ПРИРАЧНИК - СОВЕТУВАЊЕ, ОКТОМВРИ 2016 ГОДИНА

Page 1


2016

www.proagens.mk

S O D R @ I N A: 1. ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

3

2. MЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

9

3. Д АЛИ ПОСТОИ ПРАВНА ОСНОВАНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ДОБИВКА НА НАГРАДА ЗА РАБОТНА УСПЕШНОСТ

30

4. ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ МЕЃУ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН 35 5. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ТУЃ (ЗАКУПЕН) ИМОТ

62

6. ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПОДАРОК 75 7. ДАНОЧНИ ПОВОЛНОСТИ СПОРЕД ДОГОВОРИТЕ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ ЗА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА ОД АСПЕКТ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД 91 8. СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕТО НА СТЕКНАТИ хартии од вредност СОГЛАСНО СО МСС 39 И ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ

107

9. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР ОД ДАНОЧЕН АСПЕКТ (2016-2017)

122

10. БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ ВО СИСТЕМОТ НА ДДВ

127

11. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНИ УСЛУГИ (СО ОСВРТ НА КОНСАЛТИНГ И СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ)

142


Prira~nik ... 2016

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВ ЗОУП Од 1 август 2016 година започнува примената на новиот Закон за општата управна постапка (новиот ЗОУП), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 124 од 23.07.2015 година, влезен во сила на 31.07.2015 година, со одложена примена од 01.08.2016 година, една година од денот на влегување во сила. Новиот ЗОУП има 141 член, двојно помалку од стариот ЗОУП кој има 302 члена и се оценува како акт кој треба да изврши модернизирање на системот на управни постапки, врз основа на јасна и концизна структура. Целта за донесување на новиот ЗОУП е да ја минимизира „бирократијата“, непотребниот формализам, одолговлекувањето на управните постапки и да ги скрати роковите за донесување на актите. Со тоа ЗОУП треба да обезбеди и намалување на административните трошоци на сите учесници во постапките. Тоа ќе се постигне преку: - подобрување на транспарентноста на

управните постапки;

- поттикнување на управна пракса ори-

ентирана кон услугите и професионална јавна администрација како суштински услов за економскиот развој;

- усогласување на македонската јавна ад-

министрација со стандардите на ЕУ.

Се оценува дека новиот ЗОУП како системски процесен закон ќе воведе најголеми промени во работата на јавната администрација во последните неколку децении со кои се претендира истата да стане вистински сервис за граѓаните и компаниите преку обезбедување на побрзи, поедноставни, поефикасни и поекономични управни постапки. Со отпочнување на примената на новиот ЗОУП, престанува да важи стариот ЗОУП 1 од 2005 година, чиишто почетни основи датираат уште од австрискиот Закон за управна постапка од 1925 година, усвоен, менуван и прилагодуван во системот на поранешната Југославија па понатаму во самостојна Македонија. Стариот ЗОУП е оценет од експертите како надминат од повеќе аспекти пред се заради фактот што ја одразува идејата на традиционалната бирократска управа, а не на управа на една современа држава којашто треба да испорача големи и сложени јавни услуги користејќи притоа современи административни алатки кои тешко можат да се интегрираат во концептуалната структура на стариот ЗОУП.

- поддржување на ефективното и етич-

НА

ко однесување на државните и јавните службеници во заштитата на јавниот интерес;

ЈНО

ВО !

- подобрување на ефикасноста (еконо-

мичноста) на донесувањето на управните акти во корист и на јавниот интерес и на интересот на граѓаните; - започнување со примената на современи информатичко-комуникациски технологии за испорака на административните услуги (е-администрација) и 1

1.950 денари

„Службен весник на РМ”, бр. 38/05, 110/08 и 51/11; У. суд - 118/08.

