2015
INFORMATOR
www.proagens.mk
8
AVGUST
2015
Izdava~:
2015
Agencija za ekonomsko-pravna poddr{ka i procena PRO AGENS Glaven i odgovoren urednik: M-r Pavle G A C O V Dizajn i grafi~ko ureduvawe: Agencija PRO AGENS
Lektor: M-r Kiril ANGELOV Adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4
Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na Tutunska banka-Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. “PRO AGENS” e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печатница: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 840 броја Copyright 2015, Про Агенс
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 06.08.2015 g.
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
8 S O D R @ I N A: ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС 1) НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР („К-15“)
5
БОЛЕДУВАЊЕ 2) ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ
12
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК 3) КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ ОД ПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, УДЕЛИ И НЕДВИЖЕН ИМОТ - ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ВО СИЛА ОД 17 ЈУЛИ 2015 ГОДИНА
35
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА 4) ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
41
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ 5) ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
58
ИНФОРМАЦИЈА 6) НАМАЛЕНИ ГЛОБИ ЗА ПРЕКРШОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ СО РЕТРОАКТИВНА ПРИМЕНА ОД 01.02.2015 ГОДИНА
www.proagens.mk
70
ПРАВО ОД РАБОТЕН ОДНОС
Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk
НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР („К-15“)
1. ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ НА ОДРЕДБИТЕ ЗА РЕГРЕС НА ГОДИШЕН ОДМОР
Т
екстот ќе го започнеме со актуелните интегрални одредби за регресот за годишен одмор од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството 1 (во натамошниот текст: ОКДПС), систематизирани во член 35 став 1 алинеја 7, а потоа ќе се осврнеме на еволутивниот пристап на договорните партнери (Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите на Македонија) по однос на ова право на работникот, кој се случува во распон од една ипол година. си:
Членот 35 став 1 алинеја 7 од ОКДПС, гла„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов ра-
ботникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата. (189/13, во сила од 1 јануари 2014 г.) Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско - финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со син-
„Службен весник на РМ“, бр. 88/09; Усогласување на Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија („Сл. весник на РМ“, бр. 60/10 од 30.04. 2010 г.); У. суд - 94/10 и 50/12; Спогодба за продолжување на важноста на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник на РМ“, бр. 81/12 од 28.06.2012 г.); Усогласување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - пречистен текст („Сл. весник на РМ“, бр. 81/12 од 28.06.2012 г.); Пречистен текст - („Сл. весник на РМ“, бр. 150/12 од 29. 11.2012 г.), Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник на РМ“, бр. 189/13 од 31.12.2013 г.); Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник на РМ“, бр. 119/15 од 14.07.2015 г.). Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“, бр. 119/15 од 14.07.2015 година), важноста на овој КД се продолжува за период од две години сметано од денот на објавувањето на спогодбата: 14.07.2015
1
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
5
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
дикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. (119/15, во сила од 14.07.2015 г.) Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. (119/15, во сила од 14.07.2015 г.) Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.
6
2. СПОГОДБА ОД 01.01.2014 ГОДИНА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН РЕГРЕС СО ЈАСНО УТВРДЕН МИНИМАЛЕН ИЗНОС Период од 01.01.2014 до 13.07.2015 година во однос на исплата на регрес за годишен одмор За прв пат, со измената на ОКДПС во примена од 01.01.2014 година (Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - „Службен весник на РМ“, бр. 189 од 31.12.2013 година), се утврди не само правото туку и минималниот износ на регресот за годишен одмор задолжителен за сите субјекти од приватниот сектор опфатени со ОКДПС, освен за оние за кои важат повисоки износи на регресот врз база на склучени клективни договари на ниво на гранка/ оддел/дејност/работодавач. Притоа во членот 35 став 1 алинеја 7 од во ОКДПС се утврдени следните правила за исплата на регресот за годишен одмор: - м инимален задолжителен износ на регресот е 40% од основицата (просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци)
www.p
- с е исплатува под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, - с е исплатува еднаш во текот на годината, - и зносот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата и - с о колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со ОКДПС. Според надените правила, минималниот износ кој мора да се исплати како регрес за годишен одмор изнесува 40% од тримесечна нето плата исплатена во РМ како основица за утврдување на трошоци од работен однос согласно со членот 35 став 2 од ОКДПС. Со оглед дека износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесување на Одлуката за исплата, ќе има мали отстапувања во висината на истиот зависно од месецот во кој одлуката за исплата ќе се донесе.
3. НАЈНОВАТА СПОГОДБА ОД 14.07.2015 ГОДИНА СО РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ НА ИЗНОСОТ НА РЕГРЕСОТ • Обврската за исплата на регрес про-
должува со 14.07.2015 година
Само една ипол година по воведување на регресот за годишен одмор како задолжителен надоместок којшто им се исплатува на вработените во приватниот сектор со минимален износ од 40% од просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци, на 14.07.2015 година следуваше нова измена на ОКДПС (Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - „Службен весник на РМ“, бр. 119 од 14.07.2015 година) токму во одредбите за регресот од членот 35 став 1 алинеја 7. Во овој дел се внесоа уште две одредби со кои задолжителниот минимален износ на регресот станува нездолжителен за работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето.
roagens.mk
ПРАВО ОД РАБОТЕН ОДНОС
Попрецизно, се предвидува можност да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од 40% од просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци, доколку се исполнети следните услови: 1) да се работи за работодавачи кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско - финансиска состојба, 2) да е извршена задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел за можното намалување на износот на регресот и 3) со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација да е утврден регрес за годишен одмор во помал износ од 40% од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци. Алтернативно решение: Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Новите решенија во однос на регресот ја потврдуваат обврската за исплата на истиот и не го менуваат задолжителниот минимален износ, но го релативизираат условувајќи го со финансиската состојба на работодавачот и спогодбата склучена со претставниците на работниците. • Можни дилеми во пракса Веќе на прв поглед решенијата од 14.07.2015 година наметнуваат дилеми, бидејќи имаат дескриптивен пристап токму во однос на најважниот услов за намалување на износот на регресот под 40%: постоење на потешкотии во работењето на работодавачот, ценејќи ја неговата економско - финансиска состојба. Недостасуваат прецизни критериуми и параметри за евалуирање на економско - финансиската состојба на работодавачот која ќе биде оправдување пред работникот (и инспекторот?) за намалување на регресот, особено од аспект на дефинирање на следното: INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
- К акви аргументи, факти, документација треба да се земаат како основа за оценување на потешкотите во работењето на работодавачот? - А ко се земат предвид финансиските извештаи (билансот на успехот) како соодветен документ, тогаш какви позиции треба во него да се изразени за да го убедат синдикалецот или претставникот на работниците дека работодавачот нема друг излез, освен да го намали износот на регресот? - Ќ е му треба ли на синдикалецот експерт по финансии за да му ја потврди влошената финансиската состојба на работодавачот како основа за потпишување на спогодба за намалување на регресот или ќе му верува на збор на работодавачот? - Д али работодавачот кој искажал загуба, сепак мора да исплати регрес дури и најминимален, со оглед дека новите решенија за регресот не ја укинуваат обврската за исплата, туку само даваат можност за намалување? - Д али спогодбата за намалување како двостран акт на волја ќе биде доволен документ кој ќе го „амнестира“ работодавачот пред инспекторот на труд за намалениот износ на регрес (доколку инспекторот воопшто се занимава со ова прашање), без обврска да направи увид во документите со кои се докажуваат потешкотите на работењето? - Ќ е отвори ли спогодбата врата за злоупотреба на нејзината функција во односниот случај, ќе се претвори ли во средство за условување на работниците, .... и уште многу други прашања и потпрашања. Ќе беше многу поетички и кон работниците и кон работодавачите договорните партнери сосема да го избришаа регресот од ОКДПС, и како право и како износ, со негово сведување на право кое се утврдува со пониски колективни договири (на ниво на дејност/оддел, работодавач) како што се направи со новогодишниот надоместок со Спо-
7
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
годбата од 2014 година, отколку да иницираат селективен пристап и нерамноправна положба на работодавачите и на вработените во приватниот сектор, а сето тоа низ призма на диспозитив-но (спогодбено) уредување на прашањето за висината на регрес, по принцип: „... работниците се согласни
регресот да изнесува 1 денар, поради тешката финансиска состојба ....“. Во контекст на кажаното, информациите за економско финансиската состојба на работодавачот може да се добијат од Централниот регистар на РМ, со поднесување на Барање за издавање на информации од регистарот на годишни сметки.
Прилог: Барање за давање информации од регистар на годишни сметки ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА www.crm.com.mk СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ТТК БАНКА ТУТУНСКА БАНКА УНИ БАНКА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА ШПАРКАСЕ БАНКА
*Пополнува Централниот регистар РРК/РК:________________ Број: __________________ Датум: ________________
500000000564373 200000810380672 290100000070565 210055498500119 240010001589325 320100002836960 250001000400008
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД РЕГИСТАР НА ГОДИШНИ СМЕТКИ 1. ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО
8
Име и Презиме: Телефон за контакт: 2. ПОДАТОЦИ ЗА СУБЈЕКТОТ ЗА КОЈ СЕ БАРА ПОТВРДА/ИНФОРМАЦИЈА ЕМБС:
Назив:
Според годишна/и сметка/и за:
годинa
3. ПОМОШНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ЕМБС Трансакциска сметка:
ЕДБ:
4. ПОТВРДИ/ИНФОРМАЦИИ
□ □ □ □ □ □ □ □ □ □
1. Информација за економско финансиската состојба на субјектот Документ потребен по други основи (кредит, лизинг, работна дозвола, виза, информација за деловен партнер и др.) - текстуална форма - 1751.00 денари 2. Листинг од обработена годишна сметка (бил. на состојба и бил. на успех) - 699.00 денари 3. Листинг од обработена годишна сметка и готовински текови - 875.00 денари 4. Листинг од обработена годишна сметка и готовински текови на англиски јазик 1049.00 денари 5. Скратен исказ од годишни сметки - 254.00 денари 6. Скратен исказ од годишни сметки со оценка за работењето на субјектот - 350.00 денари 7. Анализа на паричен тек и промени на капиталот - 489.00 денари 8. Оценка на ликвидност со мислење - 349.00 денари 9. Информација за структура на приходи по дејности - СПД - 509.00 денари 10. Друго _____________________________________________________________________
Подносител:
Подигнал:
(име и презиме и потпис)
(име и презиме, датум и потпис)
__________________
_______________________
________________________________________________________________________________________________________ Овој образец е објавен на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија, http://www.crm.com.mk
www.p
roagens.mk
ПРАВО ОД РАБОТЕН ОДНОС
4. ОСТАНАТИ ПРАВИЛА НА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР • Регресот се исплатува еднаш во текот на годината Како да се разбере одредбата дека К-15 се исплатува еднаш во текот на годината, дали со истата се анулира можност за исплата на повеќе делови во текот на годината или значи нешто друго. Исправното толкување би одело во насока дека во една календарска година може да се исплати еден регрес, а ратите на исплата би зависеле од можностите на работодавачот, што би требало подетално да се дефинира во одлуката за исплата. Имено, инспирација за ваквата одредба договорните партнери на ОКДПС очигледно ја добиле од членот 9 на Законот за исплата на платите во РМ кој се однесува на субјектите од јавниот сектор, според кој регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата.
• Годишно вреднување на условот за исплата на регрес Условот дека работникот треба да работи најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, за да му се исплати К-15, благо кажано е апсурден. Ако ЗРО условот од 6 месеци непрекината работа кај исти работодавач го врзува само за прво вработување заради стекнување со цел одмор од минимум 20 работни дена, тогаш од каде произлезе „генијалната“ идеја на договорачите на „поголеми права“, право на регрес секоја година да го условуваат со шест месеци работа кај ист работодавач, без оглед на претходниот стаж. Произлегува дека регресот не може да се исплати пред 1 јули. Што ако работникот замине од фирмата пред 1 јули, а претходно го искористил одморот за тековната година? Дали поради заминување, го губи правото на регрес, чија генеза е всушност во правото на годишен одмор?! Условот е толку апсурден, што би требало целосно да се занемари. Работодавачите кои сакат и имаат можност да го исплатат пред 1 јули, не прават никакво прекршување на член 35 став 1 алинеја 7 од
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
ОКДПС, бидејќи условувањето на исплатата во наведена смисла е во интерес на оние работодавачи кои калкулираат со бројот на вработени при исплатата.
• Правена основа за исплата на регрес Во однос на правната основа на регресот за годишен одмор во приватниот сектор, нема промени, односно и понатаму овој надомесок постои само во колективните договори и не е дел од нормативниот концепт на ЗРО. Но овој факт нема влијание во врска со прашањето за задолжителната исплата на регресот, со оглед на членот 1 став 2 од ЗРО во кој стои дека работниот однос се уредува со овој (ЗРО) и со друг закон, КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР и договорот за вработување, што влече корени од Уставот на РМ според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ (член 32 став 5 од Уставот на РМ). Понатаму, во членот 12 став 4, ЗРО утврдува дека правата од работен однос утврдени со Уставот, закон и КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР не можат да се одземаат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот. Во приватниот сектор во поголемиот дел од важечките колективни договори на ниво на гранка/оддел/дејност, висината на регресот за годишен одмор главно е утврдена на ниво на просечната месечна плата во РМ исплатена во последните 3 месеци (тримесечен просек на нето плата). Во некои, пак, регресот е утврден во понизок износ од износот утврден со ОКДПС (40% од просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци) така што потписниците, како и субјектите што пристапиле или ќе пристапат кон овие колективни договори, регресот ќе го исплатуваат согласно со ОКДПС, со оглед на правилото дека со колективен договор на ниво на гранка, оддел, односно на ниво на работодавач, може да се утврдаат само поголеми права на работниците од оние утврдени со закон или со ОКДПС (член 3 од ОКДПС). Значи, ОКДПС ги содржи минималните обврски за работода-
9
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вачите, кои понатаму можат се прошируваат со пониските колективни договори (гранка/оддел/работодавач) типувани само за одредена група на деловни субјекти. Во однос на регресот, ова посебно е нагласено во самата одредба од членот 35 став 1 точка 7 од ОКДПС која утврдува дека со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
5. РЕЛАТИВНО ПРАВО НА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР
10
Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (понатаму: ОКДЈС, почнувајќи од 5 мај 2010 година, задолжително и непосредно се применува врз органите на државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица кои вршат дејност од јавен интерес (член 204 став 2 од ЗРО во врска со член 48 од Законот за изменување и дополнување на ЗРО - 130/09). Овој колективен договор, различно од ОКДПС, не предвидува право на регрес за годишен одмор кај трошоците поврзани со работењето (член 49). За вработените од јавниот сектор (буџетските корисници и единките корисници во нивен состав) како и за вработените во сите п равни лица во кои државниот капи-
www.p
тал учествува со минимум 49%, регресот за годишен одмор, во поглед на висината и можноста за исплата е пропишан со Законот за исплата на платите во РМ - ЗИП („Службен весник на РМ“, бр. 70/94, ... и 139/14). Според членот 9 на ЗИП, работодавачот може да врши исплата на регрес за годишен одмор најмногу до 60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ објавена до денот на исплатата. Во истиот член е предвидено она што веќе го кажавме кај приватниот сектор а тоа дека регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а доколку се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата. ЗИП, според тоа, создава можност, но не и обврска за работодавачите од јавниот сектор за исплатат на регрес за годишен одмор.
6. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР Даночен третман на регресот за годишен одмор останува непроменет: при исплатата се пресметува, задржува и плаќа персонален данок на доход од 10%, односно 11,1111% ако се пресметува од износот што се исплатува (нето примање). Регресот за годишен одмор е признаен даночен расход во Даночниот биланс во висина на 40% од просечната месечна бруто плата во РМ. Во продолжение презентираме преглед на висината на регресот за годишен одмор за 2015 година.
roagens.mk
ПРАВО ОД РАБОТЕН ОДНОС
Регрес за годишен одмор - 2015 Период на важење
ПРИВАТЕН СЕКТОР ПРИВАТЕН СЕКТОР (ОКДПС.) (некои грански договори) 40% од просечната месечна нето плата во РМ исплатена во последните три месеци 8.561 8.611 8.762 8.776 8.709 8.577 8.567
01.01-27.01.2015 28.01-25.02.2015 26.02-26.03.2015 27.03-27.04.2015 28.04-26.05.2015 27.05-25.06.2015 26.06-27.07.2015
Една просечна месечна нето плата во РМ исплатена во последните три месеци 21.403 21.527 21.904 21.940 21.772 21.443 21.418
ЈАВЕН СЕКТОР
Признат расход согласно со ЗДД 1
60% од просечната месечна нето плата по работник во РМ
40% од просечната месечна бруто плата во РМ
13.030 12.953 13.444 13.097 12.662 12.841 13.048
12.739 12.658 13.096 12.820 12.450 12.582 12.776
!
НАЈНОВО
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО
РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров
740
страни
3.150 денари
тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk
1
Се работи за бруто износ во кој е содржан и персоналниот данок на доход.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
11
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk
ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ
С
огласно со членот 112 на Законот за работните односи - ЗРО, 1 на работниците им припаѓаат надоместоци на плата што паѓаат на товар на работодавачот за: - годишен одмор,
- п ривремена спреченост за работа поради болест и повреда и
- платен вонреден одмор, - д ообразување согласно со потребите на работодавачот,
12
тен однос (вработени лица) им се обезбедува право на паричен надоместок (право на надоместок на плата за боледување) за време на:
- празници определени со закон, - слободни денови од работа, - с лучаи кога работникот не работи поради причини на страна на работодавачот и - б оледување или повреди (до 30 дена). Пресметаните надоместоци на плата имаат еднаков даночен третман како и пресметаните плати.
1. Р ЕГУЛАТИВА ВО ВРСКА СО НАДОМЕСТОКОТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ Во рамките на задолжителното здравствено осигурување, на осигурениците во рабо-
- о тсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Горенаведеното право на надоместок на плата на осигурениците и начинот на негово остварување е регулирано со членовите 13 - 23 на Законот за здравствено осигурување - ЗЗО. 2 Содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица на Фондот за здравствено осигурување на Македонија поблиску се уредени со Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување (во натамошниот текст: Правилник за здравствено осигурување), 3 подзаконски акт донесен од страна на Фондот за здравствено осигурување, согласно со ЗЗО.
1
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, испр. 66/06, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, испр.-149/09, преч. текст - 16/10, 50/10, 52/10, 124/10, преч.текст - 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, преч. текст - 52/12, 13/13, 25/13, преч. текст - 54/13, 170/13, 187/13, преч. текст - 34/14, 113/14, преч. текст - 145/14, 20/15, 33/15, 72/15 и преч. текст - 74/15; У. суд - 03/06, 44/06, 65/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10 и 106/14.
2
„Службен весник на РМ“, бр. 25/00, 34/00, 96/00, 50/00, 11/02, 31/03, 84/05, 37/06, 18/07, 36/07, 82/08, 98/08, 6/09, 67/09, 50/10, 156/10, 53/11, 26/12, 65/12-преч. текст, 16/13, 91/13, 187/13, 43/14, 44/14, 97/14, 112/14, 113/14, 188/14, 20/15, 61/15 и 98/15 (Уст. суд: 104/00, 30/01, 48/01, 109/06, 88/07, 106/07, 45/09, 14/10 и 166/11).
3
„Службен весник на РМ“, бр. 64/15 и 96/15. www.p
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
Во Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување 4 се пропишани ОБРАСЦИТЕ кои се поднесуваат до Фондот за здравствено осигурување - ФЗО, во случај кога надоместокот за боледување го исплатува ФЗО. Остварувањето на надоместокот на плата на работниците поради отсуство од работа по основ на боледување (болест, повреда, нега, бременост/мајчинство) е регулиран и со Законот за работни односи - ЗРО. Начинот на пресметување на придонесите од плата и надоместоци на плата (по основ на боледување) е уреден согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, 5 за што прикажуваме примери на пресметка и сметководствена евиденција во продолжение.
2. ОСИГУРЕНИЦИ КОИ МОЖЕ ДА ОСТВАРАТ НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА БОЛЕДУВАЊЕ Согласно со членовите 13 и 14 на ЗЗО, право на надоместок на плата: а) за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда и б) за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство може да остварат работниците (осигурениците) наведени во член 5 став 1 точки 1, 2 и 3 на ЗЗО, како што следи: 1) работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје; 2) државјанин на Република Македонија кој на територијата на Република Маке-
донија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор поинаку не е определено; 3) самовработено лице.
3. СЛУЧАИ ВО КОИ СЕ ОСТВАРУВА ПРАВОТО ЗА ИСПЛАТА НА БОЛЕДУВАЊЕ а) Според членот 13 на ЗЗО, осигурениците остваруваат право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда во следните случаи: 1) болест и повреда надвор од работа; 2) повреда на работа и професионална болест; 3) лекување и медицинско испитување; 4) негување на болно дете до тригодишна возраст; 5) негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до 30 дена; 6) неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење; 7) неопходно придружување на болно дете до тригодишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена; 8) доброволно давање на крв, ткиво или орган и 9) изолираност заради спречување на зараза.
