / Организирана прошетка низ Белград (сабота)
3 ден (14.05.)
Појадок. Советување од 10:00 часот. Попладневна посета на Калeмегдан. Слободно време. Свечена вечера со музика во рeсторанот „Два елена“ на Скадарлија. Ноќевање.
БЕЛГРАД - СКОПЈЕ / (недела)
4 ден (15.05.)
Појадок. Патување со попатни паузи, пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Цена на аранжманот:
12.900
денари (ТРИ ПОЛУПАНСИОНИ) по лице во двокреветна соба За еднокреветна соба се доплатува 4.600 денари.
Цената на аранжманот вклучува: -
превоз со стандарден туристички автобус и организација на аражманот три полупансиони во хотелот 88 ROOMS (4*), во центарот на Белград Свечена вечера во ресторанот „ДВА ЕЛЕНА“ на Скадарлија Прошетка на Калeмегдан и еден шопинг мол.
Цената на аранжманот не вклучува: - патничко осигурување (за патниците што немаат осигурување) ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЈДОЦНА до: 28-ми април (четврток) 2016 г.
Информации на тел. 02/3162-979; 3229-479; www.proagens.mk / е-маил: kontakt@proagens.com.mk Плаќањето на трошоците за хотелско сместување и превоз се врши на сметката на Туристичката агенција „Пилот Травел“: 210 - 0571615201 - 11, кај NLB Тутунска банка. За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Пилот травел и СКТМ Информации на тел. 02/3231-446; 02/3231-556; моб. 070 250-501; факс: 3298-344 е-маил: info@pilottravel.com.mk
4
АПРИЛ 2 0 1 6 S O D R @ I N A:
www.proagens.mk
ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ 1) НОВИ ПРОЦЕДУРАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА ПОВРЗАНИ СО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ
5
ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 2) ДОЗВОЛЕНО И УСЛОВЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ОДРЕДЕНИ СМЕТКИ ВО СТРАНСТВО ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИ РЕЗИДЕНТИ (PAYPAL СМЕТКА) - НОВА ОДЛУКА ВО СИЛА ОД 11 МАРТ 2016 ГОДИНА
19
СТАТУСНО ПРАВО 3) НОВЕЛИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ДРУШТВАТА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
31
ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 4) РЕЗИДЕНТИ КОИ МОЖЕ ДА ВРШАТ НАПЛАТА И ПЛАЌАЊЕ ВО ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ ВО ТРАНСАКЦИИТЕ СО НЕРЕЗИДЕНТИ - НОВА ОДЛУКА ОД 1 МАJ 2016 ГОДИНА
35
СТАТУСНО И ТРУДОВО ПРАВО 5) ОДГОВОР НА ПРАШАЊА ОД СФЕРА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И РАБОТНИ ОДНОСИ
41
СМЕТКОВОДСТВО 6) СМЕТКОВОДСТВО НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ПОВЕЌЕГОДИШНИ НАСАДИ
54
ИНФОРМАЦИЈА - СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ 7) НОВИ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ ВО ОБЛАСТА НА СПРЕЧУВАЊЕТО НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
66
ФИСКАЛИЗАЦИЈА 8) ИЗМЕНИ НА ПОСТОЕЧКИ И НОВОДОНЕСЕНИ ПРАВИЛНИЦИ ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА ВО ПРИМЕНА ОД 31.07.2016 ГОДИНА
68
ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ 9) ПРИМЕНА ОД 1.1.2017 ГОДИНА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО САУДИСКА АРАБИЈА
73
10) РАТИФИКУВАН ДОГОВОР ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ
74
ДАНОК НА ДОБИВКА И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 11) НОВОПРОПИШАНИ ОБРАСЦИ ЗА БАРАЊЕ НА ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ (ДД-07 И ПДД-02) И ЗА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ПЛАЌАЊЕ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД (ПДД-П)
76
зАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
НОВИ процедурални ОБВРСКИ ЗА ПРАВНИте ЛИЦА поврзани со ЗАКОНот ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ
1. И НСТИТУЦИОНАЛНА зАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ
З
аконот за заштита на укажувачи (во натамошниот текст: ЗЗУ) е донесен во ноември 2015 година и објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 196/15 од 10.11.29015 година. Истиот е влезен во сила осмиот ден од денот на објавувањето или на 18.11.2015 година, со одложена примена од 18.03.2016 година т.е. четири месеци од денот на влегувањето во сила.
