ИНФОРМАТОР број 5 од 2015 година

Page 1


2015

INFORMATOR

www.proagens.mk

5

MAJ

2015


Izdava~:

2015

Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS

Lektor: M-r Kiril ANGELOV Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4

Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс

!

VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 27.04.2015 g.

www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.


АКТУЕЛНО!

СОВЕТУВАЊЕ

од 09 до 13 мај 2015 година (сабота - среда) / 5 дена / 3 полупансиони во Атина, Грција во х. „AMARILIA“ 4* ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО! 1 ден

СКОПЈЕ - АТИНА / Патување (сабота - недела)

Состанок на групата на паркингот пред ВИП хотелот (спроти Скопски саем) во 18:00 часот (09.05.) (сабота). Поаѓање од Скопје во 18:30 часот. Се патува преку граничниот премин Богородица. Ноќно патување.

АТИНА / (недела) 2 ден

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омониа и Синтагма, Парламентот, евзоните, Олимпискиот стадион, храмот на Зевс, (10.05.) Адријановата порта. Посета на Акропол (влез). Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање. 3 ден

АТИНА / Советување / (понеделник)

Појадок. Советување од 10:00 часот. Попладневна посета на Пиреа. Слободно време. (11.05.) Вечера. Ноќевање. 4 ден

АТИНА / Советување / (вторник)

Појадок. Советување од 10:00 часот. Попладневна посета на еден од Атинските молови. (12.05.) Вечера. Ноќевање. 5 ден

АТИНА - ДЕЛФИ - СКОПЈЕ / Патување (среда - четврток)

Појадок. Поаѓање за Скопје во 10 часот. Посета на Delphi, водечки религиозен центар (13.05.) од античко време во кој се наоѓаат храмот на богот Аполон, театарот, стадионот и други објекти од античко време. Пристигнување во Скопје доцна навечер.


Цена на аранжманот:

13.990

денари (ТРИ ПОЛУПАНСИОНИ) по лице во двокреветна соба

За еднокреветна соба се доплатува 6.990 денари.

Цената на аранжманот вклучува: - превоз со стандарден туристички автобус - три полупансиони во хотелот Amarilia Vouliagmeni Athens (4*) - панорамски разглед на Атина и Пиреа - посета со локален водич и ВЛЕЗНИЦA за Acropolis - посета на Delphi

Цената на аранжманот не вклучува: - патничко осигурување (за патниците што немаат осигурување) ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА до: 30-ти април (четврток) 2015 г. Плаќањето на трошоците за хотелско сместување и превоз се врши на сметката на Туристичката агенција „Пилот Травел“: 210 - 0571615201 - 11, кај NLB Тутунска банка. За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Пилот травел и СКТМ Информации на тел. 02/3162-979; 3229-479; www.proagens.mk / е-маил: kontakt@proagens.com.mk Информации на тел. 02/3231-446; 02/3231-556; моб. 070 250-501; факс: 3298-344 е-маил: info@pilottravel.com.mk

http://www.amarilia.gr


СОВЕТУВАЊЕ

ЗА НОВИНИТЕ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И ДАНОЦИТЕ КОИ СЕ ВО ПРИМЕНА ОД 2015 ГОДИНА (Атина, 10-13 мај 2015 година) РАБОТНА ПРОГРАМА 1. РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА - Правен режим на распределбата - Даночна превентива во врска со распределбата - Редослед на распределбата (даночен инжењеринг или ФИФО логика) - Реинвестирање на добивката од 2014-та година за даночни цели - Покривање на загубата (облигација или алтернатива) - Сметководствена евиденција на распределбата 2. ПРАВЕН РЕЖИМ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕВИДИРАНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ 3. НАЈНОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗАПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - Новини во пресметката на платите - Новини во пресметката на придонесите за самовработени лица - Менување на моделите за пресметување на хонорарите 4. НОВИНИ ВО ВРСКА СО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ПРОДАЖБАТА ИЛИ ЗАКУПОТ НА НЕДВИЖНОСТИ ВО РЕГИСТАРОТ ШТО ГО ВОДИ АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ 5. ПРЕСМЕТКА НА ДНЕВНИЦИТЕ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО И ВО ЗЕМЈАТА СПОРЕД НОВИНИТЕ КОИ СЕ ВО СИЛА ОД 2015 ГОДИНА 6. НОВИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ОД ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ а) Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (ЗВОН) - Општи услови за ослободување од придонеси и/или персонален данок - Опфат на категории на невработени - Времетраење на мерката - Различни модели на ослободување - Последици од прекршување на условите за ослободување б) Законот за трансформација во редовен работен однос - Вработување на хонорарци и волонтери во јавниот сектор според Законот за трансформација во редовен работен однос 7. НАЈНОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ - Менување на начинот на искажување на платата во огласот за вработување - Можност за користење на годишен одмор во повеќе делови - Надомест на работник на кој за време на породилно отсуство му престанал договорот за вработување на определено време и - Проширување на инспекцискиот надзор


8. ПОЧЕТОЦИ НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ 9. НОВИНИ И АКТУЕЛНОСТИ КАЈ ДДВ - Најнови предлог измени на Законот за ДДВ - Проширување на „reverse charge“ - Рано предупредување - Даночно планирање во случај на враќање на општата даночна стапка (18%) за оданочување на првиот промет на станови од 2016 година - Третман на примениот промет извршен од физички лица регистрирани за ДДВ - Пресметување на даночна обврска, фактурирање и пријавување на ДДВ од страна на физички лица регистрирани за ДДВ - Воведување на електронски фактури согласно со Законот за ДДВ - Спроведување на странски донации од аспект на ДДВ 10. ОСТАНАТИ НОВИНИ - Предлог измена на Законот за трговија - Предлог измена на Законот за персонален данок на доход - Останати новини 11. СМЕТКОВОДСТВЕНИ И ДАНОЧНИ АСПЕКТИ НА АКТУЕЛНОТО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ - Исплати на вработени и поврзани лица со Исплатувачот - Исплати на надворешни независни лица - Сметководствена евиденција на девизни плаќања со службени платежни картички - Донации кај буџетски корисници - Евиденции кај единките корисници на буџети и фондови регистрирани за ДДВ НАПОМЕНА: За секој учесник на Советувањето е изготвен Прирачник.

ЦЕНИ! Цената на Прирачникот со вклучен ДДВ за ПРЕТПЛАТНИЦИ изнесува 3.200 денари. За втор и нареден примерок, цената изнесува 2.900 денари. За непретплатниците цената на Прирачникот со вклучен ДДВ е единствена и изнесува 3.900 денари. Секој учесник покрај задолжителниот Прирачник добива, работен прибор и кафе. Прирачникот се уплатува на сметката на Про агенс, 210 - 0503940101 - 43, кај НЛБ Тутунска банка. Повикување на број: 445. Третман на претплатник имаат оние коминтенти кои извршиле плаќање на претплатата за 2015 година.


5

www.proagens.mk

S O D R @ I N A: СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 1) ИЗМЕНИ ВО ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРОДУЦИРАНИ ОД НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

8

ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 2) НОВИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ОД ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ

11

РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР 3) ЕВИДЕНЦИЈА НА ЗАКУПОТ НА НЕДВИЖНОСТИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

21

ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ 4) ОБВРСКИ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ (ДОКУМЕНТИ И ЛИЦЕНЦИ)

36

МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ 5) ПРОМЕНИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА ГРЕШКИ (МСС 8 И ОДДЕЛ 10 НА МСФИ ЗА МСЕ)

51

ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ 6) РАТИФИКУВАН ДОГОВОР ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО ВИЕТНАМ 69

64


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

ИЗМЕНИ ВО ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ПРОДУЦИРАНИ ОД НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

1. Усогласување на Законите во функција на новите мерки за поттикнување на вработувањето

8

Заради операционализирање на новите мерки за поттикнување на вработувањето на невработени лица утврдени со Законот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 56/15, во сила од 15.04.2015 година), 1 се внесуваат нови решенија во:  Законот за здравственото осигурување 2 и  З аконот за пензиското и инвалидското осигурување. 3 Новите решенија се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 61 од 17.04.2015 година и влегуваат во сила од 25.04.2015 година, а ќе се применуваат за периодот за којшто е утврдено ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (С.В. 56/15). Новите решенија што ги поврзуваат сите овие закони се однесуваат на вклучување во

систем на задолжително пензиско - инвалидско и здравствено осигурување на повеќе категории на невработени лица за чие вработување работодавачите од приватниот сектор се ослободувуваат од плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок за доход. Во продолжение е даден осврт на новите решенија во Законот за здравственото осигурување и Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

2. Закон за дополнување на Законот за здравственото осигурување Остварување на право на надоместок на плата за време на боледување и други права од задолжителното здравствено осигурување, без плаќање на придонеси според новите мерки Дополнувањето на Законот за здравственото осигурување се однесува на член 15 кој ги дефинира условите под кои осигурениците можат да остварат право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда (бо-

За новите мерки за вработување на невработени лица од повеќе категории, види на стр. 11 од овој Информатор. 2 „Службен весник на РМ“, бр. 25/00, 34/00, 96/00, 50/00, 11/02, 31/03, 84/05, 37/06, 18/07, 36/07, 82/08, 98/08, 6/09, 67/09, 50/10, 156/1, 53/11, 26/12, 16/13, 91/13, 187/13, 43/14, 44/14, 97/14, 112/14, 113/14, 188/14, 20/15 и 61/15 ; (Уст. суд: 104/00, 30/01, 48/01, 109/06, 88/0, 106/07, 45/09 и 14/10). 3 „Службен весник на РМ“, бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15 и 61/15. 1

www.p

roagens.mk


СОЦИЈАЛНO ОСИГУРУВАЊЕ

ледување). Еден од условите од ставот 1 точка 2 на овој член е придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задоцнување од најмногу 60 дена. Бидејќи новите мерки за вработување предвидуваат ослободување од плаќање на придонесот за здравствено осигурување, со внесување на новата одредба во член 15 став 4, се предвидува дека по исклучок осигурениците за кои со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е предвидено ослободување од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување, остваруваат надоместок на плата без уплата на придонесот за задолжително здравствено осигурување за периодот за кој се ослободени од плаќање на придонесите, и тоа: - осигуреници на возраст до 35 години, - о сигуреници на возраст од 35 години до 50 години, - осигуреници на возраст над 50 години, - о сигуреници кои се родители на три или повеќе деца, самохран родител и член на еднородителско семејство, приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Законот за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно со Законот за служба во Армијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот корисници на посебен додаток, - о сигуреници на возраст над 58 години и - с амовработени лица од алинеите 1, 2, 3, 4 и 5 на овој став.

INFORMATOR 5 I MART 2015

  Во истата насока се дополнува и членот 52 од Законот за здравственото осигурување, кој ги уредува контролните ингеренции на ФЗОМ и во тие рамки создава можност за ускратување на правата од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица за кои не е редовно уплатуван придонесот за здравство. Ова ускратување на правата поради неплаќање на придонесот, како исклучок, не може да се споведува во однос на осигурениците за кои со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е предвидено ослободување од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување, за периодот за кој се ослободени од плаќањето.

3. Закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување Стаж на осигурување со вклучен период за кој е утврдено ослободување од плаќање на придонесите според новите мерки Како исклучок од основното правило од член 100 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, според кое во стаж на осигурување се смета времето што осигуреникот го поминал во работен однос, односно на работа врз основа на која бил задолжително осигурен, доколку е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, се внесува став 3, според кој во стаж на осигурување се смета и времето кое осигуреникот го поминал во работен однос или самовработување со полно работно време, за кое е утврдено ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, и тоа: - д о 36 месеци, доколку осигуреникот е на возраст до 35 години; - д о 60 месеци, доколку осигуреникот е на возраст од 35 години до 50 години; - до 60 месеци, доколку осигуреникот е на возраст над 50 години;

9


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

- д о 60 месеци за осигуреници кои се родители на три или повеќе деца, самохран родител и член на еднородителско семејство, приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно одредбите од овој закон, професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно Законот за служба во Aрмијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот корисници на посебен додаток и - д о исполнување на условите за старосна пензија утврдени со овој закон доколку осигуреникот е на возраст над 58 години.

Осигуреници за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонеси не се задолжителни членови на вториот пензиски столб Понатаму, во контекст на уредување на пензиско-инвалидскиот статус на овие категории на осигуреници за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонеси по основ на новите мерки за вработување, следува дополнување на членот 118 со став 5 од Законот за ПИО, според кој осигуренците кои се во работен однос или самовработени лица со полно работно време и за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, не се задолжителни членови во вториот пензиски столб за период за којшто е утврдено ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување.

10

www.p

roagens.mk


ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk

НОВИ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ОД ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ

1. Дополнување на ЗВОН

С

о Законот за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 56 од 07.04.2015 година, во сила од 15.04.2015 година се внесуваат неколку нови членови: 98-г, 98-д, 98ѓ, 98-е и 98-ж во Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (ЗВОН) 1, со кои се утврдува правна основа за новите мерки за поттикнување на вработувањето на неколку категории на невработени лица. Мерките се однесуваат на работодавачите од приватниот сектор кои ќе пристапат кон вработување на лицата опфатени со новите решенија и се состојат од ослободување од плаќање на: - п ридонесите за задолжително социјално осигурување и/или - персонален данок за доход. Новите решенија (мерки) стартуваат со примена од денот на влегување во сила на Законот за дополнување на ЗВОН 15.04.2015 година, со можност работодавачите да аплицираат за нивната примена една година сметано од тој датум (до 14.04.2016 година).

2. Барања за ослободувања од плаќање Ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок од доход се остварува врз основа на претходно поднесено БАРАЊЕ до Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) од страна на работодавачите од приватниот сектор. Барањата за ослободувања од плаќање на придонеси и/или персонален данок од доход ќе можат да се поднесат најдоцна во рок од една година од денот на влегување во сила на Законот за дополнување на ЗВОН (15.04.2015), во кој период ќе треба да започне и користењето на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок од доход по поднесеното барање (член 2 од Законот за дополнување на ЗВОН).

3. Општи услови за ослободување од плаќање на придонеси и данокот Во новиот член 98-г од ЗВОН утврдени се општите услови кои треба да ги исполни работодавачот од приватниот сектор за да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход. Тоа се следните услови:

„Службен весник на РМ“, бр. 37/97, У. суд-4/98, У. суд-14/99, 25/00, 101/00, 50/01, У. суд7/02, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, У. суд-88/07, 102/08, пречистен текст-144/08, 161/08, У. суд-162/08, 50/10, 88/10, У. суд-71/10, 51/11, У. суд-86/11, 11/12, 80/12, 114/12, пречистен текст-153/12, 39/14, 44/14 (2), пречистен текст-112/14, 113/14 и 56/15.

