ИНФОРМАТОР БРОЈ 8 ОД 2017 ГОДИНА

Page 1


8

АВГУСТ 2 0 1 7

www.proagens.mk

S O D R @ I N A: СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА 1) СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО И ВО ЗЕМЈАТА

5

СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЦИ 2) ТРЕТМАН НА ПОПУСТИТЕ И НАГРАДИТЕ ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА КУПУВАЧИТЕ

33

РАБОТНИ ОДНОСИ 3) ПРИВРЕМЕН ПРИНУДЕН ОДМОР (ППО) КАКО ИНСТИТУТ НА КОЛЕКТИВНО ДОГОВОРАЊЕ

43

ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ 4) ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

52

РАБОТНИ ОДНОСИ 5) ОСВРТ НА НЕКОИ ДИЛЕМИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

68

ЗАДРЖАН ДАНОК 6) ЗАДРЖАН ДАНОК ОД ПРИХОДИТЕ ПОВРЗАНИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РЕКЛАМНИ УСЛУГИ КОИ ГИ ВРШАТ СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА

76

ИНФОРМАЦИЈА 7) МОЖНО ОСТВАРУВАЊЕ НА СПЕЦИФИЧНИ БАРАЊА ПРЕД УЈП

83




 

СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО И ВО ЗЕМЈАТА

В

о текот на работењето, деловните субјекти често пати имаат потреба да испраќаат свои вработени (или надворешни соработници) на службен пат во земјата или во странство, со цел да извршат разни работни ангажмани, при што настануваат трошоци по повеќе основи. Трошоците поврзани со престојот и исхраната, но и останатите трошоци на самото службено патување, работодавачот има обврска да му ги надомести на работникот. Во продолжение ќе се задржиме на нормативниот, сметководствениот, како и на даночниот третман на овие трошоци.

ПРОПИСИ Службени патувања во земјата Службените патувања во земјата со регулирани со следните прописи: 1) Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, 1 член 35 (во понатамошниот текст: ОКДПС) - важи за приватниот сектор; 2) Општ колективен договор за јавниот сектор на РМ 2 (во понатамошниот текст: ОКД за јавен сектор), член 21.

огласно со член 204 на Законот за раС ботни односи - ЗРО, Општиот колек-

тивен договор за јавниот сектор се однесува на органите на државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица кои вршат дејност од јавен интерес; 3) гранските колективни договори.

Службени патувања во странство Службените патувања во странство подразбираат работење на деловните субјекти со девизни средства што е регулирано со Законот за девизното работење 3 и неговите пратечки прописи. Правото на работникот да му се исплати надоместок за дневници за службено патување во странство е предвидено со членот 35 од ОКДПС, како и со членот 21 од ОКД за јавен сектор. И во двата горенаведени општи колективни договори е утврдено дека дневниците за службени патувања во странство се исплатуваат согласно со: - Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни тро-

„Службен весник на РМ“, бр. 88/09; 60/10, преч. текст - 84/10, 81/12 и преч. текст - 150/12; У. суд

1

- 94/10, 50/12, 81/12, 150/12 (преч. текст), 189/13, 115/14 (преч. текст), 119/15 и 150/16.

„Службен весник на РМ“, бр. 10/08 и 85/09; У. суд - 88/08 и 122/08. „Службен весник на РМ“, бр. 34/01, 49/01, 103/01, 54/02, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15,

2 3

153/15 и 23/16; У. суд - 32/03.

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2017

5


Сметководство, даноци

4 Д-р Рефика

 

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ТРЕТМАН НА ПОПУСТИТЕ И НАГРАДИТЕ ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА КУПУВАЧИТЕ

Р

едовна појава меѓу учесниците во трговијата, како во трговијата на големо така и во малопродажбата е одобрувањето на попусти и разни видови на подарувања и други стимулации за подобрување на продажбата но и како награда за лојалноста на купувачите. Најчести видови на попуст кои се практикуваат во трговијата на големо се: рабатот; cassa-sconto и бонификацијата. Во трговијата на големо, редовно се одобруваат купувачите на продажната цена на стоките за купена поголема количина или за купена сезонска стока надвор од нејзината продажна сезона. Рабат може да се одобри и на одделна група на постојани купувачи за да се задржат добрите деловни односи со нив. Иако најчесто рабатот е редовен попуст, искажан во фактурата, во праксата се случува продавачот дополнително да одобри рабат, или пак, покрај редовниот да биде одобрен „дополнителен рабат“ или „супер рабат“ на купувачите кои во определен период кај него оствариле поголем промет.

