03-Manager

Page 44

MANAGER.MK MANAGER

БР ОЈ 3 I ФЕВРУАРИ I 202 1

С ТАВ

44

АКЦЕЛЕРАТОРИТЕ СРЦЕТО И ФОКУСОТ НА ИНОВАТИВНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ... Димитар е програмер и е дел од тимот на локален стартап кој креираше и имплементираше решение кое ќе им помогне на луѓето со инвалидитет во намерата да вратат дел од нивните нормални функции. Димитар го објаснува процесот „дојдовме до идеја слушајќи еден наш пријател кој кажуваше колку би било добро да има можност да купи неколку вакви производи, сам да може да ги мести и да бидат во различни бои ...“. Продолжи Димитар „почнавме да го истражуваме пазарот, гледавме слични решенија, но сакавме да додадеме и нешто наше, ново и иновативно, мислам дека успеавме“. Димитар и неговиот тим се пример на многу тимови кои, согледувајќи го проблемот, успеваат да најдат иновативно решение, вложувајќи многу труд, време и средства. Но, што понатаму? Димитар објасни „бевме во банка, почнавме со ентузијазам да го објаснуваме нашиот производ, колку луѓе би направиле среќни, колку луѓе се заинтересирани за нашиот производ, дека бараме банката да ни даде финансиски средства да може да формираме фирма, да ги вложиме средствата во современи машини. Сепак не одбија, затоа што според нив мора да имаме соодветна историја на активности и неколку години постоење. Потоа се обративме до пријатели и роднини, но нивните приоритети беа поинакви, имавме чувство дека секаде има многу пари а никој не ни дава. Се обративме до инвестициски фондови, во акцелератори и иако имаше интерес, како да беше невозможно да добиеме финансиски средства. Полека, дел од тимот наоѓаше други ангажмани, дел се вработија во други компании а дел заминаа надвор од државата. Останав сам и се фокусирав на нешто сосема друго а нашата идеја остана не реализирана, барем не од нас. На пазарот веќе се појавија слични решенија кои направија огромен успех ...“.

С

тартапите го променија нашиот начин на живот на приватен и професионален план. Од личен аспект, го сменија начинот на кој што одиме на одмор, каде спиеме кога патуваме, како купуваме, дури и како ги среќаваме нашите партнери. Од професионална страна, дефинитивно станавме попродуктивни и поефикасни благодарение на стартапите, кои го поедноставија начинот на кој целиме кон нови пазари, како ги таргетираме нашите целни групи, регрутираме вработени, итн. Во основа, секој аспект на водење бизнис. Не постои конкретна дефиниција за тоа што е стартап, но мора да направиме јасна разлика помеѓу ваков ентитет (стартап) и новоформирано микро или мало претпријатие. Стартапите се новоформирани компании (обично помалку од 5 години) со реплицирачки и скалабилен бизнис модел, базиран на иновативни и/или технолошки производи и услуги. Клучниот дел на оваа дефиниција е „реплицирачки и скалабилен бизнис модел“, што значи дека овие бизниси лесно и брзо можат да целат кон нови и поголеми пазари. Типично, ова се бизниси кои нудат иновативни производи и услуги поврзани со технологија и кои не се капитално интензивни, во споредба со потрадиционалните индустрии. Нивната најголема вредност е во интелектуалната сопственост на претпријатието. Пример за ова се компании како Facebook, Instagram, Airbnb, Outfit7, Uber, итн. Бизнис акцелераторите се организации кои директно им помагаат на стартапите со финансирање и деловни насоки или менторирање. Концептот на акцелератор беше воведен од Y Combinator (www.ycombinator.com) во 2005 година, од Пол Греам, Џесика Ливингстон, Тревор Блеквел и Роберт Тапан Морис, во Кембриџ, Масачусетс, САД. Оттогаш, Y Combinator има инвестирано во повеќе од 1.800 компании, вклучувајќи ги и Airbnb, Dropbox, Reddit, Quora, WePay итн. Во последната деценија, бројот на акцелератори и инкубатори се зголеми за пет пати. Се претпоставува дека има над 7,000 активни акцелератори низ светот, од кои најголема концентрација е во Силиконската долина и други стартап центри, како што се Берлин, Лондон, Тел Авив, Стокхолм, Сингапур, и


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.