R
ПРИРАЧНИК Попис 2017 - норми, техники, евиденции и даночни аспекти, Новини во системот на јавни набавки, Посебни пресметки за данокот на добивка (загуба и кредит), Капитални добивки/загуби и Финансиски лизинг
www.proagens.mk
- Материјал за КПУ обука 2/2017 -
S O D R @ I N A: 1. ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ 5 2. НАБАВКА НА ДОБРА ПРЕКУ ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
26
3. ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМOТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ПОСЛЕ УКИНУВАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
35
4. П ОСЛЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - НОВИ НАЈВИСОКИ ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ
39
5. ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ И ЗАГУБИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА 43
6. НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАTA ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ПРЕНЕСЕНА ДАНОЧНА ЗАГУБА ОД МИНАТИ ГОДИНИ
57
7. Н АМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИ ТРОШОЦИ
64
8. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ
78
Prira~nikot e podgotven od tim na avtori vo sostav: - Pavle GACOV - D-r Refika MURI] - Danijela JA]IMOVI] - Irena NIKOLOVSKA
Skopje, 2017 godina
НОВО!
2018
Годишна ПАКЕТ претплата
на Проагенсовите изданија за 2018 година!
З
аради намалување на финансиската изложеност на клиентите (КПУ обуки), но и заради подобрување на квалитетот на услугите, тимот на Про Агенс формираше ПАКЕТ ПОНУДА за ПРЕТПЛАТА за 2018 година со единствена содржина:
ПАКЕТ ПОНУДА за ПРЕТПЛАТА за 2018 година НОВО: ВАУЧЕР за 16 КПУ часови бесплатна посета на КПУ во траење од 16 часа
Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма Е-написи за одделни интересни важни теми
12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално печатено издание со посебни делови за буџетски корисници и непрофитни субјекти
Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание
НОВО: 12 броеви ИНФО-КПУ, електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменето за професионално усовршување
КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот
ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (ПОДАРОК по избор, печатено издание)
ДРУГИ БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL составување на годишната сметка/ ФИ, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ, ...
НОВО: EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ
НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk и е-вести за брзи и важни известувања
Цена на ПАКЕТОТ ПРЕТПЛАТА за 2018 година со вклучен Ваучер за КПУ, и Прирачникот-подарок изнесува 14.900 денари (со ДДВ и бесплатна достава)!
!
ПАКЕТОТ ПРЕТПЛАТА за 2018 година, ќе ја има полната содржина само ако истата се плати заклучно со крајот на 2017 година! За буџетските корисници рокот за плаќање е 31 јануари 2018 година!
www.proagens.mk
СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ - ПРЕТПЛАТА за 2018 година
ЗА СИТЕ СУБЈЕКТИ - ВАУЧЕР за 16 КПУ часови (бесплатна посета на КПУ во траење од 16 часа) - ДВА сета на СТРУЧНИ изданија со различна содржина 12 броеви ИНФОРМАТОР, традиционално издание во печатена форма 12 броеви ИНФО-КПУ, НОВО електронско издание за овластени сметководители / сметководители наменети за професионално усовршување - Инфо-регистар, традиционално издание во печатена и електронска форма - Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание - ПРИРАЧНИК од областа на даноците, сметководството, финансиското известување, работните односи (подарок по избор, печатено издание) - КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот - НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk - БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL (составување на годишната сметка и финансиските извештаи, плати, пресметка на камати, патен налог, МДБ) - е-написи за одделни интересни и важни теми, преку нашата интернет страна - е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - Посебен дел на Информаторот: БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - ПРИРАЧНИК за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание - ПРВ ПАТ - EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ КПУ!
!
Ваучер за 16 КПУ часови Ваучерот дава можност за присуство на КПУ обука за овластени сметководители / сметководители за едно лице во траење од 16 КПУ часови. Може да се искористи до крајот на 2017 или во 2018 година. Инфо-КПУ - месечно електронско издание, достапно на нашата интернет страна (НОВО) Изданието е посветено на сметководствената професија, овластените сметководители и сметководителите. Покрај информациите и тематските текстови во врска со професијата и програмата на ИСОС, содржи и теми од одржани КПУ обуки, потоа презентации од обуките, примери од пракса, решенија на зададени дилеми од КПУ обуките, потенцијални прашања и одговори за симулиран испит за проверка на знаењето и сл.
