201
6
Издавач: Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“
Главен и одговорен уредник: М-р Павле Гацов
Дизајн и графичко уредување: Агенција „ПРО АГЕНС“
Лектор: М-р Кирил АНГЕЛОВ
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 01.07.2016 g.
Adresa:
Агенција „ПРО АГЕНС“, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4 1000 Skopje Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na NLB banka - Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. „PRO AGENS“ e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печати: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 примероци Copyright 2015, Про Агенс
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
7
ЈУЛИ 2 0 1 6
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: ДАНОЦИ 1) ДАЛИ ПОСТОИ ПРАВНА ОСНОВАНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ДОБИВКА НА НАГРАДА ЗА РАБОТНА УСПЕШНОСТ
5
ОДЛУКА НА УСТАВЕН СУД НА РМ 2) ВРШЕЊЕ НА УСЛУГА НА РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ БЕЗ ПРАВО НА НАДОМЕСТ НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ НА РМ
10
ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ 3) ПРОДОЛЖУВАЊЕ ЗА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА НА МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
12
ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА 4) МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА - ДАНОЧНИ И СОЦИЈАЛНИ ПОГОДНОСТИ
22
REVERSE CHARGE 5) ДВЕГОДИШНО ПРИМЕНУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ „REVERSE CHARGE“ (СО ОСВРТ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
34
ТРГОВСКО ПРАВО 6) ГОЛЕМИ ЗДЕЛКИ И ЗДЕЛКИ СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА
44
ЈАВЕН СЕКТОР 7) ОТТУЃУВАЊЕ И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СУБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН СЕКТОР
55
НАГРАДНИ ИГРИ 8) ПРИРЕДУВАЊЕ НА НАГРАДНИ ИГРИ И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
63
БУЏЕТСКО СМЕТКОВОДСТВО 9) АВАНСНИ ПЛАЌАЊА КАЈ БУЏЕТСКИ (И ФОНДОВСКИ) КОРИСНИЦИ
74
АКЦИЗИ 10) ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБВРСКА СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ, (ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈУЛИ 2016 година)
78
ДАНОЦИ
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ДАЛИ ПОСТОИ ПРАВНА ОСНОВАНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ДОБИВКА НА НАГРАДА ЗА РАБОТНА УСПЕШНОСТ
Став на УЈП изразен во бројни записници од извршени контроли на данок на добивка
У
правата за јавни приходи (УЈП), гледано низ призма на повеќе записници од извршени надворешни контроли на данокот на добивка кај различни даночни обврзници, промовира теза која, парафразирано, значи следно: Доколку даночниот обврзник континуирано секој месец исплатува на вработените награда за работна успешност, тој износ претставува плата и нема лимит во исплаќањето на плати. Во спротивно, доколку повремено се исплатува награда за работна успешност (награда, бонус) овој износ нема да се смета за плата во делот кој ја надминува максималната основица за придонеси (12 просечни плати) и истиот треба да се третира како даночно непризнаен расход бидејќи не е директно поврзан со дејноста на работодавачот?! Законски неосновано поставените параметри/правила на УЈП за различен даночен третман на истото примање: награда/бонус на вработените, условен со (не)континуирана месечна исплата на „спорниот“ износ кој ја надминува максималната месечна основица за пресметување и уплата на придонеси (12 просечни плати), при што доколку истиот износ е континуиран, се исплатува само со персонален данок (заради надминување
ИНФОРМАТОР 7 I ЈУЛИ 2016
на највисоката основица за пресметување на социјални придонеси), а ако не е, на него се пресметува и плаќа и данокот на добивка - ја поттикнаа и подетална анализа на овој проблем од наша страна. Во продолжение ќе наброиме повеќе аргументи кои колегите засегнати со ваквиот неконзистентен однос на УЈП може да ги користат во своја „одбрана“ пред овој државен орган.
