КПУ обука 2/2018
www.proagens.mk
S O D R @ I N A: 1. Д АНОЧЕН ТРЕТМАН НА НадоместоциТЕ на трошоци за сместување и превоз нА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (ГРАЃАНИ) АНГАЖИРАНИ за потребите на ПРАВЕН СУБЈЕКТ – обврзник на данокот на добивка
2. Н ОВ ЗАКОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИ кај субјектите од јавниот сектор
11
3
3. НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА НА ДОО СО ВРАЌАЊЕ НА ПАРИЧНИ И НЕПАРИЧНИ ВЛОГОВИ НА СОДРУЖНИЦИТЕ 15 4. Н овини во ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
23
5. СП ЕЦИФИЧНИ ПРОМЕТИ СО СПЕЦИФИЧНИ ДАНОЧНИ ОСНОВИ И ДАНОЧНИ ТРЕТМАНИ
28
6. С МЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕТЕКОВНИTE СРЕДСТВА КОИ СЕ ЧУВААТ ЗА ПРОДАЖБА СОГЛАСНО со МСФИ 5
46
7. К ОРИСТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ (ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ОТПРЕМНИНИ ЗА ПЕНЗИЈА, ИСПРАТНИНИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК) - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН 57 8. ДОХОД ОД ОСИГУРУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА 72 9. К АПИТАЛНИ ДОБИВКИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА 79 10. ПРЕДЛОГ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
84
11. ДОБИВКИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА 94 12. Н ов нацрт-закон за јавните набавки
96
КПУ обука 2/2018
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НадоместоциТЕ на трошоци за сместување и превоз нА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (ГРАЃАНИ) АНГАЖИРАНИ за потребите на ПРАВЕН СУБЈЕКТ – обврзник на данокот на добивка
С
о последната измена на Законот за персоналниот данок на доход, објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 190/17, во примена од 1 јануари 2018 година, во делот на даночните ослободувања се додадени неколку сродни категории на надоместување на трошоците поврзани со службеното ангажирање на физички лица кои не се во работен однос кај правниот субјект - исплатувач. Се работи за надоместување на трошоците за сместување (деталите за исхраната поврзана со сместувањето се образложени во текстот подолу) и превоз на ангажирано физичко лице, кои паѓаат на товар на исплатувачот – правен субјект. Со ова новина, извршено е усогласување на даночниот третман на овие надоместоци на ист начин како актуелното решение кај данокот на добивка - со прва примена за 2017 година. Овие ослободувања се уредени со членот 6, точките 29, 30 и 31 од Законот за персоналниот данок на доход. За деталите пишуваме во продолжение. 1) Ослободено од персонален данок на доход е надоместувањето на трошоците за сместување (ноќевање или ноќевање со појадок) и превоз за лица кои не се вработени кај исплатувачот, а кои се ангажирани за извршување на работа кaј исплатувачот во функција на неговата дејност врз основа на документи за направените трошоци. (точка 29) Со самото користење на категоријата „... надоместоци на трошоци за...“ законодавецот сакал да се дистанцира од формата на тнр. остварен ПРИХОД од страна на физичкото лице кое користи сместување и / или превоз кога врши службени активности за потребата за правното лице. На овој начин споменатите трошоци стануваат функционални, од-
носно даночно признаени од една страна, а од друга страна, истите не претставуваат приход за ангажираните физички лица. Ова ослободување имаат еднакво право да го користат правни лица исплатувачи од: профитниот, непрофитниот и буџетскиот сектор. Сепак, со последната измена на Законот за персоналниот данок на доход дополнително се уредени посебни ослободувања во сличен контекст, а кои се однесуваат посебно на непрофитните, односно на синдикалните организации. За нив пишуваме во точките 2) и 3) од овој текст. Согласно со точкаta 29) на членот 6 од Законот за персоналниот данок на доход не се оданочува со персонален данок на доход надоместувањето на документираните трошоци на физички лица (резиденти и/или нерезиденти) кои не се вработени кај домашниот исплатувач (правно или физичко лице-самостоен вршител на дејност) а кои се ангажирани во врска со извршување на работа кај исплатувачот во функција на неговата дејност направени за: - сместување (на база ноќевање или ноќевање со појадок; Важно: полупансионот и полниот пансион се исклучени од ваквата можност) и - превоз. Напомена:
До 2017 година, ваквите надоместувања на трошоците се оданочуваа како приходи по основ на договор на дело по стапка од 11,11% на вредноста на сместувањето, односно превозот. Инаку, ваквите надоместувања за прв пат за 2017 година добија третман на даночно признаени трошоци за целите на составу-
ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА НадоместоциТЕ на трошоци за сместување и превоз нА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (ГРАЃАНИ) АНГАЖИРАНИ за потребите на ПРАВЕН СУБЈЕКТ – обврзник на данокот на добивка
3
КПУ обука 2/2018
НОВ ЗАКОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИ кај субјектите од јавниот сектор
1. Цел на Законот
З
аконот за пријавување и евиденција на обврски е целосно нов законски пропис во нашиот законодавно-правен поредок насочен кон воспоставување на централизиран електронски систем за следење на начинот на располагање со јавни средства од страна на јавните субјекти, преку пријавување и евидентирање на сите преземени, недоспеани, доспеани и неплатени обврски.
