2015
INFORMATOR
www.proagens.mk
7
JULI
2015
Izdava~:
2015
Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 05.07.2015 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
7
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: ДАНОЦИ / ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС 1) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СОПСТВЕН АВТОМОБИЛ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ, НО И НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ - ОБВРЗНИК НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
5
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР - ИНФОРМАЦИЈА 2) СМЕТКОВОДИТЕЛ И АДВОКАТ КАКО РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО РЕГИСТРИРАЊЕ НА ТРГОВЦИТЕ
18
ДДВ 3) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРОМЕТОТ СО ВОЗИЛА
20
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 4) МОЖНОСТ ЗА ДОКУП НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2008 ГОДИНА
27
ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ 5) НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
31
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ 6) ОТПИШУВАЊЕ НА КАМАТИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ
36
РАСПОЛАГАЊЕ СО ДРЖАВНИ И ОПШТИНСКИ СТВАРИ 7) КОРИСТЕЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СТВАРИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И СО СТВАРИТЕ ВО ОПШТИНСКА СОПСТВЕНОСТ
41
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА 8) ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
49
СТАТУСНО ПРАВО
М-р Павле ГАЦОВ Даночен советник и управител на Агенцијата „Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СОПСТВЕН АВТОМОБИЛ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ, но и на троШоците за користење на ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ - ОБВРЗНИК НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
П
равната основа и даночниот третман на надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот, но и на оние трошоци кои се направени со експлоатација (користење) на компаниски патнички моторни возила е релативно етаблирана работа во домашната деловна пракса. Сепак, подлабоката анализа на практичните постапување, како и некои констатирани наоди во записници издадени од страна на даночниот орган покажуваат одреден степен на непознавање на пре-
дметната тематика или можна злоупотреба. Поради ваквите изолирани појави, како и заради потребата од едукација на помладите колеги, во продолжението на овој текст ги елаборираме посебностите на: - надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот, и - трошоците поврзани со користењето на патнички моторни возила во сопственост на деловните субјекти (компаниски патнички моторни возила).
1. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СОПСТВЕН (ПРИВАТЕН) АВТОМОБИЛ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА) 1.1. Правен основ Правниот основ за пресметување и исплата на надоместоците на трошоци од работен однос по основ на користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот е непроменет подолг период, како што е непроменет и начинот на нивно пресметување, и консекветно нивниот даночен третман од аспект на персоналниот данок на доход и данокот на добивка. За сите детали пишуваме во продолжение. Користењето на сопствен автомобил за потребите на работодавачот (приватен авто1
мобил за службени патувања) е уредено со прописите дадени во продолжение.
а) Закон за работни односи Согласно со членот 113, став 1 точка 3 од Законот за работните односи (ЗРО) 1 работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата за користење на приватен автомобил за службени патувања. Нагласуваме дека ЗРО како право на работникот го наведува користењето на приватен автомобил само за СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА, додека Општите колективни договори дозволуваат приватните автомобили да се користат за
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15 и 72/15; Уставен суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10 и 106/14. Пречистен текст на ЗРО е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 16/10, 158/10, 52/12, 54/13, 34/14, 145/14 и 74/15.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
5
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
потребите на работодавачот (без да го ограничува тоа само на службените патувања од едно до друго населено место). ЗРО не ја утврдува висината и начинот на пресметување на овој надомест (113.3), имено тоа е во надлежност на колективните договори.
б) Општ колективен договор за прватниот сектор од областа на стопанството Членот 35 став 1 алинеја 5 од Општиот колективен договор за прватниот сектор од областа на стопанството 2 го уредува начинот на пресметување на овој надомест на трошок поврзан со работата. Надоместот на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот се утврдува во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар.
в) Општ колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија
6
Законот за извршување на буџетот за 2015 година, Законот за исплата на платите во Република Македонија, Законот за административните службеници и Законот за јавните службеници не уредува вакво право, ниту пак ја утврдува неговата висина. Основата за надоместување на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во јавниот сектор е во Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија. Согласно со членот 21 став 1 алинеја 7 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија 3 надоместот на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот исто така се утврдува во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар со патен налог.
Ако се спореди дефиниција за утврдување на овој надомест дадената во ОКД за приватниот сектор, со онаа од ОКД за јавниот сектор, кај вториот колективен договор се воочува дека за ваквиот надомест се бара исполнување на формален услов - постоење на ПАТЕН НАЛОГ. Сепак претходната констатација не значи дека во приватниот сектор не е потребно исполнување на ваков формален услов. Напоменуваме дека под работодавач, во смисла на Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (член 2) се подразбира: - јавно претпријатие, - о рган на државната власт и друг државен орган, - о рган на единица на локалната самоуправа, - јавна установа, - завод, - агенција, - фонд, - о рганизација и друго правно лице (кое врши дејност од јавен интерес) од јавниот сектор кое вработува работници и се финансира од Буџетот на Република Македонија. Истите субјекти се наброени и во член 204 став 2 од ЗРО. Напомена:
Согласно со споменатите одредби од ЗРО и Општите колективни договори (одредби со идентична формулација се внесени и во гранските колективни договори), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работата, утврдени со закон и колективен договор во кои посебно е наброен и „надоместот на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што
2
„Службен весник на РМ“, бр. 88/09, усогласување - 60/10, У. суд - 94/10 и 50/12, Спогодба - 81/12, усогласување-пречистен текст - 81/12, пречистен текст - 150/12 и Спогодба - 189/13.
3
„Службен весник на РМ“, бр. 10/08 и 85/09; У. суд - 88/08 и 122/08. www.p
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
го користи автомобилот за секој изминат километар“. Во некои грански колективни договори (здравствена дејност, Министерство за внатрешни работи, друштва за друго монетарно посредување...), износот на 30% од цената на литар гориво е утврден како горен лимит на овој надомест. аквото лимитирање е во спротивност на В општите одредби од Општите колективни договори според кои со грански колективен договор, односно со колективен договор на ниво на работодавач, не може да се утврдат помали права на работниците од оние утврдени со закон односно со Општите колективни договори. Во превод, претходното би значело дека со „пониските“ колективни договори не може да се уреди исплата на надомест помал од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар.
1.2. Даночен третман на надоместот на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот 1.2.1. Персонален данок на доход Согласно со членот 6, точка 6-а од Законот за персоналниот данок на доход 4, данок на доход не се плаЌа на примањата по основа на надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно. Месечниот неоданочив лимит на овој надомест (3.500 денари месечно) се однесува на еден работник, без оглед на бројот на возилата во негова сопственост што се користат за службените потреби на работодавачот. Од претходново произлегува дека, не се оданочуваат документирано докажани и фак4
тички направени трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот (потврдени со налог за патување и прилог на патарини за оние правци кон кои се поставени наплатни рампи, односно други документирани трошоци кои паѓаат на товар на работодавачот), чиј износ не може да надмине 30% од цената на литар употребено гориво по поминат километар, но најмногу до 3.500 денари месечно, по работник. Исплатата на повисок износ од даночно ослободениот на лица кои се во работен однос кај исплатувачот се оданочува со персонален данок на доход. Ваквите (повисоки) исплатени надоместоци на вработените лица имаат третман на други лични примања од работен однос. Данокот се пресметува со примена на стапката од 11,11% на нето исплатениот надомест. Пример:
За месец јуни 2015 година, на лицето Митко Петров му е исплатен надомест за користење на приватното возило за службени цели во износ од 8.450 денари. Пресметка на персоналниот данок на доход: 8.450 - 3.500 = 4.950 Х 11,11% = 550 денари ПДД.
Исплата на надомест на лице кое не е во работен однос кај исплатувачот Во праксата се случува за службени потреби на работодавачот да се користи патничко моторно возило на лице кое не е во работен однос кај исплатувачот. Извршената исплата во ваков случај не произлегува од работен однос, па истата по овој основ не е оправдана. „Неоправданата“ исплата за користење на приватен (сопствен) автомобил за потребите на работодавачот (всушност користење на туѓо патничко моторно возило на лице кои не е во работен однос кај работодавачот) не може да се третира како надомест на трошок од работен однос, туку истата за даночни цели има третман на исплата по основ на договор на дело.
„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13 и 13/14; У. суд-31/96, 40/96 и 2/99.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
7
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Постои можност, патничко моторно возило да се закупи од физичко лице, во кој случај за целите на пресметувањето на персоналниот данок на доход се користи нормиран трошок од 25% заради намалување на даночната основица (на нето исплатената сума се при-
менува пресметаната стапка од 8,108%). Данокот на доход за закупено патничко моторно возило од физичко лице се уплатува на уплатната сметка за приходи од имот и имотни права: 840 - 01375 (711119).
1.2.1.1. У платни сметки за персоналниот данок на доход Уплатата на персоналениот данок се врши на основната трезорска сметка (100 - 0000000630 - 95, кај НБРМ) и соодветната уплатна сметка и приходна шифра: - 840 - 01284 / приходна шифра 711131 за лица вработени во трговски друштва, јавни претпријатија и други правни и физички лица што вршат дејност, или - 8 40 - 01258 / приходна шифра 711130 за лица вработени кај корисниците и единките корисници на буџет и фонд и единиците на локалната самоуправа на сметката.
8
„Неоправдано“ исплатените надоместоци на трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот на надворешни лица (лица кои не се вработени кај исплатувачот) за даночни цели имаат третман на примање по основ на договор за дело, имено на таков начин се пресметува персоналниот данок на доход и истиот се уплатува на основната трезорска сметка (100 - 0000000630 - 95, кај НБРМ) и соодветната уплатна сметка и приходна шифра: - 840 - 01403 / приходна шифра 711115 за лица кои не се вработени кај исплатувачот.
1.2.2. данок на добивка Согласно со членот 9 став 1 точка 2) алинеја 8 од Законот за данокот на добивка, со кој се уредува сегментот на непризнаените расходи за даночни цели (Законот за данокот на добивка е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 112/14 и за прв пат се применуваше за деловната 2014 година), исплатените надоместоци на трошоците за користење на сопствен автомобил (возило) на вработениот за потребите на работодавачот (за службени цели) се даночно признаени во висина од 30% од исплатениот износ. Според претходната дефиниција, произлегува дека даночно непризнаен расход е 70% од исплатениот надомест, во кој е вклучен и евентуално пресметаниот персонален данок на доход за износите кои на месечно ниво се повисоки од 3.500 денари по работник. Овој www.p
дел од надоместокот учествува во формирањето на основицата за пресметување на данокот на добивка. Каква е даночната позиција на пресметаниот надомест кој не е исплатен? Законот и Правилникот за данокот на добивка не го дефинираат на јасен начин третманот на пресметаните а неисплатени надомести за користење на приватно возило за потребите на работодавачот. Но, со оглед на тоа дека не е пропишана законска можност за намалување на основата за данокот на добивка за исплатените надоместоци за кои во претходен даночен период основата била зголемена (тнр. „даночен кредит“), произлегува дека за неисплатените надоместоци не се зголемува даночната основа. Во спротив-
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
но и за овие надоместоци мора да се примени режимот на „даночен кредит“ (намалување на даночната основа во даночниот период кога ќе бидат исплатени истите). Освен Законот и Правилникот за данокот на добивка што не уредиле можност за користење на „даночен кредит“ за (не)исплатените надоместоци на трошоци од работен однос, таква можност не постои ниту како опција во Даночниот биланс - образец „ДБ“.
од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво.
1.2.3. П осебности на даночниот третман на надоместот на трошоците за користење на сопствен автомобил за службени цели кај обврзниците на годиШниот данок на вкупен приход
Поради посебниот режим на оданочување на трговските друштва и други правни лица регистрирани како обврзници на годишниот данок на вкупен приход, трошоците искажани по основ на користење на сопствен автомобил за службени цели кај овие даночни обврзници не влијаат на висината на даночната основица на која се пресметува данокот на вкупен приход.
Според дефиницијата на членот 31 од Законот за данокот на добивка во групата на обврзници на годишниот данок на вкупен приход покрај трговските друштва, класифицирани како мали и микротрговци, влегуваат и ПРАВНИТЕ ЛИЦА (ПЗУ...) резиденти на РМ, кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно со Законот за трговски друштва. Овие субјекти пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход (наместо данок на добивка) под услов: 1) да извршуваат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри и
Основица на која се пресметува годишниот данок на вкупен приход е остварениот вкупен приход по сите основи, во годината за која се утврдува данокот. Данокот на вкупен приход се пресметува со стапка од 1% на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех составен за годината за која се утврдува данокот. 5
Сепак и за овие даночни субјекти, еднакво важи решението од Законот за персоналниот данок на доход, според кое, не се оданочуваат документирано докажани и фактички направени трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот (потврдени со налог за патување и прилог на патарини за оние правци кон кои се поставени наплатни рампи), и чиј износ не може да надмине 30% од цената на литар употребено гориво по поминат километар, но најмногу до 3.500 денари месечно, по работник.
2) вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор да изнесува од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво.
1.2.4. Посебности на даночниот третман на надоместот на трошоците за користење на сопствен автомобил за службени цели кај врШителите на дејност
Трговските друштва одбраниот модел на оданочување на годишниот вкупен приход не може да го менуваат во наредните три години вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход, доколку во наредните три години остваруваат вкупен приход
Согласно со членот 30-ѕ, точка 5 од Законот за персоналниот данок на доход, трошоците исплатени за користење на автомобил во сопственост на лицата во работен однос за потребите на работодавачот, се признаваат на товар на расходите во даночниот биланс
5
Ослободени се од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход оние микротрговци чиј вкупен приход остварен во годината за која се утврдува данокот не го надминува износот од 3.000.000 денари на годишно ниво.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
9
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
кај вршителите на дејност, обврзници на персоналниот данок на доход - што водат деловни книги, во висина од 50% од исплатениот износ. Произлегува дека, за овие субјекти даночно непризнат расход е 50% од бруто надоместот што е исплатен.
1.2.5. Пример на интерен акт за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот Пример на Одлука за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот Врз основа на член 113 став 1 точка 3 од Законот за работните односи, член 35, став 1 алинеја 5 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанство (односно член 21 став 1 алинеја 7 од ОКД за јавниот сектор) и член _____ од колективниот договор (на ниво на гранка или на ниво на работодавач), а во согласност со Договорот за вработување, работодавачот (управител на ДОО, управен одбор на АД, или друг овластен орган во друштвото) ја донесе следната ОДЛУКА за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот
10
Патничкиот автомобил марка (тип) ЦИТРОЕН C 4 со регистарски таблички SK: 208-UT, во сопственост на работникот Тошо Петров на чие име гласи сообраќајната дозвола на автомобилот (број МК 1115467), ќе се користи за потребите на работодавачот. Надоместувањето на трошоците за користењето на патничкиот автомобил за потребите на работодавачот ќе се врши во висина на 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот (ЕВРО ДИЗЕЛ) за секој изминат километар, со патен налот. На вака пресметаниот нето надомест на трошоците, се пресметуваат евентуалните даночни обврски согласно со закон. Поединечен налог за службено патување со автомобилот ќе издава одговорно лице кај работодавачот. Работникот има обврска да поднесе потпишан патен налог и извештај со соодветно образложение, во рок од 48 часа од завршувањето на службеното патување. О б р а з л о ж е н и е Предметниот патнички автомобил на работникот Тошо Петров по потреба ќе се користи за вршење на службено патување за потребите на работодавачот, во рамките на неговата стопанска дејност. Со одобрениот износ согласно со оваа одлука, на работникот му се надоместуваат трошоците за користењето на патничкиот автомобил за потребите на работодавачот. Овој надомест ги покрива трошоците за гориво и тнр. експлоатациони трошоци на автомобилот - амортизација, поправки и сл. Овие трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за годишна регистрација на автомобилот, паѓаат на товар на сопственикот на автомобилот и истите посебно не се надоместуваат. Посебните (зависни) трошоци на службеното патување (со налог), за кои постои фактички доказ (патарини, надомести за траекти, премини на граници, еколошки такси и сл.) паѓаат на товар на работодавачот. Правна поука: Против одлуката работникот има право на приговор до _____ (второ степен орган во друштвото), во рок од 15 дена од врачувањето на одлуката. Во __________, на ______ година
www.p
roagens.mk
Овластено лице ______________
СТАТУСНО ПРАВО
1.2.6. Поврзани трошоци со надоместокот за користење н а приватен автомобил за потребите на работодавачот При патувањето со сопствен автомобил за потребите на работодавачот, покрај трошоците за бензин, често пати настануваат и други пропратни трошоци кои ги зголемуваат вкупните трошоци на службеното патување. Најчесто станува збор за трошоците за патарини кои се плаќаат при секое поминување на наплатна рампа. Алтернатива за непојавување на ваквите трошоци би можело да биде возењето по заобиколни патишта на кои не се поставени патарини, што во наши услови е главно неможно и економски неоправдано. Покривањето на ваквите пратечки трошоци на службеното патување не претставуваат приход за физичкото лице што ги наплатува, бидејќи со остварениот прилив лицето всушност ги покрива фактички (документирано) настанатите трошоци, кои претходно ги платило (редоследот може да биде и обратен: работникот да подигнал паричен аванс за службено патување - користејќи шифра за исплата 188, и истиот по враќање од патувањето авансот да го затвори со приложените документи). Покрај, надоместувањето на експлоатационите трошоци за користењето на автомобилот (30% од цената на литар употребено гориво по поминат километар), потоа пратечките трошоци за патарини, работникот од едно службено патување може да оставари и дневници за службеното патување (доколку патувањето траело подолго од 8, односно 12 часа), издвојувајќи го посебно трошокот за хотелското сместување (и исхрана). Ваквите зависни трошоци се надоместуваат и кога работник ќе биде испратен на службено патување со службен автомобил (во посед на работодавачот), за што може да му се исплатува и соодветна дневница, но исто така ќе му бидат признаени и трошоците за патарини, гаражирање (паркинг), хотелско сместување и сл. Со оглед дека со пропис не е забрането, односно таксативно не е наброено кои од трошоците се поврзани со користењето на сопствен автомобил за потребите на работодава-
INFORMATOR 7 I JULI 2015
чот, а кои директно не се поврзани со самото користење на автомобилот, сметаме дека платените патарини, плаќањето за користењето на тунели (при патувањето во некои земји), возови, паркинзи или хотелски гаражи и сл. претставуваат друг трошок на службеното патување (кој не е експлоатационен) и кој треба да му се надомести на вработениот, независно од надоместот за користењето на сопствениот автомобил за потребите на работодавачот. Со надоместувањето на ваквите трошоци, вработениот само ќе ги покрие реално направените издатоци што документирано ќе ги докаже. Бидејќи надоместувањето на овие трошоци не претставува приход за работникот, истите не се предмет на оданочување со персонален данок на доход (не се декларираат во годишниот извештај на исплатувачот, ниту во годишната даночна пријава на даночниот обврзник - физичко лице). Напомена:
Трошоците за гориво, односно трошоците за сервисирање, регистрирање на автомобилот и сл. посебно не му се надоместуваат на работникот. Овие експлоатациони трошоци се покриваат од наплатениот надомест за користење на сопственото патничко моторно возило за потребите на работодавачот.
