ИНФОРМАТОР БРОЈ 4 АПРИЛ 2017 ГОДИНА

Page 1


4

АПРИЛ 2 0 1 7

www.proagens.mk

S O D R @ I N A: ДАНОК НА ДОБИВКА 1) ОД 1 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА - НОВ ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ НА ЛИЦА АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ОБВРЗНИК НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

5

ТРГОВСКО ПРАВО И ДАНОЦИ 2) РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА, ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА И НЕЈЗИН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

12

ДАНОК НА ДОБИВКА 3) ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА 2017 ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА НА НОВ ДАНОЧЕН БИЛАНС – ОБРАЗЕЦ ДБ

44

ДАНОЦИ 4) ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИМАЊАТА НА ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ - ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

50

ТРУДОВО ПРАВО 5) ТЕРЕНСКИ ДОДАТОК И НАДОМЕСТОК ЗА ОДВОЕН ЖИВОТ ВО ПРИВАТНИОТ И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

61

УГОСТИТЕЛСТВО 6) ПРОМЕТ НА ХРАНА ИЛИ УГОСТИТЕЛСКА УСЛУГА?

81




ДАНОК НА ДОБИВКА

 

М-р Павле ГАЦОВ Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ОД 1 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА - НОВ ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ НА ЛИЦА АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ОБВРЗНИК НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА Вовед

С

о последната измена и дополнување на Законот за данокот на добивка 1 (190/2016, во сила од 17.10.2016 година) што се применува од 1 јануари 2017 година, во делот на дефинирањето на категоријата непризнаени расходи за даночни цели беше додадена и дефиницијата за даночниот третман на трошоците за сместување и превоз на лица кои не се вработени кај домашниот исплатувач, обврзник на данокот на добивка. Од контекстот се подразбира дека се работи за граѓани во улога на ангажирани лица од страна на обврзник на данокот на добивка. Законодавецот продолжува да го користи терминот „исплатувач“ за обврзникот на данокот на добивка иако плаќањето не претставува услов за даночно признавање на расходите. Имено согласно со стандардите за финансиско известување/сметководствените стандарди, 2 настанувањето на должничко-доверителен однос и неговата документираност во сметководствена смисла се двата најважни услови за квалификување на соодветните расходи. Плаќањето е секундарен услов кој би имал важност само ако во време на настанувањето на деловната трансакција е јасно дека трошокот нема да биде платен.

Документираните трошоци за сместување и превоз на физички лица кои паѓаат на товар на домашниот исплатувач преставуваат даночно признаен расход Согласно со новата точка 3-а) на членот 9 став (1) од Законот за данокот на добивка обврзниците на данокот на добивка, од 2017 година имаат можност трошоците за: - сместување (на база ноќевање или ноќевање со појадок) и - превоз на лица (резиденти и нерезиденти) кои не се вработени кај домашниот исплатувач (обврзник на данокот на добивка), а кои се ангажирани во врска со извршување на работа кај исплатувачот во функција на неговата дејност. да ги третираат како неоданочиви, односно истите да не ги вклучуваат во основата за оданочување со данок на добивка доколку се соодветно документирани. Со последната измена на Правилникот за данокот на добивка 3 (31/2017, во примена од 1 јануари 2017 година) извршено е прецизирање на категоријата документираност како доказна основа за признавање на функционалноста на овие трошоци за обврзниците на данокот на добивка.

1

„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, Автентично толкување на Собрание на РМ на членовите 28 и 51 - 44/15, 129/15, 23/16 и 190/16.

2

Според членот 7.2 од Законот за данокот на добивка: Основата за пресметување на данокот од добивка се утврдува како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството и сметководствените стандарди.

3

„Службен весник на РМ“, бр. 171/14 и 31/17.

ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2017

5


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Данијела ЈАЌИМОВИЌ Praven sovetnik

М-р Павле ГАЦОВ Даночен советник

Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik

РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА, ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА И НЕЈЗИН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН 1. ВОВЕД „Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Овој текст ги елаборира актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Исплатата на дивиденда е прашање за коешто се расправа и кое во детали се дефинира на годишното собрание (собир) на оние трговски друштва што искажале нето добивка (немаат непокриена загуба) и имаат позитивен став кон распределбата на дивиденда, а кое прашање претходно го вклучиле како точка во предложениот дневен ред на годишното собрание на акционерите, односно на годишниот собир на содружниците. Дефиниција: „Дивиденда е дел од добивката на друштвото којашто се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции.“ Ова е дефиницијата на дивиденда утврдена во членот 3 став 1 алинеја 10 од Законот за трговските друштва 1 (во продолжение на овој текст: ЗТД). 1

Дивиденда е еден од двата начини врз основа на кои инвеститорите остваруваат принос од своите вложените средства (вториот е капитална добивка т.е. разлика меѓу куповната и продажната цена на уделот, односно разлика меѓу куповната и продажната цена на хартиите од вредност). Друштвото нема обврска за исплата на дивиденда и покрај позитивниот финансиски резултат. Но, исплатата на дивиденда е наједноставен начин друштвото да ги задоволи постојните сопственици на капиталот (акционери/содружници), а при тоа за себе да направи најдобра реклама и пред потенцијалните инвеститори. Иако на пазарот на капиталот во Македонија с# уште не преовладуваат компании кои редовно исплаќаат дивиденда, нивниот број постепено се зголемува. Поради тоа е важно вложувачите да знаат кој, кога и како има право да учествува во распределба на добивката т.е. да добие дивиденда. Во продолжение посветуваме нужно внимание токму на распределбата и исплатата на дивиденда опфаќајќи ги одредбите од ЗТД како и одредбите од актуелната даночна регулатива по однос на ова прашање.

02/ 3162-979 i 3298-763

„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15 - авт. толкув., 6/16, 30/16 и 61/16; Укинати членови на ЗТД со одлуки на Уставниот суд на РМ: член 11 став 3 и член 14 став 3 точка 4 - 71/06; член 14 став 3 точка 3 и член 18 став 2 точка 3 - 17/09; член 29 став 2 точка 3 - 23/09; 29 став 2, точка 5 - 8/11; 234 став 2 точка 5 - 21/11.

12

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4М-р Павле ГАЦОВ

Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА 2017 ГОДИНА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА НА НОВ ДАНОЧЕН БИЛАНС – ОБРАЗЕЦ ДБ

Вовед

В

о „Службен весник на РМ“, бр. 31/17 од 13.3.2017 година е објавен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување. Правилникот е во сила од 14 март, кој ќе се применува со утврдувањето на данокот на добивка во Даночниот биланс за 2017 година. Составен дел на овој Правилник е и НОВИОТ образец „ДБ – Даночен биланс за оданочување на добивка“. Новиот образец ДБ има вкупно 14 нови полиња во однос на стариот (вкупно 66 полиња од кои 57 за внесување на износи, 8 полиња за збирови на износите и едно поле (IX наслов без АОП). Новиот Даночен биланс е во функција на оперативната примена на последната измена и дополнување на Законот за данокот на добивка (190/2016, во сила од 17.10.2016 година), кој исто така е во примена од 1 јануари 2017 година. Новата содржина на образецот овозможува да се примени посебниот даночен третман на: - трошоците за сместување и превоз на лица кои не се вработени кај домашниот исплатувач, како и

- сите законски модалитети за даночно поттикнување на субјектите од спортот.