говорни органи согласно со Законот за јавните набавки. Попрецизно, заради елиминирање на можни дилеми и секаков вид на забуни околку идентификацијата на субјектите (во натамошниот текст: предметните субјекти), имајќи го предвид членот 2, произлегува дека ЗПЕО се однесува на: • органите на државната власт, • единиците на локалната самоуправа,
Законот за пријавување и евиденција на обврски (во натамошниот текст: ЗПЕО) е објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 64/18, со влегување во сила осмиот ден од денот на објавувањето (19.04.2018 година), а ќе започне да се применува 30 дена од денот на неговото влегување во сила (од 19 мај 2018 година).
• установите и институции кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон основани од Република Македонија или единиците на локална самоуправа и
Целта на ЗПЕО е преку единствена и сеопфатна електронска евиденција на обврските во јавниот сектор, почнувајќи од моментот на нивното настанување па се до реализацијата на истите, да се овозможи увид во целисходноста на преземањето на истите, со што би се постигнало:
• јавните претпријатија, трговските друштва, заводите, агенции, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија или единиците на локалната самоуправа.
- обезбедување и одржување транспарентност и отчетноста во работењето со јавни средства и - јакнење на одговорноста кај субјектите во чиј домен спаѓа располагањето со јавни средства.
2. Субјекти опфатени со ЗПЕО Субјектите на кои се однесува ЗПЕО се дефинирани во членот 2. Тоа се буџетски корисници и единки корисници на буџетските средства, но и пошироко тука се вклучени и субјектите на јавно право чие работење подлежи под системот на јавни набавки како до-
НОВ ЗАКОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ОБВРСКИ кај субјектите од јавниот сектор
3. Предмет на ЗПЕО Предмет на ЗПЕО е пријавување и евидентирање на обврските во кои предметните субјекти се јавуваат како должници. ЗПЕО се однесува на: • преземени, а недоспеани обврски и • доспеани, а неплатени обврски. Напомена:
Ваквото законско раздвојување на предметот на Законот, во праксата ќе бара од сметководителите во јавниот сектор да уредат соодветна аналитичка евиденција за обврските, од аспект на: а) рокот на доспевање и б) рокот (валутата) на плаќање.
11
КПУ обука 2/2018
НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА НА ДОО СО ВРАЌАЊЕ НА ПАРИЧНИ И НЕПАРИЧНИ ВЛОГОВИ НА СОДРУЖНИЦИТЕ 1. ЕВИДЕНЦИЈА НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА ВО ДОО
Д
руштвата со ограничена одговорност се трговски друштва, во кои едно или повеќе правни или физички лица, внесуваат влогови во однапред договорен основен капитал. Според тоа, секое друштво со ограничена одговорност, основано од еден или повеќе основачи (ДООЕЛ или ДОО), отпочнува да работи и ја извршува дејноста со определен износ на основна главнина. Влоговите кои можат да бидат исти или различни, може да бидат обезбедени во парични средства или пак во вложени средства за работа (непаричен влог). Колкава ќе биде основната главнина определуваат основачите, според планираниот (предвидениот) обем на работа и потребите за извршување на дејноста, а минимумот е определен со член 172 од Законот за трговските друштва - „ЗТД“ 1. Така е определено дека, основната главнина, не може да биде пониска од 5.000 eвра во денарска противвредност, според средниот курс објавен од Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишувањето на договорот за друштвото, односно на изјавата за основање на друштвото. Имотот создаден со вложувања во трговското друштво се изразува во пари и ја претставува основната главнина на друштвото. Основната главнина на друштвото како збир на влоговите на содружниците, се запишува во Договор за друштвото. Доколку станува збор за основање на трговско друштво од едно лице (ДООЕЛ) основачот дава Изјава за основање на друштвото.
