7
ЈУЛИ 2 0 1 7
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: БОЛЕДУВАЊЕ 1) ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ
5
СМЕТКОВОДСТВО 2) ТРЕТМАН НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ПРИ НИВНИТЕ ПРЕНАМЕНУВАЊА
23
МСФИ/МСС И ДАНОЦИ 3) КОРИСТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ (ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ОТПРЕМНИНИ ЗА ПЕНЗИЈА, ИСПРАТНИНИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК) - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
34
ВОЛОНТЕРСТВО 4) ПРАВО НА ВОЛОНТЕРОТ НА НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ И ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОВРЕДА НА РАБОТА
46
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА 5) ПРЕСМЕТКА НА ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА
53
БОЛЕДУВАЊЕ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ
С
огласно со членот 112 на Законот за работните односи - ЗРО, 1 на работниците им припаѓаат надоместоци на плата што паѓаат на товар на работодавачот за: - годишен одмор, - платен вонреден одмор, - дообразување согласно со потребите на работодавачот, - празници определени со закон, - слободни денови од работа, - случаи кога работникот не работи поради причини на страна на работодавачот и - боледување или повреди. Пресметаните надоместоци на плата имаат еднаков даночен третман, како и пресметаните плати.
1. РЕГУЛАТИВА ВО ВРСКА СО НАДОМЕСТОКОТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ Во рамките на задолжителното здравствено осигурување, на осигурениците во рабо1
2
3
тен однос (вработени лица) им се обезбедува право на паричен надоместок (право на надоместок на плата за боледување) за време на: - привремена спреченост за работа поради болест и повреда и - отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Горенаведеното право на надоместок на плата на осигурениците и начинот на негово остварување е регулирано со членовите 13 - 23 на Законот за здравствено осигурување - ЗЗО. 2 Содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица на Фондот за здравствено осигурување на Македонија поблиску се уредени со Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување (во натамошниот текст: Правилник за здравствено осигурување), 3 подзаконски акт донесен од страна на Фондот за здравствено осигурување, согласно со ЗЗО.
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, испр. 66/06, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, испр.-149/09, преч. текст - 16/10, 50/10, 52/10, 124/10, преч.текст - 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, преч. текст - 52/12, 13/13, 25/13, преч. текст - 54/13, 170/13, 187/13, преч. текст - 34/14, 113/14, преч. текст - 145/14, 20/15, 33/15, 72/15, преч. текст - 74/15, 129/15, преч. текст - 167/15 и 27/16 (У. суд - 03/06, 44/06, 65/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16). „Службен весник на РМ“, бр. 25/00, 34/00, 96/00, 50/00, 11/02, 31/03, 84/05, 37/06, 18/07, 36/07, 82/08, 98/08, 6/09, 67/09, 50/10, 156/10, 53/11, 26/12, 65/12-преч. текст, 16/13, 91/13, 187/13, 43/14, 44/14, 97/14, 112/14, 113/14, 188/14, 20/15, 61/15, 98/15, 129/15, 150/15, 154/15, 192/15, 211/15, 217/15, 27/16, 37/16, 120/16 и 142/16 (Уст. суд: 104/00, 30/01, 48/01, 109/06, 88/07, 106/07, 45/09, 14/10 и 166/11). „Службен весник на РМ“, бр. 64/15, 96/15, 125/15, 191/15 и 187/16.
