ИНФОРМАТОР БРОЈ 5 ОД МАЈ 2016 ГОДИНА

Page 1


5

MAJ 2 0 1 6

S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

ТРГОВСКО ПРАВО И ДАНОЦИ 1) РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА, ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА И НЕЈЗИН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

5

ДАНОК НА ДОБИВКА 2) ПОСЕБНОСТИ НА ДАНОЧНИОТ ТРЕТМАН НА ИСПЛАТЕНАТА ДИВИДЕНДА ПО ПОТЕКЛО ОД ПЕРИОДОТ 2009-2013 ГОДИНА

38

ДАНОЧЕН КРЕДИТ 3) НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕКОВНАТА ДАНОЧНА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИТЕ ТРОШОЦИ ОД МИНАТИ ДАНОЧНИ ПЕРИОДИ („ДАНОЧЕН КРЕДИТ“)

43

МСФИ/МСС И МСФИ ЗА МСЕ 4) ОДЛОЖЕНО ДАНОЧНО СРЕДСТВО И ОДЛОЖЕНА ДАНОЧНА ОБВРСКА (МСС 12 И ОДДЕЛ 29 НА МСФИ ЗА МСЕ)

56

НА

1.850 денари

НА

ЈНО

ВО !

1.650 денари

НА

ЈНО

ВО

!

ЈНО

ВО !

1.950 денари




ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО I. П РАВЕН РЕЖИМ НА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ - Обврски на институциите од јавниот сектор и правните лица од приватниот сектор според Законот за заштита на укажувачи - Кој има статус на укажувач? - Што е заштитено пријавување? - Како да се изготви интерниот акт за заштитено внатрешно пријавување? - Видови на заштита на укажувачот - Кој известува полугодишно и годишно за примените пријави од укажувачи? II. Н ОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕСТУВАЊА СОГЛАСНО СО ЗАКОНОТ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ - Нов рок за свикување и одржување на Собирот на содружниците во ДОО и на Собранието на акционерите во АД - З адолжителни елементи на поканата за свикување на Собирот на содружниците - Воведување на режимот на големи зделки кај друштвата со ограничена одговорност. - Финансиско известување согласно Законот за хартии од вредност III. ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР - Рокови за плаќање на институциите и правните лица од јавниот сектор во 2016 година - Рокови кај повеќегодишните јавни набавки. IV. ДАНОЦИ 1) ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ REVERSE CHARGE - Двегодишно практикување - Примена на REVERSE CHARGE во градежништвот - Промет на отпадни материјали со REVERSE CHARGE - Преземени средства од хипотеки со и без извршување 2) ГРАЃАНИТЕ во системот на ДДВ - Најчести (почетнички) грешки, - Процедури и правила на постапување - Користење на правото на одбивка на влезното ДДВ - Евиденција за даночни цели 3) ЗАДРЖАН ДАНОК - Задржан данок на исплатена дивиденда на странски правни и физички лица 4) ДАНОК НА ДОБИВКА - Одложено даночно средство и одложена даночна обврска (МСС 12 и оддел 29 на МСФИ за МСЕ) - Намалување на тековната даночна основа на данокот на добивка за одложеното признавање на веќе оданочените трошоци за минати даночни периоди (посебности кај буџетските корисници) 5) Д ОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - Даночен третман и сметководствена евиденција на доброволното пензиско осигурување 6) Н АГРАДНИ ИГРИ - Даночен третман на приходите остварени од наградни игри V. Б УЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ АВАНСНИ ИСПЛАТИ кај буџетски корисници - Аванси за набавка на основни средство - Аванси за набавка на материјали - Авансни исплати за трошоци на вработените ПРЕНЕСЕНО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИ - Одлуки за пренесено право на користење - Пренесено право со продажба - Давање под закуп - Евиденција на продажба и дадени ствари во закуп НАБАВКИ ПО ОСНОВ НА ЛИЗИНГ КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ


ТРГОВСКО ПРАВО И ДАНОЦИ

 

Данијела ЈАЌИМОВИЌ, дипл. правник, М-р Павле ГАЦОВ, Ирена НИКОЛОВСКА, дипл. ек.

РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКАТА, ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА И НЕЈЗИН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

1. ВОВЕД „Сезоната“ на исплата на дивиденди е во полн ек. Овој текст ги елаборира актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Исплатата на дивиденда е прашање за коешто се расправа и кое во детали се дефинира на годишното собрание (собир) на оние трговски друштва што искажале нето добивка и имаат позитивен став кон распределбата на дивиденда, а кое прашање претходно го вклучиле како точка во предложениот дневен ред на годишното собрание на акционерите, односно на годишниот собир на содружниците. Дефиниција: „Дивиденда е дел од добивката на друштвото којашто се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции.“ Ова е дефиницијата на дивиденда утврдена во членот 3 став 1 алинеја 10 од Законот

за трговските друштва 1 (во продолжение на овој текст: ЗТД). Дивиденда е еден од двата начини врз основа на кои инвеститорите остваруваат принос од своите вложените средства (вториот е капитална добивка т.е. разлика помеѓу куповната и продажната цена на уделот, односно разлика помеѓу куповната и продажната цена на хартиите од вредност). Друштвото нема обврска за исплата на дивиденда и покрај позитивниот финансиски резултат. Но, исплатата на дивиденда е наједноставен начин друштвото да ги задоволи постојните сопственици на капиталот (акционери/содружници), а при тоа за себе да направи најдобра реклама и пред потенцијалните инвеститори. Иако на пазарот на капиталот во Македонија с# уште не преовладуваат компании кои редовно исплаќаат дивиденда, нивниот број постепено се зголемува. Поради тоа е важно вложувачите да знаат кој, кога и како има право да учествува во распределба на добивката т.е. да добие дивиденда. Во продолжение посветуваме нужно внимание токму на распределбата и исплатата на дивиденда опфаќајќи ги одредбите од ЗТД како и одредбите од актуелната даночна регулатива по однос на ова прашање.

kontakt@proagens.com.mk

„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13,

1

187/13, 38/14, 41/41, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15 - Ав. толкување на Собранието на РМ, 6/16, 30/16 и 61/16; (укинати членови на ЗТД со одлуки на Уставниот суд на РМ: член 11 став 3 и член 14 став 3 точка 4 - 71/06; член 14 став 3 точка 3 и член 18 став 2 точка 3 - 17/09; член 29 став 2 точ-ка 3 - 23/09; 29 став 2, точка 5 - 8/11; 234 став 2 точка 5 - 21/11).

ИНФОРМАТОР 5 I MAJ 2016

5


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник

и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk

ПОСЕБНОСТИ НА ДАНОЧНИОТ ТРЕТМАН НА ИСПЛАТЕНАТА ДИВИДЕНДА ПО ПОТЕКЛО ОД ПЕРИОДОТ 2009-2013 ГОДИНА

Вовед

О

д 2014 година, со новиот Закон за данокот на добивка (112/14, 44/15-Автентично толкување на Собранието на РМ, 129/15 и 23/16) повторно беше вратен режимот на годишно оданочување на добивката (корегирана за оданочивите расходи и другите ставки кои учествуваат во формирањето на даночната основа). Иако нов, овој Закон всушност го врати стариот модел на годишно оданочување на модифицираниот финансиски резултат, кој се применуваше заклучно со 2008 година. Модели на оданочување на добивката До 2008 година Се оданочува добивката модифицирана за оданочивите расходи (данокот се пресметува преку Годишниот Даночен биланс).

Од 2009 до 2013 година Се оданочуваат даночно непризнаените расходи (данокот на непризнаени расходи се пресметува преку Годишниот Даночен биланс на непризанени расходи). Добивката се оданочува само ако се исплатува како дивиденда и друга распределба од добивката.

