ПРИРАЧНИК МАЈ/ЈУНИ 2016 ГОДИНА

Page 1


2016

S O D R @ I N A: www.proagens.mk

1. Н ови процедурални обврски за правните лица поврзани со Законот за заштита на укажувачи

3

2. Н овелирање на Законот за трговските друштва од значење за друштвата со ограничена одговорност

17

3. Н амалување на тековната даночна основа на данокот на добивка за одложеното признавање на веќе оданочените трошоци од минати даночни периоди („даночен кредит“)

20

4. О дложено даночно средство и одложена даночна обврска (МСС 12 и оддел 29 на МСФИ за МСЕ)

33

5. З адржан данок на исплатена дивиденда на странско правно лице и персонален данок на исплатена дивиденда на странско физичко лице со можност за примена на даночните погодности од билатералните договори за одбегнување двојно оданочување 54

69

7. П р иредување на наградни игри и нивен даночен третман

94

8. Д оброволно пензиско осигурување - даночен третман и сметководствена евиденција

105

9. П римена на Законот за финансиска дисциплина на субјектите од јавниот сектор

117

10. Оттуѓување и изнајмување на основни средства во сопственост на буџетските корисници

127

11. А вансни плаќања кај буџетски (и фондовски) корисници

135

12. О бврски по основ на кредити во јавен сектор

139

6. П римена на системот „reverse charge“


Prira~nik ... 2016

НОВИ процедурални ОБВРСКИ ЗА ПРАВНИте ЛИЦА поврзани со ЗАКОНот ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ

1. И НСТИТУЦИОНАЛНА зАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ

З

аконот за заштита на укажувачи (во натамошниот текст: ЗЗУ) е донесен во ноември 2015 година и објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 196/15 од 10.11.29015 година. Истиот е влезен во сила осмиот ден од денот на објавувањето или на 18.11.2015 година, со одложена примена од 18.03.2016 година т.е. четири месеци од денот на влегувањето во сила. Со ЗЗУ се гарантира заштита на правото на анонимност, доверливост, безбедност и други права на „укажувачи“, под кој законски термин ги препознаваме лицата кои пријавуваат противправни дела од значење за заштита на јавниот интерес. Жаргонски, овие лица се познати како „свиркачи“ (whistleblowers) или дојавувачи и со нивната адекватна заштита им се дава поддршка за таквото постапување со што индиректно се штити и јавниот интерес. ЗЗУ воведува систем на заштита на укажувачите и на доверливите информации што истите ги пријавуваат (заштитено пријавување) внатре кај работодавачот или надвор во надлежните институции или пак јавно во медиумите на начин што пропишува задолжително воведување и преземање на одредени процедури и мерки од страна на институциите и правните лица од јавниот сектор, но и од приватниот сектор со најмалку 10 вработени. Во тој контекст ЗЗУ обезбедува правна заштита на укажувачите и од јавниот и од приватниот сектор без оглед на природата на нивниот работен ангажман (вработени, волонтери, практиканти, лица по договор за дело, корисници на услуги...). Во меѓувреме се донесени, влезени во сила и во примена и подзаконските прописи со кои нормативно се дополнува ЗЗУ во насо-

ка на уредување на постапката на заштита на укажувачите за извршено внатрешно и надворешно пријавување на незаконски дела. Тие прописи се: 1) Правилникот за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор, 2) Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор и 3) Правилникот за заштитено надворешно пријавување, Сите правилници се објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 46/16 од 08.03.2016 и влезени во сила на 16.03.2016 година, со прецизирање дека правилниците под 2) и 3) ќе се применуваат од денот на примената на ЗЗУ т.е. од 18.03.2016 година.

2. ЗАШТИТЕНО ПРИЈАВУВАЊЕ, УКАЖУВАЧ И ЈАВЕН ИНТЕРЕС Клучните поими употребени во ЗЗУ, преку кои се доловува самата цел и смисла на истиот и се дефинира профил на лицата со својство укажувачи се: заштитено пријавување, укажувач, јавен интерес.

2.1. Заштитено пријавување Заштитено пријавување според законската дефиниција е пријавување со кое се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.

НОВИ процедурални ОБВРСКИ ЗА ПРАВНИте ЛИЦА поврзани со ЗАКОНот ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ

3


Prira~nik ... 2016

НОВЕЛИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ДРУШТВАТА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ

ОПФАТ НА НОВЕЛАТА НА ЗТД

А

кцентот на најновата измена на Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД) објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 61/16, од 31.03.2016 година, влезена во сила со денот на објавувањето, е ставен на решенијата со кои се уредува постапка за свикување на собирот на содружници, продолжување на минимален рок кој мора да истече од свикувањето до одржување на собрание на акционерското друштво и воведување на режимот на големи зделки кај друштвата со ограничена одговорност. Ова е деветнаесетата по ред измена на ЗТД. 1