11
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
1.2.7. Преглед на пресметаните износи на надоместокот за користење нa сопствен автомобил (по литар гориво) за службени цели за 2015 г. Период на важење 1 01.01-12.01.‘15 13.01-26.01.‘15 17.01-09.02.‘15 10.02-23.02.‘15 24.02-09.03.‘15 10.03-23.03.‘15 24.03-06.04.‘15 07.04-20.04.‘15 21.04-04.05.‘15 05.05-18.05.‘15 19.05-01.06.‘15 02.06-15.06.‘15 16.06-29.06.‘15 30.06-13.07.‘15
Еуросупер БС - 95
Еуросупер БС - 98
Еуродизел БС (Д-Е V)
(Пресметан надомест по колективен договор = Износот во денари од колона 2, или 3 или 4 х поминат км)
2 18,60 18,15 17,70 18,60 19,50 20,25 20,25 20,25 20,70 21,60 21,15 21,15 21,45 21,30
3 19,05 18,75 18,15 19,20 20,10 20,85 20,85 20,85 21,30 22,20 21,75 21,60 22,05 21,90
Број на „Службен весник на РМ“ 5 198/14 4/15 11/15 18/15 27/15 35/15 46/15 55/15 62/15 70/15 81/15 89/15 98/15 108/15
4 15,75 15,30 14,55 15,30 16,50 16,65 16,05 15,90 16,35 17,25 17,40 17,10 16,95 16,50
1.2.8. Практични примери
12
варијанта 1: С огласно со одлука и по налог на работодавачот, работникот Тошо Петров за потребите на работодавачот бил на службен пат на 17.06.2015 година со сопствен автомобил (кој користи Еуросупер БС-98) при што поминал 244 километри, за што поднел извештај и пресметка.
Пресметка на надоместокот за користење на сопствен автомобил за службени цели (потребите на работодавачот) 1) 30% од цената на литар гориво Еуросупер БС-98 (73,50 ден/лит)
22,05
2) Број на поминати километри
244
5.380
4) Персонален данок на доход (5.380 - 3.500) х 11,1111%
209
5) Вкупен износ на надоместокот за користење на сопствен автомобил за службени цели (5.380 + 209)
5.589
6) Оданочив расход - износ кој учествува во формирањето на даночна основа во Даночниот биланс
3.912
3) Пресметан нето надоместок (244 х 22,05)
Појаснување: Н ето надоместокот од 5.380 денари е исплатен на еден работник и се однесува на патување за службени цели реализирано во рамките на еден месец.
о Даночниот биланс, како непризнаен даночен расход, се искажува изноВ сот утврден во висина на 3.912 денари, во кој е вклучен и дел од персоналниот данок на доход.
02/ 3162-979 i 3298-763 www.p
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
Варијанта 2: С огласно со одлука и по налог на работодавачот, работникот Митко Тодоровски за потребите на работодавачот бил на службен пат со сопствениот автомобил (кој користи Еуродизел БС Д-Е V) на 03.06.2015 година, при што поминал 118 километри, за што поднел извештај и пресметка. Пресметка на надоместокот за користење на сопствениот автомобил за службени цели (потребите на работодавачот) 1) 30% од цената на литар гориво Еуродизел БС Д-Е В (57 ден/лит)
17,10
2) Број на поминати километри
118
2.018
4) Оданочив расход - износ кој учествува во формирањето на даночна основа во Даночниот биланс
1.413
3) Пресметан нето надоместок (118 х 17,10)
Појаснување: Б идејќи надоместот на трошокот за користење на сопствениот автомобил за службени цели е помал од 3.500 денари месечно по работник, персонален данок на доход на овој надомест не се пресметува.
о Даночниот биланс се искажува како непризнат даночен расход износот В од 1.413 денари.
Варијанта 3: С огласно со одлука и по налог на работодавачот, работникот Дејан Христов за потребите на работодавачот бил на службен пат со сопствениот автомобил (кој користи Еуросупер БС-95) на 11.06.2015 година, при што поминал 142 километри, за што поднел извештај и пресметка. Пресметаниот надомест на работникот не му е исплатен до денот на поднесувањето на даночниот биланс.
Пресметка на надоместокот за користење на сопствен втомобил за службени цели (потребите на работодавачот) а 1) 30% од цената на литар гориво Еуросупер БС-95 (70,50 ден/лит)
21,15
2) Број на поминати километри
3) Пресметан нето надоместок (142 х 21,15)
142
3.003
Појаснување: Бидејќи надоместот на трошокот за користење на сопствен автомобил за службени цели е помал од 3.500 денари месечно по работник, персонален данок на доход нема да се пресмета и при чинот на исплата. Заради претходно објаснетатат неможност да се користи даночен кредит, во Даночниот биланс не се искажува непризнаен даночен расход за неисплатените надомести.
1.2.9. Посебност на пресметката кај субјектите обврзници на персоналниот данок на доход од вршење на дејност Кај субјектите обврзници на персоналниот данок на доход од вршење на дејност, пресметката ќе се разликува во делот на утврдување на даночно непризнаениот расход. Имено кај овие оданочивиот дел од расходот (варијанта 1) се утврдува во висина на 50% од бруто исплатениот износ (5.589 х 50% = 2.795).
INFORMATOR 7 I JULI 2015
13
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Исплатата на вакви надоместоци на лица кои не се вработени кај исплатувачот, претставуваат оданочив расход во целост.
1.2. Сметководствена евиденција Пример: Согласно со одлука и по налог на работодавачот, работникот Тошо Петров за потребите на работодавачот бил на службен пат со сопствениот автомобил (кој користи Еуросупер БС-98) на 03.07.2015 година на релацијата Скопје - Битола - Скопје, при што поминал 342 километри, за што поднел извештај за завршената работа и пресметка за поминатите километри и платените патарини.
Пресметка на надоместокот за користење на сопствен автомобил за службени цели 1) 30% од цената на литар гориво Еуросупер БС - 98 (73 ден/лит)
21,90
2) Број на поминати километри
342
7.490
4) Персонален данок на доход (7.490 - 3.500) х 11,1111%
443
5) Вкупен износ на надоместокот за користење на сопствен автомобил за службени цели (7.490 + 443)
7.933
6) Пресметка на платените патарини:
3) Пресметан нето надоместок (342 х 21,90)
14
360
2 х (40 + 80 + 60) = 2 х 180
Пресметка на даночно непризнаениот расход:
7) Оданочив расход - износ кој учествува во формирањето на даночна основа во Даночниот биланс
5.553
Појаснување: Нето надоместокот од 7.933 денари е исплатен на еден работник и се однесува на патување за службени цели реализирано во рамките на еден месец.
о Даночниот биланс како непризнаен даночен расход се искажува износот В утврден во висина од 5.553 денари, во кој е вклучен и соодветен дел од персоналниот данок на доход.
зносот на платените патарини се евидентира издвоено од надоместокот за И користење на сопствен автомобил за службени цели.
Во продолжение даваме книжења кои ги „зачинивме“ со ЕМБГ на работникот, заради полесно составување на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход. Запазувајќи ја суштината, се разбира дека различните евиденции секогаш се предмет на креација на сметководителот. Книжење:
44120ЕМБГ - Надомест за користење на сопствен автомобил за службен пат во земјата со ПДД 4.433 44120 - Надомест за користење на сопствен автомобил за службен пат во земјата без ПДД 3.500 24110ЕМБГ - Обврски по основ на надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот 7.490 23590ЕМБГ - Обврски за персонален данок на доход 443 - пресметка на надоместот за користење на сопствен автомобил за службени цели www.p
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
44000 - Патарини 2499 - Други обврски - граѓани - платени патарини
360
24110ЕМБГ - Обврски по основ на надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот 7.490 23590ЕМБГ - Обврски за персонален данок на доход 443 2499 - Други обврски - граѓани 360 1000 - Парични средства 102 - Благајна - исплатен надомест, платен персонален данок и исплатена патарина
360
7.933 360
Напомена: За целите на раздвојувањето на надоместокот на трошоците за користење на сопствен автомобил за службени цели: а) на дел кој се оданочува со персонален данок на доход и б) остаток (инаку и двата дела се даночно непризнати расходи), отворивме аналитички сметки на сметката 440 (44020ЕМБГ и 44020).
1.3. Посебности при составувањето на Годишниот извештај за персоналниот данок на доход (образец „ПДД-ГИ“) и Годишната даночна пријава (образец „ПДД-ГДП“) За оние работници што примиле надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за службени цели, над 3.500 денари месечно по работник, и за кои е пресметан и платен персонален данок на доход, исплатувачот, правно и физичко лице што води деловни книги, има обврска да извести во Годишниот извештај за персоналниот данок на доход, образец „ПДД-ГИ“, што се поднесува до УЈП до 31 јануари наредната година. Во ваков случај работникот, покрај платата остварил и приходи по основ на Дополнителни примања и надоместоци од работен однос на кои не се платени придонеси (точка 3.2 од образецот „ПДД-ГИ“). Ова се однесува и за примањата по основ на регрес за годишен одмор, јубилејна награда, новогодишен надомест, регрес за исхрана согласно колективен договор и сл. оданочиви примања.
Работниците кои примиле оданочив (дел од) надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за службени цели, го исполнуваат условот за задолжително поднесување на Годишна Даночна Пријава (образец „ПДД-ГДП“), бидејќи примената плата не е единствениот основ по кој работникот остварувал приходи во извештајната година (да не го заборавиме и задолжителниот регрес за годишен одмор). Остварените приходи по основ на оданочивите надомести на трошоците од работен однос создаваат обврска за работникот покрај полето (1) - Плати, ... од образецот „ПДД-ГДП“ да го пополни и полето (2) - Дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси.
www.p INFORMATOR 7 I JULI 2015
roagens.mk
15
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
2. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ТРОШОЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕТО НА ПАТНИЧКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СОПСТВЕНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ( КОМПА НИСКИ АВТОМОБИЛИ) ОД АСПЕКТ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА За третманот на патничките моторни возила од аспект на ДДВ е пишувано во посебен текст од овој број на списанието Информатор. Затоа овде не ја опфаќаме истата тема. Се осврнуваме накратко на даночниот третман на патничките автомобили од аспект на данокот на добивка. Потсетуваме дека набавката на патнички автомобили не може да добие третман на реинвестирање на добивката од претходната година за целите на намалување на основата за данокот на добивка.
16
Сметаме дека во одделни случаи, патничките автомобили кои што се опремени со специјална додатна опрема потребна за нивна употреба како: такси возила, возила за обука на возачите, специјални медицински возила, погребни возила и слично, кои што се директно поврзани со вршењето на основната дејност на претпријатието, можат да се сметаат за инвестициони набавки на материјални средства за проширување на дејноста од член 28 на Законот за данокот на добивка со кои ќе се намалува даночната основа. Овој наш став не е потврден со Мислење на УЈП и засега не треба да се смета дека истиот не носи даночен ризик. Очекуваме позитивна реакција на даночниот орган и потврдување на ваквиот единствено логичен став. Даночно признаени се сите трошоци направени во врска со користењето на компаниските патнички моторни возила: амортизацијата, потрошеното погонско гориво (бензин, дизел,..), потоа трошоците за регистрација, поправки, осигурување, миење, ... Пример:
Компанијата „А“ набавила патничко моторно возило во месец јуни 2015 година за цена од 1.200.000 денари и пресметан ДДВ во износ од 216.000 денари. Набавната вредност на патничкото моторно возило изнесува 1.416.000 денари. Согласно со сметководствените политики на компанијата возилото се www.p
амортизира за 4 години. Пресметаната амортизација за 2015 година изнесува 177.000 денари (1.416.000 х 25% х 6 : 12). За користењето на патничкото моторно возило направени се трошоци за бензин во износ од 52.000 денари, за чистење и миење 3.900 денари и ситни поправки во износ од 4.320 денари. Компанијата платила и 120.000 денари за каско осигурување на патничкото возило. Осигурувањето се однесува на периодот јули 2015 - јуни 2016 година. Пресметка на трошоците за 2015 година за користење на службено патничкото моторно возило RENAULT FLUENCE SK: 905 - UU Амортизација
Бензин
52.000
Чистење и миење
3.900
Ситни поправки
177.000
4.320
Осигурување (120.000 : 12 х 6) 60.000 ----------------------------------------------------------Вкупни трошоци за користење на возилото се даночно признаени во целост: 297.220
Кратко резимe - Надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот, како надоместоци кои произлегуваат од ЗРО и колективните договори, се исплатуваат на работник, којшто сопствениот автомобил го користи за потребите на работодавачот. Сопственик на автомобилот не е работодавачот - правно лице - обврзник на данокот на добивка, туку работникот. Трошоците направени со користењето на возилото (гориво и сл.) му се покриваат на работникот во висина пропишана со колективните договори. Овие трошоци не се докажуваат посебно со документи (сметки, фактури и сл., освен некои издвоени трошоци: платени па-
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
тарини, надомести за траекти, премини на граници, еколошки такси и сл.). Имено, се работи за нормирани трошоци, кои треба да му се надоместат на работникот, како сопственик на возилото (со нив треба да се покрие и претпоставената амортизација на приватното возило). Процедурата за надоместување (рефундирање) на овие трошоци на работникот подразбира постоење на соодветен налог за патување и краток извештај за извршеното патување, како за патувањето во рамките на местото во кое се наоѓа седиштето на работодавачот (локал), така и при патување во други места во и надвор од земјата; - Трошоците поврзани со користење на компаниски патнички моторни возила (категоријата моторни возила е дефинира-
на во Законот за возила - 140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13 и 138/14) се расходи направени во функција на користењето на патничките моторни возила кои се во сопственост на работодавачот - правно лице, обврзник на данокот на добивка. Се работи за фактички направени трошоци кои се покриваат со поднесување на соодветни документи до сметководството на правното лице и истите се исплатуваат на соодветните добавувачи (погонско гориво, чистење и одржување, поправки, осигурување и сл.). За овие возила, даночниот обврзник пресметува амортизација согласно со своите сметководствени политики. За целите на данокот на добивка станува збор за даночно признаени расходи во целост.
17
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Данијела ЈАЌИМОВИЌ Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
СМЕТКОВОДИТЕЛ И АДВОКАТ КАКО РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО РЕГИСТРИРАЊЕ НА ТРГОВЦИТЕ
НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ПРИМЕНА ОД 11 НОЕМВРИ 2015
П 18
аралелно со измената на Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД), 1 објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 88/15 година и влезена во сила на 05.06.2015 година, со која почнувајќи од 01.11.2015 година се воведува задолжително електронско регистрирање на трговците поединци и трговските друштва во трговскиот регистар преку Системот за е-регистрација во сите постапки: основање, промена или бришење, лично од страна на основачите или преку регистрационен агент, 2 се врши и измена на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (во натамошниот текст: Законот за едношалтерскиот систем) со која се воведуваат нови решанија во функција на овозможување на реализацијата на обврската утврдена со ЗТД. Изменaта на Законот за едношалтерскиот систем објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 97 од 12.06.2015 година, влезе во сила на 20.06.2015 година, а ќе започне да се применува од 01 ноември 2015 година.
1
2
kontakt@proagens.com.mk
ПОКРАЈ СМЕТКОВОДИТЕЛОТ И АДВОКАТОТ СТАНУВА „РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ“ Во 2013 година со една измена на Законот за едношалтерскиот систем („Службен весник на РМ“, бр. 70/13 година, во сила на 24 мај 2013 година), во насока на анимирање на системот на електронската регистрација на субјектите на упис во трговскиот регистар и регистар на други правни лица, беше промовирана категоријата: „регистрационен агент“, која според дефиницијата ги опфати трговците поединеци или трговски друштва регистрирани за вршење на сметководствена дејност (овластените сметководители и сметководители кои исполнуваа и дополнителни законски услови), кои врз основа на посебно овластување издадено од Централен регистар на РМ станаа овластени подносители за пријави за упис на основање на трговските субјекти преку Системот за е-регистрација. Сега, со најновата измена на Законот за едношалтерскиот систем, чијашто примена стартува на 01.11.2015 година се проширува опфатотот на категоријата: „регистрационен агент“ и на адвокатите поединци и адвокатските друштва кои ќе стекнат овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација т.е. овластување за регистрационен агент.
„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14 и 88/15. „Нови решенија во Законот за трговските друштва“, Информатор бр. 6 од 2015, стр. 5, автор Д. Јаќимовиќ. www.p
roagens.mk
ТРГОВСКИ РЕГИСТАР - ИНФОРМАЦИЈА
Новите решенија предвидуваат: - Регистрациониот агент трговец поединец и трговско друштво, како сметоводител/ овластен сметководител, врши електронско поднесување само на пријавата за упис на основање на трговец поединец (ТП), друштвото со ограничена одговорност (ДОО) и друштвото со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ), - Регистрациониот агент адвокат поединец или адвокатско друштво вршиелектронско поднесување на пријава за упис на ТП, пријава за упис на основање, промена и бришење на сите форми на трговски друштва определени со ЗТД во единствениот трговски регистар (ДОО, ДООЕЛ, АД, ЈТД, КД).
Регистрациониот агент го утврдува идентитетот на учесниците во постапката за регистрација, вистинитоста на потписите на прилозите кон пријавата за упис и истите ги заверува со свој дигитален потпис. Притоа, останува во сила актуелното решение извршената услуга за упис на основање на трговец поединец и трговско друштво преку Системот за е-регистрација, регистрациониот агент да ја врши без надоместок и награда. Но, спроведувањето на уписите за промена и бришење на трговец поединец и трговско друштво, со кое овластување се стекнуваат адвокатите како регистрациони агенти ќе се врши надоместок кон Централниот регистар на РМ, и награда што ќе се регулира врз основа на предходно утврдена и јавно објавена тарифа на Адвокатската комора.
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 7 I JULI 2015
19
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Д-р Рефика МУРИЌ Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПРОМЕТОТ СО ВОЗИЛА
K 20
ога станува збор за оданочувањето на прометот со возила, обврзниците редовно покажуваат несигурност и неразбирање за даночниот третман од аспект на ДДВ. Причина за тоа е и фактот, што различните возила (по категорија и намена) имаат различен даночен третман, а покрај тоа и условите под кои биле набавени возилата и целта за кои се набавувани, различно се третира од даночен (ДДВ) аспект.
Генерално, регистрираните обврзници за ДДВ, кои испорачуваат (продаваат или вложуваат), нови или употребувани моторни возила, должни се да пресметуваат ДДВ (според пропишаната даночна стапка 18%), согласно со член 2 од Законот за данокот на додадена вредност - „ЗДДВ“ („Службен весник нa РМ“, бр. 44/99, ... и 15/15). Согласно со член 3 став 3 точки 2 и 3 од Законот, ДДВ се плаќа и на испораката на моторни возила без надомест од страна на трговски друштва и други здруженија на лица, спрема нивните сопственици на влог, членовите или на нив блиски лица. Исто така, ДДВ ќе се плаќа за задржувањето моторни возила од страна на даночниот обврзник или од лицето кое стапува на негово место, по престанувањето со вршењето на стопанската дејност. ДДВ не се пресметува и не се должи, за испораки: • во странство за извоз; • в о случаи кога се применува член 23 точка 20 од Законот. www.p
1. П РОМЕТ ОСЛОБОДЕН ПО ЧЛЕН 23 ТОЧКА 20 ОД ЗАКОНОТ ЗА ДДВ Во членот 23 точка 20 од Законот за ДДВ е предвидено даночно ослободување за прометот на сите добра, како и за нивното користење за лични потреби, за кои било исклучено правото на одбивка на претходните даноци при нивната набавка (или увоз) според членот 35 од Законот за ДДВ. Ова ослободување се однесува за сите добра кои се набавени како инвестициски средства (основни средства) а кои се отуѓуваат (со надоместок или без надоместок) под околност предвидена во членот 23 точка 20 од Законот за ДДВ, односно доколку за испорачаните добра било целосно исклучено правото на одбивка на претходниот данок при нивната набавка, согласно со член 35 од ЗДДВ.