ДОБРИОТ СОВЕТ - ЗЛАТО ВРЕДИ!
Информатор – месечно печатено издание Специјализирано месечно издание, кое излегува на почетокот на месецот и содржи текстови од областа на даноците, сметководството и финансиското известување, финансирањето и анализата на работењето, работните односи, трговското право, ... Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (посебни текстови за буџетски корисници),... Редовна содржина на Информаторот се и избрани текстови од даночната сфера. Токму даноците се наша потесна специјалност. Инфо регистар (печатено + електронско издание) Папка која ги собира работните информации подредени во шест дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, ...) која освен основната влошка содржи и редовни месечни ажурирања (достапни на нашата веб страна). Про економија Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ, МСФИ за МСЕ) и се разбира годишното даночно известување. КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ И Е-КОМУНИКАЦИЈА Покрај Сетот на НОВИ и СТАРИ изданија, во цената на Годишната претплата за 2018 година се вклучени и: - непосредни консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса), - 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk, како и - брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса и - можност за директни средби. ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ Со плаќањето на претплатата до крајот на 2017 година, а за буџетските и единките корисници до крајот на месец јануари 2018 година, се стекнувате со право на: Ваучерот за 16 КПУ часови и Прирачникотподарок. Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти за учество на нашите советувања, како и на други обуки, на посебните изданија и прирачници, како и привилегирани цени на дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година ... ЦЕНА
!
Цената на ПАКЕТОТ претплата за 2018 година изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна. Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 050 394 01 01 43 кај НЛБ банка, со цел на дознака: „Претплата за 2018 година“ и повикување на број: 499. Агенција за економско-правна поддршка и процена „ПРО АГЕНС“ - Скопје ул. „Наум Наумовски - Борче“, бр. 68/4; п.фах: 272 тел: 02/ 3162-979 и 3298-763 kontakt@proagens.com.mk, www.proagens.mk
КПУ обука 2/2017
ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ ВОВЕД
З
а да ја усогласат стварната состојба на средствата (имотот) и обврските со сметководствената состојба, деловните субјекти се обврзани најмалку еднаш годишно - на крајот на годината, да извршат попис на средствата и обврските. (Со свој општ акт, субјектите можат да предвидат пописот на определени средства да се врши и во пократки периоди во текот на годината или пак континуирано.) Задолжителното усогласување на состојбата на средствата и обврските, преку попис, е предвидено со сите прописи кои ја уредуваат сметководствената проблематика на одделните категории обврзници. Денот под кој се врши пописот како и времето на пописот и рокот до кога истиот мора да биде завршен, се определува со посебна интерна Одлуката за попис. За профитните субјекти, денот на пописот не е законски определен, за самостојните вршители на дејност (согласно со Законот за персоналниот данок на доход), само е предвидено тоа да биде на почетокот или крајот на годината, додека за непрофитните организации и буџетските корисници, пропишаниот датум е 31.12. Законот за сметководството на непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 24/03, ... и 154/15), кој се однесува на стопанските интересни заедници, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заедници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, до-
колку поинаку не е регулирано со друг пропис, обврската за попис ја предвидува во членот 16 од овој закон, кој гласи: „Непрофитните организации се должни најмалку еднаш годишно да вршат усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември, на начин пропишан од страна на министерот за финансии.“ Прописот во кој подетално е уреден пописот за непрофитните организации е Правилникот за сметководството за непрофитните организации („Службен весник на РМ“, бр. 42/03, ... и 175/11), во кој материјата за пописот е уредена на сличен начин како и кај буџетските корисници. За пописот кај буџетите и буџетските корисници е напишано во посебен текст од овој број на списанието Информатор: „Спроведување на попис кај буџетските корисници“. * * * Во продолжение го елаборираме начинот за вршење на пописот на средствата и обврските и усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба кај профитните субјекти.