1
Содржината на договорот за друштвото, односно на Изјавата основачите ја определуваат во согласност со Законот за трговските друштва. Правата и обврските што содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина на трговското друштво се негов удел во друштвото, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност. По запишување на основната главнина во документот Тековна состојба што го издава Централниот регистар, истата треба да се евидентира, како прв настан, во сметководството на новооснованиот субјект. Пример:
Основано е друштво со за ограничена одговорност од два содружника (А.С. и М.Н.) при што нивните влогови изнесуваат по 3.000 евра секој, во денарска противвредност 184.500 денари. Целосниот износ на влоговите е уплатен на времена сметка во банка, за што е доставен доказ до Централниот регистар. По завршената регистрација, во истата банка е отворена трансакциска сметка на новото друштво, на која се префрлени уплатените износи (влогови). Врз основа на уплатените влогови, содружниците се стекнале со удели во иста вредност, кои се евидентираат со книжењето дадено во продолжение.
www.proagens.mk
Закон за трговските друштва („Службен весник на РМ“, бр. 28/04, ... и 61/16).
НАМАЛУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ГЛАВНИНА НА ДОО СО ВРАЌАЊЕ НА ПАРИЧНИ И НЕПАРИЧНИ ВЛОГОВИ НА СОДРУЖНИЦИТЕ
15
КПУ обука 2/2018
Новини во ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ВОВЕД
З
аконот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 64/18 и влезен во сила на 19.04.2018 година, донесува повеќе нови решенија во доменот на зајакнување на принципот на транспарентност во работењето на јавните претпријатиј; во поглед на условите за именување на членовите на органите на јавните претпријатија и условите предвидени за давателите на услуги од категоријата А, како и во однос на располагање со вишокот на средства остварени од работењето на јавното претпријатие од страна на основачите - Република Македонија, општините и градот Скопје.
ПРЕГЛЕД НА НОВИ РЕШЕНИЈА ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА (ЗЈП) 1 1. Прецизирање на обврската и рокот за доставување тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење до основачот; 2. Воведување на обврска за усвојување на тримесечните извештаи од страна на управниот одбор пред доставување до основачот; 3. Воведување на обврска за објавување на тримесечните извештаи на веб страницата на јавното претријатие или на веб страницата на основачот, во законскиот рок;
1
Членот 5 од ЗЈП, кој ги уредува изворите на финансирање на јавните претпријатија, се дополнува во делот на обврската за доставување на тримесечните извешта кои содржат показатели за финансиското работењеи до основачот, на начин што се утврдува дека јавното претпријатие е должно: • да ги доставува до основачот усвоените тримесечни извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, најдоцна 20 дена по истекот на тримесечјето. • по усвојување од страна на управниот одбор на јавното претпријатие, финансискиот извештај да го објави на својата веб страница најдоцна 30 дена по истекот на тримесечјето, односно на веб страницата на основачот доколку нема своја веб страница.
4. Воведување на обврска за објавување на годишните сметки и финансиските извештаи; Со новиот член 7-а јавното претпријатие се обврзува годишните сметки и финансиските извештаи да ги објави на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на годишната сметка до Централниот регистар на РМ. Јавното претпријатие кое нема веб страница, годишните сметки и финансиските извештаи е должно да ги објави на веб страницата на основачот.
“Службен весник на РМ“, бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18.