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

3


Prira~nik ... 2016

MЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

1. ВОВЕД

З

аконот за трговските друштва - ЗТД („Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, Уст. суд - 71/06, 87/08, Уст. суд - 17/09, Уст. суд - 23/09, 42/10 ,48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15 и 192/15), е основен законски акт во нашиот правен систем со кој е уреден менаџерскиот договор како договор за уредување на односите меѓу друштвото и лицата со статус на менаџери.

Во функција на разграничување од договорот за вработување, Законот за работните односи – ЗРО („Службен весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15; и 11 одлуки на Уставниот суд на РМ: 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10 и 106/14), преку два члена (54 и 55) ги нагласува спецификите на овој договор по примерот на ЗТД, нарекувајќи го договор за вработување на деловодни лица, без подетален пристап во неговото уредување. Содржината на менаџерскиот договор како корпус на права и обврски, е уредена со повеќе членови на ЗТД (членови: 350, 351, 365, 366, 371, 375, ...), во кои се утврдени договорните страни овластени за склучување и потпишување на менаџерски договор, положбата на менаџерите, нивниот работноправен статус и наградувањето, овластувања и одговорности.

МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР

2. ПОСЕБНОСТИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР 2.1. Статус на менаџер во друштвото Статус на менаџер во трговското друштво, согласно со членот 350, 365 и 366 од ЗТД имаат: Кај акционерското друштво со одбор на директори (едностепен систем на управување): извршните членови на одборот на директорите; а) Кај акционерското друштво со управен одбор и надзорен одбор (двостепен систем на управување): членовите на управниот одбор; Напомена:

о АД чија основна главнина е помала од В 150.000 € наместо управен одбор може да биде избран управител, со сите права и обврски што ги има управниот одбор - член 374 став 2 од ЗТД. б) Кај друштвото со ограничена одговорност: управител-от/ите в) Кај персоналните трговски друштва: јавно трговско друштво, командитно друштво и командитно друштво со акции: членовите на органот на управување со соодветна (аналогна) примена на одредбите кои важат за акционерското друштво и г) Раководните лица во друштвото - лицата кои со одлука на органот на управување (одборот на директори, односно управниот одбор, односно управителот) се назначени како лица со посебни овластувања и одговорности.

9


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ДАЛИ ПОСТОИ ПРАВНА ОСНОВАНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ДОБИВКА НА НАГРАДА ЗА РАБОТНА УСПЕШНОСТ

Став на УЈП изразен во бројни записници од извршени контроли на данок на добивка

У

правата за јавни приходи (УЈП), гледано низ призма на повеќе записници од извршени надворешни контроли на данокот на добивка кај различни даночни обврзници, промовира теза која, парафразирано, значи следно: Доколку даночниот обврзник континуирано секој месец исплатува на вработените награда за работна успешност, тој износ претставува плата и нема лимит во исплаќањето на плати. Во спротивно, доколку повремено се исплатува награда за работна успешност (награда, бонус) овој износ нема да се смета за плата во делот кој ја надминува максималната основица за придонеси (12 просечни плати) и истиот треба да се третира како даночно непризнаен расход бидејќи не е директно поврзан со дејноста на работодавачот?! Законски неосновано поставените параметри/правила на УЈП за различен даночен третман на истото примање: награда/бонус на вработените, условен со (не)континуирана месечна исплата на „спорниот“ износ кој ја надминува максималната месечна основица за пресметување и уплата на придонеси (12 просечни плати), при што доколку истиот износ е континуиран, се исплатува само со персонален данок (заради надминување на највисоката основица за пресметување на социјални придонеси), а ако не е, на него се пресметува и плаќа и данокот на добивка - ја поттикнаа и подетална анализа на овој проблем од наша страна. Во продолжение ќе наброиме повеќе аргументи кои колегите засегнати со ваквиот неконзистентен однос на УЈП

30

може да ги користат во своја „одбрана“ пред овој државен орган.