ОСВРТ НА НОВИТЕ РЕШЕНИЈА Продолжен рокот кој тече од свикување до одржување на собирот на содружниците Во членот 217 од ЗТД, кој е предмет на најновото новелирање, е регулиран начинот на свикување и местото на одржување на собирот на содружниците. Во ставот 1 на овој член е дефиниран рокот кој мора да измине од денот на свикување до денот на одржување на собирот на содружниците. Овој рок со измената се продолжува на најмалку 30 дена, наместо најмалку осум дена колку изнесуваше пред измената. Според тоа, од денот кога писмената покана, односно другото известување по писмен пат е испратено, до денот на одржување на собирот на содружниците, мора да изминат најмалку 30 дена. Во контекст на ова, треба да се има предвид и постојаното решение од членот 217 став 3 на ЗТД кое дозволува собирот на содруж-

ниците да се одржи и да одлучува иако не е свикан уредно и со почитување на наведениот рок, само ако се присутни сите содружници и ако тие не се противат на одржувањето на собирот.

Дефинирана содржината на поканата за свикување на собирот на содружниците Членот 217 од ЗТД се дополни со нов став 2 со кој се врши дефинирање на содржината на поканата, односно известувањето за свикување на собирот на содружниците. Елементи на поканата се: 1) фирма и седиште на друштвото; 2) место и датум на одржување на собирот; 3) податоци утврдени во договорот за основање на друштвото, од значење за присуството на собирот и за начинот на гласање; 4) дневниот ред според кој ќе работи собирот и 5) начинот на којшто се достапни материјалите што се подготвени за собирот којшто е свикан. Надвор од новината, актуелното решение за начинот на свикување на собирот на содружниците и вклучување на точките во дневниот ред на собирот на содручницте од членот 217 на ЗТД предвидува дека собирот на содружниците се свикува со писмена покана, односно со друго известување по писмен пат што се доставува со препорачано писмо, со друга брза пошта или на друг погоден начин со доказ за прием од секој содружник, ако со договорот за друштвото поинаку не е опре-

1

„Сл. весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 217/15-Авт. толкув., 6/16, 30/16 и 61/16.

НОВЕЛИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ДРУШТВАТА СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ

17


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕКОВНАТА ДАНОЧНА ОСНОВА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ОДЛОЖЕНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ВЕЌЕ ОДАНОЧЕНИТЕ ТРОШОЦИ ОД МИНАТИ ДАНОЧНИ ПЕРИОДИ („ДАНОЧЕН КРЕДИТ“)

С

о актуелниот режим на оданочување на добивка е уредена можност за намалување на тековната даночна основа за износот на: а) наплатените побарувања, вклучувајќи ги и б) наплатените побарувања за одобрени заеми, кои во претходни даночни периоди имале третман на оданочиви расходи. Сепак, ваквата можност НЕ Е БЕЗУСЛОВНА. Главниот услов за користење на можноста е ДА БИЛ ПЛАТЕН ДАНОК НА ДОБИВКА за даночниот период (година) кога е извршено вредносното усогласување, односно трајниот отпис на ненаплатените побарувања, вклучувајќи ги и побарувањата по основ на заеми, заради што истите имале третман на оданочиви расходи со кои била зголемена даночната основа и соодветно на тоа бил зголемен и пресметаниот (и платен) данок на добивка. 1 Плаќањето на данокот на добивка како услов го нагласуваме, поради можноста негативниот финансиски резултат да ја намали даночната основа генерирана од оданочивите расходи до степен (нула или негативен износ) да не се плати (целосно или делумно) данок на добивка. Во праксата се можни повеќе

варијанти со кои негативниот финансиски резултат пред оданочување може да влијае на износот на платениот данок на добивка. На намалување на даночната однова соодветно влијае и режимот на реивестирање на добивката. Преку повеќе примери во рамките на овој текст ќе се обидеме да опфатиме поголем дел од опциите што можат да се појават во пракса. Обрнуваме внимание на фактот дека ваквото право на намалување на тековната даночна основа треба да се искористи во временска рамка од ПЕТ ГОДИНИ, имајќи ги предвид одредбите од членот 110.3 на Законот за даночната постапка. 2 Напомена:

Принципот на даночен кредит подразбира расходот кој во даден период не бил признаен за даночни цели да се признае во периодот во кој тој вистински настанува. Правото на искористување на даночен кредит во согласност со овој принцип, треба да се признае по сите оние основи (иако со новиот Закон за данокот на добивка таквата

1

Фактички се работи за режим на анулирање на примарното влијание на искажаниот трошок врз финансискиот резултат утврден во билансот на успех, кој пак учествува во формирањето на основата за оданочување. Со ваквото даночно решение, се штити режимот на формирање на основата за оданочување со данок на добивка, без при тоа да се влијае на начинот на финансиско известување.

2

Застарување на утврдување на данок и споредни даночни давачки Член 110 (1) Утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки, нивна промена и престанок не е дозволено, доколку истекол рокот за застарување. (2) Застарувањето на даноците и споредните даночни давачки започнува со истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба. (3) Рокот за застареност изнесува пет години, а во случаи на даночно затајување изнесува десет години. (4) Прекинување на рокот на застареност започнува со секој даночен управен акт што се однесува на фактичката состојба, а трае до правосилно завршување на постапката. (5) По секој прекин на рокот, започнува да тече нов рок на застареност. (6) Во секој случај по истекот од десет години, застарува утврдувањето на данокот и споредните даночни давачки.

