ИНФОРМАТОР БРОЈ 4 АПРИЛ 2018 ГОДИНА

Page 1


4

АПРИЛ 2 0 1 8

S O D R @ I N A: ТРГОВСКО ПРАВО И ДАНОЦИ 1) РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА, ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА И НЕЈЗИН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

5

www.proagens.mk

ДАНОК НА ДОБИВКА 2) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ДИВИДЕНДАТА ШТО ПОТЕКНУВА ОД ДОБИВКАТА ОСТВАРЕНА ВО ПЕРИОДОТ 2009-2013 ГОДИНА

38

ГРАДЕЖНИШТВО 3) ГРАДЕЖНА ДЕЈНОСТ - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

43




ТРГОВСКО ПРАВО И ДАНОЦИ

Данијела ЈАЌИМОВИЌ Praven sovetnik

 

М-р Павле ГАЦОВ Управител на Агенција “Про Агенс“

Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik

РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА, ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА И НЕЈЗИН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН 1. ВОВЕД „Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Овој текст ги елаборира актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Исплатата на дивиденда е прашање за коешто се расправа и кое во детали се дефинира на годишното собрание (собир) на оние трговски друштва што искажале нето добивка (немаат непокриена загуба) и имаат позитивен став кон распределбата на дивиденда, а кое прашање претходно го вклучиле како точка во предложениот дневен ред на годишното собрание на акционерите, односно на годишниот собир на содружниците. Дефиниција: „Дивиденда е дел од добивката на друштвото којашто се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции.“ Ова е дефиницијата на дивиденда утврдена во членот 3 став 1 алинеја 10 од Законот 1

за трговските друштва 1 (во продолжение на овој текст: ЗТД). Дивиденда е еден од двата начини врз основа на кои инвеститорите остваруваат принос од своите вложените средства (вториот е капитална добивка т.е. разлика меѓу куповната и продажната цена на уделот, односно разлика меѓу куповната и продажната цена на хартиите од вредност). Друштвото нема обврска за исплата на дивиденда и покрај позитивниот финансиски резултат. Но, исплатата на дивиденда е наједноставен начин друштвото да ги задоволи постојните сопственици на капиталот (акционери/содружници), а при тоа за себе да направи најдобра реклама и пред потенцијалните инвеститори. Иако на пазарот на капиталот во Македонија с# уште не преовладуваат компании кои редовно исплаќаат дивиденда, нивниот број постепено се зголемува. Поради тоа е важно вложувачите да знаат кој, кога и како има право да учествува во распределба на добивката т.е. да добие дивиденда. Во продолжение посветуваме нужно внимание токму на распределбата и исплатата на дивиденда опфаќајќи ги одредбите од ЗТД како и одредбите од актуелната даночна регулатива по однос на ова прашање.

„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15 - авт. толкув., 6/16, 30/16 и 61/16; Укинати членови на ЗТД со одлуки на Уставниот суд на РМ: член 11 став 3 и член 14 став 3 точка 4 - 71/06; член 14 став 3 точка 3 и член 18 став 2 точка 3 - 17/09; член 29 став 2 точка 3 - 23/09; 29 став 2, точка 5 - 8/11; 234 став 2 точка 5 - 21/11.

ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2018

5


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

М-р Павле ГАЦОВ Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ДИВИДЕНДАТА ШТО ПОТЕКНУВА ОД ДОБИВКАТА ОСТВАРЕНА ВО ПЕРИОДОТ 2009-2013 ГОДИНА

Вовед

О

д 2014 година, согласно со одредбите на актуелниот Закон за данокот на добивка (112/14, 44/15-Автентично толкување на Собранието на РМ, 129/15, 23/16 и 190/16) повторно беше вратен во примена концептот на годишно оданочување на добивката (корегирана за оданочивите расходи и другите ставки кои учествуваат во формирањето на даночната основа). Иако нов, овој Закон всушност го врати стариот модел на годишно оданочување на модифицираниот финансиски резултат, кој се применуваше заклучно со 2008 година. Модели на оданочување на добивката До 2008 година