За разлика од големопродажбата, кај трговијата на мало се применува само редовен попуст кој се одобрува на купувачите односно на крајните потрошувачи, во моментот на купувањето (никако дополнително). Овој попуст се спроведува над сите количини од одредени артикли (како сезонско намалување, ак1

ција на распродажба поради краток рок на производите; попусти по повод на одредени настани, празници или друг повод...), врз основа на спроведена нивелација на цените. Попустите за крајни потрошувачи можат да бидат насочени и само за определена група на потрошувачи, како на пример попусти за ученици и студенти, за пензионери, за инвалиди и сл. Трговецот што одобрува попусти за одредени групи на потрошувачи, мора транспарентно да објави во самото продажно место, за начинот на користењето на попустот, односно мора јасно, видливо и читко да ги истакне условите на продажба 1, како што тоа го налагаат одредбите од членовите 12, 13 и 14 на Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РМ“, бр. 51/11, 145/15 и 23/16). Покрај наведените, интересен е за разгледување и во оваа прилика ќе биде обработен методот на наградување на лојалноста на купувачите, со доделување на наградни бодови, врз основа на вредноста на извршеното купување.

„Продажни услови“ се условите кои се однесуваат на начинот на плаќање на цената за продажба на производот или давањето на услугата во готово, на рати, со картичка, со попусти за одредени картички, одложно или на друг начин (член 4 од Законот за заштита на потрошувачите).

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2017

33


РАБОТНИ ОДНОСИ

 

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ПРИВРЕМЕН ПРИНУДЕН ОДМОР (ППО) КАКО ИНСТИТУТ НА КОЛЕКТИВНО ДОГОВОРАЊЕ

НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ

Н

екои од мерките од сфера на работните односи кои може да придонесат кон намалувањето на трошоците на работењето на работодавачите во функција на надминување на влошената економско-финансиска состојба во која се затекнале, како и последиците од таквата состојба, а кои произлегуваат од Законот за работните односи и колективни договори, се: - Н амалување на работното време под 40 часа (полно работно време под 40 часа); - П онуда на работа со неполно работно време; - П ривремено намалување на најниската плата; - П ривремен принуден одмор и - Н еплатено отсуство (условно).

Можно е и комбинирано користење на повеќе мерки како на пример: намалување на работното време со привремено намалување на најниската плата и сл. Наведените интерни мерки, иако непопуларни и непосакувани од работниците бидејќи со својата рестриктивност ги намалуваат личните примања од работен однос како неизбежен нуз производ, наменети се исклучиво да придонесат кон заздравувањето на работодавачите кои имаат финансиски потешкотии во одреден период од работењето. Карактерот на овие мерки е привре-

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2017

мен, бидејќи е условен со идното зацврстување на економската стабилност на работодавачот која треба да резултира со враќање на работниот однос во претходна состојба – состојба пред криза, и превентивен, бидејќи е насочен кон спречување на преземање на репресивни постапки од страна на работодавачот на кои инаку би бил принуден, какви што се масовни откази на договорите за вработување од деловни причини (технолошки вишок) и затворање на работни места, до поведување на постапки за стечај или ликвидација на деловен потфат. Поради наведените карактеристики овие мерки се прифатливи и за самите работници. Една од најкористените мерки за намалување на трошоците за плати и надоместоци е воведување на привремен принуден одмор кај работодавачот.

МЕСТОТО НА ППО ВО ВАЖЕЧКИТЕ ПРОПИСИ Колективните договори претставуваат единствена правна рамка во правниот систем на Република Македонија за уредување на институтот на трудово право познат под називот: привремен принуден одмор (во понатамошниот текст: ППО). И кај самите колективни договори е забележлив рестриктивен пристап кон проблемот наречен ППО, бидејќи фокусот се става врз техниката на реализирањето на истиот.