Новини во ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
23
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
СПЕЦИФИЧНИ ПРОМЕТИ СО СПЕЦИФИЧНИ ДАНОЧНИ ОСНОВИ И ДАНОЧНИ ТРЕТМАНИ
С
о Законот за ДДВ („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 189/16) е определена даночната основица за ДДВ, како генерално (преку членовите 16 и 17), така и специфично, кога се во примена посебни даночни основици од член 19 на Законот. Генералното определување направено во членовите 16 и 17 ја дефинира даночната основа како вкупен износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност (член 16). Под надоместок се подразбираат пари, добра, услуги и други бенефиции според пазарната цена која ја плаќа или треба да ја плати примателот на доброто, или корисникот на услугата или некое друго лице. Оваа даночна основа (според член 17) ги опфаќа: 1. Даноците, вклучувајќи ги акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен данокот на додадена вредност; 2. Зависните трошоци за пакување, натовар, истовар, превоз и осигурување, како и провизиите и другите трошоци кои даночниот обврзник му ги пресметал на примателот на доброто или на корисникот на услугата и 3. Субвенциите кои се директно поврзани со цената на прометот на доброто или услугата.
За група специфични трансакции - оданочиви промети, предвиден е посебен даночен третман преку примена на посебни даночни основи за овие промети.
Согласно со член 19 од Законот, примената на посебни даночни основици е предвидена во случаите на: 1. Земање на добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност; 2. Промет на добра без надомест од страна на даночни обврзници (трговски друштва и други здруженија на лица) спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите и спрема нив блиски лица; 3. Задржување на добра од страна на даночниот обврзник или од лицето кое стапува на негово место, по престанувањето со вршењето на стопанската дејност; 4. Користење добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични по-треби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него, или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност; 5. Во случаи на размена, односно кога надоместокот за прометот на доброто или за услугата се состои во целина или делумно во промет на друго добро или друга услуга; 6. За прометот остварен по пат на лицитација, 7. Во случај на промет на употребувани добра, 8. За услугата за отстапување на привремени агенциски работници, 9. При отстапување на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршено од страна на закупецот.
28
www.proagens.mk
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕТЕКОВНИTE СРЕДСТВА КОИ СЕ ЧУВААТ ЗА ПРОДАЖБА СОГЛАСНО со МСФИ 5
СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН НА НЕТЕКОВНИTE СРЕДСТВА КОИ СЕ ЧУВААТ ЗА ПРОДАЖБА СОГЛАСНО СО МСФИ 5 1. ВОВЕД
С
метководствениот третман на долгорочните (нетековни) средства, кои друштвото ги класифицирало како имот што е наменет за продажба, е регулиран со Меѓународниот стандард за финансиско известување - МСФИ 5 - Нетековни средства кои се чуваат за продажба и прекинати работења, кој е составен дел на Правилникот за водење сметководство (“Службен весник на РМ”, бр. 159/09, 164/10 и 107/11), а го применуваат големите и средни субјекти согласно со Законот за трговските друштва ЗТД (“Службен весник на РМ”, бр. 28/04 ... и 64/18). еѓународниот стандард за финансиМ ско известување за мали и средни субјекти - МСФИ за МСЕ, кој исто така е составен дел на спомнатиот Правилник, а согласно со ЗТД го применуваат малите и микро субјекти, не содржи посебен оддел кој го пропишува сметководствениот третман на нетековните средства класифицирани како имот за продажба што значи дека за ваквите случаи нема пропишани посебни сметководствени барања како што е тоа случајот со МСФИ 5. Според МСС 1 - Презентирање на финансиски извештаи, нетековните средства се материјалните, нематеријалните и финансиските средства од долгорочна природа, кои ги исполнуваат следните услови:
- д руштвото не очекува дека ќе го реализира средството, или нема намера да го продаде или употреби, во рамките на неговиот нормален оперативен циклус (обично 12 месеци), - д руштвото не го чува средството главно за цели на тргување (продажба), - д руштвото не очекува дека ќе го реализира средството во рамките на 12-те месеци по периодот на известување, - с редството не претставува пари или паричен еквивалент, кој може да се размени или употреби во рамките на 12-те месеци по периодот на известување. МСФИ 5 го специфицира сметководството за нетековните (материјални и нематеријални) средства кои се чуваат за продажба, презентирањето и обелоденувањето на прекинатото работење, а ги дефинира овие средства на следниот начин: - нетековните средства кои се чуваат за продажба (или група за оттуѓување) се средства чија сметководствена вредност ќе биде надоместена главно преку трансакција на продажба, наместо преку континуирано користење. Средствата кои се класифицирани како нетековни согласно со МСС 1, кога ќе ги исполнат условите што МСФИ 5 ги утврдува за нетековните средства кои се чуваат за продажба, се класифицираат како тековни средства (како залиха - група 67).