Можно произнесување по записникот од извршена надворешна контрола во ДОО/АД Членовите 101 и 102 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06, ... и 23/16) му даваат можност на даночниот обврзник да се произнесе по однос на Записникот за извршена надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), во случајов, на данокот на добивка за соодветен даночен период, во кој УЈП констатира помалку платен данок на добивка и камата за задоцнето плаќање. Во прилог на произнесувањето може да се дадат следните забелешки: I. Исплатата извршена по основ на работната успешност на вработените е дел од нивната плата кој согласно со член 105 став 1 и 3 од Законот за работните односи (ЗРО „Службен весник на РМ“, бр. 62/05, ... и 27/16) и член 106 став 2 од ЗРО има варијабилен карактер, бидејќи не се исплатува редовно туку само тогаш кога работодавачот ќе процени дека вработениот треба да биде награден за
5
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
ИНФОРМАЦИЈА
ВРШЕЊЕ НА УСЛУГА НА РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ БЕЗ ПРАВО НА НАДОМЕСТ НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ НА РМ Одлука на Уставниот суд на РМ, У. бр. 67/2015 од 11 мај 2016 година, со правно дејство од 20.06.2016 година како ден на објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 114/16. Во Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на РМ“ бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/2015 и 192/2015) СЕ УКИНУВА член 35 став 7 кој гласи: „Извршената услуга за упис на основање на трговец поединец и трговско друштво преку Системот за е-регистрација, регистрациониот агент ја врши без надоместок и награда.“ Фрагменти од образложението на Судот: Уставниот суд на седницата утврди дека во оспорениот став 7 од членот 35 од Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица е предвидено дека: Извршената услуга за упис на основање на трговец поединец и трговско друштво преку Системот за е-регистрација, регистрациониот агент ја врши без надоместок и награда. Од уставните одредби поместени во делот на основни економски, социјални и културни права, како и од одредбите на наведените меѓународни акти произлегува дека правото на заработувачка, односно плата е есенцијално право на работникот, а кое право нему и на неговото семејство, му овозможува пристоен животен стандард.
10
Судот оцени дека во конкретниов случај со исклучувањето од правото на надоместок и награда на регистрациониот агент за извршената работа, законодавецот ги надминал уставните овластувања, односно ги довел во прашање наведените уставни одредби и одредбите од меѓународните акти со кои се гарантира правото на соодветна заработувачка. Ова особено ако се има предвид дека давањето на конкретните услуги спаѓа во корпусот на услуги што вообичаено ги пружаат адвокатите и трговските друштва за што остваруваат соодветна награда. Притоа, законодавецот не пропишал дека наместо странката во чие име се дава услугата, државата ќе му исплати награда на адвокатот, односно регистрациониот агент за стручната услуга што од него се бара да ја пружи, имајќи предвид колку се строги условите за тоа кој може да биде регистрационен агент. Со оглед на наведеното, Судот оцени дека членот 35 став 7 од Законот не е во согласност со одредбите на Уставот на кој се повикуваат подносителите на иницијативите.
POLUGODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - E-DODATOK - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
8.500 denari
kontakt@proagens.com.mk
02/ 3162-979 i 3298-763
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРОДОЛЖУВАЊЕ ЗА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА НА МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
Нови решенија во ЗВОН во однос на мерките за вработување
В
о „Службен весник на РМ“ бр. 119 од 28.06.2016 година, е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, кој влегува во сила со денот на објавувањето. Со истиот се продолжуваат за уште една година на минатогодишните мерки за вработување на невработени лица кај работодавачите од приватниот сектор, со мали измени во однос на условите за користење. Во 2015 година, со дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (во натамошниот текст: ЗВОН)1 објавено во „Службен весник на РМ“ бр. 56 од 07.04.2015 година, во сила од 15.04.2015 година, се внесоа неколку членови: 98-г, 98-д, 98-ѓ, 98-е и 98-ж со кои беше утврдена правна основа за реализација на новите мерки за потикнување на вработувањето на повеќе категории на невработени лица. Мерките се состојат од ослободување од плаќање на: - придонесите за задолжително социјално осигурување и/или - персонален данок за доход.