Можно произнесување по записникот од извршена надворешна контрола во ДОО/АД Членовите 101 и 102 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 13/06, ... и 23/16) му даваат можност на даночниот обврзник да се произнесе по однос на Записникот за извршена надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), во случајов, на данокот на добивка за соодветен даночен период, во кој УЈП констатира помалку платен данок на добивка и камата за задоцнето плаќање. Во прилог на произнесувањето може да се дадат следните забелешки: I. Исплатата извршена по основ на работната успешност на вработените е дел од нивната плата кој согласно со член 105 став 1 и 3 од Законот за работните односи (ЗРО „Службен весник на РМ“, бр. 62/05, ... и 27/16) и член 106 став 2 од ЗРО има варијабилен карактер, бидејќи не се исплатува редовно туку само тогаш кога работодавачот ќе процени дека вработениот треба да биде награден за својата работа во квантитативна и/или квалитативна смисла со што директно придонесува кон финансиски успешното вршење на дејноста на компанијата во која работи. Наградувањето (работната успешност) на вработените во актуелниот систем на бруто плата во Република Македонија е единствено можно, законито, дозволено и изводливо преку вклучување на наградата во основицата за придонеси и персоналниот данок, како додаток на основната плата утврдена од договорот за вработување. Целта на наградата е да биде стимул за поуспешно работење на вработениот и претставува расход којшто е директно повр-

www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ МЕЃУ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

Р

астечкиот процес на глобализација ги “исфрла на површина” трансферните (преносни) цени, како една од клучните ставки за целите на вреднување на трансакциите настанати меѓу поврзаните субјекти. Тие се предмет на посебен интерес како за меѓународните компании, така и за даночните управи од различни држави. Трансферните цени се појавуваат меѓу поврзани друштва, било да се меѓународни компании или локални групи на друштва (како самостојни правни субјекти, но поврзани по основ на учество во основната главнина), или пак како интерни цени меѓу деловните единици (оддели) во рамки на едно друштво (со цел интерна проценка на деловната успешност на секоја единица). еловната економија прави разлика меѓу Д трансферните цени и обичните т.е. пазарните цени, од причина што пазарните цени се утврдуваат слободно и реално преку спротивставување на понудата и побарувачката на пазарот, додека трансферните цени, пак, се формираат на различни начини, користејќи различни методи, заради остварување на целите на групата друштва како целина, така што неретко овие цени отстапуваат од реалните пазарни цени. оради ова потенцијално нереално догоП ворање/утврдување на трансферните цени, речиси секоја држава го има пропишано нивниот даночен третман во своето законодавство. Сепак, различниот (поповолен или понеповолен) даночен третман на трансферните цени во разни држави, доведува до потреба од деловно и даночно планирање, со цел групата друштва во рамки на меѓународната компанија да оствари највисока добивка на глобално ниво.

1

Се разбира, и кај нас, даночниот третман на транферните цени е уреден со Законот за данокот на добивка - ЗДД. 1 Според ЗДД, поврзано лице со даночниот обврзник е физичко или правно лице кое може да има контрола или значајно влијание на деловните одлуки на даночниот обврзник. ЗДД уредува дека за утврдување на поврзаност меѓу правните лица соодветно се применуваат одредбите на Законот за трговските друштва, додека за лица поврзани со даночниот обврзник се сметаат и лицата кои со сопствениците на даночниот обврзник или членовите на органите на управување на даночниот обврзник се припадници на исто семејство во смисла на одредбите од Законот за даночна постапка. Исто така, ЗДД регулира дека за лице кое е поврзано со даночниот обврзник се смета и секое нерезидентно правно лице од земја која има повластен даночен систем. Пред да преминеме на начинот на утврдување на трансферните цени, поврзаната деловно-даночна политика и најпосле на нивниот даночен третман, ќе ги наведеме критериумите, според кои, во нашето законодавство, се определуваат лицата со статус на поврзани субјекти. НА

ЈНО

ВО

!

1.650 денари

„Службен весник на РМ“, бр. 112/14, Авт. толкување на Собрание на РМ - 44/15, 129/15 и 23/16.

ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ МЕЃУ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ И НИВЕН ДАНОЧЕН ТРЕТМАН

35


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ВЛОЖУВАЊАТА ВО ТУЃ (ЗАКУПЕН) ИМОТ Вовед Услугите на давање под закуп често се јавуваат во стопанското делување на многу субјекти, било како нивна редовна дејност, било како повремен начин на стекнување на приходи. Она што е интересно за овие услуги е што масовно се застапени и кај физичките лица кои својот имот (подвижен или недвижен) го отстапуваат за користење на правни или пак други физички лица.

Правната форма, обврските на закуподавачот, обврските на закупецот, отуѓувањето на закупениот предмет, пренесувањето на закупот, вклучувајќи го подзакупот се регулирани со членовите од 567 до 599 од Законот за облигационите односи. 1 Според овој закон, закупот е договорен однос кој му овозможува на корисникот на закупот (закупецот) употреба на некое добро (предмет на закупот) којшто му припаѓа на давателот на закупот (закуподавачот) во замена за плаќање на договорен надоместок (закупнина). Приходите и трошоците пак, што се остваруваат од изнајмувањето на деловни простори и други недвижности (како и на подвижни добра) посебно се третираат и се опфатени од даночните прописи. Зависно од закуподавачот (физичко или правно лице), овие приходи, односно прометот на услуга - изнајмување, се подложни на оданочување со различен данок. Изнајмувањето на деловни простории и други недвижности (освен станбени објекти и станови за станбени цели) како и движни добра претставува промет на услуги кој е одано1 2 3 4

чив со данок на додадена вредност, по стапка од 18%, согласно со Законот за данокот на додадена вредност. 2 Оваа законска одредба се однесува на даночните обврзници регистрирани за цели на ДДВ. Тоа можат да станат и физичките лица-граѓани кои немаат регистрирана дејност но издаваат деловни простории и подвижни добра, ако по овој основ остваруваат високи приходи, што би го надминале годишниот праг за регистрација за ДДВ. Кога физички лица изнајмуваат недвижности или подвижни добра во нивна сопственост, остваруваат приход од наплатените наемнини, кој се оданочува со персонален данок на доход, согласно со Законот за персоналниот данок на доход. 3 Од друга страна, кај закупецот се отвораат прашања за даночниот третман на издатоците за закупот, како и на направените тековни одржувања и инвестициски вложувања. Согласно со членот 9 од Законот за данокот на добивка 4 даночно признати расходи се расходите кои се поврзани со вршење на дејноста на субјектот односно се непосреден услов за извршување на таа дејност и се последица од вршењето на таа дејност. огично е, трошоците по основ на закуп на Л деловен простор (како и други движни и недвижни добра), со чие користење друштвото ја врши сопствената дејност, да бидат даночно признати расходи, вклучувајќи го бруто износот на закупнината (заедно со задржаниот и уплатен персонален данок за сметка на закуподавачот - доколку тој е физичко лице), како и трошоците за режија, доколку сметките гласат на име на закупецот, како и кога е дого-

„Службен весник на РМ“, бр. 18/01, ... и 161/09. „Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 23/16. „Службен весник на РМ“, бр. 80/93, ... и 23/16. „Службен весник на РМ“, бр. 112/14, ... и 23/16. 62

www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПОДАРОК

П

одарувањето (на недвижности, предмети, пари, хартии од вредност) меѓу физички лица (граѓани), односно меѓу правни лица или пак меѓу правни и физички лица претставува честа појава во праксата. Подарокот е даночно регулиран со повеќе закони, а даночниот третман на истиот зависи примарно од правниот статус на давателот и примателот на подарокот т.е. од фактот дали се работи за правни и/или физички лица.

сновен закон, кој го регулира оданочуО вањето на подарокот е Законот за даноците на имот 1, според кој подарокот подлежи на оданочување со еден од даноците на имот - данокот на наследство и подарок. Надлежни за спроведување на овој закон, односно за утврдување и процесирање на обврските по данокот на наследство и подарок (за потребите на овој текст: „данок на подарок“) се општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Во рамки на овој текст, ќе го опфатиме даночниот третман на подарокот и од аспект на данокот на добивка, данокот на додадена вредност и персоналниот данок на доход.

