201
6
Издавач: Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“
Главен и одговорен уредник: М-р Павле Гацов
Дизајн и графичко уредување: Агенција „ПРО АГЕНС“
Лектор: М-р Кирил АНГЕЛОВ
!
VNIMANIE Nositel na materijalnite prava e izdava~ot. Zabraneto e prepe~atuvawe, kopirawe i umno`uvawe na napisite ili na nivnite delovi bez prethodna soglasnost od izdava~ot. Data na obavuvawe na ovoj broj: 02.09.2016 g.
Adresa:
Агенција „ПРО АГЕНС“, p. fah 272 ul. “Naum Naumovski Bor~e“, br. 68/4 1000 Skopje Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Agencijata “PRO AGENS”-Skopje 210-0503940101-43; Deponent na NLB banka - Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Agencija “PRO AGENS”, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. „PRO AGENS“ e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печати: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 820 примероци Copyright 2016, Про Агенс
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
9
СЕПТЕМВРИ 2 0 1 6
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА 1) ЕВИДЕНЦИЈА И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ДОНАЦИИТЕ ВО ПАРИ И ДОБРА (ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ)
5
КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ 2) ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ДО 7 ДЕНА ЗА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ
19
ДДВ 3) ПРОШИРЕНА ОДЛУКАТА ЗА „REVERSE CHARGE“
21
ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ 4) ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ НА НЕДВИЖНОСТИ СО ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ
23
УГОСТИТЕЛСТВО 5) СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ВРШЕЊЕТО НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ (НОРМАТИВЕН, СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН АСПЕКТ)
33
ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ 6) НАБАВКАТА НА АДВОКАТСКИ УСЛУГИ ОД СТРАНА НА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ИСКЛУЧЕНА ОД ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
53
ИНФОРМАЦИЈА 7) ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНАТА НА НОВИТЕ ЗАКОНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ЗА НОТАРИЈАТОТ 8) ЗАБАВЕНА НАПЛАТА НА ДАНОЦИТЕ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ОД 2016 ГОДИНА ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 9) НОВО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО ВО ПРИМЕНА ОД 1 ОКТОМВРИ 2016 ГОДИНА
54 54
56
tt
ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
ЕВИДЕНЦИЈА И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ДОНАЦИИТЕ ВО ПАРИ И ДОБРА (ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ)
Поради актуелните прашања околу третманот на донациите упатени кон настраданите од поплавите во скопско, го даваме овој наменски текст, врз основа на кој ќе може исправно да се евидентираат и платат даночните обврски или побарувањата за надоместување на даночни износи платени при давањето со даночни потикнувања.
1. ВОВЕД
З
аконот за донации и за спонзорства во јавните дејности 1 го уредува давањето и примањето на донациите (и спонзорствата, од кои ќе се апстрахираме во наменскиов текст) за кои давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања. Според член 3 од Законот се овозможува добивање даночни олеснувања за донации дадени на разни приматели од непрофитен и јавен сектор (здруженија, фондации, државни институции и др.), со што се постигнува јавен интерес, односно: - поддржување или промовирање на дејности во областа на заштитата на човековите права,
- промоција на културата, етиката, образованието и науката, - развој на информатичкото општество и преносот на електронските податоци, - развој на спортот, - заштита на животната средина, - поддржување на социо-хуманитарните дејности, - развојот на граѓанското општество,
- промоција на меѓународната соработка и други дејности утврдени со закон. Помошта што се дава за настраданите во неодамнешната временска непогода, согласно со овој Закон, се смета за давање од јавен интерес од областа на поддржување на социо-хуманитарните дејности. поред член 4 став 1 од Законот, давателот С и примателот на донацијата и спонзорството ЗАДОЛЖИТЕЛНО склучуваат договор во писмена форма (согласно со Законот за облигационите односи) секогаш кога предмет на договорот е остварување на јавен интерес. д ова, исклучок е направен за приматеО лите на донација здруженија или фондации (кои се стекнале со статус на организација од јавен интерес, согласно со Законот за здруженија и фондации) или здруженија или фондации кои согласно со основачкиот акт се основани за конкретна финансиска поддршка во врска со јавен интерес утврден со закон. Со овие приматели (како на пример Црвен Крст и други наменски основани организации кои се јавуваат во улога на организатори за прибирање и распоредување на помошта) може да не се склучува договор во писмена форма.