kontakt@proagens.com.mk
Новите решенија во ЗВОН од 28.06.2016 година предвидуваат внесување на следни новини во членовите кои ги уредуваат мерките за вработување: - Се дополнува постојниот член 98-г кој ги уредува општите услови за ослободување на работодавачот од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход со внесување на уште еден услов во ставот 1 алинеја 2 според кој: невработеното лице кое работодавачот сака да го вработи, во последните две години, да не било претходно вработено кај работодавач кој има сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот кој ќе користи мерка за ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход. - Се прецизира (во рамки на членот 98-г став 1 алинеја 3), мерките за ослободување да можат да ги користи работодавачот кој не го намалил вкупниот број на вработени лица до денот на вработувањето на новите работници сметано од 15 мај 2016 година; - Се дополнува членот 98-ѓ став 1 во алинеја 2 во однос на вработување на навработе-
„Службен весник на РМ“, бр. 37/97, У. суд-4/98, У. суд-14/99, 25/00, 101/00, 50/01, У. суд-7/02, 25/03, 37/04, 4/05, 50/06, 29/07, У. суд-88/07, 102/08, пречистен текст-144/08, 161/08, У. суд-162/08, 50/10, 88/10, У. суд-71/10, 51/11, У. суд-86/11, 11/12, 80/12, 114/12, пречистен текст-153/12, 39/14, 44/14 (2), пречистен текст-112/14, 113/14, 56/15 и 119/16.
1
12
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА - ДАНОЧНИ И СОЦИЈАЛНИ ПОГОДНОСТИ
РЕГУЛАТИВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ
В
работувањето на лицата со инвалидност е регулирано со Законот за вработување на инвалидни лица („Службен весник на РМ“, бр. 44/00, 16/04, 62/05, 113/05, 29/07, 88/08, 161/08, 99/09, 136/11, 129/15, 147/15 и 27/16), којшто е донесен во 2000 година и со истиот се уредуваат посебните услови за вработување и работење на лицата со инвалидност, како и условите за основање и погодностите за работење на трговско друштво за вработување на инвалидните лица. На крајот од 2014 година, законодавецот изготви сосема нов Предлог-Закон за вработување на лица со инвалидност, кој содржеше решенија насочени кон искористување на работната способност на лицата со инвалидност и нивна соодветна конкурентност на отворениот пазар на труд, а требаше да го замени постоечкиот Закон за вработување на инвалидни лица од 1 јануари 2015 година, со исклучок на одредени одредби, кои требаше да започнат да се применуваат од 1 јануари 2016 година. Предлог-законот пропишуваше новина во вид на воведување на квотен систем за вработување на лица со инвалидност, со одложена примена од 1.1.2016 година. Со ваквиот систем, се предлагаше секое друштво (од јавен и приватен сектор), освен странски, дипломатски и конзуларни претставништва и друштва, кое има над 35 вработени да има обврска да вработи лице со инвалидност, при што квотата би изнесувала од 2% до 6% од вкупниот број на вработени, во за-
22
висност од дејноста која ја врши работодавачот. Единствено, од оваа обврска беше предвидено да бидат ослободени новооснованите друштва во период од нивното основање до истекот на 24-иот месец од денот на основањето. Според Предлог-законот, друштвата кои вработиле повеќе лица со инвалидност од предвидениот минимум, како и работодавачите кои немале обврска, а сепак вработиле лице со инвалидност, можеа да остварат парична награда под услови пропишани од министерот за труд и социјална политика. Од друга страна, пак, со Предлог-законот беше предвидено, работодавачот кој не вработил лице со инвалидност, а имал таква обврска, да плаќа паричен надоместок за секое лице со инвалидност за кое што работодавачот бил должен да го вработи на месечна основа во висина од 70% од минималната плата (во бруто износ). Законодавецот, сепак, не го официјализираше Предлог-законот од 2014 година, од кој засега се откажа, при што сеуште е во примена постоечкиот Закон за вработување на инвалидни лица од 2000 година, во неговата ажурирана верзија заклучно со 2016 година, со пратечките подзаконски акти: - Правилник за критериумите и начинот на доделување на неповратни средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица („Службен весник на РМ“, бр. 156/08 и 163/15), www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ДВЕГОДИШНО ПРИМЕНУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ „REVERSE CHARGE“ (СО ОСВРТ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
С
истемот reverse charge се применува кај даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ, кои вршат промет на добра и услуги за даночни обврзници кои исто така се регистрирани за целите на ДДВ а се однесуваат на одредена група на извршени промети како и на дадените аванси за тие промети, по 31 јануари 2014 година. Според член 32-а од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ”, бр. 44/99... и 23/16) овој систем се применува на следните промети на добра и услуги: 1) градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите, и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно законот со кој се уредува градењето; 2) прометот со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба, отпад, индустриски и неиндустриски отпадни материјали, отпаден материјал кој може да се рециклира, делумно преработен отпад и 3) пренос на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, кога доверителот се стекнува со доброто.