1.1. Д аночно ослободување заради претходно исклучено право на одбивка според член 35 точка 1 од ЗДДВ Даночното ослободување најнапред го опфаќа прометот на добра, кои биле набавени за цели на дејност што е ослободена од данок според член 23 од ЗДДВ (и поради што за нив било исклучено правото на одбивка на претходниот данок при набавката, производството или увозот, според член 35 став 1 точка 1 од Законот за ДДВ). Ваков третман имаат прометите на сите видови на возила, за кои при набавката не е одбиен ДДВ, а каде причината за неодбивање на данокот била дејноста за која се набавуваат.
roagens.mk
ДДВ
о фактурите за прометот на возилата под В овие услови, се наведува: „ДДВ не е пресметан согласно со член 23 точка 20 од ЗДДВ“. Пример:
Банка набавила возило за комбиниран превоз за вршење работи во дејноста. Банкарскиот и финансискиот промет согласно член 23 точка 5 од Законот, се ослободени од ДДВ без право на одбивка на претходниот данок, па за возилото не е одбиен претходниот данок (иако за тој вид возило според член 35 точка 2, не е исклучено правото на одбивка). анката е регистриран даночен обврзник Б за ДДВ (поради промети на добра земени во залог или хипотека, закупнини и други оданочиви промети). Испораката (продажбата, подарувањето или вложувањето) на возилото кое се користело за цели на банкарската дејност (една од дејностите без право на одбивка на претходниот данок според член 35 точка 1), ќе биде ослободена од оданочување со ДДВ според член 23 точка 20, односно испорачателот не пресметува ДДВ при неговата продажба/ отуѓување.
1.2. Даночно ослободување заради претходно исклучено право на одбивка според член 35 тoчка 2 од ЗДДВ римена на даночно ослободување соП гласно со член 23 точка 20 од ЗДДВ, постои и кога се работи за промет на моторни возила за кои е исклучено правото на одбивка по член 35 став 1 точка 2, поради самиот тип на возилото. Имено, согласно член 35 точка 2 од Законот за ДДВ, за возила со помалку од четири тркала (категорија Л) и возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот имаат најмногу до осум седишта и чија најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), иако се набавени за службени цели, исклучено е правото на одбивка на претходниот данок.
(За исклучоците од ова правило пишува во наредната точка 1.3.) Пример:
Деловен субјект кој е регистриран обврзник за ДДВ, чија дејност е надворешнотрговско работење, набавува 2 патнички автомобили, по фактура со искажан ДДВ, со цел да ги користи за службени патувања. За оваа набавка не постои право на одбивка на претходниот данок и истото не е искористено согласно со член 35 точка 2 од ЗДДВ. По одреден период сопственикот одлучува едното возило да го земе во своја лична сопственост, што претставува оданочив промет без надоместок (земање на добра без надоместок во смисла на член 3 став 3 точка 1 од ЗДДВ). Со оглед на тоа што во набавката било исклучено правото на одбивка, не постои обврска за пресметување ДДВ, односно прометот ќе биде даночно ослободен согласно со член 23 точка 20 од ЗДДВ. Второто возило пак, деловниот субјект го продава на друго правно лице и повторно не пресметува ДДВ, затоа што и овој промет е ослободен согласно со член 23 точка 20 од ЗДДВ, односно од причини што при неговата набавка со засметан ДДВ, данокот не е одбиен согласно со член 35 точка 2 од ЗДДВ. о фактурите од продажба на патнички воВ зила под овие услови, се наведува: „ДДВ не е пресметан согласно со член 23 точка 20 од ЗДДВ“.
1.3. Промет без даночно ослободување согласно со член 23 точка 20 од ЗДДВ аночното ослободување од член 23 точка Д 20 на ЗДДВ, кое е елаборирано во претходните точки, не се применува доколку возилото било набавено или увезено пред 01.04.2000 година, односно пред воведувањето на данокот на додадена вредност.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
kontakt@proagens.com.mk
21
Pr fesionalna Edukacija
Пример:
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Деловен субјект набавил патнички автомобил во март 1999 година, кога не бил на сила Законот за ДДВ. Подоцна, во системот на ДДВ, деловниот субјект како регистриран ДДВ обврзник, го продава автомобилот. Бидејќи автомобилот е набавен пред воведувањето на ДДВ, не бил применет членот 35 од Законот за ДДВ. Поради тоа, не може да се искористи ослободувањето од членот 23 точка 20 на ЗДДВ, па за прометот на овој автомобил треба да се пресмета и плати ДДВ на основица продажната цена. ДДВ ќе се должи и доколку ова возило би се подарило или вложило од страна на регистриран даночен обврзник. аночното ослободување не се применуД ва и доколку, правото на одбивка на претходни даноци при набавката не било исклучено според членот 35, туку поради:
22
1. с текнување добра од страна на лица кои не се регистрирани даночни обврзници за ДДВ или 2. н абавка извршена без уредна фактура со посебно искажан ДДВ и други елементи на фактура од член 53 на ЗДДВ, или 3. н емање царинска декларација со платен ДДВ за увезените возила. Пример:
Регистриран ДДВ обврзник, набавил автомобил по фактура во која не бил истакнат ДДВ. Овде не постои одбивка на ДДВ, но не поради исклученото право на одбивка според членот 35, туку затоа што ДДВ воопшто не е засметан, односно даночниот обврзник не бил товарен со ДДВ во набавката. Штом автомобилот не бил товарен со ДДВ при набавката, не било применето исклучување на одбивката со членот 35 од Законот за ДДВ. Поради тоа, не може да се искористи ослободувањето од членот 23 точка 20 на ЗДДВ, па при отуѓувањето на овој автомобил треба да се пресмета и плати ДДВ. (ДДВ ќе се
www.p
должи и доколку ова возило би се подарило или вложило од страна на регистриран даночен обврзник.) 2. Д АНОЧНА ОСНОВА ЗА ПРОМЕТОТ СО ВОЗИЛА
Основата на ДДВ при прометот (овде се подразбира и подарување и вложување) на моторни возила (нови и употребени) е надоместокот за продаденото возило. Под надоместок се подразбира сето она што стекнувачот го дава или плаќа за испорачаното возило и сето она што некое друго лице, вон купувачот на моторното возило, го дава или плаќа за тоа возило. Во даночната основа не влегува ДДВ. Минимална даночна основа Многу често се случува возилата да бидат предмет на повластена продажба (особено кон свои блиски лица: содружници, вработени, управители, деловни партнери и др.). Со оглед дека и ова е оданочив промет, доколку се врши по повластена (багателна) цена, за даночна основа се зема предвид вредноста наведена во член 19 став 1 точки 1 и 2 од Законот (набавна цена односно цена по која истото би можело да се набави на пазарот во моментот на прометот) доколку тој износ е повисок од надоместокот. Пример:
Трговец со возила му продава на својот вработен автомобил за 300.000 денари. Трговецот го набавил возилото за 800.000 ден. Бидејќи набавната нето цена од 800.000 денари е повисока од платениот надоместок, истата се зема како минимална даночна основа.
2.1. Даночна основа при размена Ако обврзникот на ДДВ испорачува (продава) моторни возила на друг обврзник на ДДВ, а возилата не ги наплатува во пари, туку во други добра или услуги, во смисла на Законот и Правилникот за ДДВ, се работи за раз-
roagens.mk
ДДВ
мена. При тоа, испораката подлежи на оданочување на двете страни, т.е. од една страна се оданочува испораката на моторното возило, а од друга страна испораката на другото добро или услуга кои се даваат како надоместок за испорачаното возило. ри размената, даночната основа е пазарП ната вредност на ДОБИЕНОТО добро или услуга кои се предмет на размената. Ако при размената на добрата се изврши и доплата во пари, тогаш во надоместокот се вбројува покрај применото добро или извршената услуга и пресметаниот паричен износ. Пример:
Друштвото „А“ договорило размена на употребувано возило за комбиниран превоз со друштвото „Б“ за ново такво возило. Размената се врши по објективна вредност (пазарна, договорена вредност) на возилата. Бруто вредноста на употребуваното возило е 413.000 денари (350.000 денари + 63.000 денари ДДВ /18%/), додека вредноста на новото возило изнесува 810.000 денари (686.440 денари + 123.560 денари ДДВ /18%/), така што при размената друштвото „А“ треба да доплати уште 397.000 денари на друштвото „Б“. Употребуваното возило има набавна вредност 600.000 денари и е амортизирано 2 години по годишна стапка од 25% (сегашната неотпишана вредност изнесува 300.000 денари).
Напомена:
огласно со член 19, став 1, точка 3 од ЗаС конот за ДДВ, кога надоместокот на прометот на добро или услуга се состои во целина или делумно во промет на друго добро или друга услуга, пазарната цена на добиеното добро или примената услуга претставува даночна основа за ДДВ. Според ставот 3 на истиот член, ДДВ не претставува составен дел на даночната основа, што значи дека даночната основа е пазарната (нето) цена. Кон надоместокот за прометот на друштвото „А“ се вбројува се што плаќа примателот на старото возило (друштвото „Б“), минус примената доплата во пари и данокот на додадена вредност, а тоа е: нето пазарната вредност за употребуваното возило признаена од другата страна во размената. Друштвото „Б“ го набавува возилото за цели на натамошна продажба на употребувани возила. Кон надоместокот за прометот на друштвото „Б“ се засметува износот што го должи примателот на новото возило (друштвото „А“), минус данокот на додадена вредност, а тоа е: бруто вредноста на старото возило во вредност од 413.000 денари + дополнителното плаќање од 397.000 денари минус ДДВ 123.560 денари = 686.440 денари. Значи, даночната основа изнесува 686.440 денари.
Книжење кај друштвото „А“: СМЕТКА
ОПИС
ИЗНОС
должи побарува должи побарува 1200 Побарување од купувачи 413.000 0192 Акумулирана амортизација на транс. сред. 300.000 Добивки од продажба на материјални 7601 средства 50.000 0130 Возило за комбиниран превоз (комбе) 600.000 2300 Обврска за ДДВ 63.000 - по фактура бр. __ за продадено средство со капитална добивка
INFORMATOR 7 I JULI 2015
kontakt@proagens.com.mk
23
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
0130 1300
Возило за комбиниран превоз (комбе) Претходен данок 2200 Обврски кон добавувачи - примена фактура бр. __ 2200 Обврски кон добавувачи 1000 Парични средства 1200 Побарување од купувачи - за прокнижена размена и извршена доплата
686.440 123.560 810.000 810.000 397.000 413.000
Книжење кај трговецот „Б“: СМЕТКА
24
ИЗНОС
ОПИС
должи побарува 1200 Побарување од купувачи 7410 Приход од продажба на стока 2300 Обврска за ДДВ - по фактура бр. ____ 6606 Залиха на стоки - употребувани добра 1300 Претходен данок 2200 Обврски кон добавувачи - примена фактура бр. __ 2200 Обврски кон добавувачи 1000 Парични средства 1200 Побарување од купувачи - за прокнижено порамнување со примена доплата
Напомена:
Во наведениот пример и двете страни во размената се ДДВ обврзници, а согласно со видот на возилата каде не се исклучува правото на одбивка ни за едното ни за другото, правото на одбивка го реализираат двете страни, но имаат и обврска да пресметаат ДДВ. Доколку предмет на размена на друштвото „А“ беше употребуван патнички автомобил, за кој при набавката не е одбиен ДДВ, испораката на истиот би била без ДДВ (согласно член 23 точка 20 од Законот за ДДВ). Доколку друштвото „А“, со размената набавило патнички автомобил, како опрема за службени потреби на вработените, не би имало право на одбивка на претходниот данок.
02/ 3162-979 i 3298-763 www.p
должи побарува 810.000 686.440 123.560 350.000 63.000 413.000 413.000 397.000 810.000
2.2. Даночна основа при промет со употребувани добра (моторни возила) Во случај на дејност на промет на употребувани добра, вклучувајќи и употребувани моторни возила (како патнички, така и товарни и полутоварни), согласно член 19 став 1 точка 5 од Законот разликата меѓу продажната и набавната цена е предвидна како посебна даночна основа. Разликата во цени всушност е бруто износот од кој се одзема данокот на додадена вредност за цели на утврдување на даночната основа.
Услов за ваков начин на оданочување на овој промет е продавачот на доброто, при набавката на истото да не бил задолжен со данок од својот добавувач.
02/ 3162-979 i 3298-763
roagens.mk
ДДВ
Напомена:
Во претходно дадениот пример трговецот „Б“ набавува употребувано возило со искажан ДДВ од страна на друштвото „А“, така што даночната основица за ДДВ при продажбата ќе биде остварената продажна цена, а не разликата во цени.
заедно со данокот) се наведува само продажната цена (бруто цена). Од оваа бруто цена (која воедно претставува бруто приход), се одзема набавната цена и на тој начин продавачот ја утврдува разликата во цена која пак ја сочинуваат даночната основа и даночниот долг што треба да се плати за овој промет, согласно со член 19 став 1 точка 5 од Законот.
Разликата во цени се користи како бруто основица во случај на промет каде обврзник на ДДВ испорачува (продава) возило за кое при набавката немал можност за одбивка на претходен данок (на пример, во случајот на набавка од граѓани кои не се обврзници на ДДВ, мали претприемачи и други лица кои не се регистрирале за целите на ДДВ, правни лица за кои овој промет е ослободен согласно член 23 точка 20 од ЗДДВ (а во врска исклучено право на одбивка при набавката според членот 35).
Ваквата постапка е предвидена со членот 20 од Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 65/99; ... и 106/06) каде според член 20 став 2 од истиот „во фактури за промет на употребувани добра, во кои како даночна основа се зема вредноста наведена член 19 став 1 точка 5 од Законот, наместо задолжителните податоци според член 53 став 10 точки 6 до 9 од Законот се наведува продажната цена (бруто-цена)“.
Пример:
Трговец со половни возила продава едно возило за 400.000 денари, кое го набавил од физичко лице за 350.000 ден. идејќи за испораката на возилото спреБ ма трговецот не се долгувал данок на додадена вредност, трговецот може при продажбата на возилото да изврши оданочување на разликата во цената. 1. Продажна цена
400.000 денари
2. Набавна цена
350.000 денари
3. Разлика (12)
50.000 денари
4. Д аночна основа (50.000 / 1,18)
42.373 денари
5. ДДВ (р. бр. 4 х 18%) 7.627 денари
2.3. Фактурирање на прометот на употребувани добра Во фактурите од промет на употребувани добра, за кој како даночна основа се зема наведената разлика меѓу продажната и набавната цена, наместо задолжителните податоци според член 53 став 10 од ЗДДВ (надоместокот за извршениот промет, применетата даночна стапка, пресметаниот данок на додадена вредност и вкупниот износ на надоместокот
INFORMATOR 7 I JULI 2015
3. Н АБАВКА НА ВОЗИЛА СО И БЕЗ ПРАВО НА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДЕН ДАНОК Согласно член 34 од Законот, правото на одбивка на претходниот данок може да се оствари: 1) ако набавените или увезените добра, односно примените услуги, се употребуваат за цели на стопанска дејност; 2) врз основа на фактура која е издадена во согласност со член 53 од ЗДДВ, или царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот и ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник. Под овие услови, возилата за комбиниран превоз, товарните возила, леталата и пловните објекти се со право на одбивка на претходниот данок. Но, правото на одбивка за некои возила може да биде исклучено и покрај постоењето на условите за одбивка на претходниот данок од членот 34. Имено, набавките, производството и увозот на моторни возиласопомалку од четири тркала (категорија Л) и возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот има-
25
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ат најмногу до осум седишта и чија најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), согласно точката 2, се без право на одбивка на претходниот данок. Меѓутоа и за овие возила се остварува правото на одбивка, под услов даночниот обврзник да ги користи исклучиво за некоја од дејностите: а) промет со наведените превозни средства; б) изнајмување на наведените превозни средства;
в) превоз со наведените превозни средства; г) обука на возачи со нив и д) одржување и поправка на наведените превозни средства и други добра. За автобусите правото на одбивка е поврзано со нивната намена, односно со право на одбивка се набавките на автобуси кои ќе се користат за цели на превоз на патници во земјата, додека наменетите за меѓународен превоз согласно член 23 од Законот за ДДВ се без право на одбивка.
26
www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Данијела ЈАЌИМОВИЌ Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
МОЖНОСТ ЗА ДОКУП НА СТАЖ НА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ПЕРИОД ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2008 ГОДИНА
НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ПИО
С
о нови решенија во Законот за пензиското и инвалидското осигурување (во натамошниот текст: Законот за ПИО) 1 кои се објавени во „Службен весник на РМ“ бр. 97/15 и се во сила од 20.06.2015 година, се воведува можност за докуп на стаж на осигурување за период до 31 декември 2008 година од страна на осигурениците на кои, за време додека биле пријавени во задолжително социјално осигување, не им бил плаќан придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од страна на работодавачот. Мерката би придонела кон уредување на социјалното осигурување на оштетените осигуреници како основа за исполнување на условот за остварување на правото на пензија, односно зголемување на пензиската основица. Предметната мерка е уредена со пет нови членови (107-а, 107-б, 107-в, 107-г и 107-д) со кои се дополнува Законот за ПИО, под наслов: „Утврдување на стаж на осигурување за период до 31 декември 2008 година“. Решенијата ги уредуваат прашањата за: - о пфатотот на осигурениците на кои се однесува правото за докуп на стаж на осигурување, лимитиран со временска граница (пресек) до која може да се изврши докуп на стажот и со статусот на работодавачот (обврзникот за пресметка и уплата на придонесот) кој не плаќал придонес за ПИО;
1
- м ожен плаќач на неплатениот придонес за ПИО; - начин на плаќање на неплатениот придонес за ПИО и - унифицирана основица и стапка на придонесот за ПИО.
ОПФАТ НА ОСИГУРЕНИЦИ СО ПРАВО ЗА ДОКУП НА СТАЖ Образец БПП/ПИО - Барање за пресметка и плаќање на придонeс за пензиско и инвалидско осигурување Со мерката се опфатени осигурениците кои биле во работен однос, односно на работа врз основа на која биле пријавени во задолжително социјално осигурување (на пр. самовработени лица), а од страна на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не им бил платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година. Плаќањето на придонесот се однесува за целиот период кој не е утврден во стаж на осигурување поради неплаќање на придонесот за ПИО. Со мерката ќе бидат опфатени осигурениците кои ќе поднесат барање за плаќање на придонесот за ПИО до Фондот за ПИОМ во период од една година сметано од денот на влегување во сила на измената на Законот за ПИО (т.е. сметано од 20.06.2015 до 19.06.2016), согласно со членот 8 од преодните одредби на измената на Законот за ПИО.
„Службен весник на РМ“, бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15 и 97/15.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
27
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Формата и содржината на барањето ги пропиша министерот за труд и социјална политика со Правилникот 2 објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 104/15, во сила од 25.06.2015 година. Барањето се поднесува на образец БПП/ ПИО - Барање за пресметка и плаќање на придонeс за пензиско и инвалидско осигурување, кој е составен дел на овој правилник и е даден на крајот од овој текст. Образецот БПП/ ПИО содржи податоци за: назив за субјектот до кој се поднесува барањето, број и датум на барањето, наслов на барањето, податоци за подносителот на барањето, податоци за обврзникот кај којшто осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување, податоци за периодот за неплатениот придонес за пензиско и инвалидско осигурување, датум на поднесување на барањето, место за потпис на барателот и место за печат.
