201
7
Издавач: Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“
Главен и одговорен уредник: М-р Павле Гацов
Дизајн и графичко уредување: Агенција „ПРО АГЕНС“
Лектор: М-р Кирил АНГЕЛОВ
!
VNIMANIE Носител на материјалните права е издвачот. Забрането е препечатување, копирање и умножување на написите или на нивните делови без претходна согласноет од издавачот. Дата на објаување на овој број: 11.05.2017 година.
Адреса:
Агенција „ПРО АГЕНС“, п.фах 272 ул. „Наум Наумовски Борче“, бр. 68/4 1000 Скопје Informacija: Osnovnoto izdanie izleguva edna{ mese~no, a specijalnite izdanija po potreba. Pretplatata se vr{i so uplata na smetkata na Агенција „ПРО АГЕНС“ - Skopje 210-0503940101-43; Deponent na NLB banka - Skopje. Rakopisite se ispra}aat na adresa: Агенција „ПРО АГЕНС“, p. fah 272, 1000 Skopje. Rakopisite ne se vra}aat. Tel./faks: 02 / 3162-979, 3298-763 i 3229-479. „ПРО АГЕНС“ e registriran obvrznik za DDV so dano~en broj za DDV: MK 4030995196418. Печати: „Стеда Графика“ ул. „Тодор Чангов“, бр. 1/16ц, Скопје Тираж: 820 примероци Copyright 2017, Про Агенс
www.proagens.mk p_gacov@proagens.com.mk d_jacimovic@proagens.com.mk r_muric@proagens.com.mk i_nikolovska@proagens.com.mk n_mladenov@proagens.com.mk v_mladenova@proagens.com.mk Izdava~ki odbor: M-r Pavle GACOV Danijela JA]IMOVI], dipl. pravnik D-r Refika MURI] Irena NIKOLOVSKA, dipl. ek. D-r Zoran MINOVSKI D-r Gligor BI[EV D-r Zorica BO@INOVSKA D-r Dragoqub ARSOVSKI M-r Elena MARTINOVSKA Vesna ZMAJ[EK, dipl. ek. Slavko LAZOVSKI, dipl. ek. Bor~e IVANOVSKI, dipl. ek. Katja NIKOLOVA, dipl. ek. Mirjana ARSOVSKA-QAMOVA, dipl. ek.
5
MAJ 2 0 1 7
S O D R @ I N A:
www.proagens.mk
ДАНОЧНО ПРАВО 1) УПРАВНО ДАНОЧЕН СПОР
5
ДАНОК НА ДОБИВКА 2) НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИ ТРОШОЦИ (ДАНОЧНО СРЕДСТВО)
15
ДДВ 3) СМЕТКОВОДСТВЕНО И ДАНОЧНО ТРЕТИРАЊЕ НА АВАНСИТЕ
28
ДАНОЦИ И СМЕТКОВОДСТВО 4) ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА СТЕКНАТО ПРАВО НА ТРГОВСКА МАРКА (БРЕНД) И МЕТОДИ НА ПРОЦЕНКА НА БРЕНД
42
ДАНОК НА ДОБИВКА 5) ДАНОЧНО ПОТТИКНУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ СОГЛАСНО СО ЗАКОНОТ И ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
53
ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА НА ИСОС 6) НAЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И СООДВЕТНИ ОДГОВОРИ НА ИНСТИТУТОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА РМ
68
ИНФОРМАЦИЈА 7) ЧЕСНО ОДАНОЧУВАЊЕ И ПАЗАРНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ 8) МИСЛЕЊЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ ЗА ПРОПУШТЕНИТЕ РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА УВЕРЕНИЕ 9) ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ИСОС ЗА НОСИТЕЛИТЕ НА УВЕРЕНИЈА НА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
70
71 72
НО
ВО
!
ТРАДИЦИОНАЛЕН ДЕЛОВЕН НАСТАН, КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ!