34
Станува збор за систем кој функционира на начин што, примателот на добрата или корисникот на услугата станува даночен должник, врз основа на пренесената даночна обврска од вршителот на прометот. Примателот на доброто/услугата, за пренесената даночна обврска, остварува право на одбивка на претходен ДДВ, според условите од член 34 од Законот за ДДВ). Даночна основа за пресметување на ДДВ (како претходен така и излезен ДДВ), претставува износот кој е искажан во фактурата на испорачателот на добрата и услугите, односно износот на вкупниот надоместок кој треба да се плати од нарачателот. Даночниот обврзник кон кого се врши прометот е даночен должник и во случај на плаќање кое ќе го врши однапред (аванс), пред да биде извршен наведениот промет на добрата и услугите. Паралелно со воведување на овој систем низ законските одредби на Законот за ДДВ, Владата на Република Македонија донесе и Одлука за определување нa добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна нa друг даночен обврзник - во натамошниот текст: „Одлука“ („Службен весник на РМ”, бр. 45/14) во која поблиску ги определи добрата и услугите за чиј промет се применува ваквиот даночен третман. Кај прометите на добра и услуги од областа на градежништвото, како што се градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ГОЛЕМИ ЗДЕЛКИ И ЗДЕЛКИ СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА
1. ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА КОНТРОЛА НА ЗДЕЛКИ ВО АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО И ВО ДРУШТВОТО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
З
аконот за трговските друштва 1 (понатаму: ЗТД) утврдува посебни правила за одобрување и контрола на трансакциите на трговското друштво коишто можат посериозно да влијаат врз неговата имотна состојба. Таквите трансакции ЗТД во основа ги групира во две групи, како: 1) големи зделки и 2) зделки со заинтересирана страна. Големите зделки, се до последната измена на ЗТД (објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 61/16) беа предвидени и регулирани исклучиво кај акционерското друштво, а од 31.03.2016 година, со влегување на измената во сила, во режимот на големи зделки се вклучи и друштвото со ограничена одговорност. Зделките со заинтересирана страна се интересни од аспект на статусот на учесниците во тие зделки бидејќи го инкорпорираат конфликтот на интереси. Овие зделки подлежат на посебно одобрување и во акционерското друштво и во друштвото со ограничена одговорност, со тоа што од јануари 2013 година (со измена на ЗТД – С. В. 166/12) се воведуваат заострени мерки на контрола на
ваквите зделки кај акционерските друштва кои котираат на берза со цел спречување на нефер трансакции на штета на малцинските акционери. Суштината на воведување на посебен режим на одобрување на овие два вида зделки е во остварувањето на превентивната заштита на интересите на акционерите и содружниците како и доверителите на трговското друштво од прелевањето на имотот на друштвото врз трети лица, особено врз вршителите на соодветни функции и овластувања во друштвото како и со нив поврзани лица. Заштитата се остварува преку соодветен увид и претходно одобрување на зделката од страна на органите на друштвото во соодветна постапка уредена со ЗТД (членови од 455 до 460-г), без разлика дали располагањето со имотот значи отуѓување или стекнување т.е. неговото намалување или зголемување.