волонтери, практиканти, лица по договор за дело, корисници на услуги...).
Со ЗЗУ се гарантира заштита на правото на анонимност, доверливост, безбедност и други права на „укажувачи“, под кој законски термин ги препознаваме лицата кои пријавуваат противправни дела од значење за заштита на јавниот интерес. Жаргонски, овие лица се познати како „свиркачи“ (whistleblowers) или дојавувачи и со нивната адекватна заштита им се дава поддршка за таквото постапување со што индиректно се штити и јавниот интерес.
1) Правилникот за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор,
ЗЗУ воведува систем на заштита на укажувачите и на доверливите информации што истите ги пријавуваат (заштитено пријавување) внатре кај работодавачот или надвор во надлежните институции или пак јавно во медиумите на начин што пропишува задолжително воведување и преземање на одредени процедури и мерки од страна на институциите и правните лица од јавниот сектор, но и од приватниот сектор со најмалку 10 вработени. Во тој контекст ЗЗУ обезбедува правна заштита на укажувачите и од јавниот и од приватниот сектор без оглед на природата на нивниот работен ангажман (вработени,
ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
Во меѓувреме се донесени, влезени во сила и во примена и подзаконските прописи со кои нормативно се дополнува ЗЗУ во насока на уредување на постапката на заштита на укажувачите за извршено внатрешно и надворешно пријавување на незаконски дела. Тие прописи се:
2) Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор и 3) Правилникот за заштитено надворешно пријавување, Сите правилници се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 46/16 од 08.03.2016 и влезени во сила на 16.03.2016 година, со прецизирање дека правилниците под 2) и 3) ќе се применуваат од денот на примената на ЗЗУ т.е. од 18.03.2016 година. GODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
14.900 denari
5
ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ДОЗВОЛЕНО И УСЛОВЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ОДРЕДЕНИ СМЕТКИ ВО СТРАНСТВО ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИ РЕЗИДЕНТИ (PAYPAL СМЕТКА) - НОВА ОДЛУКА ВО СИЛА ОД 11 МАРТ 2016 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 42/16 од 3 март 2016 година е објавена нова Одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, која влезе во сила на 11 март 2016 година (осмиот ден од денот на објавувањето) и ја замени претходната Одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство („Службен весник на РМ“, бр. 165/11, 46/12, 87/12, 50/13 и 116/14). о споредба со претходната Одлука, во В новата Одлука се допрецизирани одредени постоечки постапки, но се пропишани и нови основи за отворање и имање на сметка во странска банка (1. за физички лица со постојано место на живеење во Р. Македонија, коишто привремено престојуваат во странство како вработени во дипломатското претставништво во странство и членови на нивни потесни семејства и 2. за наплата на побарувања во странство остварени врз основа на испорака на стоки или извршени услуги по добиени меѓународни тендери). Во продолжение, текстот го базираме на новодонесената Одлука со нагласување на разликите и новините во однос на претходната Одлука. Одлуката ги определува начинот и условите под кои македонските резиденти коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.
kontakt@proagens.com.mk
ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
Сметките се отвораат: 1. кај странски банки како трансакциски сметки (странска банка е правно лице регистрирано и со седиште надвор од Р. Македонија коешто добило овластување за вршење банкарски активности од надлежен орган на земјата); 2. кај небанкарски странски организации како евиденциски сметки за порамнување на меѓусебните побарувања и обврски со нерезиденти (евиденциски сметки) и 3. кај странски електронски сервиси за платежни трансакции.