Од 2014 година наваму Се оданочува добивката модифицирана за оданочивите расходи, побарувања за заеми, премали приходи од поврзани лица ... и сл. (данокот се пресметува преку Годишниот Даночен биланс).

Оданочувањето на добивката до 2008 година и од 2014 година се врши според ист модел

Заради континуитетот во даночниот третман на добивката од една страна и различноста која од денешна гледна точка се однесува САМО на добивката остварена за периодот 2009-2013 година од друга, се наметнува потреба правните лица-обврзници на данокот на добивка аналитички да го следат салдото на акумулираната добивка „2009-2013“ заради обврската за нејзино ОДЛОЖЕНО оданочување (во моментот на исплатата како дивиденда, односно друга нејзина распределба). Имено акумулираната добивка од овој период не е оданочена затоа што таа не се вклучуваше во годишната даночна основа од која се пресметуваше данокот на добивка. Оданочувањето беше поместено до моментот на евентуалната исплата на (дел од) добивката 38

(дивиденда). Не е предмет на оданочување и користењето на акумулираната добивка и резервите од периодот 2009-2013 година за покривање на пренесените, односно акумулираните (и непокриени) загуби. Имајќи го предвид претходното објаснување, произлегува дека со данок на добивка се оданочуваат само оние исплати на дивиденди кои потекнуваат од акумулираните добивки остварени за периодот 2009-2013 година. Исплатите на дивиденди кои не потекнуваат од овој период не се оданочуваат со данок на добивка, тие се веќе оданочени. Потсетуваме дека и актуелните обврзници на данокот на вкупен приход имаат обврска да платат данок на добивка, ако исплатуваат www.proagens.mk


ДАНОЧЕН КРЕДИТ

 

М-р Павле ГАЦОВ

НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕКОВНАТА ДАНОЧНА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИТЕ ТРОШОЦИ ОД МИНАТИ ДАНОЧНИ ПЕРИОДИ („ДАНОЧЕН КРЕДИТ“)

С

о актуелниот режим на оданочување на добивка е уредена можност за намалување на тековната даночна основа за износот на: а) наплатените побарувања, вклучувајќи ги и б) наплатените побарувања за одобрени заеми, кои во претходни даночни периоди имале третман на оданочиви расходи. Сепак, ваквата можност НЕ Е БЕЗУСЛОВНА. Главниот услов за користење на можноста е ДА БИЛ ПЛАТЕН ДАНОК НА ДОБИВКА за даночниот период (година) кога е извршено вредносното усогласување, односно трајниот отпис на ненаплатените побарувања, вклучувајќи ги и побарувањата по основ на заеми, заради што истите имале третман на оданочиви расходи со кои била зголемена даночната основа и соодветно на тоа бил зголемен и пресметаниот (и платен) данок на добивка. 1 Плаќањето на данокот на добивка како услов го нагласуваме, поради можноста негативниот финансиски резултат да ја намали даночната основа генерирана од оданочивите расходи до степен (нула или негативен износ) да не се плати (целосно или делумно) данок на добивка. Во праксата се можни повеќе 1

2

варијанти со кои негативниот финансиски резултат пред оданочување може да влијае на износот на платениот данок на добивка. На намалување на даночната однова соодветно влијае и режимот на реивестирање на добивката. Преку повеќе примери во рамките на овој текст ќе се обидеме да опфатиме поголем дел од опциите што можат да се појават во пракса. Обрнуваме внимание на фактот дека ваквото право на намалување на тековната даночна основа треба да се искористи во временска рамка од ПЕТ ГОДИНИ, имајќи ги предвид одредбите од членот 110.3 на Законот за даночната постапка. 2 Напомена:

Принципот на даночен кредит подразбира расходот кој во даден период не бил признаен за даночни цели да се признае во периодот во кој тој вистински настанува. Правото на искористување на даночен кредит во согласност со овој принцип, треба да се признае по сите оние основи (иако со новиот Закон за данокот на добивка таквата