1

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

11


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

- невработеното лице кое сака да го вработи, во последните две години да не било претходно вработено кај истиот работодавач кој ќе користи мерка за ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход;

вработени лица сметано од 15 март 2015 година до денот на вработувањето на нови работници за кои користи ослободување (согласно со новите мерките од членовите 98-д и 98-ѓ), да не го намалил вкупниот број на вработени лица до денот на вработувањето на новите работници;

- да не го намалил бројот на вработени лица сметано од 15 март 2015 година до денот на вработувањето на нови работници за кои користи ослободување (согласно со мерките од членовите 98-д и 98-ѓ), освен во случај на смрт или пензионирање. Доколку работодавачот го зголемил бројот на

- да нема неисплатени плати, придонеси и даноци повеќе од два последователни месеци, што се докажува со ПОТВРДА издадена од Управата за јавни приходи (УЈП) од страна на работодавачот или по пат на размена на податоци по службена должност преку АВРМ.

3.1. ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА ОД УЈП ЗАРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПРИДОНЕСИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ВРЗ ОСНОВА НА НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси

12

ВАЖНО: УЈП на 08.04.2015 година на својата веб страница објави детали околу постапката за издавање на потврда од УЈП заради користење на ослободување од придонеси и персонален данок врз основа на новите мерки за вработување. Работодавачите од приватниот сектор (правно лице, самостоен вршител на дејност или физичко лице) кои сакаат да го оставарат правото да бидат ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход врз основа на новите мерки за вработување, до Агенцијата за вработување на РМ, меѓу другото, треба да достават и Потврда издадена од УЈП како доказ дека немаат неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци.

kontakt@proagens.com.mk

Поднесување на Барање „УЈП-УН-3. 2-25“ заради издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси За издавање на Потврдата, работодавачот од приватниот сектор треба да достави Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси (образец УЈП-УН-3.2-25) кое може да се преземе преку веб страницата на УЈП (види http://www.ujp. gov.mk/mk/obrasci/opis/111) 2. Пополнетото барање УЈП-УН-3.2-25 во хартиена форма се поднесува до надлежната даночна канцеларија на УЈП, според местото на седиштето на барателот - работодавач од приватниот сектор. Барањето УЈП-УН-3.2-25 може да се поднесе и по електронски пат преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, доколку барателот е регистриран корисник. Напомена:

При пополнување на барањето УЈПУН-3.2-25, во полето „описот на барањето“ задолжително да се внесе основот кој треба да гласи: „За ослободување од плаќање

Пополнето Барање е дадено на крајот на овој текст.

2

www.p

roagens.mk


ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

придонеси за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход согласно член 98-г од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.“ Барањето УЈП-УН-3.2-25 се таксира со административни такси во вкупен износ од 50,00 денари. Административната такса може да се плати на уплатница Налог „ПП-50“ или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos“. По праќањето на пораката повратно се добива Трансакциски код кој се состои од 10 бројки. Со цел барањето УЈП-УН-3.2-25 да не содржи формални недостатоци, потребно е истото да биде уредно пополнето. Задолжително треба да бидат пополнети податоците за идентификација и да биде приложена уплатница за извршена уплата на административна такса или да биде наведен трансакцискиод код за плаќање со СМС порака и барањето да биде потпишано. По уредно пополнетото Барање, УЈП на обврзникот ќе му издаде Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси. Прилози кон Барањето Кон Барањето треба да се приложат следните прилози: • Доказ за извршена уплата на административна такса, со налог ПП 50 или трансакциски код преку мобилен телефон • Полномошно - доколку барањето го поднесувате како овластено лице/полномошник на даночниот обврзник • Решение за наследување - доколку барањето го поднесува граѓанин/физичко лице како законски наследник на даночниот обврзник • Дозвола за престој - доколку барањето го поднесува странско физичко лице со дозвола за престој во РМ. Доколку барањето УЈП-УН-3.2-25 го поднесувате во писмена форма, прилозите се приложуваат кон Барањето. INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

Доколку барањето го поднесувате по електронски пат, прилозите скенирани се прикачуваат кон барањето како прилог. Напомена:

Доколку кон Барањето не се приложени потребните докази, ќе се смета дека барањето има формални недостатоци.

Барање со формални недостатоци Како формален недостаток се смета доколку во Барањето УЈП-УН-3.2-25 не се наведени податоците за идентификација, не е означен ниту еден основ за поднесување на барањето, доколку се означени повеќе основи, доколку нема приложено доказ за извршена уплата на административна такса или нема наведено трансакциски код за плаќање со СМС порака, нема приложено полномошно, решение за наследување или дозвола за престој (во случаите кога барањето го поднесува граѓанин/ физичко лице) или доколку барањето не е потпишано. Доколку Барањето има формални недостатоци, УЈП до поносителот ќе достави Известување за формални недостатоци на поднесок, со кое ќе се побара во определен рок да ги отстрани формалните недостатоци. Известувањето ќе биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето (доколку сте го поднеле во писмена форма) или на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат. Напомена:

Доколку барањето е доставено електронски, по отстранување на формалните недостатоци преку http://etax.ujp.gov.mk се поднесува ново барање. Во новото барање се чекира полето “Исправка“ и се пополнува архивскиот број на првоподнесеното барање. За новото барање не треба да се уплати административна такса. Доколку формалните недостатоци не се отстранат во дадениот рок, УЈП ќе донесе Заклучок за отфрлање на поднесок. Заклучокот

13


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ќе ви биде доставен по пошта на вашата адреса наведена во Барањето, односно на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат. Издавање на Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси

14

УЈП ќе издаде Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси во која ќе ги наведе износите на сите видови пријавени, неплатени обврски за даноци, придонеси и други давачки за кои е надлежна УЈП (РДТ и глоби за даночни прекршоци) со состојба на денот кога се издава Потврдата, според податоците на даночната евиденција на УЈП. Потврдата ќе биде доставена по пошта на вашата адреса наведена во Барањето доколку сте го поднеле во писмена форма. Доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат, Потврдата ќе ви биде доставена скенирана на вашата е-пошта, а на ваше барање примерок од Потврдата ви се доставува и во хартиена форма. Рокот за издавање на Потврдата е веднаш или во рок од 15 дена од денот на поднесување на Барањето. Случаи кога УЈП нема да издаде Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси Управата за јавни приходи ќе издаде Потврда за статус на даночен обврзник, доколку утврди дека лицето не е даночен обврзник, нема пријавено остварени приходи по било кој основ и поради тоа нема даночни обврски. Потврдата ќе ви биде доставена по пошта на вашата адреса наведена во Барањето, односно на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

4. Категории на лица за чие вработување може да се користи ослободување од придонеси и/или персонален данок Во членовите: 98-д и 98-ѓ од ЗВОН се утврдени пет к атегории на лица за чие вработување работодавачите можат да ги користат

www.p

новите мерки за ослободување од плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок за доход. Овие категории на лица се класифицирани според посебните услови во поглед на возраста, работниот стаж, социјалниот статус и другите параметри, како што е дадено во продолжение. Со член 98-е став 7 на самовработените лица им се дадава можност за користење на новите мерки за ослободување од плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок за доход.

А. Прва категорија се невработени лица до 35 годишна возраст кои претходно: - немале заснован работен однос или - имале заснован работен однос, но не најмалку три месеци пред вработувањето согласно со оваа мерка. Работодавачите се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок во период од 36 месеци, со услов да го задржат лицето уште 12 месеци, по истекот на периодот за којшто е ослободен. Работодавачот кој нема да го задржи лицето за уште 12 месеци е должен во рок од 30 дена да го уплати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период. Договорот за вработување се потпишува на неопределено време, со полно работно време. Ослободувањето од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход на месечна основа се однесува до просечна бруто плата за претходната година објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто плата за придонеси и персонален данок на доход ја пресметува и плаќа работодавачот. Според Соопштението на ДЗС бр. 4.1.15.14 од 26.02.2015, износот на просечната месечна бруто плата за 2014 година изнесува 31.325 денари.

roagens.mk


ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Б. Втора категорија се невработени лице на возраст од 35 до 50 години кои: - в о последните 15 години биле најмалку 10 години невработени и - н емале заснован работен однос најмалку три месеци пред вработувањето согласно со новата мерка. Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа категорија е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 60 месеци од денот на вработувањето, со услов да го задржи уште 12 месеци по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси. Работодавачот кој нема да го задржи лицето за уште 12 месеци е должен во рок од 30 дена да го уплати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период. Договорот за вработување со лицата од оваа категорија се склучува на неопределено време, со полно работно време. Ослободувањето се однесува на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, на месечна основа до просечна бруто плата за претходната година (31.325 денари) објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто плата за придонесите од задолжително социјално осигурување ја пресметува и плаќа работодавачот.

В. Трета категорија се невработени лица на возраст над 50 години Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа категорија е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 60 месеци од денот на вработувањето. Ослободувањето не е условено со задржување на лицето по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси. Договорот за вработување за лицата од оваа категорија се склучува на неопределено време, со полно работно време.

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

Ослободувањето се однесува на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, на месечна основа до просечна бруто плата за претходната година (31.325 денари) објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто плата за придонесите од задолжително социјално осигурување ја пресметува и плаќа работодавачот.

Г. Четврта категорија е невработено лице кое е: - родител на три или повеќе деца и кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос; - самохран родител и член на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован работен однос; - примател на социјална парична помош; - дете без родители и родителска грижа; - жртва на семејно насилство; - инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно со прописите од пензиското и инвалидското осигурување; - професионален војник на кој му престанал работниот однос согласно со Законот за служба во Армијата на Република Македонија и - родител на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето согласно со новата мерка. Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа категорија е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 60 месеци од денот на вработувањето. Ослободувањето не е условено со задржување на лицето по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси.

15


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Договорот за вработување со лицата од оваа категорија се склучува на неопределено време, со полно работно време. Ослободувањето се однесува на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, на месечна основа до просечна бруто плата за претходната година (31.325 денари) објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто плата за придонесите од задолжително социјално осигурување ја пресметува и плаќа работодавачот.

Д. Петта категорија се невработени лица на возраст над 58 години: - к ои во последните две години пред вработувањето согласно со новата мерката немале засновано работен однос.

16

Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа категорија е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување до исполнување на условите за стекнување на правото на старосна пензија. Договорот за вработување се склучува на неопределено време, со полно работно време. Ослободувањето се однесуа на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, на месечна основа до просечна бруто плата за претходната година (31.325 денари) објавена од Државниот завод за статистика, а разликата над просечната бруто плата за придонесите од задолжително социјално осигурување ја пресметува и плаќа работодавачот.

5. Самовработени лица како корисници на новите мерки Со член 98-е став 7 од ЗВОН се утврдува можност за користење на новите мерки за ослободување од плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување и/ или персонален данок за доход и за самовработените лица кои ќе се вработат согласно со мерките од овој закон. За оваа категорија на лица која вработувањето ќе го реализира преку формите на самовработување не

www.p

се пропишани посебни услови за користење на новите мерки. Исто така нема посебни одредби ниту за траењето на периодот на ослободување, ниту за износот на ослободувањето. Единствено одредбата од членот 98-е став 7 упатува дека ослободувањето од ченовите 98-д и 98-ѓ се однесува и за самовработено лице кое се вработило согласно со мерките од овој закон. Произлегува дека самовработено лице може да биде од секоја од петте категории на невработени лица во зависност од возраста, социјалниот статус и другите пропишани услови за класифицирање и согласно со припадноста на одредена категорија да ги користи соодветните мерки на ослободување од плаќање на придонеси и/или персонален данок. „Самовработено лице“, според дефиницијата од членот 2 алинеја 2 на ЗВОН, е физичко лице кое врши самостојна економска дејност или професионална и друга интелектуална услуга од која остварува приход за своја сметка, под условите утврдени со закон.

6. Последици од прекршувањето на условите за ослободување од плаќање Во членот 98-е од ЗВОН се предвидени последици од прекшување на пропишаните услови за користење на мерките за ослободувањето од плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок за доход. Последиците или заштитни механизми со кои се обезбедува примената на новите мерки се следните: 1) Користењето на мерките за ослободување ќе престане доколку работодавачот, по вработувањето на лица согласно со мерките, има долг по основ на неисплатена плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци за два последователни месеци. Работодавачот во овој случај е должен да го плати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период. 2) Работодавачот кој нема да го задржи лицето од категоријата А. (невработено до 35 години) и Б. (невработено од 35 до 50 го-

roagens.mk


ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

дини) за уште 12 месеци по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход е должен во рок од 30 дена да го уплати износот на средства за кој бил ослободен од плаќање за изминатиот период. 3) Работодавачот е должен да не го намали: - бројот на вработени за целиот период за кој е ослободен од плаќање на придонесите и/или персонален данок на доход, освен во случаи на смрт или пензионирање и - бројот на вработени за кои не користи ослободување за целиот период за кој е ослободен од плаќање на придонесите и /или персонален данок на доход, освен во случаи на смрт или пензионирање. 4) Доколку работодавачот го откаже договорот за вработување од основани причини согласно со Законот за работните односи, должен e во рок од 30 дена на негово место да вработи друго невработено лице од истата категорија за преостанатиот период за кој што користи ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход и преостанатиот период за кој има обврска да го задржи лицето во работен однос. Напомена:

Основаните причини за отказ, ЗРО во членот 76 ги дели на три поголеми групи и тоа: 1) случаи кога постои лична причина на страна на работникот (заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос), 2) случаи кога постои причина на вина на работникот (ги крши договорните обврски или други обврски од работниот

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

однос - случаи од членовите 81 и 82 од ЗРО), 3) случаи кога постојат деловни причини на страна на работодавачот (престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот - технолошки вишок).

7. Координирана активност на АВРМ и УЈП во функција на примената на законот Членот 98-ж од ЗВОН предвидува водење на евиденција на работодавачите од приватниот сектор, невработените лица и самовработените лица од страна на АВРМ. АВРМ најдоцна секои 30 дена ќе доставува податоци до УЈП, за работодавачите од приватниот сектор - корисници на мерките за ослободување од плаќање со цел УЈП да преземe мерки согласно со своите законски надлежности. УЈП по утврдување на постоење на долг по основ на неисплатена плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци за два последователни месеца, за работодавач - корисник на мерките за ослободување, ќе започне постапка за наплата на износот на средствата за кои работодавачот бил ослободен од плаќање согласно со закон, а на работодавачот му престанува ослободувањето од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход.

GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

14.900 denari

17


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Тебеларен приказ на категориите опфатени со мерките за ослободување од плаќање на приодонеси и/или персонален данок на доход со осврт на посебни услови

А. Категорија на невработени лица до 35 години (член 98-д) Услови за ослободување на работодавачите

Опфат на ослободувањето

1. Немале заснован работен однос или 2. Имале заснован 1. Придонеси и работен однос, но не најмалку 2. Персонален три месеци пред данок вработувањето согласно со новата мерка

Траење на ослободувањето

Износ на ослободувањето

Последица од незадржување за уште 12 месеци На месечна осВраќање на сред36 месеци нова до просеч- ствата за кои бил ната бруто плата ослободен во рок Услов: Да го за претходната од 30 дена задржат лицето на работа уште 12 година месеци по истекот (31.325 ден.) на ослободувањето

Б. Категорија на невработени лица од 35 до 50 години (член 98-ѓ ст. 1 ал. 1)

18

Услови за ослободу- Опфат на ослобовање на работодавадувањето чите - во последните 15 г. да биле најмалку 10 г. невработени и - немале заснован Придонеси работен однос најмалку три месеци пред вработувањето согласно новата мерка

Траење на ослободувањето

60 месеци Услов: Да го задржат лицето на работа уште 12 месеци по истекот на ослободувањето

Износ на ослободувањето

Последица од незадржување за уште 12 месеци На месечна ос- Враќање на среднова до просеч- ствата за кои бил ната бруто плата ослободен во рок за претходната од 30 дена година (31.325 ден.)

В. Категорија на невработени лица над 50 години (член 98-ѓ ст. 1 ал. 2) Услови за ослободу- Опфат на ослобовање на работодавадувањето чите Нема Придонеси

Траење на ослободувањето

www.p

60 месеци

Износ на ослободуПоследица вањето од незадржување На месечна основа Нема услов за до просечната бруто задружвање плата за претходнад 60 месеци ната година (31.325 ден.)

roagens.mk


ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Г. Категорија на социјално ранливи лица (член 98-ѓ ст. 1 ал. 3) Услови за ослободување на работодавачите

Опфат на ослободувањето

1. родител на три или пов. деца кој најмалку три месеци пред враб. немало заснован р.о. 2. самохран родител и член на еднородителско семејство кое најмалку три месеци пред вработувањето немало заснован р.о.; 3. приматели на социјална парична помош; 4. деца без родители и родителска грижа; 5. жртви на семејно насил. 6. инвалидно лице со утвр-дена инвалидност и лице со намалена работна спос. или професионална неспособност за работа за 50% 7. професионални војници на кои им престанал р.о. согласно со Законот за служба во Армијата на Р. Македонија и 8. родители на деца со преч-ки во развојот кои се ко-рисници на посебен дода-ток најмалку три месеци пред враб.

Придонеси

Траење на осло- Износ на ослобоПоследица бодувањето дувањето од незадржување

60 месеци

На месечна основа до просечНема услов за ната бруто плата задружвање за претходната над 60 месеци година (31.325 ден.)

Д. Категорија на невработени лица над 58 години (член 98-ѓ ст. 1 ал. 4) Услови за ослободу- Опфат на ослободу- Траење на ословање на работодававањето бодувањето чите - кои немале зановано р.о. во последните две гоПридонеси До пензионирање дини пред вработувањето согласно со новата мерката

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

Износ на ослободувањето На месечна основа до просечната бруто плата за претходната година (31.325 ден.)

Последица од незадржување Нема услов за задружвање

19


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ISO 9001:2008

барање

за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси од домашно / странско правно лице, самостоен вршител на дејност или физичко лице ЕДБ / ЕМБГ Број на пасош за странско физичко лице

* Пополнува Управа за јавни приходи

4

0

3

0

9

9

8

4

8

5

2

9

3 Датум и број на прием

Име и презиме / Назив

„Одлична фирма“

Aдреса на вистинско седиште

Рузвелтова 126, Скопје

Државјанство *пополнува странско физичко лице

Исправка на УЈП-УН-З.2-25/1

0

Телефон

УЈП-УН-З.2-25/1

2

2

3

1

6

8

2

Број:

7

info@odlicnafirma.mk

е-пошта

ОПИС На барањетО За ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход согласно член 98-г од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност

20 ПрИлОг Дозвола за престој (за странско физичко лице)

Полномошно од овластено лице од барателот на услугата

Решение за наследување од законски наследник на барателот на услугата

Друго Дока за платена административна такса

ИЗНОС На аДМИНИСтратИВНа таКСа:

5

0

НаЧИН На УПлата На аДМИНИСтратИВНа таКСа Преку образец ПП50 * задолжително приложете го налогот ”ПП50˝ за извршената уплата на административна такса Преку системот еNAPSYS. Внесете го трансакцискиот код: ........................................................ * за добивање на трансакциски код пратете СМС порака на бројот 144 166 со текст: TM Ime Prezime Iznos

ПОДатОцИ За СОСтаВУВаЧОт Назив / „Чиста сметка - долга љубов“ Име и презиме ЕДБ

4030999246853

Датум на пополнување

Својство

Друштво за вршење на сметководствени услуги

Потпис

29.04.2015

ПОДатОцИ За ПОтПИСНИКОт Име и презиме Петар Наумовски ЕМБГ

2401987459018

Датум на пополнување

Својство

управител

Потпис

29.04.2015

* Пополнува Управа за јавни приходи

Податоци за обработката * Образецот е објавен на веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/111 и важи од 13.03.2014 година

www.p

roagens.mk

1/1


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

 

Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

ЕВИДЕНЦИЈА НА ЗАКУПОТ НА НЕДВИЖНОСТИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

С

о последната измена на Законот за катастар на недвижности - ЗКН, 1 објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 115/14 од 1 август 2014 година, која се применува од осмиот ден од денот на објавувањето т.е. од 9 август 2014 година (освен одредбите на членовите 108-а до 108-ј, кои се однесуваат на обврските околу полагање испит за стекнување на овластување за овластен геодет и ќе се применуваат од 9.8.2015 година), покрај останатите новини, се пропишува нова надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности за водење на Регистар на цени и закупнини заради спроведување на масовна процена на вредноста на недвижностите (која е допрецизирана со последните законски измени), а којшто ќе претставува содржина и на Геoдетско-катастарскиот информационен систем - ГКИС. рз основа на изменетите одредби на члеВ нот 222 став 2 на ЗКН во горенаведената насока, Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе и: - П равилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на цени и закупнини и формата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена на нотар, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 40 од 13 март 2015 година, кој влезе во сила од наредниот ден од денот на објавувањето т.е. од 14 март 2015 година. Во „Службен весник на РМ“, бр. 64 од 21 април 2015 година, е објаве-

на измена на овој Правилник, со која е заменет со нов листот РЦ 1 - Изјава за промет/закуп на недвижности (Прилог бр 1), во сила од 22.4.2015 година (наредниот ден од објавувањето).

1. ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ КАКО НОВА НАДЛЕЖНОСТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ о дополнувањето на членот 8 на ЗКН, наС длежности на Агенцијата за катастар на недвижности, покрај следниве активности: - у правување со Геодетско-катастарскиот информационен систем - ГКИС, - вршење основни геодетски работи, - вршење премер на недвижностите, - в ршење премер и одржување на државната граница, - в ршење геодетски работи за посебни намени, - в остановување и одржување на катастарот на недвижности, - в ршење масовна процена на недвижностите запишани во катастарот на недвижности, - в оспоставување и управување со Графичкиот регистар за градежно земјиште, - изготвување на топографски карти, - в одење Регистар за просторни единици,

„Службен весник на РМ“, бр. 55/13, 41/14, У. суд - 101/14 и 115/14.

1

INFORMATOR 5 I MART 2015

21


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

- в одење Графички регистар за улици и куќни броеви,

2.1. Укнижување во катастарот на недвижности

- в оспоставување, одржување и овозможување јавен пристап до Националната инфраструктура на просторните податоци согласно со посебен закон,

Укнижувањето, согласно со членот 170 на ЗКН, е потполно и дефинитивно, безусловно запишување на настанувањето или престанувањето на:

- в ршење надзор на работењето на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, е и водењето на: - РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ. Истиот член 8 е дополнет со нов став 4, според кој при извршување на горенаведените надлежности Агенцијата за катастар на недвижности не наплаќа административни такси.

22

Регистарот на цени и закупнини, со дополнување на членот 27 на ЗКН, е составен дел на ГКИС, кој ги содржи просторните и описни податоци од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, премерот на недвижностите, државната граница, геодетските работи за посебни намени, за вредноста на недвижностите, топографските карти, Регистарот за просторни единици, Графичкиот регистар за улици и куќни броеви и Графичкиот регистар за градежно земјиште. Агенцијата за катастар на недвижности управува со податоците од ГКИС, на начин што овозможува нивно прибирање, обработка, одржување, заштита, како и нивно користење, пристап и дистрибуција/издавање до заинтересираните субјекти.

2. ВИДОВИ НА ЗАПИШУВАЊА ВО КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ Соглaсно со членот 169 на ЗКН, постојат три видови на запишување во катастарот на недвижности: 1) укнижување, 2) предбележување и 3) прибележување.

www.p

- п равото на сопственост и подоблиците на правото на сопственост (сосопственост и заедничка сопственост) и - д ругите стварни права (право на службеност, право на хипотека, право на реален товар и право на долготраен закуп на градежно земјиште согласно со Законот за градежно земјиште), под услови и на начин утврдени со закон.

2.2. Предбележување во катастарот на недвижности Согласно со членот 171 на ЗКН, предбележувањето е условно укнижување на стекнувањето или престанокот на правото на сопственост и на подоблиците на правото на сопственост на недвижност кога е поднесена пријава за запишување во катастарот на недвижности, а не се исполнети правните претпоставки, односно пропишаните услови за запишувањето и доколку основот за конечното укнижување не е достатно застапен. Со доставување на доказ дека се исполнети правните претпоставки, односно условите за запишувањето се брише предбележувањето и истовремено се укнижува правото на сопственост. Исто така, согласно со членот 172 на ЗКН, во катастарот на недвижности се предбележува и идна градба т.е. правото на сопственост и подоблиците на правото на сопственост (сосопственост и заедничка сопственост) на зграда и посебен дел од зграда, како и правото на сопственост на заедничките делови на зградата кои се во функција на посебниот дел од зградата, на другите објекти и на инфраструктурните објекти кога се во фаза на градба, со запишување на податоци за лицата кои имаат право на градење согласно со одобрението за градење и податоци за зградите, посебните и заедничките делови од згради преземени од основниот проект заверен од надлежен орган.

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

2.3. Прибележување во катастарот на недвижности (ЗАКУП НА НЕДВИЖНОСТИ) огласно со членот 173 на ЗКН, прибелеС жување е запишување на: - о блигациони права (лизинг на недвижности, договори за концесија склучени согласно со закон, договори за доживотна издршка, договори за дар во случај на смрт, закуп на недвижности и договорно право на првенствено купување на недвижности), - н а претходни и времени мерки (забрани и ограничувања) кои се од влијание за правата на недвижностите, на факти кои се од влијание за недвижностите, како и - н а други права чие запишување е утврдено со друг закон.

3. ПРАВНИ ОСНОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ Според изменетиот член 174 на ЗКН, запишувањето во катастарот на недвижности се врши врз основа на: - закон, - п равосилни судски одлуки, одлуки за привремена мерка, претходна мерка и други акти за обезбедување на побарувања согласно со закон, - о длука на Владата на Република Македонија, - к онечни, односно правосилни акти на органите на државната власт, на органите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, - правни дела и - изјави заверени кај нотар врз основа на кои може да се изврши запишување на правата на недвижностите, чие поднесување е задолжително утврдено со овој или со друг закон (новододаден основ од 9.8.2014 година). Во продол-

INFORMATOR 5 I MART 2015

 

жение на текстот е наведено дека овој правен основ - изјава заверена кај нотар служи за запишување на закупот во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности.

4. РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ поред изменетиот член 221 на ЗКН, за С спроведување на масовна процена на вредноста на недвижностите, Агенцијата за катастар на недвижности воспоставува Регистар на цени и закупнини. 4.1. Масовна процена на вредноста

на недвижностите

М асовната процена на недвижности претставува модел со кој се врши пресметување на пазарната вредност на запишаните недвижности во катастарот на недвижности од страна на Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност. Пресметаната вредност на недвижностите може да се земе предвид при определувањето на износот на данокот на имот согласно со Законот за даноците на имот. Напомена:

Согласно со Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12 и 188/13), основа на данокот на имот претставува пазарната вредност на недвижниот имот, која ја утврдува лице проценувач, кое е вработено во единицата на локалната самоуправа, а по барање на единицата на локалната самоуправа може да ја врши и лице кое е овластен проценувач. Пазарната вредност на недвижен имот се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, донесена согласно со одредбите на Законот за процена, која е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 54/12, 17/13, 21/13 и 142/14.

23


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

поред изменетиот член 222 на ЗКН, начиС нот на вршење на масовната процена и промена на евидентираната вредност ги пропишува Владата на Република Македонија, меѓутоа тој пропис Владата ќе го донесе во рок од две години од денот на влегувањето во сила на последната законска измена-115.14, значи до 9.8.2016 година, како што регулира членот 59 на Закон за изменување и дополнување на ЗКН („Службен весник на РМ“, бр. 115/14). З КН (членови 217-220) уредува дека Агенцијата за катастар на недвижности ги утврдува: - м етодологиите на моделот на масовна процена, - г и категоризира недвижностите според вредноста и - г и определува циклусите на пресметување на вредноста.

24

Податокот за вредноста на недвижностите определена со масовната процена се евидентира во ГКИС. Врз основа на податоците од масовната процена и вредноста на недвижноста евидентирана во ГКИС, Агенцијата за катастар на недвижности го утврдува и одржува индексот на вредноста на недвижностите по категории, кој преставува статистичка мерка за следење и евидентирање на промени на одредена вредност. поред членот 217 на ЗКН, податоците за С начинот на кој е извршена масовната процена, како и индексот на вредноста на недвижностите по категории, се објавуваат на веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности (www.katastar.gov.mk), а може да се објавуваат и во печатено издание на Агенцијата.

4.2. Водење на Регистарот на цени и закупнини рз основа на изменетите одредби на члеВ нот 222 став 2 на ЗКН, Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе и:

www.p

- Правилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на цени и закупнини и формата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена на нотар, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 40 од 13 март 2015 година, кој влезе во сила од наредниот ден од денот на објавувањето т.е. од 14 март 2015 година, на кој повеќе ќе се задржиме во продолжение на текстот. Во „Службен весник на РМ“, бр. 64 од 21 април 2015 година, е објавена измена на овој Правилник, со која е заменет со нов листот РЦ 1 - Изјава за промет/закуп на недвижности (Прилог бр 1), во сила од 22.4.2015 година (наредниот ден од објавувањето).