АЧИН И УСЛОВИ ПОД КОИ РЕЗИДЕНН ТИТЕ КОИШТО НЕ СЕ ОВЛАСТЕНИ БАНКИ, М ОЖАТ СЛОБОДНО ДА ОТВОРААТ И ДА ИМААТ СМЕТКИ КАЈ СТРАНСКИ БАНКИ М акедонски резиденти коишто можат слободно да отвораат и да имаат сметки кај странски банки се: 1. Дипломатски, конзуларни и други претставништва на Р. Македонија во странство коишто се финансираат од Буџетот на Р. Македонија, 2. Физички лица со постојано место на живеење во Р. Македонија, коишто привремено престојуваат во странство повеќе од 3 (три) месеци (претходно не беше определен временскиот престој како услов),
19
СТАТУСНО ПРАВО
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
НОВЕЛИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ДРУШТВАТА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
ОПФАТ НА НОВЕЛАТА НА ЗТД
А
кцентот на најновата измена на Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД) објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 61/16, од 31.03.2016 година, влезена во сила со денот на објавувањето, е ставен на решенијата со кои се уредува постапка за свикување на собирот на содружници, продолжување на минимален рок кој мора да истече од свикувањето до одржување на собрание на акционерското друштво и воведување на режимот на големи зделки кај друштвата со ограничена одговорност. Ова е деветнаесетата по ред измена на ЗТД. 1
ОСВРТ НА НОВИТЕ РЕШЕНИЈА Продолжен рокот кој тече од свикување до одржување на собирот на содружниците Во членот 217 од ЗТД, кој е предмет на најновото новелирање, е регулиран начинот на свикување и местото на одржување на собирот на содружниците. Во ставот 1 на овој член е дефиниран рокот кој мора да измине од денот на свикување до денот на одржување на собирот на содружниците. Овој рок со измената се продолжува на најмалку 30 дена, наместо најмалку осум дена колку изнесуваше пред измената. Според тоа, од денот кога писмената покана, од-
носно другото известување по писмен пат е испратено, до денот на одржување на собирот на содружниците, мора да изминат најмалку 30 дена. Во контекст на ова, треба да се има предвид и постојаното решение од членот 217 став 3 на ЗТД кое дозволува собирот на содружниците да се одржи и да одлучува иако не е свикан уредно и со почитување на наведениот рок, само ако се присутни сите содружници и ако тие не се противат на одржувањето на собирот.
Дефинирана содржината на поканата за свикување на собирот на содружниците Членот 217 од ЗТД се дополни со нов став 2 со кој се врши дефинирање на содржината на поканата, односно известувањето за свикување на собирот на содружниците. Елементи на поканата се: 1) фирма и седиште на друштвото; 2) место и датум на одржување на собирот; 3) податоци утврдени во договорот за основање на друштвото, од значење за присуството на собирот и за начинот на гласање; 4) дневниот ред според кој ќе работи собирот и
1
„Сл. весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. толкув., 6/16, 30/16 и 61/16.
ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
31
ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
РЕЗИДЕНТИ КОИ МОЖЕ ДА ВРШАТ НАПЛАТА И ПЛАЌАЊЕ ВО ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ ВО ТРАНСАКЦИИТЕ СО НЕРЕЗИДЕНТИ - НОВА ОДЛУКА ОД 1 МАJ 2016 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 42/16 од 3 март 2016 година е објавена нова Одлука за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, која влезе во сила на 11 март 2016 година (осмиот ден од денот на објавувањето), но ќе се применува од 1 мај 2016 година, кога ќе ја замени претходната Одлука за условите и начинот под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти („Службен весник на РМ“ бр. 80/06, 42/11, 72/13 и 151/13). Во „Службен весник на РМ“, бр. 48/16 од 11 март 2016 година е објавена исправка на одлуката поради техничка грешка во оригиналниот текст.