46
kontakt@proagens.com.mk
www.proagens.mk
КПУ обука 2/2018
КОРИСТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ (ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ОТПРЕМНИНИ ЗА ПЕНЗИЈА, ИСПРАТНИНИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК) - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
Р
аботниците имаат право, а соодветно на тоа, работодавачите имаат обврска за исплата на плата за пружената услуга од страна на работниците, по основ на договорот за вработување, како и на надоместоци на трошоци и други примања од работен однос, согласно со Законот за работни односи, други закони и општите и грански колективни договори за приватен и јавен сектор. Јубилејната награда, отпремнината за заминување во пензија и испратнината по основ на „технолошки вишок“ се само еден дел од надоместоците на кои работниците имаат право по основ на работен однос.
Користите за вработените, според МСС 19 (одделот 28), вклучуваат:
Трошоците на персоналот претставуваат значителен дел на вкупните тековни трошоци на било кое друштво, поради што е посебно важен нивниот сметководствен и даночен третман.
б) користи по престанок на работниот однос, како што се пензии, други пензиски користи, животно осигурување по престанок на работниот однос и медицинска грижа по престанок на работниот однос,
Сметководствениот третман на краткорочните примања на вработените, како што се плати и надомести на плата за отсуства и боледувања, и на долгорочните резервирања кои се однесуваат на трошоците на отпремнини за пензија и јубилејни награди, е регулиран со МСС 19 - Користи за вработените (за големи и средни субјекти) и Одделот 28 - Користи за вработените на МСФИ за МСЕ (за мали и микро субјекти). Двата стандарди се составен дел на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11), како единствен сметководствен пропис што задолжително го применуваат субјектите од приватниот сектор. Примената на МСС 19 и Одделот 28 не е значајно застапена во нашата деловна пракса, со исклучок на праксата на поголемите компании, но сепак е во пораст, поради што е тема на разработка во овој текст.
kontakt@proagens.com.mk
а) краткорочни користи за вработени, како што се плати, надомести и придонеси за социјално осигурување, платени годишни одмори и платени отсуства поради боледување, учество во добивката и бонуси (доколку треба да се платат во рамките на дванаесет месеци од крајот на периодот) и немонетарни користи (како што е медицинска грижа, домување, автомобил и бесплатни или субвенционирани добра или услуги) за постојните вработени,
в) други долгорочни користи за вработените, вклучувајќи отсуства по долгогодишна служба или отсуство по определен број на години, јубилејни награди или други користи за долгогодишна служба, користи заради долгорочна инвалидност и, доколку не се плативи целосно во текот на дванаесет месеци после крајот на периодот, учества во добивка, бонуси и одложени примања. г) отпремнини. МСС 19 и Одделот 28 ги разграничуваат примањата на вработените на: - краткорочни користи (примања) - кои доспеваат за плаќање во рамки на 12 месеци, по крајот на периодот во кој вработените ја пружале поврзаната услуга, - долгорочни користи (примања) - кои не доспеваат за плаќање во рамките
КОРИСТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ (ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ОТПРЕМНИНИ ЗА ПЕНЗИЈА, ИСПРАТНИНИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК) - СМЕТКОВОДСТВЕН И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН
57
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
ДОХОД ОД ОСИГУРУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА
З
