201
6
Izdava~: Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V
Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV
Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 02.06.2016 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО! 1 ден (11.06.) 2 ден (12.06.) 3 ден (13.06.) 4 ден (14.06.)
СКОПЈЕ - ГРЦИЈА / Патување (сабота) Состанок на групата на паркингот пред ВИП хотелот (спроти Скопски саем) во 07:00 часот (сабота). Поаѓање од Скопје во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Богородица. Патување со попатни паузи. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
ГРЦИЈА / Советување (недела) Појадок. Советување од 10:00 часот. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
ГРЦИЈА / Советување (понеделник) Појадок. Советување од 10:00 часот. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
ГРЦИЈА - СКОПЈЕ / (вторник) Појадок. Патување со попатни паузи, пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Цена на аранжманот:
10.900
денари (ТРИ ПОЛУПАНСИОНИ) по лице во двокреветна соба За еднокреветна соба се доплатува 3.900 денари.
Цената на аранжманот вклучува: - превоз со стандарден туристички автобус и организација на аражманот - три полупансиони во хотелот „Kassandra Palace“ (5*)
Цената на аранжманот не вклучува: - патничко осигурување (за патниците што немаат осигурување) ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЈДОЦНА до: 8-ми јуни (среда) 2016 г.
Важно: Учесниците на Советувањето од административниот сектор на свое барање ќе добијат Сертификат за реализирана обука, како доказ за извршено стручно усовршување од член 54 на Законот за административни службеници. За секој учесник на Советувањето е изготвен Прирачник! ЦЕНИ! Цената на Прирачникот изнесува 3.000 денари по учесник. За втор и нареден учесник од ист правен субјект цената на Прирачникот изнесува 2.500 денари по учесник. За непретплатници Цената на Прирачникот изнесува 3.500 денари по учесник. Цената е со вклучен ДДВ. Во цената е вклучен и работен прибор и кафе. Прирачникот се уплатува на сметката на: Агенција „Про Агенс“ 210 - 0503940101 - 43, Тутунска банка. Повикување на број: 481.
ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО I. ПРАВЕН РЕЖИМ НА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ - Обврски на институциите од јавниот сектор и правните лица од приватниот сектор според Законот за заштита на укажувачи - Кој има статус на укажувач? - Што е заштитено пријавување? - Како да се изготви интерниот акт за заштитено внатрешно пријавување? - Видови на заштита на укажувачот - Кој известува полугодишно и годишно за примените пријави од укажувачи? II. НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА - Нов рок за свикување и одржување на Собирот на содружниците во ДОО и на Собранието на акционерите во АД - З адолжителни елементи на поканата за свикување на Собирот на содружниците - Воведување на режимот на големи зделки кај друштвата со ограничена одговорност. III. ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР - Рокови за плаќање на институциите и правните лица од јавниот сектор во 2016 година - Рокови кај повеќегодишните јавни набавки IV. ДАНОЦИ 1) ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ REVERSE CHARGE - Двегодишно практикување - Примена на REVERSE CHARGE во градежништвот - Промет на отпадни материјали со REVERSE CHARGE - Преземени средства од хипотеки со и без извршување 2) ГРАЃАНИТЕ во системот на ДДВ - Најчести (почетнички) грешки, - Процедури и правила на постапување - Користење на правото на одбивка на влезното ДДВ - Евиденција за даночни цели 3) МОЖЕ ЛИ ДИВИДЕНДА ДА СЕ ИСПЛАТУВА „ПРЕКУ РЕД“? 4) ЗАДРЖАН ДАНОК - Задржан данок на исплатена дивиденда на странски правни и физички лица 5) ДАНОК НА ДОБИВКА - Одложено даночно средство и одложена даночна обврска (МСС 12 и оддел 29 на МСФИ за МСЕ) - Намалување на тековната даночна основа на данокот на добивка за одложеното признавање на веќе оданочените трошоци за минати даночни периоди (посебности кај буџет. корисници) 6) ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - Даночен третман и сметководствена евиденција на доброволното пензиско осигурување 7) НАГРАДНИ ИГРИ - Даночен третман на приходите остварени од наградни игри V. РАБОТНИ ОДНОСИ / ПРОФЕСИЈА 1) ГОДИШЕН ОДМОР 2016 - Услови и правила за користење на годишен одмор и право на регрес во 2016 година 2) ЌЕ ИМА ЛИ РАЗРЕШНИЦА СО УВЕРЕНИЈАТА ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ? VI. БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ АВАНСНИ ИСПЛАТИ кај буџетски корисници - Аванси за набавка на основни средство - Аванси за набавка на материјали - Авансни исплати за трошоци на вработените ПРЕНЕСЕНО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИ - Одлуки за пренесено право на користење - Пренесено право со продажба - Давање под закуп - Евиденција на продажба и дадени ствари во закуп НАБАВКИ ПО ОСНОВ НА ЛИЗИНГ КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
6
ЈУНИ 2 0 1 6
S O D R @ I N A: РАБОТНИ ОДНОСИ
www.proagens.mk
1) ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ВО 2016 ГОДИНА
5
2) ПРАВИЛА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО 2016 ГОДИНА
20
3) АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА И ДРУГИ СЛУЧАИ НА ЗАДРЖУВАЊЕ ОД ПЛАТАТА НА РАБОТНИКОТ
27
ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ 4) ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН И СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА
44
СМЕТКОВОДСТВО 5) СМЕТКОВОДСТВО НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ЕДНОГОДИШНИ НАСАДИ
56
ДДВ 6) КОРЕКЦИЈА НА ДАНОЧНИ ИЗНОСИ ПРЕКУ ПОЛЕ 27 ОД ДДВ ПРИЈАВАTA
63
НА
1.850 денари
НА
ЈНО
ВО !