СОВЕТУВАЊЕ, ЗАГРЕБ ХРВАТСКА од 22 до 25 МАЈ 2017 година (понеделник - четврток)
13.900 денари (за двокреветна соба)
ВО ГОРЕНАВЕДЕНАТА ЦЕНАТА ВЛЕГУВА: - ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО (СО ВИСОКОТУРИСТИЧКИ АВТОБУС) - СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ „АНТУНОВИЧ“ (4*) НА БАЗА ТРИ НОЌЕВАЊА СО ДОРУЧЕК, ЗА ДВОКРЕВЕТНА СОБА (КОРИСТЕЊЕ НА СИТЕ УДОБНОСТИ ВО ХОТЕЛОТ)
- ПОСЕТА НА ПЛИТВИЧКИТЕ ЕЗЕРА (СО ПЛАТЕНА ВЛЕЗНИЦА И ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ)
www.proagens.mk
ДАНОЧНО ПРАВО
4 Данијела ЈАЌИМОВИЌ
Praven sovetnik d_jacimovic@proagens.com.mk
УПРАВНО ДАНОЧЕН СПОР
1. ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА НА ПОЕДИНЕЧЕН (ДАНОЧЕН) УПРАВЕН АКТ Со Уставот на РМ (член 50 став 2) загарантирана е судската заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и другите институции што вршат јавни овластувања. Органите на државната управа (министерствата, органите во нивниот состав и институциите), организации утврдени со закон и други државни органи, Владата на РМ, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје (со еден збор: јавната администрација), по барање на физички и правни лица или по службена должност кога за тоа се овластени со закон, донесуваат поединечи акти (решенија и заклучоци) со кои решаваат за одредени права, обврски и интереси на овие субјекти. Овие акти се управни бидејќи со нив се решава за управни работи, како што се на пример: утврдување на даночната обврска согласно со даночните прописи (даночна постапка); издавање на концесии; утврдување на царински обврски; издавање на дозволи за градење; остварување на правата од сфера на пензиско-инвалидско и здравствено осигурување; постапка за денационализација; јавни набавки и други права и обврски. Поединечните управни акти, државната управа ги донесува во посебна, управна постапка чиишто општи постулати се уредени со Законот за општата управна постапка (во натамошниот текст: ЗОУП – „Службен весник на РМ“, бр. 1
124/15 година, во сила од 31.07.2015 година, во примена од 31.07.2016 г. Доследно на уставниот принцип, поединечните управни акти на државните органи во нашиот правен систем подлежат на судска заштита (контрола). Со оваа контрола се обезбедува повисок степен на заштита на правата и на правните интереси на физичките и правните лица и се обезбедува законитоста на оспорените поединечни управни акти со кои се решава за тие права и интереси. Судот, контролирајќи ја законитоста во работењето на државната управа ги штити физичките и правните лица од самоволието на државните органи со кое се повредува начелото на законитост во нивното постапување: „органот е должен да постапува и донесува одлуки во рамките и врз основа на законите“. Судската контрола на управните решенија се остварува преку правната институција управен спор, во согласност со Законот за управните спорови (во натамошниот текст: ЗУС – „Службен весник на РМ“, бр. 62/06 и 150/10; У. суд 27/08, У. суд 117/09 и 171/10). Текстот дава осврт на аспектите на правната заштита на даночниот обврзник во управно даночен спор пред надлежните судови, при што тргнува од прецизирањето на видовите на актите од даночната постапка против кои може да се води управен спор, по укинувањето на жалба во 2015 година, согласно со Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: ЗДП). 1
„Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 145/10, 171/10, 53/11, 39/12 и 84/12, 187/13, 15/15, 97/15, 129/15, 154/15 5 и 23/16. Одлуки на У. суд објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 90/07, 145/07, 21/08, 23/09 и 76/09 и 166/11.