При вршењето наплати и плаќања во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, овластените банки и резидентите, кои согласно со закон имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање тероризам, се должни да се придржуваат кон прописите со кои се регулира спречувањето на перење пари и финансирањето тероризам, односно кон Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РМ“ бр. 130/14, 192/15 и 27/16) и неговите подзаконски акти. Во продолжение, текстот го базираме на новодонесената Одлука со нагласување на разликите и новините во однос на претходната Одлука, која е во примена од 1 мај 2016 година.
Во новата Одлука, за разлика од претходната Одлука, е исклучена можноста за резидентите да вршат плаќања во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, по основ на увоз на стоки и услуги, врз основа на издадени одобренија од Народна банка на РМ во случај кога плаќањето не може да се изврши преку банка.
Резидентите можат да вршат наплата во ефективни странски пари од нерезиденти само врз основа на:
длуката ги определува начинот и условиО те под кои трговските друштва, трговците поединци и подружниците на странски правни лица во Р. Македонија (македонските резиденти), можат да вршат наплати и плаќања во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти и документацијата којашто се поднесува до овластените банки за вршење платен промет со странство.
1. Извоз на стоки и извоз на услуги дадени во меѓународниот транспорт, За разлика од претходната Одлука, во која беше дозволена наплата во странска ефектива за извоз на сите услуги, новата Одлука пропишува можност за наплата во странска ефектива само за услугите дадени во меѓународниот транспорт.
ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
ОЗВОЛЕНИ ОСНОВИ ЗА НАПЛАТА Д ВО ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ ОД НЕРЕЗИДЕНТИ
35
СТАТУСНО И ТРУДОВО ПРАВО
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ОДГОВОР НА ПРАШАЊА ОД СФЕРА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И РАБОТНИ ОДНОСИ
I. ТРГОВСКИ ДРУШТВА • Прашање:
Не можам точно да проценам од членот 384 став 7 од ЗТД дали и ДОО мора во Годишниот извештај за работење да ги објават податоците за примањата на управителот или обврската важи само за АД? Одговор:
Одговорот на прашањето е позитивен, а произлегува како резултат од поврзување на неколку одредби од ЗТД. Неспорно е дека и ДОО мора да изготви Годишен извештај за работењето на друштвото во претходната деловна година согласно со членовите: 240 став 2, 215 став 1 точка 1 и 251 од ЗТД, со кои е утврдена обврска на управителот за навремено изготвување на Годишниот извештај за работата на друштвото во претходната деловна година и негово поднесување на собирот на содружниците, за собирот на содружниците е утврдена обврска за усвојување на истиот, во рокот утврден со ЗТД. Дека содржината на Годишниот извештај на ДОО треба да биде усогласена со барањата на членот 384 став 7 од ЗТД и да ги вклучи сите информаци, меѓу кои и обелоденување на примањата на управителот или управителите доколку ДОО има два или повеќе управители, произлегува од членот 477 став 14 од ЗТД кој е систематизиран во општите одредбите на ЗТД со кои е уредена обврската за изготвување и доставување на годишните сметки и финансиските извештаи за сите трИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
говски друштва: големи, средни, мали и микро. Според овој член органот на управување покрај годишната сметка и финансиските извештаи е должен, по завршувањето на секоја деловна година, да изготви и Извештај за работата на друштвото во претходната деловна година со содржината определена во членот 384 став 7 од ЗТД. Значењето на изразот „органот на управување“ е дадено во членот 3 став 1 точка 34 од ЗТД, и под него се подразбира: - в о ДОО: управител, односно управи тели. - в о АД: одбор на директори во едностепениот систем на управување, односно управен одбор или на управител во двостепениот систем на управување. Според член 384 став 7 од ЗТД, во Годишниот извештај за работата на друштвото во претходната деловна година, органот на управување има обврска објективно да ги презентира и да ги објасни главните фактори и околностите коишто влијаеле на определувањето на работењето, а во контекст на прашањето и: примањата на управителот во ДОО (плата, надоместоци на плата, бонус, осигурувања и други права) и на членовите на надзорниот одбор, односно контролорот, доколку ДОО има формирано ваков надзорен орган. Со измената на ЗТД („Сл. Весник на РМ“, бр. 88/15, во сила од 05.06.2015) содржината на членот 384 став 7 се проширува на начин
kontakt@proagens.com.mk
41
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р. Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
СМЕТКОВОДСТВО НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ПОВЕЌЕГОДИШНИ НАСАДИ
С