1.650 денари
НА
ЈНО
ВО
!
ЈНО
ВО !
1.950 денари
РАБОТНИ ОДНОСИ
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
(Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР ВО 2016 ГОДИНА
1. Правото на годишен одмор - уставно загарантирано право
Ч
леновите 137 – 145 од Законот за работните односи (во натамошниот текст: ЗРО) 1 со кои е уредено правото на работникот на годишен одмор, во изминатиот период беа изложени на неколку измени од страна на законодавецот, но и интервенции од страна на Уставниот суд на РМ. Позначајна е измената од 4 септември 2008 година („Сл. весник на РМ“, бр. 106/08) со која целосно се новелирани условите за стекнување право на користење на цел годишен одмор и за траењето на годишниот одмор. Не помалку е значајна и измената на ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 11/12), во сила од 1 февруари 2012 година, со која уште еднаш се менуваат условите за плаќање на неискористениот дел на годишен одмор, за што станува збор подолу во овој текст (член 145 од ЗРО; види точка 8 од овој текст). И конечно, измената на ЗРО („Сл. весник на РМ“, бр. 33/15) во сила од 13.03.2015 година, донесува нови решенија во поглед на можноста годишниот одмор да се користи во повеќе делови.
Правото на платен годишен одмор е едно од основните права и слободи на човекот и граѓанинот утврдено со членот 32 став 4 на Уставот на РМ, во рамки на економските, социјалните и културните права. Уставот
на РМ става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор за неговиот носител, со определба дека од ова право вработениот не може да се откаже. Доследно на оваа уставна одредба, евентуалната изјава со која вработениот би се откажал од правото на годишен одмор, односно од надоместокот на плата за годишен одмор, во правна смисла е ништовна, а тоа значи дека не произведува правно дејство (правни последици). Истото важи и за евентуална спогодба меѓу работодавачот и работникот со која прашањето за правото на годишен одмор би било третирано како диспозитивно прашање, што би значело да се остави на волјата на договорните страни да одлучат за негово користење. ЗРО во членот 145 став 2 ја презема уставната одредба за ништовноста на било каква спогодба со која што работникот би се откажал од правото на годишен одмор. Во продолжение се дадени важечките одредби за правото на работникот на годишен одмор.
02/ 3162-979 i 3298-763
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16; како и 11 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10 и 106/14; последен пречистен текст на ЗРО: 74/15.
1
ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2016
5
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
(Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРАВИЛА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО 2016 ГОДИНА
1. РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
В
о текстот ќе се осврнеме на актуелните интегрални одредби за регресот за годишен одмор од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството 1 (во натамошниот текст: ОКДПС), систематизирани во членот 35 став 1 алинеја 7, а потоа ќе се осврнеме на еволутивниот пристап на договорните партнери (Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите на Македонија) по однос на ова право на работникот, кој се случува во распон од една ипол година. Цитат на членот 35 став 1 алинеја 7 од ОКДПС: „Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.)
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско - финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор (119/15, во сила од 14.07.2015 г.). Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. (119/15, во сила од 14.07.2015 г.). POLUGODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - E-DODATOK - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
8.500 denari
„Службен весник на РМ“, бр. 88/09, 60/10, 81/12, 189/13 и 119/15; У. суд - 94/10 и 50/12; пречистен текст - 150/12.