4.2.1. Евиденција на промет на недвижност Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност во Регистарот на цени и закупнини ги евидентира цените на недвижностите содржани во правните основи за промет на недвижности, кои се доставени во прилог на пријавите за запишување, односно за спроведување на промените во катастарот на недвижности. Исто така, во Регистарот се евидентира и вредноста на недвижноста врз основа на која е пресметан данокот на промет на недвижноста, како и други податоци за недвижноста содржани во изјава дадена од продавачот заверена кај нотар (нотарите се должни кон пријавите и исправите за правен основ да ја доставуваат и изјавата). Во продолжение на текстот ќе се задржиме на процедурата што ја врши нотарот согласно со новодонесениот правилник, во кој е пропишана изјавата. 4.2.2. Евиденција на закуп

на недвижност

Агенцијата за катастар на недвижности во Регистарот на цени и закупнини врши евидентирање и на вредноста на закупнините врз основа на податоците содржани во исправите за правен основ со кои се востановува закуп на недвижности (договорот за закуп).

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

рганите, односно субјектите (нотарите) О овластени да склучуваат, заверуваат или потврдуваат исправи за правен основ со кои се востановува закуп на недвижности (договори за закуп) се должни истите да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности заради прибележување на закупот во катастарот на недвижностите и евидентирање на вредноста на закупнините во Регистарот на цени и закупнини. он исправите за правен основ со кои се К востановува закуп на недвижности, органите, односно субјектите доставуваат и доказ за платен надоместок и пријава за запишување, односно прибележување на закупот во катастарот на недвижностите. ришење на прибележаните закупи во Б катастарот на недвижности се врши врз основа на исправи за правен основ согласно со закон.

5. ОБВРСКА ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ И ПРАВНИТЕ ОСНОВИ Според новодонесениот член 141-в на ЗКН, судовите, министерствата, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, нотарите, извршителите и сите други субјекти со пренесени јавни овластувања, сите исправи кои содржат правен основ врз основа на кој се врши запишување во катастарот на недвижостите, заедно со пријавите за запишување и доказот за платен надоместок, се должни по електронски пат да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности. о членот 63 на Закон за изменување и доС полнување на ЗКН („Службен весник на РМ“, бр. 115/14) е уреден рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот, значи до 9 февруари 2015 година, за судовите, министерствата, органите на државната управа, извршителите и сите други субјекти со пренесени јавни овластувања (нотарите) задолжително по електронски пат да се поврзат со Агенцијата за катастар на недвижности.

INFORMATOR 5 I MART 2015

 

6. ПРОПИШАНА ПРОЦЕДУРА И ОБРАСЦИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРОМЕТ И ЗАКУП НА НЕДВИЖНОСТ ВО РЕГИСТАРОТ НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ Правилникот за начинот на водење, формата и содржината на регистарот на цени и закупнини и формата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена на нотар („Службен весник на РМ“, бр. 40/15 и 64/15), кој е во сила од од 14 март 2015 година, (измената-64/15 на образецот е во сила од 22.4.2015) ги пропишува: - н ачинот на водење, формата и содржината на Регистарот на цени и закупнини и - ф ормата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот, заверена кај нотар. Во Регистарот на цени и закупнини кој го води Агенцијата за катастар на недвижности се евидентираат: - цените на недвижностите содржани во правните основи за промет на недвижностите, - вредноста на недвижностите врз основа на која е пресметан данокот на промет на недвижноста, - вредноста на закупнините, - други податоци за недвижноста содржани во изјавата дадена од продавачот/ закуподавецот, заверена кај нотар. Регистарот на цени и закупнини се смета за воспоставен со првиот внес на податоци за недвижностите и се води во електронска форма. Неговата форма и содржина е пропишана во прилогот број 2, кој е составен дел на правилникот и го прикажуваме на крај од текстот. Нови промени во воспоставениот Регистар на цени и закупнини се внесуваат при секоја промена во катастарот на недвижности настаната по основ на промет/закуп на недвижноста.

25


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

6.1. Евиденција на цените на недвижности во Регистарот на цени и закупнини ена на недвижноста е паричен износ наЦ веден во правниот основ со кој се врши промет на недвижноста и таа се евидентира во Регистарот на цени и закупнини со преземање од правниот основ за промет на недвижноста врз основа на кој се врши запишување/промена во катастарот на недвижности. Вредноста на недвижноста е вредност врз основа на која е пресметан данокот на промет на недвижноста. Таа се пресметува од утврдениот износ на данокот на промет внесен во клаузулата за заверка на данокот на промет и стапката на оданочување утврдена во актот на единицата на локалната самоуправа според следната формула:

26

Износ на данокот на промет Вредност на недвижност = ----------------------------- х 100 Стапка на оданочување Пример:

За извршена продажба на недвижност (стан), согласно со презентираниот договор и поднесените обрасци до даночната администрација на локалната самоуправа пресметан е данок на промет на недвижности во износ од 147.600 денари. Вредност 147.600 на недвижноста = ------------ х 100 = 4.920.000 3

6.3. Изјава дадена од продавачот/за-

куподавецот заверена кај нотар

Во Регистарот на цени и закупнини, покрај податоците за цената на недвижноста, вредноста на недвижноста и вредноста на закупнината, се евидентираат и податоците за недвижноста кои се преземаат од изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена кај нотар. ормата и содржината на изјавата дадеФ на од продавачот/закуподавецот и заверена кај нотар е пропишана во прилог број 1, кој е составен дел на правилникот и ја прикажуваме на крај од текстот. Изјавата содржи податоци за недвижноста од катастарот на недвижности и други податоци за недвижноста дадени од продавачот/закуподавецот. Податоците во Изјавата се групирани во пет листи: 1) лист РЦ1 - Изјава за промет/закуп на недвижности, (заменет со нов со измената на правилникот-64/15, во сила од 22.4.2015 г.) 2) лист РЦ2 - Карактеристики на плодно земјиште (РЦ 2/1),

арактеристики на неплодно земјиште - К градежно земјиште и природно неплодно земјиште (РЦ 2/2) и

арактеристики на објектите на земјоделК ско земјиште (РЦ 2/3),

3) лист РЦ3 - Карактеристики на објектите за домување (РЦ 3/1),

арактеристики на комерцијални, деловК ни и индустриски објекти (РЦ 3/2),

6.2. Евиденција на закупнините во Регистарот на цени и закупнини

4) лист РЦ4 - Карактеристики на инфраструктурите (РЦ 4/1),

редноста на закупнината е цената на заВ купнината наведена во правниот основ, врз основа на кој се врши запишување на закупот во катастарот на недвижности и таа се евидентира во Регистарот на цени и закупнини со преземање од правниот основ.

5) лист РЦ5 (н.з. во рамки на Изјавата во прилог број 1 не е наведен јасно листот РЦ5, што можеби е техничка грешка или пак овој лист можеби ја подразбира заклучната изјава која продавачот/закуподавачот ја дава под полна морална и материјална одговорност).

kontakt@proagens.com.mk www.p

02/ 3162-979 i 3298-763

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

поред правилникот, листот РЦ1 и листот С РЦ5 се задолжителен дел од изјавата, додека листот РЦ2, листот РЦ3 и листот РЦ4 се пополнуваат во зависност од видот на недвижноста предмет на промет/закуп. Изјавата која ја дава продавачот/закуподавачот се пополнува и се потпишува од страна на продавачот/закуподавачот и се заверува од страна на нотар. отарот ги доставува до Агенцијата за каН тастар на недвижности, по електронски пат: - Пријавата за запишување (прибележување на закупот во катастарот), - доказот за платен надоместок, - правниот основ (договорот за промет/ закуп) и - заверената изјава на продавачот/закуподавачот. Напомена:

Во случај кога правниот основ за востановување закуп согласно со закон не е предмет на заверка кај нотар, надлежниот орган во својство на закуподавец, преку овластено лице, ја пополнува изјавата. Изјавата потпишана од овластено лице на органот, заедно со пријавата и правниот основ за запишување, надлежниот орган ги доставува до Агенцијата за катастар на недвижности по електронски пат.

7. ОБВРСКА ЗА ЗАВЕРКА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЗАКУП КАЈ НОТАР СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЛИЗИНГ И ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ Закон за лизинг Согласно со членот 5 на Законот за лизинг („Службен весник на РМ“, бр. 4/02, 49/03, 13/06, 88/08, 35/11; 51/11 и 148/13), договорот за лизинг (наем/закуп) задолжително се заверува кај нотар. изингот е дефиниран во членот 2 на ЗакоЛ нот за лизинг како активност која се однесува на подвижен предмет и недвижен предмет, при која корисникот на лизинг го определу-

INFORMATOR 5 I MART 2015

 

ва предметот на лизинг кој е купен или произведен од страна на давателот на лизинг и се дава на користење на корисникот на лизинг за договорен временски период, во замена за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг, врз основа на договорот за лизинг кој е склучен меѓу давателот и корисникот на лизинг, според условите определени во него. Договорот за лизинг задолжително содржи: опис на предметот, вкупната вредност на предметот, износот на аконтацијата, временски период на кој е склучен договорот за лизинг, вкупен износ на надоместокот што го плаќа корисникот на лизинг, број и износ на одделни плаќања и рокот на нивното пристигнување. Според членот 1-а на Законот за лизинг, на договорите за лизинг соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи („Службен весник на РМ“, бр. 18/01 ... и 161/09, испр. 123/13), доколку со овој закон поинаку не е уредено. Закупот е регулиран во глава XII (членови 570 до 602) на Законот за облигационите односи.

Закон за домување Според членот 66 на Законот за домување („Службен весник на РМ“, бр. 99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14 и 199/14), сопственикот на стан (закуподавач) го дава станот под закуп со склучување на договор за закуп. Ако закуподавачот даде под закуп дел од сопствениот стан во кој и живее, е должен да склучи договор за закуп за тој дел. Закупецот може да даде дел од станот во подзакуп со склучување на договор за подзакуп, исклучиво на определено време и под услови утврдени со законот, со согласност на закуподавачот. оговорот за закуп и договорот за подД закуп, според членот 66 на Законот за домување, се склучуваат во писмена форма и се заверуваат од нотар.

27


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

28

www.p

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

 

29

INFORMATOR 5 I MART 2015


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

30

PROAGENSOV ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN

800

denari na 224

Cena za pretpaltnici so vklu~en DDV.

www.p

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

 

31

INFORMATOR 5 I MART 2015


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

32

www.p

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

 

33

INFORMATOR 5 I MART 2015


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

34

www.p

roagens.mk


РЕГИСТАР НА ЦЕНИ И ЗАКУПНИНИ ВО КАТАСТАР

 

35

INFORMATOR 5 I MART 2015


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Др. Рефика МУРИЌ (Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk

ОБВРСКИ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ (ДОКУМЕНТИ И ЛИЦЕНЦИ)

С

36

о Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“, бр. 68/04, ... и 166/14 - во натамошниот текст: „Законот“), се уредуваат условите што треба да ги исполнуваат правните и физичките лица за да можат да вршат превоз во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, како и документацијата потребна за непречено извршување на превозот. Законот посебно ги дефинира и уредува различните видови превоз на стока и патници, кој во зависност од корисникот на истиот може да биде јавен или превоз за сопствени потреби. Јавен превоз на патници и стока е превоз кој под еднакви услови им е достапен на сите корисници и за кој релацијата, цената на превозот и други услови на превозот се определуваат со договор меѓу превозникот и нарачател на превозот. Превоз за сопствени потреби е превоз кој физичко или правно лице го врши за задоволување на потребите при вршење на својата дејност, односно задачи од својот делокруг. Домашен превозник (правно или физичко лице) може да врши превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај по однапред стекнати определени услови и врз основа на добиена лиценца. ревозот во патниот сообраќај се врши П со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко-експлоатациони услоwww.p

ви пропишани за одделните видови на превоз. Посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за одделни видови на превоз се пропишани со Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделните видови на превоз во патниот сообраќај и за формата и содржината на потврдата за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови. Овој пропис неодамна се донесе како нов Правилник (замена за повеќе пати менуваниот стар правилник), а се објави во „Службен весник на РМ“, бр. 51/15 и стапи во сила од 1 април 2015 година. Во продолжение информираме за основните обврски и условите што превозниците на стоки и превозниците на патници треба да ги исполнуваат, како и документацијата потребна за непречено извршување на превозот.

А. ПРЕВОЗ НА СТОКИ 1. Л ИЦЕНЦИРАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ ПРЕВОЗ НА СТОКИ Согласно со одредбите од Законот, за да може одредено правно или физичко лице да врши превоз на патници или стока во патниот сообраќај, потребно е да поседува лиценца за соодветниот вид на превоз. Мал број на превози со наменски возила се вршат без обврска за лиценца.

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Лиценца е документ со кој се одобрува вршење на дејност јавен превоз во патниот сообраќај, превоз за сопствени потреби и организација за превоз. За вршење на одделни видови на превоз на стоки во патен сообраќај, Законот ги предвидува следниве видови лиценци: - Лиценца за јавен превоз на стоки, - Лиценца за превоз на стоки за сопствени потреби, - Лиценца за меѓународен јавен превоз на стоки и - Л иценца за меѓународен превоз на стоки за сопствени потреби. Лиценците и изводот од лиценците 1 за секое возило со кое ќе се врши превозот ги издава Министерството за транспорт и врски. Напомена:

Без лиценца може да се врши само превозот на стоки за сопствени потреби, кој правни и физички лица го вршат со возила чија најголема носивост не надминува 3.500 кг (вклучувајќи ја и приколката), како и вршењето на превоз со возила наменети за потребите на јавната безбедност, одбраната и потребите на државните органи, за превоз со поштенски возила или на возила за интервенции, за медицински и хуманитарен превоз и за превоз со специјални возила кои дополнително се адаптирани за посебна намена и со нив не може да се врши превоз како со стандардните возила (а служат за превоз за сопствени потреби, како на пр. подвижна библиотека, подвижна кантина, работилница, подвижни објекти за спиење и слично). Исто така, носителите на семејно земјоделско стопанство евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои имаат во сопственост или под лизинг најмногу две возила за сопствени потреби не треба да поседуваат лиценца согласно со овој закон, односно превозот го вршат врз основа на 1

 

потврда издадена од Министерството за транспорт и врски (член 9-а од Законот).

1.1. Аплицирање за лиценца за превоз на стоки Лиценца за превоз на стоки, може да добие домашно правно или физичко лице, ако ги исполнува следниве услови: - д а е запишано во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра - вршење на превоз на стока во патниот сообраќај; - д а е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот и/или меѓународниот патен сообраќај; - д а има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (товарни возила) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

( Како доказ за исполнување на овој услов, се доставува список на вработени по обврзник не постар од 60 дена и копие од образецот м1/м2 за секој возач одделно.)

- у правителот или овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност; - да има солидна финансиска состојба;

( Ова не се однесува за добивање на лиценца за вршење на превоз во внатрешниот патен сообраќај.)

- да има добар углед; - д а има вработено возачи кои имаат сертификат за учество во меѓународниот превоз на стоки.

( Последново се однесува само за добивање на лиценца за меѓународен превоз на стока.)