- промовирање на крводарителството,
„Службен весник“ на РМ, бр. 47/06, 86/08, 51/11, 28/14 и 153/15, во натамошниот текст: „Законот“.
1
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
5
КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ
Измена и дополнување на ОКДПС
ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ДО 7 ДЕНА ЗА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанство („Службен весник на РМ“, бр. 150 од 10.08.2016 година), во сила од 10.08.2016 година се внесоа две нови решенија: - се зголеми бројот на денови за платен одмор за елементарни непогоди до 7
дена (наместо до 3 колку што изнесуваше претходно) - 42 став 1 алинеја 9 и - се утврди можност за одобрување на поголем број на слободни денови за периодот кој е опфатен согласно Одлуката за прогласување на вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди – член 42 новиот став 2.
Интегралниот текст на членот 42 од ОКДПС со внесени измени гласи: Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството 1 4. Платен одмор Член 42 Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи: - - - - - - - -
за склучување на брак за склучување брак на дете за раѓање или посвојување дете за смрт на сопружник или дете за смрт на родител, брат, сестра за смрт на родител на сопружник за смрт на дедо или баба за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до - за елементарни непогоди до
3 дена 2 дена 2 дена 5 дена 2 дена 2 дена 1 ден 3 дена 7 дена 3 дена
„Службен весник на РМ“, бр. 88/09; Усогласување на Општиот колективен договор за стопанството на
1
Република Македонија („Сл. весник на РМ“, бр. 60/10 од 30.04. 2010 г.); У. суд - 94/10 и 50/12; Спогодба за продолжување на важноста на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник на РМ“, бр. 81/12 од 28.06.2012 г.); Усогласување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството - пречистен текст („Сл. весник на РМ“, бр. 81/12 од 28.06.2012 г.); Пречистен текст - („Сл. весник на РМ“, бр. 150/12 од 29. 11.2012 г.), Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник на РМ“, бр. 189/13 од 31.12.2013 г.), Пречистен текст - („Сл. весник на РМ“, бр. 115/14) Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Сл. весник на РМ“, бр. 119/15 од 14.07.2015 г.) Спогодба за изменување и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“, бр. 150/16 од 10.08.2016 г.). Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“, бр. 119/15 од 14.07.2015 година), важноста на овој КД е продолжена за период од две години сметано од денот на објавувањето на спогодбата: 14.07.2015 година.
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
19
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата на Република Македонија или друг надлежен Орган или Институција, работодавачот може на работникот кој работи во правните субјекти односно живее во подрачјата погодени од временските или елементарни непогоди да одобри и поголем број на слободни денови за периодот кој е опфатен согласно Одлуката за прогла-
НА
ЈНО
НА !
ЈНО
ВО !
1.850 денари НА
20
Во случаите од став 1, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа.
ВО
1.750 денари
1.950 денари
сување на вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди, донесена од страна на Владата на Република Македонија или друг надлежен Орган или Институција.
НА
ЈНО
ВО
!
ЈНО
ВО !