1
20
www.proagens.mk
РАБОТНИ ОДНОСИ
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
(Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА И ДРУГИ СЛУЧАИ НА ЗАДРЖУВАЊЕ ОД ПЛАТАТА НА РАБОТНИКОТ
1. ПЛАТА НА РАБОТНИКОТ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ
В
работено лице, по основ на договорот за вработување, стапува во одредени односи на работа и во врска со работата во име и за сметка на работодавачот, но и пошироко, стапува во должничко-доверителски односи со трети лица надвор од работата, во свое име и за своја сметка. Договорот за вработување од кој произлегуваат обврски и права на/за работникот (и за работодавачот), меѓу кои е и правото на плата на работникот, претставува основ кој под одредени услови му гарантира на доверителот на работникот, во ликот на работодавачот или трето лице, дека преземените обврски на работникот или штетата што тој ќе ја причини, ќе
бидат надоместени токму од неговата плата, односно надоместок на плата. Законските прописи коишто ја третираат платата на работникот како дозволен предмет на извршување, односно пребивање се: Законот за работните односи (ЗРО),1 Законот за извршување,2 Законот за даночна постапка и други посебни закони. Во овие законски рамки се уредени административната забрана и другите случаи на задржување од платата на вработениот, неговите права и како должник, како и правата и обврските на работодавачот, односно третото лице како доверител.
2. ПЛАТА И НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА КАКО ПРЕДМЕТ НА ЗАДРЖУВАЊЕ (ИЗВРШУВАЊЕ) 2.1. Примања од работен однос Во членовите од 105 до 115 (глава VIII) од (ЗРО) се уредени прашањата за плаќање на работата, во рамки на кои се опфатени сите видови на плаќања од работен однос: а) платата и нејзините составни елементи (основна плата, дел за работ-
ната успешност и додатоци на основната плата); б) надоместок на плата што на работникот му се исплатува во случаи на отсутност од работа и
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16; како и 11 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06 (исправка-66/06), 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10 и 106/14. 2 „Службен весник на РМ“ бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10, 171/10, 148/11 и 187/13. Одлуки на Уставниот суд на РМ: 44/06, 124/06, 20/07 и 167/10. Закон за судските такси („Службен весник на РМ“ бр. 114/09). 1
ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2016
27
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4Ирена НИКОЛОВСКА
(Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk
ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН И СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА
Д
оброволното капитално финансирано пензиско осигурување претставува пензиско осигурување на доброволна основа финансирано со капитализација на средствата, во кое се вклучени лица кои не се опфатени во задолжително пензиско осигурување и лица кои се опфатени во тоа осигурување заради остварување дополнителен приход. Во доброволните пензиски фондови, со кои управуваат друштва за управување со доброволни пензиски фондови и друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, се уплаќаат доброволни придонеси од лица, работодавачи и здруженија на граѓани кои ќе одберат да придонесуваат во овие фондови, чии средства се инвестираат во финансиски инструменти (акции, обврзници итн.), заради оплодување, и се распределуваат на членовите на фондот (заедно со приносите од инвестирање) согласно со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - ЗДПО („Службен весник на РМ“, бр. 7/08, 124/10, 17/11 и 13/13; У. суд - 118/08 и 162/08). З аконот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - ЗДПО ги уредува доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, основањето и работењето на доброволните пензиски фондови, друштвата за управување со доброволни пензиски фондови и друштвата за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, како и организирањето на професионалните пензиски шеми за своите вработени од страна на работодавачи и за своите членови од страна на здруженија на граѓани. 44
Во рамки на овој текст ќе го опфатиме даночниот третман на уплатените доброволни придонеси за пензиско осигурување, како и начинот на нивна сметководствена евиденција кај осигурителот (работодавач или здружение на граѓани).
ЛЕНУВАЊЕ ВО ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗЧ ИСКИ ФОНД И ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ленство во доброволен пензиски Ч фонд Член на доброволен пензиски фонд може да биде секое лице кое: - навршило најмалку 15 години и е сопственик на доброволна индивидуална сметка или - секое лице кое е учесник во професионална пензиска шема и е сопственик на професионална сметка. Д оброволна индивидуална сметка е сметка на име на член во доброволен пензиски фонд на која членот или друго лице уплаќа доброволни придонеси на доброволна основа или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата, додека професионална сметка е сметка во доброволен пензиски фонд на име на вработен на која единствено работодавачот уплаќа доброволен придонес или на име на член на здружение на граѓани на која единствено здружението уплаќа доброволен придонес (осигурителот: работодавач или здружение на граѓани организира и фиwww.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk
СМЕТКОВОДСТВО НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ЕДНОГОДИШНИ НАСАДИ
С
метководственото следење и известување за работењето од областа на земјоделската активност (евиденција на биолошките средства, земјоделските активности во време на жетва/берба и државните поддршки врзани за биолошки средства кои се вреднуваат по фер вредност) е уредено со МСС 41 - Земјоделство и Оддел 34 на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ) наречен „Специјализирани активности“. Бидејќи наведениот стандард и оддел ги дефинираат само основните поими за сметководствени постапки во земјоделската дејност, се препорачува подетално дефинирање на признавањето и мерењето на приходите и расходите во сметководствените политики на секој субјект. Според дефиницијата на МСС 41 точка 5, земјоделска активност е управувањето од страна на ентитетот со биолошката трансформација и бербата на биолошки средства за продажба или нивна конверзија во земјоделски производ или во дополнителни биолошки средства. Насадите претставуваат биолошки средства. Кога станува збор за вложување кое се врши во рамките на едногодишен период (едногодишни насади), дури и ако обработката на почвата се врши во есен, а сеидбата во пролет, истото се класифицира како краткорочно биолошко средство.
