ИНФО-КПУ БРОЈ 4 АПРИЛ 2018 ГОДИНА

Page 1


ново

2018

КПУ ОБУКА/СОВЕТУВАЊЕ КРИТ, ГРЦИЈА

од 13 до 16 мај 2018 година

НАЈАВА НА ТЕМИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ КПУ ОБУКИ / СОВЕТУВАЊА (мај 2018 година) - НОВ Закон за данокот на ЛИЧНИОТ доход (во примена од 2019 година) • данок на доход од труд • данок на доход од капитал • даночни стапки: 10% и 18% • праг на даночната прогресија • единствена даночна стапка од 15% - ВАЖНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА - ЈАВЕН СЕКТОР - НОВ ЗАКОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИ

Imperial Belvedere Hotels 4* (All Inclusive Resort Hotel) Hersonissos, Crete, Greece

www.belvederehotels.net

ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ, СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ 13-ти мај 2018 година (НЕДЕЛА): Скопје – Солун - Крит Скопје – Солун - 10:45 Состанок на групата пред ВИП хотел. - 11:00 Тргнување за Солун. Се патува преку граничниот премин Богородица. Солун – Крит (според грчко време) - 18:30 Лет за Крит. Се лета со Ellinair (авиокомпанијата не е нискобуџетна). - Трансфер во хотел Imperial Belvedere (4*) – Ноќевање 14-ти мај 2018 година (ПОНЕДЕЛНИК): Крит (според грчко време) - 9:00

КПУ обука / Советување

15-ти мај 2018 година (ВТОРНИК): Крит (според грчко време) - 9:00

КПУ обука / Советување

16-ти мај 2018 година (СРЕДА): Крит - Солун - Скопје (според грчко време) - 12:00 Напуштање на хотелот - 20:55 Лет: Хераклион - Солун / автобус: Солун - Скопје


Во слободното време организирани посети со локални автобуси:

Agios Nikolaos, Elounda, Spinalonga, Rethymno, Knossos, Heraklion Напомена: Сместувањето е според режимот

All inclusive

Цена за сместување во двокреветна соба (по лице): 23.500 денари За сместување во еднокреветна соба доплата од 6.900 денари по лице. Во цената се вклучени автобускиот превоз Скопје-Солун-Скопје, авионскиот лет Солун-Хераклиoн-Скопје (авиокомпанијата не е нискобуџетна), трансфери: аеродором-хотел аеродором, автобускиот превоз на сите организирани дестинации на Крит... Котизацијата за КПУ обуката / Советувањето изнесува 4.000 денари по лицe. Патувањето се однесува само на учесници на КПУ обуката / Советувањето.

www.belvederehotels.net

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Пилот травел и АТАМ Информации на тел. 02/3162-979; 3229-479; www.proagens.mk / е-маил: kontakt@proagens.com.mk Информации на тел. 02/3231-446; 02/3231-556; моб. 070 250-501; факс: 3298-344 / е-маил: info@pilottravel.com.mk


2018

INFO-KPU

4

www.proagens.mk

КРИТ, ГРЦИЈА

од 13 до 16 мај 2018 година

APRIL

2018


4

S O D R @ I N A: УПРАВЕН СПОР 1) УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК

ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА УПРАВЕН СПОР

7

ДАНОК НА ДОБИВКА 2) ДАНОЧНО ПОТТИКНУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ОБЛАСТА

НА СПОРТОТ СОГЛАСНО СО ЗАКОНОТ И ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

27

КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ 3) ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ

ДОБИВКИ И ЗАГУБИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

43

ДДВ 4) ДДВ РЕГИСТРАЦИЈА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

www.proagens.mk

57


УПРАВЕН СПОР

 

УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА УПРАВЕН СПОР СПЕЦИФИКИ НА ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА Комплексност на постапката

Д

аночната постапка е посебен вид на управна постапка во која се одлучува за даночните обврски на физички и правни лица, попрецизно се утврдуваат и наплатуваат даноци и другите јавни приходи и споредни даночни давачки: парични казни, даночни казни, камати и трошоци на присилна наплата на данок, кои ги управува Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи е надлежна и за наплата на паричните казни, односно глобите и трошоците изречени во парничните, прекршочните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија. Даночната постапка е комплексна бидејќи опфаќа повеќе сегменти кои можат да се групираат во: а) постапка на утврдување на данок; б) постапка на контрола на данок; в) постапка на наплата на данок;

транки во даночна постапка С даночен обврзник и даночен орган Странките во даночната постапка се даночниот обврзник и даночниот орган - Управата за јавни приходи (во продолжение: УЈП). Даночната постапка го опфаќа даночно-правниот однос во кој постојат права и обврски на УЈП од една страна и на даночниот обврзник од друга страна, при што акцентот е на исполнувањето на даночните обврски од страна на даночниот обврзник и правото на УЈП да бара исполнување на овие обврски. Даночен обврзник според ЗДП е физичко или правно лице коешто:

г) права и обврски на даночниот обврзник и

1) должи данок;

д) други прашања од даночната постапка.