1. ПРОПИСИ И ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС Обврската за попис кај профитни субјекти е генерално уредена со членот 473 од Законот за трговските друштва („Службен весник на РМ“, бр. 28/04, ... и 61/16) и истата предвидува обврска за трговците и трговците-поединци, најмалку еднаш годишно во деловната година да извршат попис на средствата и обврските и да ја усогласат сметководствената состојба на средствата и обврските
ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ЗА 2017 ГОДИНА КАЈ ПРОФИТНИ СУБЈЕКТИ
5
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
НАБАВКА НА ДОБРА ПРЕКУ ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
Л
изингот (наемот), во наши услови, е најзастапен кај набавката, односно изнајмувањето на патничките автомобили. Лизингот е специфичен договор, кој зависно од договорените услови, може да има карактеристика на обичен наем (оперативен лизинг) или на купопродажба (финансиски лизинг). Финансискиот лизинг (наем) е еден од методите на финансирање, со одредени предности, но и негативности. Секој деловен субјект, кој размислува за оваа форма на финансирање, треба да ги има предвид неговите добри и лоши страни, а се разбира приоритетно и каматната стапка, пред да ја донесе конечната одлука во однос на тоа, дали повеќе му се исплати да земе кредит од банка и да купи одреден имот, или можеби му е поисплатливо да го обезбеди истиот имот преку финансиски лизинг, или пак да го користи тој имот во работењето преку оперативен лизинг, кој е еден вид на изнајмување. Голем број на субјекти му даваат предност на оперативниот лизинг, бидејќи тој не го влошува нивниот степен на задолженост. Од друга страна, главна причина на субјектите кои се одлучуваат на финансиски лизинг е тоа што со уплатата на последната рата стекнуваат сопственост над предметот на лизин-
гот. Овие субјекти, откако ќе ја отплатат последната рата и сите ризици и користи ќе преминат на нив, можат да одлучат да го продадат предметот на лизинг, така што на тој начин ќе наплатат значаен износ од неговиот остаток на вредност.
ЕГУЛАТИВА ПОВРЗАНА Р СО ЛИЗИНГ ДОГОВОРИТЕ Лизинг договорите на подвижен и недвижен имот се регулирани со Законот за лизинг („Службен весник на РМ“, бр. 4/02, 49/03, 13/06, 88/08, 35/11, 51/11, 148/13, 145/15, 23/16 и 37/16), кој го дефинира лизингот како: - активност која се однесува на подвижен предмет и недвижен предмет, при која корисникот на лизинг го определува предметот на лизинг кој е купен или произведен од страна на давателот на лизинг и се дава на користење на корисникот на лизинг за договорен временски период, во замена за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг, врз основа на договор за лизинг кој е склучен меѓу давателот и корисникот на лизинг во писмена или електронска форма, според условите определени во него.
Законот за лизинг ги дели лизинг договорите на два вида: Финансиски лизинг Оперативен лизинг Лизинг со кој се пренесуваат сите ризици и Секој лизинг кој не е финансиски лизинг користи кои произлегуваат од сопственоста на еден предмет, било да е тој подвижен или недвижен, при што со истекот на определен временски период сопственоста може, но не мора да биде пренесена Финансискиот лизинг може да трае најмалку една година за движни предмети и две години за недвижни предмети. Договорот за финансиски лизинг кој, од кои било причини, би престанал пред овие рокови, за даночни цели се смета за договор за оперативен лизинг.