Решение за плаќање на придонесот
28
Фондот за ПИОМ донесува решение за плаќање на придонесот на барање на осигуреникот, доколку утврди дека се исполнети следниве услови: - осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување заклучно со 31 декември 2008 година (што се утврдува од податоците во матичната евиденција во Фондот за ПИОМ); - придонесот за ПИО за периодот за кој осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување не е платен, односно не е целосно платен (што се утврдува со записник на Фондот) и - ОБВРЗНИКОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПИО Е ИЗБРИШАН од регистрите кои се водат при Централниот регистар на Република Македонија или друг регистар пред преземањето во Централниот регистар на Република 2
Македонија (за што Фондот за ПИОМ по службена должност обезбедува доказ врз основа на размена на податоци). Според наведеното произлегува дека опфатот на осигурениците е двојно ограничен: со временска рамка - заклучно со 31.12.2008 година (што има логика од аспект на фактот дека од 01.01.2009 година, со воведување на моделот бруто плата започнува период на интегрирано плаќање на платата и сите придонеси од задолжително социјално осигурување поради што драстично се намалува бројот на обврзници со неплатени придонеси), но и со правниот статус на обврзникот за плаќање на придонесот за ПИО кој треба да е избришан од соодветниот регистар (по основ на стечај, ликвидација или по некој друг основ), што значи деловен субјект да не постои во моментот на поднесување на барањето.
МОЖЕН ПЛАЌАЧ НА НЕПЛАТЕНИОТ ПРИДОНЕС ЗА ПИО Плаќач на неплатениот придонес за ПИО, е осигуреникот (работникот) самиот за себе. Плаќањето на придонесот може да го извршат и членовите на семејството од членот 57 од Законот за ПИО, доколку осигуреникот кој поднел барање за плаќање на придонесот почине во текот на постапката. Членови на семејството од членот 57 од Законот за ПИО се лицата кои можат да остварат старосна пензија: 1) б рачниот другар; 2) д ецата (родени во брак или надвор од
брак или посвоени, посиноците кои ги издржувал осигуреникот, внучињата и други деца без родители кои ги издржувал осигуреникот) и
3) р одителите (таткото и мајката, очувот и
маќеата) и посвоителот, што ги издржувал осигуреникот.
Целосен назив: „Правилник за формата и содржината на барањето за пресметка и плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување од осигуреник кој бил во работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а од страна на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година“. www.p
roagens.mk
СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ Уплатата на придонесот се врши по донесувањето на решението од страна на Фондот за ПИОМ врз основа на претходно поднесено барање од страна на осигуреникот. Плаќањето на придонесот може да се изврши најмногу до 12 последователни месечни рати. Стажот на осигурување ќе се регулира доколку во целост биде платен придонесот утврден со решението.
УНИФИЦИРАНА ОСНОВИЦА И СТАПКА НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПИО Основица за пресметка и плаќање на придонесот за сите осигуреници изнесува 50% од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барање за плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Плаќањето на придонесот се врши според стапката на придонес за ПИО утврдена со закон (н.з. Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување). Според овој закон стапката за придонесот за ПИО е 18%.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Просечната плата за претходната година (2014) во бруто изнесува 31.325 денари. Со оглед на наведените параметри износот на месечната рата, доколку плаќањето на вкупниот неплатен придонес се врши во максималните 12 последователни рати ќе изнесува: СТАПКАТА ЗА ПИО ЗА 2015 - 18% ОСНОВИЦА ЗА 2014 - Бруто плата: 31.325 ден. X 50% = 15.663 денари. 15.663 X 18% = 2.819 денари за секој месец неплатен придонес. • Пример: • 60 месец. непл. прид. X 2.819 = 169.140 денари (вкупно неплатени придонеси) • ИЗНОС НА МЕСЕЧНА РАТА - 169.140 ден. : 12 рати = 14.095 денари. Доколку барањето за докуп на стаж се поднесе во 2016 година (до 19.06.2016), со оглед на можноста правото на докуп да се остварува една година сметано од 20.06.2015 година, ќе се користат тогаш актуелните параметри: просечната плата за 2015 година што ќе ја објави ДЗС и стапката за ПИО за 2016 од 18% според Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
29
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Прилог: Образец БПП/ПИО
Фонд за пензиското и инвалидското Осигурување на Македонија Филијала / Деловница _______________________________
Прилог
Образец БПП/ПИО
Датум: _____________________ Број:
_____________________ БАРАЊЕ за пресметка и плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување
1.
Податоци за подносителот на барањето:
1.1.
име и презиме на осигуреникот
1.3.
Адреса и вистинско седиште /живеалиште
1.2.
ЕМБГ на осигуреникот
улица ________________________________________________________________ број __________ општина __________________________________________ место _______________________________ телефон _________________ е-маил _________________
30
2.1.
Податоци за обврзникот кај којшто бил пријавен во задолжително социјално осигурување:
Назив и седиште на обврзникот:
______________
______________________________________________________________________________________ ЕМБС или ЕДБ на обврзникот или регистарски број на обврзникот: _________________________ _________________________ 3.
Податоци за период на неплатениот придонес за пензиско и инвалидско соигурување
од ____________________________________________ до ______________________________ година од ____________________________________________ до ______________________________ година од ____________________________________________ до ______________________________ година
Датум на поднесување
________________________
Потпис на барателот
МП
________________________
www.p
roagens.mk
ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Д-р Рефика МУРИЌ Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
С
о Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 164/13 и последната измена и дополнување објавена во број 97/15, во натамошниот текст – „Законот“) се уредува заштитата на правата на потрошувачите, условите и начинот на заштита на потрошувачите, условите за трговското работење што се од значење за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на здруженијата на потрошувачите, како и надлежностите на органите на државната управа во однос на заштитата на потрошувачите.
• Право на потрошувачот да го раскине
Со последните измени на Законот се тежнееше кон сеопфатна правна рамка за заштита на потрошувачите во Република Македонија, посебно во делот на е-трговија.
• Воведувањена образец за потрошува-
Основни решенија од овие законски измени се: • Подобра информираност на потрошу-
вачите за нивните права при купувањето на производи и услуги особено преку средствата за далечинска комуникација (како што се интернет и електронска пошта) и надвор од деловните простории на трговецот, а воедно и појасни правила за трговците на единствениот пазар на ЕУ;
• Транспарентност на понудата од тр-
говците со истакнување на вкупната цена на производот или услугата со сите додатни давачки, а воедно и да го сноси ризикот за евентуално оштетување на стоката при превозот до времето кога потрошувачот ја презел стоката;
INFORMATOR 7 I JUL I 2015
договорот со трговецот во рок од 14 дена и обврската на трговецот да му ја врати на потрошувачот целата сума на пари која ја дал согласно со договорот, и да го информира за за трошоците за поврат на стоката;
• Укинување на додатни трошоци за
потрошувачите при плаќање со кредитна картичка или друго средство на плаќање од страна на трговците, како и при користење на дежурни телефонски линии за добивање на информации; чите за раскинување на договорот со трговецот доколку потрошувачот се премислил и сака да го раскине договорот склучен на далечина или надвор од деловните простории на трговецот.
За сето погоре, направено е уредување на повеќе законски сегменти, меѓу кои како поважни ги презентираме одредбите поврзани со договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот и договорите склучени на далечина. Уредени се и дефинициите (со додавање на нови или дотерување на постоечките) на најчесто користените категории во Законот: потрошувач, трговец, стока, стоки произведени според спецификациите на потрошувачот, договор за продажба, договор за услуги, договор на далечина, договор склучен надвор од деловните простории, деловни простории, траен носач, дигитална содржина, финансиска услуга, јавна аукција, гаранција и дополнителен договор.
31
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Во продолжение подетално информираме за поважните законски новини во однос на посебните определби за потрошувачки договори.
2. Општи одредби при договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот и договорите склучени на далечина
1. Права при купувањето на производи и услуги со договори склучени на далечина и договори склучени надвор од деловните простории на трговецот
Општите одредби на договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот и договорите склучени на далечина, се применуваат на секој договор склучен помеѓу трговецот и потрошувачот (меѓу другото и на договорите за испорака на вода, гас, електрична енергија или централно греење, исто така, од страна на јавни даватели на услуги, до степенот во кој овие основни производи се испорачани врз основа на договор), врз основа на кои надоместокот кој потрошувачот треба да го плати не е повисок од 50 евра. Меѓутоа одредбите не се применуваат на договорите:
„Договор на далечина“ е секој договор склучен помеѓу трговецот и потрошувачот во рамките на организирана шема за продажба или давање услуги на далечина без физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот, преку исклучителна употреба на еден или повеќе средства за комуникација на далечина до склучувањето на договорот, вклучувајќи го и моментот на склучување на договорот. Најчесто ваквите договори се склучуваат преку средствата за далечинска комуникација (како што се интернет и електронска пошта).
32
„Договор склучен надвор од деловните простории“ е секој договор помеѓу трговецот и потрошувачот: а) склучен во истовремено физичко присуство на трговецот и потрошувачот, на место кое не е деловна просторија на трговецот;
а) за социјалните услуги, вклучувајќи ги социјалните станови, грижата за деца и поддршката на семејствата и лицата кои имаат трајна или привремена потреба, вклучувајќи ја и долгорочната грижа; б) за здравствена заштита; в) за активности на коцкањето кои вклучуваат удел со парична вредност во игрите на среќа, вклучувајќи лотарии, коцкање во казина и обложувања; г) за финансиски услуги;
б) за кој е дадена понуда од страна на потрошувачот, под истите услови наведени во точка а);
д) за создавање, стекнување или пренос на недвижен имот или права на недвижен имот;
в) склучен во деловните простории на трговецот или преку кое било средство за комуникација на далечина веднаш штом потрошувачот лично и индивидуално ќе стапи на местото кое не е едно од деловните простории на трговецот, во физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот; или
ѓ) за изградба на нови згради, значителна пренамена на постојните згради и за изнајмување на сместување за станбени цели; е) за договорите за пакет аранжмани, пакет туристички аранжмани и пакет туристички тури - согласно со Законот за туристичка дејност;
г) склучен во текот на екскурзија организирана од страна на трговецот и со цел или ефект на промоција и продажба на стоки или услуги на потрошувачот.
ж) за потрошувачки договори за временски ограничено право за користење на одредена недвижност – time sharing;
kontakt@proagens.com.mk
www.p
з) за набавка на храна, пијалаци или други стоки наменети за тековна потрошувачка во семејството и често и редовно физички испорачани од страна на трго-
roagens.mk
ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
вецот во домаќинството, живеалиштето или работното место на потрошувачот; и) за транспортни услуги на патниците; ј) склучени преку продажни автомати или автоматизирани трговски објекти и к) склучени со телекомуникациски оператори преку јавни говорници за нивна употреба или склучени за употреба на само една врска преку телефон, интернет или факс, утврден од страна на потрошувачот.
3. Обврски за информирање за договорите на далечина и договор склучен надвор од деловните простории Пред потрошувачот да се обврзе со договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории или каква било соодветна понуда, трговецот му ги обезбедува на потрошувачот следниве информации (наведени во член 86 од Законот) на јасен и разбирлив начин: а) главните карактеристики на стоките или услугите, до степен соодветен за стоките или услугите; б) идентитетот на трговецот, како што е неговото трговско име; в) с едиште на трговецот и неговиот телефонски број, факс и електронска адреса, каде е можно, за да му се овозможи на потрошувачот брзо да стапи во контакт со трговецот и ефикасно да комуницира со него и, доколку е применливо, седиште и идентитетот на трговецот во чие име дејствува; г) доколку е различна од наведеното седиште, географската адреса на седиштето на трговецот каде што потрошувачот може да упати евентуални жалби и, доколку е применливо, онаа на трговецот во чие име дејствува; д) вкупната цена на стоките или услугите вклучувајќи ги даноците или, доколку природата на стоките или услугите е таква што е невозможно разумно и одна-
INFORMATOR 7 I JUL I 2015
пред да се пресмета цената, начинот на пресметка на цената и, доколку е применливо, сите дополнителни трошоци за транспорт, испорака или поштенски трошоци и сите други трошоци или, кога тие трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат, фактот дека овие дополнителни трошоци можат да се платат. Во случај на договор на неопределено време или договор кој содржи претплата, вкупната цена ги вклучува вкупните трошоци за периодот на исплата. Кога тие договори се наплаќаат по фиксна стапка, вкупната цена која е еднаква, исто така, на вкупните месечни трошоци. Доколку вкупните трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат, треба да се обезбеди начин за пресметка на цената; ѓ) трошокот за користење на средството за комуникација на далечина за склучување на договорот кога таквиот трошок се пресметува врз друга основа различна од основната стапка; е) начините на плаќање, испорака и извршување, датумот до кој трговецот се обврзува да ги испорача стоките или обезбеди услуга и, доколку е применливо, постапка која трговецот ја применува за решавање на жалбите; ж) во случај кога постои право на повлекување, условите, роковите и постапките за остварување на тоа право се во согласност со образецот за повлекување; з) доколку е применливо, информацијата дека потрошувачот треба да го сноси трошокот за враќање на стоките во случај на повлекување и во случај на договори на далечина ако стоките по своја природа не можат нормално да бидат вратени по пошта; ѕ) дека, доколку потрошувачот го остварува правото на повлекување по поднесувањето на барање во согласност со член 87 или член 88 од Законот, трговецот е одговорен да му плати на потрошувачот разумни трошоци (ако стоките се испорачани до домот на потрошува-
33
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
чот во моментот на склучување на договорот, а стоките, по своја природа, не може нормално да се вратат по пошта); и) ако не е предвидено право на повлекување во согласност со член 96 од овој закон, информацијата дека потрошувачот нема да има корист од правото на повлекување или, информација за околностите под кои потрошувачот го губи правото на повлекување; ј) потсетник дека постои законска гаранција за сообразност на стоките; к) доколку е применливо, постоењето и условите за постпродажна помош на потрошувачот, постпродажни услуги и трговски гаранции и л) постоење на релевантни кодекси на однесување.
34
4. Формални барања за договорите склучени надвор од деловните простории Договорите склучени надвор од деловните простории се формални, така што наведените информации од членот 86, трговецот му ги обезбедува на потрошувачот на хартија или, доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач. Повлекувањето од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот, потрошувачот го спроведува со пополнување на посебен Образец, кој треба да биде пропишан од министерот за економија.
5. Право на повлекување од договорите
му ги обезбедува на потрошувачот информациите во рок од 12 месеци, рокот за повлекување истекува 14 дена по денот на кој потрошувачот ги добива информациите. Потрошувачот го остварува своето право на повлекување во рамките на рокот за повлекување, доколку испратил комуникација во однос на остварувањето на правото на повлекување пред истекот на рокот за повлекување. Трговецот, може исто така, да му понуди на потрошувачот опција да го пополни и по електронски пат испрати примерокот од образец за повлекување, или каква било друга недвосмислена изјава на веб страницата на трговецот. Во тие случаи трговецот веднаш го известува потрошувачот за потврдата за прием на повлекувањето на траен носач (хартија или др.) Товарот на докажување во однос на остварувањето на правото на повлекување е на потрошувачот
6. Обврски на потрошувачот во случај на повлекување Освен ако трговецот понудил сам да ги повлече стоките, потрошувачот ги враќа стоките или му ги предава на трговецот или на трето лице овластено од страна на трговецот да ги прими стоките, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот на кој го известил трговецот за својата одлука за повлекување од договорот (во согласност со член 91 од Законот). Крајниот рок е исполнет доколку потрошувачот ги врати стоките пред истекот на рокот од 14 дена.
Потрошувачот располага со период од 14 дена за повлекување од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории без да даде каква било причина и без да сноси трошоци.
Трговецот ги надоместува сите плаќања примени од потрошувачот, го врши враќањето на парите, а доколку понудил сам да ги повлече стоките, може да се воздржи од враќањето на парите додека не ги прими стоките или додека потрошувачот не достави доказ дека ги вратил стоките.
Доколку трговецот не му ги обезбедува на потрошувачот информациите во однос на правото на повлекување, рокот за повлекување истекува 12 месеци по завршувањето на почетниот рок за повлекување. Доколку пак, трговецот
Потрошувачот сноси само директен трошок за враќање на стоките, освен ако трговецот се согласил сам да го сноси или не го известил потрошувачот дека тој трошок е на товар на потрошувачот.
www.p
roagens.mk
ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Во случај на договори склучени надвор од деловните простории каде стоките се испорачани до домот на потрошувачот во моментот на склучување на договорот, трговецот ги враќа стоките на свој трошок доколку стоките, по своја природа, не може нормално да се вратат по пошта. Потрошувачот е одговорен само за намалувањето на вредноста на стоките како резултат од управување со стоките различно од она што е потребно за утврдување на природата, карактеристиките и функционалноста на стоките. Потрошувачот не е во никој случај одговорен за намалувањето на вредноста на стоките доколку трговецот не го известил уредно (во договорот) потрошувачот за неговото право на повлекување. Кога потрошувачот го остварува своето право на повлекување по доставувањето на барање во согласност со Законот, потрошувачот му плаќа на трговецот износ пропорционален на она што е обезбедено до моментот кога потрошувачот го информира трговецот за остварувањето на правото на повлекување, во однос на сите заеми предвидени со договорот.
7. Рок на испорака Во рамките на новата Глава 5: ДРУГИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ уредени се роковите на испорака, преносот на ризикот од губење или оштетување на стоките и дополнителните плаќања. Во однос на времето на исполнување на договорите воопшто, освен ако страните не се договориле поинаку во однос на времето на испорака, трговецот ја испорачува стоката со пренесување на сопственост или контрола на стоките на потрошувачот без непотребно одлагање, но не подоцна од 30 дена од склучувањето на договорот (член 99 од Законот). Кога трговецот не ја исполнува обврската да ги достави стоките во рокот договорен со потрошувачот, или во рамките на рокот од 30 дена од склучувањето на договорот, потрошувачот може да бара од него испораката да биде извршена во рок од 15 дена, во согласност со околностите. Ако трговецот не ги
INFORMATOR 7 I JUL I 2015
испорача стоките во рок од 15 дена, потрошувачот има право да го раскине договорот.
8. Пренос на ризикот Во договорите во кои трговецот ги испраќа стоките до потрошувачот, ризикот од губење или оштетување на стоките, согласно со членот 100 од Законот, преминува на потрошувачот кога тој, или трето лице од него назначено и кое не е превозник, стекнува физичко поседување на стоките. Сепак, ризикот се пренесува на потрошувачот во моментот на испорака до превозникот, доколку потрошувачот му наложил на превозникот транспорт на стоки и избраниот превозник не е предложен од страна на трговецот, без да се нарушат правата на потрошувачот во однос на превозникот.
9. Дополнително плаќање Пред потрошувачот да биде обврзан со договорот или понудата, трговецот треба да бара јасна согласност на потрошувачот за какво било дополнително плаќање во прилог на надоместокот усогласен за главната договорна обврска на трговецот. Доколку трговецот не добие јасна согласност на потрошувачот, туку дошол до таков заклучок со користење на стандардните опции кои потрошувачот треба да ги одбие за да се избегне дополнителното плаќање, потрошувачот има право на надоместок на тоа плаќање. Измените на Законот влегуваат во сила од 20 јуни 2015 година.
