ПРИРАЧНИК - СОВЕТУВАЊЕ, ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА

Page 1


декември 2 0 1 6

www.proagens.mk

S O D R @ I N A: 1) ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

3

2) СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

24

3) ПОПИС И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ

40

4) ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2016-та ГОДИНА

50

5) ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

54

6) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР ВО 2016 ГОДИНА

72

7) ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

84

8) НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВАТА НА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА 2016 ГОДИНА ПО ОСНОВ НА РЕИНВЕСТИРАЊЕ НА ДОБИВКАТА ОД 2015 ГОДИНА

99

9) ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ЗАЕМИТЕ И КАМАТИТЕ ПО ЗАЕМИТЕ ОД АСПЕКТ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

107

10) ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И ИЗБОРНИТЕ КАМПАЊИ КАКО И ДАНОЧНИ АСПЕКТИ ВРЗАНИ ЗА ИЗБОРИТЕ

119

11) ВРШЕЊЕ НА РАБОТА КОЈА НЕ Е ПРЕДВИДЕНА ВО ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ЗАБРАНА НА КОНКУРЕНТСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ

132


Prira~nik ... 2016

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

ВОВЕД

З

адолжителното усогласување на стварната состојба на средствата (имотот) и обврските со сметководствената состојба на средствата и обврските, е предвидено со сите прописи кои ја уредуваат сметководствената проблематика на одделните категории обврзници – профитни и непрофитни субјекти. За таа цел, најмалку еднаш годишно – обично на крајот на годината, се врши фактички попис на сите средства и обврските. Денот под кој се врши пописот како и времето на пописот и рокот до кога истиот мора да биде завршен, се определува со посебна интерна Одлука за попис. За профитните субјекти, денот на пописот не е законски определен, за самостојните вршители на дејност (согласно со Законот за персоналниот данок на доход), само е предвидено тоа да биде на почетокот или крајот на годината, додека за непрофитните организации и буџетските корисници, пропишаниот датум е 31.12. Законот за сметководството на непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15), кој се однесува на стопанските интересни заедници, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заедници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации (доколку поинаку не е регулирано со друг пропис), обврската за попис ја предвидува во членот 16 од овој закон, кој гласи:

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ

„Непрофитните организации се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември, на начин пропишан од страна на министерот за финансии.“ Прописот во кој подетално е уреден пописот за непрофитните организации е Правилникот за сметководството за непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 42/03, ... и 175/11), во кој материјата за пописот е уредена на сличен начин како и кај буџетските корисници. За пописот кај буџетите и буџетските корисници пишуваме во посебниот текст: „Спроведување на попис кај буџетските корисници“. * * * Во продолжение го елаборираме начинот за вршење на пописот на средствата и обврските и усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба кај профитните субјекти.

GODI[NA PRETPLATA 2017 - INFORMATOR - DODATOK NA INFORMATOR - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI

14.900 denari

02/ 3162-979 i 3298-763

3


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2016 ГОДИНА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

O

бврската за попис кај корисниците и единките корисници на средства од буџетите, кај буџетите на фондовите како и другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџети е предвидена со членот 21 од Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 61/02, ... и 145/15 - во натамошниот текст: „Законот“). поред членот 21 од Законот, „буџетите С и буџетските корисници се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на своите побарувања и обврски со состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември освен сметководството на Буџетот на Република Македонија и сметководството на буџетите на единиците на локалната самоуправа, на начин пропишан од страна на министерот за финансии“. Пропишаниот начин на вршење на пописот е составен дел на Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 28/03, ... и 101/13), во натамошниот текст: „Правилникот“. Според членот 29 од Правилникот, со пописот треба да се утврди состојбата на паричните средства, хартиите од вредност, материјалните и нематеријалните средства (кои се во употреба, вон употреба и во подготовка), материјалите, резервните делови, ситниот инвентар, побарувањата, обврските, средствата на други субјекти кои се наоѓаат кај буџетите и буџетските корисници и сопствените средства на буџетите и буџетските корисници кои се наоѓаат кај други субјекти на 31 декември.