аконодавецот во текот на 2018 година изготви предлог на сосема нов Закон за данокот на личен доход (во продолжение Закон за ДЛД), кој доколку се објави како официјален пропис, ќе почне да се применува од 1 јануари 2019 година кога ќе го замени тековно важечкиот Закон за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 190/17). Со новиот закон за прв пат се пропишува доходот од осигурување како нова категорија на оданочив доход на физичките лица. Во тековно важечкиот ЗПДД воопшто не е прецизно уреден даночниот третман на доходот остварен од осигурување. Единствено, во ЗПДД е јасно уредено даночното ослободување на исплатениот надоместок на штета по основ на животно и неживотно осигурување согласно со член 6 точка 17, кој го исплатува осигурителната компанија. Исто така, во членот 95 став 2 на ЗПДД е пропишано дека како исплатувач на лични примања и на други приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка се смета осигурителното друштво, кое го задржува данокот на премијата за осигурување согласно со менаџерскиот договор. Оваа одредба е сосема погрешна од аспект што премијата по договорот за осигурување ја исплатува договорувачот (работодавач-правно лице, односно физичко лице), додека осигурителното друштво може да исплати или надомест на штета (даночно ослободен) или износ за доживување на осигуреникот-физичко лице/корисник на осигурување (кога е јасно дека треба да се плати персонален данок) или на правното лицеработодавач (кога е јасно дека не треба да се плати персонален данок). Оваа одредба, исто така, е непрецизна од причина што се повикува само на менаџерскиот договор, додека во пракса е често (не)животното осигурување на вработените од страна на работодавачите. Последователно, во недостаток на јасни за-
72
конски одредби за оданочувањето со персонален данок, а сепак непроменети во однос на доходот од осигурување, во праксата Министерството за финансии и УЈП издаваа разни и спротивставени мислења за третманот на премиите од аспект на персоналниот данок, кои работодавачите ги плаќаат за своите вработени и менаџери, по основ на полиси (договори) за животно осигурување. Од друга страна, за платените премии од страна на работодавачите за колективно осигурување на вработените лица од повреди на работи, кое се смета за неживотно осигурување, ставовите на УЈП беа континуирано непроменети, во однос на нивно даночно ослободување од персонален данок. Во насока на решавање на горенаведените дилеми, законодавецот прецизно го уредува даночниот третман, даночното ослободување и начинот на пресметка на данокот на доходот од осигурување во предлогот на новиот Закон за ДЛД. Во дел 10, членовите 73 до 75 на предлогот на новиот Закон за ДЛД, го пропишуваат опфатот на доходот од осигурување, обврзникот на данокот на доход и даночната основа.
ЕФИНИРАЊЕ НА ДОХОДОТ Д ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ДЛД Според членот 3 на предлогот на новиот Закон за ДЛД, доходот што подлежи на оданочување остварен во земјата и во странство го опфаќа и доходот од осигурување. При тоа, на оданочување подлежи доходот што е остварен во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид. Под доход од осигурување се подразбира: 1) премијата за осигурување на живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност; www.proagens.mk
КПУ обука 2/2018
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА
З
аконодавецот во текот на 2018 година изготви предлог на сосема нов Закон за данок на личен доход (во продолжение Закон за ДЛД), кој доколку се објави како официјален пропис, ќе почне да се применува од 1 јануари 2019 година кога ќе го замени тековно важечкиот Закон за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 190/17). Со новиот предлог-Закон за ДЛД се предлага проширување на опфатот на капиталните добивки кои се предмет на оданочување според тековно важечкиот ЗПДД, така што покрај капиталните добивки од хартии од вредност, учество во капиталот (удел) и недвижен имот, се предлага предмет на оданочување да бидат и капиталните добивки од подвижен имот и нематеријален имот. Исто така, се предлага зголемување на основата за оданочување, односно намалување на даночните олеснувања при пресметка на данокот за капитални добивки. ПРОШИРЕН ОПФАТ НА ОДАНОЧИВИТЕ
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ
Според новиот предлог-Закон за ДЛД, како капитална добивка, која е предмет на оданочување со данок на доход, се подразбира позитивната разлика помеѓу продажната и набавната цена при продажба на: - недвижен имот, - хартии од вредност, - учество во капиталот (удел), - друг подвижен имот и - нематеријален имот.