43


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Др. Рефика МУРИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

I. ПРАВЕН АСПЕКТ 1. Вовед Деловните субјекти, домашни и странски, можат да продаваат на пазарот преку сопствени продажни организации или преку посредник. Основни форми преку кои се врши тргувањето преку посредници се трговско застапување и договори за дистрибуција. Кај застапувањето, застапникот дејствува во име и за сметка на друг (властодавец, налогодавач), додeка кај дистрибуцијата дистрибутерот купува стоки од друг за да ги препродаде во свое име, за сопствен ризик и за своја сметка. Договорот за трговско застапување спаѓа во група на договори за вршење на трговски услуги. Во правото, поим застапување може да се разгледува во поширока и потесна смисла. Во најширока смисла застапување значи секоја форма на застапување на интересите на застапуваното лице. Во трговското право се разликува застапувањето што го вршат органите, односно вработените во трговското друштво од застапувањето што го врши застапникот како своја пофесионална дејност врз основа на посебен договор за застапување, познато како трговско застапување. Под трговско застапување, во поширока смисла, се подведуваат и договорите за комисион и за посредување (индиректно застапување), додека под застапување во потесна смисла се подразбира застапување со кое застапникот во име и за сметка на застапуваното лице ги презема правата и обврските (директно застапување). Законот за 52

облигационите односи ги уредува трговското застапување, комисионот и посредувањето како одделни договори, кои, иако во голема мера вршат слична функција, се разликуваат за што мора да се води сметка. Додека трговскиот застапник настапува во име и за сметка на својот налогодавач (туѓо име и туѓа сметка), комисионерот настапува во свое име и за сметка на налогодавачот. По правило, комисиониот застапник се обврзува себе си, а не својот налогодавач во односите со третите лица, додека трговскиот застапник го обврзува својот налогодавач во односите со третите лица. Во праксата, застапувањето не се состои само од склучување на договори во туѓо име и за туѓа сметка, туку и во вршење на низа други фактички и правни активности со кои се постигнува сеопфатна заштита на интересите на застапуваното лице. Често пати со еден договор се уредуваат застапнички, комисиони, посреднички, кооператитни и слични односи, а трговците често не ги разликуваат деловните односи кои подлежат под различни правни институти.

2. Законска рамка на трговското застапување Во продолжение ќе се осврнеме на правните специфики на директното застапување преку анализа на договорот за трговско застапување, еден од мошне застапените договори во домашната и меѓународната деловна пракса. Истиот е уреден со членовите од 846 до 868-г од Законот за облигациониwww.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

ОСВРТ НА НЕКОИ ДИЛЕМИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Можност за трансформирање на договорот за вработување од определено на неопределено време Според членот 14 од Законот за работните односи (во натамошниот текст: ЗРО) 1, договор за вработување може да се склучи: а) за време чие траење однапред не е определено (работен однос на неопределено време) и б) за време чие траење однапред е определено (работен однос на определено време). Договор за вработување, во кој не е утврдено времето за кое е склучен договорот, се смета за договор за вработување на неопределено време (член 14 став 3 од ЗРО). Тргнувајќи од оваа основна поделба на договорите за вработување според траењето на времето за кое се склучуваат, законодавецот во членот 46 став 1 го дефинира договорот за вработување на определено време како договор кој може да се склучи на определено време за вршење на исти работи, со прекин или без прекин до пет години. Според став 3 на истиот член, работниот однос заснован на определено време, освен договорот за вработување за вршење на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од 5 години под услови и на начин утврдени со закон. 1

Актуелната дефиниција на договорот за вработување на определено време е внесена во ЗРО со измената од 4 септември 2008 година (С.В. 106/08). Претходно, траењето на овој договор, со или без прекин, беше врзано за период до четири години, со можна трансформација во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од 4 години. Решението од членот 46 став 3 од ЗРО наметнува и одредени дилеми. Утврдувањето дека договорот на определено време, со или без прекин до 5 години, може да се склучи за „вршење на исти работи“, по што би следело трансформирање во работен однос на неопределено време, создаде услови за можни злоупотреби на членот 46, на начин да меѓу истиот работник и истиот работодавач се склучуваат повеќе пати договори на определено време до 5 години по основ на наводна промена на работно место која резултира со вршење различни работи. Правно основано, се отвори можност договорот на определено време со промена на клаузула за работното место да трае 10, 15, 20 и/или повеќе години, без да се создадат законски услови за трансформирање во работен однос на неопределено време. Втората дилема се однесува на прашањето колку максимално може да трае

„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16; како и 12 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16; последен пречистен текст на ЗРО: 167/15.