35
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ИНФОРМАЦИЈА
ОТПИШУВАЊЕ НА КАМАТИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 97/15 е објавен Закон за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување. Законот влезе во сила со денот на објавувањето - 12.06.2015 година. Со Законот се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на камати на достасани обврски по основ на:
36
да го оствари правото, доколку има достасани и неплатени придонеси од задолжително пензиско и инвалидско осигурување и/или здравствено осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година, а не поднел барање за отпишување на камати за периодот до 2008 година.
Придонес за ПИО до 2008 година
1) придонеси од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година,
Правото на отпишување на каматите за придонесите е условено со редовната исплата на преземените обврски за неплатени придонеси (рати).
2) придонеси од задолжително здравствено осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година и
1) Право на отпишување на камати за придонесите за ПИО до 2008 година има подносителот на барањето, доколку изврши нивна уплата во рок од:
3) придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале за периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2014 година. Правото на отпишување на камати по основ на придонесите од плата се остварува врз основа на поднесено барање од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонесот (подносител на барањето): работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице, државна институција, орган или организатор, кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси (осигуреник) да ги пресмета, задржи и уплати придонесите. Со поднесување на барањето се смета дека подносителот на барањето го признава главниот долг и каматата по основ на неплатени придонеси. Подносителот на барањето кој има заостанати обврски за периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2014 година нема www.p
- 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за ПИО изнесува до десет милиони денари и - 36 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за ПИО изнесува над десет милиони денари. 2) Право на отпишување на камати за придонесите за ПИО до 2008 година има и подносителот на барањето кој е самовработено лице, индивидуален земјоделец и верско службено лице, доколку изврши уплата на придонесите во рок од: - 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување изнесува до 120 илјади денари и - 3 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот из-
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
нос на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување изнесува над 120 илјади денари. Барањето за остварување на правото за придонесот за ПИО се поднесува до Фондот на ПИОМ најдоцна до 31 декември 2015 година.
П ридонес за здравство до 2008 година 1) Право на отпишување на камати за придонесите за здравство до 2008 година има подносителот на барањето, доколку изврши уплата на придонесите во рок од: - 1 2 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за здравствено осигурување изнесува до десет милиони денари и - 3 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за здравствено осигурување изнесува над десет милиони денари. 2) Право на отпишување на камати за придонесите за здравство до 2008 година има и подносителот на барањето кој е самовработено лице, индивидуален земјоделец и верско службено лице, доколку изврши уплата на придонесите во рок од: - 1 2 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за здравствено осигурување изнесува до 120 илјади денари и - 3 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за здравствено осигурување изнесува над 120 илјади денари. Барањето за остварување на правото за придонесот за здравство се поднесува до Фондот за здравствено осигурување на Македонија најдоцна до 31 декември 2015 година.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Напомена:
арањата за ПИО и здравство се пропишаБ ни со единствен Правилник за формата и содржината на образецот на Барањето за остварување право на отпишување на камати на достасани обврски по основ за придонеси од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година и Барањето за остварување право на отпишување на камати на достасани обврски по основ за придонеси од задолжително здравствено осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година (104/15). Фондот за ПИО го поставил Барањато на својот официјален сајт: piom.com.mk (образец БОК/ПИО во делот Информации/обрасци). На сајтот на Фондот за здравство: fzo.org.mk не успеавме да го пронајдеме Барањето - БОК/ЗО (барано на 03.07.2015 г.)
С оцијални придонеси за периодот 2009 - 2014 година На подносителот на барањето ќе му се изврши отпишување на каматите за придонесите за социјално осигурување од 2009 до 2014 година во износ од: 1) 70% од каматата за задоцнето плаќање на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски и 2) 50% камата од каматата за задоцнето плаќање на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 24 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски. Барањето за остварување на ова право се поднесува до УЈП најдоцна до 31 декември 2015 година. Барањето е уредено со Правил-
37
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ник за формата и содржината на образецот на Барањето за отпишување на камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување (106/15). Составен дел на Барањето е и упатството за пополнување. Инфо на УЈП: Поднесување на Барање за отпис на камати од социјални придонеси до 31 декември 2015 година Подносителите на пресметки на бруто-плата (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице или државна институција) имаат можност да им бидат отпишани камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година.
38
1) Како се остварува правото на отпишување на камати? Најдоцна до 31 декември 2015 година, поднесете Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување за период од 2009-2014 (образец БОК-ПЗСО/1) до Управата за јавни приходи. Барањето „БОК-ПЗСО/1“ може да се преземе од веб страницата на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/ opis/163.
(МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година; и • Се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН); и • Не се платени на денот на поднесување на барањето. 3) Кои услови треба да ги исполнам за да го остварам правото на отпишување на камати? Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите од задолжително социјално осигурување, доколку нема заостанати обврски по основ на придонеси од задолжително пензиско и инвалидско осигурување и/или здравствено осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година или има обврски по овој основ, но поднесено е барање за отпишување на камати за тој период согласно со овој закон. 4) Кои услови треба да ги исполнам за да се изврши отпишување на каматите за придонесите? Отпишување на каматите за придонесите од задолжително социјално осигурување ќе се изврши доколку подносителот на барањето БОК-ПЗСО/1: • Ја исполнил обврската за поднесување
и исплата на МПИН пресметките за период од јануари 2015 година заклучно датумот на поднесувањето на барањето;
2) Кој може да поднесе барање за отпис на камати? Барање за отпис на камати може да поднесе секој обврзник за пресметка и уплата на придонесите (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице или државна институција), кој има камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои: • Настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата www.p
• Редовно ги исполнува достасаните те-
ковни обврски, односно редовно се поднесени и исплатени МПИН пресметките по датумот на поднесување на барањето;
• Редовно ги исполнува обврските за кои
го користи правото за отпишување на камати.
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
5) Во кои случаи подносителот на барањето може да ги изгуби правото на отпишување на каматите? Правото на отпишување на камата на заостанатите обврски обврзникот го губи доколку: • Не ги исполни тековните обврски два
месеци последователно, односно не се поднесени и исплатени МПИН пресметките за два последователни месеци; и
• Не ги исполни обврските за кои го ко-
ристи правото за отпишување на камати два месеци последователно, односно два последователни месеци не изврши исплата на МПИН пресметките за кои е утврдено право на отпишување на камати.
6) Во кој износ ќе се изврши отпишување на каматите, доколку ги исполнам наведените услови? • 70% од каматата ако исплатата на зао-
станатите обврски за кои е поднесено барањето ја извршите во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето; и • 50% камата од каматата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја извршите во рок од 24 месеци од денот на поднесувањето на барањето.
заостанати обврски за придонеси, со кое ви се утврдува ова право. После целосното плаќање на обврските за придонеси за кои е утврдено ова право, ќе се изврши пресметувањето на камата за задоцнето плаќање на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето, утврдување на износот на камата за отпис во зависност од тоа во кој рок после поднесување на барањето е извршено плаќање на обврските, како и износот на камата за уплата. По уплата на делот од каматата која не се отпишува, ќе се одреди процентот на камата што треба да се отпише. Правото на отпишување на камати се утврдува со решение од Управата за јавни приходи по целосната исплата на заостанатите обврски за кои е поднесено барање и по извршена уплата на делот од каматата која не се отпишува. Пресметувањето на камата за задоцнето плаќање на заостанатите обврски за придонесите од социјално осигурување за кои е поднесено барањето, утврдување на износот на камата за отпис и износот на камата за уплата се врши по целосна исплата на заостанатите обврски за кои е поднесено барање.
тпишување на камати по судски О постапки или постапки на присилна наплата
7) Дали можам да го остварам правото на отпишување на камати доколку за заостанатите обврски се води постапка на присилна наплата?
Правото на отпишување на камати по основ на придонесите се однесува и на обврските за камата кои се во постапка на одложено плаќање, судска постапка или во постапка на присилна наплата.
Правото на отпишување на камати може да го остварите и за обврските за камата кои се во постапка на присилна наплата.
Надлежниот орган кој води постапка за одложено плаќање, судска постапка или постапка на присилна наплата е должен истата да ја прекине и да му овозможи на подносителот на барањето да ги оствари законските права, согласно со пропишаните услови.
8) Како ќе ми биде спроведено правото на отпишување на камати? За утврдување на правото на отпишување на камати, од страна на Управата за јавни приходи ќе биде донесено Известување за користење на право на отпишување на камати за
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Подносителот на барањето ги надоместува трошоците кои ќе настанат при прекинување на постапките.
39
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
едовното плаќање на ратите - услов Р за користење на правото за отпис на каматите во целост Во случај обврзникот за пресметка и уплата на придонеси да не ги пресметува и уплатува доспеаните тековни обврски два месеца последователно, го губи правото на отпишување на каматите, а надлежниот орган поведува постапка за присилна наплата на заостанатите обврски и каматата и ги продолжува прекинатите постапки.
Процедурални аспекти Правото на отпишување на камати по придонесите за ПИО до 2008 година се утврдува со решение од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија по целосната исплата на заостанатите обврски за кои е поднесено барање.
40
Правото на отпишување на камати по придонесите за здравствено осигурување до 2008 година се утврдува со решение од Фондот на здравствено осигурување на Македонија по целосната исплата на заостанатите обврски за кои е поднесено барање.
Правото на отпишување на камати за придонеси од задолжително социјално осигурување за периодот 2009 - 2014 година се утврдува со решение од Управата за јавни приходи по целосната исплата на заостанатите обврски за кои е поднесено барање и по извршена уплата на делот од каматата која не се отпишува. Против решенијата од Фондовите подносителот на барањето има право да поведе управен спор пред надлжен суд. Против решението од УЈП подносителот на барањето има право на жалба согласно со Законот за даночна постапка. Фондовите и УЈП водат евиденција за остварувањето на правото на отпишување на камати согласно со Законот и се грижат за негово спроведување. Начинот на водењето на евиденцијата и содржината на евиденцијата ги пропишува министерот за труд и социјална политика. На постапката за остварување на правата утврдени со овој закон соодветно се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
www.p
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
Бранислав ГУЛЕВ, дипл. ек. branislav.gulev@yahoo.com
КОРИСТЕЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СТВАРИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ И СО СТВАРИТЕ ВО ОПШТИНСКА СОПСТВЕНОСТ
З
аконот за користење и располагање на стварите на државните органи („Службен весник на РМ“, бр. 8/05, ... и 52/15) беше предмет на често менување и дополнување. Истиот е заменет со нов Закон за користење и располагање на стварите на државните органи и со стварите во општинска сопственост, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 78/15, кој според насловот и содржината подеднакво се однесува на државните органи и на општините. Набрзо и новиот закон ја претрпе првата измена објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 106/15. Со последните измени се проширува опфатот на примена на законот, така што е опфатена и продажбата на ствари за кои е издаден лист за предбележување на градба во корист на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Применувајќи го Законот за користење и располагање на стварите на државните органи и со стварите во општинска сопственост често пати се заборава на: • Опфатот со ова законско решение, • Кои прашања се обработени со законот, • К ои се основните принципи и правила кои се задолжителни при примена на законот. Сите државни органи се должни да извршат набавка на стварите, да располагаат и за истите да воспостават евиденција согласно со наведениот закон.
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Најновите измени овозможија да бидат опфатени: • п родажба на ствари за кои е издаден лист за предбележување на градба во корист општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, • д авање на користење на ствари во општинска сопственост на државни органи и на правните лица основани од државата, • п родажба и давање под закуп на стварите во сопственост на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Треба да се истакне дека новиот закон ги ослободува дипломатско конзуларните претставништва во Република Македонија од примена на овој закон.
Кој располага со стварите, чиј е приходот остварен од нивната продажба ? Во праксата се сретнуваат настани кога државните органи располагаат со стварите на начин кој се разликува од одредбите пропишани во законот. Особено, не се обрнува поголемо внимание во делот на ингеренциите при донесување на одлуки за размена или продажба на стварите, при остварување на приходот и располагање со истиот. Државните органи и единиците на локалната самоуправа се должни да ги применуваат основните принципи и правила што се пропишани со законот, за да се оствари правилно користење со истите. Имено, потребно е да се има во предвид следното:
41
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
• В ладата располага со стварите кои се користат од страна на државните органи и правните лица основани од државата, а кои се стекнале по било која основа и истите се во државна сопственост, • С о стварите во општинска сопственост во име на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, располага советот на општината, советите на општините во градот Скопје и советот на град Скопје,
42
• В рз основа на претходно дефинираната сопственост се утврдува на кој припаѓа приходот остварен од размена или продажба на стварите. Така, средствата остварени од продажба, размена, закуп или давање на користење на стварите во државна сопственост, претставуваат приход на Буџетот на Република Македонија, додека средствата кои се остваруваат од продажба, размена, закуп или давање на користење на стварите во општинска сопственост претставуваат приход на буџетот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Но, со законот се предвидува исклучок од наведеното, доколку ова биде регулирано со посебен закон, • В ладата на Република Македонија може да определи државен орган или служба која ќе ги користи средствата заради соодветно остварување на надлежностите на повеќе органи, • Д околку одделни недвижни ствари не се повеќе потребни за користење заради промена на надлежностите, намалување на работните задачи, може истите да се дадат на друг државен орган или правно лице на користење, да се разменат или дадат под закуп, а во исклучителни прилики Владата на Република Македонија може истите без надоместок да ги даде на користење на организации на Обединетите нации, Советот на Европа, НАТО и други субјекти, • Н едвижните ствари на кои во катастарот на недвижности е запишано правото на користење на државните органи или правни лица основани од државата, а кои трајно престанала потребата за користење заради нивната дотраеност и неупотребли-
www.p
вост, Владата на Република Македонија одлучува за престанок на правото на користење, додека за оние недвижни ствари кои не се запишани во катастарот на недвижности, Владата на Република Македонија може да ги пренесе без надомест во сопственост на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, • Н ачинот на набавка, размена и продажба на стварите е различен зависно од тоа дали се работи за недвижни или движни ствари, • С о овој закон извршена е класификација на стварите како недвижни и движни, класификација според времетраењето на користење од времен и траен карактер, кое има влијание во начинот на евидентирање во сметководствената евиденција. Заради тоа што недвижните ствари имаат поголема пазарна вредност, законодавецот пропишал покомплексна постапка при набавка, продажба и размена на недвижните ствари во однос на движните ствари. Последните измени на законот даваат дообјаснување во делот на стварите во општинска сопственост, укажувајќи дека под тој термин треба да бидат опфатени стварите што ги користат општините, но и правните лица основани од општините стекнати по било кој основ.
Набавка на ствари При спроведување на постапката на набавка на недвижни ствари потребно е да се има во предвид следното: • В ладата на Република Македонија одлучува за набавката, • П отребно е да се изврши прибирање на понуди, со претходно обезбедување на средства со Буџетот, • П рибирањето на понуди се врши со објавување на оглас, кој треба да ги содржи податоците за: назив и седиште на органот кој ја врши набавката, предмет на набавка, проценета вредност на набавката, начин на плаќање, рок и начин на поднесување на понуди.
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
• З а постапката за прибирање на понуди треба да се формира Комисија за недвижни и движни ствари која треба да се грижи за спроведување на постапката, а која започнува со објавување на оглас во два дневни весника кои се издаваат на македонски јазик и еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. • П онудите треба да се доставуваат во рок кој не може да биде пократок од 10 календарски дена ниту подолг од 30 календарски дена од денот на објавување на огласот до денот на поднесување на понудите. • З а пријавените понудувачи и недвижните ствари Комисијата е должна да состави записник, а по истекот од три дена од денот на отворање на понудите, истите се доставуваат до овластен проценител заради проценување на понудените недвижни ствари. Комисијата врз основа на извршената проценка на недвижните ствари е должна да изврши евалуација на понудите искажана во писмен извештај со предлог избор на најповолна понуда, со примена на критериуми како што се: местоположба, површина, катност на недвижната ствар и обезбеденост со инфраструктура. Врз основа на предлогот за избор на најповолен понудувач, одговорното лице склучува договор со избраниот понудувач. Со новите измени на законот е пропишана можност набавката на недвижната ствар за државниот орган да се врши со учество во постапки за продажба на недвижни ствари во општинска сопственост како и за ствари за кои е издаден лист за предбележано право на градба во корист на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје. За овој вид на набавка е потребна одлука од Владата на Република Македонија, на предлог на државниот орган кој врши набавка. Одлуката за учество во постапката потребно е да содржи максималниот процент од проценетата вредност на стварта, кој не може да биде повисок од 30% од проценетата вредност на истата. Во овие случаи државниот орган не е потребно да доставува банкарска гаранција за
INFORMATOR 7 I JULI 2015
сериозност на понудата, туку е доволно да се достави одлуката од Владата на Република Македонија. При набавката на движни ствари се применуваат одредбите од Законот за јавни набавки.
На кој начин се спроведува временото и трајното престанување на користење на стварите во сметководствената евиденција ? За Времено или трајно престанување на користење на стварите потребно е да се донесе одлука од страна на Владата на Република Македонија, при што во пракса се наметнаа неколку прашања од аспект на евидентирање на овој вид на трансакции во сметководствената евиденција и обврската за пресметување на амортизација. Доколку со одлуката на Владата на Република Македонија се пренесуваат одделни ствари од еден на друг субјект, во времетраење до 10 години (времено користење на стварите), во тој случај стварите се задржуваат во сметководствената евиденција кај државниот орган од кого е извршен пренос или извршено одземање на недвижните ствари врз основа на одлука на Владата на Република Македонија. Тоа истовремено подразбира дека продолжува обврската за пресметување на годишната амортизација на овој вид на ствари кои се предмет на пренесување на правото на користење. Во случај кога одлуката на Владата на Република Македонија се однесува на пренесување на правото на користење на стварите за период подолг од десет години (трајно користење на недвижната ствар), тогаш обврската за евидентирање на овој вид на ствари преминува на новиот корисник, така што врз основа на сметководствените податоци, новиот корисник е должен истите да ги евидентира во сметководствената евиденција, и тоа: набавна вредност, исправка на вредноста (амортизацијата во кумулативен износ до денот на пренесување на стварите) и сегашна вредност. Во овие случаи од денот на донесување на одлуката новиот корисник на не-
43
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
движната ствар ќе има обврска за пресметка на амортизација и ревалоризација. Секако, за да се спроведе овој вид на пренос на информации потребно е да се добијат сметководствени податоци од државниот орган (до тој момент корисник на недвижната ствар).
а) Недвижни ствари Владата на Република Македонија ги дава на користење недвижните ствари според: • К арактерот и специфичноста на работите и задачите, • И звршување на работи и задачи во објект под закуп,
• С пецифичноста на опремата потребна за вршење на работите и • Бројот на вработените. Во случај кога државните органи немаат потреба од користење на одделни недвижни ствари, заради промена на надлежностите, намален обем на работа и слично, истите недвижни ствари може да се дадат на користење кај друг орган, да се продадат, разменат или дадат под закуп. Исклучок од наведеното е кога Владата на Република Македонија може да ги даде на користење без надомест на организациите на Обединетите нации, Советот на Европа и НАТО.