kontakt@proagens.com.mk
Напомена:
Новиот предлог-Закон за ДЛД предлага да се одложи оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност за уште една година (според тековно важечкиот ЗПДД треба да започне од 1 јануари 2019 година) и да започне од 1 јануари 2020 година. За прв пат се предлага оданочувањето на капитална добивка од продажба на подвижен имот, во кој спаѓаат возила, опрема, пловила итн. Законодавецот би требало попрецизно да го дефинира подвижниот имот, за чија продажба би се оданочувала капиталната добивка, од причина што во пракса граѓаните често продаваат и предмети од личното домаќинство, компјутери, мебел, книги, облека, обувки итн. со цел да не се оптоваруваат ниту граѓаните, ниту даночната управа, со преобемна даночна администрација со мал даночен ефект. сто така, за прв пат се предлага оданочуИ вањето на капитална добивка од продажба на нематеријалниот имот, со цел да се опфатат и нови современи типови на имот, како што се криптовалутите. Меѓутоа, поради преобемниот опфат на дефиницијата на нематеријален имот (права на интелектуална сопственост: авторски права /софтвер/ и сродни права; права на индустриска сопственост: лиценци, патенти, лого, трговска марка итн.), со цел на правилно даночно постапување во праксата, законодавецот е потребно поблиску да го дефинира нематеријалниот имот, за чија продажба би се оданочувала капиталната добивка.
02/ 3162-979 i 3298-763
КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА
79
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
ПРЕДЛОГ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
ВОВЕД
С
о Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (објавен од Министерството за труд и социјална политика во фаза на подготовка) се предлагаат повеќе решенија со кои главно се врши доуредување, усогласување и појаснување на постојните одредби од Законот за работните односи (ЗРО), 1 но и се предлагаат целосно нови решенија особено во делот на престанокот на работниот однос од деловни причини, со цел на зајакнување на правната положба на работникот преку воведување на критериумите за определување на вработени на кои им престанува работниот однос; воведување на право на првенствено вработување; забрана за ново вработување во траење од две години на работи на кои работниот однос бил откажан поради деловни причини; зголемување на износот на испратнина... . Се предлага и намалување на траењето на јавниот оглас и на пробната работа, се доуредуваат правата на работниците кои работат ноќно време и правата на приправници и се предлагаат останатите измени на начин прикажан во овој текстот.
ПРЕДЛОГ НА НОВИ РЕШЕНИЈА 1. Се проширува опфатот на забраната на дискриминација во однос на работниците вработени на определено време со вклучување, покрај условите на вработување, и на останатите права и обврски од работен однос; Со дополнување на членот 8 став 3 од ЗРО, се надминува законската недоследност од 2010 година (измена на ЗРО – 124/10) во поглед на опфатот на правата и обврските на работниците на определено време кои се гарантираат со принципот на забрана на дискриминација на начин што нивниот работно правен статус целосно се изедначува со статусот на работниците на неопределено време т.е. се обезбедува принципот на еднакав третман на работниците без оглед на траењето на договотот за вработување. Доуредениот член 8 став 3 гласи: „Во однос на условите на вработување и во останати права и обврски од работен однос, работниците на определено време не се третираат на понеповолен начин од работниците на неопределено време само затоа што имаат договор за вработување на определено време, освен ако различниот третман е оправдан од објективни причини.“
1
kontakt@proagens.com.mk
„Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16__Предлог; како и 12 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16; последен пречистен текст на ЗРО: 167/15.
84
www.proagens.mk
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
ДОБИВКИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - ПРЕДЛОГ НА НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ОД 2019 ГОДИНА
З
аконодавецот во текот на 2018 година изготви предлог на сосема нов Закон за данокот на личен доход (во продолжение Закон за ДЛД), кој доколку се објави како официјален пропис, ќе почне да се применува од 1 јануари 2019 година кога ќе го замени тековно важечкиот Закон за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 190/17).
Во новиот предлог-Закон за ДЛД не е предложена измена на одредбите, кои се однесуваат на оданочувањето на добивките од игри на среќа, освен што е предложено воведување на повисока даночна стапка од 15%, без примена на даночна прогресија.
ОПФАТ НА ОДАНОЧИВИТЕ ДОБИВКИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА од добивки од игри на среќа се подразбира доходот што обврзникот го остварува со учестП во во игри на среќа уредени со Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на РМ“, број 24/11 ... и 178/16-8; У. суд- 90/17).