I. ПОДАРОКОТ КАКО ПРЕДМЕТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ СО Данокот на подарок анок на подарок се плаќа на недвижен Д имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот, како и на подвижен имот, кои примателите на подароци ги примаат врз основа на договор за подарок.

I.1. Предмет на оданочување со данокот на подарок Под недвижен имот, како предмет на оданочување со данок на подарок, се подразбираат:

- земјишта (земјоделски, градежни, шумски и пасишта) и - зградите станбени згради или станови (подруми, балкони, лоѓии и тераси), деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, згради и станови за одмор и рекреација и други градежни објекти (гаражи, помошни објекти - амбари, штали, плевни, шупи), како и - инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив. Како што е претходно напоменато, данокот на подарок се плаќа кога самиот недвижен имот е добиен како подарок, но и кога е подарено правото на плодоуживање и користење на недвижен имот врз основа на договор за подарок. Со оглед на тоа што според Законот за даноците на имот, за корисник се смета лицето, кое користи недвижен имот во сопственост на државата или општината, оттука произлегува дека, во случај државата или општината да го подарат правото на користење на одреден сопствен недвижен имот, примателот на овој подарок треба да плати данок на подарок. Под подвижен имот, кој е предмет на оданочување со данокот на подарок, се подразбираат: - готови пари, - парични побарувања, - хартии од вредност и - друг подвижен имот (моторни возила и сл.). одвижниот имот се оданочува со даноП кот на подарок само доколку неговата вредност надмине определен пропишан лимит.

1

„Службен весник на РМ“, бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16.

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ПОДАРОК

75


Prira~nik ... 2016

ДАНОЧНИ ПОВОЛНОСТИ СПОРЕД ДОГОВОРИТЕ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ ЗА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА ОД АСПЕКТ НА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД

I. ПРОМЕНЕТА РЕГУЛАТИВА - ОД 1.1.2014 ГОДИНА ОВОЗМОЖЕНИ ДАНОЧНИТЕ ПОВОЛНОСТИ ПРОПИШАНИ ВО БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ И ЗА СТРАНСКИТЕ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

С

о промената на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93 ... и 23/16, во понатамошниот текст: ЗПДД), објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 187/13, која е во примена од 1.1.2014 година, се воведе можност за примена на даночните погодности во областа на оданочувањето со персоналниот данок на доход на физичките лица согласно со билатералните Договори за одбегнување на двојно оданочување, кои Р. Македонија ги применува за одредени државидоговорнички. Иако билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување се одамна во примена од страна на Р. Македонија и истите се однесуваат и на приходите на физичките лица - резиденти на државите договорнички (значи и за оданочувањето со персоналниот данок на доход), согласно со претходно важечката верзија на ЗПДД (до наведената промена-до 1.1.2014 г.), приходите на странските физички лица остварени во Р. Македонија, тука мораа и да се оданочат, и единствено беше овозможено да се издаде Потврда за платен данок во Р. Македонија од страна на Управата за јавни приходи - УЈП, која требаше да им обезбеди одбегнување на двојното оданочување на истиот приход во нивната матична држава, со која Р. Македонија применува договор за одбегнување на двојно оданочување.