метководственото следење и известување за работењето од областа на земјоделската активност (евиденција на биолошките средства, земјоделските активности во време на жетва/берба и државните поддршки врзани за биолошки средства кои се вреднуваат по фер вредност) е уредено со МСС 41 - Земјоделство и Оддел 34 на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ) наречен „Специјализирани активности“ 1. Бидејќи наведениот стандард и оддел ги дефинираат само основните поими за сметководствени постапки во земјоделската дејност, се препорачува подетално дефинирање на признавањето и мерењето на приходите и расходите во сметководствените политики на секој субјект. Според дефиницијата на МСС 41 точка 5, земјоделска активност е управувањето од страна на ентитетот со биолошката трансформација и бербата на биолошки средства за продажба или нивна конверзија во земјоделски производ или во дополнителни биолошки средства. Насадите претставуваат биолошки средства. Кога станува збор за повеќегодишни вложувања кои во процесот на работењето се користат подолго од еден пресметковен период, истите се евидентираат како повеќегодишни
биолошки средства. Вложувањата во повеќегодишните насади (лозја, овоштарници, плантажи на маслинки, трски, памук, разни грмушки, цвеќе и слично) се за одредени биолошки трансформации. Тие трансформации се состојат во создавање на дополнителни биолошки средства (дрвја, грмушки и слично) и/или производство на земјоделски производи (овошје, грозје, маслинки, лисја, памук и слично). На пример вложувања во повеќегодишни насади можат да резултираат во добивање на додатен подмладок (овошки) кои по одредена постапка може да се евидентираат како вложувања во повеќегодишни насади. Понатаму, тие вложувања резултираат во создавање на земјоделски производи овошја (круши, јаболки, сливи, цреши и слично). Сметководственото следење до моментот на собирањето на плодовите, се врши согласно со МСС 41 (или Оддел 34). Значи МСС 41 (и Оддел 34) се применуваат кај земјоделските производи кои ги претставуваат собраните плодови на биолошките средства на ентитетот, само во моментот на бербата. По бербата/собирањето на плодовите/ се применуваат одредбите од МСС 2 - Залихи, односно Оддел 13 на МСФИ за МСЕ. Понатамошната преработка на земјоделските производи (во случајов овошје) исто така е во надлежност на МСС 2, односно Оддел 13, иако претставува логична и природна последица на земјоделската активност. Такви се на при-
Одделот 34 ги дава насоките за финансиско известување од страна на МСЕ кои се занимаваат со три
1
вида на специјализирани активности - земјоделство, екстрактивни индустрии и аранжмани на концесија на услуги.
54
www.proagens.mk
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
НОВИ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ ВО ОБЛАСТА НА СПРЕЧУВАЊЕТО НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 36/16 од 25 февруари 2016 година се објавени четири нови подзаконски акти на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РМ“, бр. 130/14, 192/15 и 27/16), кои влегоа во сила на 26 февруари 2016 година (наредниот ден од денот на објавувањето). Новодонесените подзаконски акти се следните: 1) Правилник за карактеристиките на софтверот за автоматска обработка на податоците, со чие влегување во сила престана да важи претходниот Правилник за карактеристиките на софтверот за автоматска обработка на податоци („Службен весник на РМ“, бр. 12/11); 2) Правилник за содржината на извештаите за сомневањата кои се доставуваат до Управата за финансиско разузнавање, со чие влегување во сила престана да важи претходниот Правилник за содржината на извештаите кои се доставуваат до Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РМ“, бр. 38/09), 3) Правилник за содржината на податоците кои нотарите, банките, осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот и правните и физички лица чија дејност е купопродажба на возила ги доставуваат до Управата за финансиско разузнавање и начинот на нивно електронско доставување, со чие влегување во сила престана да важи претходниот Правилник за содржината и формата на податоците кои субјектите ги доставуваат до Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и начинот на нивно електронско доставување („Службен весник на РМ“, бр. 140/10) и 4) Правилник за содржината на извештајот за готовинска трансакција и поврзани готовински трансакции во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе. 66
1. Правилник за карактеристиките на софтверот за автоматска обработка на податоците Правилникот, во сила од 26.2.2016 година, ги пропишува карактеристиките на софтверот за автоматска обработка на податоците, кој банките се должни да го стават во употреба согласно со членот 34 на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РМ“, бр. 130/14, 192/15 и 27/16) - ЗСП. Информатичкиот систем за автоматска обработка на податоците како независен од централниот систем за банкарско работење на банката, се состои од: - база на податоци за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и - софтверско решение за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Овој информатички систем е наменет за потребите на Одделот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во банката.