2. ГОЛЕМИ ЗДЕЛКИ 2.1. Поим Во определување на поимот голема зделка (членови: 455 и 456), ЗТД тргнува од утвр-
„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. Толкув., 6/16, 30/16 и 61/16; Укинати членови на ЗТД со Одлуки на Уставниот суд на РМ: 11 став 3 и 14 став 3, точка 4 - 71/06; 14 став 3, точка 3 и член 18 став 2, точка 3 - 17/09; 29 став 2, точка 3 - 23/09; 29 став 2, точка 5 - 8/11; 234 став 2, точка 5 - 21/11.
1
44
www.proagens.mk
ЈАВЕН СЕКТОР
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ОТТУЃУВАЊЕ И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СУБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН СЕКТОР
ВОВЕД
С
о Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“, бр. 78/15, 106/15 и 153/15, во натамошниот текст: Закон), се уредуваат правата и должностите на државните органи во однос на набавката, користењето и располагањето со стварите во државна сопственост и евиденцијата на стварите што како долгорочни средства ги користат државните органи за извршување на работите и задачите во земјата и во странство, како и правата и должностите на правните лица основани од државата во однос набавката, размената, користењето на недвижни и движни ствари и продажбата на движни ствари. „Користење на ствари“ подразбира право на непосредна употреба на стварите од страна на државните органи, правните лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје; „Ствари во државна сопственост“ што го користат државните органи и правните лица основани од државата стекнати по било кој основ“ се: - недвижни ствари - згради, посебни делови од згради и други објекти што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите во земјата и во странство (без стварите што ги користат дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија) и
ИНФОРМАТОР 7 I ЈУЛИ 2016
- движни ствари - опрема, опрема за сообраќај и за врски, специјален и универзален алат и опрема,борбени средства, орудија и опрема кои имаат наменски карактер за одбраната и безбедноста на Република Македонија, опрема за уредување и одржување на канцелариски и други простории и за вршење на технички, деловни, финансиски и други услуги, проектна документација, софтверски програми, долгорочни нематеријални средства и останати неспомнати средства што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите во земјата и во странство. Ствари во општинска сопственост што ги користат општините и правните лица основани од општините стекнати по било кој основ се: - недвижни ствари - згради, посебни делови од згради и други објекти што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите и - движни ствари - опрема, опрема за сообраќај и за врски, специјален и универзален алат и опрема, опрема за уредување и одржување на канцелариски и други простории и за вршење на технички, деловни, финансиски и други услуги, проектна документација, софтверски програми, долгорочни нематеријални средства и останати неспомнати средства што како долгорочни средства се користат за 55
НАГРАДНИ ИГРИ
Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРИРЕДУВАЊЕ НА НАГРАДНИ ИГРИ И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН ВОВЕД Наградните игри се застапени во голем степен во нашето секојдневие. Очигледно е нивното рекламирање и присуство во медиумите, а заинтересираноста за нивното приредување, односно за учество во истите, расте со оглед на опаѓањето на економската динамика и на животниот стандард на населението. Приредувањето на наградна игра е регулирано со Законот за игрите на среќа и за
забавните игри 1 (во натамошниот текст: Закон за игри). Игрите на среќа, согласно со дефиницијата на Законот за игри, се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта.