3) треба да плати или наплати данок за сметка на трето лице;

На даночната постапка покрај Законот за даночна постапка (во натамошниот текст: ЗДП), 1 се применува и Законот за општата управна постапка - ЗОУП во однос на прашањата за кои не постои решение во ЗДП (супсидиерна примена на ЗОУП). Во елаборирањето на насловната тема опфатени се аспектите на даночната постапка според ЗДП, во која се одлучува за даноч-

1

ните обврски на даночните обврзници: физички и правни лица, со посебен осврт на правната заштита на даночниот обврзник и поведување на управен спор против конечно даночно решение.

2) гарантира за данок;

4) треба да поднесе даночна пријава и/ или даночно објаснување; 5) мора да води книги или записи или 6) мора да исполнува други обврски коишто му се наложени со даночните закони. Не е даночен обврзник оној кој што треба да дава информации, да приложува доку-

„Службен весник на РМ“, бр. 13/06, 88/08, 159/08, 105/09, 133/09, 145/10, 171/10, 53/11, 39/12, 4/12, 187/13, 15/15, 97/15, 129/15, 154/155 и 23/16. Одлуки на У. суд објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 90/07, 145/07, 21/08, 23/09, 76/09 и 166/11.

INFO-KPU 4 I APRIL 2018

7


ДАНОК НА ДОБИВКА

 

ДАНОЧНО ПОТТИКНУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ СОГЛАСНО СО ЗАКОНОТ И ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

П

о објавувањето на текстот за „Даночното поттикнување на субјектите од областа на спортот согласно со Законот за данокот на добивка“ 1, беше објавен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување („Сл. весник на РМ“, бр. 31/17, од 13.03.2017 г.). Со дополнувањето на Правилникот се утврдуваат правила кои ја додефинираат законската одредба за утврдување на даночното ослободување за финансиско донирање во спортот на начинот објаснет во продолжение. огласно со членот 8 став 1 НОВА точка 4 С од Правилникот за данокот на добивка, намалувањето на пресметаниот данок на добивка кај обврзникот на данокот на добивка – ДОНАТОР се врши за износот на дадената донација утврдена во согласност со членовите 30-а и 30-б од Законот за данокот на добивка. Ова преставува преземање на јасната одредба од Законот дека дадената финансиска донација на субјекти во областа на спортот претставува одбитна ставка на пресметаниот данок на добивка. Износот на пресметаното даночно олеснување се искажува на АОП 43 од новиот Даночен биланс и во збирот на сите намалување на пресметаниот данок на добивка како збир на АОП 39. За овој износ (АОП 39) се намалува пресметаниот данок на добивка искажан на АОП 38 од новиот ДБ.

kontakt@proagens.com.mk

1

Проагенсов Информатор, бр. 3/17, страна 5-13.

INFO-KPU 4 I APRIL 2018

Важно: За искажаниот износ на АОП 43 од ДБ, задолжително се приложува ПОТВРДА од Агенцијата за млади и спорт. Засега електронскиот Даночен биланс на e-tax платформата на УЈП не е усогласен со неговата нова форма и содржина објавена во рамките на измените и дополнувањата на Правилникот (31/17). Во насока на дообјаснување на правото уредено во Законот за данокот на добивка извршено е дополнување на членот 8 од Правилникот за данокот на добивка со НОВ став 7 според кој: - Ц ЕЛИОТ ИЗНОС на трошоците за донирани финансиски средства на субјектите од областа во спортот има третман на оданочив расход кај обврзниците на данокот на добивка – ДОНАТОРИ (Напоменуваме дека Законот за данокот на добивка заради избегнување на кумулирањето на ослободувањата за овој расход го исклучува правото на намалување на даночната основа согласно со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности).

Донираните финансиски средства на субјекти од областа на спортот ќе се искажат како оданочиви трошоци на АОП 28 од новиот Даночен биланс. Со ваквата постапка ќе се изврши анулирање на нивното претходно влијание врз финансискиот резултат.