ИНФОРМАТОР 5 I MAJ 2017
5
ДАНОК НА ДОБИВКА
4М-р Павле ГАЦОВ
Даночен советник и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИ ТРОШОЦИ (ДАНОЧНО СРЕДСТВО)
С
о режимот на данокот на добивка е уредена можност за намалување на тековна даночна основа за износот на: а) наплатените побарувања, вклучувајќи ги и б) наплатените побарувања за одобрени заеми, кои во претходни даночни периоди имале третман на оданочиви расходи. Се работи за можност која сепак НЕ Е БЕЗУСЛОВНА. • Имено, главниот услов за користење на ваквата можност е ДА БИЛ ПЛАТЕН ДАНОК НА ДОБИВКА за даночниот период (година) кога е извршено вредносното усогласување, односно траен отпис на ненаплатените побарувања, вклучувајќи ги и побарувањата по основ на заеми, заради што истите имале третман на оданочиви расходи со кои била зголемена даночната основа и пресметаниот (и платен) данок на добивка. Плаќањето на данокот на добивка како услов го нагласуваме, поради можноста не-
гативниот финансиски резултат да ја намали даночната основа генерирана од оданочивите расходи до степен (нула или негативен износ) да не се плати (целосно или делумно) данок на добивка. Во праксата се можни повеќе варијации со кои негативниот финансиски резултат пред оданочување може ќе влијае на износот на платениот данок на добивка. Треба да се има предвид фактот дека ваквото право треба да се искористи во временска рамка од ПЕТ ГОДИНИ, имајќи ги предвид одредбите од Законот за даночната постапка. 1
Правна основа Закон за данокот на добивка Согласно со членот 17 од Законот за данокот на добивка 2, даночната основа се намалува за износот на наплатените побарувања кои во претходни даночни периоди имале третман на непризнаен расход.
Застарување на утврдување на данок и споредни даночни давачки (член 110)
1
(1) Утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки, нивна промена и престанок не е дозволено, доколку истекол рокот за застарување. (2) Застарувањето на даноците и споредните даночни давачки започнува со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба. (3) Рокот за застареност изнесува пет години, а во случаи на даночно затајување изнесува десет години. (4) Прекинување на рокот на застареност започнува со секој даночен управен акт што се однесува на фактичката состојба, а трае до правосилно завршување на постапката. (5) По секој прекин на рокот, започнува да тече нов рок на застареност. (6) Во секој случај по истекот од десет години, застарува утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки. 2
„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, Автентично толкување на Собрание на РМ на членовите 28 и 51 - 44/15, 129/15, 23/16 и 190/16.
ИНФОРМАТОР 5 I MAJ 2017
15
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4 Др. Рефика
МУРИЌ
Dano~en sovetnik r_muric@proagens.com.mk
СМЕТКОВОДСТВЕНО И ДАНОЧНО ТРЕТИРАЊЕ НА АВАНСИТЕ
ВОВЕД
А
вансите претставуваат категорија на однапред извршени плаќања за промети на добра и услуги што ќе се извршат во иднина и како такви се разликуваат според даночниот третман, во зависност од тоа дали се уплатуваат кон регистриран ДДВ обврзник (или не), се однесуваат за промети што подлежат на оданочување со ДДВ (или не), со општа или повластена стапка на ДДВ, каде ќе се извршат (во земјата или во странство), ... Авансните уплати за оданочив промет, подразбираат и даночен износ содржан во уплатената сума. Овој даночен износ се изразува во авансната фактура што примателот на авансот е должен да ја изготви. Оттука, примените аванси се пријавуваат во даночниот период во кој се извршени, така што се внесуваат како основица и издвоен ДДВ (ако станува збор за оданочиви идни промети), во соодветните полиња во ДДВпријавата, во зависност од видот на идниот излезен промет - за кој се однесуваат. Од друга страна, направените авансни плаќања за кои уплатувачот има право на одбивка на влезниот данок од примените авансни фактури се внесуваат во соодветните полиња за влезен промет во ДДВ-пријавата на уплатувачот, зависно од видот на влезниот промет за кој се однесуваат. Авансите за промети кои не треба да се оданочат од испоставувчот на авансната фактура, се внесуваат како промет целосно.