 1

kontakt@proagens.com.mk

оговорите за одбегнување на двојно одаД ночување, кои моментално Р. Македонија ги има склучено со 48 држави (некои од нив сеуште не се во примена), станаа актуелни во 2006 година, со воведувањето на оданочувањето со данокот по одбивка т.н. задржан данок (withholding tax) на одредени приходи на странските правни лица, согласно со Законот за данокот на добивка. Овие договори овозможуваат примена на даночни погодности т.е. примена на пониски даночни стапки од законската даночна стапка или целосно даночно ослободување за резидентите на државата, која применува таков договор со Р. Македонија, кои оствариле приход во Р. Македонија (и обратно, за македонските резиденти кои оствариле приход во конкретната држава договорничка). Законот и Правилникот за данокот на добивка 1 пропишуваат процедура, која мора да се спроведе пред исплатата на приходот од страна на домашниот исплатувач, преку која Управата за јавни приходи УЈП треба да даде одобрување за користење на даночните погодности од билатералните договори. Без ова одобрување на УЈП, даночните погодности не може да се применат. налогно на овие пропишани решенија во А врска со оданочувањето со задржаниот данок на приходите на странските правни лица, со споменатата промена на ЗПДД (187/13), во примена од 1.1.2014 година, се воведе можност истото да се спроведе и за оданочувањето на приходите на странските физички лица што се остварени во Р. Македонија, како и за оданочувањето на приходите на македонски-

Правилник за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување („Службен весник на Република Македонија”, бр. 174/14).

ДАНОЧНИ ПОВОЛНОСТИ СПОРЕД ДОГОВОРИТЕ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ ЗА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

91


Prira~nik ... 2016

СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕТО НА СТЕКНАТИ хартии од вредност СОГЛАСНО СО МСС 39 И ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ

Д

руштвата вложуваат во разни хартии од вредност (акции / обврзници) со цел да остварат добивка (приход) преку добиените дивиденди и камати или да остварат капитални добивки со продажбата на хартиите од вредност или поради други цели од инвестициона природа - влог во основната главнина на друго друштво, со што стекнуваат значајно или мнозинско учество (зависно од процентот на акции што го поседуваат) во конкретното акционерско друштво. Работењето со хартии од вредност е пропишано со следните закони: - Закон за хартии од вредност,1 - Закон за трговските друштва,2 - Закон за девизното работење,3 - Закон за банките 4 и - нивните соодветни пропратни прописи.

Сметководствениот третман (признавањето и мерењето/вреднувањето) на вложувањето во хартии од вредност (кога не се работи за вложување во подружници или придружени субјекти т.е. за мнозинско учество (над 50%) и значајно учество (20%-50%) во друго друштво или за заедничко вложување - регулирани со МСС 27, МСС 28 и МСС 31, односно со одделите 9, 14, 15 на МСФИ за МСЕ) е уреден со: - Меѓународниот сметководствен стандард (МСС) 39 - Финансиски инстру-

менти: признавање и мерење (применлив за големи и средни субјекти), односно - одделот 11 - Основни финансиски инструменти на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти - МСФИ за МСЕ (применлив за мали и микро субјекти). Одделот 11 се применува на основните финансиски инструменти, додека одделот 12 - Други финансиски инструменти на МСФИ за МСЕ го регулира третманот на останатите, посложени финансиски инструменти и трансакции (сметководство на хеџинг) и не се применува доколку субјектот прави трансакции само со основни финансиски инструменти. МСС 39 и одделиот 11 на МСФИ за МСЕ се објавени во Правилникот за водење сметководство („Службен весник на РМ“, бр. 159/09, 164/10 и 107/11). Во продолжение текстот го базираме само на спомнатите стандарди содржани во Правилникот за водење сметководство, но само од аспект на вложувачот (имателот), а не и од аспект на издавачот на хартии од вредност.

kontakt@proagens.com.mk

„Службен весник на РМ“, бр. 95/05, 25/07, 07/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15 и 23/16; У. суд - 86/07, 123/07, 140/07, 146/07 и 45/09.

„Службен весник на РМ“, бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15-72; Авт. толкување на Собрание на РМ на членот 460 став 3 217/15, 6/16, 30/16 и 61/16; У. суд - 71/06, 17/09, 23/09, 8/11 и 21/11.

„Службен весник на РМ“, бр. 34/01, 49/01, 103/01, 54/02, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15, 153/15 и 23/16; У. суд 32/03.