20

www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

ОДЛОЖЕНО ДАНОЧНО СРЕДСТВО И ОДЛОЖЕНА ДАНОЧНА ОБВРСКА (МСС 12 И ОДДЕЛ 29 НА МСФИ ЗА МСЕ)

ВОВЕД

О

дложените даночни средства и одложените даночни обврски произлезени од одбитните или оданочивите времени разлики меѓу сметководствената вредност на одредено средство/обврска и неговата даночна основица се регулирани со МСС 12 - Даноци на добивка и Одделот 29 - Данок на добивка на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСЕ), кои се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11). МСС 12 (и останатите МСФИ/МСС), во нашата сметководствена пракса, е во примена од 2004 година како составен дел на претходниот Правилник за водење на сметководството („Службен весник на РМ“, бр. 94/04, 11/05 и 116/05), како и на горенаведениот Правилник, кој се применува од 2010 година (освен МСФИ за МСЕ). Одделот 29 - Данок на добивка на МСФИ за МСЕ е во официјална примена од 2012 година (за микро и малите трговци согласно со членот 469 на Законот за трговски друштва), откако споменатиот Правилник беше дополнет со Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 107/11. Според Законот за трговските друштва, единствена сметководствена основа за македонските друштва се Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ/МСС, односно МСФИ за МСЕ), кои се составен дел на Правилникот за водење на сметководството, така што исправно сметководствено постапување е примената на МСС 12, односно Одделот 29 на МСФИ за МСЕ, односно евидентирање на одложени-

те даночни средства и одложените даночни обврски произлезени од одбитните или оданочивите времени разлики меѓу сметководствената вредност на одредено средство/обврска и неговата даночна основица, но во нашата пракса тоа многу ретко се случува што порано можеби и се должеше на неприлогодените сметководствени прописи, кои сепак последниве години (од 2011 година наваму) значително се усогласија со барањата на МСФИ/МСС. Со донесувањето на Правилникит за формата и содржината на годишната сметка („Службен весник на РМ“, бр. 52/11 и 174/11) се пропишаа нови билансни шеми усогласени со МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ во примена за 2011 година (образец „Биланс на состојба / Извештај за финансиската состојба”, образец „Биланс на успех / Извештај за добивка или загуба“ и „Извештај за останата сеопфатна добивка“ и образец „Објаснувачки белешки“), кои ја сочинуваат годишната сметка. Во новите билансни шеми се предвидоа позиции според барањата на МСС 12, односно одделот 29 на МСФИ за МСЕ, за одложени даночни средства во рамки на активата на Извештајот за финансиската состојба, одложени даночни обврски во рамки на пасивата на Извештајот за финансиската состојба, како и позиции за одложени даночни приходи и одложени даночни расходи, кои учествуваат во формирањето на нето добивката/загубата за деловната година, во рамки на Извештајот за добивка или загуба (Нето добивка за деловната година = Добивка пред оданочување - Данок на добивка + Одложени даночни приходи - Одложени даночни расходи, односно, Нето загуба за деловната година = Загуба пред оданочување + Данок на добивка - Одложени даночни приходи + Одложени даночни расходи). Во 2014 година, овој

ОДЛОЖЕНО ДАНОЧНО СРЕДСТВО И ОДЛОЖЕНА ДАНОЧНА ОБВРСКА (МСС 12 И ОДДЕЛ 29 НА МСФИ ЗА МСЕ)

33


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ЗАДРЖАН ДАНОК НА ИСПЛАТЕНА ДИВИДЕНДА НА СТРАНСКО ПРАВНО ЛИЦЕ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ИСПЛАТЕНА ДИВИДЕНДА НА СТРАНСКО ФИЗИЧКО ЛИЦЕ СО МОЖНОСТ ЗА ПРИМЕНА НА ДАНОЧНИТЕ ПОГОДНОСТИ ОД БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ

С

поред дефиницијата утврдена во членот 3 став 1 од Законот за трговските друштва („Службен весник на РМ“, бр. 28/04 ... и 61/16), дивиденда е дел од добивката на друштвото којашто се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции. вој текст го елаборира даночниот третман О на дивидендата исплатена на странски правни и физички лица согласно со Законот за данокот на добивка и Законот за персоналниот данок на доход, односно од аспект на оданочувањето на исплатената дивиденда со задржаниот данок (withholding tax) и персоналниот данок на доход, по одбивка.

I. ЗАДРЖАН ДАНОК НА ИСПЛАТЕНА ДИВИДЕНДА НА СТРАНСКО ПРАВНО ЛИЦЕ Резидентните друштва имаат обврска да задржат данок при исплатата на приходи од дивиденди на акционери, односно содружници - странски правни лица, согласно со Законот за данок на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“, бр. 112/14; Автентично толкување на Собрание на РМ - 44/15, 129/15 и 23/16).

