ИНФОРМАТОР БРОЈ 9 СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА

Page 1


9

СЕПТЕМВРИ 2 0 1 7

S O D R @ I N A:

www.proagens.mk

TРГОВИЈА, СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЦИ 1) ПРОДАЖБА ПО ИНТЕРНЕТ

4

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 2) КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ХАРТИИТЕ ОД ВРЕДНОСТ

17

ТРГОВСКО ПРАВО 3) СТАТУСНИ ПРОМЕНИ НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

26

МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ 4) СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕМАТЕРИЈАЛНИТЕ СРЕДСТВА СОГЛАСНО СО МСС 38 - НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА И ОДДЕЛОТ 18 НА МСФИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ СУБЈЕКТИ

41

ДДВ 5) ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НA ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ ЗА КОИ ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК Е ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК КОН КОГО Е ИЗВРШЕН ПРОМЕТ ОД СТРАНА НA ДРУГ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

55




Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Др. Рефика

МУРИЌ

Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk

ПРОДАЖБА ПО ИНТЕРНЕТ

ВОВЕД

Т

рговија претставува купување и продавање на стоки, како и вршење на трговски услуги. Трговија може да вршат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на таа дејност во соодветен регистар согласно со закон. Трговија на големо и мало вообичаено се врши во уредени деловни простории (продавници), магацини, складови и деловни простори. Покрај во определените простории, согласно со член 16 од Законот за трговија („Службен весник на РМ“, бр. 16/04, ... и 53/16), како посебни начини на вршење на трговија се смета и вршењето на трговија на посебно организирани пазари, продажба преку пошта, на киосци, продажба по пат на автомати, телевизија, интернет продажба, подвижни улични продавачи, на организирани саеми, стопански изложби, изложбени салони, панаѓури, продажба од врата до врата и продажби организирани за хуманитарни и спортски цели. Вршењето на продажба надвор од деловните простории на продавачот се сведува на продажба врз основа на договори склучени на далечина или пак на директна непосредната продажба (од врата до врата). 1

Кај договорите склучени на далечина се користат посебни средства за комуникација, кои без истовремено присуство на трговецот и потрошувачот можат да доведат до продажба на далечина, односно склучување на договор за продажба на далечина. Тоа се случаи кога купувачот нарачува стока по пошта, телефон или интернет, а физичка достава на производот се врши на адреса на купувачот или ако се работи за нарачки во нематеријални облици, доставата може да биде по пат на директно преземање од интернет (софтвер, видео записи, видео игри...). Договорите склучени на далечина ги дефинира 1 и Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РМ“, бр. 38/04, ... и 152/15), во Глава 2 - Договор склучен на далечина, каде меѓу другото е предвидено дека со средствата за далечинска комуникација не е дозволено склучување на договори за продажба на лекови, медицински и ветеринарни производи и експлозивни и запаливи материи. Предности на продажбата на далечина за трговецот, во однос на традициналната продажба, се: - едноставниот начин на извршување на продажбата, пониските трошоци на работа (нема потреба од отварање на продавница и ангажирање на продавачи),

„Договор на далечина“ е секој договор склучен меѓу трговецот и потрошувачот во рамките на организирана шема за продажба или давање услуги на далечина без физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот, преку исклучителна употреба на еден или повеќе средства за комуникација на далечина до склучувањето на договорот, вклучувајќи го и моментот на склучување на договорот (член 4 од Законот за заштита на потрошувачите).

4

www.proagens.mk


ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

 

4 Елизабета ЧИНГАРОВСКА

(Претседател на Комисијата за хартии од вредност)

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ХАРТИИТЕ ОД ВРЕДНОСТ

Поим на хартии од вредност

Х

артиите од вредност претставуваат финансиски инструмент кој на сопственикот му дава определени права дефинирани во закон и во актот на издавачот. Најчеста е поделбата на хартиите од вредност на: - сопственички хартии од вредност, каде спаѓаат акциите и други финансиски инструменти кои може да се претворат/ заменат во/со акции или кои му даваат право на сопственикот да се стекне со акции и - должнички хартии од вредност каде спаѓаат обврзниците и други должнички хартии од вредност. Хартиите од вредност може да се издаваат во хартиена форма или во електронска форма. Во согласност со трендовите на дигитализација и електронификација, во светот речиси е и напуштена хартиената форма, а во некои земји, меѓу кои е и нашата единствено дозволена форма е електронската.