Кои позиции се нови во Даночен биланс што се применува од 2017 година? Заради полесно согледување на новите позиции во Даночниот биланс што ќе се применува за 2017 година, истите ќе ги разгледаме по групи и страници (од аспект на самиот образец - предна и задна страница). I. ПРЕДНА СТРАНИЦА – Непризнаени расходи за даночни цели На првата (предна) страница од новиот образец ДБ, во групата II Непризнаени расходи за даночни цели додадени се ДВЕ нови позиции (полиња) а една позиција е доуредена (дообјаснета). Две нови позиции - р еден број 4 - Трошоци за сместување и превоз за невработени лица кои не се документирани согласно член 9 став (1) точка 3-а) од ЗДД (АОП 06) Потсетуваме дека согласно со новата точка 3-а) на членот 9 став (1) од Законот за данокот на добивка и член 4 став 2 алинеја 3 од Правилникот за данокот на добивка, од 2017 година, обврзниците на дано-

1

„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, Автентично толкување на Собрание на РМ на членовите 28 и 51 - 44/15, 129/15, 23/16 и 190/16.

2

Правилник за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното

44

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРИМАЊАТА НА ЧЛЕНОВИ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ - ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

О

рган на управување на друштво, согласно со Законот за трговските друштва - ЗТД („Службен весник на РМ“, бр. 28/04 .... и 61/16), претставува орган кому му е доверено управувањето на друштвото. Кај акционерските друштва, тоа е одборот на директори во едностепениот систем на управување, односно управниот одбор или управител во двостепениот систем на управување. Кај друштвата со ограничена одговорност, орган на управување е управителот, односно управителите. амо извршните членови на одборот на С директори во едностепениот систем на управување се со управувачка функција (со статус на менаџери) еднакво на членовите на управниот одбор во двостепениот систем на управување, додека неизвршните членови на одборот на директори имаат контролна функција (не се менаџери) еднакво на членовите на надзорниот одбор во двостепениот систем на управување. леновите на органот на управување (меЧ наџери), согласно со членот 365 на ЗТД, имаат право на награда во вид на: - плата (оние кои се во работен однос во друштвото), односно месечен надомест (кои не се во работен однос во друштвото), - п раво на осигурување на живот и на друг вид осигурување, - надоместок на патни и на други трошоци и - други права.

50

Исто така, на членовите на органи на управување може да им се одобри учество во добивката, кое, по правило, се состои од учество со дел од годишната добивка на друштвото (исплата во пари, акции, тантиема, бонус или друг начин). За вработените членови на органи на управување, учеството во добивката се исплатува во рамки на платата како исплата по основ на деловна успешност на работодавачот. Одобреното учество во годишната добивка на друштвото се пресметува на делот од годишната добивка што останува по намалувањето на остварената добивка за износот од вкупните загуби пренесени од претходните години и за износите што се издвојуваат за законски и за статутарни резерви. Средствата што се исплатуваат на членовите на органот на управување, односно на управителот, се трошоци на работењето на друштвото. За посебно доверени работи што за друштвото ги извршил член на органот на управување, односно управител, може да му се признае дополнителна награда, која исто така се исплатува на товар на трошоците на работењето (за вработените членови на органи на управување, истата се исплаќа во рамки на нивната плата). Напомена:

Повеќе за содржината на т.н. менаџерски договор, правата и обврските на членовите на органите на управување, прочитајте во списанието „Информатор“ бр. 2/2016, страна 40, во текстот „Менаџерски договор“.

www.proagens.mk


ТРУДОВО ПРАВО

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ТЕРЕНСКИ ДОДАТОК И НАДОМЕСТОК ЗА ОДВОЕН ЖИВОТ ВО ПРИВАТНИОТ И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

1. НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

Т

еренски додаток и надоместок за одвоен живот претставуваат право на работникот наменето за покривање на зголемените издатоци на животот произлезени од вршење на работа надвор од седиштето на друштво/седиштето на деловната единица (подружница), односно надвор од живеалиштето/редовно престојувалиште, по одлука (налог) на работодавачот или врз основа на договорот за вработување. Двата надоместоци на трошоци од работен однос се уредени со Законот за работните односи (во натамошниот текст: ЗРО 1), посебните законски прописи кои важат за одредени категори на вработени (административни службеници, избрани или именувани функционери), колективните договори (општите, гранските, на ниво оддел и на ниво на работодавач) во поглед на критериумите за исплата, висината, основицата и рокот за пресметување и исплата.