24

По потреба, попис може да се изврши и во пократок рок, обично при статусни промени, примопредавање на должност и во други случаи. Од друга страна, буџетските корисници кои вршат книжарска или библиотекарска дејност, за нивните специфични средства (книги, документи, филмови, фотоси, архивска граѓа и слично) можат да вршат попис во рок кој не е подолг од 5 години.

1. ФОРМИРАЊЕ НА ПОПИСНА КОМИСИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИСОТ огласно со членот 30 од Правилникот, во С функција на спроведување на пописот, секој буџетски корисник, благовремено треба да формира пописни комисии. Буџетите и буџетските корисници формираат потребен број постојани или повремени комисии за попис, ги определуваат работите што треба да ги изврши комисијата за попис и лицата кои материјално се задолжени за средствата што се попишуваат и нивните непосредни раководители, го определуваат датумот кога започнува пописот, времето за вршење на попис и рокот за доставување на извештајот за извршениот попис со приложените пописни листи, со тоа што рокот за доставувањето на овој извештај и пописните листи до организациониот облик задолжен за водењето на сметководството и деловните книги, може да биде најдоцна дваесет дена пред рокот пропишан за доставување на завршната сметка, така што за пописот за 2016 година, овој рок е до 8 февруари 2017 година (среда). Буџетските корисници кои имаат мал обем на работа па соодветно на тоа и помалку средства кои подлежат на попис,

www.proagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ПОПИС И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ 1. ЗАВРШНИ РАБОТИ КАЈ ПОПИСОТ (Извештај за попис)

П

о завршувањето на пописот, пописните комисии се должни да состават Извештај за извршениот попис и преку аналитички пристап да ги утврдат причините за искажаните разлики по пописот, сугерирајќи начини за постапување по нив. Затоа лицата вклучени во пописот мора да бидат запознаени со вредноста на средствата кои ги попишуваат за да можат да дадат реален предлог за расход или вредносно усогласување на имотот (средствата) кои значително отстапуваат од сметководствената вредност. Податоците од сметководството, како и соодветните евиденции за количините и вредностите се внесуваат во пописните листи дури после извршениот физички попис, поради што раководителот на сметководството, како и лицата кои ги водат посебните аналитички евиденции не смеат да ги даваат сметководствените податоци за количините и вредностите на пописните комисии, додека не се уверат дека физичкиот попис е завршен. После внесување на сметководствените состојби на стоките се утврдуваат разлики помеѓу стварната и сметководствената состојба - по количина и по вредност. 1.1. СОДРЖИНА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕН ПОПИС

Извештајот за извршениот попис, покрај формалните податоци за пописните комисии, податоци за времето и местото на пописот, содржи суштински елементи, односно во него треба да се наведат и: - Преглед на материјалните (физичките) и вредносните разлики меѓу фактичката и сметководствената состојба и причините за разликите;

40

- Преглед на сметководствената вредност на средствата и обврските чија фактичка вредност на денот на пописот не е утврдена, со соодветни образложенија; - Забелешки и објаснувања во врска со утврдените разлики дадени од лицата кои ракуваат со средствата, односно кои се задолжени со материјалните (физичките) и паричните вредности; - Предлози за ликвидација на утврдените разлики (пребивање на кусоците и вишоците настанати по основ на замена на исти и слични видови, односно средства и вредност, начинот на надоместување на кусоците и приходување на вишоците, отпис на застарените побарувања, приходување на застарените обврски) и - останати забелешки и предлози на комисијата за попис во врска со пописот. Врзано за бараните содржини на Извештајот за попис, сугерираме уште на самите пописни листи да се направат соодветни забелешки, за сите утврдени несогласувања на фактичката со сметководствената вредноста на средствата, побарувањата и обврските, кои подоцна ќе се пренесат и објаснат во Извештајот за попис. 1.2. ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕНИОТ ПОПИС Органот на управување го разгледува Извештајот за извршениот попис во присуство на претседателите (членовите) на комисиите за попис и раководителот на сметководството и донесува Одлука за резултатите од извршениот попис.