Хартиите од вредност од аспект на Законот за хартии од вредност (ЗХВ) - Издавање, евиденција и пренос Од нормативен аспект, поимот „хартии од вредност“ е дефиниран во Законот за хартии од вредност („Службен весник на РМ“, бр. 95/05, 25/07, 07/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15 и 23/16 година и Одлуки на Уставниот суд на РМ:

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2017

86/07, 123/07, 140/07, 146/07 и 45/09) (во натамошниот текст: ЗХВ) и согласно со истиот хартии од вредност се: - акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции и акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови; „Акција“ е сопственичка хартија од вредност, која претставува неделив и идеален дел од основната главнина на акционерското друштво или командитното друштво со акции. Акциите можат да бидат обични и приоритетни. − обврзници; „Обврзница“ е долгорочна должничка хартија од вредност, со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати, ќе му го исплати на определениот ден, износот на номиналната вредност на обврзницата и каматата. Обврзницата може да биде обезбедена или необезбедена, да има фиксна или варијабилна камата, да биде без камата, може на сопственикот да му дава право на камата и/или исплата на однапред определени рати, може да се откупи од (страна на) која било страна под одредени услови и/или може на сопственикот да му даде право да ја претвори обврзницата во друг вид на хартија од вредност на издавачот.;

kontakt@proagens.com.mk

17


Пр   фесионална

Агенција Про Агенс

Едукација

4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ

Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk

СТАТУСНИ ПРОМЕНИ НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

ВОВЕД

П

оимот „статусни промени“ кумулира три основни вида на постапки и повеќе нивни појавни форми, преку кои се остваруваат соодветни организациони и имотнo-правни промени кај трговските друштва, на начин и според условите уредени со Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД). 1

Три основни вида на статусни промени на трговските друштва се: 1) присоединување, 2) спојување и 3) поделба.

Постапките на статусни промени целосно се уредени со членовите од 517 до 537 од ЗТД, на начин кој прецизно и јасно го нагласува хронолошкиот тек на одделните фази на

постапките, во кои доминираат низа обврски на органите на друштвата коишто учествуваат во овие промени, како и последиците од нивното реализирање. Нормативната поставеност на статусните промени во ЗТД значително го инкорпорира факторот на заштита на интересите на сите субјекти кои на директен или индиректен начин се засегнати со последиците од спојувањето, поделбата или присоединувањето на друштвото, кои во најголем број случаи значат престанок на трговското друштво. Тие субјекти се сопствениците на капиталот (содружници и акционери) и до­ верителите на друштвото. Како субјекти во постапките на статусни промени може да се појават трговски друштва од сите организациони форми уредени со ЗТД, а тоа се: друштвото со ограничена одговорност; акционерското друштво; јавното трговско друштво; командитното друштво и командитно друштво со акции.

2. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРИСОЕДИНУВАЊЕТО, СПОЈУВАЊЕТО И ПОДЕЛБАТА НА ДРУШТ­ВАТА 2.1. Разлики помеѓу присоединувањето, спојувањето и поделбата Присоединувањето и спојувањето на трговските друштва, се постапки на сличен начин уредени со ЗТД, бидејќи крајниот резултат на овие две постапки е добивање само на едно 1

„Сл. весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. толкув., 6/16, 30/16 и 61/16; Укинати членови на ЗТД со Одлуки на Уставниот суд на РМ: 11 став 3 и 14 став 3, точка 4 - 71/06; 14 став 3, точка 3 и член 18 став 2, точка 3 - 17/09; 29 став 2, точка 3 - 23/09; 29 став 2, точка 5 - 8/11; 234 став 2, точка 5 - 21/11.