26
www.proagens.mk
КПУ обука 2/2017
ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМOТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ПОСЛЕ УКИНУВАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ 1) Состојба со системот на јавни набавки пред укунувањето на Советот за јавни набавки
В
о изминатите неколку години Законот за јавните набавки 1 претрпе неколку измени и дополнувања. Една од најзначајните измени беше формирањето на „Совет за јавни набавки“ кој ќе ја има улогата на контролен механизам на договорните органи при изготвувањето на техничките спецификации и критериумите за утврдување на способноста на економските оператори кои би учестувале во постапките за јавни набавки. Самите тие услови и критериуми што би ги барале договорните органи требаше да поминат низ филтерот на Советот и нивните ангажирани стручни лица од разни области кои ќе утврдат дали така поставените барања доведуваат до намалување на конкуренцијата. Секој договорен орган доби задолжителна законска обврска да прави анализа на пазарот со цел да утврди дали за постапките што сака да ги спроведе има доволно конкуренција на пазарот. Согласностите беа поделени во неколку дела. За набавката на стоки, при истражувањето на пазарот требаше да се обезбеди писмен доказ дека за одреден предмет на набавка нема најмалку три, четири или пет производители од домашниот пазар и исто толку од странство. Општо познато е дека на пазарот во Република Македонија речиси и да нема производители, туку главно се работи за генерални застапници или увозници на стоките. Условот беше кумулативен, што во пракса доведе до тоа постапката за набавка на стоки задолжително да оди преку Советот за јавни набавки. Во однос на набавката на услуги и работи, договорните органи немаа обврска да бараат согласност за техничките спецификации, но доколку се планираше да се бараат дополнителни критериуми за способност
освен задолжителните (лична состојба и способност за вршење професионална дејност), требаше да се обезбеди доказ дека бараните критериуми ги исполнуваат најмалку четири, пет или шест економски оператори на пазарот во Република Македонија. Во праксата се воведоа неколку дополнителни активности пред да отпочне постапката за доделување на договор за јавна набавка што за договорните органи претставуваше дополнително оптоварување во смисла на ангажирање на лицата вработени кај договорните органи, како и големи трошоци што ги носеше едно барање за согласност. Првично со формирањето на Советот не беше ограничено до колку пати може да се врати едно барање за согласност (подоцна се направи измена во која беше предвидено до три пати, односно два пати кај постапка со барање за прибирање понуди). Во неколку наврати за едно барање не се даваше согласност и до седум пати. Имајќи предвид дека законскиот рок за одговор на барањето беше десет работни дена, за отпочнување на постапката за доделување на договор за јавна набавка се чекаше и до три месеци. Со воведувањето на „условната“ согласност од трет пат, односно втор пат кај барање за прибирање понуди, постапката за добивање согласност се намали до еден месец. Од друга страна, трошоците за поднесување на барање за согласност, вклучувајќи ги и стручните лица, кај некои договорни органи изнесуваа и до 50% од проценетата вредност на постапката. На пример едно основно училиште со одобрен финансиски план од Советот на општината предвидува 50.000 денари за набавка на канцелариски материјали, 40.000 денари за набавка на средства за хигиена. Добивањето на со-
1
„Службен весник на РМ“, бр. 136/2007, 130/2008, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМOТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ПОСЛЕ УКИНУВАЊЕТО НА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
35
КПУ обука 2/2017
ПОСЛЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - НОВИ НАЈВИСОКИ ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ
В
о „Службен весник на РМ“ број 171 од 28 ноември 2017 година е објавен Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр. 142/08 .... и 190/16; во понатамошниот текст: Закон за придонеси), кој влезе во сила со денот на објавување (28.11.2017), меѓутоа одредени изменети одредби се применуваат од 1 декември 2017 година, а некои од 1 јануари 2018 година. Поголемиот дел на законската измена се однесува на усогласување на одредбите заради промена на дефиницијата на поимот „носител на семејно земјоделско стопанство“ во „индивидуален земјоделец“. Законодавецот ја врши промената поради тоа што од 2013 година откога се воспостави дефиниција на „носители на земјоделско стопанство“ и во преодниот период од 4 години кога неколку пати се одложуваше имплементацијата на ова законско решение не е воспоставена институционална и техничка можност да се изврши прекатегоризација на земјоделците во системот на задолжително социјално осигурување. Дополнително, доколку останеше постојното решение „носител на семејно земјоделско стопанство“, дел од земјоделците ќе беа принудени да излезат од системот на задолжително социјално осигурување. Дефиницијата „индивидуален земјоделец“ во сегашни услови овозможува едноставен прием во задолжително социјално осигурување за оваа категорија на земјоделци. Законската измена е направена и во рамки на одредбите (редовни и преодни) што ги пропишуваат стапките на придонесите од задолжително социјално осигурување, но сепак стапките на придонеси за плата важечки од 01.01.2018 година се непроменети (вкупно 27%: ПИО-18%, здравство-7,3%, дополнително здравство-0,5% и вработување-1,2%).