„Службен весник на РМ“, бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15 и 153/15; У. суд - 88/08, 118/08, 42/09 и 13/14.

1

2

3

4

СМЕТКОВОДСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ВРЕДНУВАЊЕТО НА СТЕКНАТИ хартии од вредност СОГЛАСНО СО МСС 39 И ОДДЕЛОТ 11 НА МСФИ ЗА МСЕ

107


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР ОД ДАНОЧЕН АСПЕКТ (2016-2017) I. Р ЕГУЛАТИВА ЗА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР

П

рописи, кои ги регулираат надоместоците на трошоци од работен однос за вработените од јавниот сектор, се следните: - З аконот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“, бр. 27/14, 199/14, 27/16), - З аконот за административни службеници („Службен весник на РМ“, бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16; У. суд - 80/16 и 127/16), - З аконот за исплата на платите во Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10, 11/12, 145/12, 26/13-преч. текст, 170/13, 139/14 и 147/15),

- З аконот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година („Службен весник на РМ“, бр. 209/15), при што и Предлог-Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година е веќе поставен на интернет страницата на Собрание на РМ (www.sobranie. mk), кој во однос на надоместоците на трошоци од работен однос ги пропишува истите правила како и за 2016 година,

- Законот за работните односи („Сл. весник на РМ“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, исправка-149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, преч. текст - 52/12, 13/13, 25/13, 54/13 (преч. текст), 170/13, 187/13, преч. текст 34/14, 113/14, 145/14 (преч. текст), 20/15, 33/15, 72/15, 74/15 (преч. текст), 129/15, 167/15 (преч. текст), и 27/16; У. суд - 3/06, 44/06, 65/06, исправка-66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 63/09, 10/10, 58/10, 132/10, 106/14 и 134/16), - О пштиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 10/08 и 85/09, У. суд - 88/08 и 122/08) и соодветните грански колективни договори кои се однесуваат на потписниците од јавниот сектор. о продолжение ќе го обработиме даночВ ниот третман на надоместоците на трошоци од работен однос за вработените од јавниот сектор, од аспект на оданочувањето со персоналниот данок на доход и данокот на добивка.

II. ДАНОЧНИОТ ТРЕТМАН НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР аночниот третман на надоместоците на Д трошоци од работен однос е регулиран со: - ч ленот 6 на Законот за персоналниот данок на доход - ЗПДД („Службен весник на РМ“, бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01-испр., 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 122

199/15 и 23/16; У. суд-31/96, 40/96 и 2/99), кој ги уредува даночно ослободените надоместоци, - членот 9 став 1 точка 2 на Законот за данокот на добивка - ЗДД („Службен весник на РМ“, бр. 112/14, 44/15, 129/15 и 23/16), кој ги уредува лимитите на надоместоците кои претставуваат даночно признат расход. www.proagens.mk


Prira~nik ... 2016

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ ВО СИСТЕМОТ НА ДДВ 1. ОБВРСКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ Обрска за регистрација за целите на ДДВ согласно со членот 51 од Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр. 44/99, ... и 23/16) имаат сите „даночни обврзници“ (физички и правни лица кои вршат стопанска дејност во вид на продажба на добра или давање услуги), чиј вкупен промет: - надминал износ од 1.000.000 денари 1 во изминатата календарска година или - чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине овој износ или - во текот на годината го надмине износот од 1.000.000 денари. Оваа обврска не важи само за оние категории субјекти кои според Законот за ДДВ не се сметаат за „даночни обврзници“ односно не се сметаат за вршители на стопанска дејност. Меѓу тие субјекти се наброени државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела кои не се даночни обврзници за оној дел од нивните дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки.

Меѓутоа, според член 10 став 2 од Законот за ДДВ и буџетските корисници, доколку во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет, кој според овој закон е оданочив кај другите даночни обврзници и со тој промет го надминат прагот за регистрација, задолжително треба да побараат регистрација за ДДВ.