„Службен весник на РМ“, бр. 133/11; испр. - 144/11, 5/12, 29/12, 79/12, 57/13, 64/13, 88/13, 105/13,
4
119/13, 138/13, 145/13, 165/13, 34/14, 138/14, 141/14, испр. - 142/14, 11/15, 76/15 и 96/15. 5
„Службен весник на РМ“, бр. 142/08, 64/09, 156/09, 166/10, 53/11, 185/11, 44/12, 15/13, 91/13, 170/13, 97/14, 113/14, 180/14, 188/14, Авт. толкување на Собрание на РМ на член 16 став 3 - 8/15, Авт. толкување на Собрание на РМ на член 7 став 1 точка 13 и став 4, член 10 став 1 точка 16 и став 2 и членот 14 став 1 точка 15 - 8/15, 20/15, 48/15 и 75/15 (преч. текст); У. суд - 62/09 и 150/12.
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
13
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Надоместокот на плата во горенаведените случаи припаѓа од првиот ден на спреченоста за работа и трае цело време додека трае спреченоста за работа, а се исплатува за деновите за кои се остварува плата според прописите за работни односи (работни денови и денови на празник). б) Н адоместокот на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство се исплатува за временскиот период утврден со прописите од областа на работните односи.
4. РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛУЧАИТЕ НА БОЛЕДУВАЊЕ СПОРЕД ИСПЛАТУВАЧОТ (РАБОТОДАВАЧ / ФОНД / БУЏЕТ) 4.1.Работодавачот како исплатувач на надоместокот на плата за боледување
14
Членот 112 на ЗРО го уредува правото на надоместување на платата на работникот. поред ЗРО, работодавачот исплаќа надоС месток на платата во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 30 (календарски) дена, а над 30 дена надоместокот се исплаќа на товар на здравственото осигурување (на товар на Фондот за здравствено осигурување - ФЗО). о член 18 став 3 на ЗЗО е предвиден исС клучок од горенаведеното правило, во случај кога привремената спреченост за работа поради повреда на работа настанала како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот. Во ваков случај надоместокот на плата за целиот период на привремената спреченост на работа настаната како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот паѓа на товар на работодавачот, согласно со прописите од областа на работните односи. Истото е уредено и со членот 112 на ЗРО, според кој во ваков случај работодавачот исплаќа надоместок на плата и над 30 дена, www.p
врз основа на записник од органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот. Во записникот од извршениот увид кај работодавачот инспекторот на трудот е должен да наведе дали конкретната повреда е поради непреземање мерки за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот. Примерок од записникот инспекторот на трудот доставува и до Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Исто така, е уредено дека во овој случај, надоместокот на плата за привремените агенциски работници кои со договор за отстапување преку Агенција за привремени вработувања се отстапени кај работодавач корисник, обврската за исплата на надоместокот на плата е на товар на работодавачот корисник. Во случај на отворање на ново боледување во рок од три дена од престанокот на претходното боледување, работодавачот има право да побара од првостепената лекарска комисија да: - го потврди новото боледување или - д а го продолжи прекратеното старо боледување. огласно со член 170 на ЗРО, работникот, кој С користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, отсуство за нега и заштита на дете, има право на надоместок на плата согласно со ЗРО, друг закон (ЗЗО) и колективен договор.
4.2.Фондот за здравствено осигурување како исплатувач н а н а д о местокот на плата за боледување Согласно со член 18 на ЗЗО, Фондот за здравствено осигурување го утврдува и исплатува надоместокот на плата за спреченост за работа над 30 дена, освен во одредени случаи, како што објаснуваме во продолжение. Членот 18 предвидува и исклучок, според кој надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот за здравствено осигурување од првиот ден на привремената спреченост за работа во случај на:
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
- н ега на болно дете до тригодишна возраст, - доброволно давање крв, ткиво или орган, - отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Напомена:
Иако членот 18 став 2 на ЗЗО, за доброволно давање крв, уредува да се плати надоместокот од средствата на Фондот од првиот ден на спреченоста за работа, во ставот 4 на истиот член е пропишано опционо плаќање на надоместокот од страна на работодавачот. Имено, според член 150 став 2 на ЗРО, работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв. Меѓутоа, според член 18 став 4 на ЗЗО, ако доброволниот дарител на крв не остварил надоместок на платата кај работодавачот кај кого е вработен, за отсуство од работа поради доброволно дарување крв, може да бара тоа право да го оствари на товар на средствата на Фондот.
4.3. Од 01.01.2012 година - Буџетот на РМ како исплатувач на надоместокот на плата за боледување (породилно отсуство) Од 01.01.2012 година, Буџетот на РМ целосно (100%) на сопствен товар го исплаќа надоместокот на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.
5. НАДОМЕСТОКОТ НА ПЛАТА - ОСНОВИЦА ЗА ПРИДОНЕСИ Согласно со член 13 точка 4 на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување - Закон за придонеси, обврзник за пресметка и уплата на придонеси, за време на отсуство од работа поради боледување/ породилно е: - работодавачот или Фондот за здравствено осигурување на Македонија,
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
за работникот кој зема надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа, согласно со закон. Основица за пресметка на придонесите, согласно со член 14 став 1 точка 8 на Законот за придонеси, е надоместокот на плата (исплатен во намален износ - во висина на пропишаните проценти, 70% или 90% од основицата /опцијата за исплата на 80% од основицата се применуваше до 31.12.2013 г./, односно надоместокот на плата кој се исплатува во висина на 100% од основицата) за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда и отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за корисникот на паричен надоместок. е се врши доплата на придонеси (како Н што е предвидено во членот 15 став 1 на Законот за придонеси), доколку надоместокот на плата е понизок од најниската основица за пресметка и уплата на придонеси (50% од просечната плата по работник во РМ објавена во јануари во тековната година). Доколку, работникот во месецот остварил и плата и надоместок на плата поради боледување, доплата на придонеси се врши само за остварената плата, доколку тој износ е понизок од соодветниот дел (според часови/денови) на најниската основица (на пример, за 2015 год.: 15.822 денари : 21 работен ден = 753,43 денари за 1 ден х 10 дена ефективна работа = 7.534 денари, најниска основица за придонеси за остварена плата за 10 дена). Од друга страна, согласно со член 16 на Законот за придонеси, највисоката основица за пресметка и уплата на придонеси, и за остварена плата и за надоместок на плата поради боледување, е износот на дванаесет просечни плати по работник во РМ, според објавениот податок за јануари во тековната година (379.728 денари за 2015 година), почнувајќи од март 2015 година (измена на Законот за придонеси-48/15), додека за јануари и февруари 2015 година беше укината највисоката основица, која до 31.12.2014 година изнесуваше шест просечни плати по работник во РМ.
15
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
6. НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА НА ТОВАР НА РАБОТОДАВАЧОТ - ДО 30 ДЕНА 6.1. Основица на надоместок на пла-
та на товар на работодавачот
Работодавачот е должен да му исплати на работникот надомест на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи. поред член 112 став 8 на ЗРО, на работниС кот му припаѓа надоместок на платата во висина од неговата просечна плата од последните 12 месеци. Оваа одредба е непрецизна, затоа што истата фактички ја пропишува основицата за утврдување на надоместокот на плата. Самиот надоместок се пресметува и се исплаќа во намален износ пресметан од основицата на која се применува еден од процентите пропишани со колективен договор (70% или 90%).
16
околку работникот во тој период од 12 Д месеци не примал плата (на пример, во тој период примал надомест на плата поради користење годишен одмор или отсуство поради боледување), му припаѓа надомест во висина на најниската плата, поточно при утврдувањето на основицата на надоместокот за тој период, наместо неговата плата се користи податокот за најниска плата. Се разбира, можно е, работодавачот наместо најниската плата, во пресметувањето на 12 месечниот просек да ја вклучи вредноста на надоместокот на плата што се прима за време на годишниот одмор, односно боледувањето. Во случај работникот да не бил на работа во текот на 12 месеци кај работодавачот (на пример: бил во работен однос само пет месеци кај тој работодавач), основицата за надоместокот на плата се утврдува од остварената плата во тие (пет) месеци колку што работел.
6
6.2. Надоместок на плата во висина
на најниска плата
За прв пат, во Република Македонија се утврди минималната (најниска) плата на државно ниво со Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 11/12, 30/14, 100/14-преч. текст, 180/14 и 81/15), кој почна да се применува со исплатата на јануарската плата за 2012 година. Минималната нето плата за 2015 година изнесува 9.590 денари, за најнизок коефициент на сложеност на работно место (1,00). За гранките 13, 14 и 15 (производство на текстил, облека и кожа), минималната нето плата за 2015 година изнесува 8.050 денари.
6 .3. Пресметување на надоместок на плата согласно со Општите колективни договори Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавачот, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата (член 17 на ЗЗО). О д 1.1.2014 година, со измената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - ОКДС, 6 објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 189/13, членот 31 регулира дека за време на времена неспособност за работа, работникот има право на надомест на плата во следните износи (процент од основицата утврдена со закон), зависно од времетраењето на неспособноста за работа:
kontakt@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ“, бр. 88/09, 60/10, 84/10, 81/12-преч. текст; 150/12-преч. текст, 189/13, 115/14-преч. текст и 119/15; У. суд - 94/10 и 50/12. www.p
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
Времетраење на неспособност за работа (календарски денови) Боледување од 1 до 15 дена Боледување од 1 до 30 дена, кога боледувањето трае подолго од 15 дена Боледување над 30 дена
Процент (%) од основицата, во чија висина се исплатува надоместокот на плата 70% од основицата 90% од основицата, за сите денови, почнувајќи од првиот ден на боледувањето 90% од основицата, во случаи утврдени со закон кога боледувањето над 30 дена го плаќа работодавачот
Со ова се напушти стариот режим на исплата на надоместокот за боледување на товар на работодавачот (до 31.12.2013 година), кој вклучуваше постепено зголемување на процентите според следната скала: 70% од основицата за боледување до 7 дена; 80% од основицата за боледување до 15 дена, почнувајќи од првиот ден на боледувањето и 90% од основицата за боледување до 30 дена, почнувајќи од првиот ден на боледувањето.
Основицата на надоместокот на плата е различно регулирана и претставува „просечна исплатена нето плата на работникот во претходните три месеци“ (без вклучување на додатокот за плата за прекувремена работа), а доколку во тој период работникот не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата утврдена на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач.
По исклучок, висината на надоместокот на плата изнесува 100% од основицата во следните случаи:
6.4. Пресметување на надоместокот
- п овреда на работа или професионална болест (на товар на работодавачот до 30 дена), - д авање крв, ткиво или орган (на товар на Фондот од 1-от ден) и - о тсуство поради бременост, раѓање и мајчинство (на товар на Фондот од 1-от ден, а од 2012 година целосно на товар на Буџетот на РМ). Напомена:
Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ, кој не е изменет од 2009 година, во член 20, ги уредува следните проценти: 70% (до 7 дена), 80% (до 15 дена), 90% (до 21 ден), 100% од основицата за надомест на плата поради професионални заболувања и повреди на работа, давање на крв и за други случаи утврдени со закон, соодветно на времетраењето (и видот) на неспособноста за работа. 7
на плата з а боледување на товар на работодавачот
П ресметување на персонален данок на доход по основ на надоместок на плата за боледување Согласно со член 14-а став 1 точка 6 на Законот за персоналниот данок на доход ЗПДД, 7 надоместокот за време на боледување претставува лично примање од работен однос како предмет на оданочување со персоналниот данок на доход. Даночна основа, за пресметка на персоналниот данок на доход претставува: - остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, намалени за придонесите и личното ослободување за месецот за којшто се врши исплатата. Доколку работникот во месецот остварил и плата и надоместок на плата по боледување,
„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14 и 116/15 (У. суд-31/96, 40/96 и 2/99).
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
17
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
месечното лично ослободување се дели на соодветни делови, односно се дели со бројот на деновите (работни денови и денови на празник), за кои би следувала целосна плата (или се дели според часови), а потоа се распределува на дел што се однесува на платата и на дел што се однесува на деновите поминати на боледување.
Пример на распределба на месечно лично ослободување Остварена плата за 17 работни дена и боледување (6 работни дена) О П И С
Број на работни денови (и денови на празник) во ХХ.2015 година Месечно лично ослободување за 2015 година (во денари) Лично ослободување по ден (во денари): 7.320 : 23 Дел од личното ослободување кој се однесува на делот за плата (17 работни дена х 318,26) Дел од личното ослободување кој се однесува на делот за боледување (6 работни дена х 318,26)
Вредности 23 7.320 318,26 5.410 1.910
ополнување на МПИН апликацијата во случај П на надоместок за боледување на товар на работодавач
18
Во случај на боледување кое е на товар на работодавачот (до 30 календарски дена), во МПИН апликацијата, покрај соодветните полиња за податоците за плата (доколку работникот остварил и плата и надоместок за боледување во истиот месец) се пополнуваат следните полиња: 3.8 (Часови на надоместок) во ова поле се пополнуваат часовите за кои се пресметува надоместок на плата поради боледување; 3.9 (Вид на надоместок) во ова поле се пополнува шифрата за вид на надоместок на плата што го исплатува работодавачот, така што во случај на боледување се впишуваат следните шифри: • 125 - надоместок за боледување - 70%; • 126 - надоместок за боледување - 80% (до 31.12.2013 година); • 127 - надоместок за боледување - 90%; • 128 - надоместок за боледување - 100% (повреда на работа, професионална болест и др.); 3.10 (Износ на надоместок) во ова поле се пополнува пресметаниот нето износ на надоместокот на плата по основ на боледување (според часовите за кои се пресметува надоместокот, врз основа на законски пропишаната основица - просек од 12 последни плати на работникот). Во полето 3.14 (Плата во вкупен износ) се внесува бруто платата, како основица за пресметка на социјалните придонеси (27%), која го содржи износот на основната нето плата (од поле 3.7. - Износ на ефективна работа), социјалните придонеси (збир на сите придонеси од полињата 3.15 - 3.45) и персоналниот данок (од поле 3.46). Во случај на боледување на товар на работодавачот, износот во полето 3.14 претставува бруто основица за пресметка на придонесите и соодветно на персоналниот данок (по одбивка на придонесите и личното ослободување), произлезена од збирот на износите на основната нето плата (поле 3.7. - Износ на ефективна работа) и нето надоместокот за боледување (поле 3.10 - Износ на надоместок). www.p
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
Соодветно на ова, полето 3.13 (Нето плата) и полето 3.31 (Ефективна нето плата - доколку нема задршки од плата) содржат еднакви износи, како збир на нето платата и нето надоместокот за боледување, кои ќе се исплатат на работникот.
ример на пресметка на боледување на товар П на работодавачот и сметководствена евиденција Работник бил на боледување 6 (календарски) дена, од кои 4 дена се работни денови. Бруто платата на работникот изнесува 35.000 денари. Месец април 2015 година има 22 работни денови - 176 часови. Часови на боледување (4 работни дена) Часови на ефективна работа (18 работни дена) Вкупно работни часови за месец април 2015 г.
32 144 176
Бруто платата на работникот во последните 12 месеци изнесува: Март 2015 Февруари 2015 година Јануари 2015 година Декември 2014 година Ноември 2014 година Октомври 2014 година Септември 2014 година Август 2014 година (претпоставка: употребен износот на надоместот на плата за годишен одмор на работникот) Јули 2014 година Јуни 2014 година Мај 2014 година Април 2014 година Вкупно: Просечна бруто плата за последните 12 месеци - основица за надоместок на плата
35.000 33.000 32.000 31.000 31.000 30.000 30.000 26.370
30.000 30.000 35.000 34.000 377.370 : 12 31.448
Според горенаведените податоци, основица за пресметка на надоместокот на плата за боледување е износот 31.448 денари. Самиот надоместок се исплатува во висина на 70% од основицата, поради траењето на боледувањето во период од 6 календарски дена (од кои само 4 се работни дена, за кои работникот би бил платен ако би бил на работа). Напоменуваме дека во праксата, најчесто, надоместокот на плата се утврдува во висина на претходната месечна плата на работникот. Ваквата можност е легитимна ако со неа не се намалува основицата за пресметување на надоместокот (на штета на работникот).
Пресметка на надоместок за боледување за 4 работни дена (32 часа)
Пресметка на бруто надоместок за боледување: ОПИС Вредности Просечна бруто плата на работникот за последните 12 месеци 31.448 - основица за пресметување на надоместок на плата (во денари) Вкупен број на работни часови во април 2015 година 176
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
19
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Бруто вредност на еден работен час (во денари): 31.448 : 176 Основица за пресметување на надоместокот за боледување за делот од 32 часа / 4 дена (во денари): 178,68 х 32 Бруто надомест за боледување за 32 часа / 4 дена (во денари): 5.718 х 70%
Бруто надомест за боледување за 32 часа / 4 дена (во денари) Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто надоместокот за боледување (во денари): 4.003 х 27% Лично ослободување за 32 часа (во денари): 7.320 : 176 х 32 Даночна основа (во денари): 4.003 - 1.081 = 2.922 - 1.331 Персонален данок на доход (во денари): 1.591 х 10% Нето надомест за боледување (во денари): 4.003 (бруто надомест) - 1.081 (вк. придонеси) - 159 (ПДД)
Пресметка на плата за 18 работни дена (144 часа ефективна работа)
Пресметка на бруто плата за 18 р. дена: О П И С
Бруто плата за месец април 2015 година согласно со Договорот за вработување Вкупен број на работни часови во април 2015 година Бруто плата на работникот за еден час (во денари): 35.000 : 176 Број на работни часови на ефективна работа Бруто плата за ефективна работа во април 2015 година (144 часа / 18 работни денови) (во денари): 198,86 х 144
Вредности 4.003 1.081 1.331 1.591 159 2.763
Вредности 35.000 176 198,86 144 28.636
Пресметка на нето плата за 18 р. дена: О П И С
4.003
Пресметка на нето надоместок за боледување: О П И С
20
178,68 5.718
Бруто плата за ефективна работа во април 2015 година (144 часа / 18 работни денови) (во денари) Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто плата за 144 часа (во денари): 28.636 х 27% Лично ослободување за 144 часа (во денари): 7.320 : 176 х 144 Даночна основа (во денари): 28.636 - 7.732 = 20.904 - 5.989 Персонален данок на доход (во денари): 14.915 х 10% Нето плата за ефективна работа во април 2015 година 28.636 (бруто плата) - 7.732 (вк. придонеси) - 1.492 (ПДД)
Вредности 28.636 7.732 5.989 14.915 1.492 19.412
Пресметка на придонеси и персонален данок за месец април 2015 год. О П И С Вкупно бруто примање од работен однос на работникот за април 2015 година (176 работни часа) (во денари):
Бруто надомест за боледување (4.003) + Бруто плата (28.636) Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто примањата од работен однос (во денари): 32.639 х 27%; 1.081 + 7.732
www.p
roagens.mk
Вредности 32.639
8.813
БОЛЕДУВАЊЕ
Лично ослободување (во денари) Даночна основа (во денари): 32.639 - 8.813 = 23.826 - 7.320 Персонален данок на доход (во денари): 16.506 х 10%; 159 + 1.492 Нето примања од работен однос за април 2015 година 32.639 (бруто вк. примања) - 8.813 (вк. придонеси) - 1.651 (ПДД)
7.320 16.506 1.651 22.175
Пополнување на соодветните полиња на МПИН 3.6. 3.7. Ефективна Износ на ефективработа (часови) на работа 144 19.412
3.8. Часови на надоместок 32
3.9. 3.10. Вид Износ на на надоместок надоместок 125 2.763
3.14. Плата во вкупен износ
3.15. Придонес за ПИО (18%)
32.639
5.875
3.40. Придонес за здравство (7,3%) 2.383
3.42. Допол. придонес за здравство (0,5%) 163
3.44. Придонес за вработување (1,2%)
3.46. Персонален данок (10%)
3.13. Нето плата
3.31. Ефективна нето плата (после задршки)
392
1.651
22.175
22.175
Книжење: СМЕТКА должи побарува 4210 4212 24000 23400 23420 23440
ОПИС
ИЗНОС должи побарува 28.636 4.003 19.412 1.492 5.155 2.090
Вкалкулирани бруто плати Пресметани бруто надомести на плата Обврски за нето плати Обврски за персонален данок на плата Обврски за придонес за ПИО Обврски за придонес за здравствено осигурување Обврски за придонес за дополнително 23450 здравствено осигурување 23460 Обврски за придонес за вработување 24040 Надомест на плата - нето износ Обврски за персонален данок на надоместоци 23410 на плата 23421 Обврски за придонес за ПИО за боледување Обврски за придонес за здравствено осигурување 23441 за боледување Обврски за придонес за дополнително 23451 здравствено осигурување за боледување Обврски за придонес за вработување за 23461 боледување - месечна пресметка на плата и надоместок за боледување за месец април 2015 год. 24000 19.412 Обврски за нето плати 1.492 23400 Обврски за персонален данок на плата 23420 5.155 Обврски за придонес за ПИО 23440 2.090 Обврски за придонес за здравствено осигурување
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
143 344 2.763 159 721 292 20 48
21
Pr fesionalna Edukacija
23450 23460 24040 23410 23421 23441 23451 23461 1000
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Обврски за придонес за дополнително здравствено осигурување Обврски за придонес за вработување Надомест на плата - нето износ Обврски за персонален данок на надоместоци на плата Обврски за придонес за ПИО за боледување Обврски за придонес за здравствено осигурување за боледување Обврски за придонес за дополнително здравствено осигурување за боледување Обврски за придонес за вработување за боледување Парични средства на трансакциска сметка во банка
143 344 2.763 159 721 292 20 48 32.639
- извод бр.
7. НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА НА ТОВАР НА ФОНДОТ
ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
7.1. Услови за остварување на правото на надоместок на плата по основ
на боледување на товар на ФЗО
22
Согласно со членот 15 на ЗЗО, осигурениците можат да остварат право на надоместок на плата по основ на боледување (на товар на Фондот за здравствено осигурување), ако ги исполнуваат кумулативно следниве услови: 1) ако здравственото осигурување (по основ на работен однос) траело НЕПРЕКИНАТО најмалку шест месеци пред настапување на случајот (овој услов не важи за случаите на повреда на работа и професионално заболување). Напомена:
За исполнување на овој услов, не е важно дали имало промена на работодавач во текот на тие шест месеци, туку важно е да нема прекин во здравственото осигурување. Овде е пропишан исклучок, за кој не важи непрекинатото осигурување од шест месеци: осигуреникот од членот 5 став 1 точки 1, 2 и 3 од ЗЗО, чиј брачен другар бил упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипло-
www.p
матски и конзуларни претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите на работодавачот и по тој основ му мирува работниот однос, доколку во рок од 30 дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство се врати на работа кај работодавачот кај кој му мирува работниот однос. 2) придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задоцнување од најмногу 60 дена и 3) оцената за привремена спреченост за работа ја дал избраниот лекар, односно лекарската комисија. По исклучок од првиот услов за непрекинато здравствено осигурување од шест месеци, на осигуреникот на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство, придонесот за здравствено осигурување се плаќа преку програма на Министерството за здравство и за периодот во кој му мирува работниот однос заради неплатено родителско отсуство, се смета
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
дека нема прекин во остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување. Ова се однесува на работничките, кои по завршување на породилното отсуство, имаат право на неплатено родителско отсуство до 3 месеци, според измените на ЗРО (187/13, во сила од 7.1.2014 година) - повеќе во точката 7.5. на овој текст. Според измената на ЗЗО (44/14), во примена од 13.3.2014 година до 12.3.2016 година (2 години), по исклучок од вториот услов за редовно плаќање на придонесот за здравство, осигуреникот до 29 годишна возраст, за кој со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е предвидено ослободување од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување, остварува надоместок на плата без уплата на придонесот за задолжително осигурување за периодот за кој е ослободен од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување. Исто така, исклучок од вториот услов за редовно плаќање на придонесот за здравство, е пропишан со измената на ЗЗО (61/15), во сила од 25.4.2015 година, за осигурениците за кои со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност е предвидено ослободување од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување, така што тие остваруваат надоместок на плата без уплата на придонесот за задолжително осигурување за периодот за кој се ослободени од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување и тоа: - осигуреници на возраст до 35 години, - о сигуреници на возраст од 35 години до 50 години, - осигуреници на возраст над 50 години, - о сигуреници кои се родители на три или повеќе деца, самохран родител и член на еднородителско семејство, приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Закон за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно со Закон за пензиското и инвалидското осигурување, професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно Законот за служба во Армијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот корисници на посебен додаток, - о сигуреници на возраст над 58 години и - с амовработени лица од горенаведените категории.
7.2. Оцена за спреченост за работа
Оцена за привремената спреченост за работа, на осигуреникот (работникот), му дава: - за првите 15 дена боледување:
збраниот лекар од примарната здрави ствена заштита,
- над 16 дена (вклучувајќи го и 16-тиот ден) боледување:
првостепената лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување по предлог на избраниот лекар.
Осигуреникот е должен оцената за привремена спреченост за работа издадена од избраниот лекар од примарната здравствена заштита, односно од првостепената лекарска комисија на Фондот по предлог на избраниот лекар, да ја достави на работодавачот, односно Фондот, во рок од осум дена од истекот на секој од горенаведените рокови, а во спротивно осигуреникот е должен да се јави на работа. Избраниот лекар од примарната здравствена заштита, односно лекарските комисии, должината на траењето на спреченоста за работа ја утврдуваат во зависност од видот на болеста, повредата или потребата за нега на болен член од потесното семејство. Доколку осигурениот не е задоволен од оцената на лекарот, односно лекарската комисија, може да поднесе приговор до првос-
23
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
тепената лекарска, односно до второстепената лекарска комисија. Напомена:
Работодавачот, односно Фондот, во зависност од тоа кој врши исплата на надоместокот на плата, може да поднесе барање за преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа до првостепената, односно второстепената лекарска комисија.
24
Работодавачот може да формира медицинска комисија која е овластена да изврши преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа со медицински преглед на осигуреникот и проверка на документацијата за периодот кога надоместокот на плата го исплатува работодавачот, при што трошоците кои ќе настанат околу формирањето, работата и потребниот дополнителен медицински преглед паѓаат на товар на работодавачот. Министерот за здравство формира комисија за контрола на работата на избраните лекари од првостепената, односно второстепената лекарска комисија во областа на оцената на привремена спреченост за работа и медицинската комисија формирана од работодавачот, која е овластена да изврши и преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа со медицински преглед на осигуреникот и проверка на документацијата. 7.3. Основица на надоместок на пла-
та на товар на Фондот за здравствено осигурување
Основицата за пресметување на надоместокот на плата е просечниот месечен износ на исплатената (бруто) плата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување во последните ДВАНАЕСЕТ месеци пред настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. За осигурениците - самовработени лица, основица за пресметување на надоместок на плата претставува основицата на која е платен придонесот за задолжителното здравствено осигурување. www.p
Ако за осигуреникот не може да се утврди основица за надоместокот, основицата за надоместокот ќе се утврди од платата што ја остварил за деновите поминати на работа во периодот пред настанување на случајот. На пример, работникот е во работен однос само 3 месеци и се случи повреда при работа - кога не е важен условот за непрекинато здравствено осигурување од 6 месеци, поради која е привремено спречен за работа над 30 дена, така што боледувањето паѓа на товар на Фондот. Во ваков случај, Фондот ќе ја пресмета основицата на надоместокот врз основа на платата што работникот ја остварил во периодот од 3 месеци пред настанување на случајот-повреда. 7.4.Висина на надоместокот на пла-
та на товар на Фондот за здравствено осигурување
Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот на плата (член 17 на ЗЗО). ЗЗО пропишува исклучок од горенаведеното општо правило, според кој висината на надоместокот на плата изнесува 100% од основицата за време на привремена спреченост за работа поради: - повреда на работа или професионална болест (на товар на Фондот над 30 дена), - давање крв, ткиво или орган (на товар на Фондот од 1-от ден), - бременост, раѓање и мајчинство (на товар на Фондот од 1-от ден, а од 2012 година на товар на Буџетот на РМ). Но, членот 17 став 3 на ЗЗО пропишува горен лимит во висината на надоместокот на плата поради привремена спреченост за работа по сите основи. Според оваа законска одредба, висината на надоместокот на плата не може да биде повисока од износот на: - четири просечни месечни плати исплатени во Републиката во претходната година.
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
7.5. Надоместок на плата поради бре-
меност, раѓање и родителство на товар на ФЗО од 1-от ден
З РО (членови 165 - 171) го регулира отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеци непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) 15 месеци. Истото правило за платено отсуство важи и за работничка која посвојува дете, до наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или повеќе) отсуството трае 15 месеци. Работничката која посвојува дете има право на платено отсуство за времетраењето на периодот на адаптацијата на детето, согласно со прописите за семејството. Напомена:
Доколку отсуството од работа за родителство не го користи работничката, правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на детето. Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање. Доколку работничката се породи порано од овој рок, отсуството за бременост и раѓање започнува да го користи од денот на раѓање на детето до истекот на рокот од девет месеци (15 месеци). Да напоменеме дека во праксата Фондот за здравство прифаќа породилно отсуство, кое е започнато со денот на раѓање (отворено боледување со тој датум од матичниот гинеколог), наспроти задолжителната законска обврска истото да се започне 28 дена пред раѓање. Ваквата постапка нема законски основ, меѓутоа непречено се спроведува последниве неколку години. Исто така, во праксата ФЗО исплатува надоместок за породилно отсуство во траење од
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
270 дена, а не девет месеци како што е пропишано во ЗРО. Работничка која користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓање на детето. Во ваков случај, покрај правото на плата, работничката има право и на 50% од надоместот на плата за отсуство поради бременост и родителство, на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување. Напомена:
Работничката, која го дои детето, и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза, се до наполнета една година возраст на детето. Според членот 170-а на ЗРО, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето. Доколку за време на користење на ова право работничката забремени, не го губи правото на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство. Иако на работничката и мирува работниот однос (работодавачот ја одјавува и нема обврски кон неа), сепак придонесот за здравствено осигурување се плаќа преку програма на Министерството за здравство и се смета дека нема прекин во остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување согласно со членот 15 на ЗЗО. Работникот на кој му престанал договорот за вработување на определено време поради истек на договорот и користи надоместок на плата за време на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, согласно со членот 170 на ЗРО, продолжува да го корис-
25
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ти правото до истекот на отсуството на товар на органот надлежен за спроведување на задолжителното здравствено осигурување.
7.6. Пресметка на надоместокот на плата за боледување на товар на ФЗО ополнување на МПИН апликацијата во П случај на надоместок за боледување на товар на ФЗО Во случај на боледување кое е на товар на Фондот за здравствено осигурување - ФЗО (над 30 календарски дена или во пропишаните случаи од 1-от ден), работодавачот и понатаму ги пополнува податоците за лицето кое е отсутно поради боледување во МПИН апликацијата (се додека лицето е во работен однос кај работодавачот, пријавено со М1/М2).
26
• 129 - надоместок за боледување што го исплатува ФЗО - (50% породилно отсуство) и 100% плата од работодавач; 3.24 (Часови за кои плаќа надлежен орган) во ова поле се пополнува бројот на часовите за кои надлежниот орган ја превзема обврската за плаќање на придонесите; 3.25(Основица за пресметка на придонес кој го плаќа надлежен орган на джавната управа) в о ова поле се пополнува пресметаниот просек на бруто платата на работникот од последните ДВАНАЕСЕТ месеци пред настанување на случајот. Напомена:
Доколку лицето работело во одреден дел на месецот, а исто така, било отсутно поради боледување, работодавачот ќе ги пополни соодветните полиња и за плата и за надоместок на плата на сопствен товар (полиња 3.8 - 3.10), односно за надоместок на плата на товар на државен орган (полиња 3.23 - 3.25).
Доколку, работничката се врати порано на работното место, пред истекот на породилното отсуство, работодавачот ги пополнува полињата за целосно остварена плата во соодветните полиња за пресметка на платата, како и полињата 3.23 - 3.25, внесувајќи ја шифрата 129 во полето 3.23.
З начи, во случај на боледување кое е на товар на Фондот за здравствено осигурување - ФЗО, работодавачот ги пополнува следните полиња во МПИН апликацијата:
Клиентскиот софтвер (МПИН апликацијата), соодветно на внесените шифри во полињата 3.23 - 3.25, автоматски дава налог за плаќање на износот на надоместокот на плата (придонесите/данокот) на товар на средствата на ФЗО, а не на товар на средствата на работодавачот, кој ги плаќа (со збирниот налог ПП 53) само износите на пресметана плата (и придонеси/ данок) и надоместок на плата на негов товар (полиња 3.8-3.10).
3.23 (Ознака на надлежен орган на државна управа обврзник за пресметка и уплата) во ова поле се пополнува соодветната шифра за надлежниот државен орган кој ја презема обврската за пресметка и уплата на придонеси за работникот. За боледува-ње на товар на ФЗО, се пополнуваат следните шифри: • 140 - надоместок за боледување што го исплатува ФЗО во висина од 70% до 100%; • 128 - надоместок за боледување што го исплатува ФЗО во висина од 100% (породилно отсуство, повреда на работа, профес. болест и др.);
www.p
ример на пресметка П на боледување на товар на ФЗО (породилно отсуство) Работничка користи породилно отсуство, кое започнува од 15.4.2015 година. Бруто платата на работничката изнесува 35.000 денари. Месец април 2015 година има 22 работни денови - 176 часови. Просечната бруто плата на работничката во последните 12 месеци како основица за
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
пресметка на надоместокот на плата за породилно отсуство изнесува 31.448 денари (се разбира, ФЗО го утврдува овој износ и ја врши пресметката и уплатата на придонеси/данок). Самиот надоместок се исплатува во висина на 100% од основицата.
Пресметка на месечен надоместок за породилно отсуство
П ресметка на бруто надоместок: ОПИС Бруто надоместок за породилно отсуство (во денари): 100% од основицата - 12 последни бруто плати
Вредност 31.448
Пресметка на нето надоместок: ОПИС
Бруто надомест за породилно отсуство (во денари) Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто надоместокот (во денари): 31.448 х 27% Лично ослободување (во денари) Даночна основа (во денари): 31.448 - 8.491 = 22.957 - 7.320 Персонален данок на доход (во денари): 15.637 х 10% Нето надомест за породилно отсуство (во денари): 31.448 (бруто надомест) - 8.491 (вк. придонеси) - 1.564 (ПДД)
Вредности 31.448 8.491 7.320 15.637 1.564 21.393
Пресметка на надоместок за 12 работни дена (96 часа) во април 2015 г.:
Пресметка на бруто надоместок за породилно отсуство:
27
ОПИС Вредности Бруто основица за пресметка на надоместокот 31.448 за породилно отсуство (во денари) за цел месец Вкупен број на работни часови во април 2015 година 176 Бруто вредност на еден работен час (во денари): 31.448 : 176 178,68 Бруто основица за пресметување на надоместокот за породилно 17.153 отсуство за делот од 96 часа / 12 дена (во денари): 178,68 х 96 Бруто надоместок за породилно отсуство за делот од 96 часа 17.153 / 12 дена (во денари) - (100% од основицата: 17.153)
Пресметка на нето надоместок за породилно отсуство: ОПИС
Бруто надомест за породилно отсуство за 96 часа / 12 дена (во денари) Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто надоместокот за породилно отсуство (во денари): 17.153 х 27% Лично ослободување за 96 часа (во денари): 7.320 : 176 х 96 Даночна основа (во денари): 17.153 - 4.631 = 12.522 - 3.993 Персонален данок на доход (во денари): 8.529 х 10% Нето надомест за породилно отсуство (во денари): 17.153 (бруто надомест) - 4.631 (вк. придонеси) - 853 (ПДД)
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
Вредности 17.153 4.631 3.993 8.529 853 11.669
02/ 3162-979 i 3298-763
Pr fesionalna Edukacija
ресметка на плата за 10 работни дена заклучно со 14.4.2015 г. П (80 часа ефективна работа):
Пресметка на бруто плата за 10 р. дена: О П И С
28
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Бруто плата за месец април 2015 година согласно Договорот за вработување Вкупен број на работни часови во април 2015 година Бруто плата на работникот за еден час (во денари): 35.000 : 176 Број на работни часови на ефективна работа Бруто плата за ефективна работа во април 2015 година (80 часа / 10 работни денови) (во денари): 198,86 х 80
Вредности 35.000 176 198,86 80 15.909
Пресметка на нето плата за 10 р. дена: О П И С
Бруто плата за ефективна работа во април 2015 година (80 часа / 10 работни денови) (во денари) Вкупен износ на придонеси пресметани на бруто плата за 80 часа (во денари): 15.909 х 27% Лично ослободување за 80 часа (во денари): 7.320 : 176 х 80 Даночна основа (во денари): 15.909 - 4.295 = 11.614 - 3.327 Персонален данок на доход (во денари): 8.287 х 10% Нето плата за ефективна работа во април 2015 година 15.909 (бруто плата) - 4.295 (вк. придонеси) - 829 (ПДД)
Вредности 15.909 4.295 3.327 8.287 829 10.785
Пополнување на соодветните полиња на МПИН 3.6. Ефективна работа (часови)
3.7. Износ на ефективна работа
3.23. Ознака на надлежен орган на држ. управа
80
10.785
128
3.14. Плата во вкупен износ
3.15. Придонес за ПИО (18%)
15.909
2.863
3.40. Придонес за здравство (7,3%) 1.161
3.24. 3.25. Часови за Основица за прекои плаќа на- сметка на придонес длежен орган кој го плаќа надлежен орган 96 31.448
3.42. 3.44. 3.46. Допол. Придонес Персопридонес за врабо- нален за здравтување данок ство (1,2%) (10%) (0,5%) 80 191 829
3.13. Нето плата
3.31. Ефективна нето плата (после задршки)
10.785
10.785
Се спроведува книжење само на износот на платата на работничката (за 10 работни дена во април 2015 година), со оглед на тоа што само платата е на товар на средствата на работодавачот, а надоместокот е на товар на ФЗО од првиот ден на отсуство од работа.
www.p
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
Книжење: СМЕТКА Должи побарува 4210 2400 2340 2342 2344
ОПИС
Вкалкулирани бруто плати Обврски за нето плати Обврски за персонален данок на плата Обврски за придонес за ПИО Обврски за придонес за здравствено осигурување Обврски за придонес за дополнително 2345 здравствено осигурување 2346 Обврски за придонес за вработување - месечна пресметка на плата за месец април 2014 год. 2400 Обврски за нето плати 2340 Обврски за персонален данок на плата 2342 Обврски за придонес за ПИО 2344 Обврски за придонес за здравствено осигурување Обврски за придонес за дополнително 2345 здравствено осигурување 2346 Обврски за придонес за вработување Парични средства на трансакциска сметка 1000 во банка - извод бр.
ИЗНОС должи побарува 15.909 10.785 829 2.863 1.161 80 191 10.785 829 2.863 1.161 80 191 15.909
Во продолжение ги прикажуваме новите обрасци: - Н1 - Барање за надоместок на плата поради болест/нега, - Н2 - Барање за надоместок на плата поради бременост и раѓање, - Н3 - Барање за надоместок на плата поради повреда на работа / професинална болест, - Н4 - Барање за надоместок на плата поради бременост и раѓање во висина од 50% од утврдениот надоместок поради враќање на работа, - Н5 - Барање за надоместок на плата поради отсуство од работа за родителство н а татко то / посвоителот на детето, кои се пропишани со измената на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 76/15, во сила од 11.5.2015 година, а се поставени на веб страната на Фондот за здравствено осигурување (fzo.org.mk).
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
29
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
30
www.p
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
31
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
32
www.p
roagens.mk
БОЛЕДУВАЊЕ
33
INFORMATOR 6 I JUNI 2015
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
34
www.p
roagens.mk
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
Ирена НИКОЛОВСКА (Dano~en sovetnik) i_nikolovska@proagens.com.mk
КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ ОД ПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, УДЕЛИ И НЕДВИЖЕН ИМОТ - ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ВО СИЛА ОД 17 ЈУЛИ 2015 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 116 од 9 јули 2015 година се објавени последните измени и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД, 1 кои всушност се однесуваат само на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на недвижен имот, а кои влегуваат во сила на 17 јули 2015 година (осмиот ден од денот на објавување). Начинот на оданочување на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и учество во капиталот (удели) продолжува да биде законски уреден на истиот начин како и досега. Напомена:
Според сегашните одредби на ЗПДД т.е. според членот 4 од Законот за изменување и дополнување на ЗПДД (166/12), оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НЕМА ДА СЕ ПРИМЕНУВА од 1 јануари 2013 година до 31 декември 2015 година. Според ова доколку повторно не се измени ЗПДД, од 1.1.2016 година започнуваат да се применуваат одредбите (член 50, 51, 51-а, 52 и 52-а), кои го регулираат оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, односно ќе започне нивното оданочување. 1
Новините во однос на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на НЕДВИЖЕН ИМОТ се следни: - п рецизирано е утврдувањето на продажната цена при продажба на недвижен имот (измена на член 50 став 5), - п рецизирано е утврдувањето на набавната цена при продажба на недвижен имот кој обврзникот сам го изградил (измена на член 50 став 7), - п роменета е даночната основа за пресметка на персонален данок за остварена капитална добивка при продажба на недвижен имот, со пропишан услов за нејзино намалување за 30% (измена на член 52), - п ропишани се повеќе основи при кои не се врши оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на недвижен имот (измена на член 53). о продолжение пишуваме генерално за В начинот на оданочување со персонален данок на доход на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, удели и недвижен имот, со посебен акцент на најновите законски измени кои влегоа во сила од 17 јули 2015 година.
kontakt@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14 и 116/15 (У. суд-31/96, 40/96 и 2/99).