„Извод од лиценца“ е исправа што ја издава органот надлежен за издавање на лиценци за секое возило пооделно.

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

37


Pr  fesionalna Edukacija

Напомена:

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

1.2. Извод од лиценца

За добивање на лиценца за превоз на стока за сопствени потреби не е потребно задоволувањето на условот: да се има солидната финансиска состојба, како и регистрирана приоритена дејност/главна приходна шифра - вршење на превоз на стока во патниот сообраќај. Сертификатот за професионална компетентност на управителот или овластеното лице одговорно за превоз, како и сертификат за учество во меѓународниот превоз на стоки го издава Министерството за транспорт и врски врз основа на уверение за положен испит за професионална компетентност, односно уверение за положен испит за добивање на сертификат за учество на возачи во меѓународниот патен сообраќај. „Солидна финансиска состојба“

38

Солидна финансиска состојба има превозник кој има на располагање капитал и резерви во висина од најмалку 9.000 евра во денарска противвредност за првото возило и по 5.000 евра во денарска противвредност за секое наредно возило. Финансиската состојба се докажува врз основа на еден од следниве документи: - впишани податоци за главнина и резерви во билансот на состојба за претходната година или - гаранција издадена од банка или осигурително друштво со рок на важење идентичен со рокот на важење на лиценцата или - потврда од банка за депонирани парични средства орочени на рок кој е соодветен на рокот на важење на лиценцата, на износ даден во ставот 1 од овој член, како и гаранција на возила под лизинг кои не се основни средства во фирмата. Одредбата од првата алинеја не се однесува за новоосновано трговско друштво за првата година на основање, односно пред законски пропишаниот рок за изработка на годишната сметка. www.p

Со лиценцата на превозникот му се издава и извод од лиценцата за секое возило кое го пријавил со барањето за нејзино издавање. Изводот од лиценцата за секое возило се издава на име на превозникот на кој гласи лиценцата со истиот рок на важење како и лиценцата и не може да се пренесе на друг превозник. 2. Н ЕОПХОДНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ПРЕВОЗОТ НА СТОКИ Превозот на стоки може да се врши како внатрешен и меѓународен превоз на стоки во патниот сообраќај. При вршење на внатрешен превоз на стока покрај изводот од лиценца превозникот е должен во возилото да има и патен налог и товарен лист (член 64 од Законот). При вршење на меѓународен превоз на стоки, покрај изводот од лиценцата во возилото превозникот мора да има сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, патен налог, меѓународен товарен лист (ЦМР) и дозвола за меѓународен превоз на стока доколку таа се бара согласно со меѓународна спогодба или договор за превоз на патници и стока во патниот сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува превозот. Меѓународниот превоз на стоки може да се врши и врз основа на дозволи од мултилатералната квота на дозволи од Европската конференција на министрите за транспорт (ЕКМТ). Според рокот на важење ЕКМТ дозвола може да биде месечна со важност од 30 дена и годишна, со важност од една календарска година.

2.1. Патен налог При вршењето на превозот на стока (како јавен така и превоз за сопствени потреби) во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, превозникот е должен во возилото, пред се, да има уредно пополнет патен налог.

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Формата и содржината на новиот патен налог е објавена во Правилникот за формата и содржината на патниот налог („Службен весник на РМ“, бр. 40/15) и се применува од 14 април 2015 година. Првата надворешна страна на овој патен налог за превоз на стока, како насловна, содржи: - „ ПАТЕН НАЛОГ ЗА ПРЕВОЗ НА СТОКА Бр._______“, - назив на превозникот, - седиште на превозникот,

 

- в купно набавено гориво во литри + претходна залиха, - п роценета залиха на гориво во резервоар по завршување на превоз, - п росечна потрошувачка на гориво на 100 километри, - остварени превози со стока, - в купен трошок за гориво искажан во денари, - други трошоци платени во готово-збир,

- датум на издавање и место,

- пресметани дневници во вкупен износ,

- в ид на превоз (во зависност од превозот се обележува „јавен превоз“ или „за сопствени потреби“),

- одговорно лице и место за печат.

- име и презиме на возачот, - и ме и презиме на другите членови на екипажот, - о сновни податоци за првиот превоз-правец на движење-релација, - п одатоци за возилото: вид, марка, регистарски број, носивост (тони), - место за печат и потпис на овластено лице. Внатрешната страна на патниот налог за превоз на стока претставува една целина и содржи: - д атум на отпочнување (А) и завршување (Б) на превоз, - в реме на отпочнување и завршување на превоз (час и минута), - п очетна и крајна дестинација (место и држава), - вкупно превезена стока (кг., м², л), - вкупно поминати километри, - в купно работно време по дестинации (ден, час, минути) и - забелешки. Втората надворешна страна на патниот налог за превоз на стока претставува Рекапитулар за раздолжување на патниот налог и содржи податоци за: - вкупно поминати километри,

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

- о стварени превози, друг вид превоз за целите на дејноста, За издадените патни налози превозникот задолжително води евиденција и истите е должен да ги чува најмалку една година. Обврската за примената на овој образец важи како за јавниот внатрешен превоз на стока така и за превозот за сопствени потреби во земјата. Покрај патниот налог, при вршење на превоз на стока превозникот е должен во возилото да има и товарен лист и извод од лиценца за превоз, а во меѓународниот превоз и сертификат за учество на возач во меѓународниот превоз и дозвола за меѓународен превоз на стока доколку таа се бара согласно со меѓународната спогодба за патен сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува превозот.

2.2. Товарен лист Товарен лист е документ кој го следи превозот и содржи податоци за фирмата, односно името и седиштето на превозникот, на испраќачот и примачот на стоката, местото на утовар и растовар, името на стоката, нејзината категоризација и количина, регистарскиот број на возилото и посебните забелешки и упатства за превозникот, а се употребува при извршување на превозот на стока во внатрешниот и меѓународен патен сообраќај.

39


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Од 2010 година е во сила Правилникот за формата и содржината на товарниот лист за внатрешен превоз на стока („Службен весник на РМ“, бр. 84/10), со кој е пропишан товарниот лист за внатрешен превоз на стока. Товарниот лист се состои од едноделен образец во четири самокопирачки примероци, од кои по еден примерок добиваат испорачателот, превозникот и примачот на стоката, додека последниот примерок останува како резервен примерок. Обврската за примена на овој образец се наметна како за јавниот внатрешен превоз на стока така и за превозот за сопствени потреби во земјата.

40

Во таа смисла, со членот 97 од Законот е предвидена глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за правното лице, ако во возилото со кое врши јавен превоз на стока нема патен налог и товарен лист согласно член 64 став 4 од Законот. Јавен превоз на стоки во патниот сообраќај е превоз за кој релацијата, цената на превозот и други услови на превозот се определуваат со договор меѓу превозникот и нарачувачот на превозот. Слично како во јавниот превоз, пропишана е обврска за превозите за сопствени потреби во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај, во возилото да имаат: - извод од лиценца во оригинал, - патен налог, - сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај доколку се врши меѓународен превоз за сопствени потреби, - дозвола за меѓународен превоз на стока доколку таа се бара согласно со меѓународна спогодба или договор за превоз на патници и стока во патниот сообраќај склучена меѓу Република Македонија и земјата до, од или преку чија територија се извршува, - товарен лист и - доказ за превоз на стоки за сопствени потреби. www.p

оследниот елемент е она што посебП но се обезбедува кога е во прашање сопствен превоз на стоки и со што се докажува дека се превезуваат исклучиво стоки кои се во врска со вршење на основната дејност, при што стоките што се превезуваат се во нивна сопственост или се од нив произведени и продадени, дадени во обработка или доработка, поправка или од нив се дадени на складирање и слично (како што е опишан превозот за сопствени потреби опишан во член 77 од Законот). Напоменуваме дека лиценца не е потребна за возила чија најголема носивост не надминува 3,5 тони вклучувајќи ја и приколката, кои се користат за сопствен превоз. З а странски превозник точките 1, 2 и 3 се применуваат доколку има пропишани законски обврски од земјата на регистрација на возилото. Посебно е пропишана и глоба според членот 98 од Законот, во износ од 2.500 до 5.000 евра на правно лице, ако врши превоз за сопствени потреби спротивно на условите од членот 77 на Законот. Прилози на крајот на текстот: 1) Патен налог за превоз на стока (прилог 2) 2) Товарен лист за внатрешен превоз на стока. 3. ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА ЗА ПРЕВОЗ Потсетуваме и за постоечката обврска за обележување на возилата за превоз на патници и стоки, согласно со Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделните видови на превоз во патниот сообраќај и за формата и содржината на Потврдата за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови, чие непочитување се санкционира од Државниот инспекторат за транспорт.

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

3.1. Обележување на возилата со кои се врши превоз јавен превоз на стоки Јавен превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај може да се врши со товарни моторни и приклучни возила кои покрај условите пропишани со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и прописите за возила за одделни видови превоз на стоки, ги исполнуваат и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани со овој правилник и тоа: - Товарните моторни возила со кои се врши јавен превоз на стока во патниот сообраќај на надворешните страни на вратите треба да имаат истакнат назив и седиште на превозникот на кој му припаѓа возилото. Податоците наведени на бочните страни на товарното возило треба да бидат идентични со податоците наведени во лиценцата за вршење на јавен превоз на стока. Натписот се испишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а за возилата со кои се врши меѓународен превоз на стока може да биде испишан и на еден од светски признатите јазици. Натписот се испишува со букви со боја што се разликува од основната боја на возилото. Висината на буквите во натписот не треба да биде помала од 30 мм и со најмала дебелина на цртите од буквите 5 мм. Надворешните површини на товарното возило треба да се неоштетени, а ако се санирани, санацијата треба да биде изведена прописно. На бочните надворешни страни, односно на задната страна на затворениот товарен простор на моторното и на приклучното возило со кое што се извршува јавен превоз во патниот сообраќај покрај задолжителните натписи со назив и седиште може да се истакнуваат и реклами во согласност со важечките прописи кои се однесуваат на начинот на кои се поставуваат реклами на возилата. ова обврска за моторните и приклучниН те возила со кои што се извршува меѓунаро-

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

ден превоз на стоки во патниот сообраќај е, покрај задолжителните натписи (називот и седиштето), на бочните страни да стои и една од ознаките: WWW.INVESTINMACEDONIA.COM; или WWW.INVEST.COM напишани хоризонтално или вертикално со знамето на Република Македонија како основа (дадени во Прилог 2 од Правилникот). Оваа обврска ќе започне да се применува од 1 јуни 2015-та година. (Истата не важи за контејнерските приколки, киперски приклучни возила, комбиња, пикап возила и автовозовите.)

3.2. Обележување на возилата со кои се врши превоз за сопствени потреби Во однос на обележувањето, товарните и комбинираните возила (со заедничко име: „товарни возила“) со кои се врши превоз за сопствени потреби треба да ги исполнуваат следните услови од Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови ...: 1) Да имаат истакнато: - н атпис „ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ“, - и ме и презиме и место на живеење на физичкото лице, односно назив и седиште на правното лице истакнати најмалку на надворешната бочна страна на товарното возило, Височината на буквите во натписот не треба да биде помала од 30 мм, со најмала дебелина на цртите на буквите од 5 мм. 2) надворешните површини на товарното возило мора да се неоштетени, а доколку се санирани, санацијата треба да биде изведена прописно. Напомена:

На бочните надворешни страни, односно на задната страна од затворениот товарен простор на моторното возило и на приклучното возило со кое се врши превоз за сопствени потреби, може да биде напишано само името и презимето на физичкото лице, односно називот на прав-

41


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

ното лице кое врши превоз за сопствени потреби, како и реклама за сопствените производи. (Според ова, не е дозволено лепење или друг начин на истакнување на реклами и други натписи, на предната страна на возилото.)

Б. ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ 1. Л ИЦЕНЦИРАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ревозот на патници во внатрешниот паП тен сообраќај може да се врши како општински линиски превоз, меѓуопштински линиски превоз, слободен превоз, посебен линиски превоз, автотакси превоз, како и превоз на патници за сопствени потреби.

42

ревозот на патници во меѓународниот П патен сообраќај може да се врши како линиски превоз на патници, како слободен превоз на патници и превоз на патници за сопствени потреби. Меѓународен линиски превоз на патници е превоз меѓу Република Македонија и друга држава (билатерален) и транзитен превоз преку територијата на Република Македонија се воспоставува во согласност со меѓународните договори, а врз основа на претходна согласност на министерствата надлежни за транспорт на државите низ кои линијата поминува. еѓународниот линиски превоз на патниМ ци на територијата на Република Македонија може да се извршува врз основа на дозвола што ја издава Министерството за транспорт и врски. Дозволата се издава на барање на домашниот и странскиот превозник. Посебен линиски превоз на патници е превоз само на определена група патници со исклучување на други патници. Со посебниот линиски превоз на патници се врши превоз на ученици од дома до училиште и обратно, на работници од дома до местото на работа и обратно, на војни лица од дома до работа и обратно и превоз на лица кои имаат потреба од медицинска нега од дома до здравствената установа и обратно, доколку превозот на www.p

тие лица го организира истата. Патниците кои се превезуваат треба да се наведени во списокот на патници кој е составен дел на договорот за извршување на овој вид на превоз, при што во возилото може да има максимум 10% патници кои не се наведени во списокот на патници. Патниците треба во себе да имаат документ за идентификација издаден од нарачателот на превозот. Слободен превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот сообраќај е превоз за кој релацијата и другите услови се утврдуваат посебно за секој превоз меѓу превозникот и корисникот на услугата. Посебен линиски превоз на патници е и превозот кој е неопходен за извршување на друг вид на превоз (превоз од и до аеродром) при што патниците кои се превезуваат не треба да се наведени во списокот на патници кој е составен дел на договорот за извршување на овој вид на превоз. За вршење на одделни видови на превоз на патници во патен сообраќај, Законот ги предвидува следниве видови лиценци: 1) во внатрешниот патен сообраќај за: - о пштински линиски превоз на патници, односно за линиски превоз на патници за градот Скопје, - м еѓуопштински линиски превоз на патници, - с лободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници, - п ревоз на патници за сопствени потреби и - авто-такси превоз на патници. 2) во меѓународниот патен сообраќај за: - м еѓународен линиски превоз на патници, - м еѓународен слободен превоз на патници и - м еѓународен превоз на патници за сопствени потреби.

kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Напомена:

ез лиценца може да се врши само превоБ зот за општински линиски превоз на патници со трамвај, тролејбус или други шински возила што се врши по пат на договор за воспоставување на концесија или јавно приватно партнерство. Лиценците и изводот од лиценците за секое возило со кое ќе се врши превозот ги издава Министерството за транспорт и врски.