68

www.proagens.mk


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

ЗАДРЖАН ДАНОК ОД ПРИХОДИТЕ ПОВРЗАНИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РЕКЛАМНИ УСЛУГИ КОИ ГИ ВРШАТ СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА

Д

аночниот третман на приходите исплатени по основ на рекламни услуги, извршени од странски правни лица, од аспект на оданочувањето со задржаниот данок (withholding tax) е регулиран со Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15, 129/15, 23/16 и 190/16), со можност за примена на даночните погодности од билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување (даночно ослободување). Според членот 2 на Законот за даночна постапка, ратификуваните меѓународни договори за оданочување имаат предимство пред националните даночни закони (Законот за данок на добивка). оговорите за одбегнување на двојно Д оданочување кои Република Македонија ги склучува на билатерално ниво со определени држави (до моментот на печатењето на овој текст, постојат 48 склучени договори: 47 договори склучени од Република Македонија, кои важат за 48 држави, со оглед дека истиот договор склучен со СР Југославија се применува поединечно и за Србија и за Црна гора и 1 договор склучен од СФР Југославија со Белгија, кој важи додека да почне примената на договорот со Белгија склучен од Р. Македонија), овозможуваат примена на даночни олеснувања (пониска даночна стапка од законски пропишаната), односно даночни ослободувања (0% даночна стапка), преку спроведување на формалната процедура пред Управата за јавни приходи. Процедурата и соодветните обрасци (барања)

76

се пропишани во Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување - ПДД (“Службен весник на РМ”, бр. 174/14 и 31/17). Значи, даночните погодности на договорите не се применуваат по автоматизам, туку исклучиво по нивно претходно одобрување од страна на Управата за јавни приходи. Откако се добие одобрувањето на УЈП, резидентното друштво може при исплатата на приходот од рекламни услуги да примени целосно даночно ослободување (да не одбие данок). П регледот на важечките билатерални договори за одбегнување на двојно оданочување, заедно со пропишаните даночни стапки, е објавен во изданието на Про агенс - ИНФО РЕГИСТАР 2017, како и на интернет страницата на Про агенс (www.proagens.mk).

РЕДМЕТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ СО П ЗАДРЖАН ДАНОК - ДРУГИ ПРИХОДИ (РЕКЛАМНИ УСЛУГИ) Домашните исплатувачи имаат обврска да задржат данок при исплатата на приходи од рекламни услуги извршени од странски правни лица, согласно со Законот за данок на добивка - ЗДД. Во рамки на категоријата „други приходи“ од договорите за одбегнување на двојно оданочување, остварени од странски правни лица во Република Македонија, која е

www.proagens.mk


ИНФОРМАЦИЈА

 

МОЖНО ОСТВАРУВАЊЕ НА СПЕЦИФИЧНИ БАРАЊА ПРЕД УЈП

Н

еколку години наназад УЈП спроведува комуникација со даночните обврзници по однос на нивни барања или даночни обврски, преку обрасци, од кои некои не се официјално пропишани и објавени во Службен весник, па многу од даночните обврзници и не знаат за нивното постоење. Во продолжение наведуваме неколку основи:

1. Враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ Доколку даночниот обврзник, не по своја вина, бил спречен да го запази законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) има право да поднесе Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ, до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/. Ова право на продолжување на рокот за поднесување на даночна пријава, на даночните обврзници им е дадено согласно со членот 74 од Законот за даночната постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06, ... и 23/16) каде е предвидено и дека Управата за јавни приходи може продолжувањето на рокот за поднесување на даночна пријава да го врзе за нов рок, како и да го направи зависно од други услови. Така, дополнителниот рок што по овој основ е даден од страна на УЈП (како објава поставена на http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/ opis/130 на веб страницата на УЈП) произлегува од рокот даден за поднесување на барањето за враќање во поранешна состојба, а тој рок е еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот. Во случајов ова „враќање во поранешна состојба“, 1

одобрено од страна на УЈП, би претставувало враќање на околностите кои постоеле пред да се случи задоцнувањето, така што, пријавувањето во тој рок од месец дена би се сметало за навремено, без основ за санкционирање. Во секој случај и членот 74 од Законот за даночна постапка а и УЈП во својата објава на веб страницата, го условуваат продол-жувањето на рокот со веродостојни и јасно образложени причини за пропуштање на рокот. Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ се поднесува на образецот БВПС/ДДВ-011, кој е објавен само на страницата на УЈП, а е во примена од 30.07.2012 година.