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
35
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ЕФИНИЦИЈА НА КАПИТАЛНА ДОБИВКА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, Д УДЕЛИ И НЕДВИЖЕН ИМОТ Согласно со опфатот дефиниран во рамки на членовите од 50 до 53 на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД, физичкото лице-граѓанин може да декларира приход по основ на капитални добивки остварени од продажба на: - хартии од вредност, - учество во капиталот (удел) на одредено друштво и - недвижен имот.
36
Согласно со членот 50 од ЗПДД, под капитална добивка се подразбира приходот што обврзникот го остварува од продажба на хартии од вредност, учеството во капиталот на (уделот во) определено друштво и од продажба на недвижен имот, остварен како разлика меѓу продажната цена на хартиите од вредност, уделот или недвижниот имот и нивната/неговата набавна (куповна) цена. Доколку оваа разлика е негативна се остварува капитална загуба. Во продолжение ги дефинираме елементите кои ја формираат капиталната добивка / загуба (продажната и набавната цена).
Продажна цена на хартии од вредност, удели и недвижен имот Со измената на ставот 4 на членот 50 на ЗПДД, начинот на утврдување на продажната цена се утврди на истиот начин, но само за продажбата на хартиите од вредност и уделите, додека недвижниот имот е изземен од оваа законска одредба. Така, продажната цена при продажба на хартии од вредност и удел е договорената цена, односно цената која УЈП ќе ја утврди, ако оцени дека договорената цена е пониска од пазарната. Претходната одредба истото го уредуваше и за недвижниот имот, меѓутоа сега тоа е сторено со допрецизирање на ставот 5 на членот 50 на ЗПДД, според кој:
www.p
како продажна цена при продажба на недвижен имот се смета договорената цена, а доколку органот за јавни приходи оцени дека договорената цена е пониска од пазарната, како продажна цена се смета пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од страна на единицата на локалната самоуправа и градот Скопје според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот („Службен весник на РМ, бр. 54/12, 17/13, 21/13 и 142/14), без данокот на промет на недвижности. Данокот на промет на недвижности и претходно не беше вклучен во утврдувањето на пазарната цена на недвижниот имот.
Набавна цена на хартии од вредност, удели и недвижен имот Набавна (куповна) цена на хартиите од вредност, уделите или недвижниот имот е цената по која обврзникот-физичко лице ги набавил/стекнал хартиите од вредност, уделот или недвижниот имот. Со измена на ставот 7 на член 50 на ЗПДД, прецизирано е утврдувањето на набавната цена на недвижниот имот, кој обврзникот сам го изградил, за која претходно беше регулирано дека се смета пазарната цена според која се утврдува основата на данокот на имот. поред изменетата законска одредба, при С продажба на недвижен имот кој обврзникот сам го изградил, за набавна цена се смета: - ц ената на чинење на недвижноста која обврзникот документирано ќе ја докаже, врз основа на трошоците направени за изградбата на недвижноста, - д околку истата не може да се докаже, за набавна цена ќе се смета цената на чинење (градежна цена) на ист или сличен недвижен имот во периодот на изградбата на подрачјето на кое се наоѓа недвижниот имот,
roagens.mk
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
- доколку во тоа подрачје нема таков недвижен имот во тој случај за набавна цена ќе се смета цената на чинење (градежна цена) на ист или сличен недвижен имот во периодот на изградбата, која ќе се утврдува како просечна цена за територијата на Република Македонија. Во членот 50 ставови 8 и 9 на Законот за ПДД е прецизирано што се подразбира под набавна (куповна) цена на хартиите од вредност. З а хартиите од вредност, кои се продадени или купени на берза, како набавна цена се смета цената која обврзникот ќе ја документира како стварно платена или ако тоа не го стори, најниската забележана трансакција во период од една година, која претходи на продажбата на хартијата од вредност. За хартиите од вредност кои не се котираат на берзата, како набавна цена се смета цената која обврзникот ќе ја документира како стварно платена или ако тоа не го стори, нејзината номинална вредност. Важно:
Иако физичките лица, кои купуваат/продаваат хартии од вредност преку брокерските куќи/банки, реално плаќаат цена за купените хартии од вредност (на пример на Берза), во која се вклучени и трансакциските провизии (провизии засметани од брокерот) или наплатуваат цена за продадените хартии од вредност (на пример на Берза) намалена за трансакциските провизии, УЈП од аспект на утврдување на даночната основа за капиталните добивки цените на хартиите од вредност ги калкулира „исчистени“ од трансакциските провизии. Тоа значи дека за целите на утврдувањето на капиталната добивка / загуба, даночниот обврзник како продажна цена ја пријавува цената по која брокерот ги продал хартиите од вредност (акциите), иако брокерот ќе му ги исплати на лицето средствата од продажбата намалени за провизиите. Од друга страна, обврзникот како набавна цена ќе ја пријави (документира) цената која ја платил за хартиите
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
од вредност, без да ги вклучува платените провизии за услугата на брокерот.
ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК ЗА ОСТВАРЕНИ КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ДАНОЧНА СТАПКА бврзник на данокот на доход од капиталО ни добивки е физичкото лице (граѓанин) - резидент или нерезидент кое остварува добивка од продажба на хартии од вредност, удел во друштво или недвижен имот. Даночната стапка на персоналниот данок која се применува на утврдената даночна основа за капитални добивки е 10%.
ДАНОЧНА ОСНОВА ЗА ОСТВАРЕНИ К АПИТАЛНИ ДОБИВКИ Со измената на членот 52 на ЗПДД е извршена промена на даночната основа за пресметка на персоналниот данок по основ на остварена капитална добивка од продажба на недвижен имот, додека за хартиите од вредност и уделите нема промени, односно за нив и понатаму постои даночно олеснување од 30% според старото правило дека капиталната добивка остварена со продажба на хартии од вредност и учество на капиталот се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата. Капиталната загуба остварена со продажба на хартии од вредност (не се однесува на удели) се пребива со капиталните добивки остварени од продажба по сите основи, односно од продажба на хартии од вредност, учество во капиталот (удел) и недвижен имот. Ако и по извршеното пребивање, се појави капитална загуба, вишокот се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години. Според изменетиот член 52 на ЗПДД, капиталната добивка остварена од продажба на недвижен имот се внесува во даночната основа во висина на целиот износ. По исклучок, капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продаж-
37
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
бата, се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата. ако и претходно, при утврдување на осноК вата за пресметување на данокот на капитални добивки од продажба на недвижен имот, покрај добивката се земаат предвид и вредноста на инвестициите и издатоците за инвестиционо одржување, кои учествуваат во формирањето на набавната цена на недвижниот имот (потребни се релевантни докази за направените инвестиции и инвестиционо одржување).
АНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА КАПИД ТАЛНИ ДОБИВКИ ОД ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ Членот 53 на ЗПДД е целосно изменет со што се пропишаа повеќе основи при кои не се врши оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на недвижен имот.
38
ретходно постоеше само едно правиП ло, според кое не се оданочуваше капиталната добивка од недвижен имот кој е продаден по истекот на три години од денот на стекнувањето. Според изменетиот член 53 на ЗПДД, не се врши оданочување на капиталната добивка од продажба на недвижен имот, доколку: - о бврзникот, кој живее најмалку една година во недвижниот имот пред продажбата, го продава по истекот на три години од денот на стекнувањето; - о бврзникот го продава недвижниот имот по истекот на пет години од денот на стекнувањето; - о бврзникот го продава недвижниот имот стекнат по основ на наследување или подарок кој е ослободен од плаќање на данок согласно со одредбите од Законот за даноците на имот (н.з. даночното ослободување за недвижен имот е предвидено за прв наследен ред: на пример, наследство/подарок од родител на дете) и - приходот е остварен од продажба извршена меѓу брачните другари, како и www.p
од страна на брачните другари, извршена на трето лице во случај кога продадениот недвижен имот е во непосредна поврзаност со развод на бракот.
ОБВРСКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ И РОК ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОКОТ Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на Аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход на капиталните добивки („Службен весник на РМ“, бр. 55/01, 28/07 и 15/11), ја регулира постапката на пријавување на капиталните добивки остварени од физички лица - резиденти и нерезиденти, преку поднесување на Аконтативна даночна пријава на образецот „ПДД-АДП/ КД“ до Управата за јавни приходи (УЈП). Физичкото лице - резидент, согласно со членот 71, членот 73 став 2 точка 2 на Законот за ПДД и горенаведениот Правилник, треба да ја поднесе даночната пријава во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот од капитална добивка до УЈП на чија територија обврзникот има живеалиште. Физичкото лице - нерезидент, согласно со членот 74 на Законот за ПДД, во истиот рок, треба да ја поднесе даночната пријава до надлежната УЈП на чија територија ги остварува приходите. Обврзникот до УЈП поднесува аконтативна даночна пријава и кога остварил капитална загуба од хартии од вредност. За остварената капитална загуба, УЈП не пресметува персонален данок и не доставува решение на граѓанинот. Пријавувањето на капиталната загуба од продажба на хартии од вредност ќе овозможи да се изврши пребивање на загубата со капиталните добивки што ќе бидат остварени во иднина. Управата за јавни приходи (УЈП), согласно со членовите 82 и 90 на Законот за ПДД, врз основа на податоците од поднесената даночна пријава (ПДД-АДП/КД), ќе ја утврди аконтацијата на данокот на доход со Решение за утврдување на данокот по основ на капитал-
roagens.mk
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
ни добивки најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на даночната пријава. контациите на данокот за капитални доА бивки се плаќаат по стапка од 10%. Р. бр. Сметка 1.
840-01520
2.
840-01557
3.
840-01541
бврзникот треба да го плати данокот О утврден со Решението на УЈП во рок од 30 дена од денот на утврдувањето на обврската, со платниот инструмент (Образец ПП-50), на следната уплатна сметка:
НАЗИВ НА УПЛАТНА СМЕТКА Данок на доход на приходи од капитални добивки од продажба на хартии од вредност Данок на доход на приходи од капитални добивки од учество во капиталот (удел) Данок на доход на приходи од капитални добивки од продажба на недвижности
О бврзникот - резидент, покрај поднесувањето на Аконтативна/и даночна/и пријава/и (ПДД-АДП/КД), по основ на која/ кои УЈП донела Решение/ја за утврдување на данокот за капитална добивка за продажба на хартии од вредност, удел во друштво или недвижен имот што обврзникот навремено го платил, исто така, согласно со членовите 68 - 73 на Законот за ПДД, е должен да поднесе Годишна даночна пријава (Образец ПДД-ГДП), до надлежната УЈП, според местото на своето живеалиште до 15 март во годината, за претходната година (во која ги остварил добивките), доколку покрај платата/пензијата или приходите од самостојна дејност (или приходи од земјоделска дејност) остварил дополнителни приходи, како што во овој случај е капиталната добивка од продажба на хартии од вредност, удел или недвижен имот.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
Напомена:
Приходно конто 711125 711136 711124
Нерезидентот нема обврска да поднесе Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Утврдениот данок по основ на капитални добивки во Решението на УЈП (по поднесената Аконтативна даночна пријава) претставува конечно утврдена даночна обврска. О бврзникот во Образецот ПДД-ГДП ги пријавува сите остварени приходи (кои не се исклучени од обврската за пријавување) на годишно ниво по разни основи, како и платените аконтации на данокот по истите (вклучувајќи ги и платените аконтации на персоналниот данок по основ на капиталните добивки).
39
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРИМЕРИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА КАПИТАЛНА ДОБИВКА И ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД Пример 1 - Капитална добивка остварена од продажба на удел чиј сопственик е физичко лице - граѓанин Физичко лице - сопственик на вкупниот удел во друштво со ограничена одговорност чија запишана вредност во Централниот регистар изнесува 300.000 денари, продава 50% од својот удел во друштвото на правно лице за цена од 2.500.000 денари. Пресметка: Продажна цена на уделот Набавна цена на уделот (300.000 х 50%) Капитална добивка (2.500.000 - 150.000) Даночна основа (2.350.000 х 70%) Пресметан данок на доход (1.645.000 х 10%) Нето паричен ефект за даночниот обврзник (2.500.000 - 164.500)
40
2.500.000 150.000 2.350.000 1.645.000 164.500 2.335.500
Пример 2 - Капитална добивка од продажба на недвижност чиј сопственик е физичко лице - граѓанин Физичко лице - сопственик на недвижност (деловен простор), која ја поседува пократко од 5 години, ја продава за 7.500.000 денари како цена која одговара на пазарната вредност на имотот според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот. Во цената не е засметан данокот на промет на недвижности. Документираната набавна цена на недвижноста изнесува 3.000.000 денари, а докажаната дополнителна инвестиција во деловниот простор (воведување на парно греење) изнесува 570.000 денари. Пресметка: Продажна цена на недвижноста Набавна цена на недвижноста Дополнителна инвестиција Капитална добивка [7.500.000 - (3.000.000 + 570.000)] Даночна основа (100%) Пресметан данок на доход (3.930.000 х 10%) Нето паричен ефект за даночниот обврзник (7.500.000 - 393.000)
www.p
7.500.000 3.000.000 570.000
3.930.000 3.930.000 393.000
7.107.000
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
Данијела ЈАЌИМОВИЌ (Praven sovetnik) d_jacimovic@proagens.com.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
1. ВОВЕД
З
аконот за обезбедување на побарувањата („Службен весник на РМ“, бр. 87/07 од 12 јули 2007), е дел од нашиот правен систем сметано од 20 јули на 2007 година, кога влезе во сила. Хронолошки гледано, до влегување во сила на Законот за обезбедување на побарувањата (во натамошниот текст: ЗОП), обезбедување на побарувања, надвор од договорната сфера на обезбедување, се вршеше согласно со одредбите од стариот Законот за извршната постапка (ЗИП - „Службен весник на РМ“, бр. 53/97, 59/00 и 64/03), кои беа систематизирани во Делот III под наслов „Постапка за обезбедување“. По престанокот на важноста на ЗИП (од 26 мај 2006 година) као последица на донесување на актуелниот Закон за извршување 1, продолжи примената на одредбите за постапката за обезбедување од стариот ЗИП, со цел да се обезбеди премостување на законската празнина до донесување на посебен закон за обезбедување на побарувањата, кој, како што е укажано во воведната реченица, е во сила од 20 јули 2007 година. Со влегување во сила на ЗОП престанаа да важат одредбите од стариот ЗИП за обезбедување, освен во однос на постапките за обезбедување започнати пред денот на влегувањето во сила. 1
Утврдениот систем на обезбедување на побарувањата од актуелниот ЗОП требаше да претставува солидна гаранција за ефикасна и пред се брза заштита на побарувањата на доверителите, преку соодветни средства за обезбедување, засилени со куси рокови на постапување на надлежните институции, за поднесување на жалба, како и со недозволеност на вонредни правни средства во постапката, со што уште повеќе се истакнуваа целесообразноста на постапката за обезбедување. Покрај ЗОП нашиот правен систем содржи и други законски прописи кои во целина или со дел од своите одредби го уредуваат системот на обезбедување на побарувањата на доверителите. Такви се Законот за извршување, Законот за нотаријатот („Службен весник на РМ“, бр. 55/07, 86/08, 139/09 и 135/11; У. суд 138/07, 8/08, 21/08 и 20/09), Законот за договорен залог („Службен весник на РМ“, бр. 05/03, 04/05, 87/07, 51/11, 74/12, 115/14 и 98/15), Законот за даночната постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 145/10, 171/10, 53/11, 39/12, 84/12, 187/13, 15/15 и 97/15. Одлуки на У. суд на РМ: 90/07, 145/07, 21/08, 23/09, 76/09 и 166/11). Овој текст дава осврт на ЗОП од аспект на средствата на обезбедување на побарувањата низ призма на соодветни постапки за нивното одобрување и реализација.
„Службен весник на РМ“, бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 88/10, 171/10, 148/11 и 187/13 Одлуки на Уставен суд на РМ објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 44/06, 124/06, 20/07 и 167/10.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
41
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
2. ОСНОВНИ ПОСТУЛАТИ НА ПОСТАПКАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ 2.1. Самостојна или симултана постапка Во постапка за обезбедување на побарувањата се дава привремена заштита на побарувањата преку преземање на определени мерки за обезбедување сé додека не се исполнат условите за спроведување на извршувaње, односно додека трае потребата од привремена заштита. Во зависност од тоа во кој временски момент настанала потребата за обезбедување на побарувањето, постапката за обезбедување може: - да се поведе и води како самостојна постапка (пр. вонпарнична) пред поведувањето на (пр. парничната, управната) постапка во која се одлучува за основаноста на побарувањето чие обезбедување се бара, - да се поведе и води симултано со основната постапка (пр. парнична постапка, управна постапка) во која се одлучува за основаноста на побарувањето чие обезбедување се бара.
42
2.2. Супсидијарна примена на закони Во постапката за обезбедување освен ЗОП кој е основен формален извор, соодветно се применуваат одредбите од Законот за парничната постапка 2 и одредбите од Законот за извршување, ако со ЗОП поинаку не е определено - член 7 од ЗОП.
2.3. С убјекти во постапката за обезбедување Во постапката за обезбедување на побарувањата според предметниот ЗОП, покрај судот, соодветни надлежности имаат и нотарот и извршителот. Странки во оваа постапка се: доверителот како тужител или лице чие побарување се остварува или обезбедува и должни-
кот како тужен или лице спрема кое се остварува или обезбедува побарување.
2.4. З начење на поимот „побарување“ според ЗОП Побарување, според член 2 од ЗОП, е дефинирано како: - право на наплата на паричен износ (парично побарување) или - право на некое сторување, несторување, трпење или на воспоставување на поранешна состојба (непарично побарување).
2.5. Предмет на ЗОП Предмет на ЗОП е уредување на: - средствата за обезбедување на побарувањата и начинот на кој тие се определуваат, - правилата според кои судот постапува за обезбедување на побарувањата, како и - постапувањето на нотарот и на извршителот во врска со обезбедување на побарувањата.
2.6. И тност на постапката за обезбедување Согласно со член 3 од ЗОП, постапката за обезбедување е итна. Итноста е уредена така што се предвидува обврска за судот предметот да го земе во работа најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето за обезбедување.
2.7. Д востепеност на постапката за обезбедување Во членовите 4 и 5 од ЗОП, е уредена двостепеност на постапката за обезбедување на побарувањата.
„Службен весник на РМ“, бр. 79/05, 110/08, 83/09 и 116/10.
2
www.p
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
Во прв степен, постапката ја води и одлучува судија поединец, а во втор степен по жалба одлучува совет од тројца судии. Постапката за обезбедување на побарувањата се поведува по барање (тужба или предлог) на тужителот, односно доверителот. Одлуките во оваа постапка се донесуваат во форма на решение или заклучок. Со решение се одлучува по барањето за обезбедување на побарување (т.е. за правата и обврските на странките во постапката), додека со заклучок се одлучува за прашања на управување со постапката (текот на постапката) и му се издава налог на службеното лице вработено во суд за непосредно преземање одделни дејствија за обезбедување на побарувања. Против решението за обезбедување на побарување донесено во прв степен може да се изјави жалба во рок од три дена од денот на доставувањето на првостепеното решение, ако со ЗОП поинаку не е определено. Жалбата не го одлага извршувањето заради обезбедување на побарување. По исклучок, жалбата може да го одложи извршувањето на обезбедувањето (суспензивно дејство на жалба), ако во жалбата се ставени:
текот на рокот за поднесување на жалба во случај на неподнесување на жалба во законски рок.
2.9. О пределување средство за обезбедување врз имот на странска држава Според член 8 од ЗОП, врз имот на странска држава во РМ не може да се определи средство за обезбедување, без претходна согласност на Владата на РМ по мислење од Министерството за правда, освен ако странската држава изрично се согласила со тоа.
3. СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА 3.1. Н ачини на обезбедување на побарувања ЗОП, во член 9, ги утврдува средствата за обезбедување на побарувањата, кои всушност ги изразуваат дозволените начини преку кои може да се врши обезбедување на побарувањата. Тие средства се: - заложно право на недвижност, - з аложно право на подвижни предмети,
- предлог за одлагање и
- претходни мерки,
- п онуда за полагање гаранција во висина од најмалку една половина од вредноста на побарувањето.
- привремени мерки,
Против заклучокот не е дозволен правен лек, освен ако со ЗОП поинаку не е определено.
2.8. Н едозволеност на вонредни правни средства ( ревизија и повторување на постапката) Согласно со член 6 од ЗОП, против правосилна одлука во постапката за обезбедување не се дозволени вонредни правни средства - ревизија и повторување на постапката. Постапката за обезбедување на побарувањата, значи, се окончува со правосилно судско решение донесено по жалба односно, по ис-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
- п ренос на сопственост на предмети и пренос на права и - м ерки за обезбедување предвидени со друг закон. Посебно се нагласува дека во постапката за обезбедување, судот може да определи само едно од средствата определени со закон. 3.2. П редмет на обезбедување не може да биде предмет врз кој не е дозволено извршување Во член 10 од ЗОП, не е дозволено да се определи средство за обезбедување врз предмети и права што според ЗОП или друг закон не можат да бидат предмет на извршување.