Игрите на среќа се разграничуваат на три вида: општи, посебни и интернет игри на среќа. Општи игри на среќа: 1) лотариски игри на среќа;
Посебни игри на среќа: Интернет игри на среќа: 1) игри на среќа во казино; Општите и посебните игри на среќа, како и други 2) електронски игри на среќа; 2) игри на среќа видови на игри на среќа, во обложувалница; 3) н а г р а д н и и г р и; во кои учесникот може 3) игри на среќа да учествува преку 4) интерактивни игри на среќа. во автомат клуб. глобалната интернет мрежа. ШТО ПРЕТСТАВУВА НАГРАДНА ИГРА Постојат голем број на игри од различен карактер што секојдневно се приредуваат, меѓутоа сите не ги исполнуваат условите определени од Законот за игри, поради што и немаат третман на наградни игри т.е. игри на среќа воопшто, а тоа им дава и различен даночен третман, поради што треба точно да се утврди разграничувањето. аградните игри во Законот за игри се деН финирани како општи игри на среќа, кои: - се приредуваат заради рекламирање на производи и услуги, - ги приредува едно трговско друштво или повеќе трговски друштва заедно, - се приредуваат на начин определен од страна на приредувачот на играта на 1
среќа (на вообичаен начин, електронски начин, по пат на мобилен уред, интернет и слично), - обезбедуваат јавно објавување на условите за учество во играта утврдени со правилата на играта, - го обврзуваат приредувачот на играта на среќа на извлечените добитници да им ги додели наградите во предмети, пари или права. Напомена:
За игра на среќа (и за наградна игра) не се смета квиз, кој се реализира преку одговарање на прашања или демонстрирање на знаења или вештини, под услов учест-
„Службен весник на РМ“, бр. 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15 и 23/16; У. суд - 132/11 и 156/14.
ИНФОРМАТОР 7 I ЈУЛИ 2016
63
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБВРСКА СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ, (ВО ПРИМЕНА ОД 1 ЈУЛИ 2016 година)
А
ктуелниот Закон за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 32/01,... и 31/16) кој се применува од 01 Јули 2001 година, го задржа системот на плаќање на акциза на тутунски добра и на алкохоли и алкохолни пијалоци преку контролни марки (начин наследен од претходниот закон). Токму поради ваквиот принцип на плаќање на акцизата, преку контролни марки (дури и пред нивното преземање), во случаи кога се покачуваа акцизните стапки, не се бараше вршење на попис и доплата на акцизата за наведените добра. Меѓутоа, со одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 23/16) овој принцип се наруши така што, при зголемување на акцизата се наметнува обврска за попис на затекнатите залихи на акцизни добра: алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски добра, кај увозниците и производителите, но и кај лица кои се овластени дистрибутери на акцизните обврзници - производители и увозници на алкохол и алкохолни пијалоци и тутунски добра. Покрај тоа се наруши и принципот на плаќање на акцизата за овие добра (единствено преку бандеролите), затоа што се бара и дополнително плаќање на истата, како доплата на акциза содржана во затекнатите залихи. Имено со одредбите на член 36-а од Законот за акцизите (кој се однесува на производителите и увозниците на меѓупроизводи и етил алкохол и нивните овластени дистрибу-
78
тери) и член 42-г од истиот Закон (кој се однесува на производителите и увозниците на тутунски добра и нивните овластени дистрибутери), во случај на зголемување на акцизата на наведените акцизни добра, производителот и увозникот се задолжуваат да ја пресметаат зголемената акциза на вкупната затечена залиха кај себе и кај дистрибутерите на денот на почетокот на примена на истата и да достават барање (до царинската Управа) за доплата на акцизата заедно со направената пресметка и записници, доколку акцизата на денот на извршениот попис е поголема од платената акциза за подигнатите контролни марки. Според нас, ваквиот метод на прибирање на дополнителна акциза за добра за кои веќе е платена акцизата преку бандеролите и кои со тоа понатаму веќе не ни претставуваат акцизни добра, е решение надвор од европските директиви, но е добро за пополнување на Буџетот. Интересна е и одредбата вклучена во истите членови според која овластениот дистрибутер е должен, во рок од 30 дена, да му ја надомести разликата во акцизата на производителот и увозникот на меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, за кај него затекнатата залиха на наведените акцизни добра, на денот на пописот.
kontakt@proagens.com.mk
www.proagens.mk