Игрите на среќа согласно со овој закон се разграничуваат на три вида: општи, посебни и интернет игри на среќа. Општи игри на среќа: 1) лотариски игри на среќа;
Посебни игри на среќа: 1) игри на среќа во казино;
2) електронски игри на среќа;
2) игри на среќа во обложувалница;
3) наградни игри; 4) интерактивни игри на среќа.
3) игри на среќа во автомат клуб.
Интернет игри на среќа: Општите и посебните игри на среќа, како и други видови на игри на среќа, во кои учесникот може да учествува преку глобалната интернет мрежа.
ЕДИНСТВЕНА ДАНОЧНА СТАПКА ЗА ДОБИВКИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА Со предлог-новиот Закон за ДЛД не е предложена даночна прогресија за оданочувањето на добивките од игри на среќа. Имено, согласно со членот 12, данокот на доход за добивките од игри на среќа се плаќа по единствена стапка од 15% (наместо со 10%).
ДАНОЧНА ОСНОВА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДАНОКОТ ОД ДОБИВКИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА Основа за пресметување на данокот на добивките од игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката. По исклучок од ова правило, основа за пресметување на данокот на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката. од поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на П играта на среќа.
94
www.proagens.mk
Pr fesionalna Edukacija
Agencija Pro Agens
Нов нацрт-закон за јавните набавки
Вовед
П
остоечкиот Закон за јавните набавки („Службен весник на РМ“, бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 192/15, 120/16 и 165/17) од неговото донесување до сега претрпи двоцифрен број на измени и дополнувања. Повикувајќи се на основните начела предвидени во законот, со некои од измените се предвидуваше поголема транспарентност во јавните набавки, зголемена конкуренција меѓу економските оператори, еднаков третман и недискриминација на истите. Објавувањето на огласи за постапките за јавни набавки на ЕСЈН од 2012 година стана задолжително и за постапките до 5.000 евра, односно се исклучи можноста за склучување на договори за јавни набавки за тие постапки со испраќање на понуди до најмалку три понудувачи. Се воведе задолжителна сертификација на лицата кои работат во јавните набавки со цел нивна професионализација и стручно усовршување за да се овозможи подобро и поефикасно спроведување на постапките. Како инструмент за гаранција на понудата од економските оператори се воведе „изјава за сериозност“ која претставуваше инструмент на гаранција на понудата, односно дека понудувачот е сериозен при поднесување на понудата и нема да отстапи од истата во текот на целиот период на важност на понудата. Во спротивно, истото резултира покрај со исклучување од понатамошниот тек на постапката, со издавање на негативна референца што значи забрана за учество во постапки за јавни набавки во период од една до максимални пет години. Се воведе задолжително спроведување на технички дијалог, посебни услови за спрове-
96
дување на специфични предмети на набавка, како на пример набавка на софтверско решение, авионски билети, здравствени прегледи, топол оброк за основните училишта, превоз на ученици итн. Една од поважните измени е и постепеното воведувањето на обврската за целосно спроведување на електронски постапки од 2018 година, односно постепено од 30% во 2016 година, 50% во 2017 година до целосно 100% од 01.01.2018 година. Задолжително е и користењето на електронската аукција како последна фаза на постапката. Од почетокот на 2014 година во рамки на Бирото се оформи тело кое што требаше да врши контрола на техничките спецификации и критериумите за способност во постапките, односно да го контролира начинот на кој договорниоте органи објавуваат огласи со цел да обезбеди конкуренција меѓу економските оператори. Тоа тело беше наречено Совет за јавни набавки, кое во пракса не ги даде очекуваните резултати и на крајот од 2017 година беше укинато. Големиот број на измени и дополнувања на основниот закон генерално во целост го измени првично донесениот закон, а веќе и дополнително се доцни со имплементирање на директивите од Европска Унија кои се однесуваат на јавните набавки и треба да се спроведат во пракса во нашиот закон. Од тие причини, носењето на нов Закон за јавните набавки е повеќе од неопходно. Јавните набавки се очекува да бидат едни од носечките поглавја при отворањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија. Од новиот нацрт-Закон за јавните набавки што веќе е објавен може да се забележи дека е во голема мера различен од претходниот. Во него се имплементираат голем број
www.proagens.mk