Од 2009 до 2013 Од 2014 година наваму година Предмет на оданочување Се оданочуваат даПредмет на оданочување е основата е основата формирана како ночно непризнаени- формирана како збир на добивката збир на добивката од билан- те расходи. од билансот на успех и нефункциосот на успех и нефункционал-ните расходи, односно листа на Данокот на непризнал-ните расходи, односно ода-ночиви расходи, побарувања за наени расходи се листа на оданочиви расходи. одо-брени заеми, премали приходи пресметува преку од поврзани лица,... и сл. Ако е искажана загуба во би- Годишниот Даночен лансот на успех, евентуална биланс на непризаАко е искажана загуба во билансот на основа за оданочување би се нени расходи. успех, евентуална основа за оданочуформирала од поголемиот вање би се формирала од поголемиот Добивката се одаизнос (вишок) на нефункциоизнос (вишок) на нефункционални, ночува само ако се нални, односно оданочиви односно оданочиви расходи, побаруисплатува како дивирасходи. вања за одобрени заеми, премали денда и/или во форприходи од поврзани лица,... и сл.. Данокот се пресметува преку ма на друга распреГодишниот Даночен биланс. делба од добивката. Данокот се пресметува преку Годишниот Даночен биланс. Оданочувањето на добивката до 2008 година и од 2014 година се врши според ист модел

Заради континуитетот во даночниот третман на добивката од една страна и различноста која од денешна гледна точка се однесува САМО на добивката остварена за периодот 20092013 година од друга, се наметнува потреба правните лица-обврзници на данокот на добивка аналитички да го следат салдото на акумулираната добивка остварено за периодот „2009-2013“ заради обврската за нејзино ОДЛОЖЕНО оданочување (во моментот на исплатата како дивиденда, односно друга форма на нејзина распределба). Имено акумулираната добивка од овој 38

www.proagens.mk


градежништво

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

 

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ГРАДЕЖНА ДЕЈНОСТ - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

Г

радежништвото во Македонија, во последните неколку години зема особено голем замав и тоа во најразлични форми на сопствено и договорно градежно производство. Од различните пристапи и договорни односи меѓу учесниците во градењето произлегуваат и различните даночни третмани и потреби за специфично евидентирање на ова работење, кое на крајот продуцира и различен промет, односно завршува како промет на добра или како услуга. Во меѓувреме и сметководственото евидентирање на деловните трансакции во градежништвото добива посебни пишани правила. Со сметководствените стандарди, кои во македонското стопанство фазно се имплементираа, прво „големите стандарди“ а потоа и посебниот стандард што малите и микро субјекти го применуваат од 2012-та година, се оформи сметководствената регулатива на која почиваат и евиденциите во градежништвото. Во овој текст ќе бидат презентирани како сметководствените така и даночните третмани на трансакциите поврзани со градежништвото, по еден краток осврт на поважните одредби од Законот за градење кој поблиску ја уредува оваа дејност.

I. ИЗВЕДБА НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ Г радење, според Законот за градење („Службен весник на РМ“, бр. 130/09, ... и 35/18), е изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, вршење на подготвителни работи, изградба на нова градба, доградба и надградба на постојна градба, реконструкција и адаптација на постојната градба што опфаќа земјени работи, изведување на градежна конструкција, вршење на градежно-инсталатерски работи и градежно-завршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата. Носителот на правото на градење може самиот да гради (доколку ги исполнува условите за изведувач) или да ангажира друго правно лице - изведувач. Можно е, во рамките на соинвеститорски договор, едно или

ИНФОРМАТОР 4 I АПРИЛ 2018

повеќе од лицата соинвеститори (градители) да се изведувачи на градбата или да ја организираат изградбата на заедничкиот објект, со ангажирање на повеќе подизведувачи (по фази на градење) при што, на другите соинвеститори, по завршената градба, ќе им го испорачаат нивниот дел од објектот. Според член 59-д од истиот закон, кога Одобрението за градење се издава на повеќе инвеститори, во одобрението се наведуваат сите инвеститори во идеални или реални делови, врз основа на правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски за градба, заверено кај нотар.

02/ 3162-979 i 3298-763

43



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.