Под приход од дивиденди се подразбира добивка од акции, или други права на учество во добивката (удели) кои не се побарувања на долгови, како и доходот од други корпоративни права, кои по однос на оданочувањето имаат ист третман како и доходот од акциите според законите на државите чиј резидент е друштвото кое врши распределба. Данокот се задржува во моментот на исплата на приходот од дивиденда и претста-

54

вува конечно намирена даночна обврска на странското правно лице за тој приход.

I.1. Обврзници за задржување данок Резидентите-исплатувачи, кои имаат об-

врска да задржат данок за исплатениот приход од дивиденда на странско правно лице се следните: а) домашно правно лице (акционерско друштво и друштво со ограничена одговорност) и б) странско правно лице или физичко лице-нерезидент со постојана деловна единица во Република Македонија (подружница). Напомена:

По исклучок, данокот не се задржува на трансферот на делот од добивката на постојаната деловна единица (подружница) на странското правно лице (основач) во Република Македонија, доколку претходно е платен данокот на добивка.

I.2. Законска даночна стапка Почнувајќи од 2008 година, па наваму, законската даночна стапка на данокот по одбивка (withholding tax) која се применува при исплата на дивиденди изнесува 10%, без разлика на тоа за која година се исплаќа дивидендата.

Напомена:

З аконската даночна стапка, која беше во примена за приходи од дивиденди исплатени на странски правни лица во 2007 година изнесуваше 12%, додека за приходите исплатени во 2006 година (задржаниот данок е воведен од 1.1.2006 година) стапката изнесуваше 15%. www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ „REVERSE CHARGE“

С

истемот reverse charge се применува кај даночните обврзници регистрирани за целите на ДДВ, кои вршат промет на добра и услуги за даночни обврзници кои исто така се регистрирани за целите на ДДВ а се однесуваат на одредена група на извршени промети како и на дадените аванси за тие промети, по 31 јануари 2014 година. Според член 32-а од Законот за ДДВ, овој систем се применува на следните промети на добра и услуги: 1) градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите, и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно законот со кој се уредува градењето; 2) прометот со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба, отпад, индустриски и неиндустриски отпадни материјали, отпаден материјал кој може да се рециклира, делумно преработен отпад и 3) пренос на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, кога доверителот се стекнува со доброто.

Станува збор за систем кој функционира на начин што, примателот на добрата или корисникот на услугата станува даночен должник, врз основа на пренесената даночна обврска од вршителот на прометот. Примателот на доброто/услугата, за пренесената даночна обврска, остварува право на одбивка на претходен ДДВ, според условите од член 34 од Законот за ДДВ).

ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ „REVERSE CHARGE“

Даночна основа за пресметување на ДДВ (како претходен така и излезен ДДВ), претставува износот кој е искажан во фактурата на испорачателот на добрата и услугите, односно износот на вкупниот надоместок кој треба да се плати од нарачателот. Даночниот обврзник кон кого се врши прометот е даночен должник и во случај на плаќање кое ќе го врши однапред (аванс), пред да биде извршен наведениот промет на добрата и услугите. Владата на Република Македонија донесе Одлука за определување нa добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна нa друг даночен обврзник - во натамошниот текст: „Одлука“ („Службен весник на РМ”, бр. 45/14) во која поблиску ги определи добрата и услугите за чиј промет се применува ваквиот даночен третман.

I. REVERSE CHARGE ВО ПРОМЕТИТЕ ОД ГРАДЕЖНИШТВОТО Кај прометите на добра и услуги од областа на градежништвото, како што се градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите, и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, се применува системот на reverse charge. Овој систем или пренесување на даночната обврска според член 32-а став 1 од Законот за ДДВ се применува почнувајќи од 1 февруари 2014 година. Важно да се нагласи дека во овој систем

се опфатени само градежните работи наведени во спомнатата Одлука и тоа заедно со градежниот материјал, потрошен или вграден во рамките на дадената услуга, додека прометот кој се сведува на едноставна про-

69


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ПРИРЕДУВАЊЕ НА НАГРАДНИ ИГРИ И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

ВОВЕД Наградните игри се застапени во голем степен во нашето секојдневие. Очигледно е нивното рекламирање и присуство во медиумите, а заинтересираноста за нивното приредување, односно за учество во истите, расте со оглед на опаѓањето на економската динамика и на животниот стандард на населението. Приредувањето на наградна игра е регулирано со Законот за игрите на среќа и за

забавните игри 1 (во натамошниот текст: Закон за игри). Игрите на среќа, согласно со дефиницијата на Законот за игри, се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта.