Пример:
44
Врз основа на одлука на Владата на Република Македонија извршен е пренос на трајно користење на недвижна ствар, која според сметководствените податоци има набавна вредност во износ од 33.678.000 денари, додека исправката на вредноста изнесува 19.755.000 денари. Врз основа на ова известување е спроведено следното евидентирање во сметководствената евиденција кај државниот орган - трајниот корисник: Кај новиот корисник: 990 - Недвижна ствар/градежен објект 995 - Недвижна ствар/градежен објект - за набавната вредност на недвижната ствар
33.678.000
995 - Недвижна ствар/градежен објект 19.755.000 990 - Недвижна ствар/градежен објект - за пресметаната исправка на вредноста на недвижната ствар
33.678.000
19.755.000
Штом ќе се добие доказ за сопственоста од органот надлежен за издавање се спроведува сторнирање на средствата од вонбилансната евиденција и се спроведува книжење во сметководствената евиденција. 020 - Градежни објекти 900 - Државен - јавен капитал 029 - Акум. амортизација кај град.објекти
33.678.000
13.923.000 19.755.000
995 - Недвижна ствар/градежен објект 990 - Недвижна ствар/градежен објект
13.923.000
13.923.000
13.923.000 19.755.000
33.678.000
Кај претходниот корисник: 900 - Државен - јавен капитал 029 - Акум. амортизација кај град. Објекти 020 - Градежни објекти
www.p
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
б) Движни ствари При давање на користење на движните ствари карактеристично е следното: • В ладата на Република Македонија одлучува за давање на користење на движните ствари со склучување на договор со кои се уредуваат правата и обврските за движните ствари кои се даваат на времено или трајно користење. • И склучок е кога Владата на Република Македонија донесува одлука со која времено или трајно се даваат движните ствари со или без надомест на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје или на здруженија на граѓани и фондации. • Д вижните ствари кои не се штетни по животната средина и здравјето а за кои не постои потреба од нивно натамошни користење, можат да се дадат на користење, да се продадат или да се разменат. Доколку движните ствари се штетни по здравјето и животната средина, државниот орган или правното лице основано од државата се должни да преземат соодветни мерки предвидени со закон. • Д ржавните органи или правните лица основани од државата кои имаат дотраени, неупотребливи или технолошки дотраени движни ствари, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија се должни да спроведат постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање или транспортирање на отпад.
Начин на продажба на стварите а) Недвижни ствари: Постапката за продажба на недвижните ствари е доста комплексна, а со новите измени се вклучени недвижните ствари за кои е издаден лист за предбележано право на градба во корист на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Пропишана постапка за продажба на недвижни ствари За продажбата на недвижната ствар одлучува Владата на Република Македонија, на предлог на државниот орган кој трајно престанал да ја користи недвижната ствар. Продажбата може да се изврши со: • Јавно наддавање или • Непосредна спогодба. при што предлогот за продажба на недвижната ствар ја содржи почетната цена на недвижноста, така што државниот орган е должен да обезбеди процена на недвижноста согласно со Законот за процена, заради утврдување на проценетата вредност на недвижноста која претставува почетна цена. Продажба со јавно наддавање При продажбата со јавно наддавање комисијата за располагање со недвижни и движни ствари е должна во рок од 15 дена од денот на донесување на одлуката на Владата на Република Македонија да објави оглас во „Службен весник на РМ“. Постапката се спроведува на тој начин што учесниците ја наддаваат почетната цена утврдена во огласот, а за најповолен наддавач се утврдува учесникот кој понудил највисока цена на јавното наддавање. Во случај кога на јавното наддавање се јави само еден наддавач кој ги прифаќа условите од огласот, истиот претставува најповолен понудувач и со кого се склучува договор. Секој наддавач е должен да уплати паричен надомест кој не може да биде помал од 20% од вредноста на недвижната ствар. Во рамките на овој вид на продажба, пропишано е електронското јавно наддавање, кој според пропишаните одредби е доста комплексно. Кои се основните елементи при продажбата на недвижни ствари со електронско јавно наддавање ? Со електронскиот систем за јавно наддавање управува Министерството за финансии – Управата за имотно правни работи, а постапката за електронско јавно наддавање
45
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ја спроведува Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари, со претходно дадена објава на електронскиот систем за јавно наддавање. Комисијата е должна огласот да го објави во два весника кои се издаваат на македонски јазик, како и во еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Комисијата по приемот на пријавите врши проверка дали истите се навремено и целосно доставени, заради доставување на корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање. При објавувањето на електронско јавно наддавање потребно е да се дефинираат и истакнат следните елементи: • Н едвижната ствар која е предмет на продажба со почетна цена, • Рок за поднесување на пријавите,
46
• В реме на започнување и времетраење на јавното наддавање, • Б анкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар (истата се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, додека на најповолниот понудувач се враќа банкарската гаранција во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање), • О бврска на најповолниот понудувач да ги уплати средствата во рок од 15 дена од денот на писменото известување за избор, • Н ачин и постапка за спроведување на наддавањето (потребен број на учесници, дефинирање на почеток и крај на набавката). Пропишана постапка за спроведување на електронското јавно наддавање: • С е објавува вкупната почетна цена на недвижната ствар, • У чесниците можат во првите пет минути од јавното наддавање да ја прифаwww.p
тат или зголемат цената на недвижната ствар, но доколку во истекот на последните две минути е дадена понуда од страна на учесниците, во тој случај рокот за завршување на јавното наддавање продолжува за уште две минути, • Ј авното наддавање продолжува неограничено се додека во интервалот од две минути има нова понуда, • В о случај кога во првите пет минути не е дадена повисока понуда, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност, • Н амалувањето на вредноста на недвижната ствар доколку се работи за објава по прв пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност, • Н амалувањето на вредноста на недвижната ствар доколку се работи за објава по втор пат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност во случај кога се пријавил само еден понудувач, односно најмногу до 50% доколку се пријавиле повеќе понудувачи. Потребно е да се истакне дека доколку државните органи кои вршат набавка, продаваат или даваат под закуп недвижни ствари во огласот односно објавата пропишат и други услови, во такви случаи е задолжително да се побара согласност од Советот за јавни набавки, доколку пет или помалку од пет домашни или странски субјекти можат да ги исполнат условите наведени во објавата. Во случај кога анализата на пазарот покаже дека пет или помалку од пет домашни или странски субјекти можат да ги исполнат условите од објавата, овластените лица од државните органи се должни да изготват соодветно образложение за потребата од правење на анализа, за што се изготвува извештај врз основа на кој се доставува барање до Советот заради добивање на согласност. Советот е должен да одговори на барањето во рок од десет дена од денот на приемот на барањето. Советот одлучува по барањето со решение. Доколку Советот одлучи да не даде согласност, субјектот не смее да објави оглас за продажба.
roagens.mk
СТАТУСНО ПРАВО
Продажба со непосредна спогодба Овој вид на продажба е исто така поткрепена со одлука на Владата на Република Македонија, но истата може да се применува во определени случаи и тоа: за намена од областа на одбраната и безбедноста на Република Македонија, за научни, културни и образовни потреби, во случаи кога со продажбата на недвижната ствар се презема и обврската за вработување на лица вработени во органите на државната власт, за потребите на општините и Градот Скопје, за здруженија на граѓани и фондации од интерес на Република Македонија, или за потребите на организациите на Обединетите нации, Советот на Европа и НАТО. Исто така, потребно е да се истакне дека во одлуката треба да се определи непосредниот купувач и вредноста на недвижната ствар, која не може да биде помала од почетната цена на недвижната ствар. Како што истакнавме во претходниот дел од текстот, со новите измени е пропишано дека продажбата на недвижните ствари за кои е издаден лист за предбележано право на градба во корист на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, се врши врз основа на одлука донесена од страна на Советот на општината, Советот на општините во градот Скопје и Советот на град Скопје, по претходна проценка на вредноста на недвижната ствар за која е издаден лист за предбележано право на градба, согласно Законот за процена. Откако ќе биде завршена постапката за продажба во рок од 15 дена се пристапува кон склучување на преддоговор во кој се утврдуваат условите, начинот и роковите за плаќање на цената постигната на јавното наддавање, како и роковите за склучување на договор за продажба по запишувањето на правото на сопственост на недвижната ствар. б) Движни ствари Продажбата на движните ствари се врши врз основа на одлука на Владата на Република Македонија, а на предлог на одговорното лице на органот, при што постапката се спроведува од страна на Комисијата надлежна за недвижни и движни ствари.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
Продажбата на движни ствари во државна сопственост се врши со електронско јавно наддавање, при што почетната цена претставува проценетата вредност утврдена согласно Законот за процена. Постапката се спроведува соодветно на постапката која се спроведува при продажба на недвижните ствари.
Постапка за размена на стварите а) Недвижни ствари При спроведување на размената на недвижните ствари потребно е да се има во предвид: • За размената одлучува Владата на Република Македонија, на предлог на буџетскиот корисник, • Вредноста на недвижните ствари кои се предмет на размена се утврдува според проценетата вредност согласно со Законот за процена, • Предлогот за размена ја содржи потребата за размена, вредноста на недвижната ствар во државна сопственост и недвижната ствар која е во општинска сопственост, како и податоците на недвижната ствар, • Размената на недвижни ствари може да се врши меѓу државните органи и меѓу правните лица основани од државата, како и недвижните ствари во државната сопственост со недвижни ствари кои се во општинска сопственост, • Доколку се јави разлика помеѓу недвижните ствари кои се предмет на размена, истата нема да се надоместува при размена на недвижни ствари кои се во сопственост на државните органи и на правните лица основани од државата, но доколку се јавува разлика при размена на недвижните ствари кои се во државната и во општинска сопственост. б) Движни ствари • Р азмената може да се спроведе меѓу државните органи и меѓу правните лица основани од државата, како и меѓу државни органи и општините или трети лица, • За размената на движните ствари одлучува Владата на Република Македонија, • В редноста на движните ствари кои се предмет на размена се утврдува од стра-
47
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
на на овластен проценител согласно со Законот за процена, • Доколку постои разлика во вредноста на движните ствари што се разменуваат помеѓу државните органи и правните лица основани од државата , истата не треба да се надоместува, но во случај на размена на движни ствари помеѓу државните органи, правните лица основани од државата и општините и трети лица, тогаш размената може да се изврши само доколку се плати разликата во вредноста од страна на третото лице.
Давање во закуп на недвижните ствари
48
Законодавецот предвидел можност за давање на недвижните ствари во закуп во случаи кога: • Престанала потребата од користење кај буџетскиот корисник, • Со давањето да не се нарушува функцијата на буџетскиот корисник, • Не може да се изврши продажба, размени на друг буџетски корисник, Спроведувањето на постапката на давање во закуп на недвижната ствар започнува со донесување на одлука од страна на Владата на Република Македонија, но дозволен е исклучок и тоа кога одговорното лице на државниот орган ја даде недвижната ствар или дел од истата под закуп по престанок на работното време, без при тоа да се наруши функцијата на државниот орган. Висината на месечната закупнина на недвижната ствар изнесува 0,5% од вредноста на недвижната ствар и истата претставува почетна цена кај давањето на недвижна ствар во закуп со електронско јавно наддавање. Вредноста на недвижната ствар ја определува овластен проценител, согласно Законот за процена. Давањето на недвижната ствар во закуп со јавно наддавање се спроведува на идентичен начин како што е пропишано при продажба на недвижни ствари со јавно наддавање. Владата на Република Македонија може определена недвижна ствар да ја даде во закуп со непосредна спогодба, врз основа на претходно образложен предлог на работодавачот на буџетскиот корисник, и тоа кога: www.p
недвижната ствар ќе се користи за намена од областа на одбраната и безбедноста на Република Македонија, за научни, културни и образовни потреби, за потребите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, за потребите на здруженија и фондации од интерес на Република Македонија, за потребите на организациите на Обединетите нации, Советот на Европа и НАТО. Во врска со давањето на недвижните ствари во закуп, потребно е да се истакнат одредбите од Законот за спортот („Службен весник на РМ“ број 29/2002, ... и 72/2015), и тоа: • Органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот ги користи објектите за спорт од национално значење на начин што ги дава на користење на деловите од објектите за спорт од национално значење кои се во функција на спортот на субјекти во спортот и други субјекти кои изведуваат спортски активности, а ги дава во закуп деловите од објектите за спорт од национално значење кои не се во функција на спортот. На ист начин, согласно со членот 65 од законот треба да постапуваат општините. • Според член 63-в од наведениот закон, органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот ги дава во закуп деловите од објектите за спорт од национално значење што не се во функција на спортот согласно Законот за користење и располагање со стварите на државните органи. На ист начин е регулирано за општините, согласно одредбите од членот 65. • Според член 65, Советот на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје, на предлог на градоначалникот, донесува одлука за давање во закуп на деловите од објектите за спорт што не се во функција на спортот, при што договорот за закуп го склучува градоначалникот. • Средствата добиени од користење и давање во закуп на објектите за спорт од национално значење во сопственост на Република Македонија претставуваат приход на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, додека средствата добиени од користење на објектите за спорт и давањето во закуп од локално значење во сопственост на општините претставуваат приход на општините.
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
И
нтернет игрите на среќа се глобално популарни, а од јануари 2015 година започнаа да се приредуваат и на територија на Р. Македонија од страна на новооснованата државна компанија „Државна видеолотарија на Македонија - Касинос Аустриа“ ДОО Скопје, која е во заедничка сопственост на Државна Лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернационал Македонија. Според надлежните лица на Министерството за финансии, државната компанија ќе биде единствен приредувач на интернет игри во Македонија во законскиот рок од две години т.е. од 1.1.2015 година до 31.12.2016 година.
аралелно, со закон е забрането учествоП то во странските игри на среќа во кои влоговите се уплаќаат на територија на Р. Македонија, за што е пропишана и прекршочна глоба од 1.000 евра во денарска противвредност за физичко лице, а Агенцијата за електронски ко-
муникации и Министерството за информатичко општество и администрација се надлежни институции за оневозможување на играњето на интернет игри на среќа на странски интернет страници. Приредувањето на интернет игри на среќа е регулирано со Законот за игрите на среќа и за забавните игри 1 (во натамошниот текст: Закон за игри). грите на среќа, согласно со дефиницијаИ та на Законот за игри, се игри во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уп лата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен на стан во играта. Игрите на среќа се разграничуваат на три вида: општи, посебни и интернет игри на среќа.
Општи игри на среќа: 1) лотариски игри на среќа;
Посебни игри на среќа: ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА: 1) игри на среќа во казино; Општите и посебните игри на среќа, како и други видови 2) електронски игри на среќа; 2) игри на среќа на игри на среќа, во обложувалница; 3) наградни игри; во кои учесникот може 3) игри на среќа да учествува преку 4) интерактивни игри на среќа. во автомат клуб. глобалната интернет мрежа. Интернет игрите на среќа се регулирани со членовите 98 до 124 од Законот за игри, меѓутоа согласно со членот 63 на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на РМ“, бр. 74/12, 171/12, 27/14 и 139/14), одред1
„Службен весник на РМ“, бр. 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14 и 61/15; У. суд - 132/11 и 156/14.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
49
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
бите на членовите 98, 99, 100, 101, 102, 103, 104, 105, 106, 107 и 111 (за условите за приредување интернет игри, обезбедувањето лиценца и хост сертификат, банкарската гаранција на приредувачот, одговорните лица кај приредувачот и контролниот систем), ќе започнат да се применуваат по истекот на законскиот период, во кој единствено државната компанија има монополско право да приредува интернет игри на среќа во Македонија т.е. од 1.1.2017 година.
50
мено, според горенаведениот член 63, И трговското друштво за приредување на игрите на среќа во кое Република Македонија е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главнина т.е. горенаведената Државна видеолотарија на Македонија - Касинос Аустриа ДОО Скопје е должна да започне со приредување на интернет игрите на среќа ДО 1 јануари 2015 година (приредувањето официјално започна на 1.1.2015 година според надлежните лица на Министерството за финансии), а интернет игрите на среќа ќе ги приредува во период од две години од започнувањето на овој рок (до 31.12.2016 година). После изминувањето на законскиот рок од две години, значи од 1.1.2017 година останатите субјекти кои ќе ги исполнат законските услови може да приредуваат интернет игри на среќа во Македонија, за што пишуваме во продолжение на текстот. Во текстот е опфатена законската процедура за приредување интернет игри на среќа, како и нивниот даночен третман.
ИЦЕНЦА ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРЛ НЕТ ИГРИ НА СРЕЌА - ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНА ОД 1.1.2017 ГОДИНА Интернет игрите на среќа се приредуваат врз основа на лиценца која ја издава Владата на Р. Македонија, врз основа на поднесено барање до Министерството за финансии, во рок од 30 работни дена од денот на поднесувањето на барањето. Лиценците се издаваат за период од че тири години.
kontakt@proagens.com.mk www.p
арање за добивање на лиценца за при Б редување на интернет игри на среќа може да поднесе трговско друштво кое: - е регистрирано во Република Македонија, - и ма основна главнина од најмалку 40.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата и - г и исполнува посебните услови пропишани со Законот за игри за оној вид на лиценца за интернет игри на среќа за кој се поднесува барањето. Според членовите 11 и 12 на Законот за игри, надоместокот за лиценцата се плаќа така што 50% од надоместокот се уплаќа при издавање на лиценцата, а остатокот од 50% на еднакви годишни рати додека трае лиценцата. Надоместокот од 50% кој се плаќа при издавање на лиценцата, приредувачот на игрите на среќа е должен да го плати во рок од 15 дена од денот на приемот на лиценцата, а во спротивно ќе се смета дека лиценцата не била воопшто издадена. Роковите на достасаност на годишните рати за надоместокот во износ од 50% се утврдуваат во лиценцата. Доколку приредувачот на игрите на среќа пропушти да го плати износот на годишната рата до утврдениот датум согласно со лиценцата, Владата на Р. Македонија ја одзема лиценцата. Издадените лиценци за приредување на игрите на среќа се објавуваат на интернет страницата на Министерството за финансии.
ИДОВИ НА ЛИЦЕНЦИ И СЕРТИФИВ КАТ ЗА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА - ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНА ОД 1.1.2017 ГОДИНА Владата на Р. Македонија издава два вида лиценци за интернет игри на среќа, и тоа: 1) лиценца за производител, сопственик или овластен корисник на интернет игри на среќа (во натамошниот текст: лиценца за производител), односно производител, сопственик или овлас-
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
тен корисник на софтвер за приредување на интернет игри на среќа кој ги има правата врз софтверот кој се користи за приредување на игри на среќа, го овластува носителот на оваа лиценца да располага со софтверот, самиот да го користи за приредување на интернет игри на среќа по исполнување на другите услови на Законот за игри, односно да може да го изнајмува на приредувач на интернет игри на среќа и 2) лиценца за приредувач на интернет игри на среќа, односно субјект кој го прибавил користењето на софтверот за интернет игри на среќа, го овластува носителот на оваа лиценца на таа софтверска платформа да ги организира, менаџира и приредува игрите на среќа преку глобалната интернет мрежа кон учесниците во игрите на среќа. Владата на Р. Македонија издава серти фикат на хардверската и софтверската плат форма која носителите на лиценцата за приредување на игри на среќа ја користат за регистрирање на сите финансиски трансакции и други видови на податоци (хост).