43
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
На пример, според Законот за извршување (членови: 104 и 105) предмет на извршување не можат да бидат следните примања (парични побарувања) на должникот: -
-
44
примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката; примање по основ на надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
Со Законот за извршување се определени и други предмети: подвижни, недвижности и права кои не можат да бидат предмет на извршување (членови: 84, 163, 198, 199 и 210 од ЗИ), па според тоа не можат да бидат ниту предмет на обезбедување според предметниот ЗОП.
4. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СО ЗАСНОВАЊЕ ЗАЛОЖНО ПРАВО 4.1. О безбедување со заложно право на недвижности Во членовите од 11 до 15 од ЗОП, уредено е обезбедувањето на парично побарување со засновање заложно право врз недвижности во сопственост на должникот, при што е утврдена месна надлежност на судот за спроведување на тоа обезбедување, правен основ (исправа) врз кој може да се бара обезбедување, како и упис на заложно право на недвижност во соодветна јавна книга (регистар).
-
примање врз основа на социјална помош;
-
примање врз основа на привремена невработеност;
-
примање врз основа на додаток на деца;
-
примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти;
-
примање на војници и питомци на воени училишта;
4.1.1. Месна надлежност на судот
-
надоместок за работа на осуден во казнено-поправен дом, освен за побарување по основ на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета предизвикана со кривично дело на осудениот;
За одлучување по предлогот за обезбедување на парично побарување со засновање заложно право врз недвижности и за спроведување на тоа обезбедување е надлежен судот на чие подрачје се води катастарот во кој се врши запишувањето.
-
примање врз основ на патни трошоци и дневници и
-
средства на посебна сметка на извршителот (сметка која се користи исклучиво за намирување на доверителите), против извршителот како должник.
Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување по основ на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друг основ - до износот од една третина на платата или пензијата. www.p
4.1.2. Извршна исправа што гласи на парично побарување Доверителот има право да бара обезбедување на парично побарување само врз основа на извршна исправа што гласи на тоа побарување. Како извршна исправа според Законот за извршување се смета: - и звршна судска одлука и судско порамнување; - и звршна одлука и порамнување во управна постапка, кои гласат на исполнување на парична обврска, ако со закон не е предвидено поинаку; - извршна нотарска исправа;
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
- заклучокот на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето, - р ешение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар и - друга исправа која како извршна е предвидена со закон.
жи судот да донесе одлука да се изврши упис на правото на сопственост на недвижноста на име на должникот, а потоа да се запише неговото заложно право. Кон предлогот доверителот треба задолжително да поднесе доказ дека должникот има правен основ за упис на правото на сопственост на соодветната недвижност.
Судската одлука (пресуда, решение, платен и друг налог на судовите) е извршна ако станала правосилна (веќе не може да се побива со жалба) и ако по правосилноста истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска. Врз основа на неа може да се врши присилно извршување.
4.1.4. Засновање на заложно право врз недвижност на подрачје за кое не е востановен катастарот
Одлуката донесена во управна постапка (решение и заклучок) е извршна ако станала конечна (веќе не може да се побива со жалба) и ако по конечноста истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска. Врз основа на неа може да се врши присилно извршување.
4.1.3. З асновање на заложно право кога недвижноста е запишана во катастар Врз недвижност запишана во катастарот заложно право се заснова со запишување, при што посебно се назначува извршноста на побарувањето за кое е дозволува заложно право. Ако доверител, пред побарувањето да стане извршно стекнал заложно право врз иста недвижност за исто побарување (на пр: стекнал заложно право врз основа на претходна мерка за обезбедување од член 24 од ЗОП), по извршноста судот по предлог од доверителот, ќе дозволи во катастарот да се прибележи извршноста на побарувањето. Во случај должникот да не е запишан како носител на правото на сопственост во катастарот, односно интабулационата книга, а доверителот има доказ дека должникот стекнал правен основ за да може да биде запишан како носител на право на сопственост на одредена недвижност, тој може со предлогот за обезбедување на побарувањето да предло-
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
Заложно право врз недвижност на подрачје за кое не е востановен катастар се заснова со негово запишување во интабулациона книга.
4.1.5. Дејство на запишувањето и прибелешката Во член 15 од ЗОП е нагласено дека запишувањето на заложно право и прибелешката на извршноста на побарувањето имаат дејство и спрема трето лице кое подоцна станало сопственик на таа недвижност. Тоа значи дека запишаното заложно право не може да се одвои од предметот на залог (во случај недвижност), дури и кога друго лице, по било кој правен основ (пр. по основ на наследство, купување), ќе го стекне предметот на залогот. Новиот сопственик ја стекнува недвижноста во сопственост оптоварена со заложно право на доверител, што укажува на постоење на принцип на неделивост на правото од предметот на залог.
4.2. О безбедување со заложно право на подвижни предмети Кога паричното побарување се обезбедува со засновање заложно право на подвижен предмет, според членовите од 16 до 19 од ЗОП, за одлучување по предлогот за обезбедување месно надлежен е судот на чие подрачје должникот има живеалиште, односно на чие подрачје е седиштето на правното лице. Како и кај засновање на заложно право на недвижност, обезбедувањето со залог на под-
45
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вижен предмет може да се бара само врз основа на извршна исправа (пр. извршна судска пресуда, извршен нотарски акт и сл.) што гласи на парично побарување. Заложно право врз подвижни предмети се заснова со попис на предметите и со запишување на залогот во Заложниот регистар при Централниот регистар на РМ. Запишувањето на залогот во Заложниот регистар има дејство и спрема трето лице кое подоцна станало сопственик на тој предмет (неделивост на правото од предметот на залог).
5. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СО ПРЕТХОДНА МЕРКА 5.1. У слови за определување на претходна мерка
46
Со членовите од 20 до 29 од ЗОП, уредено е обезбедувањето со претходна мерка. Со претходни мерки се има за цел да се обезбеди паричното побарување на доверителот кое произлегува од одлука (платен налог, пресуда, судско порамнување или порамнување во управна постапка) која што се уште не станала правосилен или извршен наслов врз кој може да се бара присилно извршување, доколку постои опасност за неговото подоцнежно реализирање. Оваа опасност доверителот треба да ја стори веројатна или да постои претпоставена опасност дека без такво обезбедување би се оневозможило или значително би се отежнало остварувањето на побарувањето. За одлучување по предлогот за обезбедување со претходна мерка и за спроведување на таа мерка, месно е надлежен судот кој ја води, односно ја водел постапката по предметот за кој се бара обезбедување.
5.2. Претпоставена опасност Претпоставена опасност, според член 22 од ЗОП, постои ако предлогот за обезбедување е заснован врз една од следниве одлуки: 1) платен налог издаден врз основа на меница или чек против кој навремено е поднесен приговор;
www.p
2) пресуда донесена во кривичен предмет, со која е усвоено имотно-правно барање, а против која е дозволено повторување на кривичната постапка; 3) одлука според која извршувањето треба да се спроведе во странство; 4) пресуда донесена врз основа на признание против која е изјавена жалба; 5) порамнување склучено пред суд или орган на управата, што се побива на начин предвиден со закон и 6) договор склучен кај нотар како извршна исправа што се побива на начин предвиден со закон. Во случаите од точки 4, 5 и 6 судот, по предлог на должникот, може обезбедувањето со претходна мерка да го услови со полагање гаранција од страна на доверителот за штета што должникот би можел да претрпи со определување на претходна мерка.
5.3. Видови на претходни мерки Судот може да определи некоја од следните видови на претходни мерки, утврдени во член 24 од ЗОП, и тоа: 1) попис на подвижни предмети; 2) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да наплати побарување, да ги прими предметите и со нив да располага; 3) забрана на носител на платен промет на должникот или на трето лице, по налог од должникот, да исплати од неговата сметка паричен износ за кој е дозволена претходна мерка и 4) прибелешка на заложно право врз недвижност на должникот или врз право запишано врз недвижност. Со оглед на околностите на случајот, по предлог на доверителот, судот може да дозволи две или повеќе претходни мерки, ако тоа е потребно.
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
Ако попишаните подвижни предмети се подложни на брзо расипување или ако постои опасност од значителен пад на цената на тие предмети судот ќе дозволи нивна продажба која се врши според одредбите на Законот за извршување. Во случај на забрана на исплата на побарувањето од должниковиот должник како одобрена претходна мерка, судот може да дозволи побарувањето на кое е ставена забраната заради наплата, да се пренесе на доверителот, ако постои опасност дека тоа побарување поради задоцнување во неговото остварување не ќе може да се наплати или дека ќе се загуби правото на регрес (кај меница) спрема трето лице. Пренос на побарувањето се врши по предлог на доверителот или должникот. Износот што се добива со продажба на предметите или со наплата на побарување се депонира во судот додека не се запре претходната мерка или додека доверителот не предложи извршување, а најмногу 30 дена од денот на извршноста на побарувањето.
5.4. В реме за кое е определена п ретходна мерка Во решението со кое се дозволува претходна мерка се назначува износот на побарувањето што се обезбедува, со каматата и трошоците, мерката за обезбедување и времето за кое таа се определува. Со оглед на целта поради која се дозволува определување на претходна мерка за обезбедување на побарувањето, а тоа е отсуство на правните претпоставки за присилно извршување и постоење на опасност од задоцнета реализација на побарувањето, правно оправдано е времето на максимално траење на претходната мерка да е условено од стекнување услови за присилно извршување на побарувањето. Според член 27 од ЗОП времето за кое е определена претходна мерка се утврдува со решение со кое истата се дозволува и може да трае најдолго до истекот на 15 дена од денот на настанувањето на условите за присилно извршување. INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
5.5. У кинување на претходните мерки по предлог на должникот Согласно со член 29 од ЗОП, во случај условите за присилно извршување да бидат исполнети пред истекот на времето за кое е дозволена претходна мерка судот, по предлог на должникот, ќе ја запре постапката за обезбедување и ќе ги укине претходните мерки, ако доверителот не поднесе барање за присилно извршување во рок од 15 дена од настанувањето на условите за тоа извршување. Судот, исто така, ќе ја запре постапката за обезбедување и ќе ги укине претходните мерки ако во рок од 15 дена од денот на истекот на времето за кое е дозволена претходна мерка не се исполнети условите за присилно извршување (член 28 став 2). Во член 28 од ЗОП наброени се и други случаи во кои должникот може да бара укинување на претходна мерка поради тоа што должникот: - го положил во судот износот на побарувањето што се обезбедува, со камата и трошоците или - сторил веројатно дека побарувањето во времето на донесувањето на решението со кое се определува претходна мерка веќе било наплатено или доволно обезбедено или - со правосилна одлука е утврдено дека побарувањето не настанало или дека престанало и - ако должникот докаже постоење на некое негово утврдено побарување спрема доверителот или ако должникот има основ за противизвршување. Во наведените случаи доверителот е должен да му ги надомести на должникот трошоците предизвикани со определувањето и спроведувањето на претходната мерка. Должникот и спрема доверителот има и право на надоместок на причинетата штета.
02/ 3162-979 i 3298-763
47
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
6. ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ 6.1. Кога може да се дозволи привремена мерка
6.2. Привремени мерки за обезбедување на парично побарување
Со членовите од 30 до 42 од ЗОП уредени се привремени мерки како средства за обезбедување на парични и непарични побарувања. Привремена мерка може да се дозволи пред поведувањето и во текот на судска или управна постапка, но само ако не постојат услови за определување на претходна мерка со која може да се постигне истата цел (членови 31 и 32 од ЗОП).
48
Погоре видовме дека услов за дозвола на претходна мерка е постоење на одлука (судска или во управна постапка, платен налог) која гласи на побарување чие обезбедување се бара, но таа одлука се уште не станала извршна заради што не може да се бара присилно извршување врз основа на неа. Привремените мерки, пак се средство за обезбедување кое се користи кога постои потреба да му се овозможи на доверителот да го заштити своето побарување, иако постоење на истото не е утврдено со соодветна одлука на надлежен орган, ниту се исполнети условите за примена на некое друго средство за обезбедување. Постапката за обезбедување со привремена мерка се поведува со предлог. Месно надлежен суд да одлучува по предлог за обезбедување со привремена мерка и за нејзино спроведување, е судот пред кој е поведена постапка, а во случај кога не е поведена парнична или друга судска постапка надлежен е судот што би одлучувал во таа постапка согласно со важечките процесни закони (Закон за парничната постапка, Закон за кривичната постапка). Ако должникот не постапи по привремената мерка, таа присилно се извршува (член 40 став 4 од ЗОП).
kontakt@proagens.com.mk
www.p
6.2.1. Услови за определување на привремена мерка Според член 33 од ЗОП, привремена мерка за обезбедување на парично побарување може да се дозволи ако доверителот го стори веројатно постоењето на: 1) побарувањето и 2) опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја оневозможи или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе располага со нив. Се смета дека опасност постои ако побарувањето треба да се оствари во странство.
6.2.2. Видови на привремени мерки за обезбедување на парични побарувања Во член 34 од ЗОП се утврдени привремени мерки за обезбедување на парично побарување, со нагласување дека може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: 1) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; 2) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; 3) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; 4) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
5) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка. Со привремена мерка не се стекнува заложно право.
6.3. П ривремени мерки за обезбедување на непарично побарување Под непарично побарување се подразбира право на доверителот на некое сторување, несторување, трпење или право на воспоставување на поранешна состојба на кое што одговара обврската на должникот нешто да стори (на пр. да изгради градеж, да врати предмет земен на заем, да изврши транспорт на стоки и сл.), да не стори (на пр. да не гради на туѓо земјиште, да не го урива објектот), да трпи (на пр. да трпи преку негово земјиште да се спроведе водовод, гасовод нафтовод, тв кабли или слично - комунално технички службености) или да ја воспостави првобитната состојба (на пр. ако со градба на објект е заземен дел од туѓо земјиште, сопственикот на земјиштето има право да бара од градителот воспоставување на поранешната состојба).
6.3.1. У слови за дозволување на привремена мерка Согласно член 35 од ЗОП, услови кои што треба да ги исполни доверителот кој што бара обезбедување на непарично побарување со одобрување на привремена мерка е: да го стори веројатно постоењето на побарувањето (право) и опасноста дека инаку остварувањето на побарувањето ќе се оневозможи или значително отежне. Привремена мерка може да се дозволи и кога доверителот стори веројатно дека мерката е потребна за да се спречи употреба на сила или настанување на ненадоместлива штета.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
6.3.2. Отстапување од условите за определување на привремена мерка поради полагање гаранција Како исклучок од постоење на горе наведените услови за дозволување на привремена мерка за обезбедување на парични и непарични побарувања, ЗОП во член 38 утврдува дека судот може, по предлог на доверителот, да определи привремена мерка и кога тој нема да го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста, ако претходно, во рокот што му е оставен, го положи износот што судот ќе го определи како гаранција за штетата што на должникот би можела да му биде нанесена со определувањето и спроведувањето на привремената мерка. Дури и кога доверителот го сторил веројатно постоењето на побарувањето и опасноста, судот може од него, а по предлог на должникот, да бара полагање на гаранција за штета доколку е тоа оправдано според околностите на случајот.
6.3.3. Видови на привремени мерки за обезбедување на непарично побарување За обезбедување на непарично побарување, според член 36 од ЗОП, може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: 1) забрана на отуѓување и оптоварување на подвижни предмети кон кои е насочено побарувањето, како и чување на тие предмети; 2) забрана на отуѓување и оптоварување на недвижност кон која е насочено побарувањето, со прибелешка на забраната во јавна книга; 3) забрана на должникот да презема дејствија што можат да му нанесат штета на доверителот, како и забрана да се извршат промени на предметите кон кои е насочено побарувањето; 4) забрана на должниковиот должник на должникот да му ги предаде предметите кон кои е насочено побарувањето и
49
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
5) плаќање на надоместок на плата на работникот за време на спор заради незаконитост на одлуката за престанување на работниот однос, ако е тоа неопходно за негова издршка и издршката на лицата кои според законот е должен да ги издржува. Со оглед на околностите на случајот, според член 39 од ЗОП може да се дозволат и повеќе привремени мерки за обезбедување на непарично побарување, ако тоа е потребно.
6.4. Гаранција наместо привремена мерка
50
Во член 37 од ЗОП, дадена е можност доверителот да може да изјави дека наместо привремена мерка, се задоволува со полагање на определен износ на име гаранција од страна на должникот (гаранција наместо привремена мерка). Таков предлог може да даде и самиот должник. Ако должникот положи гаранција судот ќе ја запре постапката за определување на привремена мерка и ќе ги укине веќе спроведените дејствија.
6.5. Време за кое се дозволува привремена мерка и нејзино укинување Според член 40 од ЗОП, во решението со кое се определува привремена мерка се определува и времето на траење на таа мерка. Ако мерката е определена пред поднесување тужба (пр. пред поднесување сопственичка тужба за поврат на недвижност во однос на која е определена привремена мерка: забрана за отуѓување) или поведување на друга постапка (пр. пред поведување управна постапка за денационализација на објект во однос на кое е определена привремена мерка: забрана за вршење на промени) во решението за нејзиното определеување се определува и рокот во кој доверителот мора да поднесе тужба, односно предлог за поведување на друга постапка, заради оправдување на мерката. Ако доверителот не постапи на наведен начин (не поднесе тужба, односно предлог во утврдениот рок со цел донесување на изwww.p
вршна одлука), или времето за кое е определена привремената мерка поминало, судот по предлог на должникот ќе донесе решение со кое ќе ја запре постапката и ќе ги укине привремените мерки. На ист начин судот ќе постапи по предлог на должникот ако околностите поради кои е определена мерката подоцна се промениле, така што мерката повеќе не е потребна. Времето на траење на привремената мерка може да се продолжи од страна на судот по предлог на доверителот поднесен пред истекот на времето за кое е оределена, под услов да не се промениле околностите под кои е определена. Судот, според член 41 ќе ги укине привремените мерки и поради тоа што должникотго положил во судот износот на побарувањето што се обезбедува, со камата и трошоците или - ако стори веројатно дека побарувањето веќе било наплатено или доволно обезбедено или - со правосилна одлука е утврдено дека побарувањето не настанало или дека престанало или - ако должникот докаже постоење на некое негово утврдено побарување спрема доверителот или ако должникот има основ за противизвршување (случаите наведени во членот 28 став 1 од ЗОП).
7. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СО ПРЕНОС НА СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕДМЕТИ И ПРЕНОС НА ПРАВА 7.1. Условен пренос на сопственост и пренос на права Обезбедување на побарување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права како начин на обезбедување е познат во нашиот правен систем од 2000 година кога со некогашниот Законот за изменување и дополнување на ЗИП (“Службен весник на РМ”, бр. 59/00), во ЗИП се внесени и одредбите за обезбедување преку пренесување на сопственост на предмети на должникот и пренос на права.
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
Во актуелниот ЗОП, се врши соодветно преземење на овие одредби со членовите од 43 до 62, со проширување на можноста на обезбедување со пренос на сопственост и преку нотарски акт. По својата суштина пренос на сопственост на предмети и пренос на права заради обезбедување доведува до привремено преминување на соственоста од должникот на доверителот кое по исполнување на одреден услов т.е. по исполнување на пристигнато побарување му се враќа на должникот. Со ова средство за обезбедување, предметите на кои се пренесува сопственост заради обезбедување (подвижни предмети и недвижности), фактички остануваат во владение на должникот до моментот на неговото паѓање во задоцнување со исполнување на побарувањето кое се обезбедува, доколку поинаку не се договори со доверителот. Должникот може предметот да го користи, но не може да го оттуѓува и оптоварува, додека доверителот на кого е пренесено правото на сопственост, фактички не го држи предметот а може да го оттуѓи (впаричи или самиот да стане полноважен сопственик на предметот), под услов должникот да падне во задоцнување, заради наплата на обезбеденото побарување. Преносот на сопственост на предмети во функција на обезбедување на побарувања на доверителот во право е познат како фидуцијарен пренос и потекнува од латинскиот збор fiducia што значи доверба: со пренос на сопственост се создава однос на доверба меѓу доверителот и должникот. Во пракса, фидуција најчесто се користи кај банкарските кредити и како инструмент за обезбедување е сличена на хипотека, со таа разлика што кај фидуција банката ја презема сопственоста на предметот на кредитирањето и таа состојба трае додека не се отплати кредитот од страна на корисникот на кредит (или не се оствари друга цел). Кај хипотеката, корисникот на кредитот го задржува правото на сопственост над имотот с# додека банката не ја активира хипотеката.
kontakt@proagens.com.mk
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
7.2. С погодба заради обезбедување на парични и непарични побарувања склучена пред суд Согласно членовите 44 и 45 од ЗОП, со ова средство можат да се обезбедат парични и непарични побарувања. Основ за обезбедување со пренос на сопственост и пренос на права претставува спогодбата (договор) помеѓу доверителот и должникот. За оваа цел, на предлог на странките (едната или двете), судот закажува посебно рочиште и на тоа рочиште во записникот ја внесува нивната спогодба за обезбедување на парично побарување на доверителот (записникот со спогодбата има дејство на судско порамнување). Со спогодбата заради обезбедување му се пренесува на доверителот сопственоста на некој предмет на должникот или му се пренесува некое право од должникот. Во спогодбата задолжително се регулира прашањето за пристигнување на побарувањето, односно како неговото пристигнување ќе се определи. ЗОП дозволува во својство на должник да се јави и лице спрема кое доверителот нема побарување кое се обезбедува. Спогодбата за обезбедување со пренос на сопственост, односно преносот на право, може да се однесува и на обезбедување на непарични побарувања, при што во спогодбата задолжително се одредува паричната противвредност на тоа побарување. Кога должникот ќе падне во задоцнување (по пристигнувањето на непаричното побарување) доверителот може да избира помеѓу: а) барање за присилно намирување на непаричното побарување или б) остварување на своето право како преносот на сопственоста да е извршен за обезбедување на парична противвредност на непаричното побарување.