28
Доколку било извршено авансно плаќање, а сепак не е извршен промет спрема даночниот обврзник, одбивката на претходниот данок се ревидира со ретроактивно дејство. Ревидирањето на одбивката на претходниот данок се врши независно од тоа, дали авансното плаќање било вратено. Плаќањата доведуваат до настанување на даночната обврска, доколку истите се вршат за одреден промет. Ако при приемот на плаќањето не постои конкретен договор или спогодба за вршење одреден промет, во тој случај плаќањето може да се смета за заем. Во случај на прием на плаќање за одреден промет, за кој според Законот за ДДВ е предвидено ослободување од данок, плаќањето, како и прометот, не се оданочуваат. Наспроти тоа, плаќањето се оданочува доколку во моментот на неговиот прием не може да се предвиди дали ќе бидат исполнети условите за примена на даночното ослободување за прометот. Исто така, кога авансните уплати се вршат кон субјект кој не е регистриран ДДВ обврзник, во вредноста на авансот не е содржан износ на ДДВ. Кај авансните плаќања кои се однесуваат за промети со reverse charge (пренесување на даночна обврска) данокот исто така не е вклучен во вредноста на плаќањето, но примателот има обврска да засмета ДДВ на основицата - примениот аванс. Истовремено,
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
4Ирена НИКОЛОВСКА
Dano~en sovetnik i_nikolovska@proagens.com.mk
ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА стекнато ПРАВО НА ТРГОВСКА МАРКА (бренд) И МЕТОДИ НА ПРОЦЕНКА НА БРЕНД
Нематеријалниот интелектуален имот (трговска марка - brand) завзема значителна позиција во процесите на купопродажба на деловните активи. Трговската марка во одредени случаи може да биде главен извор на идните економски користи на деловните субјекти. Сепак, сметководствената пракса досега не овозможила задоволително решение за различниот сметководствен пристап кон признавањето на трговската марка во билансите на деловните субјекти кога се работи за екстерно стекнување (набавка) на трговска марка, од една страна, и интерно развиена трговска марка, од друга страна.
Развиени се повеќе модели на проценување (вреднување) на трговските марки, од кои во прв план се издвојуваат различните варијанти на методите на добивка (приходни методи). И покрај недостатоците, како најпрактичен метод за проценка на вредноста на трговската марка се истакнува методот Royalty Relief, поради неговата добра операбилност и транспарентност. нтелектуалната сопственост, односно И нематеријалните добра, чија експлоатација може да биде темел на успешноста на деловните субјекти, се јавува во различни форми, како на пример, авторските и сродни права и правата на индустриска сопственост.
ПРАВА НА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ Често во праксата, терминот „права од индустриска сопственост“ се употребува (делумно точно) наместо „права од интелектуална сопственост“ што е поширок и посеопфатен поим. Во продолжение ги појаснуваме овие поими. Правата на интелектуална сопственост ги опфаќаат: 1. правата од индустриска сопственост (патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потекло и географска ознака); 2. авторските права (права на авторско дело: индивидуална и интелектуална творба од областа на кни-
42
жевноста, науката, уметноста и други области на творештвото) и 3. сродните права (права на уметниците - изведувачи над своите изведби, правата на фонограмските, филмските и сценските продуценти, на РТВ организациите, издавачите, и на изготвувачите на бази на податоци). Заштитата на индустриската сопственост во Република Македонија е регулирана со: - Законот за индустриската сопственост („Службен весник на РМ“, бр. 21/09, 24/11, 12/14, 41/14, 152/15 и 53/16) и неговите подзаконски акти (Правилници).