26

www.proagens.mk


МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ

 

4Ирена НИКОЛОВСКА

Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk

СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕМАТЕРИЈАЛНИТЕ СРЕДСТВА СОГЛАСНО СО МСС 38 - НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА И ОДДЕЛОТ 18 НА МСФИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ СУБЈЕКТИ

Сметководствениот третман на нематеријалните средства е регулиран со: - МСС 38 - Нематеријални средства, кој го применуваат големите и средни субјекти и - Одделот 18 - Нематеријални средства, освен гудвил на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСЕ), кој го применуваат малите и микро субјекти. Двата стандарда се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11) и нивните насоки во поглед на сметководствениот третман на нематеријалните средства ги прикажуваме одвоено во рамки на текстот (дел I и дел II).

I. СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕМАТЕРИЈАЛНИТЕ СРЕДСТВА СОГЛАСНО СО МСС 38 - НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА (ГОЛЕМИ И СРЕДНИ СУБЈЕКТИ) МСС 38 треба да се применува во сметководството за нематеријалните средства, ОСВЕН за: 1) нематеријални средства опфатени во друг стандард; 1 2) финансиски средства како што се дефинирани во МСС 32 - Финансиски инструменти: презентирање; 3) признавање и мерење на средства за истражување и вреднување согласно со МСФИ 6 Истражување и вреднување на минерални ресурси и 4) издатоци за развој и вадење на минерали, нафта, природен гас и слични нерегенеративни ресурси. МСС 38 го уредува сметководственото евидентирање на нематеријалните средства: патентите, концесиите, франшизите, компјутерскиот софтвер, заштитните знаци и слични права и трошоците за развој доколку исполнуваат одредени критериуми. 1

- - - - - -

нематеријални средства кои се чуваат за продажба во редовното работење (МСС 2 и МСС 11); одложени даночни средства (МСС 12); наеми кои спаѓаат во делокругот на МСС 17 - Наеми; средства кои произлегуваат од користи за вработените (МСС 19); гудвил стекнат при деловна комбинација (МСФИ 3); финансиски средства како што се дефинирани во МСС 32, МСС 27, МСС 28 и МСС 31; одложени трошоци за стекнување и нематеријални средства од договорни права на осигурителот (МСФИ 4); - нетековни нематеријални средства кои се чуваат за продажба (МСФИ 5).

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2017

41


ДДВ

 

ПРОПИСИ

ОДЛУКА

ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НA ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ ЗА КОИ ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК Е ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК КОН КОГО Е ИЗВРШЕН ПРОМЕТ ОД СТРАНА НA ДРУГ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

(Редакциски пречистен текст 1) Член 1 o оваа одлука се определуваат добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот C обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник. Член 2 Добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник се следните: (1) Градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, односно:

1. Изградба на станбени и нестанбени згради и тоа: а) изградба на сите видови станбени згради: - индивидуални куќи и - колективни згради (згради со повеќе станови), вклучувајќи ги и високите згради. б) изградба на сите видови нестанбени згради: - згради за индустриско производство, на пр., фабрики, работилници, погони итн. - болници, училишта, административни згради, - хотели, продавници, трговски центри, ресторани, - аеродромски згради, - спортски објекти од затворен тип, - катни гаражи, вклучувајќи и подземни паркинг простори, - магацини и - религиозни објекти. в) монтирање и подигање на конструкции од префабрикувани елементи на градилиште (монтажни објекти) и г) реконструкција или адаптација на постоечки станбени објекти. 2. Изградба на патишта и автопати и тоа: а) изградба на автопати, улици, патишта, велосипедски и пешачки патеки; б) изградба на коловозна конструкција на улици, патишта, надвозници, мостови и тунели: - изработка на тротоари на патиштата - обележување на патиштата и други ознаки и - поставување на заштитни огради, сообраќајни знаци. 1

„Службен весник на РМ”, бр. 45/14 и 160/16

ИНФОРМАТОР 9 I СЕПТЕМВРИ 2017

55



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.