02/ 3162-979 i 3298-763 www.proagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ПОСЛЕДНА ДДВ ПРИЈАВА ЗА 2016-та ГОДИНА

С

огласно со член 39 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, бр. 44/99,... и 189/16) периодот за кој регистрираните ДДВ обврзници го пресметуваат и плаќаат данокот на додадена вредност е даночен период во кој се утврдуваат конечни даночни износи на ДДВ (даночен долг и претходен данок). Наспроти ваквиот концепт на Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници сепак имаат можност, со заклучување на ДДВ евиденцијата за годината (во случајов 2016-та) да извршат конечно и точно утврдување на данокот, преку одредени дозволени корекции, кои ќе се внесат во ДДВ Пријавата од последниот даночен период. Значи, во пријавата за последниот даночен период од календарската година, која се доставува со краен рок до 25 јануари наредната година, треба да се вклучат и одредени корективни износи за неточно прикажани даноци и износи во текот на годината, произлезени од конечни пресметувања во одредени сегменти од влезен и излезен промет. Согласно со член 40, став 3 од Законот за ДДВ, даночниот обврзник е должен да изврши конечна пресметка на данокот кој се должи за една календарска година во последната даночна пријава од календарската година, во следните случаи: - кога се врши апроксимативна поделба на претходните даноци во текот на годината (со право и без право на одбивка) или - кога дополнително се разграничува прометот со различни даночни стапки. Покрај ова, согласно со член 41-а од Законот за ДДВ, во последната даночна пријава од календарската година се прикажуваат и ситни износи на исправка, за даночни износи кои не се искажани или неточно се искажани во претходните ДДВ пријави од годината, доколку се работи за повеќе или помалку пријавен данок во дадениот даночен период, a кој е помал од 1% од пријавениот данок. 50

Даночните износи кои произлегуваат од разликите утврдени со пописот на крајот на календарската година исто така ќе се искажуваат во даночната пријава за последниот даночен период.

1. ПРЕСМЕТКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНИ ДАНОЦИ (согласно со член 36 од Законот за ДДВ) Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра или примените услуги, како за промет со, така и за промет без право на одбивка на претходниот данок, може да го одбие само оној дел од претходниот данок, кој отпаѓа на прометот со право на одбивка на претходниот данок. Предуслов за поделба на претходните даноци е даночниот обврзник да ги користи добрата или услугите, кои ги набавил или увезол за цели на неговата стопанска дејност, како за промет за кој постои право на одбивка на претходниот данок, така и за промет за кој е исклучено правото на одбивка на претходниот данок, според член 35 точка 1 од Законот за ДДВ. Кога ќе се утврди постоење на претходен данок со и без право на одбивка, неговата поделба се врши според начелото на економска поврзаност на дел со право и дел без право на одбивка. Даночниот обврзник може делумните износи за кои постои правото на одбивка, да ги утврдува и преку проценка која ќе одговара на фактичката состојба. Притоа, применетото мерило на поделба мора да го има за своја основа начелото на економска поврзаност. Доколку не постои друго соодветно мерило на поделба според фактичката состојба, делумните износи кои можат да се одбијат можат да се утврдуваат единствено според „клуч” од односот на прометот за кој е одобрена одбивка на претходниот данок кон останатите видови на промет. При примена на клучот за поделба на прометот, следните видови на промет не се

www.proagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ЗАСТАРЕНОСТ НА ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ (ЗАСТАРЕНОСТ НА ОБЛИГАЦИЈАТА - ОСНОВ ЗА ОТПИС)

1. ВОВЕД

П

равните субјекти реализирајќи го своето деловно работење во правниот промет стапуваат во најразлични меѓусебни односи кои за предмет имаат настанување на соодветни права и обврски. Исполнувањето на обврските од воспоставените односи обично е врзано со одредени рокови, кои, доколку не се почитуваат, може да предизвикаат режим на присилна наплата. Присилната наплата е можна само доколку побарувањето не е застарено.