www.proagens.mk
ДАНОК НА ДОБИВКА
Павле ГАЦОВ 4 М-р Даночен советник
и управител на Агенцијата “Про Агенс“ p_gacov@proagens.com.mk
ДАНОЧНО ПОТТИКНУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ СОГЛАСНО СО ЗАКОНОТ И ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА
П
о објавувањето на текстот за „Даночното поттикнување на субјектите од областа на спортот согласно со Законот за данокот на добивка“ 1, беше објавен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување („Сл. весник на РМ“, бр. 31/17, од 13.03.2017 г.). Со дополнувањето на Правилникот се утврдуваат правила кои ја додефинираат законската одредба за утврдување на даночното ослободување за финансиско донирање во спортот на начинот објаснет во продолжение. Согласно со членот 8 став 1 НОВА точка 4 од Правилникот за данокот на добивка, намалувањето на пресметаниот данок на добивка кај обврзникот на данокот на добивка – ДОНАТОР се врши за износот на дадената донација утврдена во согласност со членовите 30-а и 30-б од Законот за данокот на добивка. Ова преставува преземање на јасната одредба од Законот дека дадената финансиска донација на субјекти во областа на спортот претставува одбитна ставка на пресметаниот данок на добивка. зносот на пресметаното даночно олеснуИ вање се искажува на АОП 43 од новиот Даночен биланс и во збирот на сите намалување на пресметаниот данок на добивка како збир на АОП 39. За овој износ (АОП 39) се намалува пресметаниот данок на добивка искажан на АОП 38 од новиот ДБ. 1
Важно: За искажаниот износ на АОП 43 од ДБ, задолжително се приложува ПОТВРДА од Агенцијата за млади и спорт. Засега електронскиот Даночен биланс на e-tax платформата на УЈП не е усогласен со неговата нова форма и содржина објавена во рамките на измените и дополнувањата на Правилникот (31/17). о насока на дообјаснување на правото В уредено во Законот за данокот на добивка извршено е дополнување на членот 8 од Правилникот за данокот на добивка со НОВ став 7 според кој: - ЦЕЛИОТ ИЗНОС на трошоците за донирани финансиски средства на субјектите од областа во спортот има третман на оданочив расход кај обврзниците на данокот на добивка – ДОНАТОРИ (Напоменуваме дека Законот за данокот на добивка заради избегнување на кумулирањето на ослободувањата за овој расход го исклучува правото на намалување на даночната основа согласно со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности). Донираните финансиски средства на субјекти од областа на спортот ќе се искажат како оданочиви трошоци на АОП 28 од новиот Даночен биланс. Со ваквата постапка ќе се изврши анулирање на нивното претходно влијание врз финансискиот резултат. Напоменуваме дека во делот Посебни податоци на новиот образец ДБ се додадени 9
Проагенсов Информатор, бр. 3/17, страна 5-13.