7.2.1. Дејство на записникот Судскиот записник кој ја содржи спогодбата за обезбедување, согласно член 46 од ЗОП има дејство на судско порамнување.
51
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
7.2.2. Кога се смета за извршен преносот на сопственоста и на правото заради обезбедување Ако со спогодбата се пренесува правото на сопственост на недвижноста запишана во јавна книга, спогодбата треба, согласно член 47 од ЗОП да содржи и изјава на должникот за тоа дека е согласен непосредно врз основа на спогодбата да може во јавната книга да се изврши тој пренос. При преносот на правото на сопственост врз недвижноста запишана во јавната книга, се става забелешка дека преносот е извршен заради обезбедување. Но, ако недвижноста не е запишана во јавната книга, како и во случај кога обезбедувањето се врши со пренос на сопственоста на подвижен предмет, доверителот станува сопственик со потпишување на записникот кој ја содржи спогодбата за пренос.
52
Преносот на правото заради обезбедување, според член 49 од ЗОП, се смета извршен со потпишување на записникот. За пренос на сопственоста врз недвижностите кои не се запишани во јавна книга и на подвижните предмети, како и за пренос на правата надлежниот суд објавува оглас во “Службен весник на РМ”, во кој се објавуваат податоците за странките, за недвижностите или подвижните предмети на кои е пренесено правото на сопственост, односно за правата што се пренесуваат, со нагласување дека преносот е извршен заради обезбедување. Недвижностите, подвижните предмети, односно правата се означуваат така што без тешкотии може да се утврди нивната идентичност.
7.2.3. Записник како извршна исправа ЗОП, со член 48 дава можност во записникот да се внесе и извршна клаузула која содржи изјавата на должникот дека е согласен доверителот да може непосредно врз основа на тој записник против него да побара присилно извршување заради предавање на недвижности, односно подвижни предмети во владение по пристигнувањето на обезбеденото побарување. Записникот кој содрwww.p
жи таква изјава е извршна исправа, а тоа значи дека врз основа на записникот со извршна клаузула доверителот може непосредно да бара присилно извршување против должникот доколку овој по пристигнувањето на побарувањето не ја исполни својата обврска, без претходно водење на најчесто долготрајна парнична постапка.
7.3. С погодба за обезбедување со пренос на сопственост или пренос на права склучена кај нотар Согласно член 50 од ЗОП, спогодба за обезбедување со пренос на сопственост и пренос на права странките можат да склучат и кај нотар во форма на нотарски акт со кој му се пренесува на доверителот сопственоста на некој предмет од должникот или за таа цел на доверителот му се пренесува некое право од должникот. Спогодбата како нотарскиот акт треба да содржи одредби за тоа кога обезбеденото побарување ќе пристигне, односно како неговото пристигнување ќе се определи. Должникот може да биде и лице спрема кое доверителот нема побарување што се обезбедува. Се што погоре е кажано за обезбедување со спогодбата склучена пред суд во форма на записник, важи и за спогодбата за обезбедување склучена кај нотар (одредбите од членовите 45 до 49 ЗОП соодветно се применуваат и на спогодбата за обезбедување склучена кај нотар).
7.4. С упсидијарна примeна на ЗОП за уредување на односите меѓу должникот и доверителот 7.4.1. Приоритно важење на склучената спогодба За регулирање на правата и обврските на должникот и доверителот во однос на предметот чија сопственост заради обезбедување на побарувањето се пренесува од должникот на доверителот, односно во однос на пренесеното право приоритет има склучената спогодба меѓу договорните страни.
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
ко со спогодбата не е поинаку опредеА лено, важи член 52 од ЗОП според кој, должникот е овластен и понатаму да го користи предметот чија сопственост е пренесена на доверителот, а доверителот не е овластен предметот да го оттуѓи или оптовари. Но, доколку со спогодбата овие прашање се уредени различно од ЗОП, на пример, доверителот се овласти да може да го оптовари или оттуѓи предметот чија сопственост му е пренесена заради обезбедување, тогаш се ирелевантни законските решенија по однос на овие прашања, бидејќи тие претставуваат само супсидијарно решение кое треба да ја пополни празнината во спогодбата на страните.
Со исполнувањето на пренесеното побарување, доверителот стекнува сопственост на предметите со предавање со кое побарувањето е исполнето. Ако предметот на пренесеното побарување се пари, доверителот е должен, на барање на должникот да го депонира наплатениот износ кај судот или кај нотар, или ако неговото обезбедено побарување е веќе пристигнато, доверителот може да го задржи долгуваниот износ на пари до износот на побарувањето а остатокот да го предаде на должникот.
Доколку, пак доверителот го оттуѓи или оптовари предметот а за тоа не е овластен со спогодбата, таквите правни дела, според ЗОП, не произведуваат правно дејство (не се полноважни) и доверителот му одговара на должникот за штетата која со тоа му е причинета.
Законодавецот со член 54 во целост ја разрешува можната дилема околу обврската за плаќање на данокот на промет при преносот на сопственоста, односно преносот на правото заради обезбедување. Така, врз преносот на сопственоста и преносот на правата кои имаат за цел обезбедување, како и на враќањето на сопственоста и преносот на правата по намирувањето на побарувањето на доверителот, не се применуваат прописите за данокот на промет на недвижности.
Околноста за оттуѓените или оптоварените предмети или права на кои доверителот не бил правно овластен, не ја исклучува кривичната одговорност на доверителот физичко лице или одговорното лице во правното лице и правното лице заради злоупотреба на довербата.
7.4.2. Должности на доверителот
7.5. Неприменување на прописите за данок на промет
7.6. П раво на враќање на соственост односно правото ( излачно право)
3. д а го наплати пренесеното побарување, односно да го прими исполнувањето откако ќе пристигне.
Ваквиот даночен третман произлегува од фактот дека преносот на сопственоста и преносот на правата заради обезбедување е привремен и условен и истиот подлежи на враќање на должникот доколку ја исполни во рок својата пристигната обврска спрема доверителот, на што укажува членот 56 од ЗОП. Должникот, според тоа, има право на враќање на сопственост, односно на правото, а доверителот е должен, без одлагање, да му го врати правото на сопственост на предметите или да му го пренесе назад стекнатото право.
Наплатените износи се пребиваат со трошоците за кои доверителот има право на надомест, потоа со каматите кои му се должат, а потоа со главнината.
Во случај на присилно извршување или стечај против доверителот, должникот има излачно право на предметите и правата кои ги пренел на доверителот заради обезбеду-
Исто така, ако со спогодбата поинаку не е определено, ЗОП со член 52 го обврзува доверителот на кој е пренесено побарувањето на должникот заради обезбедување: 1. д а презема мерки потребни за зачувување на пренесеното побарување; 2. д а ги наплати каматите или кои било други повремени побарувања и
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
53
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
вање, освен ако извршувањето не се спроведува заради остварување на побарување на трето лице спрема доверителот кое доверителот го обезбедил со засновање на заложно право на пренесените предмети или права.
7.7. Право на доверителот во случај на задоцнување на должникот
Ако должникот не ја испонили обврската, настануваат услови за траен пренос на правото на сопственост, односно на правото кое што го вклучува правото на владение, отуѓување и оптоварување на предметот согласно со Законот за сопственост и други стварни права. 3
54
Соред член 57 од ЗОП ако должникот задоцни со исполнување на обезбеденото побарување, доверителот е овластен преку нотар или извршител, во рок од 15 дена да го извести должникот и да поднесе барање предметот на кој е пренесено правото на сопственост да се продаде или пренесеното право да се претвори во пари со посредство на нотар или извршител. Во известувањето должникот е должен: 1) да ја определи најниската цена по која предметот може да се продаде, односно право да се впаричи; 2) да го овласти нотарот или да побара од извршителот да ја изврши продажбата, односно впаричувањето на правото и 3) да ја приложи неговата изјава дека е согласен да се изврши продажба, односно впаричување, како и дека е согласен да ги авансира трошоците на продажбата или впаричувањето и дека е согласен од износот добиен при продажбата, односно впаричувањето, претходно да се намири побарувањето на доверителот со каматите и трошоците, како и данокот на промет на недвижности. Најниската цена што ја определува должникот, според член 58 од ЗОП не смее да биде пониска од обезбеденото побарување, зголемена за каматите и трошоците на дове-
рителот кои се предвидени а ќе пристигнат, односно настанат до истекот на рокот до кој нотарот односно извршителот мора да го продаде предметот или впаричи правото, како и за предвидениот данок на промет. По приемот на известувањето од должникот со сите наведени прилози, доверителот е должен во рок од 15 дена да го овласти именуваниот нотар, односно извршител да го продаде предметот или да го впаричи правото, во согласност со условите определени во известувањето на должникот. Доколку предметот не се продаде во рок од три месеци од денот на овластувањето на нотарот, односно извршителот, според член 59 од ЗОП, ќе се смета дека доверителот се одрекол од правото да бара продажба на предметите, односно впаричување на правото. Во овој случај, како и во случај кога должникот нема да постапи според барањето на доверителот, важи законска презумпција (претпоставка) дека доверителот станал полноважен сопственик на предметите, односно полноважен имател на правата кои се пренесени на него, за цената која одговара на износот на обезбеденото побарување, со каматите и трошоците, како и данокот на промет. Со ова, обезбеденото побарување се смета за намирено. Оваа законска претпоставка добива реална основа само доколку доверителот се согласи со ваквиот тек на работите. Но, доколку тој го извести должникот дека не сака да ги задржи предметите или правото наместо исплатата на обезбеденото побарување, тогаш според член 60 од ЗОП, овластен е предметот да го продаде или правото да го впаричи сам и тоа преку нотар или преку извршител или преку други лица овластени за продажба на предмети, односно впаричување на права (агенција за промет со подвижни предмети и недвижности, берза за тргување со хартии од вредност и сл.)
kontakt@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ“, бр. 18/01; 92/08; 139/09 и 35/10; Одлука на Уставниот суд на РМ - 31/08.
3
www.p
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
7.8. Данок на промет на недвижности Сметање на роковите за пријавување на преносот на правото на сопственост во врска со плаќањето на данокот на промет Роковите за пријавување на преносот на правото на сопственост, односно на правата во врска со плаќањето на данокот на промет на недвижности се сметаат: 1) ако нотарот, односно извршителот го продал предметот, односно впаричил правото, рокот се смета од денот на продажбата, односно впаричување; 2) ако доверителот станал полноважен сопственик на предметот, односно полноважен имател на правото (во случај кога нотарот не успеал да го продаде предметот, односно да го впаричи правото), рокот се смета од денот кога се стекнал со тоа својство; 3) ако доверителот сам го продава предметот (во случај кога не сака да го задржи предметот или правото кои не се продадени, односно впаричени), рокот се смета од денот кога нотарот или извршителот односно лицата овластени за продажба на предмети или впаричување на права го продале предметот или впаричиле правото.
7.9. Забрана на располагање со акции, други хартии од вредност и удели Соодветна примена на одредбите за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права Со членот 63 од ЗОП, важноста на неговите одредби кои се однесуваат на обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права, се предвидува и за уредување на забраната за располагање со акции, други хартии од вредност и удели во трговско друштво. Правен основ за обезбедување со забраната за располагање со акции, други хартии од вредност и удели во трговско друштво претставува спогодба склучена пред суд или кај нотар во форма на нотарскиот акт или солемнизираната приватна исправа со соодветна содржина. Нотарот ќе ги прецизира само оние дејствија со кои се забранува располагањето со акциите, другите хартии од вредност и уделите за кои странките ќе се согласат. Според член 64 од ЗОП, за секоја забрана судот без одлагање ќе го извести трговското друштво, а за спроведувањето на забраната за обезбедување во соодветните книги, ќе го извести Централниот регистар на РМ и Централниот депозитар за хартии од вредност за забраната за располагање со акциите, а за уделите управителот на друштвото. Со забраната на акциите, односно на уделите за обезбедување с# додека доверителот не стане полноважен имател на акциите, другите хартии од вредност и уделите, преносителот не го губи правото на глас ниту правото да учествува во добивката, ако со склучената спогодба поинаку не е определено. POLUGODI[NA PRETPLATA 2015 - INFORMATOR - PRO EKONOMIJA - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI ...
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
8.500 denari
55
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
8. Пример на Судски иодлуки (сентенци) за изрекување на привремена мерка во вонпарнична и парнична постапка
Пример 1 Вид на судска постапка: Вонпарнична Основен суд: Гевгелија Одлука на Основен суд Број: ВПП 2. бр. 24/13 од 20.6.13 Привремена мерка за обезбедување на непарично побарување ОСНОВНИОТ СУД ГЕВГЕЛИЈА како првостепен, надлежен и вонпарничен суд, преку судијата ____________ со записничар ___________, постапувајки по предметот горен број, а по предлог за дозволување на привремена мерка за обезбедување на непарично побарување, поднесен од доверителот ЕВН Е. на М. АД за дристрибуција и снабдување со електрична енергија Скопје, против должникот В.Т. од Г., вредност 20.000,00 денари, согласно чл. 35 и чл. 36 од Законот за обезбедување на побарувањето, по одржано рочиште на ден 20.06.2013 година, во присуство на полномошникот на доверителот Б.И. дипломиран правник вработен кај доверителот и во присуство на должникот лично, го донесе следното: РЕШЕНИЕ Предлогот за дозволување на привремена мерка на доверителот ЕВН Е. на М. АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија Скопје, СЕ УСВОЈУВА.
56
СЕ ЗАБРАНУВА на должникот В.Т. од Г., да превзема било какви дејствија со кои се оневозможува пристап на доверителот до електричното броило бр..., заведено на име В.Т. од Г. ул. . а сопственост на доверителот. МУ СЕ НАЛОЖУВА на должникот, веднаш по прием на оваа решение, да дозволи на доверителот, непречен пристап до броилото со број 30268062, сопственост на доверителот заведено на име на В.Т. од Г. у. . СЕ ЗАДОЛЖУВА доверителот во рок од 15 дена по приемот на оваа решение да поведе постапка за надомест на штета и вознемирување на право на сопственост, пред надлежен суд, заради оправдување на привремената мерка. Оваа привремена мерка ќе трае до истекот на 15 дена од денот на правосилно завршување на постапката што ќе ја поведе доверителот. Секоја странка ги сноси своите трошкови по постапка. Жалбата поднесена против оваа решение не го задржува неговото извршување.
www.p
roagens.mk
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА
Пример 2 Вид на судска постапка: Парнична Основен суд: Радовиш Одлука на Основен суд Број: СОП. бр. 1/13 од 31.1.14 Предлог за обезбедување на парично побарување со запишување заложно право на недвижност Основниот суд Радовиш, како првостепен граѓански суд, составен од судијата _______како судија поединец, со записничар __________, решавајки по предлогот за обезбедување на побарувањето со запишување заложно право на недвижност, на предлагачот ДПТУ А. ДООЕЛ – К., против Т.Ш. и М.Ц. двајцата од Ш., по одржаната расправа, во присуство на полномошникот на предлагачот А.А. адвокат од Р. и противникот М.Ц., а во отсуство на противникот Т.Ш., на 31.01.2014 година, го донесе следното: РЕШЕНИЕ Предлогот за обезбедување на парично побарување на предлагачот ДПТУ А. ДООЕЛ – К., со запишување на заложно право на недвижност на противниците Т.Ш. и М.Ц. двајцата од Ш. СЕ УСВОЈУВА. Врз основа на извршните исправи Решение СТ. бр. .. година и Решение СТ. бр. .. година, двете на Основен суд Ш., како и Пресуда П-1-... година на Основен с. Ш., а заради обезбедување на паричното побарување на доверителот ДПТУ А. ДООЕЛ – К., против должниците Т.Ш. и М.Ц., двајцата од Ш., во износ од 2.219.389,8о денари, со Законска затезна камата од 31.01.2007 година до 31.01.2010 година, а од 1.02.2010 година до конечната исплата со Законска казнена камата, пресметана според референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8 процентни поени, СЕ ОПРЕДЕЛУВА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ спрема должниците Т.Ш. и М.Ц., двајцата од Ш., со укнижување на заложно право во корист на доверителот, врз недвижноста на должниците и тоа: портирница, продавница, управа, визба стар дел, визба нов дел и базен за вино, која се наоѓа во Р. на КП. бр. .. евидентирна во Имотен лист бр. .. за КО Р. при АКН Одделение за катастар на недвижности Р. Во Катастарот да се запише и извршноста на побарувањето. Запишувањето на заложното право и запишувањето на извршноста на побарувањето има дејство и спрема секое трето лице, кое ке се стекне со правото на сопственост на оваа недвижност, и извршувањето ке се определи и према тоа лице. СЕ ЗАДОЛЖУВААТ Т.Ш. и М.Ц., двајцата од Ш., солидарно да му ги платат на предлагачот ДПТУ А. ДООЕЛ – К., трошоците по постапката во износ од 65.220,оо денари, во рок од 8 дена по приемот на решението.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
57
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
Др. Рефика МУРИЌ (Dano~en sovetnik) r_muric@proagens.com.mk
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
ПРАШАЊЕ:
Дали можат да се одобруваат попусти во продавница на купувачи што купуваат стоки во поголема вредност? Дали поради така одобрени попусти треба да се врши нивелација на цените во продавницата? ОДГОВОР:
58
Според членот 6 од Законот за заштита на потрошувачите, не можете да давате индивидуални попусти во трговијата на мало. Секој попуст мора да е достапен за сите купувачи под исти услови, кои самите можете да ги креирате (на пример: прогласување на вип потрошувач со промет од над ___ денари, продажба на одредени производи по пониска цена која важи за сите иматели на клубска картичка на фирмата продавач и слично). Имено, според ставовите 1, 2 и 4 на овој член: (1) Трговецот мора продажните услови јасно и на видно место да ги истакне во продажниот простор. (2) Трговецот мора посебните продажни услови за одделни производи и услуги, јасно и на видно место да ги истакне на продажните места на тие производи и услуги. (4) Ако трговецот на одделни групи на потрошувачи им нуди производи под посебни продажни услови (младенци, инвалиди, пензионери, студенти и слично), тие услови треба да бидат јасно и на видно место истакнати во продажниот простор. www.p
Од претходното следи дека, доколку објавите посебни услови и применувате помала наплата, таа ќе се прикаже и во фискалните сметки. На тој начин, во дневниот финансиски извештај ќе се генерира информација за вредност на продажбата со попуст. Претходна нивелација не е можна, затоа што нивелација значи намалување на вредноста (цената) на вкупната количина од одреден производ што се наоѓа во продавницата. ПРАШАЊЕ:
На кое поле во ДДВ Пријавата се прикажува прометот според член 24-а, кој се пријавува во УЈП и УЈП ја изготвува и дава фактурата без ДДВ (со УНДП поточно).