ИНФОРМАТОР 7 I ЈУЛИ 2017
5
СМЕТКОВОДСТВО
4 Др. Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ТРЕТМАН НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ПРИ НИВНИТЕ ПРЕНАМЕНУВАЊА
ВОВЕД
С
тандардна процедура во сметководственото евидентирање на недвижностите е тие да се класифицираат според нивната намена и така почетно да се евидентираат согласно со усвоените меѓународни сметководствени стандарди. По почетното класифицирање, кога недвижностите ќе ја променат својата почетно утврдена намена, потребно да се утврди дали новата намена е регулирана со истиот стандард од МСФИ кој веќе се применува за неа или станува збор за пренамена која бара следење според друг стандард во рамките на МСФИ. Секое друштво исто така, треба да определи, во зависност од природата на неговото работење, дали недвижностите треба да ги презентира во тековните или нетековните средства, како одделни класификации во рамките на билансот на состојба. При тоа се применува одредбата на МСС 1 точка 66, според која, недвижноста треба да се класифицира како тековно средство кога: а) се очекува да биде реализирано, или се чува за продажба или за употреба, во рамките на нормалниот оперативен циклус на друштвото (тоа е времето меѓу стекнувањето на средствата за обработка и нивна реализација во пари или во парични еквиваленти) или б) се чува главно за цели на тргување и в) се очекува средството (недвижноста) да биде реализирано во текот на два-
ИНФОРМАТОР 7 I ЈУЛИ 2017
наесет месеци по периодот на известување. Меѓутоа, од разни деловни причини, трговските друштва и други стопански субјекти се одлучуваат за пренамена на еднаш веќе наменски класифицираните недвижнини. Така на пример, стопанствениците се одлучуваат своите недвижности користени во дејноста, да ги пренаменат за изнајмување или продажба. Често пати, недвижностите кои се изградени за цели на продажба, а продажбата не е извесна, се даваат за изнајмување. Од друга страна, се јавуваат и случаи - средства набавени и евидентирани како вложувања во недвижности за наем или за зголемување на капиталот (од група 02 на Сметковниот план), или пак, недвижности кои се чуваат за продажба (од група 67) или претставуваат залиха (на група 63), да се пренаменат во материјални средства (градежни објекти и земјишта) во функција на дејноста (од групата 01).
1. КНИЖЕЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ СПОРЕД ПРВИЧНАТА НАМЕНА Вообичаено е за трговските друштва, со самата набавка на недвижностите, да се одреди и нивната намена. На тој начин ќе се изврши и нивно правилно евидентирање од аспект на усвоените меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ) и други прописи со кои се уредува сметководствениот и даночниот третман на недвижностите.
kontakt@proagens.com.mk
23
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
КОРИСТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ (ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ОТПРЕМНИНИ ЗА ПЕНЗИЈА, ИСПРАТНИНИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК) - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
Р
аботниците имаат право, а соодветно на тоа, работодавачите имаат обврска за исплата на плата за пружената услуга од страна на работниците, по основ на договорот за вработување, како и на надоместоци на трошоци и други примања од работен однос, согласно со Законот за работни односи, други закони и општите и грански колективни договори за приватен и јавен сектор. Јубилејната награда, отпремнината за заминување во пензија и испратнината по основ на „технолошки вишок“ се само еден дел од надоместоците на кои работниците имаат право по основ на работен однос. Трошоците на персоналот претставуваат значителен дел на вкупните тековни трошоци на било кое друштво, поради што е посебно важен нивниот сметководствен и даночен третман. метководствениот третман на краткорочС ните примања на вработените, како што се плати и надомести на плата за отсуства и боледувања, и на долгорочните резервирања кои се однесуваат на трошоците на отпремнини за пензија и јубилејни награди, е регулиран со МСС 19 - Користи за вработените (за големи и средни субјекти) и Одделот 28 - Користи за вработените на МСФИ за МСЕ (за мали и микро субјекти). Двата стандарди се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11), како единствен сметководствен пропис што задолжително го применуваат субјектите од приватниот сектор. Примената на МСС 19 и Одделот
34
28 е застапена во деловната пракса на поголемите компании, а во останатите, согласно со барањата на споменатите стандарди истата е во пораст, поради што претставува тема на разработка во овој текст. Користите за вработените, според МСС 19 (одделот 28), вклучуваат: а) краткорочни користи за вработени, како што се плати, надомести и придонеси за социјално осигурување, платени годишни одмори и платени отсуства поради боледување, учество во добивката и бонуси (доколку треба да се платат во рамките на дванаесет месеци од крајот на периодот) и немонетарни користи (како што е медицинска грижа, домување, автомобил и бесплатни или субвенционирани добра или услуги) за постојните вработени, б) користи по престанок на работниот однос, како што се пензии, други пензиски користи, животно осигурување по престанок на работниот однос и медицинска грижа по престанок на работниот однос, в) други долгорочни користи за вработените, вклучувајќи отсуства по долгогодишна служба или отсуство по определен број на години, јубилејни награди или други користи за долгогодишна служба, користи заради долгорочна инвалидност и, доколку не се плативи целосно во текот на дванаесет месеци после крајот на периодот, учества во добивка, бонуси и одложени примања. г) отпремнини.