о продолжение ќе се задржиме на законВ ската измена која се однесува на зголемување на постоечките месечни највисоки основици за пресметување и плаќање на социјални придонеси, почнувајќи од 1 јануари 2018 година.
ОВИ МЕСЕЧНИ НАЈВИСОКИ Н ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ Преку измена на одредбите на членот 16 на Законот за придонеси, од 01.01.2018 година извршено е зголемување на највисоките месечни основици за пресметување и уплата на придонесите: - од примањата од работен однос, - од примањата на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво (доколку не се осигурени по основ на работен однос и самовработување), - за самовработено лице (трговец-поединец /самостоен вршител на дејност).
ова највисока основица Н за плаќање придонеси од плата од 01.01.2018 година Со последната измена на член 16 став 1 на Законот за придонеси, од 01.01.2018 година, највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од ШЕСНАЕСЕТ просечни плати, пресметани од просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика. До 31.12.2017 година, придонесите ќе се пресметуваат до тековно важечката највисока месечна осно-
ПОСЛЕДНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - НОВИ НАЈВИСОКИ ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА И ПЛАЌАЊЕ ПРИДОНЕСИ
39
КПУ обука 2/2017
ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ И ЗАГУБИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА
К
апиталните добивки се реализираат при купопродажна трансакција настаната меѓу две страни (купувач и продавач) и претставуваат позитивна разлика меѓу набавната и продажната цена на подвижен и недвижен имот, како реализирана корист (добивка) за продавачот. Обратно, доколку продавачот реализира негативна разлика меѓу набавната и продажната цена на имотот, при купопродажната трансакција, истата за него претставува капитална загуба. Според Рамката за подготвување и презентирање на финансиските извештаи, која е составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09 ... и 107/11), потребно е разграничување меѓу приходите и добивките, односно меѓу расходите и загубите. риходите, според Рамката, произлегуП ваат од редовните активности на деловниот субјект (приходи од продажба, надоместоци, камати, дивиденди, тантиеми и наемнини). Добивките претставуваат зголемување на економските користи на субјектот, кои ја задоволуваат дефиницијата на приходите, а истите може, но не мора да произлезат од неговите редовни активности. На пример, добивките произлегуваат од оттуѓувањето на нетековните стредства (реализирана капитална добивка). Меѓутоа, исто така, може да бидат признаени и нереализирани добивки, кои на пример, произлегуваат од повторното вреднување на хартиите од вредност, со кои се тргува на пазарот (берзата) на хартии од вредност, односно од зголемувањето на сметководствената вредност на долгорочните средства. Според Рамката, дефиницијата на расходите ги вклучува загубите, како и оние расходи кои се јавуваат како резултат на редовните активности на деловниот субјект. Расходите, кои произлегуваат од редовното работење, ги вклучуваат, на пример, трошоци-
те на продажба, платите и амортизацијата. Загубите претставуваат намалување на економските користи на деловниот субјект и како такви не се разликуваат по својата природа од другите расходи. Но, сепак, тие може, но не мора да резултираат од редовното работење на субјектот. Загубите настануваат како резултат на непогоди (пожар, поплава), или од оттуѓување на нетековните средства (реализирана капитална загуба). Исто така, може да бидат признаени и нереализирани загуби, кои на пример произлегуваат од зголемување на девизните курсеви на странските валути, а во врска со позајмувањата на субјектот во таа странска валута. Во рамки на овој текст ќе го разгледаме даночниот и сметководствениот третман на капиталните добивки и капиталните загуби, кои ги реализирале домашни или странски, правни и физички лица, од аспект на: - Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93.. и 23/16), - Законот за данокот на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“, бр. 112/14 ... и 190/16) и - билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување. I. ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВ-
КИ И ЗАГУБИ ОД АСПЕКТ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД
Согласно со опфатот дефиниран во рамки на членовите од 50 до 53 на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД, физичкото лице-граѓанин (домашно и странско лице) може да декларира приход по основ на капитални добивки остварени од продажба на: - хартии од вредност, - учество во капиталот (удел) на одредено друштво и - недвижен имот.
ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА КАПИТАЛНИТЕ ДОБИВКИ И ЗАГУБИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА
43
КПУ обука 2/2017
НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАTA ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ПРЕНЕСЕНА ДАНОЧНА ЗАГУБА ОД МИНАТИ ГОДИНИ
П
равото на пренесување на остварена „даночна загуба“ од тековната деловна година (даночен период) како можност за намалување на идна даночна основа е уредено со: - членот 19 од Законот за данокот на добивка 1 и - членот 5 став 1 алинеја 4 и став 3 од Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување. 2
За потребите на овој текст ДАНОЧНАТА ЗАГУБА ја дефинираме како разлика меѓу: а) ЗАГУБАТА од Билансот на успех (искажана на АОП 251 од БУ, односно пренесена на АОП 01 од Даночниот биланс) и б) Даночно непризнаените расходи (износ искажан на АОП 02 од Даночниот биланс). Само ако Загубата пред оданочување е поголема од Даночно непризнаените расходи се работи за Даночна загуба које е НЕГАТИВНА ставка на АОП 30 од (новиот) Даночниот биланс. Износот на загубата од тековната година утврдена во БУ намалена за збирот на непризнаените расходи за даночни цели која може да се пренесе во наредните три години се искажува на АОП 50 од новиот Даночен биланс. Намалувањето на даночната основа утврдена во Даночниот биланс за 2017 година ќе се изврши за износот на пренесената загуба од Даночниот биланс составен за 2016 година, искажан на
АОП 33 – Дел од загуба намалена за непризнаени расходи, пренесена од претходни години, вклучувајќи ги и евентуално искажаните даночни загуби по ДБ за 2015 и 2014 година, под услов даночниот обврзник да има добиено РЕШЕНИЕ од УЈП и истите да не успеал да ги искористи во целост или делумно по Даночните биланси составени за претходните години. Искажаната Даночна загуба може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни периоди најмногу до ТРИ години сметано од годината во која е искажана загубата. Ако Даночната загуба е искажана за 2017 година, третата година истекува заклучно со 2020 година. Терминот „пренесува“ значи дека со Даночната загуба може да се намалува Даночната основа во наредните три фискални периоди преку составување на Даночните биланси. Прва година за која ќе се пренесе даночната загуба искажана за 2017 година е 2018та година. * * * Користењето на правото за пренесување на ДАНОЧНАТА ЗАГУБА на товар на Даночната основа во идните пресметковни периоди е поврзано со исполнување на одредени услови: 1) Да постои Даночна загуба (Загубата од Билансот на успех да биде поголема од износот на даночно непризнаените расходи), односно да е искажан негативен износ на АОП 30 од новиот Даночен биланс.
„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15 (Автентично толкување на Собрание на РМ на членовите 28 и 51), 129/15, 23/16 и 190/16. 2 „Службен весник на РМ“, бр. 171/14 и 31/17. 1
НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАTA ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ПРЕНЕСЕНА ДАНОЧНА ЗАГУБА ОД МИНАТИ ГОДИНИ
57
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИ ТРОШОЦИ
С
о актуелниот режим на оданочување на добивката е уредена можност за намалување на тековна даночна основа за износот на: а) наплатените побарувања, вклучувајќи ги и б) наплатените побарувања за одобрени заеми, кои во претходни даночни периоди имале третман на оданочиви расходи. Се работи за можност која сепак НЕ Е БЕЗУСЛОВНА. • Имено, главниот услов за користење на ваквата можност е ДА БИЛ ПЛАТЕН ДАНОК НА ДОБИВКА за даночниот период (година) кога е извршено вредносното усогласување, односно траен отпис на ненаплатените побарувања, вклучувајќи ги и побарувањата по основ на заеми, заради што истите имале третман на оданочиви расходи со кои била зголемена даночната основа и пресметаниот (и платен) данок на добивка. Плаќањето на данокот на добивка како услов го нагласуваме, поради можноста негативниот финансиски резултат да ја намали даночната основа генерирана од оданочивите расходи до степен (нула или негативен из-
1
нос) да не се плати (целосно или делумно) данок на добивка. Во праксата се можни повеќе варијации со кои негативниот финансиски резултат пред оданочување може да влијае на износот на платениот данок на добивка. Треба да се има предвид фактот дека ваквото право треба да се искористи во временска рамка од ПЕТ ГОДИНИ, имајќи ги предвид одредбите од Законот за даночната постапка. 1
Правна основа Закон за данокот на добивка Согласно со членот 17 од Законот за данокот на добивка 2, даночната основа се намалува за износот на наплатените побарувања кој во претходни даночни периоди имале третман на непризнаен расход. Намалувањето на даночната основа се врши соодветно за износот на наплатените побарувања до висината на искажаниот приход во тековниот даночен период, за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даноч-
ната основа, соодветно на оданочениот износ, за кој е извршено плаќање.