56
kontakt@proagens.com.mk
Краткорочни биолошки средства се на пример житните насади, зеленчукот, едногодишни цвеќиња и др., каде вложувањата во производството се врзани за одредени трансформации во тек на едногодишен период до добивање на финален производ (како на пример зрното пченица, пиперки или цвеќе во цут). Во случајов, според МСС 41 ќе се спроведе сметководствено евидентирање само до моментот на собирање на плодот како земјоделски производ. Во понатамошните постапки (преработката на пченицата во брашно, крмна мешавина и останата сточна храна) се применуваат барањата на МСС 2, односно Оддел 13 на МСФИ за МСЕ. Ова е од причина што станува збор за производство кое веќе не е поврзано со биолошки трансформации, односно квалитативни и квантитативни промени на имот (средство) кое се подига, туку за производство на производи и суровини кои не се директен резултат на одгледувањето поврзано со полјоделски активности. Во продолжение даваме презентација за евиденцијата на едногодишните насади.
1. ЕВИДЕНЦИЈА НА ЕДНОГОДИШНИТЕ НАСАДИ КАКО БИОЛОШКИ СРЕДСТВА Меѓу земјоделските активности застапени во македонскиот деловен амбиент, кои се одвиваат во рамките на едногодишен период, најчести се производството на житните култури (пченица, јачмен и пченка), подигање на цветните градини и како најзастапени – се, зеленчуковите насади.
www.proagens.mk
ддв
4 Др. Рефика
МУРИЌ
(Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk
КОРЕКЦИЈА НА ДАНОЧНИ ИЗНОСИ ПРЕКУ ПОЛЕ 27 ОД ДДВ ПРИЈАВАTA
Со Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, бр. 46/14) е предвидено на полето 27 Останати даноци, претходни даноци и износи за одбивање од Образецот „ДДВ-04” да се внесуваат следните даночни износи: - н еовластено истакнат ДДВ во фактури според член 55 став 1 од ЗДДВ, - истакнат поголем данок во фактури, од долгуваниот според член 55 ст. 2 од ЗДДВ, - исправка на одбивката на претходни даноци според член 37 од ЗДДВ, - износи кои се должат или побаруваат заради промена на даночната стапка, - износи кои се должат/побаруваат заради поништување на договори и - данокот на додадена вредност за одбивка, содржан во залихи на добра наменети за натамошна продажба пред регистрацијата за ДДВ. Напомена:
За секој од наведените даночни износи кои се внесуваат во полето 27 се бара објаснување во соодветен прилог (поле од ДДВ Пријавата).
kontakt@proagens.com.mk
02/ 3162-979 i 3298-763
ИНФОРМАТОР 6 I ЈУНИ 2016
1. НЕОВЛАСТЕНО ИСТАКНУВАЊЕ НА ДДВ ВО ФАКТУРИ Oбврската за поднесување на даночна пријава се однесува на сите лица кои се регистрирани или се обврзани за регистрација за ДДВ, согласно член 51 од Законот за ДДВ (“Службен весник на РМ”, бр. 44/99, ... и 23/16), но во одредени случаи се однесува и на субјекти кои поради немање законска обврска не се регистрирани за целите на ДДВ, но станале даночни должници според член 32 точка 3 од Законот (заради неовластено истакнат ДДВ во фактури). Во тој случај, данокот го должат согласно со член 55 став 1 од Законот. Имено, даночни обврзници кои не се обврзани за регистрација и кои не се регистрирале доброволно (како на пример мали претприемачи), не долгуваат данок на додадена вредност за своите промети, но истовремено немаат право да искажуваат одделно данок во фактури или други документи и немаат право на одбивка на претходни даноци (член 51 став 3 од Законот за ДДВ). Оттука, мали претприемачи кои не се регистрирани за ДДВ, а кои искажуваат одделно данок во фактури или други документи, се должни овие неовластено искажани износи да ги пријават и платат во рок од пет работни дена по издавањето на фактурата преку поднесување на даночна пријава ДДВ-04 (со назначување за даночниот период во кој е издадена фактурата). Сепак, обврската на пријавување и плаќање на данокот останува, дури и во случаи кога ќе биде извршена исправка
63