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
ПРАВО НА ВОЛОНТЕРОТ НА НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ И ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОВРЕДА НА РАБОТА
Општо за волонтерството
В
о светот, волонтерската работа е важен фактор во речиси сите сегменти од живеење - од секојдневието па до промовирањето на општествено важни позитивни промени. Во својатата суштина, волонтирањето е непрофитна, неплатена и некариерска активност, преку која поединецот врз доброволна основа во различни сфери на живеење придонесува за подобрувањето на животот на своите блиски, групи, заедници и општеството воопшто. Во работењето, волонтерот го ангажира своето слободно време, знаењето, искустото и енергијата а за возврат добива можност да научи нови работи, да запознае луѓе со слични интереси, да експериментира, да го проширува своето знаење и да се усовршува преку различни видови на неформална едукација: работни кампови, работилници, уметнички колонии, разновидни проекти и слично. На волонтерите, во најголем број случаи, не им се потребни посебни вештини. Доволен им е позитивен став, желба за учење, малку креативност и нужна флексибилност. Во своето залагање, тие се мотивирани од најразлични цели. Заедничко им е тоа што работат со задоволство верувајќи во мисијата што ја исполнуваат. Во светот, волонтерскиот труд е исклучително признат, вреднуван и баран па дури е и многу значајна а понекогаш и задолжителна препорака за понатамошно школување и вработување. 46
Волонтерите за својата работа не примаат плата. Затоа, различно од вработувањето, волонтирањето не е начин да се обезбеди егзистенција и да се заработат пари, туку е начин волонтерот да го збогати искуството и знаењето кои понатаму може да ги искористи за свој личен и професионален развој. Но, волонтерството не треба да се разбере ниту како евтина работна сила, односно волонтерите не се работна сила којашто може да се експлоатира, што негативно влијае врз мотивираноста за ваков вид на ангажирање. Резултатите од странските истражувања покажуваат дека она што би помогнало и што би придонело кон развојот и унапредувањето на волонерството е покривање на трошоците за превоз, храна и сместување на волонтерите и нивната социјална заштита. Во таа насока се прават напори низ законски решенија да се обезбедат овие нужни услови за развојот на волонтерството. Голем број на невработеното население кај нас претставува значаен, потенцијален волонтерски капацитет, кој преку разни форми на волонтерско ангажирање, може да работи на своето едуцирање и остручување а со тоа и на подобрување на можноста за свое вработување. POLUGODI[NA PRETPLATA 2017 - INFORMATOR - E-DODATOK - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
8.500 denari
www.proagens.mk
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРЕСМЕТКА НА ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА
1. СТРУКТУРА НА ПЛАТА
П
1.1. Основна плата
равото на заработувачка - плата на работникот и нејзината структура се пропишани со одредбите на членовите 105 и 106 на Законот за работни односи - ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05 ... и 27/16).
Основната плата, како фиксен загарантиран дел, се определува земајќи ги предвид барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место), за кое работникот го склучил договорот за вработување.
Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. Плаќањето на работата по договорот за вработување мора да биде секогаш во парична форма. При исплатата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го обврзува работодавачот.
Основната плата, според работното место, се утврдува така што износот на најниската плата (пресметковна вредност за единица коефициент) се множи со коефициентот на сложеност на работното место на кое работникот работи согласно со договорот за вработување.
огласно со член 107 на ЗРО, платата на С работникот за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена според закон и колективен договор. Платата, ако со друг закон не е поинаку определено, е составена од следните елементи: - основна плата (фиксен загарантиран дел), - дел од платата за работна успешност (награда, како стимулативен, варијабилен дел) и - додатоци (пропишани за посебни услови при работа).
kontakt@proagens.com.mk
ИНФОРМАТОР 7 I ЈУЛИ 2017
Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон. Најниската плата (пресметковна вредност за единица коефициент) за најниска група на сложеност ја утврдуваат и објавуваат потписниците на колективен договор на ниво на гранка односно оддел, најмалку еднаш годишно, односно по секое усогласување. При утврдување на најниската плата (пресметковна вредност за единица коефициент) за најниска група на сложеност се поаѓа особено од: трошоците на живот; економските можности; општото ниво на платите на гранка односно оддел; нивото на продуктивноста, економичноста и рентабилноста; социјалните давања и други економски и социјални фактори. Пресметковната вредност за единица коефициент за најниска група на сложеност се усогласува со кумулативното движење на трошоците на живот во однос на декември од 53