1

Напомена:

За неподнесена пријава за регистрација во случај на постоење на таква обврска, предвидена е глоба според член 59 и 60 од Законот за ДДВ (2.000 до 2.500 Евра за правно лице, во денарска противвредност).

• Што претставува „вкупен промет“? Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 од Законот за ДДВ, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Според тоа, во вкупниот промет за мерење на прагот за регистрација не влегуваат прометите од член 23 од Законот за ДДВ, од кои наведуваме само некои кои може да се јават кај буџетските корисници: - Прометот од установите од областа на културата за создавање, објавување и заштита на културно-уметнички дела, како и прометот од ботанички градини, животински паркови, паркови, архиви и документациони центри. Истото важи и за влезници за јавни настани финансирани од Министерството за култура, даночни обврзници кои вршат културна дејност; - Здравствени услуги од страна на болници, клиники, здравствени домови, медицински и хемиски лаборатории за дијагностика, центри за рехабилитација и слични установи; - Услуги и промет на добра од страна на установи за социјална грижа и заштита, вклучувајќи ги услугите на до-

Овој износ е праг за регистрација за ДДВ кој е во примена од 01.01.2015-та година. Сите кои во 2014та година оствариле промет (без прометот кој е ослободен од ДДВ и е без право на одбивка на ДДВ, од член 23 од Законот за ДДВ) имаа обврска да се регистрираат за ДДВ за 2015-та година.

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ ВО СИСТЕМОТ НА ДДВ

127


Pr  fesionalna Edukacija

Agencija Pro Agens

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНИ УСЛУГИ (СО ОСВРТ НА КОНСАЛТИНГ И СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ)

С

истемот на јавни набавки во Република Македонија е уреден со Законот за јавните набавки, во натамошниот текст: „Закон“ („Службен весник на РМ“, бр. 136/07, ... и 120/16), како и со бројни подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.

1. ПОСТАВЕНОСТ НА СИСТЕМОТ ПРЕКУ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Со актуелниот Закон за јавните набавки се уредуваат начинот и постапките за доделување на договорите за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, надлежностите на Советот за јавни набавки, основањето и надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, како и за концесии и јавно приватно партнерство. Поважните подзаконски и други акти кои ја уредуваат оваа материја се: Уредба за услугите кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги („Службен весник на РМ”, бр. 157/07) Уредба за видовите на активности на градење кои се предмет на договорите за јавни набавки на работи („Службен весник на РМ”, бр. 158/07) Одлука за утврдување на индикативен список на договорни органи („Службен весник на РМ”, бр. 159/07 и 74/09) Правилник за содржината на тендерската документација („Службен весник на РМ”, бр. 19/08 и 162/14) Правилник за формата и содржината на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 154/07) Правилник за постапката на отворањето на понудите и образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на РМ“, бр. 154/07) 142

Правилник за формата и содржината на огласот, известувањето за поништување на постапката и образецот на евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди („Службен весник на РМ”, бр. 161/09) Правилник за начинот на проценување на вредноста на договорите за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 154/07) Правилник за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 18/14) Правилник за формата и содржината на огласите и известувањата за доделувањето на дого-ворите за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 161/09) Правилник за формата и содржината на образецот на Извештајот од спроведената постапка („Службен весник на РМ”, бр. 36/08; 155/10 и 162/14) Правилник за програмата, начинот на спроведување на испитот, висината на надоместокот, како и формата и содржината на потврдата („Службен весник на РМ”, бр. 18/11) Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РМ”, бр. 84/12) Правилник за формата и содржината на известувањето на кандидатите односно понудувачите за одлуките во врска со извршената претквалификација, доделувањето на договорот за јавна набавка, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за доделување на договорот („Службен весник на РМ”, бр. 84/12 и 170/14) Правилник за формата и содржината на стандардните тендерски документации и стандардните технички спецификации и начинот на нивно користење од страна на договорните органи („Службен весник на РМ”, бр. 79/16). www.proagens.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.