За правилно постапување на пописната комисија во рамките на обврската да даде оценка за секое побарување и обврска и во таа насока да обрне посебно внимание на побарувањата / обврските кои се сомнителни, спорни, ненаплативи и застарени, од интерес е познавањето на институтот застареност, на неговите правни карактеристики, особено траењето на роковите на застареност на одделните побарувања и обврски, како основ за нивен правилен третман од аспект на отпишувањето. Правниот институт застареност е уреден со Законот за облигационите односи 1 - ЗОО (член 349 - член 382). Одредби за посебни рокови на застареност на одделни обврски, покрај во ЗОО, се содржани во други бројни законски прописи. Во текстот се опфатени следните аспекти на застареноста:

- д ејство на исполнување на застарена обврска, - п рекинување на застарувањето, - з астој на застарувањето и - п ресметување на казнена камата поради задоцнување на должникот со исполнување на обврска. Освен роковите на застареност на побарувањата и обврските што произлегуваат од облигационите односи (договори во трговскиот промет), во текстот се опфатени и роковите на застареност на определени имотни и сопственички односи уредени со статусно-правни норми, на обврските кои имаат карактер на јавни давачки, на обврсите од работните односи ... (согласно: Законот за трговските друштва, Законот за даночна постапка, Законот за административните такси, Законот за комуналните такси, Царинскиот закон, Законот за работните односи, Законот за финансиска дисциплина и другите закони).

GODI[NA PRETPLATA 2017 - INFORMATOR - DODATOK NA INFORMATOR

- функција на рокот на застареност,

- INFO REGISTAR

- момент на настапување на застареноста и последици од истата,

- KONSULTACII - POPUSTI

14.900 denari

- посебни рокови на застареност,

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01; Уст. суд-78/01; 4/02; Уст. суд-59/02; 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13.

1

54

www.proagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР ВО 2016 ГОДИНА I. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР ВО 2016 ГОДИНА Даночниот третман на надоместоците на трошоци од работен однос е регулиран со: - ч ленот 6 на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15 и 23/16; У. суд31/96, 40/96 и 2/99), кој ги уредува даночно ослободените надоместоци, - ч ленот 9 став 1 точка 2 на Законот за данокот на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15, 129/15, 23/16 и 190/16), кој ги уредува лимитите на надоместоците кои претставуваат даночно признат расход.

I.1. Надоместоци на трошоци за дневници за службено патување, т еренски додаток или одвоен живот Согласно со член 6 точка 6 на ЗПДД, ослободени од персонален данок се надоместоците на трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување, исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица во висина на најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на РМ (ОКДПС): - д невници за службени патувања во земјата: во висина од најмалку 8% од просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци;

72

- дневници за службени патувања во странство: согласно со колективен договор на ниво на работодавач или акт на работодавач, но не помалку од Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци; - теренски додаток: во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.), во висина утврдена со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач; - о двоен живот: во висина утврдена со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач, но не помалку од 60% од просечната месечна нето плата исплатена во РМ во претходните три месеци (надоместокот за одвоен живот се исплатува кога работникот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштето на фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште). Признати даночни расходи, согласно со член 9 став 1 точка 2 алинеја 1 на ЗДД, претставуваат надоместоците во висина на: - н ајнискиот износ на исплатените дневници за службени патувања, теренски додаток или одвоен живот утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на РМ, при што исплатите по овој основ меѓусебно се исклучуваат.

kontakt@proagens.com.mk

www.proagens.mk


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ 1. ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

К

атегоријата физички лица вршители на самостојна дејност, согласно со Законот за персоналниот данок на доход ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 23/16), ги опфаќа следните обврзници на персоналниот данок на доход за приходите од вршење на самостојна дејност: - трговец - поединец, - физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, - физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и - лица кои вршат услуги или слободни занимања. Во случај на заедничко вршење дејност на повеќе физички лица, секое од нив се смета за обврзник на данокот на доход за делот од нето приходот што му припаѓа според договорот за заедничко вршење дејност. Доколку во овој договор не е утврдено нивното учество, нето приходот се дели на еднакви делови за утврдување на даночната основа. На висината на даночната обврска на физичкото лице за делот од нето-приходот нема влијание фактот дали нето-приходот од заедничкото вршење на дејност е распределен или не. Трговец - поединец е физичко лице кое во вид на занимање, врши трговска дејност определена во Законот за трговски друштва - ЗТД („Службен весник на РМ“, бр. 28/04 ... и 61/16), кој одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот. Својството на трговец - поединец се стекнува со уписот во Трговскиот регистар, кој се води во Централниот регистар на Република Македонија. Ка­ ко трговец-поединец мо­же да се запише во трговскиот ре­гис­тар се­кое де­лов­но спо­соб­но физичко ли­це со пос­то­ја­но мес­то на жи­веење во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Едно лице може да регистрира само една фирма како трговец-поединец.