2. Правилник за содржината на извештаите за сомневањата кои се доставуваат до Управата за финансиско разузнавање Овој Правилник, во сила од 26.2.2016 година, ја пропишува содржината на извештаите за сомневањата од членот 30 став 2 на ЗСП, кои се однесуваат на случаите кога субјектите-обврзници за известување на Управата за финансиско разузнавање, треба да ја известат истата кога се сомневаат или имаат основи за сомневање дека: - било или е извршено перење пари и/ или финансирање на тероризам или е направен обид или се прави обид за перење пари и/или за финансирање на тероризам, без оглед на износот на трансакцијата; - имотот е принос од казниво дело;
www.proagens.mk
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
ИНФОРМАЦИЈА
ИЗМЕНИ НА ПОСТОЕЧКИ И НОВОДОНЕСЕНИ ПРАВИЛНИЦИ ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА ВО ПРИМЕНА ОД 31.07.2016 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 61 од 31 март 2016 година се објавени четири нови правилници од областа на фискализацијата, донесени врз основа на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“ бр. 31/01 ... и 23/16; У. суд - 156/14), како и измени и дополнувања на Правилникот за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка, образец на фискално лого, документот касова сметка за сторна трансакција, формата и содржината на книгата за дневни финансиски извештаи, начинот за одобрување и продолжување на дозволата на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, начинот на одземање на дозволата за одобрување на производството и продажбата на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем на управување, постапката и документацијата за нивно одобрување за производство и продажба, елементите на фискалната сметка, начинот на проверка и контрола на фискалните апарати и правилата за техничко одржување и сервисирање на истите, формата и содржината на барањето за добивање овластување за вршење на контрола и проверка на функционалните и техничките карактеристики на фискалниот систем на опрема и потребната документација („Службен весник на РМ“ бр. 168/14; во понатамошниот текст: Правилник за фискализација), кои влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето т.е. на 8 април 2016 година, но се применуваат од
68
31 јули 2016 година, како датум на започнување на примената на Законот за измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовинските плаќања („Службен весник на РМ“ бр. 23/16), врзан со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка („Службен весник на Р. Македонија“, бр. 124/15). За последните законски измени прочитајте повеќе во ИНФОРМАТОР број 2/2016. Новите четири правилници се следните: 1) Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за одобрување на производство и продажба на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, 2) Правилник за формата и содржината на барањето за продолжување на рокот на важност на дозволата за одобрување на производство и продажба на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, 3) Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на одобрени и регистрирани фискални системи на опрема, 4) Правилник за образецот на пријавата за заверка на парагон блок и итна сметководствена книга.
змени и дополнувања И на Правилникот за фискализација Последните измени и дополнувања на Правилникот за фискализација, кои ќе се применуваат од 31.7.2016 година, се извршени заради усогласување со последните законски промени (23/16), а се однесуваат на овластените производители/продавачи на одобрен
www.proagens.mk
ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ
ПРИМЕНА ОД 1.1.2017 ГОДИНА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО САУДИСКА АРАБИЈА
В
о „Службен весник на РМ“ број 57 од 25 март 2016 година е објавена Објавата на Министерството за надворешни работи, според која Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Саудиска Арабија за одбегнување на двојното оданочување по однос на даноците на доход и заштита од даночна евазија (“Службен весник на РМ”, бр. 130/15), влегува во сила на 1 мај 2016 година и согласно со членот 28 на договорот се применува од 1 јануари 2017 година.