1.1. Аплицирање за лиценца за превоз Лиценца за превоз на патници, може да добие домашно правно или физичко лице, ако ги исполнува следниве услови: - д а е запишано во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра - вршење на превоз на патници во патниот сообраќај; - д а е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот и/ или меѓународниот патен сообраќај, при што за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за лизинг за најмалку две возила со капацитет од најмалку 22+1 седиште по возило, за општински линиски превоз на патници да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, за линиски превоз на патници во градот Скопје да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште а за слободен превоз и посебен линиски превоз на патници да е сопственик или да има договор за лизинг за најмалку едно возило со капацитет со најмалку 8+1 седиште по возило, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз; INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

( Лиценца за меѓуопштински линиски превоз на патници и лиценца за меѓународен линиски превоз на патници се издава само на превозници кои поседуваат возила со минимум Еуро 2 еколошки стандард.)

- д а има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобуси) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

(Како доказ за исполнување на овој услов, се доставува список на вработени по обврзник не постар од 60 дена и копие од образецот м1 / м2 за секој возач одделно.)

- у правителот или овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност; - да има солидна финансиска состојба;

( Ова не се однесува за добивање на лиценца за вршење на превоз во внатрешниот патен сообраќај.)

- да има добар углед; - д а има вработено возачи кои имаат сертификат за учество во меѓународниот превоз на патници.

( Последново се однесува само за добивање на лиценца за меѓународен превоз на патници.) Напомена:

За добивање на лиценца за превоз на патници за сопствени потреби не е потребно задоволувањето на условот: да се има солидната финансиска состојба, како и регистрирана приоритена дејност/главна приходна шифра - вршење на превоз на патници во патниот сообраќај. Сертификатот за професионална компетентност на управителот или овластеното лице одговорно за превоз, како и сертификат за учество во меѓународниот превоз на патници го издава Министерството за транспорт и врски врз основа на уверение за положен испит за професинална компетентност,

43


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

односно уверение за положен испит за добивање на сертификат за учество на возачи во меѓународниот сообраќај. „Солидна финансиска состојба“ Бараната солидна финансиска состојба и нејзиното докажување се уредени на ист начин како и за превозниците на стоки (види во точка 1.1.) Општините и градот Скопје доколку поседуваат во сопственост возила за превоз на патници со повеќе од 8+1 седиште за вршење на превоз не треба да поседуваат лиценца. Со лиценцата на превозникот му се издава и извод од лиценцата за секое возило кое го пријавил со барањето за нејзино издавање.

44

Во изводот на лиценцата за секое возило покрај податоците од лиценцата се внесуваат и следните податоци: марка и тип на возилото, број на шасија, регистерски број, година на производство, дата на издавање, рок на важење и место за печат и потпис. Изводот од лиценцата за секое возило се издава на име на превозникот на кој гласи лиценцата со истиот рок на важење како и лиценцата и не може да се пренесе на друг превозник. 2. Н ЕОПХОДНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ПРЕВОЗОТ НА ПАТНИЦИ ри вршење на општински линиски преП воз и меѓуопштински линиски превоз на патници превозникот е должен во возилото да има извод од лиценца, дозвола за одобрена линија, патен налог во оригинал и регистриран возен ред во оригинал. ри извршувањето на посебниот линиски П превоз на патници во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца, дозвола со возен ред со станици и термини за поаѓање и пристигнување патен налог во оригинал и договор со список на патници. ри вршењето на слободен превоз на патП ници во внатрешниот патен сообраќај во автобусот мора да се наоѓа извод од лиценца, www.p

патен налог во оригинал, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и список на патниците потпишан и заверен од превозникот. При вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај, превозникот мора да има извод од лиценца, патен налог во оригинал, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните царински служби. ри извршување на внатрешниот и меѓуП народниот превоз на патници за сопствени потреби, патниците кои се превезуваат мора да имаат доказ за идентификација издаден од оној кој го извршува превозот за сопствени потреби. При извршување на превозот за сопствени потреби, освен доказот за идентификација, во возилото мора да се наоѓа извод од лиценца во оригинал, патен налог и патен лист, а за меѓународниот превоз на патници за сопствени потреби, возачот мора да има сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот патен сообраќај покрај натписите треба да имаат и натпис со назив на автобуската линија со назначување на почетната, карактеристичните попатни и крајната станица, односно стојалиште, време на поаѓање од почетната и време на доаѓање во крајната станица (за меѓуопштинскиот и меѓународниот), а во автобусите со кои се врши општински линиски превоз на патници и број на линијата и/или назнаки за релацијата. Во автобусите со кои се врши слободен превоз на патници се истакнува и натпис „слободно возење“ и се истакнува на внатрешната десна страна од возилото.

2.1. Патен налог Јасно е, од наведените обврски по различни превози, дека при секој вид на превоз треба во возилото да се има патен налог.

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Во Правилникот за формата и содржината на патниот налог („Службен весник на РМ“, бр. 40/15) е објавен новиот образец на патен налог за превоз на патници, кој се применува од 14 април 2015 година. Првата надворешна страна на овој патен налог за превоз на патници, како насловна, содржи: „ПАТЕН НАЛОГ ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ Бр.“, назив на превозникот, седиште на превозникот, датум на издавање и место, име и презиме на возачот, име и презиме на другите членови на екипажот, вид на превозот (линиски, слободен, за сопствени потреби), основни податоци за правецот на движењерелација, податоци за возилото: марка, тип, регистарски број, број на седишта, место за печат, и потпис на овластено лице. Внатрешната страна на патниот налог претставува една целина и содржи: датум на отпочнување на превозот, состојба на километражата, време на отпочнување на превозот (час и минута), релација на која се врши превозот, време на пристигнување (час и минута), место за потпис и печат на автобуската станица, поминати километри со патници и без патници, број на патници при поаѓањето, број на патници кои: влегле, излегле, останале во возилото, вкупно превезени патници, вкупно поминати километри, застанување и задржување на возилото: задржување на автобуски станици (час и минути), други задржувања (час и минути), причини за задржувањата. За издадените патни налози превозникот задолжително води евиденција и истите е должен да ги чува најмалку една година. На крајот на текстот е даден Патниот налог за превоз на патници, како Прилог 1.

GODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

14.900 denari

 

2.2. ДИЛЕМА - дали и службените па-

тнички автомобили треба да го пополнуваат новиот Патен налог

Обврската за примената на овој образец важи како за јавниот внатрешен превоз на патници така и за превозот за сопствени потреби во земјата. Според член 17 од Законот, превозот на патници во внатрешниот патен сообраќај може да се врши како превоз на патници за сопствени потреби. При тоа, како превоз на патници за сопствени потреби што го вршат домашни и странски правни и физички лица се смета превоз со кој се превезуваат исклучиво патници кои се во врска со вршење на нивната приоритетна дејност, при што патниците кои се превезуваат се вработени во правното лице кое го врши превозот (член 77 од Законот). При извршување на превозот на патници за сопствени потреби, правното лице е сопственик на возилото со кое се врши превозот, а возачот и патниците се вработени во правното лице. Од претходниве одредби на Законот за превоз во патниот сообраќај произлегува дилемата дали и при користењето на службените патнички возила (автомобили) треба да се поседува пропишаниот патен налог за превоз на патници, кога во возилото се наоѓа само лицето овластено за управување со истото но и кога во возилото се превезуваат и други лица? Јасно е дека квалификацијата „превоз за сопствени потреби“ би можела да се потврди и во овие случаи, поради намената на превозот (вршење на приоритетна дејност), како и поради фактот дека станува збор за вработени во фирмата сопственик на возилото. Но, според истиот член (77) и одредбата на членот 5 од Законот: превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.

45


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Ова, согласно со прописот за посебните техничко-експлоатациони услови (Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови...), се однесува на моторните возила за превоз на патници во кои според член 2 од овој Правилник спаѓаат: патничките возила наменети за авто-такси превоз, автобусите и возила за групен превоз на патници со 8+1 седиште. Оттука, службените автомобили не се сметаат за возила за вршење на превоз на патници воопшто, а тоа значи дека и под „превоз за сопствени потреби“ од Законот не се подразбира превозот со службените патнички автомобили.

46

Од кажаното произлегува дека користењето на службените патнички автомобили не е со обврска за пополнување на пропишаниот патен налог за превоз на патници иако тоа не значи дека возачот или неговите сопатници во службените патнички автомобили не треба да имаат некој документ кој би го оправдал нивното сообраќање со службеното возило надвор од седиштето на сопственикот. Но, тнр. налог за деловно патување, интерно креиран, со наведена работна задача за вработениот, може да го придружува а не да го замени пропишаниот образец на патен налог, таму каде истиот е потребен, односно кога превозот се врши со автобуси или возило со капацитет со најмалку 8+1 седиште по возило. 3. О БЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ С огласно Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови ... автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај (линиски и слободен) на надворешните бочни страни имаат натпис со назив и седиште на превозникот и амблем доколку превозникот го има утврдено. (Натписот се испишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.) Податоците наведени на бочните страни на автобусот треба да бидат исти со податоците наведени во лиценцата за вршење на соодветниот вид превоз. Висината на буквите во натписот несмее да биде помала од 30мм, а најмалата дебелина на цртите со кои се испишани буквите е 5мм. www.p

Автобусите со кои се врши линиски превоз на патници на подрачјето на општината, односно на подрачјето на градот Скопје покрај спомнатиот натпис можат да имаат и рекламни натписи. Бочните надворешни страни и задната страна на автобусите кои вршат меѓународен превоз на патници се обележуваат со една од ознаките дадени во Прилог 1 од овој Правилник, така што превозникот сам го избира видот на ознаката: Invest MACEDONIA No 1 DESTINATION FOR DOING BUSINESS IN SOUTHEAST EUROPE WWW.INVESTINMACEDONIA.COM; или Invest MACEDONIA No 1 DESTINATION FOR DOING BUSINESS IN SOUTHEAST EUROPE WWW.INVEST.COM Оваа обврска ќе се применува од 1 јуни 2015 година.

Автобусите со кои се врши превоз за сопствени потреби треба да имаат: - и стакнат натпис „ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ“, - н азив и седиште на правното лице истакнати најмалку на надворешните бочни страни на автобусот. Височината на буквите во натписот не треба да биде помала од 30 мм со најмала дебелина на цртите за буквите од 5мм. ВАЖНО!

ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО

РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров

740

страни

3.150 денари

тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

 

47

INFORMATOR 5 I MAJ 2015


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

48

www.p

roagens.mk


ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

 

49

INFORMATOR 5 I MAJ 2015


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Прилог 2 (страна трета и четврта)

15

godi{en

Agencija “Pro Agens”

JUBILEJ

50

RAVEN PAKET 2010

www.p

roagens.mk

PRIRA^NIK ZA RABOTNITE ODNOSI ZAKON ZA TRGOVSKITE DRU[ TVA ZAKON ZA OBLIGACIONITE ODNOSI TRITE KNIGI ZAEDNO

 1.500 600 500 2.400 denari

NAJNOVO!

2010


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk

промени на сметководствени политики И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА греШки (МСС 8 И ОДДЕЛ 10 НА МСФИ ЗА МСЕ)

П

равилникот за водење сметководство (“Службен весник на РМ”, бр. 159/09, 164/10 и 107/11) го содржи Меѓународниот сметководствен стандард (МСС) 8 - Сметководствени политики, промени на сметководствени проценки и грешки, кој го применуваат големите и средни субјекти, како и Одделот 10 - Сметководствени политики, проценки и грешки на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСЕ), кој го применуваат малите и микро субјекти и кој претставува скратена и поедноставена верзија на МСС 8. Овие два стандарда, соодветно за субјектите кои ги применуваат, ги пропишуваат критериумите за избор и примена на сметководствените политики употребени во подготовката на финансиските извештаи, како и сметководствениот третман и обелоденувањето на промените на сметководствените политики, промените на сметководствените проценки и исправките на грешки од изминатите периоди. Целта на стандардите е да се подобри релевантноста и веродостојноста на финансиските извештаи на субјектот и спо-редливоста на овие финансиски извештаи, како со извештаите на субјектот од претходни периоди, така и со финансиските из-вештаи на други субјекти. Во продолжение на текстот ги прикажуваме насоките од овие стандарди одделно во два дела I и II.

kontakt@proagens.com.mk

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

I. СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА промениТЕ на сметководствени политики И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА греШки СОГЛАСНО СО МСС 8 (ГОЛЕМИ И СРЕДНИ СУБЈЕКТИ) I.1. ЕФЕКТИ ОД Промени на сметководствени политики Сметководствени политики се специфични принципи, основи, конвенции, правила и практики усвоени од страна на едно друштво при подготвувањето и презентирањето на финансиските извештаи. Друштвото треба да ги избере и да ги применува своите сметководствени политики конзистентно за слични трансакции, други настани и услови, освен во случаи кога некој друг МСФИ посебно бара или дозволува категоризација на ставки, за кои може да бидат соодветни различни политики, во кој случај треба да се избере и применува сметководствена политика конзистентно за секоја категорија. Корисниците на финансиските извештаи имаат потреба да бидат во можност да ги споредуваат финансиските извештаи на субјектот во рамките на определен временски период за да ги идентификуваат трендовите во неговата финансиска состојба, успешноста во работењето и паричните текови. Поради тоа, истите сметководствени политики се применуваат во секој период и од еден период до друг, освен кога промената на сметководствената политика е неопходно да се направи согласно со МСС 8.

51


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

промена на сметководствена политика, согласно со МСС 8, треба да биде направена само ако промената: - се бара со одреден МСФИ, - р езултира во поверодостојно и порелевантно обезбедување на информациите во финансиските извештаи на субјектот, во однос на ефектите од трансакциите, другите настани или услови за финансиската состојба на субјектот, финансиската успешност или паричните текови. МСС 8 определува што не претставува промена на сметководствените политики: а) примена на сметководствена политика за трансакции, други настани или услови кои суштински се разликуваат од оние кои претходно постоеле и

52

б) примена на нова сметководствена политика за трансакции, други настани или услови кои не се случиле претходно или биле незначајни. Напомена:

МСС 8, точка 17, предвидува исклучок во примената на своите одредби при промена на одредена сметководствена политика. Имено, почетната примена на политиката за евидентирање на средствата по ревалоризирани износи според дозволениот алтернативен третман во МСС 16 Недвижности, постројки и опрема или МСС 38 - Нематеријални средства, претставува промена на сметководствена политика, меѓутоа таа се третира како ревалоризација во согласност со МСС 16 или МСС 38, а не во согласност со МСС 8.