ЗРО, покрај овие два надоместока, утврдува право на работникот на надоместување на трошоците и за: службено патување; користењето на приватен автомобил за службени патувања; смрт на работникот или член на неговото семејство; отпремнина при одење во пензија и јубилејни награди, со укажување дека висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор. Во продолжение е даден осврт на актуелните одредби за теренски додаток и надоместокот за одвоен живо во законските и подзаконските прописи и колективни договори за вработените во приватниот сектор и во јавниот сектор, со прикажување на даночниот третман на истите.

2. ТЕРЕНСКИОТ ДОДАТОК И НАДОМЕСТОКОТ ЗА ОДВОЕН ЖИВОТ ВО ОПШТИТЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ 2.1. Опфат на субјектите за кои е задолжителна примената на општите колективни договори Во ЗРО, правото на работникот на надоместување на трошоците поврзани со работата е утврдено со членот 113, врз принцип на таксативно набројување на трошоците, без подетално уредудување на оваа проблематика, со укажување дека висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор. 1

„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16; како и 12 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06 (исправка-66/06), 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16.

ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2017

61


УГОСТИТЕЛСТВО

4 Др. Рефика

МУРИЌ

 

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРОМЕТ НА ХРАНА ИЛИ УГОСТИТЕЛСКА УСЛУГА?

1. ВОВЕД

У

гостителската дејност е специфична заради посебниот начин на пружање на угостителските услуги, уреден со Законот за угостителската дејност 1, посебниот начин на сметководствено евидентирање на истата и на крајот, поради посебниот даночен третман (оданочување на извршениот промет - услугата, дел со 5%, а дел со 18% ДДВ). Самата дејност, претставува давање на услуги (сместување, послужување на храна и пијалоци) со елементи на производство и промет. Делот на услугата која се состои од подготовка и послужување на храна, генерално се оданочува со општата стапка на ДДВ (18%). Од друга страна, прометот на производи за човечка исхрана има повластен даночен третман, со 5% стапка на ДДВ. Но, како се чести случаите, угостителските субјекти да вршат класична испорака, достава или продажба на произведената храна, без нејзино послужување, редовно е присутна и дилемата: каков даночен третман да се даде на овие промети, односно дали се тие промет на храна или угостителска услуга. Законот за угостителската дејност (во натамошниот текст: Законот) угостителските услуги ги дефинира како: приготвување и послужување на храна, приготвување оброци заради консумирање на друго место, послужување на алкохолни и безалкохолни пијалаци, приготвување и послужување на топли и ладни напивки и вршење на услуги на сместување. 1

Со оглед на ваквиот опфат на угостителството, дејноста не би можела да се поистовети со трговијата во чии рамки се врши набавка и продажба на добра во неизменета состојба, од причина што во угостителската дејност, храната, често пати и пијалоците, се подготвуваат и послужуваат, со изменета форма, карактеристика и количина. Поради тоа, за нив важи посебниот Закон за угостителската дејност, а одредбите од Законот за трговија, како и со него предвидените обврски за евиденции, не се однесуваат на дејноста во угостителските објекти. Учесници во вршењето на угостителската дејност се правни и физички лица регистрирани за угостителска дејност.

Трговските друштва и трговците поединци кои вршат угостителска дејност (со едно име: „угостители“) дејноста ја запишуваат во трговскиот регистар, додека физичките лица (кои согласно со овој закон вршат „угостителска дејност од мал обем“) се регистрираат во регистрите што се водат во општините и градот Скопје. гостителите ја вршат дејноста според ЗаУ конот за угостителската дејност, пратечките прописи како и Посебните узанси во угостителството и другите деловни обичаи во угостителството и во зависност од видовите и начинот на давање на угостителски услуги во соодветни угостителски објекти. Вршители на угостителска дејност можат да бидат и занаетчии кои се занимаваат со подготовка и послужување на храна.

„Службен весник на РМ“, бр. 62/04, ... и 71/16.

ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2017

81



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.