ИНФОРМАТОР 5 I MAJ 2017
53
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
ИНФОРМАЦИЈА
НAЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И СООДВЕТНИ ОДГОВОРИ НА ИНСТИТУТОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА РМ Прашањата и одговорите се објавени на веб страницата www.smetkovoditel.mk 1. Кога истекува рокот за поднесување на барање за добивање лиценца на правни субјекти за вршење сметководствени работи ? Одговор: За аплицирање за лиценца за вршење на сметководствени услуги согласно со Законот за вршење на сметководствени работи потребно е да поднесе барање апликант, правно лице, кое според закон има регистрирано сметководствена дејност и сака да врши сметководствени работи. Без лиценцата и упис на правното лице во соодветниот регистар правното лице нема право да врши сметководствени работи од моментот на воспоставување на регистарот. Согласно со член 20 и 21 од Законот за вршење на сметководстсвени работи сметководител или овластен сметководител кој е запишан во регистарот на Институтот, преку предвидените и утврдени форми согласно со овој закон поднесуваат барања за добивање на лиценца тогаш кога ќе ги исполнат предвидените услови со закон. 2. Дали друштвото за вршење сметководствени работи мора да има еден овластен и еден сметководител или може да добие лиценца и со двајца овластени сметководители? Одговор: Друштвата за вршење на сметководствени работи можат да се стекнат со лиценца согласно со член 21 доколку имаат вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител. Доколку имаат
68
двајца или повеќе овластени сметководители исто така можат да се стекнат со лиценца доколку ги исполнат кумулативно и останатите услови. 3. Дали надоместокот за издавање лиценца се плаќа еднократно и дали фирмите ќе плаќаат членарина, како и физичките лица? Одговор: Надоместокот за издавање лиценца е еднократен за секоја лиценца поединечно, а членарините се плаќа согласно со член 13 став 1 од Законот за сметководствени работи и Тарифникот на Институтот, каде е предвидено плаќање на чланарини. 4. Согласно член 20 од Законот за вршење на сметководствени работи секое друштво треба да има вработено еден сметководител и овластен сметководител. Дали вработените мора да се вработени на полно работно време или може да бидат вработени и на скратено работно време (пример: 20 часа)? Одговор: Согласно сo член 21 став 2 точка 2 од Законот за вршење сметководствени работи утрврден е услов - список на вработени како сметководител или овластен сметководител, па сходно тоа во целост треба да се имаат предвид одредбите од Законот за работните односи (ЗРО). Законот утврдува лицата кои работат кај правното лице да се во работен однос за што нема прецизна одредба дали на половина (скратено работно време) или полно работно време.
www.proagens.mk
Пр фесионална
Агенција Про Агенс
Едукација
Европската комисија воведува нови правила за чесно оданочување
ЧЕСНО ОДАНОЧУВАЊЕ И ПАЗАРНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Е
вропската комисија го поздравува постигнатиот договор на Советот на европските министри за финансии (Ecofin) во февруари 2017 година за новите правила за спречување на избегнувањето на плаќање даноци преку трети држави.
Хибридните неусогласености се појавуваат во случаите кога земјите имаат различни правила на даночно постапување со одреден приход или ентитет, кој мултинационалните компании можат да го злоупотребат за целосно да го избегнат оданочувањето.
Најновиот додаток на прописите на Европската унија за избегнување на даночната евазија се однесува на оневозможување на мултинационалните компании да избегнуваат плаќање данок на добивка со искористување на разликите меѓу даночните системи на земјите-членки и на оние кои не се (т.н хибридни неусогласености).
Договорот кој во февруари го постигнаа министрите за финансии на земјите-членки на Европската унија (ATAD 2) ќе обезбедат хибридните неусогласености од било кој вид да не можат да се користат за избегнување на плаќање даноци во ЕУ, дури и тогаш кога аранжманите вклучуваат и трети земји. До овој договор дојде само четири месеца по претставувањето на предлогот од страна на Европската комисија.
„Имаме уште една успешна приказна во нашата компанија за почесно оданочување. Чекор по чекор ги отстрануваме каналите кои ги користеа одредени компании за избегнување на даноците. Им честитам на членките за постигнатиот договор за овие клучни мерки за сузбивање на даночните измами и за воспоставување на почесно даночно окружување во ЕУ“, вели повереникот за даночни прашања Pierre Moscovici. Новите одредби ќе се вградат во Директивата за избегнување на плаќање даноци (ATAD – 2016/1164) договорени минатиот јули, со која се одредуваат ЕУ мерките против даночната евазија. НА
1.850 денари 70
ЈНО
Новите правила нема да стапат во сила пред 1 јануари 2020 година, а најдоцна ќе се воведат почнувајќи од 2022 година. Покрај ова, земјите-членки на ЕУ работат и на други важни даночни реформи, меѓу кои е и предлогот за воспоставување на заеднички консолидирани даночни основи за компаниите, како и заедничката ЕУ-листа на даночна јурисдикција на трети земји кои не ги исполнуваат меѓународните норми за добро даночно управување, која би требало да биде завршена до крајот на 2017 година.