ОДГОВОР:
Ова е промет предвиден во рамките на промети со даночно ослободување со право на одбивка на претходниот данок (Глава IV точка 2 од Законот за ДДВ) па затоа се внесува во поле 5 од ДДВ пријавата, согласно со дадениот опис на прометот што се внесува во полето 5. ПРАШАЊЕ:
Фирмата има купено градежно земјиште, кое сега сакаме да го продадеме на физичко лице. Дали за овој промет треба да пресметаме ДДВ од 18 % во фактурата кон физичкото лице? Дали во секој случај се плаќа и данок на промет на недвижности?
kontakt@proagens.com.mk
roagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ
ОДГОВОР:
Без оглед кому му се продава земјиштето, прометот на земјиште се оданочува со 18% ДДВ, доколку продавачот е регистриран ДДВ обврзник. Овој данок се засметува од продавачот и тој е должен да го пријави во ДДВ Пријавата, а обврската за данокот на промет на недвижности кој исто така се должи при продажбата, може да биде пренесена на купувачот, врз основа на Договор. ПРАШАЊЕ:
Фирмата користи концесија за стопанисување со автобуска станица. За отстапеното право (концесија) прима фактура со засметан ДДВ. Како и во кој износ се утврдува правото на одбивка на овој претходен данок ако концесијата за автобуска станица меѓу другото се користи за овозможување на перонски услуги, кои и самите ги користиме за свои автобуси со кои вршиме превоз во земјата, но и меѓународен превоз? ОДГОВОР:
Во случаи кога влезниот промет се подредува на повеќе различни стопански активности од кои некои се со право на одбивка а некои без право на одбивка на влезното ДДВ, се пристапува кон соодветна поделба на претходниот данок, на начин предвиден во член 36 од Законот за ДДВ и член 7 од Правилникот за спроведување на Законот за данок на додадена вредност. Во членот 7 од Правилникот е предвидено: „Ако даночниот обврзник ги користи добрата или услугите, кои ги набавил или увезол за цели на неговата стопанска дејност, како за промет за кој постои право на одбивка на претходниот данок, така и за промет за кој е исклучено правото на одбивка на претходниот данок според член 35 точка 1 од Законот, во тој случај даночниот обврзник е должен според член 36 став 1 од Законот да ги подели претходните даноци според начелото на економска поврзаност на дел со право и дел без право на одбивка. Ова важи и во случај ако прометот, со кој економски се поврзани одредени претходни даноци, бил извршен во подоцнежен даночен период. INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
Поделбата на претходните даноци зависи единствено од фактичката намена на примените или увезените добра или користените услуги. Поделбата не се однесува на претходни даноци кои се исклучиво поврзани со промет со право на одбивка или со промет без право на одбивка на претходни даноци. Поделбата важи само за оние претходни даноци кои се во меѓусебна економска поврзаност со двата вида на промет. Даночниот обврзник може делумните износи според став 3 реченица 2 од овој член, за кои постои правото на одбивка, да ги утврдува и преку проценка која ќе одговара на фактичката состојба. Притоа, применетото мерило на поделба мора да го има за своја основа начелото на економска поврзаност. Доколку не постои друго соодветно мерило на поделба според фактичката состојба, делумните износи кои можат да се одбијат можат да се утврдуваат единствено според односот на прометот за кој е одобрена одбивка на претходниот данок кон останатите видови на промет. При примена на клучот за поделба на прометот (став 4, реченица 3 од овој член), следните видови на промет не се земаат предвид, доколку се работи за помошен промет: 1. промет во смисла на член 23 точка 5 од Законот; 2. промет на недвижности и други инвестициски средства кои даночниот обврзник ги користи за цели на неговата стопанска дејност. Даночниот обврзник може при пресметката на данокот за даночните периоди од календарската година привремено да ја врши поделбата според состојбата во изминатата календарска година или според предвидениот сооднос во тековната календарска година.“ Во вашиот случај на стопанисување со автобуската станица, само во делот на перонските услуги користени за пристигнување и тргнување на вашите автобуси кои сообраќаат во меѓународниот превоз на патници немате право на одбивка на претходниот данок. Затоа како мерило на поделба врз основа начелото
59
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
на економска поврзаност според фактичката состојба ќе се користи проценетата вредност на перонски услуги која би ја плаќале за вашите автобуси што сообраќаат во меѓународниот превоз (како единствен ваш приход без право на одбивка на ДДВ). Овие проценети приходи се ставаат во однос со другите приходи кои се со право на одбивка на ДДВ, а за добиениот процент на нивното учество во вкупните приходи се намалува одбивката на ДДВ од вкупно пресметаниот претходен данок во влезната фактура. ПРАШАЊЕ:
Дали може фирма од странство (која е мајка) да продаде основно средство - патничко возило на фирма во земјава (која е ќерка) по некоја симболична цена (заради помали увозни давачки кај ќерката) или ќе мора да се примени проценета пазарна вредност?
60
ОДГОВОР:
За увозникот (фирмата ќерка), фактурната вредност (реална пазарна или некоја помала вредност), има важност само од аспект на основицата за амортизација на набавената опрема. Што се однесува до увозните давачки, царинскиот орган ја утврдува основицата за царина и ДДВ по сопствена проценка, така што, ако фактурираната цена е нереално ниска, увозните давачки можат да ја надминат и самата фактурна вредност. ПРАШАЊЕ:
Нашето друштво планира да склучи агентски договор со странско друштво посредник за давање информации, а за што странското друштво ќе ни наплаќа агентска провизија. Всушност, согласно со договорот, посредникот ќе ни ги префактурира трошоците за обезбедените информации заедно со одредена агентска награда. Прашањето е, дали овие два износи што ќе се плаќаат на фирмата со седиште во странство се предмет на оданочување со ДДВ кај нас? www.p
ОДГОВОР:
За примените фактури (за услуга обезбедени информации) од странски даночни обврзници кои немаат седиште ниту подружница во Македонија), домашниот даночен обврзник е должен да засмета 18% ДДВ согласно со член 32 точка 4 од Законот за ДДВ, а врз основа на фактот што оваа услуга според член 14 став 3 точка 5 од Законот за ДДВ е со место на оданочување кај примателот на услугата. ПРАШАЊЕ:
Фирма ДДВ обврзник чија основна дејност не е изведување на градежни работи туку трговија со електроматеријали (а повремено врши и услуги на монтажа, електричарски работи, осветлувања на објекти) треба да фактурира на друга фирма ДДВ обврзник за испорачани електроматеријали и работна рака. Прашањето е: Дали фактурата подлежи на reverse charge? Ако да, дали во целост се пренесува ДДВ по член 32-а (за материјалите и работната рака - монтажа и осветлување) или само за услугата? ОДГОВОР:
Во случајов, доколку се фактурира промет кој ќе се опише како некој од прометите наведени во точка 11 (подолу дадена) од Одлуката за reverse charge (Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник), треба да се примени пренесување на даночна обврска по член 32-а од Законот за ДДВ, без оглед што не сте градежна фирма. Точката 11 од Одлуката гласи: „11. Електроинсталатерски работи и тоа: а) инсталирање во сите објекти од високоградба и на објекти од нискоградба на: - електрична мрежа, - телекомуникациски инсталации, - инсталации за компјутерска мрежа и кабелска телевизија, вклучувајќи и оптички кабел,
roagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ
- сателитски антени, - осветлувачки системи, - противпожарни аларми, - алармни системи против кражби, - улично осветлување и електрични сигнали и - осветлување на аеродромски писти.“ ПРАШАЊЕ:
Каков е третманот од аспект на ДДВ кај посредување во услугата брз трансфер на пари? ОДГОВОР:
Според член 23 став 1 точка 5 (банкарски и финансиски промет) од Законот за ДДВ, конкретно алинеја д), прометот, вклучувајќи го посредувањето во врска со работењето со тековни сметки, депозити, штедни влогови, плаќања, вирмани, меници, чекови, жиросметки, кредитни карти, дознаки, со исклучок на наплатата на туѓи побарувања е ослободен од данок на додадена вредност. Во делот од Упатството за примена на Законот за ДДВ („ДДВУ“), кон членот 23 од Законот, Поглавје 41 за Даночно ослободување за банкарски и финансиски промет а во врска со „Работење со депозити, плаќања, дознаки и тековни сметки“, (став 15) се наведува: „Кон прометот ослободен од данок според член 23 точка 5 од ЗДДВ на полето на работењето со штедни влогови, меѓу другото, се вбројува укинувањето на сметки, блокирањето сметки и други промети кои се поврзани со работењето со штедни влогови. Кон прометот ослободен од данок во рамките на платниот промет се вбројува, на пр. водењето сметки, отуѓувањето чекови, втиснувањето на фирма на формулари за плаќање, опоменувањето (на пр. при влегување во минусно салдо), како и дознаката и изготвувањето на изводи и фотокопии на сметки. Притоа, наплатата на туѓи побарувања (инкасо-зделки) не е ослободена од данок“. Во однос на евентуалната дилема дали ослободувањето се однесува само за дознаката
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
при брз трансфер на пари или и на надоместокот за извршената дознака, објаснување наоѓаме во Поглавје 2 став 3 од „ДДВУ“ според кое, самата дознака не преставува промет во економска смисла (кој е подложен на оданочување) односно може да претставува промет во економска смисла, доколку за тоа се плаќа надоместок. Поглавје 2 став 3 од „ДДВУ“ (цитат): Прометот опфаќа се‘ што може да биде предмет на правниот промет. Сепак, прометот подлежи, во правна смисла, на оданочување со данокот на додадена вредност само во оној обем, во кој истите претставуваат промети во економска смисла, т.е. претставуваат промети кај кои постои сопствен економски интерес на тој што плаќа, кој интерес го надминува чистото плаќање на надоместокот. Едноставното плаќање надоместок, а особено плаќањето во готово или дознаката, не претставува промет во економска смисла. Одржувањето жиросметки, штедни влогови и други конта, само по себе, не претставува промет во економска смисла од страна на клиентот спрема кредитната институција. Вложувањето на и управувањето со имоти за надоместок претставува промет во економска смисла (на пр. на управителот на имотот) спрема клиентот. Понудата на извршување промет (подготвеност за исполнување) може да претставува промет во економска смисла, доколку за тоа се плаќа надоместок. Од претходното се наметнува заклучокот: Ако промет претставува направената услуга за брз трансфер на пари, а не самата дознака и ако овој промет (како и вашето посредување при овој промет) претставуваат промети од член 23 став 1 точка 5 алинеја д) од Законот за ДДВ кои се ослободени од данок, тогаш Вашиот надоместок за посредувањето, фактуриран на периодична основа врз основа на извршените посредувања, треба да е ослободен од ДДВ според наведениот законски член.
kontakt@proagens.com.mk
61
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ПРАШАЊЕ:
Дали во основицата за ДДВ при закуп фактуриран од физичко лице ДДВ обврзник, влегува и персонален данок на доход?
ОДГОВОР:
Според член 17 од Законот за ДДВ, кога се фактурира за услуга на наем (закуп) од физичко лице, во даночната основа е вклучен и персоналниот данок на доход. Оттаму, ДДВ се пресметува на бруто основицата (заедно со персоналниот данок на доход). Пример на фактура:
Фактура бр. _________
дата на промет: 31.05.2015
Бр.
един. цена
Услуга
Вкупно
1.
Нето закупнина за месец
2.
Персонален данок (ред. бр.1*8,108%)
3.
Основица за ДДВ (1+2)
16.216
4.
ДДВ 18% Вкупно:
2.919 19.135
Вкупно за плаќање по оваа фактура (1+4)*:
17.919
62
Скопје, 31.05.2015 _____________
печат:
15.000 1.216
примил: В.Ангелески
фактурирал:
• Сумата која се плаќа по фактурата е без персонален данок на доход (1.216 денари) кој ќе се плати од страна на закупецот (како субјект што води деловни книги), директно на уплатната сметка во Буџетот, на денот на исплата на фактурата. ПРАШАЊЕ:
Ве молиме, да ни укажете на законската регулатива каде се третира фактот дека лицата обврзници во консолидираниот даночен биланс за ДДВ, помеѓу себе не пресметуваат ДДВ, како и какви се релациите по однос на плаќањето на данокот? ОДГОВОР:
Согласно со членот 9-а од Законот за данокот на додадена вредност како еден даночен обврзник, регистриран за данокот на додадена вредност, можат да бидат и повеќе лица регистрирани за данокот на додадена вредност, кои така ќе одлучат заради нивната сопственичка, организациска или управувачка поврзаност или кога надлежниот
www.p
даночен орган, со решение ќе им наложи да се регистрираат како еден даночен обврзник, доколку кај овие лица утврди нарушување на даночните принципи или можност за нивно нарушување. Согласно со Правилникот за начинот на примена на Законот за данокот на додадена вредност кај лица со сопственичка, организациска или управувачка поврзаност кои можат или на кои им е наложено да се регистрираат како еден даночен обврзник („Службен весник на РМ“ бр. 22/04 и 8/12) вака настанатото поврзано лице назначува едно лице за претставник на поврзаното лице кое ги исполнува обврските за водење на евиденции и за пресметување и плаќање на данокот на додадена вредност кај поврзаното лице.
roagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ
Секој промет на добра и услуги извршен од лице во поврзаното лице кон трети лица и секој промет на добра и услуги извршен од трети лица кон лице во поврзаното лице, ќе се смета како промет од или кон претставникот на поврзаното лице. Меѓутоа, секој член на групата е должен да продолжи да издава ДДВ фактури на купувачи и корисници на услуги (клиенти) кои не се членови на групата. Тие фактури мора да го содржат даночниот број на поврзаното лице (групата). За трансакциите меѓу членовите на групата не се изготвуваат ДДВ фактури и тие не влијаат на вкупниот промет на данокот кој се должи или претходниот данок, што се искажуваат во ДДВ пријавата која ја поднесува претставникот на групата. Според истиот Правилник, секој промет на добра и услуги извршен од страна на едно кон друго лице во поврзаното лице, не се смета за промет. Во Инструкцијата за поврзни лица од 11.03.2004 година, дадена од Управата за јавни приходи - Генерална дирекција, се наведува дека прометот меѓу посебните лица во поврзаното лице се смета за интерен промет во кој не се должи ДДВ, а издадените фактури за меѓусебните трансакции не се сметаат за ДДВ фактури. ДДВ искажан во таквите документи не се долгува според член 55 став 1 и 2 од ЗДДВ. Ова значи дека, фактурите меѓу поврзаните лица не се ДДВ фактури затоа што прометот се смета за интерен, за кој не се должи данок. Поради тоа истиот не се истакнува во фактурите кон лица во поврзаниот субјект. Доколку се искаже ДДВ по грешка, таквата грешка не се санкционира според член 55 став 1 и 2 од Законот (со плаќање поради погрешно искажан данок кој не се должи).
ПРАШАЊЕ:
Дали нашата држава врши поврат на ДДВ пресметан во Македонија на странските правни лица? ОДГОВОР:
Согласно со член 46 од Законот за ДДВ, во случај на постоење реципроцитет (меѓу Македонија и матичната странска земја), на даночните обврзници кои немаат седиште или подружница во земјата и кои не извршуваат никаков промет во неа, ќе им се исплати, по барање, претходниот данок кој може да се одбие според членовите од 33 до 36 на Законот за ДДВ, според посебно пропишана постапка. Постапка за враќање на претходниот данок спрема даночни обврзници без седиште во земјата е опишана во член 11 од Правилникот за спроведување на законот за данокот на додадена вредност. Од Правилникот практично произлегува дека на странскиот даночен обврзник му се враќа платениот македонски ДДВ ако: 1. купил добро или користел услуга од даночен обврзник во Република Македонија и за тоа располага со фактура; 2. го извршил плаќањето и за тоа располага со соодветен документ; 3. не извршува промет (не врши продажби) и нема подружница во Македонија; 4. е регистриран за ДДВ во неговата земја. Период на исплата е календарски месец или временски период од повеќе последователни месеци од една календарска година. Побарувањето за исплата за овој период мора да изнесува најмалку 30.000 денари. Во барањето за последниот месец од календарската година можат да се внесат и претходни даноци кои отпаѓаат на претходни периоди на исплата од соодветната календарска година. Побарувањето за исплата за овој период мора да изнесува најмалку 15.000 денари. Даночниот обврзник може да бара исплата најдоцна до 30 јуни од календарската година која следи по календарската година во која
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
63
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
настанало побарувањето за исплата, преку пропишан образец доставен до Управата за јавни приходи - Дирекција во Скопје. Тој е должен самиот да го пресмета побарувањето за исплата и да ги докаже износите на претходни даноци преку доставување фактури и докази за извршен увоз во оригинал. Барањето за исплата го потпишува своерачно даночниот обврзник. За спроведување на процедурата на повратот потребно е да се поднесат следните документи: 1. фактура за набавеното добро или користената услуга, со задолжително искажан ДДВ во денари, 2. доказ за извршеното плаќање кон испорачателот на доброто, односно давателот на услугата;
64
3. доказ за регистрацијата во сопствената земја (сличен на документот што Македонија го издава на своите обврзници за да го остварат враќањето на ДДВ од странство); 4. Барање за враќање на ДДВ. Овој формулар се пополнува, а претходните три документи се приложуваат кон него. Барањето за враќање на ДДВ се дава со поднесување на образецот „ДДВ-11“ (кој можете да го симнете од http://ujp.gov.mk/ files/attachment/0000/0101/DDV_11_Baranje_ web_20.05.2014.pdf) до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ ПРАШАЊЕ:
Нашето друштво се занимава со градежна дејност меѓу другото и по договори со познати инвеститори, во кои се прецизирани одредени фази од градењето за кои, со нивното завршување, треба да испоставиме времени ситуации за прифаќање и плаќање од инвеститорот. Меѓутоа, на одредени датуми, за цели на утврдување на годишен или периодичен финансиски резултат, вршиме интерна пресметка и проценка на степенот на завршеност на објектите, врз основа на кои признаваме приходи од градењето согласно МСС 11. www.p
Дали таквото признавање приходи значи и настанување на даночен долг за ДДВ во истиот момент? ОДГОВОР:
Со оглед дека прашањето се однесува на моментот на настанување на даночниот долг, укажуваме дека согласно одредбата од член 31 став 1 точка 4 од Законот за ДДВ даночниот долг кај економски деливиот промет (каков што е вашиот промет - ангажман по договори за градба), настанува на денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот. Упатството на Министерството за финансии за примена на Законот за ДДВ („ДДВУ“), во Поглавјето 77 - Настанување на даночниот долг кај прометот во делови (делумен промет) појаснува: ако наместо целокупниот промет се вршат делумни промети, за настанувањето на даночниот долг кај поединечните делумни промети не е битен моментот на извршување на целокупниот промет, туку моментот во кој се извршува соодветниот дел од прометот (член 31 став 4 од Законт за ДДВ). Притоа, меродавен е денот на кој се извршува соодветниот дел од прометот. Упатството понатаму појаснува дека за делумен промет се смета економски разграничен дел од одреден единствен промет кој е договорен, и кој се извршува и се пресметува во делови, односно делумниот промет се признава како таков само ако се исполнети следните четири услови: 1. да се работи за дел од одреден промет на добра или од одредена услуга, кој може економски да се разграничи; 2. договорните страни да договориле, дека за одредените делови од прометот ќе се пресметуваат и плаќаат соодветни делумни надоместоци. Ако за одредени делови од прометот најпрвин не биле посебно договорени делумни надоместоци, мора да се изврши соодветна измена на договорот пред завршување на извршувањето на прометот; 3. за делот од прометот мора, доколку е истиот дел од одреден промет на добра, да биде извршено примопреда-
roagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ
вање. Ако делот претставува услуга, истиот мора да е извршен или д а престанало неговото извршување;
Ова го потврдува и следниот пример од Упатството за примена на Законот за ДДВ („ДДВУ“):
4. делот од прометот мора да е пресметан одделно.
„Даночниот обврзник Г е градежен претприемач. Тој гради деловен објект како повеќекатница по налог на трето лице. Притоа е договорено одделно примопредавање, одделна пресметка и одделно плаќање на секој поединечен кат од објектот, меѓутоа не е договорено плаќање аванси согласно со напредувањето на изградбата. Првиот кат се примопредава во април 01 година, последниот кат во мај 02 година.
Во случајот на утврдување на приходите според степен на довршеност на договорот, утврдената вредност на приходите не мора да, и обично не соодветствува со завршен економски деллив промет. Според точка 30 на МСС 11, степенот на довршеност на договорот може да се утврди на различни начини. Претпријатието користи метода која веродостојно ја мери извршената работа. Во зависност од природата на договорот, методите можат да го вклучат: а) соодносот на трошоците на договорот направени за извршената работа до датумот спрема проценетите вкупни трошоци на договорот; б) надгледување на извршената работа; или в) завршување на физички дел од договорената работа. Прогресивните плаќања и авансите примени од нарачателите често не ја одразуваат извршената работа. Како што укажува оваа точка од Стандардот, начините на утврдување на степенот на довршеност на договорите, не ги задоволуваат погоре наведените услови за признавање на делумен промет од точките 2 и 3. За признаениот приход во билансот на успех на 31.12., даночниот долг за ДДВ сеуште не настанал, затоа што: - вака пресметаниот приход не е утврден за одредените делови од прометот за кои е п редвидено во договорот да се пресметуваат и плаќаат соодветни делумни надоместоци и - за пресметаниот приход не е извршено примопредавање и не можело да биде извршено з атоа што примопредавањето е договорено за јасно определен завршен дел од градењето, кој ќе се случи во иднина.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
Даночниот обврзник врши испорака на дело (види поглавје 11 од ДДВУ) која е економски деллива. Секој кат од објектот е одделно договорен и предаден, како и одделно пресметан и платен како дел од единствениот промет. Даночниот долг за поединечните делови од единствениот промет настанува на денот на соодветното примопредавање, на пр. даночниот долг за изградбата на приземјето настанува во април 01 година, додека за изградбата на последниот кат данокот настанува во мај 02 година.“ Според претходно изложеното, ДДВ треба да се пресмета во моментот кога се фактурира (со тоа што доколку се исполнети законските услови се врши пренесување на даночната обврска по член 32 - а) за соодветно завршениот дел од градењето кој е одреден во Договорот, а не со утврдување на приходот врз основа на проценка по МСС 11. ПРАШАЊЕ:
Нашиот комерцијален директор има бизнис платежна картичка, за која во еден од месечните извештаи добиени од банката се евидентирани и набавки за негови лични потреби (костими) што треба да бидат платени од сметката на нашата фирма, со оглед дека побарувањето од извештајот гласи на нашата фирма. Дали во овој случај треба да внесеме на сметката готови пари добиени од директорот или тоа може да остане трошок на
65
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
фирмата и како во тој случај би се евидентирал?