промената на сметководствена политика, зависно од барањата на стандардот, се применува:

I.1.1. ретроактивна примена на променета сметководствена политика МСС 8 регулира промената на сметководствената политика да се примени ретроактивно, освен кога не е практично да се утврдат било ефектите кои се специфични за периодот или пак кумулативните ефекти кои произлегуваат од промената (МСС 8, точки 19 и 23), односно кога: а) друштвото треба да ја евидентира промената на сметководствената политика, која произлегува од првична примена на некој МСФИ во согласност со конкретните преодни одредби, доколку ги има, во тој МСФИ, б) друштвото ја менува сметководствената политика при првична примена на некој МСФИ, кој не вклучува конкретни преодни одредби, кои се применуваат за таа промена, или кога станува збор за доброволна промена на сметководствената политика. ретроактивната примена резултира во примена на новата сметководствена политика на трансакциите, останатите настани и услови, на начин како новата сметководствена политика отсекогаш да била во употреба. Друштвото треба да го корегира: - почетното салдо на секоја компонентна на главнината, на која таа промена има влијание, од најраниот претходен период кој е презентиран и - другите споредбени износи кои се обелоденети за секој претходен период, кои треба да бидат презентирани како новата сметководствена политика отсекогаш да била применувана.

- ретроактивно или - проспективно.

www.p

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

Вообичаено исправката се врши на акумулираната (задржаната) добивка, но може да биде направена исправка и на друга компонентна од главнината (на пример, за да биде во согласност со барањата на МСФИ). Било која друга информација за претходните периоди, како на пример историско резиме на финансиски податоци, исто така, се корегира за колку што е можно најдалечни периоди за кои тоа е практично. Кога друштвото применува нова сметководствена политика ретроактивно, ја применува новата сметководствена политика на споредбените податоци за претходните периоди за колку што е можно најдалечни периоди за кои истото е практично. Износот на резултирачката исправка која се однесува на периоди кои претходат на периодите кои се презентирани во финансиските извештаи се врши на почетното салдо на секоја компонентна на главнината од најраниот презентиран период, на која има влијание промената. даночните ефекти од ретроактивните корекции направени заради примена на промените во сметководствените политики се евидентираат и обелоденуваат во согласност со МСС 12 - даноци на добивка.

 

Пример за промена на сметководствена политика ретроактивна примена: Во текот на xxx1 година, “Делфи” ја променила својата сметководствена политика во врска со третманот на трошоците за позајмувањата, кои директно се припишуваат на стекнувањето на една хидроцентрала, чија изградба е во тек од страна на “Делфи”. Во претходните периоди, “Делфи” ги капитализирала таквите трошоци, без данокот на добивка, во согласност со дозволениот алтернативен треман на МСС 23 - Трошоци за позајмувања. “Делфи” одлучила да ги расходува, наместо да ги капитализира таквите трошоци со цел да се усогласи со основниот третман во МСС 23. “Делфи” ги капитализирала стекнатите трошоци за позајмување во износ од 2.600 денари во xxx0 година и 5.200 денари за периодите пред xxx0 година. Сите стекнати трошоци за позајмувањата во претходните години во врска со стекнувањето на хидроцентралата биле капитализирани. Сметководствената евиденција на “Делфи” за xxx1 година искажува добивка од редовни активности пред оданочување и камати во износ од 30.000 денари; расходите за камати се во износ од 3.000 денари (кои се однесуваат само на xxx1 година) и данок на добивка во износ од 2.700 денари. “Делфи” сеуште не признала било каква амортизација на хидроцентралата, бидејќи таа не е ставена во употреба.

Во xxx0 година, “Делфи” искажала: Добивка од редовни активности пред камати и оданочување расходи за камати Добивка од редовни активности пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка

18.000 / 18.000 1.800 16.200

Почетните акумулирани добивки во xxx0 година биле 20.000 денари, а крајните акумулирани добивки изнесувале 36.200 денари.

 INFORMATOR 5 I MAJ 2015

02/ 3162-979 i 3298-763

53


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Ефект од промена на сметководствена политика - ретроактивна примена: друштво “делфи” Извадок од Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) Опис

година xxx1

Добивка од редовни активности пред камати и оданочување расходи за камати Добивка од редовни активности пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка

30.000 (3.000) 27.000 (2.700) 24.300

година xxx0 (повторно пресметани) 18.000 (2.600) 15.400 (1.540) 13.860

друштво “делфи” Извадок од Извештај за промени на главнината (само колони за акумулирана добивка) година xxx1

Опис

54

акумулирана добивка, почетна, како што е претходно искажана промена на сметководствена политика - (намалено за данок на добивка од 780 за xxx1 година /7.800 x 10%/ и 520 за xxx0 година /5.200 x 10%/) - (Белешка број 1) Акумулирана добивка, почетна, повторно искажана нето добивка акумулирана добивка, заклучна

друштво “делфи”

29.180 24.300 53.480

15.320 13.860 29.180

денари (xxx1 година) и 2.600 денари (xxx0 година). Почетните акумулирани добивки за xxx0 година се намалени за 5.200, заради усогласување со поранешните периоди до xxx0 година.

Извадок од белешките кон финансиските извештаи Белешка 1: Во текот на xxx1 година, “Делфи” ја променила својата сметководствена политика во врска со третманот на трошоците за позајмувањата, кои се однесуваат на хидроцентралата во изградба за користење од страна на “Делфи”. Со цел да се усогласи со основниот треман на МСС 23 - Трошоци за позајмувања, друштвото сега ги расходува наместо да ги капитализира овие трошоци. Оваа промена во сметководствената политика водела кон ретроактивни пресметувања. Споредливите извештаи за xxx0 година биле исправени за да се усогласат со променетата политика. Ефектите од промената резултирале во зголемување на расходите за камати во износ од 3.000

www.p

36.200 (7.020)

година xxx0 (повторно пресметани) 20.000 (4.680)

I.1.2.проспективна примена на променета сметководствена политика (Ограничување на ретроактивната примена) Кога е непрактично друштвото ретроактивно да ја примени новата сметководствена политика, заради тоа што не може да го утврди кумулативниот ефект од примената на политиката на сите претходни периоди, друштвото ја применува новата политика проспективно од почетокот на најраниот период за кој тоа е практично. на тој начин, со ова се изоставува делот на кумулативната исправка на средствата, обврските и главнината кои произлегле пред таа дата.

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

Промена на сметководствена политика е дозволено дури и доколку е непрактично да се примени политиката проспективно за било кој претходен период. Примената на некое барање станува непрактична, доколку друштвото и покрај направените разумни напори сепак не успева да го примени тоа барање. За одреден претходен период, не е практично да се примени промена на сметководствена политика ретроактивно, доколку: а) ефектите од ретроактивната примена не можат да се утврдат, б) р етроактивната примена бара проценки на намерите на раководството во тој период, в) ретроактивната примена бара значителни проценки на износи и не е возможно објективно да се разграничат информациите во врска со тие проценки кои: - о безбедуваат докази за околностите кои постоеле на датата (датумите) на кои тие износи треба да се признаат, измерат и обелоденат, - б и биле на располагање кога финансиските извештаи за тој претходен период биле одобрени за издавање од другите информации. Точките од 50-53 на МСС 8 обезбедуваат подетално упатство во однос на тоа кога е непрактично да се примени нова сметководствена политика на еден или повеќе претходни периоди. Во МСС 8 точки 24 и 25 се наведени две основни правила, според кои: а) к ога е непрактично да се утврдат ефектите кои се специфични за периодот кои произлегуваат од промената на сметководствената политика за споредбените информации за еден или повеќе презентирани периоди, друштвото треба да ја примени новата сметководствена политика на сегашната вредност на средствата и обврските на почетокот

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

  од најраниот период за кој е практична ретроактивната примена, што може да биде тековниот период и треба да се направат кореспондирачки корекции на почетното салдо за секоја компонента од главнината во тој период на кој има влијание промената,

б) к ога е непрактично да се утврди кумулативниот ефект кој произлегува од промената, на почетокот од тековниот период, од примената на сметководствената политика на сите претходни периоди, друштвото треба да ги корегира споредбените податоци за да ја примени новата сметководствена политика проспективно од најраната дата која е практична. Како идна (проспективна) примена на промена во сметководствената политика, се смета примената на новата сметководствена политика на трансакции, други настани и услови кои се случуваат по датумот на промена на политиката. На пример, друштвото може да одлучи да ја промени својата сметководствена политика за трошоците за позајмување и да ги капитализира овие трошоци во согласност со дозволениот алтернативен третман во МСС 23 - Трошоци за позајмување. Според проспективната примена, новата политика се применува само на трошоците за позајмување коишто настануваат по датумот на промената на сметководствената политика.

I.2. ЕФЕКТИ ОД Промени на сметководстве ни проценки Сметководствените проценки се всушност разумни расудувања засновани на последните расположиви соодветни информации. Проценките се потребни поради тоа што голем број на ставки во финансиските извештаи не можат прецизно да се измерат, туку можат само да се проценат, како резултат на неизвесностите со кои се соочува

55


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

друштвото во своето секојдневно работење. Користењето на разумни проценки претставува значаен дел на подготвувањето на финансиските извештаи и не ја намалува нивната веродостојност.

а) периодот на промената, доколку промената влијае само врз тој период или

Проценките можат да бидат потребни, на пример, за:

на пример, промена на проценката на износот на ненаплатливи побарувања влијае само врз тековниот период и, според тоа, веднаш се признава. Меѓутоа, промената на проценетиот корисен век на употреба или на очекуваниот модел на трошење на економските користи на средство кое се амортизира (методот на амортизација) влијае врз расходот за амортизација во тековниот период и во секој период во текот на преостанатиот корисен век на употреба на средството, така што ефектот на промената кој се однесува на тековниот период се признава како приход или расход во тековниот период, а сите ефекти врз идните периоди се признаваат во идните периоди.

- у тврдување на износот на ненаплативите побарувања, - о пределување на застареноста на залихите, - о пределување на објективната вредност на финансиските средства или финансиските обврски, - о пределување на корисниот век на употреба на средствата или

56

- о пределување на очекуваниот модел на трошење на економските користи на средствата кои се амортизираат (определување соодветен метод на амортизација), - о пределување на гаранциските обврски. Доколку се случат промени во врска со околностите на коишто била заснована проценката, или дојде до последователни случувања, или пак друштвото се стекне со нови информации и поголемо искуство, може да биде потребно да се ревидира определена проценка. По својата природа, ревидирањето на проценките не се однесува на претходни периоди и не претставува исправка на грешка. Напомена:

Во случаи кога е тешко да се направи разлика помеѓу промена на сметководствена политика и промена на сметководствена проценка, промената се третира како промена на сметководствена проценка. Ефектот од промена на сметководствена проценка, освен од промената наведена во точката 37 на МСС 8, треба да биде признаен проспективно со негово вклучување во утврдувањето на добивката или загубата во:

www.p

б) п ериодот на промената и идните периоди, доколку промената влијае и врз двете.

Според исклучокот пропишан во точката 37 на МСС 8, до степенот до кој промената на сметководствената проценка влијае на зголемувањето на промената на средствата и обврските, или се однесува на одредена ставка од главнината на друштвото, ефектот од промената на сметководствената проценка треба да се признае со исправка на сметководствената вредност на поврзаното средство, обврска или ставка од главнината во периодот на промената.

I.3. Е ФЕКТИ ОД ИСПраВКа н а ГрЕШКИ Во сметководството и подготвувањето на финансиските извештаи можат да настанат грешки, во вид на математички грешки, грешки во примената на сметководствените политики, погрешно толкување на факти, поради измама или превиди. Грешки од изминатиот период се пропусти и грешки во финансиските извештаи на друштвото за еден или повеќе претходни периоди настанати поради недостатокот од користење, или од погрешно користење, на веродостојни информации кои:

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

- б иле на располагање кога финансиските извештаи за тие периоди биле одобрени за издавање, - б и било разумно да се очекува дека тие би биле обезбедени и земени во предвид во подготовката и презентирањето на тие финансиски извештаи. Финансиските извештаи не се во согласност со МСФИ, доколку тие содржат било материјални (значајни) грешки или пак нематеријални (незначајни) грешки, кои се направени намерно за да се постигне одредено презентирање на финансиската состојба, финансиската успешност или паричните текови на едно друштво. Потенцијални грешки во тековниот период, кои се откриени во тој период, се корегираат пред да се одобрат финансиските извештаи за издавање. Меѓутоа, понекогаш материјални грешки не се откриваат се до поминување на последователен период, и тие грешки од претходен период се корегираат во споредбените податоци кои се презентирани во финансиските извештаи за тој последователниот период. Материјални (значајни) испуштања или погрешни прикажувања на ставки се материјални, доколку тие би можеле, индивидуално или заедно, да влијаат на економските одлуки, кои ги донесуваат корисниците врз основа на финансиските извештаи. Материјалноста зависи од големината и природата на ставката за која се расудува во околностите на окружувањето. Напомена:

Исправањето на грешки се разликува од промените на сметководствените проценки. Сметководствените проценки по својата природа претставуваат приближни вредности, кои можеби ќе треба да се ревидираат доколку станат познати некои дополнителни информации. На пример, добивката или загубата, која е признаена во врска со резултатот на даден неизвесен настан, којшто претходно не можел веродостојно да се процени, не претставува исправка на грешка.