НА
ВО
!
1.650 денари
НА
ЈНО
ВО
!
ЈНО
ВО !
1.950 денари www.proagens.mk
ИНСТИТУТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА РМ
ИНФОРМАЦИЈА
Мислење НА Министерство за финансии за пропуштените рокови за поднесување барање за уверение
И
нститутот на сметководители и овластени сметководители на РМ - ИСОС на својата интернет страна www. smetkovoditel.mk објави информација за лицата кои ги пропуштиле роковите по јавните повици од 2016 година и тоа: јавен повик 001/2016 и Информацијата по измената на членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи и членовите 5, 6 и 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, кои можеа во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од Министерот за финансии. Институтот на сметководители и овластени сметководители писмено се обрати до Министерството за финансии и побара мислење за тоа како да постапи по барањата доставени по предвидените законски рокови од страна на сметководителите и овластените сметководители.
ИНФОРМАТОР 5 I MAJ 2017
На ден 3 мај 2017 година, ИСОС го добил следното Мислење на Министерството за финансии, објавено во продолжение: „Согласно член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“, бр.190/16), лицата кои се стекнале со уверение за сметководител, односно овластен сметководител имаа рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот да поднесат барање до Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија за издавање на ново уверение за сметководител, односно за овластен сметководител. Оттука, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија треба да постапува согласно одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи“.
71
Пр фесионална
едукација
ИНФОРМАЦИЈА
Агенција про Агенс
ИСОС
-МК
ИзвесТувАње НА ИсОс зА НОсИТелИТе НА увеРеНИЈА НА сМеТкОвОдИТел И ОвлАсТеН сМеТкОвОдИТел
Институтот на сметководители и овлaстени сметководители на Република Македонија – ИСОС известува за неподигнати уверенија, неизвршен упис во регистрите на ИСОС и ги потсетува друштвата за вршење на сметководствени работи (сметководствени бироа) за обврската за стекнување на лиценца за работа. Во продолжение го објавуваме известувањето на ИСОС во целост. 1. Според евиденцијата која се води во Институтот на сметководители и овлaстени сметководители на Република Македонија согласно позитивните законски прописи, Ве информираме дека од вкупниот број на изготвени уверенија, не се подигнати 1.203. Од нив:
3. Упат до правните субјекти (ТП- сметководител; ТП-овластен сметководител и Друштво за вршење на сметководствени работи) кои согласно Законот за вршење на сметководствени работи, согласно членовите од 20 до 22, имаат можност да достават соодветна документација за стекнување со лиценца за работа, како и правото на Упис во соодветните регистри. Напоменуваме дека, без лиценца и упис на правното лице во соодветниот регистар, истото нема право да врши сметководствени работи од моментот на воспоставување на регистарот за правните субјекти во Институтот на сметководители и овластени сметководители.
- 495 се Уверенија за сметководители и - 708 се Уверенија за овластени сметководители. Доколку сте во можност остварете го своето право во наредните денови. 2. Известување како потсетување на лицата (вкупно 1.742) кои се имаат стекнато со Уверение за сметководител или Уверение за овластен сметководител согласно со Законот за сметководствени работи и кои своето уверение го имаат подигнато од Институтот, а кои согласно членот 18 став 8 не доставиле барање за упис во регистарот на Институтот во рок од 60 дена од денот на стекнувањето со уверение, дека се изложени на можноста да го изгубат правото на упис во регистарот. 1
1
пРИРАЧНИк
зА пеРсОНАлНИОТ дАНОк НА дОХОд (2017 ГОДИНА)
на 464 страни цена: 1.990 денари
НОвО!
Н.З. Според Мислењето на Министерството за финансии објавено на претходната страница, тие веќе го изгубиле таквото право.
72
www.proagens.mk