Напоменуваме дека во делот Посебни податоци на новиот образец ДБ се додадени 9

02/ 3162-979 i 3298-763

27


КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ

 

ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ И ЗАГУБИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

К

апиталните добивки се реализираат при купопродажна трансакција настаната меѓу две страни (купувач и продавач) и претставуваат позитивна разлика меѓу набавната и продажната цена на подвижен и недвижен имот, како реализирана корист (добивка) за продавачот. Обратно, доколку продавачот реализира негативна разлика меѓу набавната и продажната цена на имотот, при купопродажната трансакција, истата за него претставува капитална загуба. Според Рамката за подготвување и презентирање на финансиските извештаи, која е составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09 ... и 107/11), потребно е разграничување меѓу приходите и добивките, односно меѓу расходите и загубите. риходите, според Рамката, произлегуП ваат од редовните активности на деловниот субјект (приходи од продажба, надоместоци, камати, дивиденди, тантиеми и наемнини). Добивките претставуваат зголемување на економските користи на субјектот, кои ја задоволуваат дефиницијата на приходите, а истите може, но не мора да произлезат од неговите редовни активности. На пример, добивките произлегуваат од оттуѓувањето на нетековните стредства (реализирана капитална добивка). Меѓутоа, исто така, може да бидат признаени и нереализирани добивки, кои на пример, произлегуваат од повторното вреднување на хартиите од вредност, со кои се тргува на пазарот (берзата) на хартии од вредност, односно од зголемувањето на сметководствената вредност на долгорочните средства. Според Рамката, дефиницијата на расходите ги вклучува загубите, како и оние расходи кои се јавуваат како резултат на редовните активности на деловниот субјект. Расходите, кои произлегуваат од редовното работење, ги вклучуваат, на пример, трошоци-

INFO-KPU 4 I APRIL 2018

те на продажба, платите и амортизацијата. Загубите претставуваат намалување на економските користи на деловниот субјект и како такви не се разликуваат по својата природа од другите расходи. Но, сепак, тие може, но не мора да резултираат од редовното работење на субјектот. Загубите настануваат како резултат на непогоди (пожар, поплава), или од оттуѓување на нетековните средства (реализирана капитална загуба). Исто така, може да бидат признаени и нереализирани загуби, кои на пример произлегуваат од зголемување на девизните курсеви на странските валути, а во врска со позајмувањата на субјектот во таа странска валута. Во рамки на овој текст ќе го разгледаме даночниот и сметководствениот третман на капиталните добивки и капиталните загуби, кои ги реализирале домашни или странски, правни и физички лица, од аспект на: - Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93.. и 23/16), - Законот за данокот на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“, бр. 112/14 ... и 190/16) и - билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување. I. ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВ-

КИ И ЗАГУБИ ОД АСПЕКТ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД

Согласно со опфатот дефиниран во рамки на членовите од 50 до 53 на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД, физичкото лице-граѓанин (домашно и странско лице) може да декларира приход по основ на капитални добивки остварени од продажба на: - хартии од вредност, - учество во капиталот (удел) на одредено друштво и - недвижен имот.

43


ДДВ

 

ДДВ РЕГИСТРАЦИЈА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

1. ВОВЕД

П

ред истекот на периодот на регистрација за ДДВ за 2018 година, УЈП на својата интернет страница (www. ujp.gov.mk) 1 постави соопштение „ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ДО 15 ЈАНУАРИ ПОДНЕСЕТЕ ПРИЈАВА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ“, и во негови рамки флаер со наслов „Регистрација и оданочување со ДДВ на физички лица“. Со ова повторно се актуелизираше прашањето за основаноста на ваквите регистрации и влезот на физичките лица – граѓани во системот на ДДВ. Дилемите се дискутираа и дебатираа во почетокот на минатата година и се носеа разни спротивставени заклучоци. Сепак, заради упорниот став на УЈП дека и физичките лица (по исти основи како и правните лица) треба да се регистрираат за ДДВ, јавноста (академски професори, консултанти, даночни работници, сметководствената фела и други дискутанти) побараа од Министерството за финансии и УЈП, без агресивно и ненадејно глобење за пропуштена регистрација за ДДВ и задолжување со износи на неплатен ДДВ за години наназад, системски да пристапат кон воведување на граѓаните, за нивно можно вклучување во системот на ДДВ. Тоа значеше, низ соодветна регулатива, поблиску да се одреди, кои физички лица освен закуподавачите, според членот 9 став 2 на Законот за ДДВ ја имаат истата обврска - да се регистрираат како ДДВ обврзници. Се бараше, јасна информација, пишувано упатство и точно наведени основи (промети), по кои лицата со надминат праг за регистрација уредно би се пријавиле како даночни обврзници и тоа перспективно, а не ретроактивно. При тоа да се внимава да не се вклучува1