Игрите на среќа се разграничуваат на три вида: општи, посебни и интернет игри на среќа. Општи игри на среќа: 1) лотариски игри на среќа;

Посебни игри на среќа: Интернет игри на среќа: 1) игри на среќа во казино; Општите и посебните игри на среќа, како и други 2) електронски игри на среќа; 2) игри на среќа видови на игри на среќа, во обложувалница; 3) н а г р а д н и и г р и; во кои учесникот може 3) игри на среќа да учествува преку 4) интерактивни игри на среќа. во автомат клуб. глобалната интернет мрежа. ШТО ПРЕТСТАВУВА НАГРАДНА ИГРА остојат голем број на игри од различен П карактер што секојдневно се приредуваат, меѓутоа сите не ги исполнуваат условите определени од Законот за игри, поради што и немаат третман на наградни игри т.е. игри на среќа воопшто, а тоа им дава и различен даночен третман, поради што треба точно да се утврди разграничувањето. Наградните игри во Законот за игри се дефинирани како општи игри на среќа, кои: - с е приредуваат заради рекламирање на производи и услуги, - г и приредува едно трговско друштво или повеќе трговски друштва заедно, - с е приредуваат на начин определен од страна на приредувачот на играта на 1

среќа (на вообичаен начин, електронски начин, по пат на мобилен уред, интернет и слично), - о безбедуваат јавно објавување на условите за учество во играта утврдени со правилата на играта, - г о обврзуваат приредувачот на играта на среќа на извлечените добитници да им ги додели наградите во предмети, пари или права. Напомена:

За игра на среќа (и за наградна игра) не се смета квиз, кој се реализира преку одговарање на прашања или демонстрирање на знаења или вештини, под услов учест-

„Службен весник на РМ“, бр. 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15 и 23/16; У. суд - 132/11 и 156/14. 94

www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН И СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА

Д

оброволното капитално финансирано пензиско осигурување претставува пензиско осигурување на доброволна основа финансирано со капитализација на средствата, во кое се вклучени лица кои не се опфатени во задолжително пензиско осигурување и лица кои се опфатени во тоа осигурување заради остварување дополнителен приход. о доброволните пензиски фондови, со В кои управуваат друштва за управување со доброволни пензиски фондови и друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, се уплаќаат доброволни придонеси од лица, работодавачи и здруженија на граѓани кои ќе одберат да придонесуваат во овие фондови, чии средства се инвестираат во финансиски инструменти (акции, обврзници итн.), заради оплодување, и се распределуваат на членовите на фондот (заедно со приносите од инвестирање) согласно со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - ЗДПО („Службен весник на РМ“, бр. 7/08, 124/10, 17/11 и 13/13; У. суд - 118/08 и 162/08). Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - ЗДПО ги уредува доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, основањето и работењето на доброволните пензиски фондови, друштвата за управување со доброволни пензиски фондови и друштвата за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, како и организирањето на професионалните пензиски шеми за своите вработени од страна на работодавачи и за своите членови од страна на здруженија на граѓани. о рамки на овој текст ќе го опфатиме даВ ночниот третман на уплатените доброволни придонеси за пензиско осигурување, како и начинот на нивна сметководствена евиденција кај осигурителот (работодавач или здружение на граѓани).

ЛЕНУВАЊЕ ВО ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗЧ ИСКИ ФОНД И ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ленство во доброволен пензиски Ч фонд Член на доброволен пензиски фонд може да биде секое лице кое: - навршило најмалку 15 години и е сопственик на доброволна индивидуална сметка или - секое лице кое е учесник во професионална пензиска шема и е сопственик на професионална сметка. Д оброволна индивидуална сметка е сметка на име на член во доброволен пензиски фонд на која членот или друго лице уплаќа доброволни придонеси на доброволна основа или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата, додека професионална сметка е сметка во доброволен пензиски фонд на име на вработен на која единствено работодавачот уплаќа доброволен придонес или на име на член на здружение на граѓани на која единствено здружението уплаќа доброволен придонес (осигурителот: работодавач или здружение на граѓани организира и финансира професионална пензиска шема само за своите вработени или членови) или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата.

GODI[NA PRETPLATA 2016 - INFORMATOR - DODATOK NA INFORMATOR - INFO REGISTAR - KONSULTACII - POPUSTI

ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - ДАНОЧЕН ТРЕТМАН И СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА

14.900 denari

105


Prira~nik ... 2016

ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР ОПФАТ НА ПОСЛЕДНАТА ИЗМЕНАТА НА ЗФД

С

о Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина (ЗФД) објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 215 од 07.12.2015 година, влезен во сила осум дена по објавувањето, на 15.12.2015 година, се изврши второ новелирање на ЗФД, 1 воедно и последно, заклучно со денот на објавување на овој текст. Втората измена ЗФД резултираше со уредување на неколку суштествени работи на кои како на проблематични е укажано при самото отпочнување на примената на ЗФД во 2014 година, поради што се очекуваше посериозен пристап на законодавецот во насока на нивното нормативно разрешување. Обид во таа насока веќе беше направен со првата измена на ЗФД (201/14, во сила од 31.12.2014 година) во примена од 01.01.2015 година, но како поважен резултат на оваа измена се покажа решението со кое надзорната функција на Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи (УЈП) во приватниот сектор се помести на деловните трансакции настанати од 01.01.2015 година, а не како што првично беше уредено со контрола да се опфатат сите деловни трансакции настанати од 01.05.2014 година, како ден кога отпочна да се применува ЗФД. Втората измена на ЗФД е поопсежна и посуштествена од претходната. Едно од позначајните прашање на кое дава одговор е уредување на посебни рокови за плаќање кога плаќањето на паричните обврски се одвива на рати. Надминувањето на другите проблематични моменти од ЗФД е направено и со целосно новелирање на постапката на контрола на деловни трансакци од страна на надлежните институции (Финансиската инспекција во 1