1.650 денари
www.proagens.mk
ДДВ
Информација
ПРОШИРЕНА ОДЛУКАТА ЗА „REVERSE CHARGE“
С
истемот „reverse charge“, воведен од 1 февруари 2014 година, се применува кај даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ, кои вршат промет на добра и услуги за даночни обврзници кои исто така се регистрирани за целите на ДДВ а се однесуваат на одредена група на промети како и на дадените аванси за тие промети, предвидени со член 32-а од Законот за ДДВ. Според член 32-а од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99... и 23/16) овој систем се применува на следните промети на добра и услуги: 1) градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите, и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно законот со кој се уредува градењето; 2) прометот со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба, отпад, индустриски и неиндустриски отпадни материјали, отпаден материјал кој може да се рециклира, делумно преработен отпад и 3) пренос на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, кога доверителот се стекнува со доброто.
kontakt@proagens.com.mk
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
Станува збор за систем кој функционира на начин што, примателот на добрата или корисникот на услугата станува даночен должник, врз основа на пренесената даночна обврска од вршителот на прометот („REVERSE CHARGE”). Паралелно со воведување на овој систем низ законските одредби на Законот за ДДВ, Владата на Република Македонија донесе и Одлука за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник - во натамошниот текст: „Одлука“ („Службен весник на РМ“, бр. 45/14) во која поблиску ги определи добрата и услугите за чиј промет се применува ваквиот даночен третман. Според членот 32-а став 1 точка 1 од Законот за ДДВ, системот е задолжителен во речиси сите фази од градењето и вршењето самостојни градежни услуги, односно како што гласи одредбата: за вршење промети кои значат „градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови” согласно со законот со кој се уредува градењето. Во Одлуката децидно се наведени прометите на добра и услуги од областа на градежништвото, како разработка на точка 1 од членот 32-а (даден погоре). Со тоа, во овој систем на „reverse charge“ се опфатени само градежните работи наведени во спомнатата Одлука и тоа заедно со градежниот материјал, потрошен или вграден во рамките на дадената услуга, додека прометот кој се сведува на едноставна продажба или размена на градежен материјал (со или без испорака на градилиште) како и услуги на изнајмување на градежна механизација и друга опрема останува да се оданочуваат со ДДВ, од страна на продавачот или давателот на услугата. 21
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Бидејќи Одлуката прецизира (но и ограничува), сите промети кои неможат да се опишат како категорија предвидена со Одлуката неможат да имаат третман според системот на „reverse charge“. Од тие причини, а за потреби и изградбата на гасоводи да има третман со „reverse charge“, направено е дополнување во Одлуката, објавено во Службен весник на РМ, бр. 160/2016, а е во сила од 25 август 2016 година. Имено што, со Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник, во членот 2 став 1) точка 8 додаде-
22
kontakt@proagens.com.mk
на е потточка в) гасоводи и системи за снабдување со гас. Точката 8 од Одлуката, сега гласи: „8. И зградба на други објекти од нискоградба, и тоа: а) изградба на индустриски објекти, освен згради, како што се: - рафинерии и - хемиски фабрики. б) градежни работи за објекти, освен изградба на згради, како што се спортски објекти на отворено. в) гасоводи и системи за снабдување со гас.“
02/ 3162-979 i 3298-763
www.proagens.mk
ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ОДАНОЧУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ НА НЕДВИЖНОСТИ СО ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ
З
а утврдување и наплата на даноците на имот се надлежни општинските администрации и администрацијата на градот Скопје согласно со Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16). Даноците на имот, кои се регулирани со Законот за даноците на имот, ги опфаќаат следните видови даноци: - данок на имот (по основ на сопственост на недвижност); - данок на наследство и подарок (на движен и недвижен имот) и - данок на промет на недвижности. Во овој текст ќе го третираме оданочувањето на остварениот промет на недвижности со данокот на промет на недвижности.
ОПФАТ на ПОИМОТ НЕДВИЖНОСТИ За недвижности, чиј промет подлежи на оданочување со данок на промет на недвижности, се сметаат: 1. земјишта • земјоделски, • градежни, • шумски, • пасишта и 2. зградите • станбени згради или станови,
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
• деловни згради и деловни простории, • административни згради и административни простории, • згради и станови за одмор и рекреација, • други градежни објекти (гаражи, помошни објекти - амбари, штали, плевни, шупи), • инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.