Фактички се работи за режим на анулирање на примарното влијание на искажаниот трошок врз финансискиот резултат утврден во билансот на успех, кој пак учествува во формирањето на основата за оданочување. Со ваквото даночно решение, се штити режимот на формирање на основата за оданочување со данок на добивка, без при тоа да се влијае на начинот на финансиско известување. Застарување на утврдување на данок и споредни даночни давачки Член 110 (1) Утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки, нивна промена и престанок не е дозволено, доколку истекол рокот за застарување. (2) Застарувањето на даноците и споредните даночни давачки започнува со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба. (3) Рокот за застареност изнесува пет години, а во случаи на даночно затајување изнесува десет години. (4) Прекинување на рокот на застареност започнува со секој даночен управен акт што се однесува на фактичката состојба, а трае до правосилно завршување на постапката. (5) По секој прекин на рокот, започнува да тече нов рок на застареност. (6) Во секој случај по истекот од десет години, застарува утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки.

ИНФОРМАТОР 5 I MAJ 2016

43


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ОДЛОЖЕНО ДАНОЧНО СРЕДСТВО И ОДЛОЖЕНА ДАНОЧНА ОБВРСКА (МСС 12 И ОДДЕЛ 29 НА МСФИ ЗА МСЕ)

ВОВЕД

О

дложените даночни средства и одложените даночни обврски произлезени од одбитните или оданочивите времени разлики меѓу сметководствената вредност на одредено средство/обврска и неговата даночна основица се регулирани со МСС 12 - Даноци на добивка и Одделот 29 - Данок на добивка на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСЕ), кои се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11). МСС 12 (и останатите МСФИ/МСС), во нашата сметководствена пракса, е во примена од 2004 година како составен дел на претходниот Правилник за водење на сметководството („Службен весник на РМ“, бр. 94/04, 11/05 и 116/05), како и на горенаведениот Правилник, кој се применува од 2010 година (освен МСФИ за МСЕ). Одделот 29 - Данок на добивка на МСФИ за МСЕ е во официјална примена од 2012 година (за микро и малите трговци согласно со членот 469 на Законот за трговски друштва), откако споменатиот Правилник беше дополнет со Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 107/11. Според Законот за трговските друштва, единствена сметководствена основа за македонските друштва се Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ/МСС, односно МСФИ за

56

МСЕ), кои се составен дел на Правилникот за водење на сметководството, така што исправно сметководствено постапување е примената на МСС 12, односно Одделот 29 на МСФИ за МСЕ, односно евидентирање на одложените даночни средства и одложените даночни обврски произлезени од одбитните или оданочивите времени разлики меѓу сметководствената вредност на одредено средство/обврска и неговата даночна основица, но во нашата пракса тоа многу ретко се случува што порано можеби и се должеше на неприлогодените сметководствени прописи, кои сепак последниве години (од 2011 година наваму) значително се усогласија со барањата на МСФИ/МСС. о донесувањето на Правилникит за форС мата и содржината на годишната сметка („Службен весник на РМ“, бр. 52/11 и 174/11) се пропишаа нови билансни шеми усогласени со МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ во примена за 2011 година (образец „Биланс на состојба / Извештај за финансиската состојба”, образец „Биланс на успех / Извештај за добивка или загуба“ и „Извештај за останата сеопфатна добивка“ и образец „Објаснувачки белешки“), кои ја сочинуваат годишната сметка. Во новите билансни шеми се предвидоа позиции според барањата на МСС 12, односно одделот 29 на МСФИ за МСЕ, за одложени даночни средства во рамки на активата на Извештајот за финансиската состојба, одложени даночни обврски во рамки на пасивата на Извештајот за финансиската состојба, како и позиции за одложени даночни приходи и одложени даночни расходи, кои www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.