Не се сметаат за трговци според ЗТД, туку како граѓани кои остваруваат приходи од самостојна дејност: - физички лица кои вршат земјоделска и шумарска дејност (индивидуални земјоделци), освен ако нивната дејност може да се води како претпријатие; - занаетчии и физички лица кои вршат услуги, освен ако нивната дејност може да се определи како претпријатие; - физички лица кои вршат угостителски услуги - издавање соби во своите живеалишта и - физички лица кои се занимаваат со слободни занимања од својата професија (адвокати, нотари, лекари и други). Сите физички лица кои остваруваат приходи од самостојна дејност, должни се својата дејност да ја регистрираат кај надлежниот регистар. 1 Во оваа категорија влегуваат граѓаните кои остваруваат приходи од: - стопанска дејност; - производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност; - давање професионални и други интелектуални услуги (адвокатски, нотарски, консултантски, ревизорски, инжинерски, архитектонски, новинарски, спортски, културни и други интелектуални дејности); - земјоделска дејност (производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи и одгледување на добиток и други стопанскокорисни животни и пласман на нивните производи); - други дејности, чија трајна цел е остварување на приходи.

Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува приходи

1

кои подлежат на оданочување според одредбите на Законот за персоналниот данок на доход.

84

www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВАТА НА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА 2016 ГОДИНА ПО ОСНОВ НА РЕИНВЕСТИРАЊЕ НА ДОБИВКАТА ОД 2015 ГОДИНА

С

огласно со членот 28 од Законот за данокот на добивка, на обврзникот на данокот на добивка му се намалува даночната основа за износот на извршените вложувања (набавки) направени од нето добивката остварена за претходната година (реинвестирана добивка). Реинвестирањето на добивката е уредено со членот 7 од Правилникот за данокот на добивка. За целите на формирањето на основата за оданочување на добивката, категоријата „реинвестирана добивка“ претставува минусна ставка на тековната даночна основа. Реинвестираната добивка се дефинира како набавка на нетековни средства извршена од нето добивката остварена за претходната година. Нетековните средства набавени од реинвестираната добивка како извор на финансирање треба да имаат развојни цели и да служат за проширување на дејноста на даночниот обврзник. Во оваа категорија влегуваат набавките на: - материјални средства (недвижности, постројки и опрема) и - нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти). Интересно е дека во текстот на законот се користат флоскули кои ја замаглуваат вистинската форма на ова даночно ослободување. Освен јазичната некоректност од типот „инвестициски вложувања“, што би се превело како „вложувачки вложувања“, се пропушта можноста да се појасни дека всушност се работи за набавка на нетековни средства на товар на паричните средства на даночниот обврзник, односно со создавање на обврски за извршените набавки.

02/ 3162-979 i 3298-763

Нагласуваме дека ослободувањето е линкувано само со распределениот дел за нови инвестиции од нето добивка за МИНАТАТА година. Во игра не влегува евентуално распределен дел за нови инвестиции кој потекнува од акумулирана добивка за претходни години. Законот не бара посебно постапување со издвоениот дел од ланската нето добивка. Произлегува дека даночниот обврзник треба да ја исполни формалната обврска: да донесе одлука за издвојување на дел од добивката од претходната година за нови инвестиции и како последица на тоа да се спроведе соодветна евиденција со резервирање на делот од нето добивката за целите утврдени во одлуката. Други детали поврзани со ова даночно ослободување не се дадени ниту во Законот, ниту во Правилникот за данокот на добивка. (Не)Mожност за пренесување на неискористениот д ел од реинвестираната добивка? Дали поголемиот износ на направени нови инвестиции во однос на издвоениот износ на реинвестирана добивка од претходната година, кој не е искористен за намалување на даночната основа за тековниот даночен период (тековните нови инвестиции се поголеми од реинвестираната добивка од претходната година) може да се пренесе за искористување во наредните даночни периоди? Одговор на УЈП: ... „Не постои законска можност за пренесување на остатокот од неискористеното право за даночно ослободување по горенаведениот основ во наредните даночни периоди,...“

НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВАТА НА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА 2016 ГОДИНА ПО ОСНОВ НА РЕИНВЕСТИРАЊЕ НА ДОБИВКАТА ОД 2015 ГОДИНА

99


Prira~nik ... 2016

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ЗАЕМИТЕ И КАМАТИТЕ ПО ЗАЕМИТЕ ОД АСПЕКТ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА 1. Оданочување на побарувањата по основ на парични ЗАЕМИ

З

аемите одобрени од страна на здруженија и фондации (организации) кои се основани согласно со Законот за здруженија и фондациии чија основна дејност е пласирање на заеми утврдени согласно со нивниот статут и програма се изземени од оданочување. Потсетуваме дека оданочивоста на салдата на побарувањата по одобрени заеми започна са се применува од 31.01.2014 година. Заради различниот даночен третман на побарувањата по основ на одобрени заеми се налага потреба од воведување на аналитичка евиденција за: а) заемите одобрени заклучно со 31 јануари 2014 година, б) заемите кои не се вратени, но истите биле вклучени во даночната основа за претходната/претходните даночни периоди, за да се избегне можноста за двојно оданочување и в) заемите кои се одобрени во тековната година. Даночно неутрален е КРАТКОРОЧЕН заем кој би одобрен и вратен до крајот на годината на одобрување. Даночен режим на заемите се однесува на правните лица - обврзници на данокот на добивка, а не и на обврзниците на годишниот данок на вкупен приход. Напоменуваме дека со нагласувањето на „економската суштина“ на заемот всушност се неутрализира неговата правна форма (постоењето на договор за заем/позајмица). Во овој контекст подвлекуваме дека е недозволиво како заеми да се третираат побарувања по реално дадени аванси за промет на добра

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ЗАЕМИТЕ И КАМАТИТЕ ПО ЗАЕМИТЕ ОД АСПЕКТ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

и услуги, потоа активни временски разграничувања и други активни салда на 31.12., сето тоа во функција на проширување на даночната основа и на штета на даночните обврзници. Важно: Даночен третман на побарувањата по основ на заеми не го погодува работењето на банките, штедилниците и финансиските друштва кои според одделните законски дефиниции одобруваат кредити, а не заеми. Четири правила и два критични моменти поврзани со заемите на кои треба да се внимава. Правила: - Во даночната основа се вклучуваат само ПОБАРУВАЊАТА по основ на одобрени заеми (да се имаат во превид исклучоците: обврзници на данокот на вкупен приход, банки, штедилници и финансиски друштва и здруженија и фондации (организации) кои се основани согласно со Законот за здруженија и фондации чија основна дејност е пласирање на заеми утврдени согласно со нивниот статут и програма) - НЕ се вклучуваат во даночната основа ОБВРСКИТЕ по основ на примени заеми, - Даночниот третман на заемите се применува без оглед на поврзаноста на деловните субјекти (поврзаноста е небитна) и - Даночниот третман на заемите не е поврзан со даночниот третман на каматите по одобрени/примени заеми. За даночниот третман на каматите важат посебни правила согласно со законски дефинираната поврзаност на субјектите.

107


Prira~nik ... 2016

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И ИЗБОРНИТЕ КАМПАЊИ КАКО И ДАНОЧНИ АСПЕКТИ ВРЗАНИ ЗА ИЗБОРИТЕ

ВОВЕД Се спроведоа уште едни парламентарни избори на кои учествуваа бројни политички партии, коалиции и групи избирачи, финансирани со сопствени средства и средства од разни донатори. Со оглед дека донирањето на политичките партии може да биде како за редовна политичка активност така и за изборна кампања, важно е да се нагласи дека се пропишани ред ограничувања поради кои донаторите треба да знаат дали можат да донираат, што можат да донираат, до кој износ смеат да донираат и каква документација треба да обезбедат во врска со донирањето. д друга страна, средствата со кои полиО тичките партии ги финансираат изборите мора да се обезбедат на посебно пропишан начин и можат да се потрошат само во дозволен износ. При тоа, трошењето на прибраните средства за финансирање на изборните кампањи и работењето на политичките партии воопшто, е подложно на посебна контрола од надзорни тела, како и обврска за доставување на бројни финансиски известувања. свен двостраното аспектирање на фиО нансирањето на политичките партии и нивните кампањи, во текстов како актуелна тема ќе биде разработен и даночниот третман на прометите на добра и услуги кои се неопходни за извршување на сите дејствија и акти на државните органи во врска со евиденцијата на избирачкото право како и за дејствијата, актите, поднесоците и другите списи во врска со спроведувањето на изборите.