Предмет на оданоЧување СО ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ Предмет на оданочување со данокот на промет на недвижности претставува остварениот промет на недвижности. Под оданочив промет на недвижности се подразбира: - преносот со и без надоместок на правото на сопственост на недвижности и - друг начин на стекнување на недвижности со и без надоместок меѓу правни и физички лица. Законот не е доволно прецизен во однос на дефинирањето на оданочивиот пренос на правото на сопственост на недвижност без надоместок, поради што се создава дилема на кој начин се разграничува ваквиот промет од преносот на правото на сопственост на недвижност како подарок, кој е предмет на ода-
23
УГОСТИТЕЛСТВО
4 Д-р Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ВРШЕЊЕТО НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ (нормативен, сметководствен и даноЧен аспект)
ВОВЕД
У
гостителската дејност е специфична заради посебниот начин на пружање на угостителските услуги уреден со Законот за угостителската дејност, 1 потоа посебниот даночен третман (оданочување на извршениот промет со 5% и 18% ДДВ) и на крајот, поради посебниот начин на сметководствено евидентирање. Иако угостителската дејност наликува на трговија, сепак се евиденираат услуги (сместување, послужување на храна и пијалоци) со елементи на производство. Законот за угостителската дејност (во натамошниот текст: Законот) угостителските услуги ги дефинира како: приготвување и послужување на храна, приготвување оброци заради консумирање на друго место, послужување на алкохолни и безалкохолни пијалаци, приготвување и послужување на топли и ладни напивки и вршење на услуги на сместување. Со оглед на ваквиот опфат на угостителството, дејноста не би можела да се поистовети со трговијата во чии рамки се врши набавка и продажба на добра во неизменета состојба, за разлика од угостителската дејност, каде храната, често пати и пијалоците, се подготвуваат и послужуваат, во изменета форма, карактеристика и количина. Поради тоа, за нив важи посебниот Закон за угости-
телската дејност, а одредбите од Законот за трговија, како и со него предвидените обврски за евиденции, не се однесуваат на угостителските субјекти. Учесници во вршењето на угостителската дејност се правни и физички лица регистрирани за угостителска дејност.
Т рговските друштва и трговците поединци (со едно име: „угостители“) дејноста ја запишуваат во трговскиот регистар, додека физичките лица (кои согласно со овој закон вршат „угостителска дејност од мал обем“) се регистрираат во регистрите што се водат во општините и градот Скопје.
I. УСЛОВИ И НАЧИНИ НА ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ Угостителите ја вршат дејноста според Законот, наведените пратечки прописи како и Посебните узанси во угостителството и другите деловни обичаи во угостителството и во зависност од видовите и начинот на давање на угостителски услуги во соодветни угостителски објекти.
1. ОСНОВНИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ За вршење на угостителска дејност согласно со Законот, пред се е неопходно: - исполнување на пропишаните минимално-технички услови и обезбеду-
„Службен весник на РМ“, бр. 62/04, ... и 71/16.
1
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
33
ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Информација
НАБАВКАТА НА АДВОКАТСКИ УСЛУГИ ОД СТРАНА НА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ИСКЛУЧЕНА ОД ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
С
о Законот за дополнување на Законот за јавните набавки (ЗЈН - „Службен весник на РМ“ бр. 120/16 од 29.06.2016 година) во сила од 29.06.2016 година од системот на јавните набавки е исклучена набавка на АДВОКАТСКИ УСЛУГИ.
левизиски куќи или од независни продукциски куќи наменети за јавно прикажување во кино или за радио или телевизиско емитување на програма, како и закуп на простор на медиуми и електронски портали,
Членот 8 од ЗЈН 1 ги набројува услугите чија набавка од страна на договорните органи е исклучена од примена на одредбите на ЗЈН. Овој член е дополнет со нова алинеја 6 со која е направено додавање на адвокатските услуги во листата на услуги чија набавка е исклучена од ЗЈН.