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

Грешката од претходен период, зависно од барањата на стандардот, се корегира со ретроактивно повторно прикажување, освен до степенот до кој е непрактично да се утврдат ефектите кои се специфични за периодот или кумулативниот ефект од грешката. Даночните ефекти од исправките на грешки од изминатите периоди се евидентираат и обелоденуваат во согласност со МСС 12 - Даноци на добивка. I.3.1. Исправка на грешки со ретроактивно повторно прикажување Ретроактивно повторно прикажување е исправка на признавањето, мерењето и обелоденувањето на износите на елементите на финансиските извештаи како грешката од претходните периоди никогаш да не настанала. Друштвото треба да ги корегира материјалните грешки од претходниот период ретроактивно во првиот сет на финансиски извештаи кои се одобрени за издавање откако тие ќе бидат откриени со: а) повторно прикажување на споредбените износи за претходниот презентиран период(и) во кој настанала грешката, б) доколку грешката настанала пред најраниот претходен период кој е презентиран во финансиските извештаи, треба повторно да се прикаже почетната состојба на средствата, обврските и главнината за најраниот претходен период кој е презентиран. ример за исправка на грешка - ретроП активно повторно прикажување: Во xxx1 година, сметководителот на друштвото “Бета” открил дека во xxx0 година друштвото не го евидентирало расходот за амортизација во износ на 20.000 денари, кој се однесува на ново изградена зграда. Следат извадоци од Извештајот за сеопфатна добивка (биланс на успех) и Извештајот за промени во главнината за xxx1 година и xxx0 година пред исправката на грешката:

57


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

Опис Бруто добивка Општи и административни трошоци, вклучувајќи амортизација Добивка од редовни активности, пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка акумулирана добивка, почетна акумулирана добивка, заклучна

година xxx1 200.000 (80.000) 120.000 (12.000) 108.000 165.000 273.000

година xxx0 230.000 (80.000) 150.000 (15.000) 135.000 30.000 165.000

Корекција на грешка - ретроактивно повторно прикажување: друштво “Бета” Извадок од Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) година xxx1

Опис Бруто добивка Општи и административни трошоци, вклучувајќи амортизација Добивка од редовни активности, пред оданочување Данок на добивка (10%) нето добивка

58

200.000 (80.000) 120.000 (12.000) 108.000

година xxx0 (повторно пресметани) 230.000 (100.000) 130.000 (13.000) 117.000

друштво “Бета” Извадок од Извештај за промени на главнината (само колони за акумулирана добивка) година xxx1

Опис

акумулирана добивка, почетна, како што е претходно искажана Корекција на грешка - нето ефект на данок на добивка, во износ од 2.000 (20.000 расход на амортизација x 10% данок на добивка 1) - (види Белешка број 1) Акумулирана добивка, почетна, повторно искажана нето добивка акумулирана добивка, заклучна

година xxx0

165.000

(повторно пресметани) 30.000

(18.000)

/

147.000 108.000 255.000

30.000 117.000 147.000

друштво “Бета” Извадок од белешките кон финансиските извештаи Белешка 1: Друштвото не евидентирало расход на амортизација во износ од 20.000 денари во xxx0 година. Финансиските извештаи за xxx0 година се повторно искажани за да се корегира грешката. 1

неприкажаниот расход на амортизација од 20.000 денари, претходно предизвикал прикажување на повисока добивка, за што е платен и повеќе данок. Овде се неутрализира тоа со корегирање на грешката од 20.000 денари за нето даночниот ефект.

www.p

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

I.3.2. Исправка на грешки при ограничување на ретроактивното повторно прикажување Кога е непрактично да се утврдат ефектите кои се специфични за периодот во однос на грешката на споредбени податоци за еден или повеќе презентирани претходни периоди, друштвото треба повторно да ги искаже почетните состојби на средствата, обврските и главнината за најраниот период за кој е практично ретроактивното повторно прикажување (што може да биде тековниот период). Кога е непрактично да се утврди кумулативниот ефект, на почетокот на тековниот период, за грешка во однос на сите претходни периоди, друштвото треба повторно да ги искаже споредбените податоци за да се корегира грешката проспективно од најраната дата која е практична. Корекцијата на грешката од претходен период е исклучена од добивката или загубата за периодот во кој се открила грешката. Сите информации презентирани во однос на претходни периоди, вклучувајќи ги и сите историски збирни финансиски податоци, повторно се прикажуваат за колку што е можно најдалечен период за кој тоа е практично. Кога е непрактично да се утврди износот на грешката (на пример, грешка во примената на сметководствена политика) за сите претходни периоди, друштвото треба повторно да ги искаже споредбените информации проспективно од најраната дата која е практична. На тој начин, со ова се изоставува делот на кумулативната исправка на средствата, обврските и главнината кои произлегле пред таа дата.

 

II. СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА промениТЕ на сметководствени политики И ПРОЦЕНКИ И ИСПРАВКИ НА греШки СОГЛАСНО СО ОДДЕЛОТ 10 НА МСФИ ЗА МСЕ (МАЛИ И МИКРО СУБЈЕКТИ) Одделот 10 на МСФИ за МСЕ обезбедува насоки за избирање и примена на сметководствените политики употребени во подготовката на финансиските извештаи на малите и микро субјекти, како и за начинот на сметководствено спроведување на ефектите од нивните промени. Исто така, овој оддел ги опфаќа промените во сметководствените проценки и исправки на грешки во финансиските извештаи од претходни периоди. Во продолжение се прикажани преработени примери користени од Прирачникот за обука на МСФИ за МСЕ, на Фондацијата за МСФИ (В. Британија) од 2009 година.

II.1.ЕФЕКТИ ОД ПРОМЕНИ ВО СМЕТКОВОДСТВЕНИТE ПОЛИТИКИ Друштвото ја менува сметководствената политика само ако промената: а) ја бараат измените во МСФИ за МСЕ или б) резултира во финансиски извештаи кои обезбедуваат веродостојни и порелевантни информации за ефектите на трансакциите, другите настани или услови на финансиската состојба, финансиските резултати и парични текови на друштвото. Следново не се смета за промена во сметководствените политики: а) примената на сметководствена политика за трансакции, други настани или состојби што во суштина се разликуваат од оние што претходно се појавиле,

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

59


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

б) примената на нова сметководствена политика за трансакции, други настани или состојби што претходно не се појавиле или не биле материјални, в) промена во моделот на набавна вредност кога повеќе не е достапна веродостојна мерка за објективната вредност (или обратно) за средство за коешто МСФИ за МСЕ бара или дозволува да се мери по објективна вредност. Доколку МСФИ за МСЕ дозволува избор на сметководствен третман (вклучувајќи основа за мерење) за одредена трансакција или друг настан или услов и друштвото го промени неговиот избор, тоа е промена во сметководствената политика.

60

Кога е тешко да се направи разлика меѓу промена во сметководствената политика и промена во сметководствената проценка, промената се третира како промена на сметководствена проценка. Друштвото ги евидентира промените во сметководствената политика како што следува: а) друштвото ја евидентира промената во сметководствената политика што резултира од промена во барањата од МСФИ за МСЕ во согласност со преодните одредби, доколку постојат, утврдени во таа промена, б) кога друштвото избрало да го следи МСС 39 - Финансиски инструменти: Признавање и мерење наместо следење на Оддел 11 - Основни финансиски инструменти и Оддел 12 - Други финансиски инструменти како што е дозволено со став 11.2 и се променат барањата од МСС 39, друштвото ја евидентира таа промена во сметководствената политика во согласност со преодните одредби, доколку постојат, наведени и ревидирани во МСС 39, и в) друштвото ги евидентира сите останати промени во сметководствената политика ретроактивно.

www.p

Пример за точка б: Промена на сметководствена политика согласно со МСС 39 Во согласност со единствената можност на МСФИ за МСЕ да се користат целосните МСФИ (горенаведена точка б), друштвото ги применува барањата на МСС 39. Во тековниот период, МСС 39 се изменил. Преодните одредби на промената на МСС 39, бараат промената на сметководствената политика да се евидентира како прилагодување на акумулираната добивка на почетокот на тековниот период на известување. Друштвото пресметало дека 70.000 денари од намалувањето на акумулираната добивка во износ од 110.000 денари на почетокот на тековниот период на известување, како резултат на промена на сметководствената политика, припаѓа на годините пред споредбениот период на известување. Ефектот на промената на сметководствената политика мора да биде презентиран како повторно прикажување на акумулираната добивка на почетокот на тековниот период на известување - намалување од 110.000 денари. Во согласност со преодните одредби на промената на МСС 39, споредбените износи не мора да бидат повторно искажани.

Пример за точка в: ретроактивна примена на промена на сметководствена политика Во тековниот период на известување, друштвото доброволно променило сметководствена политика. Кумулативниот ефект на промената на сметководствената политика врз акумулираната добивка на друштвото е намалување од 110.000 денари на почетокот на тековниот период на известување, од кои 70.000 денари припаѓаат на годините пред споредбениот период на известување. Во согласност со горенаведената точка в), ефектот на промената на сметководствената политика мора да биде презентиран како повторно искажување на акумулираната добивка на почетокот на споредбениот период на известување (намалување од

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

70.000 денари) и 40.000 денари намалување во добивката за споредбениот период. Кумулативниот ефект на овие повторни прикажувања е намалување на акумулираната добивка во износ од 110.000 денари на почетокот на тековниот период на известување.

II.1.1. Ретроактивна примена на промена на сметководствена политика Кога се прави ретроактивна промена во сметководствена политика, друштвото ја применува новата сметководствена политика на компаративните информации за претходните периоди до најраниот датум кога тоа е изводливо, исто како новата сметководствена политика да била применета отсекогаш. Кога е непрактично да се одредат ефектите на поединечните периоди на промена во сметководствената политика на компаративните информации за еден или повеќе презентирани периоди, друштвото ја применува новата сметководствена политика на сметководствените вредности за средствата и обврските на почетокот на најраниот период за кој е изводлива ретроспективна примена, што пак може да биде тековниот период и ги прави соодветните корекции на почетното салдо на секоја засегната компонента на главнината за тој период.

ример за ретроактивна примена П на промена на сметководствена политика: Во 2015 година, друштвото доброволно променило сметководствена политика. Во согласност со точката 10.11 в), друштвото мора да ја евидентира оваа промена ретроактивно. Кумулативниот ефект на промената е намалување на акумулираната добивка во износ од 120.000 денари на 1.1.2015 година - почетокот на тековниот период на известување.

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

 

Друштвото презентира две години на споредбени информации (2013 и 2014) и пресметало дека ефектот од промената на сметководствената политика изнесува 30.000 денари пониска добивка за секоја од минатите 4 години (2014, 2013, 2012 и 2011). Ефектот на промената на сметководствената политика мора да биде презентиран како повторно искажување на: - а кумулираната добивка на 1.1.2013 година - намалена за 60.000 денари, - д обивката за годината што завршува на 31.12.2013 година - намалена за 30.000 денари, - д обивката за годината што завршува на 31.12.2014 година - намалена за 30.000 денари. Кумулативниот ефект на овие повторни искажувања изнесува 120.000 денари пониско повторно искажување на акумулираната добивка на 1.1.2015 година (на почетокот на тековниот период на известување).

II.2. Е ФЕКТИ ОД ПРОМЕНА ВО СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕНКИ Промената во сметководствените проценки е корекција на сметководствената вредност на средството или обврската, или пак износот на периодичната потрошувачка на средството, што резултира од оценка на тековната состојба и очекуваните идни користи и обврски поврзани со средствата и обврските. Промените во сметководствените проценки резултираат од новите информации или развојот и соодветно не се корекции на грешки. Друштвото го признава ефектот на промената во сметководствената проценка, освен за промената во долунаведениот случај (точка 10.17), вклучувајќи ја во иднина во добивката или загубата во: а) периодот на промената, доколку промената влијае само на тој период, или

61


Pr  fesionalna Edukacija

A g e n c i j a “P r o A g e n s”

б) п ериодот на промената и идните периоди, доколку промената влијае на двата. По исклучок, се додека промената во сметководствената проценка предизвикува промени во средствата и обврските, или се однесува на ставка од главнината, друштвото ја признава преку корекција на сметководствената вредност на ставките за поврзаното средство, обврска или главнина во периодот на промената (точка 10.17).

ример - проспективна промена П на сметководствена проценка:

62

на 31.12.2014 година, друштвото вреднувало едно свое побарување во износ од 240.000 денари (720.000 денари бруто износ намален за 480.000 денари резерва за сомнителни побарувања). Проценката на големината на сомнителното побарување била соодветно направена врз основа на сите информации кои биле расположливи. Друштвото примило известување од ликвидаторот на должникот дека ќе прими 300.000 денари како целосно и крајно подмирување на долгот на 31.12.2015 година. Друштвото мора да вклучи 60.000 денари (300.000 денари на 31.12.2015 година намалено за 240.000 денари на 31.12.2014 година) како зголемување на добивката за годината која завршува на 31.12.2015 година поради промена на сметководствена проценка.

II.3. И СПраВКИ на ГрЕШКИ ВО ПрЕТХОДнИ ПЕрИОДИ Грешките во претходниот период се пропусти и погрешни прикази во финансиските извештаи на друштвото за еден или повеќе претходни периоди што настануваат заради неупотребување или злоупотребување на веродостојните информации коишто: а) биле достапни кога финансиските извештаи за тие периоди биле одобрени за објавување, и б) може реално да се очекува дека биле добиени и земени предвид во подгоwww.p

товката и презентирањето на тие финансиски извештаи. Таквите грешки ги вклучуваат ефектите на математички грешки, грешки во примена на сметководствените политики, превиди или погрешни толкувања на фактите, како и измама. Колку што е тоа изводливо, друштвото ретроактивно ја исправа материјалната грешка од претходен период во првиот финансиски извештај одобрен за објавување, откако истата била откриена, така што: а) повторно ги прикажува компаративните износи за претходниот презентиран период(и) кога грешката се појавила, или б) доколку грешката се појавила пред да биде презентиран најраниот претходен период, повторно ги прикажува почетните салда на средствата, обврските и главнината за најраниот претходно презентиран период. Кога е непрактично да се одредат ефектите на грешката за специфичен период врз компаративните информации за еден или повеќе претходно презентирани периоди, друштвото повторно ги прикажува почетните салда за средствата, обврските и главнината за најраниот период за кој е изводливо ретроактивно повторно прикажување (што може да биде и тековниот период).

Пример за точка а: ретроактивно исправање на грешка Во 2015 година, откако друштвото ги одобрило за издавање финансиските извештаи за 2014 година, открило дека трошокот за амортизација за 2012 година бил потценет за 43.200 денари, поради пресметковна грешка. Потценувањето во износ од 43.200 денари на трошокот за амортизација во финансиските извештаи за 2014 година е грешка на претходно презентиран период. Ефектот од корекцијата на грешката на претходно презентиран период (2014) мора да биде презентиран како:

roagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

- п овторно искажување на добивката за годината што завршува на 31.12.2014 година како намалување од 43.200 денари, како и

Друштвото утврдило дека е непрактично да се утврдат индивидуалните ефекти на исправката на грешката за периодите пред 2012 година.

- п овторно искажување на акумулираната добивка на 1.1.2015 година (почетокот на тековниот период на известување) со намалување за 43.200 денари (за цели на примерот, ги игнорираме даночните ефекти).

Ефектот на исправката на грешката од претходно презентирани периоди мора да се презентира како:

Пример за точка б: ретроактивно исправање на грешка Во 2015 година, друштвото открило програмска грешка во системот за определување на цена на чинење на неговиот главен производ. Корекцијата на грешката од претходно презентирани периоди треба да се изведе ретроaктивно. Кумулативниот ефект од исправката на грешката изнесува 120.000 денари намалување на акумулираната добивка на 1.1.2015 година (почетокот на тековниот период на известување). Друштвото презентира две години на споредбени информации (2013 и 2014) и пресметало дека ефектот на исправката на грешката изнесува 30.000 денари пониска добивка за секоја од минатите 4 години (2014, 2013, 2012 и 2011).

INFORMATOR 5 I MAJ 2015

- п овторно искажување на акумулираната добивка (и залихите-средство) на 1.1.2014 година, намалена за 90.000 денари, - н амалување на добивката за годината што завршува на 31.12.2014 година за 30.000 денари, - п овторно презентирање на акумулираната добивка со намалување од 120.000 денари (и залихите-средство) на 1.1.2015 година (почетокот на тековниот период на известување). не е практично да се искажат повторно споредбените информации за годината која завршува на 31.12.2013 година. Друштвото мора да обелодени објаснување на причините зошто е непрактично да се утврдат износите за периодот пред 1.1.2014 година.

kontakt@proagens.com.mk

63



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.