kontakt@proagens.com.mk

02/ 3162-979 i 3298-763

1. ФИНАНСИРАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЧКИ ОБВРСКИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ Политичките партии се непрофитни организации. Според член 6 од Законот за финансирање на политичките партии, политичките партии имаат право на сопственост на деловен простор, опрема, канцелариски материјал, превозни средства и друг движен имот потребен за остварување на целите и вршење на активностите утврдени со статутот на партијата и со закон. Евиденциите за нивното работење се уредени со Законот за сметководство на непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15) додека со Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на РМ“, бр. 76/04, ... и 23/13) е уреден: - начинот и постапката на обезбедување на финансиски средства во политичките партии, - располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и - начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии. Во врска со контролата на финансиско-материјалното работење на политичките партии, покрај основните финансиски извештаи што ја сочинуваат Годишната сметка пропишана со Законот за сметководството на непрофитните организации (која се доставува до Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Државниот завод за ревизија), извештајни обврски постојат и според Законот

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И ИЗБОРНИТЕ КАМПАЊИ КАКО И ДАНОЧНИ АСПЕКТИ ВРЗАНИ ЗА ИЗБОРИТЕ

119


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ВРШЕЊЕ НА РАБОТА КОЈА НЕ Е ПРЕДВИДЕНА ВО ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ЗАБРАНА НА КОНКУРЕНТСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ

1. ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ

В

о членовите од 30 до 39, во глава од IV на Законот за работните односи - ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), уредени се некои од основните обврски на работникот: совесно да ја извршува работата на работното место за коешто склучил договор за вработување; да ги почитува барањата и упатствата на работодавачот; да ги почитува и спроведува прописите за заштитата при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица; да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски, особено за сите заканувачки опасности по животот или здравјето или за настанување на материјална штета, кои што ги дознал при работата и кои би можеле да настанат кај работодавачот или трети лица; да се воздржува од сите постапки што се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот и да ги чува податоците кои се сметаат за деловна тајна на работодавачот, кои како такви со посебен акт ќе ги определи работодавачот и кои му биле доверени на работникот или со кои бил запознаен на друг начин.

Во овој дел од ЗРО, сместени се и одредбите за забрана на конкурентско дејствување на работникот и за обврска на работникот во случаите определени со закон и колективен договор да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување. 2. ВРШЕЊЕ ДРУГА РАБОТА КОЈА НЕ Е ПРЕДВИДЕНА СО ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 2.1. Условно распоредување на работникот на друго работно место

Според членот 30 став 2 од ЗРО, работникот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, ако е во рамките на степенот на неговата стручна подготовка, во случаите определени со закон и колективен договор. Во оваа одредба е содржана можност за распоредување на работник на друго работно место кај истиот работодавач, во случаите определени со закон и колективен договор. Надоврзувајќи се на оваа одредба од ЗРО, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКДПСОС) 1 во членот 8 и Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (ОКДЈСРМ) 2 во членот 8 ги утврдуваат работите кои работникот е дол-

„Службен весник на РМ“, бр. 88/09, 60/10, 81/12, 189/13, 119/15 и 150/16; У. суд - 94/10 и 50/12; Пречистен текст - 115/14. 2 „Службен весник на РМ“, бр. 10/08, 85/09; У. суд - 88/08 и 122/08. Напомена: Согласно со измената на ЗРО (130/09 во сила од 5.11.2009), почнувајќи од 5 мај 2010 година, ОКД за јавниот сектор стана задолжителен и непосредно се применува на работодавачите и вработени во органите на државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други правни лица кои вршат дејност од јавен интерес - членови: 204 став 2 и 205 став 2 од ЗРО. 1

132

www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.