ИНФОРМАТОР БРОЈ 8 ОД 2016 ГОДИНА

Page 1


2016

INFORMATOR

www.proagens.mk

8

АВГУСТ

2016


8

АВГУСТ 2 0 1 6

www.proagens.mk

S O D R @ I N A: УПРАВНА ПОСТАПКА 1) ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

5

ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ 2) ДАНОЦИ ПО ОДБИВКА НА ПРИХОДИТЕ ОД КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ КОИ ГИ ВРШАТ СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

11

РАБОТНИ ОДНОСИ 3) ОСНОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОТКАЗ

23

ФИНАНСИИ/СМЕТКОВОДСТВО 4) ФАКТОРИНГ - ОТКУПOT НА ПОБАРУВАЊА ОД ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН АСПЕКТ

55

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ 5) ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

66

ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN I PROPISI ZA NEPROFITNI ORGANIZACII

1.050

denari na 79 strani

Cena za pretplatnici so vklu~en DDV.

tt


УПРАВНА ПОСТАПКА

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВ ЗОУП Од 1 август 2016 година започнува примената на новиот Закон за општата управна постапка (новиот ЗОУП), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 124 од 23.07.2015 година, влезен во сила на 31.07.2015 година, со одложена примена од 01.08.2016 година, една година од денот на влегување во сила. Новиот ЗОУП има 141 член, двојно помалку од стариот ЗОУП кој има 302 члена и се оценува како акт кој треба да изврши модернизирање на системот на управни постапки, врз основа на јасна и концизна структура. Целта за донесување на новиот ЗОУП е да ја минимизира „бирократијата“, непотребниот формализам, одолговлекувањето на управните постапки и да ги скрати роковите за донесување на актите. Со тоа ЗОУП треба да обезбеди и намалување на административните трошоци на сите учесници во постапките. Тоа ќе се постигне преку: - подобрување на транспарентноста на

управните постапки;

- поттикнување на управна пракса ори-

ентирана кон услугите и професионална јавна администрација како суштински услов за економскиот развој;

- поддржување на ефективното и етич-

ко однесување на државните и јавните службеници во заштитата на јавниот интерес;

1

- подобрување на ефикасноста (еконо-

мичноста) на донесувањето на управните акти во корист и на јавниот интерес и на интересот на граѓаните; - започнување со примената на современи информатичко-комуникациски технологии за испорака на административните услуги (е-администрација) и - усогласување на македонската јавна администрација со стандардите на ЕУ. Се оценува дека новиот ЗОУП како системски процесен закон ќе воведе најголеми промени во работата на јавната администрација во последните неколку децении со кои се претендира истата да стане вистински сервис за граѓаните и компаниите преку обезбедување на побрзи, поедноставни, поефикасни и поекономични управни постапки. Со отпочнување на примената на новиот ЗОУП, престанува да важи стариот ЗОУП 1 од 2005 година, чиишто почетни основи датираат уште од австрискиот Закон за управна постапка од 1925 година, усвоен, менуван и прилагодуван во системот на поранешната Југославија па понатаму во самостојна Македонија. Стариот ЗОУП е оценет од експертите како надминат од повеќе аспекти пред се заради фактот што ја одразува идејата на традиционалната бирократска управа, а не на управа на една современа држава којашто треба да испорача големи и сложени јавни услуги користејќи притоа современи административни алатки кои тешко можат да се интегрираат во концептуалната структура на стариот ЗОУП.

„Службен весник на РМ”, бр. 38/05, 110/08 и 51/11; У. суд - 118/08.

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2016

5


ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ

 

Ирена НИКОЛОВСКА Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ДАНОЦИ ПО ОДБИВКА НА ПРИХОДИТЕ ОД КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ КОИ ГИ ВРШАТ СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Д

аночниот третман на приходите исплатени по основ на консалтинг услуги, извршени од странски правни лица, од аспект на оданочувањето со задржаниот данок (withholding tax) е регулиран со Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15, 129/15 и 23/16), додека даночниот третман на приходите исплатени по основ на консалтинг услуги извршени од странски физички лица, од аспект на оданочувањето со персоналниот данок на доход е регулиран со Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 23/16), со можност за примена на даночните погодности од билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување (даночно олеснувања / ослободувања). Според членот 2 на Законот за даночна постапка, ратификуваните меѓународни договори за оданочување имаат предимство пред националните даночни закони (Законот за данок на добивка и Законот за персоналниот данок на доход). Договорите за одбегнување на двојно оданочување кои Република Македонија ги склучува на билатерално ниво со определени држави (до моментот на печатењето на овој текст, постојат 48 склучени договори: 47 договори склучени од Република Македонија, кои важат за 48 држави, со оглед дека истиот договор склучен со СР Југославија се применува поединечно и за Србија и за Црна гора и 1 договор склучен од СФР Југославија со Белгија, кој важи додека да почне примената на договорот со Белгија склучен од Р.