ОДГОВОР:
Извештајот од банката треба да го третирате како секој друг извод, кој е основ за книжење на одлив од жиро сметката, а посебните сметки, фактури и сл. се документи СМЕТКА должи побарува
врз основа на кои ја книжите обврската што е платена со картичката. За личните набавки на директорот, можете веднаш да евидентирате побарување од вработениот (како кај продажба во транзит), при што ќе го спроведете следното книжење, за бруто вредноста на набавените костими:
ИЗНОС должи побарува
ОПИС
Останати побарувања од вработените (за платени приватни трошоци) Обврски по основ на кредитни/дебитни 2590 картички - за прокнижен извештај од платежна картичка 1453
66
Директорот може да ги уплати средствата од своја трансакциска сметка, а може и да му задржите од плата, односно побарувањето од сметката 1453, да го затворите со обврската за исплата на нето платата. За второто е потребна негова согласност. ПРАШАЊЕ:
Со оглед дека се работи за добра за кои не е исклучено правото на одбивка согласно член 35 од Законот за ДДВ, за набавената опрема - мебел имате право на одбивка, односно поврат на данокот на додадена вредност. При тоа и дејноста на која и се подредуваат овие добра е со право на одбивка на ДДВ. Во точка 4 на членот 35 од Законот за ДДВ е прецизирано кои добра за опремување на административните простории се без право на одбивка. Точката гласи:
“4. Набавки или увоз на фрижидери, аудио и видео апарати, теписи и уметнички предмети со кои ги опремуваат своите административни простории.” ПРАШАЊЕ:
За потребите на фирмата набавивме работни маси од фирма производител на истите. Дали за нив имаме право на враќање на ДДВ, со оглед дека спаѓаат во мебел за административните простории на хотелот (нашата дејност е хотелски услуги)? ОДГОВОР:
Даночниот обврзник нема право на одбивка на претходниот данок за:
02/ 3162-979 i 3298-763
www.p
Врз основа на договор за закуп за период од 5 години, имаме земено под закуп угостителски објект, со договорена фиксна закупнина. Меѓутоа, за наши потреби сакаме да извршиме одредено преуредување и реновирање на објектот, за што закуподавецот е согласен. Дали за фактурите од изведувачите на ова реновирање имаме право на одбивка на данокот на додадена вредност? ОДГОВОР:
Правото на одбивка за ваквите вложувања во туѓиот објект може да се оствари само доколку е извесно дека тоа вложување ќе се користи во функција на Вашата стопанска дејност, со тоа што, по истекот на периодот на договорениот закуп, остатокот од вредноста на вложувањето ќе се процени и оданочи, без оглед дали ќе биде фактуриран на закуподавачот или на трошок на закупецот.
roagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ
ПРАШАЊЕ:
Минатата година, поради деловни промени, направен е попис на трговски стоки и при тоа е констатиран кусок за кој е пресметан ДДВ. При пописот е издвоена и трговска стока (компјутерска опрема, цд-а, тонери, монитори) која е застарена и делумно оштетена и истата е со записник однесена и уништена на депонија, за што постои документ и уредна фактура, издадена од претпријатието при превземање на отпадот. При инспекциски надзор пресметан ни е ДДВ за стоката која е фрлена на депонија со образложение дека за застареност и неисправност одлуката требало да ја донесе некоја надлежна институција, а не ние. Инспекторката не знаеше да ни посочи на која институција требало да се обратиме. Дали за отпис без пресметка на ДДВ на технолошки застарена и делумно оштетена стока е доволно тоа што имаме документ дека стоката е однесена на депонија, односно имаме ли основ за приговор по записникот? ОДГОВОР:
Во Законот за ДДВ нема конкретно пропишано каков третман имаат овие расходи, но сепак расходот не претставува промет согласно член 2 од Законот за ДДВ (не е промет со надомест) и на него не се плаќа ДДВ. Значи, доколку имате потврда за фрлените залихи во депонија (со специфицирани видови и количини, кои одговараат на расходот), таа може да ви послужи за докажување на настанатиот расход, односно за докажување дека не се случил промет (продажба) на тие залихи, па според тоа не може да бидете ни оданочени за нив. Тоа би бил основ за приговор, а исто така би користел и Записник за констатирани застарувања и оштетувања, од компетентни лица (вработени или надворешни) како што се информатичари, електроничари и др. (само да не се сопственици или со нив поврзани лица), доколку е направен пред одлуката за фрлање на стоките.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
Според Мислење на УЈП од 29.01.2015, нормираните износи на кало, растур крш и расипување на стоки важат како за даночно признавање на расходот (од аспект на данокот на добивка), така и за даночно ослободување на истиот од ДДВ, односно се вели: „Со Правилникот за нормираните износи на кало, растур крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели, се пропишани нормираните износи на кало, растур, крш и расипување во трговијата, угостителството, градежништвото земјоделството, прехрамбената индустрија, производството на тутун и преработки од тутун и складирањето и прометот на нафта и нафтени деривати. Истовремено Ве известуваме дека иако во преамбулата на Правилникот за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели се повикува на Законот за данокот на добивка, истиот важи и за целите на данокот на додадена вредност.“ Нашето Мислење е дека наведениот Правилник поставува одредени граници на признавање на расходот на годишно ниво, но дека во случаите на затекнати залихи кои поради неможност да се реализираат се прописно уништени, Законот за ДДВ не предвидува оданочување, односно Законот предвидува оданочување само на давањата, подарувањата и самопотрошувачките од членот 3 став 3 на Законот за ДДВ, а никако не и за уништените (со доказ!) залихи. ПРАШАЊЕ:
Дали ќе имаме право на реинвестирана добивка за изградба на деловен простор кој е започнат во 2015 година и за кој според предвидувањата ќе биде потрошено 3.000.000 денари, ако добивката за 2014 година изнесува 3.600.000 денари? ОДГОВОР:
Во овој случај ќе треба да се знаат и износот на добивката за 2015 година и износот
67
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
на вкупните инвестиции до крајот на 2015 година. Правилото е дека, максимално дозволениот износ кој може да се искористи како реинвестирана добивка за 2015 година, е всушност најнискиот од следните три износа: - распределениот износ за инвестиции од добивката за 2014 година; - износот на вложувањата од 2015 година и - износот на добивката за 2015 година. ПРАШАЊЕ:
Каков третман имаат фактурите на нашите подизведувачи за градежни работи во изградба на школо финансирано од странска донација, а каков кога ние фактурираме кон имплементаторот на проектот (треба да фактурираме износ од 2.000.000 денари)? Напоменуваме дека сите три субјекта сме регистрирани даночни обврзници за целите
68
на ДДВ. Како треба да ја книжиме фактурата кон имплементаторот? ОДГОВОР:
Во првиот случај, бидејќи и давателот (подизведувачот) и Вие (примателот на прометот) сте ДДВ обврзници, следува фактурирање од страна на подизведувачот со пренесена даночна обврска (reverse harge) по член 32-а од Законот за ДДВ, што значи и Ваша обврска да засметате даночен долг за ДДВ (за кој имате право на одбивка). Од друга страна, Вашиот промет е во согласност со предвиденото законско даночно ослободување за проектите од странски донации, од член 24-а од Законот за ДДВ. Според спомнатиот член 24-а, овој промет се пријавува во УЈП и за истиот, ќе добиете од УЈП генерирана фактура без ДДВ, која треба да се проследи до имплементаторот. Кај Вас истата се евидентира на следниот начин:
СМЕТКА ОПИС должи побарува 1202 Побарувања од купувачи во земјата 7401 Приходи од продажба на услуги во земјата - 100 -
ПРАШАЊЕ:
по фактура со сериски број ... Парични средства 1202 Побарувања од купувачи во земјата по извод ...
Поради извозното работење имаме голем износ на претплата (побарување) на ДДВ, а очекуваме големи обврски за данок на добивка (авансите што ги плаќавме се мали износи). Бидејќи станува збор за даноци кон државата дали постои начин со допис или евентуално образец да се направи компензација на нашето сегашно побарување од ДДВ со нашиот долг по основ данок на добивка? ОДГОВОР:
Со „Инструкцијата за пребивање на побарувања за исплата на даноци со долгови по основ на даноци и камати (бр. 104089/2-2002 од 25.2.2003 година)“ за прв пат е предвиден и појаснет начинот на кој можат www.p
ИЗНОС должи побарува 2.000.000 2.000.000 2.000.000 2.000.000
да се пребијат долгови за еден данок со побарување по друг данок, што е постапка која и денес се применува врз основа на Барање до УЈП. Според Инструкцијата, даночен обврзник може да го пребие побарувањето за ДДВ со други даночни обврски, откако претходно ќе побара поврат (со “х” пред поле 28 од ДДВ пријавите што се со побарување) па по утврдување на правото на овој поврат, УЈП може да го изврши пребивањето. Даночниот обврзник може да поднесе Барање за пребивање доколку истиот има повеќе платен данок по еден основ и доспеан даночен долг по друг основ. Барањето се поднесува на образец УЈП-УН-З.2-38/1, кој може да го најдете на http://ujp.gov.mk/files/ attachment /0000/0440/UJP-UN-Z.2-38-1.pdf
roagens.mk
СМЕТКОВОДСТВО И ДАНОЦИ
ПРАШАЊЕ:
Имаме донирано парични средства на физичко лице како хумана помош за лекување во странство. Бидејќи за донацијата немаме склучено договор во писмена форма би сакале да знаеме дали за вакви донации треба да плаќаме персонален данок и дали е потребно да правиме договор во писмена форма?
ОДГОВОР:
Со оглед дека за ваквото давање од лична корист за едно лице, не можат да се користат даночните повластувања од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности останува обврската за пресметување и плаќање на персонален данок на доход како за “други приходи” од член 55-а од Законот за персоналниот данок на доход утврден по пресметаната стапка од 6,952% (со вклучена одбивка од 35%). Стапката се применува на нето основица. Исплатениот износ, заедно со платениот персонален данок на доход целосно се враќа во даночниот биланс, како непризнат расход. Во ваков случај не се потребни писмени договори, ниту нивно доставување до УЈП. ПРАШАЊЕ:
Во врска со ограничувањето од 3.500 денари за исплата на неоданочен надомест за користење сопствено возило за службени потреби од наши вработени, Ве молам да ни сугерирате друг начин на кој би можеле, без оданочување, да користиме туѓо возило. Како и, кои се начините возилото да се пријави на име на фирма, со оглед дека дневно правиме минимум 50-70 км (локал) и а повеќе пати во месецот возилото патува низ неколку градови на Македонија? ОДГОВОР:
За жал, нема друг начин на неоданочена исплата на овој надомест. Меѓутоа, доколку фирмата има потреба од користење возило што е во туѓа сопственост, истото може да го
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
земе под наем (закуп), врз основа на договор за закуп со сопственикот, што значи дека на исплатените износи за закуп ќе треба да се плати и персонален данок на доход по пресметана стапка од 8,108 % на нето основица (на име персонален данок на приходи од имот и имотни права, по одбивка од 25% од бруто основицата). Во овој случај закупнината е признат расход, за разлика од исплатениот надомест на трошоци за користење сопствено возило, кои се враќаат 70% во даночен биланс, како непризнат расход. Инаку возилото може да стане сопственост на фирмата ако сегашниот сопственик Ви го продаде, подари или вложи во фирмата. ПРАШАЊЕ:
Подарено е основно средство на Репро 21 и истото е прокнижено на класа 0 и класа 7, па прашањето ни е дали за ова основно средство треба да се пресметува амортизација бидејки е подарок? ОДГОВОР:
Без оглед на начинот на стекнување на основното средство, истото се признава во категоријата недвижности, постројки и опрема, така што утврдената вредност на подарокот се зема како основица за пресметување на амортизација според стапки на отпис предвидени за такво средство во сметководствените политки на друштвото.
69
Pr fesionalna Edukacija
ПРАШАЊЕ:
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
ОДГОВОР:
Имаме една дилема во врска со фактурирање на странска фирма за следниве извршени услуги. - обуки на менаџери и претприемачи во сите бизнис области: финансии, маркетинг, продажба, човечки ресурси, поврзување и спојување на компании, бизнис планирање, in-house обуки и сл. - обуки за меки вештини: преговарање, делегирање, носење одлуки и сл., - во рамките на нашата мрежа од клиенти, правиме поврзување помеѓу претприемачите за остварување на деловна соработка помеѓу нив, - поврзување на нашите клиенти со ментори од Македонија, кои ги менторираат/им помагаат во надминување на нивните бизнис предизвици.
70
Ве молам за совет: Доколку фактурираме на клиент во странство за наши услуги кои се извршени во Македонија (наведени погоре), дали услугата подлежи на ДДВ или е ослободена од ДДВ ?
www.p
Различните промети имаат различен даночен третман, односно: Услугите од алинеја 1 и 2 се услуги од типот научни и образовни и се оданочуваат во местото каде се даваат (значи се фактурираат со ДДВ 18% според член 14 став 2 од Законот за ДДВ). Услугите од алинеја 3 се оданочуваат во зависност од посредуваната услуга, односно од тоа каде е местото на оданочување на услугата кја се посредува. На пример, ако е посредувањето во врска со извршен увоз, услугата се оданочува со ДДВ 18%, што пак значи дека не се оданочува ако се посредува при извоз. Во однос на последната група треба да се внимава на тоа кој е корисник на советодавната, менторска или услуга на know-how. Доколку корисникот на услугата е во земјата, истата треба да се фактурира со ДДВ 18%, а доколку корисникот е странски даночен обврзник истата нема да се оданочи а во фактурата ќе се наведе дека ДДВ не е пресметан согласно со член 14 став 3 од Законот за ДДВ.
roagens.mk
ИНФОРМАЦИЈА
Информација
НАМАЛЕНИ ГЛОБИ ЗА ПРЕКРШОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ СО РЕТРОАКТИВНА ПРИМЕНА ОД 01.02.2015 ГОДИНА
ДОНЕСЕН НОВ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Н
овиот Закон за прекршоците (ЗП) е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 124 од 23.07.2015 година и влегува во сила на 31.07.2015 година. Независно од денот на влегување во сила, интересно е што новиот ЗП според член 158 има ретроактивна примена која се врзува со денот на започнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Денот на започнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е 1 февруари 2015 година (согласно со членот 13 од Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка). Со денот на започнувањето на примената на новиот ЗП престанува да важи Законот за прекршоците („Службен весник на РМ“, бр. 62/06 и 51/11).
СМЕНЕТ НАЧИНОТ НА ОДМЕРУВАЊЕ НА ГЛОБИ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ НА ПРАВНИ ЛИЦА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ Критериуми за одмерување на висината на глобата Според тоа, ретроактивно, почнувајќи од 01.02.2015 година, одмерување на висината на глобата за правно лице и трговец поединец ќе се врши согласно со член 39 од новиот ЗП со земање во предвид на на следниве критериуми:
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
- в купен приход остварен во претходната фискална година, - п росечен број на вработени врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец во однос на месецот во кој е сторен прекршокот и - претходно поведение на сторителот. а) Вкупен приход остварен во претходната фискална година По основ на критериумот „вкупен приход остварен во претходната фискална година“ може да се изрече најмногу 70% од пропишаната глоба и тоа на следниов начин: - од 0 до 500.000 денари - 10%, - од 500.001 до 1.000.000 денари - 20%, - од 1.000.001 до 3.000.000 денари - 30%, - од 3.000.001 до 6.000.000 денари - 40%, - од 6.000.001 до 20.000.000 денари - 50%, - о д 20.000.001 до 100.000.000 денари - 60% и - над 100.000.001 денари - 70%. Доколку правното лице односно трговец поединец во Централниот регистар на Република Македонија нема поднесено годишна сметка за претходната фискална година од која може да се утврди вкупниот приход, при одмерување на висината на глобата ќе се земе во предвид просечниот вкупен приход на ниво на дејност која ја врши сторителот на прекршокот. б) Просечен број на вработени По основ на критериумот „просечен број на вработени врз основа на состојбата на крајот на претходнот месец во однос на ме-
71
Pr fesionalna Edukacija
A g e n c i j a “P r o A g e n s”
сецот во кој е сторен прекршокот“ може да се изрече најмногу до 20% од пропишаната глоба и тоа на следниов начин: - од 0 до 9 вработени - 5%, - од 10 до 49 вработени - 10%, - од 50 до 249 вработани - 15% и - над 250 вработен - 20%. в) Претходно поведение на сторителот По основ на критериум „претходно поведение на сторителот“ може да се изрече најмногу 10% од пропишаната глоба и тоа на следниов начин: - н ема изречени правосилни прекршочни санкции - 0% и - и зречени се правосилни прекршочни санкции - 10%.
Утврдување на висината на глобата
72
Висината на глобата се одредува како процент од пропишаниот износ на глобата. Овој процент претставува збир на сите проценти добиени во зависност од категоријата во која влегува сторителот во рамките на секој пропишан критериум од точките а), б) и в).
Повторување на прекршокот На сторителот на ист прекршок, за секое наредно повторување на прекршокот одмерената глоба за претходниот прекршок се зголемува за по 10%, но не повеќе од висината на двокрaтниот износ од пропишаната глоба за временски период од пет години. Прекршочниот орган води евиденција за сторителите на прекршок и за изречените глоби за сторениот прекршок. Ако судот, односно прекршочниот орган утврди глоба за два или повеќе прекршоци во стек, единствената глоба претставува збир на поединечно одмерени глоби, која не може да го надмине законскиот максимум на глобата пропишана за правното лице односно трговец поединец. www.p
Извршување на глобата Ако осуденото правно лице не ја плати глобата во определениот рок, кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 30 дена, ќе се спроведе присилно извршување, согласно одредбите од Законот за даночна постапка (член 40 од новиот ЗП). Глобата на странски правни лица се извршува од имотот конфискуван во Република Македонија или со примена на меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Република Македонија, од имотот во странство.
Глоба пропишана со ЗП со суспсидијарна примена Според ЗП, глобата за правното лице се изрекува во износ кој не може да биде помал од 200 евра, ниту поголем од 5.000 евра во денарска противвредност глобата за трговец поединец не може да биде помала од 50 евра ниту поголема од 2.000 евра во денарска противвредност. од ставот (член 38 став 2 од ЗП). Со законот со кој се пропишува прекршокот (посебен закон) може да се пропише и повисока глоба од оваа определена со ЗП во членот 38 став 2 (член 38 став 5 од новиот ЗП). За прекршоци сторени од користољубие или за прекршоци со кои се предизвикува поголема имотна штета, може да се пропише глоба до двојниот износ од максимумот на оваа санкција или во сразмер со висината на причинетата штета или прибавената корист, но најмногу до дваесеткратен износ од наведениот во членот 38 став 2 од ЗП (член 38 став 3). Со законот со кој се пропишува прекршокот висината на глобата се изразува во фиксен износ (член 38 ста 4 од новиот ЗП ). Со законот со кој се пропишува прекршокот за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој не може да биде поголем од 1.500 евра за правно лице односно 1.000 евра за трговец поединец, во денарска противвредност.
roagens.mk
ИНФОРМАЦИЈА
За одделни прекршоци од областа на заштита на конкуренција, најтешко категоризираните прекршоци од областа на животната средина, како и во други области определени со закон може да се пропише глоба во процентуален износ кој изнесува до 2% од вкупните приходи на правното лице во претходната финансиска година, а во однос на одделни прекршоци од областа на електронски комуникаци до 10% од вкупните приходи на правното лице во претходната финансиска година.
ОСТАНАТИ ВИДОВИ НА ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА И ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ Покрај глоба, во членот 38 од ЗП предвидени се уште два вида на прекршочни санкции кои може да се изречат на правни лица и трговец поединец, и тоа: - опомена и - п ривремена забрана за вршење одделна дејност.
Опомена Опомената може да се изрече за прекршок сторен под особено олеснителни околности, ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или со прекршокот е нанесена штета, а сторителот пред донесувањето на одлуката за прекршок, ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или ја надоместил нанесената штета.
Привремена забрана за вршење на одделна дејност Во одлуката со која на правното лице односно трговец поединец се изрекува санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност, се наведува дејноста чие вршење му се забранува на правното лице односно трговец поединец. Санкцијата привремена забрана за вршење на одделна дејност, може да се изрече ако постои опасност со вршењето на таква дејност правното лице односно трговец поединец да изврши: - повторно прекршок опасен за животот или здравјето на луѓето или - п рекршок со кој може да се нанесе имотна штета на друго правно лице односно трговец поединец или на граѓани, или - а ко на правното лице односно трговец поединец во последните две години му е изречена прекршочна санкција поради ист или сличен прекршок. Со законот со кој се пропишува прекршокот, може да се пропише задолжително изрекување на санкција забрана за вршење на одделна дејност на правно лице односно трговец поединец. Судот го определува траењето на санкцијата забрана за вршење на одделна дејност кое не може да биде пократко од три месеци ниту подолго од три години, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката. Прекршочниот орган санкцијата забрана за вршење на одделна дејност може да ја изрече во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. Санкцијата привремена забрана за вршење на дејност не може да се изрече на правно лице основано со закон.
INFORMATOR 8 I AVGUST 2015
02/ 3162-979 i 3298-763
kontakt@proagens.com.mk
73