Застарување на утврдување на данок и споредни даночни давачки (член 110 од ЗДП) (1) Утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки, нивна промена и престанок не е дозволено, доколку истекол рокот за застарување. (2) Застарувањето на даноците и споредните даночни давачки започнува со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба. (3) Рокот за застареност изнесува пет години, а во случаи на даночно затајување изнесува десет години. (4) Прекинување на рокот на застареност започнува со секој даночен управен акт што се однесува на фактичката состојба, а трае до правосилно завршување на постапката. (5) По секој прекин на рокот, започнува да тече нов рок на застареност. (6) Во секој случај по истекот од десет години, застарува утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки.
2
„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, Автентично толкување на Собрание на РМ на членовите 28 и 51 - 44/15, 129/15, 23/16 и 190/16. 64
www.proagens.mk
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА УТВРДЕНИТЕ РАЗЛИКИ ПО ПОПИСОТ 1. ЗАВРШНИ РАБОТИ КАЈ ПОПИСОТ (Извештај за попис)
П
о завршувањето на пописот, пописните комисии се должни да состават Извештај за извршениот попис и преку аналитички пристап да ги утврдат причините за искажаните разлики по пописот утврдени над состојбата на средствата и обврските, сугерирајќи начини за постапување по нив. Особено лицата кои ги попишуваат средствата, треба да бидат добро запознаени со нивната вредност, квалитетни и квантитетни одлики, за да можат да дадат реален предлог за расход или вредносно усогласување на имотот (средствата), кога тие значително отстапуваат од сметководствената вредност. Податоците од сметководството, како и соодветните евиденции за количините и вредностите се внесуваат во пописните листи дури после извршениот физички попис, поради што раководителот на сметководството, како и лицата кои ги водат посебните аналитички евиденции не смеат да ги даваат сметководствените податоци за количините и вредностите на пописните комисии, додека не се уверат дека физичкиот попис е завршен. После внесување на сметководствените податоци за средствата и обврските се утврдуваат разлики помеѓу стварната и сметководствената состојба - по количина и по вредност. 1.1. СОДРЖИНА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕН ПОПИС
Извештајот за извршениот попис, покрај формалните податоци за пописните комисии, податоци за времето и местото на пописот, содржи суштински елементи, односно во него треба да се наведат и: - Преглед на материјалните (физичките) и вредносните разлики меѓу фактичката
78
и сметководствената состојба и причините за разликите; - Преглед на сметководствената вредност на средствата и обврските чија фактичка вредност на денот на пописот не е утврдена, со соодветни образложенија; - Забелешки и објаснувања во врска со утврдените разлики дадени од лицата кои ракуваат со средствата, односно кои се задолжени со материјалните (физичките) и паричните вредности; - Предлози за ликвидација на утврдените разлики (пребивање на кусоците и вишоците настанати по основ на замена на исти и слични видови, односно средства и вредност, начинот на надоместување на кусоците и приходување на вишоците, отпис на застарените побарувања, приходување на застарените обврски) и - останати забелешки и предлози на комисијата за попис во врска со пописот. Врзано за бараните содржини на Извештајот за попис, сугерираме уште на самите пописни листи да се направат соодветни забелешки, за сите утврдени несогласувања на фактичката со сметководствената вредноста на средствата, побарувањата и обврските, кои подоцна ќе се пренесат и објаснат во Извештајот за попис. 1.2. ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ИЗВРШЕНИОТ ПОПИС Органот на управување го разгледува Извештајот за извршениот попис во присуство на претседателите (членовите) на комисиите за попис и раководителот на сметководството и донесува Одлука за резултатите од извршениот попис.
www.proagens.mk