ат во обврзници и оние кои не вршат самостојна стопанска дејност. УЈП со објавениот повик и пратечкиот флаер, само делумно одговори на поставените барања. Имено, само информираше (и тоа на само два работни дена пред истекот на рокот) за законската обврска, рокот, прагот за регистрација, наведувајќ ги при тоа и следните видови на приходи како основ за регистрација за ДДВ: - п риходи од дејноста на вештаци и стечајни управници, - приходи од земјоделска дејност, - п риходите остварени врз основа на договор на дело, - п риходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, - п риходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, - п риходите по основ на членување во надзорен одбор и сл. Со ова ја прошири листата на физички лица, потенцијални даночни обврзници за цели на ДДВ, во која досега се имаа препознаено само закуподавачите и мал број на продавачи на добра од сопствено производство како и лица регистрирани врз основа на приходи од авторски договори и договори за дела. Меѓутоа, со флаерот УЈП повторно не даде објаснување и одговор: - з ошто ваквото толкување на Законот за ДДВ не е спроведено во сила од почетокот на примена на Законот за ДДВ, односно дали ова значи дека оданочу-

Информацијата на www.ujp.gov.mk е објавена на 11.01.2018 година, два рабтни дена пред истекот на рокот за пријавување.

INFO-KPU 4 I APRIL 2018

57


НОВО!

2018

Годишна ПАКЕТ претплата

на Проагенсовите изданија за 2018 година!

З

аради намалување на финансиската изложеност на клиентите (КПУ обуки), но и заради подобрување на квалитетот на услугите, тимот на Про Агенс формираше ПАКЕТ ПОНУДА за ПРЕТПЛАТА за 2018 година со единствена содржина:

ПАКЕТ ПОНУДА за ПРЕТПЛАТА за 2018 година

!

НОВО: Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања

Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма Е-написи за одделни интересни важни теми

12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално печатено издание со посебни делови за буџетски корисници и непрофитни субјекти

Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание

НОВО: 12 броеви ИНФО-КПУ, електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменето за професионално усовршување

КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот

ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (ПОДАРОК по избор, печатено издание)

ДРУГИ БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL составување на годишната сметка/ ФИ, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ, ...

НОВО: EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ

НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk и е-вести за брзи и важни известувања

Цена на ПАКЕТОТ ПРЕТПЛАТА за 2018 година со вклучен Ваучер за КПУ, и Прирачникот-подарок изнесува 14.900 денари (со ДДВ и бесплатна достава)! ПАКЕТОТ ПРЕТПЛАТА за 2018 година, ќе ја има полната содржина само ако истата се плати!

www.proagens.mk


СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ - ПРЕТПЛАТА за 2018 година

ЗА СИТЕ СУБЈЕКТИ - Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања - ДВА сета на СТРУЧНИ изданија со различна содржина 12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално издание во печатена форма 12 броеви ИНФО-КПУ, НОВО електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменети за професионално усовршување - Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма - Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание - ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (подарок по избор, печатено издание) - КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот - НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk - БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL (составување на годишната сметка и финансиските извештаи, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ) - е-написи за одделни интересни и важни теми, преку нашата интернет страна - е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - Посебен дел на Информаторот: БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - ПРИРАЧНИК за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание - ПРВ ПАТ - EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ КПУ!

!

КПУ часови Присуство на КПУ обука за овластени сметководители во 2018 година. Инфо-КПУ - месечно електронско издание, достапно на нашата интернет страна (НОВО) Изданието е посветено на сметководствената професија, овластените сметководители и сметководителите. Покрај информациите и тематските текстови во врска со професијата и програмата на ИСОС, содржи и теми од одржани КПУ обуки, потоа презентации од обуките, примери од пракса, решенија на зададени дилеми од КПУ обуките, потенцијални прашања и одговори за симулиран испит за проверка на знаењето и сл.


ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ!

Информатор – месечно печатено издание Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право, ... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (посебни текстови за буџетски корисници),... Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. Инфо регистар (печатено + електронско издание) Папка која ги собира работните информации подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...) која освен основната влошка содржи и редовни месечни ажурирања (достапни на нашата веб страна). Про економија Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ И Е-КОМУНИКАЦИЈА Покрај Сетот на НОВИ и СТАРИ изданија, во цената на Годишната претплата за 2018 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса и - можност за директни средби. ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања, како и на други обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ...

!

ЦЕНА Цената на ПАКЕТОТ претплата за 2018 година изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 050 394 01 01 43 кај НЛБ банка, со цел на дознака: „Претплата за 2018 година“ и повикување на број: 499. Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“ - Скопје ул. „Наум Наумовски - Борче“, бр. 68/4; п.фах: 272 тел: 02/ 3162-979 и 3298-763 kontakt@proagens.com.mk, www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.