јавниот сектор и УЈП во приватниот сектот), со поместување на моментот на известувањето од страна на судот, нотарот и извршителот за постапките за присилна наплата на неплатени парични обврски во рок и со воведување на институтот едукација. Воедно се врши усогласување на ЗФД во делот на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоците со прифаќање на новиот систем на одмерување на висината на глобите и со утврдување на фиксни износи на глоби за правни лица. ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ Примена на ЗФД на трансакции во кои јавен субјект е должник Во функција на потсетување - предметот на уредување на ЗФД е навременото исполнување на парични обврски, односно спречување на неисполнување на паричните обврски во утврдените рокови согласно со законот, кои произлегуваат од реализација на деловни трансакции меѓу: - е кономските оператори од приватниот сектор и - субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник. Економски оператори од приватниот сектор според ЗФД, се: - трговско друштво или трговец поеди-

нец основан согласно со Законот за трговските друштва и

- физички и правни лица кои вршат про-

фитна дејност и се регистрирани согласно со закон.

Субјекти од јавен сектор се:

„Службен весник на РМ“, бр. 187/13, во сила од 7 јануари 2014 година, во примена од 1 мај 2014 година; 201/14, во сила од 31.12.2014 година, а во примена од 1 јануари 2015 година и 215/15, во сила од 15.12.2015 година.

ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА НА СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР

117


Prira~nik ... 2016

ОТТУЃУВАЊЕ И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА ВО СОПСТВЕНОСТ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

С

на канцелариски и други простории и за вршење на технички, деловни, финансиски и други услуги, проектна документација, софтверски програми, долгорочни нематеријални средства и останати неспомнати средства што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите во земјата и во странство.

ВОВЕД

о Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“, бр. 78/15, 106/15 и 153/15, во натамошниот текст: Закон), се уредуваат правата и должностите на државните органи во однос на набавката, користењето и располагањето со стварите во државна сопственост и евиденцијата на стварите што како долгорочни средства ги користат државните органи за извршување на работите и задачите во земјата и во странство, како и правата и должностите на правните лица основани од државата во однос набавката, размената, користењето на недвижни и движни ствари и продажбата на движни ствари.

Ствари во општинска сопственост што ги користат општините и правните лица основани од општините стекнати по било кој основ се: - недвижни ствари - згради, посебни делови од згради и други објекти што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите и

„Користење на ствари“ подразбира право на непосредна употреба на стварите од страна на државните органи, правните лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје;

- движни ствари - опрема, опрема за сообраќај и за врски, специјален и универзален алат и опрема, опрема за уредување и одржување на канцелариски и други простории и за вршење на технички, деловни, финансиски и други услуги, проектна документација, софтверски програми, долгорочни нематеријални средства и останати неспомнати средства што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите на општините и правните лица основани од општините.

„Ствари во државна сопственост“ што го користат државните органи и правните лица основани од државата стекнати по било кој основ“ се: - недвижни ствари - згради, посебни делови од згради и други објекти што како долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите во земјата и во странство (без стварите што ги користат дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија) и - движни ствари - опрема, опрема за сообраќај и за врски, специјален и универзален алат и опрема,борбени средства, орудија и опрема кои имаат наменски карактер за одбраната и безбедноста на Република Македонија, опрема за уредување и одржување

Постапката за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапката за продажба на движни ствари, како и постапката за набавка на недвижни ствари ја спроведува Комисијата за недвижни и движни ствари. Продажбата, размената и закупот на недвижните ствари и продажбата на движните ствари се врши врз основа на проценета вредност согласно Законот за процена.

ОТТУЃУВАЊЕ И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА ВО СОПСТВЕНОСТ НА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

127


Prira~nik ... 2016

АВАНСНИ ПЛАЌАЊА КАЈ БУЏЕТСКИ (И ФОНДОВСКИ) КОРИСНИЦИ

С

метководственото евидентирање на авансите е регулирано со Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 61/02, ... и 145/15) и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 79/03 и 175/11). 1. АВАНСНА УПЛАТА ЗА НАБАВКА НА ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА

Согласно со Сметковниот план авансите за нематеријални издатоци и авансите за материјални средства се вклучени во постојаните средства и покрај тоа што претставуваат само исплатени парични средства од сметката на буџетскиот корисник, пред испорачување на претходно договорената набавка. На авансите не се пресметува амортизација и ревалоризација. Со одредбите од член 19 од Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници и член 18 од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“, бр. 28/03 и 101/13) пропишани се сметководствените политики и начела за проценување на долгорочните и краткорочните средства, според кои авансираните средства се искажуваат по набавната вредност. Исплатата на авансите за набавка на постојани средства треба да се изврши согласно член 49 од Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“, бр. 136/07; ... и 27/16), според кој договорениот орган не може да предвиди авансно плаќање поголемо од 20% од вредноста на договорот. Договорениот орган пред исплатата на авансот задолжително обезбедува банкарска гаранција од носителот на набавката во висина на договорениот аванс. Исплатата на авансите треба да следува откако претходно се спроведени постапките пропишани со Законот за