властени правни лица за проверка О на исполнувањето на стандардите и условите на опремата, односно функционалноста на софтверот Проверката на исполнувањето на стандардите и условите на опремата и функционалноста на софтверот за приредување на интернет игри на среќа од аспект на нивната сообразност со условите и стандардите ги вршат овластени правни лица, кои во рамки на листа се објавени од Министерството за финансии. инистерството за финансии може на лисМ тата на овластени правни лица да ги вклучи оние субјекти кои имаат опрема и знаење да ги извршат потребните проверки, како и доколку имаат седиште на територијата на Р. Македонија, на територијата на државите членки на Европската унија, ОЕЦД и САД. инималните технички стандарди и услоМ ви во поглед на опремата (хардверот), како и INFORMATOR 7 I JULI 2015
функционалноста на софтверот за приредување на интернет игри на среќа ги пропишува министерот за финансии.
Лиценца за производител иценца за производител се издава на баЛ рател со цел истиот да може да произведува софтвер за приредување на интернет игри на среќа или на друг начин да стекне сопственост врз софтвер за приредување на интернет игри на среќа заради негова продажба или изнајмување на носители на лиценца за приредување на интернет игри на среќа, односно самиот да го користи како приредувач на интернет игри на среќа. осителот на лиценцата за производител Н ги нема правата и обврските кои се стекнуваат врз основа на лиценцата за приредувач на игри на среќа, но истиот има право да поднесе барање за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа. осителот на лиценцата за производител Н има одговорност за исправноста на софтверот кој го продава, односно го изнајмува заради приредување на игри на среќа и истиот е должен да обезбеди сообразност на софтверот кој го продава, односно изнајмува заради приредување на интернет игри на среќа со условите и стандардите кои ги пропишал министерот за финансии за функционалност на софтверот. осителот на лиценцата за производител Н плаќа надоместок за издавање на лиценца та во износ од 25.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. арателот на лиценца за производител Б покрај општите услови, треба да ги исполнува и следниве услови: 1) да има компјутерска и друга опрема, односно хардвер, според стандардите и условите пропишани од страна на министерот за финансии, а потврдени од страна на овластено правно лице; 2) да е сопственик, односно носител на правата на компјутерска програма, од-
51
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
носно програми или софтвер кој има намера да го продава, односно изнајмува, а кој софтвер претставува програмска основа за интернет игрите на среќа и 3) компјутерската програма, односно програми кои служат за приредување на интернет игрите на среќа мора да бидат одобрени од страна на овластено правно лице дека ги исполнуваат условите и стандардите за функционалност пропишани од страна на министерот за финансии за овој вид на компјутерски програми. он барањето за издавање на лиценца за К производител барателот доставува: 1) документ за регистрација на трговското друштво издаден од Централниот регистар на Република Македонија не постар од шест месеци од денот на неговото издавање;
52
2) акт за основање на трговското друштво; 3) доказ за правото на сопственост или правото на користење на просторот во кој се наоѓа седиштето на приредувачот на интернет игрите на среќа; 4) доказ дека основната главнина на трговското друштво во целост е уплатена; 5) информација за економско-финансиската состојба на субјектот, издадена од Централниот регистар на Република Македонија врз основа на годишната сметка за последната деловна година со која се потврдува економско-финансиската состојба во работењето на субјектот; 6) елаборат за кадровска опременост на барателот и 7) други докази и документи пропишани со Законот за игри.
Лиценца за приредувач на интернет игри на среќа Лиценца за приредување на интернет игри на среќа се издава на барател, со цел истиот да може да ги приредува сите видови на игри на среќа преку глобалната интернет мрежа. www.p
осителот на лиценцата за приредување Н на интернет игри на среќа плаќа надоместок за издавање на лиценцата во износ од 50.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. арателот на лиценца за приредувач на инБ тернет игри на среќа покрај општите услови, треба да ги исполнува и следниве услови: 1) да поседува компјутерска и друга опрема, односно хардвер според стандардите и условите пропишани од страна на министерот за финансии, а потврдени од страна на овластено правно лице; 2) да има право да користи компјутерска програма, односно програми за приредување на интернет игри на среќасофтвер, преку која учесниците во игрите на среќа учествуваат во игрите на среќа по пат на глобалната интернет мрежа, која програма е стекната од носител на лиценца за производител и 3) д а обезбеди функционална компјутерска опрема (хардвер и софтвер) која овозможува поврзување со информацискиот систем на Управата за јавни приходи поради надзор и контрола над работењето. Кон барањето за издавање на лиценца за приредувач барателот доставува: 1) документ за регистрација на трговското друштво издаден од Централниот регистар на Република Македонија не постар од шест месеци од денот на неговото издавање; 2) акт за основање на трговското друштво; 3) доказ за правото на сопственост или правото на користење на просторот во кој се наоѓа седиштето на приредувачот на интернет игрите на среќа; 4) доказ дека основната главнина на трговското друштво во целост е уплатена; 5) информација за економско-финансиската состојба на субјектот, издадена од Централниот регистар на Република Македонија врз основа на годишната сметка за последната деловна годи-
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
на со која се потврдува економско-финансиската состојба во работењето на субјектот;
ната организација за стандардизација (ISO) и асоцијацијата за телекомуникациска индустрија (TIA);
6) елаборат за кадровска опременост на барателот;
2) да поседува хардверска опрема, напојување со електрична енергија и други услови кои ги пропишува министерот за финансии;
7) правила на игра, за секој поединечен вид на интернет игра на среќа и 8) други докази и документи пропишани со Законот за игри. дговорните лица кај правното лице ноО сител на лиценца за приредувач на интернет игри на среќа задолжително треба да имаат постојано живеалиште, односно престојувалиште на територијата на Република Македонија.
осебна давачка на носителот П на лиценцата за приредување на интернет игри на среќа Носителот на лиценцата за приредување на интернет игри на среќа плаќа посебна да вачка во износ од 0,5% од вкупната вредност на уплатите, на месечна основа, до 15 во ме сецот за претходниот месец. Напомена:
Согласно со членот 63 на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Службен весник на РМ”, бр. 74/12, 171/12, 27/14 и 139/14), Државна видеолотарија на Македонија - Касинос Аустриа ДОО Скопје плаќа посебна давачка во износ од 0,5% од вкупната вредност на уплатите на месечна основа до 15 во месецот за претходниот месец.
ертификат за хардверска и софтвер С ска платформа (хост сертификат) Сертификат за хардверска и софтверска платформа (хост) се издава на правно лице регистрирано во Р. Македонија или во странство доколку опремата е сместена во простории кои ги исполнуваат следниве услови: 1) да ги исполнува соодветните стандарди пропишани од страна на меѓународ-
INFORMATOR 7 I JULI 2015
3) да има обезбедено сигурност и диверзитет на снабдување со интернет и телекомуникации; 4) да има обезбедено системи за заштита од пожари, поплави и други непогоди, согласно со стандарди од видот на VESDA, FM200 и слично; 5) да има пропишано процедури за подигнување на системот во случај на привремена нефункционалност; 6) да има утврдено политика на правното лице за обука на вработените и 7) други услови кои се однесуваат на безбедноста и сигурноста на услугите кои ги нуди носителот на сертификат (поблиску ги пропишува министерот за финансии).
АНКАРСКА ГАРАНЦИЈА НА ПРИРЕДУБ ВАЧОТ НА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА - ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНА ОД 1.1.2017 ГОДИНА З аради обезбедување на исплатата на добивките спрема учесниците во интернет игрите на среќа, намирување на надоместокот за приредување на интернет игри на среќа, како и даноците и другите јавни давачки, како и другите обврски, приредувачот на интернет игрите на среќа е должен за целиот период на важност на лиценцата за приредување на интернет игри на среќа да има обезбеде но банкарска гаранција на износ од 50.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на издавањето на банкарската гаранција, издадена од банка со седиште во Република Македонија. Доколку носителот на лиценца за приредување на интернет игри на среќа не ја достави до Министерството за финансии банкар-
53
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ската гаранција во рок од десет дена од денот на добивањето на лиценцата, Владата на Р. Македонија ќе му забрани приредување на интернет игри на среќа и Министерството за финансии ќе започне постапка за одземање на лиценцата. околку во периодот на важност на лиД ценцата за приредување на интернет игри на среќа се наплатат средства од банкарската гаранција, носителот на лиценцата е должен да ја обнови во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 48 часа.
ОНТРОЛЕН СИСТЕМ - ОДЛОЖЕНА К ПРИМЕНА ОД 1.1.2017 ГОДИНА Барателот на лиценца за приредување на интернет игри на среќа до Министерството за финансии задолжително поднесува:
54
- п равила, процедури, постапки, мерки и протоколи, како и друга потребна документација за начинот на работа на носителот на лиценца, пристапот до информации, сигурноста на трансакциите и други мерки за правилна и законита работа на носителот на лиценца, заштитата на учесниците во системот на приредување на игри на среќа и слично (контролен систем). Контролниот систем на носителот на лиценца го одобрува Министерството за финансии и претставува услов за добивање на лиценца. онтролниот систем задолжително содрК жи податоци особено за: 1) системот и постапките при водење на сметководството, како и детален приказ на сите сметки кои ги контролира носителот на лиценца; 2) административниот систем и постапки; 3) компјутерски програми кои се користат од страна на носителот на лиценцата; 4) стандарди и постапки за одржување, безбедност, чување и транспортирање на опрема или софтвер кој се користи за интернет игри на среќа;
www.p
5) постапки и протоколи за регистрирање на трансакциите при одвивање на интернет игрите на среќа и исплатата на добивките на регистрираните учесници во игрите на среќа; 6) овластените ревизори за ревизија на материјално-финансиското работење на носителот на лиценцата; 7) процедури за мониторинг на интернет игрите на среќа, како и контрола на нивната усогласеност со Законот за игри и неговите подзаконски акти; 8) постапката при вработувањето на лица кои ќе имаат пристап до системот за приредување на интернет игрите на среќа; 9) податоци за начинот на кој ќе се обезбеди континуирана обука на вработените и 10) мерки кои се преземаат за заштита на системот од неовластен пристап, како и процедури за заштита на системот од негова злоупотреба за перење на пари или финансирање на тероризам. Видовите на задолжителните правила, процедури, протоколи и другата документација кои се однесуваат на контролниот систем ги пропишува министерот за финансии.
РАВИЛА НА ИГРА П ЗА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА Приредувачот на интернет игрите на среќа за секој поединечен вид на интернет игра на среќа задолжително утврдува правила на игра, кои се поднесуваат на согласност до Ми нистерството за финансии, а можат да се применуваат по добивањето на согласноста. Условите за приредување на интернет игри на среќа кои се приредуваат во соработка со приредувачи на интернет игри на среќа од други држави се пропишуваат со правилата на игрите на среќа на кои согласност дава Владата на Р. Македонија, на предлог на Министерството за финансии. риредувачот на интернет игрите на среќа П не смее да ги менува правилата на игрите во
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
текот на приредувањето на секоја поединечна игра. Секоја промена на правилата на игрите се доставува до Министерството за финансии, а може да се применува по нејзиното одобрување од страна на Министерството за финансии. риредувачот на интернет игрите на среќа П е должен до Министерството за финансии да достави податоци за видот и висината на на доместокот кој го наплатува од учесниците во игрите на среќа за учество во игрите на среќа.
ИНАНСИСКИ ТРАНСАКЦИИ И ДОСТАФ ВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ИНФОРМАЦИИ ДО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ИЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ инансиското работење, трансакциите, Ф односно уплатите на влоговите или учеството и исплатите на добивките кај интернет игрите на среќа се вршат исклучиво преку бан ки со седиште во Р. Македонија. Т рансакциите меѓу приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа и резидент на Р. Македонија се вршат во денари, додека трансакциите меѓу приредувачот на игрите на среќа и нерезидент во странска валута се вршат согласно со прописите од областа на девизното работење. риредувачот на интернет игрите на среќа П при секоја уплата и исплата е должен да ја провери и потврди регистрацијата на учесникот во игрите на среќа, да ја потврди играта на учесникот во игрите на среќа, безбедноста и интерните процедури во врска со учесникот во игрите на среќа и да обезбеди правилата кои се однесуваат на играта да се применуваат. Приредувачот на интернет игрите на среќа е должен во секое време, на барање на Управата за јавни приходи, како и на барање на Министерството за финансии, да обезбеди информации за целокупното финансиско работење.
02/ 3162-979 i 3298-763
INFORMATOR 7 I JULI 2015
РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ В О ИНТЕРНЕТ ИГРИТЕ НА СРЕЌА
Во интернет игрите на среќа можат да учествуваат само учесници кои се регистрирани кај носителот на лиценцата за приредување на интернет игри на среќа. При регистрацијата, учесникот во игрите на среќа склучува договор за учество во ин тернет игрите на среќа кои ги приредува приредувачот на интернет игрите на среќа, преку интернет страницата на приредувачот, доколку ги прифаќа условите за учество, правилата на игра и другите договорни одредби кои ги пропишал приредувачот. Министерството за финансии дава согласност на сообразноста на договорот со одредбите на Законот за игри, со подзаконските акти, актите на приредувачот на игрите на среќа и со правилата за играта. За регистрација, учесникот во интернет игрите на среќа задолжително ги доставува следниве податоци: 1) име и презиме; 2) адреса; 3) ден, месец и година на раѓање; 4) email адреса; 5) корисничко име; 6) лозинка и 7) податоци за трансакциска сметка и/ или дебитните или кредитните картички преку кои ќе се вршат трансакциите со приредувачот на интернет игрите на среќа, сметките во сервисите за брз трансфер на пари или податоци за авторизираниот систем за финансиски трансфер на средства. Ако приредувачот на интернет игрите на среќа утврди дека регистрираниот учесник во игрите на среќа доставил лажни информации и покрај тоа што веќе е регистриран, приредувачот е должен веднаш да го исклучи како учесник и да ја поништи регистрацијата, а за тоа да го извести учесникот без одлагање.
55
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
риредувачот на интернет игрите на среќа П е должен да поседува точни податоци за сите регистрирани учесници во игрите на среќа. Секој учесник во игрите на среќа може да пријави само една сметка кај приредувачот на интернет игрите на среќа. риредувачот на интернет игрите на среќа П има обврска да му ги стави на располагање на учесникот во игрите на среќа следниве информации: 1) сите правила кои се однесуваат на интернет игрите на среќа кои ги приредува и 2) трошоците за учество на учесникот во игрите на среќа кои приредувачот на игрите на среќа може да ги наплати.
МЕТКИ НА УЧЕСНИКОТ ВО ИГРИТЕ С НА СРЕЌА И ИСПЛАТА НА ДОБИВКИ
56
Приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа отвора и чува само една сметка на регистриран учесник во игрите на среќа. Приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа ги запишува на сметката отворена за регистриран учесник во игрите на среќа, средствата кои: 1) регистрираниот учесник во игрите на среќа ги уплатил на својата сметка и 2) регистрираниот учесник ги добил како учесник во интернет игрите на среќа. Приредувачот на интернет игрите на сре ќа не смее да вклучи учесник во интернет игрите на среќа, доколку: 1) не е регистриран согласно со правилата за регистрација на учесниците во игрите на среќа; 2) нема доволно средства на сметката на регистриран учесник во игрите на среќа за покривање на висината на влогот; или 3) средствата потребни за покривање на висината на влогот не се обезбедени на законит начин.
www.p
платата на средства од страна на региУ стрираниот учесник во игрите на среќа спрема приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа може да се врши само на еден од следниве начини: 1) кредитни картички; 2) дебитни картички и 3) електронски трансфер. Се забранува уплата на средства во гото во од страна на регистрираниот учесник во игрите на среќа спрема приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа. Приредувачот на интернет игрите на среќа не смее да му одобрува кредит на учесникот во игрите на среќа или на сметката на учесникот во игрите на среќа или пак да дејствува како посредник за лице кое обезбедува кредит за да го олесни обезбедувањето на кредитот за учесникот во игрите на среќа или за сметката на учесникот во игрите на среќа. а барање на регистриран учесник во игН рите на среќа на чие име е формирана сметка кај приредувачот на интернет игрите на среќа, приредувачот е должен да ги уплати распо ложливите средства на учесникот во игрите на среќа на неговата трансакциска сметка, односно на кредитна или дебитна картич ка, не подоцна од пет работни дена по примањето на барањето. П риредувачот на интернет игрите на среќа ги чува средствата на учесникот во ин тернет игрите на среќа одвоено од сопстве ните средства на посебна сметка за регистри рани учесници во игрите на среќа, во банка со седиште на територијата на Република Македонија. Приредувачот на интернет игрите на среќа може да ги користи средствата на регистрираниот учесник во игрите на среќа уплатени на неговата сметка кај приредувачот само за: 1) уплата на влог направен од страна на регистриран учесник во игрите на среќа во текот на овластена игра во која учесникот во игрите на среќа учествува или влогот се бара за учесникот во игрите на среќа да може да земе учество;
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
2) исплата на расположливите средства на учесникот во игрите на среќа од неговата сметка кај приредувачот на неговата трансакциска сметка, односно кредитна или дебитна картичка, на барање на учесникот во игрите на среќа и 3) задржување на средства потребни за покривање на банкарските трошоци за направените трансфери по барање на регистрираниот учесник во игрите на среќа.
БВРСКИ НА ПРИРЕДУВАЧОТ О НА ИНТЕРНЕТ ИГРИ роверка на учесникот во игрите П на среќа Приредувачот на игрите на среќа за приредување на интернет игри на среќа е должен да го провери идентитетот, возраста и местото на живеење на учесникот во игрите на среќа, односно да изврши други проверки (што ќе биде поблиску пропишано од министерот за финансии), доколку: 1) регистрираниот учесник во игрите на среќа на својата сметка уплати, односно исплати износ од 3.000 евра по средниот курс на Народната банка на Република Македонија или повеќе, уплатени во странска валута или во противвредност на денари и 2) регистрираниот учесник во игрите на среќа со поединечна уплата или серија на поврзани уплати на својата сметка, односно со поединечна исплата или серија на поврзани исплати од својата сметка во рок од пет дена направи трансакција во износ од 3.000 евра или повеќе, уплатени во странска валута или во противвредност на денари.
З аштита на учесниците во интернет игрите на среќа Приредувачот на интернет игрите на среќа постојано, на видно место, на влезниот екран на својата интернет страница ги објавува информациите кои предупредуваат на мож ностите од зависност од учество во игри на INFORMATOR 7 I JULI 2015
среќа, како и информации и линкови до други интернет страници кои им помагаат на зависници од игри на среќа. Приредувачот на интернет игрите на среќа ќе забрани учество на регистриран учесник во игрите на среќа, доколку: 1) од фреквентноста на учеството на соодветниот регистриран учесник на игрите на среќа може да се претпостави дека станува збор за лице кај кое постои зависност од учество во игри на среќа и 2) доколку согласно со расположливите информации за финансиската состојба на регистрираниот учесник во игрите на среќа, како и од износот на средства кои учесникот во игрите на среќа ги загубил во поединечна трансакција или повеќе трансакции, приредувачот донесе заклучок дека таквиот начин на трошење може да предизвика загрозување на егзистенцијата на регистрираниот учесник во игрите на среќа и неговото семејство. Регистриран учесник во интернет игрите на среќа може со писмено известување или со електронско известување до приредувачот на интернет игрите на среќа: 1) да определи лимит за сметката на која учесникот во игрите на среќа може да се обложи во утврден временски период; 2) да определи лимит за загубите кои може да ги направи учесникот во игрите на среќа во утврден временски период; 3) да определи лимит за тоа колку време учесникот во игрите на среќа може да учествува во интернет играта на среќа и 4) да побара да биде исклучен од игра за ограничен или неограничен времен ски период. Горенаведените ограничувањата се отстрануваат, исто така, со писмено или електронско известување кое регистрираниот учесник го доставува до приредувачот на интернет игрите на среќа.