- се однесуваат на услуги за арбитража и посредување,
Интегрален текст на членот 8 од ЗЈН: „Член 8 Овој закон не се применува при доделување на договори за јавни набавки на услуги кои: - за предмет имаат купување или изнајмување на земјиште, згради или друг недвижен имот и права кои произлегуваат од истите, освен при доделувањето на договори за јавна набавка на финансиски услуги поврзани со договорите за купување или изнајмување, - се однесуваат на купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио и те-
2
kontakt@proagens.com.mk
- се финансиски услуги во врска со издавањето, тргувањето или преносот на хартии од вредност или други финансиски инструменти, а особено трансакциите на договорните органи за стекнување на парични средства или капитал и услугите на Народната банка на Република Македонија, - се нотарски услуги, - се адвокатски услуги, - се услуги на извршители, - се однесуваат на договори за вработување и - се однесуваат на услуги за развој и истражување, освен во случај кога резултатите се користат исклучиво за вршењето на функциите и надлежностите на договорните органи, под услов услугата во целост да ја плати договорниот орган.“
02/ 3162-979 i 3298-763
„Службен весник на РМ“, бр. 136/2007, 130/2008, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15 и 27/16.
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
53
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Измена на Законот за извршување и Законот за нотаријатот
Информација
ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНАТА НА НОВИТЕ ЗАКОНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ЗА НОТАРИЈАТОТ Одложена е примената на новите закони: Законот за извршување („Службен весник на РМ“, бр. 72/16) и Законот за нотаријатот („Службен весник на РМ“, бр. 72/16) од 1 јануари 2017 година. Двата закони требаше да отпочнат да се применуваат по четири месеци од денот на нивното влегување во сила (влезени во сила на 20.04.2016 година, со примена од 21.08.2016 година) Измената е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 142/16, во сила од 01.08.2016 година.
Даночна статистика
Информација
ЗАБАВЕНА НАПЛАТА НА ДАНОЦИТЕ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ОД 2016 ГОДИНА Македонската економија работеше забавено во вториот квартал до 2016 година. Иако забавувањето на економијата испорача негативни ефекти во сферата на наплатата на даноците, сепак истата се одвива на задоволително ниво. Реализацијата на сите три даноци (данокот на добивка, персоналниот данок на доход и ДДВ) во вториот квартал од 2016 година е малку послаба во однос на трендот од првиот квартал. Во продолжение ги презентираме официјалните податоци на собраните даночни приходи и одредени наши пресметки. 1) Даночни приходи за првата половина од 2016 / во однос на првата половина од 2015 (во милиони) ДАНОЧНИ ПРИХОДИ Данок на добивка Персонален данок на доход Данок на додадена вредност ВКУПНО
НАПЛАТA 01.01 - 30.06.2016 5,739 6,533 23,520 35,792
НАПЛАТA 01.01 - 30.06.2015 7,651 6,067 19,735 33,453
ИНДЕКС: 2016/2015 75,01% 107,69% 119,18% 106,99%
2) Даночни приходи за првиот квартал од 2016 / во однос на првиот квартал од 2015 (во милиони) ДАНОЧНИ ПРИХОДИ Данок на добивка Персонален данок на доход Данок на додадена вредност ВКУПНО
54
НАПЛАТA 01.01 - 31.03.2016 2,907 3,235 11,697 17,839
НАПЛАТA 01.01 - 31.03.2015 3,932 2,964 9,313 16,209
ИНДЕКС: 2016/2015 73,94% 109,13% 125,60% 110,06%
www.proagens.mk
ИНФОРМАЦИЈА
3) Даночни приходи за вториот квартал во однос на првиот квартал од 2016 (во милиони) НАПЛАТA 01.04 - 30.06.2016 2,832 3,298 11,823 17,953