јавни набавки и е извршен избор на економскиот оператор согласно правилно извршената евалуација. Евидентирањето на исплатените аванси за набавка на постојани средства или материјали се врши на тој начин што се користат сметките 005 (аванси за нематеријални средства) или 026 (аванси за материјални средства) и сметката 290 заради воспоставување на билансна рамнотежа. Наведениот начин на евидентирање, без одобрување во Деловниот фонд, е заради фактот што авансите не се средства со кои располагаат буџетските корисници, туку се само одлеани средства од нивните жиро сметки, со цел да се набават средствата. За разлика од авансите, постојаните средства се материјални или нематеријални добра во сопственост на буџетските корисници и истите се во фаза на употреба. Од тука произлегува констатацијата дека само во случај на набавени постојани средства и прием на истите во просториите (на имотот) на буџетскиот корисник треба да се евидентираат со зголемување на изворите на деловните, односно капиталните средства. Пример:

Министерството „НН“ исплатило аванс на добавувачот „Макекспорт“- Скопје за набавка на мебел во износ од 140.000 денари. Мебелот е испорачан во договорениот рок и извршен е прием врз основа на фактура и испратница. Според фактурата, мебелот е со вкупна вредност од 700.000 денари. Разликата од уплатениот аванс и вкупната вредност на мебелот ќе се исплати од сметката со истовремено искажување на расходот, како и затворање на сметките за активни и пасивни временски разграничувања.

АВАНСНИ ПЛАЌАЊА КАЈ БУЏЕТСКИ (И ФОНДОВСКИ) КОРИСНИЦИ

135


Prira~nik ... 2016

ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА КРЕДИТИ ВО ЈАВЕН СЕКТОР

К

ритериумите, начинот, условите, ограничувањата и постапката за задолжување на буџетските корисници се дефинирани во Законот за јавен долг („Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 88/08, 35/11 и 139/14), додека начинот на евидентирање на краткорочните и долгорочните кредити и заеми е утврден со сметководствените принципи и начела кои се пропишани со Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници и Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници.

I. ДРЖАВЕН ДОЛГ И ЈАВЕН ДОЛГ Според Законот за јавен долг, државниот долг претставува збир на финансиските обврски создадени со задолжување на Република Македонија, јавните установи основани од Република Македонија и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, не вклучувајќи го долгот на јавните претпријатија и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата, општините и општините на градот Скопје. За разлика од државниот долг, јавниот долг како поширока категорија, ги опфаќа државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје за кои државата има издадено државна гаранција. Напомена:

Долгот на Народната Банка на РМ не е ставен во ниедна категорија. Порано беше третиран како јавен долг, но со измените од „Службен весник на РМ“ бр. 139/14, одредбите кои ја поврзуваа Народна банка со јавниот долг се избришаа.

ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА КРЕДИТИ ВО ЈАВЕН СЕКТОР

Носители на јавниот долг според актуелниот Закон за јавен долг може да бидат: - Владата на Република Македонија, - јавните установи основани од Република Македонија, - општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје, - јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и - трговските друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Управувањето со јавен долг претставува збир на мерки и активности кои Министерството за финансии ги презема во рамките на надлежностите определени со овој или друг закон. Напомена:

Со суштинската и многу значајна измена на Законот за јавен долг во 2011 година, се замени „Стратегијата за управување со јавниот долг“ со „Политиката на управување со јавен долг“ која претставува збир на мерки и активности преземени од Министерството за финансии. „Стратегијата за управување со јавниот долг“ беше најзначајниот акт за управување со јавниот долг донесен од страна на Собранието на Република Македонија, со што се имаше поголема транспарентност во управувањето со долгот. Но со укинување на истата и премин на „Политика на управување со јавен долг“ се намали отчетноста пред јавноста. Политиката на управување со јавен долг се утврдува за период од три години и претставува дел од фискалната стратегија на Министерството за финансии.

139


!

НАЈНОВО

ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО

РАБОТЕН СПОРЕД МСФИ И СМЕТКОВНИОТ ПЛАН автор Душан Димитров коавтори М-р Павле Гацов М-р Драган Димитров

740

страни

3.150 денари

тел: 02/ 3162-979 и 3229 479, kontakt@proagens.com.mk

НА

ЈНО

НА

ВО

!

НА

ЈНО

ВО

!

1.650 денари

1.850 денари

PROAGENSOV ANALITI^KI SMETKOVEN PLAN

800

denari na 224 strani

www.proagens.mk

1.950 денари

ЈНО

ВО

!