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2016

Македонија), овозможуваат примена на даночни олеснувања (пониска даночна стапка од законски пропишаната), односно даночни ослободувања (0% даночна стапка), преку спроведување на формалната процедура пред Управата за јавни приходи. Значи, даночните погодности на договорите не се применуваат по автоматизам, туку исклучиво по нивно претходно одобрување од страна на Управата за јавни приходи. Откако се добие одобрувањето на УЈП, резидентното друштво може при исплатата на приходот од консалтинг услуги да примени целосно даночно ослободување (да не одбие данок). Прегледот на важечките билатерални договори за одбегнување на двојно оданочување, заедно со пропишаните даночни стапки, е објавен во изданието на Про агенс ИНФО РЕГИСТАР 2016, како и на интернет страницата на Про агенс (www.proagens.mk).

kontakt@proagens.com.mk

11


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ОСНОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОТКАЗ

1. ВОВЕД 1.1. Содржина на главата VII од Законот за работните односи (ЗРО) Откажување на договорот за вработување освен што е мошне честа појава во нашата практика, воедно правно гледано претставува и исклучително деликатна постапка пропратена со различни социјални последици и со речиси редовно процесуирани предмети пред судовите, познати како работни спорови. Во Законот за работните односи – ЗРО1, ова проблематика е уредена со членовите: 70 - 104, содржани во главата VII, под наслов: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот“. Но, насловената глава, покрајот типичниот отказ на договорот за вработување, опфаќа уште две основи кои доведуваат до престанување, односно до прекин на договорот за вработување, а тоа се: - судска одлука (пресуда, односно решение за трајна неспособност за работа - членови 102 и 103 од ЗРО) и - возраст на работникот (член 104 од ЗРО). Во врска со наведните правни ситуации, ЗРО ги уредува следните прашања: причините 1

за откажување на договорот за вработување; формата на отказот; траењето на отказниот рок; приговор против одлуката за отказ; застареност на отказот поради лични причини и причини на вина; обврска на работодавачот за информирање и консултирање со претставниците на работниците при колективни отпуштања; испратнината; правата и обврските во случај на отказ од деловни причини; отказ од страна на работодавач во посебни случаи; отказ од страна на работник во посебни случаи и други значајни прашања кои се поврзани со престанокот на работниот однос, а чие поблиско согледување е воедно и предмет на интерес во овој текст. Посебно е значајна актуелната содржина на членот 101 од ЗРО, кој е резултат на измената на ЗРО (13/13, во сила од 31.01.2013 година). Со овој член детално се уредуваат аспектите на забраната за отказ заради бременост, раѓање и родителство, со разрешување но, и отворање на одредени дилеми, во насока на зацврстување на принципот на посебна заштита на работникот кој остварува права по основ на родителство од примената на институтот отказ. Во оваа глава (VII) од ЗРО се сместени и одредбите со кои се уредуваат: понуда на нов договор за вработување пред отказ (член 78), отстранување на работникот од кај работодавачот до донесување на одлука

„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10,

124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/16; како и 12 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06 (исправка-66/06), 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16.

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2016

23


ФИНАНСИИ/СМЕТКОВОДСТВО

 

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ФАКТОРИНГ - ОТКУПOT НА ПОБАРУВАЊА ОД ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН АСПЕКТ

ПОИМ НА ФАКТОРИНГ РАБОТИ Факторинг работите како посебен вид на краткорочно финансирање се многу раширени во западно-европските земји и САД. Нашата регулатива е прилагодена за користењето на договорот за факторинг во деловната пракса, така што неговата примена во последниве години е во пораст. Факторингот значително придонесува за зголемување на ликвидноста и рентабилноста на нашите деловни субјекти во нивното работење. Факторинг работите се особено корисни за развојот на малите и средните друштва, поради тоа што им ги обезбедуваат во брзо време потребните готови парични средства, без потреба да чекаат до достасувањето на нивното побарување. ледната поопширна дефиниција разјасС нува што претставуваат факторинг работите. Определено друштво (клиент), врз основа на договор за факторинг, се обврзува да ги понуди на продажба на факторот сите краткорочни побарувања од договорот за испорака на стока или давање на услуги пред нивното достасување со плаќање на факторинг - провизија. Факторот (обично банка, но може и друга финансиска институција/друштво) се обврзува тие понуди да ги прифати за посебен надомест, доколку е поволна платната способност на должниците на клиентот, обично со преземање на ризикот за наплата од должниците, при што факторот и управува со побарувањата на клиентот. ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2016