Одредбите на договорот се важни од аспект на задржаниот данок и персоналниот данок, кои се одбиваат од одредени приходи што ги остваруваат странски правни и физички лица, поточно на примената на даночните олеснувања и ослободувања што ги овозможува договорот (преку спроведување на процедурата во УЈП, пропишана со прописите за данокот на добивка, односно за персоналниот данок, пред исплатата на приходот), кои имаат предност пред националната легислатива.
Преглед на даночните стапки за приходите од авторски права, камати, дивиденди и други приходи Договор склучен меѓу Р. Македонија и САУДИСКА АРАБИЈА Држава
Предмет Приходи на договор од авторски права (член 12)
САУДИСКА АРАБИЈА
1) Персонал. данок
10% од бруто износ
2) Данок на добивка
Приходи од дивиденда (член 10)
Други приходи (член 22)
5% од бруто износ
5% од бруто износот
0%
или 0% ако: доходот го исплатува Владата на РМ, административна подединица, локална власт или централна банка на РМ, или др. финанс. институција во целосна сопственост на Владата на РМ или ако доходот се исплатува на Владата на С. Арабија, административна подединица, локална власт или централна банка на СА, или др. финанс. институција во целосна сопственост на Владата на С. Арабија
kontakt@proagens.com.mk
ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
Приходи од камата (член 11)
02/ 3162-979 i 3298-763
73
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
едукација
РАТИФИкУВАН ДОГОВОР ЗА ОДБеГНУВАЊе НА ДВОјНО ОДАНОЧУВАЊе СО ОБеДИНеТИТе АРАПСкИ еМИРАТИ
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 63 од 1 април 2016 година е објавен нов Закон за ратификација на:
- Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски емирати за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход. Одредбите на новиот договор се важни од аспект на задржаниот данок и персоналниот данок, кои се одбиваат од одредени приходи што ги остваруваат странски правни и физички лица, поточно на примената на даночните олеснувања и ослободувања што ги овозможува договорот (преку спроведување на пропишаната процедура со прописите за данокот на добивка, односно за персоналниот данок, пред исплатата на приходот), кои имаат предност пред националната легислатива.
kontakt@proagens.com.mk
Според член 29 од договорот, државите договорнички меѓусебно се известуваат, во писмена форма, по дипломатски пат, за исполнувањето на домашните законски постапки потребни за влегување во сила на овој договор. Договорот ќе влезе во сила на датумот на прием на последното известување. Договорот ќе се применува на или после 1-ви јануари во календарската година што следува по датумот на кој договорот влегува во сила (на пример, ако процедурата за ратификација и во двете држави договорнички е завршена, при што секоја од државите, по дипломатски пат, ја известила другата држава договорничка за ратификацијата, со тоа што последното /второто/ известување е со датум до крај на 2016 година, договорот ќе почне да се применува од 2017 година.) Министерството за надворешни работи ќе го објави датумот на почетокот на примена на горенаведениот договор во “Службен весник на РМ”.
О!
Т Ак
ЛН Уе
СОВеТУВАЊе од 12 до 15 мај 2016 година (четврток - недела) во Белград, Србија во х. „88 ROOMS“, 4*
www.88rooms.com
74
www.proagens.mk
ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ
Преглед на даночните стапки за приходите од авторски права, камати, дивиденди и други приходи Договор склучен меѓу Р. Македонија и ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Држава
Предмет на договор
ОБЕДИНЕТИ 1) Персонал. данок АРАПСКИ ЕМИРАТИ 2) Данок на добивка
Приходи од авторски права (член 12)
Приходи од камата (член 11)
5% од вкупен износ или 0% ако:
5% од вкупен износ или 0% ако: се исплатува на другата држава, нејзината локална влада, локалните власти или нивните финансиски институции, Централна банка, Инвестициски фонд на Абу Даби, Инвестициски совет на Абу Даби, Канцеларијата на Абу Даби, Меѓународната нафтена инвестициска компанија, Инвестициската компанија на Дубаи, Развојната компанија Мубадала, Инвестицискиот фонд на ОАЕ, холдинг компанијата Ал Дафра или др. институција основана од владата, локалните власти или локалната влада, која е составен дел на Владата.