ДАНОЧНИ ПРИХОДИ Данок на добивка Персонален данок на доход Данок на додадена вредност ВКУПНО
НАПЛАТA ИНДЕКС: 01.01 - 31.03.2016 II-2016/I-2016 2,907 97,42% 3,235 101,95% 11,697 101,08% 17,839 100,64%
Од табелата 3) е забележливо намалување на наплатата на данокот на добивка во вториот во однос на првиот квартал од 2016 година за 2,58%. Сепак овој податок не претставува основа за алармирање. Имено наплатата на данокот на добивка е најиздашна во месеците март и делумно во април. Наплатата на персоналниот данок на доход е зголемена за 1,95%, а на данокот на додадена вредност за 1,08%. 4) Даночни приходи по месеци за периодот јануари - јули 2016 година (во милиони) ДАНОЧНИ јануари ПРИХОДИ 1 2 Данок на добивка 486 Перс. данок на 923 доход ДДВ 4,172 ВКУПНО 5,581
февруари
март
април
3 691
4 5 1,730 1,458
1,112 3,570 5,373
мај
јуни
6 643
јули
Вкупно
Буџет
% (9/10)
7 731
8 918
9 6.657
10 9,965
11 66,8%
1,199 1,151
1,013 1,134
1,157
7,689
14,006
54,9%
3,955 4,107 6,884 6,716
3,933 3,782 5,589 5,647
4,515 28,034 6,590 42,380
47,326 71,297
59,2% 59,4%
Од табелата 4) е воочливо дека сепак најдобра наплата на планираните буџетски приходи за 2016 година има кај данокот на добивка, потоа кај ДДВ и на крајот кај персоналниот данок на доход.
НА
ЈНО
НА
ВО
!
1.850 денари
ВО
1.650 денари
02/ 3162-979 i 3298-763
ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2016
НА
ЈНО
!
ЈНО
ВО
!
1.950 денари
kontakt@proagens.com.mk
55
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Информација
НОВО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО ВО ПРИМЕНА ОД 1 ОКТОМВРИ 2016 ГОДИНА
В
о „Службен весник на РМ“, бр. 141 од 29 јули 2016 година е објавено ново Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство, кое влезе во сила на 6 август 2016 година (осмиот ден од денот на објавувањето), но ќе се применува од 1 октомври 2016 година, кога ќе го замени претходното Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство („Службен весник на РМ“ бр. 78/11, 156/11, 58/12, 173/12, испр. 9/13, 51/13, 144/13, испр. - 151/13, 186/13, 96/14, 125/14, 19/15, 106/15 и 58/16). Во „Службен весник на РМ“, бр. 154/16 од 15 август 2016 година е објавена исправка на упатството поради техничка грешка во оригиналниот текст. Новото Упатство, заедно со прилозите, е достапно на интернет страницата на Народната банка на РМ - НБРМ (www.nbrm.mk). д 1 октомври 2016 година се применуваат О новите 9 прилози на Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство (нови обрасци, девизни шифри и примери на трансакции): Прилог бр. 1 (Обрасци): - Образец 743 - Извештај за наплата од странство, - Образец 1450 - Налог за извршување на дознака во странство (извештај за исплата по акредитив) - Образец 746 - Општ девизен налог.
56
Прилог бр. 2 (Спецификации):
- Извештај за состојбата и прометот (ИСП), - С пецификација (53) на откупени ефективни странски пари и положени на девизни сметки (прилив), - Спецификација (54) на продадени ефективни странски пари и исплатени од девизни сметки (одлив), - С пецификација (55) на откупени странски чекови и одобрени во корист на девизни сметки, - Спецификација за промет на сметка, Прилог бр. 3: Преглед на сметките за кои се доставуваат извештаи, Прилог бр. 4: Шифри на основи за наплата и плаќање, Прилог бр. 5: Шифри на земји и меѓународни организации, Прилог бр. 6: Шифри на валути, Прилог бр. 7: Шифри на инструментот за плаќање и шифра на налогодавач/корисник, Прилог бр. 8: Трансакции во девизи со посредство на две домашни банки (примери), Прилог бр. 9: Трансакции во денари со посредство на две домашни банки (примери).
www.proagens.mk