Кај факторинг работите, најчесто се откупуваат (отстапуваат) побарувањата од договори за продажба на стоки и услуги, затоа што обично роковите за испорака и наплата се кратки, а со тоа е поизвесно и наплатувањето на побарувањата. Факторот ги откупува побарувањата од клиентот по одредена каматна стапка, која е зголемена за мал износ на премијата на ризик, како и за провизијата за евентуалните други услуги што ќе ги врши факторот. Премијата на ризик се утврдува најчесто како процент од номиналната вредност на побарувањата. Обично, кај факторингот, се откупуваат необезбедени побарувања, односно побарувања без средства за обезбедување на плаќањето.

С КЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ Договорот за факторинг, всушност, претставува преддоговор врз основа на кој настанува обврската за склучување на главните договори, за кои е потребна посебна изјава на волја и кои се самостојни, а обично се нарекуваат договори за купување. Правните институти на договорот за факторинг се: - цесија (отстапување на побарувањето); - преддоговор (ги обврзува странките да ги склучат главните договори) и - главни договори (нивен предмет се главните елементи на договорот за продажба).

55


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Д-р Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ПРАШАЊЕ:

?

Не интересира кој може да врши пренесување на обврска за ДДВ (18 %), кај работите за изведба на инфраструктурни проекти, каде ние се јавуваме како изведувач а инвеститор е општината? Имено, подизведувачот доставува фактури кај нас без ДДВ (со напомена за пренос на даночната обврска по член 32-а). Како треба ние да постапиме во овој случај? Дали и ние имаме право согласно со истиот член, да го пренесеме данокот (ДДВ) на инвеститорот? ОДГОВОР:

Вие како изведувач сте во системот на reverse charge, исто како и подизведувачот, а тоа значи, доколку инвеститорот (општината) е ДДВ обврзник, за градежните работи кои Вие ги фактурирате, исто така ја пренесувате даночната обврска според член 32-а. Доколку општината не е ДДВ обврзник, немате право на пренесување на даночната обврска туку ќе засметате 18% ДДВ, во секоја од времените ситуации (фактури). ПРАШАЊЕ:

?

Во нашата лабараторија треба да вршиме анализа на вода за странски субјект. Бидејќи имаме воспоставен ценовник во денари, со вклучен ДДВ, на кој начин треба да фактурираме кон странскиот нарачател? Дали за странскиот субјект да издадеме фактура во денарски износи или може да биде во девизи, како и дали во случајов услугата е ослободена од ДДВ?

66

ОДГОВОР:

Хемиските анализи се во групата на услуги од член 14 став 3 точка 4 на Законот за ДДВ, за кои прометот се смета дека настанува во местото каде е седиштето на фактичкиот корисник. Кога тоа место е во странство, како во случајов, не се применува оданочување според нашиот Закон за ДДВ. Во фактурата, која е логично да се фактурира во странска валута (но за евиденциски цели - да се наведат и денарски износи), треба да се наведе: ДДВ не е пресметан според член 14 став 3 точка 4 од Законот за ДДВ. ПРАШАЊЕ:

?

ЦРС-Католички служби за помош-Скопје, регистрирани како дипломатско претставништво, се ангажираат во акцијата за помош на бегалците во Македонија. Помошта се состоеше во инвестирање на изградба на пристапен пат, поставување шатори и друг вид на помош, за што имаат влезни фактури од домашни фирми. За сите овие трошоци имаат проект кој го потврдува неговиот непрофитен карактер. Дали може да се бара поврат на ДДВ од трошоците за сместување и превоз на странците, бидејќи се дел од буџетот на овој субјект како трошок? ОДГОВОР:

Во случајов, согласно со член 49 од Законот за ДДВ, на меѓународните организации и нивните членови за прометот на добра или услуги извршени спрема нив, данокот на додадена вредност ќе им се врати, на барање, спо-

www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.