57
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
риредувачот на интернет игрите на среќа П нема да дозволи учество на регистрираниот учесник во игрите на среќа спротивно на ограничувањата поставени од страна на самиот учесник во игрите на среќа.
Прекинати и неуспешни игри Приредувачот на интернет игрите на среќа ги презема сите дејствија кои се неопходно потребни да спречи настанување на какви било прекини во одвивање на интернет игрите на среќа.
58
Доколку настапи прекин на играта на среќа, приредувачот на интернет игрите на среќа е должен да му овозможи на учесникот во игрите на среќа кој учествувал во играта да ја продолжи и заврши играта којашто е прекината веднаш по отстранување на причините поради кои настанал прекинот. Доколку приредувачот на интернет игрите на среќа не може да му овозможи на учесникот во игрите на среќа да ја продолжи и заврши започнатата игра само како резултат на објективни причини кои биле надвор од контролата на приредувачот, истиот има обврска да го надомести износот на влогот на сметката на учесникот во игрите на среќа со кој учествувал во прекинатата игра на среќа. Доколку Министерството за финансии утврди дека прекинот настанал како резултат на околности над кои приредувачот на интернет игрите на среќа имал контрола, односно прекинот настанал како резултат на дејствие на приредувачот, Министерството за финансии ќе започне постапка за одземање на лиценцата за приредување на интернет игри на среќа.
Интернет страница на приредувачот на интернет игрите на среќа риредувачот на интернет игрите на среќа П задолжително поседува интернет страница, чија домашна страна ги содржи следниве информации: 1) назив на фирмата на приредувачот на интернет игрите на среќа;
www.p
2) адресата на седиштето на приредувачот на интернет игрите на среќа; 3) бројот и датумот на издавањето на лиценцата; 4) хиперлинковите до правилата на игрите и постапката за регистрација на учесниците во игрите на среќа; 5) линк до интернет страницата на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи и 6) сите информации кои Министерството за финансии може да ги смета за потребни и корисни. инистерството за финансии може да поМ бара горенаведените информации да бидат прикажани во посебен формат. Интернет страницата на приредувачот на игрите на среќа не смее да има експлицитни сексуални содржини или содржини кои упатуваат или прикажуваат насилство.
Рекламирање Со Законот за игри се забранува рекламирање или учество во рекламирање на кој било начин: 1) со кое интернет игрите на среќа се промовираат како начин за социјално прифаќање, за постигнување на личен или финансиски успех или пак за решавање на какви било економски, социјални или лични проблеми; 2) со кое се упатуваат препораки од познати личности кои сугерираат дека интернет игрите на среќа дале придонес за нивниот успех; 3) кое е посебно насочено кон поттикнување на малолетни лица да се вклучат во интернет игри на среќа и 4) со кое се надминуваат границите на пристојност.
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
АНОЧЕН ТРЕТМАН НА ИНТЕРНЕТ Д ИГРИТЕ НА СРЕЌА Закон за персонален данок на доход 2 Добивките од игри на среќа се оданочива категорија согласно со Законот за персоналниот данок - ЗПДД. На оданочување подлежат сите добивки што се остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид, меѓутоа кај интернет игрите на среќа до бивките се исклучиво во парични средства кои приредувачот ги трансферира на тран сакциската сметка на регистрираниот учес ник, односно на неговата кредитна или де битна картичка. бврзник на персоналниот данок за доО бивките на игри на среќа е физичкото лице кое остварило добивка - регистрираниот учесник во интернет играта на среќа. Меѓутоа, за добивките од интернет игри на среќа се врши утврдување и наплата на аконтација на данокот на доход по одбивка, што значи дека аконтацијата на персоналниот данок ја Општи игри на среќа: 1) лотариски игри на среќа; 2) електронски игри на среќа; 3) наградни игри; 4) интерактивни игри на среќа. Според тоа, приредувачот на интернет игри на среќа ќе постапува различно во врска со пресметувањето на персоналниот данок и известувачките обврски кон УЈП, зависно од тоа која игра на среќа ја приредува преку глобалната интернет мрежа, односно дали се работи, на пример, за интернет наградна игра (општа игра на среќа) или спортско обложување преку интернет (посебна игра на среќа). Основа за пресметување на персонални от данок кај сите игри на среќа претставува износот на поединечната исплата на доби вката, освен кај игрите на среќа во обложу 2
пресметува исплатувачот (приредувачот на интернет игра на среќа) за секој обврзник (физичко лице - учесник во интернет играта на среќа) и за секој поединечно исплатен приход (добивката од интернет играта). Исплатувачот е должен запрениот данок да го уплати при секоја поединечна исплата. Аконтацијата на персоналниот данок за интернет игрите се пресметува врз износот на секоја поединечна добивка со примена на стапка од 10%. ЗПДД пропишува различно постапување во зависност од видот на играта на среќа во однос на даночната основа за пресметка на персоналниот данок, примената на даночно ослободување и известувачките обврски кон Управата за јавни приходи. Да потсетиме дека Законот за игри ги дефинира интернет игрите на среќа како било кои општи, посебни и други видови на игри на среќа, во кои учесникот може да учествува преку глобалната интернет мрежа.
Посебни игри на среќа: 1) игри на среќа во казино; 2) игри на среќа во обложувалница; 3) игри на среќа во автомат клуб. валница кај кои даночната основа е износот на поединечната исплата на добивката нама лен за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката. Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта на среќа. Напомена:
Приредувачот на интернет игрите на среќа, во своите правила на игра, треба да наведе дали добивките претставуваат бруто износ (со вклучен персонален данок, кој ќе го одбие и задржи при исплатата на добив-
„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13 и 13/14 (У. суд-31/96, 40/96 и 2/99).
INFORMATOR 7 I JULI 2015
59
Pr fesionalna Edukacija
60
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ката) или нето износ. Исто така, приредувачот треба да има соодветни софтверски решенија за цели на пресметка на персоналниот данок, имајќи ги предвид барањата на Законот за игри и специфичноста на интернет игрите на среќа, чии регистрирани учесници може да имаат само една сметка кај приредувачот на интернет игри на среќа каде го уплатуваат својот влог (депозит) според правилата на игра на приредувачот, којшто го користат за учество во една или повеќе игри на среќа, додека приредувачот на истата оваа сметка ги регистрира и добивките од учеството во интернет игрите. На барање на регистрираниот учесник во игрите на среќа на чие име е формирана сметка кај приредувачот на интернет игрите на среќа, приредувачот е должен да ги уплати расположливите средства на учесникот во игрите на среќа на неговата трансакциска сметка, односно на кредитна или дебитна картичка, не подоцна од пет работни дена по примањето на барањето. о ЗПДД е определено и даночно ослобо С дување, односно ограничување на висината на исплатената добивка која не претставува основа за оданочување со персоналниот данок, меѓутоа тоа се однесува само на општите игри на среќа (лотариски игри, електронски игри, наградни игри и интерактивни игри). Така, за поединечна исплата на добивка од општи игри на среќа, кои се приредува ат преку интернет, која не го надминува из носот од 5.000 денари, не се пресметува и плаќа персонален данок. Доколку поединечната исплата на добивка е повисока од 5.000 денари, данокот се пресметува врз целиот износ. За останатите игри (казино, спортско обложување и сл.), кои се приредуваат преку интернет, не постои даночно ослободување, односно персонален данок се пресметува на целосно исплатениот износ на добивка. дредбите на ЗПДД ќе треба да се прилаО годат и усогласат со одредбите на Законот за игри, кои го регулираат приредувањето на интернет игрите. Имено, според членот 77 www.p
на ЗПДД, исплатувачот-приредувач на игри е должен на учесникот во играта, за кој го уплатил персоналниот данок, да му издаде при мерок од пресметката за аконтацијата на да нокот и збирен податок по истекот на годината најдоцна до 15 јануари наредната година, за вкупно платената аконтација, освен ис платувачот на добивки од посебни игри на среќа (казино, обложување, автомат клуб), за кој не се однесува оваа обврска. Меѓутоа, за приредувачите на посебни игри на среќа (казино, обложување, автомат клуб) постои пропишана обврска за месечно известување на Управата за јавни приходи, до која треба да поднесуваат месечен извештај за испла тените приходидобивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка (образец „ПДДМИ/ИС“), најдоцна до седми во тековниот за претходниот месец, кој според членот 77 став 9 на ЗПДД, содржи податоци за: - обврзникот (име и презиме и единствен матичен број на граѓанинот), - износот на остварената добивка, - и зносот на пресметаниот и платен пер сонален данок на доход и - дата на исплатата на добивката. Образецот „ПДД-МИ/ИС“ е пропишан со Правилникот за формата и содржината на месечниот извештај за исплатени приходи - добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка („Службен весник на РМ“, бр. 47/14) и до УЈП се поднесува во електронска форма (преку https://etaxfl.ujp.gov.mk). З ПДД, исто така, треба да се прилагоди и во однос на обврската за поднесување на годишниот извештај ПДД-ГИ до УЈП. Имено, согласно со член 77 став 3 на ЗПДД, сите исплатувачи се должни да достават Годишниот из вештај (образец ПДДГИ) за бруто остварените приходи на обврзникот, за пресметаниот и платениот данок и придонес по одбивка и вкупно исплатените нето приходи, најдоцна до 31 јануари наредната година. Од оваа обврска законот не ги ослободува приредувачите на игри на среќа, меѓутоа во пракса УЈП во соопштение на својата веб страна (www.ujp.
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
gov.mk), како и во рамки на упатството за пополнување на извештајот ПДД-ГИ има наведено дека исплатувачите кои вршат исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат годишен извештај ПДД-ГИ. изичките лица-учесници во посебни Ф игри на среќа (игри во казино, обложувални ца и автомат клуб) се ослободени од пријаву вање на добивките од овие игри во Годишна та даночна пријава ПДД-ГДП до УЈП согласно со членот 70 на ЗПДД, меѓутоа не и од пријавување на останатите добивки кои ги остваруваат од останатите игри (на пример, општите игри: лотариски игри, електронски игри, наградни игри и интерактивни игри), кои согласно со членот 69 на ЗПДД, треба да се пријават до УЈП заедно со останатите приходи до 15 март наредната година за претходната. Сметаме дека ЗПДД и во рамки на овој дел треба да претпри усогласување, поради специфичноста на интернет игрите на среќа, кои може да бидат општи, посебни и други видови игри, а се приредуваат преку интернет. POLUGODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR
8.500
- KONSULTACII
denari
- POPUSTI ...
ДАНОЧНА ОСНОВА 3.500
= =
Поединечна ИСПЛАТА на добивка 4.000
Пример за пресметка на персонален данок за парични добивки: Добивка во бруто износ Доколку во Правилата за посебна игра што се приредува преку интернет е назначена добивката во бруто износ (на пример: 25.000 денари), што е и најчест случај, исплатувачот (приредувачот) го пресметува и задржува персоналниот данок (10%), на следниот начин: 25.000 x 10% = 2.500 денари Приредувачот ќе му исплати на добитникот 22.500 денари (25.000 - 2.500) добивка. Даночната основа за обложувачките ин тернет игри е разликата меѓу поединечната исплата на добивка намалена за поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката (поради што е потребно соодветно софтверско решение на приредувачот на интернет игри на обложување, со цел да се утврди поединечниот влог/уплата како учество во обложувачката игра, по основ на кој е реализирана поединечна добивка за исплата). На пример, во класичните спортски обложувалници, доколку одредено физичко лице уплатило повеќе тикети за обложување на спортски натпревари, од кои еден тикет, за кој уплатило 500 денари, е добитен, со реализирана добивка во износ од 4.000 денари, данокот ќе се пресмета на следниот начин (за обложувалниците не важи даночното ослободување од персонален данок за исплатени поединечни добивки до 5.000 денари): -
Поединечна УПЛАТА врз основа на која е остварена добивката 500
3.500 x 10% = 350 денари (персонален данок) 4.000 денари (добивка) - 350 (ПДД) = 3.650 денари (нето износ за исплата на добитникот)
Добивка во нето износ
Да го претпоставиме истиот горенаведен пример, со таа разлика што во Правилата за игра е назначен износот на добивката во нето износ (22.500 денари). Персоналниот данок се пресметува со пресметана стапка од 10%, односно со 11,111%. 2.500 x 11,111% = 2.500 денари 2 Приредувачот го пресметува и уплатува персоналниот данок од 2.500 денари, а на добитникот му исплатува 22.500 денари.
INFORMATOR 7 I JULI 2015
61
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Закон за данокот на додадена вредност 3 Согласно со членот 23 точка 7 од Законот за ДДВ, игрите на среќа и забавните игри, чие изведување е регулирано со Законот за игрите на среќа и за забавните игри, се ослободе ни од оданочување со ДДВ без право на од бивка на претходниот данок засметан при набавките (поврзани со приредувањето на играта) на приредувачот на играта.
62
Ослободувањето на игрите на среќа и забавните игри нема социјален мотив, туку овозможува да не се намали популарноста на овие игри, а со тоа и исполнување на единствената економска цел: зголемување на приходите на Буџетот на државата, кое произлегува од надоместоците што се плаќаат за овие игри согласно со Законот за игри, како и од персоналниот данок на доход што се плаќа на добивките. Од друга страна, ослободувањето од ДДВ е на некој начин и неопходно, за да се избегне двојното оданочување на овие игри. Напомена:
Согласно со Упатството на Министерство то за финансии за примена на Законот за данокот на додадена вредност, прометите, регулирани со Законот за игри на среќа и на забавни игри се ослободени од данок (член 23 точка 7 од ЗДДВ). Даночното ослободување го опфаќа целокупниот надоместок платен од играчот. Покрај влогот во играта на среќа, тука се вбројуваат и таксите за продажба на писмените документи за учеството во играта, бидејќи истите не претставуваат самостоен промет. Дури и во случаи, кога данокот за игри на среќа се наплаќа единствено според висината на влогот, ослободувањето од ДДВ ја опфаќа целокупната услуга на носителот на играта. Даночни обврзници кои самите не се носители на игри на среќа, туку единстве3
4
но вршат посредување, не се ослободени од ДДВ според член 23 точка 7 од ЗДДВ за нивното посредување, за кое добиваат провизија. Приредувачот на интернет игри може да биде регистриран даночен обврзник за ДДВ, но и не мора, секако во зависност од тоа дали ги исполнува условите за регистрирање согласно со Законот за ДДВ или е доброволно регистриран за ДДВ. Доколку приредувачот на интернет игри е регистриран обврзник за ДДВ, со сите права и обврски во врска со ДДВ, односно со обврска за пресметување ДДВ за прометот на добра или услуги што го врши и право на одбивка на претходниот ДДВ од своите набавки, по основ на приредувањето на интернет игри на среќа е ослободен од оданочување со ДДВ, при што истиот нема право на одбив ка на претходниот ДДВ од набавките повр зани со интернет игрите (на пример, по основ на добиените фактури за извршена услуга на рекламирање на интернет игрите на некој ТВ медиум).
Закон за данокот на добивка 4 Во Законот за данок на добивка е определено дека признат даночен расход претставуваат расходите кои се поврзани со вршење на дејност на субјектот, односно се непосреден услов за извршување на таа дејност и се последица од вршењето на таа дејност. Во врска со даночниот третман на трошоците за приредување игри на среќа (интернет игри) не постојат директни одредби во Законот за данокот на добивка. Сепак, со оглед на горенаведената основна дефиниција за признавање на трошоците, за лиценцираниот приредувач на интернет игри на среќа признат даночен расход ќе претставуваат сите трошоци поврзани со при-
„Службен весник на РМ“, бр. 44/99, испр.-59/99, 86/99, испр.-11/00, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, испр. 45/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 177/14 (преч. текст) и 15/15 (У. суд-93/00 и 17/04). „Службен весник на РМ“, бр. 112/14 и Автентично толкување на Собрание на РМ на членовите 28 и 51 - 44/15. www.p
roagens.mk
ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА
редувањето на интернет игри на среќа поради тоа што се поврзани со неговата дејност т.е. се услов/последица од вршење на таа дејност.
РИМЕР НА СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИТЕ П ПО ОСНОВ НА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА иценциран приредувач на интернет игри Л на среќа (во казино) „Х“ ја уплатил првата годишна рата за лиценцата во износ од 6.250 евра (25.000 евра : 4 рати), односно 384.375 денари (претпоставка 1 ЕВРО = 61,50 денари). Половина од износот на лиценцата во износ од 1.537.500 денари (50% од 50.000 евра т.е. 25.000 евра) е уплатен при нејзиното издавање. Во примерот се апстрахираме од курсните разлики заради поедноставување. Посебната давачка за месец јуни на лиценцираниот приредувач на интернет игри на среќа „Х“ изнесува 25.000 денари (0,5% х
5.000.000 денари /сите месечни уплати/), која ја плаќа до 15 јули. Лиценцираниот приредувач на интернет игри на среќа „Х“ врз основа на исплатените добивки (1.200.000 денари) кон регистрираните учесници пресметал и уплатил персонален данок во износ од 133.320 денари. З а услугата на рекламирање на интернет игрите на среќа на интернет портали, приредувачот „Х“ добил фактура на износ 18.880 денари (16.000 + 2.880 /18% ДДВ/), по која нема право на одбивка на претходниот ДДВ (2.880 ден.).
Книжење кај приредувачот на игри на среќа: СМЕТКА ОПИС ИЗНОС должи побарува должи побарува 0022 Лиценца за интернет игри на среќа 3.075.000 2889 Долгорочни обврски за стекната лиценца 3.075.000 - стекната лиценца во износ од 50.000 евра (50.000 х 61,50) 2889 Долгорочни обврски за стекната лиценца 1.921.875 1000 Трансакциска сметка 1.921.875 - претходно платено 50% од лиценцата (25.000 евра) и прва годишна рата на лиценца (6.250 евра) (31.250 х 61,50) 4320 Амортизација за нематеријални права (лиценца) 768.750 0092 Акумулирана амортизација на лиценца 768.750 - годишна амортизација на лиценца 3.075.000 х 25% / 50.000 х 25%, 1 ЕВРО = 61,50 денари) 10030 Сметка на регистрирани учесници во игра 5.000.000 74013 Приходи од промет на услуги ослободен 5.000.000 од данок без право на одбивка на претходен данок - уплата на средства на регистрирани учесници во интернет игри во месец јуни 44780 Посебна давачка за интернет игри 25.000 1000 Трансакциска сметка 25.000 - посебна давачка за месец јуни 44990 Останати нематеријални трошоци 1.333.320 - исплата на добивки 220490 Обврски спрема граѓани - исплата на добивки 1.200.000 2355 Обврски за персонален данок по основ 133.320 на добивки од игри на среќа - пресметана добивка и ПДД за игра на среќа INFORMATOR 7 I JULI 2015
63
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
220490 2355
Обврски спрема граѓани - исплата на добивки Обврски за персонален данок по основ на добивки од игри на среќа 10030 Сметка на регистрирани учесници во игра 1000 Парични средства на трансакциска сметка во банка - исплатена добивка и уплатен персонален данок 41701 Трошоци за рекламирање преку електронски медиуми во земјата 2201 Обврски спрема добавувачи во земјата за извршени услуги - фактура за реклама без право на одбивка на ДДВ
64
www.p
roagens.mk
1.200.000 133.320 1.200.000 133.320 18.880 18.880