се исплатува на другата држава, нејзината локална влада, локални власти или Централна банка, Инвестициски фонд на Абу Даби, Инвестициски совет на Абу Даби, Канцеларијата на Абу Даби, Меѓународната нафтена инвестициска компанија, Инвестициската компанија на Дубаи, Развојната компанија Мубадала, Инвестицискиот фонд на ОАЕ, холдинг компанијата Ал Дафра или др. институција
Приходи Други од дивиденда приходи (член 10) (член 21) 5% од вкупен износ или 0% ако: се исплатува на другата држава, нејзината локална влада, локалните власти или нивните финансиски институции, Централна банка, Инвестициски фонд на Абу Даби, Инвестициски совет на Абу Даби, Ме-
Делови од доход на резидент на држава договорничка, без оглед на тоа каде настануваат, кои не се опфатени со други членови на договорот и кои настануваат во државата договорничка, се оданочуваат само во таа држава
ѓународната нафтена инвестициска компанија, Инвестициската компанија на Дубаи, Развојната компанија Мубадала, Инвестицискиот фонд на ОАЕ, холдинг компанијата
основана од владата,
Ал Дафра или др.
локалните власти или
институција основана
локалната влада, која
од владата, локалните
е составен дел на
власти или локалната
Владата.
влада, која е составен дел на Владата.
GODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2016
14.900 denari
02/ 3162-979 i 3298-763
kontakt@proagens.com.mk
75
Пр фесионална
Едукација
Агенција Про Агенс
НОВОПРОПИШАНИ ОБРАСЦИ ЗА БАРАЊЕ НА ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ (ДД-07 И ПДД-02) И ЗА БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ПЛАЌАЊЕ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД (ПДД-П)
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 66 од 5 април 2016 година се објавени три нови правилници и обрасци, кои ги заменуваат претходните правилници и обрасци од 31 јули 2016 година, како датум кога ќе почнат со примена последните измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка ЗДД („Службен весник на РМ“ бр. 23/16), односно на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“ бр. 23/16), кои се поврзани со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка („Службен весник на Р. Македонија“, бр. 124/15). Новите правилници, во примена од 31.7. 2016 година, се следните: 1) Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (го пропишува новиот образец ДД-07), го заменува Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување („Службен весник на РМ“, бр. 174/14),
2) Правилник за формата и содржината на барањето за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања (го пропишува новиот образец ПДД-02), го заменува Правилникот за формата и содржината на образецот на барање-
76
то за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања („Службен весник на РМ“, бр. 162/11 и 201/14), 3) Правилник за формата и содржината на барањето за паушално плаќање на персонален данок на доход (го пропишува новиот образец ПДД-П), го заменува Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за паушално плаќање на персонален данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 162/11). НОВ ОБРАЗЕЦ ДД-07 (БАРАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА ВОВЕДЕН ОДОБРЕН ФИСКАЛЕН СИСТЕМ) Согласно со членот 30 на ЗДД, на обврзникот кој е должен, согласно со членот 2 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања, да воведе и да користи фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување му се намалува пресметаниот данок за набавени до десет фискални апарати, во висина на нивната вредност. Доколку обврзникот даночното ослободување не го искористи до крајот на тековната година, има право да го пренесе во наредниот период. Ова право обврзникот го остварува со одобрение од Управата за јавни приходи по поднесено барање до 20 јануари наредната година, по годината за која барањето се поднесува. Управата за јавни приходи е должна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка да постапи по барањето.
www.proagens.mk