2. Враќање во поранешна состојба Покрај можноста да се одобри враќање во поранешна состојба за случаи на неподнесена пријава за регистрација, согласно со член 75 од Законот за даночна постапка, на даночниот обврзник може, и по други основи, да му се одобри враќање во поранешна состојба доколку не по своја вина, бил спречен да запази законски рок или рок што го определила Управата за јавни приходи. При тоа, со членот 75 се предвидени следниве услови: - Барањето треба да се поднесе во рок од еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање. - Во барањето треба јасно да бидат образложени причините за пропуштање на рокот. - По истекот на една година од крајот на пропуштениот рок, не може да биде поднесено барање за враќање во поранешна состојба, освен во случај на виша сила.

Образецот е објавен на веб стр. http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/130 и важи од 30.07.2012 г.

ИНФОРМАТОР 8 I АВГУСТ 2017

83


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

- Пропуштеното дејство треба да биде спроведено за време на рокот за поднесување на барање за враќање во поранешна состојба. - За барањето за враќање во поранешна состојба одлучува Управата за јавни приходи со решение, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на барањето. Барање за враќање во поранешна состојба согласно и под условите определени во член 75 од Законот за даночна постапка, даночниот обврзник го поднесува на образецот УЈППР-З.2-23/1 2. Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште/ престојување на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov. mk. За поднесување на Барањето предвидено е плаќање на административна такса во вкупен износ од 300 денари.

3. Пребивање на даночен долг со повеќе платен данок Пребивање на даночни побарувања и даночни долгови на ист даночен обврзник е предвидено со членот 23 став 2 од Законот за даночна постапка. За спроведување на пребивањето даночниот обврзник може да поднесе Барање УЈП-УН-З.2-38/1 3, доколку истиот има повеќе платен данок по еден основ и доспеан даночен долг по друг основ. Ова право е применливо за пребивање на сите јавни давачки. Барањето се поднесува до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/. За поднесување на Барањето предвидено е плаќање на административна такса во вкупен износ од 300 денари, односно 50 денари за барањето и 250 денари за решението.

4. Барање за враќање на повеќе / погрешно платен данок Обврзникот може да поднесе Барање УЈПУН-З.2-39/1 4, доколку платил поголем износ од оној кој бил должен да го плати, доколку по грешка уплатил данок или споредна даночна давачка иако немал обврска за тоа, и доколку платил данок но подоцна е ослободен од обврската за плаќање на истиот. Барањето е применливо за враќање на сите јавни давачки. Барањето се поднесува до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/. При тоа треба да се уплати за административни такси 300 денари. Напомена:

Согласно чл. 122-а од Законот за даночна постапка, враќање на повеќе или погрешно уплатен или наплатен данок, како и споредни даночни давачки не може да се бара доколку истекол рокот на застарување. Рок на застареност изнесува пет години сметано од уплатата, а во секој случај по истекот од десет години застарува враќањето на повеќе и погрешно уплатениот или наплатен данок.

5. Барање за враќање на повеќе / погрешно наплатен данок Обврзникот може да поднесе Барање УЈПУН-З.2-39/2 5, доколку платил поголем износ од оној кој бил должен да го плати, доколку по грешка уплатил данок или споредна даночна давачка иако немал обврска за тоа, и доколку платил данок но подоцна е ослободен од обврската за плаќање на истиот. И ова Барање е применливо за враќање на сите јавни давачки. Според членот 28 од Законот за даночна постапка доколку даночниот обврзник има основано право на враќање на повеќе или погрешно наплатен данок, Управата за јавни приходи има обврска решението за враќање да го донесе во рок од 15 дена од доставувањето на барањето.

2

Образецот е објавен во „Службен весник на Р.М.“, бр. 121/16 и важи од 31.07.2016 година

3

Објавен на веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk и важи од 24.06.2014 г.

4

Објавен на веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk и важи од 24.06.2014 г.

5

Образецот е објавен во „Службен весник на Р.М.“, бр. 121/16 и важи од 31.07.2016 година

84

www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.