! О Н

ЕЛ У Т К А

С О В Е Т У В А Њ Е за ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИТЕ ПРОПИСИ ЗА ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР, ДАНОЧНОТО РАБОТЕЊЕ И ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

од 12 до 15 мај 2016 година (четврток - недела) во Белград, Србија во х. „88 ROOMS“, 4*

ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО I. ПРАВЕН РЕЖИМ НА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ - Обврски на институциите од јавниот сектор и правните лица од приватниот сектор според Законот за заштита на укажувачи - Кој има статус на укажувач? - Што е заштитено пријавување? - Како да се изготви интерниот акт за заштитено внатрешно пријавување? - Видови на заштита на укажувачот - Кој известува полугодишно и годишно за примените пријави од укажувачи? II. НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА - Нов рок за свикување и одржување на Собирот на содружниците во ДОО и на Собранието на акционерите во АД - Задолжителни елементи на поканата за свикување на Собирот на содружниците - Воведување на режимот на големи зделки кај друштвата со ограничена одговорност. III.ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР - Рокови за плаќање на институциите и правните лица од јавниот сектор во 2016 година - Рокови кај повеќегодишните јавни набавки. IV. ДАНОЦИ 1) ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ REVERSE CHARGE - Двегодишно практикување - Примена на REVERSE CHARGE во градежништвот - Промет на отпадни материјали со REVERSE CHARGE - Преземени средства од хипотеки со и без извршување 2) ГРАЃАНИТЕ ВО СИСТЕМОТ НА ДДВ - Најчести (почетнички) грешки, - Процедури и правила на постапување - Користење на правото на одбивка на влезното ДДВ - Евиденција за даночни цели


3) ЗАДРЖАН ДАНОК - Задржан данок на исплатена дивиденда на странски правни и физички лица 4) ДАНОК НА ДОБИВКА - Одложено даночно средство и одложена даночна обврска (МСС 12 и оддел 29 на МСФИ за МСЕ) - Намалување на тековната даночна основа на данокот на добивка за одложеното признавање на веќе оданочените трошоци за минати даночни периоди (посебности кај буџетските корисници) 5) ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ - Даночен третман и сметководствена евиденција на доброволното пензиско осигурување 6) НАГРАДНИ ИГРИ - Даночен третман на приходите остварени од наградни игри V. БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ АВАНСНИ ИСПЛАТИ кај буџетски корисници - Аванси за набавка на основни средство - Аванси за набавка на материјали - Авансни исплати за трошоци на вработените ПРЕНЕСЕНО ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИ - Одлуки за пренесено право на користење - Пренесено право со продажба - Давање под закуп - Евиденција на продажба и дадени ствари во закуп НАБАВКИ ПО ОСНОВ НА ЛИЗИНГ КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ VI. ЈАВНИ НАБАВКИ - Планирање на буџетот за јавни набавки и негово спроведување Важно: Учесниците на Советувањето од административниот сектор ќе добијат Сертификат за реализирана обука, како доказ за извршено стручно усовршување од член 54 на Законот за административни службеници. За секој учесник на Советувањето е изготвен Прирачник! ЦЕНИ! Цената на Прирачникот изнесува 3.000 денари по учесник. За втор и нареден учесник од ист правен субјект цената на Прирачникот изнесува 2.500 денари по учесник. Цената е со вклучен ДДВ. Во цената е вклучен и работен прибор и кафе. Прирачникот се уплатува на сметката на: Агенција „Про Агенс“ 210 - 0503940101 - 43, Тутунска банка. Повикување на број: 478.

www.proagens.mk


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО! СКОПЈЕ - БЕЛГРАД / Патување (четврток)

1 ден (12.05.)

Состанок на групата на паркингот пред ВИП хотелот (спроти Скопски саем) во 06:00 часот (четврток). Поаѓање од Скопје во 06:30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце. Патување со попатни паузи. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.

БЕЛГРАД / Советување (петок)

2 ден (13.05.)

Појадок. Советување од 10:00 часот. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.

3 ден

БЕЛГРАД / Советување / Организирана прошетка низ Белград (сабота)

(14.05.)

Појадок. Советување од 10:00 часот. Попладневна посета на Калeмегдан. Слободно време. Свечена вечера со музика во рeсторанот „Два елена“ на Скадарлија. Ноќевање.

БЕЛГРАД - СКОПЈЕ / (недела)

4 ден (15.05.)

Појадок. Патување со попатни паузи, пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Цена на аранжманот:

12.900

денари (ТРИ ПОЛУПАНСИОНИ) по лице во двокреветна соба За еднокреветна соба се доплатува 4.600 денари.

Цената на аранжманот вклучува: -

превоз со стандарден туристички автобус и организација на аражманот три полупансиони во хотелот 88 ROOMS (4*), во центарот на Белград Свечена вечера во ресторанот „ДВА ЕЛЕНА“ на Скадарлија Прошетка на Калeмегдан и еден шопинг мол.

Цената на аранжманот не вклучува: - патничко осигурување (за патниците што немаат осигурување) ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЈДОЦНА до: 28-ми април (четврток) 2016 г.

Информации на тел. 02/3162-979; 3229-479; www.proagens.mk / е-маил: kontakt@proagens.com.mk Плаќањето на трошоците за хотелско сместување и превоз се врши на сметката на Туристичката агенција „Пилот Травел“: 210 - 0571615201 - 11, кај NLB Тутунска банка. За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Пилот травел и СКТМ Информации на тел. 02/3231-446; 02/3231-556; моб. 070 250-501; факс: 3298-344 е-маил: info@pilottravel.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.